Skip to main content

Во штипската Клиничка болница се отвори амбуланта за васкуларна хирургија

Амбуланта за васкуларна хирургија од денеска официјално е отворена во Клиничка болница-Штип. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев денеска изјави дека во текот на вчерашниот ден е потпишан договорот со Универзитетската клиника за Тораковасуларна хирургија и Клиничка болница, со што доктор специјалист по васкуларна хирургија ќе врши прегледи во штипската болница. Пациентите ќе имаат можност да закажуваат термини преку „Мој термин“ и соодветно да бидат прегледани од васкуларниот хирург, Мишел Андов.

Вчера и официјално беше завршен договорот меѓу Универзитетската клиника Тораковаскуларна хирургија и Клиничка болница Штип. Доктори од таму ќе доаѓаат и ќе вршат преледи во прв чекор и во Кличничка болница- Штип. На „Мој термин“ ќе се отвори и амбуланта и ќе има термини за прегледи од васкуларен хирург. Колку пати месечно ќе доаѓа и колку долго дополнително ќе биде договорено, вели Захариев.

Претходно, како што додаде, сите пациенти кои имаа проблеми со запушени вени и слично беа праќани за Скопје, бидејќи во Клиничка болница Штип, немаше васкуларен хирург.

Ова се воведува за прв пат со цел да им се излезе во пресрет на пациентите од Штип и регионот, да не мора за преглед да трошат пари и време до Скопје. Васкуларната хирургија претставува посебна област од хирургијата која ги третира васкуларните заболувања, односно хируршките болести на крвните садови, артериите и вените. Во зависност од кој дел е зафатен соодветна ќе биде и клиничката манифестација на заболувањето. Ова за штипската Клиника болница е од големо значење, потенцира директорот Захариев.