Skip to main content

Македонија ги дозна ривалите за пласман на Светското првенство во 2026

 Македонската фудбалска репрезентација денеска ги доби ривалите во квалификациската група за пласман на Светското првенство 2026 година кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

„Црвено-жолтите“ се најде во Ј групата, а за пласман на Мундијалот ќе се борат со репрезентациите на Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн. 

Пласман на Мундијалот од европската зона ќе обезбедат победниците од групите, додека второпласираните ќе одат во бараж со четирите најдобропласирани репрезентации од Лигата на нации кои нема да изборат пласман преку квалификациите.

Квалификациски групи за СП 2026:

Група А: Победник Германија/Италија, Словачка, Северна Ирска, Луксембург.
Група Б: Швајцарија, Шведска, Словенија, Косово.
Група Ц: Поразен Португалија/Данска, Грција, Шкотска, Белорусија.
Група Д: Победник Франција/Хрватска, Украина, Исланд, Азербејџан.
Група Е: Победник Шпанија/Холандија, Турција, Бугарија.
Група Ф: Победник Португалија/Данска, Унгарија, Ирска, Ерменија.
Група Г: Поразен Шпанија/Холандија, Полска, Финска, Литванија, Малта.
Група Х: Австрија, Романија, Босна и Херцеговина, Кипар, Сан Марино.
Група И: Поразен Германија/Италија, Норвешка, Израел, Естонија, Молдавија.
Група Ј: Белгија, Велс, Македонија, Казахстан, Лихтенштајн.
Група К: Англија, Србија, Албанија, Летонија, Андора.
Група Л: Поразен Франција/Хрватска, Чешка, Црна Гора, Фарски Острови, Гибралтар.

Поврзани вести