Skip to main content

Оваа влада има силна политичка волја да тргне во долга, тешка и болна реформа во јавната администрација, вели Минчев

Последниот извештај на Европската комисија вели дека сме умерено подготвени во областа на реформи на јавната администрација и препораките во последните пет, 10 години се повторуваат. Меѓутоа, значајно е да се нагласи дека препораките се буквално пресликани од минатата година за оваа година што се однесува на пакетот на закони кои што треба да се донесат за почеток на реформите во јавната администрација, истакна Горан Минчев, министер за јавна администрација во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

Според Минчев, реформата во јавната администрација е долг и тежок процес и тој не може да се заврши преку ноќ, ниту пак во еден месец, во една година, туку трае во континуитет.

Прво е важно да се нагласи дека со измените во законот за организација, работа на органите на државната управа се формираше ново министерство кое произлезе од Министерството за информатичко општество и администрација. Значи, нов правен субјект, тоа е Министерството за јавна администрација. Тоа е првиот показател дека оваа Влада е фокусирана и на реформи во јавната администрација и дека има силна политичка волја, многу силно, многу решително да тргне во една долга, тешка и болна реформа во јавната администрација, рече Минчев.

Како Министерство, вели тој, се повлечени три закони од собраниска процедура и тоа, како што додаде, е направено од две причини.

Прво, затоа што постои правен субјект, а тоа е Министерството за јавна администрација и како носител на тие три клучни закони се јавува Министерството за јавна администрација. Втората причина е посериозна и се однесува на сите укажувања во извештајот на Европската комисија, а тоа е да направиме подобри, посистемски, поквалитетни закони кои ќе имаат поголем опфат. Во рамки на таа идеја, Министерството за јавна администрација го смени и пристапот кон правење на овие закони. Ако минатата влада ги правеше овие закони во рамки на владините простории, ние овој процес го сменивме, односно комплетно го отворивме. Кога велам го отворивме, мислам на вклучување на сите заинтересирани страни кои што можат да дадат придонес, со цел да се добијат закони кои што ќе бидат квалитетни, системски, кои што ќе овозможат реформа во јавната администрација. Јас ги класифицирам овие закони како почеток на реформите во јавната администрација, нагласи Минчев.

Министерот се осврна и на препораките на Фискалниот совет за пензионирање на 67 години, посочувајќи дека е прерано да се говори за зголемување на возрасната граница за пензионирање.

Сепак се работи за препораки на Фискалниот совет. Во него членуваат луѓе со навистина големо експертско искуство и, секако, тие препораки треба добро да се анализираат, се почитуваат нивните ставови, но, според една мини анализа, како Влада сметаме дека е прерано да се оди со зголемување на возрасната граница за пензионирање, изјави Минчев.

Кажа дека во овој момент останува законското решение кое е на сила, односно 64 години за мажите и 62 години за жените. Оцени дека за одење кон еден, така крупен чекор, е потребна малку поголема анализа.

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibomcasibom