Skip to main content

Милетиќ: Македонското знаме и симболи се наши заеднички, на сите нас, без оглед на која етничка заедница припаѓаме

Македонското знаме и македонските симболи се наши заеднички, на сите нас, без оглед на која етничка заедница во Македонија припаѓаме и кое е нашето потекло, напиша на Фејсбук, Петар Милетиќ од Српска Напредна Странка во Македонија.

Како човек од српската етничка заедница во Македонија, кој растел, се образувал, живее, зема плата и плаќа даноци во оваа заедничка држава, морам да ја истакнам мојата згрозеност од немилите настани по повод Денот на албанското знаме, кои верувам беа нарачани од партиски провокатори, со цел да предизвикаат етничка нетрпеливост во нашата Македонија. Благодарение на брзата реакција на институциите, за среќа овие немили настани и вештачки неметнати провокации не поминаа кај јавноста и верувам дека понатаму ќе бидат соодветно санкционирани сторителите. Го осудувам непочитувањето, уништувањето и сквернавењето на знамето под кое сите живееме во истата држава, Република Македонија, а нашата мултиетничка средина, само дополнително ја збогатува оваа земја која сите нас нѐ обединува. Нема да дозволиме провоцирани инциденти да ја подриваат нашата сплотеност, истакна Милетиќ

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibomcasibom