Skip to main content
k3xzXQMGcGk

Д-р Чибишев го открива неговиот лек за мамурлук

Зборувајќи за престојните празници и вообичаените итни медицински случаи поради прејадување и претерано конзумирање на алкохол, проф. д-р Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија, во „Добрио доктор“ на „Сител“ сподели неколку совети како да се надмине мамурлокот денот потоа.

Магичен лек, вели, нема, но одморот доста помага.

Има некои непишани, да речеме, практични совети од луѓе со големо искуство како моето, дека е добро во тој момент да се земе што поголема количина на витамин Ц, да се пијат лимонади, да се испијат две таблети аскорбит или витамин Ц и во некоја мирна просторија, затемнета, да се легне и да му се даде можност на црниот дроб да ја заврши детоксикацијата. Секако, најдобро е ако е навистина потежок случај, со пореметена свест, да се однесе на клиника кај што ќе добие стручна помош, вели д-р Чибишев.

Поврзани вести