Зоран Дабиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/zoran-dabikj/ За подобро да се разбереме Sun, 26 Mar 2023 19:43:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зоран Дабиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/zoran-dabikj/ 32 32 МНР со опсежна реакција на трибината на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-so-opsezhna-reaktsija-na-tribinata-na-vmro-dpmne/ Sun, 26 Mar 2023 19:43:37 +0000 https://republika.mk/?p=623953

Министерството за надворешни работи се соочува со сериозни системски недостатоци кои се резултат на долгогодишното нестручно работење и длабоко партизираниот пристап во водењето на институцијата во времето кога со МНР раководеа министри од ВМРО-ДПМНЕ, одговорија од МНР на критиките и обвинувањата за состојбите во институцијата, кои денеска беа упатени од панел-дискусијата на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“ организирана од најголемата опозициска партија.

Со денешната партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш на јавна сцена ја видовме штетата која оваа партија ѝ ја нанесе на дипломатијата преку партизацијата на Министерството токму за време на министерувањето на лицата од трибината, се наведува во реакцијата на МНР.

Оттаму велат дека изминативе години во работењето на инситуцијата по првпат не важно партиското убедување на дипломатите кои, како што се посочува, со децении политичките партии ги делеле на наши и ваши.

Во перидот кога кадри на ВМРО-ДПМНЕ го воделе Министерството за први луѓе по амбасадите биле праќани слаткари со кои тешко може да се изгради непристрасна и објективна професионална работа на дипломатите, наведува МНР во реакцијата, во која посебно се осврнува на изјавитена претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат Зоран Дабиќ, кој на денешната трибина зборуваше за вработувања и унапредувања на партиски кадри во изминатите седум-осум години.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dabik-poslednite-7-8-godini-vo-mnr-se-delat-na-dva-periodi-masovno-vpumpuvane-na-partiski-kadri-i-masovno-unapreduvane-na-tie-kadri-preku-zloupotreba-na-diskretsionoto-pravo/

Од МНР велат дека Дабиќ целосно ги напуштил принципите на дипломатијата и уште повеќе оние на синдикалното здружување, постапувајќи строго според партиски амбиции. Гостувањето на Дабиќ на на партиски собир е само неколку дена по неговото заминување во пензија и не е објективна слика за дипломатијата на Македонија.

Со ова, тој само потврди дека неговото делување како претстедател на еден од синдикатите во МНР било мотивирано само од партиски и политички цели, а не од професионални и дека целта на тоа делување не било подобрување на условите за вработените во МНР, туку негова лична промоција и себичен интерес, како и спроведување на интересите на политичката партија на која очигледно ѝ припаѓа, велат од Министерството за надворешни работи.

Министерството, се истакнува во соопштението, дополнително ќе достави детали до јавноста за работата во времето кога со МНР раководеле кадри на ВМРО-ДПМНЕ и апелира Дабиќ да престане да се занимава со „институцијата која беше системски уништена токму во времето на партијата со која денес јавно дебатираше“.

The post МНР со опсежна реакција на трибината на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи се соочува со сериозни системски недостатоци кои се резултат на долгогодишното нестручно работење и длабоко партизираниот пристап во водењето на институцијата во времето кога со МНР раководеа министри од ВМРО-ДПМНЕ, одговорија од МНР на критиките и обвинувањата за состојбите во институцијата, кои денеска беа упатени од панел-дискусијата на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“ организирана од најголемата опозициска партија.
Со денешната партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш на јавна сцена ја видовме штетата која оваа партија ѝ ја нанесе на дипломатијата преку партизацијата на Министерството токму за време на министерувањето на лицата од трибината, се наведува во реакцијата на МНР.
Оттаму велат дека изминативе години во работењето на инситуцијата по првпат не важно партиското убедување на дипломатите кои, како што се посочува, со децении политичките партии ги делеле на наши и ваши.
Во перидот кога кадри на ВМРО-ДПМНЕ го воделе Министерството за први луѓе по амбасадите биле праќани слаткари со кои тешко може да се изгради непристрасна и објективна професионална работа на дипломатите, наведува МНР во реакцијата, во која посебно се осврнува на изјавитена претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат Зоран Дабиќ, кој на денешната трибина зборуваше за вработувања и унапредувања на партиски кадри во изминатите седум-осум години.
https://republika.mk/vesti/makedonija/dabik-poslednite-7-8-godini-vo-mnr-se-delat-na-dva-periodi-masovno-vpumpuvane-na-partiski-kadri-i-masovno-unapreduvane-na-tie-kadri-preku-zloupotreba-na-diskretsionoto-pravo/ Од МНР велат дека Дабиќ целосно ги напуштил принципите на дипломатијата и уште повеќе оние на синдикалното здружување, постапувајќи строго според партиски амбиции. Гостувањето на Дабиќ на на партиски собир е само неколку дена по неговото заминување во пензија и не е објективна слика за дипломатијата на Македонија.
Со ова, тој само потврди дека неговото делување како претстедател на еден од синдикатите во МНР било мотивирано само од партиски и политички цели, а не од професионални и дека целта на тоа делување не било подобрување на условите за вработените во МНР, туку негова лична промоција и себичен интерес, како и спроведување на интересите на политичката партија на која очигледно ѝ припаѓа, велат од Министерството за надворешни работи.
Министерството, се истакнува во соопштението, дополнително ќе достави детали до јавноста за работата во времето кога со МНР раководеле кадри на ВМРО-ДПМНЕ и апелира Дабиќ да престане да се занимава со „институцијата која беше системски уништена токму во времето на партијата со која денес јавно дебатираше“.

The post МНР со опсежна реакција на трибината на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Бујар Османи се обидува да го замолкне дипломатот Зоран Дабиќ вршејќи притисок врз Апелација https://republika.mk/vesti/makedonija/bujar-osmani-se-obiduva-da-go-zamolkne-diplomatot-zoran-dabik-vrshejki-pritisok-vrz-apelatsija/ Tue, 07 Mar 2023 15:44:10 +0000 https://republika.mk/?p=616970

Апелацискиот суд ја вратил на повторно судење во Основниот суд тужбата од претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат Зоран Дабиќ.

Во соопштението до јавноста МДС обвинува дека МНР и министерот Бујар Османи вршат притисок врз Апелацискиот суд за предметите во кои десетина дипломати приватно да го тужат МНР за деградирање и мобинг.

Министерството за надворешни работи последните неколку години брутално деградираше триесетина дипломати, вклучително и дел со највисок, амбасадорски ранг, на најниски можни позиции. Дипломатите се распоредени на пониски позиции без никакво објаснување, незаконски, под закрила на нова систематизација.

Како тоа изгледа во пракса? Замислете судија по 30 години стаж да биде вратен на работа во писарница. Или генерал во поручник. Или професор во асистент. Такво самоволие, шиканирање и мобинг МНР претходно немаше видено. Патот до правдата во нашите судови е долга. Во наведениот случај 4 години, до сега. Десетина дипломати се решија приватно да го тужат МНР еден по еден ги добиваат споровите. Но, трошењето државни пари за судски трошоци, а во заштита на неговиот каприц, не го обесхрабри министерот Бујар Османи, кој даде наредба сите судски одлуки да се обжалат до апелација. Еден по еден, сите колеги ги добиваат случаите и на Апелациониот суд. Не е ни чудо, бидејќи сите случаи се идентични како јајце на јајце и сите со очигледна злоупотреба на позицијата на моќ и овластување од страна на министер, велат од МДС.

Во соопштението стои дека единствено тужбата на претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Зоран Дабиќ, како исклучок, Апелациониот суд ја врати на повторно судење во Основен суд како „нејасна“.

Синдикатот смета дека Дабиќ е трн во окото на раководството на МНР каконајактивен борец за подобрување на професионализмот во дипломатијата и за почитување на работничките права

Очигледно, тој многу му пречи на раководството на МНР кое со сите сили се обидува да го замолкне. Се поведуваа монтирани дисциплински постапки, го изолираа, му одземаа работни обврски, се обидуваа да го заплашат.

На крај, кога ништо од тоа не им успеа, „проработеа“ телефоните на релација МНР – Апелационен суд, па тужбата на „бунтовниот“ амбасадор се врати на почеток. Нека се плетка по судските ходници уште барем четири години. А до тогаш ќе дојде и нов министер.

Каде е во оваа приказната судството? Четири години се води едноставна постапка каде што повеќе од очигледна е злоупотребата на овластувањата на министерот и пресметувањето со неистомислениците од редот на највисоките дипломати.

Наместо да биде последна и најсилна инстанца на заштита на вработените, Апелациониот суд се согласи да биде маша на поединци на врвот на извршната власт.

Мизерно и бедно, како од министерот така и од судиите кои „му излегле во пресрет“. Затоа, не три, туку наскоро ниту еден процент доверба нема да остане во судството, велат од Македонскиот дипломатски синдикат.

The post Бујар Османи се обидува да го замолкне дипломатот Зоран Дабиќ вршејќи притисок врз Апелација appeared first on Република.

]]>

Апелацискиот суд ја вратил на повторно судење во Основниот суд тужбата од претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат Зоран Дабиќ. Во соопштението до јавноста МДС обвинува дека МНР и министерот Бујар Османи вршат притисок врз Апелацискиот суд за предметите во кои десетина дипломати приватно да го тужат МНР за деградирање и мобинг. Министерството за надворешни работи последните неколку години брутално деградираше триесетина дипломати, вклучително и дел со највисок, амбасадорски ранг, на најниски можни позиции. Дипломатите се распоредени на пониски позиции без никакво објаснување, незаконски, под закрила на нова систематизација.
Како тоа изгледа во пракса? Замислете судија по 30 години стаж да биде вратен на работа во писарница. Или генерал во поручник. Или професор во асистент. Такво самоволие, шиканирање и мобинг МНР претходно немаше видено. Патот до правдата во нашите судови е долга. Во наведениот случај 4 години, до сега. Десетина дипломати се решија приватно да го тужат МНР еден по еден ги добиваат споровите. Но, трошењето државни пари за судски трошоци, а во заштита на неговиот каприц, не го обесхрабри министерот Бујар Османи, кој даде наредба сите судски одлуки да се обжалат до апелација. Еден по еден, сите колеги ги добиваат случаите и на Апелациониот суд. Не е ни чудо, бидејќи сите случаи се идентични како јајце на јајце и сите со очигледна злоупотреба на позицијата на моќ и овластување од страна на министер, велат од МДС.
Во соопштението стои дека единствено тужбата на претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Зоран Дабиќ, како исклучок, Апелациониот суд ја врати на повторно судење во Основен суд како „нејасна“. Синдикатот смета дека Дабиќ е трн во окото на раководството на МНР каконајактивен борец за подобрување на професионализмот во дипломатијата и за почитување на работничките права
Очигледно, тој многу му пречи на раководството на МНР кое со сите сили се обидува да го замолкне. Се поведуваа монтирани дисциплински постапки, го изолираа, му одземаа работни обврски, се обидуваа да го заплашат. На крај, кога ништо од тоа не им успеа, „проработеа“ телефоните на релација МНР – Апелационен суд, па тужбата на „бунтовниот“ амбасадор се врати на почеток. Нека се плетка по судските ходници уште барем четири години. А до тогаш ќе дојде и нов министер.
Каде е во оваа приказната судството? Четири години се води едноставна постапка каде што повеќе од очигледна е злоупотребата на овластувањата на министерот и пресметувањето со неистомислениците од редот на највисоките дипломати. Наместо да биде последна и најсилна инстанца на заштита на вработените, Апелациониот суд се согласи да биде маша на поединци на врвот на извршната власт.
Мизерно и бедно, како од министерот така и од судиите кои „му излегле во пресрет“. Затоа, не три, туку наскоро ниту еден процент доверба нема да остане во судството, велат од Македонскиот дипломатски синдикат.
 
The post Бујар Османи се обидува да го замолкне дипломатот Зоран Дабиќ вршејќи притисок врз Апелација appeared first on Република.

]]>
Македонскиот дипломатски синдикат бара итно запирање на незаконската постапка против претседателот Дабиќ https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-diplomatski-sindikat-bara-itno-zapiranje-na-nezakonskata-postapka-protiv-pretsedatelot-dabikj/ Mon, 25 Jul 2022 13:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=533005

Најостро се спротивставуваме наповедувањето дисциплинска постапка против нашиот претседател, амбасадорот Зоран Дабиќ. Веќе три години, од основањето на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Дабиќ е наш претседател и бескомпромисен борец за остварување на принципите и заложбите зад кои стои МДС, а тоа се пред се подобрување на социјалните, економските, здравствените и професионални права на вработените во МНР. Со своите активности и резултати во насока на реализирање на принципите и заложбите на МДС и пред се враќањето на дигнитетот на дипломатската професија тој ужива висок углед во нашето членство, стои во отвореното писмо на Извршниот одбор на Македонскиот дипломатски синдикат.

Имајќи ја предвид законската заштита на синдикатите, како и на претставниците на синдикатите за искажан став или мислење, која е, согласно основните демократски принципи, насочена токму кон овозможување на слободно дејствување на синдикатите, тие го информираат за следното:

– Со Одлука на Извршниот одбор на МДС, претседателот Зоран Дабиќ е задолжен да ги афирмира ставовите на МДС во самото министерство, но и во пошироката јавност и е овластен тоа да го прави преку директно комуницирање со министерот за надворешни работи и раководството на МНР, преку соопштенија за јавност, јавни написи, предавања, учество на конференции, јавни настапи, интервјуа, присуство во медиуми, социјални мрежи и други форми на обраќање до јавноста кои што ќе имаат ефект на доближување на нашите пораки до широката јавност.

Согласно ова, нашиот претседател, амбасадорот Зоран Дабиќ не може, ниту смее да биде предмет на лична дисциплинска постапка, поради тоа што како Претседател на МДС ги застапува ставовите на МДС. Сите ставови изнесени на неговото обраќање пред Собранието на 5 јули 2022 година се ставови на Македонскиот дипломатски синдикат. Сите забелешки „околу начинот на работењето на министерот за надворешни работи Бујар Османи и функционирањето на Министерството за надворешни работи“ се исто така забелешки на Македонскиот дипломатски синдикат. Овие забелешки не се нови и се однесуваат на супер-централизираниот начин на неговото раководење преку создавање „мини МНР“ во Кабинетот на министерот, одн.двојни паралелни структури за веќе постоечки области. На тој начин директно се запоставува 90% од редовните работни единици врз кои дипломатијата како структура почива, преку нивно маргинализирање или целосно невклучување во активностите. Ваквата пракса непосредно доведе до релативизирање на највисоките дипломатски структури, а со тоа и до атрофирање на целосната дипломатската служба, која станува „одвишна и непотребна“. Долгорочно, ваквата поставеност води кон јакнење на клиентелизмот ипартизираноставо МНР, какои појава на тешки дефекти во процесот на градење квалитетни дипломати. Оттаму нашата загриженост за иднината на нашата куќа, се појаснува во писмото.

Извршниот одбор на МДС истакна дека како претседател на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Дабиќ на нивно барање јавно го изнесл нивниот став против злоупотреба на нивните имиња и професии од страна на министерот Османи, кога неточно изјавил во јавноста дека „францускиот предлог го разгледуваат и анализираат најискусните дипломати во МНР“.

– И на крај, како МДС сметаме дека несмасната изјава на МНР Османи дека неприфаќањето на францускиот предлог може да доведе до етнички тензии е целосно несоодветна за еден министер за надворешни работи и заради тоа го овластивме нашиот претседател јавно да побара одговорност од министерот Осамни. Како што гледате, вистинскиот субјектот на дисциплинска постапка што се предлага да се поведе е всушност Македонскиот дипломатски синдикат. МДС е доброволно здружение на граѓани и нема некакви институционални или финансиски можности за некакво влијание, освен преку изнесување на вистината. А за вистината да допре, таа треба да излезе во јавност. Никој, па макар бил и министер или друг висок раководител не може да биде однапред амнестиран од одговорност за штетни последици. Нашиот законски претставник, амбасадорот Зоран Дабиќ ги афирмира нашите познати ставови во јавноста, кои ставови ги градиме сите подеднакво и тоа се наши заеднички ставови, па согласно тоа не гледаме поради што некој треба поединечно да одговара, се појаснува во писмото, децидни се.

Од Извршниот одбор се надеваат дека ќе се препознае дека дисциплинска постапка против нашиот претставник амбасадорот Дабиќ, поради тоа што изнесува наши ставови, не е законски дозволена и дека соодветно на тоа, ќе донесете исправна одлука да не ја поведете постапката.

– Доколку сепак се решите да поведете незаконска постапка, бидете сигурни дека до крај ќе ги браниме нашиот интегритет и нашите законски права како синдикална организација, јавно и гласно. За ваквиот незаконски преседан веднаш ќе ги информираме нашите повисоки структури, и тоа: Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и Синдикатот на администрацијата и државната управа (САДУ) на домашен, како и Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC – International Trade Union Confederation) и Светската работна организација(ILO – International Labor Organization)од системот на Обединетите нации, на меѓународен план. Исто така, ќе продолжиме да ги известуваме медиумите за авторитарниот недемократски третман на синдикатот во Министерството за надворешни работи и за обиди за негово замолкнување преку застрашување на неговото членство, одн. самиот претседател. Доколку биде потребно, нема да исклучиме и поведување приватни судски постапки против одговорни лица во МНР, вклучително и членови на Дисциплинската комисија.

The post Македонскиот дипломатски синдикат бара итно запирање на незаконската постапка против претседателот Дабиќ appeared first on Република.

]]>

Најостро се спротивставуваме наповедувањето дисциплинска постапка против нашиот претседател, амбасадорот Зоран Дабиќ. Веќе три години, од основањето на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Дабиќ е наш претседател и бескомпромисен борец за остварување на принципите и заложбите зад кои стои МДС, а тоа се пред се подобрување на социјалните, економските, здравствените и професионални права на вработените во МНР. Со своите активности и резултати во насока на реализирање на принципите и заложбите на МДС и пред се враќањето на дигнитетот на дипломатската професија тој ужива висок углед во нашето членство, стои во отвореното писмо на Извршниот одбор на Македонскиот дипломатски синдикат. Имајќи ја предвид законската заштита на синдикатите, како и на претставниците на синдикатите за искажан став или мислење, која е, согласно основните демократски принципи, насочена токму кон овозможување на слободно дејствување на синдикатите, тие го информираат за следното:
– Со Одлука на Извршниот одбор на МДС, претседателот Зоран Дабиќ е задолжен да ги афирмира ставовите на МДС во самото министерство, но и во пошироката јавност и е овластен тоа да го прави преку директно комуницирање со министерот за надворешни работи и раководството на МНР, преку соопштенија за јавност, јавни написи, предавања, учество на конференции, јавни настапи, интервјуа, присуство во медиуми, социјални мрежи и други форми на обраќање до јавноста кои што ќе имаат ефект на доближување на нашите пораки до широката јавност. Согласно ова, нашиот претседател, амбасадорот Зоран Дабиќ не може, ниту смее да биде предмет на лична дисциплинска постапка, поради тоа што како Претседател на МДС ги застапува ставовите на МДС. Сите ставови изнесени на неговото обраќање пред Собранието на 5 јули 2022 година се ставови на Македонскиот дипломатски синдикат. Сите забелешки „околу начинот на работењето на министерот за надворешни работи Бујар Османи и функционирањето на Министерството за надворешни работи“ се исто така забелешки на Македонскиот дипломатски синдикат. Овие забелешки не се нови и се однесуваат на супер-централизираниот начин на неговото раководење преку создавање „мини МНР“ во Кабинетот на министерот, одн.двојни паралелни структури за веќе постоечки области. На тој начин директно се запоставува 90% од редовните работни единици врз кои дипломатијата како структура почива, преку нивно маргинализирање или целосно невклучување во активностите. Ваквата пракса непосредно доведе до релативизирање на највисоките дипломатски структури, а со тоа и до атрофирање на целосната дипломатската служба, која станува „одвишна и непотребна“. Долгорочно, ваквата поставеност води кон јакнење на клиентелизмот ипартизираноставо МНР, какои појава на тешки дефекти во процесот на градење квалитетни дипломати. Оттаму нашата загриженост за иднината на нашата куќа, се појаснува во писмото.
Извршниот одбор на МДС истакна дека како претседател на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Дабиќ на нивно барање јавно го изнесл нивниот став против злоупотреба на нивните имиња и професии од страна на министерот Османи, кога неточно изјавил во јавноста дека „францускиот предлог го разгледуваат и анализираат најискусните дипломати во МНР“.
– И на крај, како МДС сметаме дека несмасната изјава на МНР Османи дека неприфаќањето на францускиот предлог може да доведе до етнички тензии е целосно несоодветна за еден министер за надворешни работи и заради тоа го овластивме нашиот претседател јавно да побара одговорност од министерот Осамни. Како што гледате, вистинскиот субјектот на дисциплинска постапка што се предлага да се поведе е всушност Македонскиот дипломатски синдикат. МДС е доброволно здружение на граѓани и нема некакви институционални или финансиски можности за некакво влијание, освен преку изнесување на вистината. А за вистината да допре, таа треба да излезе во јавност. Никој, па макар бил и министер или друг висок раководител не може да биде однапред амнестиран од одговорност за штетни последици. Нашиот законски претставник, амбасадорот Зоран Дабиќ ги афирмира нашите познати ставови во јавноста, кои ставови ги градиме сите подеднакво и тоа се наши заеднички ставови, па согласно тоа не гледаме поради што некој треба поединечно да одговара, се појаснува во писмото, децидни се.
Од Извршниот одбор се надеваат дека ќе се препознае дека дисциплинска постапка против нашиот претставник амбасадорот Дабиќ, поради тоа што изнесува наши ставови, не е законски дозволена и дека соодветно на тоа, ќе донесете исправна одлука да не ја поведете постапката.
– Доколку сепак се решите да поведете незаконска постапка, бидете сигурни дека до крај ќе ги браниме нашиот интегритет и нашите законски права како синдикална организација, јавно и гласно. За ваквиот незаконски преседан веднаш ќе ги информираме нашите повисоки структури, и тоа: Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и Синдикатот на администрацијата и државната управа (САДУ) на домашен, како и Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC – International Trade Union Confederation) и Светската работна организација(ILO – International Labor Organization)од системот на Обединетите нации, на меѓународен план. Исто така, ќе продолжиме да ги известуваме медиумите за авторитарниот недемократски третман на синдикатот во Министерството за надворешни работи и за обиди за негово замолкнување преку застрашување на неговото членство, одн. самиот претседател. Доколку биде потребно, нема да исклучиме и поведување приватни судски постапки против одговорни лица во МНР, вклучително и членови на Дисциплинската комисија.

The post Македонскиот дипломатски синдикат бара итно запирање на незаконската постапка против претседателот Дабиќ appeared first on Република.

]]>
Амбасадорот Дабиќ: МНР ми подготви дисциплинска постапка затоа што отворено зборував за состојбите во дипломатија https://republika.mk/vesti/makedonija/ambasadorot-dabikj-mnr-mi-podgotvi-disciplinska-postapka-zatoa-shto-otvoreno-zboruvav-za-sostojbite-vo-diplomatija/ Sun, 24 Jul 2022 10:44:35 +0000 https://republika.mk/?p=532617

Министерството за надворешни работи ми подготви дисциплинска постапка затоа што како претседател на Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) јавно зборував за состојбите во дипломатијата и нејзиното можеби тенденциозно уништување, пишува во отвореното писмо претседателот на МДС Зоран Дабиќ .

Во писмото до МНР на чие чело е министерот Бујар Османи, Дабиќ додава дека „насилието, ароганцијата и заплашувањето продолжуваат кон мене и членовите на Синдикатот, но залудно“. Тој побара јавна поддршка од сите, без разлика на национална и верска припадност, да се одземе правото на гласно зборување.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ambasadorot-dabikj-nikoj-vo-mnr-ne-znaeshe-za-francuskiot-predlog-osven-osmani-i-nekolkumina-okolu-nego/

– Јас цел свој живот и кариера ги посветив на одбрана на македонските национални интереси и сега, неколку месеци пред пензија нема да дозволам никој да ме замолчи! Дисциплинската постапка е покрената и покрај тоа што има низа прекршувања во истата на повеќе закони, дури и дел од Уставот на државата, кој толку сакаат да го споменуваат периодов! Нејсе, ова нека биде мој печат на мојата долгогодишна дипломатска кариера која ќе ја завршам за Македонија! Македонија е наша татковина, земјата моја и на моите деца! Моите пензионерски денови ќе ги уживам во прекрасните македонски места со убава македонска храна и прекрасни пријатели кои не познаваат вера и нација, туку само убаво поминати денови. Останете ми живи и здрави, секое раководство доаѓа и си заминува, додава Дабиќ во отвореното писмо до МНР на Османи.

The post Амбасадорот Дабиќ: МНР ми подготви дисциплинска постапка затоа што отворено зборував за состојбите во дипломатија appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи ми подготви дисциплинска постапка затоа што како претседател на Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) јавно зборував за состојбите во дипломатијата и нејзиното можеби тенденциозно уништување, пишува во отвореното писмо претседателот на МДС Зоран Дабиќ . Во писмото до МНР на чие чело е министерот Бујар Османи, Дабиќ додава дека „насилието, ароганцијата и заплашувањето продолжуваат кон мене и членовите на Синдикатот, но залудно“. Тој побара јавна поддршка од сите, без разлика на национална и верска припадност, да се одземе правото на гласно зборување. https://republika.mk/vesti/makedonija/ambasadorot-dabikj-nikoj-vo-mnr-ne-znaeshe-za-francuskiot-predlog-osven-osmani-i-nekolkumina-okolu-nego/
– Јас цел свој живот и кариера ги посветив на одбрана на македонските национални интереси и сега, неколку месеци пред пензија нема да дозволам никој да ме замолчи! Дисциплинската постапка е покрената и покрај тоа што има низа прекршувања во истата на повеќе закони, дури и дел од Уставот на државата, кој толку сакаат да го споменуваат периодов! Нејсе, ова нека биде мој печат на мојата долгогодишна дипломатска кариера која ќе ја завршам за Македонија! Македонија е наша татковина, земјата моја и на моите деца! Моите пензионерски денови ќе ги уживам во прекрасните македонски места со убава македонска храна и прекрасни пријатели кои не познаваат вера и нација, туку само убаво поминати денови. Останете ми живи и здрави, секое раководство доаѓа и си заминува, додава Дабиќ во отвореното писмо до МНР на Османи.

The post Амбасадорот Дабиќ: МНР ми подготви дисциплинска постапка затоа што отворено зборував за состојбите во дипломатија appeared first on Република.

]]>
Никој во МНР не знаеше за францускиот предлог, освен Османи и неколкумина околу него https://republika.mk/vesti/makedonija/ambasadorot-dabikj-nikoj-vo-mnr-ne-znaeshe-za-francuskiot-predlog-osven-osmani-i-nekolkumina-okolu-nego/ Wed, 13 Jul 2022 15:03:51 +0000 https://republika.mk/?p=528138

Јас настапувам од името македонскиот дипломатскиот синдикат, но на министерот Османи не му беше пријатно  што имаме мислење за неговата работа. Во предлогот  постапката против мене има дека сум учествувал  во насилни демонстрации но јас не одев со колоната преку МНР до Собрание бидејќи врнеше тој ден и дојдов директно пред Собранието. Смешна е и втората точка од доказниот материјал се штетите направени на Министерството за надворешни работи, вели амбасадорот Зоран Дабиќ во интервју за „Република“.

Дабиќ вели дека хајката против него  почнала уште од времето на министерот Никола Димитров кога тој се вратил од амбасадор во НАТО и ја обезбедил поканата за членство.

Откако се вратив во МНР министерот Димитров не ме викна ниеднаш да се видиме.Ме маргинализираше.Јас мислев дека сум единствен но потоа сфатив дека принципот по кој работи министерот Димитров и сега Османи е прилично идентитечен.Тоа е централизирање на моќта во МНР, создавање на многу мала група во кабинетот кои ги преземаат должностите на директоратите  во МНР со што таа атрофира и сега имаме ситуација дали десет посто од вработените работат.Другите сме изолирани,тргнати, разочарани или казнети.Во МНР владее невидена апатија-објаснува амбасадорот.

Тој е убеден дека етичкиот кодекс кој постои во рамки на МНР се злоупотребува.

Етичкиот кодекс е начин е начин на мала врата да казните некого заобиколувајќи го уставот и законот бидејќи тоа нема сила на законски акт. Министерот одредува што е нешто етично, што е дискутабилно. Ние како синдикат го оспоривме етичкиот кодекс во делот каде што министерот треба да даде согласност за јавен настап и реално е да се сруши овој кодекс кој е се само не етички.Тоа е и причина зошто дипломатијата не е пристутна во медиумите.Многу е ретко да видите интервју на амбасадор. Мора да имаме согласност од министерот за да дадеме интервју или за јавен настап согласно етичкиот кодекс кој не е закон и се злоупотребува за казнување на послободноумните луѓе.

Дабиќ тврди дека како дипломати за францускиот предлог дознале од медиумите.

Тој предлог го нема видено никој во МНР и не е влезен по регуларен пат. Го гледаат само неколкумина луѓе најблиски до министерот и тој предлог не помина низ дипломатски филтер. Ако помине низ повеќе дипломати секој кажува свој предлог што е добро или лошо. Да се видат и ризиците дали нешто се исплатува и дали повеќе се добива или губи или обратно и да дадеме мислење до министерот.Точно е дека министерот ја носи одлуката но вака тие паѓаат во субјетивност, нивна или на еден –двајца најблиски соработници и носат катастрофални одлуки врз основа на недоволна анализа.

Објаснувајќи го францускиот предлог, Дабиќ е убеден дека тој претходно е договорен од двете страни.

Основно правило во дипломатијата е кога сте претседавач  претхнодно да ги издоговорите процесите. Никогаш непроверен предлог во дипломатијата не се става на маса бидејќи тој што го става на маса го ризикува својот кредибилитет-објаснува Дабиќ.

Објаснувајќи го протоколот амбасадорот вели дека во текот на преговорите сите земји ќе имаат можност да имаат забелешки ,но сите тие, освен Бугарија не излегуваат од рамките на Копенхашките критериуми.

Нас ни е јасно што е таргетот во присоците од Бугарија. Дипломатски гледано може пред самото членство може една од точките да биде Гоце Делчев и бугарската страна да каже дека не се согласува и работата повторно ќе застане. Цело време ќе биде ставени под можност за запирање а пример е и реакцијата на Ковачев кон Пендаровски за браќата Миладиновци.

Дабиќ повторува дека почетокот на преговорите е поделен во две фази и оти вистинското отварање ќе се случи по промена на Уставот.

Се чини дека свесно се оди во ќорскокак,  колку нешто да се отвори. Ова се прави за да се покаже некаков успех-убеден е дипломатот.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

https://www.youtube.com/watch?v=l6RpO0qurxE

The post Никој во МНР не знаеше за францускиот предлог, освен Османи и неколкумина околу него appeared first on Република.

]]>

Јас настапувам од името македонскиот дипломатскиот синдикат, но на министерот Османи не му беше пријатно  што имаме мислење за неговата работа. Во предлогот  постапката против мене има дека сум учествувал  во насилни демонстрации но јас не одев со колоната преку МНР до Собрание бидејќи врнеше тој ден и дојдов директно пред Собранието. Смешна е и втората точка од доказниот материјал се штетите направени на Министерството за надворешни работи, вели амбасадорот Зоран Дабиќ во интервју за „Република“. Дабиќ вели дека хајката против него  почнала уште од времето на министерот Никола Димитров кога тој се вратил од амбасадор во НАТО и ја обезбедил поканата за членство.
Откако се вратив во МНР министерот Димитров не ме викна ниеднаш да се видиме.Ме маргинализираше.Јас мислев дека сум единствен но потоа сфатив дека принципот по кој работи министерот Димитров и сега Османи е прилично идентитечен.Тоа е централизирање на моќта во МНР, создавање на многу мала група во кабинетот кои ги преземаат должностите на директоратите  во МНР со што таа атрофира и сега имаме ситуација дали десет посто од вработените работат.Другите сме изолирани,тргнати, разочарани или казнети.Во МНР владее невидена апатија-објаснува амбасадорот.
Тој е убеден дека етичкиот кодекс кој постои во рамки на МНР се злоупотребува.
Етичкиот кодекс е начин е начин на мала врата да казните некого заобиколувајќи го уставот и законот бидејќи тоа нема сила на законски акт. Министерот одредува што е нешто етично, што е дискутабилно. Ние како синдикат го оспоривме етичкиот кодекс во делот каде што министерот треба да даде согласност за јавен настап и реално е да се сруши овој кодекс кој е се само не етички.Тоа е и причина зошто дипломатијата не е пристутна во медиумите.Многу е ретко да видите интервју на амбасадор. Мора да имаме согласност од министерот за да дадеме интервју или за јавен настап согласно етичкиот кодекс кој не е закон и се злоупотребува за казнување на послободноумните луѓе.
Дабиќ тврди дека како дипломати за францускиот предлог дознале од медиумите.
Тој предлог го нема видено никој во МНР и не е влезен по регуларен пат. Го гледаат само неколкумина луѓе најблиски до министерот и тој предлог не помина низ дипломатски филтер. Ако помине низ повеќе дипломати секој кажува свој предлог што е добро или лошо. Да се видат и ризиците дали нешто се исплатува и дали повеќе се добива или губи или обратно и да дадеме мислење до министерот.Точно е дека министерот ја носи одлуката но вака тие паѓаат во субјетивност, нивна или на еден –двајца најблиски соработници и носат катастрофални одлуки врз основа на недоволна анализа.
Објаснувајќи го францускиот предлог, Дабиќ е убеден дека тој претходно е договорен од двете страни.
Основно правило во дипломатијата е кога сте претседавач  претхнодно да ги издоговорите процесите. Никогаш непроверен предлог во дипломатијата не се става на маса бидејќи тој што го става на маса го ризикува својот кредибилитет-објаснува Дабиќ.
Објаснувајќи го протоколот амбасадорот вели дека во текот на преговорите сите земји ќе имаат можност да имаат забелешки ,но сите тие, освен Бугарија не излегуваат од рамките на Копенхашките критериуми.
Нас ни е јасно што е таргетот во присоците од Бугарија. Дипломатски гледано може пред самото членство може една од точките да биде Гоце Делчев и бугарската страна да каже дека не се согласува и работата повторно ќе застане. Цело време ќе биде ставени под можност за запирање а пример е и реакцијата на Ковачев кон Пендаровски за браќата Миладиновци.
Дабиќ повторува дека почетокот на преговорите е поделен во две фази и оти вистинското отварање ќе се случи по промена на Уставот.
Се чини дека свесно се оди во ќорскокак,  колку нешто да се отвори. Ова се прави за да се покаже некаков успех-убеден е дипломатот.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

https://www.youtube.com/watch?v=l6RpO0qurxE  

The post Никој во МНР не знаеше за францускиот предлог, освен Османи и неколкумина околу него appeared first on Република.

]]>
Дабиќ: Бујар ве лажеше дека високите дипломати го виделе францускиот предлог и го анализирале, тоа не е точно! https://republika.mk/vesti/makedonija/dabikj-bujar-ve-lazeshe-deka-visokite-diplomati-go-videle-francuskiot-predlog-i-go-analizirale-toa-ne-e-tochno/ Tue, 12 Jul 2022 18:46:40 +0000 https://republika.mk/?p=527756

„Браќа и сестри треба да знаете дека нашата дипломатија е успешна дипломатија и дека треба да ја чуваме, таа со успех го одработи позиционирањето на Македонија на светската политичка рамка, таа го одработи зачленувањето на Република Македонија во најголемиот број на меѓународни организации. И таа го одработи воспоставувањето на дипломатски односи под нашето уставно име со две третини од државите во светот, а тоа се речиси 140 држави под името Република Македонија“, потсети Зоран Дабиќ на денешниот протест „Ултиматум, НЕ благодарам“.

Тој  посочи дека доаѓа од дипломатски синдикат.

„А, она низ што денеска проаѓаме во МНР го нарекуваме бујаризација на МНР. Тука и таму некој ќе се згреши и ќе се излаже па место Ј ќе каже Г ама нема голема разлика. По двегодишната катастрофа во ликот на Бујар Османи, МНР треба да знаете ги живее своите најтешки денови. Дипломатите жестоко се заплашуваат, се казнуваат и се бркаат од работа се со цел да се замолкнат оние што размислуваат со сопствена глава и оние што не прифаќаат да му бидат обичен декор на министерот Османи и параван за покритие на неговите активности“, нагласи Дабиќ.

Дабиќ побара оставка и одговорност од министерот Бујар Османи за неговите предавства.

„Денес Mинистерството за надворешни работи е киднапирано од страна на Бујар Османи, со жестоки репресивни мерки раководството се обидува да ги држи дипломатите во покорност и зависност. Но, тоа нема да помине“, рече Дабиќ.

Тој додаде дека дипломатскиот синдикат јакне од ден на ден. И членовите на синдикатот и денеска се на протестот.

Бујар ве лажеше дека високите дипломати го виделе францускиот предлог и го анализирале. Тоа не е точно“, нагласи Дабиќ.

The post Дабиќ: Бујар ве лажеше дека високите дипломати го виделе францускиот предлог и го анализирале, тоа не е точно! appeared first on Република.

Дабиќ: Денеска МНР е киднапирано од Бујар Османи https://republika.mk/vesti/makedonija/dabikj-deneska-mnr-e-kidnapirano-od-bujar-osmani/ Tue, 12 Jul 2022 18:43:12 +0000 https://republika.mk/?p=527759

„Браќа и сестри треба да знаете дека нашата дипломатија е успешна дипломатија и дека треба да ја чуваме, таа со успех го одработи позиционирањето на Македонија на светската политичка рамка, таа го одработи зачленувањето на Република Македонија во најголемиот број на меѓународни организации. И таа го одработи воспоставувањето на дипломатски односи под нашето уставно име со две третини од државите во светот, а тоа се речиси 140 држави под името Република Македонија“, изјави Зоран Дабиќ на денешниот протест „Ултиматум, НЕ благодарам“.

Тој посочи дека доаѓа од дипломатски синдикат.

А, она низ што денеска проаѓаме во МНР го нарекуваме бујаризација на МНР. Тука и таму некој ќе се згреши и ќе се излаже па место Ј ќе каже Г ама нема голема разлика. По двегодишната катастрофа во ликот на Бујар Османи, МНР треба да знаете ги живее своите најтешки денови. Дипломатите жестоко се заплашуваат, се казнуваат и се бркаат од работа се со цел да се замолкнат оние што размислуваат со сопствена глава и оние што не прифаќаат да му бидат обичен декор на министерот Османи и параван за покритие на неговите активности, нагласи Дабиќ.

Дабиќ побара оставка и одговорност од министерот Бујар Османи за неговите предавства.

Денес министерството за надворешни работи е киднапирано од страна на Бујар Османи, со жестоки репресивни мерки раководството се обидува да ги држи дипломатите во покорност и зависност. Но, тоа нема да помине, рече Дабиќ.

Тој додаде дека дипломатскиот синдикат јакнел од ден на ден. И членовите на синдикатот и денеска, како што кажа, биле на протестот.

Бујар ве лажеше дека високите дипломати го виделе францускиот предлог и го анализирале. Тоа не е точно, нагласи Дабиќ.

The post Дабиќ: Денеска МНР е киднапирано од Бујар Османи appeared first on Република.

]]>

„Браќа и сестри треба да знаете дека нашата дипломатија е успешна дипломатија и дека треба да ја чуваме, таа со успех го одработи позиционирањето на Македонија на светската политичка рамка, таа го одработи зачленувањето на Република Македонија во најголемиот број на меѓународни организации. И таа го одработи воспоставувањето на дипломатски односи под нашето уставно име со две третини од државите во светот, а тоа се речиси 140 држави под името Република Македонија“, изјави Зоран Дабиќ на денешниот протест „Ултиматум, НЕ благодарам“. Тој посочи дека доаѓа од дипломатски синдикат.
А, она низ што денеска проаѓаме во МНР го нарекуваме бујаризација на МНР. Тука и таму некој ќе се згреши и ќе се излаже па место Ј ќе каже Г ама нема голема разлика. По двегодишната катастрофа во ликот на Бујар Османи, МНР треба да знаете ги живее своите најтешки денови. Дипломатите жестоко се заплашуваат, се казнуваат и се бркаат од работа се со цел да се замолкнат оние што размислуваат со сопствена глава и оние што не прифаќаат да му бидат обичен декор на министерот Османи и параван за покритие на неговите активности, нагласи Дабиќ.
Дабиќ побара оставка и одговорност од министерот Бујар Османи за неговите предавства.
Денес министерството за надворешни работи е киднапирано од страна на Бујар Османи, со жестоки репресивни мерки раководството се обидува да ги држи дипломатите во покорност и зависност. Но, тоа нема да помине, рече Дабиќ.
Тој додаде дека дипломатскиот синдикат јакнел од ден на ден. И членовите на синдикатот и денеска, како што кажа, биле на протестот.
Бујар ве лажеше дека високите дипломати го виделе францускиот предлог и го анализирале. Тоа не е точно, нагласи Дабиќ.

The post Дабиќ: Денеска МНР е киднапирано од Бујар Османи appeared first on Република.

]]>
Поддршка за замолчаните дипломати: Амбасадорот Дабиќ е суспендиран зашто го критикуваше предлогот https://republika.mk/vesti/makedonija/poddrshka-za-zamolchanite-diplomati-ambasadorot-dabikj-e-suspendiran-zashto-go-kritikuvashe-predlogot/ Tue, 12 Jul 2022 12:09:19 +0000 https://republika.mk/?p=527540

Реномираниот дипломат Зоран Дабиќ е суспендиран од МНР, затоа што се обратил на народниот протест пред Собранието против францускиот предлог.

Зоран Дабиќ е претседател на Македонскиот дипломатски синдикат и и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО. Тој на протестот кажа дека најсикусните дипломати во МНР воопшто не го виделе Предлогот, а уште помалку биле консултирани за неговата содржина и последиците.

Денес наши колеги се изолирани исфрлени од сите процеси. Кабинетот на министерот како некоја феудална кула го чува министерот Османи од дипломатите. Османи истите тие дипломати ги злоупотребува со невидена леснотија кога ќе сака да си ги покрие своите гревови“, кажа Дабиќ.

Ова веројатно било причината поради која Дабиќ бил санкциониран од страна на министерот Османи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dabikj-isfrlenite-diplomati-koi-se-izolirani-i-isfrleni-od-site-procesi-osmani-gi-zloupotrebuva-so-nevidena-lesnotija/

Зоран Дабиќ секогаш гласно говорел за катастрофалните состојби во македонската дипломатија, далеку пред да се случат сенародните протести. Тој некое време наназад говори дека дипломати со кариера и искуство се шиканирани и деградирани во министеството.

Она што се случува во министерството во последните неколку години па навистина мислам дека најпогоден збор би бил репресија. Имаме незапамтена ситуација, незапамтена состојба на бркање на дипломати од работа кои преку судот по судски постапки успеаја да се вратат на работа. Имаме масовна ситуација на деградирање на дипломати која е врзана со систематизацијата од пред пола година, тоа беше донесено токму за таа цел. Имаме застој на кариера по десетина години на помладите дипломати и нула од кариерно управување или кариер менаџмент што се вика. И имаме едно големо незадоволство кое е одраз на упорното туркање на некои документи, акти како што е предлог законот за надворешни работи, како што е споменатата систематизација. И како што се патувањата на дипломати и амбасадори во странство, образложи Дабиќ.

Денес според најавите сенародниот протест Ултиматум, НЕ благодарам почнува пред Владата и преку МНР, каде што граѓаните ќе дадат поддршка на суспендираниот дипломат, и ќе се заврши пред Собранието. Се очекува дека на протестот повторно ќе се обрати амбасадорот Дабиќ.

The post Поддршка за замолчаните дипломати: Амбасадорот Дабиќ е суспендиран зашто го критикуваше предлогот appeared first on Република.

]]>

Реномираниот дипломат Зоран Дабиќ е суспендиран од МНР, затоа што се обратил на народниот протест пред Собранието против францускиот предлог. Зоран Дабиќ е претседател на Македонскиот дипломатски синдикат и и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО. Тој на протестот кажа дека најсикусните дипломати во МНР воопшто не го виделе Предлогот, а уште помалку биле консултирани за неговата содржина и последиците.
Денес наши колеги се изолирани исфрлени од сите процеси. Кабинетот на министерот како некоја феудална кула го чува министерот Османи од дипломатите. Османи истите тие дипломати ги злоупотребува со невидена леснотија кога ќе сака да си ги покрие своите гревови“, кажа Дабиќ.
Ова веројатно било причината поради која Дабиќ бил санкциониран од страна на министерот Османи. https://republika.mk/vesti/makedonija/dabikj-isfrlenite-diplomati-koi-se-izolirani-i-isfrleni-od-site-procesi-osmani-gi-zloupotrebuva-so-nevidena-lesnotija/ Зоран Дабиќ секогаш гласно говорел за катастрофалните состојби во македонската дипломатија, далеку пред да се случат сенародните протести. Тој некое време наназад говори дека дипломати со кариера и искуство се шиканирани и деградирани во министеството.