Јас настапувам од името македонскиот дипломатскиот синдикат, но на министерот Османи не му беше пријатно  што имаме мислење за неговата работа. Во предлогот  постапката против мене има дека сум учествувал  во насилни демонстрации но јас не одев со колоната преку МНР до Собрание бидејќи врнеше тој ден и дојдов директно пред Собранието. Смешна е и втората точка од доказниот материјал се штетите направени на Министерството за надворешни работи, вели амбасадорот Зоран Дабиќ во интервју за „Република“.

Дабиќ вели дека хајката против него  почнала уште од времето на министерот Никола Димитров кога тој се вратил од амбасадор во НАТО и ја обезбедил поканата за членство.

Откако се вратив во МНР министерот Димитров не ме викна ниеднаш да се видиме.Ме маргинализираше.Јас мислев дека сум единствен но потоа сфатив дека принципот по кој работи министерот Димитров и сега Османи е прилично идентитечен.Тоа е централизирање на моќта во МНР, создавање на многу мала група во кабинетот кои ги преземаат должностите на директоратите  во МНР со што таа атрофира и сега имаме ситуација дали десет посто од вработените работат.Другите сме изолирани,тргнати, разочарани или казнети.Во МНР владее невидена апатија-објаснува амбасадорот.

Тој е убеден дека етичкиот кодекс кој постои во рамки на МНР се злоупотребува.

Етичкиот кодекс е начин е начин на мала врата да казните некого заобиколувајќи го уставот и законот бидејќи тоа нема сила на законски акт. Министерот одредува што е нешто етично, што е дискутабилно. Ние како синдикат го оспоривме етичкиот кодекс во делот каде што министерот треба да даде согласност за јавен настап и реално е да се сруши овој кодекс кој е се само не етички.Тоа е и причина зошто дипломатијата не е пристутна во медиумите.Многу е ретко да видите интервју на амбасадор. Мора да имаме согласност од министерот за да дадеме интервју или за јавен настап согласно етичкиот кодекс кој не е закон и се злоупотребува за казнување на послободноумните луѓе.

Дабиќ тврди дека како дипломати за францускиот предлог дознале од медиумите.

Тој предлог го нема видено никој во МНР и не е влезен по регуларен пат. Го гледаат само неколкумина луѓе најблиски до министерот и тој предлог не помина низ дипломатски филтер. Ако помине низ повеќе дипломати секој кажува свој предлог што е добро или лошо. Да се видат и ризиците дали нешто се исплатува и дали повеќе се добива или губи или обратно и да дадеме мислење до министерот.Точно е дека министерот ја носи одлуката но вака тие паѓаат во субјетивност, нивна или на еден –двајца најблиски соработници и носат катастрофални одлуки врз основа на недоволна анализа.

Објаснувајќи го францускиот предлог, Дабиќ е убеден дека тој претходно е договорен од двете страни.

Основно правило во дипломатијата е кога сте претседавач  претхнодно да ги издоговорите процесите. Никогаш непроверен предлог во дипломатијата не се става на маса бидејќи тој што го става на маса го ризикува својот кредибилитет-објаснува Дабиќ.

Објаснувајќи го протоколот амбасадорот вели дека во текот на преговорите сите земји ќе имаат можност да имаат забелешки ,но сите тие, освен Бугарија не излегуваат од рамките на Копенхашките критериуми.

Нас ни е јасно што е таргетот во присоците од Бугарија. Дипломатски гледано може пред самото членство може една од точките да биде Гоце Делчев и бугарската страна да каже дека не се согласува и работата повторно ќе застане. Цело време ќе биде ставени под можност за запирање а пример е и реакцијата на Ковачев кон Пендаровски за браќата Миладиновци.

Дабиќ повторува дека почетокот на преговорите е поделен во две фази и оти вистинското отварање ќе се случи по промена на Уставот.

Се чини дека свесно се оди во ќорскокак,  колку нешто да се отвори. Ова се прави за да се покаже некаков успех-убеден е дипломатот.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.