ЗЏМ Archives - Република https://republika.mk/tema/zdzm/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Dec 2023 15:36:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЗЏМ Archives - Република https://republika.mk/tema/zdzm/ 32 32 ЗЏМ Биг бенд свиреа „Леб и сол“: Музичко патување со култните „Таласна дужина“, „Скопје“, „Исток- запад“… https://republika.mk/scena/muzika/zdhm-big-bend-svirea-leb-i-sol-muzichko-patuvane-so-kultnite-talasna-duzhina-skopje-istok-zapad/ Mon, 11 Dec 2023 12:52:13 +0000 https://republika.mk/?p=721583

Во Националната опера и балет викендов ЗЏМ Биг бенд свиреа „Леб и сол“. На целовечерниот концерт можевме да ги чуеме култните нумери „Скопје“, „Исток -запад (телепатски), „Таласна дужина“, „Деветка“....и уште многу други кои не вратија во едно друго време.

По обраќањето на Гоце Стефковски, публиката уживаше во секој миг во аранжманите адаптирани за биг бенд изведба, а на членовите на ЗЏМ Биг бенд  на сцената им се придружи и Евгенија Чанчалова чија прекрасна изведба никого не остави рамноушен во салата. Во публиката можеше да се забележат и Кокан Димушевси и Бодан Арсовски некогашните членови на „Леб и сол“, бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја.

Концертот, пак, на ЗЏМ Биг бенд свири „Леб и сол“ под диригентската палка на Емин Џијан покрај убавото чувство што го предизвика кај сите присутни во публиката која ја исполни салата на Националната опера и балет до последното место, секако придонесува за развивање на уникатен звук и негување на вистинските музички вредности.

The post ЗЏМ Биг бенд свиреа „Леб и сол“: Музичко патување со култните „Таласна дужина“, „Скопје“, „Исток- запад“… appeared first on Република.

]]>

Во Националната опера и балет викендов ЗЏМ Биг бенд свиреа „Леб и сол“. На целовечерниот концерт можевме да ги чуеме култните нумери „Скопје“, „Исток -запад (телепатски), „Таласна дужина“, „Деветка“....и уште многу други кои не вратија во едно друго време. По обраќањето на Гоце Стефковски, публиката уживаше во секој миг во аранжманите адаптирани за биг бенд изведба, а на членовите на ЗЏМ Биг бенд  на сцената им се придружи и Евгенија Чанчалова чија прекрасна изведба никого не остави рамноушен во салата. Во публиката можеше да се забележат и Кокан Димушевси и Бодан Арсовски некогашните членови на „Леб и сол“, бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја. Концертот, пак, на ЗЏМ Биг бенд свири „Леб и сол“ под диригентската палка на Емин Џијан покрај убавото чувство што го предизвика кај сите присутни во публиката која ја исполни салата на Националната опера и балет до последното место, секако придонесува за развивање на уникатен звук и негување на вистинските музички вредности.

The post ЗЏМ Биг бенд свиреа „Леб и сол“: Музичко патување со култните „Таласна дужина“, „Скопје“, „Исток- запад“… appeared first on Република.

]]>
„ЗЏМ свири Леб и сол“ во Националната опера и балет https://republika.mk/scena/muzika/zdhm-sviri-leb-i-sol-vo-natsionalnata-opera-i-balet/ Sat, 09 Dec 2023 08:23:42 +0000 https://republika.mk/?p=721199

Биг Бендот на Здружение на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ) во салата на Националата опера и балет вечер од 20 часот ќе одржи концерт насловен „ЗЏМ свири Леб и сол“.

Како што информираат од ЗЏМ, на целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните „Леб и сол“, со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба, под диригентската палка на Џијан Емин.

Според нив, „Леб и сол“ е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја кој придонел за развивање на уникатниот звук и негувањето на вистинските музички вредности.

The post „ЗЏМ свири Леб и сол“ во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

Биг Бендот на Здружение на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ) во салата на Националата опера и балет вечер од 20 часот ќе одржи концерт насловен „ЗЏМ свири Леб и сол“. Како што информираат од ЗЏМ, на целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните „Леб и сол“, со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба, под диригентската палка на Џијан Емин. Според нив, „Леб и сол“ е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја кој придонел за развивање на уникатниот звук и негувањето на вистинските музички вредности.

The post „ЗЏМ свири Леб и сол“ во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>
ЗЏМ свири „Леб и сол” https://republika.mk/scena/muzika/zdhm-sviri-leb-i-sol/ Wed, 15 Nov 2023 19:07:15 +0000 https://republika.mk/?p=701639

На 9 декември, со почеток од 20 часот, во салата на Национаната опера и балет, ќе се одржи концертот на ЗЏМ Биг Бендот насловен „ЗЏМ свири Леб и сол."

На целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните "Леб и сол," со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба, под диригентската палка на Џијан Емин.

"Леб и сол" е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја. Овој музички состав настанува на 01.01.1976 по што следи долгогодишно испишување на една од најимпресивните музички кариери на овие балкански простори и, со сигурност, најдоминантната во македонската музичка историја. Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитијан ја сочинуваат стандардната постава на "Леб и сол," иако во текот на годините во оваа група членувале и други значителни музички имиња меѓу кои Димитар Чочоровски-Чочор, Драгиша Солдатовиќ-Лабиш, Миодраг Петковски-Мики, Драгољуб Ѓуричиќ, Кирил Џајковски, Валентино Скендеровски, Димитар Божиков, Срѓан Дункиќ, Гоце Стевковски, Михаил Парушев, кои придонесле за развивање на уникатниот звук и негувањето на вистинските музички вредности.

The post ЗЏМ свири „Леб и сол” appeared first on Република.

]]>

На 9 декември, со почеток од 20 часот, во салата на Национаната опера и балет, ќе се одржи концертот на ЗЏМ Биг Бендот насловен „ЗЏМ свири Леб и сол." На целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните "Леб и сол," со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба, под диригентската палка на Џијан Емин. "Леб и сол" е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја. Овој музички состав настанува на 01.01.1976 по што следи долгогодишно испишување на една од најимпресивните музички кариери на овие балкански простори и, со сигурност, најдоминантната во македонската музичка историја. Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитијан ја сочинуваат стандардната постава на "Леб и сол," иако во текот на годините во оваа група членувале и други значителни музички имиња меѓу кои Димитар Чочоровски-Чочор, Драгиша Солдатовиќ-Лабиш, Миодраг Петковски-Мики, Драгољуб Ѓуричиќ, Кирил Џајковски, Валентино Скендеровски, Димитар Божиков, Срѓан Дункиќ, Гоце Стевковски, Михаил Парушев, кои придонесле за развивање на уникатниот звук и негувањето на вистинските музички вредности.

The post ЗЏМ свири „Леб и сол” appeared first on Република.

]]>
Концерт на Дарко Рундек и Биг Бендот на ЗЏМ вечерва во Филхамронија https://republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-darko-rundek-i-big-bendot-na-zdhm-vecherva-vo-filhamronija/ Thu, 14 Sep 2023 09:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=681850

Вечерва во големата сала на Филхармонија во 20,30 часот концерт ќе одржат хрватскиот музичар Дарко Рундек заедно со Биг Бендот на Здружение на џез музичари на кој ќе биде претставен албумот „За вашу послеподњевну разоноду“.

На албумот се наоѓаат 12 песни на Рундек кои се снимени со џез-оркестарот на Хрватската радио-телевизија. Аранжманите се на Мирон Хаусер, Лука Жужич и Мак Муртиќ. Покрај Рундек, во улога на пејачи се и Маја Ривиќ и Игор Павлица.

Албумот е објавен пред една година, а ова ќе биде прва концертна промоција надвор од Хрватска.

Рундек првпат ќе свири со Биг Бендот на ЗЏМ и кажа дека добил снимки од музичарите и не се сомнева дека ќе биде добро.

Сум чул дека салата на Филрамонија е одлична. Воопшто не се сомневам дека ќе биде добро – се прашувам како ќе биде. Песните не се баш врзани со некое време во кое се пишувани. Тоа се хитови кои публиката сака да ги чуе и нас нè интересираше како би звучеле во тие аранжмани, вели Рундек пред вечерашниот концерт.

Задоволство е ваквата соработка која се надоврзува на континуитетот на квалитетна приказна која ЗЏМ ја живее со години. Ние размислувавме за овој концертот веќе извесно време, со јубилејот на „Екотип“ само се забрза, вели Гоце Стевковски од ЗЏМ.

Концертот во Скопје е по повод 25-години на „Екотип“. Карти за концертот нема, и според организаторот, тие се распродале пред две недели.

The post Концерт на Дарко Рундек и Биг Бендот на ЗЏМ вечерва во Филхамронија appeared first on Република.

]]>

Вечерва во големата сала на Филхармонија во 20,30 часот концерт ќе одржат хрватскиот музичар Дарко Рундек заедно со Биг Бендот на Здружение на џез музичари на кој ќе биде претставен албумот „За вашу послеподњевну разоноду“. На албумот се наоѓаат 12 песни на Рундек кои се снимени со џез-оркестарот на Хрватската радио-телевизија. Аранжманите се на Мирон Хаусер, Лука Жужич и Мак Муртиќ. Покрај Рундек, во улога на пејачи се и Маја Ривиќ и Игор Павлица. Албумот е објавен пред една година, а ова ќе биде прва концертна промоција надвор од Хрватска. Рундек првпат ќе свири со Биг Бендот на ЗЏМ и кажа дека добил снимки од музичарите и не се сомнева дека ќе биде добро.
Сум чул дека салата на Филрамонија е одлична. Воопшто не се сомневам дека ќе биде добро – се прашувам како ќе биде. Песните не се баш врзани со некое време во кое се пишувани. Тоа се хитови кои публиката сака да ги чуе и нас нè интересираше како би звучеле во тие аранжмани, вели Рундек пред вечерашниот концерт.
Задоволство е ваквата соработка која се надоврзува на континуитетот на квалитетна приказна која ЗЏМ ја живее со години. Ние размислувавме за овој концертот веќе извесно време, со јубилејот на „Екотип“ само се забрза, вели Гоце Стевковски од ЗЏМ. Концертот во Скопје е по повод 25-години на „Екотип“. Карти за концертот нема, и според организаторот, тие се распродале пред две недели.  

The post Концерт на Дарко Рундек и Биг Бендот на ЗЏМ вечерва во Филхамронија appeared first on Република.

]]>
Песните не се врзани со времето во кое се пишувани, вели Дарко Рундек пред утрешниот концерт со Биг Бенд ЗЏМ во Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/pesnite-ne-se-vrzani-so-vremeto-vo-koe-se-pishuvani-veli-darko-rundek-pred-utreshniot-kontsert-so-big-bend-zdhm-vo-filharmonija/ Wed, 13 Sep 2023 12:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=681563

Хрватскиот музичар Дарко Рундек утре, на 14 септември, во 20,30 часот во Филхармонија заедно со Биг Бенд Здружение на џез музичари ќе одржат концерт на кој ќе биде претставен албумот „За вашу послеподњевну разоноду“.

На албумот се наоѓаат 12 песни на Рундек кои се снимени со џез-оркестарот на Хрватската радио-телевизија. Аранжманите се на Мирон Хаусер, Лука Жужич и Мак Муртиќ. Покрај Рундек, во улога на пејачи се и Маја Ривиќ и Игор Павлица.

Кога бев дете, на Радио Загреб, попладне имаше емисијата која се викаше „За Ваша попладневна разонода“. Имаше снимки од најголемите биг-бендови, популарна музика. Не бев некој фан, но сето тоа останало во мојата потсвест. Кога хрватскиот џез-оркестар ми ја предложи соработката, тоа беше на моја радост, остварување на сите детски соништа. Конечно, некои песни можеа да се реализираат во џез-варијанта, рече Рундек, кој кажа дека негови омилени песни на албумот се „Ти и ја“, „Чудне мисли“.

Албумот е објавен пред една година, а ова ќе биде прва концертна промоција надвор од Хрватска.

Рундек првпат ќе свири со Биг Бендот на ЗЏМ и кажа дека добил снимки од музичарите и не се сомнева дека ќе биде добро.

Песните не се баш врзани со некое време во кое се пишувани. Тоа се хитови кои публиката сака да ги чуе и нас нè интересираше како би звучеле во тие аранжмани, вели Рундек.

Соработката со Руднек е огромно задоволство, рече Гоце Стевковски од ЗЏМ.

Овој концерт доаѓа по настапот кој го имавме со Рамбо Амадеус и доаѓа како продолжување на таа квалитетна приказна што ЗЏМ ја има од почетокот. Уште пред две години ја планиравме оваа сорботка и супер е што сега се реалзира, рече Стевковски.

Концертот во Скопје е по повод 25-години на „Екотип“. Карти за концертот нема, и според организаторот, тие се распродале пред две недели.

Илија Андреевски, генерален менаџер на „Екотип“, на денешната прес-конфренција кажа дека причината поради која „Екотип“ решил да застане зад Рундек е многу емитивна и дека тие, како фирма ги делат истите вредности како и Рундек кога станува збор за екологија, чиста животна средина и здрав начин на живот.

Пораснав со музиката на „Хаустор“ и Рундек. Уште од средношколските денови па до денес се пронаоѓав во текстовите. За мене не е тоа само музика, туку вредност и начин на живот. Но, и стремеж за подобра иднина и подобар свет. Низ текстовите на Рундек се пронаѓа и „Екотип“, делиме исти вредности, тоа сме ние, за мене немаше дилема. Она што утре ќе се случи во Фикхамронија е заокружување на сон од деството, рече Андреевски на прес-конфренцијата.

Тој кажа дека „Екотип“ за 25 години исфрлитрилале вода колку што е волуменот на Охридско езеро, преку декарбинизација, односно редуцирање на јаглероден отпечаток преку различни проекти имаат засадено дрва со површина на градот Виена.

Имаме партнери кои се добитници на Нобелова награда, рече Андреевски.

Од „Екотип“ велат дека размислуваат да ја продолажат оваа соработка и во некои проекти надвор од Македонија.

The post Песните не се врзани со времето во кое се пишувани, вели Дарко Рундек пред утрешниот концерт со Биг Бенд ЗЏМ во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот музичар Дарко Рундек утре, на 14 септември, во 20,30 часот во Филхармонија заедно со Биг Бенд Здружение на џез музичари ќе одржат концерт на кој ќе биде претставен албумот „За вашу послеподњевну разоноду“. На албумот се наоѓаат 12 песни на Рундек кои се снимени со џез-оркестарот на Хрватската радио-телевизија. Аранжманите се на Мирон Хаусер, Лука Жужич и Мак Муртиќ. Покрај Рундек, во улога на пејачи се и Маја Ривиќ и Игор Павлица.
Кога бев дете, на Радио Загреб, попладне имаше емисијата која се викаше „За Ваша попладневна разонода“. Имаше снимки од најголемите биг-бендови, популарна музика. Не бев некој фан, но сето тоа останало во мојата потсвест. Кога хрватскиот џез-оркестар ми ја предложи соработката, тоа беше на моја радост, остварување на сите детски соништа. Конечно, некои песни можеа да се реализираат во џез-варијанта, рече Рундек, кој кажа дека негови омилени песни на албумот се „Ти и ја“, „Чудне мисли“.
Албумот е објавен пред една година, а ова ќе биде прва концертна промоција надвор од Хрватска. Рундек првпат ќе свири со Биг Бендот на ЗЏМ и кажа дека добил снимки од музичарите и не се сомнева дека ќе биде добро.
Песните не се баш врзани со некое време во кое се пишувани. Тоа се хитови кои публиката сака да ги чуе и нас нè интересираше како би звучеле во тие аранжмани, вели Рундек.
Соработката со Руднек е огромно задоволство, рече Гоце Стевковски од ЗЏМ.
Овој концерт доаѓа по настапот кој го имавме со Рамбо Амадеус и доаѓа како продолжување на таа квалитетна приказна што ЗЏМ ја има од почетокот. Уште пред две години ја планиравме оваа сорботка и супер е што сега се реалзира, рече Стевковски.
Концертот во Скопје е по повод 25-години на „Екотип“. Карти за концертот нема, и според организаторот, тие се распродале пред две недели. Илија Андреевски, генерален менаџер на „Екотип“, на денешната прес-конфренција кажа дека причината поради која „Екотип“ решил да застане зад Рундек е многу емитивна и дека тие, како фирма ги делат истите вредности како и Рундек кога станува збор за екологија, чиста животна средина и здрав начин на живот.
Пораснав со музиката на „Хаустор“ и Рундек. Уште од средношколските денови па до денес се пронаоѓав во текстовите. За мене не е тоа само музика, туку вредност и начин на живот. Но, и стремеж за подобра иднина и подобар свет. Низ текстовите на Рундек се пронаѓа и „Екотип“, делиме исти вредности, тоа сме ние, за мене немаше дилема. Она што утре ќе се случи во Фикхамронија е заокружување на сон од деството, рече Андреевски на прес-конфренцијата.
Тој кажа дека „Екотип“ за 25 години исфрлитрилале вода колку што е волуменот на Охридско езеро, преку декарбинизација, односно редуцирање на јаглероден отпечаток преку различни проекти имаат засадено дрва со површина на градот Виена.
Имаме партнери кои се добитници на Нобелова награда, рече Андреевски.
Од „Екотип“ велат дека размислуваат да ја продолажат оваа соработка и во некои проекти надвор од Македонија.  

The post Песните не се врзани со времето во кое се пишувани, вели Дарко Рундек пред утрешниот концерт со Биг Бенд ЗЏМ во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот џез-оркестар добива свој дом https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-makedonskiot-dhez-orkestar-dobiva-svoj-dom/ Wed, 13 Sep 2023 08:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=681462

Новоформираната Национална установа Оркестар за џез-музика, која освен што доби од Владата трајна адреса во Националната опера и балет, добива и финансиски средства преку програмата ТАВ, со кои доделениот објект ќе биде соодветно реновиран. Проценетата проектантска вредност на реновирањето е околу 200 илјади евра (11.714.709,00 ден.), од кои 10 милиони денари се обезбедени преку програмата ТАВ, а преостанатите 1 милион 714 илјади денари ги обезбедува Министерството за култура. 

Ова денеска го соопштија министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на прес-конференција во Владата.

Костадиновска-Стојчевска потсети дека Владата и Министерството за култура обезбедија нова адреса и простор за трајно користење за новата Национална установа Оркестар за џез-музика на Република Македонија или, популарно, за Оркестарот на Здружението на џез-музичари и слободни уметници.

Таа информираше дека, Министерството за култура обезбеди изработка на Основен проект за реновирање и уредување на просторот и за санација на инсталациите на подрумските простории во зградата на Националната установа Национална опера и балет. 

– Просторот е со површина од 475 квадратни метри, и со проектот се предвидува уредување на простор за проби и за режија, мало студио, простор за чување инструменти и ноти, машки и женски гримиорни, тоалети и три канцелариски простории. Проектот предвидува и простории за машинска опрема и електрични инсталации – рече Костадиновска-Стојчевска. 

Таа додаде дека како Министерство за култура, и лично таа како министерка е особено задоволнa од ова урбано решение за еден оркестар каков што е Оркестарот за џез-музика.

− Со работата на Здружението на џез-музичари во овој круг на градот, оживуваме многу стари спомени за Скопје, го заокружуваме музичкиот простор каде што се и Средното музичко училиште, Факултетот за музичка уметност, Националната опера и балет, Филхармонијата, па и живиот парк „Ибни Пајко“ − истакна министерката за култура. Таа нагласи дека со Оркестарот за џез-музика се комплетира и се збогатува ова музичко и уметничко опкружување, а со оглед на тоа што џезот е музика на слободни стилови, како што рече, убедена е дека постојаното присуство на џезерите овде ќе значи нов квалитет за културата, за социјалниот живот и за сликата на Скопје.

– На крајот да потсетам дека како што ветивме, беа потребни само неколку месеци за да се формализира одлуката за основање на новата установа – Оркестарот кој во изминативе години стана една од омилените институции која пополнува огромна празнина во современата музичка култура на земјава. Уверена сум дека Оркестарот за џез-музика ќе се развива во уште посериозен двигател на културата во земјава и афирматор на македонската музика и изведувачка уметност низ светот – рече Костадиновска-Стојчевска.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на прес-конференцијата истакна дека со ова создаваме модерен амбиент каде оркестарот ќе може непречено да создава џез музика, со што Македонија ќе ја постави на мапата на земји кои институционално го негуваат овој стил на музика.

Битиќи појасни дека се работи за финансиски средства од ТАВ програмата, поточно за позитивната разлика од околу 30 милиони денари помеѓу проектираната и изведбената цена од веќе изведените инфраструктурни проекти по нашите општини.

„Скоро 50 милиони евра распределени низ сите општини, за сите граѓани. За квалитетен живот на сите“– рече Битиќи, кој информираше и за другите проекти што ќе се реализираат со средства преку програмата ТАВ.

The post Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот џез-оркестар добива свој дом appeared first on Република.

Националната установа Џез оркестар до крајот на годината ќе се смести под Националната опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/natsionalnata-ustanova-dhez-orkestar-do-krajot-na-godinata-ke-se-smesti-pod-natsionalnata-opera-i-balet/ Tue, 20 Jun 2023 12:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=653396

Министерството за култура најде простор за новоформираната Национална установа џез оркестар, под Националната опера и балет, но од крајот на годината, затоа што следува реновирање на тој простор.

Дотогаш, џез оркестарот ќе биде сместен во просториите на Филхармонија, заради што од синдикатот на оваа културнаустанова се штрејкува веќе неколку недели пред Министерството за култура или пред Владата.

Министерката повика да се прекине со протестите, а колегите од Филхармонија, дека ќе обезбедат простор да ги одржат своите проби и концерти во просториите на филхармонијата, додека не се преселат во новите простории.

Новоформираната Национална установа џез оркестар, со одлука на Владата, ќе има нова, трајна адреса во зграда 1, влез 1 на бул. „Гоце Делчев“ број 4. Се работи за дел од вкупниот простор од 1.440 метри квадратни под Националната опера и балет простор од 475 метри квадратни за чие соодветно реновирање имаме и проект и обезбедени средства.
Овој простор е со трајно користење на Министерството за култура – рече денеска на прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Таа појасни дека откако бил заокружен целиот процес, кој заради почитување на законските процедури и рокови, неминовно траел неколку недели, Владата на денешната седница донесе одлука овој простор да ѝ припадне на Национланата установа џез оркестар и на тој начин најдобро да се искористи и да се сочува државниот имот.

Костадиновска – Стојчевска рече дека просторот треба да биде реновиран до крајот на оваа година, а за официјално формирање на Националната установа џез оркестар потребно е само да добие црно на бело за својата жиро-сметка и таа е формирана.

https://republika.mk/vesti/kultura/sledete-vo-zhivo-pres-konferentsija-na-ministerkata-za-kultura-bisera-kostadinovska-stojchevska/

The post Националната установа Џез оркестар до крајот на годината ќе се смести под Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура најде простор за новоформираната Национална установа џез оркестар, под Националната опера и балет, но од крајот на годината, затоа што следува реновирање на тој простор.
Дотогаш, џез оркестарот ќе биде сместен во просториите на Филхармонија, заради што од синдикатот на оваа културнаустанова се штрејкува веќе неколку недели пред Министерството за култура или пред Владата.
Министерката повика да се прекине со протестите, а колегите од Филхармонија, дека ќе обезбедат простор да ги одржат своите проби и концерти во просториите на филхармонијата, додека не се преселат во новите простории.
Новоформираната Национална установа џез оркестар, со одлука на Владата, ќе има нова, трајна адреса во зграда 1, влез 1 на бул. „Гоце Делчев“ број 4. Се работи за дел од вкупниот простор од 1.440 метри квадратни под Националната опера и балет простор од 475 метри квадратни за чие соодветно реновирање имаме и проект и обезбедени средства. Овој простор е со трајно користење на Министерството за култура – рече денеска на прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.
Таа појасни дека откако бил заокружен целиот процес, кој заради почитување на законските процедури и рокови, неминовно траел неколку недели, Владата на денешната седница донесе одлука овој простор да ѝ припадне на Национланата установа џез оркестар и на тој начин најдобро да се искористи и да се сочува државниот имот. Костадиновска – Стојчевска рече дека просторот треба да биде реновиран до крајот на оваа година, а за официјално формирање на Националната установа џез оркестар потребно е само да добие црно на бело за својата жиро-сметка и таа е формирана. https://republika.mk/vesti/kultura/sledete-vo-zhivo-pres-konferentsija-na-ministerkata-za-kultura-bisera-kostadinovska-stojchevska/  

The post Националната установа Џез оркестар до крајот на годината ќе се смести под Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>
Мелпомени Корнети: Не познавам случај на таква „симбиоза” меѓу симфониски оркестар и џез оркестар под еден покрив во меѓународни релации https://republika.mk/vesti/kultura/melpomeni-korneti-ne-poznavam-sluchaj-na-takva-simbioza-megu-simfoniski-orkestar-i-dhez-orkestar-pod-eden-pokriv-vo-megunarodni-relatsii/ Thu, 13 Apr 2023 13:51:41 +0000 https://republika.mk/?p=630639

Формирањето на национална установа Џез оркестар, не случајно ја разбранува Македонската филхармонија, но и пошироката јавност, пишува во својот став Мелпомени Корнети, поранешна директорка на Филхармонија.

Како некогашен учесник во професионалниот пат и развој на оваа институција, ги разбирам загриженоста на вработените и отпорот кон одлуката на Владата за сместување (привремено!?) на новата институција под покривот на филхармонискиот дом.

Како поддршка кон барањето на Филхармоничарите да се преиспита оваа одлука, ќе наведам неколку причини и аргументи:

- Новата национална установа, иако е музичка, не е компатибилна со дејноста на МФ. /Освен тоа, има хиерархија и меѓу институциите со предзнак национални.

Филхармонијата е формирана во 1944 г., како прва културна институција во новата држава, НР Македонија во состав на ФНРЈ, затоа што покрај националното радио, а подоцна и тв, МНТ, музеите и секако универзитетот, тоа се темелни институции - атрибути на државата.

- Филхармонијата долго и макотрпно работеше за да добие достоен објект, по професионални стандарди. Тој објект треба да служи за натамошен растеж и развој на симфониската дејност во Македонија, во што подразбирам: редовна дејност на камерни ансамбли (оркестар, гудачки квартет, дувачки квинтет, состав перкусионисти, едукација и тн.), како и професионален хор, со кој Филхармонијата би можела да ја прошири својата програма кон вокално инструментални дела, кои досега ретко ги има на репертоарот.

- Како е дојдено до тоа да се формира Џез оркестар како национална установа, а местото да му се одреди во објектот на МФ, е прашање за Министерството за култура, кое во случајов, меша две различни категории.

- Џез музичарите, танцовиот оркестар, беа дел од основањето и традицијата на Радио телевизија Скопје/подоцна МРТ, заедно со уште пет ансамбли. Од таму беа "збришани" поради неупатеност или кусогледост на едно раководство и тогашна влада. Тоа болно искуство, нека барем спречи нови грешки

- Оваа сфера/Џез музика, високо ја почитувам, ги ценам музичарите и кога сум била во позиција, максимално сум ги поддржувала. За радување е што повторно се размислува за нивната дејност, но сметам дека решението треба да се најде во друга констелација. Убедена сум дека тоа е можно, ако се разбере суштината и се согледаат алтернативи.

Би била неискрена, ако на крајот од мојот став за оваа актуелна ситуација, не го изнесам и ова мислење - последниве години, МФ како да подлегна на една тенденција на свое популаризирање, преку концерти со гости и програми од други жанрови, кои ја "разводнија" основата дејност - суштината на симфониската музика како врв во музичкото творештво.

И тоа е музика и има публика која ја сака, но не требе да се премине границата, а тоа е мисијата на симфониски оркестар. Можеби ова (програмско) отстапување им даде надеж на иницијаторите на новата национална установа да бараат закрила во Македонската Филхармонија!

(Главно, ова жанровско шаренило, по правило комерцијално, ако вклучува музичари симфоничари, се решава надвор од матичната национална институција, на комерцијална основа).

Но, како и да е, не познавам случај на таква "симбиоза" меѓу симфониски оркестар и џез оркестар под еден покрив/во меѓународни релации..

Оттаму, уверена сум дека настанатата контроверза во Министерството за култура, ќе се реши логично и задоволително.

Мелпомени Корнети

(поранешна директорка на Македонската филхармонија)

The post Мелпомени Корнети: Не познавам случај на таква „симбиоза” меѓу симфониски оркестар и џез оркестар под еден покрив во меѓународни релации appeared first on Република.

]]>

Формирањето на национална установа Џез оркестар, не случајно ја разбранува Македонската филхармонија, но и пошироката јавност, пишува во својот став Мелпомени Корнети, поранешна директорка на Филхармонија.

Како некогашен учесник во професионалниот пат и развој на оваа институција, ги разбирам загриженоста на вработените и отпорот кон одлуката на Владата за сместување (привремено!?) на новата институција под покривот на филхармонискиот дом.

Како поддршка кон барањето на Филхармоничарите да се преиспита оваа одлука, ќе наведам неколку причини и аргументи:

- Новата национална установа, иако е музичка, не е компатибилна со дејноста на МФ. /Освен тоа, има хиерархија и меѓу институциите со предзнак национални.

Филхармонијата е формирана во 1944 г., како прва културна институција во новата држава, НР Македонија во состав на ФНРЈ, затоа што покрај националното радио, а подоцна и тв, МНТ, музеите и секако универзитетот, тоа се темелни институции - атрибути на државата.

- Филхармонијата долго и макотрпно работеше за да добие достоен објект, по професионални стандарди. Тој објект треба да служи за натамошен растеж и развој на симфониската дејност во Македонија, во што подразбирам: редовна дејност на камерни ансамбли (оркестар, гудачки квартет, дувачки квинтет, состав перкусионисти, едукација и тн.), како и професионален хор, со кој Филхармонијата би можела да ја прошири својата програма кон вокално инструментални дела, кои досега ретко ги има на репертоарот.

- Како е дојдено до тоа да се формира Џез оркестар како национална установа, а местото да му се одреди во објектот на МФ, е прашање за Министерството за култура, кое во случајов, меша две различни категории.

- Џез музичарите, танцовиот оркестар, беа дел од основањето и традицијата на Радио телевизија Скопје/подоцна МРТ, заедно со уште пет ансамбли. Од таму беа "збришани" поради неупатеност или кусогледост на едно раководство и тогашна влада. Тоа болно искуство, нека барем спречи нови грешки

- Оваа сфера/Џез музика, високо ја почитувам, ги ценам музичарите и кога сум била во позиција, максимално сум ги поддржувала. За радување е што повторно се размислува за нивната дејност, но сметам дека решението треба да се најде во друга констелација. Убедена сум дека тоа е можно, ако се разбере суштината и се согледаат алтернативи.

Би била неискрена, ако на крајот од мојот став за оваа актуелна ситуација, не го изнесам и ова мислење - последниве години, МФ како да подлегна на една тенденција на свое популаризирање, преку концерти со гости и програми од други жанрови, кои ја "разводнија" основата дејност - суштината на симфониската музика како врв во музичкото творештво. И тоа е музика и има публика која ја сака, но не требе да се премине границата, а тоа е мисијата на симфониски оркестар. Можеби ова (програмско) отстапување им даде надеж на иницијаторите на новата национална установа да бараат закрила во Македонската Филхармонија! (Главно, ова жанровско шаренило, по правило комерцијално, ако вклучува музичари симфоничари, се решава надвор од матичната национална институција, на комерцијална основа). Но, како и да е, не познавам случај на таква "симбиоза" меѓу симфониски оркестар и џез оркестар под еден покрив/во меѓународни релации.. Оттаму, уверена сум дека настанатата контроверза во Министерството за култура, ќе се реши логично и задоволително.   Мелпомени Корнети (поранешна директорка на Македонската филхармонија)

The post Мелпомени Корнети: Не познавам случај на таква „симбиоза” меѓу симфониски оркестар и џез оркестар под еден покрив во меѓународни релации appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Останувам на зборот дека ќе ја исполниме обврската да изнајдеме трајно просторно решение за Оркестарот за џез https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-ostanuvam-na-zborot-deka-ke-ja-ispolnime-obvrskata-da-iznajdeme-trajno-prostorno-reshenie-za-orkestarot-za-dhez/ Thu, 13 Apr 2023 07:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=630374

По вчерашната одлука на Владата за времено сместување на новоформираната НУ Оркестар за џез музика во просториите на НУ Национална Филхармонија, закажав состанок со вработените во Филхармонија за да продолжиме со разговорот за изнаоѓање заедничко решение, напиша на својот фејсбук профил министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Јас отидов на најавениот состанок во Филхармонија, но како што ми беше пренесено, од Синдикатот немале желба да разговараат со мене.

Останувам на зборот дека ќе ја исполниме обврската да изнајдеме трајно просторно решение за Оркестарот за џез, но не на перфиден и на подмолен начин со полувистини и со закани.

Како министерка за култура, но пред сè како човек, не можам да дозволам, а уште помалку да го разберам ова ниво на некултура, особено не на дел од уметниците, кои до пред некоја година беа добредојдени во неколку институции од културата додека да го добијат заслужениот дом.

The post Костадиновска-Стојчевска: Останувам на зборот дека ќе ја исполниме обврската да изнајдеме трајно просторно решение за Оркестарот за џез appeared first on Република.

]]>

По вчерашната одлука на Владата за времено сместување на новоформираната НУ Оркестар за џез музика во просториите на НУ Национална Филхармонија, закажав состанок со вработените во Филхармонија за да продолжиме со разговорот за изнаоѓање заедничко решение, напиша на својот фејсбук профил министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Јас отидов на најавениот состанок во Филхармонија, но како што ми беше пренесено, од Синдикатот немале желба да разговараат со мене. Останувам на зборот дека ќе ја исполниме обврската да изнајдеме трајно просторно решение за Оркестарот за џез, но не на перфиден и на подмолен начин со полувистини и со закани. Како министерка за култура, но пред сè како човек, не можам да дозволам, а уште помалку да го разберам ова ниво на некултура, особено не на дел од уметниците, кои до пред некоја година беа добредојдени во неколку институции од културата додека да го добијат заслужениот дом.

The post Костадиновска-Стојчевска: Останувам на зборот дека ќе ја исполниме обврската да изнајдеме трајно просторно решение за Оркестарот за џез appeared first on Република.

]]>
Во годината во која Филхармонија треба да се подготвува за чествување на 80 годишен јубилеј не треба својата енергија и време да го троши за да си го зачува својот интегритет и работен простор https://republika.mk/vesti/kultura/vo-godinata-vo-koja-filharmonija-treba-da-se-podgotvuva-za-chestvuvane-na-80-godishen-jubilej-ne-treba-svojata-energija-i-vreme-da-go-troshi-za-da-si-go-zachuva-svojot-integritet-i-raboten-prostor/ Wed, 12 Apr 2023 12:48:25 +0000 https://republika.mk/?p=630229

Информација дека новоформираниот „Оркестар за џез музика" ќе биде просторно сместен во објектот на НУ Филхармонија ја дознавме од медиумите и сите не најде затечени и изненадени бидејќи пред донесување на ваквата одлука никој не се обрати до НУ Филхармонија да ја констатира фактичката состојба и искористеноста на просторот во објектот, рече на денешната прес конференција Зорица Каракутовска – претседателка на Управен одбор на Филхармонија.

Управниот одбор закажа итна вонредна седница која се одржа на 25.3.2023 (сабота) и на која се донесе одлука и се испрати протестно писмо адресисирано до Премиерот на Владата и Министерката за култура. Во писмото накратко го образложивме проблемот и неможноста за функционирање на две институции под ист покрив, пред се поради фактот дека просторот е веќе целосно искористен и окупиран.

Воедно во писмото ги поканивме Премиерот и Министерката да дојдат на состанок во НУ Филхармонија и на лице место да извршат увид.

На редовната седница на УО одржана во среда на 29.3.2023 повторно упативме молба и барање за средба со Министерката. До денеска оваа средба не е реализирана.

Во медиумите се пласираат невистини дека ЗЏМ веќе 7 години работи под исти кров во просториите на Филхармонија. Оваа информација вчера во изјава ја пласираше и Министерката за култура, која не треба да се поведува по манипулациите кои и се сервираат како информации туку треба да бараат факти.

Фактите се дека Филхармонија се наоѓа и делува во овој објект од 2017г., значи не се 7 години, дека ЗЏМ во сите години на постоење досега имала 10 проекти кои ги реализирала во концертната сала и како и за секој надворешен проект им е обезбедено да имаат една или две проби непосредно пред концертот. Во март 2021 ЗЏМ се обратил со барање своите редовни проби да ги одржува во Филхармонија и УО, исто како о денеска, одговорил дека нема простор и можност да излезе во пресрет на ваквото барање.

Во изјавата за еден медиум вчера Министерката вели: "Не е добро една убава приказна да се претвори во ноќна мора за културната сцена" . Во потполност се согласуваме со неа и сметаме дека во годината во која Филхармонија треба да се подготвува за чествување на 80 годишен јубилеј не треба својата енергија и време да го троши за да си го зачува својот интегритет и работен простор, рече Каракутовска.

The post Во годината во која Филхармонија треба да се подготвува за чествување на 80 годишен јубилеј не треба својата енергија и време да го троши за да си го зачува својот интегритет и работен простор appeared first on Република.

]]>

Информација дека новоформираниот „Оркестар за џез музика" ќе биде просторно сместен во објектот на НУ Филхармонија ја дознавме од медиумите и сите не најде затечени и изненадени бидејќи пред донесување на ваквата одлука никој не се обрати до НУ Филхармонија да ја констатира фактичката состојба и искористеноста на просторот во објектот, рече на денешната прес конференција Зорица Каракутовска – претседателка на Управен одбор на Филхармонија.
Управниот одбор закажа итна вонредна седница која се одржа на 25.3.2023 (сабота) и на која се донесе одлука и се испрати протестно писмо адресисирано до Премиерот на Владата и Министерката за култура. Во писмото накратко го образложивме проблемот и неможноста за функционирање на две институции под ист покрив, пред се поради фактот дека просторот е веќе целосно искористен и окупиран. Воедно во писмото ги поканивме Премиерот и Министерката да дојдат на состанок во НУ Филхармонија и на лице место да извршат увид. На редовната седница на УО одржана во среда на 29.3.2023 повторно упативме молба и барање за средба со Министерката. До денеска оваа средба не е реализирана. Во медиумите се пласираат невистини дека ЗЏМ веќе 7 години работи под исти кров во просториите на Филхармонија. Оваа информација вчера во изјава ја пласираше и Министерката за култура, која не треба да се поведува по манипулациите кои и се сервираат како информации туку треба да бараат факти. Фактите се дека Филхармонија се наоѓа и делува во овој објект од 2017г., значи не се 7 години, дека ЗЏМ во сите години на постоење досега имала 10 проекти кои ги реализирала во концертната сала и како и за секој надворешен проект им е обезбедено да имаат една или две проби непосредно пред концертот. Во март 2021 ЗЏМ се обратил со барање своите редовни проби да ги одржува во Филхармонија и УО, исто како о денеска, одговорил дека нема простор и можност да излезе во пресрет на ваквото барање. Во изјавата за еден медиум вчера Министерката вели: "Не е добро една убава приказна да се претвори во ноќна мора за културната сцена" . Во потполност се согласуваме со неа и сметаме дека во годината во која Филхармонија треба да се подготвува за чествување на 80 годишен јубилеј не треба својата енергија и време да го троши за да си го зачува својот интегритет и работен простор, рече Каракутовска.

The post Во годината во која Филхармонија треба да се подготвува за чествување на 80 годишен јубилеј не треба својата енергија и време да го троши за да си го зачува својот интегритет и работен простор appeared first on Република.

]]>
Владимир Лазаревски: Ја повикуваме Костадиновска Стојчевска да ја промени одлуката, во спротивно ќе бараме оставка преку јавни протести https://republika.mk/vesti/kultura/vladimir-lazarevski-ja-povikuvame-kostadinovska-stojchevska-da-ja-promeni-odlukata-vo-sprotivno-ke-barame-ostavka-preku-javni-protesti/ Wed, 12 Apr 2023 12:40:46 +0000 https://republika.mk/?p=630212

Владимир Лазаревски, прв обоист и претседател на Синдикатот на Филхармонија во своето денешно обраќање на средбата со новинарите се осврна на три елементи: Зошто одлуката за вдомување на новиот Џез оркестар е погрешна и зошто не можеме да функционираме како два правни субјекти во една зграда, реакциите и лажните обвинувања на ЗЏМ кон вработените на Македонската филхармонија-спин креиран од еден човек со цел да се изманипулира јавноста и одговорноста на Министерката за култура како главен создавач на проблемот.

Не е возможно два оркестри во зградата да фунционираат како два посебни правни субјекти. Зградата е проектирана и замислена како објект за работа на еден симфониски оркестар. Секоја просторија е предвидена и осмислена со цел вработените да можат да ги исполнат своите работни обврски. Реално не е возможно да функционираат две национални устави, два оркестри со годишна програма. ЗЏМ досега реализирале по два три концерти годишно, што е сосема различно од бројот на концерти кои ќе треба да ги реализираат како Национална установа. За да фунционира една институција, па макар таа била во формирање, потребни се и одредени работни места кои ќе ја подржуваат работата на џез оркестарот за кој ќе бидат потребни дополнителни канцеларии, рече Лазаревски.

Во однос на лажните обвинувања од ЗЏМ кон вработените на Македонската филхармонија, Лазаревски потенцираше дека „во ниту една реакција не сме изјавиле дека сме против одлуката за формирање на националниот џез оркестар, напротив го кажуваме спротивното цело време, дека не сме против нашите колеги од џез оркестарот, го подржуваме нивното вработување, официјализирање, ниту сме против против нивни концерти во нашиот објект, за да нема забуна, зборуваме за термин – концерт, не за континуирана работа“.

Во изминатите денови нашата институција е мета на навреди и омаловажувања. Се обидувавме да не ги коментираме сите навреди, спинови и невистини, но јавноста треба да ја знае вистината. Во ниту една реакција не сме изјавиле дека сме против одлуката за формирање на националниот џез оркестар, напротив го кажуваме спротивното цело време, дека не сме против нашите колеги од џез оркестарот, го подржуваме нивното вработување, официјализирање, ниту сме против против нивни концерти во нашиот објект, за да нема забуна, зборуваме за термин – концерт, не за континуирана работа. Досега правеле два три концерти годишно, што не е исто со 20-30 концерти. Исто така невистина е изјавата на нашите колеги од ЗЏМ и изјавата на министерката за култура дека тие работеле во нашата зграда седум години. Објектот на Филхармонија во употреба е пет и пол години. Невистина и навреда е изјавата на нашиот колега Џијан Емин дека потписот на административниот работник, или пак хигиеничар, или било кој вработен во МФ не е важен и не треба да е одлучувачки. Во исто време потсетуваме, дека тие вработени ги опслужуваат нив – ЗЏМ кога ги подготвуваат проектите. Најголемиот спин на ЗЏМ и Министерството за култура е дека вработените во МФ се непријателски настроени кон новоформираниот Оркестар за Џез. Почитувани медиуми, доколку се имаше пријателска намера и се градеше пријателска атмосфера, зошто пред да се донесе одлуката за насилно втурнување, никој не ги праша директорката, Управниот одбор и вработените, подвлече Лазаревски.

Одговорноста на Министерката за култура, Лазаревски ја посочи во тоа дека е донесена одлука за формирање НУ Џез оркестар без претходна консултација со директор, УО и вработени наметнувајќи „привремени“ решенија кои ќе створат траен проблем.

Крајно сме вознемирени и разочарани од односот на Министерката за култура г-ѓа Бисера Стојческа Костадиноска, која што е главниот виновник и одговорна за денешниот проблем. Донесе одлука за формирање НУ Џез оркестар без претходна консултација со директор, УО и вработени наметнувајќи „привремени“ решенија кои ќе створат траен проблем. По потпишувањето на петицијата од 108 вработени не удостои со средба во кабиентот. Иако на средбата пројави разбирање за нашата петиција и ВЕТИ дека на првата владина седница ќе ја промени одлуката за седиштето на Џез оркестарот, не го оствари ова ветување. За епилогот и договореното на оваа средба може да побарате потврда од петте претставници на МФ кои беа на средбата, од директорката и претставниците на ЗЏМ. На средбата беше договорено во интерес на културата да нема дополнителни препукувања по медиумите. Затоа беше МОЛКОТ на МФ, додека ЗЏМ не го одржаа зборот, можеби по диктат на министерката. За крај ја повикуваме јавно министерката Стојческа Констадиновска во интерес на културата да ја промени одлуката за вдомување на НУ Џез Оркестар во Македонска филхармонија како што вети на состанокот за наредната владина седница. Доколку не го стори тоа ќе бидеме приморани да бараме одговорност, оставка преку јавни протести. Почитувани медиуми не бараме посебна подршка во оваа наша борба, посакуваме да ја добиеме поддршката од јавноста само како поддршка за нашата основна дејност – а тоа е КОНЦЕРТНАТА дејност, истакна Лазаревски

Лазаревски до медиумите ги приложи и пораките кои ги размениле со министерката Костадиновска-Стојчевска.

The post Владимир Лазаревски: Ја повикуваме Костадиновска Стојчевска да ја промени одлуката, во спротивно ќе бараме оставка преку јавни протести appeared first on Република.

Функционирање на два национални оркестри со сосема различна програмска и естетска концепција е неспоива состојба на што всушност реагира и целата Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/funktsionirane-na-dva-natsionalni-orkestri-so-sosema-razlichna-programska-i-estetska-kontseptsija-e-nespoiva-sostojba-na-shto-vsushnost-reagira-i-tselata-filharmonija/ Wed, 12 Apr 2023 11:57:15 +0000 https://republika.mk/?p=630164

На денешната средба со новинарите директорката на Филхармонија, Тина Иванова, претседателот на синдикатот на Филхармонија Владимир Лазаревски и претседателката на Управниот одбор – Зорица Каракутовска истакнаа дека имале исклучителна соработка ЗЏМ и безрезервна поддршка.

Јас, Тина Иванова, нека кажат претставниците на ЗЏМ, и од времето кога соработував со нив, од секогаш сум им ја давала мојата поддршка неизмерно и безрезервно. Ги ценам како уметници и знам дека во нивните редови има фантастични музичари. Бев на неколку состаноци за да преговарам да им се даде простор, за што имав позитивен одговор и за Домот на АРМ и за студијата М1 и М2 во МРТВ.

Сега, во овој случај, како директор на Филхармонијата, застанувам зад колективот, зад единствениот став на сите вработени. Не само поради солидарноста туку и поради нивниот  исправен став и реалната потреба Националната филхармонија, брендот на македонската култура, да не биде предмет на експерименти непримерни за ниту една филхармонија во светот.

Оваа „филхармониска генерација“ направивме уникатна и високо квалитетна програма, изведовме грандиозни дела, на сцената стапнаа фантастични диригенти и солисти. Имавме полни сали и задоволна публика. Така и ќе продолжиме.

Овие уметници се научени и на поинакви околности. Можеме да се вратиме и во Домот на АРМ, можеме и на отворено и тука сме со потврден квалитет. Пак ќе правиме концерти.

Сега директорка сум јас, министерката е сега министерка. Утре нема да бидеме на овие должности ниту јас ниту таа. Но овие луѓе овде, овие уметници, кои сега со право реагираат, и натаму ќе останат да се тоа без оглед на околностите. Но неприродно е да се прават обиди за создавање услови за едни на сметка на нарушени услови за други. Така се задира во успешноста и кај едните и кај другите.

И пак, никаде во светот во објект со планска намена за филхармонија не функционира џез ансамбл.

Еве, тука е дипломатскиот кор, прашајте ги каде е тоа случј. Никаде. И не случајно – никаде.

И повторувам, не отсега, од многу одамна сите застанавме на страната на ЗЏМ, секогаш ја имале нашата безрезервна и професионална и другарска поддршка. Патем, наспроти обидете за извртување на фактите во јавноста, секогаш им биле отворени филхармониските сцени за нивни концерти.

Но функционирање на два национални оркестри со сосема различна програмска и естетска концепција е неспоива состојба на што всушност реагира и целата Филхармонија, потенцираше Иванова.

The post Функционирање на два национални оркестри со сосема различна програмска и естетска концепција е неспоива состојба на што всушност реагира и целата Филхармонија appeared first on Република.

]]>

На денешната средба со новинарите директорката на Филхармонија, Тина Иванова, претседателот на синдикатот на Филхармонија Владимир Лазаревски и претседателката на Управниот одбор – Зорица Каракутовска истакнаа дека имале исклучителна соработка ЗЏМ и безрезервна поддршка.
Јас, Тина Иванова, нека кажат претставниците на ЗЏМ, и од времето кога соработував со нив, од секогаш сум им ја давала мојата поддршка неизмерно и безрезервно. Ги ценам како уметници и знам дека во нивните редови има фантастични музичари. Бев на неколку состаноци за да преговарам да им се даде простор, за што имав позитивен одговор и за Домот на АРМ и за студијата М1 и М2 во МРТВ. Сега, во овој случај, како директор на Филхармонијата, застанувам зад колективот, зад единствениот став на сите вработени. Не само поради солидарноста туку и поради нивниот  исправен став и реалната потреба Националната филхармонија, брендот на македонската култура, да не биде предмет на експерименти непримерни за ниту една филхармонија во светот. Оваа „филхармониска генерација“ направивме уникатна и високо квалитетна програма, изведовме грандиозни дела, на сцената стапнаа фантастични диригенти и солисти. Имавме полни сали и задоволна публика. Така и ќе продолжиме. Овие уметници се научени и на поинакви околности. Можеме да се вратиме и во Домот на АРМ, можеме и на отворено и тука сме со потврден квалитет. Пак ќе правиме концерти. Сега директорка сум јас, министерката е сега министерка. Утре нема да бидеме на овие должности ниту јас ниту таа. Но овие луѓе овде, овие уметници, кои сега со право реагираат, и натаму ќе останат да се тоа без оглед на околностите. Но неприродно е да се прават обиди за создавање услови за едни на сметка на нарушени услови за други. Така се задира во успешноста и кај едните и кај другите. И пак, никаде во светот во објект со планска намена за филхармонија не функционира џез ансамбл. Еве, тука е дипломатскиот кор, прашајте ги каде е тоа случј. Никаде. И не случајно – никаде. И повторувам, не отсега, од многу одамна сите застанавме на страната на ЗЏМ, секогаш ја имале нашата безрезервна и професионална и другарска поддршка. Патем, наспроти обидете за извртување на фактите во јавноста, секогаш им биле отворени филхармониските сцени за нивни концерти. Но функционирање на два национални оркестри со сосема различна програмска и естетска концепција е неспоива состојба на што всушност реагира и целата Филхармонија, потенцираше Иванова.

The post Функционирање на два национални оркестри со сосема различна програмска и естетска концепција е неспоива состојба на што всушност реагира и целата Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Иванова: Ниту јас како директор на Филхармонија, ниту било кој вработен, ја имаше информацијата дека новата национална установа ќе биде сместена во овој објект https://republika.mk/vesti/kultura/ivanova-nitu-jas-kako-direktor-na-filharmonija-nitu-bilo-koj-vraboten-ja-imashe-informatsijata-deka-novata-natsionalna-ustanova-ke-bide-smestena-vo-ovoj-objekt/ Wed, 12 Apr 2023 11:52:46 +0000 https://republika.mk/?p=630150

И се обраќам на македонската влада, се обраќам на Министерството за култура и на министерката Бисера Костадиновска - Стојческа, Ви се обраќам вам почитувани медиуми, во врска со Одлуката - Здружението на џез музичари на Македонија сега Национален оркестар за џез музика, да биде сместен во овој објект и две институции да функционираат заедно под еден покрив, го почна денеска своето обраќање директорката на Македонската филхармонија, Тина Иванова.

Пред се, сакам јавно да соопштам, дека ниту јас како директор на Филхармонија, ниту било кој вработен од Филхармонија, ја имаше информацијата дека новата национална установа ќе биде сместена во овој објект.

Договори, преговори, состаноци, биле тајна. Со нас, со колективот, со уметниците музичари, со раководителот и Управниот одбор ниту збор. Ниту информација, ниту прашање, ниту разговор, ниту бутур.

Да. Зградата е на државата и Филхармонијата исто. Ама не и музичарите, уметниците, ансамблот.

Информацијата за тоа, сите, вклучувајќи ме и мене како директор, ја дознавме на социјалните мрежи преку објава на некои портали.

Но во случајов не е важна непочитта спрема најекспонираната и најуспешна културна установа во државата која и Ковидот го протурка со фул програма.

Ниту пак овде и сега станува збор за суета. Непочитта не зборува за нас туку ...

Станува збор за реалната ситуација и за можностите за евентуално взаемно функционирање.

Скоро целата институција, сите музички уметници, цела администрација и Управниот одбор, потпишаа петиција и објавија соопштенија до Владата, Министерството за култура и медиумите со аргументи зошто не би било добро Националниот оркестар за џез музика да функционира во зградата на Филхармонија, за што сите сте добро запознаени. Во истата таа објава сите едногласно позитивно ја поздравивме одлуката за формирање на Национален џез оркестар.

По оваа едногласна размисла на сите вработени во оваа институција, бевме повикани на состанок од страна на министерката за култура, неколкумина музичари од Филхармонија, јас како директорка и двајца претставници на ЗЏМ, од кои едниот е вработен во Македонската филхармонија повеќе од 20 години.

На состанокот, министерката за култура, откако и ги објаснивме причините и последиците од ова взаемно функционирање на два сосема различни оркестри, ни вети дека ќе го смени делот во одлуката за сместување на Националниот џез оркестар во домот на Филхармонијата.

Притоа, се договоривме, да не даваме изјави во медиуми до промената на Одлуката, да не се изјаснуваме на социјални мрежи по ова прашање, за јавноста да не биде погрешно информирана.

Но некои не се држеа до овој џентлменски договор кај министерката. Катадневно во јавноста пласираа невистини, дезинформираа, јавнаа на бранот на поддршката за институционализирање на ЗЏМ за што ние овде во Филхармонијата и со години се залагаме и со години ги поддржуваме и со години помагаме вклучително и јас лично.

Непријатно сме изненадени од некои наши пријатели, колеги и соработници за манипулирањето на јавноста и медиумите, рече Иванова.

Таа посочи дека имале исклучителна соработка ЗЏМ и безрезервна поддршка.

Јас, Тина Иванова, нека кажат претставниците на ЗЏМ, и од времето кога соработував со нив, од секогаш сум им ја давала мојата поддршка неизмерно и безрезервно. Ги ценам како уметници и знам дека во нивните редови има фантастични музичари. Бев на неколку состаноци за да преговарам да им се даде простор, за што имав позитивен одговор и за Домот на АРМ и за студијата М1 и М2 во МРТВ.

Сега, во овој случај, како директор на Филхармонијата, застанувам зад колективот, зад единствениот став на сите вработени. Не само поради солидарноста туку и поради нивниот  исправен став и реалната потреба Националната филхармонија, брендот на македонската култура, да не биде предмет на експерименти непримерни за ниту една филхармонија во светот.

Оваа „филхармониска генерација“ направивме уникатна и високо квалитетна програма, изведовме грандиозни дела, на сцената стапнаа фантастични диригенти и солисти. Имавме полни сали и задоволна публика. Така и ќе продолжиме.

Овие уметници се научени и на поинакви околности. Можеме да се вратиме и во Домот на АРМ, можеме и на отворено и тука сме со потврден квалитет. Пак ќе правиме концерти.

Сега директорка сум јас, министерката е сега министерка. Утре нема да бидеме на овие должности ниту јас ниту таа. Но овие луѓе овде, овие уметници, кои сега со право реагираат, и натаму ќе останат да се тоа без оглед на околностите. Но неприродно е да се прават обиди за создавање услови за едни на сметка на нарушени услови за други. Така се задира во успешноста и кај едните и кај другите.

И пак, никаде во светот во објект со планска намена за филхармонија не функционира џез ансамбл.

Еве, тука е дипломатскиот кор, прашајте ги каде е тоа случј. Никаде. И не случајно - никаде.

И повторувам, не отсега, од многу одамна сите застанавме на страната на ЗЏМ, секогаш ја имале нашата безрезервна и професионална и другарска поддршка. Патем, наспроти обидете за извртување на фактите во јавноста, секогаш им биле отворени филхармониските сцени за нивни концерти.

Но функционирање на два национални оркестри со сосема различна програмска и естетска концепција е неспоива состојба на што всушност реагира и целата Филхармонија, потенцираше Иванова.

Македонската филхармонија следната година одбележува 80 години постоење.

Националната филхармонија ја слави музиката. Наредната година колективот ќе го одбележи големиот јубилеј – 80 години од формирањето на Македонската филхармонија а утре е нашиот концерт „Благден“. Под палката на маестро Вања Николовски Ѓумар ќе биде изведено едно од најграндиозните дела во историјата на класичната музика, Петтата симфонија од Густав Малер. Концертот почнува во 20 часот. Сите сте добредојдени, заврши Иванова.

The post Иванова: Ниту јас како директор на Филхармонија, ниту било кој вработен, ја имаше информацијата дека новата национална установа ќе биде сместена во овој објект appeared first on Република.

]]>

И се обраќам на македонската влада, се обраќам на Министерството за култура и на министерката Бисера Костадиновска - Стојческа, Ви се обраќам вам почитувани медиуми, во врска со Одлуката - Здружението на џез музичари на Македонија сега Национален оркестар за џез музика, да биде сместен во овој објект и две институции да функционираат заедно под еден покрив, го почна денеска своето обраќање директорката на Македонската филхармонија, Тина Иванова.
Пред се, сакам јавно да соопштам, дека ниту јас како директор на Филхармонија, ниту било кој вработен од Филхармонија, ја имаше информацијата дека новата национална установа ќе биде сместена во овој објект. Договори, преговори, состаноци, биле тајна. Со нас, со колективот, со уметниците музичари, со раководителот и Управниот одбор ниту збор. Ниту информација, ниту прашање, ниту разговор, ниту бутур. Да. Зградата е на државата и Филхармонијата исто. Ама не и музичарите, уметниците, ансамблот. Информацијата за тоа, сите, вклучувајќи ме и мене како директор, ја дознавме на социјалните мрежи преку објава на некои портали. Но во случајов не е важна непочитта спрема најекспонираната и најуспешна културна установа во државата која и Ковидот го протурка со фул програма. Ниту пак овде и сега станува збор за суета. Непочитта не зборува за нас туку ... Станува збор за реалната ситуација и за можностите за евентуално взаемно функционирање. Скоро целата институција, сите музички уметници, цела администрација и Управниот одбор, потпишаа петиција и објавија соопштенија до Владата, Министерството за култура и медиумите со аргументи зошто не би било добро Националниот оркестар за џез музика да функционира во зградата на Филхармонија, за што сите сте добро запознаени. Во истата таа објава сите едногласно позитивно ја поздравивме одлуката за формирање на Национален џез оркестар. По оваа едногласна размисла на сите вработени во оваа институција, бевме повикани на состанок од страна на министерката за култура, неколкумина музичари од Филхармонија, јас како директорка и двајца претставници на ЗЏМ, од кои едниот е вработен во Македонската филхармонија повеќе од 20 години. На состанокот, министерката за култура, откако и ги објаснивме причините и последиците од ова взаемно функционирање на два сосема различни оркестри, ни вети дека ќе го смени делот во одлуката за сместување на Националниот џез оркестар во домот на Филхармонијата. Притоа, се договоривме, да не даваме изјави во медиуми до промената на Одлуката, да не се изјаснуваме на социјални мрежи по ова прашање, за јавноста да не биде погрешно информирана. Но некои не се држеа до овој џентлменски договор кај министерката. Катадневно во јавноста пласираа невистини, дезинформираа, јавнаа на бранот на поддршката за институционализирање на ЗЏМ за што ние овде во Филхармонијата и со години се залагаме и со години ги поддржуваме и со години помагаме вклучително и јас лично. Непријатно сме изненадени од некои наши пријатели, колеги и соработници за манипулирањето на јавноста и медиумите, рече Иванова.  
Таа посочи дека имале исклучителна соработка ЗЏМ и безрезервна поддршка.
Јас, Тина Иванова, нека кажат претставниците на ЗЏМ, и од времето кога соработував со нив, од секогаш сум им ја давала мојата поддршка неизмерно и безрезервно. Ги ценам како уметници и знам дека во нивните редови има фантастични музичари. Бев на неколку состаноци за да преговарам да им се даде простор, за што имав позитивен одговор и за Домот на АРМ и за студијата М1 и М2 во МРТВ. Сега, во овој случај, како директор на Филхармонијата, застанувам зад колективот, зад единствениот став на сите вработени. Не само поради солидарноста туку и поради нивниот  исправен став и реалната потреба Националната филхармонија, брендот на македонската култура, да не биде предмет на експерименти непримерни за ниту една филхармонија во светот. Оваа „филхармониска генерација“ направивме уникатна и високо квалитетна програма, изведовме грандиозни дела, на сцената стапнаа фантастични диригенти и солисти. Имавме полни сали и задоволна публика. Така и ќе продолжиме. Овие уметници се научени и на поинакви околности. Можеме да се вратиме и во Домот на АРМ, можеме и на отворено и тука сме со потврден квалитет. Пак ќе правиме концерти. Сега директорка сум јас, министерката е сега министерка. Утре нема да бидеме на овие должности ниту јас ниту таа. Но овие луѓе овде, овие уметници, кои сега со право реагираат, и натаму ќе останат да се тоа без оглед на околностите. Но неприродно е да се прават обиди за создавање услови за едни на сметка на нарушени услови за други. Така се задира во успешноста и кај едните и кај другите. И пак, никаде во светот во објект со планска намена за филхармонија не функционира џез ансамбл. Еве, тука е дипломатскиот кор, прашајте ги каде е тоа случј. Никаде. И не случајно - никаде. И повторувам, не отсега, од многу одамна сите застанавме на страната на ЗЏМ, секогаш ја имале нашата безрезервна и професионална и другарска поддршка. Патем, наспроти обидете за извртување на фактите во јавноста, секогаш им биле отворени филхармониските сцени за нивни концерти. Но функционирање на два национални оркестри со сосема различна програмска и естетска концепција е неспоива состојба на што всушност реагира и целата Филхармонија, потенцираше Иванова.  
Македонската филхармонија следната година одбележува 80 години постоење.
Националната филхармонија ја слави музиката. Наредната година колективот ќе го одбележи големиот јубилеј – 80 години од формирањето на Македонската филхармонија а утре е нашиот концерт „Благден“. Под палката на маестро Вања Николовски Ѓумар ќе биде изведено едно од најграндиозните дела во историјата на класичната музика, Петтата симфонија од Густав Малер. Концертот почнува во 20 часот. Сите сте добредојдени, заврши Иванова.
       
The post Иванова: Ниту јас како директор на Филхармонија, ниту било кој вработен, ја имаше информацијата дека новата национална установа ќе биде сместена во овој објект appeared first on Република.

]]>
ЗЏМ: Целиот концепт за нашето евентуално работење во зградата на Филхармонија е погрешно претставен, па оттаму произлегуваат и сите неосновани реакции https://republika.mk/vesti/kultura/zdhm-tseliot-kontsept-za-nasheto-eventualno-rabotene-vo-zgradata-na-filharmonija-e-pogreshno-pretstaven-pa-ottamu-proizleguvaat-i-site-neosnovani-reaktsii/ Mon, 10 Apr 2023 07:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=629276

Во контекст на едноставно објаснување на настаната ситуација, по одлуката објавена од страна на Министерството за култура и Владата на Република Македонија, сакаме да појасниме неколку точки. Најпрво, би сакале да изразиме благодарност на одлуката на Министерството и Владата за времено сместување на Оркестарот во просториите на Филхармонија и воедно да се заблагодариме за огромната поддршка од колегите од регионот и целата македонска јавност, стои во денешната писмена реакција на ЗЏМ.

Нашата индивидуална соработка со членовите на Филхармонија е многу подолга, но со биг бендот, конкретно во овие простории, ние работиме веќе 7 години и во овој период не сме наишле на проблеми од било каква природа.  За време на припремите и пробите никогаш не добивме забелешки дека овие активности на било каков начин ја попречуваат работата на Филхармонија. Напротив, пробите се правеа тогаш кога во просториите, поточно во една просторија, немаше други активности од оркестарот и ансамблите на Филхармонија, или не беа користени за друг тип приватни настани.

Имено, во неформални разговори со колеги и пријатели од Филхармонија, доаѓаме до сознанија дека можеби целиот концепт за нашето евентуално работење во зградата на Филхармонија е погрешно претставен, па оттаму произлегуваат и сите неосновани реакции.

Тврдењата дека Оркестарот за џез музика брои 50-60 музичари се потполно погрешни. Секој џез биг бенд ансамбл е составен од 17 - 20 музичари.

Тврдењето дека на музичарите од Филхармонија ќе им бидат узурпирани гримиорните е исто така неосновано. Можеме да гарантираме дека ова никогаш не било земено во предвид, ниту пак некогаш ќе се случи.

Погрешно е и тврдењето дека ќе узурпираме простор во веќе постоечкиот дел на административниот дел на зградата, затоа што тоа е невозможно да се случи и би ја попречило и нашата работа. Одржувањето на пробите во зградата би се реализирало исклучиво во малата или големата сала, во термините кога овие простории се слободни. Концертите исто така би се случувале во денови кога Филхармонијата нема програма.

Ги даваме овие појаснувања со цел да помогнеме во тековниот процес, и да ја објасниме  целата ситуација која изгледа дека е излезена од вистинскиот контекст, со надеж дека ќе следи процес на смирување на страстите помеѓу колегите и пријателите со кои работиме заедно долг временски период, а сакаме да продолжиме да соработуваме и во иднина.

Очекуваме министерството за култура да продолжи со активностите до конечно оформување на институцијата, со цел поскоро започнување на нашата официјална концертна дејност.

The post ЗЏМ: Целиот концепт за нашето евентуално работење во зградата на Филхармонија е погрешно претставен, па оттаму произлегуваат и сите неосновани реакции appeared first on Република.

]]>

Во контекст на едноставно објаснување на настаната ситуација, по одлуката објавена од страна на Министерството за култура и Владата на Република Македонија, сакаме да појасниме неколку точки. Најпрво, би сакале да изразиме благодарност на одлуката на Министерството и Владата за времено сместување на Оркестарот во просториите на Филхармонија и воедно да се заблагодариме за огромната поддршка од колегите од регионот и целата македонска јавност, стои во денешната писмена реакција на ЗЏМ.
Нашата индивидуална соработка со членовите на Филхармонија е многу подолга, но со биг бендот, конкретно во овие простории, ние работиме веќе 7 години и во овој период не сме наишле на проблеми од било каква природа.  За време на припремите и пробите никогаш не добивме забелешки дека овие активности на било каков начин ја попречуваат работата на Филхармонија. Напротив, пробите се правеа тогаш кога во просториите, поточно во една просторија, немаше други активности од оркестарот и ансамблите на Филхармонија, или не беа користени за друг тип приватни настани. Имено, во неформални разговори со колеги и пријатели од Филхармонија, доаѓаме до сознанија дека можеби целиот концепт за нашето евентуално работење во зградата на Филхармонија е погрешно претставен, па оттаму произлегуваат и сите неосновани реакции. Тврдењата дека Оркестарот за џез музика брои 50-60 музичари се потполно погрешни. Секој џез биг бенд ансамбл е составен од 17 - 20 музичари. Тврдењето дека на музичарите од Филхармонија ќе им бидат узурпирани гримиорните е исто така неосновано. Можеме да гарантираме дека ова никогаш не било земено во предвид, ниту пак некогаш ќе се случи. Погрешно е и тврдењето дека ќе узурпираме простор во веќе постоечкиот дел на административниот дел на зградата, затоа што тоа е невозможно да се случи и би ја попречило и нашата работа. Одржувањето на пробите во зградата би се реализирало исклучиво во малата или големата сала, во термините кога овие простории се слободни. Концертите исто така би се случувале во денови кога Филхармонијата нема програма. Ги даваме овие појаснувања со цел да помогнеме во тековниот процес, и да ја објасниме  целата ситуација која изгледа дека е излезена од вистинскиот контекст, со надеж дека ќе следи процес на смирување на страстите помеѓу колегите и пријателите со кои работиме заедно долг временски период, а сакаме да продолжиме да соработуваме и во иднина. Очекуваме министерството за култура да продолжи со активностите до конечно оформување на институцијата, со цел поскоро започнување на нашата официјална концертна дејност.

The post ЗЏМ: Целиот концепт за нашето евентуално работење во зградата на Филхармонија е погрешно претставен, па оттаму произлегуваат и сите неосновани реакции appeared first on Република.

]]>
ЗЏМ: Изненадени и затекнати сме од изнесениот став од нашите колеги од Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/zdhm-iznenadeni-i-zateknati-sme-od-izneseniot-stav-od-nashite-kolegi-od-filharmonija/ Mon, 03 Apr 2023 12:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=626713

Изненадени и затекнати сме од изнесениот став од страна на нашите колеги од Филхармонија по одлуката на Владата според која просторно новоформирната национална установа Оркестар за џез музика да биде сместен во објектот на Национална филхармонија, а по потреба ќе го користи и музичко-сценскиот простор на НУ Национална опера и балет”, реагираат со писмо до медиумите од Здружение на џез музичари на Македонија и слободни уметници  - ЗЏМ Скопје.

https://republika.mk/vesti/kultura/smestuvaneto-na-novoformiraniot-orkestar-za-dhez-muzika-vo-objektot-na-filharmonija-e-nesoodvetno-i-ke-napravi-poveke-shteta-otkolku-polza-reagiraat-vrabotenite/

По одлуката објавена од страна на Министерството за култура и Владата на Македонија, за основање на национална установа „Оркестар за џез музика во Република Македонија“ – Скопје, добивме исклучително позитивни реакции од страна на целокупната македонска јавност, но и честитки од нашите колеги во регионот кои ја поздравуваат добиената шанса нашата дејност да биде официјализирана и институционализирана преку основањето на џез оркестарот, се вели во реакцијата на ЗЏМ.

Тие го разбираат отпорот кон промени, но не може да ги оправдаат ниту да ги прифатат како основани изнесените ставови од страна на колегите вработени во Филхармонија.

Би сакале да ги потсетиме нашите колеги за нашите заднички реализирани проекти и потврдената квалитетна соработка во текот на овие седум години работење на ЗЏМ Биг Бендот. Ова е период во кој Биг бендот успеа да реализира огромен број концерти во преполни сали за кои се бараше билет плус, на кои како гости учествуваа значајни имиња од земјава и регионот и чиј квалитет беше препознаен од целата македонска јавност, а дел од тие концерти беа реализирани во соработка токму со нашите колеги од Филхармонија. Драги ни се овие соработки со Филхармонија, голем дел од концертите и пробите за овие концерти се случуваа токму во просториите на Филхармонија, па можеби затоа природно произлегла идејата нашата институција да има свое седиште токму во овие простории, велат од ЗЏМ.

Од ЗЏМ сметаат дека станува збор за две институции кои функционираат на исто поле – музика, уметност, култура, и овие институции треба синергично да соработуваат.

Во нашиот случај станува збор за новооформена институција, за прв пат после толку години во нашата земја има џез оркестар, па од наш заеднички интерес е да делуваме смирено и сплотено, најколегијално сите да придонесеме во формирањето на уште една културна установа која ќе промовира вистински вредности и висок квалитет. Да не го занемариме и фактот дека последниве дваесетина години се продуцираше исклучително квалитетен кадар од областа на џез музиката, таленти чиј квалитет и работа се неспорни, земајќи го во предвид школувањето на најдобрите европски и светски џез академии, како и џез академиите во Скопје и Штип. 

За крај, би сакале да апелираме, да не се избрзува со предвремени реакции пред конечното утврдување на тоа како ќе функционира новата институција, и заеднички, Министерството за култура, Филхармонија и ние како претставници на Џез оркестарот, објективно да ја процениме целата ситуација, да се утврдат условите под кои нашата институција ќе може најдобро да функционира, и да се дојде до решение кое ќе биде во најдобар интерес за двете институции, се вели во реакцијата на ЗЏМ.

The post ЗЏМ: Изненадени и затекнати сме од изнесениот став од нашите колеги од Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Изненадени и затекнати сме од изнесениот став од страна на нашите колеги од Филхармонија по одлуката на Владата според која просторно новоформирната национална установа Оркестар за џез музика да биде сместен во објектот на Национална филхармонија, а по потреба ќе го користи и музичко-сценскиот простор на НУ Национална опера и балет”, реагираат со писмо до медиумите од Здружение на џез музичари на Македонија и слободни уметници  - ЗЏМ Скопје. https://republika.mk/vesti/kultura/smestuvaneto-na-novoformiraniot-orkestar-za-dhez-muzika-vo-objektot-na-filharmonija-e-nesoodvetno-i-ke-napravi-poveke-shteta-otkolku-polza-reagiraat-vrabotenite/
По одлуката објавена од страна на Министерството за култура и Владата на Македонија, за основање на национална установа „Оркестар за џез музика во Република Македонија“ – Скопје, добивме исклучително позитивни реакции од страна на целокупната македонска јавност, но и честитки од нашите колеги во регионот кои ја поздравуваат добиената шанса нашата дејност да биде официјализирана и институционализирана преку основањето на џез оркестарот, се вели во реакцијата на ЗЏМ.
Тие го разбираат отпорот кон промени, но не може да ги оправдаат ниту да ги прифатат како основани изнесените ставови од страна на колегите вработени во Филхармонија.
Би сакале да ги потсетиме нашите колеги за нашите заднички реализирани проекти и потврдената квалитетна соработка во текот на овие седум години работење на ЗЏМ Биг Бендот. Ова е период во кој Биг бендот успеа да реализира огромен број концерти во преполни сали за кои се бараше билет плус, на кои како гости учествуваа значајни имиња од земјава и регионот и чиј квалитет беше препознаен од целата македонска јавност, а дел од тие концерти беа реализирани во соработка токму со нашите колеги од Филхармонија. Драги ни се овие соработки со Филхармонија, голем дел од концертите и пробите за овие концерти се случуваа токму во просториите на Филхармонија, па можеби затоа природно произлегла идејата нашата институција да има свое седиште токму во овие простории, велат од ЗЏМ.
Од ЗЏМ сметаат дека станува збор за две институции кои функционираат на исто поле – музика, уметност, култура, и овие институции треба синергично да соработуваат.
Во нашиот случај станува збор за новооформена институција, за прв пат после толку години во нашата земја има џез оркестар, па од наш заеднички интерес е да делуваме смирено и сплотено, најколегијално сите да придонесеме во формирањето на уште една културна установа која ќе промовира вистински вредности и висок квалитет. Да не го занемариме и фактот дека последниве дваесетина години се продуцираше исклучително квалитетен кадар од областа на џез музиката, таленти чиј квалитет и работа се неспорни, земајќи го во предвид школувањето на најдобрите европски и светски џез академии, како и џез академиите во Скопје и Штип.  За крај, би сакале да апелираме, да не се избрзува со предвремени реакции пред конечното утврдување на тоа како ќе функционира новата институција, и заеднички, Министерството за култура, Филхармонија и ние како претставници на Џез оркестарот, објективно да ја процениме целата ситуација, да се утврдат условите под кои нашата институција ќе може најдобро да функционира, и да се дојде до решение кое ќе биде во најдобар интерес за двете институции, се вели во реакцијата на ЗЏМ.

The post ЗЏМ: Изненадени и затекнати сме од изнесениот став од нашите колеги од Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Иницијативата на ЗЏМ се оствари, ќе се формира „Оркестар за џез музика“ https://republika.mk/vesti/kultura/initsijativata-na-zdhm-se-ostvari-ke-se-formira-orkestar-za-dhez-muzika/ Wed, 22 Mar 2023 16:46:51 +0000 https://republika.mk/?p=622521

Владата на вчерашната седница донесе одлука за основање национална установа „Оркестар за џез музика во Република Македонија“ – Скопје чија основна дејност е подготвување и јавно изведување на високо квалитетни музички дела од областа на џезот и сите сродни жанрови кои гравитираат или се изведени од оваа „класична“ култура на дваесет и првиот век.

Новата национална музичка институција се формира на иницијатица на Здружението на џез музичари и слободни уметници, кое со својот биг бенд во изминативе години постигна голем успех во земјата, во регионот и во Европа и со своите концерти пополни огромна празнина во овој дел на музичката култура.

Преку оваа установа се негуваат талентираните џез музичари кои работат и кои се школуваат во земјава и им се овозможува траен и одржлив ангажман што ќе создаде услови тие да создадат врвни дела и да ја афирмираат џез културата, како и да ја популаризираат македонската џез музика.

Со оглед на празнината што државата ја има со непостоење на ревиски оркестар, оваа установа ќе се грижи за подобрување на музичката продукција, ќе се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, ќе организира џез фестивали и настани кои ќе помогнат во негување на џез културата на територијата на целата држава и ќе работи на сопствено вмрежување во меѓународни организации кои ја негуваат истата дејност.

Оркестарот на Здружениеото на џез музичари и слободни уметници веќе се има докажано како врвен ансамбл кој е на ниво на светските стандарди, така што како Национална установа ќе продолжи во насока на ширење на концертната дејност, организирање работилници и други музички изведби со кои ќе настапува дома и во странство, а ќе продолжи со  вмрежување со европските и светски сродни институции, по практиката која веќе ја востанови.

Националната установа просторно ќе се смести во објектот на НУ Национална Филхармонија, а по потреба ќе го користи и музичко-сценскиот простор на НУ Национална опера и балет.

 Владата на вчерашната седница донесе и одлука за формирање на Националната установа „Галерија на Гостивар“ – Гостивар  чија основна дејност ќе биде музејска дејност, односно истражување, собирање, средување, стручно и научно обработување и презентирање на музејските материјали. Оваа установа ќе ја афирмира современата ликовна уметност, како одговор на потребата ликовната сцена во полошкиот регион да биде збогатена со стручна институција од областа на музејската дејност.

The post Иницијативата на ЗЏМ се оствари, ќе се формира „Оркестар за џез музика“ appeared first on Република.

ЗЏМ добиле поддршка од 800.000 денари, министерката вели дека е свесна за значењето и квалитетот на музичарите https://republika.mk/vesti/kultura/zdhm-dobile-poddrshka-od-800-000-denari-ministerkata-veli-deka-e-svesna-za-znacheneto-i-kvalitetot-na-muzicharite/ Thu, 16 Feb 2023 09:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=609608

За реакцијата на Здружението на џез музичари на Македонија, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска рече дека ЗЏМ добиле поддршка од 800.000 денари и дека таа е свесна за значењето и квалитетот на музичарите и не е точно дека не го разбира нивниот квалитет.

Нагласи и дека во подготовка се и Закони за повикување на општествена одговорност во културата од страна на бизнис секторот и мотивирање со даночни олеснувања за влог во културата.

ЗЏМ доби поддршка за да го организира фестивалот „Денес се’ е џез“ и котизација за EJN European Jazz Network, но не и за учество на истата. Министерството не поддржа ниеден концерт на биг бенгдот, а аплицираа со четири –  ЗЏМ свири македонски автори, ЗЏМ со Пјер Милет (трубач од Франција и еден од најинтересните солисти и композитори моментално во Европа), ЗЏМ и Македонски гитарски херои (солисти Тони Китановски, Филип Динев, Герги Шаревски и др) и ЗЏМ свири Чарлс Мингус заедно со Зиги Фајгл. Здружението најавува приговори за одлуката.

Минатата година ЗЏМ одржа бројни успешни концерти и неколку нови изданија на македонската џез сцена, извонреден настап на ЗЏМ биг бенд и John Ilija Apelgren на Виноскоп 2022, бевме една од 120 земји кои го одбележаа Меѓународниот ден на џезот со шестото издание на фестивалот Today It’s All about Jazz кое траеше цели 10 часа, учествуваа на конференцијата на EJN (Европската џез мрежа) која во 2022 година се одржа во Софија, Бугарија, Биг бендот на ЗЏМ отсвире уште неколку неверојатни концерти, меѓу кои Rio Nights, ZJM Big Band Plays Jimmy Hendrix заедно со саксофонистот Франческо Беарцати, а во декември и незаборавните концерти со Рамбо Амадеус и Луис Бонила, џез сцената ја збогатија со новите изданија на ЗЏМ рекордс: “Agol” на Parussion Group, ”At the Philharmonic” на Bopheads, “Incorporated” на Skopje Jazz INC и “Not for Сале” на Сашко Николовски.

https://republika.mk/vesti/kultura/luis-bonila-po-kontsertot-mozhebi-nema-da-ja-zapametite-muzikata-shto-ja-slushavte-no-nikogash-nema-da-zaboravite-kako-ste-se-chuvstvuvale/

The post ЗЏМ добиле поддршка од 800.000 денари, министерката вели дека е свесна за значењето и квалитетот на музичарите appeared first on Република.

]]>

За реакцијата на Здружението на џез музичари на Македонија, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска рече дека ЗЏМ добиле поддршка од 800.000 денари и дека таа е свесна за значењето и квалитетот на музичарите и не е точно дека не го разбира нивниот квалитет. Нагласи и дека во подготовка се и Закони за повикување на општествена одговорност во културата од страна на бизнис секторот и мотивирање со даночни олеснувања за влог во културата.

ЗЏМ доби поддршка за да го организира фестивалот „Денес се’ е џез“ и котизација за EJN European Jazz Network, но не и за учество на истата. Министерството не поддржа ниеден концерт на биг бенгдот, а аплицираа со четири –  ЗЏМ свири македонски автори, ЗЏМ со Пјер Милет (трубач од Франција и еден од најинтересните солисти и композитори моментално во Европа), ЗЏМ и Македонски гитарски херои (солисти Тони Китановски, Филип Динев, Герги Шаревски и др) и ЗЏМ свири Чарлс Мингус заедно со Зиги Фајгл. Здружението најавува приговори за одлуката.

Минатата година ЗЏМ одржа бројни успешни концерти и неколку нови изданија на македонската џез сцена, извонреден настап на ЗЏМ биг бенд и John Ilija Apelgren на Виноскоп 2022, бевме една од 120 земји кои го одбележаа Меѓународниот ден на џезот со шестото издание на фестивалот Today It’s All about Jazz кое траеше цели 10 часа, учествуваа на конференцијата на EJN (Европската џез мрежа) која во 2022 година се одржа во Софија, Бугарија, Биг бендот на ЗЏМ отсвире уште неколку неверојатни концерти, меѓу кои Rio Nights, ZJM Big Band Plays Jimmy Hendrix заедно со саксофонистот Франческо Беарцати, а во декември и незаборавните концерти со Рамбо Амадеус и Луис Бонила, џез сцената ја збогатија со новите изданија на ЗЏМ рекордс: “Agol” на Parussion Group, ”At the Philharmonic” на Bopheads, “Incorporated” на Skopje Jazz INC и “Not for Сале” на Сашко Николовски.

https://republika.mk/vesti/kultura/luis-bonila-po-kontsertot-mozhebi-nema-da-ja-zapametite-muzikata-shto-ja-slushavte-no-nikogash-nema-da-zaboravite-kako-ste-se-chuvstvuvale/

The post ЗЏМ добиле поддршка од 800.000 денари, министерката вели дека е свесна за значењето и квалитетот на музичарите appeared first on Република.

]]>
Новогодишен концерт на ЗЏМ биг бенд и Луис Бонила https://republika.mk/vesti/kultura/novogodishen-koncert-na-zdzm-big-bend-i-luis-bonila/ Thu, 15 Dec 2022 13:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=585983

На 28 декември (среда) во 20 часот во Македонска филхармонија ќе се одржи новогодишен концерт на ЗЏМ биг бенд и Луис Бонила. Вистинско празнично уживање за љубителите на латино џез призвукот и познавачите на добриот џез.

Луис Бонила е реномиран американски џез тромбонист, по потекло од Костарика. Тој е повеќекратен добитник на Греми награди, продуцент, композитор, аранжер и професор. Низ плодната кариера на бројни изданија остварува соработки со некои од најголемите имиња во историјата на џезот: Вангард џез оркестра, Мингус биг бенд, Мекој Тајнер, Дизи Гилеспи, Лестер Боуви, Том Харел, Фреди Хабард, Аструд Гилберто, Вили Колон и Тошико Акијоши.

Билетите за настанот се достапни на продажните мрежи на МК тикетс и Купи карти за сѐ.

The post Новогодишен концерт на ЗЏМ биг бенд и Луис Бонила appeared first on Република.

]]>

На 28 декември (среда) во 20 часот во Македонска филхармонија ќе се одржи новогодишен концерт на ЗЏМ биг бенд и Луис Бонила. Вистинско празнично уживање за љубителите на латино џез призвукот и познавачите на добриот џез. Луис Бонила е реномиран американски џез тромбонист, по потекло од Костарика. Тој е повеќекратен добитник на Греми награди, продуцент, композитор, аранжер и професор. Низ плодната кариера на бројни изданија остварува соработки со некои од најголемите имиња во историјата на џезот: Вангард џез оркестра, Мингус биг бенд, Мекој Тајнер, Дизи Гилеспи, Лестер Боуви, Том Харел, Фреди Хабард, Аструд Гилберто, Вили Колон и Тошико Акијоши. Билетите за настанот се достапни на продажните мрежи на МК тикетс и Купи карти за сѐ.

The post Новогодишен концерт на ЗЏМ биг бенд и Луис Бонила appeared first on Република.

]]>
Концерт на ЗЏМ Биг Бенд и Рамбо Амадеус на 8 декември во Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-zdzm-big-bend-i-rambo-amadeus-na-8-dekemvri-vo-filharmonija-2/ Tue, 15 Nov 2022 12:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=574052

На 8 декември, четврток во 20,30 часот во Македонска филхармонија ќе се одржи концерт на Рамбо Амадеус во придружба на биг бендот на Здружението на џез музичари и слободни уметници на Македонија - ЗЏМ.

Концертот ќе биде уникатна можност да ги чуете легендарните песни на Рамбо Амадеус во аранжмани за биг бенд, велат од ЗЏМ.

Рамбо Амадеус е артист кој доаѓа од Црна Гора и делува како музичар и поет, гитарист, па и еко-активист. Неговите текстови и медиумски излагања се цитираат со години и децении откако се искажани. Неговите песни комбинираат уникатни сатирични текстови кои честопати ги критикуваат општествените појави кои нѐ засегаат сите, а неговите концерти речиси никогаш не значат дека ќе чуете едноставни повторувања на снимените песни.

Здружението на џез музичари и слободни уметници е здружение на граѓани основано со цел да ги обедини џез музичарите во Македонија, да ги заштити нивните права и да ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа. Во Здружението членуваат и дел од нашите најреномирани џез музичари, а во неговите рамки делува и ЗЏМ биг бендот чија репутација се должи на бројните успешно организирани настани изминативе години.

The post Концерт на ЗЏМ Биг Бенд и Рамбо Амадеус на 8 декември во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

На 8 декември, четврток во 20,30 часот во Македонска филхармонија ќе се одржи концерт на Рамбо Амадеус во придружба на биг бендот на Здружението на џез музичари и слободни уметници на Македонија - ЗЏМ.
Концертот ќе биде уникатна можност да ги чуете легендарните песни на Рамбо Амадеус во аранжмани за биг бенд, велат од ЗЏМ.
Рамбо Амадеус е артист кој доаѓа од Црна Гора и делува како музичар и поет, гитарист, па и еко-активист. Неговите текстови и медиумски излагања се цитираат со години и децении откако се искажани. Неговите песни комбинираат уникатни сатирични текстови кои честопати ги критикуваат општествените појави кои нѐ засегаат сите, а неговите концерти речиси никогаш не значат дека ќе чуете едноставни повторувања на снимените песни. Здружението на џез музичари и слободни уметници е здружение на граѓани основано со цел да ги обедини џез музичарите во Македонија, да ги заштити нивните права и да ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа. Во Здружението членуваат и дел од нашите најреномирани џез музичари, а во неговите рамки делува и ЗЏМ биг бендот чија репутација се должи на бројните успешно организирани настани изминативе години.

The post Концерт на ЗЏМ Биг Бенд и Рамбо Амадеус на 8 декември во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Концерт на ЗЏМ Биг Бенд и Рамбо Амадеус на 8 декември во Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-zdzm-big-bend-i-rambo-amadeus-na-8-dekemvri-vo-filharmonija/ Thu, 10 Nov 2022 13:36:11 +0000 https://republika.mk/?p=572335

Здружение на џез музичари го најавуваат новиот концерт „Чудо на Балканот“ на 8 декември во Филхармонија (20,30 часот) заедно со едно од најголемите музички имиња на Балканот, Рамбо Амадеус.

Концертот ќе биде уникатна можност да ги чуете легендарните песни на Рамбо Амадеус во аранжмани за биг бенд, велат од ЗЏМ.

Рамбо Амадеус е артист кој доаѓа од Црна Гора и делува како музичар и поет, гитарист, па и еко-активист. Неговите текстови и медиумски излагања се цитираат со години и децении откако се искажани. Неговите песни комбинираат уникатни сатирични текстови кои честопати ги критикуваат општествените појави кои нѐ засегаат сите, а неговите концерти речиси никогаш не значат дека ќе чуете едноставни повторувања на снимените песни.  Секое слушање е ново доживување и умешна импровизација која зборува за човековата природа.

Тема на првиот концерт на ЗЏМ беше музика од славните „Битлси“, а со оркестарот диригираше славниот Австриец Зиги Феигл. Потоа следеше настапот на манифестацијата под наслов „Today it’s all about jazz!“ (Денес сѐ е џез!), беа придружба и на Виенскиот бал, а проектот „Radioheadjazz“ привлече голема публика во Филхармонија во 2019 година.

The post Концерт на ЗЏМ Биг Бенд и Рамбо Амадеус на 8 декември во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Здружение на џез музичари го најавуваат новиот концерт „Чудо на Балканот“ на 8 декември во Филхармонија (20,30 часот) заедно со едно од најголемите музички имиња на Балканот, Рамбо Амадеус.
Концертот ќе биде уникатна можност да ги чуете легендарните песни на Рамбо Амадеус во аранжмани за биг бенд, велат од ЗЏМ.
Рамбо Амадеус е артист кој доаѓа од Црна Гора и делува како музичар и поет, гитарист, па и еко-активист. Неговите текстови и медиумски излагања се цитираат со години и децении откако се искажани. Неговите песни комбинираат уникатни сатирични текстови кои честопати ги критикуваат општествените појави кои нѐ засегаат сите, а неговите концерти речиси никогаш не значат дека ќе чуете едноставни повторувања на снимените песни.  Секое слушање е ново доживување и умешна импровизација која зборува за човековата природа. Тема на првиот концерт на ЗЏМ беше музика од славните „Битлси“, а со оркестарот диригираше славниот Австриец Зиги Феигл. Потоа следеше настапот на манифестацијата под наслов „Today it’s all about jazz!“ (Денес сѐ е џез!), беа придружба и на Виенскиот бал, а проектот „Radioheadjazz“ привлече голема публика во Филхармонија во 2019 година.

The post Концерт на ЗЏМ Биг Бенд и Рамбо Амадеус на 8 декември во Филхармонија appeared first on Република.

]]>