загадување Archives - Република https://republika.mk/tema/zagaduvanje/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 12:50:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png загадување Archives - Република https://republika.mk/tema/zagaduvanje/ 32 32 Кривична пријава за рудникот во Македонска Каменица и одговорното лице од Велика Британија за загадување https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-rudnikot-vo-makedonska-kamenitsa-i-odgovornoto-litse-od-velika-britanija-za-zagaduvane/ Wed, 20 Nov 2024 12:50:02 +0000 https://republika.mk/?p=839934

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против правно лице – рудник од Македонска Каменица и против К.Б.К.(57) од Велика Британија, со дозвола за привремен престој во Македонска Каменица, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загадување на животната средина и природа“ по член 218 и „загадување на добиточна храна и вода“ по член 223 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.

Во периодот од 01.08.2024 до 04.08.2024, при процесот на флотација, од правното лице во река Каменичка, која се влева во акумулацијата Калиманци, испуштени се отпадни води, односно тешки метали (цинк, олово, кадмиум и жива) во двојно поголеми количини од дозволените, со што на подолг рок предизвикале опасност по животинскиот и растителниот свет во Каменичка река и акумулацијата Калиманци. Од правното лице, истиот период во Каменичка река и езерото Калиманци е испуштен и акутен токсин цијанид, од чие присуство во езерото Калиманци е предизвикано акутно труење на рибите. Со вештачење со наод и мислење на Институтот за сточарство и рибарство, а врз основа на извештаи од лабараториско испитување на примероци вода од лабараторија е констатирано присуство на штетни и опасни материи во водата- тешки метали, а констатирано е и присуство на акутен токсин цијанид во смртоносна доза, а кој е причинител на труењето на рибите, се вели во соопштението од МВР.

The post Кривична пријава за рудникот во Македонска Каменица и одговорното лице од Велика Британија за загадување appeared first on Република.

]]>

Лефков: За седум години власт на СДС немало ниту едно кривично дело кое што се однесувало на загадувањето на животната средина https://republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-za-sedum-godini-vlast-na-sds-nemalo-nitu-edno-krivichno-delo-koe-shto-se-odnesuvalo-na-zagaduvaneto-na-zhivotnata-sredina/ Tue, 12 Nov 2024 19:01:22 +0000 https://republika.mk/?p=836933

На вечерашното гостување на Канал 5, во емисијата „Само Вистина” присуствуваше пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков и се зборуваше за актуелната тема во моментов која е загадениот воздух при што нагласи дека загадувањето е сложен проблем кој во голема мера е предизвикан од начинот на затоплување како на домаќинствата така и на јавните институции.

Во насока на решавање на овој голем проблем кој бара сеопфатно системско решение, Лефков посочи дека министерството за здравство веќе најави дека во десет болници ќе се промени начинот на загревање кој што моментално е на мазут.

Загадувањето е еден сложен проблем кој што доаѓа и од начинот на греење на јавните институции и енергетските коишто се користат во управувањето со ѓубрето. Многу важно за ова е да се реализираат оние проекти кои што се однесуваат на промена на начинот на загревање на јавните институции, нешто што видовме дека го најави министерот за здравство, дека во десет болници ќе се промени начинот на греење на мазут затоа што тоа загадува дополнително”, рече Лефков.

Тој потенцираше дека е важно да продолжат проектите на Европската Унија за изградба на регионални депонии како и секаде во светот кои што функционираат со селекција на отпад со инсенeратор.

Важно е да продолжат проектите на Европската Унија за изградба на регионални депонии затоа што од Италија до Шведска и насекаде на тој начин функционираат со селекција на отпад со инсенератор. А, важно е да напоменеме дека повикот за изградбата на регионалната депонија во источниот регион веќе е отворен, постои и го има на ЕУ тендер објавен е и трае до втори февруари. Има рок на изградба во неколку фази и вкупен рок на изградба во рок од 900 дена, односно три години и тоа е единствен начин постепено во државата, преку замена на горивата коишто се користат“, посочи Лефков.

Лефков истакна дека во изминатите седум години при анализа на извештаите на јавното обвинителство по структура на криминалитет на кривични дела немало ниту едно кривично дело кое што се однесувало на животната средина.

Јас тоа го наоѓам како забелешка кога ќе ги погледнете извештаите на јавното обвинителство по структура на криминалитет на кривични дела кои што се гонат во изминативе седум години од кривичните дела кои што се однесуваат на животната средина имаше нула кривични дела за кои што се постапува, неколку години во кои воопшто не се водеше грижа“ рече Лефков.

The post Лефков: За седум години власт на СДС немало ниту едно кривично дело кое што се однесувало на загадувањето на животната средина appeared first on Република.

Јаневска: Сите реконструкции на училишта и студентски домови задолжително се енергетски ефикасни https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-site-rekonstruktsii-na-uchilishta-i-studentski-domovi-zadolzhitelno-se-energetski-efikasni-taka-se-namaluvaat-emisiite-na-shtetni-gasovi-i-se-zashtituva-zhivotnata-sredina/ Mon, 11 Nov 2024 13:51:53 +0000 https://republika.mk/?p=836370

Квалитетот на воздухот во просториите на градинките и училиштата влијае врз физичкото и менталното здравје на децата и младите, врз нивните когнитивни функции и продуктивноста, како и на ефективноста на професорите. Затоа сите реконструкции и нови градби кои ги одобрува Министерството за образование и наука, задолжително се енергетски ефикасни, со што се намалуваат емисиите на штетни гасови и се заштитува животната средина, рече ресорната министерка Весна Јаневска на панел-дискусија за подобрување на квалитетот на воздухот со цел креирање безбедна, креативна и продуктивна средина за учење, што се одржа денеска во Скопје. На дискусијата и претходеше презентација на резултатите од истражувањето на квалитетот на внатрешниот воздух во пет училишта и пет градинки во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Како држава во развој, се соочуваме со ограничени ресурси. Но, со добро планирани и применети мерки за заштита и подобрување на квалитетот на воздухот и со вклучување на сите засегнати страни – локалните самоуправи, училиштата, родителите, учениците и општествено одговорните компании, можеме да постигнеме добри резултати“, посочи министерката.

Капиталните инвестиции во 36 училишта што се во тек како и проектот за реконструкција на сите студентските домови во современи и енергетски ефикасни објекти, се дел од активностите кои ќе резултираат со подобар квалитет на воздухот. Во моментов градежни активности се одвиваат во „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје, кои ќе добијат нови фасади, фотоволтаици и екосистеми за греење. За овие проактивните мерки за почист воздух во Буџетот за 2025 за Образование се алоцирани посебни финансиски средства.

Она на што посебно ќе посветиме внимание е подигнување на еколошката свест на децата и младите, преку наставни и воннаставни активности. Едукацијата за загадувањето и за влијанието на нашите постапки врз човековата околина и квалитетот на воздухот, од рана возраст, гради одговорни граѓани, кои доживотно ќе се грижат за почиста животната средина“, рече министерката Јаневска.

Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, и е финансиран од Шведска.

The post Јаневска: Сите реконструкции на училишта и студентски домови задолжително се енергетски ефикасни appeared first on Република.

Грејната сезона само што започна: Скопје повторно на врвот меѓу десетте најзагадени градови во светот https://republika.mk/zivot/servisi/grejnata-sezona-samo-shto-zapochna-skopje-povtorno-na-vrvot-megu-desette-najzagadeni-gradovi-vo-svetot/ Thu, 07 Nov 2024 11:55:53 +0000 https://republika.mk/?p=835130

Со почетокот на зимската сезона, Скопје повторно се најде на листата на најзагадени градови во светот. Скопје во моментов се искачи на шестото место според загаденост на листата на платформата „IQAir” на поголеми градови во светот – со индекс на загаденост од 165. Први на листата се Делхи во Индија и Лахор во Пакистан.

Во европски рамки, барем според мерањата во 11:25 минути, Скопје е на 2-ро место позади Сараево кое има индекс на загаденост од 182.

Од регионот, покрај Сараево и Скопје, и Приштина се најде на листата на градови со загаден воздух, со индекс од 128.

Скопје го одбележа екстремно загаден воздух на крајот на 2023 година, а податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека квалитетот на воздухот во декември 2023 бил полош во споредба со истиот месец од 2022 година.

The post Грејната сезона само што започна: Скопје повторно на врвот меѓу десетте најзагадени градови во светот appeared first on Република.

]]>

Со почетокот на зимската сезона, Скопје повторно се најде на листата на најзагадени градови во светот. Скопје во моментов се искачи на шестото место според загаденост на листата на платформата „IQAir” на поголеми градови во светот – со индекс на загаденост од 165. Први на листата се Делхи во Индија и Лахор во Пакистан. Во европски рамки, барем според мерањата во 11:25 минути, Скопје е на 2-ро место позади Сараево кое има индекс на загаденост од 182. Од регионот, покрај Сараево и Скопје, и Приштина се најде на листата на градови со загаден воздух, со индекс од 128. Скопје го одбележа екстремно загаден воздух на крајот на 2023 година, а податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека квалитетот на воздухот во декември 2023 бил полош во споредба со истиот месец од 2022 година.

The post Грејната сезона само што започна: Скопје повторно на врвот меѓу десетте најзагадени градови во светот appeared first on Република.

]]>
Огревното дрво, минералната прашина и сообраќајот, главни извори на загадување во внатрешноста https://republika.mk/vesti/makedonija/ogrevnoto-drvo-mineralnata-prashina-i-soobrakajot-glavni-izvori-na-zagaduvane-vo-vnatreshnosta/ Mon, 14 Oct 2024 14:57:14 +0000 https://republika.mk/?p=826715

Користењето огревно дрво, минералната прашина која се создава при гардежни активности и сообраќајот се меѓу главните фактори на аерозагадувањето, покажуваат резултатите од истражувањето кое е дел од проектот за справување со аерозагадувањето во пет општини во внатрешноста на државата во кое беа вклучени општините Струмица, Струга, Кавадарци, Куманово и Гостивар.

Резултатите од истражувањето од т.н. студии на пропорционирање на изворите или идентификување на главните извори на аерозагадување според уделот на поедините извори на тоа вкупно аерозагадување, ги престваи проф. Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Идентификувавме шест фактори, главните шест фактори или групи на извори. Тоа е согорувањето на биомаси или согорувањето на дрва во лежиштата, потоа минералната прашина која што е поврзана со извори како што се градежништвото, ресуспензијата на прашина од улиците, емисиите од еолската ерозија со ветерот од сувите површини кои во неа се вегетирани, тоа е минералната прашина. Наредниот значаен фактор беше сообраќајот, тука се вклучени и емисиите од издувните елементи на возилата, но и емисиите од кочници, тркала итн. поради абењето на тие делови. Потоа имаме специфичен извор, тоа е оган на отворено и согорување на отпад којшто за жал го забележуваме насекаде во државата. Беше забележан во првата студија во Скопје, но продолжи во речиси сите градови коишто беа дел од ова истражување. И последното е согорување на нафта и мазут кои што најчесто се користат за загревање на јавните објекти, а дел од индустриските објекти ги користат за производство на топлина или за некои други технолошки процеси, вели ректорот Мираковски.

Тој наведува дека во различни сезони различни се изворите на загадување.

Убедливо најголемо учество ако зборуваме за сите пет града, посебно за Струмица, Кавадарци и Куманово има согорувањето на дрва со најголем дел, некаде околу 30-ина проценти, потоа доаѓаат минералната прашина и сообраќајот во спротивните периоди - согорувањето на дрва во текот на зимските месеци, а сообраќајот и минералната прашина во текот на летните месеци, бидејќи ова се градови во внатрешноста. На пример, Струга има специфично висок сообраќај што е нормално за туристичко место. Другите извори се значително помали. Значи, вкупно овие извори – согорувањето на дрва, согорувањето на отпад на отворено, сообраќајот и минералната прашина, се некаде околу 90 проценти од вкупното учество во загадувањето. И како што кажав, различни сезони, различни извори. Во текот на летото доминираат сообраќајот и минералната површина, во текот на зимските месеци согорувањето на биомаса, вели Мираковски.

Карактеристично, додава тој, е согорувањето на отпад и оган на отворено. Тука се вклучува согорувањето на отпад од земјоделските активности кои се јавуваат во текот на пролетните и во текот на есенските месеци, но се јавуваат емисии и во текот на зимата кога одредени отпадни материи се согоруваат во ложиштата пред се на некои неквалитетни ложишта.

Проблемите со аерозагадувањето лоцирани со ова истражување, Мираковски посочи дека ќе бидат искористени за изработка на планови за квалитет на воздухот. Препораката на научниците за справување со овој проблем е да се направи промена на енергенсите и за пример посочува дека во голем дел од урбаните средини во Европа не се дозволува согорување на какво било цврсто гориво.

За жал, ние имаме проблем со загадување на сите медиуми на животната средина и генерално водите, сега загадувањето на водите се различен проблем од загадување на воздухот, меѓутоа неопходно е и таму систематски да се тргне од управување со тие води, пречистување на отпадните води. Ние имаме многу мал број пречистителни станици, колку што сум јас информиран најголемите градови немаат воопшто пречистителни станици и тоа е еден од проблемите којшто мора да се решава паралелно со воздухот, вели Мираковски.

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити потврдува дека состојбата не не е добра со аерозагадувањето, посочува дека се работи интензивно на овој план.

За волја на вистината иако состојбата е лоша секоја година има подобрување во оваа насока, но тоа не е доволно бидејќи тоа е штетно за граѓаните и ризично, така што работиме интензивно на овој план. Како Министерство ќе има посебен сектор за декарбонизација и за климатските промени за чист воздух, работиме и со надворешни организации со добри примери и добри пракси. Мислам дека според сите анализи главниот фактор на загадувањето во Скопје и во урбаните средини во Македонија е тоа што домаќинствата користат се и сешто за греење, така што ќе се трудиме во наредниот период гасификација на Македонија да биде еден од топ приоритетите што ќе нуди и поевтин извор на граѓаните, но воедно ќе придонесе за почист воздух во нашата држава. Тоа е само круцијално, а сигурно дека ќе има и други мерки со коишто ќе излеземе, вели Меџити.

Според него, потребна е целосна гасификација на земјата.

Не, зборев само за една идеја која што може да придонесе драстично да се подобри ситуацијата, но има и лепеза на мерки коишто сите по малку ќе придонесат во таа насока како во здравствениот сектор, во училиштата и во ред други, да се заменат мислам кај што се греат на мазут или на друго да се употребувата помалку штетни како што се еколошките автобуси што треба да ги донираме на Град Скопје. Имаме план да ги поддржиме, има да доставиме и предлог до Влада да се подржат и стимулираат електричните автомобили и сето тоа. Но, воедно треба да се работи и за подигање на свеста сите да работиме и како граѓани и како држава во оваа насока бидејќи само така можеме да постигнеме, вели вицепремиерот и министер за животна средина Меџити прашан кога би можела да почне и колку ќе чини гасификацијата.

Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан, истакна дека ова е исклучително значаен проект, кој се фокусира на еден од најсериозните предизвици со кои се соочуваме денес – загадувањето на воздухот.

Овој проект служи како пример за тоа како можеме да преминеме од идентификување на изворите на загадување до преземање конкретни чекори за нивно решавање. Се надоврзуваме на успехот на претходниот проект поддржан од УНДП во скопската населба Лисиче, каде ефективно беа финансирани и спроведени конкретни мерки за намалување на аеро-загадувањето. Уверен сум дека овој нов проект ќе го спроведеме со исто ниво на посветеност, обезбедувајќи конкретни акции кои ќе им помогнат на жителите од овие општини да дишат почист воздух, вели Григорјан.

Лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот Гоце Делчев, Штип (АМБИКОН, УГД) ја изготви студијата за пропорционирање на изворите на загадување на воздухот урбаните средини во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга. Овој вид студии се една од основните алатки за развивање и спроведување на стратегии и мерки за ублажување на аерозагадувањето, односно имплементација на директивите за квалитет на амбиентен воздух (Директива 2008/50/EC и Директива 2004/107/EC), бидејќи овозможуваат прецизна идентификација на поедините извори на аерозагадување, како и дефинирање на нивниот придонес во вкупното загадување.

Во резултатите добиени врз основа на едногодишен мониторинг и анализа на повеќе од 1000 примероци во сите пет општини, со својот интензитет како најголем извор се издвојува согорувањето на биомаса (дрва) за греење, следено од сообраќајот и минералната прашина, кои имаат значително поголем удел во текот на летните месеци. Во повеќето општини, палењето на стрништата и други отпадни материјали на отворено или во импровизирани котли, имаат исто така значително учество во вкупното загадување. Сепак, согорувањето на дрва, но и отпадни материи во релативно неефикасните и стари печки/котли во текот на зимските месеци, е веројатно главниот извор кој може да се поврзе со појавата на епизодите на екстремно загадување, се наведува во истражувањето.

Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, којшто го спроведува УНДП во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање, како и општините Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга. Проектот е дел од Рамковната програма на УНДП, којашто е финансирана од Шведска, а го вклучува и проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.

The post Огревното дрво, минералната прашина и сообраќајот, главни извори на загадување во внатрешноста appeared first on Република.

]]>

Користењето огревно дрво, минералната прашина која се создава при гардежни активности и сообраќајот се меѓу главните фактори на аерозагадувањето, покажуваат резултатите од истражувањето кое е дел од проектот за справување со аерозагадувањето во пет општини во внатрешноста на државата во кое беа вклучени општините Струмица, Струга, Кавадарци, Куманово и Гостивар. Резултатите од истражувањето од т.н. студии на пропорционирање на изворите или идентификување на главните извори на аерозагадување според уделот на поедините извори на тоа вкупно аерозагадување, ги престваи проф. Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“.
Идентификувавме шест фактори, главните шест фактори или групи на извори. Тоа е согорувањето на биомаси или согорувањето на дрва во лежиштата, потоа минералната прашина која што е поврзана со извори како што се градежништвото, ресуспензијата на прашина од улиците, емисиите од еолската ерозија со ветерот од сувите површини кои во неа се вегетирани, тоа е минералната прашина. Наредниот значаен фактор беше сообраќајот, тука се вклучени и емисиите од издувните елементи на возилата, но и емисиите од кочници, тркала итн. поради абењето на тие делови. Потоа имаме специфичен извор, тоа е оган на отворено и согорување на отпад којшто за жал го забележуваме насекаде во државата. Беше забележан во првата студија во Скопје, но продолжи во речиси сите градови коишто беа дел од ова истражување. И последното е согорување на нафта и мазут кои што најчесто се користат за загревање на јавните објекти, а дел од индустриските објекти ги користат за производство на топлина или за некои други технолошки процеси, вели ректорот Мираковски.
Тој наведува дека во различни сезони различни се изворите на загадување.
Убедливо најголемо учество ако зборуваме за сите пет града, посебно за Струмица, Кавадарци и Куманово има согорувањето на дрва со најголем дел, некаде околу 30-ина проценти, потоа доаѓаат минералната прашина и сообраќајот во спротивните периоди - согорувањето на дрва во текот на зимските месеци, а сообраќајот и минералната прашина во текот на летните месеци, бидејќи ова се градови во внатрешноста. На пример, Струга има специфично висок сообраќај што е нормално за туристичко место. Другите извори се значително помали. Значи, вкупно овие извори – согорувањето на дрва, согорувањето на отпад на отворено, сообраќајот и минералната прашина, се некаде околу 90 проценти од вкупното учество во загадувањето. И како што кажав, различни сезони, различни извори. Во текот на летото доминираат сообраќајот и минералната површина, во текот на зимските месеци согорувањето на биомаса, вели Мираковски.
Карактеристично, додава тој, е согорувањето на отпад и оган на отворено. Тука се вклучува согорувањето на отпад од земјоделските активности кои се јавуваат во текот на пролетните и во текот на есенските месеци, но се јавуваат емисии и во текот на зимата кога одредени отпадни материи се согоруваат во ложиштата пред се на некои неквалитетни ложишта. Проблемите со аерозагадувањето лоцирани со ова истражување, Мираковски посочи дека ќе бидат искористени за изработка на планови за квалитет на воздухот. Препораката на научниците за справување со овој проблем е да се направи промена на енергенсите и за пример посочува дека во голем дел од урбаните средини во Европа не се дозволува согорување на какво било цврсто гориво.
За жал, ние имаме проблем со загадување на сите медиуми на животната средина и генерално водите, сега загадувањето на водите се различен проблем од загадување на воздухот, меѓутоа неопходно е и таму систематски да се тргне од управување со тие води, пречистување на отпадните води. Ние имаме многу мал број пречистителни станици, колку што сум јас информиран најголемите градови немаат воопшто пречистителни станици и тоа е еден од проблемите којшто мора да се решава паралелно со воздухот, вели Мираковски.
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити потврдува дека состојбата не не е добра со аерозагадувањето, посочува дека се работи интензивно на овој план.
За волја на вистината иако состојбата е лоша секоја година има подобрување во оваа насока, но тоа не е доволно бидејќи тоа е штетно за граѓаните и ризично, така што работиме интензивно на овој план. Како Министерство ќе има посебен сектор за декарбонизација и за климатските промени за чист воздух, работиме и со надворешни организации со добри примери и добри пракси. Мислам дека според сите анализи главниот фактор на загадувањето во Скопје и во урбаните средини во Македонија е тоа што домаќинствата користат се и сешто за греење, така што ќе се трудиме во наредниот период гасификација на Македонија да биде еден од топ приоритетите што ќе нуди и поевтин извор на граѓаните, но воедно ќе придонесе за почист воздух во нашата држава. Тоа е само круцијално, а сигурно дека ќе има и други мерки со коишто ќе излеземе, вели Меџити.
Според него, потребна е целосна гасификација на земјата.
Не, зборев само за една идеја која што може да придонесе драстично да се подобри ситуацијата, но има и лепеза на мерки коишто сите по малку ќе придонесат во таа насока како во здравствениот сектор, во училиштата и во ред други, да се заменат мислам кај што се греат на мазут или на друго да се употребувата помалку штетни како што се еколошките автобуси што треба да ги донираме на Град Скопје. Имаме план да ги поддржиме, има да доставиме и предлог до Влада да се подржат и стимулираат електричните автомобили и сето тоа. Но, воедно треба да се работи и за подигање на свеста сите да работиме и како граѓани и како држава во оваа насока бидејќи само така можеме да постигнеме, вели вицепремиерот и министер за животна средина Меџити прашан кога би можела да почне и колку ќе чини гасификацијата.
Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан, истакна дека ова е исклучително значаен проект, кој се фокусира на еден од најсериозните предизвици со кои се соочуваме денес – загадувањето на воздухот.
Овој проект служи како пример за тоа како можеме да преминеме од идентификување на изворите на загадување до преземање конкретни чекори за нивно решавање. Се надоврзуваме на успехот на претходниот проект поддржан од УНДП во скопската населба Лисиче, каде ефективно беа финансирани и спроведени конкретни мерки за намалување на аеро-загадувањето. Уверен сум дека овој нов проект ќе го спроведеме со исто ниво на посветеност, обезбедувајќи конкретни акции кои ќе им помогнат на жителите од овие општини да дишат почист воздух, вели Григорјан.
Лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот Гоце Делчев, Штип (АМБИКОН, УГД) ја изготви студијата за пропорционирање на изворите на загадување на воздухот урбаните средини во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга. Овој вид студии се една од основните алатки за развивање и спроведување на стратегии и мерки за ублажување на аерозагадувањето, односно имплементација на директивите за квалитет на амбиентен воздух (Директива 2008/50/EC и Директива 2004/107/EC), бидејќи овозможуваат прецизна идентификација на поедините извори на аерозагадување, како и дефинирање на нивниот придонес во вкупното загадување. Во резултатите добиени врз основа на едногодишен мониторинг и анализа на повеќе од 1000 примероци во сите пет општини, со својот интензитет како најголем извор се издвојува согорувањето на биомаса (дрва) за греење, следено од сообраќајот и минералната прашина, кои имаат значително поголем удел во текот на летните месеци. Во повеќето општини, палењето на стрништата и други отпадни материјали на отворено или во импровизирани котли, имаат исто така значително учество во вкупното загадување. Сепак, согорувањето на дрва, но и отпадни материи во релативно неефикасните и стари печки/котли во текот на зимските месеци, е веројатно главниот извор кој може да се поврзе со појавата на епизодите на екстремно загадување, се наведува во истражувањето. Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, којшто го спроведува УНДП во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање, како и општините Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга. Проектот е дел од Рамковната програма на УНДП, којашто е финансирана од Шведска, а го вклучува и проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.  

The post Огревното дрво, минералната прашина и сообраќајот, главни извори на загадување во внатрешноста appeared first on Република.

]]>
Иако сме среде лето уште отсега треба да мислиме на загадувањето на зима https://republika.mk/vesti/skopje/iako-sme-srede-leto-ushte-otsega-treba-da-mislime-na-zagaduvaneto-na-zima/ Thu, 15 Aug 2024 11:53:47 +0000 https://republika.mk/?p=806895

Јане Димески од Граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“ денеска нагласи дека штом власта во лето не презема ништо околу аерозагадувањето, не очекува зима со смог.

Граѓански здруженија денеска од пред Собранието побараа претседателката Гордана Сињановска Давкова да не го потпише Указот за програсување на Законот за урбанистичко планирање. Тие имаат забе

-Ние како граѓански иницијативи уште на изборите и во текот на кампањите баравме од партиите да се произнесат со конкретни мерки кои би се преземале веднаш по воспоставувањето на власта. Во оваа власт има амбициозно ветување дека ќе го замени начинот на греење на над 600 јавни објекти во Македонија кои трошат нафта и мазут. Но, ако тоа досега не е преземено нешто за летово да се почне да се менуваат тие системи на загревање, барем од аспект на јавните објекти загадувањето ќе остане исто и ќе не очекува зима со смог. Ќе се молиме да дувне ветер од некаде и со полни клиники, рече Димески

The post Иако сме среде лето уште отсега треба да мислиме на загадувањето на зима appeared first on Република.

]]>

Јане Димески од Граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“ денеска нагласи дека штом власта во лето не презема ништо околу аерозагадувањето, не очекува зима со смог. Граѓански здруженија денеска од пред Собранието побараа претседателката Гордана Сињановска Давкова да не го потпише Указот за програсување на Законот за урбанистичко планирање. Тие имаат забе
-Ние како граѓански иницијативи уште на изборите и во текот на кампањите баравме од партиите да се произнесат со конкретни мерки кои би се преземале веднаш по воспоставувањето на власта. Во оваа власт има амбициозно ветување дека ќе го замени начинот на греење на над 600 јавни објекти во Македонија кои трошат нафта и мазут. Но, ако тоа досега не е преземено нешто за летово да се почне да се менуваат тие системи на загревање, барем од аспект на јавните објекти загадувањето ќе остане исто и ќе не очекува зима со смог. Ќе се молиме да дувне ветер од некаде и со полни клиники, рече Димески

The post Иако сме среде лето уште отсега треба да мислиме на загадувањето на зима appeared first on Република.

]]>
Масовни протести на британските плажи поради наглото загадување на водата https://republika.mk/vesti/svet/masovni-protesti-na-britanskite-plazhi-poradi-nagloto-zagaduvane-na-vodata/ Sun, 19 May 2024 07:24:27 +0000 https://republika.mk/?p=779708

Илјадници луѓе ширум Велика Британија се собраа на плажите, реките и езерата за да побараат промени на нивоата на загаденост на водата во земјата.

Демонстрантите се собраа во областите за капење од Западниот Пјер во Брајтон до плажата Гилингвасе во Фалмут по извештаите дека милиони литри вода од канализација биле испумпани во Виндермер во областа Лејк за повеќе од 10 часа во февруари.

Ситуацијата од опозициските политичари беше окарактеризирана како „скандалозна“, додека Лондон рече дека ситуацијата е „целосно неприфатлива“ и дека Агенцијата за животна средина има овластување да покрене кривично гонење.

Испумпувањето се случило во пумпната станица на компанијата во Бонс-он-Виндермер, Камбрија, ноќта на 28 февруари, пишува „Индипендент“.

Пумпите за итни случаи испуштија повеќе од 10 милиони литри вода од канализација во местото на светското наследство на УНЕСКО, откако главните пумпи беа нагло прекинати поради дефект на телекомуникациите.

The post Масовни протести на британските плажи поради наглото загадување на водата appeared first on Република.

]]>

Илјадници луѓе ширум Велика Британија се собраа на плажите, реките и езерата за да побараат промени на нивоата на загаденост на водата во земјата. Демонстрантите се собраа во областите за капење од Западниот Пјер во Брајтон до плажата Гилингвасе во Фалмут по извештаите дека милиони литри вода од канализација биле испумпани во Виндермер во областа Лејк за повеќе од 10 часа во февруари. Ситуацијата од опозициските политичари беше окарактеризирана како „скандалозна“, додека Лондон рече дека ситуацијата е „целосно неприфатлива“ и дека Агенцијата за животна средина има овластување да покрене кривично гонење. Испумпувањето се случило во пумпната станица на компанијата во Бонс-он-Виндермер, Камбрија, ноќта на 28 февруари, пишува „Индипендент“. Пумпите за итни случаи испуштија повеќе од 10 милиони литри вода од канализација во местото на светското наследство на УНЕСКО, откако главните пумпи беа нагло прекинати поради дефект на телекомуникациите.

The post Масовни протести на британските плажи поради наглото загадување на водата appeared first on Република.

]]>
Еве што дишеме: Погледнете како изгледа Скопје од 39 спрат https://republika.mk/vesti/skopje/eve-shto-disheme-poglednete-kako-izgleda-skopje-od-39-sprat/ Sat, 06 Jan 2024 15:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=730464

За Бадник Скопје е екстремно загадено.За тоа да се увериме не ни се потребни апликациите кои мерат ПМ честици.Тоа можеме да го видиме и почуствуваме ако се искачиме на највисоката зграда во градот.

Таму од 39 кат како Скопје да го нема, се гледа само густ бел чад.

Еве што дишеме.

The post Еве што дишеме: Погледнете како изгледа Скопје од 39 спрат appeared first on Република.

]]>

За Бадник Скопје е екстремно загадено.За тоа да се увериме не ни се потребни апликациите кои мерат ПМ честици.Тоа можеме да го видиме и почуствуваме ако се искачиме на највисоката зграда во градот. Таму од 39 кат како Скопје да го нема, се гледа само густ бел чад. Еве што дишеме.

The post Еве што дишеме: Погледнете како изгледа Скопје од 39 спрат appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски за аерозагадувањето: Почесто одиме на погреби, отколку на мекици https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-bekarovski-za-aerozagaduvaneto-pochesto-odime-na-pogrebi-otkolku-na-mekitsi/ Fri, 05 Jan 2024 12:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=730024

Докторот Нико Беќаровски на својот фејсбук профил излезе со објаснување околу поврзаноста на аерозагадувањето и двата најчести зимски вируси.

„АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО И ВИРУСНАТА ИНВАЗИЈА

Загадениот воздух драстично ја зголемува патогеноста, тежината на клиничката слика и прогнозата на двата најчести зимски вируси (Респираторен синцицијален вирус и вирусот на инфлуенца-грип).

Затоа да не Ве изненадува што овие денови сите кашлаат, имаат покачена температура и општа слабост.

Затоа се почесто одиме на погреби, отколку на мекици

Секој вложен денар во здрава животна средина, трикратно се исплаќа, само да има некој надлежен тоа да го разбере и сфати.“ напиша тој.

The post Д-р Беќаровски за аерозагадувањето: Почесто одиме на погреби, отколку на мекици appeared first on Република.

]]>

Докторот Нико Беќаровски на својот фејсбук профил излезе со објаснување околу поврзаноста на аерозагадувањето и двата најчести зимски вируси.
„АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО И ВИРУСНАТА ИНВАЗИЈА Загадениот воздух драстично ја зголемува патогеноста, тежината на клиничката слика и прогнозата на двата најчести зимски вируси (Респираторен синцицијален вирус и вирусот на инфлуенца-грип). Затоа да не Ве изненадува што овие денови сите кашлаат, имаат покачена температура и општа слабост. Затоа се почесто одиме на погреби, отколку на мекици Секој вложен денар во здрава животна средина, трикратно се исплаќа, само да има некој надлежен тоа да го разбере и сфати.“ напиша тој.

The post Д-р Беќаровски за аерозагадувањето: Почесто одиме на погреби, отколку на мекици appeared first on Република.

]]>
Соопштение од Град Скопје за загадувањето на воздухот https://republika.mk/vesti/skopje/soopshtenie-od-grad-skopje-za-zagaduvaneto-na-vozduhot/ Wed, 20 Dec 2023 11:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=724824

Утрово како и секој друг ден од почетокот на грејната сезона сведоци сме на лажни вести кои во 21. век, во ера на информатичка технологија, кога податоците и вистината се достапни за секого може да се проверат.

Имено, неразбрлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот. Дополнително и на националните мерни станици се потврдува истото, се вели во соопштението на Град Сакопје.

Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кавадарци, Струмица и Тетово.

Во реално време можете да ги следите резултатите од мерењата од сите градови и држави во светот на https://waqi.info/

The post Соопштение од Град Скопје за загадувањето на воздухот appeared first on Република.

]]>

Утрово како и секој друг ден од почетокот на грејната сезона сведоци сме на лажни вести кои во 21. век, во ера на информатичка технологија, кога податоците и вистината се достапни за секого може да се проверат.
Имено, неразбрлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот. Дополнително и на националните мерни станици се потврдува истото, се вели во соопштението на Град Сакопје.
Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кавадарци, Струмица и Тетово. Во реално време можете да ги следите резултатите од мерењата од сите градови и држави во светот на https://waqi.info/  

The post Соопштение од Град Скопје за загадувањето на воздухот appeared first on Република.

]]>
Аеродром со кривична пријава до ОЈО Скопје за согорување отпад на отворен простор https://republika.mk/vesti/skopje/aerodrom-so-krivichna-prijava-do-ojo-skopje-za-sogoruvane-otpad-na-otvoren-prostor/ Thu, 02 Nov 2023 10:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=697375

Општина Аеродром во текот на вчерашниот ден до Основното јавно обвинителство од Скопје достави кривична пријава против непознат сторител, соопштија од општината, објаснувајќи дека кривичната пријава се однесува за согорување отпад на отворен простор на територија надвор од границите на општината. Истата е поднесена согласно член 70 од Законот за амбиентален воздух, по претходен надзор од страна на инспекциските служби и по претходна пријава од страна на граѓаните за непријатен мирис кој се чувствува на територијата на општината.

Законот за амбиентален воздух предвидува обврска за инспекциските служби да поднесат кривична пријава до надлежните судови за поведување на кривична, односно прекршочна постапка, доколку при вршењето надзор се утврди основа за тоа. Со оглед на фактот дека станува збор за кривично дело свесно сторено од страна на непознат сторител и на територија на друга општина, Општина Аеродром смета дека целосно се исполнети условите за кривичен прогон за конкретното кривично дело, а притоа очекуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство согласно своите законски надлежности да постапат по доставената кривична пријава и истата во најкраток рок да ја процесираат до надлежните судски органи. Грижата за здравјето на граѓаните, како и одржувањето на здрава и чиста животна средина останува приоритет на Општина Аеродром. Апелираме за почитување на законите и одговорност кон околината, а нашите служби и во иднина ќе преземаат активности кои се во согласност со законот, велат од Општина Аеродром.

The post Аеродром со кривична пријава до ОЈО Скопје за согорување отпад на отворен простор appeared first on Република.

На сајтот на Министерството за животна средина ги нема податоците за загаденоста во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/na-sajtot-na-ministerstvoto-za-zhivotna-sredina-gi-nema-podatotsite-za-zagadenosta-vo-skopje/ Wed, 25 Oct 2023 19:52:22 +0000 https://republika.mk/?p=695031

Ние живееме во котлина и факт е дека географската позиција е податлива за загадување на воздухот. Но кај нас има 30 до 50 дена годишно пречекување на средните мерни податоци за загадување на воздухот. Нам многу време ни требаше да почнеме да реагираме на она што го покажуваат мерните единици, вели екоактивистот за животна средина и советник во Град Скопје Горјан Јовановски во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

На сајтот на Министерството за животна средина нема податоци за 2021 и 2022 година затоа што не се поставени податоците. Во 2022 година над 50-60 денови нема дневни податоци, а во обете години, според наши податоци имало пречекорени загадување над 140 дена годишно, вели Јовановски.

The post На сајтот на Министерството за животна средина ги нема податоците за загаденоста во Скопје appeared first on Република.

Македонија е најзагадена во Европа: Шокантни податоци откриваат кој во Европа дише нездрав воздух https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-e-najzagadena-vo-evropa-shokantni-podatotsi-otkrivaat-koj-vo-evropa-dishe-nezdrav-vozduh/ Wed, 20 Sep 2023 16:03:54 +0000 https://republika.mk/?p=683533

Деведесет и осум проценти од Европејците дишат високо загаден воздух, што предизвикува 400.000 смртни случаи годишно, открива „Гардијан“.

Европа се соочува со сериозна јавна здравствена криза, при што речиси сите ширум континентот живеат во области со опасни нивоа на загадување на воздухот.

Анализата на податоците собрани со помош на најновата методологија, која вклучува детални сателитски снимки и мерења од повеќе од 1.400 копнени станици за мониторинг, открива страшна слика за загадениот воздух.

Најзагадена земја во Европа е Македонија. Речиси две третини од луѓето ширум земјата живеат во области со загаденост повеќе од четири пати повисока од упатствата на СЗО, додека во четири области е регистрирана загаденост на воздухот речиси шест пати повеќе од дозволените бројки, вклучувајќи го и главниот град Скопје.

Источна Европа е значително позагадена од Западна Европа,

„Гардијан“ соработувал со експерти за загадување за да изработи интерактивна мапа, која ги открива најпогодените области на континентот. Мерењата се однесуваат на ПМ 2.5, кои се ситни честички во воздухот произведени главно со согорување на фосилни горива, од кои некои можат да поминат низ белите дробови и директно во крвотокот, зафаќајќи го речиси секој орган во телото.

Тековните упатства на СЗО наведуваат дека годишните просечни концентрации на ПМ 2,5 не треба да надминуваат 5 микрограми на кубен метар (µg/m 3). Новата анализа покажа дека само 2% од населението во Европа живее во области во оваа граница. Експертите велат дека загадувањето со ПМ 2.5 предизвикува околу 400.000 смртни случаи годишно низ целиот континент.

Ова е сериозна јавно-здравствена криза. Она што го гледаме сосема јасно е дека речиси сите во Европа дишат нездрав воздух“, вели Роел Вермеулен, професор по еколошка епидемиологија на Универзитетот во Утрехт, Холандија, кој го предводел тимот на истражувачи ширум континентот што ги собираше податоците.

The post Македонија е најзагадена во Европа: Шокантни податоци откриваат кој во Европа дише нездрав воздух appeared first on Република.

]]>

Деведесет и осум проценти од Европејците дишат високо загаден воздух, што предизвикува 400.000 смртни случаи годишно, открива „Гардијан“. Европа се соочува со сериозна јавна здравствена криза, при што речиси сите ширум континентот живеат во области со опасни нивоа на загадување на воздухот. Анализата на податоците собрани со помош на најновата методологија, која вклучува детални сателитски снимки и мерења од повеќе од 1.400 копнени станици за мониторинг, открива страшна слика за загадениот воздух. Најзагадена земја во Европа е Македонија. Речиси две третини од луѓето ширум земјата живеат во области со загаденост повеќе од четири пати повисока од упатствата на СЗО, додека во четири области е регистрирана загаденост на воздухот речиси шест пати повеќе од дозволените бројки, вклучувајќи го и главниот град Скопје.

Источна Европа е значително позагадена од Западна Европа,

„Гардијан“ соработувал со експерти за загадување за да изработи интерактивна мапа, која ги открива најпогодените области на континентот. Мерењата се однесуваат на ПМ 2.5, кои се ситни честички во воздухот произведени главно со согорување на фосилни горива, од кои некои можат да поминат низ белите дробови и директно во крвотокот, зафаќајќи го речиси секој орган во телото. Тековните упатства на СЗО наведуваат дека годишните просечни концентрации на ПМ 2,5 не треба да надминуваат 5 микрограми на кубен метар (µg/m 3). Новата анализа покажа дека само 2% од населението во Европа живее во области во оваа граница. Експертите велат дека загадувањето со ПМ 2.5 предизвикува околу 400.000 смртни случаи годишно низ целиот континент.
Ова е сериозна јавно-здравствена криза. Она што го гледаме сосема јасно е дека речиси сите во Европа дишат нездрав воздух“, вели Роел Вермеулен, професор по еколошка епидемиологија на Универзитетот во Утрехт, Холандија, кој го предводел тимот на истражувачи ширум континентот што ги собираше податоците.

The post Македонија е најзагадена во Европа: Шокантни податоци откриваат кој во Европа дише нездрав воздух appeared first on Република.

]]>
Протести во Холандија против индустриското загадување https://republika.mk/vesti/svet/protesti-vo-holandija-protiv-industriskoto-zagaduvane/ Sat, 09 Sep 2023 14:53:15 +0000 https://republika.mk/?p=680286

Холандската полиција употреби водени топови на забранетиот протест на активистите од Бунт против изумирањето (Extinction Rebellion), кои го блокираа автопатот А12 во близина на Хаг.

Групата најави дека ова е почеток на секојдневни протести и „постојана“ блокада.

Активистите од Бунт против изумирањето, Гринпис (Greenpeace) и други еколошки организации ја пробија полициската бариера и седнаа на автопатот 112. Тие предупредија дека таму ќе останат сè додека не се укинат државните субвенции од милијарди евра дадени на индустриите кои користат нафта, јаглен и гас.

Тие предупредија дека екстремните температури измерени летово ширум светот се симбол на иднината доколку не се елиминира употребата на фосилни горива.

Во извештајот објавен на 4 септември се наведува дека холандската Влада троши 37,5 милијарди евра годишно за субвенции за индустрии кои користат фосилни горива, особено бродоградилиштата.

Холандскиот министер за клима и енергија, Роб Јетен, призна дека земјата мора да ги прекине субвенциите, но не понуди краен рок.

Извештајот ги повикува пратениците да почнат постепено да ги укинуваат субвенциите уште пред холандските избори што се закажани на 22 ноември.

The post Протести во Холандија против индустриското загадување appeared first on Република.

]]>

Холандската полиција употреби водени топови на забранетиот протест на активистите од Бунт против изумирањето (Extinction Rebellion), кои го блокираа автопатот А12 во близина на Хаг. Групата најави дека ова е почеток на секојдневни протести и „постојана“ блокада. Активистите од Бунт против изумирањето, Гринпис (Greenpeace) и други еколошки организации ја пробија полициската бариера и седнаа на автопатот 112. Тие предупредија дека таму ќе останат сè додека не се укинат државните субвенции од милијарди евра дадени на индустриите кои користат нафта, јаглен и гас. Тие предупредија дека екстремните температури измерени летово ширум светот се симбол на иднината доколку не се елиминира употребата на фосилни горива. Во извештајот објавен на 4 септември се наведува дека холандската Влада троши 37,5 милијарди евра годишно за субвенции за индустрии кои користат фосилни горива, особено бродоградилиштата. Холандскиот министер за клима и енергија, Роб Јетен, призна дека земјата мора да ги прекине субвенциите, но не понуди краен рок. Извештајот ги повикува пратениците да почнат постепено да ги укинуваат субвенциите уште пред холандските избори што се закажани на 22 ноември.

The post Протести во Холандија против индустриското загадување appeared first on Република.

]]>
Загадувањето на воздухот ја зголемува отпорноста на антибиотици, покажа најново истражување https://republika.mk/zivot/zdravje/zagaduvaneto-na-vozduhot-ja-zgolemuva-otpornosta-na-antibiotitsi-pokazha-najnovo-istrazhuvane/ Wed, 09 Aug 2023 15:27:18 +0000 https://republika.mk/?p=670477

Аерозагадувањето ја потпомага отпорноста кон антибиотиците, со што се зголемува ризикот врз здравјето на луѓето, покажа нова студија на глобално ниво. Истражувањето, во кое се собрани податоци од 100 земји во период од две децении, покажува дека зголеменото аерозагадување е поврзано со растот на отпорноста кон антибиотиците ширум државите од сите континенти.

Според истражувањето со текот на времето, врската меѓу аерозагадувањето и отпорноста кон антибиотиците се зголемува и линеарно расте.

„Нашата анализа покажува силни докази дека зголеменото ниво на аерозагадување е поврзано со зголемениот ризик од отпорност кон антибиотици. Ова е прва анализа која ја покажува врската помеѓу овие две работи на глобално ниво“, изјавиле истражувачите-автори, од Кина и Велика Британија.

Наодите од истражувањето се објавени во медицинското научно списание „Lancet Planetary Health“.

Отпорноста кон антибиотици е еден од најрастечкте ризици за глобалното здравје. Може да влијае врз луѓето од секоја возраст и територија и веќе убива 1.3 милиони лица годиншно на глобално ниво.

Според научниците причините за ова сѐ уште се погрешната и преголемата употреба на антибиотици, но студијата покажува дека овие проблеми се продлабочени со зголемените нивоа на аерозагадување.

Според доказите, ПМ2.5 честичките содржат бактерии кои се отпорни на антибиотици, а можат да бидат пренесени во разни средини и вдишени од луѓето, посочуваат авторите.

„Отпорноста на антибиотиците и аерозагадувањето се двете најголеми закани за глобалното здравје, истакнал еден од авторите на студијата, Хонг Чен.

„До сега, немавме чиста слика за поврзаноста меѓу двете работи, но оваа студија сугерира дека бенефитите од контролирањето на аерозагадувањето може да бидат двојни – не само што ќе се намалат ефектите од нискиот квалитет на воздухот, туку ќе може да се спречи и ширењето на бактерии кои се отпорни на антибиотици“, изјави Чен.

The post Загадувањето на воздухот ја зголемува отпорноста на антибиотици, покажа најново истражување appeared first on Република.

]]>

Аерозагадувањето ја потпомага отпорноста кон антибиотиците, со што се зголемува ризикот врз здравјето на луѓето, покажа нова студија на глобално ниво. Истражувањето, во кое се собрани податоци од 100 земји во период од две децении, покажува дека зголеменото аерозагадување е поврзано со растот на отпорноста кон антибиотиците ширум државите од сите континенти. Според истражувањето со текот на времето, врската меѓу аерозагадувањето и отпорноста кон антибиотиците се зголемува и линеарно расте.
„Нашата анализа покажува силни докази дека зголеменото ниво на аерозагадување е поврзано со зголемениот ризик од отпорност кон антибиотици. Ова е прва анализа која ја покажува врската помеѓу овие две работи на глобално ниво“, изјавиле истражувачите-автори, од Кина и Велика Британија.
Наодите од истражувањето се објавени во медицинското научно списание „Lancet Planetary Health“. Отпорноста кон антибиотици е еден од најрастечкте ризици за глобалното здравје. Може да влијае врз луѓето од секоја возраст и територија и веќе убива 1.3 милиони лица годиншно на глобално ниво. Според научниците причините за ова сѐ уште се погрешната и преголемата употреба на антибиотици, но студијата покажува дека овие проблеми се продлабочени со зголемените нивоа на аерозагадување. Според доказите, ПМ2.5 честичките содржат бактерии кои се отпорни на антибиотици, а можат да бидат пренесени во разни средини и вдишени од луѓето, посочуваат авторите.
„Отпорноста на антибиотиците и аерозагадувањето се двете најголеми закани за глобалното здравје, истакнал еден од авторите на студијата, Хонг Чен.
„До сега, немавме чиста слика за поврзаноста меѓу двете работи, но оваа студија сугерира дека бенефитите од контролирањето на аерозагадувањето може да бидат двојни – не само што ќе се намалат ефектите од нискиот квалитет на воздухот, туку ќе може да се спречи и ширењето на бактерии кои се отпорни на антибиотици“, изјави Чен.

The post Загадувањето на воздухот ја зголемува отпорноста на антибиотици, покажа најново истражување appeared first on Република.

]]>
Загадувањето на воздухот е поврзано со зголемената отпорноста на антибиотици што го загрозува здравјето на луѓето https://republika.mk/vesti/svet/zagaduvaneto-na-vozduhot-e-povrzano-so-zgolemenata-otpornosta-na-antibiotitsi-shto-go-zagrozuva-zdravjeto-na-lugeto/ Wed, 09 Aug 2023 07:29:31 +0000 https://republika.mk/?p=670191

Загадувањето на воздухот ја зголемува отпорноста на антибиотици, што претставува значајна закана за здравјето на луѓето ширум светот, сугерира глобална студија. Анализата, користејќи податоци од повеќе од 100 земји кои опфаќаат речиси две децении, покажува дека зголеменото загадување на воздухот е поврзано со зголемената отпорност на антибиотици низ секоја земја и континент. Тоа, исто така, сугерира дека врската помеѓу двете се зајакнала со текот на времето, со зголемување на нивото на загаденост на воздухот што се совпаѓа со поголем пораст на отпорноста на антибиотици.

Нашата анализа претставува силен доказ дека зголеменото ниво на загаденост на воздухот е поврзано со зголемен ризик од отпорност на антибиотици, напишаа истражувачите од Кина и Велика Британија.

Оваа анализа е прва што покажува како загадувањето на воздухот влијае на отпорноста на антибиотици на глобално ниво. Нивните наоди се објавени во списанието Lancet Planetary Health.

Отпорноста на антибиотици е една од најбрзо растечките закани за глобалното здравје. Тоа може да влијае на луѓето од која било возраст во која било земја и веќе убива 1,3 милиони луѓе годишно, според проценките.

Главните двигатели се уште се злоупотребата и прекумерната употреба на антибиотици, кои се користат за лекување на инфекции. Но, студијата сугерира дека проблемот се влошува со зголеменото ниво на загаденост на воздухот.

Доказите сугерираат дека честичките PM2.5 можат да содржат бактерии отпорни на антибиотици и гени за отпорност, кои може да се пренесат помеѓу околината и директно да се вдишат од луѓето, велат авторите.

Загадувањето на воздухот веќе е единствениот најголем еколошки ризик за јавното здравје. Долготрајната изложеност на загаден воздух е поврзана со хронични состојби како што се срцеви заболувања, астма и рак на белите дробови, со што се намалува животниот век.

Краткорочната изложеност на високи нивоа на загадување може да предизвика кашлање, отежнато дишење и напади на астма, и доведува до зголемено присуство на болници и општи лекари ширум светот.

Спречувањето на загадувањето на воздухот може да помогне да се намали отпорноста на антибиотици, според студијата, прва длабинска глобална анализа за можните врски меѓу двете. Исто така, се вели дека контролирањето на загадувањето на воздухот може во голема мера да ги намали смртните случаи и економските трошоци кои произлегуваат од инфекциите отпорни на антибиотици.

Водечкиот автор, професор Хонг Чен од Универзитетот Жеџијанг во Кина, рече: „Отпорноста на антибиотици и загадувањето на воздухот се сами по себе меѓу најголемите закани за глобалното здравје“.

Досега, немавме јасна слика за можните врски меѓу двете, но оваа работа сугерира дека придобивките од контролирањето на загадувањето на воздухот би можеле да бидат двојни: не само што ќе ги намали штетните ефекти од лошиот квалитет на воздухот, туку и играат голема улога во борбата против порастот и ширењето на бактериите отпорни на антибиотици.

Иако воздухот е препознаен како директен пат за ширење на отпорност на антибиотици, постојат ограничени податоци за различните патишта на кои гените отпорни на антибиотици се пренесуваат преку загадувањето на воздухот.

Потенцијалните патишта вклучуваат болници, фарми и капацитети за третман на отпадни води кои испуштаат и шират честички отпорни на антибиотици низ воздухот, а потоа на големи растојанија.

Досега имаше ограничени податоци за тоа колкаво влијание има загадувањето на воздухот со ПМ2.5 – кое се состои од честички 30 пати помали од широчината на човечко влакно – врз отпорноста на антибиотици на глобално ниво.

Изворите на PM2.5 вклучуваат патен сообраќај, индустриски процеси и домашно согорување на јаглен и дрва. Податоците покажуваат дека 7,3 милијарди луѓе на глобално ниво се директно изложени на небезбедни просечни годишни нивоа на PM2,5.

Авторите создадоа обемна база на податоци за да истражат дали PM2.5 е клучен фактор што ја поттикнува глобалната отпорност на антибиотици, користејќи податоци за 116 земји од 2000 до 2018 година. Изворите на податоци ги вклучија Светската здравствена организација, Европската агенција за животна средина и Светската банка.

Наодите покажуваат дека отпорноста на антибиотиците се зголемува со PM2,5, при што секој 10 отсто пораст на загадувањето на воздухот е поврзан со зголемување на отпорноста на антибиотици за 1,1 отсто.

Со промените во нивоата на PM2.5 доведе до поголемо зголемување на отпорноста на антибиотици во последниве години. Анализата покажува дека отпорноста на антибиотици како резултат на загадениот воздух е поврзана со околу 480.000 предвремени смртни случаи во 2018 година.

Моделирањето на можните идни сценарија покажува дека доколку нема промени во сегашните политики за загадување на воздухот, до 2050 година нивото на отпорност на антибиотици ширум светот би можело да се зголеми за 17 отсто. Годишниот број на предвремени смртни случаи поврзан со отпорноста на антибиотици може да се зголеми на околу 840.000.

Авторите ги признаа ограничувањата на нивната студија. Недостигот на податоци во некои земји можеби влијаеше на целокупната анализа, велат тие.

Студијата беше набљудувачка, така што не можеше да се докаже причината и последицата. Идните истражувања треба да се фокусираат на истражување на основниот механизам за тоа како загадувањето на воздухот влијае на отпорноста на антибиотици, велат тие.

Втората студија објавена во списанието BMJ Mental Health покажа дека изложеноста на релативно високи нивоа на загаден воздух е поврзана со зголемена употреба на услугите за ментално здравје во заедницата од страна на луѓе со деменција. Долгорочната студија се фокусираше на голема површина на Лондон со густ сообраќај.

Извор: Гардијан – Лондон

The post Загадувањето на воздухот е поврзано со зголемената отпорноста на антибиотици што го загрозува здравјето на луѓето appeared first on Република.

]]>

Загадувањето на воздухот ја зголемува отпорноста на антибиотици, што претставува значајна закана за здравјето на луѓето ширум светот, сугерира глобална студија. Анализата, користејќи податоци од повеќе од 100 земји кои опфаќаат речиси две децении, покажува дека зголеменото загадување на воздухот е поврзано со зголемената отпорност на антибиотици низ секоја земја и континент. Тоа, исто така, сугерира дека врската помеѓу двете се зајакнала со текот на времето, со зголемување на нивото на загаденост на воздухот што се совпаѓа со поголем пораст на отпорноста на антибиотици. Нашата анализа претставува силен доказ дека зголеменото ниво на загаденост на воздухот е поврзано со зголемен ризик од отпорност на антибиотици, напишаа истражувачите од Кина и Велика Британија. Оваа анализа е прва што покажува како загадувањето на воздухот влијае на отпорноста на антибиотици на глобално ниво. Нивните наоди се објавени во списанието Lancet Planetary Health. Отпорноста на антибиотици е една од најбрзо растечките закани за глобалното здравје. Тоа може да влијае на луѓето од која било возраст во која било земја и веќе убива 1,3 милиони луѓе годишно, според проценките. Главните двигатели се уште се злоупотребата и прекумерната употреба на антибиотици, кои се користат за лекување на инфекции. Но, студијата сугерира дека проблемот се влошува со зголеменото ниво на загаденост на воздухот. Доказите сугерираат дека честичките PM2.5 можат да содржат бактерии отпорни на антибиотици и гени за отпорност, кои може да се пренесат помеѓу околината и директно да се вдишат од луѓето, велат авторите. Загадувањето на воздухот веќе е единствениот најголем еколошки ризик за јавното здравје. Долготрајната изложеност на загаден воздух е поврзана со хронични состојби како што се срцеви заболувања, астма и рак на белите дробови, со што се намалува животниот век. Краткорочната изложеност на високи нивоа на загадување може да предизвика кашлање, отежнато дишење и напади на астма, и доведува до зголемено присуство на болници и општи лекари ширум светот. Спречувањето на загадувањето на воздухот може да помогне да се намали отпорноста на антибиотици, според студијата, прва длабинска глобална анализа за можните врски меѓу двете. Исто така, се вели дека контролирањето на загадувањето на воздухот може во голема мера да ги намали смртните случаи и економските трошоци кои произлегуваат од инфекциите отпорни на антибиотици. Водечкиот автор, професор Хонг Чен од Универзитетот Жеџијанг во Кина, рече: „Отпорноста на антибиотици и загадувањето на воздухот се сами по себе меѓу најголемите закани за глобалното здравје“. Досега, немавме јасна слика за можните врски меѓу двете, но оваа работа сугерира дека придобивките од контролирањето на загадувањето на воздухот би можеле да бидат двојни: не само што ќе ги намали штетните ефекти од лошиот квалитет на воздухот, туку и играат голема улога во борбата против порастот и ширењето на бактериите отпорни на антибиотици. Иако воздухот е препознаен како директен пат за ширење на отпорност на антибиотици, постојат ограничени податоци за различните патишта на кои гените отпорни на антибиотици се пренесуваат преку загадувањето на воздухот. Потенцијалните патишта вклучуваат болници, фарми и капацитети за третман на отпадни води кои испуштаат и шират честички отпорни на антибиотици низ воздухот, а потоа на големи растојанија. Досега имаше ограничени податоци за тоа колкаво влијание има загадувањето на воздухот со ПМ2.5 – кое се состои од честички 30 пати помали од широчината на човечко влакно – врз отпорноста на антибиотици на глобално ниво. Изворите на PM2.5 вклучуваат патен сообраќај, индустриски процеси и домашно согорување на јаглен и дрва. Податоците покажуваат дека 7,3 милијарди луѓе на глобално ниво се директно изложени на небезбедни просечни годишни нивоа на PM2,5. Авторите создадоа обемна база на податоци за да истражат дали PM2.5 е клучен фактор што ја поттикнува глобалната отпорност на антибиотици, користејќи податоци за 116 земји од 2000 до 2018 година. Изворите на податоци ги вклучија Светската здравствена организација, Европската агенција за животна средина и Светската банка. Наодите покажуваат дека отпорноста на антибиотиците се зголемува со PM2,5, при што секој 10 отсто пораст на загадувањето на воздухот е поврзан со зголемување на отпорноста на антибиотици за 1,1 отсто. Со промените во нивоата на PM2.5 доведе до поголемо зголемување на отпорноста на антибиотици во последниве години. Анализата покажува дека отпорноста на антибиотици како резултат на загадениот воздух е поврзана со околу 480.000 предвремени смртни случаи во 2018 година. Моделирањето на можните идни сценарија покажува дека доколку нема промени во сегашните политики за загадување на воздухот, до 2050 година нивото на отпорност на антибиотици ширум светот би можело да се зголеми за 17 отсто. Годишниот број на предвремени смртни случаи поврзан со отпорноста на антибиотици може да се зголеми на околу 840.000. Авторите ги признаа ограничувањата на нивната студија. Недостигот на податоци во некои земји можеби влијаеше на целокупната анализа, велат тие. Студијата беше набљудувачка, така што не можеше да се докаже причината и последицата. Идните истражувања треба да се фокусираат на истражување на основниот механизам за тоа како загадувањето на воздухот влијае на отпорноста на антибиотици, велат тие. Втората студија објавена во списанието BMJ Mental Health покажа дека изложеноста на релативно високи нивоа на загаден воздух е поврзана со зголемена употреба на услугите за ментално здравје во заедницата од страна на луѓе со деменција. Долгорочната студија се фокусираше на голема површина на Лондон со густ сообраќај. Извор: Гардијан – Лондон

The post Загадувањето на воздухот е поврзано со зголемената отпорноста на антибиотици што го загрозува здравјето на луѓето appeared first on Република.

]]>
Знаете колкав масакар е ова во споредба со оној во „Владислав Рибникар“? https://republika.mk/vesti/makedonija/znaete-kolkav-masakar-e-ova-vo-sporedba-so-onoj-vo-vladislav-ribnikar/ Tue, 30 May 2023 09:23:18 +0000 https://republika.mk/?p=646052

Знаете колкав масакар е ова во споредба со оној во „Владислав Рибникар“ во Белград? Неспоредливо огромен, вели Софија Куновска уште еднаш споделувајќи го статусот на скопјанец, во кој тој раскажува средба со „пријател“ кој отворено му признава како под лажни документи се увезува разно ѓубре во Скопје за согорување.

Никој релевантен не смее  да зборува оти се е подмачкано, вели меѓу другото „пријателот“.

Деновиве го објавувам постот кој треба да ја разбуди сета општествена совест и да направиме притисок да се истражат наводите во него.
Лекарите ми потврдуваат дека инциденцата на малигни заболувања е драстично зголемена последнава декада. Онкологија е масовна гробница а пак детската онкологија е посебна тажна приказна.
Додека,според пишувањето, некои прават профит ние дремеме и посматраме. Чекаме мечката да заигра и во нашиот двор. Мислам дека е доста, пишува Куновска која најави дека ќе гои споделува ова секој ден додека не се разбудиме.

The post Знаете колкав масакар е ова во споредба со оној во „Владислав Рибникар“? appeared first on Република.

]]>

Знаете колкав масакар е ова во споредба со оној во „Владислав Рибникар“ во Белград? Неспоредливо огромен, вели Софија Куновска уште еднаш споделувајќи го статусот на скопјанец, во кој тој раскажува средба со „пријател“ кој отворено му признава како под лажни документи се увезува разно ѓубре во Скопје за согорување.
Никој релевантен не смее  да зборува оти се е подмачкано, вели меѓу другото „пријателот“.
Деновиве го објавувам постот кој треба да ја разбуди сета општествена совест и да направиме притисок да се истражат наводите во него. Лекарите ми потврдуваат дека инциденцата на малигни заболувања е драстично зголемена последнава декада. Онкологија е масовна гробница а пак детската онкологија е посебна тажна приказна. Додека,според пишувањето, некои прават профит ние дремеме и посматраме. Чекаме мечката да заигра и во нашиот двор. Мислам дека е доста, пишува Куновска која најави дека ќе гои споделува ова секој ден додека не се разбудиме.

The post Знаете колкав масакар е ова во споредба со оној во „Владислав Рибникар“? appeared first on Република.

]]>
НАТО бомбардирањето на Југославија ја загадило и Македонија, покажува „изгубен” извештај на Советот на Европа https://republika.mk/vesti/balkan/nato-bombardiraneto-na-jugoslavija-ja-zagadilo-i-makedonija-pokazhuva-izguben-izveshtaj-na-sovetot-na-evropa/ Fri, 28 Apr 2023 08:12:01 +0000 https://republika.mk/?p=634845

Пратеничката на Српската напредна партија, Марина Рагуш, обелодени досега непознат извештај на Советот на Европа (СЕ), во кој, покрај страшните последици од нападите на НАТО врз Србија, се посочува и дека бомбардирањето на СРЈ во 1999 година загадило и седум европски земји.

Станува збор за извештај на СЕ, кој бил усвоен од Парламентарното собрание на Советот на Европа на 24 јануари 2001 година, но кој, од непознати причини, останал непознат цели 23 години.

Во него се наведуваат сериозните последици од воените дејства на НАТО врз животната средина не само во Србија туку и во земјите на Југоисточна Европа – Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија и Украина.

Собранието со загриженост го констатира сериозното влијание врз животната средина на воените операции извршени од НАТО против СРЈ во периодот од 24 март до 5 јуни 1999 година, а штетите се прошириле и во неколку други земји во Југоисточна Европа и ќе имаат долгорочни ефекти врз здравјето и квалитетот на животот на луѓето“, се наведува во извештајот за влијанието на војната во СРЈ врз животната средина во Југоисточна Европа.

Рагуш вели дека околните земји го повикале СЕ да направи анализа бидејќи утврдиле дека нивото на штетни материи опасни за животот на сите живи организми е многукратно зголемено. Утврдено е дека преносот на загадувачите по воздушен, речен и копнен пат ја зафатил цела Југоисточна Европа.

Напорите на воздушните сили на НАТО да ги уништат индустриските локации и инфраструктурата предизвикаа опасните материи да ги загадат воздухот, водата и копното. Овие супстанции ќе имаат трајно влијание врз здравјето и квалитетот на животот на луѓето од засегнатите земји. Конкретно, употребата на муниција со осиромашен ураниум, веројатно, ќе ја зголеми појавата на рак и вродени болести меѓу жителите на погодените области, како и меѓу членовите на вооружените сили што служат во овие области“, се наведува во извештајот.

Во него исто така се посочува дека бомбардирањето на еколошки опасните објекти претставува „флагрантно кршење на правилата за заштита на животната средина утврдени со дополнителниот протокол на Женевската конвенција“.

Вкупното количество убојни средства што ги употребил НАТО се проценува на 22.000 до 79.000 тони, со кои биле погодени 78 индустриски локации и 42 енергетски инсталации, но и најмалку 13 национални паркови и природни резервати, како Тара, Копаоник, Фрушка Гора и Шар Планина.

Според извештајот, бомбардирањето ги изложило екосистемите, површинските води, подземните води, земјата и воздухот на Балканот на невидена контаминација со повеќе од сто токсични материи.

Посебен дел од извештајот е посветен на употребата на осиромашен ураниум. НАТО потврди дека употребил околу 31.000 бојни глави со вкупно оптоварување од 10 тони осиромашен ураниум.

Честичките ураниум оксид, кои се ослободуваат по експлозијата, се разнесуваат со помош на ветрот и се таложат на почвата и вегетацијата. Клучниот проблем е што овие честички е невозможно да се неутрализираат или да се отстранат.

Покрај радиоактивните ефекти, ураниумот е многу токсичен и силен канцероген и мутаген, ги уништува хромозомите и предизвикува сериозни нарушувања во репродуктивниот систем.

Беше многу предвидливо дека воената акција ќе има сериозни еколошки последици, кои станаа сосем очигледни уште од самиот почеток, така што може да се претпостави дека еколошката штета предизвикана од НАТО била намерна“, се наведува во извештајот.

Во извештајот на СЕ се наведува и дека до слични податоци дошле и експертите на ОН, кои составиле свој, исто така многу добро документиран извештај.

The post НАТО бомбардирањето на Југославија ја загадило и Македонија, покажува „изгубен” извештај на Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

Пратеничката на Српската напредна партија, Марина Рагуш, обелодени досега непознат извештај на Советот на Европа (СЕ), во кој, покрај страшните последици од нападите на НАТО врз Србија, се посочува и дека бомбардирањето на СРЈ во 1999 година загадило и седум европски земји. Станува збор за извештај на СЕ, кој бил усвоен од Парламентарното собрание на Советот на Европа на 24 јануари 2001 година, но кој, од непознати причини, останал непознат цели 23 години. Во него се наведуваат сериозните последици од воените дејства на НАТО врз животната средина не само во Србија туку и во земјите на Југоисточна Европа – Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија и Украина.
Собранието со загриженост го констатира сериозното влијание врз животната средина на воените операции извршени од НАТО против СРЈ во периодот од 24 март до 5 јуни 1999 година, а штетите се прошириле и во неколку други земји во Југоисточна Европа и ќе имаат долгорочни ефекти врз здравјето и квалитетот на животот на луѓето“, се наведува во извештајот за влијанието на војната во СРЈ врз животната средина во Југоисточна Европа.
Рагуш вели дека околните земји го повикале СЕ да направи анализа бидејќи утврдиле дека нивото на штетни материи опасни за животот на сите живи организми е многукратно зголемено. Утврдено е дека преносот на загадувачите по воздушен, речен и копнен пат ја зафатил цела Југоисточна Европа.
Напорите на воздушните сили на НАТО да ги уништат индустриските локации и инфраструктурата предизвикаа опасните материи да ги загадат воздухот, водата и копното. Овие супстанции ќе имаат трајно влијание врз здравјето и квалитетот на животот на луѓето од засегнатите земји. Конкретно, употребата на муниција со осиромашен ураниум, веројатно, ќе ја зголеми појавата на рак и вродени болести меѓу жителите на погодените области, како и меѓу членовите на вооружените сили што служат во овие области“, се наведува во извештајот.
Во него исто така се посочува дека бомбардирањето на еколошки опасните објекти претставува „флагрантно кршење на правилата за заштита на животната средина утврдени со дополнителниот протокол на Женевската конвенција“. Вкупното количество убојни средства што ги употребил НАТО се проценува на 22.000 до 79.000 тони, со кои биле погодени 78 индустриски локации и 42 енергетски инсталации, но и најмалку 13 национални паркови и природни резервати, како Тара, Копаоник, Фрушка Гора и Шар Планина. Според извештајот, бомбардирањето ги изложило екосистемите, површинските води, подземните води, земјата и воздухот на Балканот на невидена контаминација со повеќе од сто токсични материи. Посебен дел од извештајот е посветен на употребата на осиромашен ураниум. НАТО потврди дека употребил околу 31.000 бојни глави со вкупно оптоварување од 10 тони осиромашен ураниум. Честичките ураниум оксид, кои се ослободуваат по експлозијата, се разнесуваат со помош на ветрот и се таложат на почвата и вегетацијата. Клучниот проблем е што овие честички е невозможно да се неутрализираат или да се отстранат. Покрај радиоактивните ефекти, ураниумот е многу токсичен и силен канцероген и мутаген, ги уништува хромозомите и предизвикува сериозни нарушувања во репродуктивниот систем.
Беше многу предвидливо дека воената акција ќе има сериозни еколошки последици, кои станаа сосем очигледни уште од самиот почеток, така што може да се претпостави дека еколошката штета предизвикана од НАТО била намерна“, се наведува во извештајот.
Во извештајот на СЕ се наведува и дека до слични податоци дошле и експертите на ОН, кои составиле свој, исто така многу добро документиран извештај.

The post НАТО бомбардирањето на Југославија ја загадило и Македонија, покажува „изгубен” извештај на Советот на Европа appeared first on Република.

]]>
Од загадување на воздухот годишно во Европа умираат повеќе од 1.200 малолетници https://republika.mk/zivot/zdravje/od-zagaduvane-na-vozduhot-godishno-vo-evropa-umiraat-poveke-od-1-200-maloletnitsi/ Mon, 24 Apr 2023 10:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=633514

Загадувањето на воздухот предизвикува смрт на повеќе од 1.200 малолетници во Европа годишно, проценува Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во извештај објавен денеска.

Децата се особено ранливи на загадувањето на воздухот, од моментот кога се во утробата до полнолетство, забележа агенцијата со седиште во Копенхаген, додавајќи дека лошиот воздух исто така ги става децата во поголем ризик од хронични болести во зрелоста.

Загадувањето треба да се решава од изворот, се залагаат експертите на агенцијата, велејќи дека емисиите од сообраќајот, индустријата и греењето мора побрзо да се намалат.
Една од практичните мерки за кои се залагаат е подобрување на квалитетот на воздухот во близина на училиштата и градинките, на пример преку создавање повеќе зелени површини.

И покрај подобрувањата во последните години, нивоата на главните загадувачи во многу европски земји остануваат над границите препорачани од Светската здравствена организација (СЗО), се вели во друг извештај на ЕЕА.

Проблемите се особено присутни во градовите. Повеќе од 90 проценти од урбаното население во 2021 година во земјите на ЕУ морало да живее со нивоа на ситна прашина (PM2,5), озон (О3) и азот диоксид (NO2) кои биле над препораките на СЗО. Ова особено се однесува на Централна и Источна Европа, како и Италија.

Главната причина за загадувањето со ситна прашина е употребата на цврсти горива како што е јагленот за греење во индустријата.

Проценетите 1.200 предвремени смртни случаи меѓу малолетниците ги опфаќаат земјите-членки на ЕЕА, меѓу кои и Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Турција, покрај 27-те земји на ЕУ.

Не можеме да ги сметаме децата како мали возрасни кога станува збор за еколошките ризици и загадувањето на воздухот, изјави експертот за загадување на воздухот од ЕЕА, Херардо Санчез Мартинез. „Побрзо им е дишењето, повеќе дишат преку уста, поблиску се до земјата - истакна тој.

The post Од загадување на воздухот годишно во Европа умираат повеќе од 1.200 малолетници appeared first on Република.

]]>

Загадувањето на воздухот предизвикува смрт на повеќе од 1.200 малолетници во Европа годишно, проценува Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во извештај објавен денеска. Децата се особено ранливи на загадувањето на воздухот, од моментот кога се во утробата до полнолетство, забележа агенцијата со седиште во Копенхаген, додавајќи дека лошиот воздух исто така ги става децата во поголем ризик од хронични болести во зрелоста. Загадувањето треба да се решава од изворот, се залагаат експертите на агенцијата, велејќи дека емисиите од сообраќајот, индустријата и греењето мора побрзо да се намалат. Една од практичните мерки за кои се залагаат е подобрување на квалитетот на воздухот во близина на училиштата и градинките, на пример преку создавање повеќе зелени површини. И покрај подобрувањата во последните години, нивоата на главните загадувачи во многу европски земји остануваат над границите препорачани од Светската здравствена организација (СЗО), се вели во друг извештај на ЕЕА. Проблемите се особено присутни во градовите. Повеќе од 90 проценти од урбаното население во 2021 година во земјите на ЕУ морало да живее со нивоа на ситна прашина (PM2,5), озон (О3) и азот диоксид (NO2) кои биле над препораките на СЗО. Ова особено се однесува на Централна и Источна Европа, како и Италија. Главната причина за загадувањето со ситна прашина е употребата на цврсти горива како што е јагленот за греење во индустријата. Проценетите 1.200 предвремени смртни случаи меѓу малолетниците ги опфаќаат земјите-членки на ЕЕА, меѓу кои и Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Турција, покрај 27-те земји на ЕУ.
Не можеме да ги сметаме децата како мали возрасни кога станува збор за еколошките ризици и загадувањето на воздухот, изјави експертот за загадување на воздухот од ЕЕА, Херардо Санчез Мартинез. „Побрзо им е дишењето, повеќе дишат преку уста, поблиску се до земјата - истакна тој.

The post Од загадување на воздухот годишно во Европа умираат повеќе од 1.200 малолетници appeared first on Република.

]]>
Научнa студија: Во светот практично нема место коешто е безбедно од загадувањето на воздухот https://republika.mk/vesti/svet/nauchna-studija-vo-svetot-praktichno-nema-mesto-koeshto-e-bezbedno-od-zagaduvaneto-na-vozduhot/ Sun, 12 Mar 2023 08:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=618658

Прво светско истражување покажало дека речиси никаде на Земјата нема постојано безбедни нивоа на загадување на воздухот. Студијата, предводена од Универзитетот Монаш во Австралија, покажала дека само 0,001 отсто од светското население постојано било изложено на ниско ниво на загаденост на воздухот во 2019 година, а на глобално ниво, 70 отсто ги надминале безбедните граници, пишува „Саенс алерт“ (Science alert).

Загадувањето на воздухот предизвикува околу осум милиони смртни случаи секоја година. Ситните честички помали од 2,5 микрометри, познати како ПМ 2,5, можат да ги нападнат дишните патишта и крвните садови, предизвикувајќи мозочни удари, рак на белите дробови и болести на срцето.

Светската здравствена организација (СЗО) го постави безбедносниот праг за дневна изложеност на ПМ 2,5 честички на 15 mg/m3, но меѓу 2000 и 2019 година, просечното ниво на загаденост на воздухот ширум светот беше повеќе од двојно поголемо од границата, кога изнесуваше 32,8 mg/m3.

Оваа студија е прва што ја покажува промената на дневната изложеност на загадениот воздух на глобално ниво во текот на неколку децении. Податоците се извлечени од 5.446 станици за следење во 65 земји.

Источна Азија имала најлошо загадување на воздухот во текот на овој период од две децении, со просечна годишна изложеност на ПМ 2,5 честички од 50 mg/m3, а потоа следат Јужна Азија (37,2 mg/m3) и Северна Африка (30 mg/m3).

Регионите со најниско загадување на воздухот со ПМ 2,5 честички во текот на две децении биле Австралија и Нов Зеланд (8,5 mg/m³), другите региони во Океанија (12,6 mg/m³) и Јужна Америка (15,6 mg/m³).

Загадувањето на воздухот се намалило во Европа и Северна Америка помеѓу 2000 и 2019 година, но се зголемило во Јужна Азија, Австралија и Нов Зеланд, Јужна Америка и на Карибите.

Овој тип на загадување имаше сезонски модел. Во североисточна Кина и северна Индија, употребата на фосилни горива за загревање на домовите доведе до најголемо загадување на воздухот во текот на зимата. Но, спротивниот образец беше забележан на источниот брег на Северна Америка, каде ПМ 2,5 го достигна врвот во летните месеци.

Истражувачите велат дека шумските пожари и песочните бури поврзани со климатските промени, исто така, би можеле да придонесат за загадувањето на воздухот во југоисточна Австралија во 2019 година.

Оваа студија дава длабоко разбирање за моменталната состојба на загадувањето на воздухот и неговото влијание врз здравјето на луѓето. Со оваа информација, креаторите на политики, официјалните лица за јавно здравје и истражувачите можат подобро да ги проценат краткорочните и долгорочните здравствени ефекти од загадувањето на воздухот и да развијат стратегии за ублажување на загадувањето на воздухот“, вели Јуминг Гуо, истражувач за квалитетот на воздухот на Универзитетот Монаш.

Како влијае загадувањето на луѓето? Загадувањето со ПМ 2,5 честичките се појавува при согорување на фосилните горива, поради издувните гасови од автомобилите, пожарите, но и поради употребата на печките на гас.

Кога ги вдишуваме овие ситни честички, тие поминуваат низ слузницата на белите дробови. Ова може да предизвика воспаление, да доведе до влошување на астмата и хронична опструктивна белодробна болест.

Отровните честички можат да продрат и во крвните садови, предизвикувајќи нивно воспаление, а кај некои луѓе тоа може да доведат и до мозочен удар. Тие можат да доведат до создавање згрутчувања кои го оштетуваат срцето или мозокот.

Овој труд е објавен во „The Lancet Planetary Health“.

The post Научнa студија: Во светот практично нема место коешто е безбедно од загадувањето на воздухот appeared first on Република.

]]>

Прво светско истражување покажало дека речиси никаде на Земјата нема постојано безбедни нивоа на загадување на воздухот. Студијата, предводена од Универзитетот Монаш во Австралија, покажала дека само 0,001 отсто од светското население постојано било изложено на ниско ниво на загаденост на воздухот во 2019 година, а на глобално ниво, 70 отсто ги надминале безбедните граници, пишува „Саенс алерт“ (Science alert). Загадувањето на воздухот предизвикува околу осум милиони смртни случаи секоја година. Ситните честички помали од 2,5 микрометри, познати како ПМ 2,5, можат да ги нападнат дишните патишта и крвните садови, предизвикувајќи мозочни удари, рак на белите дробови и болести на срцето. Светската здравствена организација (СЗО) го постави безбедносниот праг за дневна изложеност на ПМ 2,5 честички на 15 mg/m3, но меѓу 2000 и 2019 година, просечното ниво на загаденост на воздухот ширум светот беше повеќе од двојно поголемо од границата, кога изнесуваше 32,8 mg/m3. Оваа студија е прва што ја покажува промената на дневната изложеност на загадениот воздух на глобално ниво во текот на неколку децении. Податоците се извлечени од 5.446 станици за следење во 65 земји. Источна Азија имала најлошо загадување на воздухот во текот на овој период од две децении, со просечна годишна изложеност на ПМ 2,5 честички од 50 mg/m3, а потоа следат Јужна Азија (37,2 mg/m3) и Северна Африка (30 mg/m3). Регионите со најниско загадување на воздухот со ПМ 2,5 честички во текот на две децении биле Австралија и Нов Зеланд (8,5 mg/m³), другите региони во Океанија (12,6 mg/m³) и Јужна Америка (15,6 mg/m³). Загадувањето на воздухот се намалило во Европа и Северна Америка помеѓу 2000 и 2019 година, но се зголемило во Јужна Азија, Австралија и Нов Зеланд, Јужна Америка и на Карибите. Овој тип на загадување имаше сезонски модел. Во североисточна Кина и северна Индија, употребата на фосилни горива за загревање на домовите доведе до најголемо загадување на воздухот во текот на зимата. Но, спротивниот образец беше забележан на источниот брег на Северна Америка, каде ПМ 2,5 го достигна врвот во летните месеци. Истражувачите велат дека шумските пожари и песочните бури поврзани со климатските промени, исто така, би можеле да придонесат за загадувањето на воздухот во југоисточна Австралија во 2019 година.
Оваа студија дава длабоко разбирање за моменталната состојба на загадувањето на воздухот и неговото влијание врз здравјето на луѓето. Со оваа информација, креаторите на политики, официјалните лица за јавно здравје и истражувачите можат подобро да ги проценат краткорочните и долгорочните здравствени ефекти од загадувањето на воздухот и да развијат стратегии за ублажување на загадувањето на воздухот“, вели Јуминг Гуо, истражувач за квалитетот на воздухот на Универзитетот Монаш.
Како влијае загадувањето на луѓето? Загадувањето со ПМ 2,5 честичките се појавува при согорување на фосилните горива, поради издувните гасови од автомобилите, пожарите, но и поради употребата на печките на гас. Кога ги вдишуваме овие ситни честички, тие поминуваат низ слузницата на белите дробови. Ова може да предизвика воспаление, да доведе до влошување на астмата и хронична опструктивна белодробна болест. Отровните честички можат да продрат и во крвните садови, предизвикувајќи нивно воспаление, а кај некои луѓе тоа може да доведат и до мозочен удар. Тие можат да доведат до создавање згрутчувања кои го оштетуваат срцето или мозокот. Овој труд е објавен во „The Lancet Planetary Health“.

The post Научнa студија: Во светот практично нема место коешто е безбедно од загадувањето на воздухот appeared first on Република.

]]>