заедничка историја Archives - Република https://republika.mk/tema/zaednichka-istorija/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Aug 2023 10:11:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заедничка историја Archives - Република https://republika.mk/tema/zaednichka-istorija/ 32 32 Радев со честитка до Пендаровски за овој „голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Cеверна Македонија“. https://republika.mk/vesti/makedonija/radev-so-chestitka-do-pendarovski-za-ovoj-golem-i-znachaen-nastan-od-zaednichkoto-istorisko-i-kulturno-minato-na-bugarija-i-republika-ceverna-makedonija/ Wed, 02 Aug 2023 09:58:11 +0000 https://republika.mk/?p=667862

Шефот на државата Румен Радев упати честитка до претседателот Стево Пендаровски по повод државниот празник Илинден - Денот на Републиката, соопшти прес-службата на Радев

Бугарскиот претседател во честитката забележува дека годинава се одбележуваат 120 години од Илинденско-преображенското востание - „голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Cеверна Македонија“.

Целта и саможртвата на хероите од Илинденско-Преображенското востание е еден од мостовите низ времето што ги поврзува двете држави и нивните граѓани.Одразот на идеалите за слобода, еднаквост и братство на нашите предци денеска го препознаваме во основните права на Европската Унија, кон кои искрено посакуваме да се приклучите, посочува Румен Радев.

Радев ја изразил поддршката на Бугарија за „напорите на Република Cеверна Македонија за целосно спроведување на критериумите за членство, како и за сите преземени обврски и постигнати договори на патот на земјата кон ЕУ“.

Во честитката посочува и дека контактите меѓу народите на двете земји се важен начин за градење искрени добрососедски односи.

Тој забележува дека постигнатите договори меѓу „Бугарија и Република Cеверна Македонија за заедничко одбележување на настаните за нашата заедничка историја даваат одлична можност за зближување“.

Убеден сум дека заедно можеме и мораме да ги решиме отворените прашања во билатералните односи, што се очекува од нашите граѓани и е во име на нашата заедничка иднина во Обединета Европа, истакна и шефот на бугарската држава во честитката.

Стево Пендаровски државниот празник на земјава ќе го прослави во манастирот „Св. Прохор Пчински“, а ќе се сретне и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

The post Радев со честитка до Пендаровски за овој „голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Cеверна Македонија“. appeared first on Република.

]]>

Шефот на државата Румен Радев упати честитка до претседателот Стево Пендаровски по повод државниот празник Илинден - Денот на Републиката, соопшти прес-службата на Радев Бугарскиот претседател во честитката забележува дека годинава се одбележуваат 120 години од Илинденско-преображенското востание - „голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Cеверна Македонија“.
Целта и саможртвата на хероите од Илинденско-Преображенското востание е еден од мостовите низ времето што ги поврзува двете држави и нивните граѓани.Одразот на идеалите за слобода, еднаквост и братство на нашите предци денеска го препознаваме во основните права на Европската Унија, кон кои искрено посакуваме да се приклучите, посочува Румен Радев.
Радев ја изразил поддршката на Бугарија за „напорите на Република Cеверна Македонија за целосно спроведување на критериумите за членство, како и за сите преземени обврски и постигнати договори на патот на земјата кон ЕУ“. Во честитката посочува и дека контактите меѓу народите на двете земји се важен начин за градење искрени добрососедски односи. Тој забележува дека постигнатите договори меѓу „Бугарија и Република Cеверна Македонија за заедничко одбележување на настаните за нашата заедничка историја даваат одлична можност за зближување“.
Убеден сум дека заедно можеме и мораме да ги решиме отворените прашања во билатералните односи, што се очекува од нашите граѓани и е во име на нашата заедничка иднина во Обединета Европа, истакна и шефот на бугарската држава во честитката.
Стево Пендаровски државниот празник на земјава ќе го прослави во манастирот „Св. Прохор Пчински“, а ќе се сретне и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

The post Радев со честитка до Пендаровски за овој „голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Cеверна Македонија“. appeared first on Република.

]]>
Чепреганов: Македонија нема заедничка историја со Бугарија за заеднички да одбележува историски датуми и личности https://republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-makedonija-nema-zaednichka-istoija-so-bugarija-za-zaednichki-da-odbelezhuva-istoriski-datumi-i-lichnosti/ Mon, 08 May 2023 12:04:24 +0000 https://republika.mk/?p=638382

„Договорот за пријателство и соработка со Бугарија е клучниот создавач на сите проблеми во односите меѓу двете земји, кои се на најниско ниво во последните 80 години. Тие односи ќе продолжат уште повеќе да се влошуваат, ако бугарската страна продолжи со агресивната експанзионистичка политика.’ – сметаат соговорниците-историчари, аналитичари и професори.“ Ова се наведува во анализата со наслов „Македонија сама најдобро си ги слави историските личности и датуми“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Заедничкото чествување датуми и личности со Бугарија се покажува како контрапродуктивно

Покрај другото, во анализата пишува: Без инциденти, протестни ноти и вербални закани за нови блокади од страна на Бугарија помина неодамнешното одбележување на 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Тоа е најдобра потврда дека заедничкото чествување е погрешен пристап, кој само дополнително ги конфронтира двете држави и двата народа.

Годинашново одбележување на денот на убиството на Гоце Делчев, иако со засилено полициско присуство и контроли, сепак помина во една понормална атмосфера, слична на оние кога Македонија сама ги одбележуваше датумите од сопствената историја. Во исто време, Бугарија сама го одбележа овој датум со својот познат став дека Гоце Делчев „се борел за слободата на Бугарија“.

Историчарот Тодор Чепреганов целосно се согласува дека проблемите настанале во оној момент кога во Договорот за пријателство и соработка се спомнало заедничко чествување на важните датуми и личности. „Ние треба да си се вратиме на чествувањето на Гоце Делчев како што беше пред потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка. Додека не беше потпишан тој договор, ние си имавме многу нормално чествување секоја година, како на 4 февруари, така и на 4 мај. Секоја година сме оделе и сме положувале цвеќе без никаков проблем – вели Чепреганов.

Според него, ова е вистинскиот начин како Македонија треба да си ги одбележува важните датуми од сопствената историја.„Не се потребни никакви заеднички чествувања. Бугарите нека си го прославуваат како што сакаат, ние ќе си го прославуваме како што нам ни одговара. Ова важи за сите датуми од нашата историја.“ – истакнува Чепреганов.

Тој укажува дека Бугарија во целата работа настапува со стремеж да да наметне дека Македонија има заедничка историја со Бугарија. „ Што ќе чествуваме заеднички со нив? Гоце Делчев се борел за санстефанска Бугарија? Не. Гоце Делчев се борел за македонска држава и самостојност. Како ќе ги споиме тие две работи на заедничко чествување? Тоа се две спротивни идеологии.“

The post Чепреганов: Македонија нема заедничка историја со Бугарија за заеднички да одбележува историски датуми и личности appeared first on Република.

]]>

„Договорот за пријателство и соработка со Бугарија е клучниот создавач на сите проблеми во односите меѓу двете земји, кои се на најниско ниво во последните 80 години. Тие односи ќе продолжат уште повеќе да се влошуваат, ако бугарската страна продолжи со агресивната експанзионистичка политика.’ – сметаат соговорниците-историчари, аналитичари и професори.“ Ова се наведува во анализата со наслов „Македонија сама најдобро си ги слави историските личности и датуми“, која ја објави весникот „Нова Македонија“. Заедничкото чествување датуми и личности со Бугарија се покажува како контрапродуктивно Покрај другото, во анализата пишува: Без инциденти, протестни ноти и вербални закани за нови блокади од страна на Бугарија помина неодамнешното одбележување на 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Тоа е најдобра потврда дека заедничкото чествување е погрешен пристап, кој само дополнително ги конфронтира двете држави и двата народа. Годинашново одбележување на денот на убиството на Гоце Делчев, иако со засилено полициско присуство и контроли, сепак помина во една понормална атмосфера, слична на оние кога Македонија сама ги одбележуваше датумите од сопствената историја. Во исто време, Бугарија сама го одбележа овој датум со својот познат став дека Гоце Делчев „се борел за слободата на Бугарија“. Историчарот Тодор Чепреганов целосно се согласува дека проблемите настанале во оној момент кога во Договорот за пријателство и соработка се спомнало заедничко чествување на важните датуми и личности. „Ние треба да си се вратиме на чествувањето на Гоце Делчев како што беше пред потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка. Додека не беше потпишан тој договор, ние си имавме многу нормално чествување секоја година, како на 4 февруари, така и на 4 мај. Секоја година сме оделе и сме положувале цвеќе без никаков проблем – вели Чепреганов. Според него, ова е вистинскиот начин како Македонија треба да си ги одбележува важните датуми од сопствената историја.„Не се потребни никакви заеднички чествувања. Бугарите нека си го прославуваат како што сакаат, ние ќе си го прославуваме како што нам ни одговара. Ова важи за сите датуми од нашата историја.“ – истакнува Чепреганов. Тој укажува дека Бугарија во целата работа настапува со стремеж да да наметне дека Македонија има заедничка историја со Бугарија. „ Што ќе чествуваме заеднички со нив? Гоце Делчев се борел за санстефанска Бугарија? Не. Гоце Делчев се борел за македонска држава и самостојност. Како ќе ги споиме тие две работи на заедничко чествување? Тоа се две спротивни идеологии.“

The post Чепреганов: Македонија нема заедничка историја со Бугарија за заеднички да одбележува историски датуми и личности appeared first on Република.

]]>
Бугарија потврди дека услов да почнеме преговори е да прифатиме дека имаме заедничка историја https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-potvrdi-deka-uslov-da-pochneme-pregovori-e-da-prifatime-deka-imame-zaednichka-istorija/ Fri, 02 Sep 2022 16:26:52 +0000 https://republika.mk/?p=546854

Услов бугарската Влада да поддржи отворање и затворање на поглавјата со Европската Унија е Македонија во целост да ги исполни одредбите од Договорот од 2017 година, во кој многу важен дел се историските прашања, вели новиот бугарски амбасадор во Вашингтон Георги Панајотов во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.

Прашан дали Бугарија ќе бара промена на историјата како услов за да ѝ дозволи на Македонија да ги отвора и затвора поглавјата во преговорите со ЕУ, Панајотов наведува дека работата на Комисија за историски и образовни прашања за сите периоди од, како што вели, нашата заедничка историја мора да заврши пред Македонија да влезе во ЕУ.

– Одлуката на нашиот Парламент утврди правно обврзувачки услови за секоја бугарска влада да го поддржи секој иден чекор во процесот на проширување, вклучително и отворање/затворање на поглавјата од acquis. Овие услови се Македонија целосно да гарантира еднакви права како на другите нејзини граѓани и на своето бугарско население, вклучително и преку релевантните уставни амандмани и целосно да ги спроведува одредбите од Договорот од 2017 година и неговите протоколи. Многу важен дел од Договорот од 2017 година е билатералната Комисија за историски и образовни прашања и нејзината работа на објективното, научно толкување на заедничката историја на двете земји. Во текот на изминатите неколку години, Комисијата постигна неколку важни препораки. Имплементацијата на овие и на сите идни препораки во двете земји е од клучно значење за надминување на штетните стари стереотипи и национални предрасуди и за изградба на иднина на заемна поддршка и разбирање. Работата на Комисијата за сите периоди од нашата заедничка историја мора да заврши пред Македонија да влезе во ЕУ и оваа заложба е дел од Протоколот од јули 2022 година, вели бугарскиот амбасадор.

Според него, штом ќе се реши историското прашање, проблемот со јазикот нема да може да го наруши односот меѓу двете држави.

Малите промени во францускиот предлог, наведува амбасадорот Панајотов, не ја смениле суштината на бугарските барања, а ако тоа било случај, Бугарија немала да го тргне ветото.

-Бугарија одлучи да го поддржи првичниот предлог на Претседателството на Советот и нашиот парламент го изгласа тоа на 24 јули. Не ја донесовме оваа одлука лесно, но прифативме дека гаранциите, обезбедени со преговарачката рамка, заклучоците на Советот и билатералниот протокол, се доволни за да се компензира недостатокот на доверба и се здрава основа за обновување на нашето партнерство. Малите промени што следеа во она што разговорно е познато како изменет француски предлог од 30 јуни, не ја сменија суштината на предлогот. Да го стореле тоа, Бугарија немаше да ги укине резервите за време на гласањето во Европскиот совет. На крајот на краиштата, бугарската Влада беше обврзана со условите поставени со правно обврзувачката одлука на нашиот Парламент, вели бугарскиот амбасадор.

The post Бугарија потврди дека услов да почнеме преговори е да прифатиме дека имаме заедничка историја appeared first on Република.

]]>

Услов бугарската Влада да поддржи отворање и затворање на поглавјата со Европската Унија е Македонија во целост да ги исполни одредбите од Договорот од 2017 година, во кој многу важен дел се историските прашања, вели новиот бугарски амбасадор во Вашингтон Георги Панајотов во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик. Прашан дали Бугарија ќе бара промена на историјата како услов за да ѝ дозволи на Македонија да ги отвора и затвора поглавјата во преговорите со ЕУ, Панајотов наведува дека работата на Комисија за историски и образовни прашања за сите периоди од, како што вели, нашата заедничка историја мора да заврши пред Македонија да влезе во ЕУ.
– Одлуката на нашиот Парламент утврди правно обврзувачки услови за секоја бугарска влада да го поддржи секој иден чекор во процесот на проширување, вклучително и отворање/затворање на поглавјата од acquis. Овие услови се Македонија целосно да гарантира еднакви права како на другите нејзини граѓани и на своето бугарско население, вклучително и преку релевантните уставни амандмани и целосно да ги спроведува одредбите од Договорот од 2017 година и неговите протоколи. Многу важен дел од Договорот од 2017 година е билатералната Комисија за историски и образовни прашања и нејзината работа на објективното, научно толкување на заедничката историја на двете земји. Во текот на изминатите неколку години, Комисијата постигна неколку важни препораки. Имплементацијата на овие и на сите идни препораки во двете земји е од клучно значење за надминување на штетните стари стереотипи и национални предрасуди и за изградба на иднина на заемна поддршка и разбирање. Работата на Комисијата за сите периоди од нашата заедничка историја мора да заврши пред Македонија да влезе во ЕУ и оваа заложба е дел од Протоколот од јули 2022 година, вели бугарскиот амбасадор.
Според него, штом ќе се реши историското прашање, проблемот со јазикот нема да може да го наруши односот меѓу двете држави. Малите промени во францускиот предлог, наведува амбасадорот Панајотов, не ја смениле суштината на бугарските барања, а ако тоа било случај, Бугарија немала да го тргне ветото.
-Бугарија одлучи да го поддржи првичниот предлог на Претседателството на Советот и нашиот парламент го изгласа тоа на 24 јули. Не ја донесовме оваа одлука лесно, но прифативме дека гаранциите, обезбедени со преговарачката рамка, заклучоците на Советот и билатералниот протокол, се доволни за да се компензира недостатокот на доверба и се здрава основа за обновување на нашето партнерство. Малите промени што следеа во она што разговорно е познато како изменет француски предлог од 30 јуни, не ја сменија суштината на предлогот. Да го стореле тоа, Бугарија немаше да ги укине резервите за време на гласањето во Европскиот совет. На крајот на краиштата, бугарската Влада беше обврзана со условите поставени со правно обврзувачката одлука на нашиот Парламент, вели бугарскиот амбасадор.

The post Бугарија потврди дека услов да почнеме преговори е да прифатиме дека имаме заедничка историја appeared first on Република.

]]>
Македонија и Бугарија со три договори за пријателство и никогаш полоши односи https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-i-bugarija-so-tri-dogovori-za-prijatelstvo-i-nikogash-poloshi-odnosi/ Mon, 11 Jul 2022 10:14:51 +0000 https://republika.mk/?p=526926

Македонија и Бугарија ќе бидат единствени две соседни држави во Европа, а можеби и во светот, кои во рок од две децении ќе имаат потпишано три меѓусебни договори, а ќе бидат подалеку од пријателство и добрососедство, отколку да немаа ниту еден!

И ова е резултат на кратковидоста и отсуството на суштински предвидувања и анализи на македонската страна, но пред се на историските фрустрации, желби и територијални претензии на шовинистичката бугарска политика,анализира „Пресинг ТВ“.

Во 1999 година тогашните премиери на Македонија и на Бугарија ја потпишаа заедничката декларација за добрососедство во која немаше ниту збор за историјата. Во 2017 година премиерите Заев и Борисов го потпишаа Договорот за Дбрососедство, пријателство и соработка во кој, како што покажа праксата, основен камен на сопнување беше терминот „заедничка историја“ и неговото толкување од двете страни на границата.

И еве сега, како резултат токму на бугарските сфаќања дека „заедничката историја“, всушност е само бугарска историја, Македонија се најде сардисана од Европската Унија и од САД да го прифати францускиот предлог со кој, практично, Македонија и Македонците ќе бидат принудени или на бескрајни преговори за членство во ЕУ или на отворена асимилација и бугаризација.

И мора да се признае дека за ваквата ситуација вината не може да се бара ни во ЕУ, ни во Бугарија, туку исклучиво кај власта на СДСМ и ДУИ, или подобро речено кај Зоран Заев, Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски и Бујар Османи. Зашто, од оваа временска дистанца станува повеќе од јасно дека сите до еден и на бугарската страна, и на меѓународниот фактор од ЕУ и САД им ветувале работи, што едноставно не можеле да ги исполнат! А, да биде иронијата на судбината уште поголема нивните признанија доаѓаат едно по друго и уште не еден, туку уште единаесет договори да потпишат нема да се постигне целта ни за добрососедство и пријателство со Бугарија, ни за почеток на преговори и членство во ЕУ ако за тоа не се согласат, пред се, Македонците без оглед на нивната идеолошка, партиска или било каква друга припадност.

Зашто, клучот е во терминот „заедничка историја“. И наместо со меѓународниот фактор нашата власт на СДСМ и ДУИ да работи на суштинска разврска на нејзино толкување и читање, таа продолжува да паѓа од глупост во глупост! Па, има ли поголема глупост од тоа да прифати Македонците да бидат единствен народ во светот, кој ќе се најде во ситуација самиот да се самоукине!? И сега да се прави дека не е од тука и да ги крие клучните документи од францускиот предлог вториот меѓувладин протокол и протоколите од историската комисија за постигнатата согласност за менување на учебниците и заедничко чествување на светите Кирил и Методиј, на светите Климент и Наум и за Цар Самоил!-анализира „Пресинг ТВ“.

Што се прифатил Заев може само да се претпоставува, главно во економскиот дел од соработката. Но, што ветувал во поглед на историјата стана јасно од неговото фамозно интервју за агенцијата БГНЕС во кое крајно ги наруши македонските позиции прифаќајќи дека сме ист народ и дека царска Бугарија не била фашистички окупатор, туку администратор во Вардарска Македонија!

Нешто слично се случи и со претседателот Пендаровски, кој прво изјави дека Гоце Делчев бил Бугарин, а потоа ретерираше од тој став, па Делчев стана наша црвена линија. Впрочем, самиот во интервју за Еуроњуз призна дека биле изненадени и неподготвени од инсистирањето на Бугарија околу историјата.

Ковачевски, пак, сака да ни се продаде како голем државник, а во суштина е неспособен премиер и политичар кому човек не може да му довери да води обичен куќен совет, а не, пак, Влада! Својата „љубов“ со бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков ја почна со испраќање нота до ООН, со која се објаснува значењето на новото име на државата. А, стигна до таму да не ги чествуваат заеднички светите Кирил и Методиј во Рим.

Ковачевски и Османи практично прифатиле менување на Уставот за вметнување на македонските Бугари во него, иако за тоа како Влада ниту имаат, ниту можат да имаат ингеренции. И сега топката ја префрлаат во Собранието и со просто мнозинство насилно да го протуркаат францускиот предлог, што ќе доведе до катастрофални последици.

Претседателот Пендаровски залудно се обидува да не претстави како мала и немоќна држава и народ, а вината за ситуацијата во која не доведе власта да ја префрли на ЕУ.

-Како да го задржиме ентузијазмот на граѓаните, ако од другата страна тие не испорачуваат? Да ти е срам и страв да кажеш дека си за ЕУ, ќе рече меѓу другото шефот на државата во неговото интервју за ТВ21.

А, не така. Не е ни срамно, а ни страшно да кажеш дека си за ЕУ. Напротив. Срамно и страшно е да кажеш дека си за СДСМ. Зашто, парафразирано, како што би рекол Павел Шатев, СДСМ не доведе во ситуација „поимот Македонец-„европеец“ стана синоним за мракобесник, убиец и џелат“!

И тука не помага никаква игра на зборови. А, најнова е таа околу менувањето на учебниците и реципроцитетот, што ни ја сервираат вицепремиерот Бојан Маричиќ и првиот човек на македонскиот дел од историската комисија Драги Ѓоргиев. Обајцата сакаат на невидено да ја проголтаме јадицата за тоа, какви формулации прифатиле нашите историчари за светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум и Царот Самоил. Ним човек не може да им верува ни добар ден кога велат, а не пак за нешто многу поголемо и позначајно. Историјата и идентитетот на Македонија и Македонците не може да се сведе на јадење бифтеци, телешко, школки, риби

The post Македонија и Бугарија со три договори за пријателство и никогаш полоши односи appeared first on Република.

]]>

Македонија и Бугарија ќе бидат единствени две соседни држави во Европа, а можеби и во светот, кои во рок од две децении ќе имаат потпишано три меѓусебни договори, а ќе бидат подалеку од пријателство и добрососедство, отколку да немаа ниту еден! И ова е резултат на кратковидоста и отсуството на суштински предвидувања и анализи на македонската страна, но пред се на историските фрустрации, желби и територијални претензии на шовинистичката бугарска политика,анализира „Пресинг ТВ“. Во 1999 година тогашните премиери на Македонија и на Бугарија ја потпишаа заедничката декларација за добрососедство во која немаше ниту збор за историјата. Во 2017 година премиерите Заев и Борисов го потпишаа Договорот за Дбрососедство, пријателство и соработка во кој, како што покажа праксата, основен камен на сопнување беше терминот „заедничка историја“ и неговото толкување од двете страни на границата. И еве сега, како резултат токму на бугарските сфаќања дека „заедничката историја“, всушност е само бугарска историја, Македонија се најде сардисана од Европската Унија и од САД да го прифати францускиот предлог со кој, практично, Македонија и Македонците ќе бидат принудени или на бескрајни преговори за членство во ЕУ или на отворена асимилација и бугаризација. И мора да се признае дека за ваквата ситуација вината не може да се бара ни во ЕУ, ни во Бугарија, туку исклучиво кај власта на СДСМ и ДУИ, или подобро речено кај Зоран Заев, Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски и Бујар Османи. Зашто, од оваа временска дистанца станува повеќе од јасно дека сите до еден и на бугарската страна, и на меѓународниот фактор од ЕУ и САД им ветувале работи, што едноставно не можеле да ги исполнат! А, да биде иронијата на судбината уште поголема нивните признанија доаѓаат едно по друго и уште не еден, туку уште единаесет договори да потпишат нема да се постигне целта ни за добрососедство и пријателство со Бугарија, ни за почеток на преговори и членство во ЕУ ако за тоа не се согласат, пред се, Македонците без оглед на нивната идеолошка, партиска или било каква друга припадност.
Зашто, клучот е во терминот „заедничка историја“. И наместо со меѓународниот фактор нашата власт на СДСМ и ДУИ да работи на суштинска разврска на нејзино толкување и читање, таа продолжува да паѓа од глупост во глупост! Па, има ли поголема глупост од тоа да прифати Македонците да бидат единствен народ во светот, кој ќе се најде во ситуација самиот да се самоукине!? И сега да се прави дека не е од тука и да ги крие клучните документи од францускиот предлог вториот меѓувладин протокол и протоколите од историската комисија за постигнатата согласност за менување на учебниците и заедничко чествување на светите Кирил и Методиј, на светите Климент и Наум и за Цар Самоил!-анализира „Пресинг ТВ“.
Што се прифатил Заев може само да се претпоставува, главно во економскиот дел од соработката. Но, што ветувал во поглед на историјата стана јасно од неговото фамозно интервју за агенцијата БГНЕС во кое крајно ги наруши македонските позиции прифаќајќи дека сме ист народ и дека царска Бугарија не била фашистички окупатор, туку администратор во Вардарска Македонија! Нешто слично се случи и со претседателот Пендаровски, кој прво изјави дека Гоце Делчев бил Бугарин, а потоа ретерираше од тој став, па Делчев стана наша црвена линија. Впрочем, самиот во интервју за Еуроњуз призна дека биле изненадени и неподготвени од инсистирањето на Бугарија околу историјата. Ковачевски, пак, сака да ни се продаде како голем државник, а во суштина е неспособен премиер и политичар кому човек не може да му довери да води обичен куќен совет, а не, пак, Влада! Својата „љубов“ со бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков ја почна со испраќање нота до ООН, со која се објаснува значењето на новото име на државата. А, стигна до таму да не ги чествуваат заеднички светите Кирил и Методиј во Рим. Ковачевски и Османи практично прифатиле менување на Уставот за вметнување на македонските Бугари во него, иако за тоа како Влада ниту имаат, ниту можат да имаат ингеренции. И сега топката ја префрлаат во Собранието и со просто мнозинство насилно да го протуркаат францускиот предлог, што ќе доведе до катастрофални последици. Претседателот Пендаровски залудно се обидува да не претстави како мала и немоќна држава и народ, а вината за ситуацијата во која не доведе власта да ја префрли на ЕУ.
-Како да го задржиме ентузијазмот на граѓаните, ако од другата страна тие не испорачуваат? Да ти е срам и страв да кажеш дека си за ЕУ, ќе рече меѓу другото шефот на државата во неговото интервју за ТВ21.
А, не така. Не е ни срамно, а ни страшно да кажеш дека си за ЕУ. Напротив. Срамно и страшно е да кажеш дека си за СДСМ. Зашто, парафразирано, како што би рекол Павел Шатев, СДСМ не доведе во ситуација „поимот Македонец-„европеец“ стана синоним за мракобесник, убиец и џелат“! И тука не помага никаква игра на зборови. А, најнова е таа околу менувањето на учебниците и реципроцитетот, што ни ја сервираат вицепремиерот Бојан Маричиќ и првиот човек на македонскиот дел од историската комисија Драги Ѓоргиев. Обајцата сакаат на невидено да ја проголтаме јадицата за тоа, какви формулации прифатиле нашите историчари за светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум и Царот Самоил. Ним човек не може да им верува ни добар ден кога велат, а не пак за нешто многу поголемо и позначајно. Историјата и идентитетот на Македонија и Македонците не може да се сведе на јадење бифтеци, телешко, школки, риби

The post Македонија и Бугарија со три договори за пријателство и никогаш полоши односи appeared first on Република.

]]>
Пендаровски штотуку призна дека со предлогот ќе се менува македонската историја во учебниците по желба на Бугарите https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-shtotuku-prizna-deka-so-predlogot-kje-se-menuva-makedonskata-istorija-vo-uchebnicite-po-zelba-na-bugarite/ Sat, 09 Jul 2022 08:20:26 +0000 https://republika.mk/?p=526186

Претседателот Стево Пендаровски гостувајќи во „Клик Плус“ на ТВ21, зборуваше околу договорањето на историските личности со Бугарија и потврди дека доколку нема договор, тогаш следува веднаш вето од Бугарија.

Јавноста реагира што уште еднаш се излажани, и дека за македонскиот јазик и историја не смее да се преговара.

Комисијата е составена од 7 Македонци и 7 Бугари. Ако се согласат двете страни, тие упатуваат препораки до двете Влади. Двете Влади ако се согласат пуштаат до надлежно министерство до МОН ако зборуваме за учебник, тие си наоѓаат автори. Го акцентирам зборот препорака. На крајот само авторот на учебникот носи целосна одговорност. Тие ќе ја имаа на увид. Ако Комисијата не се договори за историските личности, следува блокада, вето од Бугарија, изјави Пендаровски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-moze-da-ni-lupa-veto-za-sekoja-sitnica-ova-go-priznava-i-pendarovski/

The post Пендаровски штотуку призна дека со предлогот ќе се менува македонската историја во учебниците по желба на Бугарите appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски гостувајќи во „Клик Плус“ на ТВ21, зборуваше околу договорањето на историските личности со Бугарија и потврди дека доколку нема договор, тогаш следува веднаш вето од Бугарија. Јавноста реагира што уште еднаш се излажани, и дека за македонскиот јазик и историја не смее да се преговара.
Комисијата е составена од 7 Македонци и 7 Бугари. Ако се согласат двете страни, тие упатуваат препораки до двете Влади. Двете Влади ако се согласат пуштаат до надлежно министерство до МОН ако зборуваме за учебник, тие си наоѓаат автори. Го акцентирам зборот препорака. На крајот само авторот на учебникот носи целосна одговорност. Тие ќе ја имаа на увид. Ако Комисијата не се договори за историските личности, следува блокада, вето од Бугарија, изјави Пендаровски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-moze-da-ni-lupa-veto-za-sekoja-sitnica-ova-go-priznava-i-pendarovski/

The post Пендаровски штотуку призна дека со предлогот ќе се менува македонската историја во учебниците по желба на Бугарите appeared first on Република.

]]>
Mисајловски: И тогаш Бугарија бараше, ама ниедна претходна влада не прифати заедничка историја, само СДСМ многу брзоплето https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-i-togash-bugarija-barashe-ama-niedna-shrethodna-vlada-ne-prifati-zaednichka-istorija-samo-sdsm-mnogu-brzopleto/ Mon, 04 Jul 2022 20:09:08 +0000 https://republika.mk/?p=523862

Таму нема само членови од ВМРО-ДПМНЕ, таму има членови од сите партии и луѓе кои што се аполитични, а можеме да видиме и луѓе од бившото раководство од СДСМ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.

Повикуваме на разум, побаравме лидерска средба односно средба за да се разговара за клучните работи во овој предлог кој што не е прифатлив за нас. граѓаните се револтирани затоа што ова се прави под маса, многу брзо и нетранспарентно. Поминуваат толку денови а не можеме да го видиме протоколот, што ќе има внатре. Граѓаните не знаат и не веруваат во институциите, и за жал можеме да видиме дека народот е изневерен и ова не може туку така брзо да се прави. Овие консултации требаше да бидат подолго време и да слушнат сите граѓани, а не само да направат една чек листа дека ги поминале сите политички партии или експерти. Ова се многу сериозни прашања и затоа вчера претседателот Мицкоски понуди рака повторно да седнеме и да разговараме за неколку работи бидејќи не може Македонија да го прифати ова, бидејќи влегуваме во слепа улица, истакна Мисајловски.

Потпретседателот Мисајловски изјави дека кога бил државен секретар во Министерството за надворешни работи бил дел од преговарачки процес, но како што нагласи тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ не прифатила ниту едно од барањата од страна на Бугарија, за заедничка историја, македонскиот јазик, како и дека барала реципроцитет, она што важи за Македонија, да важи и за Бугарија, додавајќи дека не може само Македонија да има обврски, потенцирајќи дека владата на СДСМ веднаш ги прифатила овие барања од страна на Бугарија.

Јас лично бев дел од преговарачкиот тим кога се преговараше овој договор, тогаш бев државен секретар во Министерство за надворешни работи. Но што беше спорно тогаш, а што е спорно денес. Три работи беа спорни. Прво, заедничката историја, значи ниту тогашната ниту претходната влада не го прифати тоа барање на Бугарија да имаме заедничка историја. Многу брзоплето потоа се прифати од страна на Владата на СДСМ, потенцираше Мисајловски.

Втора работа, што е многу важна, вели тој, е што баравме реципроцитет.

Како што се однесува за нив, така да се однесува за нас. Не може само Македонија да има обврски. И тогаш и тоа не се договори. А потоа владата на СДСМ веднаш го прифати. Исто така многу важно што го бараа е македонскиот јазик како што сега го бараат и како што стои во овие документи, истото го бараа и во договорот за добрососедство и претходно. И тоа беше една од главните работи и причини што ние како ВМРО-ДПМНЕ не го прифативме тој документи, рече тој.

Според Мисајловски, францускиот предлог не значи почеток на преговори за разлика од Албанија која после меѓувладината конференција ќе ги започне преговорите, бидејќи не е условена како што е условена Македонија да исполни задолжителни обврски како што е отворање на македонскиот Устав.

Ова не отворање на преговорите како за Албанија која што веднаш ќе ги почне веднаш по состанокот, туку Македонија има обврска да го смени Уставот. И тоа е задолжителна обврска, и тоа е клучна разлика, нагласи тој.

The post Mисајловски: И тогаш Бугарија бараше, ама ниедна претходна влада не прифати заедничка историја, само СДСМ многу брзоплето appeared first on Република.

Кого прашале? Никој од нас не се согласил дека имаме заедничка историја, вели проф. д-р Симона Груевскa-Маџоска https://republika.mk/vesti/makedonija/kogo-prashale-nikoj-od-nas-ne-se-soglasil-deka-imame-zaednichka-istorija-veli-prof-d-r-simona-gruevska-madzoska/ Wed, 02 Feb 2022 11:17:38 +0000 https://republika.mk/?p=452915

Не гледам дека бугарската страна прави некаков компромис, нивниот став е цврст, укажавме на тоа. Потпишано е дека имаме заедничка историја, тоа е веќе потпишано, никого не прашале, никој од нас не се согласил дека имаме заедничка историја, вели проф. д-р Симона Груевскa-Маџоска од институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ во најновото издание на „Трилинг“, зборубајќи за односите на Македонија со Бугарија.

Гледаме од другата страна дека нашиот јазик е измислен во 1945 година. Тоа не е точно. Нема признавање на македонскиот јазик, кај нив излезе политички панфлет во кој стои дека нашиот јазик е книжевна форма на бугарскиот јазик. Македонскиот и бугарскиот се сродни јазици, како најјужни, имаат најмногу сличности. Нема реска граница како меѓу јазици кои се несродни, вели Груевскa-Маџоска .

https://youtu.be/H_hJkZE4Ywk

The post Кого прашале? Никој од нас не се согласил дека имаме заедничка историја, вели проф. д-р Симона Груевскa-Маџоска appeared first on Република.

Бучковски за БНТ тврди дека прашањето за „заедничката историја“ ќе мора да се продолжи https://republika.mk/vesti/makedonija/buchkovski-za-bnt-tvrdi-deka-prashanjeto-za-zaednichkata-istorija-kje-mora-da-se-prodolzi/ Sun, 16 Jan 2022 18:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=445426

Во програмата „Зборувај сега“ на БНТ, поранешниот преговарач на македонската Влада Владо Бучковски коментира дека сè уште верува дека клучот за напредок меѓу Бугарија и Македонија е договорот од 2017 година.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Бучковски, изјаснувањето на претходниот бугарски парламент предизвикало проблеми во односите меѓу двете земји, од друга страна, Бугарија смета дека Македонија не го исполнува договорот. Но, Скопје смета дека декларацијата не може да има поголема вредност од договорот, бидејќи е ратификувана од парламентите на двете земји.

Во однос на инфраструктурата, според Бучковски, Скопје има направено двојно повеќе од Софија, давајќи пример со финансирањето на пругата до Крива Паланка за која се обезбедени 400 милиони евра. Потоа, за 45 минути помалку патување од Скопје до Софија по патот од Ранковце до Крива Паланка, а делот од Крива Паланка до Деве Баир ќе биде готов до крајот на 2022 година. Истовремено, вели тој, треба да се направи поврзување и со автопат до Штип, кој преку Делчево и Благоеврад треба да има врска со Бугарија.

Според него, ниту еден од македонските Бугари не му сигнализирал на Народниот правобранител на Македонија или на Комисијата за дискриминација дека неговите права се ограничени на национална основа. За да се смени Уставот на Македонија и во него да се вклучат Бугарите, појаснува дека мора да има 2/3 или 81 пратеник. Опозицијата во македонскиот парламент, претставувана од ВМРО-ДПМНЕ, се противи на ова да се случи, но истовремено сигнализира дека сака реципроцитет и покрај тоа што бугарскиот Устав нема таков елемент. Прашањето за човековите права и заедничката историја што ги обединува народите преку заеднички личности ќе мора да се продолжи, бидејќи тоа е напишано во Договорот.

Бучковски во интервјуто им се обрати на бугарските граѓани, прашувајќи ги каков е ефектот од блокадата на Македонија и дали Бугарија ја постигнала целта или го зголемила нивото на говор на омраза, а одговорот според него бил вториот.

Решението е во Договорот, двете влади мора да ја вратат довербата. Проблемот беше што во Бугарија немаше влада осум месеци, додаде Бучковски, што според него влијаело и на севкупната динамика на барање решение за проблемот.

За поранешниот македонски преговарач клучно е прашањето, зошто блокадата дојде од бугарска страна, што била голема енигма за него.

The post Бучковски за БНТ тврди дека прашањето за „заедничката историја“ ќе мора да се продолжи appeared first on Република.

]]>

Во програмата „Зборувај сега“ на БНТ, поранешниот преговарач на македонската Влада Владо Бучковски коментира дека сè уште верува дека клучот за напредок меѓу Бугарија и Македонија е договорот од 2017 година. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Бучковски, изјаснувањето на претходниот бугарски парламент предизвикало проблеми во односите меѓу двете земји, од друга страна, Бугарија смета дека Македонија не го исполнува договорот. Но, Скопје смета дека декларацијата не може да има поголема вредност од договорот, бидејќи е ратификувана од парламентите на двете земји. Во однос на инфраструктурата, според Бучковски, Скопје има направено двојно повеќе од Софија, давајќи пример со финансирањето на пругата до Крива Паланка за која се обезбедени 400 милиони евра. Потоа, за 45 минути помалку патување од Скопје до Софија по патот од Ранковце до Крива Паланка, а делот од Крива Паланка до Деве Баир ќе биде готов до крајот на 2022 година. Истовремено, вели тој, треба да се направи поврзување и со автопат до Штип, кој преку Делчево и Благоеврад треба да има врска со Бугарија. Според него, ниту еден од македонските Бугари не му сигнализирал на Народниот правобранител на Македонија или на Комисијата за дискриминација дека неговите права се ограничени на национална основа. За да се смени Уставот на Македонија и во него да се вклучат Бугарите, појаснува дека мора да има 2/3 или 81 пратеник. Опозицијата во македонскиот парламент, претставувана од ВМРО-ДПМНЕ, се противи на ова да се случи, но истовремено сигнализира дека сака реципроцитет и покрај тоа што бугарскиот Устав нема таков елемент. Прашањето за човековите права и заедничката историја што ги обединува народите преку заеднички личности ќе мора да се продолжи, бидејќи тоа е напишано во Договорот. Бучковски во интервјуто им се обрати на бугарските граѓани, прашувајќи ги каков е ефектот од блокадата на Македонија и дали Бугарија ја постигнала целта или го зголемила нивото на говор на омраза, а одговорот според него бил вториот.