Македонија и Бугарија ќе бидат единствени две соседни држави во Европа, а можеби и во светот, кои во рок од две децении ќе имаат потпишано три меѓусебни договори, а ќе бидат подалеку од пријателство и добрососедство, отколку да немаа ниту еден!

И ова е резултат на кратковидоста и отсуството на суштински предвидувања и анализи на македонската страна, но пред се на историските фрустрации, желби и територијални претензии на шовинистичката бугарска политика,анализира „Пресинг ТВ“.

Во 1999 година тогашните премиери на Македонија и на Бугарија ја потпишаа заедничката декларација за добрососедство во која немаше ниту збор за историјата. Во 2017 година премиерите Заев и Борисов го потпишаа Договорот за Дбрососедство, пријателство и соработка во кој, како што покажа праксата, основен камен на сопнување беше терминот „заедничка историја“ и неговото толкување од двете страни на границата.

И еве сега, како резултат токму на бугарските сфаќања дека „заедничката историја“, всушност е само бугарска историја, Македонија се најде сардисана од Европската Унија и од САД да го прифати францускиот предлог со кој, практично, Македонија и Македонците ќе бидат принудени или на бескрајни преговори за членство во ЕУ или на отворена асимилација и бугаризација.

И мора да се признае дека за ваквата ситуација вината не може да се бара ни во ЕУ, ни во Бугарија, туку исклучиво кај власта на СДСМ и ДУИ, или подобро речено кај Зоран Заев, Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски и Бујар Османи. Зашто, од оваа временска дистанца станува повеќе од јасно дека сите до еден и на бугарската страна, и на меѓународниот фактор од ЕУ и САД им ветувале работи, што едноставно не можеле да ги исполнат! А, да биде иронијата на судбината уште поголема нивните признанија доаѓаат едно по друго и уште не еден, туку уште единаесет договори да потпишат нема да се постигне целта ни за добрососедство и пријателство со Бугарија, ни за почеток на преговори и членство во ЕУ ако за тоа не се согласат, пред се, Македонците без оглед на нивната идеолошка, партиска или било каква друга припадност.

Зашто, клучот е во терминот „заедничка историја“. И наместо со меѓународниот фактор нашата власт на СДСМ и ДУИ да работи на суштинска разврска на нејзино толкување и читање, таа продолжува да паѓа од глупост во глупост! Па, има ли поголема глупост од тоа да прифати Македонците да бидат единствен народ во светот, кој ќе се најде во ситуација самиот да се самоукине!? И сега да се прави дека не е од тука и да ги крие клучните документи од францускиот предлог вториот меѓувладин протокол и протоколите од историската комисија за постигнатата согласност за менување на учебниците и заедничко чествување на светите Кирил и Методиј, на светите Климент и Наум и за Цар Самоил!-анализира „Пресинг ТВ“.

Што се прифатил Заев може само да се претпоставува, главно во економскиот дел од соработката. Но, што ветувал во поглед на историјата стана јасно од неговото фамозно интервју за агенцијата БГНЕС во кое крајно ги наруши македонските позиции прифаќајќи дека сме ист народ и дека царска Бугарија не била фашистички окупатор, туку администратор во Вардарска Македонија!

Нешто слично се случи и со претседателот Пендаровски, кој прво изјави дека Гоце Делчев бил Бугарин, а потоа ретерираше од тој став, па Делчев стана наша црвена линија. Впрочем, самиот во интервју за Еуроњуз призна дека биле изненадени и неподготвени од инсистирањето на Бугарија околу историјата.

Ковачевски, пак, сака да ни се продаде како голем државник, а во суштина е неспособен премиер и политичар кому човек не може да му довери да води обичен куќен совет, а не, пак, Влада! Својата „љубов“ со бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков ја почна со испраќање нота до ООН, со која се објаснува значењето на новото име на државата. А, стигна до таму да не ги чествуваат заеднички светите Кирил и Методиј во Рим.

Ковачевски и Османи практично прифатиле менување на Уставот за вметнување на македонските Бугари во него, иако за тоа како Влада ниту имаат, ниту можат да имаат ингеренции. И сега топката ја префрлаат во Собранието и со просто мнозинство насилно да го протуркаат францускиот предлог, што ќе доведе до катастрофални последици.

Претседателот Пендаровски залудно се обидува да не претстави како мала и немоќна држава и народ, а вината за ситуацијата во која не доведе власта да ја префрли на ЕУ.

-Како да го задржиме ентузијазмот на граѓаните, ако од другата страна тие не испорачуваат? Да ти е срам и страв да кажеш дека си за ЕУ, ќе рече меѓу другото шефот на државата во неговото интервју за ТВ21.

А, не така. Не е ни срамно, а ни страшно да кажеш дека си за ЕУ. Напротив. Срамно и страшно е да кажеш дека си за СДСМ. Зашто, парафразирано, како што би рекол Павел Шатев, СДСМ не доведе во ситуација „поимот Македонец-„европеец“ стана синоним за мракобесник, убиец и џелат“!

И тука не помага никаква игра на зборови. А, најнова е таа околу менувањето на учебниците и реципроцитетот, што ни ја сервираат вицепремиерот Бојан Маричиќ и првиот човек на македонскиот дел од историската комисија Драги Ѓоргиев. Обајцата сакаат на невидено да ја проголтаме јадицата за тоа, какви формулации прифатиле нашите историчари за светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум и Царот Самоил. Ним човек не може да им верува ни добар ден кога велат, а не пак за нешто многу поголемо и позначајно. Историјата и идентитетот на Македонија и Македонците не може да се сведе на јадење бифтеци, телешко, школки, риби



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.