врска Archives - Република https://republika.mk/tema/vrska/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 13:51:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png врска Archives - Република https://republika.mk/tema/vrska/ 32 32 Особините на вљубен маж https://republika.mk/zivot/osobinite-na-vluben-mazh/ Sun, 03 Nov 2024 14:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=833729

Секој може да каже што жената сака да го слушне, но само некој што го мисли тоа што го кажува ќе ги поткрепи своите зборови со дела.

Занимливото кај љубовта е тоа што сите ние комуницираме и ја примаме на свој единствен начин. Но, според терапевтот за личен развој, Џејмс Мајкл Сама од САД, постојат шест знаци дека мажот е вљубен во жена од самиот почеток на врската.

Ја вклучува во секој дел од неговиот живот

Кога маж сака една жена, тој сака да таа да дел од неговиот живот и да ја внесе во кругот на своето семејство и пријатели. Запознавањето со родителите е голем чекор во врската, а добриот однос со нив може да доведе до посреќна врска. Тој сака тие да ја сакаат неговата избраничка и таа да ги сака нив. Тој, уште повеќе, сака таа да биде негова поддршка и да ја вклучи во важни настани и пресвртници во животот, објави порталот „Кликс“.

Се обидува „да даде“ повеќе отколку што „зема“

Вистинската љубов е давање и придонес во животот на партнерот. Човекот кој Ве сака, ќе Ви го покаже тоа на најдобар начин. Тој ќе се грижи за жената, ќе ја почитува, ќе ја сослуша и ќе ја сака. Паровите кои меѓусебно се почитуваат, забележуваат поголемо задоволство во врската, според истражување на Универзитетот „Дејвис“ во Калифорнија.

Тој нема да Ви ја троши енергијата или да Ве натера да се чувствувате дека давањето е само еднострано. Кај одличните односи не се работи за давање и земање, туку за - давање!, нагласи Сама.

Нема „јас“ - само „ние“

Бевте двајца луѓе, но сега сте тим. Кога мажот е заљубен, ќе ја гледа жената како дел од себе. Ова вклучува заедничко одење на некој настан, разговор за одмор или заедничко планирање за иднината. Каде што оди, тој сака да оди и таа - и обратно. Тоа веќе не е само твој живот, тоа е заеднички живот.

Тој навистина слуша

Мажот кој сака една жена, сака ѝ посвети внимание. Тој ќе забележи и ситници што никој друг не ги гледа. Ќе научи што ја прави среќна, тажна или лута. Овие сознанија ќе му помогне да ја сака повеќе, и ги покажува сите мали детаљи што му се допаѓаат кај неа.

Нејзината среќа е негова среќа

Кога мажот навистина Ве сака, тој ја споделува Вашата среќа и Ви ја дава својата сила за да Ви ја олесни болката. Да се ​​биде вљубен значи да се биде соиграч кој секогаш го поддржува другиот. Така, еден од големите знаци на вистинска љубов е она кога мажот сака да Ве види среќна и ќе се потруди да го оствари тоа. Љубовта значи да се стави среќата на таа личност на прво место, нагласува терапевтот.

Тој е тука за Вас, дури и кога се чувствувате лошо

Животот не е секогаш „розов“ и убав. Секој може да остане покрај жената во добри денови, но вистинскиот тест на неговата љубов ќе биде во лошите денови. Ќе има предизвици, загуби и неуспеси, но вистинскиот маж ќе биде до неа кога ѝ треба заштита, зад неа кога ѝ треба поддршка и покрај неа кога ѝ треба партнер. Поддршката е една од клучните работи во која било врска.

The post Особините на вљубен маж appeared first on Република.

]]>

Секој може да каже што жената сака да го слушне, но само некој што го мисли тоа што го кажува ќе ги поткрепи своите зборови со дела. Занимливото кај љубовта е тоа што сите ние комуницираме и ја примаме на свој единствен начин. Но, според терапевтот за личен развој, Џејмс Мајкл Сама од САД, постојат шест знаци дека мажот е вљубен во жена од самиот почеток на врската.

Ја вклучува во секој дел од неговиот живот

Кога маж сака една жена, тој сака да таа да дел од неговиот живот и да ја внесе во кругот на своето семејство и пријатели. Запознавањето со родителите е голем чекор во врската, а добриот однос со нив може да доведе до посреќна врска. Тој сака тие да ја сакаат неговата избраничка и таа да ги сака нив. Тој, уште повеќе, сака таа да биде негова поддршка и да ја вклучи во важни настани и пресвртници во животот, објави порталот „Кликс“.

Се обидува „да даде“ повеќе отколку што „зема“

Вистинската љубов е давање и придонес во животот на партнерот. Човекот кој Ве сака, ќе Ви го покаже тоа на најдобар начин. Тој ќе се грижи за жената, ќе ја почитува, ќе ја сослуша и ќе ја сака. Паровите кои меѓусебно се почитуваат, забележуваат поголемо задоволство во врската, според истражување на Универзитетот „Дејвис“ во Калифорнија.
Тој нема да Ви ја троши енергијата или да Ве натера да се чувствувате дека давањето е само еднострано. Кај одличните односи не се работи за давање и земање, туку за - давање!, нагласи Сама.

Нема „јас“ - само „ние“

Бевте двајца луѓе, но сега сте тим. Кога мажот е заљубен, ќе ја гледа жената како дел од себе. Ова вклучува заедничко одење на некој настан, разговор за одмор или заедничко планирање за иднината. Каде што оди, тој сака да оди и таа - и обратно. Тоа веќе не е само твој живот, тоа е заеднички живот.

Тој навистина слуша

Мажот кој сака една жена, сака ѝ посвети внимание. Тој ќе забележи и ситници што никој друг не ги гледа. Ќе научи што ја прави среќна, тажна или лута. Овие сознанија ќе му помогне да ја сака повеќе, и ги покажува сите мали детаљи што му се допаѓаат кај неа.

Нејзината среќа е негова среќа

Кога мажот навистина Ве сака, тој ја споделува Вашата среќа и Ви ја дава својата сила за да Ви ја олесни болката. Да се ​​биде вљубен значи да се биде соиграч кој секогаш го поддржува другиот. Така, еден од големите знаци на вистинска љубов е она кога мажот сака да Ве види среќна и ќе се потруди да го оствари тоа. Љубовта значи да се стави среќата на таа личност на прво место, нагласува терапевтот.

Тој е тука за Вас, дури и кога се чувствувате лошо

Животот не е секогаш „розов“ и убав. Секој може да остане покрај жената во добри денови, но вистинскиот тест на неговата љубов ќе биде во лошите денови. Ќе има предизвици, загуби и неуспеси, но вистинскиот маж ќе биде до неа кога ѝ треба заштита, зад неа кога ѝ треба поддршка и покрај неа кога ѝ треба партнер. Поддршката е една од клучните работи во која било врска.

The post Особините на вљубен маж appeared first on Република.

]]>
Ова се советите за квалитетна врска https://republika.mk/zivot/semejstvo/ova-se-sovetite-za-kvalitena-vrska/ Mon, 21 Oct 2024 14:04:54 +0000 https://republika.mk/?p=829402

Љубовта или поточно заљубеноста првично доаѓа со „заслепеност“, а тоа, пак, за жал, понекогаш нè води на погрешен пат. Многумина се нашле во случаи кога, откако првично се заљубиле, потоа сфаќаат дека се работи за лош избор и погрешна љубовна врска.

Во такви мигови, важно е да се препознаат знаците и признаците што укажуваат дека се губи драгоцено време. Такви се изговорите како „ќе ти се јавам подоцна“ или „премногу сум уморен /-а за да зборувам“, на пр., што стануваат вообичаени... Иако сите имаме обврски, важно е партнерот да се чувствува ценет и важен во врската. Ако се чувствуваме запоставено, треба да размислиме колку таквата врска ги исполнува нашите емоционални потреби, објави „Кликс“.

Комуникацијата е клучот за здрава врска. Ако забележите дека партнерот или партнерката ве избегнува или не ги споделува неговите  ејзините чувства, тоа може да значи дека нешто не е в ред.

Во такви случаи, важно е да има прашања и објаснување. Ако вашиот партнер одговори со на пр. - „Отсекогаш сум бил таков/таква“, размислете колку вреди да вложувате со некој што не е доволно отворен за разговор, советуваат стручњаците.

И ако постојано мора да бараме од партнерот да ни даде време (за размислување), секако - може да биде сериозен предупредувачки знак за лоша врска.

Следен знак дека сте во погрешна врска може да биде и комуникацијата - ако таа се одвива само кога вашиот партнер е добро расположен. Ако постојано чекате да му/ѝ се промени расположението пред да може да разговарате, тоа се чини, сериозно укажува дека врската нема здрава и цврста основа. Ако мора да се чека за нешто со денови или недели, преиспитајте го вашиот избор.

Препознавањето на клучните знаци може да биде тешко, но е од битно значење за емоционалната благосостојба. Ако врската не ги исполнува основните критериуми, веројатно „нешто чкрипи“ и време е и да се размисли за иднината и секој да го побара она што навистина го заслужува. Здравата врска треба да биде урамнотежена, а не водена од емоционални бури

The post Ова се советите за квалитетна врска appeared first on Република.

]]>

Љубовта или поточно заљубеноста првично доаѓа со „заслепеност“, а тоа, пак, за жал, понекогаш нè води на погрешен пат. Многумина се нашле во случаи кога, откако првично се заљубиле, потоа сфаќаат дека се работи за лош избор и погрешна љубовна врска. Во такви мигови, важно е да се препознаат знаците и признаците што укажуваат дека се губи драгоцено време. Такви се изговорите како „ќе ти се јавам подоцна“ или „премногу сум уморен /-а за да зборувам“, на пр., што стануваат вообичаени... Иако сите имаме обврски, важно е партнерот да се чувствува ценет и важен во врската. Ако се чувствуваме запоставено, треба да размислиме колку таквата врска ги исполнува нашите емоционални потреби, објави „Кликс“. Комуникацијата е клучот за здрава врска. Ако забележите дека партнерот или партнерката ве избегнува или не ги споделува неговите  ејзините чувства, тоа може да значи дека нешто не е в ред.
Во такви случаи, важно е да има прашања и објаснување. Ако вашиот партнер одговори со на пр. - „Отсекогаш сум бил таков/таква“, размислете колку вреди да вложувате со некој што не е доволно отворен за разговор, советуваат стручњаците.
И ако постојано мора да бараме од партнерот да ни даде време (за размислување), секако - може да биде сериозен предупредувачки знак за лоша врска. Следен знак дека сте во погрешна врска може да биде и комуникацијата - ако таа се одвива само кога вашиот партнер е добро расположен. Ако постојано чекате да му/ѝ се промени расположението пред да може да разговарате, тоа се чини, сериозно укажува дека врската нема здрава и цврста основа. Ако мора да се чека за нешто со денови или недели, преиспитајте го вашиот избор. Препознавањето на клучните знаци може да биде тешко, но е од битно значење за емоционалната благосостојба. Ако врската не ги исполнува основните критериуми, веројатно „нешто чкрипи“ и време е и да се размисли за иднината и секој да го побара она што навистина го заслужува. Здравата врска треба да биде урамнотежена, а не водена од емоционални бури

The post Ова се советите за квалитетна врска appeared first on Република.

]]>
Вака мажите најчесто ја уништуваат својата жена https://republika.mk/zivot/psihologija/vaka-mazhite-najchesto-ja-unishtuvaat-svojata-zhena/ Fri, 28 Jul 2023 20:37:20 +0000 https://republika.mk/?p=666461

Познат брачен терапевт ги објаснува причините за распаѓањето на браковите, кои најчесто ги среќавал во пракса. Еве како жените и мажите си ги уништуваат браковите…

1. Љубовта меѓу мажот и жената обично започнува со вљубеност која никогаш не се претвора во љубов.

2. Мажот ја напушта жената тогаш кога ќе сфати дека веќе не ја сака.

3. Мажот ја напушта жената бидејќи е тип на „патолошки Дон Жуан“ (заводник) кој ги менува жените, несвесно одмаздувајќи им се, најчесто од комплекси поради мајката, поради разни трауматични случувања од детството.

4. Повеќевековниот патријархален тип на жена има една основна цел: да се омажи и да има деца. Сложените и значајни еротско-сексуални страни на брачните односи се занемаруваат.

5. По неколку години брак со деца, жената или комплетно одбива сексуални односи или мрзоволно ги извршува без лично учество.

6. Природното посветување поголемо внимание на новороденото дете од страна на жената во првата година или две, се претвора во понатамошно долгогодишно давање предност на детето во однос на мажот. Мажите стануваат љубоморни на децата, па така бараат поповолна партнерка за брачна или вонбрачна врска.

7. „Кастрирачкиот тип на жена“, слично на машкиот Дон Жуан, несвесно му се одмаздува на мажот така што го уценува или го одбива или глуми во односите во бракот. Слично на одмаздољубивиот маж, и овој тип на жена несвесно му се одмаздува на својот татко поради трауматични случувања од детството.

8. Женското либидо е послабо од машката сексуална желба, пократкотрајно е и во најдобар случај трае до климактериумот. Потоа, почнува да преовладува машкиот хормон и тоа доведува до промени во однесувањето на жената.

9. Постои, поретко, за среќа, трет тип на жени за кои секој полов чин е нешто ужасно, срамно и одвратно. Ваквата жена, и кога го крие тоа од мажот, не е во состојба подолго време да го крие овој недостаток.

10. Постојат тип на жени што сакаат да доминираат во бракот, и тоа на повеќе начини. Кога мажот посериозно ќе му се спротивстави на ваквото однесување на жената, а таа не може да ја промени оваа особина, тој ја напушта.

11. Од разни причини, неуспешниот прв брак (особено ако се случил рано), се заменува со успешен и долготраен втор брак. Мажот или жената што созреале, стануваат успешни индивидуи, па бараат позрел партнер во вториот брак. Доколку жената не созреала за време на бракот, а мажот созреал и обратно, зрелиот партнер веќе нема потреба за симбиоза, па оттука доаѓа до разделба или развод.

The post Вака мажите најчесто ја уништуваат својата жена appeared first on Република.

]]>

Познат брачен терапевт ги објаснува причините за распаѓањето на браковите, кои најчесто ги среќавал во пракса. Еве како жените и мажите си ги уништуваат браковите… 1. Љубовта меѓу мажот и жената обично започнува со вљубеност која никогаш не се претвора во љубов. 2. Мажот ја напушта жената тогаш кога ќе сфати дека веќе не ја сака. 3. Мажот ја напушта жената бидејќи е тип на „патолошки Дон Жуан“ (заводник) кој ги менува жените, несвесно одмаздувајќи им се, најчесто од комплекси поради мајката, поради разни трауматични случувања од детството. 4. Повеќевековниот патријархален тип на жена има една основна цел: да се омажи и да има деца. Сложените и значајни еротско-сексуални страни на брачните односи се занемаруваат. 5. По неколку години брак со деца, жената или комплетно одбива сексуални односи или мрзоволно ги извршува без лично учество. 6. Природното посветување поголемо внимание на новороденото дете од страна на жената во првата година или две, се претвора во понатамошно долгогодишно давање предност на детето во однос на мажот. Мажите стануваат љубоморни на децата, па така бараат поповолна партнерка за брачна или вонбрачна врска. 7. „Кастрирачкиот тип на жена“, слично на машкиот Дон Жуан, несвесно му се одмаздува на мажот така што го уценува или го одбива или глуми во односите во бракот. Слично на одмаздољубивиот маж, и овој тип на жена несвесно му се одмаздува на својот татко поради трауматични случувања од детството. 8. Женското либидо е послабо од машката сексуална желба, пократкотрајно е и во најдобар случај трае до климактериумот. Потоа, почнува да преовладува машкиот хормон и тоа доведува до промени во однесувањето на жената. 9. Постои, поретко, за среќа, трет тип на жени за кои секој полов чин е нешто ужасно, срамно и одвратно. Ваквата жена, и кога го крие тоа од мажот, не е во состојба подолго време да го крие овој недостаток. 10. Постојат тип на жени што сакаат да доминираат во бракот, и тоа на повеќе начини. Кога мажот посериозно ќе му се спротивстави на ваквото однесување на жената, а таа не може да ја промени оваа особина, тој ја напушта. 11. Од разни причини, неуспешниот прв брак (особено ако се случил рано), се заменува со успешен и долготраен втор брак. Мажот или жената што созреале, стануваат успешни индивидуи, па бараат позрел партнер во вториот брак. Доколку жената не созреала за време на бракот, а мажот созреал и обратно, зрелиот партнер веќе нема потреба за симбиоза, па оттука доаѓа до разделба или развод.

The post Вака мажите најчесто ја уништуваат својата жена appeared first on Република.

]]>
Пет показатели дека кон партнерот во врската се однесувате како мајка, а не како партнерка https://republika.mk/zivot/semejstvo/pet-pokazateli-deka-kon-partnerot-vo-vrskata-se-odnesuvate-kako-majka-a-ne-kako-partnerka/ Fri, 19 May 2023 19:43:40 +0000 https://republika.mk/?p=642807

Кога се во врска, многу луѓе до тој степен се грижат за партнерот што во еден момент таквиот однос преминува во контролирање, односно повеќе наликува на грижа на родител за дете.

ТПостои тенка граница што треба да се премине за да се развие ваков однос, а ова се пет ситуации кои покажуваат дека во врската се однесувате повеќе како родител, а помалку како партнер.

Притоа, мора да се истакне дека вината за ваквата поставеност на работите во врската често лежи во партнерот бидејќи влече навики и шема на однесување од детството кога за него сѐ правела мама.

Караници без решение

Расправањето и карањето се составен дел на секоја врска. Но важно е успешно да ги решите. Ако завршат безуспешно, само ќе чувствувате лутина и гнев. Сетете се само како изгледаа вашите караници со родителите додека бевте деца. Караниците со партнерот треба да бидат, всушност, спротивни на тие со родителите бидејќи вашите улоги се рамноправни.

Чистење зад партнерот

Да го следите партнерот во чекор и да чистите зад него навистина нема смисла. Дали станува збор за трошки храна или за купишта облека на подот, партнерот треба да биде свесен дека е тој оној што треба да расчисти зад себе. За посреќна врска доволно е само рамноправно да ги поделите домашните обврски.

Барање изговори

Нормално е дека вашиот партнер сакате да го видите во најдобро светло и дека сакате да браните некои негови одлуки, но постојаната потреба за создавање изговори и барањето оправдувања за неговото лошо однесување кое трае веќе подолго време, нема да ја направи вашата врска поуспешна. Нема потреба за мајчинска заштита, туку поттикнете го својот партнер да ја прифати одговорноста за своето однесување.

Целосно контролирање

Некои луѓе едноставно имаат контролирачки способности. Но ако го контролирате секој сегмент од врската и немате доверба во својот партнер, тогаш настанува проблем. Важно е двата партнери да ја сфатат состојбата во врската и да сакаат да се променат затоа што ако не му допуштате на партнерот да донесе некои одлуки, тоа може многу лошо да влијае на вашиот однос и на вашата иднина.

Постојано приговарање

Никој не сака приговарање без престан, а посебно личноста што мора постојано тоа да го слуша. Можеби ви се чини дека тоа е единствен начин да допрете до партнерот кој се однесува како дете, но конструктивниот разговор меѓу две возрасни лица и тоа како е можен ако се потрудите и двајцата.

The post Пет показатели дека кон партнерот во врската се однесувате како мајка, а не како партнерка appeared first on Република.

]]>

Кога се во врска, многу луѓе до тој степен се грижат за партнерот што во еден момент таквиот однос преминува во контролирање, односно повеќе наликува на грижа на родител за дете. ТПостои тенка граница што треба да се премине за да се развие ваков однос, а ова се пет ситуации кои покажуваат дека во врската се однесувате повеќе како родител, а помалку како партнер. Притоа, мора да се истакне дека вината за ваквата поставеност на работите во врската често лежи во партнерот бидејќи влече навики и шема на однесување од детството кога за него сѐ правела мама.

Караници без решение

Расправањето и карањето се составен дел на секоја врска. Но важно е успешно да ги решите. Ако завршат безуспешно, само ќе чувствувате лутина и гнев. Сетете се само како изгледаа вашите караници со родителите додека бевте деца. Караниците со партнерот треба да бидат, всушност, спротивни на тие со родителите бидејќи вашите улоги се рамноправни.

Чистење зад партнерот

Да го следите партнерот во чекор и да чистите зад него навистина нема смисла. Дали станува збор за трошки храна или за купишта облека на подот, партнерот треба да биде свесен дека е тој оној што треба да расчисти зад себе. За посреќна врска доволно е само рамноправно да ги поделите домашните обврски.

Барање изговори

Нормално е дека вашиот партнер сакате да го видите во најдобро светло и дека сакате да браните некои негови одлуки, но постојаната потреба за создавање изговори и барањето оправдувања за неговото лошо однесување кое трае веќе подолго време, нема да ја направи вашата врска поуспешна. Нема потреба за мајчинска заштита, туку поттикнете го својот партнер да ја прифати одговорноста за своето однесување.

Целосно контролирање

Некои луѓе едноставно имаат контролирачки способности. Но ако го контролирате секој сегмент од врската и немате доверба во својот партнер, тогаш настанува проблем. Важно е двата партнери да ја сфатат состојбата во врската и да сакаат да се променат затоа што ако не му допуштате на партнерот да донесе некои одлуки, тоа може многу лошо да влијае на вашиот однос и на вашата иднина.

Постојано приговарање

Никој не сака приговарање без престан, а посебно личноста што мора постојано тоа да го слуша. Можеби ви се чини дека тоа е единствен начин да допрете до партнерот кој се однесува како дете, но конструктивниот разговор меѓу две возрасни лица и тоа како е можен ако се потрудите и двајцата.

The post Пет показатели дека кон партнерот во врската се однесувате како мајка, а не како партнерка appeared first on Република.

]]>
Сексот со него не се заборава, но… https://republika.mk/intima/seksot-so-nego-ne-se-zaborava-no-2/ Fri, 23 Dec 2022 22:48:13 +0000 https://republika.mk/?p=591132

Девојка (21), која сакала да остане анонимна, спиела со пријателот на нејзиниот татко, кој наскоро ќе наполни 50 години. Тој исто така е татко на нејзината другарка, па тоа е многу проблематична ситуација.

Сексуалниот однос помеѓу нив се случил, како што кажува таа, по 21-от роденден на другарката, односно неговата ќерка.

Тој е разведен така што не можеме да кажеме дека станува збор за изневерување, но се грижам како мојот татко и другарка ми би реагирале кога ќе дознаат за нас двајца. По забавата уште неколку пати се допишувавме и тој сака повторно да ме види. Навистина ми се допаѓа и можам да се замислам во врска со него, но чувствувам дека тоа би било лоша идеја, објаснила девојката во писмото кое ѝ го испратила на советничката Колин Ноал.

За сексот со таткото на една од другарките, им признав на неколку другарки, кои се згрозени, но само затоа што е „стар“. Сепак, верувале или не, тој всушност е добра личност и не ме познава од раѓање. Татко ми го запозна пред три години кога се преселивме во нивното соседство, а јас се зближив со неговата ќерка. Знам дека е комплицирано, но ми се допаѓа. Што да правам – ја прашала девојката познатата советничка.

Нолан на девојката ѝ рекла да го следи својот инстинкт кој вели дека тоа е лоша идеја.

Тој е постар човек и тоа сега ти е возбудливо, но сметам дека неговото однесување е погрешно поради неколку причини. Татко ти многу ќе му се налути, а твојатаа другарка ќе се разочара во двајцата. Без сомнеж ќе се уништат вашите семејни односи, ја советувала советничката.

The post Сексот со него не се заборава, но… appeared first on Република.

]]>

Девојка (21), која сакала да остане анонимна, спиела со пријателот на нејзиниот татко, кој наскоро ќе наполни 50 години. Тој исто така е татко на нејзината другарка, па тоа е многу проблематична ситуација. Сексуалниот однос помеѓу нив се случил, како што кажува таа, по 21-от роденден на другарката, односно неговата ќерка.
Тој е разведен така што не можеме да кажеме дека станува збор за изневерување, но се грижам како мојот татко и другарка ми би реагирале кога ќе дознаат за нас двајца. По забавата уште неколку пати се допишувавме и тој сака повторно да ме види. Навистина ми се допаѓа и можам да се замислам во врска со него, но чувствувам дека тоа би било лоша идеја, објаснила девојката во писмото кое ѝ го испратила на советничката Колин Ноал. За сексот со таткото на една од другарките, им признав на неколку другарки, кои се згрозени, но само затоа што е „стар“. Сепак, верувале или не, тој всушност е добра личност и не ме познава од раѓање. Татко ми го запозна пред три години кога се преселивме во нивното соседство, а јас се зближив со неговата ќерка. Знам дека е комплицирано, но ми се допаѓа. Што да правам – ја прашала девојката познатата советничка.
Нолан на девојката ѝ рекла да го следи својот инстинкт кој вели дека тоа е лоша идеја.
Тој е постар човек и тоа сега ти е возбудливо, но сметам дека неговото однесување е погрешно поради неколку причини. Татко ти многу ќе му се налути, а твојатаа другарка ќе се разочара во двајцата. Без сомнеж ќе се уништат вашите семејни односи, ја советувала советничката.

The post Сексот со него не се заборава, но… appeared first on Република.

]]>
Мажите кои бараат да се промените себеси не се за вас: Четири знаци кои укажуваат дека не сте на вистинскиот пат https://republika.mk/zivot/semejstvo/mazite-koi-baraat-da-se-promenite-sebesi-ne-se-za-vas-chetiri-znaci-koi-ukazuvaat-deka-ne-ste-na-vistinskiot-pat/ Sun, 27 Mar 2022 19:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=479465

Кога сме заљубени, често правиме работи што инаку никогаш не би ги направиле, на пример се менуваме себеси.

Партнерот понекогаш бара од нас да го промениме нашето однесување или начин на живот, а ние се согласуваме со тоа, не сфаќајќи дека притоа се губиме себеси.

Сепак, да се зачувате себеси е многу поважно отколку да направите се за да ја одржите врската, особено ако мажот се осмели да побара одредени работи.

Менувањето нешто е повеќе од прифатливо, но, од друга страна, никогаш не треба да се согласувате да смените некои работи на себе.

Ова се некои од нив.

Диета

Никогаш не одржувајте диета заради маж. Треба да донесете одлука за здрава исхрана или за вежбање исклучиво само заради себе, а не за да импресионирате некој маж.

Дружба со пријателите

Ако вашиот дечко ви забрани да се дружите со други мажи, дури и ако се работи за пријатели од детството, тогаш со право можете да го оставите. Ако вашиот маж не верува во машко-женски пријателства, тоа кажува многу за неговиот однос со другите жени.

Жртвување на кариерата

Не треба да избирате помеѓу љубов и кариера. Ако му пречат вашите деловни обврски, преиспитајте ја вашата врска. Човек кој ве сака мора да ве поддржува во работата што ја работите, како и во сите други интереси во животот.

Промена на стилот

Ако сака стокмени и нашминкани жени, а тоа не е вашиот стил, повремено можете да го расположите во такво издание. Сепак, не треба целосно да го менувате вашиот стил поради маж, но ни вие не треба да го присилувате него на такво нешто.

The post Мажите кои бараат да се промените себеси не се за вас: Четири знаци кои укажуваат дека не сте на вистинскиот пат appeared first on Република.

]]>

Кога сме заљубени, често правиме работи што инаку никогаш не би ги направиле, на пример се менуваме себеси. Партнерот понекогаш бара од нас да го промениме нашето однесување или начин на живот, а ние се согласуваме со тоа, не сфаќајќи дека притоа се губиме себеси. Сепак, да се зачувате себеси е многу поважно отколку да направите се за да ја одржите врската, особено ако мажот се осмели да побара одредени работи. Менувањето нешто е повеќе од прифатливо, но, од друга страна, никогаш не треба да се согласувате да смените некои работи на себе. Ова се некои од нив.

Диета

Никогаш не одржувајте диета заради маж. Треба да донесете одлука за здрава исхрана или за вежбање исклучиво само заради себе, а не за да импресионирате некој маж.

Дружба со пријателите

Ако вашиот дечко ви забрани да се дружите со други мажи, дури и ако се работи за пријатели од детството, тогаш со право можете да го оставите. Ако вашиот маж не верува во машко-женски пријателства, тоа кажува многу за неговиот однос со другите жени.

Жртвување на кариерата

Не треба да избирате помеѓу љубов и кариера. Ако му пречат вашите деловни обврски, преиспитајте ја вашата врска. Човек кој ве сака мора да ве поддржува во работата што ја работите, како и во сите други интереси во животот.

Промена на стилот

Ако сака стокмени и нашминкани жени, а тоа не е вашиот стил, повремено можете да го расположите во такво издание. Сепак, не треба целосно да го менувате вашиот стил поради маж, но ни вие не треба да го присилувате него на такво нешто.

The post Мажите кои бараат да се промените себеси не се за вас: Четири знаци кои укажуваат дека не сте на вистинскиот пат appeared first on Република.

]]>
Секој хороскопски знак има причина поради ја прекинува врската https://republika.mk/zivot/astro/sekoj-horoskopski-znak-ima-prichina-poradi-ja-prekinuva-vrskata/ Tue, 15 Mar 2022 08:33:23 +0000 https://republika.mk/?p=472973

Откријте ги причините зошто хороскопските знаци решаваат да стават крај на љубовните врски.

Овен 

Овенот е независен, ентузијаст и љубопитен. Тој ужива во возбудувањата на животот, па мрзливиот и зависен партнер кој не го дели неговиот ентузијазам не му одговара на ниту еден начин.

Бик 

Ако нешто е важно за Бикот, тоа е стабилноста и редот. Бикот е педантен и сака да ги прави работите на одреден начин. Импулсивниот партнер кој не размислува пред да направи нешто, нема да успее да воспостави долгорочна врска со грижлив Бик.

Близнаци 

Близнаците се непослушни, сакаат забава и сакаат да разговараат. Преферираат луѓе кои можат да бидат во чекор со нивниот духовит и имагинативен ум и на кои нема да им пречат нивните излегувања и дружења.

Рак 

Ракот е сигурен, верен и грижлив и ги цени нивните односи со луѓето. Ако неговиот партнер не ги почитува пријателите и семејството, тоа е често завршена работа. Ако неговиот партнер не покажува никакво сочувство кон другите, нема што повеќе да се зборува.

Лав 

Лавот сака рефлектори и да биде обожаван. Ужива кога му се восхитуваат и копнеат и ќе биде многу среќен ако му го овозможите тоа. Ако не, не сте предодредени за нив.

Девица 

Девиците се практични, одговорни и педантни. Тие сакаат ред и работи кои имаат смисла. Некој кој не ја цени одговорноста и редот не е идеален партнер за Девицата.

Вага 

Вагата е друштвено суштество. Вагите сакаат луѓе и секогаш сакаат да запознаваат и да стекнуваат нови пријатели. Тие имаат потреба од партнер кој може да им се придружи во таа забава. Антисоцијални луѓе не доаѓаат предвид.

Скорпија

Скорпиите можеби немаат многу доверба во луѓето, но се многу лојални и страсни кога се во прашање луѓе на кои им веруваат. Но, ако скриете нешто од нив, никогаш повеќе нема да ви веруваат.

Стрелец 

Стрелецот ја цени независноста и авантурата и секогаш е во движење. Тие сакаат и нивните партнери да учествуваат во нивните авантури. Ако нивните партнери ја сакаат домашната удобност, Стрелецот не сака да остане таму.

Јарец 

Јарецот е одговорен и практичен. Тој е независен и сака да ги прави работите на свој начин или воопшто не ги прави. Нема трпение за неодговорен партнер.

Водолија 

Независната Водолија има многу бунтовен карактер и знае да биде саркастична. Потребни им се партнери кои размислуваат сличност, личности кои нема да се навредуваат од нивните забелешки. Водолијата сака да биде општествено корисна и ако сакате да останете со нив, апсолутно мора да го имате истиот ментален склоп.

Риба 

Рибите се најчувствителни од сите знаци и имаат потреба од постојана љубов и внимание. Партнерот кој не ги сфаќа сериозно чувствата на Рибите, како и некој што ги присилува да направат нешто што не сакаат, не е вистинската личност за нив.

The post Секој хороскопски знак има причина поради ја прекинува врската appeared first on Република.

Пет предупоредувачки знаци кои може да ви покажат дали сте во врска со себична личност https://republika.mk/zivot/psihologija/pet-preduporeduvachki-znaci-koi-moze-da-vi-pokazat-dali-ste-vo-vrska-so-sebichna-lichnost/ Sun, 16 Jan 2022 10:26:23 +0000 https://republika.mk/?p=445221

Сите сме биле себични во љубовта, особено на почетокот на врската кога го сакаме партнерот само за себе. Во такви моменти не се доволни часови, туку ни требаат денови за да уживаме во љубовта.

Сепак, според експертите за врски, оваа таканаречена себичност треба да ја снема по максимум три месеци.

Дотогаш веќе запознавме дел од партнерот и неговите навики и изградивме некаква врска. Ако забележите дека себичноста стана една од карактеристиките на вашиот партнер, можеби е време да разговарате.

Ако не сте сигурни дали тоа е себичност, погледнете ги овие пет сигнали кои укажуваат на тоа.

1. Нема компромис

Или е како што ќе каже тој, или никако не е. Не можете да се согласите со нив и да се „најдете на половина пат“ дури и со најобичните работи, како што е изборот на филм или ресторан.

Секогаш ќе ја врти приказната на својата воденица и ќе ве натера да се чувствувате лошо бидејќи нема да „играте како што тој игра“.

2. Не ги менува работите што ве мачат

Секако, не треба да ја менувате бојата на косата или да почнете да слушате други видови музика само затоа што тој така вели, туку барем ситниците треба да се поправат.

Сепак, себичен човек нема да го направи ни тоа. Себичниот човек ќе ви каже „таков сум, земи го или остави го“ и ќе ве врати во огнот што не сте го посакале.

3. Вашето слободно време не постои

Партнерот отворено очекува да биде вклучен во секој ваш план. Кога тоа не е случај, тој е во состојба да создаде целосен хаос. Дали значи дека не го сакате партнерот ако одите на кафе со пријател? Нема шанси.

Значи, ова е само уште едно „црвено знаме“ кое ве предупредува дека сте во врска со погрешна личност.

4. Секогаш е во право

Ниту една личност не е секогаш во право. Ако постојано се расправате дали неговата позиција е правилна или не, тоа докажува дека имате работа само со него. Запрашајте се, каде сте во сето ова?

5. Постојано го критикува вашето семејство и пријателите

Кога партнерот е себичен, тогаш гледа закана во се или секого. Понижувајќи го вашето семејство, како и пријателите, вашиот партнер всушност ве деградира. Никогаш не заборавајте го тоа.

The post Пет предупоредувачки знаци кои може да ви покажат дали сте во врска со себична личност appeared first on Република.

]]>

Сите сме биле себични во љубовта, особено на почетокот на врската кога го сакаме партнерот само за себе. Во такви моменти не се доволни часови, туку ни требаат денови за да уживаме во љубовта. Сепак, според експертите за врски, оваа таканаречена себичност треба да ја снема по максимум три месеци. Дотогаш веќе запознавме дел од партнерот и неговите навики и изградивме некаква врска. Ако забележите дека себичноста стана една од карактеристиките на вашиот партнер, можеби е време да разговарате. Ако не сте сигурни дали тоа е себичност, погледнете ги овие пет сигнали кои укажуваат на тоа.

1. Нема компромис

Или е како што ќе каже тој, или никако не е. Не можете да се согласите со нив и да се „најдете на половина пат“ дури и со најобичните работи, како што е изборот на филм или ресторан. Секогаш ќе ја врти приказната на својата воденица и ќе ве натера да се чувствувате лошо бидејќи нема да „играте како што тој игра“.

2. Не ги менува работите што ве мачат

Секако, не треба да ја менувате бојата на косата или да почнете да слушате други видови музика само затоа што тој така вели, туку барем ситниците треба да се поправат. Сепак, себичен човек нема да го направи ни тоа. Себичниот човек ќе ви каже „таков сум, земи го или остави го“ и ќе ве врати во огнот што не сте го посакале.

3. Вашето слободно време не постои

Партнерот отворено очекува да биде вклучен во секој ваш план. Кога тоа не е случај, тој е во состојба да создаде целосен хаос. Дали значи дека не го сакате партнерот ако одите на кафе со пријател? Нема шанси. Значи, ова е само уште едно „црвено знаме“ кое ве предупредува дека сте во врска со погрешна личност.