војна во Украина Archives - Република https://republika.mk/tema/vojna-vo-ukraina/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 17:28:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png војна во Украина Archives - Република https://republika.mk/tema/vojna-vo-ukraina/ 32 32 EУ ќе ја почести Украина со нови 35 милијарди евра https://republika.mk/vesti/svet/eu-ke-ja-pochesti-ukraina-so-novi-35-milijardi-evra/ Wed, 09 Oct 2024 18:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=824847

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ денеска се договорија ЕУ да одвои 35 милијарди евра за поголем, планиран заем од Г7 на Украина.

Заемот од Г7 ќе ги користи замрзнатите средства на руската централна банка, потврдија дипломати од земјите на ЕУ.

Г7 и ЕУ во јуни објавија дека ќе обезбедат заем од 50 милијарди долари за помош на Украина, кој ќе биде отплатен со профитот генериран од замрзнатите руски средства на Запад.

The post EУ ќе ја почести Украина со нови 35 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ денеска се договорија ЕУ да одвои 35 милијарди евра за поголем, планиран заем од Г7 на Украина. Заемот од Г7 ќе ги користи замрзнатите средства на руската централна банка, потврдија дипломати од земјите на ЕУ. Г7 и ЕУ во јуни објавија дека ќе обезбедат заем од 50 милијарди долари за помош на Украина, кој ќе биде отплатен со профитот генериран од замрзнатите руски средства на Запад.

The post EУ ќе ја почести Украина со нови 35 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Зеленски попушта: Украина им нуди на партнерите да одлучат како го гледаат крајот на војната https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-popushta-ukraina-im-nudi-na-partnerite-da-odluchat-kako-go-gledaat-krajot-na-vojnata/ Tue, 08 Oct 2024 07:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=824005

Украина им нуди на своите партнери да одлучат како го гледаат крајот на војната со Руската Федерација и местото на Украина во глобалната безбедносна архитектура, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски.

- Денеска го договорив распоредот на преговорите за една недела. Тоа се средби, преговори со многу партнери. Планот на нашата победа ќе им го претставиме на сите што можат да ја зајакнат Украина. Им нудиме на нашите партнери да одлучат како го гледаат крајот на оваа војна и местото на Украина во глобалната безбедносна архитектура, како и заедничките чекори кои можат да доведат до тоа војната да биде на пат да заврши, рече тој во редовното видео обраќање.

Зеленски истакна дека го очекува извештајот на украинскиот тим кој моментално работи во Вашингтон, како и извештајот на врховниот командант на вооружените сили, Олександар Сирски, истакнувајќи дека ситуацијата е особено тешка на фронтот во Доњецк.

The post Зеленски попушта: Украина им нуди на партнерите да одлучат како го гледаат крајот на војната appeared first on Република.

Орбан: Претпоставките за врската меѓу атентатот врз Фицо и војната во Украина се оправдани https://republika.mk/vesti/svet/orban-pretpostavkite-za-vrskata-megu-atentatot-vrz-fitso-i-vojnata-vo-ukraina-se-opravdani/ Fri, 17 May 2024 17:49:29 +0000 https://republika.mk/?p=779321

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека е оправдано да се претпоставува дека има поврзаност меѓу атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо и војната во Украина.

Орбан рече дека „малку земји зборувале со гласот на мирот, освен неодамна Унгарија, Ватикан и Словачка“ и додаде дека „силните центри на моќ имаат интерес да ја продолжат војната“ во Украина, пренесува МТИ.

The post Орбан: Претпоставките за врската меѓу атентатот врз Фицо и војната во Украина се оправдани appeared first on Република.

Путин: Жалам што порано не ја нападнавме Украина https://republika.mk/vesti/svet/putin-zhalam-shto-porano-ne-ja-napadnavme-ukraina/ Fri, 16 Feb 2024 06:50:56 +0000 https://republika.mk/?p=744317

Русија требаше порано да почне со активни акции во Украина, но долго време се обидуваше да го реши конфликтот по мирен пат и се потпираше на чесноста на своите противници, рече претседателот Владимир Путин во интервју за новинарот Павло Зарубин.

Единствено за што можеме да жалиме е што не ги започнавме нашите активни акции порано, верувајќи дека имаме работа со пристојни луѓе – рече Путин.

https://republika.mk/vesti/svet/rusite-na-frontot-go-dovlechkaa-ruskiot-voz/

The post Путин: Жалам што порано не ја нападнавме Украина appeared first on Република.

Сијарто: Да победеше Трамп, немаше да има војна во Украина https://republika.mk/vesti/svet/sijarto-da-pobedeshe-tramp-nemashe-da-ima-vojna-vo-ukraina/ Mon, 31 Oct 2022 10:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=567701

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за американската телевизија повика што поскоро да се воспостави мир во Украина и оцени дека војната немаше ни да избие доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп победеше на изборите во ноември 2020 година.

Во интервјуто објавено во недела од One America News Network (OANN), кои се наклонети на политиката на Трамп, Сијарто рече дека унгарската влада повикува што е можно поскоро да се воспостави мир, да се постигне прекин на огнот и да се одржат мировни преговори во Украина, пренесува унгарски МТИ.

Не можам да го докажам тоа, но чувствувам дека ако претседателските избори овде во 2020 година се одиграа на поинаков начин, оваа војна можеби немаше да избувне, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, пренесе Танјуг.

The post Сијарто: Да победеше Трамп, немаше да има војна во Украина appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за американската телевизија повика што поскоро да се воспостави мир во Украина и оцени дека војната немаше ни да избие доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп победеше на изборите во ноември 2020 година. Во интервјуто објавено во недела од One America News Network (OANN), кои се наклонети на политиката на Трамп, Сијарто рече дека унгарската влада повикува што е можно поскоро да се воспостави мир, да се постигне прекин на огнот и да се одржат мировни преговори во Украина, пренесува унгарски МТИ.
Не можам да го докажам тоа, но чувствувам дека ако претседателските избори овде во 2020 година се одиграа на поинаков начин, оваа војна можеби немаше да избувне, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, пренесе Танјуг.

The post Сијарто: Да победеше Трамп, немаше да има војна во Украина appeared first on Република.

]]>
Ништо од преговори или договор: Русија ќе продолжи да напаѓа во Украина https://republika.mk/vesti/svet/nishto-od-pregovori-ili-dogovor-rusija-kje-prodolzi-da-napagja-vo-ukraina/ Mon, 12 Sep 2022 18:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=550135

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби директно да одговори на новинарско прашање дали претседателот Владимир Путин верува во неговото воено раководство, велејќи дека „специјалната операција“ ќе продолжи додека не ги постигне своите резултати.

„Воената операција продолжува“, рече Песков. „И ќе продолжи сѐ додека не се постигнат целите што ги поставивме на почетокот. Се разбира, врховниот командант е информиран за сите воени дејства што се спроведуваат“, рече Песков, мислејќи на Путин.

„Претседателот е постојано во контакт со министерот за одбрана и сите воени команданти. Не може да биде поинаку за време на специјална воена операција.“

Ова е реакцијата на Кремљ на минатонеделната молскавична украинска контраофанзива во која Киев за само неколку дена ослободи повеќе од 3.000 квадратни километри територија.

На прашањето дали Путин поради ова ќе нареди општа мобилизација, Песков рече дека прашањето треба да се постави до Министерството за одбрана.

Засега Путин не ги мобилизирал руските резервисти, кои се околу два милиони. Песков рече дека Русија не гледа никакви перспективи за мировни преговори со Украина, ниту основа за тоа.

Тој, исто така, рече дека нема дискусија за можна демилитаризација на нуклеарната централа Запорожје, што беше препорачано од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која ја посети нуклеарната централа овој месец.

Брзите украински успеси во регионот Харков се најголемиот руски пораз по повлекувањето од предградијата на Киев во април. Русија останала без клучните логистички точки за снабдување на своите сили во источна Украина.

Речиси тоталниот молк на Москва за поразот и недостатокот на објаснување за тоа што се случи предизвика голем гнев кај некои провоени коментатори и руските националисти на социјалните мрежи.

Додека руските сили во саботата заминуваа од град по град, Путин го отвори најголемото панорамско тркало во московскиот парк, а по повод основањето на градот во 1147 година, имаше голем огномет над Црвениот плоштад.

The post Ништо од преговори или договор: Русија ќе продолжи да напаѓа во Украина appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби директно да одговори на новинарско прашање дали претседателот Владимир Путин верува во неговото воено раководство, велејќи дека „специјалната операција“ ќе продолжи додека не ги постигне своите резултати. „Воената операција продолжува“, рече Песков. „И ќе продолжи сѐ додека не се постигнат целите што ги поставивме на почетокот. Се разбира, врховниот командант е информиран за сите воени дејства што се спроведуваат“, рече Песков, мислејќи на Путин. „Претседателот е постојано во контакт со министерот за одбрана и сите воени команданти. Не може да биде поинаку за време на специјална воена операција.“ Ова е реакцијата на Кремљ на минатонеделната молскавична украинска контраофанзива во која Киев за само неколку дена ослободи повеќе од 3.000 квадратни километри територија. На прашањето дали Путин поради ова ќе нареди општа мобилизација, Песков рече дека прашањето треба да се постави до Министерството за одбрана. Засега Путин не ги мобилизирал руските резервисти, кои се околу два милиони. Песков рече дека Русија не гледа никакви перспективи за мировни преговори со Украина, ниту основа за тоа. Тој, исто така, рече дека нема дискусија за можна демилитаризација на нуклеарната централа Запорожје, што беше препорачано од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која ја посети нуклеарната централа овој месец. Брзите украински успеси во регионот Харков се најголемиот руски пораз по повлекувањето од предградијата на Киев во април. Русија останала без клучните логистички точки за снабдување на своите сили во источна Украина. Речиси тоталниот молк на Москва за поразот и недостатокот на објаснување за тоа што се случи предизвика голем гнев кај некои провоени коментатори и руските националисти на социјалните мрежи. Додека руските сили во саботата заминуваа од град по град, Путин го отвори најголемото панорамско тркало во московскиот парк, а по повод основањето на градот во 1147 година, имаше голем огномет над Црвениот плоштад.

The post Ништо од преговори или договор: Русија ќе продолжи да напаѓа во Украина appeared first on Република.

]]>
Вучиќ откри дека постои договор на маса за решавање на војната во Украина https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-otkri-deka-postoi-dogovor-na-masa-za-reshavanje-na-vojnata-vo-ukraina/ Sun, 29 May 2022 13:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=508309

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска имал многу добар телефонски разговор со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, со кого договорил исклучително поволна цена на гасот за Србија, јави дописникот на МИА од Белгград.

Вучиќ за новинарите изјави дека најважна тема на денешниот разговор со Путин е истекувањето на договорот за гас по десет години, на 31 мај.

– И она што можам да ви го кажам е дека ги договоривме главните елементи кои се многу поволни за Србија. Се договоривме да потпишеме тригодишен договор што е прв елемент од договорот и мислам дека многу и одговара на српската страна. Друг важен елемент е формулата што ја користиме да остане иста (формула за нафта), така што цената ќе биде многу поволна за нашата земја, истакна Вучиќ.

Тој прецизираше дека цената на гасот за Србија, според договорената формула, ќе зависи од цената на нафтата, и дека цената на гасот што ќе ја плати Србија ќе биде од 310 до 408 долари на илјада кубни метри гас.

– Ако сето ова го реализираме од договорот со Путин, ќе имаме безбедна зима кога е во прашање снабдувањето со гас, додаде Вучиќ, нагласувајќи дека цената на гасот што ја договорил со рускиот претседател е трикратно пониска, а во зима ќе биде десет пати помалку отколку што плаќаат другите европски земји.

Вучиќ рече и дека на претседателот Путин му го пренел ставот на Србија дека би сакале што поскоро да се воспостави мир во Украина.

– Тој ми кажа дека постои понуден договор со кој се запознаени и кој е на маса во Москва, Киев и другите западни центри, изјави српскиот претседател.

Тој додаде дека слушнал некои елементи од договорот, но дека Србија е мала земја за решавање на тие проблеми и „се надева само дека ќе се воспостави мир

The post Вучиќ откри дека постои договор на маса за решавање на војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска имал многу добар телефонски разговор со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, со кого договорил исклучително поволна цена на гасот за Србија, јави дописникот на МИА од Белгград. Вучиќ за новинарите изјави дека најважна тема на денешниот разговор со Путин е истекувањето на договорот за гас по десет години, на 31 мај.
– И она што можам да ви го кажам е дека ги договоривме главните елементи кои се многу поволни за Србија. Се договоривме да потпишеме тригодишен договор што е прв елемент од договорот и мислам дека многу и одговара на српската страна. Друг важен елемент е формулата што ја користиме да остане иста (формула за нафта), така што цената ќе биде многу поволна за нашата земја, истакна Вучиќ.
Тој прецизираше дека цената на гасот за Србија, според договорената формула, ќе зависи од цената на нафтата, и дека цената на гасот што ќе ја плати Србија ќе биде од 310 до 408 долари на илјада кубни метри гас.
– Ако сето ова го реализираме од договорот со Путин, ќе имаме безбедна зима кога е во прашање снабдувањето со гас, додаде Вучиќ, нагласувајќи дека цената на гасот што ја договорил со рускиот претседател е трикратно пониска, а во зима ќе биде десет пати помалку отколку што плаќаат другите европски земји.
Вучиќ рече и дека на претседателот Путин му го пренел ставот на Србија дека би сакале што поскоро да се воспостави мир во Украина. – Тој ми кажа дека постои понуден договор со кој се запознаени и кој е на маса во Москва, Киев и другите западни центри, изјави српскиот претседател. Тој додаде дека слушнал некои елементи од договорот, но дека Србија е мала земја за решавање на тие проблеми и „се надева само дека ќе се воспостави мир

The post Вучиќ откри дека постои договор на маса за решавање на војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Путин се подготвува за долга војна во Украина, тврдат американски разузнавачи https://republika.mk/vesti/svet/putin-se-podgotvuva-za-dolga-vojna-vo-ukraina-tvrdat-amerikanski-razuznavachi/ Wed, 11 May 2022 06:10:14 +0000 https://republika.mk/?p=500838

Владимир Путин се подготвува за долга војна во Украина, при што дури и евентуална победа на исток нема да стави крај на конфликтот, предупредија американски разузнавачи.

Предупредувањето доаѓа додека продолжуваат жестоките борби на истокот, каде Русија се обидува да заземе територија, потсетува Би-Би-Си.

Москва повторно ги фокусираше своите трупи на заземање на регионот Донбас откако Украина се спротивстави на обидите да го заземе нејзиниот главен град Киев.

Но, и покрај тоа, руските сили остануваат во ќор-сокак, соопштија американските разузнавачи.

Аврил Хејнс, директорка на националното разузнавање, во излагање пред Комитет на американскиот Сенат изјави дека Путин сè уште има намера „да постигне цели надвор од Донбас“, но оти „се соочува со неусогласеност меѓу неговите амбиции и сегашните конвенционални воени способности на Русија“.

Таа додаде дека рускиот претседател „веројатно“ смета на тоа дека поддршката на САД и ЕУ за Украина ќе ослабне бидејќи инфлацијата, недостигот на храна и цените на енергијата се влошуваат.

Сепак, рускиот претседател би можел да се сврти кон „подрастични средства“ додека војната продолжува – иако Москва би употребила нуклеарно оружје само ако Путин смета дека постои „егзистенцијална закана“ за Русија.

Директорот на Одбранбената разузнавачка агенција Скот Бериер на истото сослушување изјави дека Русите и Украинците се „малку во ќор-сокак“.

Во последните борби, Украина тврди дека повторно освоила четири населени места во североисточниот регион Харков.

Черкаси Тишки, Руски Тишки, Рубижне и Бајрак се одземени од Русија, соопштија вооружените сили на Украина.

The post Путин се подготвува за долга војна во Украина, тврдат американски разузнавачи appeared first on Република.

]]>

Владимир Путин се подготвува за долга војна во Украина, при што дури и евентуална победа на исток нема да стави крај на конфликтот, предупредија американски разузнавачи. Предупредувањето доаѓа додека продолжуваат жестоките борби на истокот, каде Русија се обидува да заземе територија, потсетува Би-Би-Си. Москва повторно ги фокусираше своите трупи на заземање на регионот Донбас откако Украина се спротивстави на обидите да го заземе нејзиниот главен град Киев. Но, и покрај тоа, руските сили остануваат во ќор-сокак, соопштија американските разузнавачи. Аврил Хејнс, директорка на националното разузнавање, во излагање пред Комитет на американскиот Сенат изјави дека Путин сè уште има намера „да постигне цели надвор од Донбас“, но оти „се соочува со неусогласеност меѓу неговите амбиции и сегашните конвенционални воени способности на Русија“. Таа додаде дека рускиот претседател „веројатно“ смета на тоа дека поддршката на САД и ЕУ за Украина ќе ослабне бидејќи инфлацијата, недостигот на храна и цените на енергијата се влошуваат. Сепак, рускиот претседател би можел да се сврти кон „подрастични средства“ додека војната продолжува – иако Москва би употребила нуклеарно оружје само ако Путин смета дека постои „егзистенцијална закана“ за Русија. Директорот на Одбранбената разузнавачка агенција Скот Бериер на истото сослушување изјави дека Русите и Украинците се „малку во ќор-сокак“. Во последните борби, Украина тврди дека повторно освоила четири населени места во североисточниот регион Харков. Черкаси Тишки, Руски Тишки, Рубижне и Бајрак се одземени од Русија, соопштија вооружените сили на Украина.

The post Путин се подготвува за долга војна во Украина, тврдат американски разузнавачи appeared first on Република.

]]>
Евопа одлучи: Ќе ја поддржува, но нема да ја прими Украина во унијата https://republika.mk/vesti/svet/evopa-odluchi-kje-ja-poddrzuva-no-nema-da-ja-primi-ukraina-vo-unijata/ Sat, 12 Mar 2022 07:53:46 +0000 https://republika.mk/?p=471587

По повеќечасовни советувања, 27-те шефови на држави или влади на членките од ЕУ најавија поддршка на Украина, но нема да има нејзин брз прием во Унијата.

Иако во декларацијата од Самитот на ЕУ во францускиот Версај се вели дека „Украина припаѓа на нашето европско семејство“, сепак, на Киев не му се дадени конкретни ветувања во поглед на брз прием во Европската унија.

Во поглед на барањето за прием на Украина, доставено на 28 февруари, во соопштението на ЕУ се вели дека „Советот дејствуваше брзо и побара од Комисијата да даде мислење во согласност со договорите“.

Но дотогаш, без никакви одложувања, се планира продлабочување на партнерството „заради поддршка на Украина на европскиот пат“.

Воедно, лидерите на ЕУ, кои се собраа на самитот во Версај во екот на војната во Украина, се согласија значително да ги зголемат трошоците за одбрана на земјите од ЕУ и заеднички да развијат и да купат ново оружје.

Ова е првпат на самит на ЕУ да се донесе одлука за воени трошоци. Претходно, овие прашања беа во доменот на НАТО, додека ЕУ постојано го нагласуваше својот фокус на економијата.

„Мораме решително да инвестираме повеќе и подобро во одбранбените капацитети и иновативните технологии. Затоа, се согласивме значително да ги зголемиме трошоците за одбраната, со значителен удел за инвестиции, фокусирајќи се на идентификуваните стратегиски недостатоци и со одбранбените капацитети развиени на заеднички начин во рамките на Европската Унија“, стои во декларацијата.

Исто така, ЕУ си постави цел – за пет години да се оттргне од руската енергетска зависност. Ова го предвидува Декларација за ставање крај на зависноста од увоз на руски гас, нафта и јаглен до 2027 година. Од Версај беше порачано дека ова е стратешка инвестиција во безбедноста и независноста на Европа.

The post Евопа одлучи: Ќе ја поддржува, но нема да ја прими Украина во унијата appeared first on Република.

]]>

По повеќечасовни советувања, 27-те шефови на држави или влади на членките од ЕУ најавија поддршка на Украина, но нема да има нејзин брз прием во Унијата. Иако во декларацијата од Самитот на ЕУ во францускиот Версај се вели дека „Украина припаѓа на нашето европско семејство“, сепак, на Киев не му се дадени конкретни ветувања во поглед на брз прием во Европската унија. Во поглед на барањето за прием на Украина, доставено на 28 февруари, во соопштението на ЕУ се вели дека „Советот дејствуваше брзо и побара од Комисијата да даде мислење во согласност со договорите“. Но дотогаш, без никакви одложувања, се планира продлабочување на партнерството „заради поддршка на Украина на европскиот пат“. Воедно, лидерите на ЕУ, кои се собраа на самитот во Версај во екот на војната во Украина, се согласија значително да ги зголемат трошоците за одбрана на земјите од ЕУ и заеднички да развијат и да купат ново оружје. Ова е првпат на самит на ЕУ да се донесе одлука за воени трошоци. Претходно, овие прашања беа во доменот на НАТО, додека ЕУ постојано го нагласуваше својот фокус на економијата.
„Мораме решително да инвестираме повеќе и подобро во одбранбените капацитети и иновативните технологии. Затоа, се согласивме значително да ги зголемиме трошоците за одбраната, со значителен удел за инвестиции, фокусирајќи се на идентификуваните стратегиски недостатоци и со одбранбените капацитети развиени на заеднички начин во рамките на Европската Унија“, стои во декларацијата.
Исто така, ЕУ си постави цел – за пет години да се оттргне од руската енергетска зависност. Ова го предвидува Декларација за ставање крај на зависноста од увоз на руски гас, нафта и јаглен до 2027 година. Од Версај беше порачано дека ова е стратешка инвестиција во безбедноста и независноста на Европа.

The post Евопа одлучи: Ќе ја поддржува, но нема да ја прими Украина во унијата appeared first on Република.

]]>
Паладиум, платинум, злато: Војната ги вивна цените на металите до небо https://republika.mk/vesti/svet/paladium-platinum-zlato-vojnata-gi-vivna-cenite-na-metalite-do-nebo/ Thu, 03 Mar 2022 20:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=467105

Војната во Украина стана најважниот фактор што влијае на движењата на финансискиот пазар. Цената на златото е блиску до историскиот максимум, бидејќи се повеќе инвеститори се свртуваат кон овој благороден метал, кој се смета за сигурна инвестиција која ја задржува својата вредности во време на криза.

Покрај златото, во пораст се и цените на суровата нафта, среброто, паладиумот, платината и гасот.

Паладиумот достигна највисока цена во последните шест месеци бидејќи Русија е најголемиот светски производител на паладиум. Извозот на овој исклучително благороден метал најверојатно ќе се соочи со слични проблеми како и извозот на енергија. Слично е и со платината, чија цена исто така забрзано расте, бидејќи Русија е на второто место по производство во светот.

The post Паладиум, платинум, злато: Војната ги вивна цените на металите до небо appeared first on Република.

]]>

Војната во Украина стана најважниот фактор што влијае на движењата на финансискиот пазар. Цената на златото е блиску до историскиот максимум, бидејќи се повеќе инвеститори се свртуваат кон овој благороден метал, кој се смета за сигурна инвестиција која ја задржува својата вредности во време на криза. Покрај златото, во пораст се и цените на суровата нафта, среброто, паладиумот, платината и гасот. Паладиумот достигна највисока цена во последните шест месеци бидејќи Русија е најголемиот светски производител на паладиум. Извозот на овој исклучително благороден метал најверојатно ќе се соочи со слични проблеми како и извозот на енергија. Слично е и со платината, чија цена исто така забрзано расте, бидејќи Русија е на второто место по производство во светот.

The post Паладиум, платинум, злато: Војната ги вивна цените на металите до небо appeared first on Република.

]]>
Додека светот се подготвувал за војна, Заев, иако знаел, го забавуваше народот со оставката „си одам – не си одам“ https://republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-svetot-se-podgotvuval-za-vojna-zaev-iako-znael-go-zabavuvashe-narodot-so-ostavkata-si-odam-ne-si-odam/ Thu, 03 Mar 2022 10:45:44 +0000 https://republika.mk/?p=466910

Вчерашната зачудувачка изјава на претседателот Стево Пендаровски дека преку НАТО механизмите уште пред три-четири месеци знаеле дека Русија ќе ја нападне Украина, поставува неколку важни прашања кои се однесуваат на Македонија.

Поточно, шефот на државата откри дека на 5 ноемрви знаел дека Русија подготвува инвазија на Украина.

Во тој период во Македонија се случуваа значајни политички промени. Само една недела претходно, поточно на 31 октомври, Заев ја најави оставката по вториот круг локални избори разочаран од убедливиот пораз на СДСМ.

Но, Заев не би бил Заев ако си остане на зборот. По само неколку дена, според зборовите на Пендаровски, државниот врв, а со тоа нормално и Заев, дознава дека ќе има напад на Украина и ништо не се презема.

Напротив, Заев ја забавуваше јавноста со „си одам - не си одам“, па дури и СДСМ на седница му даде поддршка да остане на премиерската позиција додека не се види дали Бугарија ќе го крене ветото, што, се разбира, не се случи.

Заев конечно ја депонира оставката на 22 декември по што премиер стана Димитар Ковачевски.

Што можеа, а не направија Пендаровски, Заев, Ковачевски од ноември до сега

Можеа, но не се подготвија за војната и за справување со последиците. Како што вчера откри претседателот на Србија Александар Вучиќ, Македонија побарала пченка и пченица. Којзнае како стоиме и со другите основни намирници како шеќер, сол и зејтин.

Покрај тоа, Пендаровски можел да свика и лидерска средба, но тој тоа не го стори.

Покрај тоа, во тој период опозицијата се обидуваше да направи ново параламентарно мнозинство, а власта наместо да се грижи за војната која веќе била извесна, се занимавала со „приведување“ на пратеникот Кастриот Реџепи, кој самиот призна дека ноќта пред гласањето ја минал во премиерската вила на Заев.

The post Додека светот се подготвувал за војна, Заев, иако знаел, го забавуваше народот со оставката „си одам – не си одам“ appeared first on Република.

]]>

Вчерашната зачудувачка изјава на претседателот Стево Пендаровски дека преку НАТО механизмите уште пред три-четири месеци знаеле дека Русија ќе ја нападне Украина, поставува неколку важни прашања кои се однесуваат на Македонија. Поточно, шефот на државата откри дека на 5 ноемрви знаел дека Русија подготвува инвазија на Украина. Во тој период во Македонија се случуваа значајни политички промени. Само една недела претходно, поточно на 31 октомври, Заев ја најави оставката по вториот круг локални избори разочаран од убедливиот пораз на СДСМ. Но, Заев не би бил Заев ако си остане на зборот. По само неколку дена, според зборовите на Пендаровски, државниот врв, а со тоа нормално и Заев, дознава дека ќе има напад на Украина и ништо не се презема. Напротив, Заев ја забавуваше јавноста со „си одам - не си одам“, па дури и СДСМ на седница му даде поддршка да остане на премиерската позиција додека не се види дали Бугарија ќе го крене ветото, што, се разбира, не се случи. Заев конечно ја депонира оставката на 22 декември по што премиер стана Димитар Ковачевски.

Што можеа, а не направија Пендаровски, Заев, Ковачевски од ноември до сега

Можеа, но не се подготвија за војната и за справување со последиците. Како што вчера откри претседателот на Србија Александар Вучиќ, Македонија побарала пченка и пченица. Којзнае како стоиме и со другите основни намирници како шеќер, сол и зејтин. Покрај тоа, Пендаровски можел да свика и лидерска средба, но тој тоа не го стори. Покрај тоа, во тој период опозицијата се обидуваше да направи ново параламентарно мнозинство, а власта наместо да се грижи за војната која веќе била извесна, се занимавала со „приведување“ на пратеникот Кастриот Реџепи, кој самиот призна дека ноќта пред гласањето ја минал во премиерската вила на Заев.

The post Додека светот се подготвувал за војна, Заев, иако знаел, го забавуваше народот со оставката „си одам – не си одам“ appeared first on Република.

]]>
ЕЦБ: Војната во Украина може да го намали БДП на еврозоната https://republika.mk/vesti/svet/ecb-vojnata-vo-ukraina-moze-da-go-namali-bdp-na-evrozonata/ Sat, 26 Feb 2022 16:22:36 +0000 https://republika.mk/?p=464346

Војната во Украина може да го намали бруто домашниот производ на еврозоната за 0,3 до 0,4 отсто оваа година, изјави главниот економист на Европската централна банка (ЕЦБ), Филип Лејн.

Тоа би било „неутрално сценарио“, им рече Лејн на колегите на неформалниот состанок на Управниот совет на ЕЦБ, чија агенда непланирано го обележа рускиот напад врз Украина.

Лејн презентираше и „сериозно сценарио“, според кое БДП би се намалил за приближно еден процент и „благо сценарио“, според кое настаните во Украина нема да влијаат на економијата од 19 члена, што сега се смета за малку веројатно.

Гувернерот на грчката централна банка Јанис Стурнарас, поборник за помека монетарна политика и пониски каматни стапки, изјави за Ројтерс дека ЕЦБ треба да продолжи да купува обврзници во редовната програма барем до крајот на годината за да се ублажат ефектите од кризата во Украина.

The post ЕЦБ: Војната во Украина може да го намали БДП на еврозоната appeared first on Република.

]]>

Војната во Украина може да го намали бруто домашниот производ на еврозоната за 0,3 до 0,4 отсто оваа година, изјави главниот економист на Европската централна банка (ЕЦБ), Филип Лејн.
 
Тоа би било „неутрално сценарио“, им рече Лејн на колегите на неформалниот состанок на Управниот совет на ЕЦБ, чија агенда непланирано го обележа рускиот напад врз Украина.
Лејн презентираше и „сериозно сценарио“, според кое БДП би се намалил за приближно еден процент и „благо сценарио“, според кое настаните во Украина нема да влијаат на економијата од 19 члена, што сега се смета за малку веројатно. Гувернерот на грчката централна банка Јанис Стурнарас, поборник за помека монетарна политика и пониски каматни стапки, изјави за Ројтерс дека ЕЦБ треба да продолжи да купува обврзници во редовната програма барем до крајот на годината за да се ублажат ефектите од кризата во Украина.

The post ЕЦБ: Војната во Украина може да го намали БДП на еврозоната appeared first on Република.

]]>