видео Archives - Република https://republika.mk/tema/video/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Apr 2024 19:45:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png видео Archives - Република https://republika.mk/tema/video/ 32 32 Митревски: Спасовски, намерно или не, му намести пенал на Палчо https://republika.mk/vesti/makedonija/mitrevski-spasovski-namerno-ili-ne-mu-namesti-penal-na-palcho/ Sat, 27 Apr 2024 19:31:50 +0000 https://republika.mk/?p=771735

Коментирајќи го процесот со екстрадицијата на Љупчо Палевски - Палчо, осомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежов, адвокатот Јанаки Митровски вели дека довчерашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски му наместил пенал на Палчо, бидејќи тој може да тврди дека во земјава го чека политички монтирано судење.

Министерот Оливер Спасовски, намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење, вели Митровски.

Ми остава дума, вели тој, дали на сите во Македонија им одговара тој човек да се врати и да почне да зборува.

The post Митревски: Спасовски, намерно или не, му намести пенал на Палчо appeared first on Република.

]]>

Ечеше „Бисер балкански“ од грлата на 416 мажи и 92 жени на промоцијата на нови полицајци https://republika.mk/vesti/makedonija/echeshe-biser-balkanski-od-grlata-na-416-mazhi-i-92-zheni-na-promotsijata-na-novi-politsajtsi/ Sat, 27 Apr 2024 12:26:31 +0000 https://republika.mk/?p=771656

Новите полициски службеници и публиката која беше присутна во Центарот за обука во Идризово, ја запеаја „Бисер Балкански“ при свеченоста за нивна промоција. Вкупно 508 службеници рапортираа пред министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, па патриотски го поздравија.

Во првиот дел од настанот, кога се интонираше македонската химна, Тошковски ги поздрави полициските службеници на кои им рече: „Пред да почнам со официјалниот дел од говорот, сакам да ви се заблагодарам, затоа што чувството да ја чуеш македонската химна од волкав голем број на патриоти кои си ја сакаат Македонија, морам да признаам дека е фантастично. Ви благодарам многу за тоа“.

Едногодишната обука ја завршија 508 нови полицајци од кои 416 мажи и 92 жени.

За време на официјалниот дел на овој свечен чин присуствуваа: Таљат Џафери, мин. Панче Тошковски, доп. мин. Митко Бојмацалиев и дир. на БЈБ Сашо Тасевски.

Новите припадници на полициските служби беа поздравени од тех. премиер Џафери на албански јазик, а по завршувањето на церемонијата во центарот во Идризово, при спуштање на македонското знаме, новите македонски полициски сили кои ја завршија обуката ги поздрави министерот Панче Тошковски а тие му возвратија со поздравна песна – легендарната Бисер Балкански.

The post Ечеше „Бисер балкански“ од грлата на 416 мажи и 92 жени на промоцијата на нови полицајци appeared first on Република.

]]>

Новите полициски службеници и публиката која беше присутна во Центарот за обука во Идризово, ја запеаја „Бисер Балкански“ при свеченоста за нивна промоција. Вкупно 508 службеници рапортираа пред министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, па патриотски го поздравија. Во првиот дел од настанот, кога се интонираше македонската химна, Тошковски ги поздрави полициските службеници на кои им рече: „Пред да почнам со официјалниот дел од говорот, сакам да ви се заблагодарам, затоа што чувството да ја чуеш македонската химна од волкав голем број на патриоти кои си ја сакаат Македонија, морам да признаам дека е фантастично. Ви благодарам многу за тоа“. Едногодишната обука ја завршија 508 нови полицајци од кои 416 мажи и 92 жени. За време на официјалниот дел на овој свечен чин присуствуваа: Таљат Џафери, мин. Панче Тошковски, доп. мин. Митко Бојмацалиев и дир. на БЈБ Сашо Тасевски. Новите припадници на полициските служби беа поздравени од тех. премиер Џафери на албански јазик, а по завршувањето на церемонијата во центарот во Идризово, при спуштање на македонското знаме, новите македонски полициски сили кои ја завршија обуката ги поздрави министерот Панче Тошковски а тие му возвратија со поздравна песна – легендарната Бисер Балкански.

The post Ечеше „Бисер балкански“ од грлата на 416 мажи и 92 жени на промоцијата на нови полицајци appeared first on Република.

]]>
Николоски: Ќе вложиме 50 милиони евра во спортот, поддршка за клубовите и федерациите https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ke-vlozhime-50-milioni-evra-vo-sportot-poddrshka-za-klubovite-i-federatsiite/ Sat, 27 Apr 2024 12:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=771650

Денеска сум во посета на општините Гевгелија, Валандово и Неготино. Во Гевгелија имав задоволство да проследам дел од државното првенство во карате за категорија од 10 до 14 години. Навистина импресивно како бројни млади деца се натпреваруваат и го градат спортскиот дух, и тоа е нешто што сакаме да го видиме во Македонија после изборите. Затоа силно ќе го поддржиме спортот. И затоа планираме секоја година дополнителни 50 милиони евра поддршка за спортот во Македонија со цел спортот да се развива, и тоа да е основата за развој на нацијата, изјави денеска Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.

Истакна дека ќе инвестираат во изградба и на спортски објекти, на спортски сали и на сето она кое што е потребно како спортска инфраструктура, но и поддршка на клубовите, федерациите со цел што повеќе луѓе да се занимаваат со спорт.

-Денеска исто така ќе посетиме неколку стопански објекти тука во Гевгелија каде што ќе ги презентираме нашите проекти, пред се поврзани со економскиот развој на Македонија, за стимулирање на домашните инвеститори, секако и привлекување на странски инвеститори. Тука е делот на намалување на даноци кои што треба да овозможи по поволна бизнис клима, стимулирање на извозот преку реструктуирање на министерствата, тука секако доаѓа формирањето на таканаречено Министерство за надворешни работи и трговија, кое што треба да се занима покрај се она што се основни обврски на Министерството за надворешни работи и со промоција на извозот од Македонија, како и привлекување на странски инвестиции во Македонија.

Ќе поразговараме и за состојбите во земјоделието каде што планираме бројни проекти во следниот период и за сето она кое што е важно за граѓаните.

Би сакал да искоментирам уште една работа. Ја гледаме паниката во власта, особено во политичката партија ДУИ, слушаме дека веќе интензивно размислуваат за поткуп на гласачи, да им кажам дека тоа е недозволиво, дека е законски казниво дело и дека одговорност ќе има. Да не помислуваат на таква работа, нашата цел е јасна што поголема поддршка за СДС и ДУИ да одат во опозицијата. И ние сме убедени дека граѓаните ќе ни дадат огромна поддршка за да го реализираме ова, се со цел после тоа да воведеме функционален систем на правото, економски да ја развиваме Македонија, да ги подобруваме условите во образованието, во здравството, пензиите да растат, а младите да имаат подобра иднина во Македонија, нагласи Николоски.

The post Николоски: Ќе вложиме 50 милиони евра во спортот, поддршка за клубовите и федерациите appeared first on Република.

]]>

Денеска сум во посета на општините Гевгелија, Валандово и Неготино. Во Гевгелија имав задоволство да проследам дел од државното првенство во карате за категорија од 10 до 14 години. Навистина импресивно како бројни млади деца се натпреваруваат и го градат спортскиот дух, и тоа е нешто што сакаме да го видиме во Македонија после изборите. Затоа силно ќе го поддржиме спортот. И затоа планираме секоја година дополнителни 50 милиони евра поддршка за спортот во Македонија со цел спортот да се развива, и тоа да е основата за развој на нацијата, изјави денеска Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4. Истакна дека ќе инвестираат во изградба и на спортски објекти, на спортски сали и на сето она кое што е потребно како спортска инфраструктура, но и поддршка на клубовите, федерациите со цел што повеќе луѓе да се занимаваат со спорт. -Денеска исто така ќе посетиме неколку стопански објекти тука во Гевгелија каде што ќе ги презентираме нашите проекти, пред се поврзани со економскиот развој на Македонија, за стимулирање на домашните инвеститори, секако и привлекување на странски инвеститори. Тука е делот на намалување на даноци кои што треба да овозможи по поволна бизнис клима, стимулирање на извозот преку реструктуирање на министерствата, тука секако доаѓа формирањето на таканаречено Министерство за надворешни работи и трговија, кое што треба да се занима покрај се она што се основни обврски на Министерството за надворешни работи и со промоција на извозот од Македонија, како и привлекување на странски инвестиции во Македонија. Ќе поразговараме и за состојбите во земјоделието каде што планираме бројни проекти во следниот период и за сето она кое што е важно за граѓаните. Би сакал да искоментирам уште една работа. Ја гледаме паниката во власта, особено во политичката партија ДУИ, слушаме дека веќе интензивно размислуваат за поткуп на гласачи, да им кажам дека тоа е недозволиво, дека е законски казниво дело и дека одговорност ќе има. Да не помислуваат на таква работа, нашата цел е јасна што поголема поддршка за СДС и ДУИ да одат во опозицијата. И ние сме убедени дека граѓаните ќе ни дадат огромна поддршка за да го реализираме ова, се со цел после тоа да воведеме функционален систем на правото, економски да ја развиваме Македонија, да ги подобруваме условите во образованието, во здравството, пензиите да растат, а младите да имаат подобра иднина во Македонија, нагласи Николоски.

The post Николоски: Ќе вложиме 50 милиони евра во спортот, поддршка за клубовите и федерациите appeared first on Република.

]]>
Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – ограбувале златарници во Атина https://republika.mk/vesti/balkan/uapseni-dvajtsa-srbi-poraneshni-chlenovi-na-pink-panter-ograbuvale-zlatarnitsi-vo-atina/ Sat, 27 Apr 2024 08:01:13 +0000 https://republika.mk/?p=771601

Двајца Срби, поранешни членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција, пренесува „Телевизија Стар“.

Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.

По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.

The post Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – ограбувале златарници во Атина appeared first on Република.

]]>

Двајца Срби, поранешни членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција, пренесува „Телевизија Стар“. Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра. По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.

The post Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – ограбувале златарници во Атина appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-naroden-miting-na-vmro-dpmne-vo-kavadartsi/ Fri, 26 Apr 2024 18:57:43 +0000 https://republika.mk/?p=771529

The post ВО ЖИВО: Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

The post ВО ЖИВО: Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Народен митинг во општина Неготино- Македонија повторно твоја! https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-naroden-miting-vo-opshtina-negotino-makedonija-povtorno-tvoja/ Fri, 26 Apr 2024 16:50:44 +0000 https://republika.mk/?p=771492

Во тек е народен митинг на ВМРО ДПМНЕ во општина Неготино. Следете на овој линк

The post ВО ЖИВО: Народен митинг во општина Неготино- Македонија повторно твоја! appeared first on Република.

]]>

Во тек е народен митинг на ВМРО ДПМНЕ во општина Неготино. Следете на овој линк

The post ВО ЖИВО: Народен митинг во општина Неготино- Македонија повторно твоја! appeared first on Република.

]]>
Гореше зад Универзална https://republika.mk/vesti/skopje/goreshe-zad-univerzalna/ Fri, 26 Apr 2024 12:27:38 +0000 https://republika.mk/?p=771402

Пожар избувнал денеска околу пладне во куќа во уличката зад Универзална сала. Од снимките на социјалните мрежи се гледа дека гори горниот спрат на куќата, а на терен веднаш излегле пожарникарите кои помогнале во гаснењето на пожарот.

Командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски информира дека при гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарни со пет противпожарни возила.

Пожарот веќе е изгаснат и нема повредени лица.

The post Гореше зад Универзална appeared first on Република.

]]>

Пожар избувнал денеска околу пладне во куќа во уличката зад Универзална сала. Од снимките на социјалните мрежи се гледа дека гори горниот спрат на куќата, а на терен веднаш излегле пожарникарите кои помогнале во гаснењето на пожарот. Командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски информира дека при гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарни со пет противпожарни возила. Пожарот веќе е изгаснат и нема повредени лица.  

The post Гореше зад Универзална appeared first on Република.

]]>
Стојаноска: Време е да се обединиме и повеќе да не функционираме како до сега, туку да вложиме и да инвестираме во вистинска слобода, благосостојба и соживот https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanoska-vreme-e-da-se-obedinime-i-poveke-da-ne-funktsionirame-kako-do-sega-tuku-da-vlozhime-i-da-investirame-vo-vistinska-sloboda-blagosostojba-i-sozhivot/ Fri, 26 Apr 2024 12:22:42 +0000 https://republika.mk/?p=771399

Oд срце им се заблагодарувам на сите мои сограѓани и ги повикувам истото да го направат да го направат и во вториот круг, имено ВМРО-ДПМНЕ подава рака кон сите, време е, момент е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега, туку да вложиме да инвестираме во вистинска слобода, вистинска благосостојба и вистински соживот особено за нас особено во шестата Изборна единица, изјави денеска Дафина Стојаноска, носител на Изборна единица 6.

Во текот на вчерашниот ден направивме анализа од резултатите од првиот изборен ден на претседателските избори и истото покажува дека голем број на нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми и Бошњаци го имаат дадено својот глас за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова.

Во име на тоа, од срце им се заблагодарувам на сите мои сограѓани и ги повикувам истото да го направат да го направат и во вториот круг имено ВМРО-ДПМНЕ подава рака кон сите, време е, момент е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега, туку да вложиме да инвестираме во вистинска слобода, вистинска благосостојба и вистински соживот особено за нас особено во шестата изборна единица. Време е заедно да се спротивставиме на криминалот и Македонија да ја направиме своја и горда, истакна Стојаноска.

The post Стојаноска: Време е да се обединиме и повеќе да не функционираме како до сега, туку да вложиме и да инвестираме во вистинска слобода, благосостојба и соживот appeared first on Република.

]]>

Oд срце им се заблагодарувам на сите мои сограѓани и ги повикувам истото да го направат да го направат и во вториот круг, имено ВМРО-ДПМНЕ подава рака кон сите, време е, момент е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега, туку да вложиме да инвестираме во вистинска слобода, вистинска благосостојба и вистински соживот особено за нас особено во шестата Изборна единица, изјави денеска Дафина Стојаноска, носител на Изборна единица 6. Во текот на вчерашниот ден направивме анализа од резултатите од првиот изборен ден на претседателските избори и истото покажува дека голем број на нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми и Бошњаци го имаат дадено својот глас за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова. Во име на тоа, од срце им се заблагодарувам на сите мои сограѓани и ги повикувам истото да го направат да го направат и во вториот круг имено ВМРО-ДПМНЕ подава рака кон сите, време е, момент е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега, туку да вложиме да инвестираме во вистинска слобода, вистинска благосостојба и вистински соживот особено за нас особено во шестата изборна единица. Време е заедно да се спротивставиме на криминалот и Македонија да ја направиме своја и горда, истакна Стојаноска.

The post Стојаноска: Време е да се обединиме и повеќе да не функционираме како до сега, туку да вложиме и да инвестираме во вистинска слобода, благосостојба и соживот appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците, со 250 милиони евра годишно дополнително ќе се развиваат општините https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-so-nad-800-milioni-evra-vladata-od-vmro-dpmne-ke-gi-reshava-problemite-na-zemjodeltsite-so-250-milioni-evra-godishno-dopolnitelno-ke-se-razvivaat-opshtinite/ Fri, 26 Apr 2024 10:03:07 +0000 https://republika.mk/?p=771321

Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за сите општини во Република Македонија без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе доделиме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура, значи дополнително општините ќе се градат и дополнително ќе се развиваат, изјави денеска Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Благодарност за поканата на нашиот градоначалник Виктор Паунов, тука сме заедно и со кандидатот за пратеник Гордана Барбашка. Како што нашиот градоначалник работи и покрај опструкциите од централната власт, гледате дека се развива и се гради.

Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за сите општини во Република Македонија без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе доделиме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура, значи дополнително општините ќе се градат и дополнително ќе се развиваат.

Како што работи нашиот градоначалник во Карбинци, така ќе работиме и ние на централно ниво.

Дополнително за жителите од овој крај предвидуваме над 800 милиони евра во 4 годишен мандат за земјоделците што значи реконструкција на сите водоводни канали, да го решиме проблемот со водоснабдувањето, да го решиме проблемот со загарантираниот откуп, и да го решиме проблемот со загарантираната цена. Значи ќе отвораме и нови откупни центри.

Земјоделците од овој крај заслужуваат внимание, заслужуваат да си ја работат земјата тие, а не земјата да ја поседуваат феудалци како Љупчо Николовски и сличните на него.

Македонија е одлучна за промени, Македонија сака да биде горда, и Македонија заслужува да биде повторно твоја.

Затоа ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да ни се приклучат да излеземе заеднички, да ставиме крај на овие црнила и овие сивила кои ги донесоа СДС и ДУИ, рече Ковачки.

The post Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците, со 250 милиони евра годишно дополнително ќе се развиваат општините appeared first on Република.

]]>

Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за сите општини во Република Македонија без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе доделиме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура, значи дополнително општините ќе се градат и дополнително ќе се развиваат, изјави денеска Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3. Благодарност за поканата на нашиот градоначалник Виктор Паунов, тука сме заедно и со кандидатот за пратеник Гордана Барбашка. Како што нашиот градоначалник работи и покрај опструкциите од централната власт, гледате дека се развива и се гради. Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за сите општини во Република Македонија без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе доделиме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура, значи дополнително општините ќе се градат и дополнително ќе се развиваат. Како што работи нашиот градоначалник во Карбинци, така ќе работиме и ние на централно ниво. Дополнително за жителите од овој крај предвидуваме над 800 милиони евра во 4 годишен мандат за земјоделците што значи реконструкција на сите водоводни канали, да го решиме проблемот со водоснабдувањето, да го решиме проблемот со загарантираниот откуп, и да го решиме проблемот со загарантираната цена. Значи ќе отвораме и нови откупни центри. Земјоделците од овој крај заслужуваат внимание, заслужуваат да си ја работат земјата тие, а не земјата да ја поседуваат феудалци како Љупчо Николовски и сличните на него. Македонија е одлучна за промени, Македонија сака да биде горда, и Македонија заслужува да биде повторно твоја. Затоа ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да ни се приклучат да излеземе заеднички, да ставиме крај на овие црнила и овие сивила кои ги донесоа СДС и ДУИ, рече Ковачки.

The post Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците, со 250 милиони евра годишно дополнително ќе се развиваат општините appeared first on Република.

]]>
Моника и Таче со конзола ги спасуваат СДСМ и ЛДП од потоп https://republika.mk/vesti/makedonija/monika-i-tache-so-konzola-gi-spasuvaat-sdsm-i-ldp-od-potop/ Fri, 26 Apr 2024 09:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=771301

Додека вчера сите се прашуваа каде е раководството на Коалицијата за европска иднина и редеа шеги за нивното криење во глувчешката дупка по големиот пораз во првиот круг на парламентарните избори, лидерите на СДСМ и ЛДП, инаку носители на листите во ИЕ1, Димитар Ковачевски и Моника Зајкова - играа фудбалче.

Во очаен обид да им се приближат на младите и да покажат „нормалност“ во едно не толку нормално видео тие одговараат на брзи кратки прашања играјќи прејстејш.

Што би рекле младите - кринџ.

The post Моника и Таче со конзола ги спасуваат СДСМ и ЛДП од потоп appeared first on Република.

]]>

Додека вчера сите се прашуваа каде е раководството на Коалицијата за европска иднина и редеа шеги за нивното криење во глувчешката дупка по големиот пораз во првиот круг на парламентарните избори, лидерите на СДСМ и ЛДП, инаку носители на листите во ИЕ1, Димитар Ковачевски и Моника Зајкова - играа фудбалче. Во очаен обид да им се приближат на младите и да покажат „нормалност“ во едно не толку нормално видео тие одговараат на брзи кратки прашања играјќи прејстејш. Што би рекле младите - кринџ.

The post Моника и Таче со конзола ги спасуваат СДСМ и ЛДП од потоп appeared first on Република.

]]>
Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) го организираа настанот што предизвика рекорден број на пријавени млади учесници https://republika.mk/vesti/kultura/amerikanskiot-univerzitet-na-evropa-fon-aue-fon-i-makedonskata-esport-federatsija-mesf-go-organiziraa-nastanot-shto-predizvika-rekorden-broj-na-prijaveni-mladi-uchesnitsi/ Fri, 26 Apr 2024 09:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=771284

По успешното завршување на првиот заеднички настан на Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ), со гордост објавуваме дека имаме рекорден број на заинтересирани млади, со возраст од 18 до 28 години, кои се пријавија и учествуваа на овој важен настан.

Со вкупно 70-тина учесници, се потврди големиот интерес за развојот на еспортот и образованието во оваа област.

Овој настан не само што ја потврдува релевантноста и значењето на нашите две институции, туку и го нагласува високото ниво на ангажман и заинтересираност на младите луѓе за подобрување на своите знаења и вештини во областа на еспортот и технологијата, можноста на младите да учествуваат и научат од врвните професионалци во областа. Исто така настанот го изразува ангажманот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) за развојот на младите таленти и заедницата во целост.

Со оглед на големиот интерес од страна на младите, ние сме уште повеќе мотивирани да продолжиме со нашата мисија за образование и развој, обезбедувајќи уште повеќе можности за учество и напредок за идните генерации. Во наредните денови, ќе ги споделиме искуствата и впечатоците од настанот, како и плановите за идните активности и иницијативи на Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ).

Следете нè за повеќе информации преку нашите комуникациски канали и бидете подготвени за уште повеќе предизвици и можностите за развој што ни предстојат.

The post Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) го организираа настанот што предизвика рекорден број на пријавени млади учесници appeared first on Република.

]]>

По успешното завршување на првиот заеднички настан на Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ), со гордост објавуваме дека имаме рекорден број на заинтересирани млади, со возраст од 18 до 28 години, кои се пријавија и учествуваа на овој важен настан. Со вкупно 70-тина учесници, се потврди големиот интерес за развојот на еспортот и образованието во оваа област. Овој настан не само што ја потврдува релевантноста и значењето на нашите две институции, туку и го нагласува високото ниво на ангажман и заинтересираност на младите луѓе за подобрување на своите знаења и вештини во областа на еспортот и технологијата, можноста на младите да учествуваат и научат од врвните професионалци во областа. Исто така настанот го изразува ангажманот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) за развојот на младите таленти и заедницата во целост. Со оглед на големиот интерес од страна на младите, ние сме уште повеќе мотивирани да продолжиме со нашата мисија за образование и развој, обезбедувајќи уште повеќе можности за учество и напредок за идните генерации. Во наредните денови, ќе ги споделиме искуствата и впечатоците од настанот, како и плановите за идните активности и иницијативи на Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ). Следете нè за повеќе информации преку нашите комуникациски канали и бидете подготвени за уште повеќе предизвици и можностите за развој што ни предстојат.

The post Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) го организираа настанот што предизвика рекорден број на пријавени млади учесници appeared first on Република.

]]>
Дурловски: „Заветна“ ја препеавме во најтемниот период, за сега да стане „лајт-мотив“ на светлото кое доаѓа https://republika.mk/vesti/makedonija/durlovski-zavetna-ja-prepeavme-vo-najtemniot-period-za-sega-da-stane-lajt-motiv-na-svetloto-koe-doaga/ Fri, 26 Apr 2024 08:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=771248

Изборната предност на кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ се славеше со песната, која заедно со „Бисер Балкански“, е своевидна химна на Македонците.

„Заветна” со Андријана ја препеавме во најтемниот период на самостојна Македонија за сега да стане „лајт-мотив” на светлото кое допрва треба да дојде, порача макеоднскиот познат оперски пејач Игор Дурловски.

Вчера, пак, се навршија 16 години од смртта на легендарниот фолк пејач Пепи Бафтировски, кој во својата ризница на хитови ја отпеа и „Заветна“.

За оваа патриотска песна стиховите ги напиша Георги Барбаровски, а музиката е на неговиот брат Миле Барбаровски. Истата била напишана во 1987-1988 година, а изминативе години ја обработија повеќе наши музичари.

https://www.youtube.com/watch?v=hvQbBjCCJeE

https://youtu.be/gxxRZ4kJvQM?si=90ANYsqQYq4z5mh4

The post Дурловски: „Заветна“ ја препеавме во најтемниот период, за сега да стане „лајт-мотив“ на светлото кое доаѓа appeared first on Република.

]]>

Изборната предност на кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ се славеше со песната, која заедно со „Бисер Балкански“, е своевидна химна на Македонците.
„Заветна” со Андријана ја препеавме во најтемниот период на самостојна Македонија за сега да стане „лајт-мотив” на светлото кое допрва треба да дојде, порача макеоднскиот познат оперски пејач Игор Дурловски.
Вчера, пак, се навршија 16 години од смртта на легендарниот фолк пејач Пепи Бафтировски, кој во својата ризница на хитови ја отпеа и „Заветна“. За оваа патриотска песна стиховите ги напиша Георги Барбаровски, а музиката е на неговиот брат Миле Барбаровски. Истата била напишана во 1987-1988 година, а изминативе години ја обработија повеќе наши музичари. https://www.youtube.com/watch?v=hvQbBjCCJeE https://youtu.be/gxxRZ4kJvQM?si=90ANYsqQYq4z5mh4

The post Дурловски: „Заветна“ ја препеавме во најтемниот период, за сега да стане „лајт-мотив“ на светлото кое доаѓа appeared first on Република.

]]>
Премиерата на грандиозната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди на 9 мај ќе ги отвори 52. Мајски оперски вечери https://republika.mk/vesti/kultura/premierata-na-grandioznata-opera-trubadur-od-dhuzepe-verdi-na-9-maj-ke-gi-otvori-52-majski-operski-vecheri/ Fri, 26 Apr 2024 07:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=771223

Oд 9-31 мај  во Националната опера и балет, ќе се одржи 52. издание на „Мајски оперски вечери“. 52 години по ред во најубавиот месец на годината, мај во Скопjе се одржува единствениот и по содржина и по состав, меѓународен фестивал „MAJCKИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ“.

Традиционално со палењето на фестивалскиот оган во Националната опера и балет на 9 мај 2024, со почеток во 20.00 часот, ќе се отворат 52. „Мајски оперски вечери“ со премиерата на грандиозната опера „ТРУБАДУР“ од Џузепе Верди, втората изведба на операта „ТРУБАДУР“ е на 11 мај. 20.00 ч.

На 15 мај, 20.00 ч. ќе се изведе волшебната балетска бајка „ЗАСПАНАТА УБАВИЦА“ од П. И. Чајковски.

На 18 мај, 18.00 ч. за првпат на македонската сцена ќе се изведе опера од композиторот Рихард Вагнер, операта „ВАЛКИРА“ со гостување на Софиската опера и балет.
На 23 мај, 20.00 ч. ќе се изведе ремек-делото од Џакомо Пучини, операта „ТОСКА“ .
На 28 мај, 20.00 ч. ќе се изведе камерната опера „СВАДБА“ од Ана Соколовиќ, во изведба на Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.
Традиционално затворањето на фестивалот „Мајски оперски вечери“ е со величествената „АИДА“ од Џузепе Верди.
Во рамките на фестивалот во фоајето на Националната опера и балет од 9 мај ќе биде поставена изложба посветена на оперската примадона Милка Ефтимова со наслов „ОПЕРСКА ОДИСЕЈА“ – Наследството на Милка Ефтимова.
Изложбената експозиција ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, класифицирани во категоријата лични предмети како и голем број награди, признанија и фотографии и портрети кои во детали ја прикажуваат нејзината богата музичка кариера.
Изложбата е резултат на меѓу институционалната соработка на НУ Музеј на македонската борба за самостојност и НУ Национална опера и балет, Скопје.

The post Премиерата на грандиозната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди на 9 мај ќе ги отвори 52. Мајски оперски вечери appeared first on Република.

CODE 369 на Скопски градски фестивал на 7 мај во Филхармонија https://republika.mk/scena/code-369-na-skopski-gradski-festival-na-7-maj-vo-filharmonija/ Fri, 26 Apr 2024 07:11:22 +0000 https://republika.mk/?p=771208

Милениците на регионалните медиуми CODE 369, нивниот последен албум го издаде хрватската Croatia Records.

Нивната музичка мисла е на границата меѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музика, задржувајќи ја свежината, слободата и авангардните идеи од првата категорија и прифатливоста на втората.

На 7 мај, во Филхармонија ги гледаме и слушаме во живо на СКОПСКИ ГРАДСКИ ФЕСТИВАЛ 2024.

Влезници на https://bileti.mk/e/sgf24

https://www.youtube.com/watch?v=fZqbsTZd6JA&fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR1I1iXO5OZeV09rIO8l8BnFBsSt88TtO4uqFGG92AKxtG_YSe26rUn5YxU_aem_AdMGvT_Xw5Y3YPuXRIWbOVZIyN-GDlNeTWsvgahDKTXPsr6s54p1KZoqhtpODjvySYpXScQ1QDcLg_0NahTpM5NS

The post CODE 369 на Скопски градски фестивал на 7 мај во Филхармонија appeared first on Република.

Мицкоски го предвиде резултатот во првиот круг https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-go-predvide-rezultatot-vo-prviot-krug/ Thu, 25 Apr 2024 21:26:28 +0000 https://republika.mk/?p=771146

На социјалните мрежи кружи видео од телевизиско гостување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во кое тој го прогнозира исходот на првиот круг од претседателските избори.

Тој рече дека разликата ќе биде над 100.000 гласови што и се случи бидејќи разликата меѓу Силјановска и Пендаровски е 180.000 гласови.

За разлика од Мицкоски, Бојан Маричиќ од СДСМ прогнозира дека разликата меѓу Пендаровски и Силјановска е тесна и оти нивниот кандидат е во предност.

Погледнете

The post Мицкоски го предвиде резултатот во првиот круг appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи кружи видео од телевизиско гостување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во кое тој го прогнозира исходот на првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека разликата ќе биде над 100.000 гласови што и се случи бидејќи разликата меѓу Силјановска и Пендаровски е 180.000 гласови. За разлика од Мицкоски, Бојан Маричиќ од СДСМ прогнозира дека разликата меѓу Пендаровски и Силјановска е тесна и оти нивниот кандидат е во предност. Погледнете  

The post Мицкоски го предвиде резултатот во првиот круг appeared first on Република.

]]>
Љуљзим Фаризи: Коалиција сите на една страна против ВМРО-ДПМНЕ не е можна https://republika.mk/vesti/makedonija/lulzim-farizi-koalitsija-site-na-edna-strana-protiv-vmro-dpmne-ne-e-mozhna/ Thu, 25 Apr 2024 20:07:09 +0000 https://republika.mk/?p=771128

Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи му одржа политички лекции на проопозицискиот новинар Љубиша Николовски на тема избори и калкулациите за вториот круг.

Коалиција сите на една страна не е можна бидејќи ја имаме Левица и ЗНАМ.Ги имаме СДСМ, ВЛЕН и Европскиот фронт. Вие мислите ако Ахмети влегува во таа шема со СДСМ ќе им го даде премиерското место.Тогаш тој ќе бара претседател на држава, премиерско место и од 15 министерства ќе им даде четири. Македонците ќе бидат задоволни од мнозинство во државата да станат малцинство во владата? Тоа не е логично. Дури е и спротивно на Рамковниот договор, затоа што тој договор ги брани и Македонците и другите етнички заедници. Јас мислам дека оваа логика ја тера СДСМ на 18 пратеници. Aко ја тераат оваа логика на 8 мај ќе имаат десет отсто гласови

The post Љуљзим Фаризи: Коалиција сите на една страна против ВМРО-ДПМНЕ не е можна appeared first on Република.

Само во Македонија воз чека да помине автомобил https://republika.mk/zivot/servisi/samo-vo-makedonija-voz-cheka-da-pomine-avtomobl/ Thu, 25 Apr 2024 19:24:37 +0000 https://republika.mk/?p=771113

На социјалните мрежи кружи видео од железнички премин во Македонија.Секаде во светот кога возот поминува рампата се спушта за автомобилите.

Е во оваа наша чудесна Македонија е обратно.

Погледнете

The post Само во Македонија воз чека да помине автомобил appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи кружи видео од железнички премин во Македонија.Секаде во светот кога возот поминува рампата се спушта за автомобилите. Е во оваа наша чудесна Македонија е обратно. Погледнете

The post Само во Македонија воз чека да помине автомобил appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: ДИК ги соопшти конечните резултати https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-dik-gi-soopshti-konechnite-rezultati/ Thu, 25 Apr 2024 16:36:40 +0000 https://republika.mk/?p=771071

The post ВО ЖИВО: ДИК ги соопшти конечните резултати appeared first on Република.

]]>

The post ВО ЖИВО: ДИК ги соопшти конечните резултати appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Просторот на СВР Охрид ќе се уреди со убав парк, а подземно ќе има катна гаража https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-prostorot-na-svr-ohrid-ke-se-uredi-so-ubav-park-a-podzemno-ke-ima-katna-garazha/ Thu, 25 Apr 2024 16:27:13 +0000 https://republika.mk/?p=771064

Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража, oбјави лидеро Христијан Мицкоски.

https://www.youtube.com/watch?v=NZFPuF58Lfo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните. Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека. Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија.

The post Мицкоски: Просторот на СВР Охрид ќе се уреди со убав парк, а подземно ќе има катна гаража appeared first on Република.

]]>

Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража, oбјави лидеро Христијан Мицкоски. https://www.youtube.com/watch?v=NZFPuF58Lfo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните. Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека. Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија.
 
The post Мицкоски: Просторот на СВР Охрид ќе се уреди со убав парк, а подземно ќе има катна гаража appeared first on Република.

]]>
Николоски: Очекувам убедлива победа на 8 мај за стабилна влада која што нема да биде уценува од никого https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ochekuvam-ubedliva-pobeda-na-8-maj-za-stabilna-vlada-koja-shto-nema-da-bide-utsenuva-od-nikogo/ Thu, 25 Apr 2024 15:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=771044

Почитувани претставници на медиумите денес продолжуваме со кампањата за парламентарните и претседателските избори, денеска се спојуваат повторно двете кампањи. Продолжуваме тука од Струмица каде што планираме големи проекти по формирање на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам сите граѓани да ја прочитаат нашата програма Платформа 1198 каде што нудиме решенија за најкрупните проблеми на граѓаните, пред се во делот на владеење на правото и воспоставување на функционален систем на владеење на правото и правна држава. Понатаму економскиот развој, решенија за состојбите во образованието и во здравството, поддршка за пензионерите, но и за најмладите преку проектот „Купи куќа“ и бројни други проекти кои што ги имаме во Платформата 1198 - изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 при денешната посета на Струмица.

Тој додаде:

За нас е огромна привилегија поддршката која што ја добивме вчера, сметаме дека резултатот кој што вчера го постигна Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ е обврска во следните две недели уште поинтензивно да се среќаваме со сите кои што сакаат да се сретнат со нас, да го објасниме нашиот концепт и визија и да ја побараме поддршката.

Очекувам на 8 мај да има убедлива победа за Гордана Силјановска Давкова и најмногу пратеници за ВМРО-ДПМНЕ кој што ќе овозможат стабилна влада која што нема да биде уценува од никого и кој што ќе овозможат во опозиција да одат и СДСМ, но и политичката партија ДУИ.

Особено сум среќен како носител во ИЕ 4 што имаме победа во Струмица, тоа мислам дека е голем сигнал не само за Струмица, не само за струмичката околија туку за цела Македонија. Победата за Струмица за мене е најдрага од сите победи вчера, сакам да се заблагодарам на тимот позади мене, во следните две недели ќе работиме уште поинтензивно за да имаме уште поубедлива победа и Струмица конечно да го добие она што го заслужува, а тоа е економски развој и воведување на функционална правна држава каде што ќе има јасно владеење на правото, а не она што се случуваше во годините наназад.

https://www.youtube.com/watch?v=WIUxk20K5hc&t=2s

The post Николоски: Очекувам убедлива победа на 8 мај за стабилна влада која што нема да биде уценува од никого appeared first on Република.

]]>

Почитувани претставници на медиумите денес продолжуваме со кампањата за парламентарните и претседателските избори, денеска се спојуваат повторно двете кампањи. Продолжуваме тука од Струмица каде што планираме големи проекти по формирање на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам сите граѓани да ја прочитаат нашата програма Платформа 1198 каде што нудиме решенија за најкрупните проблеми на граѓаните, пред се во делот на владеење на правото и воспоставување на функционален систем на владеење на правото и правна држава. Понатаму економскиот развој, решенија за состојбите во образованието и во здравството, поддршка за пензионерите, но и за најмладите преку проектот „Купи куќа“ и бројни други проекти кои што ги имаме во Платформата 1198 - изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 при денешната посета на Струмица. Тој додаде:
За нас е огромна привилегија поддршката која што ја добивме вчера, сметаме дека резултатот кој што вчера го постигна Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ е обврска во следните две недели уште поинтензивно да се среќаваме со сите кои што сакаат да се сретнат со нас, да го објасниме нашиот концепт и визија и да ја побараме поддршката. Очекувам на 8 мај да има убедлива победа за Гордана Силјановска Давкова и најмногу пратеници за ВМРО-ДПМНЕ кој што ќе овозможат стабилна влада која што нема да биде уценува од никого и кој што ќе овозможат во опозиција да одат и СДСМ, но и политичката партија ДУИ. Особено сум среќен како носител во ИЕ 4 што имаме победа во Струмица, тоа мислам дека е голем сигнал не само за Струмица, не само за струмичката околија туку за цела Македонија. Победата за Струмица за мене е најдрага од сите победи вчера, сакам да се заблагодарам на тимот позади мене, во следните две недели ќе работиме уште поинтензивно за да имаме уште поубедлива победа и Струмица конечно да го добие она што го заслужува, а тоа е економски развој и воведување на функционална правна држава каде што ќе има јасно владеење на правото, а не она што се случуваше во годините наназад.
https://www.youtube.com/watch?v=WIUxk20K5hc&t=2s

The post Николоски: Очекувам убедлива победа на 8 мај за стабилна влада која што нема да биде уценува од никого appeared first on Република.

]]>