васко ковачевски Archives - Република https://republika.mk/tema/vasko-kovachevski/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Apr 2023 12:30:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png васко ковачевски Archives - Република https://republika.mk/tema/vasko-kovachevski/ 32 32 Сепак не било за децата: Васко Ковачевски се подготвува за амбасадор во Париз https://republika.mk/vesti/makedonija/sepak-ne-bilo-za-detsata-vasko-kovachevski-se-podgotvuva-za-ambasador-vo-pariz/ Wed, 26 Apr 2023 12:10:38 +0000 https://republika.mk/?p=634294

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски се спрема за дипломатка кариера во Франција. Како што дознава „Република“, по пропаднатите предлози за пополнување на амбасадорското место во Париз, Владата сега ќе се обиде со Ковачевски.

Веста доаѓа точно дваесет дена по неговата оставката , за која тој рече дека е од лични причини.

Вработен сум во АД ЕСМ. Прво ќе го земам одморот од 20 дена, а потоа по проценка на новиот менаџмент на ЕСМ и министрите ќе процениме каде ќе биде моето место во компанијата. Она што го протежирам е да се посветам пред се на семејството, односно на моите две деца кои имаат потреба од мене за иден раст и развој односно доообразование, истакна Ковачевски на прес-конференцијата пред 20 дена.

На ова реагираше неговата поранешна сопруга која го праша - „На кое семејство ќе му се посвети??? На децата кои се возрасни и последните 15 години ги гледаше по 2 часа во неделата…“

https://republika.mk/vesti/makedonija/soprugata-mu-odgovori-na-kovachevski-na-koe-semejstvo-ke-mu-se-posveti-ti-odamna-go-napushti-ova-semejstvo/

Неофицијални информации на МКД.мк, пак, велат дека за амбасадорското место во Букурешт се подготвува Андреј Жерновски, Игор Попов ќе се пража во Бразил, Емил Крстевски во Прага, Пајо Авировиќ во ОБСЕ, Џенк Сејфула во Стокхолм, Шпенд Садики во Израел, Јасмин Ќахил во Варшава и Јакуп Реџепи во Сараево, а поранешниот министер за правда Никола Тупанчески во Белград.

The post Сепак не било за децата: Васко Ковачевски се подготвува за амбасадор во Париз appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски се спрема за дипломатка кариера во Франција. Како што дознава „Република“, по пропаднатите предлози за пополнување на амбасадорското место во Париз, Владата сега ќе се обиде со Ковачевски. Веста доаѓа точно дваесет дена по неговата оставката , за која тој рече дека е од лични причини.
Вработен сум во АД ЕСМ. Прво ќе го земам одморот од 20 дена, а потоа по проценка на новиот менаџмент на ЕСМ и министрите ќе процениме каде ќе биде моето место во компанијата. Она што го протежирам е да се посветам пред се на семејството, односно на моите две деца кои имаат потреба од мене за иден раст и развој односно доообразование, истакна Ковачевски на прес-конференцијата пред 20 дена.
На ова реагираше неговата поранешна сопруга која го праша - „На кое семејство ќе му се посвети??? На децата кои се возрасни и последните 15 години ги гледаше по 2 часа во неделата…“ https://republika.mk/vesti/makedonija/soprugata-mu-odgovori-na-kovachevski-na-koe-semejstvo-ke-mu-se-posveti-ti-odamna-go-napushti-ova-semejstvo/ Неофицијални информации на МКД.мк, пак, велат дека за амбасадорското место во Букурешт се подготвува Андреј Жерновски, Игор Попов ќе се пража во Бразил, Емил Крстевски во Прага, Пајо Авировиќ во ОБСЕ, Џенк Сејфула во Стокхолм, Шпенд Садики во Израел, Јасмин Ќахил во Варшава и Јакуп Реџепи во Сараево, а поранешниот министер за правда Никола Тупанчески во Белград.

The post Сепак не било за децата: Васко Ковачевски се подготвува за амбасадор во Париз appeared first on Република.

]]>
Стефанов ја презеде функцијата генерален директор на АД ЕСМ https://republika.mk/vesti/ekonomija/stefanov-ja-prezede-funktsijata-generalen-direktor-na-ad-esm/ Wed, 19 Apr 2023 07:52:11 +0000 https://republika.mk/?p=631971

Во просториите на АД ЕСМ се одржа чинот на примопредавање на должноста генерален директор. Новоименуваниот генерален директор Васко Стефанов ја презеде функцијата од досегашниот генерален директор Васко Ковачевски.

Во срдечна атмосфера, си посакаа многу успех и ефикасно справување со предизвиците што претстојат.

Чест ми е што сум именуван за нов генерален директор на АД ЕСМ. Денес имав продуктивна средба со досегашниот генерален директор Васко Ковачевски. ЕСМ ќе продолжи  посветено и транспарентно да се подготвува за следната грејна сезона“ - изјави генералниот директор Стефанов.

Васко Стефанов е новиот генерален директор на АД ЕСМ, откако досегашниот директор Васко Ковачевски ја депонираше својата оставка. Надзорниот одбор на АД ЕСМ ја констатираше оставката на Васко Ковачевски од должноста член и претседател на Управен одбор, со назив генерален директор, а за нов член и претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, по препорака на Владата, го избра Васко Стефанов.

Стефанов, на новата позиција доаѓа со претходно искуство од АД Водостопанство и АД Пошти на РСМ, каде што бил генерален директор.

The post Стефанов ја презеде функцијата генерален директор на АД ЕСМ appeared first on Република.

]]>

Во просториите на АД ЕСМ се одржа чинот на примопредавање на должноста генерален директор. Новоименуваниот генерален директор Васко Стефанов ја презеде функцијата од досегашниот генерален директор Васко Ковачевски. Во срдечна атмосфера, си посакаа многу успех и ефикасно справување со предизвиците што претстојат.
Чест ми е што сум именуван за нов генерален директор на АД ЕСМ. Денес имав продуктивна средба со досегашниот генерален директор Васко Ковачевски. ЕСМ ќе продолжи  посветено и транспарентно да се подготвува за следната грејна сезона“ - изјави генералниот директор Стефанов.
Васко Стефанов е новиот генерален директор на АД ЕСМ, откако досегашниот директор Васко Ковачевски ја депонираше својата оставка. Надзорниот одбор на АД ЕСМ ја констатираше оставката на Васко Ковачевски од должноста член и претседател на Управен одбор, со назив генерален директор, а за нов член и претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, по препорака на Владата, го избра Васко Стефанов.
Стефанов, на новата позиција доаѓа со претходно искуство од АД Водостопанство и АД Пошти на РСМ, каде што бил генерален директор.

The post Стефанов ја презеде функцијата генерален директор на АД ЕСМ appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Времето на Васко Ковачевски и СДС ќе биде запаметено по тендери во четири очи, милиони испумпани од РЕК и ЕЛЕМ и хаварии во системот https://republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-vremeto-na-vasko-kovachevski-i-sds-ke-bide-zapameteno-po-tenderi-vo-chetiri-ochi-milioni-ispumpani-od-rek-i-elem-i-havarii-vo-sistemot/ Thu, 06 Apr 2023 17:01:59 +0000 https://republika.mk/?p=628078

Времето на Васко Ковачевски и СДС ќе биде запаметено по тендери во четири очи, милиони испумпани од РЕК и ЕЛЕМ и хаварии во системот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Фалбите на Димитар Ковачевски за Васко Ковачевски можеби се заради десетиците зделки кои поминаа во изминатиов период во режија на власта преку енергетскиот сектор, од кои корист имаат само фирми и луѓе блиски до власта, но не и граѓаните.

Самиот Димитар Ковачевски кажа дека во ЕЛЕМ се вбрзигани близу 200 милиони евра државни пари, да не биле овие пари, претпријатието ќе банкротирало. Оттука чиста козметика се тврдењата за наводна успешност на Васко Ковачевски.

Тоа што Владата како што велат тие требало да субвенционира струја е повторно заради неспособноста на менаџерскиот тим на СДС и ДУИ, но и целата влада. ЕЛЕМ не е во можност да произведе доволно струја по цени кои ќе го задоволат регулираниот пазар, а нивната неспособност не е и не може да биде успех.

Фактите се дека народот денес плаќа 30% поскапа струја, за тоа не треба некој да биде експерт да го спознае, доволно е да ја погледне сметката која ја плаќа.

СДС не може да го убеди народот дека црното е бело, па макар и сто пати го повтори спротивното, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Времето на Васко Ковачевски и СДС ќе биде запаметено по тендери во четири очи, милиони испумпани од РЕК и ЕЛЕМ и хаварии во системот appeared first on Република.

]]>

Времето на Васко Ковачевски и СДС ќе биде запаметено по тендери во четири очи, милиони испумпани од РЕК и ЕЛЕМ и хаварии во системот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Фалбите на Димитар Ковачевски за Васко Ковачевски можеби се заради десетиците зделки кои поминаа во изминатиов период во режија на власта преку енергетскиот сектор, од кои корист имаат само фирми и луѓе блиски до власта, но не и граѓаните.   Самиот Димитар Ковачевски кажа дека во ЕЛЕМ се вбрзигани близу 200 милиони евра државни пари, да не биле овие пари, претпријатието ќе банкротирало. Оттука чиста козметика се тврдењата за наводна успешност на Васко Ковачевски.   Тоа што Владата како што велат тие требало да субвенционира струја е повторно заради неспособноста на менаџерскиот тим на СДС и ДУИ, но и целата влада. ЕЛЕМ не е во можност да произведе доволно струја по цени кои ќе го задоволат регулираниот пазар, а нивната неспособност не е и не може да биде успех.   Фактите се дека народот денес плаќа 30% поскапа струја, за тоа не треба некој да биде експерт да го спознае, доволно е да ја погледне сметката која ја плаќа.   СДС не може да го убеди народот дека црното е бело, па макар и сто пати го повтори спротивното, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Времето на Васко Ковачевски и СДС ќе биде запаметено по тендери во четири очи, милиони испумпани од РЕК и ЕЛЕМ и хаварии во системот appeared first on Република.

]]>
Сопругата му одговори на Ковачевски: На кое семејство ќе му се посвети? Ти одамна го напушти ова семејство… https://republika.mk/vesti/makedonija/soprugata-mu-odgovori-na-kovachevski-na-koe-semejstvo-ke-mu-se-posveti-ti-odamna-go-napushti-ova-semejstvo/ Thu, 06 Apr 2023 15:56:26 +0000 https://republika.mk/?p=628070

Поранешната сопруга на досегашниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, реагира за негоивата изјава дека заминува од чело на компанијата за да му се посветел на семејството.

Таа го обвинува Ковачевски, дека тој одамна го напуштил и го запоставувал семејството и му порачува да не го искористува за невистинити изговори.

На кое семејство ќе му се посвети???

На децата кои се возрасни и последните 15 години ги гледаше по 2 часа во неделата...

Официјално разведен на 6 март 2023 година...

Татко не можеш да се правиш на 27 и 21 годишна возраст, татко си цел живот...

Твоите лажни филмови рекламирај ги на друго место, а не по сите портали...

Ти одамна го напушти ова семејство..., реагира Мери Ковачевска Димовска.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vasko-kovachevski-od-lichni-prichini-se-povlekuva-od-direktorskoto-mesto-stefanov-doaga-na-chelo-na-esm/

The post Сопругата му одговори на Ковачевски: На кое семејство ќе му се посвети? Ти одамна го напушти ова семејство… appeared first on Република.

]]>

Поранешната сопруга на досегашниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, реагира за негоивата изјава дека заминува од чело на компанијата за да му се посветел на семејството. Таа го обвинува Ковачевски, дека тој одамна го напуштил и го запоставувал семејството и му порачува да не го искористува за невистинити изговори.
На кое семејство ќе му се посвети???   На децата кои се возрасни и последните 15 години ги гледаше по 2 часа во неделата...   Официјално разведен на 6 март 2023 година...   Татко не можеш да се правиш на 27 и 21 годишна возраст, татко си цел живот...   Твоите лажни филмови рекламирај ги на друго место, а не по сите портали...   Ти одамна го напушти ова семејство..., реагира Мери Ковачевска Димовска.
https://republika.mk/vesti/makedonija/vasko-kovachevski-od-lichni-prichini-se-povlekuva-od-direktorskoto-mesto-stefanov-doaga-na-chelo-na-esm/

The post Сопругата му одговори на Ковачевски: На кое семејство ќе му се посвети? Ти одамна го напушти ова семејство… appeared first on Република.

]]>
Васко Ковачевски од лични причини се повлекува од директорското место, Стефанов доаѓа на чело на ЕСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/vasko-kovachevski-od-lichni-prichini-se-povlekuva-od-direktorskoto-mesto-stefanov-doaga-na-chelo-na-esm/ Thu, 06 Apr 2023 12:40:46 +0000 https://republika.mk/?p=627980

Директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски од лични причини поднел оставка од функцијата и на негово место на следната владина седница ќе биде назначен, Васко Стефанов.

Информацијата ја потврди премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата посветена на годишниот извештај на АД ЕСМ.

Сакам лично да му се заблагодарам затоа што целото свое знаење и труд и време ги вложи во менаџирањето на компанијата во една исклучително тешка и деликатна ситуација која произлезе од енергетската криза, рече премиерот Ковачевски.

За одлуката на директорот на АД ЕСМ, премиерот рече дека разговарале уште во текот на минатата година и дека утрово усно, а утре и писмено, ќе биде доставена оставката која ќе биде констатирана на следната владина седница.

Генералниот директор на АД ЕСМ, како што изјави, останува да работи во компанијата.

Вработен сум во АД ЕСМ. Прво ќе го земам одморот од 20 дена, а потоа по проценка на новиот менаџмент на ЕСМ и министрите ќе процениме каде ќе биде моето место во компанијата. Она што го протежирам е да се посветам пред се на семејството, односно на моите две деца кои имаат потреба од мене за иден раст и развој односно доообразование, истакна Ковачевски.

Во однос на тоа дали е задоволен колку успешно менаџирал со компанијата, Ковачевски рече дека бројките во делот на производството и во делот на финансиите се најдобра потврда за тоа.

Убеден сум дека пред се како држава, а потоа и како компанија, успешно ја изменаџиравме кризата, рече тој.

Ковачевски во јули 2019 година беше избран за претседател на Управниот одбор и за генерален директор на АД ЕСМ. На функцијата дојде од местото директор на РЕК „Битола“ каде што беше назначен во јануари 2018 година.

Ковачевски е дипломиран инженер по термоенергетика. Тој е поранешен советник во Советот на општина Битола во периодот од 2013 до 2014 година, како и пратеник во Собранието во два мандата од 2014 до 2016 година и од 2016 до 2017 година.

Поради пензионирање од АД ЕСМ ќе замине и Добрила Стефанова, а на нејзно место за нов член на Управниот одбор и директор на финансии ќе биде назначена Марија Пејкова.

The post Васко Ковачевски од лични причини се повлекува од директорското место, Стефанов доаѓа на чело на ЕСМ appeared first on Република.

]]>

Директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски од лични причини поднел оставка од функцијата и на негово место на следната владина седница ќе биде назначен, Васко Стефанов. Информацијата ја потврди премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата посветена на годишниот извештај на АД ЕСМ.
Сакам лично да му се заблагодарам затоа што целото свое знаење и труд и време ги вложи во менаџирањето на компанијата во една исклучително тешка и деликатна ситуација која произлезе од енергетската криза, рече премиерот Ковачевски.
За одлуката на директорот на АД ЕСМ, премиерот рече дека разговарале уште во текот на минатата година и дека утрово усно, а утре и писмено, ќе биде доставена оставката која ќе биде констатирана на следната владина седница. Генералниот директор на АД ЕСМ, како што изјави, останува да работи во компанијата.
Вработен сум во АД ЕСМ. Прво ќе го земам одморот од 20 дена, а потоа по проценка на новиот менаџмент на ЕСМ и министрите ќе процениме каде ќе биде моето место во компанијата. Она што го протежирам е да се посветам пред се на семејството, односно на моите две деца кои имаат потреба од мене за иден раст и развој односно доообразование, истакна Ковачевски.
Во однос на тоа дали е задоволен колку успешно менаџирал со компанијата, Ковачевски рече дека бројките во делот на производството и во делот на финансиите се најдобра потврда за тоа. Убеден сум дека пред се како држава, а потоа и како компанија, успешно ја изменаџиравме кризата, рече тој. Ковачевски во јули 2019 година беше избран за претседател на Управниот одбор и за генерален директор на АД ЕСМ. На функцијата дојде од местото директор на РЕК „Битола“ каде што беше назначен во јануари 2018 година. Ковачевски е дипломиран инженер по термоенергетика. Тој е поранешен советник во Советот на општина Битола во периодот од 2013 до 2014 година, како и пратеник во Собранието во два мандата од 2014 до 2016 година и од 2016 до 2017 година. Поради пензионирање од АД ЕСМ ќе замине и Добрила Стефанова, а на нејзно место за нов член на Управниот одбор и директор на финансии ќе биде назначена Марија Пејкова.

The post Васко Ковачевски од лични причини се повлекува од директорското место, Стефанов доаѓа на чело на ЕСМ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски му откажа љубов на Ковачевски: По четири години работа, директорот на ЕСМ, поднесе оставка https://republika.mk/vesti/ekonomija/po-chetiri-godini-direktoruvane-vo-esm-kovachevski-podnese-ostavka/ Thu, 06 Apr 2023 11:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=627938

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, поднесе оставка. Тој ја депонирал оставката до премиерот Димитар Ковачевски.

Васко Ковачевски заедно со премиерот Димитар Ковачевски денска треба да има заедничка прес-конференција.

Од Владата не кажаа за кои точки ќе се расправа на денешната седница.

Ковачевски беше назначен на функцијата директор пред 4 години.

The post Ковачевски му откажа љубов на Ковачевски: По четири години работа, директорот на ЕСМ, поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, поднесе оставка. Тој ја депонирал оставката до премиерот Димитар Ковачевски. Васко Ковачевски заедно со премиерот Димитар Ковачевски денска треба да има заедничка прес-конференција. Од Владата не кажаа за кои точки ќе се расправа на денешната седница. Ковачевски беше назначен на функцијата директор пред 4 години.

The post Ковачевски му откажа љубов на Ковачевски: По четири години работа, директорот на ЕСМ, поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Васко Ковачевски заминува од челната позиција на ЕСМ https://republika.mk/vesti/ekonomija/vasko-kovachevski-zaminuva-od-chelnata-pozitsija-na-esm/ Thu, 06 Apr 2023 09:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=627845

Васко Ковачевски заминува од челната позиција на ЕСМ, на негово место доаѓа Васко Стефанов.

Ковачевски за ТВ 24 потврди дека ја депонирал неговата оставка до премиерот  Димитар Ковачевски.

The post Васко Ковачевски заминува од челната позиција на ЕСМ appeared first on Република.

]]>

Васко Ковачевски заминува од челната позиција на ЕСМ, на негово место доаѓа Васко Стефанов. Ковачевски за ТВ 24 потврди дека ја депонирал неговата оставка до премиерот  Димитар Ковачевски.

The post Васко Ковачевски заминува од челната позиција на ЕСМ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Природниот гас за потребите на топланите за март ќе се набави по цена од 60,10 евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-prirodniot-gas-za-potrebite-na-toplanite-za-mart-ke-se-nabavi-po-tsena-od-60-10-evra/ Sat, 25 Feb 2023 13:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=613097

АД ЕСМ донесе одлука за избор на набавувач за март за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје-Север. Природниот гас ќе се набави по цена од 60,10 евра, а добавувач ќе биде Макпетрол, изјави на денешната прес-конференција генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

На јавниот повик, како што посочи, се пријавија три компании, а се избра Макпетрол бидејќи понуди најниска цена од 60,10 евра.

Како што додаде Ковачевски, Макпетрол, како носител на набавката ќе обезбеди и гаранција којашто не беше обезбедувана во претходните години што е и еден од условите во јавниот повик.

The post Ковачевски: Природниот гас за потребите на топланите за март ќе се набави по цена од 60,10 евра appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ донесе одлука за избор на набавувач за март за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје-Север. Природниот гас ќе се набави по цена од 60,10 евра, а добавувач ќе биде Макпетрол, изјави на денешната прес-конференција генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски. На јавниот повик, како што посочи, се пријавија три компании, а се избра Макпетрол бидејќи понуди најниска цена од 60,10 евра. Како што додаде Ковачевски, Макпетрол, како носител на набавката ќе обезбеди и гаранција којашто не беше обезбедувана во претходните години што е и еден од условите во јавниот повик.  

The post Ковачевски: Природниот гас за потребите на топланите за март ќе се набави по цена од 60,10 евра appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ги загуби преговорите поради кои германска компанија не тужи за 28 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-kovachevski-gi-zagubi-pregovorite-poradi-koi-germanska-kompanija-ne-tuzhi-za-28-milioni-evra/ Sun, 12 Feb 2023 19:07:14 +0000 https://republika.mk/?p=608116

Сакајќи да го прикрие сопственото неуспешно работење и неспособноста во управување на АД ЕСМ, генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски  сака да ја префрли вината на други, велат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Изјавата на Ковачевски се однесува за период што ги опфаќа двете раководни гарнитури, на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Спорот со германската фирма, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, го губи токму тој.

Имено, тој пред новинарите во петокот на 10.2.2023 година изјавува дека за раскинат договор меѓу германска фирма и ЕСМ тужени сме за 28 милиони евра за ремонт.

Договорот е склучен во 2012 година е раскинат во 2016 година, од страна на тогашното раководство на ЕСМ. По тој договор е направен ремонт на блоковите 2 и 3. Според образложението за раскинувањето на договорот, тој еднострано е раскинат од ЕСМ затоа што не биле добри перформансите на извршениот ремонт. Германската компанија понудила споодба, да се приближат ставовите, но тоа не е постигнато. Чесно е да кажеме дека овој спор ќе го загубиме само прашање е колку тимот на адвокати ќе успее да го намали бараниот износ од 28 милиони евра – изјави Ковачевски.

Сакаме  да го корегираме Ковачевски да не дава паушални искази за кои постојат и докази. Најодговорно тврдиме дека преговорите за спогодба кои се случија пред да се активира арбитражниот суд,  се одвиваа уште пред  СДСМ да го преземе раководењето на АД ЕСМ, кое се случи на 4.8 2017 година. Тие преговори продолжија и после  овој датум, но сега под водство на раководната гарнитиура на СДСМ. Овие преговори за спогодба со германскиот изведувач ги изгуби токму Васко Ковачевски и тоа минатата година. И тоа во услови кога има документи од германскиот изведувач кои се  потврдени од независни надворешни консултанти дека бараните параметри за котлите не се постигнати и тоа по вина на самиот изведувач.

Зошто АД ЕСМ под  водство на Васко Ковачевски ги изгуби овие преговори  и спогодби пред арбитражниот суд кога претходното раководство на АД ЕСМ предводено од ВМРО-ДПМНЕ му остави сигурни позиции со аргументи за неисполнети технички параметри за ремонтираните котли и оправдани барања од АД ЕЛЕМ за наплата на штети?  Котел 2 и 3 имаат полоши технички карактеристики од колку пред модернизацијата. На изведувачот од Германија  не му е одобрено да работи на модернизација на котел 1 сè додека не се изврши поправка на неисполнетите барани технички параметри на котлите од блок 2 и блок 3.

Наместо да ја замајува јавноста со лаги и  небулози  за некаква штета од 28 милиони евра, требало да се погрижи почната постапка од ВМРО-ДПМНЕ да ја доврши со цел АД ЕСМ да нема никакви загуби, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Ковачевски.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ги загуби преговорите поради кои германска компанија не тужи за 28 милиони евра appeared first on Република.

Ковачевски: Ако бугарската „Балкан Јутилитис“ не испорачува гас согласно договореното, ќе се активира банкарската гаранција https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-ako-bugarskata-balkan-jutilitis-ne-isporachuva-gas-soglasno-dogovorenoto-ke-se-aktivira-bankarskata-garantsija/ Thu, 12 Jan 2023 15:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=593352

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски соопшти дека ако евентуално бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ не испорачува природен гас согласно договорот, ќе биде активирана банкарската гаранција.

Ковачевски најави дека идната недела ќе биде објавен јавниот повик за февруари и ги повика сите компании регистрирани во државата да достават понуди за снабдување со гас кои ќе бидат економски оправдани за ЕСМ и за Владата, а, како што напомена, ќе има и меѓународен повик.

Уште при објавувањето на повикот за јануари наведовме дека компаниите кои ќе понудат количини и фиксна цена ќе треба да достават и гаранции за испорака на природен гас. Имаме добиено банкарска гаранција и за количините и за средствата, односно набавката на гас. Ако евентуално нашиот економски оператор не испорчаува природен гас согласно Договорот, ќе ја активираме банкарската гаранција која го покрива Договорот за јануари, истакна директорот, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на РЕК Битола.

Како што истакна Ковачевски, тој во моментов, не знае колку точно е цената на гасот на берзата, но претпоставува дека е пониска од фиксната цена по која е извршена набавката за јануари.

Во моментот на носење на одлуката за избор на најдобар понудувач за природен гас за јануари имавме две понуди, од бугарската компанија „Јутилитис“ со фиксна цена од 115,97 евра за мегават час и од „Макпетрол“ со 116,20 евра за мегават час – цена која не е фиксна и може да претрпи корекции, и во плус и во минус. Дента, пак, кога се носеше одлуката берзанската цена беше 137 евра за мегават час, потенцира Ковачевски.

Според него, темата за набавката на гасот е актуелна речиси секој ден.

Така беше и пред крајот на декември кога „Макпетрол“ достави информации дека од 1 јануари нема да ги снабдува потребните количини. Затоа се објави јавен повик и со либерализацијата на пазарот добиваме повеќе понуди за 2023 година. Точно е, донесовме одлука да имаме сигурно снабдување со природен гас во јануари пред се заради топланите и другите потрошувачи, подвлече директорот на ЕСМ.

The post Ковачевски: Ако бугарската „Балкан Јутилитис“ не испорачува гас согласно договореното, ќе се активира банкарската гаранција appeared first on Република.

]]>

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски соопшти дека ако евентуално бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ не испорачува природен гас согласно договорот, ќе биде активирана банкарската гаранција. Ковачевски најави дека идната недела ќе биде објавен јавниот повик за февруари и ги повика сите компании регистрирани во државата да достават понуди за снабдување со гас кои ќе бидат економски оправдани за ЕСМ и за Владата, а, како што напомена, ќе има и меѓународен повик.
Уште при објавувањето на повикот за јануари наведовме дека компаниите кои ќе понудат количини и фиксна цена ќе треба да достават и гаранции за испорака на природен гас. Имаме добиено банкарска гаранција и за количините и за средствата, односно набавката на гас. Ако евентуално нашиот економски оператор не испорчаува природен гас согласно Договорот, ќе ја активираме банкарската гаранција која го покрива Договорот за јануари, истакна директорот, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на РЕК Битола.
Како што истакна Ковачевски, тој во моментов, не знае колку точно е цената на гасот на берзата, но претпоставува дека е пониска од фиксната цена по која е извршена набавката за јануари.
Во моментот на носење на одлуката за избор на најдобар понудувач за природен гас за јануари имавме две понуди, од бугарската компанија „Јутилитис“ со фиксна цена од 115,97 евра за мегават час и од „Макпетрол“ со 116,20 евра за мегават час – цена која не е фиксна и може да претрпи корекции, и во плус и во минус. Дента, пак, кога се носеше одлуката берзанската цена беше 137 евра за мегават час, потенцира Ковачевски.
Според него, темата за набавката на гасот е актуелна речиси секој ден.
Така беше и пред крајот на декември кога „Макпетрол“ достави информации дека од 1 јануари нема да ги снабдува потребните количини. Затоа се објави јавен повик и со либерализацијата на пазарот добиваме повеќе понуди за 2023 година. Точно е, донесовме одлука да имаме сигурно снабдување со природен гас во јануари пред се заради топланите и другите потрошувачи, подвлече директорот на ЕСМ.

The post Ковачевски: Ако бугарската „Балкан Јутилитис“ не испорачува гас согласно договореното, ќе се активира банкарската гаранција appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: ЕСМ годинава го зголеми производството за 27 отсто, догодина планирани уште 20 проценти раст https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-esm-godinava-go-zgolemi-proizvodstvoto-za-27-otsto-dogodina-planirani-ushte-20-procenti-rast/ Sat, 24 Dec 2022 12:32:09 +0000 https://republika.mk/?p=589464

ЕСМ оваа година, во услови на криза, отежнатост на работа и недостиг на енергенси, го зголеми производството на електрична енергија за 27 проценти, а за 2023 година планира раст на производството за уште 20 отсто споредено со годинава, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на состанок со фирмите членки на Стопанската комора на Македонија.

Иако законот за 2022 година предвидуваше да обезбедиме 60 отсто од електричната енергија, сепак по препорака на Владата ние обезбедуваме 100 проценти и дополнително обезбедуваме енергија за загубите за „Електродистрибуција“ и МЕПСО, за училиштата, јавните претпријатија и прехранбената индустија и други витални институции во државата - рече Ковачевски.

Тој ги информира присутните за состојбата со домашното производство на електрична енергија и дека ЕСМ целосно, со сопствено производство, ги снабдува граѓаните и малите потрошувачи, односно регулираниот пазар.

Генералниот директор соопшти дека во овој момент работат сите капацитети во државата освен Блок 3 на РЕК „Битола“, кој ќе биде ставен во употреба за 10-тина дена.

Во исто време ќе работат три блока во РЕК „Битола“, РЕК „Осломеј“, ТЕЦ „Неготино’ со полн капацитет и гасната електрана „Енергетика-Когел“ со полн капацитет, односно се е ставено во употреба во услови на криза - нагласи Ковачевски.

Според него, потребно е да се најде начин да се обезбедат дополнителни ресурси за да се обезбеди дополнителна електрична енергија за стопанството, односно да се помогне со пониски цени на струјата, со оглед на тоа што кризата ќе биде присутна и следната година и никој не може да знае кога ќе заврши, а државата мора да биде подготвена.

The post Ковачевски: ЕСМ годинава го зголеми производството за 27 отсто, догодина планирани уште 20 проценти раст appeared first on Република.

]]>

ЕСМ оваа година, во услови на криза, отежнатост на работа и недостиг на енергенси, го зголеми производството на електрична енергија за 27 проценти, а за 2023 година планира раст на производството за уште 20 отсто споредено со годинава, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на состанок со фирмите членки на Стопанската комора на Македонија.
Иако законот за 2022 година предвидуваше да обезбедиме 60 отсто од електричната енергија, сепак по препорака на Владата ние обезбедуваме 100 проценти и дополнително обезбедуваме енергија за загубите за „Електродистрибуција“ и МЕПСО, за училиштата, јавните претпријатија и прехранбената индустија и други витални институции во државата - рече Ковачевски.
Тој ги информира присутните за состојбата со домашното производство на електрична енергија и дека ЕСМ целосно, со сопствено производство, ги снабдува граѓаните и малите потрошувачи, односно регулираниот пазар. Генералниот директор соопшти дека во овој момент работат сите капацитети во државата освен Блок 3 на РЕК „Битола“, кој ќе биде ставен во употреба за 10-тина дена.
Во исто време ќе работат три блока во РЕК „Битола“, РЕК „Осломеј“, ТЕЦ „Неготино’ со полн капацитет и гасната електрана „Енергетика-Когел“ со полн капацитет, односно се е ставено во употреба во услови на криза - нагласи Ковачевски.
Според него, потребно е да се најде начин да се обезбедат дополнителни ресурси за да се обезбеди дополнителна електрична енергија за стопанството, односно да се помогне со пониски цени на струјата, со оглед на тоа што кризата ќе биде присутна и следната година и никој не може да знае кога ќе заврши, а државата мора да биде подготвена.

The post Ковачевски: ЕСМ годинава го зголеми производството за 27 отсто, догодина планирани уште 20 проценти раст appeared first on Република.

]]>
Eнергетскиот систем пред колапс, а паразитите Ковачевски, Муртезани и Реџепи го чинат буџетот илјадници евра за плати https://republika.mk/vesti/ekonomija/energetskiot-sistem-pred-kolaps-a-parazitite-kovachevski-murtezani-i-redzepi-go-chinat-budzetot-iljadnici-evra-za-plati/ Tue, 22 Nov 2022 07:47:21 +0000 https://republika.mk/?p=576757

СДС да ја напушти играта на обвинувања кој е поголем паразит.Енергетскиот систем е пред колапс, а директорот на ЕСМ Васко Ковачевски и директорот на МЕПСО Орхан Муртезани земаат плата по 1700 евра месечно плата.За четири години овие владини функционери, паризити во општеството само основ на плата ќе земат вкупно 163.200 евра, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Додека бројот на сиромашни секојдневно расте, над 500.000 граѓани живеат со по 150 денари на ден, фирмите се затвораат, а бројот на отпуштени работницо се зголемува, Ковачевски и Муртезани живеат во луксуз.

Цената на неспособноста на Ковачевски и Муртезани ја плаќаат граѓани, додека тие живеат на грбот на народот, граѓаните живеат во беда.

Единствена заслуга на паразитот Ковачевски и пазаритот Муртезани е недостиг на електрична енергија и скапа струја за стопанството и домаќинството.

И директорот на национални енергетски ресурси Бајрам Реџепи е паразит, кој од државата месечно зема по 1.300 евра или за четири години директорување ја чини државата и граѓаните 62.400 евра, а никој не знаае ниту што работи, ниту која стратегија ја понудил за излез од енергетската криза.

Државата тоне, Македонија плаќа најскапа електрична енергија бидејќи власта е неспособна, а високи владини функционери се богатат.

Има богати владини паразити, а сиромашен народ.

Ова расипништво мора да престане. Потребни се промени.

СДС да прифати предвремени парламентарни избори за народот да може да одлучи дали сака да има владини паразити кои не работата ништо, а земаат плата и живеат во луксуз или сакаат влада на ВМРО-ДПМНЕ која што ќе го подобри животниот стандрд и ќе понуди излез од енергетската и економската криза.

The post Eнергетскиот систем пред колапс, а паразитите Ковачевски, Муртезани и Реџепи го чинат буџетот илјадници евра за плати appeared first on Република.

]]>

СДС да ја напушти играта на обвинувања кој е поголем паразит.Енергетскиот систем е пред колапс, а директорот на ЕСМ Васко Ковачевски и директорот на МЕПСО Орхан Муртезани земаат плата по 1700 евра месечно плата.За четири години овие владини функционери, паризити во општеството само основ на плата ќе земат вкупно 163.200 евра, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Додека бројот на сиромашни секојдневно расте, над 500.000 граѓани живеат со по 150 денари на ден, фирмите се затвораат, а бројот на отпуштени работницо се зголемува, Ковачевски и Муртезани живеат во луксуз.
Цената на неспособноста на Ковачевски и Муртезани ја плаќаат граѓани, додека тие живеат на грбот на народот, граѓаните живеат во беда. Единствена заслуга на паразитот Ковачевски и пазаритот Муртезани е недостиг на електрична енергија и скапа струја за стопанството и домаќинството. И директорот на национални енергетски ресурси Бајрам Реџепи е паразит, кој од државата месечно зема по 1.300 евра или за четири години директорување ја чини државата и граѓаните 62.400 евра, а никој не знаае ниту што работи, ниту која стратегија ја понудил за излез од енергетската криза. Државата тоне, Македонија плаќа најскапа електрична енергија бидејќи власта е неспособна, а високи владини функционери се богатат.
Има богати владини паразити, а сиромашен народ. Ова расипништво мора да престане. Потребни се промени. СДС да прифати предвремени парламентарни избори за народот да може да одлучи дали сака да има владини паразити кои не работата ништо, а земаат плата и живеат во луксуз или сакаат влада на ВМРО-ДПМНЕ која што ќе го подобри животниот стандрд и ќе понуди излез од енергетската и економската криза.

The post Eнергетскиот систем пред колапс, а паразитите Ковачевски, Муртезани и Реџепи го чинат буџетот илјадници евра за плати appeared first on Република.

]]>
Директорите на ЕСМ и МЕПСО со 1.700 евра плата месечно, додека ЕСМ увезува и до 1/3 од дневните потреби за ЕВН https://republika.mk/vesti/ekonomija/direktorite-na-esm-i-mepso-so-1-700-evra-plata-mesechno-dodeka-esm-uvezuva-i-do-1-3-od-dnevnite-potrebi-za-evn/ Mon, 21 Nov 2022 11:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=576452

Ковачевски и Муртeзани се паразитите во ЕСМ и МЕПСО, рече на денешната прес-конференција за аферата „Паразити“ Ивица Томовски од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, објаснувајќи дека директорите на ЕСМ и МЕПСО, Васко Ковачевски и Орхан Муртезани се наградени со 1.700 евра плата месечно, додека ЕСМ увезува и до 1/3 од дневните потреби за ЕВН.

ЕСМ на ден купува и над 3.000 мегават часа струја, по цени и над 250 евра, тоа се 750.000 евра на ден кои се одлеваат како девизи од државата, а тоа е така затоа што не работат РЕК Битола и РЕК Осломеј со полн капацитет. Но, тоа не е проблем Ковачевски да зема плата од 1.700 евра месечно, односно над 20.000 евра годишно. Ковачевски за еден мандат ќе ја чини државата над 80.000 евра, придонесот негов не е ниту нула, туку е далеку под нула.  Исто е и со Орхан Муртезани, кој како државен паразит зема 80.000 евра плата за еден мандат на чело на МЕПСО. На линија паразити во енергетскиот сектор од ЕСМ и МЕПСО Ковачевски и Муртезани е и Бајрам Реџепи, извршен директор на Национални Енергетски Ресурси, кој месечно зема 1.300 евра плата, и за една година од оваа државна компанија наплаќа 15.000 евра. 
Реџепи од НЕР, за еден мандат ќе ја чини државата 60.000 евра, а никој не знае кој е неговиот придонес, рече Томовски.

Тој прашува, кој е придонесот на сите директори во енергетските претпријатија кои ја чинат државата стотици илјади евра, а Македонија дневно одлева по 750.000 евра за купување на струја за регулираниот пазар?

Што сработиле Ковачевски, Муртезани и Реџепи за Македонија? И за граѓаните од чии даноци земаат плата од десетици илјади евра годишно? Затоа веднаш по смена на власта, ќе биде направена ревизија на платите. Не смее да има преплатени работни места и мора да има резултати. Функционерите на власта, паразити кои немаат никаков допринос за државата се луѓето кои сакаат оваа власт да остане, за да можат да продолжат со луксузниот живот. А народот е тој кој бара промена за да има подобра иднина. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори, вели Томовски.

https://youtu.be/bM5VXqZqekk

The post Директорите на ЕСМ и МЕПСО со 1.700 евра плата месечно, додека ЕСМ увезува и до 1/3 од дневните потреби за ЕВН appeared first on Република.

]]>

Ковачевски и Муртeзани се паразитите во ЕСМ и МЕПСО, рече на денешната прес-конференција за аферата „Паразити“ Ивица Томовски од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, објаснувајќи дека директорите на ЕСМ и МЕПСО, Васко Ковачевски и Орхан Муртезани се наградени со 1.700 евра плата месечно, додека ЕСМ увезува и до 1/3 од дневните потреби за ЕВН.
ЕСМ на ден купува и над 3.000 мегават часа струја, по цени и над 250 евра, тоа се 750.000 евра на ден кои се одлеваат како девизи од државата, а тоа е така затоа што не работат РЕК Битола и РЕК Осломеј со полн капацитет. Но, тоа не е проблем Ковачевски да зема плата од 1.700 евра месечно, односно над 20.000 евра годишно. Ковачевски за еден мандат ќе ја чини државата над 80.000 евра, придонесот негов не е ниту нула, туку е далеку под нула.  Исто е и со Орхан Муртезани, кој како државен паразит зема 80.000 евра плата за еден мандат на чело на МЕПСО. На линија паразити во енергетскиот сектор од ЕСМ и МЕПСО Ковачевски и Муртезани е и Бајрам Реџепи, извршен директор на Национални Енергетски Ресурси, кој месечно зема 1.300 евра плата, и за една година од оваа државна компанија наплаќа 15.000 евра.  Реџепи од НЕР, за еден мандат ќе ја чини државата 60.000 евра, а никој не знае кој е неговиот придонес, рече Томовски.
Тој прашува, кој е придонесот на сите директори во енергетските претпријатија кои ја чинат државата стотици илјади евра, а Македонија дневно одлева по 750.000 евра за купување на струја за регулираниот пазар?
Што сработиле Ковачевски, Муртезани и Реџепи за Македонија? И за граѓаните од чии даноци земаат плата од десетици илјади евра годишно? Затоа веднаш по смена на власта, ќе биде направена ревизија на платите. Не смее да има преплатени работни места и мора да има резултати. Функционерите на власта, паразити кои немаат никаков допринос за државата се луѓето кои сакаат оваа власт да остане, за да можат да продолжат со луксузниот живот. А народот е тој кој бара промена за да има подобра иднина. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори, вели Томовски.
https://youtu.be/bM5VXqZqekk

The post Директорите на ЕСМ и МЕПСО со 1.700 евра плата месечно, додека ЕСМ увезува и до 1/3 од дневните потреби за ЕВН appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Рестрикции на струја не се предвидени, се бара начин цената да остане иста https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-restrikcii-na-struja-ne-se-predvideni-se-bara-nachin-cenata-da-ostane-ista/ Thu, 17 Nov 2022 11:48:09 +0000 https://republika.mk/?p=574898

Рестрикции на струја не се опција и не се предвидени во овој период на годината, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски во „Студио 10“ на Телевизија 24.

Тој истакна дека, производството на електрична енергија е стабилно и сигурно и покрај постарите капацитетите со кои располагаме. Ова, како што рече, се должи токму на тоа што е вршен редовен сервис, редовно одржување и ремонтирање на опремата и нашите капацитети се едни и подобро одржуваните во регионот. Во делот на предвидливоста, АД ЕСМ се максимално подготвени да испорачаат електрична енергија.

Тој напомена дека тоа што фирми се префрлиле од слободниот на регулираниот пазар, каде што струјата е наменета за домаќинствата и малите потрошувачи, не ја зголемило потрошувачката бидејќи во октомври и почетокот на ноември имавме потопло време. Меѓутоа, порача дека тие треба што побрзо да се вратат на слободниот пазар и вели дека се добри најавите за воведување блок-тарифи на регулираниот пазар и за фирмите, исто како што беше направено со домаќинствата, па на таков начин оние што трошат повеќе – ќе плаќаат повеќе, па на големите компании нема да им биде од корист да бидат на регулираниот пазар.

Во втората половина на декември треба да се направи пресметка за цената не електричната енергија на регулираниот пазар. Цената ќе ја формираме према ЕВН Хоум и следствено на тоа РКЕ ќе донесе одлука за новата цена за периодот од 1 јануари до 30 јуни. Даночната стапка се зголемува за 10 проценти. Се наоѓаат начини кои нема да дозволат зголемување на цените. Блок тарифите за домаќинствата носат резултати. Сите домаќинства и малите потрошувачи добиваат електрична енергија 80 посто субвенционирана од државата. Ако бидат цените реални, граѓаните ќе плаќаат 5 пати повисоки сметки. Тенденцијата е да нема зголемување на цената на струјата, во ваква енергетска криза, колку што може ЕСМ ќе направи за да влијае - истакна Ковачевски.

The post Ковачевски: Рестрикции на струја не се предвидени, се бара начин цената да остане иста appeared first on Република.

]]>

Рестрикции на струја не се опција и не се предвидени во овој период на годината, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски во „Студио 10“ на Телевизија 24. Тој истакна дека, производството на електрична енергија е стабилно и сигурно и покрај постарите капацитетите со кои располагаме. Ова, како што рече, се должи токму на тоа што е вршен редовен сервис, редовно одржување и ремонтирање на опремата и нашите капацитети се едни и подобро одржуваните во регионот. Во делот на предвидливоста, АД ЕСМ се максимално подготвени да испорачаат електрична енергија. Тој напомена дека тоа што фирми се префрлиле од слободниот на регулираниот пазар, каде што струјата е наменета за домаќинствата и малите потрошувачи, не ја зголемило потрошувачката бидејќи во октомври и почетокот на ноември имавме потопло време. Меѓутоа, порача дека тие треба што побрзо да се вратат на слободниот пазар и вели дека се добри најавите за воведување блок-тарифи на регулираниот пазар и за фирмите, исто како што беше направено со домаќинствата, па на таков начин оние што трошат повеќе – ќе плаќаат повеќе, па на големите компании нема да им биде од корист да бидат на регулираниот пазар.
Во втората половина на декември треба да се направи пресметка за цената не електричната енергија на регулираниот пазар. Цената ќе ја формираме према ЕВН Хоум и следствено на тоа РКЕ ќе донесе одлука за новата цена за периодот од 1 јануари до 30 јуни. Даночната стапка се зголемува за 10 проценти. Се наоѓаат начини кои нема да дозволат зголемување на цените. Блок тарифите за домаќинствата носат резултати. Сите домаќинства и малите потрошувачи добиваат електрична енергија 80 посто субвенционирана од државата. Ако бидат цените реални, граѓаните ќе плаќаат 5 пати повисоки сметки. Тенденцијата е да нема зголемување на цената на струјата, во ваква енергетска криза, колку што може ЕСМ ќе направи за да влијае - истакна Ковачевски.

The post Ковачевски: Рестрикции на струја не се предвидени, се бара начин цената да остане иста appeared first on Република.

]]>
Цената на струјата нема да се зголеми, ама сметките да! https://republika.mk/vesti/ekonomija/cenata-na-strujata-nema-da-se-zgolemi-ama-smetkite-da/ Wed, 16 Nov 2022 11:31:57 +0000 https://republika.mk/?p=574460

Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, денеска во „Студио 10“ повтори дека 1 јануари 2023 година не се очекува да има зголемување на цената на струјата, но според неговата изјава, сепак, останува поголемиот данок. Имено, за да се спречи граѓаните да плаќаат повисоки сметки лани во јули данокот беше намален и во моментов изнесува 5 отсто, меѓутоа одлуката што беше донесе предвидува тој постепено да се враќа до старото ниво од 18 отсто. Првото етапно враќање е предвидено од 1 јануари 2023 од кога данокот треба да биде 10 отсто.

Ние како ЕСМ она што го правиме е значително да ги намалиме непродуктивните трошоци, да го зголемиме домашното производство. Зголеменото домашно производство значи и намалена цена на домашно произведената електрична енергија. Така што во тие насоки ќе гледаме цената да биде избалансирана и, она што го слушнавте и од министерот за економија и од претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), не е очекувано да има зголемување на цената за електрична енергија освен оној дел од данокот, кој знаеме сите дека од 1 јануари треба наместо 5 да биде 10 проценти затоа што минатата одлука така се донесе и важноста на законот е од 1 јануари да има зголемување на данок, односно враќање на даночната стапка периодично во наредните години до процент колку што беше пред прогласувањето на кризната состојба и одлуката за данокот, рече Ковачевски.

The post Цената на струјата нема да се зголеми, ама сметките да! appeared first on Република.

Битиќи и Ковачевски: РЕК Битола работи со блок 1 и 2, се чека трансформаторот за блок 3 https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitikji-i-kovachevski-rek-bitola-raboti-so-blok-1-i-2-se-cheka-transformatorot-za-blok-3/ Sun, 23 Oct 2022 11:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=564582

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи беше во посета на РЕК Битола, каде заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски одржаа работен состанок со раководството и дел од производните единици, а го посетија и рудникот „ПЈС“ или поранешен „Суводол“.

Вицепремиерот Битиќи им се заблагодари на сите вработени во РЕК Битола од целиот народ за сé што прават, за сите напори кои ги вложуваат за да одговорат позитивно на предизвикот во кој што се наоѓаме со производство и снабдување со доволно количество електрична енергија од домашно производство, во целиот овој период на енергетска криза.

„Ова е вистинскиот одговор на кризата кој оваа Влада го дава. Рековме дека заеднички, со заеднички сили ќе го пребродиме овој период и ова е како се преземаат сите мерки за да обезбедиме доволно електрична енергија“, изјави вицепремиерот Битиќи.

Потсетувајќи дека штедењето на електрична енергија продолжува да биде одговорност за сите.

Производството на АД ЕСМ, 100% ги задоволи потребите за електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/esm-proizvede-100-struja-za-potrebite-na-domakjinstvata-i-malite-potroshuvachi/

Директорот Ковачевски изјави дека е завршен ремонтот на термоелектраната и успешно е ставен во функција блок 1, а блок 2 континуирано е во функција.

„Во наредниот период се очекува да пристигне и трансформаторот за блок 3 со што ќе може да бидат во функција сите три блокови за производство на РЕК Битола“,изјави директорот Ковачевски.

Вицепремиерот Битиќи и директорот Ковачевски го посетија и рудникот „ПЈС“ или поранешен „Суводол“ каде констатираа дека има значителен ископ на домашен јаглен за производството на РЕК Битола, а со тоа и зголемено производство на електрична енергија.

„Даваме силна поддршка на вработените, во овие тешки услови да ги исполнат плановите, бидејќи имаме обврска од Владата и граѓаните да испорачаме 25% поголемо домашно производство на електрична енергија во текот на оваа година со цел пребродување на кризата. А, притоа да немаме рестрикции и да ја одржиме стабилна цената на електричната енергија“, рече директорот Ковачевски.

Вицепремиерот Битиќи и директорот Ковачевски заклучија дека сите преземени мерки и вложувања, кои се направија во последниот период, во дополнителна механизација, транспортни системи како и ремонтите кои што се направија во термоелектраните, денеска даваат резултат со зголемено производство на нашата најголема производна единица за електрична енергија РЕК Битола, што значи стабилен енергетски систем.

The post Битиќи и Ковачевски: РЕК Битола работи со блок 1 и 2, се чека трансформаторот за блок 3 appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи беше во посета на РЕК Битола, каде заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски одржаа работен состанок со раководството и дел од производните единици, а го посетија и рудникот „ПЈС“ или поранешен „Суводол“. Вицепремиерот Битиќи им се заблагодари на сите вработени во РЕК Битола од целиот народ за сé што прават, за сите напори кои ги вложуваат за да одговорат позитивно на предизвикот во кој што се наоѓаме со производство и снабдување со доволно количество електрична енергија од домашно производство, во целиот овој период на енергетска криза.
„Ова е вистинскиот одговор на кризата кој оваа Влада го дава. Рековме дека заеднички, со заеднички сили ќе го пребродиме овој период и ова е како се преземаат сите мерки за да обезбедиме доволно електрична енергија“, изјави вицепремиерот Битиќи.
Потсетувајќи дека штедењето на електрична енергија продолжува да биде одговорност за сите. Производството на АД ЕСМ, 100% ги задоволи потребите за електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. https://republika.mk/vesti/ekonomija/esm-proizvede-100-struja-za-potrebite-na-domakjinstvata-i-malite-potroshuvachi/ Директорот Ковачевски изјави дека е завршен ремонтот на термоелектраната и успешно е ставен во функција блок 1, а блок 2 континуирано е во функција.
„Во наредниот период се очекува да пристигне и трансформаторот за блок 3 со што ќе може да бидат во функција сите три блокови за производство на РЕК Битола“,изјави директорот Ковачевски.
Вицепремиерот Битиќи и директорот Ковачевски го посетија и рудникот „ПЈС“ или поранешен „Суводол“ каде констатираа дека има значителен ископ на домашен јаглен за производството на РЕК Битола, а со тоа и зголемено производство на електрична енергија.
„Даваме силна поддршка на вработените, во овие тешки услови да ги исполнат плановите, бидејќи имаме обврска од Владата и граѓаните да испорачаме 25% поголемо домашно производство на електрична енергија во текот на оваа година со цел пребродување на кризата. А, притоа да немаме рестрикции и да ја одржиме стабилна цената на електричната енергија“, рече директорот Ковачевски.
Вицепремиерот Битиќи и директорот Ковачевски заклучија дека сите преземени мерки и вложувања, кои се направија во последниот период, во дополнителна механизација, транспортни системи како и ремонтите кои што се направија во термоелектраните, денеска даваат резултат со зголемено производство на нашата најголема производна единица за електрична енергија РЕК Битола, што значи стабилен енергетски систем.

The post Битиќи и Ковачевски: РЕК Битола работи со блок 1 и 2, се чека трансформаторот за блок 3 appeared first on Република.

]]>
ЕСМ бара доволни количини гас за вклучување во режим на работа и на приватната гасна централа ТЕ-ТО https://republika.mk/vesti/ekonomija/esm-bara-dovolni-kolichini-gas-za-vkluchuvanje-vo-rezim-na-rabota-i-na-privatnata-gasna-centrala-te-to/ Sat, 22 Oct 2022 06:28:14 +0000 https://republika.mk/?p=564195

Имаме потреба од природен гас кој ќе биде со пониска цена што ќе биде прифатлива за производство на топлинска и на електрична енергија без разлика од каде доаѓа - порача генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тој посочи дека најголем дел од природниот гас што се уште се испорачува во Европа доаѓа од Русија. Ковачевски потенцира дека како држава, сме ограничени само на еден извор на гас - од Русија преку интерконекторот со Бугарија. како што кажа, во моментов се прават напори да се ослободат дополнителни количини во гасоводот со Бугарија, за што е потпишан договор, преку кои ќе се обезбедат доволни количини, но и конкурентност во делот на испораката на природен гас.

ЕСМ ги очекува понудите за обезбедување на природен гас за топланите Исток и Запад кои веќе ги имаме во закуп и евентуално Скопје Север доколку склучиме договор, но исто така бараме и предвидени количини за вклучување во режим на работа на приватната гасна централа ТЕ-ТО - изјави Ковачевски во емисијата Трилинг на ТВ 24.

Тој додаде дека вкупните количини што се бараат за шест месеци, односно од 1 ноември до 30 април се околу 225 милиони нормални кубни метри природен гас кои, како што кажа, се доволни за производство на топлинска и на електрична енергија, односно се доволни за работа и на топланите и на ТЕ-ТО.

Ковачевски вети дека понудите ќе бидат објавени јавно веднаш откако ќе стигнат при што ќе се направи споредба на моменталните цени на берзата со понудените цени.

Претходно донесовме одлука да набавиме природен гас само за првите 15 дена од грејната сезона затоа што цените во октомври веќе имаа надолна линија на берзите. Доколку склучевме договор пред месец дена или порано цените беа двојно или тројно повисоки од сегашните со што ќе направевме штетен договор и ќе го оштетевме буџетот на државата и на компанијата за повеќе милиони евра - посочи Ковачевски.

Тој додаде дека ЕСМ ќе се вклучи и во делот на обезбедување на поевтина електрична енергија за бизнис секторот.

Во текот на наредната недела ќе доставиме информација до Влада да може да се стави во функција домашниот капацитет ТЕ-ТО и да обезбедиме природен гас за негова работа. Токму затоа ги правиме сите напори да се обезбедат квалитетни понуди на природен гас со доволни количини и ниска цена за да може преку ТЕ-ТО да ги обезбедиме количините кои се потребни. Како компанија имаме обврска да испорачаме 100 проценти кон универзалниот снабдувач ЕВН хоум и да ги снабдиме техничките загуби во системот на ЕВН дистрибуција и во преносниот систем на МЕПСО.

Презедовме обврска да ги снабдуваме и здравствените институции, училиштата, градинките, дел од јавните институции. Со вклучувањето на ТЕ-ТО и ТЕЦ Неготино преземаме обврска да се обезбедат и дополнителни количини на електрична енергија кои по некоја стабилна и разумна цена треба да им се понудат на стопанството и на бизнис секторот кои се на отворениот пазар за колку - толку да се ублажи ценовниот удар на нивните производи или услуги во делот на електричната енергија - прецизира Ковачевски.

Тој нагласи дека смета оти најголемиот капаците во земјава за производство на електрична енергија, РЕК Битола, е подготвен да го издржи товарот на енергетската криза во текот на грејната сезона.

The post ЕСМ бара доволни количини гас за вклучување во режим на работа и на приватната гасна централа ТЕ-ТО appeared first on Република.

]]>

Имаме потреба од природен гас кој ќе биде со пониска цена што ќе биде прифатлива за производство на топлинска и на електрична енергија без разлика од каде доаѓа - порача генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Тој посочи дека најголем дел од природниот гас што се уште се испорачува во Европа доаѓа од Русија. Ковачевски потенцира дека како држава, сме ограничени само на еден извор на гас - од Русија преку интерконекторот со Бугарија. како што кажа, во моментов се прават напори да се ослободат дополнителни количини во гасоводот со Бугарија, за што е потпишан договор, преку кои ќе се обезбедат доволни количини, но и конкурентност во делот на испораката на природен гас.
ЕСМ ги очекува понудите за обезбедување на природен гас за топланите Исток и Запад кои веќе ги имаме во закуп и евентуално Скопје Север доколку склучиме договор, но исто така бараме и предвидени количини за вклучување во режим на работа на приватната гасна централа ТЕ-ТО - изјави Ковачевски во емисијата Трилинг на ТВ 24.
Тој додаде дека вкупните количини што се бараат за шест месеци, односно од 1 ноември до 30 април се околу 225 милиони нормални кубни метри природен гас кои, како што кажа, се доволни за производство на топлинска и на електрична енергија, односно се доволни за работа и на топланите и на ТЕ-ТО. Ковачевски вети дека понудите ќе бидат објавени јавно веднаш откако ќе стигнат при што ќе се направи споредба на моменталните цени на берзата со понудените цени.
Претходно донесовме одлука да набавиме природен гас само за првите 15 дена од грејната сезона затоа што цените во октомври веќе имаа надолна линија на берзите. Доколку склучевме договор пред месец дена или порано цените беа двојно или тројно повисоки од сегашните со што ќе направевме штетен договор и ќе го оштетевме буџетот на државата и на компанијата за повеќе милиони евра - посочи Ковачевски.
Тој додаде дека ЕСМ ќе се вклучи и во делот на обезбедување на поевтина електрична енергија за бизнис секторот.
Во текот на наредната недела ќе доставиме информација до Влада да може да се стави во функција домашниот капацитет ТЕ-ТО и да обезбедиме природен гас за негова работа. Токму затоа ги правиме сите напори да се обезбедат квалитетни понуди на природен гас со доволни количини и ниска цена за да може преку ТЕ-ТО да ги обезбедиме количините кои се потребни. Како компанија имаме обврска да испорачаме 100 проценти кон универзалниот снабдувач ЕВН хоум и да ги снабдиме техничките загуби во системот на ЕВН дистрибуција и во преносниот систем на МЕПСО.   Презедовме обврска да ги снабдуваме и здравствените институции, училиштата, градинките, дел од јавните институции. Со вклучувањето на ТЕ-ТО и ТЕЦ Неготино преземаме обврска да се обезбедат и дополнителни количини на електрична енергија кои по некоја стабилна и разумна цена треба да им се понудат на стопанството и на бизнис секторот кои се на отворениот пазар за колку - толку да се ублажи ценовниот удар на нивните производи или услуги во делот на електричната енергија - прецизира Ковачевски.
Тој нагласи дека смета оти најголемиот капаците во земјава за производство на електрична енергија, РЕК Битола, е подготвен да го издржи товарот на енергетската криза во текот на грејната сезона.

The post ЕСМ бара доволни количини гас за вклучување во режим на работа и на приватната гасна централа ТЕ-ТО appeared first on Република.

]]>
Корсиниците на парното од ЕЛЕМ Енергетика за недела-две се очекува да добијат субвенционирани сметки https://republika.mk/vesti/skopje/korsinicite-na-parnoto-od-elem-energetika-za-nedela-dve-se-ochekuva-da-dobijat-subvencionirani-smetki/ Thu, 20 Oct 2022 13:16:21 +0000 https://republika.mk/?p=563619

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска соопшти дека корсиниците на парното од ЕЛЕМ Енергетика во наредниот период ќе ги добијат сметките за плаќање.

Како што информира Ковачевски, ЕСМ очекува да биде прифатено субвенционирањето на тие сметки, а постапката е во тек.

Корсиниците на парното од ЕЛЕМ Енергетика, во делот на Гази Баба, ќе ги добијат сметките. Се уште немаше одлука од Влада за субвенционирање. Ние имаме испратено информација до Владата, таа веќе е во процедура и очекуваме да се прифати субвенционирањето на тие сметки, односно на тие граѓани. Во наредниот период граѓаните ќе ги добијат сметките за плаќање на парното. Ако ги испорачавме вака, сега, сметките ќе беа повеќекратно повисоки и ќе се создадеше непријатна ситуација. Очекуваме оваа или наредната недела да имаме сметки со цени кои ги признава и прифаќа Регулаторната комисија за енергетика, рече Ковачевски.

Субвенциите, потврди, не се исплатени.

Сега ќе бидат пресметани со новите цени сметките на граѓаните. Во делот на исплатата имаме отворено наменска сметка за топлинска енергија. На таа сметка во јануари или февруари имаме добиено околу 360 милиони денари и со Владаа ќе направиме порамнување. Дополнително сега имаме добиено уште 1,1 милијарда денари за топлинската енергија во Скопје, за проработување на трите нови ДОО-ели на АД ЕСМ за набавка на гасот за октомври и за следните набавки кои следуваат наредната недела, напомена Ковачевски.

The post Корсиниците на парното од ЕЛЕМ Енергетика за недела-две се очекува да добијат субвенционирани сметки appeared first on Република.

]]>

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска соопшти дека корсиниците на парното од ЕЛЕМ Енергетика во наредниот период ќе ги добијат сметките за плаќање. Како што информира Ковачевски, ЕСМ очекува да биде прифатено субвенционирањето на тие сметки, а постапката е во тек.
Корсиниците на парното од ЕЛЕМ Енергетика, во делот на Гази Баба, ќе ги добијат сметките. Се уште немаше одлука од Влада за субвенционирање. Ние имаме испратено информација до Владата, таа веќе е во процедура и очекуваме да се прифати субвенционирањето на тие сметки, односно на тие граѓани. Во наредниот период граѓаните ќе ги добијат сметките за плаќање на парното. Ако ги испорачавме вака, сега, сметките ќе беа повеќекратно повисоки и ќе се создадеше непријатна ситуација. Очекуваме оваа или наредната недела да имаме сметки со цени кои ги признава и прифаќа Регулаторната комисија за енергетика, рече Ковачевски.
Субвенциите, потврди, не се исплатени.
Сега ќе бидат пресметани со новите цени сметките на граѓаните. Во делот на исплатата имаме отворено наменска сметка за топлинска енергија. На таа сметка во јануари или февруари имаме добиено околу 360 милиони денари и со Владаа ќе направиме порамнување. Дополнително сега имаме добиено уште 1,1 милијарда денари за топлинската енергија во Скопје, за проработување на трите нови ДОО-ели на АД ЕСМ за набавка на гасот за октомври и за следните набавки кои следуваат наредната недела, напомена Ковачевски.

The post Корсиниците на парното од ЕЛЕМ Енергетика за недела-две се очекува да добијат субвенционирани сметки appeared first on Република.

]]>
Од почетокот на ноември трите блока на РЕК „Битола“ ќе може да бидат ставени во функција https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-pochetokot-na-noemvri-trite-bloka-na-rek-bitola-kje-moze-da-bidat-staveni-vo-funkcija/ Wed, 12 Oct 2022 17:17:41 +0000 https://republika.mk/?p=560267

Првиот човек на ЕСМ Васко Ковачевски денеска најави дека до крајот на неделава ќе заврши ремонтот на Блокот 1 во РЕК „Битола“, а до крајот на месецот се очекува да стигне и трансформаторот за Блокот 3, со што од почетокот на ноември ќе може да бидат ставени во функција трите блока на РЕК „Битола“.

При денешната посета на рудникот „Суводол“, Ковачевски нагласи дека од новиот коп на рудникот во моментов се произведуваат и се транспортираат 15 илјади тони јаглен до РЕК „Битола“. За секој од блоковите на Комбинатот, додаде тој, дневно се потребни по 6 000 јаглен за производство на електрична енергија, односно околу 18 илјади тони доколку би работеле сите три блока.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-gi-teshi-gragjanite-deka-ako-poskapuvanje-na-strujata-kje-bide-minimalno/

The post Од почетокот на ноември трите блока на РЕК „Битола“ ќе може да бидат ставени во функција appeared first on Република.

]]>

Првиот човек на ЕСМ Васко Ковачевски денеска најави дека до крајот на неделава ќе заврши ремонтот на Блокот 1 во РЕК „Битола“, а до крајот на месецот се очекува да стигне и трансформаторот за Блокот 3, со што од почетокот на ноември ќе може да бидат ставени во функција трите блока на РЕК „Битола“. При денешната посета на рудникот „Суводол“, Ковачевски нагласи дека од новиот коп на рудникот во моментов се произведуваат и се транспортираат 15 илјади тони јаглен до РЕК „Битола“. За секој од блоковите на Комбинатот, додаде тој, дневно се потребни по 6 000 јаглен за производство на електрична енергија, односно околу 18 илјади тони доколку би работеле сите три блока. https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-gi-teshi-gragjanite-deka-ako-poskapuvanje-na-strujata-kje-bide-minimalno/

The post Од почетокот на ноември трите блока на РЕК „Битола“ ќе може да бидат ставени во функција appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ги теши граѓаните дека ако има поскапување на струјата ќе биде минимално https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-gi-teshi-gragjanite-deka-ako-poskapuvanje-na-strujata-kje-bide-minimalno/ Wed, 12 Oct 2022 13:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=560219

Доколку воопшто има зголемување на цената на електричната енергија по 1 јануари, тоа ќе биде минимално, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Според него, со направените вложувања во изминатиот период во сопствена опрема и работата на рудниците на ЕСМ, со рационализација и операционализација на трошоците, намалена е производната цена на РЕК „Битола“ на околу 58 до 60 евра за мегават час произведена електрична енергија.

– Сепак цената на електричната енергија што ја нуди ЕСМ не зависи само од РЕК „Битола“, туку и од другите наши капацитети од кои дел работат на мазут. Па затоа колкаво ќе биде поскапувањето на струјата, доколку го има, ќе зависи од цените на берзите на мазутот, но и на природниот гас што ќе биде неопходен ако во системот се вклучи да работи ТЕ-ТО, рече Ковачевски при денешната посета на рудникот „Суводол“.

Тој истакна дека од новиот коп од рудникот „Суводол“ во моментов се произведуваат и до РЕК „Битола“ се транспортираат околу 15 000 тони јаглен, нагласувајќи дека за секој од блоковите на Комбинатот дневно се потребни по 6000 тони јаглен за производство на електрична енергија, односно околу 18 000 тони доколку би работеле сите три блока.

Ковачевски најави дека на крајот на неделава ќе заврши ремонтот на Блокот 1 во РЕК „Битола“, а до крајот на месецот се очекува да стигне и трансформаторот за Блокот 3, со што од почетокот на ноември ќе може да бидат ставени во функција трите блока на РЕК „Битола“.

– Не може еден бербер да плаќа иста цена на електрична енергија како и комунално јавно претпријатие или некоја друга институција, која во последно време е префрлена на регулираниот пазар, истакна Ковачевски.

Како што истакна тој, по воведувањето на блок-тарифите има намален конзум на електрична енергија и универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ во своите планови бара помалку од 15 до 17 отсто енергија од АД ЕСМ. Тоа, како што истакна, позитивно ќе влијае за намалување на цената на електричната енергија, а дополнително на тоа позитивно ќе влијаат и најавите од Регулаторната комисија за енергетика дека ќе бидат воведени блок-тарифи и за малите потрошувачи со цел и тие да се стимулираат да штедат енергија

The post Ковачевски ги теши граѓаните дека ако има поскапување на струјата ќе биде минимално appeared first on Република.

]]>

Доколку воопшто има зголемување на цената на електричната енергија по 1 јануари, тоа ќе биде минимално, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Според него, со направените вложувања во изминатиот период во сопствена опрема и работата на рудниците на ЕСМ, со рационализација и операционализација на трошоците, намалена е производната цена на РЕК „Битола“ на околу 58 до 60 евра за мегават час произведена електрична енергија. – Сепак цената на електричната енергија што ја нуди ЕСМ не зависи само од РЕК „Битола“, туку и од другите наши капацитети од кои дел работат на мазут. Па затоа колкаво ќе биде поскапувањето на струјата, доколку го има, ќе зависи од цените на берзите на мазутот, но и на природниот гас што ќе биде неопходен ако во системот се вклучи да работи ТЕ-ТО, рече Ковачевски при денешната посета на рудникот „Суводол“. Тој истакна дека од новиот коп од рудникот „Суводол“ во моментов се произведуваат и до РЕК „Битола“ се транспортираат околу 15 000 тони јаглен, нагласувајќи дека за секој од блоковите на Комбинатот дневно се потребни по 6000 тони јаглен за производство на електрична енергија, односно околу 18 000 тони доколку би работеле сите три блока. Ковачевски најави дека на крајот на неделава ќе заврши ремонтот на Блокот 1 во РЕК „Битола“, а до крајот на месецот се очекува да стигне и трансформаторот за Блокот 3, со што од почетокот на ноември ќе може да бидат ставени во функција трите блока на РЕК „Битола“. – Не може еден бербер да плаќа иста цена на електрична енергија како и комунално јавно претпријатие или некоја друга институција, која во последно време е префрлена на регулираниот пазар, истакна Ковачевски. Како што истакна тој, по воведувањето на блок-тарифите има намален конзум на електрична енергија и универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ во своите планови бара помалку од 15 до 17 отсто енергија од АД ЕСМ. Тоа, како што истакна, позитивно ќе влијае за намалување на цената на електричната енергија, а дополнително на тоа позитивно ќе влијаат и најавите од Регулаторната комисија за енергетика дека ќе бидат воведени блок-тарифи и за малите потрошувачи со цел и тие да се стимулираат да штедат енергија

The post Ковачевски ги теши граѓаните дека ако има поскапување на струјата ќе биде минимално appeared first on Република.

]]>