Василица Archives - Република https://republika.mk/tema/vasilica/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jan 2024 08:21:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Василица Archives - Република https://republika.mk/tema/vasilica/ 32 32 Џоломари од неколку тиквешки села бркаа лоши духови – древна традиција за Василица https://republika.mk/zivot/dholomari-od-nekolku-tikveshki-sela-brkaa-loshi-duhovi-drevna-traditsija-za-vasilitsa/ Sun, 14 Jan 2024 12:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=732866

Џоломари од неколку тиквешки села денеска бркаа лоши духови и со тоа ја испочитуваа долгогодишната традиција за Василица на овие простори.

Претставникот на џоломарската група од село Бегниште, Орданчо Лазаров, во изјава за МИА, вели дека џоломарите го претставуваат културното етнографско богатство и наследство на човештвото од овој регион, го чуваат, негуваат, заштитуваат, развиваат и промовираат пред светот.

Тој нагласи дека се гордее со многувековната традиција која претставува вистинска атракција каде и да се појават.

Џоломарството се чува и негува во Бегниште како очите во главата. Се пренесува од дедо на внук. Се маскираат од најмлади до најстари припадници на машкиот пол. Со волнени ќулавки и долги бради, сламени грпки, клопотарци и стапови, исцрнети лица со саѓи од фурните, кои се чуваат и пренесуваат како семејно богатство и наследство, страшните џоломари прават врева и ги бркаат лошите духови. Наместо тоа, носат здравје и бериќет, среќа и позитивна енергија. Со симулирање на сексуален чин со своевидната невеста во групата, се упатува пораката за нов живот ослободен од лошотии, истакнува Лазаров.

The post Џоломари од неколку тиквешки села бркаа лоши духови – древна традиција за Василица appeared first on Република.

]]>

Џоломари од неколку тиквешки села денеска бркаа лоши духови и со тоа ја испочитуваа долгогодишната традиција за Василица на овие простори. Претставникот на џоломарската група од село Бегниште, Орданчо Лазаров, во изјава за МИА, вели дека џоломарите го претставуваат културното етнографско богатство и наследство на човештвото од овој регион, го чуваат, негуваат, заштитуваат, развиваат и промовираат пред светот. Тој нагласи дека се гордее со многувековната традиција која претставува вистинска атракција каде и да се појават.
Џоломарството се чува и негува во Бегниште како очите во главата. Се пренесува од дедо на внук. Се маскираат од најмлади до најстари припадници на машкиот пол. Со волнени ќулавки и долги бради, сламени грпки, клопотарци и стапови, исцрнети лица со саѓи од фурните, кои се чуваат и пренесуваат како семејно богатство и наследство, страшните џоломари прават врева и ги бркаат лошите духови. Наместо тоа, носат здравје и бериќет, среќа и позитивна енергија. Со симулирање на сексуален чин со своевидната невеста во групата, се упатува пораката за нов живот ослободен од лошотии, истакнува Лазаров.

The post Џоломари од неколку тиквешки села бркаа лоши духови – древна традиција за Василица appeared first on Република.

]]>
Верниците се поклонуваат пред изложените мошти на Свети Василиј во Струмица https://republika.mk/vesti/makedonija/vernitsite-se-poklonuvaat-pred-izlozhenite-moshti-na-sveti-vasilij-vo-strumitsa/ Sun, 14 Jan 2024 11:09:48 +0000 https://republika.mk/?p=732841

Православните верници од синоќа се поклонуваат пред моштите на Свети Василиј Велики. Во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица, во чест на големиот празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, традиционално се изложуваат на поклонение дел од моштите на овој светец.

Долги години ја имаме таа благодат да бидеме дел од молитвите на Свети Василиј Велики. Ние можеме да се поклониме на светите мошти, кои секоја година пред празникот на Свети Василиј Велики се изнесуваат на поклонение овде, во црквата „Свети Кирил и Методиј“, велат од Струмичката епархија.

По синоќешната Вечерна археирејска служба, на која присуствуваше и Викарниот епископ Јаков Стобиски, на верниците им беа подеделени лебчиња со паричка.

За православната црква, Свети Василиј Велики е еден од нејзините столбови или како што бил наречен „око на православната црква и уста на Светиот Дух“.

Според преданијата, моштите се донесени во Струмица во 1830 година од Кападохија од војник од овие краишта кој служел во војската на Турската империја.

The post Верниците се поклонуваат пред изложените мошти на Свети Василиј во Струмица appeared first on Република.

]]>

Православните верници од синоќа се поклонуваат пред моштите на Свети Василиј Велики. Во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица, во чест на големиот празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, традиционално се изложуваат на поклонение дел од моштите на овој светец.
Долги години ја имаме таа благодат да бидеме дел од молитвите на Свети Василиј Велики. Ние можеме да се поклониме на светите мошти, кои секоја година пред празникот на Свети Василиј Велики се изнесуваат на поклонение овде, во црквата „Свети Кирил и Методиј“, велат од Струмичката епархија.
По синоќешната Вечерна археирејска служба, на која присуствуваше и Викарниот епископ Јаков Стобиски, на верниците им беа подеделени лебчиња со паричка. За православната црква, Свети Василиј Велики е еден од нејзините столбови или како што бил наречен „око на православната црква и уста на Светиот Дух“. Според преданијата, моштите се донесени во Струмица во 1830 година од Кападохија од војник од овие краишта кој служел во војската на Турската империја.

The post Верниците се поклонуваат пред изложените мошти на Свети Василиј во Струмица appeared first on Република.

]]>
Вечерва е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vecherva-e-stara-nova-godina-a-utre-vasilitsa-i-obrezanie-gospodovo/ Sat, 13 Jan 2024 13:11:02 +0000 https://republika.mk/?p=732598

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечерва ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на Василица.

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

The post Вечерва е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово appeared first on Република.

]]>

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечерва ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на Василица. Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна. По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија. Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година. Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

The post Вечерва е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово appeared first on Република.

]]>
Ни доаѓаат Стара Нова година и Василица – ова треба да направите https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ni-doagaat-stara-nova-godina-i-vasilitsa-ova-treba-da-napravite/ Mon, 08 Jan 2024 13:58:52 +0000 https://republika.mk/?p=730855

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар на 13 јануари ќе ја пречекаат Православната или Стара Нова година.

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век.

Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

The post Ни доаѓаат Стара Нова година и Василица – ова треба да направите appeared first on Република.

]]>

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар на 13 јануари ќе ја пречекаат Православната или Стара Нова година. Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година. Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили. Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

The post Ни доаѓаат Стара Нова година и Василица – ова треба да направите appeared first on Република.

]]>
Вечната дилема: Лепче за Бадник или Василица? https://republika.mk/zivot/semejstvo/vechnata-dilema-lepche-za-badnik-ili-vasilitsa/ Sat, 06 Jan 2024 16:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=730507

Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, Свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг.

Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш Св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености. Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“ Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера.

Поради тоа, Св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан. За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син. Тогаш го виде и св. Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје. Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа. Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија.

Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија. Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она што му го имаше дадено на својот епископ.

Така значи, со тогашната „василопита“, Св. Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 1ви јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија

The post Вечната дилема: Лепче за Бадник или Василица? appeared first on Република.

]]>

Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, Свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг. Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш Св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености. Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“ Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера. Поради тоа, Св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан. За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син. Тогаш го виде и св. Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје. Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа. Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија. Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија. Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она што му го имаше дадено на својот епископ. Така значи, со тогашната „василопита“, Св. Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 1ви јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија

The post Вечната дилема: Лепче за Бадник или Василица? appeared first on Република.

]]>
Најпопуалрните арии, дуети и балетски точки на традиционалниот Гала концерт за Василица во НОБ https://republika.mk/vesti/kultura/najpopualrnite-arii-dueti-i-baletski-tochki-na-traditsionalniot-gala-kontsert-za-vasilitsa-vo-nob/ Wed, 03 Jan 2024 07:53:42 +0000 https://republika.mk/?p=729128

Националната опера и балет (НОБ) на 12 и 13 јануари со почеток во 20 часот ќе се одржи традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот „Василица“.

НОБ го востанови овој концерт во 1995 година и низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.

Традицијата ќе продолжи и оваа година, па така нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии, дуети, хорски делници и балетски точки од светски познатите дела од композиторите: Џ. Росини, В.А. Моцарт, В. Белини, Џ. Верди, У. Џордано, Ф. Лехар, Ж. Бизе, Џ. Пучини, Е. Калман, П. И. Чајковски и други, велат од НОБ.

Од таму посочуваат дека под диригентската палка на гостинот од Канада, Клод Лапалм, врвен диригент, добитник на голем број на престижни награди и признанија, а во режија на Дејан Прошев ќе настапат нашите оперски солисти: Весна Ѓиновска Илкова, Сандра Митровска, Благица Поп Томова, Наде Талевска, Николина Јаневска, Биљана Јосифов, Зоран Сотиров, Александар Стефаноски, Марјан Јованоски, Ристе Велков, Игор Дурловски, Владимир Саздовски заедно со хорот, оркестарот и балетот на Националната опера и балет. Концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска, а кореограф е Саша Евтимова.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата на НОБ и онлајн.

The post Најпопуалрните арии, дуети и балетски точки на традиционалниот Гала концерт за Василица во НОБ appeared first on Република.

]]>

Националната опера и балет (НОБ) на 12 и 13 јануари со почеток во 20 часот ќе се одржи традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот „Василица“. НОБ го востанови овој концерт во 1995 година и низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.
Традицијата ќе продолжи и оваа година, па така нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии, дуети, хорски делници и балетски точки од светски познатите дела од композиторите: Џ. Росини, В.А. Моцарт, В. Белини, Џ. Верди, У. Џордано, Ф. Лехар, Ж. Бизе, Џ. Пучини, Е. Калман, П. И. Чајковски и други, велат од НОБ.
Од таму посочуваат дека под диригентската палка на гостинот од Канада, Клод Лапалм, врвен диригент, добитник на голем број на престижни награди и признанија, а во режија на Дејан Прошев ќе настапат нашите оперски солисти: Весна Ѓиновска Илкова, Сандра Митровска, Благица Поп Томова, Наде Талевска, Николина Јаневска, Биљана Јосифов, Зоран Сотиров, Александар Стефаноски, Марјан Јованоски, Ристе Велков, Игор Дурловски, Владимир Саздовски заедно со хорот, оркестарот и балетот на Националната опера и балет. Концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска, а кореограф е Саша Евтимова. Билетите се пуштени во продажба на билетарницата на НОБ и онлајн.

The post Најпопуалрните арии, дуети и балетски точки на традиционалниот Гала концерт за Василица во НОБ appeared first on Република.

]]>
Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vecher-e-stara-nova-godina-a-utre-vasilitsa-i-obrezanie-gospodovo/ Fri, 13 Jan 2023 08:27:37 +0000 https://republika.mk/?p=596425

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица.

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

The post Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово appeared first on Република.

]]>

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица. Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна. По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија. Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година. Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

The post Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово appeared first on Република.

]]>
В петок и сабота се Стара нова година и Василица: Еве што треба да не заборавите да направите https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/v-petok-i-sabota-se-stara-nova-godina-i-vasilitsa-eve-shto-treba-da-ne-zaboravite-da-napravite/ Mon, 09 Jan 2023 14:33:35 +0000 https://republika.mk/?p=594978

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар на 13 јануари ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година.

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век.

Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

The post В петок и сабота се Стара нова година и Василица: Еве што треба да не заборавите да направите appeared first on Република.

]]>

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар на 13 јануари ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година. Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година. Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили. Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.  

The post В петок и сабота се Стара нова година и Василица: Еве што треба да не заборавите да направите appeared first on Република.

]]>
Може изгледа дека има многу политика, но тоа не е така, туку е корекција на власта, порача градоначалникот на Вевчани пред одржување на карневалот на 13 и 14 јануари https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mozhe-izgleda-deka-ima-mnogu-politika-no-toa-ne-e-taka-tuku-e-korektsija-na-vlasta-poracha-gradonachalnikot-na-vevchani-pred-odrzhuvane-na-karnevalot-na-13-i-14-januari/ Mon, 09 Jan 2023 12:08:31 +0000 https://republika.mk/?p=594928

Вевчани е подготвено за годинашното издание на традиционалната манифестација Вевчански карневал што повеќе од 14 века се одржува на 13 и 14 јануари во чест на Свети Василиј, односно православна Нова година.

И годинава Василичарите од Горна и Долна маала, покрај со традиционалните маски на Глупи Август, Зетот и Невестата и Ѓаволите, ќе продефилираат и со останатите маски со кои ги исмеваат актуелните политички случувања. Со звуците на зурли и тапани ќе ги бркаат лошите духови, односно злото, за да ја пречекаат Новата година прочистени и среќни.

Вевчанскиот карневал по многу нешта е специфичен и ги има задржано изворните карактеристики уште од почетокот на одржувањето пред 14 века. Карневалот е медиум кој и пренесува на власта и на владетелот дека нешто не чини и е коректор на власта. Во него има многу хумор и сатира. Низ маските и игрите можете да го согледате целогодишното владеење. Паметна власт во карневалот може да ја види целата негативност што ја правела во текот на годината и ќе може да се коригира. Некому може му изгледа дека има многу политика, но тоа не е така, туку е корекција на власта, порача градоначалникот на општина Вевчани Спасе Кочоски на денешната прес-конференција.

Преку карневалот, како што кажа, не се шири верска и национална омраза.

Вевчанските маски покажуваат какви не треба да бидат луѓето. Ако видите грубост, пораката е не бидете груби. Ако видите вулгарност, пораката е не бидете вулгарни. Едноставно, она што е негативно во едно општество и во секој сегмент на општественото живеење ќе го видите токму низ маските на дефилето на 13 и 14 јануари, рече Кочоски.

Карневалот започнува утрото на 13 јануари, кога во Василичарските конаци почнуваат да се собираат Василичарите и музичарите. Околу пладне сите маскирани одат на влезот на Вевчани и од тука започнува Василичарското дефиле, а поворката почнува да се движи нагоре кон центарот на Вевчани. Поворката ја водат маскираните во Глупи Август и Ѓавол, тие со специфичните движења и крици прават ред и место за Василичарите, по нив следат музичарите, Зетот и Невестата, а потоа сите василичари. После Василичарското дефиле, Зетот и Невестата од Горна и Долна маала ги посетуваат сите домови во Вевчани, посакуваат здравје и бериќет во новата (сурва) година, а домаќините ги даруваат.

Ноќта на 13 наспроти 14 јануари, се оди на вода во Вевчанските извори. Се верува дека ноќта спроти празникот водата во изворите е света и лековита. Во минатото жителите на сите околни села независно од верата доаѓале на изворите и полнеле од водата. На Василичарите им се придружуваат и домаќинките кои носат летургија (леб) и ќиска од босилек, дрен и василичарка (бодликаво растение кое е симбол на Вевчани). Полнат вода со која утрото на 14 јануари замесуваат Кашаник (пита печена под сач).

На 14 јануари на денот на Св. Василиј, Василичарите одат на визита (именден), кај сите што го носат името на светецот, а потоа во центарот на Вевчани се собираат сите василичари и музичари, заедно го играат Василичарскито оро и ги палат маските, што симболизира злото да не се повтори во новата година со што завршува карневалот.

И годинава манифестацијата ќе биде придружена со музичка програма која почнува вечерта на 12 јануари кога ќе настапат рок и поп бендовите: ГИГ ОФФ ( Сашко Гигов – Гиш и пријателите), Венко Серафимовски и Прпл Цепелин, реге бендот – БРУКА, ДНК, Ласт Експедишн, Фиц и Студени нозе. Вечерта на 13 јануари е резервирана за народна музика, а на сцената ќе бидат Баклава, Банда Ентопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст Тајм и Перо Бели. Се уште не е потврдено учеството на големата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ на манифестацијата Вевчански карневал.

The post Може изгледа дека има многу политика, но тоа не е така, туку е корекција на власта, порача градоначалникот на Вевчани пред одржување на карневалот на 13 и 14 јануари appeared first on Република.

]]>

Вевчани е подготвено за годинашното издание на традиционалната манифестација Вевчански карневал што повеќе од 14 века се одржува на 13 и 14 јануари во чест на Свети Василиј, односно православна Нова година. И годинава Василичарите од Горна и Долна маала, покрај со традиционалните маски на Глупи Август, Зетот и Невестата и Ѓаволите, ќе продефилираат и со останатите маски со кои ги исмеваат актуелните политички случувања. Со звуците на зурли и тапани ќе ги бркаат лошите духови, односно злото, за да ја пречекаат Новата година прочистени и среќни.
Вевчанскиот карневал по многу нешта е специфичен и ги има задржано изворните карактеристики уште од почетокот на одржувањето пред 14 века. Карневалот е медиум кој и пренесува на власта и на владетелот дека нешто не чини и е коректор на власта. Во него има многу хумор и сатира. Низ маските и игрите можете да го согледате целогодишното владеење. Паметна власт во карневалот може да ја види целата негативност што ја правела во текот на годината и ќе може да се коригира. Некому може му изгледа дека има многу политика, но тоа не е така, туку е корекција на власта, порача градоначалникот на општина Вевчани Спасе Кочоски на денешната прес-конференција.
Преку карневалот, како што кажа, не се шири верска и национална омраза.
Вевчанските маски покажуваат какви не треба да бидат луѓето. Ако видите грубост, пораката е не бидете груби. Ако видите вулгарност, пораката е не бидете вулгарни. Едноставно, она што е негативно во едно општество и во секој сегмент на општественото живеење ќе го видите токму низ маските на дефилето на 13 и 14 јануари, рече Кочоски.
Карневалот започнува утрото на 13 јануари, кога во Василичарските конаци почнуваат да се собираат Василичарите и музичарите. Околу пладне сите маскирани одат на влезот на Вевчани и од тука започнува Василичарското дефиле, а поворката почнува да се движи нагоре кон центарот на Вевчани. Поворката ја водат маскираните во Глупи Август и Ѓавол, тие со специфичните движења и крици прават ред и место за Василичарите, по нив следат музичарите, Зетот и Невестата, а потоа сите василичари. После Василичарското дефиле, Зетот и Невестата од Горна и Долна маала ги посетуваат сите домови во Вевчани, посакуваат здравје и бериќет во новата (сурва) година, а домаќините ги даруваат. Ноќта на 13 наспроти 14 јануари, се оди на вода во Вевчанските извори. Се верува дека ноќта спроти празникот водата во изворите е света и лековита. Во минатото жителите на сите околни села независно од верата доаѓале на изворите и полнеле од водата. На Василичарите им се придружуваат и домаќинките кои носат летургија (леб) и ќиска од босилек, дрен и василичарка (бодликаво растение кое е симбол на Вевчани). Полнат вода со која утрото на 14 јануари замесуваат Кашаник (пита печена под сач). На 14 јануари на денот на Св. Василиј, Василичарите одат на визита (именден), кај сите што го носат името на светецот, а потоа во центарот на Вевчани се собираат сите василичари и музичари, заедно го играат Василичарскито оро и ги палат маските, што симболизира злото да не се повтори во новата година со што завршува карневалот. И годинава манифестацијата ќе биде придружена со музичка програма која почнува вечерта на 12 јануари кога ќе настапат рок и поп бендовите: ГИГ ОФФ ( Сашко Гигов – Гиш и пријателите), Венко Серафимовски и Прпл Цепелин, реге бендот – БРУКА, ДНК, Ласт Експедишн, Фиц и Студени нозе. Вечерта на 13 јануари е резервирана за народна музика, а на сцената ќе бидат Баклава, Банда Ентопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст Тајм и Перо Бели. Се уште не е потврдено учеството на големата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ на манифестацијата Вевчански карневал.  

The post Може изгледа дека има многу политика, но тоа не е така, туку е корекција на власта, порача градоначалникот на Вевчани пред одржување на карневалот на 13 и 14 јануари appeared first on Република.

]]>
Традиционален Гала оперски концерт за Василица во НОБ https://republika.mk/vesti/kultura/traditsionalen-gala-operski-kontsert-za-vasilitsa-vo-nob/ Mon, 09 Jan 2023 08:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=594829

Во Националната опера и балет на 12 и 13 јануари (четврток и петок), со почеток во 20 часот, ќе се одржи традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот Василица.

Оваа година публиката ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус – помладиот…

Присутните ќе имаат можност да слушнат 18 арии, од кои увертира од оперетата „Грофица Марица“ од Калман, дует на Ецио и Атила од операта „Атила“ на Верди, Арија на Силва од оперетата „Војводката на чардашот“ – Калман, баркарола од операта „Хофманови приказни“ на Офенбах, сцена на Радамес и Рамфис од операта „Аида“ – Верди, како и увертира од оперетата „Лилјакот“, арија на Адриана од операта „Адриана Лекуврер“, дует на Хана Главари и Гроф Данило од оперетата „Веселата вдовица“…

Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, концерт мајстор: Верица Ламбевска, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

Програмата на концертот ќе ја реализираат нашите оперски уметници: Славица Петровска – Галиќ (сопран), Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и Александар Стефаноски (бас).

Настапуваат и хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарница и онлајн.

The post Традиционален Гала оперски концерт за Василица во НОБ appeared first on Република.

]]>

Во Националната опера и балет на 12 и 13 јануари (четврток и петок), со почеток во 20 часот, ќе се одржи традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот Василица. Оваа година публиката ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус – помладиот… Присутните ќе имаат можност да слушнат 18 арии, од кои увертира од оперетата „Грофица Марица“ од Калман, дует на Ецио и Атила од операта „Атила“ на Верди, Арија на Силва од оперетата „Војводката на чардашот“ – Калман, баркарола од операта „Хофманови приказни“ на Офенбах, сцена на Радамес и Рамфис од операта „Аида“ – Верди, како и увертира од оперетата „Лилјакот“, арија на Адриана од операта „Адриана Лекуврер“, дует на Хана Главари и Гроф Данило од оперетата „Веселата вдовица“… Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, концерт мајстор: Верица Ламбевска, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска. Програмата на концертот ќе ја реализираат нашите оперски уметници: Славица Петровска – Галиќ (сопран), Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и Александар Стефаноски (бас). Настапуваат и хорот и оркестарот на Национална опера и балет. Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарница и онлајн.  

The post Традиционален Гала оперски концерт за Василица во НОБ appeared first on Република.

]]>
Орце Ѓорѓиевски: Обезбедивме 350 оброци за социјално загрозените од општина Кисела Вода https://republika.mk/vesti/skopje/orce-gjorgjievski-obezbedivme-350-obroci-za-socijalno-zagrozenite-od-opshtina-kisela-voda/ Fri, 14 Jan 2022 17:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=444697

Дарувањето на еден ваков голем и убав христијански празник ги потенцира човечките доблести - солидарноста, хуманоста и грижливоста, напиша на својот фејсбук профил Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Кисела Вода.

Да се дарува, значи искрено и од срце да се помогне онаму каде што е најпотребно.

Денес обезбедивме 350 оброци за социјално загрозените од општина Кисела Вода.

Се потрудив на дел од нив лично да им ги однесам со цел со овие лица малку да се подружиме и овој празничен ден да им го направам поисполнет и поразличен од другите.

Празничен ручек добија и децата од улица, бездомните лица, лицата во домовите, а обезбедена е донација и за лицата кои имаат потреба од помош од храна во народната кујна во ,,Св. Спас" во Драчево.

Токму во ,,Св. Спас" во Драчево, со празничен ручек заедно со сите лица кои ја посетуваат народната кујна го заокруживме денешниот ден.

На средбата ги информирав и дека во тек е тендерската постапка со која ќе им обезбедиме огревно дрво кое ќе им помогне полесно да ги пребродат студените денови и дека активно ќе работам да се подигне стандардот во општината за да го намалиме бројот на луѓе кои ќе зависат од нечија помош.

Сакам да се заблагодарам на општинската организација на Црвениот Крст, на Хуманитарни акции - Скопје, како и на отецот Оливер и хуманитарната организација ,,Св. Спас" кои ни се силна поддршка во оваа хумана мисија.

Воедно, на сите кои денес празнуваат, сакам да им ја честитам православната Нова Година!

Нека е за многу години и нека дава само радост, здравје и бериќет на секого!

The post Орце Ѓорѓиевски: Обезбедивме 350 оброци за социјално загрозените од општина Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Дарувањето на еден ваков голем и убав христијански празник ги потенцира човечките доблести - солидарноста, хуманоста и грижливоста, напиша на својот фејсбук профил Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Кисела Вода.

Да се дарува, значи искрено и од срце да се помогне онаму каде што е најпотребно.

Денес обезбедивме 350 оброци за социјално загрозените од општина Кисела Вода. Се потрудив на дел од нив лично да им ги однесам со цел со овие лица малку да се подружиме и овој празничен ден да им го направам поисполнет и поразличен од другите. Празничен ручек добија и децата од улица, бездомните лица, лицата во домовите, а обезбедена е донација и за лицата кои имаат потреба од помош од храна во народната кујна во ,,Св. Спас" во Драчево. Токму во ,,Св. Спас" во Драчево, со празничен ручек заедно со сите лица кои ја посетуваат народната кујна го заокруживме денешниот ден. На средбата ги информирав и дека во тек е тендерската постапка со која ќе им обезбедиме огревно дрво кое ќе им помогне полесно да ги пребродат студените денови и дека активно ќе работам да се подигне стандардот во општината за да го намалиме бројот на луѓе кои ќе зависат од нечија помош. Сакам да се заблагодарам на општинската организација на Црвениот Крст, на Хуманитарни акции - Скопје, како и на отецот Оливер и хуманитарната организација ,,Св. Спас" кои ни се силна поддршка во оваа хумана мисија. Воедно, на сите кои денес празнуваат, сакам да им ја честитам православната Нова Година!

Нека е за многу години и нека дава само радост, здравје и бериќет на секого!

The post Орце Ѓорѓиевски: Обезбедивме 350 оброци за социјално загрозените од општина Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Денеска е Св.Василиј https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-sv-vasilij/ Fri, 14 Jan 2022 07:12:56 +0000 https://republika.mk/?p=444398

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 јануари.

Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Обрезанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква. Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството. Денес се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четрвтиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил го¬лем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил во 379 година.

The post Денеска е Св.Василиј appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 јануари. Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Обрезанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква. Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството. Денес се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четрвтиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил го¬лем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил во 379 година.

The post Денеска е Св.Василиј appeared first on Република.

]]>
Вечерва се чека Стара нова година, утре е Василица и Обрезание Господово https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vecherva-se-cheka-stara-nova-godina-utre-e-vasilica-i-obrezanie-gospodovo/ Thu, 13 Jan 2022 16:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=444268

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечерва ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица.

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

The post Вечерва се чека Стара нова година, утре е Василица и Обрезание Господово appeared first on Република.

]]>

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечерва ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица. Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна. По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија. Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година. Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

The post Вечерва се чека Стара нова година, утре е Василица и Обрезание Господово appeared first on Република.

]]>
Костадинов за Василица во Домот за стари лица и дневен центар „Отворено срце“ https://republika.mk/vesti/makedonija/kostadinov-za-vasilica-vo-domot-za-stari-lica-i-dneven-centar-otvoreno-srce/ Thu, 13 Jan 2022 14:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=444209

Од срце денеска ја прифатив поканата и го посетив Домот за стари лица и дневен центар „Отворено срце“ во близина на локалитетот „Цареви кули“, напиша на својот фејсбук профил Костадин Костадинов.

Заедно со бабите и дедовците кои својата старост ја поминуваат во овој дом, ја одбележавме Старата Нова година кршејќи лепче со паричка. Си поминавме прекрасно, во убава и позитивна атмосфера, богата трпеза и убав муабет.

На добитничката на паричката и подарив скромен подарок, а на сите им посакав многу здравје и убави моменти во Новата година.

The post Костадинов за Василица во Домот за стари лица и дневен центар „Отворено срце“ appeared first on Република.

Вечерва не јадете остатоци, туку поставете богата трпеза: Адети за Стара нова година кои носат благосостојба и среќа https://republika.mk/zivot/servisi/vecherva-ne-jadete-ostatoci-tuku-postavete-bogata-trpeza-adeti-za-stara-nova-godina-koi-nosat-blagosostojba-i-srekja/ Thu, 13 Jan 2022 12:05:50 +0000 https://republika.mk/?p=444130

Православните верници вечерва прославуваат Стара нова година, праник кој со утрешниот Свети Василиј е еден од поголемите зимски прослави меѓу народот. Низ Македонија има различни адети и обичаи за овој и утрешниот ден, но неколку верувања се исти.

Вечерва се подготвува богата трпеза и се облекува нешто ново за во домот да се привлечат благосостојба, среќа и богатство. Многу лош знак е вечерва на маса да ставите малку храна или некое расипано јадење. Се верува дека ако вечерва сте добродушни и дарежливи, за останатите да ви вратат со иста мера следната година.

Потрудете се на масата да има две исти вилушки и две исти лажици, зошто така ќе привлечете двојно повеќе пари и двојно повеќе среќа за следната година.

Се верува дека ако ноќва е ѕвездена и ведра ќе нè следи добра среќа и здравје.

На полноќ обавезно замислете желба, зошто ноќва се остварува.

The post Вечерва не јадете остатоци, туку поставете богата трпеза: Адети за Стара нова година кои носат благосостојба и среќа appeared first on Република.

]]>

Православните верници вечерва прославуваат Стара нова година, праник кој со утрешниот Свети Василиј е еден од поголемите зимски прослави меѓу народот. Низ Македонија има различни адети и обичаи за овој и утрешниот ден, но неколку верувања се исти. Вечерва се подготвува богата трпеза и се облекува нешто ново за во домот да се привлечат благосостојба, среќа и богатство. Многу лош знак е вечерва на маса да ставите малку храна или некое расипано јадење. Се верува дека ако вечерва сте добродушни и дарежливи, за останатите да ви вратат со иста мера следната година. Потрудете се на масата да има две исти вилушки и две исти лажици, зошто така ќе привлечете двојно повеќе пари и двојно повеќе среќа за следната година. Се верува дека ако ноќва е ѕвездена и ведра ќе нè следи добра среќа и здравје. На полноќ обавезно замислете желба, зошто ноќва се остварува.

The post Вечерва не јадете остатоци, туку поставете богата трпеза: Адети за Стара нова година кои носат благосостојба и среќа appeared first on Република.

]]>
Каде да ја чувате паричката ако ви се падне на Василица https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kade-da-ja-chuvate-parichkata-ako-vi-se-padne-na-vasilica/ Tue, 11 Jan 2022 19:17:25 +0000 https://republika.mk/?p=443352

Василица е голем и тежок празник, именден и куќна слава на многу македонски семејства.

Ма Василица се крши леб или пита со паричка, која се верува дека носи среќа и бериќет.

Важно е ако ви се падне паричката каде ќе ја чувате. Секогаш парчето леб кое било наменето за вас треба да го изедете, а ако ви се падне паричката треба да постапите вака:

Никако паричката не треба да се фрли или заборави, туку да се стави до икона и да се чува до наредната година.

Иако многумина ја чуваат во паричник или некој предмет, таа треба да стои до икона.

The post Каде да ја чувате паричката ако ви се падне на Василица appeared first on Република.

]]>

Василица е голем и тежок празник, именден и куќна слава на многу македонски семејства. Ма Василица се крши леб или пита со паричка, која се верува дека носи среќа и бериќет. Важно е ако ви се падне паричката каде ќе ја чувате. Секогаш парчето леб кое било наменето за вас треба да го изедете, а ако ви се падне паричката треба да постапите вака: Никако паричката не треба да се фрли или заборави, туку да се стави до икона и да се чува до наредната година. Иако многумина ја чуваат во паричник или некој предмет, таа треба да стои до икона.

The post Каде да ја чувате паричката ако ви се падне на Василица appeared first on Република.

]]>
Важен обичај за Василица: Никако не го правете ова, ќе ве тера баксуз цела година https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vazen-obichaj-za-vasilica-nikako-ne-go-pravete-ova-kje-ve-tera-baksuz-cela-godina/ Tue, 11 Jan 2022 17:41:19 +0000 https://republika.mk/?p=443296

Во четврток е големиот празник Василица за кој има неколку обичаи.

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили. Сепак како и на секој празник не заборавајте да појдете во црква, да запалите свеќа и да му се помолите на Бог за вас и вашите најблиски.

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина.

Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Некогаш девојките овој ден го користеле за гатање за да дознаат за кого ќе се омажат. Некогаш домаќинките земале снег и фрлале малку кон децата дома за да бидат здрави.

Се гледа и времето, ако падне снег или биде облачно, годината ќе биде плодна.

Сувото време носи суша.

Обичај кој се задржал и денес е да се помолиме за здравје и среќа.

На тој ден никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз и кавги.

The post Важен обичај за Василица: Никако не го правете ова, ќе ве тера баксуз цела година appeared first on Република.

]]>

Во четврток е големиот празник Василица за кој има неколку обичаи. Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година. Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили. Сепак како и на секој празник не заборавајте да појдете во црква, да запалите свеќа и да му се помолите на Бог за вас и вашите најблиски. Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година. Некогаш девојките овој ден го користеле за гатање за да дознаат за кого ќе се омажат. Некогаш домаќинките земале снег и фрлале малку кон децата дома за да бидат здрави. Се гледа и времето, ако падне снег или биде облачно, годината ќе биде плодна. Сувото време носи суша. Обичај кој се задржал и денес е да се помолиме за здравје и среќа. На тој ден никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз и кавги.

The post Важен обичај за Василица: Никако не го правете ова, ќе ве тера баксуз цела година appeared first on Република.

]]>
Ни доаѓаат Стара Нова година и Василица- еве што треба да не заборавите да направите https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ni-doagjaat-stara-nova-godina-i-vasilica-eve-shto-treba-da-ne-zaboravite-da-napravite-2/ Mon, 10 Jan 2022 13:02:23 +0000 https://republika.mk/?p=442600

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар на 13 јануари ќе ја пречекаат Православната или Старата Нова година.

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век.

Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

The post Ни доаѓаат Стара Нова година и Василица- еве што треба да не заборавите да направите appeared first on Република.

]]>

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар на 13 јануари ќе ја пречекаат Православната или Старата Нова година. Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година. Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили. Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

The post Ни доаѓаат Стара Нова година и Василица- еве што треба да не заборавите да направите appeared first on Република.

]]>
Оперски концерт по повод празникот Василица во Националната опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/operski-koncert-po-povod-praznikot-vasilica-vo-nacionalnata-opera-i-balet/ Mon, 10 Jan 2022 10:11:46 +0000 https://republika.mk/?p=442503

По повод празникот Василица, на 12 и 13 јануари во Националната опера и балет (НОБ) ќе се одржи традиционалниот гала оперски концерт „VIVA L'OPERA!“.

Традицијата е востановена пред повеќе од 25 години, а како што информираат од НОБ, оваа година публиката ќе има можност да ужива во изведбите на едни од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар.

Диригенти на концертот ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер Дејан Прошев, светло дизајн Нино Митевски, концерт мајстор Климент Тодороски, хор мајстор Јасмина Ѓорѓеска. Ќе настапат оперските уметници Весна Ѓиновска – Илкова – сопран, Сандра Митровска – сопран, Наде Талевска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор, Марјан Јованоски – баритон и Александар Стефаноски – бас.

Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

The post Оперски концерт по повод празникот Василица во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

По повод празникот Василица, на 12 и 13 јануари во Националната опера и балет (НОБ) ќе се одржи традиционалниот гала оперски концерт „VIVA L'OPERA!“. Традицијата е востановена пред повеќе од 25 години, а како што информираат од НОБ, оваа година публиката ќе има можност да ужива во изведбите на едни од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар. Диригенти на концертот ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер Дејан Прошев, светло дизајн Нино Митевски, концерт мајстор Климент Тодороски, хор мајстор Јасмина Ѓорѓеска. Ќе настапат оперските уметници Весна Ѓиновска – Илкова – сопран, Сандра Митровска – сопран, Наде Талевска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор, Марјан Јованоски – баритон и Александар Стефаноски – бас. Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

The post Оперски концерт по повод празникот Василица во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>