Православните верници вечерва прославуваат Стара нова година, праник кој со утрешниот Свети Василиј е еден од поголемите зимски прослави меѓу народот. Низ Македонија има различни адети и обичаи за овој и утрешниот ден, но неколку верувања се исти.

Вечерва се подготвува богата трпеза и се облекува нешто ново за во домот да се привлечат благосостојба, среќа и богатство. Многу лош знак е вечерва на маса да ставите малку храна или некое расипано јадење. Се верува дека ако вечерва сте добродушни и дарежливи, за останатите да ви вратат со иста мера следната година.

Потрудете се на масата да има две исти вилушки и две исти лажици, зошто така ќе привлечете двојно повеќе пари и двојно повеќе среќа за следната година.

Се верува дека ако ноќва е ѕвездена и ведра ќе нè следи добра среќа и здравје.

На полноќ обавезно замислете желба, зошто ноќва се остварува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.