валута Archives - Република https://republika.mk/tema/valuta/ За подобро да се разбереме Mon, 13 May 2024 10:30:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png валута Archives - Република https://republika.mk/tema/valuta/ 32 32 Косово забрани плаќање со динари, од денеска дозволена само една валута https://republika.mk/vesti/balkan/kosovo-zabrani-plakane-so-dinari-od-deneska-dozvolena-samo-edna-valuta/ Mon, 13 May 2024 21:16:01 +0000 https://republika.mk/?p=777557

Сите готовински трансакции на целата територија во Косово ќе мора да се вршат во евра, откако завчера заврши преодниот рок на Централната банка на Косово (ЦБК) во однос на користењето на динарите.

Косовскиот вицепремиер Бесник Бислими уште пред неколку месеци најави ќе почне примената на регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК) за готовинските плаќања, но дека нема да има казнени мерки, туку ќе има информирање на граѓаните за мерките.

Еврото беше и ќе биде единствената официјална валута, посочи Бислими, изразувајќи ја својата поддршка за регулирањето на ЦБК.

Според него, новата регулатива на ЦБК има за цел да ги заштити финансискиот интегритет, потрошувачите и платниот систем.

Српскиот динар со оваа одлука не е исфрлен од употреба, бидејќи не е официјална валута во Косово од 1999 година, посочи Беслими.

Тој додаде дека Владата побарала од раководството на ЦБК да воспостави линија за комуникација со Банката на Србија за да се изнајдат соодветни механизми за средствата кои доаѓаат од Србија.

The post Косово забрани плаќање со динари, од денеска дозволена само една валута appeared first on Република.

]]>

Сите готовински трансакции на целата територија во Косово ќе мора да се вршат во евра, откако завчера заврши преодниот рок на Централната банка на Косово (ЦБК) во однос на користењето на динарите. Косовскиот вицепремиер Бесник Бислими уште пред неколку месеци најави ќе почне примената на регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК) за готовинските плаќања, но дека нема да има казнени мерки, туку ќе има информирање на граѓаните за мерките. Еврото беше и ќе биде единствената официјална валута, посочи Бислими, изразувајќи ја својата поддршка за регулирањето на ЦБК. Според него, новата регулатива на ЦБК има за цел да ги заштити финансискиот интегритет, потрошувачите и платниот систем. Српскиот динар со оваа одлука не е исфрлен од употреба, бидејќи не е официјална валута во Косово од 1999 година, посочи Беслими. Тој додаде дека Владата побарала од раководството на ЦБК да воспостави линија за комуникација со Банката на Србија за да се изнајдат соодветни механизми за средствата кои доаѓаат од Србија.

The post Косово забрани плаќање со динари, од денеска дозволена само една валута appeared first on Република.

]]>
Не си го завршиле домашното: Бугарија нема да воведе евро во јануари 2024 https://republika.mk/vesti/balkan/ne-si-go-zavrshile-domashnoto-bugarija-nema-da-vovede-evro-vo-januari-2024/ Fri, 17 Feb 2023 21:05:26 +0000 https://republika.mk/?p=610366

Бугарија се откажува од целниот датум за воведување на еврото во јануари 2024 година, бидејќи не исполнува некои критериуми, но ќе се стреми да се приклучи на заедничката валута на Европската унија до 2025 година или порано.

Ова денеска го изјави министерката за финансии Росица Велкова. Таа додаде дека земјава не ги исполнува критериумите поврзани со инфлацијата, ниту ги усвоила потребните законски измени.

Заклучи дека доколку Бугарија ги исполни критериумите, би можела да ја постигне својата цел за влез во еврозоната најрано кон средината на следната година.

The post Не си го завршиле домашното: Бугарија нема да воведе евро во јануари 2024 appeared first on Република.

]]>

Бугарија се откажува од целниот датум за воведување на еврото во јануари 2024 година, бидејќи не исполнува некои критериуми, но ќе се стреми да се приклучи на заедничката валута на Европската унија до 2025 година или порано. Ова денеска го изјави министерката за финансии Росица Велкова. Таа додаде дека земјава не ги исполнува критериумите поврзани со инфлацијата, ниту ги усвоила потребните законски измени. Заклучи дека доколку Бугарија ги исполни критериумите, би можела да ја постигне својата цел за влез во еврозоната најрано кон средината на следната година.

The post Не си го завршиле домашното: Бугарија нема да воведе евро во јануари 2024 appeared first on Република.

]]>
Блумберг: Рублјата е најуспешната валута во светот оваа година https://republika.mk/vesti/svet/blumberg-rubljata-e-najuspeshnata-valuta-vo-svetot-ovaa-godina/ Sun, 15 May 2022 19:48:11 +0000 https://republika.mk/?p=502661

Националната валута на Русија зајакна на Московската берза на околу 63 рубли за долар, за првпат достигнувајќи го нивото на почетокот на февруари 2020 година, додека во однос на еврото достигна нов петгодишен максимум.

Рублјата се стабилизира на 63,32 рубли за долар, откако претходно го достигна нивото од 62,6250, најсилното од 5 февруари 2020 година. Сепак, банките нудат многу послаб курс за купување рубли, пренесува Ројтерс.

На почетокот на денешната сесија руската валута скокна во однос на еврото на 64,9425 рубли, што е нејзин најсилен курс од средината на 2017 година, но подоцна во текот на тргувањето падна за 0,8 отсто на 65,80 рубли за евро.

Според агенцијата Блумберг, оваа година рублјата стана најуспешната валута во светот, поддржана од контролата на капиталот што Русија ја воведе на крајот на февруари со цел да го заштити финансискиот сектор и да го спречи одливот на девизи поради западните санкции. наметнати поради нападот на Москва врз Украина.

Според њујоршката агенција, рублјата во однос на американскиот долар зајакнала за повеќе од 11 отсто од почетокот на годината. На меѓународниот девизен пазар курсот на рублјата порасна уште повеќе, за околу 12 отсто.

Зајакнувањето на рублјата беше поттикнато од одлуката на монетарниот регулатор дека компаниите фокусирани на извоз мора да ги претворат своите девизни приходи во домашна валута, додека побарувачката за девизи беше ограничена бидејќи увозот во Русија опадна поради логистичките нарушувања и острите западни санкции.

Во четвртокот, претседателот Владимир Путин го посочи растот на рублјата како пример за добрите резултати на Русија под санкции.

The post Блумберг: Рублјата е најуспешната валута во светот оваа година appeared first on Република.

]]>

Националната валута на Русија зајакна на Московската берза на околу 63 рубли за долар, за првпат достигнувајќи го нивото на почетокот на февруари 2020 година, додека во однос на еврото достигна нов петгодишен максимум. Рублјата се стабилизира на 63,32 рубли за долар, откако претходно го достигна нивото од 62,6250, најсилното од 5 февруари 2020 година. Сепак, банките нудат многу послаб курс за купување рубли, пренесува Ројтерс. На почетокот на денешната сесија руската валута скокна во однос на еврото на 64,9425 рубли, што е нејзин најсилен курс од средината на 2017 година, но подоцна во текот на тргувањето падна за 0,8 отсто на 65,80 рубли за евро. Според агенцијата Блумберг, оваа година рублјата стана најуспешната валута во светот, поддржана од контролата на капиталот што Русија ја воведе на крајот на февруари со цел да го заштити финансискиот сектор и да го спречи одливот на девизи поради западните санкции. наметнати поради нападот на Москва врз Украина. Според њујоршката агенција, рублјата во однос на американскиот долар зајакнала за повеќе од 11 отсто од почетокот на годината. На меѓународниот девизен пазар курсот на рублјата порасна уште повеќе, за околу 12 отсто. Зајакнувањето на рублјата беше поттикнато од одлуката на монетарниот регулатор дека компаниите фокусирани на извоз мора да ги претворат своите девизни приходи во домашна валута, додека побарувачката за девизи беше ограничена бидејќи увозот во Русија опадна поради логистичките нарушувања и острите западни санкции. Во четвртокот, претседателот Владимир Путин го посочи растот на рублјата како пример за добрите резултати на Русија под санкции.

The post Блумберг: Рублјата е најуспешната валута во светот оваа година appeared first on Република.

]]>
Хрватска се подготвува за менување на валутата: Од 5 септември цените ќе бидат во куни и во евра https://republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-se-podgotvuva-za-menuvanje-na-valutata-od-5-septemvri-cenite-kje-bidat-vo-kuni-i-vo-evra/ Mon, 17 Jan 2022 15:41:35 +0000 https://republika.mk/?p=445982

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави дека од 5 септември годинава цените во продавниците во Хрватска ќе бидат и во куни и во евра. тој ги повика граѓаните кои дома чуваат куни да ги депонираат во банки за да може автоматски да се конвертираат во евра.

Пленковиќ, претставувајќи го Предлог-законот за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска, истакна дека еврото ќе биде воведено на 1 јануари 2023 година, а од 5 септември годинава цените ќе бидат изразени двојно.

Цените ќе бидат истакнати во куни и во евра уште една година, цела 2023 година. Од 1 јануари 2023 година куните ќе може да се менуваат во евра една година. Банкнотите куни ќе може да се заменуваат бесплатно во Хрватската народна банка засекогаш - истакна Пленковиќ.

На истата прес-конференција министерот за финансии Здравко Мариќ наведе дека куните во банките автоматски ќе се претвораат во евра според официјалниот курс (7,534 куни за евро).

Од 5 септември задолжително цените ќе бидат во куни и во евра, но убеден сум дека некои трговци со тоа ќе почнат порано. Четири месеци пред и 12 месеци по воведувањето на еврото, задолжително е да има двојни цени - посочи Мариќ.

The post Хрватска се подготвува за менување на валутата: Од 5 септември цените ќе бидат во куни и во евра appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави дека од 5 септември годинава цените во продавниците во Хрватска ќе бидат и во куни и во евра. тој ги повика граѓаните кои дома чуваат куни да ги депонираат во банки за да може автоматски да се конвертираат во евра. Пленковиќ, претставувајќи го Предлог-законот за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска, истакна дека еврото ќе биде воведено на 1 јануари 2023 година, а од 5 септември годинава цените ќе бидат изразени двојно.
Цените ќе бидат истакнати во куни и во евра уште една година, цела 2023 година. Од 1 јануари 2023 година куните ќе може да се менуваат во евра една година. Банкнотите куни ќе може да се заменуваат бесплатно во Хрватската народна банка засекогаш - истакна Пленковиќ.
На истата прес-конференција министерот за финансии Здравко Мариќ наведе дека куните во банките автоматски ќе се претвораат во евра според официјалниот курс (7,534 куни за евро).
Од 5 септември задолжително цените ќе бидат во куни и во евра, но убеден сум дека некои трговци со тоа ќе почнат порано. Четири месеци пред и 12 месеци по воведувањето на еврото, задолжително е да има двојни цени - посочи Мариќ.

The post Хрватска се подготвува за менување на валутата: Од 5 септември цените ќе бидат во куни и во евра appeared first on Република.

]]>