трета светска војна Archives - Република https://republika.mk/tema/treta-svetska-vojna/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jan 2024 12:45:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трета светска војна Archives - Република https://republika.mk/tema/treta-svetska-vojna/ 32 32 Зеленски предупреди на опасност од трета светска војна https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-predupredi-na-opasnost-od-treta-svetska-vojna/ Mon, 29 Jan 2024 12:45:10 +0000 https://republika.mk/?p=738181

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на посилна воена поддршка од западните земји, предупредувајќи дека ако Украина не може да ја победи Русија, конфликтот ќе ескалира во трета светска војна.

Зеленски за германските медиуми изјави дека канцеларот Олаф Шолц подобро ја разбрал вистинската природа на заканата по нивниот состанок во Берлин минатата година и оти Берлин почнал да ја зголемува воената поддршка.

Мојот впечаток е дека канцеларот Шолц сфати дека (рускиот претседател Владимир) Путин не е само име, туку закана, и тоа не само закана за Украина, рече Зеленски во интервју за јавната телевизија АРД.

Тој додаде дека смета оти Шолц чувствува дека ако Украина не издржи, Русија ќе се приближи, што сугерира дека европските и балтичките земји би можеле да бидат следната цел на Русија по Украина.

Канцеларот Шолц разбира дека постои таков ризик, а тоа е дефинитивно трета светска војна. Ако Русија ја погоди оваа или онаа земја на НАТО, тоа во секој случај би значело почеток на трета светска војна, рече украинскиот претседател.

Зеленски го повтори повикот до западните земји да ја зголемат поддршката за Украина и рече дека очекува Германија да игра водечка улога во Европа во однос на воената поддршка за неговата земја.

The post Зеленски предупреди на опасност од трета светска војна appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на посилна воена поддршка од западните земји, предупредувајќи дека ако Украина не може да ја победи Русија, конфликтот ќе ескалира во трета светска војна. Зеленски за германските медиуми изјави дека канцеларот Олаф Шолц подобро ја разбрал вистинската природа на заканата по нивниот состанок во Берлин минатата година и оти Берлин почнал да ја зголемува воената поддршка.
Мојот впечаток е дека канцеларот Шолц сфати дека (рускиот претседател Владимир) Путин не е само име, туку закана, и тоа не само закана за Украина, рече Зеленски во интервју за јавната телевизија АРД.
Тој додаде дека смета оти Шолц чувствува дека ако Украина не издржи, Русија ќе се приближи, што сугерира дека европските и балтичките земји би можеле да бидат следната цел на Русија по Украина.
Канцеларот Шолц разбира дека постои таков ризик, а тоа е дефинитивно трета светска војна. Ако Русија ја погоди оваа или онаа земја на НАТО, тоа во секој случај би значело почеток на трета светска војна, рече украинскиот претседател.
Зеленски го повтори повикот до западните земји да ја зголемат поддршката за Украина и рече дека очекува Германија да игра водечка улога во Европа во однос на воената поддршка за неговата земја.

The post Зеленски предупреди на опасност од трета светска војна appeared first on Република.

]]>
Трамп: Ќе ja спречам Tретата светска војна https://republika.mk/vesti/svet/tramp-ke-ja-sprecham-tretata-svetska-vojna/ Sun, 14 Jan 2024 14:05:00 +0000 https://republika.mk/?p=732921

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, обраќајќи им се на своите приврзаници во Ајова, истакна дека светот никогаш не бил толку блиску до избувнувањето на Третата светска војна, како што е сега.

Мислам дека никогаш не сме биле во толку голема опасност од трета светска војна како што сме сега. И како што велам во секој говор, ќе спречам трета светска војна, ги познавам сите тие луѓе“, порача Трамп.

Според него, САД под управата на неговиот наследник Џозеф Бајден станале „слаба и неефикасна држава“ чие мислење не се зема предвид на светската сцена.

Трамп истакна дека Третата светска војна, ако навистина почне, нема да биде вообичаено бојно поле меѓу армиите и воената опрема на двата противници.

Ова воопшто не е исто како Првата и Втората светска војна. Тоа беше страшно, но оваа ќе биде многу поголема, ќе има целосно уништување“, посочи Трамп.

The post Трамп: Ќе ja спречам Tретата светска војна appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, обраќајќи им се на своите приврзаници во Ајова, истакна дека светот никогаш не бил толку блиску до избувнувањето на Третата светска војна, како што е сега.
Мислам дека никогаш не сме биле во толку голема опасност од трета светска војна како што сме сега. И како што велам во секој говор, ќе спречам трета светска војна, ги познавам сите тие луѓе“, порача Трамп.
Според него, САД под управата на неговиот наследник Џозеф Бајден станале „слаба и неефикасна држава“ чие мислење не се зема предвид на светската сцена. Трамп истакна дека Третата светска војна, ако навистина почне, нема да биде вообичаено бојно поле меѓу армиите и воената опрема на двата противници.
Ова воопшто не е исто како Првата и Втората светска војна. Тоа беше страшно, но оваа ќе биде многу поголема, ќе има целосно уништување“, посочи Трамп.

The post Трамп: Ќе ja спречам Tретата светска војна appeared first on Република.

]]>
Орбан: Поблиску од кога било сме до светска војна https://republika.mk/vesti/svet/orban-poblisku-od-koga-bilo-sme-do-svetska-vojna/ Fri, 10 Mar 2023 13:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=618181

Светот е поблиску од кога и да е локален конфликт да стане светска војна, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Водачите на западниот свет „се зафатени од воена треска, тие држат говори повикувајќи на победа во војната и дополнителни жртви и испраќаат сè поопасно оружје во Украина“, рече Орбан во интервју за унгарското државно радио.

Наместо едногласно да се промовира мир, светот е поделен, посочи Орбан. Турција и арапските држави, Кина и африканските земји сакаат прекин на огнот и мировни преговори, смета тој.

Во исто време, Унгарија е „во основа единствената“ европска земја која е за мир, заедно со Ватикан, рече Орбан. Државите кои влегуваат во војна се мотивирани од „деловни шпекулации, размислувања за одбранбената и економската политика и пресметките на воените предности“, исто како и од посветеноста на принципите и религијата, нагласи тој.

Во меѓувреме, Унгарија мора да има силна армија и во исто време да промовира мир, рече тој. Државата може да се брани доколку нејзините граѓани ја сакаат својата татковина и се подготвени да ја бранат во време на неволја и да не бегаат од неа, рече Орбан.

Да бидеме за мир не значи дека треба да бидеме беспомошни, рече тој. Аргументот на Унгарија за мир не доаѓа од слабост, нагласи шефот на унгарската влада.

The post Орбан: Поблиску од кога било сме до светска војна appeared first on Република.

]]>

Светот е поблиску од кога и да е локален конфликт да стане светска војна, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Водачите на западниот свет „се зафатени од воена треска, тие држат говори повикувајќи на победа во војната и дополнителни жртви и испраќаат сè поопасно оружје во Украина“, рече Орбан во интервју за унгарското државно радио.
Наместо едногласно да се промовира мир, светот е поделен, посочи Орбан. Турција и арапските држави, Кина и африканските земји сакаат прекин на огнот и мировни преговори, смета тој.
Во исто време, Унгарија е „во основа единствената“ европска земја која е за мир, заедно со Ватикан, рече Орбан. Државите кои влегуваат во војна се мотивирани од „деловни шпекулации, размислувања за одбранбената и економската политика и пресметките на воените предности“, исто како и од посветеноста на принципите и религијата, нагласи тој. Во меѓувреме, Унгарија мора да има силна армија и во исто време да промовира мир, рече тој. Државата може да се брани доколку нејзините граѓани ја сакаат својата татковина и се подготвени да ја бранат во време на неволја и да не бегаат од неа, рече Орбан.
Да бидеме за мир не значи дека треба да бидеме беспомошни, рече тој. Аргументот на Унгарија за мир не доаѓа од слабост, нагласи шефот на унгарската влада.

The post Орбан: Поблиску од кога било сме до светска војна appeared first on Република.

]]>
Израелски весник: Српскиот претседател Вучиќ ја запре Третата светска војна https://republika.mk/vesti/balkan/izraelski-vesnik-srpskiot-pretsedatel-vuchik-ja-zapre-tretata-svetska-vojna/ Thu, 12 Jan 2023 10:07:15 +0000 https://republika.mk/?p=596092

Главната вест во весникот  „Ерусалим пост“ е со наслов „Како српскиот претседател Александар Вучиќ ја запре Третата светска војна“.

Избегнувајќи од меѓународното внимание, Александар Вучиќ, претседател на Србија од 2014 година, се вклучи во сложени напори за одржување на стабилноста на Балканот. Глобалната политичка криза и тензиите меѓу Истокот и Западот, кои во моментов се манифестираат во Украина, ја доведуваат до израз потребата од силно, разумно и умерено лидерство кое знае како да маневрира меѓу различните интереси, со што ќе спречи војни и ќе придонесе за меѓународните стабилност

Потсетувајќи дека во Србија изби Првата светска војна, Вучиќ работи на тоа да спречи уште една..

The post Израелски весник: Српскиот претседател Вучиќ ја запре Третата светска војна appeared first on Република.

]]>

Главната вест во весникот  „Ерусалим пост“ е со наслов „Како српскиот претседател Александар Вучиќ ја запре Третата светска војна“.
Избегнувајќи од меѓународното внимание, Александар Вучиќ, претседател на Србија од 2014 година, се вклучи во сложени напори за одржување на стабилноста на Балканот. Глобалната политичка криза и тензиите меѓу Истокот и Западот, кои во моментов се манифестираат во Украина, ја доведуваат до израз потребата од силно, разумно и умерено лидерство кое знае како да маневрира меѓу различните интереси, со што ќе спречи војни и ќе придонесе за меѓународните стабилност
Потсетувајќи дека во Србија изби Првата светска војна, Вучиќ работи на тоа да спречи уште една..

The post Израелски весник: Српскиот претседател Вучиќ ја запре Третата светска војна appeared first on Република.

]]>
Украинскиот министер за одбрана: Третата светска војна веќе е почната https://republika.mk/vesti/svet/ukrainskiot-minister-za-odbrana-tretata-svetska-vojna-vekje-e-pochnata/ Thu, 30 Jun 2022 07:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=521411

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, за „Скај Њуз“ изјави дека доколку Русија ја заземе Украина, други европски земји ќе бидат следни на тој пат.

Резников изјави дека нема смисла „да се прават обиди да не се ескалираат тензиите со Русија, бидејќи војната е веќе тука“.

Тој вели дека Третата светска војна веќе е почната.

The post Украинскиот министер за одбрана: Третата светска војна веќе е почната appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, за „Скај Њуз“ изјави дека доколку Русија ја заземе Украина, други европски земји ќе бидат следни на тој пат. Резников изјави дека нема смисла „да се прават обиди да не се ескалираат тензиите со Русија, бидејќи војната е веќе тука“. Тој вели дека Третата светска војна веќе е почната.

The post Украинскиот министер за одбрана: Третата светска војна веќе е почната appeared first on Република.

]]>
Челичната дама од тв на Путин објави: Специјалната операција е завршена, почна Трета светска војна https://republika.mk/vesti/svet/chelichnata-dama-od-tv-na-putin-objavi-specijalnata-operacija-e-zavrshena-pochna-treta-svetska-vojna/ Tue, 31 May 2022 12:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=509290

Специјалната операција на Кремљ во Украина заврши и почна трета светска војна, изјави новинарката Олга Скабејева, во јавноста е позната како „челичната дама на телевизијата на Путин“.

Обраќајќи им се на гледачите во нејзината емисија на државната телевизија Русија 1, таа посочи дека Русија сега се соочува со ситуација во која ќе мора да го „демилитаризира“ НАТО.

Можеби дојде време да се признае дека руската специјална операција во Украина е завршена. Во смисла дека започна вистинска војна. Згора на тоа, тоа е Трета светска војна. Принудени сме да ја демилитаризираме не само Украина, туку и целото НАТО, рече таа.

The post Челичната дама од тв на Путин објави: Специјалната операција е завршена, почна Трета светска војна appeared first on Република.

]]>

Специјалната операција на Кремљ во Украина заврши и почна трета светска војна, изјави новинарката Олга Скабејева, во јавноста е позната како „челичната дама на телевизијата на Путин“. Обраќајќи им се на гледачите во нејзината емисија на државната телевизија Русија 1, таа посочи дека Русија сега се соочува со ситуација во која ќе мора да го „демилитаризира“ НАТО.
Можеби дојде време да се признае дека руската специјална операција во Украина е завршена. Во смисла дека започна вистинска војна. Згора на тоа, тоа е Трета светска војна. Принудени сме да ја демилитаризираме не само Украина, туку и целото НАТО, рече таа.

The post Челичната дама од тв на Путин објави: Специјалната операција е завршена, почна Трета светска војна appeared first on Република.

]]>
Баба Ванѓа предвиде дека ќе има Трета светска војна и дека големиот Владимир ќе стане господар на светот https://republika.mk/vesti/svet/baba-vangja-predvide-deka-kje-ima-treta-svetska-vojna-i-deka-golemiot-vladimir-kje-stane-gospodar-na-svetot/ Mon, 28 Mar 2022 17:13:43 +0000 https://republika.mk/?p=479799

Една ег најпознатите јасновитка во историјата, Баба Ванѓа, која ја предвиде руската инвазија на Украина, како и нападите во САД на 11 септември, во една прилика наводно тврдела дека претседателот Владимир Путин ќе стане „Господар на светот“.

Позната како Нострадамус на Балканот, Баба Ванѓа, која почина во 1996 година на 84-годишна возраст, во интервју дадено во 1979 година предвиде дека Русија ќе доминира со светот.

Таа, исто така, даде застрашувачко предвидување за Третата светска војна и потенцијалната употреба на нуклеарно оружје.

За време на интервјуто со писателот Валентин Сидоров, Баба Ванѓа изјави дека „славата“ на Владимир ќе остане „непроменета“.

Никој не може да ја запре Русија. Сè ќе се стопи, како мраз, само едно нешто ќе остане недопрено - славата на Владимир, славата на Русија. Таа ќе тргне се од својата патека и не само што ќе преживее, туку и ќе стане господар на светот - ја цитира изјавата на Баба Ванга британскиот таблоид „Бирмингем Лајв“.

Како што наведува таблоидот, Баба Ванѓа, за време на нејзината 50-годишна кариера предвидела некои големи настани низ светот, меѓу кои и терористичките напади на 11 септември во Њујорк, катастрофата во Чернобил во 1986 година и смртта на принцезата Дијана во 1997 година.

За напад на Светскиот трговски центар во Њујорк во 1989 година, Баба Ванѓа го даде следното пророштво: „Ужас, ужас! Американските браќа ќе паднат откако ќе бидат нападнати од челични птици. Волците ќе завиваат во грмушките и ќе блика невина крв“.

Јасновидката го предвидела и избувнувањето на пандемијата на корона вирусот, кога го предупредила светот со зборовите: „Круната ќе биде насекаде над нас“.

Следбениците на Ванѓа тврдат дека 85 отсто од нејзините предвидувања се вистинити, но експертите кои ги истражувале нејзините пророштва велат дека вистинити се само 68 отсто од предвидувањата.

Едно од пророштвата за коешто се смета дека не се оствари беше дека 45-от претседател на САД „ќе се соочи со криза“ што ќе ја „урне земјата“. Таблоидот наведува дека Америка сè уште стои иако постоеја голем број предизвици со кои се соочи за време на мандатот на Доналд Трамп.

The post Баба Ванѓа предвиде дека ќе има Трета светска војна и дека големиот Владимир ќе стане господар на светот appeared first on Република.

]]>

Една ег најпознатите јасновитка во историјата, Баба Ванѓа, која ја предвиде руската инвазија на Украина, како и нападите во САД на 11 септември, во една прилика наводно тврдела дека претседателот Владимир Путин ќе стане „Господар на светот“. Позната како Нострадамус на Балканот, Баба Ванѓа, која почина во 1996 година на 84-годишна возраст, во интервју дадено во 1979 година предвиде дека Русија ќе доминира со светот. Таа, исто така, даде застрашувачко предвидување за Третата светска војна и потенцијалната употреба на нуклеарно оружје. За време на интервјуто со писателот Валентин Сидоров, Баба Ванѓа изјави дека „славата“ на Владимир ќе остане „непроменета“.
Никој не може да ја запре Русија. Сè ќе се стопи, како мраз, само едно нешто ќе остане недопрено - славата на Владимир, славата на Русија. Таа ќе тргне се од својата патека и не само што ќе преживее, туку и ќе стане господар на светот - ја цитира изјавата на Баба Ванга британскиот таблоид „Бирмингем Лајв“.
Како што наведува таблоидот, Баба Ванѓа, за време на нејзината 50-годишна кариера предвидела некои големи настани низ светот, меѓу кои и терористичките напади на 11 септември во Њујорк, катастрофата во Чернобил во 1986 година и смртта на принцезата Дијана во 1997 година. За напад на Светскиот трговски центар во Њујорк во 1989 година, Баба Ванѓа го даде следното пророштво: „Ужас, ужас! Американските браќа ќе паднат откако ќе бидат нападнати од челични птици. Волците ќе завиваат во грмушките и ќе блика невина крв“. Јасновидката го предвидела и избувнувањето на пандемијата на корона вирусот, кога го предупредила светот со зборовите: „Круната ќе биде насекаде над нас“. Следбениците на Ванѓа тврдат дека 85 отсто од нејзините предвидувања се вистинити, но експертите кои ги истражувале нејзините пророштва велат дека вистинити се само 68 отсто од предвидувањата. Едно од пророштвата за коешто се смета дека не се оствари беше дека 45-от претседател на САД „ќе се соочи со криза“ што ќе ја „урне земјата“. Таблоидот наведува дека Америка сè уште стои иако постоеја голем број предизвици со кои се соочи за време на мандатот на Доналд Трамп.

The post Баба Ванѓа предвиде дека ќе има Трета светска војна и дека големиот Владимир ќе стане господар на светот appeared first on Република.

]]>
Бајден: Нема да водиме Трета светска војна против Русија во Украина https://republika.mk/vesti/svet/bajden-nema-da-vodime-treta-svetska-vojna-protiv-rusija-vo-ukraina/ Fri, 11 Mar 2022 20:44:41 +0000 https://republika.mk/?p=471540

Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека Русија „скапо ќе плати“ доколку употреби хемиско оружје во Украина, велејќи и дека сака да избегне директна конфронтација меѓу НАТО и Москва бидејќи тоа ќе предизвика Трета светска војна.

Русија скапо ќе плати ако употреби хемиско оружје во војната против Украина, рече американскиот претседател во говорот во Белата куќа.

Тој одби да ги даде информациите што ги имаат американските разузнавачки служби за ова прашање, но го отфрли директното влегување на САД во конфликтот.

Нема да водиме Трета светска војна против Русија во Украина, нагласи тој, додавајќи дека војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина „никогаш нема да биде победничка“.

The post Бајден: Нема да водиме Трета светска војна против Русија во Украина appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека Русија „скапо ќе плати“ доколку употреби хемиско оружје во Украина, велејќи и дека сака да избегне директна конфронтација меѓу НАТО и Москва бидејќи тоа ќе предизвика Трета светска војна.
Русија скапо ќе плати ако употреби хемиско оружје во војната против Украина, рече американскиот претседател во говорот во Белата куќа.
Тој одби да ги даде информациите што ги имаат американските разузнавачки служби за ова прашање, но го отфрли директното влегување на САД во конфликтот.
Нема да водиме Трета светска војна против Русија во Украина, нагласи тој, додавајќи дека војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина „никогаш нема да биде победничка“.

The post Бајден: Нема да водиме Трета светска војна против Русија во Украина appeared first on Република.

]]>
Интервенција на НАТО во Украина ќе значи почеток на Трета светска војна, вели министерката за одбрана https://republika.mk/vesti/makedonija/intervencija-na-nato-vo-ukraina-kje-znachi-pochetok-na-treta-svetska-vojna-veli-ministerkata-za-odbrana/ Thu, 10 Mar 2022 21:47:13 +0000 https://republika.mk/?p=470955

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека интервенција од страна на НАТО во Украина ќе значи почеток на трета светска војна.

Според неа, тоа значи повикување на НАТО силите да влезат на територија на Украина.

https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-ne-go-ostavivme-zelenski-sam/

Петровска објасни дека извртување на вистината, лажните вести и хибридните напади се дел од стратегијата за водење на војна.

„Кога има војна, не се војува само со класични елементи, со војување и со употреба на класична сила и на класична моќ. Таа се води веќе подолго време и на софистициран начин, односно преку хибридни начини на дејствување. Злоупотребата на социјалните мрежи, медиумите, пласирањето на дезинформации, немање потреба да се праша за второ мислење се дел од таа стратегија.“

The post Интервенција на НАТО во Украина ќе значи почеток на Трета светска војна, вели министерката за одбрана appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека интервенција од страна на НАТО во Украина ќе значи почеток на трета светска војна. Според неа, тоа значи повикување на НАТО силите да влезат на територија на Украина. https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-ne-go-ostavivme-zelenski-sam/ Петровска објасни дека извртување на вистината, лажните вести и хибридните напади се дел од стратегијата за водење на војна.
„Кога има војна, не се војува само со класични елементи, со војување и со употреба на класична сила и на класична моќ. Таа се води веќе подолго време и на софистициран начин, односно преку хибридни начини на дејствување. Злоупотребата на социјалните мрежи, медиумите, пласирањето на дезинформации, немање потреба да се праша за второ мислење се дел од таа стратегија.“

The post Интервенција на НАТО во Украина ќе значи почеток на Трета светска војна, вели министерката за одбрана appeared first on Република.

]]>
Треба да спречиме војната да се прошири во други земји и да војуваме со Русија, тоа би била трета светска војна, истакна Борел https://republika.mk/vesti/svet/treba-da-sprechime-vojnata-da-se-proshiri-vo-drugi-zemji-i-da-vojuvame-so-rusija-toa-bi-bila-treta-svetska-vojna-istakna-borel/ Thu, 10 Mar 2022 09:54:43 +0000 https://republika.mk/?p=470505

Неопходно е да и се помогне на Украина, но и да се избегне ескалација и влегување во војна со Русија, бидејќи во тој случај би започнала трета светска војна, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Едно е јасно: потребно е да и се помогне на Украина колку е можно повеќе, но и да се избегне ескалација на војната. Треба да спречиме војната да се прошири во други земји и да војуваме со Русија. Тоа би била трета светска војна, истакна Борел во интервју за француското радио Франс Инфо.

Запрашан за можноста за европско ембарго на рускиот гас и нафта, како што одлучија САД, тој оцени дека на Унијата ќе и биде многу потешко да направи таков избор.

Ние увезуваме многу од тоа. Тоа не е премногу тешко за САД бидејќи тие речиси и не трошат руска нафта, нагласи Борел.

The post Треба да спречиме војната да се прошири во други земји и да војуваме со Русија, тоа би била трета светска војна, истакна Борел appeared first on Република.

]]>

Неопходно е да и се помогне на Украина, но и да се избегне ескалација и влегување во војна со Русија, бидејќи во тој случај би започнала трета светска војна, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.
Едно е јасно: потребно е да и се помогне на Украина колку е можно повеќе, но и да се избегне ескалација на војната. Треба да спречиме војната да се прошири во други земји и да војуваме со Русија. Тоа би била трета светска војна, истакна Борел во интервју за француското радио Франс Инфо.
Запрашан за можноста за европско ембарго на рускиот гас и нафта, како што одлучија САД, тој оцени дека на Унијата ќе и биде многу потешко да направи таков избор.
Ние увезуваме многу од тоа. Тоа не е премногу тешко за САД бидејќи тие речиси и не трошат руска нафта, нагласи Борел.

The post Треба да спречиме војната да се прошири во други земји и да војуваме со Русија, тоа би била трета светска војна, истакна Борел appeared first on Република.

]]>
Лавров: Трета светска војна би била нуклеарна https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-treta-svetska-vojna-bi-bila-nuklearna/ Wed, 02 Mar 2022 12:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=466444

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија нема да дозволи Украина да продолжи нуклерно да се наоружува.

Третата светска војна би била нуклеарна и деструктивна, рече Лавров, додавајќи дека Русија била подготвена на санкции, но не очекувала дека цел на напади ќе бидат спортистите, новинарите и претставниците на културниот сектор.

Инаку, Кремљ денеска соопшти дека руските власти се подготвени денеска да го одржат вториот круг преговори со Украина, но не е јасно дали ќе се појават украински претставници.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека има контрадикторни информации во врска со разговорите.

The post Лавров: Трета светска војна би била нуклеарна appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија нема да дозволи Украина да продолжи нуклерно да се наоружува.
Третата светска војна би била нуклеарна и деструктивна, рече Лавров, додавајќи дека Русија била подготвена на санкции, но не очекувала дека цел на напади ќе бидат спортистите, новинарите и претставниците на културниот сектор.
Инаку, Кремљ денеска соопшти дека руските власти се подготвени денеска да го одржат вториот круг преговори со Украина, но не е јасно дали ќе се појават украински претставници. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека има контрадикторни информации во врска со разговорите.

The post Лавров: Трета светска војна би била нуклеарна appeared first on Република.

]]>
Војна и мир. III том, 1201 страница… https://republika.mk/kolumni/vojna-i-mir-iii-tom-1201-stranica/ Fri, 25 Feb 2022 08:09:37 +0000 https://republika.mk/?p=463592

Васко Шутаров

 Културите на страв, на надеж и на понижување

Една од поновите теории на која, за жал, многу малку ѝ се обрнува внимание во македонската наука и политика,  е делото „Геополитика на емоции“ од Доминик Моизи. По Спиноза, кој во своите учења ги зема стравот и надежта како основни чувства што го одредуваат односот на човекот кон иднината, Моизи е пионер во воведувањето на емоциите во политичката мисла.

„Емоциите, како и холестеролот, можат да бидат добри и лоши. Во современиот свет владеат три основни емоции: страв, надеж и понижување. Овие три емоции, во геополитичка смисла се поважни од сите останати емоции: гневот, очајот, омразата, љубовта, честа и солидарноста, бидејќи се тесно поврзани со довербата која претставува одлучувачки фактор за начинот на кој одговараат нациите и народите на предизвиците со кои се соочени, како и во односите едни спрема други“, ќе напише Доминик Моизи.

„Надежта е израз на самодоверба, стравот недостиг на самодоверба, а понижувањето значи повредена самодоверба“, вели Моизи. По објавата на оваа негова доктрина, ниту едно сеопфатно објаснување на светските политички процеси не ја отфрла емоцијата како битен момент во обликувањето на современите светски прилики и неприлики, како што се, меѓу другото, и конфликтите и војните.

Во Азија е доминантна културата на надеж. Тоа најдобро може да се види преку Кина и Индија, или „Киндија“, како што некои ја нарекуваат азиската „локомотивата од самодоверба“.

Западот е обединет во култура на стравот. Европските стравови потекнуваат од сеќавањата за минатото исполнето со насилства, преку светските војни, империјализмот, нацизмот, сталинизмот, холокаустот. Освен тоа, европските стравови се подгревани и од отвореното прашање за европскиот идентитет. На прашањето: „Kои сме ние?“, од географски, политички и културен аспект, Европа, сè уште, нема јасен и конечен одговор.

Од другата страна на Атлантикот, во САД, културата на стравот е предизвикана од релативното опаѓање на американската моќ, како и од губењето на чувството за ексклузивност и историска мисија. Тоа што денес ги загрижува Американците, не е толку прашањето кои сме ние, туку прашањето: „Зошто толку нè мразат?!“

Културата на понижување, според Моизи, е карактеристична за Блискиот Исток. Понижувањето е најсилно кога чувствувате дека некој „друг“ навлегол длабоко во вашиот приватен простор и ве направил наполно зависен. (Дали во овој контекст може да стане појасна неодамнешната изјава на хрватскиот претседател Милановиќ, за „навлегувањето на Бугарија во македонскиот интимен простор?!“)

Денес и геополитичарите кои имаат резерви кон внесувањето на емоциите во политиката, го имаат секогаш предвид она што Моизи му го наметна на светот како нов поглед во гледањето и проектирањето на светската геополитичка мапа. А посебно, неговите предвидувања, дека за разлика од 20 век, кој го нарече „американски век и век на идеологиите“, 21 век ќе биде „азиски век и век на идентитетите“. Зарем борбата на идентитетите не кулминираше токму вчера, во одамна започнатата војна меѓу двата блиски и соседски народи, рускиот и украинскиот?

Доминик Моизи во една од визиите за светот во 2025 година, хипотетички, во случај да победи и да доминира културата на стравот, смета дека светот ќе звучи како музиката на Вагнер, ќе изгледа како филмот „Истребувач“ (Blade Runner) и ќе личи на голема сцена исполнета со бес и хаос, слична на Шекспировиот „Тит Андроник“. Блискиот Исток ќе биде нуклеаризиран, Европа ќе биде балканизирана, Азија ќе се задушува од загадување, а Америка ќе се повлекува во себе. Зарем од вчера, веќе не ја живееме и реално, а не само хипотетички, таа 2025 година?!

Културите на страв, сеир и понижување во време на војна

Зошто е важна „геополитиката на емоции“ во светлината на најновото преместување на големите фигури на светската шаховска табла и актуелната руско-украинска војна?

Кажано со едноставниот и луциден наратив на Доминик Моизи, по двегодишната планетарна доминација на културата на стравот како резултат од пандемијата со коронавирусот и замрзнатата рамнотежа од геополитички емоции, светот природно ќе се најде на прагот од нивна целосна експлозија. Пандемијата само вештачки го замрзна целиот свет во една униформна култура на страв, а има ли поедноставен начин светот да остане да живее во подеднаков страв по глава на жител на Земјината топка, од заканата од војна?! Посебно од нова глобална војна?! Во културата на стравот, посебно од сеопшта војна, најлесно се владее, нели?!

Во ваквиот контекст на нова прераспределба на светската моќ и создавање нова (и емотивна) глобална рамнотежа, се случи големото раздвижување на воената сила, втора по моќ во светот, Русија, тој моќен амалгам од култура на понижување во 90-тите, култура на страв во првата деценија од новиов век и новооткриена култура на надеж во последнава деценија. Во секоја сеопфатна анализа во светлината на руско-украинскиот конфликт, овој забрзан трансфер на култури на трите базични емоции, не смее да биде занемарен.

Војната која започна вчера, своите корени ги нема од завчера, а воената кулминација нема да ја има ни денес, ни утре, туку во завршницата на финалната „пресметка меѓу американскиот и азискиот век“, која веќе подолго време ја прогнозираат врвните теоретичари на геополитиката, меѓу кои и Доминик Моизи.

Германскиот вицеадмирал Кај-Ахима Шонбах (Kay-Achima Schonbach), кој беше сменет по изјава во истиов дух, кажа: „Клучна работа која ја имам научено од европската историја на билатерални партнерства, е дека тие не значат ништо. Ако дојде до војна во Европа, ако дојде до континентална војна, а мислам дека до неа ќе дојде, веројатно, не во следните две, три години, туку најверојатно во следната или во следните две децении  ̶  партнерствата на крајот нема да значат ништо!“ Убеден сум, дека германскиот вицеадмирал, многу добро знаел што зборува и кому точно ја упатува оваа порака!

Втора важна константа која се повторува и се потврдува во сите важни историски моменти е дека секогаш кога Велика Британија привидно се повлекува од европските континентални политики, се случуваат неволји на европскиот континент.

Може ли денес некој наивно да поверува, дека  ̶  Брегзитот, крајот на ерата на Ангела Меркел, Макроновата Франција, крајно истрошена од внатрешни конфликти  ̶   сите заедно прават случаен сплет на околности што ја направија Европа токму во овој момент да биде најранлива? И како тоа, скоро истовремено, и руската и англо-американската експанзија во континенталните европски политики се случуваат токму сега, скоро идеално синхронизирани?! Дали нивните стратешки геополитички прогнози, математички прецизно се испреплетоа токму во истово време и на истово место. Во Украина, срцето на Источна Европа и вратата кон срцето на светот, според основачите и татковците на светската геополитика?! Да не се заборави во овој контекст, една од најголемите поуки во меѓународната политика и дипломатијата: таму каде што еднаш владееле моќните империи, тие ќе се вратат и ќе се обидат повторно да ги завладеат, во најповолниот момент за нив!

Трет важен момент, придружен со силна пропагандна воена  реторика, е системската промена во досегашната американска геостратешка политика. За оние што се склони деновиве да коментираат дека само Путин и Русија заиграа „коцкарски all in“, чесно е да се каже, дека истата коцкарска игра истовремено се заигра и во САД, кога дојде до конечно остварување на доктрината на Џорџ Фридман, а имено дека за англо-американските интереси животно важно прашање е по секоја цена да се оневозможи создавањето на моќна оска меѓу Германија и Русија, што би значело, германска технологија и знаење и големи руски природни ресурси и работна сила интегрирани во една импресивна сила.  Со ова се сруши, можеби, и најмоќната, а со тоа и најуспешна формула од дипломатската доктрина на Хенри Кисинџер, која гласеше: „Збирот на поединечни односи на САД со Русија (или порано СССР) и на САД и Кина, секогаш мора да биде поголема од вкупниот збир на односи меѓу Кина и Русија.“ Денес, таа формула повеќе не значи ништо!

Денес и на помалку упатените во разбирањето на геополитиката, јасно им е колку е побенигна оската Германија  ̶  Русија, во споредба со оската Русија  ̶ Кина, кон која во рамките на Шангајската организација (во која главниот збор го имаат Пекинг и Москва), се наоѓаат и двата азиски џина како Индија и Пакистан, а од минатата година и Иран. Тоа е новата, пеколна комбинаторика која ја покрена најновата англо-американска „all in-игра“.

Русија и Кина се веќе, и de facto и de jure, во најмоќен заштитен бедем пред продорот и извозот на западните демократии и досегашниот семоќен дух на глобално привлечната мека моќ на англо-американскиот стил и култура на живеење. Русија и Кина склучија меѓусебен договор со кој, меѓу другото, се обврзуваат на заштита на сеќавањето за Втората светска војна и спротивставувањето на обидите за манипулирање со лажни податоци за политички цели (Русија имаше 27 милиони, а Кина 40 милиони жртви). Со овој договор Русија станува еден од главните извозници на земјоделски производи во Кина, а покрај другото, е договорено и заедничко освојување на вселената, потесна соработка на воен план, но и заедничко спротивставување на американскиот воено-бактериолошки сектор. Ова последново, во контекст на актуелната пандемија, е посебно интригантно. Во рускиот и во кинескиот културен простор, скоро истовремено, двете држави повикаа на враќање кон традиционалните вредности на своите култури, вековно стари.

И последно, но не и најмалку важно. Русија, како втора најмоќна светска сила, со војната што ја почна, само подобро се позиционира за она што ќе биде најважна пресметка во годиниве пред нас. А тоа е, да ги бетонира тампон-зоните од држави што ќе ги чуваат нејзините граници, кога ќе дојде моментот на фронтално соочување на „американскиот и на азискиот век“, можеби за две до три години, можеби за една до две децении. Ова во прилог на уште една непогрешливо потврдувана поука од светот на големите дипломатии, дека светот треба да се проектира според нивните замисли и интереси, барем во следните 50 години. Ова што се случува сега е само покажување мускули и зацврстување на позициите пред некое идно време во кое Западот се подготвува за потенцијално послаб „руски цар“, наследник на Путин. Оттука е јасно дека Русија денес води војна не за своите сегашни, туку за своите идни геостратешки позиции. „Двајцата најмоќни воини се трпението и времето“, пишуваше Толстој во „Војна и мир“.

Во овие клучни моменти на разгорени емоции и страсти, македонските граѓани заслужуваат со разбирлив јазик да им се предочи и да им се објасни големата слика на случувања во светот. Наместо тоа, актуелната власт преку министрите за одбрана и надворешни работи одбра да декларира само кратки бирократско-дипломатски фрази и флоскули. Таквиот тон на преповторување на толку пати слушнати ставови и тонови на НАТО и на нашиот стратешки партнер САД, во сеприсутната култура на страв и понижување на државата, само дополнително ги намалува шансите за надеж, дека Македонија во актуелната власт има мудри, стратешко-мислечки лидери со интегритет и достоинство кои можат да ги предвидат сопствените предности и да поработат на остварување, пред сè, на сопствените интереси, барем, во некаков иден поповолен сплет од околности, за кој вреди да се работи и да се бори!

The post Војна и мир. III том, 1201 страница… appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

 Културите на страв, на надеж и на понижување

Една од поновите теории на која, за жал, многу малку ѝ се обрнува внимание во македонската наука и политика,  е делото „Геополитика на емоции“ од Доминик Моизи. По Спиноза, кој во своите учења ги зема стравот и надежта како основни чувства што го одредуваат односот на човекот кон иднината, Моизи е пионер во воведувањето на емоциите во политичката мисла.
„Емоциите, како и холестеролот, можат да бидат добри и лоши. Во современиот свет владеат три основни емоции: страв, надеж и понижување. Овие три емоции, во геополитичка смисла се поважни од сите останати емоции: гневот, очајот, омразата, љубовта, честа и солидарноста, бидејќи се тесно поврзани со довербата која претставува одлучувачки фактор за начинот на кој одговараат нациите и народите на предизвиците со кои се соочени, како и во односите едни спрема други“, ќе напише Доминик Моизи. „Надежта е израз на самодоверба, стравот недостиг на самодоверба, а понижувањето значи повредена самодоверба“, вели Моизи. По објавата на оваа негова доктрина, ниту едно сеопфатно објаснување на светските политички процеси не ја отфрла емоцијата како битен момент во обликувањето на современите светски прилики и неприлики, како што се, меѓу другото, и конфликтите и војните.
Во Азија е доминантна културата на надеж. Тоа најдобро може да се види преку Кина и Индија, или „Киндија“, како што некои ја нарекуваат азиската „локомотивата од самодоверба“. Западот е обединет во култура на стравот. Европските стравови потекнуваат од сеќавањата за минатото исполнето со насилства, преку светските војни, империјализмот, нацизмот, сталинизмот, холокаустот. Освен тоа, европските стравови се подгревани и од отвореното прашање за европскиот идентитет. На прашањето: „Kои сме ние?“, од географски, политички и културен аспект, Европа, сè уште, нема јасен и конечен одговор. Од другата страна на Атлантикот, во САД, културата на стравот е предизвикана од релативното опаѓање на американската моќ, како и од губењето на чувството за ексклузивност и историска мисија. Тоа што денес ги загрижува Американците, не е толку прашањето кои сме ние, туку прашањето: „Зошто толку нè мразат?!“ Културата на понижување, според Моизи, е карактеристична за Блискиот Исток. Понижувањето е најсилно кога чувствувате дека некој „друг“ навлегол длабоко во вашиот приватен простор и ве направил наполно зависен. (Дали во овој контекст може да стане појасна неодамнешната изјава на хрватскиот претседател Милановиќ, за „навлегувањето на Бугарија во македонскиот интимен простор?!“) Денес и геополитичарите кои имаат резерви кон внесувањето на емоциите во политиката, го имаат секогаш предвид она што Моизи му го наметна на светот како нов поглед во гледањето и проектирањето на светската геополитичка мапа. А посебно, неговите предвидувања, дека за разлика од 20 век, кој го нарече „американски век и век на идеологиите“, 21 век ќе биде „азиски век и век на идентитетите“. Зарем борбата на идентитетите не кулминираше токму вчера, во одамна започнатата војна меѓу двата блиски и соседски народи, рускиот и украинскиот? Доминик Моизи во една од визиите за светот во 2025 година, хипотетички, во случај да победи и да доминира културата на стравот, смета дека светот ќе звучи како музиката на Вагнер, ќе изгледа како филмот „Истребувач“ (Blade Runner) и ќе личи на голема сцена исполнета со бес и хаос, слична на Шекспировиот „Тит Андроник“. Блискиот Исток ќе биде нуклеаризиран, Европа ќе биде балканизирана, Азија ќе се задушува од загадување, а Америка ќе се повлекува во себе. Зарем од вчера, веќе не ја живееме и реално, а не само хипотетички, таа 2025 година?!

Културите на страв, сеир и понижување во време на војна

Зошто е важна „геополитиката на емоции“ во светлината на најновото преместување на големите фигури на светската шаховска табла и актуелната руско-украинска војна? Кажано со едноставниот и луциден наратив на Доминик Моизи, по двегодишната планетарна доминација на културата на стравот како резултат од пандемијата со коронавирусот и замрзнатата рамнотежа од геополитички емоции, светот природно ќе се најде на прагот од нивна целосна експлозија. Пандемијата само вештачки го замрзна целиот свет во една униформна култура на страв, а има ли поедноставен начин светот да остане да живее во подеднаков страв по глава на жител на Земјината топка, од заканата од војна?! Посебно од нова глобална војна?! Во културата на стравот, посебно од сеопшта војна, најлесно се владее, нели?! Во ваквиот контекст на нова прераспределба на светската моќ и создавање нова (и емотивна) глобална рамнотежа, се случи големото раздвижување на воената сила, втора по моќ во светот, Русија, тој моќен амалгам од култура на понижување во 90-тите, култура на страв во првата деценија од новиов век и новооткриена култура на надеж во последнава деценија. Во секоја сеопфатна анализа во светлината на руско-украинскиот конфликт, овој забрзан трансфер на култури на трите базични емоции, не смее да биде занемарен. Војната која започна вчера, своите корени ги нема од завчера, а воената кулминација нема да ја има ни денес, ни утре, туку во завршницата на финалната „пресметка меѓу американскиот и азискиот век“, која веќе подолго време ја прогнозираат врвните теоретичари на геополитиката, меѓу кои и Доминик Моизи. Германскиот вицеадмирал Кај-Ахима Шонбах (Kay-Achima Schonbach), кој беше сменет по изјава во истиов дух, кажа: „Клучна работа која ја имам научено од европската историја на билатерални партнерства, е дека тие не значат ништо. Ако дојде до војна во Европа, ако дојде до континентална војна, а мислам дека до неа ќе дојде, веројатно, не во следните две, три години, туку најверојатно во следната или во следните две децении  ̶  партнерствата на крајот нема да значат ништо!“ Убеден сум, дека германскиот вицеадмирал, многу добро знаел што зборува и кому точно ја упатува оваа порака! Втора важна константа која се повторува и се потврдува во сите важни историски моменти е дека секогаш кога Велика Британија привидно се повлекува од европските континентални политики, се случуваат неволји на европскиот континент. Може ли денес некој наивно да поверува, дека  ̶  Брегзитот, крајот на ерата на Ангела Меркел, Макроновата Франција, крајно истрошена од внатрешни конфликти  ̶   сите заедно прават случаен сплет на околности што ја направија Европа токму во овој момент да биде најранлива? И како тоа, скоро истовремено, и руската и англо-американската експанзија во континенталните европски политики се случуваат токму сега, скоро идеално синхронизирани?! Дали нивните стратешки геополитички прогнози, математички прецизно се испреплетоа токму во истово време и на истово место. Во Украина, срцето на Источна Европа и вратата кон срцето на светот, според основачите и татковците на светската геополитика?! Да не се заборави во овој контекст, една од најголемите поуки во меѓународната политика и дипломатијата: таму каде што еднаш владееле моќните империи, тие ќе се вратат и ќе се обидат повторно да ги завладеат, во најповолниот момент за нив! Трет важен момент, придружен со силна пропагандна воена  реторика, е системската промена во досегашната американска геостратешка политика. За оние што се склони деновиве да коментираат дека само Путин и Русија заиграа „коцкарски all in“, чесно е да се каже, дека истата коцкарска игра истовремено се заигра и во САД, кога дојде до конечно остварување на доктрината на Џорџ Фридман, а имено дека за англо-американските интереси животно важно прашање е по секоја цена да се оневозможи создавањето на моќна оска меѓу Германија и Русија, што би значело, германска технологија и знаење и големи руски природни ресурси и работна сила интегрирани во една импресивна сила.  Со ова се сруши, можеби, и најмоќната, а со тоа и најуспешна формула од дипломатската доктрина на Хенри Кисинџер, која гласеше: „Збирот на поединечни односи на САД со Русија (или порано СССР) и на САД и Кина, секогаш мора да биде поголема од вкупниот збир на односи меѓу Кина и Русија.“ Денес, таа формула повеќе не значи ништо! Денес и на помалку упатените во разбирањето на геополитиката, јасно им е колку е побенигна оската Германија  ̶  Русија, во споредба со оската Русија  ̶ Кина, кон која во рамките на Шангајската организација (во која главниот збор го имаат Пекинг и Москва), се наоѓаат и двата азиски џина како Индија и Пакистан, а од минатата година и Иран. Тоа е новата, пеколна комбинаторика која ја покрена најновата англо-американска „all in-игра“. Русија и Кина се веќе, и de facto и de jure, во најмоќен заштитен бедем пред продорот и извозот на западните демократии и досегашниот семоќен дух на глобално привлечната мека моќ на англо-американскиот стил и култура на живеење. Русија и Кина склучија меѓусебен договор со кој, меѓу другото, се обврзуваат на заштита на сеќавањето за Втората светска војна и спротивставувањето на обидите за манипулирање со лажни податоци за политички цели (Русија имаше 27 милиони, а Кина 40 милиони жртви). Со овој договор Русија станува еден од главните извозници на земјоделски производи во Кина, а покрај другото, е договорено и заедничко освојување на вселената, потесна соработка на воен план, но и заедничко спротивставување на американскиот воено-бактериолошки сектор. Ова последново, во контекст на актуелната пандемија, е посебно интригантно. Во рускиот и во кинескиот културен простор, скоро истовремено, двете држави повикаа на враќање кон традиционалните вредности на своите култури, вековно стари. И последно, но не и најмалку важно. Русија, како втора најмоќна светска сила, со војната што ја почна, само подобро се позиционира за она што ќе биде најважна пресметка во годиниве пред нас. А тоа е, да ги бетонира тампон-зоните од држави што ќе ги чуваат нејзините граници, кога ќе дојде моментот на фронтално соочување на „американскиот и на азискиот век“, можеби за две до три години, можеби за една до две децении. Ова во прилог на уште една непогрешливо потврдувана поука од светот на големите дипломатии, дека светот треба да се проектира според нивните замисли и интереси, барем во следните 50 години. Ова што се случува сега е само покажување мускули и зацврстување на позициите пред некое идно време во кое Западот се подготвува за потенцијално послаб „руски цар“, наследник на Путин. Оттука е јасно дека Русија денес води војна не за своите сегашни, туку за своите идни геостратешки позиции. „Двајцата најмоќни воини се трпението и времето“, пишуваше Толстој во „Војна и мир“. Во овие клучни моменти на разгорени емоции и страсти, македонските граѓани заслужуваат со разбирлив јазик да им се предочи и да им се објасни големата слика на случувања во светот. Наместо тоа, актуелната власт преку министрите за одбрана и надворешни работи одбра да декларира само кратки бирократско-дипломатски фрази и флоскули. Таквиот тон на преповторување на толку пати слушнати ставови и тонови на НАТО и на нашиот стратешки партнер САД, во сеприсутната култура на страв и понижување на државата, само дополнително ги намалува шансите за надеж, дека Македонија во актуелната власт има мудри, стратешко-мислечки лидери со интегритет и достоинство кои можат да ги предвидат сопствените предности и да поработат на остварување, пред сè, на сопствените интереси, барем, во некаков иден поповолен сплет од околности, за кој вреди да се работи и да се бори!

The post Војна и мир. III том, 1201 страница… appeared first on Република.

]]>