Министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека интервенција од страна на НАТО во Украина ќе значи почеток на трета светска војна.

Според неа, тоа значи повикување на НАТО силите да влезат на територија на Украина.

Петровска објасни дека извртување на вистината, лажните вести и хибридните напади се дел од стратегијата за водење на војна.

„Кога има војна, не се војува само со класични елементи, со војување и со употреба на класична сила и на класична моќ. Таа се води веќе подолго време и на софистициран начин, односно преку хибридни начини на дејствување. Злоупотребата на социјалните мрежи, медиумите, пласирањето на дезинформации, немање потреба да се праша за второ мислење се дел од таа стратегија.“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.