Тони Менкиноски Archives - Република https://republika.mk/tema/toni-menkinoski/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jun 2024 11:49:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тони Менкиноски Archives - Република https://republika.mk/tema/toni-menkinoski/ 32 32 Негова одговорност било да бриши коментари: Случајот „Добро, зошто?“ оди на суд https://republika.mk/vesti/makedonija/negova-odgovornost-bilo-da-brishi-komentari-sluchajot-dobro-zoshto-odi-na-sud/ Wed, 26 Jun 2024 11:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=790983

Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија, ја отфрли претставката на Богдан Илиевски, против соопштението на ЗНМ/ССНМ во кое го повикуваат јавно дека поттикнал на вербално насилство и говор на омраза, соопшти денеска водителт.

На седницата одржана на 19.06.2024, Советот на честа се прогласи за ненадлежен да одлучува во спор од ваков облик, но укажа дека секој имател на социјална мрежа е одговорен за модерирање на коментарите под одреден пост, за што, како што велат, постои и судска пракса.

Утрово го ополномоштив адвокатското друштво „Менкиноски“ да ме застапува во постапката која ја најавив против ЗНМ и ССНМ. Мојот коментар на одлуката на Советот на честа на ЗНМ ќе го објавам подоцна во текот на денов.
Со надеж дека не поттикнав омраза кај никој од вас, се читаме подоцна, објави Илиевски.

Случајот почна со споделен пост на Илиевски, на кој тој коментира „Добро, зошто?“:

https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-dobro-zoshto-znm-se-odnesuva-kako-teledelegirana-struktura-na-narachani-progoni-smeta-advokatot-dukovski/

The post Негова одговорност било да бриши коментари: Случајот „Добро, зошто?“ оди на суд appeared first on Република.

]]>

Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија, ја отфрли претставката на Богдан Илиевски, против соопштението на ЗНМ/ССНМ во кое го повикуваат јавно дека поттикнал на вербално насилство и говор на омраза, соопшти денеска водителт. На седницата одржана на 19.06.2024, Советот на честа се прогласи за ненадлежен да одлучува во спор од ваков облик, но укажа дека секој имател на социјална мрежа е одговорен за модерирање на коментарите под одреден пост, за што, како што велат, постои и судска пракса.
Утрово го ополномоштив адвокатското друштво „Менкиноски“ да ме застапува во постапката која ја најавив против ЗНМ и ССНМ. Мојот коментар на одлуката на Советот на честа на ЗНМ ќе го објавам подоцна во текот на денов. Со надеж дека не поттикнав омраза кај никој од вас, се читаме подоцна, објави Илиевски.
Случајот почна со споделен пост на Илиевски, на кој тој коментира „Добро, зошто?“: https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-dobro-zoshto-znm-se-odnesuva-kako-teledelegirana-struktura-na-narachani-progoni-smeta-advokatot-dukovski/

The post Негова одговорност било да бриши коментари: Случајот „Добро, зошто?“ оди на суд appeared first on Република.

]]>
Судот од Охрид пресуди: Тони Менкиноски не е виновен https://republika.mk/vesti/makedonija/sudot-od-ohrid-presudi-toni-menkinoski-ne-e-vinoven/ Tue, 26 Mar 2024 20:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=759088

Основниот Суд Охрид ја донесе пресудата дека адвокатот Тони Менкиноски се ослободува од одговорност за истакнување на големо знаме со сонцето од Вергина на Самоиловата тврдина во Охрид, лани за време на празнувањето на Водици.

Според судот, адвокатот Менкиноски не ги изложил на подбив државните симболи на Македонија или симболите на припадниците на заедниците, уште повеќе што на тоа место немало поставени други симболи на државата или на друга држава.

Лани на 20 јануари, за време на празнувањето на Водици во Охрид, за малку бил избегнат инцидент кога 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш, поставени на дел од бедемот на Самоиловата тврдина кај Долна порта полицијата барала да се тргне.

Група средношколци и студенти од Охрид побараа да го извадам знамето, јас им излегов во пресрет и тие го развиорија на ѕидините, изјави тогаш адвокатот Тони Менкиноски.

Тогаш против него полицијата поднесе прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

Полицијата дојде и сакаше да го тргне знамето. Луѓето кои го поставија знамето бурно реагораа. Полицијата мене ме запиша како подносител. Јас им побарав да донесат наредба дека треба да го тргнеме знамето, побарав писмен документ, изјави тогаш Менкиноски.

The post Судот од Охрид пресуди: Тони Менкиноски не е виновен appeared first on Република.

]]>

Основниот Суд Охрид ја донесе пресудата дека адвокатот Тони Менкиноски се ослободува од одговорност за истакнување на големо знаме со сонцето од Вергина на Самоиловата тврдина во Охрид, лани за време на празнувањето на Водици. Според судот, адвокатот Менкиноски не ги изложил на подбив државните симболи на Македонија или симболите на припадниците на заедниците, уште повеќе што на тоа место немало поставени други симболи на државата или на друга држава. Лани на 20 јануари, за време на празнувањето на Водици во Охрид, за малку бил избегнат инцидент кога 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш, поставени на дел од бедемот на Самоиловата тврдина кај Долна порта полицијата барала да се тргне. Група средношколци и студенти од Охрид побараа да го извадам знамето, јас им излегов во пресрет и тие го развиорија на ѕидините, изјави тогаш адвокатот Тони Менкиноски. Тогаш против него полицијата поднесе прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир. Полицијата дојде и сакаше да го тргне знамето. Луѓето кои го поставија знамето бурно реагораа. Полицијата мене ме запиша како подносител. Јас им побарав да донесат наредба дека треба да го тргнеме знамето, побарав писмен документ, изјави тогаш Менкиноски.

The post Судот од Охрид пресуди: Тони Менкиноски не е виновен appeared first on Република.

]]>
Mенкиноски: Нема споредба меѓу знамето од Кутлеш и албанското, едното е симбол на Македонците, а другото на Албанија https://republika.mk/vesti/makedonija/menkinoski-nema-sporedba-megu-znameto-od-kutlesh-i-albanskoto-ednoto-e-simbol-na-makedontsite-a-drugoto-na-albanija/ Wed, 08 Nov 2023 14:44:40 +0000 https://republika.mk/?p=699325

Адвокатот Тони Менкиновски во интервјуто за „Република“ бара да не се прави споредба меѓу знамето со сонцето од Кутлеш и знамето на Албанија.

Македонското сонце од Кутлеш не е симбол на ниту една држава и тоа е симбол на нас Македонците , а знамето на Голема Албанија и албанското знаме кое се виори во Македонија е знаме на Албанија.Тоа е строго забрането со меѓународни договори да биде развиорено на туѓа држава.Кога ќе го развиорите на туѓа држава според меѓународно право дека ја поседувате таа територија и сте ја освоиле.Таа територија не е освоена и треба да се поведат постапки против сите оние кои веат албанско знаме, не знаме на малциннствата и знаме кое содржи елементи на шовинизам, и  експанзионизам кон нас Македонците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/menkinoski-pokraj-za-mene-vlasta-podnese-novi-obvinenija-za-gragani-za-istaknuvane-na-makedonskoto-zname/

The post Mенкиноски: Нема споредба меѓу знамето од Кутлеш и албанското, едното е симбол на Македонците, а другото на Албанија appeared first on Република.

Менкиноски: Покрај за мене, власта поднесе нови обвиненија за граѓани за истакнување на македонското знаме https://republika.mk/vesti/makedonija/menkinoski-pokraj-za-mene-vlasta-podnese-novi-obvinenija-za-gragani-za-istaknuvane-na-makedonskoto-zname/ Wed, 08 Nov 2023 08:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=699315

Не стравувам дека може да бидам осуден и верувам дека ќе добиеме ослободителна пресудa.Оваа агонија што власта ја наметна резултира со поведување на нови обвиненија против луѓето кои го истакнаа знамето од Кутлеш на Самоиловата тврдина на 27 април, вели адвокатот Тони Менкиноски во интервјуто за „Република“.

Тој појаснува дека покрај за него, поднесени се обвиненија и за обични граѓани кои присустувале на настанот кога на 27 април, исто така во Охрид беше истакнато македонското знаме.

Мене ме водат дека за „Водици“ го имам истакнато македонското знаме на Самоиловите тврдини.На 27 април повторно го истакнавме македонското знаме во поддршка на уставобранителите.Тогаш полицијата спроведе повикување на граѓани кои присустуваа на поставувањето на знамето и сега против нив има поведено обвинение.Тие сакаат да го парализираат процесот во кој сум јас обвинет со тоа што не доаѓаат од министерствтото за внатрешни работи како властени предлагачи против мене.Не доаѓа и судијата и предметот е одложен на неодредено.Од друга страна го забрзуваат процесот против овие обични граѓани.Јас им кажав и тогаш дека ја преземам одговорноста за истакнувањето на знамето.Тие сакаат да го притисннат народот со тоа што повикувајќи ги овие луѓе сакаат да ги заплашат и да не ни дозволат на нас Македонците да го истакнуваме нашето знаме кое е културно и етничко обележјеи наследство на Македонците.Намерата е да се осудат овие луѓе и со тоа да се воспостави пракса да не се виори сонцето од Кутлеш-објаснува Менкиноски за „Република“.

Адвокатот објаснува проблем што е проблемот со истакнувањето на ова знаме

Тие што го потпишаа Договорот од Преспа тие да си го спроведат, јас немам намера да учествувам.Тој договор од формален аспект е потпишан од министер за надворешни работи а се знае кој треба да го потпише.Воопшто немам намера да го почитувам и не е забрането да го истакнеме сонцето од Кутлеш.Она што многу ме радува е што многу млади луѓе сфатија што оваа власт прави за сонцето од Кутлеш и на многу матурски, свадби се идентификуваат.

Менкиновски бара да не се прави споредба меѓу знамето со сонцето од Кутлеш и знамето на Албанија.

Македонското сонце од Кутлеш не е симбол на ниту една држава и тоа е симбол на нас Македонците , а знамето на Голема Албанија и албанското знаме кое се виори во Македонија е знаме на Албанија.Тоа е строго забрането со меѓународни договори да биде развиорено на туѓа држава.Кога ќе го развиорите на туѓа држава според меѓународно право дека ја поседувате таа територија и сте ја освоиле.Таа територија не е освоена и треба да се поведат постапки против сите оние кои веат албанско знаме, не знаме на малциннствата и знаме кое содржи елементи на шовинизам, и  експанзионизам кон нас Македонците

Менкиновски има коментар и за самитот на ОБСЕ и доаѓаето на рускиот министер за надворешни работи.

Лавров е добредојден во Македонија. Ние немаме никакви лоши односи како народ со Русите и како членка на ОБСЕ, Македонија треба да му обезбеди добар и мирен престој на Лавров.Османи бидејќи не знае што да прави, требаше да се занимава со македонското прашање во Егејска и Пиринска Македонијавели Менкиноски .Тој ги охрабрува судиите во Врховниот суд да кажат кој им вршел притисок.

Менкиновски нема дилеми која беше намерата доколку се донесеше Законот за амнестија.

Законот за амнестија беше избрзано решение.Тој следеше со проблеми во казнено-поправните установи.Тој закон сакаа да се донесе за да излезат многу луѓе од подземјето и да им помогнат за следните избори на сегашната политичка гарнитура.Не се прави тоа така.Тој казнен систем треба целосно да се преобработи во два аспекти.Првиот е прекршочниот во кој треба да се минимализираат казните кој треба и вториот е кривичниот во кој треба да се максимизираат.

Менкиновски е убеден дека ќе доживееме Бугарија да имплементира некоја од пресудите во судот во Стразбур кои се однесуваат на Македонското малцинство.

Ако Бугарија не ги имплеменира тогаш го руши целиот систем на Советот на Европа и Европската конвенција за човекови права.Нема да дозволи СЕ една Бугарија да го уништи целиот систем. Нашето МНР не успеа да му каже на македонскиот народ какви изговори дава Бугарија пред Комитетот на министри, односно секогаш кога ја стискаат да ги имплементира тие даваат изговори .Ако не ги имплементираат ќе започнат постапка за исфрлање од Советот на Европа-убеден е адвокатот.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

The post Менкиноски: Покрај за мене, власта поднесе нови обвиненија за граѓани за истакнување на македонското знаме appeared first on Република.

]]>

Не стравувам дека може да бидам осуден и верувам дека ќе добиеме ослободителна пресудa.Оваа агонија што власта ја наметна резултира со поведување на нови обвиненија против луѓето кои го истакнаа знамето од Кутлеш на Самоиловата тврдина на 27 април, вели адвокатот Тони Менкиноски во интервјуто за „Република“. Тој појаснува дека покрај за него, поднесени се обвиненија и за обични граѓани кои присустувале на настанот кога на 27 април, исто така во Охрид беше истакнато македонското знаме.
Мене ме водат дека за „Водици“ го имам истакнато македонското знаме на Самоиловите тврдини.На 27 април повторно го истакнавме македонското знаме во поддршка на уставобранителите.Тогаш полицијата спроведе повикување на граѓани кои присустуваа на поставувањето на знамето и сега против нив има поведено обвинение.Тие сакаат да го парализираат процесот во кој сум јас обвинет со тоа што не доаѓаат од министерствтото за внатрешни работи како властени предлагачи против мене.Не доаѓа и судијата и предметот е одложен на неодредено.Од друга страна го забрзуваат процесот против овие обични граѓани.Јас им кажав и тогаш дека ја преземам одговорноста за истакнувањето на знамето.Тие сакаат да го притисннат народот со тоа што повикувајќи ги овие луѓе сакаат да ги заплашат и да не ни дозволат на нас Македонците да го истакнуваме нашето знаме кое е културно и етничко обележјеи наследство на Македонците.Намерата е да се осудат овие луѓе и со тоа да се воспостави пракса да не се виори сонцето од Кутлеш-објаснува Менкиноски за „Република“.
Адвокатот објаснува проблем што е проблемот со истакнувањето на ова знаме
Тие што го потпишаа Договорот од Преспа тие да си го спроведат, јас немам намера да учествувам.Тој договор од формален аспект е потпишан од министер за надворешни работи а се знае кој треба да го потпише.Воопшто немам намера да го почитувам и не е забрането да го истакнеме сонцето од Кутлеш.Она што многу ме радува е што многу млади луѓе сфатија што оваа власт прави за сонцето од Кутлеш и на многу матурски, свадби се идентификуваат.
Менкиновски бара да не се прави споредба меѓу знамето со сонцето од Кутлеш и знамето на Албанија.
Македонското сонце од Кутлеш не е симбол на ниту една држава и тоа е симбол на нас Македонците , а знамето на Голема Албанија и албанското знаме кое се виори во Македонија е знаме на Албанија.Тоа е строго забрането со меѓународни договори да биде развиорено на туѓа држава.Кога ќе го развиорите на туѓа држава според меѓународно право дека ја поседувате таа територија и сте ја освоиле.Таа територија не е освоена и треба да се поведат постапки против сите оние кои веат албанско знаме, не знаме на малциннствата и знаме кое содржи елементи на шовинизам, и  експанзионизам кон нас Македонците
Менкиновски има коментар и за самитот на ОБСЕ и доаѓаето на рускиот министер за надворешни работи.
Лавров е добредојден во Македонија. Ние немаме никакви лоши односи како народ со Русите и како членка на ОБСЕ, Македонија треба да му обезбеди добар и мирен престој на Лавров.Османи бидејќи не знае што да прави, требаше да се занимава со македонското прашање во Егејска и Пиринска Македонијавели Менкиноски .Тој ги охрабрува судиите во Врховниот суд да кажат кој им вршел притисок.
  Менкиновски нема дилеми која беше намерата доколку се донесеше Законот за амнестија.
Законот за амнестија беше избрзано решение.Тој следеше со проблеми во казнено-поправните установи.Тој закон сакаа да се донесе за да излезат многу луѓе од подземјето и да им помогнат за следните избори на сегашната политичка гарнитура.Не се прави тоа така.Тој казнен систем треба целосно да се преобработи во два аспекти.Првиот е прекршочниот во кој треба да се минимализираат казните кој треба и вториот е кривичниот во кој треба да се максимизираат.
Менкиновски е убеден дека ќе доживееме Бугарија да имплементира некоја од пресудите во судот во Стразбур кои се однесуваат на Македонското малцинство.
Ако Бугарија не ги имплеменира тогаш го руши целиот систем на Советот на Европа и Европската конвенција за човекови права.Нема да дозволи СЕ една Бугарија да го уништи целиот систем. Нашето МНР не успеа да му каже на македонскиот народ какви изговори дава Бугарија пред Комитетот на министри, односно секогаш кога ја стискаат да ги имплементира тие даваат изговори .Ако не ги имплементираат ќе започнат постапка за исфрлање од Советот на Европа-убеден е адвокатот.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

The post Менкиноски: Покрај за мене, власта поднесе нови обвиненија за граѓани за истакнување на македонското знаме appeared first on Република.

]]>
Ламбе со поддршка за Менкиноски: Поткрепа за големиот Македонец на кој неправедно му се суди од овој режим! https://republika.mk/vesti/makedonija/lambe-so-poddrshka-za-menkinoski-potkrepa-za-golemiot-makedonets-na-koj-nepravedno-mu-se-sudi-od-ovoj-rezhim/ Tue, 26 Sep 2023 18:11:57 +0000 https://republika.mk/?p=685381

Пред Основниот суд во Охрид и денеска не се одржа рочиштето од процесот што се води против адвокатот Тони Менкиноски. Против него е покренато обвинение за нарушување на јавниот ред и мир со тоа што лично тој ја презеде одговорноста за поставување на знаме со сонцето од Кутлеш во центарот на Охрид, за празникот Богојавление.

Денешното рочиште не се одржа, како што беше речено, поради здравствени проблеми на судијата Милчо Клишески кој го води предметот, а наредното ќе биде закажано дополнително.

И овојпат не се појавија претставници на Министерството за внатрешни работи, од каде против него е покрената прекршочната пријава за поставувањето на знамето, како дело со кое е истакнато „знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон“.

Несериозен однос од Судот, прво требаше да нè известат дека судијата се разболел, дека нема да се одржи судењето. Второ, воопшто никој не се појавува на судењата од страната која го поднела обвинението... Сега е целта да се калкулира со овој предмет, да не се будат страстите кај Македонците бидејќи не знаат како да се справат во овој предмет. Од една страна сакаат да ме осудат, а според правото треба да донесат ослободителна пресуда бидејќи тој го што иницирал треба да се појави и да образложи. Во спротивно кадијата те тужи, кадијата те суди, рече Менкиноски.

Менкиноски, кој инаку ги застапува Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур, за медиумите рече дека негова цел е да извојува победа, за знамето со македонското сонце од Кутлеш да може слободно да го вее секој оној кој себеси се идентификува за Македонец како знак што го смета за свое културно историско и национално наследство.

Не смееме да дозволиме пракса да ни биде забрането да го истакнуваме ова сонце. Ќе одиме и до Стразбур и до други меѓународни институции како Обединетите нации итн, рече тој.

Адвокатот Менкиноски ја презеде одговорноста за поставувањето на големо 40-метарско знаме со македонското сонце на првиот ред од Самоиловата тврдина во центарот на Охрид, за верскиот празник Водици и во уште една прилика кога беше организиран протестен собир на група граѓани за поддршка на осудените за настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Инаку, и денеска како и за време на претходните рочишта по предметот, група граѓани на Охрид се собраа пред Основниот суд во Охрид за да му искажат поддршка на обвинетиот.

Поддршка за Менкиноски има и од јавноста на социјалните мрежи. Меѓу оние кои покажаа поддршка е и пејачот Ламбе Алабакоски, кој напомена дека на адвокатот му се суди неправедно.

The post Ламбе со поддршка за Менкиноски: Поткрепа за големиот Македонец на кој неправедно му се суди од овој режим! appeared first on Република.

]]>

Пред Основниот суд во Охрид и денеска не се одржа рочиштето од процесот што се води против адвокатот Тони Менкиноски. Против него е покренато обвинение за нарушување на јавниот ред и мир со тоа што лично тој ја презеде одговорноста за поставување на знаме со сонцето од Кутлеш во центарот на Охрид, за празникот Богојавление. Денешното рочиште не се одржа, како што беше речено, поради здравствени проблеми на судијата Милчо Клишески кој го води предметот, а наредното ќе биде закажано дополнително. И овојпат не се појавија претставници на Министерството за внатрешни работи, од каде против него е покрената прекршочната пријава за поставувањето на знамето, како дело со кое е истакнато „знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон“.
Несериозен однос од Судот, прво требаше да нè известат дека судијата се разболел, дека нема да се одржи судењето. Второ, воопшто никој не се појавува на судењата од страната која го поднела обвинението... Сега е целта да се калкулира со овој предмет, да не се будат страстите кај Македонците бидејќи не знаат како да се справат во овој предмет. Од една страна сакаат да ме осудат, а според правото треба да донесат ослободителна пресуда бидејќи тој го што иницирал треба да се појави и да образложи. Во спротивно кадијата те тужи, кадијата те суди, рече Менкиноски.
Менкиноски, кој инаку ги застапува Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур, за медиумите рече дека негова цел е да извојува победа, за знамето со македонското сонце од Кутлеш да може слободно да го вее секој оној кој себеси се идентификува за Македонец како знак што го смета за свое културно историско и национално наследство.
Не смееме да дозволиме пракса да ни биде забрането да го истакнуваме ова сонце. Ќе одиме и до Стразбур и до други меѓународни институции како Обединетите нации итн, рече тој.
Адвокатот Менкиноски ја презеде одговорноста за поставувањето на големо 40-метарско знаме со македонското сонце на првиот ред од Самоиловата тврдина во центарот на Охрид, за верскиот празник Водици и во уште една прилика кога беше организиран протестен собир на група граѓани за поддршка на осудените за настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Инаку, и денеска како и за време на претходните рочишта по предметот, група граѓани на Охрид се собраа пред Основниот суд во Охрид за да му искажат поддршка на обвинетиот. Поддршка за Менкиноски има и од јавноста на социјалните мрежи. Меѓу оние кои покажаа поддршка е и пејачот Ламбе Алабакоски, кој напомена дека на адвокатот му се суди неправедно.

The post Ламбе со поддршка за Менкиноски: Поткрепа за големиот Македонец на кој неправедно му се суди од овој режим! appeared first on Република.

]]>
Денеска собир за поддршка на Тони Менкиноски https://republika.mk/vesti/makedonija/deneska-sobir-za-poddrshka-na-toni-menkinoski/ Thu, 15 Jun 2023 09:39:04 +0000 https://republika.mk/?p=651658

Собир за поддршка на адвокатот Тони Менкиноски е најавен за денеска во 18 часот. Менкиноски доби пријава затоа што го развеа знамето со сонцето од Кутлеш во Охрид во знак на поддршка на уставобранителите на 27 април годинава.

Процесот против него се води по пријава од СВР Охрид од каде што тврдеа дека наредбата за прогон на Менкиноски е дојдена од кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Менкиноски е адвокат кој без пари со години ги брани Македонците од Бугарија во Стразбур каде учествувал во 16 пресуди против Бугарија.

Кога МВР по налог на кабинетот на министерот Спасовски почна да оди по куќите на луѓето што биле со Менкиноски на 27 април, адвокатот се пријави дека тој е одговорен за настанот и побара сам да одговара за знамето со цел да ги заштити другите учесници.

Судското рочиште е закажано за 16-ти во Охрид каде во охридскиот суд ќе му се суди за нарушување на јавен ред и мир иако никој во Охрид не пријавил дека е нарушен јавниот ред и мир.

The post Денеска собир за поддршка на Тони Менкиноски appeared first on Република.

]]>

Собир за поддршка на адвокатот Тони Менкиноски е најавен за денеска во 18 часот. Менкиноски доби пријава затоа што го развеа знамето со сонцето од Кутлеш во Охрид во знак на поддршка на уставобранителите на 27 април годинава. Процесот против него се води по пријава од СВР Охрид од каде што тврдеа дека наредбата за прогон на Менкиноски е дојдена од кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Менкиноски е адвокат кој без пари со години ги брани Македонците од Бугарија во Стразбур каде учествувал во 16 пресуди против Бугарија. Кога МВР по налог на кабинетот на министерот Спасовски почна да оди по куќите на луѓето што биле со Менкиноски на 27 април, адвокатот се пријави дека тој е одговорен за настанот и побара сам да одговара за знамето со цел да ги заштити другите учесници. Судското рочиште е закажано за 16-ти во Охрид каде во охридскиот суд ќе му се суди за нарушување на јавен ред и мир иако никој во Охрид не пријавил дека е нарушен јавниот ред и мир.

The post Денеска собир за поддршка на Тони Менкиноски appeared first on Република.

]]>
Џиновско знаме на Македонија за Водици https://republika.mk/vesti/makedonija/dhinovsko-zname-na-makedonija-za-voditsi/ Thu, 19 Jan 2023 13:23:34 +0000 https://republika.mk/?p=598681

Џиновското знаме со сонцето од Кутлеш на адвокатот Тони Менкиноски денеска беше развиорено во Охрид, на големиот празник Богојавление Водици.

Ова знаме со сонцето од Кутлеш Менкиноски претходно го развиори во Скопје, преку целата зграда во која се наоѓа неговата канцеларија, како поддршка за учесниците во протестот против францускиот предлог за бугаризација на Македонија.

Менкиноски е правен застапник на Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур.

The post Џиновско знаме на Македонија за Водици appeared first on Република.

]]>

Џиновското знаме со сонцето од Кутлеш на адвокатот Тони Менкиноски денеска беше развиорено во Охрид, на големиот празник Богојавление Водици. Ова знаме со сонцето од Кутлеш Менкиноски претходно го развиори во Скопје, преку целата зграда во која се наоѓа неговата канцеларија, како поддршка за учесниците во протестот против францускиот предлог за бугаризација на Македонија. Менкиноски е правен застапник на Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур.

The post Џиновско знаме на Македонија за Водици appeared first on Република.

]]>
Менкиноски го оспори здружението „Цар Борис Трети“ пред Уставен со историските факти за фашистичка Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/menkinoski-go-ospori-zdruzenieto-car-boris-treti-pred-ustaven-so-istoriskite-fakti-za-fashistichka-bugarija/ Mon, 10 Oct 2022 17:57:43 +0000 https://republika.mk/?p=559557

Адвокатот Тони Менкиноски поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на програмата за работа и статутот на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид.

Во поднесената иницијатива се наведува дека „неспорно може да се утврди оти програмата и статутот на здружението се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Македонија и разгорување на национална и верска нетрпеливост“.

Во прилог на иницијативата се посочува и историскиот факт оти цар Борис Трети бил соработник на Адолф Хитлер што ја придружил Бугарија на Тројниот пакт на нацистичка Германија, фашистичка Италија и Јапонија, за што како награда ги добил териториите на Вардарска, Егејска Македонија и Тракија.

Се истакнува и депортацијата на 11.363 Евреи од Македонија, Тракија и југоисточните делови на Србија во текот на Втората светска војна, извршена од страна на Бугарија, при што Македонија загубила 7.144 Евреи.

Како неспорен историски факт е наведена и окупацијата на Македонија од страна на фашистичка Бугарија на 19 април 1941 година, при што на чело со цар Борис Трети донесен е акт за промена на македонската националност во бугарска.

Во прилог на барањето се додава и праксата на Европскиот суд за човекови права која покажала многубројни случаи во кои негирањето на фашизмот и Холокаустот поттикнуваат омраза и нетолеранција.

Со поднесената иницијатива на Менкиноски кој е правен застапник на Македонците од Бугарија пред судот за човекови права во Стразбур, се бара поништување на програмата и статутот на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид.

Борис Трети, чие цело име е Борис Клемент Роберт Марија Пиj Станислав Сакскобургготски, станува „цар на Бугарите“ на 3 октомври 1918 по абдикацијата на неговиот татко Фердинанд, по поразот на Бугарија во Првата балканска војна.

По водство на Борис Трети, кој во бугарската историографија е познат како „Царот обединител“, Бугарија се приклучува кон Тројниот пакт на нацистичка Германија, фашистичка Италија и милитаристичка Јапонија. Тој во април 1941 година дозволува германските сили од територијата на Бугарија да извршат агресија врз Кралството Југославија, по што за награда добива територии од распаднатата југословенска држава и Грција, вклучително и голем дел од денешна Македонија. Умира неочекувано на 28 август 1943 година, набрзо по неговата посетата на Хитлер. Него на престолот го наследува син му Симеон Втори, кој останува на чело на бугарската држава до септември 1946 година, а кој од јули 2001 до август 2005 година беше премиер на Бугарија, под името Симеон Сакскобургготски.

Во петокот во Охрид, беше отворен бугарски културен клуб што го носи името на Цар Борис Трети, што беше проследено со големо незадоволство во македонската јавност. За време на отворањето имаше и протести, организирани од партијата Левица, за кои поддршка даде и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Отворањето на клубот со такво името го осудија од еврејската заедница, како и од партиите и од функционерите на власта.

The post Менкиноски го оспори здружението „Цар Борис Трети“ пред Уставен со историските факти за фашистичка Бугарија appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Тони Менкиноски поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на програмата за работа и статутот на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид. Во поднесената иницијатива се наведува дека „неспорно може да се утврди оти програмата и статутот на здружението се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Македонија и разгорување на национална и верска нетрпеливост“. Во прилог на иницијативата се посочува и историскиот факт оти цар Борис Трети бил соработник на Адолф Хитлер што ја придружил Бугарија на Тројниот пакт на нацистичка Германија, фашистичка Италија и Јапонија, за што како награда ги добил териториите на Вардарска, Егејска Македонија и Тракија. Се истакнува и депортацијата на 11.363 Евреи од Македонија, Тракија и југоисточните делови на Србија во текот на Втората светска војна, извршена од страна на Бугарија, при што Македонија загубила 7.144 Евреи. Како неспорен историски факт е наведена и окупацијата на Македонија од страна на фашистичка Бугарија на 19 април 1941 година, при што на чело со цар Борис Трети донесен е акт за промена на македонската националност во бугарска. Во прилог на барањето се додава и праксата на Европскиот суд за човекови права која покажала многубројни случаи во кои негирањето на фашизмот и Холокаустот поттикнуваат омраза и нетолеранција. Со поднесената иницијатива на Менкиноски кој е правен застапник на Македонците од Бугарија пред судот за човекови права во Стразбур, се бара поништување на програмата и статутот на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид. Борис Трети, чие цело име е Борис Клемент Роберт Марија Пиj Станислав Сакскобургготски, станува „цар на Бугарите“ на 3 октомври 1918 по абдикацијата на неговиот татко Фердинанд, по поразот на Бугарија во Првата балканска војна. По водство на Борис Трети, кој во бугарската историографија е познат како „Царот обединител“, Бугарија се приклучува кон Тројниот пакт на нацистичка Германија, фашистичка Италија и милитаристичка Јапонија. Тој во април 1941 година дозволува германските сили од територијата на Бугарија да извршат агресија врз Кралството Југославија, по што за награда добива територии од распаднатата југословенска држава и Грција, вклучително и голем дел од денешна Македонија. Умира неочекувано на 28 август 1943 година, набрзо по неговата посетата на Хитлер. Него на престолот го наследува син му Симеон Втори, кој останува на чело на бугарската држава до септември 1946 година, а кој од јули 2001 до август 2005 година беше премиер на Бугарија, под името Симеон Сакскобургготски. Во петокот во Охрид, беше отворен бугарски културен клуб што го носи името на Цар Борис Трети, што беше проследено со големо незадоволство во македонската јавност. За време на отворањето имаше и протести, организирани од партијата Левица, за кои поддршка даде и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Отворањето на клубот со такво името го осудија од еврејската заедница, како и од партиите и од функционерите на власта.

The post Менкиноски го оспори здружението „Цар Борис Трети“ пред Уставен со историските факти за фашистичка Бугарија appeared first on Република.

]]>
Менкиноски: Поништено е решението за забрана на терминот „Македонија“, ја добивме битката, но не и војната https://republika.mk/vesti/makedonija/menkinoski-ponishteno-e-reshenieto-za-zabrana-na-terminot-makedonija-ja-dobivme-bitkata-no-ne-i-vojnata/ Wed, 14 Sep 2022 15:34:06 +0000 https://republika.mk/?p=550783

Решението на Министерството за правда со кое се забранува употребата на терминот „Македонија“ при регистрација на правни субјекти се поништува со денешната пресуда на Управниот суд.

Ваквата судска одлука претставува добиена битка според адвокатот Тони Менкиноски, што го застапуваше тужителот Димитар Џундев. Министерството за правда сега има рок од 60 дена да донесе ново решение за употребата на терминот „Македонија“, објавува „Нова Македонија“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vancho-mihajlov-moze-mladi-za-makedonija-ne/

Управниот суд го поништи решението на министерот Бојан Маричиќ со кое се забранува употребата на терминот „Македонија“ на здружение граѓани од Република Македонија. Моментно го поништи тоа решение и го врати на одлучување во Министерството за правда. По законски предвидениот рок од 60 дена, министерството мора да донесе решение со кое ќе каже дали го дозволува или не го дозволува терминот „Македонија“. Ако повторно каже дека не е дозволено, ние пак можеме да вложиме тужба и тогаш Управниот суд треба да одлучува мериторно. Тоа значи дека неговата одлука е задолжителна, не само од формален, туку и од суштински аспект. Тогаш Управниот суд ќе се произнесе во целост за тоа дали може да се користи или не терминот „Македонија“. Апсолутно дека очекував ваква одлука. Денеска добивме една битка, но не и војната. На овој начин треба да си ги остваруваме своите права, за жал во Македонија, но мислам дека не треба да се откажуваме. Одиме понатаму – порача Менкиноски по одлуката на Управниот суд.

The post Менкиноски: Поништено е решението за забрана на терминот „Македонија“, ја добивме битката, но не и војната appeared first on Република.

]]>

Решението на Министерството за правда со кое се забранува употребата на терминот „Македонија“ при регистрација на правни субјекти се поништува со денешната пресуда на Управниот суд. Ваквата судска одлука претставува добиена битка според адвокатот Тони Менкиноски, што го застапуваше тужителот Димитар Џундев. Министерството за правда сега има рок од 60 дена да донесе ново решение за употребата на терминот „Македонија“, објавува „Нова Македонија“. https://republika.mk/vesti/makedonija/vancho-mihajlov-moze-mladi-za-makedonija-ne/
Управниот суд го поништи решението на министерот Бојан Маричиќ со кое се забранува употребата на терминот „Македонија“ на здружение граѓани од Република Македонија. Моментно го поништи тоа решение и го врати на одлучување во Министерството за правда. По законски предвидениот рок од 60 дена, министерството мора да донесе решение со кое ќе каже дали го дозволува или не го дозволува терминот „Македонија“. Ако повторно каже дека не е дозволено, ние пак можеме да вложиме тужба и тогаш Управниот суд треба да одлучува мериторно. Тоа значи дека неговата одлука е задолжителна, не само од формален, туку и од суштински аспект. Тогаш Управниот суд ќе се произнесе во целост за тоа дали може да се користи или не терминот „Македонија“. Апсолутно дека очекував ваква одлука. Денеска добивме една битка, но не и војната. На овој начин треба да си ги остваруваме своите права, за жал во Македонија, но мислам дека не треба да се откажуваме. Одиме понатаму – порача Менкиноски по одлуката на Управниот суд.

The post Менкиноски: Поништено е решението за забрана на терминот „Македонија“, ја добивме битката, но не и војната appeared first on Република.

]]>
Министерството за правда одбило регистрација на здружение со „Македонија“ во името https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-pravda-odbilo-registracija-na-zdruzenie-so-makedonija-vo-imeto/ Fri, 09 Sep 2022 11:32:58 +0000 https://republika.mk/?p=549065

Министерството за правда отфрлило барање за регистрација на здружение на граѓани „Млади за Македонија“ од Гевгелија, наводно поради употреба на името „Македонија“ во називот, тврди застапникот на иницијативата за регистрирање здужение адвокатот Тони Менкиноски.

Застапникот поднел тужба до Управниот суд на решението на Министерството за правда со кое се одбива регистрацијата, и за таа тужба завчера судот расправаше на отворена седница. Предвидено е Управниот суд да ја објави својата одлука идната среда.

Министерството за правда на Македонија постапува исто како што постапуваат бугарските власти во република Бугарија, со тоа што забранува поимот „Македонија“ да се користи во официјална употреба од здружение на граѓани. Сега сме пред круцијална одлука на Управниот суд. Ние ги изложивме аргументите дека тоа е наше право согласно Европската конвенција за човекови права и Универзалната декларација за човекови права, да се идентификуваме како Македонци и да го користиме поимот Македонија. Управниот суд наредната недела треба да донесе одлука дали ја прифаќа нашата тужба и го поништува решението со кое е забранета употребата на терминот „Македонија“ во Македонија, што е крајно апсурдно – изјави Менкиноски за медиумите по судската расправа.

Од Министерството за правда засега нема потврда дека апликацијата за регистрирање на здружението е отфрлена поради употреба на името „Македонија“ во називот. Според Договорот од Преспа името „Македонија“ не треба да се користи за организации и институции формирани или финансирани од владата.

Користењето на името „Македонија“ е основно човеково и наше генетско право и за овој предмет ќе одиме до крај – истакна тужителот Димитар Џундев, кој е подносител на барањето за регистрација на здружение „Млади за Македонија“.

The post Министерството за правда одбило регистрација на здружение со „Македонија“ во името appeared first on Република.