Театар за деца и младинци Archives - Република https://republika.mk/tema/teatar-za-deca-i-mladinci/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 12:58:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Театар за деца и младинци Archives - Република https://republika.mk/tema/teatar-za-deca-i-mladinci/ 32 32 Француската претстава „Не ме чекај“ го отвора третото издание на Интернационалниот детски фестивал „Игор Маџиров“ https://republika.mk/vesti/kultura/frantsuskata-pretstava-ne-me-chekaj-go-otvora-tretoto-izdanie-na-internatsionalniot-detski-festival-igor-madhirov/ Mon, 30 Sep 2024 11:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=820988

„Не ме чекај“ на францускиот театар „Снег на трпките“ од Нант, утре, на први октомври, во Театар за деца и младинци (ТДМ) ќе го отвори третото издание на Интернационалниот детски фестивал „Игор Маџиров“ кој ќе трае до петти октомври.

Организаторот, ТДМ најави гости од Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Турција, Италија, Хрватска и Македонија.

Ова е трето издание, трета среќа, програмата ќе биде побогата и поразновидна. Екипата која работи на Фестивалот многу се потруди на пубиката да и донесе квалитетни претстави. Верувам дека ќе имаме светско издание на Фестивалот. Тешко е да се прави Фестивал во ваков обем, со ваква обилна програма, а со малку пари, изјави на денешната прес-конфренција директорот на ТДМ Катерина Илиевска Силјановска.

Драгана Милошевски Попова, која е селекторка на Фестивалот кажа дека имале тешка задача да ги изберат годинашните учесници на „Игор Маџиров“ бидејќи добиле многу апликации.

Во наредните денови ќе проследиме многу значајни претстави. Сите можеби не се од најновата продукција, но вреди да се видат, кажа Милошевски Попова.

По отворањето, в среда, на втори октомври, во Театар Комедија во 11 часот ќе се одигра „Тогаш кога се изгубивме“ (Краљево, Србија), а во вечерниот термин во 19,30 е „Палешка“ во ТДМ на куклениот театар од Љубљана. В четврток, на трети октомври во ТДМ во 11 госотува Бабец театарот од Битола со „На гости кај Кате и Фреда“, а во 19,30 во ТДМ е „Си беше еднаш еден лав“ од Бања Лука (БиХ). На четврти октомври, в петок, во Драмски театар е „Парадевојче“ на театарот од Зрењанин, Србија (11 часот), во ТДМ во 17 часот е „Светско шоу на ѕвездите“ на Караѓоз театарот од Истанбул, а вечерта од 19, 30 во Драмски театар е „Дупка и копче“ - приказна за кројачот и неговата душа на Театарот од Рим, Италија. На петти октомври, в сабота од 12 часот во Театар Комедија е претставата „По трагите на волкот“ на младинскиот театар од Нови Сад, во 17 часот во ТДМ гостува Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска со „О, ла, ла“, а Фестивалот се затвора со „Франкенштајн“ во продукција на ТДМ, чија претстава е надвор од конкуренција. Пред одигрување на претставата ќе бидат прогласени победниците и ќе бидат доделени наградите на најдобрите на Фестивалот за кој ќе одлучува жири-комисија.

Освен во ТДМ, Фестивалот ќе се одржува и на сцените на Драмски театар, Театар Комедија и Македонскиот народен театар (МНТ). Ќе има и придружна програма која ќе се одржува на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). На втори октомври, на ФДУ во 13 часот е мастр-класот со чешкиот режисер Јакуб Максимов, кој е автор на „Роња, ќерката на ограбувачот“ со која ТДМ освои многу интернациолани и домашни награди.

Ќе има и работилници за креативно пишување за млади таленти кои ќе се одржуваат во просториите на ТДМ под менторство на Драгана Лукан Николовски, Хана Миленковска и Давор Драгојевиќ од Црна Гора.

По повод Светската недела на детето, од ТДМ решиле цените на билетите за претставите да чинат 150 денари.

The post Француската претстава „Не ме чекај“ го отвора третото издание на Интернационалниот детски фестивал „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>

„Не ме чекај“ на францускиот театар „Снег на трпките“ од Нант, утре, на први октомври, во Театар за деца и младинци (ТДМ) ќе го отвори третото издание на Интернационалниот детски фестивал „Игор Маџиров“ кој ќе трае до петти октомври. Организаторот, ТДМ најави гости од Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Турција, Италија, Хрватска и Македонија.
Ова е трето издание, трета среќа, програмата ќе биде побогата и поразновидна. Екипата која работи на Фестивалот многу се потруди на пубиката да и донесе квалитетни претстави. Верувам дека ќе имаме светско издание на Фестивалот. Тешко е да се прави Фестивал во ваков обем, со ваква обилна програма, а со малку пари, изјави на денешната прес-конфренција директорот на ТДМ Катерина Илиевска Силјановска.
Драгана Милошевски Попова, која е селекторка на Фестивалот кажа дека имале тешка задача да ги изберат годинашните учесници на „Игор Маџиров“ бидејќи добиле многу апликации.
Во наредните денови ќе проследиме многу значајни претстави. Сите можеби не се од најновата продукција, но вреди да се видат, кажа Милошевски Попова.
По отворањето, в среда, на втори октомври, во Театар Комедија во 11 часот ќе се одигра „Тогаш кога се изгубивме“ (Краљево, Србија), а во вечерниот термин во 19,30 е „Палешка“ во ТДМ на куклениот театар од Љубљана. В четврток, на трети октомври во ТДМ во 11 госотува Бабец театарот од Битола со „На гости кај Кате и Фреда“, а во 19,30 во ТДМ е „Си беше еднаш еден лав“ од Бања Лука (БиХ). На четврти октомври, в петок, во Драмски театар е „Парадевојче“ на театарот од Зрењанин, Србија (11 часот), во ТДМ во 17 часот е „Светско шоу на ѕвездите“ на Караѓоз театарот од Истанбул, а вечерта од 19, 30 во Драмски театар е „Дупка и копче“ - приказна за кројачот и неговата душа на Театарот од Рим, Италија. На петти октомври, в сабота од 12 часот во Театар Комедија е претставата „По трагите на волкот“ на младинскиот театар од Нови Сад, во 17 часот во ТДМ гостува Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска со „О, ла, ла“, а Фестивалот се затвора со „Франкенштајн“ во продукција на ТДМ, чија претстава е надвор од конкуренција. Пред одигрување на претставата ќе бидат прогласени победниците и ќе бидат доделени наградите на најдобрите на Фестивалот за кој ќе одлучува жири-комисија. Освен во ТДМ, Фестивалот ќе се одржува и на сцените на Драмски театар, Театар Комедија и Македонскиот народен театар (МНТ). Ќе има и придружна програма која ќе се одржува на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). На втори октомври, на ФДУ во 13 часот е мастр-класот со чешкиот режисер Јакуб Максимов, кој е автор на „Роња, ќерката на ограбувачот“ со која ТДМ освои многу интернациолани и домашни награди. Ќе има и работилници за креативно пишување за млади таленти кои ќе се одржуваат во просториите на ТДМ под менторство на Драгана Лукан Николовски, Хана Миленковска и Давор Драгојевиќ од Црна Гора. По повод Светската недела на детето, од ТДМ решиле цените на билетите за претставите да чинат 150 денари.

The post Француската претстава „Не ме чекај“ го отвора третото издание на Интернационалниот детски фестивал „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>
ФОТО: Театар за деца и младинци ја постави првата хорор-комедија за деца „Куќа на духовите“ https://republika.mk/vesti/kultura/foto-teatar-za-detsa-i-mladintsi-ja-postavi-prvata-horor-komedija-za-detsa-kuka-na-duhovite/ Thu, 11 Jul 2024 09:33:37 +0000 https://republika.mk/?p=795720

Вечерва, на 11 јули, во 20:00 часот на сцената на Театар за деца и младинци – Скопје, ќе се случи премиерната изведба на претставата „Куќата на духовите“, првпат кај нас, хорор комедија за деца, наменета за 8+ возраст, чии автори се Деан Дамјановски и Горјан Милошевски.

Режисер на претставата е Деан Дамјановски, а драматург е Горјан Милошевски.

Претставата изобилува со уникатни костими на костимографката Елена Вангеловска и одлична сценографија на Филип Коруновски. Музиката е на Горан Трифуновски-Пајак.

Во претставата играат: : Ангела Димитрова, Петар Стојанов, Мики Анчевски, Винета Дамческа Мојаноска, Никола Наковски, Емра Куртишова Стојанова, Симона Спировска и Марија Ѓорѓијовска.

The post ФОТО: Театар за деца и младинци ја постави првата хорор-комедија за деца „Куќа на духовите“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва, на 11 јули, во 20:00 часот на сцената на Театар за деца и младинци – Скопје, ќе се случи премиерната изведба на претставата „Куќата на духовите“, првпат кај нас, хорор комедија за деца, наменета за 8+ возраст, чии автори се Деан Дамјановски и Горјан Милошевски. Режисер на претставата е Деан Дамјановски, а драматург е Горјан Милошевски. Претставата изобилува со уникатни костими на костимографката Елена Вангеловска и одлична сценографија на Филип Коруновски. Музиката е на Горан Трифуновски-Пајак. Во претставата играат: : Ангела Димитрова, Петар Стојанов, Мики Анчевски, Винета Дамческа Мојаноска, Никола Наковски, Емра Куртишова Стојанова, Симона Спировска и Марија Ѓорѓијовска.

The post ФОТО: Театар за деца и младинци ја постави првата хорор-комедија за деца „Куќа на духовите“ appeared first on Република.

]]>
Премиера на првата хорор комедија за деца на сцената на Театар за деца и младинци https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-prvata-horor-komedija-za-detsa-na-stsenata-na-teatar-za-detsa-i-mladintsi/ Thu, 11 Jul 2024 08:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=795658

Вечерва во 20 часот, на сцената на Театар за деца и младинци е закажана премиерата на хорор-комедијата „Куќа на духовите“, прва кај нас, наменета за деца над осум години. Автори на претставата се Деан Дамјановски и драматургот Горјан Милошевски, а режијата е на Дамјановски.

Во претставата играат: Ангела Димитрова, Петар Стојанов, Мики Анчевски, Винета Дамческа Мојаноска, Никола Наковски, Емра Куртишова Стојанова, Симона Спировска и Марија Ѓорѓијовска.

Две деца, едното плашливо, а другото голем инат, го бараат нивниот исчезнат татко во „Куќата на духовите“.Таа куќа, замислете ја како еден возбудлив дел од голем забавен парк. Во неа ве очекуваат непредвидливи случки и смешни стапици. Заедно со Јаков и Веда, сите одиме на пат во кој тие совладуваат неверојатни пречки. Низ тој пат следиме уникатна и многу забавна битка меѓу доброто и злото. Што всушност крие куќата? Каква тајна? Какво проклетство? Дали постои клуч, некаков спас и решение?, вели драматургот Милошевски во најавата за претставата.

Претставата изобилува со уникатни костими на костимографката Елена Вангеловска и одлична сценографија на Филип Коруновски. Музиката е на Горан Трифуновски-Пајак.

The post Премиера на првата хорор комедија за деца на сцената на Театар за деца и младинци appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 20 часот, на сцената на Театар за деца и младинци е закажана премиерата на хорор-комедијата „Куќа на духовите“, прва кај нас, наменета за деца над осум години. Автори на претставата се Деан Дамјановски и драматургот Горјан Милошевски, а режијата е на Дамјановски. Во претставата играат: Ангела Димитрова, Петар Стојанов, Мики Анчевски, Винета Дамческа Мојаноска, Никола Наковски, Емра Куртишова Стојанова, Симона Спировска и Марија Ѓорѓијовска.
Две деца, едното плашливо, а другото голем инат, го бараат нивниот исчезнат татко во „Куќата на духовите“.Таа куќа, замислете ја како еден возбудлив дел од голем забавен парк. Во неа ве очекуваат непредвидливи случки и смешни стапици. Заедно со Јаков и Веда, сите одиме на пат во кој тие совладуваат неверојатни пречки. Низ тој пат следиме уникатна и многу забавна битка меѓу доброто и злото. Што всушност крие куќата? Каква тајна? Какво проклетство? Дали постои клуч, некаков спас и решение?, вели драматургот Милошевски во најавата за претставата.
Претставата изобилува со уникатни костими на костимографката Елена Вангеловска и одлична сценографија на Филип Коруновски. Музиката е на Горан Трифуновски-Пајак.  

The post Премиера на првата хорор комедија за деца на сцената на Театар за деца и младинци appeared first on Република.

]]>
Хорор-комедијата „Куќа на духовите“ наменета за деца над 8 години е нова премиера во Театар за деца и младинци https://republika.mk/vesti/kultura/horor-komedijata-kuka-na-duhovite-nameneta-za-detsa-nad-8-godini-e-nova-premiera-vo-teatar-za-detsa-i-mladintsi/ Wed, 10 Jul 2024 11:13:30 +0000 https://republika.mk/?p=795299

Хорор-комедијата „Куќа на духовите“, прва кај нас, наменета за деца над осум години е новата премиера во Театарот за деца и младинци (ТДМ) закажана за утре, 11 јули во 20 часот. Автори на претставата се Деан Дамјановски и драматургот Горјан Милошевски, а режијата е на Дамјановски.

Во претставата играат: Ангела Димитрова, Петар Стојанов, Мики Анчевски, Винета Дамческа Мојаноска, Никола Наковски, Емра Куртишова Стојанова, Симона Спировска и Марија Ѓорѓијовска.

Две деца, едното плашливо, а другото голем инат, го бараат нивниот исчезнат татко во „Куќата на духовите“.Таа куќа, замислете ја како еден возбудлив дел од голем забавен парк. Во неа ве очекуваат непредвидливи случки и смешни стапици. Заедно со Јаков и Веда, сите одиме на пат во кој тие совладуваат неверојатни пречки. Низ тој пат следиме уникатна и многу забавна битка меѓу доброто и злото. Што всушност крие куќата? Каква тајна? Какво проклетство? Дали постои клуч, некаков спас и решение?, вели драматургот Милошевски во најавата за претставата.

Претставата изобилува со уникатни костими на костимографката Елена Вангеловска и одлична сценографија на Филип Коруновски. Музиката е на Горан Трифуновски-Пајак.

The post Хорор-комедијата „Куќа на духовите“ наменета за деца над 8 години е нова премиера во Театар за деца и младинци appeared first on Република.

]]>

Хорор-комедијата „Куќа на духовите“, прва кај нас, наменета за деца над осум години е новата премиера во Театарот за деца и младинци (ТДМ) закажана за утре, 11 јули во 20 часот. Автори на претставата се Деан Дамјановски и драматургот Горјан Милошевски, а режијата е на Дамјановски. Во претставата играат: Ангела Димитрова, Петар Стојанов, Мики Анчевски, Винета Дамческа Мојаноска, Никола Наковски, Емра Куртишова Стојанова, Симона Спировска и Марија Ѓорѓијовска.
Две деца, едното плашливо, а другото голем инат, го бараат нивниот исчезнат татко во „Куќата на духовите“.Таа куќа, замислете ја како еден возбудлив дел од голем забавен парк. Во неа ве очекуваат непредвидливи случки и смешни стапици. Заедно со Јаков и Веда, сите одиме на пат во кој тие совладуваат неверојатни пречки. Низ тој пат следиме уникатна и многу забавна битка меѓу доброто и злото. Што всушност крие куќата? Каква тајна? Какво проклетство? Дали постои клуч, некаков спас и решение?, вели драматургот Милошевски во најавата за претставата.
Претставата изобилува со уникатни костими на костимографката Елена Вангеловска и одлична сценографија на Филип Коруновски. Музиката е на Горан Трифуновски-Пајак.  

The post Хорор-комедијата „Куќа на духовите“ наменета за деца над 8 години е нова премиера во Театар за деца и младинци appeared first on Република.

]]>
Концерт на Ансамблот за народни песни и ора „Орце Николов“ на Скопско лето https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-ansamblot-za-narodni-pesni-i-ora-ortse-nikolov-na-skopsko-leto/ Mon, 01 Jul 2024 11:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=792382

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечерва, на 1 јули 2024 година, со почеток во 20,30 часот, на колонадата пред Национална опера и балет ќе се одржи концерт на Ансамблот за народни песни и ора „Орце Николов“ под наслов „Фолклорни вибрации“.

Мисијата на ансамблите, како што е „Орце Николов”, е да ја зачуваат „свежината и изворноста”, зошто фолклорот не само што треба да се сака, туку треба и да се разбере. Ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов” од Скопје, Македонија е формиран 1945 година, со цел да ги негува и прикажува обичаите, народните игри, песните, музиката , инструментите и носиите на Македонија и пошироко.

Во изминатите години Ансамблот„Орце Николов“ постигна забележителни резултати и успеси на полето на фолклорното творештво, за што говорат повеќе од 400 домашни и меѓународни награди и признанија, а гостувајќи на голем број фестивали во светот се здоби со високо реноме и светска афирмација.

Во Ансамблот „Орце Николов” минале повеќе од 15 000 членови кои приредиле околу 6700 концерти во земјата и ширум светот.

Вечерва, со почеток во 19 часот во Театарот за деца и младинци, ќе се одигра детската претстава „Хајди“, работена според романот од писателката Јохана Шпири. Режисерка е Драгана Гунин, а драматизацијата е на Драгана Лукан Николоски. Претставата е наменета за возраст од 6+ години.

Со почеток во 20,30 часот, на Ѕвездено небо пред Националната опера и балет ќе се одржи концерт на хорски солисти на Националната опера и балет.  Ќе учествуваат: Денис Димовски,  Билјана Бајевска, Катерина Весковска,  Марија Наумовска, Виктор Битовски, Никола Чедомировски, Мила Николовска, Надежда Рубен во пијано придружба на Елена Сиљаноска.

Ако временските услови се проследени со врнежи од дожд, невреме и слично, концертот ќе се одржи во Фоајето на Националната опера и балет.

Влезот е слободен.

The post Концерт на Ансамблот за народни песни и ора „Орце Николов“ на Скопско лето appeared first on Република.

]]>

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечерва, на 1 јули 2024 година, со почеток во 20,30 часот, на колонадата пред Национална опера и балет ќе се одржи концерт на Ансамблот за народни песни и ора „Орце Николов“ под наслов „Фолклорни вибрации“. Мисијата на ансамблите, како што е „Орце Николов”, е да ја зачуваат „свежината и изворноста”, зошто фолклорот не само што треба да се сака, туку треба и да се разбере. Ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов” од Скопје, Македонија е формиран 1945 година, со цел да ги негува и прикажува обичаите, народните игри, песните, музиката , инструментите и носиите на Македонија и пошироко. Во изминатите години Ансамблот„Орце Николов“ постигна забележителни резултати и успеси на полето на фолклорното творештво, за што говорат повеќе од 400 домашни и меѓународни награди и признанија, а гостувајќи на голем број фестивали во светот се здоби со високо реноме и светска афирмација. Во Ансамблот „Орце Николов” минале повеќе од 15 000 членови кои приредиле околу 6700 концерти во земјата и ширум светот. Вечерва, со почеток во 19 часот во Театарот за деца и младинци, ќе се одигра детската претстава „Хајди“, работена според романот од писателката Јохана Шпири. Режисерка е Драгана Гунин, а драматизацијата е на Драгана Лукан Николоски. Претставата е наменета за возраст од 6+ години. Со почеток во 20,30 часот, на Ѕвездено небо пред Националната опера и балет ќе се одржи концерт на хорски солисти на Националната опера и балет.  Ќе учествуваат: Денис Димовски,  Билјана Бајевска, Катерина Весковска,  Марија Наумовска, Виктор Битовски, Никола Чедомировски, Мила Николовска, Надежда Рубен во пијано придружба на Елена Сиљаноска. Ако временските услови се проследени со врнежи од дожд, невреме и слично, концертот ќе се одржи во Фоајето на Националната опера и балет. Влезот е слободен.    

The post Концерт на Ансамблот за народни песни и ора „Орце Николов“ на Скопско лето appeared first on Република.

]]>
„Хајди“ – приказната за искреното и чисто пријателство утре премиерно ќе се прикаже во Театарот за деца и младинци https://republika.mk/vesti/kultura/hajdi-prikaznata-za-iskrenoto-i-chisto-prijatelstvo-utre-premierno-ke-se-prikazhe-vo-teatarot-za-detsa-i-mladintsi/ Wed, 05 Jun 2024 11:56:35 +0000 https://republika.mk/?p=784943

Претставата „Хајди“, работена според романот на Јохана Шпири, едно од класичните дела на детската литература утре, на 6 јуни, во 19 часот ќе биде премиерно прикажана во Театарот за деца и младини - Скопје.

Режијата е на Драгана Гунин, а драматизација на Драгана Лукан Николоски.

Направивме ново читање, се обидовме да го ослободиме ова дело од сите нишки кои на денешните деца може да им бидат далечни и да ја прикажеме сликата за искреното и чисто пријателство, вгнездено во чистата природа, моќно да направи чуда за кои луѓето немаат одговор, велат од Театарот за деца и младинци.

Хајди претставува приказна за надежта и пријателството, за убавината на природата и чувството на слобода која ни ја дава таа.

И покрај тоа што станува збор за приказна која се случува во едно друго време, Хајди ни зборува за основните, примордијални чувства и потреби на децата, а со тоа и на сите луѓе. Потребата да се припаѓа и да се биде дел од природата, тој огромен организам во кој сите ние совршено се вклопуваме во моментот кога ќе се соголиме од она што ни го наметнува општеството. Хајди е приказна која не посетува на тоа дека природата, пријателството и надежта, можат да ја излекуваат душата и телото, да ни помогнат дури и тогаш кога не сме свесни дека ни е потребна помош, велат од тимот кој работеше на претставата.

Во претставата играат: Ангела Димитрова, Петар Стојанов, Наташа Петровиќ, Владимир Лазовски, Ана Левајковиќ Бошков и Изабела Новотни.

Музиката е на  Ади Имери, костимографијата е на Елена Вангеловска, а сценографијата на Кирил Василев.

„Хајди“ е претстава наменета за возраст над шест години.

The post „Хајди“ – приказната за искреното и чисто пријателство утре премиерно ќе се прикаже во Театарот за деца и младинци appeared first on Република.

]]>

Претставата „Хајди“, работена според романот на Јохана Шпири, едно од класичните дела на детската литература утре, на 6 јуни, во 19 часот ќе биде премиерно прикажана во Театарот за деца и младини - Скопје. Режијата е на Драгана Гунин, а драматизација на Драгана Лукан Николоски.
Направивме ново читање, се обидовме да го ослободиме ова дело од сите нишки кои на денешните деца може да им бидат далечни и да ја прикажеме сликата за искреното и чисто пријателство, вгнездено во чистата природа, моќно да направи чуда за кои луѓето немаат одговор, велат од Театарот за деца и младинци.
Хајди претставува приказна за надежта и пријателството, за убавината на природата и чувството на слобода која ни ја дава таа.
И покрај тоа што станува збор за приказна која се случува во едно друго време, Хајди ни зборува за основните, примордијални чувства и потреби на децата, а со тоа и на сите луѓе. Потребата да се припаѓа и да се биде дел од природата, тој огромен организам во кој сите ние совршено се вклопуваме во моментот кога ќе се соголиме од она што ни го наметнува општеството. Хајди е приказна која не посетува на тоа дека природата, пријателството и надежта, можат да ја излекуваат душата и телото, да ни помогнат дури и тогаш кога не сме свесни дека ни е потребна помош, велат од тимот кој работеше на претставата.
Во претставата играат: Ангела Димитрова, Петар Стојанов, Наташа Петровиќ, Владимир Лазовски, Ана Левајковиќ Бошков и Изабела Новотни. Музиката е на  Ади Имери, костимографијата е на Елена Вангеловска, а сценографијата на Кирил Василев. „Хајди“ е претстава наменета за возраст над шест години.

The post „Хајди“ – приказната за искреното и чисто пријателство утре премиерно ќе се прикаже во Театарот за деца и младинци appeared first on Република.

]]>
Куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ вечерва во Театарот за деца и младинци во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/kuklenata-pretstava-rona-kerkata-na-ograbuvachot-vecherva-vo-teatarot-za-detsa-i-mladintsi-vo-skopje/ Fri, 10 May 2024 11:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=776767

Вечерва во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе биде изведена куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен.

Режија и драматизација:
Јакуб Максимов (Република Чешка)

Драматургија и превод:
Горјан Милошевски

Играат и изведуваат музички делови на сцена:
Матеа Јанковска- Роња и вокал
Никола Наковски- Бирк, Бампер, Сиво Џуџе и вокал
Мики Анчевски- Матис, Сиво Џуџе, окарина и вокал
Катарина Илиевска Силјановска- Ловис, Печуркасто Џуџе, Сиво Џуџе и вокал
Ангела Димитрова- Ундис, Фјосок, Печуркасто Џуџе, Сиво Џуџе, виолина и вокал
Петар Стојанов- Пит ламбата, Борка, Печуркасто Џуџе, Сиво Џуџе, гитара и вокал

Претставата е наменета за возраст од 6+

„Еве ни пристига една нова приказна од фантастичната и светски познатата, шведска авторка, Астрид Линдгрен. Таа веќе има свој значаен придонес во светското наследство на детска литература со нејзините дела како и познатиот роман, “Пипи долгиот чорап”. Сега влегуваме во сосема нов свет на ограбувачи, печуркасти џуџиња, диви шуми и авантуристички предели во приказната со наслов „Роња, ќерката на
ограбувачот“. Помеѓу завојуваните ривали, помеѓу две банди, две деца го градат својот пат во животот. Две деца кои се од различни кланови на ограбувачи, започнуваат една сосема поинаква авантура. Нивната приказна е приказна за пријателството и силната врска меѓу две чисти души.“ – Горјан Милошевски, драматург на претставата.

„Роња од Астрид Линдгрен е навистина ќерка на еден ограбувач – таа е дива, своеглава и од ништо не се плаши. Приказната за неа е полна со акција па затоа природно ни дојде да ја адаптираме во куклена претстава со многу ритмични и музички секвенци. Додека таа расте, доживува многу пресвртници. За едно такво дете, природно е што некои од нејзините сознанија ќе бидат малку поразлични од начинот на кој размислуваат нејзините родители.“ – Јакуб Маскимов, режисер на претставата.

Сценографија, Дизајн на кукли и маски: Олга Зјебинска (Р.Полска)
Костимограф: Олга Зјебињска (Р.Полска)
Композитор и Корепетитор: Лазар Новков ( Р.Србија)
Дизајн на плакат и брошура: Олга Зјебинска (Р.Полска)

Инспициент: Ѓуро Дракулоски

Светло мајстор: Мартин Митровски
Тон мајстор : Ангелe Насковски
Изработка на костим: Љубица Велкова
Шминка: Игор Петрески
Изработка на кукли: Мартина Финторова, Беата Зазривцова,
Мартина Пјаткова, Јарослав Штулер, Натали Рајнишова (Р.Чешка) и Кирил Василев
Гардеробер: Мирка Ѓорѓиева
Декоратери: Јовица Видески, Мирзат Камбери и Бујамин Селими

Билетите може да ги набавите онлајн на www.puppet.com.mk

The post Куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ вечерва во Театарот за деца и младинци во Скопје appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе биде изведена куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен.
Режија и драматизација: Јакуб Максимов (Република Чешка) Драматургија и превод: Горјан Милошевски Играат и изведуваат музички делови на сцена: Матеа Јанковска- Роња и вокал Никола Наковски- Бирк, Бампер, Сиво Џуџе и вокал Мики Анчевски- Матис, Сиво Џуџе, окарина и вокал Катарина Илиевска Силјановска- Ловис, Печуркасто Џуџе, Сиво Џуџе и вокал Ангела Димитрова- Ундис, Фјосок, Печуркасто Џуџе, Сиво Џуџе, виолина и вокал Петар Стојанов- Пит ламбата, Борка, Печуркасто Џуџе, Сиво Џуџе, гитара и вокал Претставата е наменета за возраст од 6+ „Еве ни пристига една нова приказна од фантастичната и светски познатата, шведска авторка, Астрид Линдгрен. Таа веќе има свој значаен придонес во светското наследство на детска литература со нејзините дела како и познатиот роман, “Пипи долгиот чорап”. Сега влегуваме во сосема нов свет на ограбувачи, печуркасти џуџиња, диви шуми и авантуристички предели во приказната со наслов „Роња, ќерката на ограбувачот“. Помеѓу завојуваните ривали, помеѓу две банди, две деца го градат својот пат во животот. Две деца кои се од различни кланови на ограбувачи, започнуваат една сосема поинаква авантура. Нивната приказна е приказна за пријателството и силната врска меѓу две чисти души.“ – Горјан Милошевски, драматург на претставата. „Роња од Астрид Линдгрен е навистина ќерка на еден ограбувач – таа е дива, своеглава и од ништо не се плаши. Приказната за неа е полна со акција па затоа природно ни дојде да ја адаптираме во куклена претстава со многу ритмични и музички секвенци. Додека таа расте, доживува многу пресвртници. За едно такво дете, природно е што некои од нејзините сознанија ќе бидат малку поразлични од начинот на кој размислуваат нејзините родители.“ – Јакуб Маскимов, режисер на претставата. Сценографија, Дизајн на кукли и маски: Олга Зјебинска (Р.Полска) Костимограф: Олга Зјебињска (Р.Полска) Композитор и Корепетитор: Лазар Новков ( Р.Србија) Дизајн на плакат и брошура: Олга Зјебинска (Р.Полска) Инспициент: Ѓуро Дракулоски Светло мајстор: Мартин Митровски Тон мајстор : Ангелe Насковски Изработка на костим: Љубица Велкова Шминка: Игор Петрески Изработка на кукли: Мартина Финторова, Беата Зазривцова, Мартина Пјаткова, Јарослав Штулер, Натали Рајнишова (Р.Чешка) и Кирил Василев Гардеробер: Мирка Ѓорѓиева Декоратери: Јовица Видески, Мирзат Камбери и Бујамин Селими Билетите може да ги набавите онлајн на www.puppet.com.mk
 
The post Куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ вечерва во Театарот за деца и младинци во Скопје appeared first on Република.

]]>
Бесплатни билети за учениците од Центар во Театар за деца и младинци https://republika.mk/vesti/skopje/besplatni-bileti-za-uchenitsite-od-tsentar-vo-teatar-za-detsa-i-mladintsi/ Mon, 15 Apr 2024 11:47:29 +0000 https://republika.mk/?p=766320

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потпиша Меморандум за соработка со Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје со кој се проширува и зајакнува соработката во полето на културата и уметноста.

Со овој Меморандум им се овозможува на децата и младите во Општина Центар, ученици во училиштата и градинките на подрачјето на Општина Центар, организирани посети на претстави реализирани од НУ Театар за деца и младинци – Скопје, користење на просториите на НУ Театар за деца и младинци – Скопје, за потребите на Општина Центар и консултации и соработка со вработените во Театарот за деца и младинци – Скопје, за потребите на децата во училиштата и градинките на територијата на Општина Центар, во областа на културата и уметноста.

„Првите бесплатни билети во рамки на овој Меморандум се за посета на претставата „Како ќе го делиме мачорот“ за прво, второ и третонаградените учениците и наставници ментори од ООУ „11 Октомври“, „Киро Глигоров“ и „Коле Неделковски“ кои учествуваа во изведбите и подготовките на театарските претстави кои се одржаа минатиот месец, како и за учениците кои освоија награди на претставите за најдобра женска и машка улога од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ со менторот и од ООУ „Киро Глигоров“. Посетувањето на театарот и негувањето на културата и уметноста на децата уште во раната возраст носи висок степен на социјализација, креативност и самодоверба кај децата и учениците. Тоа е нов начин на културно изразување, нов креативен поглед на животот и високи амбиции за успех. И навистина ме радува што токму овие вредности ги обезбедуваме за нашите деца, ученици и млади“, изјави Герасимовски во НУ Театар за деца и младинци.

Главната цел на овој Меморандум е унапредување на мерките за општествена одговорност и хуманиот развој кај децата, развивање на општествена одговорност, солидарност и хуманост кај населението и децата, како и развивање на културата и уметноста. Соработката ќе вклучува заедничка работа на проекти во областа на културата и уметноста преку кои се развива филантропијата, општествената одговорност, хуманоста и емпатијата кај населението, културата и уметноста, а во исто време се работи на подобрување на квалитетот на живеење на децата и младите во Општината Центар.

The post Бесплатни билети за учениците од Центар во Театар за деца и младинци appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потпиша Меморандум за соработка со Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје со кој се проширува и зајакнува соработката во полето на културата и уметноста.
Со овој Меморандум им се овозможува на децата и младите во Општина Центар, ученици во училиштата и градинките на подрачјето на Општина Центар, организирани посети на претстави реализирани од НУ Театар за деца и младинци – Скопје, користење на просториите на НУ Театар за деца и младинци – Скопје, за потребите на Општина Центар и консултации и соработка со вработените во Театарот за деца и младинци – Скопје, за потребите на децата во училиштата и градинките на територијата на Општина Центар, во областа на културата и уметноста.
„Првите бесплатни билети во рамки на овој Меморандум се за посета на претставата „Како ќе го делиме мачорот“ за прво, второ и третонаградените учениците и наставници ментори од ООУ „11 Октомври“, „Киро Глигоров“ и „Коле Неделковски“ кои учествуваа во изведбите и подготовките на театарските претстави кои се одржаа минатиот месец, како и за учениците кои освоија награди на претставите за најдобра женска и машка улога од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ со менторот и од ООУ „Киро Глигоров“. Посетувањето на театарот и негувањето на културата и уметноста на децата уште во раната возраст носи висок степен на социјализација, креативност и самодоверба кај децата и учениците. Тоа е нов начин на културно изразување, нов креативен поглед на животот и високи амбиции за успех. И навистина ме радува што токму овие вредности ги обезбедуваме за нашите деца, ученици и млади“, изјави Герасимовски во НУ Театар за деца и младинци. Главната цел на овој Меморандум е унапредување на мерките за општествена одговорност и хуманиот развој кај децата, развивање на општествена одговорност, солидарност и хуманост кај населението и децата, како и развивање на културата и уметноста. Соработката ќе вклучува заедничка работа на проекти во областа на културата и уметноста преку кои се развива филантропијата, општествената одговорност, хуманоста и емпатијата кај населението, културата и уметноста, а во исто време се работи на подобрување на квалитетот на живеење на децата и младите во Општината Центар.

The post Бесплатни билети за учениците од Центар во Театар за деца и младинци appeared first on Република.

]]>
Театарот за деца и младинци го прославува 34. роденден со гостување на „Црвенкапа“ на Фестивалот „5ре“ во Велес https://republika.mk/vesti/kultura/teatarot-za-detsa-i-mladintsi-go-proslavuva-34-rodenden-so-gostuvane-na-tsrvenkapa-na-festivalot-5re-vo-veles/ Mon, 25 Mar 2024 11:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=758510

Првиот и единствен професионален театар на македонски јазик, Театар за деца и младинци – Скопје, денеска, на 25 март го прославува својот 34. роденден, со гостување на претставата „Црвенкапа“ на Фестивалот „5ре“ во Велес.

ТДМ Скопје, се уште ги создава најважните детски, куклени и младински претстави во поранешниот воен ресторан „Вардар”, 34 години неуморна работа, која создава успешни приказни. Постарите генерации го паметат почетокот на ТДМ, пред преполната Универзална сала – Скопје, каде беше изведена претставата „Чудовиштата од нашиот град“ од Русомир Богдановски, а во режија на Коле Ангеловски со која се означи и официјалното институционално работење на Театар за деца и младинци, велат од ТДМ.

Низ изминатите години, ТДМ забележува бројни не само домашни, туку и многу важни интернационални успеси.

Во постоечкиот објект премиерно е изведена претставата „Убавицата и ѕверот“ која бележи рекорден број на изведби (над 350), како и останати успешни претстави со над 200 изведби: „Црвенкапа“, „Зрното грашок и принцезата“, „Лакомата меца“ и други.

Во ТДМ се горди на бројните гранд при награди за легендарната „Македонска приказна“,„Тоби“ со повеќе значајни награди, а со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ само за една година ТДМ се здоби со три Гранд при награди, награда од публика за најдобра претстава, актерски награди, награда за оргинална музика.

Последните години ансамблот на ТДМ, следејеќи ги современите текови бележи вистински театарски освежувања во секој сегмент од програмата: куклени претстави, детско – играни, а особено се значајни младинските (наменети за возраст од 14+).

По бројните гостувања на ТДМ низ Европа, од пред три години успешно го организира и Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“.

Благодариме на сите генерации што израснаа со нас и што заедно оставаме важен белег. Ве очекуваме во текот на целата наша роденденска седмица на претставите од редовниот реперотар, велат од ТДМ.

The post Театарот за деца и младинци го прославува 34. роденден со гостување на „Црвенкапа“ на Фестивалот „5ре“ во Велес appeared first on Република.

]]>

Првиот и единствен професионален театар на македонски јазик, Театар за деца и младинци – Скопје, денеска, на 25 март го прославува својот 34. роденден, со гостување на претставата „Црвенкапа“ на Фестивалот „5ре“ во Велес.
ТДМ Скопје, се уште ги создава најважните детски, куклени и младински претстави во поранешниот воен ресторан „Вардар”, 34 години неуморна работа, која создава успешни приказни. Постарите генерации го паметат почетокот на ТДМ, пред преполната Универзална сала – Скопје, каде беше изведена претставата „Чудовиштата од нашиот град“ од Русомир Богдановски, а во режија на Коле Ангеловски со која се означи и официјалното институционално работење на Театар за деца и младинци, велат од ТДМ.
Низ изминатите години, ТДМ забележува бројни не само домашни, туку и многу важни интернационални успеси. Во постоечкиот објект премиерно е изведена претставата „Убавицата и ѕверот“ која бележи рекорден број на изведби (над 350), како и останати успешни претстави со над 200 изведби: „Црвенкапа“, „Зрното грашок и принцезата“, „Лакомата меца“ и други. Во ТДМ се горди на бројните гранд при награди за легендарната „Македонска приказна“,„Тоби“ со повеќе значајни награди, а со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ само за една година ТДМ се здоби со три Гранд при награди, награда од публика за најдобра претстава, актерски награди, награда за оргинална музика. Последните години ансамблот на ТДМ, следејеќи ги современите текови бележи вистински театарски освежувања во секој сегмент од програмата: куклени претстави, детско – играни, а особено се значајни младинските (наменети за возраст од 14+). По бројните гостувања на ТДМ низ Европа, од пред три години успешно го организира и Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“.
Благодариме на сите генерации што израснаа со нас и што заедно оставаме важен белег. Ве очекуваме во текот на целата наша роденденска седмица на претставите од редовниот реперотар, велат од ТДМ.
 
The post Театарот за деца и младинци го прославува 34. роденден со гостување на „Црвенкапа“ на Фестивалот „5ре“ во Велес appeared first on Република.

]]>
Актерот и режисер Драган Довлев и светло-мајсторот Оливер Ставрев прославија 30 години работа во Театарот за деца и младинци https://republika.mk/vesti/kultura/akterot-i-rezhiser-dragan-dovlev-i-svetlo-majstorot-oliver-stavrev-proslavija-30-godini-rabota-vo-teatarot-za-detsa-i-mladintsi/ Thu, 07 Mar 2024 12:40:44 +0000 https://republika.mk/?p=752249

Со претставата „Подрум“, одиграна синоќа, на 6 март, актерот и режисер Драган Довлев и светло-мајсторот Оливер Ставрев прославија 30 години стаж во Театарот за деца и младинци (ТДМ).

Нашиот ценет колега, кој првпат зачекори на сцената на нашиот театар пред 30 години, во 1994-та година, дипломираше во класата на Владимир Милчин и оттогаш е посветен на ансаблот на ТДМ и на публиката. Од 2011 до 2015 беше и на функцијата Директор на театарот. Своето образование го надогради и со постдипломски студии на НАТФИЗ, Бугарија, на отсекот за театарска куклена режија. Токму и во овој театар тој магистрираше режија со куклената претстава „Пепелашка”, велат од ТДМ за Довлев.

Довлев е добитник е на Меѓународната актерска награда за анимација на куклата на Малиот Принц во истоимената претстава на фестивалот во Суботица, Србија. Има бојни успешни и значајни изведби во и надвор од овој Театар во други истакнати продукции. Тој е првиот вработен актер во ТДМ, чија прва улога е во претставата „Пинокио“, а играл во скоро сите хит-претстави на ТДМ како „Црвенкапа“, „Убавицата и ѕверот“, „Могли“, „Волшебната флејта“, „Пипи долгиот чорап“, „Мачорот во чизми“, „Пепелашка“, „Волшебникот од Оз“ и други, како и во младинските претстави „Еднаш свет изградив“, „Нашиот клас“, „Оливер Твист“, „Заспаниот разум раѓа чудовишта...“, „Како ќе го делиме мачорот“...

Секогаш целосно вложен на секоја проба, прецизен и автентичен во секоја продукција и театарски процес, нашиот Драган Довлев, велат од ТДМ.

За Ставрев од ТДМ велат дека 30 години тој неуморно работи и се надоградува за овој театар да се претстави во најдобро издание, да донесе радост и светлина во детските очи и во вистинска смисла на зборот.

Професинален соработник, другар, нашиот долгогодишен светло мајстор, кој првпат пушта светло во ТДМ во претставата ,,Пинокио” и ги бележи своите успешни почетоци заедно со својот драг колега Довлев. Можеби само физички на различни страни, еден на сцената, а другиот зад неа (горе во кабината) но сепак со иста цел, за најдоброто на театарот и претставите. Нашите претстави не би ја добиле вистинската визура без вештото и будно око на овој инвентивен светло мајстор, Ставрев, велат од ТДМ.

The post Актерот и режисер Драган Довлев и светло-мајсторот Оливер Ставрев прославија 30 години работа во Театарот за деца и младинци appeared first on Република.

Куклената претстава за младинци (14+) „Подрум“ вечерва на сцената на Театар за деца и младинци https://republika.mk/vesti/kultura/kuklenata-pretstava-za-mladintsi-14-podrum-vecherva-na-stsenata-na-teatar-za-detsa-i-mladintsi/ Wed, 06 Mar 2024 09:30:50 +0000 https://republika.mk/?p=751808

Во среда, на 6 март 2024 година, во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете куклена претстава за младинци (14+), со наслов „Подрум“.

Режија: Драган Довлев
Автор: Драган Довлев

Играат:
Никола Наковски
Матеа Јанковска
Петар Стојанов
Изабела Новотни
Бојан Кирковски

Идејата за оваа претстава е стара повеќе од 20 години и датира од времето на моето запознавање со т.н. куклен театар за возрасни. Уште тогаш знаев дека еден ден ќе поставам претстава чие дејствие ќе се одвива во театарски подрум, каде што се носат куклите од претставите што повеќе не се на репертоар. Колку и да ме фасцинираше идејата куклите да оживеат и да почнат да го коментираат она што се случува над нив, на сцената, требаше да помине подолг период идејата да созрее. Рамнодушноста кон професионалните и театарските правила и критериуми, немањето иницијатива и желба за посериозна работа и работењето по линија на помал отпор и за плата се наметнаа како теми за кои вреди да се жртвувам и пред година и пол почнав да го пишувам текстот, кој по два неуспешни наслова го доби името „Подрум“.
„Подрум“ не е само дефинирање на местото каде што се случува целото дејствие, туку и метафора за дното што почнавме да го допираме во театрите уште пред пандемијата. Подрум сфатен како темнина во која не може да се види излезот, како место во кое е неважно во кој агол си завршил.

Текстот не е само мој, во неговото дообликување и на мое инсистирање учествуваше погопемиот дел од екипата. Актерите ми го исполнија срцето, им ја оставам претставата со полна доверба во нивниот талент и посветеност. Ви благодарам на сите. Што и да се случи со оваа претстава не жалам ни за една секунда во целокупниот процес. – Драган Довлев

Билетите можете да ги набавите онлајн на www.puppet.com.mk

The post Куклената претстава за младинци (14+) „Подрум“ вечерва на сцената на Театар за деца и младинци appeared first on Република.

]]>

Во среда, на 6 март 2024 година, во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете куклена претстава за младинци (14+), со наслов „Подрум“. Режија: Драган Довлев Автор: Драган Довлев   Играат: Никола Наковски Матеа Јанковска Петар Стојанов Изабела Новотни Бојан Кирковски Идејата за оваа претстава е стара повеќе од 20 години и датира од времето на моето запознавање со т.н. куклен театар за возрасни. Уште тогаш знаев дека еден ден ќе поставам претстава чие дејствие ќе се одвива во театарски подрум, каде што се носат куклите од претставите што повеќе не се на репертоар. Колку и да ме фасцинираше идејата куклите да оживеат и да почнат да го коментираат она што се случува над нив, на сцената, требаше да помине подолг период идејата да созрее. Рамнодушноста кон професионалните и театарските правила и критериуми, немањето иницијатива и желба за посериозна работа и работењето по линија на помал отпор и за плата се наметнаа како теми за кои вреди да се жртвувам и пред година и пол почнав да го пишувам текстот, кој по два неуспешни наслова го доби името „Подрум“. „Подрум“ не е само дефинирање на местото каде што се случува целото дејствие, туку и метафора за дното што почнавме да го допираме во театрите уште пред пандемијата. Подрум сфатен како темнина во која не може да се види излезот, како место во кое е неважно во кој агол си завршил.   Текстот не е само мој, во неговото дообликување и на мое инсистирање учествуваше погопемиот дел од екипата. Актерите ми го исполнија срцето, им ја оставам претставата со полна доверба во нивниот талент и посветеност. Ви благодарам на сите. Што и да се случи со оваа претстава не жалам ни за една секунда во целокупниот процес. – Драган Довлев Билетите можете да ги набавите онлајн на www.puppet.com.mk

The post Куклената претстава за младинци (14+) „Подрум“ вечерва на сцената на Театар за деца и младинци appeared first on Република.

]]>
Младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“ во ТДМ ја отвора темата развод и низ што минуваат децата и родителите во тој процес https://republika.mk/vesti/kultura/mladinskata-pretstava-kako-ke-go-delime-machorot-vo-tdm-ja-otvora-temata-razvod-i-niz-shto-minuvaat-detsata-i-roditelite-vo-toj-protses/ Mon, 20 Nov 2023 12:06:15 +0000 https://republika.mk/?p=714374

Младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“ во Театарот за деца и младинци (ТДМ) ја отвора темата развод и низ што минуваат децата и родителите во тој процес. Премиерата на преставата чиј режисер е Јане Спасиќ  е закажана за в среда, 22 ноември, во ТДМ во 20 часот.

Режисерот Спасиќ, инспириран од романите на познатата авторка за деца и млади, Џуди Блум, го пишува текстот „Како ќе го делиме мачорот?“, кој како и во нејзините книги, искрено ја отвора и согледува темата на развод во една фамилија.

Непристрасно, смело, но и нежно, оваа претстава ги отвора табу темите, и ги прикажува повеќето стравови на децата и родителите и притоа, ги поставува вообичаени прашања и перспективи и дилеми на секој развод. На тој начин искрено и отворено ги раскажува премолчените разговори при овој тежок процес, велат од ТДМ.

Преку приказната за разводот на фамилијата Неделковски, претставата е како „отворен разговор“ за сите деца и млади кои го минуваат или го минале овој процес, но и поттик за родители да ја разберат нивната позицијата и потреби. Од друга страна таа, на еден свој начин е „другар“ на сите кои минале низ ова, едно место каде се одвиваат сите потиснати разговори, но и „прирачник“ за однесување за сите најблиски пријатели, другари и останати членови на семејството, кои сведочат за развод на своите ближни.

Иако се занимава со една тешка тема, претставата релативно лесно, „шета“ по сите потиснати и скриени катчиња на една фамилија во развод, а со тоа прикажува многу светла на краевите на повеќе тунели, понудувајќи повеќе убави исходи, отколку лоши.

Улогите ги толкуваат:  Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков, Матеа Јанковска, Никола Наковски, Ангела Димитрова, Ненад Митевски и Марија Ѓорѓијовска.

Спасиќ е режисер, а негова е и драматизацијата и изборот на музиката. Сценографијата е на Кирил Василев, костимограф е Бранкица Јордановска.

Наменета за возраст од 12 години нагоре.

The post Младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“ во ТДМ ја отвора темата развод и низ што минуваат децата и родителите во тој процес appeared first on Република.

]]>

Младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“ во Театарот за деца и младинци (ТДМ) ја отвора темата развод и низ што минуваат децата и родителите во тој процес. Премиерата на преставата чиј режисер е Јане Спасиќ  е закажана за в среда, 22 ноември, во ТДМ во 20 часот. Режисерот Спасиќ, инспириран од романите на познатата авторка за деца и млади, Џуди Блум, го пишува текстот „Како ќе го делиме мачорот?“, кој како и во нејзините книги, искрено ја отвора и согледува темата на развод во една фамилија.
Непристрасно, смело, но и нежно, оваа претстава ги отвора табу темите, и ги прикажува повеќето стравови на децата и родителите и притоа, ги поставува вообичаени прашања и перспективи и дилеми на секој развод. На тој начин искрено и отворено ги раскажува премолчените разговори при овој тежок процес, велат од ТДМ.
Преку приказната за разводот на фамилијата Неделковски, претставата е како „отворен разговор“ за сите деца и млади кои го минуваат или го минале овој процес, но и поттик за родители да ја разберат нивната позицијата и потреби. Од друга страна таа, на еден свој начин е „другар“ на сите кои минале низ ова, едно место каде се одвиваат сите потиснати разговори, но и „прирачник“ за однесување за сите најблиски пријатели, другари и останати членови на семејството, кои сведочат за развод на своите ближни. Иако се занимава со една тешка тема, претставата релативно лесно, „шета“ по сите потиснати и скриени катчиња на една фамилија во развод, а со тоа прикажува многу светла на краевите на повеќе тунели, понудувајќи повеќе убави исходи, отколку лоши. Улогите ги толкуваат:  Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков, Матеа Јанковска, Никола Наковски, Ангела Димитрова, Ненад Митевски и Марија Ѓорѓијовска. Спасиќ е режисер, а негова е и драматизацијата и изборот на музиката. Сценографијата е на Кирил Василев, костимограф е Бранкица Јордановска. Наменета за возраст од 12 години нагоре.

The post Младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“ во ТДМ ја отвора темата развод и низ што минуваат децата и родителите во тој процес appeared first on Република.

]]>
Со „Роња, ќерката на ограбувачот“ свечено се отвора Фестивалот на детски театри „Игор Маџиров“ https://republika.mk/vesti/kultura/so-rona-kerkata-na-ograbuvachot-svecheno-se-otvora-festivalot-na-detski-teatri-igor-madhirov/ Wed, 27 Sep 2023 09:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=685578

„Ослободи ја својата фантазија“ е мотото на второто издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ што ќе се одржува од денеска до сабота во Скопје. Фестивалот го организира Театарот за деца и младинци.

Програмата е посветена на малите театарски форми. Свеченото отворање е со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, по што следуваат изведбите на претставите од повеќе меѓународни театри.

Во наредните денови публиката ќе може да ужива во претставите „Шума од песни“ на „Кускус“ Институт арт продукција од Љубљана, Словенија, „Бременските музиканти“ на театар „Бабец“ од Битола, „Ова сум јас“, на театарот „Поко локо“ од Загреб, „Момчето со куферот“ на Мал театар „Душко Радовиќ, „Пинокио и Црвенкапа во потрага по аладиновата ламба, во продукција на Албански театар за деца и младинци, „Среќна куќичка“ на госитите од Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска, „Бамби“ на Театарот за деца и младинци од Крагуевац и претставата „ERROR 404“ во изведба на Ангелес де трапо од Малага, Шпанија.

Годинава, се воведува и детско жири од седум деца на возраст од 9 до 12 години.

Фестивалот, годинава е поддржан од Минситерството за култура.

Претставите ќе се изведуваат на сцените на Театарот за деца и младинци, Театар Комедија, МНТ и Албанскиот театар за деца и млади, а цената на билетите е 200 денари.

The post Со „Роња, ќерката на ограбувачот“ свечено се отвора Фестивалот на детски театри „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>

„Ослободи ја својата фантазија“ е мотото на второто издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ што ќе се одржува од денеска до сабота во Скопје. Фестивалот го организира Театарот за деца и младинци. Програмата е посветена на малите театарски форми. Свеченото отворање е со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, по што следуваат изведбите на претставите од повеќе меѓународни театри. Во наредните денови публиката ќе може да ужива во претставите „Шума од песни“ на „Кускус“ Институт арт продукција од Љубљана, Словенија, „Бременските музиканти“ на театар „Бабец“ од Битола, „Ова сум јас“, на театарот „Поко локо“ од Загреб, „Момчето со куферот“ на Мал театар „Душко Радовиќ, „Пинокио и Црвенкапа во потрага по аладиновата ламба, во продукција на Албански театар за деца и младинци, „Среќна куќичка“ на госитите од Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска, „Бамби“ на Театарот за деца и младинци од Крагуевац и претставата „ERROR 404“ во изведба на Ангелес де трапо од Малага, Шпанија. Годинава, се воведува и детско жири од седум деца на возраст од 9 до 12 години. Фестивалот, годинава е поддржан од Минситерството за култура. Претставите ќе се изведуваат на сцените на Театарот за деца и младинци, Театар Комедија, МНТ и Албанскиот театар за деца и млади, а цената на билетите е 200 денари.

The post Со „Роња, ќерката на ограбувачот“ свечено се отвора Фестивалот на детски театри „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>
Второто издание на Интернационалниот фестивал на детски театари „Игор Маџиров“ ќе се одржи од 27 до 30 септември https://republika.mk/vesti/kultura/vtoroto-izdanie-na-internatsionalniot-festival-na-detski-teatari-igor-madhirov-ke-se-odrzhi-od-27-do-30-septemvri/ Wed, 13 Sep 2023 08:21:30 +0000 https://republika.mk/?p=681471

Второто издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ ќе се одржи од 27. до 30. септември во организација на Театарот за деца и младинци (ТДМ).

Освен домаќинот, најавено е гостување на одлични претстави од Шпанија, Словенија, Хрватска и Србија. Сите претстави ќе се натпреваруваат за големото ГРАН ПРИ на Фестивалот.

Идејното решение на визуелниот идентитет на фестивалот е на Бранкица Јорданоска.

The post Второто издание на Интернационалниот фестивал на детски театари „Игор Маџиров“ ќе се одржи од 27 до 30 септември appeared first on Република.

]]>

Второто издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ ќе се одржи од 27. до 30. септември во организација на Театарот за деца и младинци (ТДМ). Освен домаќинот, најавено е гостување на одлични претстави од Шпанија, Словенија, Хрватска и Србија. Сите претстави ќе се натпреваруваат за големото ГРАН ПРИ на Фестивалот. Идејното решение на визуелниот идентитет на фестивалот е на Бранкица Јорданоска.

The post Второто издание на Интернационалниот фестивал на детски театари „Игор Маџиров“ ќе се одржи од 27 до 30 септември appeared first on Република.

]]>
ТДМ ја подготвува премиерата на младинската претставата „Франкенштајн“ https://republika.mk/vesti/kultura/tdm-ja-podgotvuva-premierata-na-mladinskata-pretstavata-frankenshtajn/ Fri, 30 Jun 2023 17:26:47 +0000 https://republika.mk/?p=656966

Театарот за деца и младинци (ТДМ) ја подготвува новата младинска претстава „Франкенштајн“ работена според истоимениот роман на Мери Шели во режија на Кокан Младеновиќ од Србија. Драматизацијата е на Србинот Димитрије Коканов и Драгана Лукан Николоски. Премиерата е закажана за 6 јули.

Претставата „Франкенштајн“ претставува едно модерно читање на романот на Мери Шели. Се занимава со темата на создавањето чудовишта во секојдневието и општото неприфаќање на инаквиот во светот во кој живееме. Оваа претстава се обидува да одговори на прашањата за тоа како се случуваат девијациите во однесувањето на луѓето и од што истите се предизивикани. Дали секоја акција е реакција, и дали се раѓаме со перцепција за тоа што е исправно или добро, прифатено/ правилно, или пак тоа е нешто стекнато, она на што нè учи мнозинството. И секако да крајот ова е претстава за стравот, за тоа дека стравовите ни ги всадуваат уште од најраното детство и потоа, обидувајќи се да се одбраниме од тие стравови реагираме на начин на кој создаваме чудовишта од себе си и од другите околу нас, вели драматургот Драгана Лукан Николовски.

[caption id="attachment_656968" align="alignnone" width="2035"] фото: Театар за деца и младинци[/caption]

Во претставата играат: Ангела Димитрова, Матеа Јанковска, Бојан Кирковски, Ненад Митевски Никола Наковски, Наташа Петровиќ и Симона Спировска.

Сценографија е на Кирил Василев, Александра Пециќ Младеновиќ е костимограф, Лука Кантарџиев е композитор, текстот за музиката го напиша Никола Ристески, а Олга Панго е кореограф.

Претставата е наменета за возраст над 14 години.

The post ТДМ ја подготвува премиерата на младинската претставата „Франкенштајн“ appeared first on Република.

]]>

Театарот за деца и младинци (ТДМ) ја подготвува новата младинска претстава „Франкенштајн“ работена според истоимениот роман на Мери Шели во режија на Кокан Младеновиќ од Србија. Драматизацијата е на Србинот Димитрије Коканов и Драгана Лукан Николоски. Премиерата е закажана за 6 јули.
Претставата „Франкенштајн“ претставува едно модерно читање на романот на Мери Шели. Се занимава со темата на создавањето чудовишта во секојдневието и општото неприфаќање на инаквиот во светот во кој живееме. Оваа претстава се обидува да одговори на прашањата за тоа како се случуваат девијациите во однесувањето на луѓето и од што истите се предизивикани. Дали секоја акција е реакција, и дали се раѓаме со перцепција за тоа што е исправно или добро, прифатено/ правилно, или пак тоа е нешто стекнато, она на што нè учи мнозинството. И секако да крајот ова е претстава за стравот, за тоа дека стравовите ни ги всадуваат уште од најраното детство и потоа, обидувајќи се да се одбраниме од тие стравови реагираме на начин на кој создаваме чудовишта од себе си и од другите околу нас, вели драматургот Драгана Лукан Николовски.
[caption id="attachment_656968" align="alignnone" width="2035"] фото: Театар за деца и младинци[/caption] Во претставата играат: Ангела Димитрова, Матеа Јанковска, Бојан Кирковски, Ненад Митевски Никола Наковски, Наташа Петровиќ и Симона Спировска. Сценографија е на Кирил Василев, Александра Пециќ Младеновиќ е костимограф, Лука Кантарџиев е композитор, текстот за музиката го напиша Никола Ристески, а Олга Панго е кореограф. Претставата е наменета за возраст над 14 години.  

The post ТДМ ја подготвува премиерата на младинската претставата „Франкенштајн“ appeared first on Република.

]]>
„Роња, ќерката на ограбувачот“ наградена за најдобра претстава на „Новосадски театарски игри“ https://republika.mk/vesti/kultura/rona-kerkata-na-ograbuvachot-nagradena-za-najdobra-pretstava-na-novosadski-teatarski-igri/ Tue, 16 May 2023 14:39:56 +0000 https://republika.mk/?p=641452

Претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци Скопје ја доби Гран при наградата за најдобра претстава на фестивалот „Новосадски театарски игри“.

Претставата е исклучително повеќеслојна во сите нејзини сегменти. Во исто време архаична и модерна, и ги поседува сите потребни карактеристики за првокласна претстава, се вели во одлуката на жирито.

„Новосадски театарски игри“ е меѓународен фестивал за професионални театри за деца и младинци кој започна да се одржува од минатата година во чест на 90 години од основањето на Театарот за млади, а симболично и во годината кога Нови Сад ја носеше титулата за Европска престолнина на Европа.

Наградата за најдобра анимација на кукли ја доби Матеа Јанковска, која е во улогата на Роња.

Драматург на претставата е Горјан Милошевски, а покрај Јанковска играат и Ангела Димитрова, Никола Наковски, Катарина Илиевска-Силјановска, Петар Стојанов и Мики Анчевски.

The post „Роња, ќерката на ограбувачот“ наградена за најдобра претстава на „Новосадски театарски игри“ appeared first on Република.

]]>

Претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци Скопје ја доби Гран при наградата за најдобра претстава на фестивалот „Новосадски театарски игри“.
Претставата е исклучително повеќеслојна во сите нејзини сегменти. Во исто време архаична и модерна, и ги поседува сите потребни карактеристики за првокласна претстава, се вели во одлуката на жирито.
„Новосадски театарски игри“ е меѓународен фестивал за професионални театри за деца и младинци кој започна да се одржува од минатата година во чест на 90 години од основањето на Театарот за млади, а симболично и во годината кога Нови Сад ја носеше титулата за Европска престолнина на Европа. Наградата за најдобра анимација на кукли ја доби Матеа Јанковска, која е во улогата на Роња. Драматург на претставата е Горјан Милошевски, а покрај Јанковска играат и Ангела Димитрова, Никола Наковски, Катарина Илиевска-Силјановска, Петар Стојанов и Мики Анчевски.  

The post „Роња, ќерката на ограбувачот“ наградена за најдобра претстава на „Новосадски театарски игри“ appeared first on Република.

]]>
Пораснавме, а на нашата прескромна сцена актерите се бркаат и едвај се разминуваат за да не судрат или закачат со костимите, велат од ТДМ кои го слават 33 роденден https://republika.mk/vesti/kultura/porasnavme-a-na-nashata-preskromna-stsena-akterite-se-brkaat-i-edvaj-se-razminuvaat-za-da-ne-sudrat-ili-zakachat-so-kostimite-velat-od-tdm-koi-go-slavat-33-rodenden/ Fri, 24 Mar 2023 14:27:04 +0000 https://republika.mk/?p=623275

На 25 март Театарот за деца и младинци во Скопје слави 33 години од формирањето на Националната установа, но сè уште мака мачи со простор и оправдано бара поглема сцена, поголем број седишта, простории.

Пораснавме, а на нашата прескромна сцена сè уште актерите се бркаат и едвај се разминуваат за да не судрат или закачат со костимите. Пораснавме, да, но во нашиот фундус веќе нема место каде да се редат тие костими и реквизити. Пораснавме, навистина, ни се придружија и нови луѓе во нашата голема мисија, но ете нема простории за сите вработени, нема место за сите нас, велат од ТДМ.

Пред точно 33 години започна приказната и денес, нема ни родител ни дете што не сака да ја слуша и гледа. Пред повеќе од три декади група заљубеници во театарот и професионалци поставија темели со кои е незамисливо детството и растењето на секое дете.

Театарот за деца и младинци е како книга во чии страници може да се изгуби секој човек и да ужива во светот на играта, имагинацијата, љубовта и палавата страст. Таа книга е и мајка и татко и другар и учител за најмалите и најмладите. Таа книга е компас за сите млади и радост и смеа за сите родители. Сепак бројот на страници расте ли расте, а кориците и нивниот обем остануваат исти... До кога ли ќе може да ги држи сите во себе...? Зарем не заслужуваат сите тие да најдат свое место каде нема да бидат натуткани една до друга?, прашуваат од ТДМ.

Од Театарот додаваат дека се место без кое е тешко да се замисли најкревкиот и најбитниот дел од младоста.

Ние сме основата, таа - една книга што го негува и може да го промени животот на секој човек од мали нозе. И ете, пак, често не можеме да одговориме на потребите на тие луѓе. Пораснавме, а се уште нашето гледалиште брои 112 седишта и нема доволно карти колку што има желба да се биде на претстава кај нас. Пораснавме ама уште ни е сè  толку мало за нашите идеи и стремежи, се вели во соопштението на ТДМ.

ТДМ неколку години наназад слуша само ветувања дека ќе добие нов простор.

The post Пораснавме, а на нашата прескромна сцена актерите се бркаат и едвај се разминуваат за да не судрат или закачат со костимите, велат од ТДМ кои го слават 33 роденден appeared first on Република.

„Роња, ќерката на ограбувачот“ – праизведба во Театар за деца и младинци https://republika.mk/vesti/kultura/ronja-kjerkata-na-ograbuvachot-praizvedba-vo-teatar-za-deca-i-mladinci/ Mon, 26 Dec 2022 07:55:48 +0000 https://republika.mk/?p=589887

Вчерва во 19 часот на сцената на Театар за деца и младинци – Скопје е премиера на претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, на светски познатата авторка Астрид Линдгрен, а во режија на гостинот од Чешка Република, Јакуб Максимов. Станува збор за текст што до сега не е поставуван во форма на театарска претстава за деца во Македонија.

„Роња од Астрид Линдгрен е навистина ќерка на еден ограбувач – таа е дива, своеглава и од ништо не се плаши. Приказната за неа е полна со акција па затоа природно ни дојде да ја адаптираме во куклена претстава со многу ритмични и музички секвенци. Додека таа расте, доживува многу пресвртници. За едно такво дете, природно е што некои од нејзините сознанија ќе бидат малку поразлични од начинот на кој размислуваат нејзините родители“, вели режисерот на претставата, Јакуб Максимов.

Драго ми е што имав можност да работиме со овие актери, со оваа екипа. Беше голем предизвик но нивниот влог е голем. И покрај технички пречки на еден минималистички начин успеавме да изградиме еден посебна приказна и тоа многу ми се допаѓа. Им благодарам на сите, на овој театар и го потенцирам влогот на Ангела Димитрова која се гледа дека актерка во вистинска смисла и одлично ја изведе својата дополнителна задача. Свири на виолина и ги води своите колеги во пеењето и одржувањето на ритамот, изјави Максимов.

Според директорката на театарот, Катарина Илиевска Силјановска претставата ќе донесе оригинална свежина во репертоарот. Во самата претстава актерите играат, водат кукли, пеат, свират и колективно создаваат едно оригинално сценско дело.

„Да кажам дека Јакуб Максимов, кој дипломирал и магистрирал на ДАМУ, академијата за драмски уметности во Чешка, беше поканет прво да одржи работилница во нашиот театар, а потоа и да ја режира претставата Роња, ќерката на ограбувачот според истоимениот роман на Астрид Линдгрен позната по Пипи Долгиот Чорап. Чест ни е и задоволство да сме домаќини на авторска екипа Јакуб Максимов, Лазар Новков (композитор и корепетирор) и Олга Зјебинска (сценографка, дизајн на костим и кукли, изработка на кукли). Секој ден дишеме и живееме со оваа претстава и кога легнуваме и кога стануваме, истакна Катарина Илиевска Силјановска, актерка од претставата и директорка на театарот.

Драматизацијата за претставата е на Горјан Милошевски.

„И покрај тоа што има ограбувачи и во самиот наслов на ова дело сепак е приказна што во голем дел се фокусира на две необични детства. Тие две деца покажуваат колку е битно да се градат и оддржуваат „мостови“ во животот. Екипата е меѓународна и тоа дава сосема поинаква слика, спој од германска прецизност што постои кај Јакуб и балкански дух кај македонскиот дел, вели Милошевски.

Во претставата играат: Матеа Јанковска,Ангела Димитрова, Никола Наковски, Катарина Илиевска – Силјановска, Петар Стојанов, Мики Анчевски.

Јас долго време не сум изведувала композиции на виолина и ова беше навистина предизвик, но драго ми е што носи ете ваков резултат. Интернационалниот состав навистина носи еден поинаков резултат и подобар. Во претставата се користат автентични методи, со помош на прсти и раце и предмети создаваме различна атмосфера: невреме, дожд итн. Речиси секој елемент е дел од приказната и вклопен во дејствието, вели актерката Ангела Димитрова.

Сценографијата е авторско дело на Олга Зјебинска од Полска. Композитор и корепетитор е гостинот Лазар Новков (Србија).

Првата реприза е закажана за 27 декември 2022.

The post „Роња, ќерката на ограбувачот“ – праизведба во Театар за деца и младинци appeared first on Република.

]]>

Вчерва во 19 часот на сцената на Театар за деца и младинци – Скопје е премиера на претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, на светски познатата авторка Астрид Линдгрен, а во режија на гостинот од Чешка Република, Јакуб Максимов. Станува збор за текст што до сега не е поставуван во форма на театарска претстава за деца во Македонија. „Роња од Астрид Линдгрен е навистина ќерка на еден ограбувач – таа е дива, своеглава и од ништо не се плаши. Приказната за неа е полна со акција па затоа природно ни дојде да ја адаптираме во куклена претстава со многу ритмични и музички секвенци. Додека таа расте, доживува многу пресвртници. За едно такво дете, природно е што некои од нејзините сознанија ќе бидат малку поразлични од начинот на кој размислуваат нејзините родители“, вели режисерот на претставата, Јакуб Максимов.
Драго ми е што имав можност да работиме со овие актери, со оваа екипа. Беше голем предизвик но нивниот влог е голем. И покрај технички пречки на еден минималистички начин успеавме да изградиме еден посебна приказна и тоа многу ми се допаѓа. Им благодарам на сите, на овој театар и го потенцирам влогот на Ангела Димитрова која се гледа дека актерка во вистинска смисла и одлично ја изведе својата дополнителна задача. Свири на виолина и ги води своите колеги во пеењето и одржувањето на ритамот, изјави Максимов.
Според директорката на театарот, Катарина Илиевска Силјановска претставата ќе донесе оригинална свежина во репертоарот. Во самата претстава актерите играат, водат кукли, пеат, свират и колективно создаваат едно оригинално сценско дело.
„Да кажам дека Јакуб Максимов, кој дипломирал и магистрирал на ДАМУ, академијата за драмски уметности во Чешка, беше поканет прво да одржи работилница во нашиот театар, а потоа и да ја режира претставата Роња, ќерката на ограбувачот според истоимениот роман на Астрид Линдгрен позната по Пипи Долгиот Чорап. Чест ни е и задоволство да сме домаќини на авторска екипа Јакуб Максимов, Лазар Новков (композитор и корепетирор) и Олга Зјебинска (сценографка, дизајн на костим и кукли, изработка на кукли). Секој ден дишеме и живееме со оваа претстава и кога легнуваме и кога стануваме, истакна Катарина Илиевска Силјановска, актерка од претставата и директорка на театарот.
Драматизацијата за претставата е на Горјан Милошевски.
„И покрај тоа што има ограбувачи и во самиот наслов на ова дело сепак е приказна што во голем дел се фокусира на две необични детства. Тие две деца покажуваат колку е битно да се градат и оддржуваат „мостови“ во животот. Екипата е меѓународна и тоа дава сосема поинаква слика, спој од германска прецизност што постои кај Јакуб и балкански дух кај македонскиот дел, вели Милошевски.
Во претставата играат: Матеа Јанковска,Ангела Димитрова, Никола Наковски, Катарина Илиевска – Силјановска, Петар Стојанов, Мики Анчевски.
Јас долго време не сум изведувала композиции на виолина и ова беше навистина предизвик, но драго ми е што носи ете ваков резултат. Интернационалниот состав навистина носи еден поинаков резултат и подобар. Во претставата се користат автентични методи, со помош на прсти и раце и предмети создаваме различна атмосфера: невреме, дожд итн. Речиси секој елемент е дел од приказната и вклопен во дејствието, вели актерката Ангела Димитрова.
Сценографијата е авторско дело на Олга Зјебинска од Полска. Композитор и корепетитор е гостинот Лазар Новков (Србија). Првата реприза е закажана за 27 декември 2022.

The post „Роња, ќерката на ограбувачот“ – праизведба во Театар за деца и младинци appeared first on Република.

]]>
„Роња, ќерката на ограбувачот“ премиерно во Театар за деца и младинци https://republika.mk/vesti/kultura/ronja-kjerkata-na-ograbuvachot-premierno-vo-teatar-za-deca-i-mladinci/ Fri, 23 Dec 2022 12:35:28 +0000 https://republika.mk/?p=589170

В понеделник, на 26 декември, во 19 часот премиерно ќе биде изведена куклената претстава „Роња, ќерката на оргабувачот“ од светски познатата шведска авторка Астрид Линдгрен која го напиша романот „Пипи долгиот чорап“, а во режија на Јакуб Максимов од Чешка.

Во претставата играат и изведуваат музички делови Матеа Јанковска, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска Силјановска, Ангела Димитрова и Петар Стојанов.

Драматизација е на Горјан Милошевски. Тој вели дека ова е приказна за пријателството и за силната врска меѓу две чисти души, две деца кои се од различни кланови на ограбувачи, започнуваат една сосема поинаква авантура.

Линдгрен веќе има свој значаен придонес во светското наследство на детска литература со нејзините дела како и познатиот роман, „Пипи долгиот чорап“. Сега влегуваме во сосема нов свет на ограбувачи, печуркасти џуџиња, диви шуми и авантуристички предели во приказната со наслов „Роња, ќерката на ограбувачот“. вели драматругот на претставата Милошевски.

Претставата е наменета за деца над шест години.

„Роња“ од Астрид Линдгрен е навистина ќерка на еден ограбувач – таа е дива, своеглава и од ништо не се плаши. Приказната за неа е полна со акција па затоа природно ни дојде да ја адаптираме во куклена претстава со многу ритмични и музички секвенци. Додека таа расте, доживува многу пресвртници. За едно такво дете, природно е што некои од нејзините сознанија ќе бидат малку поразлични од начинот на кој размислуваат нејзините родители, вели режисерот Маскимов.

Сценографијата, дизајнот на кукли и маски е на Олга Зјебинска од Полска која е и костимограф. Композитор и корепетитор е Лазар Новков  од Србија.

The post „Роња, ќерката на ограбувачот“ премиерно во Театар за деца и младинци appeared first on Република.

]]>

В понеделник, на 26 декември, во 19 часот премиерно ќе биде изведена куклената претстава „Роња, ќерката на оргабувачот“ од светски познатата шведска авторка Астрид Линдгрен која го напиша романот „Пипи долгиот чорап“, а во режија на Јакуб Максимов од Чешка. Во претставата играат и изведуваат музички делови Матеа Јанковска, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска Силјановска, Ангела Димитрова и Петар Стојанов. Драматизација е на Горјан Милошевски. Тој вели дека ова е приказна за пријателството и за силната врска меѓу две чисти души, две деца кои се од различни кланови на ограбувачи, започнуваат една сосема поинаква авантура.
Линдгрен веќе има свој значаен придонес во светското наследство на детска литература со нејзините дела како и познатиот роман, „Пипи долгиот чорап“. Сега влегуваме во сосема нов свет на ограбувачи, печуркасти џуџиња, диви шуми и авантуристички предели во приказната со наслов „Роња, ќерката на ограбувачот“. вели драматругот на претставата Милошевски.
Претставата е наменета за деца над шест години.
„Роња“ од Астрид Линдгрен е навистина ќерка на еден ограбувач – таа е дива, своеглава и од ништо не се плаши. Приказната за неа е полна со акција па затоа природно ни дојде да ја адаптираме во куклена претстава со многу ритмични и музички секвенци. Додека таа расте, доживува многу пресвртници. За едно такво дете, природно е што некои од нејзините сознанија ќе бидат малку поразлични од начинот на кој размислуваат нејзините родители, вели режисерот Маскимов.
Сценографијата, дизајнот на кукли и маски е на Олга Зјебинска од Полска која е и костимограф. Композитор и корепетитор е Лазар Новков  од Србија.

The post „Роња, ќерката на ограбувачот“ премиерно во Театар за деца и младинци appeared first on Република.

]]>
Првиот Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ се отвора со претставата на ТДМ „Том Соер“ https://republika.mk/vesti/kultura/prviot-internacionalen-festival-na-detski-teatri-igor-madzirov-se-otvora-so-pretstavata-na-tdm-tom-soer/ Wed, 28 Sep 2022 11:14:51 +0000 https://republika.mk/?p=555187

„Види нови светови и остани дете“ е мотото на првото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ 2022 кој почнува в петок, на 30 септември во организација на Театарот за деца и младинци (ТДМ).

Ни пристигнаа 17 апликации од повеќе земји, ние селектиравме девет продукции кои ќе настапат на Фестивалот. Организацијата на Фестивалот за нас е од големо значење и посебно ни е важно што Фестивалот ќе го носи името на нашиот прерано починат колега Игор Маџиров. Сите ние емтовино сме врзани со Игор, кој беше член на нашиот ансамбл, изјави директоротката на ТДМ Катарина Илиевска Силјановска.

На отворањето на Фестивалот на Игор Маџиров постхумно ќе му биде доделено посебно признание за трајни вредности, соопштија од ТДМ.

Фестивалот, кој ќе трае до 4. октомври се отвора со претставата на ТДМ „Том Соер“, во 19 часот. В сабота, на први октомври гостува Градски театар „Жар птица“ од Загеб (Хрватска) со претставата „Авантурите на барон Минхаузен“ во 11 часот, а во 19 часот е „Тивкото момче“ на Детскиот тетар од Крагуевац (Србија). В недела, на 2 октомври, (11 часот) гостува Градскиот театар од Подгорица, Црна Гора со „Маца папучарката“. Во Албанскиот тетар за деца и младинци во скопската Стара Чаршија во 17 часот е „Вечерва не сум сама“, на ансамблот на Албански театар за деца и младинци, а вечерта, во 19 часот во ТДМ е „Авантурите на малиот ју ју“ на Градски театар Ријека (Хрватска). На 3 октомври, во недела, во 11 часот во ТДМ гостува театарот „Бабец“ од Битола со „Јованче и Марика“, во 17 часот во Театар Комедија е италјанската претстава „До границата“ на Театарската компанија „Петра“, а Фестивалот се затвора со „Жирафа“ на Театарот „Хоп Сињор“ од Атина, Грција.

Не знам како поинаку би го крстиле овој Фестивал освен Игор Маџиров. Среќен сум и возбуден што ми се остварија две желби - едната да организираме Фестивал, а другата Фестивалот да се вика Игор Маџиров. Тој беше многу важен човек и се уште е важен во нашите животи. Тој беше срцето и душата на овој Театар, рече актерот Драган Довлев, дел од Советот на Фестивалот.

Довлев посака овој фестивал да прерасне во традиција.

Би сакал да растеме од година во година, и со гости и со квалитет, рече Довлев.

Фестивалот ќе биде со натпреварувачки карактер и ќе се доделуваат седум награди за кои ќе одлучува интернационална жири комисија составена од три члена. Наградите што ќе ги доделува фестивалот се: Гранд при награда за најдобра претстава во целина; Награда за најдобра режија; Награда за најдобра машка улога; Награда за најдобра женска улога; Награда за најдобра сценографија; Награда за најдобра костимографија; Специјална награда.

Покрај главната натпреварувачка програма, фестивалот ќе има и придружна програма во која ќе се одржат работилници, семинари, дебати посветени на куклениот, детскиот и младинскиот театар.

Упатувам порака до сите деца и родители. Дојдете во детскиот театар, гледајте претстави и откријте нови светови. За миг побегнете од компјутерската реалност, истакна Изабела Новотни актерка, која е член на Советот на фестивалот.

Билетите за сите претстави ќе чинат 200 денари.

https://republika.mk/vesti/kultura/teatarskiot-reziser-i-kuklar-od-cheshka-jakub-maksimov-kje-odrzi-rabotilnica-za-kuklarstvo-vo-tdm/

The post Првиот Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ се отвора со претставата на ТДМ „Том Соер“ appeared first on Република.

]]>

„Види нови светови и остани дете“ е мотото на првото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ 2022 кој почнува в петок, на 30 септември во организација на Театарот за деца и младинци (ТДМ).
Ни пристигнаа 17 апликации од повеќе земји, ние селектиравме девет продукции кои ќе настапат на Фестивалот. Организацијата на Фестивалот за нас е од големо значење и посебно ни е важно што Фестивалот ќе го носи името на нашиот прерано починат колега Игор Маџиров. Сите ние емтовино сме врзани со Игор, кој беше член на нашиот ансамбл, изјави директоротката на ТДМ Катарина Илиевска Силјановска.
На отворањето на Фестивалот на Игор Маџиров постхумно ќе му биде доделено посебно признание за трајни вредности, соопштија од ТДМ. Фестивалот, кој ќе трае до 4. октомври се отвора со претставата на ТДМ „Том Соер“, во 19 часот. В сабота, на први октомври гостува Градски театар „Жар птица“ од Загеб (Хрватска) со претставата „Авантурите на барон Минхаузен“ во 11 часот, а во 19 часот е „Тивкото момче“ на Детскиот тетар од Крагуевац (Србија). В недела, на 2 октомври, (11 часот) гостува Градскиот театар од Подгорица, Црна Гора со „Маца папучарката“. Во Албанскиот тетар за деца и младинци во скопската Стара Чаршија во 17 часот е „Вечерва не сум сама“, на ансамблот на Албански театар за деца и младинци, а вечерта, во 19 часот во ТДМ е „Авантурите на малиот ју ју“ на Градски театар Ријека (Хрватска). На 3 октомври, во недела, во 11 часот во ТДМ гостува театарот „Бабец“ од Битола со „Јованче и Марика“, во 17 часот во Театар Комедија е италјанската претстава „До границата“ на Театарската компанија „Петра“, а Фестивалот се затвора со „Жирафа“ на Театарот „Хоп Сињор“ од Атина, Грција.
Не знам како поинаку би го крстиле овој Фестивал освен Игор Маџиров. Среќен сум и возбуден што ми се остварија две желби - едната да организираме Фестивал, а другата Фестивалот да се вика Игор Маџиров. Тој беше многу важен човек и се уште е важен во нашите животи. Тој беше срцето и душата на овој Театар, рече актерот Драган Довлев, дел од Советот на Фестивалот.
Довлев посака овој фестивал да прерасне во традиција.
Би сакал да растеме од година во година, и со гости и со квалитет, рече Довлев.
Фестивалот ќе биде со натпреварувачки карактер и ќе се доделуваат седум награди за кои ќе одлучува интернационална жири комисија составена од три члена. Наградите што ќе ги доделува фестивалот се: Гранд при награда за најдобра претстава во целина; Награда за најдобра режија; Награда за најдобра машка улога; Награда за најдобра женска улога; Награда за најдобра сценографија; Награда за најдобра костимографија; Специјална награда. Покрај главната натпреварувачка програма, фестивалот ќе има и придружна програма во која ќе се одржат работилници, семинари, дебати посветени на куклениот, детскиот и младинскиот театар.
Упатувам порака до сите деца и родители. Дојдете во детскиот театар, гледајте претстави и откријте нови светови. За миг побегнете од компјутерската реалност, истакна Изабела Новотни актерка, која е член на Советот на фестивалот.
Билетите за сите претстави ќе чинат 200 денари. https://republika.mk/vesti/kultura/teatarskiot-reziser-i-kuklar-od-cheshka-jakub-maksimov-kje-odrzi-rabotilnica-za-kuklarstvo-vo-tdm/  

The post Првиот Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ се отвора со претставата на ТДМ „Том Соер“ appeared first on Република.

]]>