Наградуваната претстава на Театарот за деца и младинци „Роња, ќерката на ограбувачот“ на од гостувањето на Фестивал во Загреб повторно се врати со награди.
Како што соопшти ТДМ, претставата, чиј режисер е Јакуб Максимов, кој е автор на драматизацијата, а е работена според истоимениот роман од Астрид Линдгрен, освоила три награди: Матеа Јанковска за актерско остварување во насловната улога, награда за колективна анимација на кукли и награда за сценографија за Олга Зебињска.
Во претставата настапуваат: Матеа Јанковска, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска-Силјановска, Ангела Димитрова и Петар Стојанов. Драматург на претставата е Горјан Милошевски, а сценографијата, дизајнот на куклите и на маските се дело на Олга Зјебињска од Полска, која ги изработи и костимите. Композитор и корепетитор е Лазар Новков од Србија.
The post Три награди за „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци на Фестивал во Загреб appeared first on Република.
]]>The post Три награди за „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци на Фестивал во Загреб appeared first on Република.
]]>На сцената на Театарот за деца и младинци од Скопје, вечерва во 20 часот премиерно ќе биде изведена младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот?“, по текст и режија на Јане Спасиќ.
Во претставата играат: Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков, Матеа Јанковска, Никола Наковски, Ангела Димитрова, Ненад Митевски и Марија Ѓорѓијовска. Од ТДМ нагласуваат дека ова е претстава за деца над 12 години.
Инспириран од романите на познатата авторка за деца и млади, Џуди Блум, Спасиќ го пишува текстот „Како ќе го делиме мачорот?“, кој како и во нејзините книги, искрено ја отвора и согледува темата на развод во една фамилија и она низ што минуваат децата и родителите во тој процес.
Непристрасно, смело, но и нежно, оваа претстава ги отвора табу темите, и ги прикажува повеќето стравови на децата и родителите и притоа, ги поставува вообичаени прашања и перспективи и дилеми на секој развод. На тој начин искрено и отворено ги раскажува премолчените разговори при овој тежок процес.
Преку приказната за разводот на фамилијата Неделковски, претставата е како „отворен разговор“ за сите деца и млади што го минуваат или го минале овој процес, но и поттик за родители да ја разберат нивната позиција и потреби. Од друга страна таа, на еден свој начин е „другар“ на сите кои минале низ ова, едно место каде се одвиваат сите потиснати разговори, но и „прирачник“ за однесување за сите најблиски пријатели, другари и останати членови на семејството, кои сведочат за развод на своите ближни.
Иако се бави со една тешка тема, претставата релативно лесно, „шета“ по сите потиснати и скриени катчиња на една фамилија во развод, а со тоа прикажува многу светла на краевите на повеќе тунели, понудувајќи повеќе убави исходи, отколку лоши.
Првата реприза е закажана за 28 ноември од 20 часот.
The post Премиера на младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот?“ во ТДМ на Јане Спасиќ appeared first on Република.
]]>The post Премиера на младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот?“ во ТДМ на Јане Спасиќ appeared first on Република.
]]>Утре, на 22 ноември во 20 часот на сцената на Театар за деца и младинци – Скопје, ќе се одигра премиерната изведба на младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“ по текст и режија на Јане Спасиќ.
Режисерот Спасиќ, инспириран од романите на познатата авторка за деца и млади, Џуди Блум, го пишува текстот „Како ќе го делиме мачорот?“, кој како и во нејзините книги, искрено ја отвора и согледува темата на развод во една фамилија и она низ што минуваат децата и родителите во тој процес.
Непристрасно, смело, но и нежно, оваа претстава ги отвора табу темите, и ги прикажува повеќето стравови на децата и родителите и притоа, ги поставува вообичаени прашања и перспективи и дилеми на секој развод. На тој начин искрено и отворено ги раскажува премолчените разговори при овој тежок процес.
Преку приказната за разводот на фамилијата Неделковски, претставата е како „отворен разговор“ за сите деца и млади кои го минуваат или го минале овој процес, но и поттик за родители да ја разберат нивната позицијата и потреби. Од друга страна таа, на еден свој начин е „другар“ на сите кои минале низ ова, едно место каде се одвиваат сите потиснати разговори, но и „прирачник“ за однесување за сите најблиски пријатели, другари и останати членови на семејството, кои сведочат за развод на своите ближни.
Иако, се бави со една тешка тема, претставата релативно лесно, „шета“ по сите потиснати и скриени катчиња на една фамилија во развод, а со тоа прикажува многу светла на краевите на повеќе тунели, понудувајќи повеќе убави исходи, отколку лоши.
Во претставата играат: Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков, Матеа Јанковска, Никола Наковски, Ангела Димитрова, Ненад Митевски и Марија Ѓорѓијовска.
Првата реприза е закажана за 28 ноември 2023 (вторник) од 20 часот.
The post Утре во ТДМ премиера на младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“ appeared first on Република.
]]>The post Утре во ТДМ премиера на младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“ appeared first on Република.
]]>На третиот ден од Фестивалот на детски театар „Игор Маџиров“ ќе бидат изведени три претстави. Денеска во 11 часот на сцената на Театар Комедија ќе биде изведена детско-играната претстава „Момчето со куферот“ во режија на Дамјан Кецојевиќ, во продукција на Мал театар „Душко Радовиќ“ од Белград. Претставата е за деца над 11 години. Играат: Младен Леро, Јелена Илиќ, Јована Цветковиќ, Јелена Чурувија Ѓурица, Дубравка Ковјаниќ и Недим Незировиќ.
Во 17 часот на сцената на Албанскиот театар за деца и младинци во Скопје, ќе биде изведена претставата „Пинокио и Црвенкапа во потрага по Аладиновата ламба“ во режија на Ибрахим Деари. Играат: Елдин Широки, Деа Пајазити, Мумин Абдулаи, Блерим Дардишта, Илир Речи, Валдета Исмаили и Беќир Адеми.
Во терминот од 19.30 часот на сцената на Театарот за деца, ќе гостува Градскиот куклен театар од Риека. Игра Златко Вичиќ.
The post Продолжува Фестивалот за детски театар „Игор Маџиров“, денеска три претстави на програмата appeared first on Република.
]]>The post Продолжува Фестивалот за детски театар „Игор Маџиров“, денеска три претстави на програмата appeared first on Република.
]]>Една од најнаградуваните претстави, „Роња, ќерката на ограбувачот“, на Театарот за деца и младинци повторно се закити со најпрестижни награди, овој пат освои три на Меѓународниот куклен фестивал во Подгорица, Црна Гора, кој се одржа од 31 август до 4 септември.
The post Три награди за „Роња, ќерката на ограбувачот“на Театар за деца и младинци на куклен фестивал во Подгорица appeared first on Република.
]]>The post Три награди за „Роња, ќерката на ограбувачот“на Театар за деца и младинци на куклен фестивал во Подгорица appeared first on Република.
]]>Кој создава чудовишта во секојдневието и како не се прифаќа нешто поинакво, е темата на младинската претстава „Франкенштајн“ во Театарот за деца и младинци (ТДМ) чија премиера е закажана денеска, на 6 јули, во 20 часот.
Претставата работена по мотиви од романот „Франкенштајн“ на Мери Шели, е во режија на Кокан Младеновиќ и претставува едно модерно читање на романот.
Претставата се занимава со темата на создавањето чудовишта во секојдневието и општото неприфаќање на инаквиот во светот во кој живееме. Оваа претстава се обидува да одговори на прашањата за тоа како се случуваат девијациите во однесувањето на луѓето и од што истите се предизивикани. Дали секоја акција е реакција, и дали се раѓаме со перцепција за тоа што е исправно/ добро/ прифатено/ правилно, или пак тоа е нешто стекнато, она на што не учи мнозинството. И секако, на крајот ова е претстава за стравот, за тоа дека стравовите ни ги всадуваат уште од најраното детство и потоа, обидувајќи се да се одбраниме од тие стравови реагираме на начин на кој создаваме чудовишта од себе си и од другите околу нас“, ќе рече Драгана Лукан Николовски, еден од драматурзите на претставата, заедно со Димитрије Коканов.
Играат: Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Матеа Јанковска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Никола Наковски и Симона Спировска.
Текстот за претставата е на Кокан Младеновиќ, Драгана Лукан Николоски, Димитриjе Коканов, Наковски, Јанковска, Димитрова, Спировска, Петровиќ, Кирковски и Митевски.
Сценографијата е на Кирил Василев, костимографка е Александра Пециќ Младеновиќ, композитор Лука Кантарџиев, а текстот за музиката е на Никола Ристески и целата актерска екипа.
Кореографка на претставата е Олга Панго, а фотографијата и дизајнот на плакат и брошура ги потпишуваат Соња Ставрова Кирковски и Марија Мишева.
The post Премиера на „Франкенштајн“ во ТДМ: Кој создава чудовишта во секојдневието? appeared first on Република.
]]>Претставата се занимава со темата на создавањето чудовишта во секојдневието и општото неприфаќање на инаквиот во светот во кој живееме. Оваа претстава се обидува да одговори на прашањата за тоа како се случуваат девијациите во однесувањето на луѓето и од што истите се предизивикани. Дали секоја акција е реакција, и дали се раѓаме со перцепција за тоа што е исправно/ добро/ прифатено/ правилно, или пак тоа е нешто стекнато, она на што не учи мнозинството. И секако, на крајот ова е претстава за стравот, за тоа дека стравовите ни ги всадуваат уште од најраното детство и потоа, обидувајќи се да се одбраниме од тие стравови реагираме на начин на кој создаваме чудовишта од себе си и од другите околу нас“, ќе рече Драгана Лукан Николовски, еден од драматурзите на претставата, заедно со Димитрије Коканов.Играат: Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Матеа Јанковска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Никола Наковски и Симона Спировска. Текстот за претставата е на Кокан Младеновиќ, Драгана Лукан Николоски, Димитриjе Коканов, Наковски, Јанковска, Димитрова, Спировска, Петровиќ, Кирковски и Митевски. Сценографијата е на Кирил Василев, костимографка е Александра Пециќ Младеновиќ, композитор Лука Кантарџиев, а текстот за музиката е на Никола Ристески и целата актерска екипа. Кореографка на претставата е Олга Панго, а фотографијата и дизајнот на плакат и брошура ги потпишуваат Соња Ставрова Кирковски и Марија Мишева.
The post Премиера на „Франкенштајн“ во ТДМ: Кој создава чудовишта во секојдневието? appeared first on Република.
]]>Како нас ова време нè направи чудовиште, како ние сме чудовишта кон одредени лица, или како ние како општество се однесуваме чудовишно кон оние кои немаат свој глас е тамата на „Франкенштајн“, нова претстава во Театарот за деца и младинци (ТДМ) чија премира е закажана за утре, на 6 јули, во 20 часот.
„Франкештајн“ е младнска претстава и е наменета за возраст над 14 години. Работена е според истоимениот роман од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ од Србија. Драматизацијата на претставата е на Димитрије Коканов од Србија и Драгана Лукан Николоски.
[caption id="attachment_658328" align="alignnone" width="487"] фото: Театар за деца и младинци[/caption]
Како што посочи на денешната прес-конференција директорката на театарот Катарина Илиевска Силјановска, претставата претставува едно модерно читање на романот на Шели и се занимава со темата за создавањето на чудовишта во секојдневието и општото прифаќање на нив.
Ова е прва наша премиера на младинска претстава годинава. Се обидуваме секогаш да направиме нешто поразлично од претходното. И оваа претстава ќе биде некој новитет, иновација, рече Илиевска Силјановска.
Режисерот Кокан Младеновиќ рече дека поводот на претставата е да се раскаже приказната од нашето време - како нас ова време не прави чудовишта и зошто се однесуваме чудовишно кон оние кои немаат глас. Претставата е гласот на сите оние кои се дискриминирани.
Сите ние истражуваме и откриваме кој е Франкештајн во нашето време. Кого го дискриминираме и зошто. Кого го отфрлуваме, кои групи во општеството се дискриминирани и кон кого сме најмногу агресивни само затоа што се разликува од нас по изгледот, вера, нација, сексуално определување. Ова е повод да се каже приказната од нашето време, во врска со тоа како нас ова време не направи чудовиште, како ние сме чудовишта кон одредени лица, или како ние како општество се однесуваме чудовишно кон оние кои немаат свој глас. Па, еве, ние ја земавме таа слобода да бидеме гласот на сите оние кои се дискриминирани, преку оваа претстава, рече режисерот на прес-конференцијата.
[caption id="attachment_658333" align="alignnone" width="400"] Сите ние истражуваме и откриваме кој е Франкештајн во нашето време, вели режисерот Кокан Младеновиќ[/caption]
Актерите посочија дека преку оваа претстава се отвораат теми за кои сметаат дека е значајно да се зборува, а акцентот е ставен на општествено социјални можности за дискриминација по сите основи.
Во претставата играат: Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Матеа Јанкевска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Никола Наковски и Симона Спировска.
Сценографијата е на Кирил Василев, костимите на Александра Пециќ-Младеновиќ, музиката на Лука Кантарџиев, а кореографијата на Олга Панго.
The post Како ова време нè направи чудовиште и како ние сме чудовишта кон одредени лица, е темата на „Франкенштајн“, нова претстава во Театарот за деца и младинци appeared first on Република.
]]>Ова е прва наша премиера на младинска претстава годинава. Се обидуваме секогаш да направиме нешто поразлично од претходното. И оваа претстава ќе биде некој новитет, иновација, рече Илиевска Силјановска.Режисерот Кокан Младеновиќ рече дека поводот на претставата е да се раскаже приказната од нашето време - како нас ова време не прави чудовишта и зошто се однесуваме чудовишно кон оние кои немаат глас. Претставата е гласот на сите оние кои се дискриминирани.
Сите ние истражуваме и откриваме кој е Франкештајн во нашето време. Кого го дискриминираме и зошто. Кого го отфрлуваме, кои групи во општеството се дискриминирани и кон кого сме најмногу агресивни само затоа што се разликува од нас по изгледот, вера, нација, сексуално определување. Ова е повод да се каже приказната од нашето време, во врска со тоа како нас ова време не направи чудовиште, како ние сме чудовишта кон одредени лица, или како ние како општество се однесуваме чудовишно кон оние кои немаат свој глас. Па, еве, ние ја земавме таа слобода да бидеме гласот на сите оние кои се дискриминирани, преку оваа претстава, рече режисерот на прес-конференцијата.[caption id="attachment_658333" align="alignnone" width="400"] Сите ние истражуваме и откриваме кој е Франкештајн во нашето време, вели режисерот Кокан Младеновиќ[/caption] Актерите посочија дека преку оваа претстава се отвораат теми за кои сметаат дека е значајно да се зборува, а акцентот е ставен на општествено социјални можности за дискриминација по сите основи. Во претставата играат: Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Матеа Јанкевска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Никола Наковски и Симона Спировска. Сценографијата е на Кирил Василев, костимите на Александра Пециќ-Младеновиќ, музиката на Лука Кантарџиев, а кореографијата на Олга Панго.
The post Како ова време нè направи чудовиште и како ние сме чудовишта кон одредени лица, е темата на „Франкенштајн“, нова претстава во Театарот за деца и младинци appeared first on Република.
]]>Со претставата „Тоби“ во изведба на актерите од Театарот за деца и младинци од Скопје, денеска во Прилеп ќе започне четвртото издание на театарскиот фестивал за театар и деца „Силјан штркот“. Во четирите фестивалски дена ќе бидат изведени и претставите „Рибарот и рипката“ од „Театар Колозов“, „Јованче и Марика“ од „Театар Баец“ од Битола, ќе се промовира драмска литература за деца, а фестивалот ќе го затвори екипата на „Дајте музика“.
Фестивалот „Силјан Штркот“ е основан во 2019 година, а една година паузираше поради ковид-пандемијата. Основан е група ентузијасти актери од Прилеп, поради потребата од едукација на театарска публика од најрана возраст. Претседател на фестивалот е Ангела Наумоска. Сместен е во деновите пред фестивалот „Војдан Чернодрински“, како предвесник на тоа случување.
The post Претставата „Тоби“ на ТДМ го отвора Фестивалот за театар и деца „Силјан Штркот“ appeared first on Република.
]]>The post Претставата „Тоби“ на ТДМ го отвора Фестивалот за театар и деца „Силјан Штркот“ appeared first on Република.
]]>Театарскиот режисер и куклар од Чешка, Јакуб Максимов ќе одржи работилница за кукларство во Театарот за деца и младинци, информираат од ТДМ.
Работилницата ќе се одржи во склоп на првото издание на Интернационалниот фестивал за детски театар (ИФДТ) „Игор Маџиров“ кој ќе се одржи од први до трети октомври годинава.
Работилницата ќе се одржи во периодот од 12:30 до 14:30 на први и втори октомври, а последниот ден ќе биде посветен на заклучоци од истата.
Ги покануваме сите заинтересирани студенти на факултутетите за драмски уметности, наши колеги актери, режисери, драматурзи да се пријават за учество на работилницата најдоцна до 29.09.2022 на [email protected] со наведување на: Име и презиме, годишна возраст, контакт телефон, студиска програма/работна позиција. Работилницата е со ограничен број на учесници, велат од ТДМ.
Јакуб Максимов е режисер, драматург и перформер. Неговиот домен е модерен куклен театар и театар на објекти. Театарот на објектот е главна тема на неговото докторско истражување на Академијата за изведувачки уметности во Прага. Соработува со повеќе театри и независни компании во Чешка, Германија, Словачка, Србија.
Работилницата ќе се состои од истражување на основните елементи на куклен театар и театарот на објектот. Ќе се работи на практични вежби и ќе се креираат неколку кратки етиди со кукли и предмети. Заедно, практично ќе истражуваме што одговара на овој специфичен театарски жанр. Ќе се бараат модерни начини како да се справиме со кукларството како современа уметничка форма.
The post Театарскиот режисер и куклар од Чешка, Јакуб Максимов ќе одржи работилница за кукларство во ТДМ appeared first on Република.
]]>Ги покануваме сите заинтересирани студенти на факултутетите за драмски уметности, наши колеги актери, режисери, драматурзи да се пријават за учество на работилницата најдоцна до 29.09.2022 на [email protected] со наведување на: Име и презиме, годишна возраст, контакт телефон, студиска програма/работна позиција. Работилницата е со ограничен број на учесници, велат од ТДМ.Јакуб Максимов е режисер, драматург и перформер. Неговиот домен е модерен куклен театар и театар на објекти. Театарот на објектот е главна тема на неговото докторско истражување на Академијата за изведувачки уметности во Прага. Соработува со повеќе театри и независни компании во Чешка, Германија, Словачка, Србија. Работилницата ќе се состои од истражување на основните елементи на куклен театар и театарот на објектот. Ќе се работи на практични вежби и ќе се креираат неколку кратки етиди со кукли и предмети. Заедно, практично ќе истражуваме што одговара на овој специфичен театарски жанр. Ќе се бараат модерни начини како да се справиме со кукларството како современа уметничка форма.
The post Театарскиот режисер и куклар од Чешка, Јакуб Максимов ќе одржи работилница за кукларство во ТДМ appeared first on Република.
]]>Во Театар за деца и младинци – Скопје, денеска од 19 часот ќе биде изведена куклено-визуелната претстава „Во детската соба“, во рамките на програмата на фестивалот „Скопско лето“.
Претставата е авторски проект на режисерката Милена Миланова од Бугарија, а истата раскажува приказна за четворица чудни специјалисти вработени во компанијата „Крени-носи”. Тие ја имаат способноста да раскажуваат спомени, скриени во кутии. Нивното мото е „Крени-носи, секогаш подготвени да помогнеме”. Тие имаат задача да ги пренесат кутиите од детската соба на едно мало дете-Саша. Кутиите не се обични, туку волшебни, магични. Во секоја од нив се крие по една приказна, еден детски спомен за пријателството.
Со помош на мачката Ѕвездана, со песни, кукли и бои, нашите храбри крено-носачи ќе ни ја раскажат приказната за детството на малиот Саша. За неговата средба со малото глувче, со големата риба, за подароците, за патувањата со родителите, за соништата, мечтите, борбите и пријателствата на малиот Саша. „Во детската соба“ е претстава за едно дете кое учи да се поврзува и да другарува со останатите.
Станува збор за куклена претстава работена по различни современи методи. Еден од нив е и методот за создавање визуелен театар и визуелна драматургија на Филип Женти и Мери Андервуд, француски режисери, кореографи, куклари со кои Миланова има соработувано во претходните години. Авторката исто така во претставата го користи и методот на театарот на материјалот.
Во претставата играат: Ангела Димитрова, Ана Левајковиќ Бошков, Никола Наковски, Петар Стојанов, Катарина Илиевска Силјановска и Ненад Митевски.
The post „Во детската соба“ – куклено-визуелна претстава на ТДМ на „Скопско лето“ appeared first on Република.
]]>The post „Во детската соба“ – куклено-визуелна претстава на ТДМ на „Скопско лето“ appeared first on Република.
]]>Н.У. Театар за деца и младинци ја најавува првата изведба за публика на претставата „ Лажеш Мелита”, која ќе се одржи в сабота во 12.30 часот. Претставата е работена според истоимениот роман на хрватскиот писател Иван Кушан. Драматизацијата е на Бојан Трифуновски, а режијата на Драгана Милошевски Попов.
Премиерната изведба на „Лажеш Мелита“ во декември 2021 беше од затворен тип, поради состојбите со пандемијата и специфичноста на самата претстава која се изведува на повеќе локации во објектот на Театарот за деца и младинци.
Среќни сме што оваа претстава која е специфична и прва од од овој вид за нашиот репертоар, конечно ќе биде во контакт со детската публика, истакнуваат од Театарот за деца и младинци.
Затворени во своите виртуелни светови, заборавивме да се слушаме. Бираме да следиме брзи и кратки слики, а слушањето стана непознато. Нашата приказна е пат по кој не се движите секојдневно. Таа започнува во една улица, во една куќа на семејството Косиќ. Таму расте една Мелита. И воопшто не и е лесно… Некако како да и е тесно во чевличките,како да сака повеќе бои од постоечките, повеќе можности да се достигне невозможното, за милениците посакува пошироки полиња, за другарите килим кој ќе полета, повеќе врати на училиштето, помалку дупки помеѓу облаците. Сака да раскажува, смислува случки и настани, вели дека не се плаши, кажува дека постојано се смее и дека вистината е во вселената и тешко цела може да се дофати… само понекогаш! Затоа се сетивме на Мелита, девојче кое раскажува најневеројатни случки и решивме да ве запознаеме со нејзиниот фантастичен обид да порасне – вели режисерката Драгана Милошевски Попов.
Според Бојан Трифуновски кој ја работеше драматизацијата, „Лажеш Мелита“ претставува класика на балканските простори.
„Лажеш Мелита“ на Иван Кушан веќе е класика на балканските простори. Прекрасен роман за деца, кој на забавен начин ни кажува колку е важно и потребно секогаш да се зборува вистината. Но истовремено никако не смее да се запостави имагинацијата и креативноста на децата. Тоа е она што е најважно кај детето. Неговата слобода да создава светови, подобри од оној во кој живее. Еден ден, кога ќе пораснат, таквите деца, кои немаат рамки во размислувањњето, навистина го прават светот подобар. Роман за родителите кој под притисок на светот и општеството, во борбата за повеќе пари, не им обрнуваат внимание на своите деца. А вниманието, најчесто се надополнува со креации кои ги заменуваат вистинските потреби на децата. „Лажеш Мелита“ е интерактивна сложувалка која се базира на моќта на раскажувањето, најубавата но малку подзаборавена форма во детското секојдневие. Додека раскажувачот , додека ја раскажува, се трка со својата приказна, тој/таа креира свет кој е возбудлив и подобар од оној што го има, додека ги чека родителите да се вратат од работа. Сите сме Мелита, само најчесто таа Мелита во нас останува неразбрана – истакна Трифуновски.
Композитор на музиката за претставата е Срѓан Марковиќ, костимограф е Елена Вангеловска, а сценографијата и изработката на кукла е на Кирил Василев а пак дизајнот на плакатот и програмот го изработи Бранкица Јордановска.
Во претставата играат: Наташа Петровиќ, Ана Левајковиќ Бошков, Винета Дамческа Мојаноска, Ненад Митевски и Ангела Димитрова.
Следната изведба на Лажеш Мелита“ е закажана на 28 мај во 19 часот.
The post Прва изведба за публика на „Лажеш Мелита“ во Театарот за деца и младинци appeared first on Република.
]]>Затворени во своите виртуелни светови, заборавивме да се слушаме. Бираме да следиме брзи и кратки слики, а слушањето стана непознато. Нашата приказна е пат по кој не се движите секојдневно. Таа започнува во една улица, во една куќа на семејството Косиќ. Таму расте една Мелита. И воопшто не и е лесно… Некако како да и е тесно во чевличките,како да сака повеќе бои од постоечките, повеќе можности да се достигне невозможното, за милениците посакува пошироки полиња, за другарите килим кој ќе полета, повеќе врати на училиштето, помалку дупки помеѓу облаците. Сака да раскажува, смислува случки и настани, вели дека не се плаши, кажува дека постојано се смее и дека вистината е во вселената и тешко цела може да се дофати… само понекогаш! Затоа се сетивме на Мелита, девојче кое раскажува најневеројатни случки и решивме да ве запознаеме со нејзиниот фантастичен обид да порасне – вели режисерката Драгана Милошевски Попов.Според Бојан Трифуновски кој ја работеше драматизацијата, „Лажеш Мелита“ претставува класика на балканските простори.
„Лажеш Мелита“ на Иван Кушан веќе е класика на балканските простори. Прекрасен роман за деца, кој на забавен начин ни кажува колку е важно и потребно секогаш да се зборува вистината. Но истовремено никако не смее да се запостави имагинацијата и креативноста на децата. Тоа е она што е најважно кај детето. Неговата слобода да создава светови, подобри од оној во кој живее. Еден ден, кога ќе пораснат, таквите деца, кои немаат рамки во размислувањњето, навистина го прават светот подобар. Роман за родителите кој под притисок на светот и општеството, во борбата за повеќе пари, не им обрнуваат внимание на своите деца. А вниманието, најчесто се надополнува со креации кои ги заменуваат вистинските потреби на децата. „Лажеш Мелита“ е интерактивна сложувалка која се базира на моќта на раскажувањето, најубавата но малку подзаборавена форма во детското секојдневие. Додека раскажувачот , додека ја раскажува, се трка со својата приказна, тој/таа креира свет кој е возбудлив и подобар од оној што го има, додека ги чека родителите да се вратат од работа. Сите сме Мелита, само најчесто таа Мелита во нас останува неразбрана – истакна Трифуновски.Композитор на музиката за претставата е Срѓан Марковиќ, костимограф е Елена Вангеловска, а сценографијата и изработката на кукла е на Кирил Василев а пак дизајнот на плакатот и програмот го изработи Бранкица Јордановска. Во претставата играат: Наташа Петровиќ, Ана Левајковиќ Бошков, Винета Дамческа Мојаноска, Ненад Митевски и Ангела Димитрова. Следната изведба на Лажеш Мелита“ е закажана на 28 мај во 19 часот.
The post Прва изведба за публика на „Лажеш Мелита“ во Театарот за деца и младинци appeared first on Република.
]]>Куклената претстава „Во Детската соба“, авторски проект на режисерката Милена Миланова од Бугарија, која живее и работи во Франција премиерно ќе биде изведена утре, на 19 април, со почеток во 19 часот во Театарот за деца и младинци.
Станува збор за куклена претстава работена по различни современи методи. Еден од нив е и методот за создавање визуелен театар и визуелна драматургија на Филип Женти и Мери Андервуд, француски режисери, кореографи, куклари со кои Миланова има соработувано во претходните години. Авторката исто така во претставата го користи и методот на театарот на материјалот.
Претставата раскажува приказна за четворица чудни специјалисти вработени во компанијата ,,Kрени-носи”. Тие ја имаат способноста да раскажуваат спомени, скриени во кутии. Нивното мото е „Крени-носи, секогаш подготвени да помогнеме". Тие имаат задача да ги пренесат кутиите од детската соба на едно мало дете, Саша. Кутиите не се обични, туку волшебни, магични. Во секоја од нив се крие по една приказна, еден детски спомен за пријателството. Со помош на мачката Ѕвездана, со песни, кукли и бои, нашите храбри крено-носачи ќе ни ја раскажат приказната за детството на малиот Саша. За неговата средба со малото глувче, со големата риба, за подароците, за патувањата со родителите, за соништата, мечтите, борбите и пријателствата на малиот Саша.
„Во детската соба“ е претстава за едно дете кое учи да се поврзува и да другарува со останатите.
Режисерката Миланова, која воедно е и драматург на претставата вели дека „Во детската соба„ е претстава која промовира нови методи на создавање куклени претстави.
Во процесот на создавање на претставата користевме некои елементи од методот на Филип Женти, но иста така користиме и елементи од театарот на кловнот. Имаме мешавина од елемнтите на Женти, кои се состојат од многу движење, куклено мајсторство, многу алатки како да се поврзи кукларот со куклата, манипулациите, односот и ставот на куклата, неговиот став кон телото и неговото движење. Најважната работа е што ние работевме во крвотокот на театарот на материјалот, еден од најновите вредности во светот на куклениот театар. Овој пристап на работа постои две декади, но не многу автори го употребуваат. Тоа е комплексен начин да се направи визуелна драматургија со кукли, материјал и актери, потенцира режисерката Милена Миланова.
Секоја претстава што ја создаваме, сама по себе секогаш се разликува од останатите, вели таа и додава дека оваа претстава е многу интимна и со значења на повеќе нивоа.
Малите деца можат да ја видат магијата во неа, поголемите деца да размислуваат, а возрасните можат да почувствуваат дека се буди детето во нив. Претставата се разликува од другите по комплексноста. Во неа имаме: актери, куклари, драмски карактери, куклени карактери и сите заедно живеат во ист свет кој е волшебен и можеме да патуваме низ него. Сметам дека тоа е најважно во уметноста кога гледачите може да патуваат низ тој свет, да почувствуваат нешто ново, да ги натера да размислуваат за сопствената состојба во нивните животи. Впрочем, се работи за детето во нас, како ние се чувствуваме во однос на тоа дете, како се грижиме за него и како всушност понекогаш забораваме на него, вели Миланова.
Музиката за претставата ја изработи Ервин Тул, од Франција, а сценографијата, дизајнот и куклите се авторско дело на Марина Червенкова од Бугарија.
Во претставата играат: Ангела Димитрова, Ана Левајковиќ Бошков, Никола Наковски, Петар Стојанов, Катарина Илиевска Силјановска и Ненад Митевски.
Првата реприза е закажана за 20 апррил од 19 часот.
The post Куклената претстава „Во детската соба“ премиерно во Театарот за деца и младинци appeared first on Република.
]]>Во процесот на создавање на претставата користевме некои елементи од методот на Филип Женти, но иста така користиме и елементи од театарот на кловнот. Имаме мешавина од елемнтите на Женти, кои се состојат од многу движење, куклено мајсторство, многу алатки како да се поврзи кукларот со куклата, манипулациите, односот и ставот на куклата, неговиот став кон телото и неговото движење. Најважната работа е што ние работевме во крвотокот на театарот на материјалот, еден од најновите вредности во светот на куклениот театар. Овој пристап на работа постои две декади, но не многу автори го употребуваат. Тоа е комплексен начин да се направи визуелна драматургија со кукли, материјал и актери, потенцира режисерката Милена Миланова.Секоја претстава што ја создаваме, сама по себе секогаш се разликува од останатите, вели таа и додава дека оваа претстава е многу интимна и со значења на повеќе нивоа.
Малите деца можат да ја видат магијата во неа, поголемите деца да размислуваат, а возрасните можат да почувствуваат дека се буди детето во нив. Претставата се разликува од другите по комплексноста. Во неа имаме: актери, куклари, драмски карактери, куклени карактери и сите заедно живеат во ист свет кој е волшебен и можеме да патуваме низ него. Сметам дека тоа е најважно во уметноста кога гледачите може да патуваат низ тој свет, да почувствуваат нешто ново, да ги натера да размислуваат за сопствената состојба во нивните животи. Впрочем, се работи за детето во нас, како ние се чувствуваме во однос на тоа дете, како се грижиме за него и како всушност понекогаш забораваме на него, вели Миланова.Музиката за претставата ја изработи Ервин Тул, од Франција, а сценографијата, дизајнот и куклите се авторско дело на Марина Червенкова од Бугарија. Во претставата играат: Ангела Димитрова, Ана Левајковиќ Бошков, Никола Наковски, Петар Стојанов, Катарина Илиевска Силјановска и Ненад Митевски. Првата реприза е закажана за 20 апррил од 19 часот.
The post Куклената претстава „Во детската соба“ премиерно во Театарот за деца и младинци appeared first on Република.
]]>