Театарскиот режисер и куклар од Чешка, Јакуб Максимов ќе одржи работилница за кукларство во Театарот за деца и младинци, информираат од ТДМ.

Работилницата ќе се одржи во склоп на првото издание на Интернационалниот фестивал за детски театар (ИФДТ) „Игор Маџиров“ кој ќе се одржи од први до трети октомври годинава.

Работилницата ќе се одржи во периодот од 12:30 до 14:30 на први и втори октомври, а последниот ден ќе биде посветен на заклучоци од истата.

Ги покануваме сите заинтересирани студенти на факултутетите за драмски уметности, наши колеги актери, режисери, драматурзи да се пријават за учество на работилницата најдоцна до 29.09.2022 на [email protected] со наведување на: Име и презиме, годишна возраст, контакт телефон, студиска програма/работна позиција. Работилницата е со ограничен број на учесници, велат од ТДМ.

Јакуб Максимов е режисер, драматург и перформер. Неговиот домен е модерен куклен театар и театар на објекти. Театарот на објектот е главна тема на неговото докторско истражување на Академијата за изведувачки уметности во Прага. Соработува со повеќе театри и независни компании во Чешка, Германија, Словачка, Србија.

Работилницата ќе се состои од истражување на основните елементи на куклен театар и театарот на објектот. Ќе се работи на практични вежби и ќе се креираат неколку кратки етиди со кукли и предмети. Заедно, практично ќе истражуваме што одговара на овој специфичен театарски жанр. Ќе се бараат модерни начини како да се справиме со кукларството како современа уметничка форма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.