таблички Archives - Република https://republika.mk/tema/tablichki/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Feb 2024 16:35:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png таблички Archives - Република https://republika.mk/tema/tablichki/ 32 32 СДСМ ни ја наметна, а народот плаќа за Cеверна: По 12 февруари мора да се вози со НМК наместо МК https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-ni-ja-nametna-a-narodot-plaka-za-ceverna-po-12-fevruari-mora-da-se-vozi-so-nmk-namesto-mk/ Thu, 01 Feb 2024 16:35:20 +0000 https://republika.mk/?p=739479

Министерството за внатрешни работи во декември минатата година склучи договор за набавка на нови регистерски таблици и на налепници за регистрациите на кои ознаката „МК“ ќе се замени со „НМК“.

Договорот е склучен со фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен е договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците. Цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари.

Граѓаните најдоцна до 12 февруари треба да ги променат регистарските таблички и на нив да има ознака „НМК“ наместо досегашната „МК“, обврска која произлегува од Преспанскиот договор.

The post СДСМ ни ја наметна, а народот плаќа за Cеверна: По 12 февруари мора да се вози со НМК наместо МК appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи во декември минатата година склучи договор за набавка на нови регистерски таблици и на налепници за регистрациите на кои ознаката „МК“ ќе се замени со „НМК“. Договорот е склучен со фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“. Од Министерството за внатрешни работи велат дека согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен е договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците. Цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари. Граѓаните најдоцна до 12 февруари треба да ги променат регистарските таблички и на нив да има ознака „НМК“ наместо досегашната „МК“, обврска која произлегува од Преспанскиот договор.

The post СДСМ ни ја наметна, а народот плаќа за Cеверна: По 12 февруари мора да се вози со НМК наместо МК appeared first on Република.

]]>
Косово повеќе нема да ги покрива државните симболи на српските регистарски таблички https://republika.mk/vesti/balkan/kosovo-poveke-nema-da-gi-pokriva-drzhavnite-simboli-na-srpskite-registarski-tablichki/ Fri, 05 Jan 2024 13:00:32 +0000 https://republika.mk/?p=730050

Владата на Косово одлучи да престане со налепници да ги покрива државните симболи на Србија на српските регистарски таблички, само пет дена откако стапи во сила таква одлука на Владата на Србија за ознаките на табличките на Република Косово.

Косовската Влада ја донесе својата одлука вчера, соопштија од кабинетот на Курти, а таа беше образложена како „чин на добрососедски односи и доаѓа по целосното признавање на табличките на Република Косово од страна на Србија“, се наведува во соопштението.

Косовскиот премиер Албин Курти претходно коментирајќи ја одлуката на Белград да дозволи слободно движење на возилата со таблички на Република Косово (РКС), рече дека Приштина ќе реагира реципрочно „штом граничната полиција документира и докаже дека Србија целосно ја спроведува својата одлука и без пречки“.

Владата на Србија на 25 декември одлучи да дозволи слободно движење на сите возила од Косово и Метохија, со образложение дека оваа одлука произлегува од договорот меѓу двете страни од 2011 година.

На сите гранични и административни премини, објави Србија, ќе биде поставено известување дека „учеството во сообраќајот“ е дозволено за сите возила регистрирани на Косово „исклучиво од практични причини, со цел да се олесни положбата на поединците и да се овозможи нивна слобода на движење“.

Српските власти објаснија дека одлуката не може да се толкува како признавање на независноста на Косово и дека не го прејудицира одредувањето на конечниот статус. Со тоа се настојува да се реши спорот кој во изминатите месеци потикнуваше напнатост и инциденти меѓу двете страни.

The post Косово повеќе нема да ги покрива државните симболи на српските регистарски таблички appeared first on Република.

]]>

Владата на Косово одлучи да престане со налепници да ги покрива државните симболи на Србија на српските регистарски таблички, само пет дена откако стапи во сила таква одлука на Владата на Србија за ознаките на табличките на Република Косово. Косовската Влада ја донесе својата одлука вчера, соопштија од кабинетот на Курти, а таа беше образложена како „чин на добрососедски односи и доаѓа по целосното признавање на табличките на Република Косово од страна на Србија“, се наведува во соопштението. Косовскиот премиер Албин Курти претходно коментирајќи ја одлуката на Белград да дозволи слободно движење на возилата со таблички на Република Косово (РКС), рече дека Приштина ќе реагира реципрочно „штом граничната полиција документира и докаже дека Србија целосно ја спроведува својата одлука и без пречки“. Владата на Србија на 25 декември одлучи да дозволи слободно движење на сите возила од Косово и Метохија, со образложение дека оваа одлука произлегува од договорот меѓу двете страни од 2011 година. На сите гранични и административни премини, објави Србија, ќе биде поставено известување дека „учеството во сообраќајот“ е дозволено за сите возила регистрирани на Косово „исклучиво од практични причини, со цел да се олесни положбата на поединците и да се овозможи нивна слобода на движење“. Српските власти објаснија дека одлуката не може да се толкува како признавање на независноста на Косово и дека не го прејудицира одредувањето на конечниот статус. Со тоа се настојува да се реши спорот кој во изминатите месеци потикнуваше напнатост и инциденти меѓу двете страни.

The post Косово повеќе нема да ги покрива државните симболи на српските регистарски таблички appeared first on Република.

]]>
Северот на Косово од утре ќе остане без српски регистарски таблички https://republika.mk/vesti/balkan/severot-na-kosovo-od-utre-ke-ostane-bez-srpski-registarski-tablichki/ Fri, 15 Dec 2023 11:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=723266

Денеска истекува дополнителниот рок на Владата на Косово за пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички во градовите во Косово на таблички РКС, а досега 3.300 сопственици на автомобили ги замениле српските косовски таблички, пренесе Бета.

Пререгистрирани се 3.300 автомобили, а можно е денеска да стигнеме и до 3.400 возила… Нема причина полицијата да смета дека е потребно повторно да го продолжи рокот, изјави заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани.

В сабота ако полицијата наиде на автомобили што не се пререгистрирани ќе ги запре, ќе ги одземе регистарските таблички, казните се 150 евра и ќе ја одземат возачката дозвола. На возачот му е дозволено да го тргне возилото од коловозот, но ако повторно наидеме на истото возило, возилото ќе биде одземено и испратено на царина, рече Елишани.

The post Северот на Косово од утре ќе остане без српски регистарски таблички appeared first on Република.

]]>

Денеска истекува дополнителниот рок на Владата на Косово за пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички во градовите во Косово на таблички РКС, а досега 3.300 сопственици на автомобили ги замениле српските косовски таблички, пренесе Бета. Пререгистрирани се 3.300 автомобили, а можно е денеска да стигнеме и до 3.400 возила… Нема причина полицијата да смета дека е потребно повторно да го продолжи рокот, изјави заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани. В сабота ако полицијата наиде на автомобили што не се пререгистрирани ќе ги запре, ќе ги одземе регистарските таблички, казните се 150 евра и ќе ја одземат возачката дозвола. На возачот му е дозволено да го тргне возилото од коловозот, но ако повторно наидеме на истото возило, возилото ќе биде одземено и испратено на царина, рече Елишани.

The post Северот на Косово од утре ќе остане без српски регистарски таблички appeared first on Република.

]]>
Косовската влада го продолжи рокот за промена на српските со косовски регистарски таблички https://republika.mk/vesti/balkan/kosovskata-vlada-go-prodolzhi-rokot-za-promena-na-srpskite-so-kosovski-registarski-tablichki/ Fri, 01 Dec 2023 12:46:13 +0000 https://republika.mk/?p=718338

Владата на Косово го продолжи рокот за замена на нелегалните регистарски таблички со косовски, односно за замена на регистарските таблички издадени од Србија за возилата во северно Косово, со таблички со знакот RKS (Република Косово), јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти владината служба за информирање, рокот кој истече вчера е продолжен за 15 дена, односно до 15 декември годинава.

Владата на Република Косово одржа електронска седница, на која ја измени и дополни владината одлука… од 30 октомври 2023 година, со што го продолжи рокот за регистрација со финансиски поволности за сопствениците на возила со деноминациите „ПР“, „КМ“, „ПЗ“, „ГЛ“, „УР“, „ПЕ“, „ДА“ или „ЃА“ до 15 декември 2023 година, се вели во соопштението на Владата.

Полицијата претходно побара од Владата да го продолжи рокот со образложение дека постои голем интерес кај граѓаните во четирите северни општини за промена на регистарските таблички во РКС.

Според полицијата, до 29 ноември возилата ги пререгистрирале 3001 граѓанин, додека и вчера, последниот ден од претходниот рок, имало големи редици во центрите за регистрација на возилата во општините со мнозинско српско население во северно Косово.

The post Косовската влада го продолжи рокот за промена на српските со косовски регистарски таблички appeared first on Република.

]]>

Владата на Косово го продолжи рокот за замена на нелегалните регистарски таблички со косовски, односно за замена на регистарските таблички издадени од Србија за возилата во северно Косово, со таблички со знакот RKS (Република Косово), јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти владината служба за информирање, рокот кој истече вчера е продолжен за 15 дена, односно до 15 декември годинава. Владата на Република Косово одржа електронска седница, на која ја измени и дополни владината одлука… од 30 октомври 2023 година, со што го продолжи рокот за регистрација со финансиски поволности за сопствениците на возила со деноминациите „ПР“, „КМ“, „ПЗ“, „ГЛ“, „УР“, „ПЕ“, „ДА“ или „ЃА“ до 15 декември 2023 година, се вели во соопштението на Владата. Полицијата претходно побара од Владата да го продолжи рокот со образложение дека постои голем интерес кај граѓаните во четирите северни општини за промена на регистарските таблички во РКС. Според полицијата, до 29 ноември возилата ги пререгистрирале 3001 граѓанин, додека и вчера, последниот ден од претходниот рок, имало големи редици во центрите за регистрација на возилата во општините со мнозинско српско население во северно Косово.

The post Косовската влада го продолжи рокот за промена на српските со косовски регистарски таблички appeared first on Република.

]]>
Елшани: Од декември во Косово ќе нема веќе возила со нелегални српски таблички https://republika.mk/vesti/balkan/elshani-od-dekemvri-vo-kosovo-ke-nema-veke-vozila-so-nelegalni-srpski-tablichki/ Sat, 25 Nov 2023 11:04:35 +0000 https://republika.mk/?p=716122

Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани изјави дека по првата недела од декември во Косово повеќе нема да има автомобили со нелегални регистарски таблички издадени од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во вчерашното интервју за косовскиот портал на српски јазик КоССев, Елшани вели дека не може да гарантира дека повеќе нема да има, како досега, палење автомобили од страна на криминални групи, меѓутоа автомобили со ознаката КМ (Косово и Метохија) и со српските кирилични кратенки за косовските градови сигурно повеќе нема да постојат во северниот дел на земјата.

Полицијата не може да гарантира дека по истекот на рокот за регистрација нема да има палење автомобили, но можеме да гарантираме дека по првата недела од декември возилата со регистарски таблички КМ (Косовска Митровица), ПР (Приштина), ПЗ (Призрен), ГЛ (Гњилане), УР (Урошевац)… ќе ги нема на патиштата во северно Косово, рече Елшани.

Тој информира дека имало интерес кај сопствениците на автомобили да ги регистрираат истите со регистарски таблички РКС (Република Косово) и дека таквото барање го пренеле до Министерството за внатрешни работи и Владата на Косово.

Побаравме од МВР да го препрати нашето барање до Владата, бидејќи знаевме дека таа мора да ја донесе таа одлука за луѓето да имаат уште една можност да ги регистрираат своите автомобили. МВР го одобри нашето барање и донесена е одлука на Владата на Косово да се врши бесплатна пререгистрација од 1 до 30 ноември, изјави Елшани за КоССев.

Тој нагласи дека доколку на пат се види автомобил со регистарски таблички КМ, табличките ќе бидат одземени, а доколку биде фатен по втор пат, автомобилот ќе биде одземен.

По истекот на рокот за регистрација, Елшани рече дека сопствениците на автомобили кои не ги поминале регистарските таблички на РКС ќе бидат казнети како да се нерегистрирани.

Од почетокот на процесот, според Елшани, повеќе од 2.800 автомобили се префрлиле од регистарски таблички KM на РКС.

The post Елшани: Од декември во Косово ќе нема веќе возила со нелегални српски таблички appeared first on Република.

]]>

Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани изјави дека по првата недела од декември во Косово повеќе нема да има автомобили со нелегални регистарски таблички издадени од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во вчерашното интервју за косовскиот портал на српски јазик КоССев, Елшани вели дека не може да гарантира дека повеќе нема да има, како досега, палење автомобили од страна на криминални групи, меѓутоа автомобили со ознаката КМ (Косово и Метохија) и со српските кирилични кратенки за косовските градови сигурно повеќе нема да постојат во северниот дел на земјата. Полицијата не може да гарантира дека по истекот на рокот за регистрација нема да има палење автомобили, но можеме да гарантираме дека по првата недела од декември возилата со регистарски таблички КМ (Косовска Митровица), ПР (Приштина), ПЗ (Призрен), ГЛ (Гњилане), УР (Урошевац)… ќе ги нема на патиштата во северно Косово, рече Елшани. Тој информира дека имало интерес кај сопствениците на автомобили да ги регистрираат истите со регистарски таблички РКС (Република Косово) и дека таквото барање го пренеле до Министерството за внатрешни работи и Владата на Косово. Побаравме од МВР да го препрати нашето барање до Владата, бидејќи знаевме дека таа мора да ја донесе таа одлука за луѓето да имаат уште една можност да ги регистрираат своите автомобили. МВР го одобри нашето барање и донесена е одлука на Владата на Косово да се врши бесплатна пререгистрација од 1 до 30 ноември, изјави Елшани за КоССев. Тој нагласи дека доколку на пат се види автомобил со регистарски таблички КМ, табличките ќе бидат одземени, а доколку биде фатен по втор пат, автомобилот ќе биде одземен. По истекот на рокот за регистрација, Елшани рече дека сопствениците на автомобили кои не ги поминале регистарските таблички на РКС ќе бидат казнети како да се нерегистрирани. Од почетокот на процесот, според Елшани, повеќе од 2.800 автомобили се префрлиле од регистарски таблички KM на РКС.

The post Елшани: Од декември во Косово ќе нема веќе возила со нелегални српски таблички appeared first on Република.

]]>
Нов централен систем за видео надзор и автоматско препознавање на регистарски таблици на граничните премини https://republika.mk/vesti/makedonija/nov-tsentralen-sistem-za-video-nadzor-i-avtomatsko-prepoznavane-na-registarski-tablitsi-na-granichnite-premini/ Fri, 27 Oct 2023 10:59:45 +0000 https://republika.mk/?p=695547

Mинистерството за транспорт и врски набави нов систем за видео надзор и читање на регистарските таблици на граничните премини, што во следниот период ќе се инсталира на сите гранични премини во земјата.

Министерот Благој Бочварски денеска го потпиша Договорот за имплементација на нов централизиран видео систем, со вредност од 928.500 евра, систем кој што ќе биде имплементиран во рок од една година.

Имплементацијата на овој информатички систем е во рамките на Проектот за унапредување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, а за потребите на Министерството за внатрешни работи и Царинската Управа.

Системот ќе биде поставен на 40 локации, на сите гранични премини во Република Македонија.

Тој опфаќа систем за видео надзор со 350 различни различни типови на дигитални камери, систем за автоматско препознавање на регистарски таблици и централен систем за складирање на податоците.

Унапредувањето на транспортот и на безбедноста на патиштата во Република  Македонија се високо на агендата на Министерството за транспорт и врски. Во таа насока континуирано работиме на мерки и активности со кои што го развиваме транспортот и ова е еден од проектите кои што заеднички бенефит ќе има Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи, Царинската Управа и секако граѓаните со кои што ќе се подобрат условите за работа на граничните премини. Регионалната соработка е наш приоритет и продолжуваме со реализација на вакви проекти кои ќе донесат регионален развој - истакна министерот Бочварски.

The post Нов централен систем за видео надзор и автоматско препознавање на регистарски таблици на граничните премини appeared first on Република.

]]>

Mинистерството за транспорт и врски набави нов систем за видео надзор и читање на регистарските таблици на граничните премини, што во следниот период ќе се инсталира на сите гранични премини во земјата. Министерот Благој Бочварски денеска го потпиша Договорот за имплементација на нов централизиран видео систем, со вредност од 928.500 евра, систем кој што ќе биде имплементиран во рок од една година. Имплементацијата на овој информатички систем е во рамките на Проектот за унапредување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, а за потребите на Министерството за внатрешни работи и Царинската Управа. Системот ќе биде поставен на 40 локации, на сите гранични премини во Република Македонија. Тој опфаќа систем за видео надзор со 350 различни различни типови на дигитални камери, систем за автоматско препознавање на регистарски таблици и централен систем за складирање на податоците.
Унапредувањето на транспортот и на безбедноста на патиштата во Република  Македонија се високо на агендата на Министерството за транспорт и врски. Во таа насока континуирано работиме на мерки и активности со кои што го развиваме транспортот и ова е еден од проектите кои што заеднички бенефит ќе има Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи, Царинската Управа и секако граѓаните со кои што ќе се подобрат условите за работа на граничните премини. Регионалната соработка е наш приоритет и продолжуваме со реализација на вакви проекти кои ќе донесат регионален развој - истакна министерот Бочварски.

The post Нов централен систем за видео надзор и автоматско препознавање на регистарски таблици на граничните премини appeared first on Република.

]]>
Запалени уште три автомобили на Срби од Косово https://republika.mk/vesti/balkan/zapaleni-ushte-tri-avtomobili-na-srbi-od-kosovo/ Fri, 31 Mar 2023 10:18:47 +0000 https://republika.mk/?p=625770

Косовската полиција денеска по полноќ пријави три возила на косовските Срби со таблички RKS (Република Косово) запалени во северниот дел на земјата, објави весникот „Коха диторе“, повикувајќи се на соопштение на полицијата. Шефот на претседателскиот кабинет на Косово вчера пријави уште две изгорени возила на косовски Срби со косовски регистарски таблички.

Според полицијата, два автомобила биле опожарени во градот Северна Митровица и еден во градот Звечан, а не е јасно кои се сторителите на подметнувањето пожар.

Косовската полиција ќе продолжи да работи на истрага и расветлување на ваквите случаи (на палење автомобили на државјани на косовски Срби со косовски регистарски таблички) и ќе продолжи да обезбедува безбедност за сите граѓани подеднакво, се вели во полициското соопштение.

Проблемот со регистарските таблички беше една од главните причини за тензиите во односите меѓу Белград и Приштина минатата година.

 

The post Запалени уште три автомобили на Срби од Косово appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција денеска по полноќ пријави три возила на косовските Срби со таблички RKS (Република Косово) запалени во северниот дел на земјата, објави весникот „Коха диторе“, повикувајќи се на соопштение на полицијата. Шефот на претседателскиот кабинет на Косово вчера пријави уште две изгорени возила на косовски Срби со косовски регистарски таблички. Според полицијата, два автомобила биле опожарени во градот Северна Митровица и еден во градот Звечан, а не е јасно кои се сторителите на подметнувањето пожар. Косовската полиција ќе продолжи да работи на истрага и расветлување на ваквите случаи (на палење автомобили на државјани на косовски Срби со косовски регистарски таблички) и ќе продолжи да обезбедува безбедност за сите граѓани подеднакво, се вели во полициското соопштение. Проблемот со регистарските таблички беше една од главните причини за тензиите во односите меѓу Белград и Приштина минатата година.  

The post Запалени уште три автомобили на Срби од Косово appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Можно е да не се менуваат табличките, туку само да се стават налепници https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-mozhno-e-da-ne-se-menuvaat-tablichkite-tuku-samo-da-se-stavat-nalepnitsi/ Sun, 26 Mar 2023 15:57:41 +0000 https://republika.mk/?p=623895

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа најавувa дека е можно да се донесе решение во врска со регистарските таблички на возилата кое нема да претставува финансиско оптоварување на граѓаните.

Налепници на регистарските таблички се можно решение за обврските со Преспанскиот договор. Министерот Спасовски во интервју за Радио Слободна Европа рече дека работна група во МВР ги разгледува сите опции, а се прават и консултации со Транспорт, но и со превозниците, со цел товарот да не падне врз граѓаните и бизнисот.

За многу кратко време ќе имаме решение коешто би било поволно за граѓаните во делот за промена на регистарските таблички. Јас така барем се надевам и очекувам. Со тоа што, од друга страна ќе мора да стават и норми на строги казни за сите оние коишто нема да го почитуваат тоа, изјави Спасовски.

Според Спасовски, налепниците се една од опциите.

Меѓутоа, кога ќе се донесе одлуката и решението ќе ги соопштиме на граѓаните, рече Спасовски.

Ова доаѓа по силните реакции од јавноста откако беше соопштено дека за секое возило кое на табличките ја нема ознаката „НМК“ ќе треба да се плати по 1.600 денари за промена на табличките.

 

The post Спасовски: Можно е да не се менуваат табличките, туку само да се стават налепници appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа најавувa дека е можно да се донесе решение во врска со регистарските таблички на возилата кое нема да претставува финансиско оптоварување на граѓаните. Налепници на регистарските таблички се можно решение за обврските со Преспанскиот договор. Министерот Спасовски во интервју за Радио Слободна Европа рече дека работна група во МВР ги разгледува сите опции, а се прават и консултации со Транспорт, но и со превозниците, со цел товарот да не падне врз граѓаните и бизнисот.
За многу кратко време ќе имаме решение коешто би било поволно за граѓаните во делот за промена на регистарските таблички. Јас така барем се надевам и очекувам. Со тоа што, од друга страна ќе мора да стават и норми на строги казни за сите оние коишто нема да го почитуваат тоа, изјави Спасовски.
Според Спасовски, налепниците се една од опциите.
Меѓутоа, кога ќе се донесе одлуката и решението ќе ги соопштиме на граѓаните, рече Спасовски.
Ова доаѓа по силните реакции од јавноста откако беше соопштено дека за секое возило кое на табличките ја нема ознаката „НМК“ ќе треба да се плати по 1.600 денари за промена на табличките.  

The post Спасовски: Можно е да не се менуваат табличките, туку само да се стават налепници appeared first on Република.

]]>
Хил смета дека табличките треба да се одложат на една година https://republika.mk/vesti/balkan/hil-smeta-deka-tablichkite-treba-da-se-odlozat-na-edna-godina/ Wed, 23 Nov 2022 13:43:54 +0000 https://republika.mk/?p=577366

Прашањето за регистарските таблички во Косово треба да се одложи за една година и да се посвети внимание на решавање на клучните прашања, порача американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил, јави дописникот на МИА од Белград.

Одговарајќи на новинарски прашања, Хил изјави дека е неопходно да се изнајдат долгорочни решенија во Косово и дека таа територија треба да има перспектива во меѓународната позиција.

Од друга страна, кажа Хил, Србите на Косово треба да имаат перспектива како ќе изгледа нивниот живот и како ќе го живеат.

-На овој регион потребно му е страстите за да се смират, рече Хил.

Тој додаде дека треба да се смири ситуацијата во Косово за да се создадат услови за изградба на биотехнолошки центар и развој и таму, откако денес присуствуваше на примопредавањето на новата биотехнолошка опрема на Институтот за молекуларна генетика и генетско инженерство во Белград.

Денеска во Брисел треба се сретнат главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак. Почетокот на казнувањето на Србите кои возат автомобили со КМ таблички е одложен до четврток наутро.

Чешка, која претседава со Советот на ЕУ, во вторникот навечер во последен момент одлучи да го тргне од дневниот ред на состанокот на амбасадорите на земјите-членки усвојувањето на текстот за барањето на Косово за визна либерализација поради политичките настани на северот на Косово, јавувија приштинските медиуми.

Според Коха диторе, се очекувало одлуката да биде донесена формално, без дискусија.

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија, а пред се нејзиниот претседател Александар Вучиќ, постапила одговорно на последните преговори со Косово бидејќи пристапот бил „да не стануваме од преговарачката маса дури и кога не ни се допаѓа нешто што е на неа“, изјави потпретседател на Владата на Србија

The post Хил смета дека табличките треба да се одложат на една година appeared first on Република.

]]>

Прашањето за регистарските таблички во Косово треба да се одложи за една година и да се посвети внимание на решавање на клучните прашања, порача американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил, јави дописникот на МИА од Белград. Одговарајќи на новинарски прашања, Хил изјави дека е неопходно да се изнајдат долгорочни решенија во Косово и дека таа територија треба да има перспектива во меѓународната позиција. Од друга страна, кажа Хил, Србите на Косово треба да имаат перспектива како ќе изгледа нивниот живот и како ќе го живеат. -На овој регион потребно му е страстите за да се смират, рече Хил. Тој додаде дека треба да се смири ситуацијата во Косово за да се создадат услови за изградба на биотехнолошки центар и развој и таму, откако денес присуствуваше на примопредавањето на новата биотехнолошка опрема на Институтот за молекуларна генетика и генетско инженерство во Белград. Денеска во Брисел треба се сретнат главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак. Почетокот на казнувањето на Србите кои возат автомобили со КМ таблички е одложен до четврток наутро. Чешка, која претседава со Советот на ЕУ, во вторникот навечер во последен момент одлучи да го тргне од дневниот ред на состанокот на амбасадорите на земјите-членки усвојувањето на текстот за барањето на Косово за визна либерализација поради политичките настани на северот на Косово, јавувија приштинските медиуми. Според Коха диторе, се очекувало одлуката да биде донесена формално, без дискусија.
Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија, а пред се нејзиниот претседател Александар Вучиќ, постапила одговорно на последните преговори со Косово бидејќи пристапот бил „да не стануваме од преговарачката маса дури и кога не ни се допаѓа нешто што е на неа“, изјави потпретседател на Владата на Србија

The post Хил смета дека табличките треба да се одложат на една година appeared first on Република.

]]>
Oд денеска кој вози со КM таблички казна 150 евра https://republika.mk/vesti/balkan/od-deneska-koj-vozi-so-km-tablichki-kazna-150-evra/ Tue, 22 Nov 2022 07:33:10 +0000 https://republika.mk/?p=576700

Српскиот јавен сервис РТС  објави дека полицијата во Приштина потврдила дека од денеска во 08:00 часот ќе почне со казнување на возачи од Косово кои имаат српски регистарски таблички со почетните букви на градовите во Косово, пренесе Бета.

„Спроведувањето на одлуката за изрекување казни согласно важечките закони, според проценката и планот на полицијата, се очекува да почне на 22 ноември во утринската смена“, соопшти косовската полиција.

Некои медиуми на албански јазик објавија, но оваа информација не е потврдена, дека на специјалните полициски единици на Косово им е наредено да се подготват за преселба на север.

Во попладневните часови од базата Белведере на југот на Митровица кон север се забележани движења на специјалните единици во оклопни возила, каде вообичаено се наоѓаат четири бази на мобилните единици на граничната полиција, пренесе Бета.

Командата на мисијата ЕУЛЕКС и КФОР посочуваат дека нивните припадници, иако се присутни на терен, не можат да ја преземат улогата на полицијата и дека тоа не е во нивниот мандат, јави РТС.

Според првичниот план во Приштина, од денеска, 21 ноември, требаше да почне казнување од 150 евра за возачите кои нема да ги пререгистрираат возилата

The post Oд денеска кој вози со КM таблички казна 150 евра appeared first on Република.

]]>

Српскиот јавен сервис РТС  објави дека полицијата во Приштина потврдила дека од денеска во 08:00 часот ќе почне со казнување на возачи од Косово кои имаат српски регистарски таблички со почетните букви на градовите во Косово, пренесе Бета.
„Спроведувањето на одлуката за изрекување казни согласно важечките закони, според проценката и планот на полицијата, се очекува да почне на 22 ноември во утринската смена“, соопшти косовската полиција. Некои медиуми на албански јазик објавија, но оваа информација не е потврдена, дека на специјалните полициски единици на Косово им е наредено да се подготват за преселба на север.
Во попладневните часови од базата Белведере на југот на Митровица кон север се забележани движења на специјалните единици во оклопни возила, каде вообичаено се наоѓаат четири бази на мобилните единици на граничната полиција, пренесе Бета. Командата на мисијата ЕУЛЕКС и КФОР посочуваат дека нивните припадници, иако се присутни на терен, не можат да ја преземат улогата на полицијата и дека тоа не е во нивниот мандат, јави РТС. Според првичниот план во Приштина, од денеска, 21 ноември, требаше да почне казнување од 150 евра за возачите кои нема да ги пререгистрираат возилата

The post Oд денеска кој вози со КM таблички казна 150 евра appeared first on Република.

]]>
Договорот за регистарски таблички меѓу Белград и Приштина не е постигнат https://republika.mk/vesti/balkan/dogovorot-za-registarski-tablichki-megju-belgrad-i-prishtina-ne-e-postignat/ Fri, 18 Nov 2022 08:58:04 +0000 https://republika.mk/?p=575258

Договорот за регистарски таблички меѓу Белград и Приштина не е постигнат, информациите за постигнатиот договор од приштинските медиуми се лажни.

 Не беше постигнат договор за табличките или враќањето на Србите во институциите, бидејќи медиумите во Приштина се обидуваат да ја шират таа пропаганда, а пренесоа некои белградски медиуми.

Станува збор за најобична дезинформација и дистрибуција на лажни вести со цел Приштина да се обиде да ја отстрани одговорноста за прекршување на сите договори, велат од Канцеларијата за Косово и Метохија.

Да потсетиме, уште во октомври Владата на Косово донесе одлука дека од 1 до 21 ноември Србите кои не ги пререгистрирале возилата со таблички „РКС“ ќе добијат опомена, додека мерката парична казна ќе важи до 21 јануари, кога дефинитивно ќе се поништат „старите“ регистрации.

На овој начин Курти одби да го прифати барањето на САД и на претставниците на државите Квинте, кои побараа да се одложи одлуката за 10 месеци.

The post Договорот за регистарски таблички меѓу Белград и Приштина не е постигнат appeared first on Република.

]]>

Договорот за регистарски таблички меѓу Белград и Приштина не е постигнат, информациите за постигнатиот договор од приштинските медиуми се лажни.
 Не беше постигнат договор за табличките или враќањето на Србите во институциите, бидејќи медиумите во Приштина се обидуваат да ја шират таа пропаганда, а пренесоа некои белградски медиуми.
Станува збор за најобична дезинформација и дистрибуција на лажни вести со цел Приштина да се обиде да ја отстрани одговорноста за прекршување на сите договори, велат од Канцеларијата за Косово и Метохија. Да потсетиме, уште во октомври Владата на Косово донесе одлука дека од 1 до 21 ноември Србите кои не ги пререгистрирале возилата со таблички „РКС“ ќе добијат опомена, додека мерката парична казна ќе важи до 21 јануари, кога дефинитивно ќе се поништат „старите“ регистрации. На овој начин Курти одби да го прифати барањето на САД и на претставниците на државите Квинте, кои побараа да се одложи одлуката за 10 месеци.

The post Договорот за регистарски таблички меѓу Белград и Приштина не е постигнат appeared first on Република.

]]>
ЕУ: Властите во Приштина веднаш да го одложат спроведувањето на одлуката за регистарски таблички https://republika.mk/vesti/balkan/eu-vlastite-vo-prishtina-vednash-da-go-odlozat-sproveduvanjeto-na-odlukata-za-registarski-tablichki/ Sun, 06 Nov 2022 12:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=570356

Портпаролот на Европската Унија, Петер Стано ги повика властите во Приштина веднаш да го одложат спроведувањето на одлуката за регистарски таблички и да го продолжат процесот на пререгистрација, пишува „Албаниан пост“.

Во исто време, претставникот на ЕУ побара од Приштина да ги прекине казнените дејствија за граѓаните кои имаат автомобили со српски регистарски таблички.

„Ова значи итно продолжување на процесот на пререгистрација на возилата“, рече Стано.

Тој во својот одговор за медиунмот вели и дека е одговорност на партиите да обезбедат мир и да се воздржат од дејствија што ќе доведат до ескалација на тензиите.

Повлекувањето на српските претставници од приштинските институции како портпароли на ЕУ не е решение за актуелните спорови, но, како што рече, „има потенцијал да ги ескалира тензиите на теренот“.

Стано ги потсети и приштинските институции на нивните обврски за спроведување на договорот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство, објави „Косово онлајн“.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел оценува дека повлекувањето на Србите на Косово од институциите во Приштина не е решение за актуелните спорови и има потенцијал дополнително да ги ескалира тензиите на терен.

Тој додаде дека Европската унија ги повикува двете страни да се воздржат од какви било унилатерални дејствија што би можеле да доведат до дополнителни тензии.

The post ЕУ: Властите во Приштина веднаш да го одложат спроведувањето на одлуката за регистарски таблички appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Европската Унија, Петер Стано ги повика властите во Приштина веднаш да го одложат спроведувањето на одлуката за регистарски таблички и да го продолжат процесот на пререгистрација, пишува „Албаниан пост“. Во исто време, претставникот на ЕУ побара од Приштина да ги прекине казнените дејствија за граѓаните кои имаат автомобили со српски регистарски таблички. „Ова значи итно продолжување на процесот на пререгистрација на возилата“, рече Стано. Тој во својот одговор за медиунмот вели и дека е одговорност на партиите да обезбедат мир и да се воздржат од дејствија што ќе доведат до ескалација на тензиите. Повлекувањето на српските претставници од приштинските институции како портпароли на ЕУ не е решение за актуелните спорови, но, како што рече, „има потенцијал да ги ескалира тензиите на теренот“. Стано ги потсети и приштинските институции на нивните обврски за спроведување на договорот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство, објави „Косово онлајн“. Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел оценува дека повлекувањето на Србите на Косово од институциите во Приштина не е решение за актуелните спорови и има потенцијал дополнително да ги ескалира тензиите на терен. Тој додаде дека Европската унија ги повикува двете страни да се воздржат од какви било унилатерални дејствија што би можеле да доведат до дополнителни тензии.

The post ЕУ: Властите во Приштина веднаш да го одложат спроведувањето на одлуката за регистарски таблички appeared first on Република.

]]>
Меѓународната заедница побара од Приштина целосно одложување на одлуката за пререгистрација на возилата https://republika.mk/vesti/balkan/megjunarodnata-zaednica-pobara-od-prishtina-celosno-odlozuvanje-na-odlukata-za-preregistracija-na-vozilata/ Tue, 01 Nov 2022 08:10:58 +0000 https://republika.mk/?p=568131

Меѓународната заедница побара од Приштина целосно да го одложи спроведувањето на одлуката за пререгистрација на возилата, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Прајс, исто така, рече дека не се бара делумен или фазен мораториум.

Прајс за американскиот медиум „Павловиќ тудеј“ изјави дека САД се разочарани и загрижени што владата во Приштина не ги послушала барањата и советите на „најблиските меѓународни партнери“ за одложување на рокот за пререгистрација на возила во Косово.

Зборувајќи за тоа што ќе направи администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден доколку премиерот на приштинските привремени институции, Албин Курти, продолжи да им противречи на САД, американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој го повика да го продолжи рокот за пререгистрација и ЕУ, Прајс рече дека јасна е пораката на администрацијата на Бајден до Курти.

Нашите напори продолжуваат“, рече Прајс.

Тој потсети дека минатата недела САД објавија соопштение во кое го изразија своето јасно уверување и убедувањето на нивните меѓународни партнери дека владата во Приштина треба да го продолжи периодот на спроведување на одлуката за пререгистрација на возилата.

Бевме јасни дека меѓународната заедница, вклучително и САД, бараат целосно одложување на спроведувањето на овие прашања. Не гледаме делумно одложување. Не гледаме имплементација во фази. Меѓународната Заедницата побара од Владата на Косово целосно одложување на спроведувањето“, подвлече Прајс.

Прајс рече дека САД ќе останат во близок контакт со своите партнери во регионот и со ЕУ.

Ги охрабруваме Косово и Србија да продолжат да учествуваат во дијалогот, кој се води со посредство на ЕУ“, рече Прајс.

The post Меѓународната заедница побара од Приштина целосно одложување на одлуката за пререгистрација на возилата appeared first on Република.

]]>

Меѓународната заедница побара од Приштина целосно да го одложи спроведувањето на одлуката за пререгистрација на возилата, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.
Прајс, исто така, рече дека не се бара делумен или фазен мораториум. Прајс за американскиот медиум „Павловиќ тудеј“ изјави дека САД се разочарани и загрижени што владата во Приштина не ги послушала барањата и советите на „најблиските меѓународни партнери“ за одложување на рокот за пререгистрација на возила во Косово. Зборувајќи за тоа што ќе направи администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден доколку премиерот на приштинските привремени институции, Албин Курти, продолжи да им противречи на САД, американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој го повика да го продолжи рокот за пререгистрација и ЕУ, Прајс рече дека јасна е пораката на администрацијата на Бајден до Курти.
Нашите напори продолжуваат“, рече Прајс.
Тој потсети дека минатата недела САД објавија соопштение во кое го изразија своето јасно уверување и убедувањето на нивните меѓународни партнери дека владата во Приштина треба да го продолжи периодот на спроведување на одлуката за пререгистрација на возилата.
Бевме јасни дека меѓународната заедница, вклучително и САД, бараат целосно одложување на спроведувањето на овие прашања. Не гледаме делумно одложување. Не гледаме имплементација во фази. Меѓународната Заедницата побара од Владата на Косово целосно одложување на спроведувањето“, подвлече Прајс.
Прајс рече дека САД ќе останат во близок контакт со своите партнери во регионот и со ЕУ.
Ги охрабруваме Косово и Србија да продолжат да учествуваат во дијалогот, кој се води со посредство на ЕУ“, рече Прајс.

The post Меѓународната заедница побара од Приштина целосно одложување на одлуката за пререгистрација на возилата appeared first on Република.

]]>
Амбасада на САД во Косово: Пререгистрацијата на автомобилите да се изврши мирно и без тензии https://republika.mk/vesti/balkan/ambasada-na-sad-vo-kosovo-preregistracijata-na-avtomobilite-da-se-izvrshi-mirno-i-bez-tenzii/ Wed, 26 Oct 2022 16:13:03 +0000 https://republika.mk/?p=566016

САД сакаат одлуката на косовската Влада за пререгистрација на автомобилите со српски регистарски таблички во РКС (Република Косово) да се спроведе мирно и да не се придонесува за раст на тензиите. Тоа го изјави за РСЕ, портпаролот на американската амбасада во Косово.
Во одговорот на прашањето на РСЕ, амбасадата соопшти дека САД, заедно со европските партнери, сметаат дека одлуката на Владата на Косово е во согласност со Бриселските договори и дека „во принцип немаат забелешки за тоа“.

Но, заедно со нашите меѓународни партнери побаравме десетмесечно одложување на спроведувањето на одлуката, се наведува во одговорот на амбасадата.

Рокот за пререгистрација на автомобилите со таблички РКС започна на 1 септември, а завршува на 31 октомври.

The post Амбасада на САД во Косово: Пререгистрацијата на автомобилите да се изврши мирно и без тензии appeared first on Република.

]]>

САД сакаат одлуката на косовската Влада за пререгистрација на автомобилите со српски регистарски таблички во РКС (Република Косово) да се спроведе мирно и да не се придонесува за раст на тензиите. Тоа го изјави за РСЕ, портпаролот на американската амбасада во Косово. Во одговорот на прашањето на РСЕ, амбасадата соопшти дека САД, заедно со европските партнери, сметаат дека одлуката на Владата на Косово е во согласност со Бриселските договори и дека „во принцип немаат забелешки за тоа“. Но, заедно со нашите меѓународни партнери побаравме десетмесечно одложување на спроведувањето на одлуката, се наведува во одговорот на амбасадата. Рокот за пререгистрација на автомобилите со таблички РКС започна на 1 септември, а завршува на 31 октомври.

The post Амбасада на САД во Косово: Пререгистрацијата на автомобилите да се изврши мирно и без тензии appeared first on Република.

]]>