САД сакаат одлуката на косовската Влада за пререгистрација на автомобилите со српски регистарски таблички во РКС (Република Косово) да се спроведе мирно и да не се придонесува за раст на тензиите. Тоа го изјави за РСЕ, портпаролот на американската амбасада во Косово.
Во одговорот на прашањето на РСЕ, амбасадата соопшти дека САД, заедно со европските партнери, сметаат дека одлуката на Владата на Косово е во согласност со Бриселските договори и дека „во принцип немаат забелешки за тоа“.

Но, заедно со нашите меѓународни партнери побаравме десетмесечно одложување на спроведувањето на одлуката, се наведува во одговорот на амбасадата.

Рокот за пререгистрација на автомобилите со таблички РКС започна на 1 септември, а завршува на 31 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.