СОС Детско село Archives - Република https://republika.mk/tema/sos-detsko-selo/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 10:53:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СОС Детско село Archives - Република https://republika.mk/tema/sos-detsko-selo/ 32 32 Министерот Перински по повод Меѓународниот ден на донаторството: Oпштините да станат партнери на СОС Детско село, за поголема инклузија на децата без родителска грижа https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-perinski-po-povod-megunarodniot-den-na-donatorstvoto-opshtinite-da-stanat-partneri-na-sos-detsko-selo-za-pogolema-inkluzija-na-detsata-bez-roditelska-grizha/ Fri, 06 Sep 2024 10:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=813803

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, по повод 5.септември, Меѓународниот ден на донаторството, го посети СОС Детското село, кое под мотото „Ниедно дете не треба да расте само“, веќе 20 години обезбедува грижа и поддршка на децата без родителска грижа и на оние кои се изложени на ризик да ја загубат грижата од своите семејства. На неформалната средба, министерот со претставниците на СОС Детското село разговараше за тековните активности на организацијата, за предизвиците со кои се соочува, како и за можностите за развивање на социјални услуги во заедницата за подобрување на квалитетот на секојдневието и инклузијата на децата без родителска грижа.

Од организацијата посочија дека со цел да се обезбеди континуитет и одржливост во обезбедувањето на социјалните услуги на локално ниво, неопходно е да се создаде еден вид трипартитна коалиција помеѓу општините, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, како би постигнале побрз и поголем напредок во своето делување.

Министерот Перински изрази безрезервна поддршка на мисијата на организацијата и даде уверување дека на него можат да сметаат како на нов стратешки партнер кој во рамки на своите ингеренции ќе помогне СОС Детско село да делува и во пошироки рамки.

„Како човек и како министер ќе се заложам вашата благородна мисија да ја почувствуваат сите деца на кои им е потребна поддршка, таа да се прошири во сите региони. Со оглед на мојата комуникација со сите плански региони и општини, ќе иницирам општините секоја во рамки на своите можности и расположливи средства и ресурси, да изгради партнерски односи со вас и да ви помогне согласно мапираните потреби. Верувам дека градоначалниците ќе ја препознаат и несомнено ќе ја поддржат важноста на вашата мисија, а тие со тоа ќе станат општествено одговорни и ќе помогнат на најранливата категорија во општеството“, истакна министерот на средбата и се согласи дека неопходно е продолжување на социјалните реформи, како и на процесот на деинституционализацијата на системот на социјална заштита.

„Процесите мора да продолжат. Само со заедничка соработка и вклучување на сите засегнати страни во креирање, унапредување и спроведување на регулативата и јавните политики, можеме да очекуваме одржливи и достапни социјални услуги за граѓаните во социјален ризик “, посочија од СОС Детското село.

Во моментов, СОС Детско село, спроведува лиценцирани социјални услуги, поддржува 74 згрижувачки семејства во кои се згрижени 142 деца, а својата мисија, меѓудругото, ја остварува и преку Центар на згрижувачки семејства, покривајќи ја територијата на три плански региона, скопски, вардарски и југоисточен регион. СОС Детско Село имплементира проект за вклучување на младите на пазарот на трудот и обезбедување на долгорочно вработување во којшто Општините Гази Баба, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Тетово и Штип се јавуваат како стратешки партнер.

На средбата присуствуваше и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, која што посочија од СОС Детско село, е пример како една локална самоуправа може да делува во зајакнување и унапредување на капацитетите и делувањето на организацијата.

„Ме радува иницијативата и заложбата на министерот Перински да помогне да се обезбеди континуитет и одржливост во обезбедувањето на социјалните услуги на локално ниво. Познавајќи го и лично, верувам дека зборовите ќе ги преточи во дела“, истакна градоначалникот Стефковски, кој е долгогодишен соработник и поддржувач на СОС Детското село.

При посетата, дечињата добија мали изненадувања, а тие за возврат на министерот и градоначалникот им подарија благодарница и кретивни изработки.

The post Министерот Перински по повод Меѓународниот ден на донаторството: Oпштините да станат партнери на СОС Детско село, за поголема инклузија на децата без родителска грижа appeared first on Република.

]]>

Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село https://republika.mk/vesti/skopje/semeen-den-na-makstil-so-detsata-poddrzhani-od-sos-detsko-selo/ Sat, 01 Jun 2024 17:12:46 +0000 https://republika.mk/?p=783925

На традиционалниот семеен ден на Макстил годинава се приклучија 20 згрижувачки семејства со 60тина деца од СОС Детското село. Од оваа година Макстил стана нов стратешки партнер на СОС Детско село и зеде под закрила една од згрижувачките куќи, обезбедувајќи целосно покривање на трошоците за пет деца и нивното згрижување во текот на цела година.

„Макстил и СОС Детско село, сега се еден вид семејство и соодветно беше нашиот семеен ден да го поминеме со новите членови на семејството. Оваа година одржувањето на традиционалното дружење на вработените на Макстил со семејствата се совпадна токму со Меѓународниот ден за згрижувачки семејства, што го направи за нас овој ден посебен. Да се градат семејни вредности, да се поддржуваат ваков тип проекти за нас е многу повеќе од зборови, и повеќе од финансиски средства. За нас оваа соработка претставува поддршка на згрижувачките семејства, децата и младите и воедно градење на основи за здраво и праведно општество за идните генерации. Со ова наше стратешко партнерство сакаме да покажаме дека со поинаков пристап може навистина да се направи голема промена“, изјави Марија Дуковска - Павловска, генерален директор на Макстил.

Повеќе од 600 вработени и нивните семејства, заедно со децата поддржани од СОС Детско село го поминаа саботното попладне пред Управната зграда на Макстил, при што беа спроведени семејни и спортски активности и различни тематски работилници, а можеа да проследат и интерактивна музичко-драмска претстава, групно танцување и да уживаат во настапот на музичкиот бенд.

„Големо беше изненадувањето и радоста по добивање на поканата од нашиот партнер Макстил за приклучување на нивниот семеен ден за нивните вработени и тоа токму на денот на згрижувачите. Со радост ја прифативме оваа можност дел од семејствата поддржани од СОС Детско село да бидат присутни на овој преубав и забавен настан. За едно дете да расте среќно, задоволно, исполнето и за да напредува натаму во животот, неопходна му е поддршката која што ја добива во семејството. Многу деца во светот не се во можност да живет со своето семејство и имаат потреба од алтернативна грижа што значи сместување на оваа ранлива група на деца во други семејства. Овој ден ги слави хероите кои одлучиле да ги отворат своите срца и домови и живеат една хумана мисија и се грижат за овие деца со многу љубов, толеранција и поддршка. Благодариме на Макстил се надеваме дека овој пример ќе го следат и други компании“, изјавија од СОС Детско село.

1 јуни е Ден на згрижувачките семејства. Од самото основање до денес, СОС Детското село посветено работи на обезбедување квалитетна алтернативна грижа за деца без родители и родителска грижа и своето успешно 23 годишно искуство го заокружува со развој на иновативна програма за поддршка на згрижувачките семејства. Новата унапредена услуга за стручна помош и поддршка на 74 згрижувачки семејства и сигурно опкружување за вкупно 140 деца и млади се обезбедува преку Центарот за поддршка на згрижувачки семејства.

The post Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село appeared first on Република.

Матурата е голем чекор кон независноста на младите од СОС Детско село https://republika.mk/zivot/maturata-e-golem-chekor-kon-nezavisnosta-na-mladite-od-sos-detsko-selo/ Tue, 28 May 2024 17:11:57 +0000 https://republika.mk/?p=782496

Христина, Мартина и Ибраим се дел од матурантите од СОС Детско село оваа година. Овие тројца млади луѓе, кои годинава слават матура, слават многу повеќе од крајот на образованието.
Растејќи во СОС Детско село, како деца без родителска грижа, покажаа неверојатна сила, истрајност и храброст. Овие наши млади херои надминаа бројни предизвици, но благодарение на нашата поддршка и сопствениот мотив, денес стојат пред нас како симбол на надеж и успех.
Нивната приказна е инспирација за сите нас, потсетувајќи не дека без разлика на почетокот, со љубов, поддршка и одлучност можеме да постигнеме големи работи.

“Во моментов приоритет ми е државната матура за да можам да се запишам на факултет. Сакам да студирам Педагошки факултет и еден ден да работам со деца. Пред тоа ме чека долго топло и работно лето бидејќи сакам пред да започнам со студирање и финансиски да се остамостојам.

А потоа еден ден да основам свое семејство, да се остварам како мајка, да бидам она што јас никогаш го немав - постојана поддршка и ветер во грб на своите деца. “ – вели  Христина Коневска.

Животот во СОС Детско село им овозможи на овие матуранти единствена и посебна врска меѓу себе и посветените едукатори од кои имаа безусловна поддршка. СОС Детско село за нив е многу повеќе од само дом, тоа е семејство кое се грижеше, веруваше во нив и стоеше покрај нив во секој чекор од нивното патување.

“Сите овие години СОС Детско село за мене беше мое семејство и мој дом, но ќе бидам искрена ми недостигаше мојот биолошки татко. По завршувањето на училиштето во план ми е да живеам со него. Пресреќна сум што конечно после 19 години ќе се обедини семејството. Се радувам на секој миг што ќе го имаме заедно, бидејќи имаме толку многу да надоместиме. “- искрено раскажува Мартина Костадиновска.

СОС Детско село ќе продолжи да биде нивниот извор на сила, се додека ги следат своите соништа. „Одете самоуверено во насока на вашите соништа. Живејте го животот што сте го замислиле“, советуваше Хенри Дејвид Торо, чувство кое совршено го опфаќа духот на овие млади луѓе.

“Мојата желба ми е да работам како пекар и верувам дека ќе успеам да си ја остварам. Мојот план за летово е да почнам да работам и да се осамостојам финансиски, а тоа значи да си најдам работа и свој стан за почеток. Додека бев во СОС Детско село научив многу работи, така што мислам дека сум веќе подготвен и доволно зрел да ја преземам грижата за себе.“- Ибраим Зекировски

The post Матурата е голем чекор кон независноста на младите од СОС Детско село appeared first on Република.

]]>

Христина, Мартина и Ибраим се дел од матурантите од СОС Детско село оваа година. Овие тројца млади луѓе, кои годинава слават матура, слават многу повеќе од крајот на образованието. Растејќи во СОС Детско село, како деца без родителска грижа, покажаа неверојатна сила, истрајност и храброст. Овие наши млади херои надминаа бројни предизвици, но благодарение на нашата поддршка и сопствениот мотив, денес стојат пред нас како симбол на надеж и успех. Нивната приказна е инспирација за сите нас, потсетувајќи не дека без разлика на почетокот, со љубов, поддршка и одлучност можеме да постигнеме големи работи. “Во моментов приоритет ми е државната матура за да можам да се запишам на факултет. Сакам да студирам Педагошки факултет и еден ден да работам со деца. Пред тоа ме чека долго топло и работно лето бидејќи сакам пред да започнам со студирање и финансиски да се остамостојам. А потоа еден ден да основам свое семејство, да се остварам како мајка, да бидам она што јас никогаш го немав - постојана поддршка и ветер во грб на своите деца. “ – вели  Христина Коневска. Животот во СОС Детско село им овозможи на овие матуранти единствена и посебна врска меѓу себе и посветените едукатори од кои имаа безусловна поддршка. СОС Детско село за нив е многу повеќе од само дом, тоа е семејство кое се грижеше, веруваше во нив и стоеше покрај нив во секој чекор од нивното патување. “Сите овие години СОС Детско село за мене беше мое семејство и мој дом, но ќе бидам искрена ми недостигаше мојот биолошки татко. По завршувањето на училиштето во план ми е да живеам со него. Пресреќна сум што конечно после 19 години ќе се обедини семејството. Се радувам на секој миг што ќе го имаме заедно, бидејќи имаме толку многу да надоместиме. “- искрено раскажува Мартина Костадиновска. СОС Детско село ќе продолжи да биде нивниот извор на сила, се додека ги следат своите соништа. „Одете самоуверено во насока на вашите соништа. Живејте го животот што сте го замислиле“, советуваше Хенри Дејвид Торо, чувство кое совршено го опфаќа духот на овие млади луѓе. “Мојата желба ми е да работам како пекар и верувам дека ќе успеам да си ја остварам. Мојот план за летово е да почнам да работам и да се осамостојам финансиски, а тоа значи да си најдам работа и свој стан за почеток. Додека бев во СОС Детско село научив многу работи, така што мислам дека сум веќе подготвен и доволно зрел да ја преземам грижата за себе.“- Ибраим Зекировски    

The post Матурата е голем чекор кон независноста на младите од СОС Детско село appeared first on Република.

]]>
Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: Компанијата ќе се грижи за се што им треба на пет деца без родители https://republika.mk/zivot/semejstvo/makstil-stanuva-strateshki-partner-na-sos-detsko-selo-kompanijata-ke-se-grizhi-za-se-shto-im-treba-na-pet-detsa-bez-roditeli/ Wed, 27 Mar 2024 16:50:14 +0000 https://republika.mk/?p=759405

Пет деца без родители и нивната згрижувачка ќе бидат под закрила на компанијата Макстил, која ќе обезбедува се што им е потребно на овие деца, за да почувдтвуваат што значи да се има топол дом. Кумството на куќата, односно земањето обврска за грижа за овие деца, е дел од новото стратешко партнерство на Макстил со СОС Детско село со кое компанијата станува клучен поддржувач на една од згрижувачките куќи, која ќе го носи името на компанијата.

Донацијата за СОС Детско село, произлегува од долгорочната стратегија на компанијата за активна грижа за ранливите групи и придонес за подобрување на нивната добросостојба.

Влегувањето во ова стратешко партнерство со СОС Детско село значи надградување на нашата општествено одговорна улога и нашето влијание во создавањето позитивни промени. Да се биде клучен поддржувач на згрижувачка куќа од СОС Детско село значи да се прифатат вредностите што оваа организација ги застапува, да се поддржат напорите за создавање семејство и семејна грижа за секое дете.

Макстил како компанија заедно со своите вработени, целосно ја прифаќа одговорноста да бидеме главен помагач и пријател на ова семејство и со тоа да ги пренесеме најважните семејни вредности, заедништво, грижа и создавање топол дом за децата кои живеат во кумската куќа. Со ова партнерство, истовремено ги поттикнуваме и мотивираме истите релации и меѓу нашите вработени и партнери и иницираме пошироко позитивно влијание во зацврстување на традиционалните семејни вредности“, истакна генерална директорка на Макстил, Марија Дуковска-Павловска, при потпишувањето на договорот за партнерство со СОС Детско село.

Донацијата на Макстил во голема мера ги покрива потребите на семејството и одржувањето на куќата во која се сместени петте деца и згрижувачката во текот на една година.

Остварувањето соработка со Макстил, за СОС Детско село значи продолжување и продлабочување на активностите во чии рамки лани СОС Детско село поддржа над 700 деца и млади без родители и родителска грижа или во ризик да ги изгубат своите родители, згрижувачки семејства и семејства во социјален ризик.

Нашата континуирана грижа и работа со овие ранливи групи е поддржана од многу чинители од нашето општество меѓу кои и се многу компании кои се насочиле и делуваат во оваа област на општествената одговорност. Среќни сме што го прошируваме нашето СОС семејство со нов стратешки партнер - Макстил, една од најуспешните компании во Македонија, партнер кој ќе обезбеди финансиска поддршка за континуирана грижа на една куќа во безбедна и сигурна средина каде децата ќе можат да имаат среќно детство и правилен раст и развој.

Поддршката на оваа ранлива група бара голема сила и издржливост да се решат и надминат многу предизвици со кои се соочуваат децата; бара одржливост на нашата секојдневната континуирана поддршка за тие деца да израснат во самостојни млади луѓе, одговорни членови на нашето општество. Токму ваквите партнерства ни даваат сила и издржливост да продолжиме напред и да менуваме животи и веруваме дека нашето партнерство со Макстил ќе овозможи заеднички да создаваме посилни заедници и можност за развој и заштита на децата без родителска грижа“, истакна национланата директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо, при потпишувањето на договорот нагласувајќи го значењето на поддршката.

Склучувањето соработка со СОС Детско село е дел од општествено одговорните практики на Макстил, кои се во суштината на компаниската долгорочна деловна и развојна стратегија и нивното влијание се протега од подобрување на состојбите во јавното здравство со континуирани донации, создавање содржини за здрав детски развој во локалната заедница, како и иницирање проекти за засилување на заштитата на животната средина.

The post Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: Компанијата ќе се грижи за се што им треба на пет деца без родители appeared first on Република.

]]>

Пет деца без родители и нивната згрижувачка ќе бидат под закрила на компанијата Макстил, која ќе обезбедува се што им е потребно на овие деца, за да почувдтвуваат што значи да се има топол дом. Кумството на куќата, односно земањето обврска за грижа за овие деца, е дел од новото стратешко партнерство на Макстил со СОС Детско село со кое компанијата станува клучен поддржувач на една од згрижувачките куќи, која ќе го носи името на компанијата. Донацијата за СОС Детско село, произлегува од долгорочната стратегија на компанијата за активна грижа за ранливите групи и придонес за подобрување на нивната добросостојба.
Влегувањето во ова стратешко партнерство со СОС Детско село значи надградување на нашата општествено одговорна улога и нашето влијание во создавањето позитивни промени. Да се биде клучен поддржувач на згрижувачка куќа од СОС Детско село значи да се прифатат вредностите што оваа организација ги застапува, да се поддржат напорите за создавање семејство и семејна грижа за секое дете.   Макстил како компанија заедно со своите вработени, целосно ја прифаќа одговорноста да бидеме главен помагач и пријател на ова семејство и со тоа да ги пренесеме најважните семејни вредности, заедништво, грижа и создавање топол дом за децата кои живеат во кумската куќа. Со ова партнерство, истовремено ги поттикнуваме и мотивираме истите релации и меѓу нашите вработени и партнери и иницираме пошироко позитивно влијание во зацврстување на традиционалните семејни вредности“, истакна генерална директорка на Макстил, Марија Дуковска-Павловска, при потпишувањето на договорот за партнерство со СОС Детско село.
Донацијата на Макстил во голема мера ги покрива потребите на семејството и одржувањето на куќата во која се сместени петте деца и згрижувачката во текот на една година. Остварувањето соработка со Макстил, за СОС Детско село значи продолжување и продлабочување на активностите во чии рамки лани СОС Детско село поддржа над 700 деца и млади без родители и родителска грижа или во ризик да ги изгубат своите родители, згрижувачки семејства и семејства во социјален ризик.
Нашата континуирана грижа и работа со овие ранливи групи е поддржана од многу чинители од нашето општество меѓу кои и се многу компании кои се насочиле и делуваат во оваа област на општествената одговорност. Среќни сме што го прошируваме нашето СОС семејство со нов стратешки партнер - Макстил, една од најуспешните компании во Македонија, партнер кој ќе обезбеди финансиска поддршка за континуирана грижа на една куќа во безбедна и сигурна средина каде децата ќе можат да имаат среќно детство и правилен раст и развој.   Поддршката на оваа ранлива група бара голема сила и издржливост да се решат и надминат многу предизвици со кои се соочуваат децата; бара одржливост на нашата секојдневната континуирана поддршка за тие деца да израснат во самостојни млади луѓе, одговорни членови на нашето општество. Токму ваквите партнерства ни даваат сила и издржливост да продолжиме напред и да менуваме животи и веруваме дека нашето партнерство со Макстил ќе овозможи заеднички да создаваме посилни заедници и можност за развој и заштита на децата без родителска грижа“, истакна национланата директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо, при потпишувањето на договорот нагласувајќи го значењето на поддршката.
Склучувањето соработка со СОС Детско село е дел од општествено одговорните практики на Макстил, кои се во суштината на компаниската долгорочна деловна и развојна стратегија и нивното влијание се протега од подобрување на состојбите во јавното здравство со континуирани донации, создавање содржини за здрав детски развој во локалната заедница, како и иницирање проекти за засилување на заштитата на животната средина.  

The post Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: Компанијата ќе се грижи за се што им треба на пет деца без родители appeared first on Република.

]]>
Донација на ОКТА за топол дом на младинците од СОС Детско село https://republika.mk/zivot/donatsija-na-okta-za-topol-dom-na-mladintsite-od-sos-detsko-selo/ Thu, 11 Jan 2024 18:34:47 +0000 https://republika.mk/?p=732110

Со донацијата на 6.000 литри екстра лесно масло за греење, компанијата ОКТА по втор пат го обезбеди вкупното годишно количество гориво потребно за затоплување на една од куќите на СОС Детско село, во која живеат младинци без родителска грижа.

Ни претставува особено задоволство што втора година по ред имаме можност да помогнеме во обезбедувањето топол дом за младите згрижени во СОС Детско село. Со оваа донација ќе биде задоволена вкупната годишна потрошувачка на гориво за греење на младинската куќа лоцирана во Радишани. На овој начин ОКТА продолжува со реализација на својата заложба да биде одговорен член на заедницата, обезбедувајќи подобри услови за живот за најранливите категории граѓани, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност во ОКТА АД - Скопје.

Во младинските куќи на СОС Детско село се згрижени младинци на возраст над 14-годишна возраст, каде оваа хуманитарна организација им обезбедува 24-часовна поддршка, грижа и помош, со цел младите да се подготват и оспособат за целосно независен и самостоен живот, како и нивна понатамошна ефективна интеграција во општеството.

Благодарни сме што низ повеќегодишната соработка на неколку проекти, ОКТА прерасна во вистински долгорочен партнер на СОС Детско село. Таквите партнерства се особено значајни и драгоцени за нас, затоа што на организацијата ѝ овозможуваат полесно и долгорочно да ги планира своите активности, за децата да можат безгрижно да им се посветат на своите дневни обврски во образованието, но и да се подготват за вклучување во заедницата како самостојни личности, истакна Силвија Брајовиќ, раководител на фондот за собирање средства од СОС Детско село Македонија.

На донаторскиот настан кој што се случи денес во младинската куќа во Радишани учествуваа и кошаркарите Војдан Стојановски и Дамјан Робев од националната кошаркарска репрезентација кои се дружеа со младинците згрижени во СОС Детско село и разговараа за тоа како се станува успешен спортист. Младинците добија потпишани кошаркарски топки и дресови, а беа поканети да присуствуваат на претстојните репрезентативни натпревари кои ќе се одиграат во Скопје. ОКТА е главен спонзор на националната кошаркарска репрезентација во претквалификациите за Олимписките игри 2024 и во квалификациите за Евробаскет 2025.

The post Донација на ОКТА за топол дом на младинците од СОС Детско село appeared first on Република.

Васко Тодоров работи како воспитувач во младинската куќа на СОС Детско село https://republika.mk/zivot/semejstvo/vasko-todorov-raboti-kako-vospituvach-vo-mladinskata-kuka-na-sos-detsko-selo/ Tue, 09 Jan 2024 09:05:14 +0000 https://republika.mk/?p=731026

Еден од воспитувачите во младинската куќа на СОС детското село во Бардовци, една од 4-те куќи во Скопе каде тинеџерските години ги минуваат 7 деца на возраст од 14 до 18 години под закрила на своите згрижувачи и воспитувачи, е Васко Тодоров за јавноста најпознат по ликот на Тошо Малерот од К-15.

Во божикната сторија за оваа куча на „Канал 5“, Тодоров вели дека социологијата, комедијата и грижата за некого имаат нешто заедничко, а тоа е разбирањето на однесувањето, мислите и чувствата на луѓето. Вели дека иако оваа работа носи свои предизвици, тој целосно се пронаоѓа во неа. Младинската куќа ја чувствува како свој дом, а најголемо задоволство му претставува сведоштвото за тоа како младите прераснуваат во зрели луѓе со вистински вредности.

Цело време работам како воспитувач и тов што сум го работел има воспитна димензија. К-15 конкретно е најголемиот социолошки проект што е направен во Македонија, постоеше 20 години. Јас кога влегов овде веднаш се заљубив затоа што тоа ми лежи, тоа ми е професија. Не е едноставно, меѓутоа ако jа сакаш оваа професија нема поубаво од тоа. Посебно резултатите кога ке пораснат тие деца, вели Тодоров.

https://youtu.be/y0hqDT1UNYY?si=BJmK7emZY_99BPb-

The post Васко Тодоров работи како воспитувач во младинската куќа на СОС Детско село appeared first on Република.

]]>

Еден од воспитувачите во младинската куќа на СОС детското село во Бардовци, една од 4-те куќи во Скопе каде тинеџерските години ги минуваат 7 деца на возраст од 14 до 18 години под закрила на своите згрижувачи и воспитувачи, е Васко Тодоров за јавноста најпознат по ликот на Тошо Малерот од К-15. Во божикната сторија за оваа куча на „Канал 5“, Тодоров вели дека социологијата, комедијата и грижата за некого имаат нешто заедничко, а тоа е разбирањето на однесувањето, мислите и чувствата на луѓето. Вели дека иако оваа работа носи свои предизвици, тој целосно се пронаоѓа во неа. Младинската куќа ја чувствува како свој дом, а најголемо задоволство му претставува сведоштвото за тоа како младите прераснуваат во зрели луѓе со вистински вредности.
Цело време работам како воспитувач и тов што сум го работел има воспитна димензија. К-15 конкретно е најголемиот социолошки проект што е направен во Македонија, постоеше 20 години. Јас кога влегов овде веднаш се заљубив затоа што тоа ми лежи, тоа ми е професија. Не е едноставно, меѓутоа ако jа сакаш оваа професија нема поубаво од тоа. Посебно резултатите кога ке пораснат тие деца, вели Тодоров.
https://youtu.be/y0hqDT1UNYY?si=BJmK7emZY_99BPb-

The post Васко Тодоров работи како воспитувач во младинската куќа на СОС Детско село appeared first on Република.

]]>
Една година стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детско село https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/edna-godina-strateshko-partnerstvo-na-alkaloid-i-sos-detsko-selo/ Sun, 03 Dec 2023 13:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=718945

„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ – моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.

Во годината кога брендот „Бекутан“ го слави својот 45-годишен јубилеј започна стратешката соработка со СОС Детско село – организација која во моментов води грижа за близу 500 деца и младинци во земјава кои се без родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Во декември 2022 година една од куќите на СОС Детско село, на локалитетот во населба Ченто, беше именувана во „Бекутан куќа“, за која компанијата стана клучен помагател и главен поддржувач, притоа градејќи искрени релации меѓу згрижувачкото семејство и вработените во „Алкалоид“ АД Скопје. Во рамките на јубилејниот проект, компанијата издвои преку 2 милиони денари наменети за секојдневно непречено функционирање на Куќата и на активностите поврзани со работењето на организацијата и на негувателите.

„Во декември минатата година, во пресрет на нашиот јубилеј – 45 години од постоењето на детскиот бренд ’Бекутан’ – започнавме со таканареченото кумство, т. е., во соработка со СОС Детско село, водиме грижа за пет дечиња на возраст од пет до тринаесет години и за сето она што е потребно околу нивното живеење таму. Во текот на годината се издвојуваше одреден процент од продажбите на нашата детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари, кои ќе му бидат донирани на СОС Детско село. Нашата соработка ќе продолжи и во текот на претстојната календарска година”, изјави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид” АД Скопје.

Јулијана Накова-Гапо, национален директор на СОС Детско село, истакнувајќи ја својата благодарност за оваа соработка и потенцирајќи ја важноста на донаторската помош за децата згрижени во овој локалитет, изјави: „’Алкалоид’ како стратешки партнер на СОС Детско село веќе една година ја поддржува нашата кауза за помош на деца без родителска грижа преку најголемиот македонски бренд ’Бекутан’ и преку кумството на една куќа во СОС Детско село. Влијанието од поддршката на ’Алкалоид’ оди подалеку од финансиската помош – овозможува стабилност и развој. Му благодариме на донаторот за посветеноста на нашата кауза.“

Како дел од партнерството, освен финансиското олеснување на тековните трошоци, дополнително се обезбеди и континуирана едукативна поддршка за децата и се придонесе да се олесни пристапот до професионално советување и до третмани за совладување на развојните предизвици на децата во семејството.

Во рамките на СОС детското село беше прославен и првиот јубилеј на оваа хумана соработка преку изложба на цртежи, кои специјално за пригодата ги нацртаа дечињата од СОС Детско село, на тема „Љубов е...“, при што секој цртеж ќе биде награден од „Бекутан“, затоа што секое од децата е победник во мисијата наречена љубов! Сите прекрасни цртежи на дечињата ќе бидат претставени во дел од идните кампањи на компанијата „Алкалоид“ поврзани со детската колекција „Бекутан“.

СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и од разни форми на партнерства. Секој може да донира, а донираните средства се користат исклучиво за потребите на згрижените деца. Линкот за донации е: https://sos.org.mk/doniraj-33/.

Комерцијален текст

The post Една година стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детско село appeared first on Република.

]]>

„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ – моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации. Во годината кога брендот „Бекутан“ го слави својот 45-годишен јубилеј започна стратешката соработка со СОС Детско село – организација која во моментов води грижа за близу 500 деца и младинци во земјава кои се без родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Во декември 2022 година една од куќите на СОС Детско село, на локалитетот во населба Ченто, беше именувана во „Бекутан куќа“, за која компанијата стана клучен помагател и главен поддржувач, притоа градејќи искрени релации меѓу згрижувачкото семејство и вработените во „Алкалоид“ АД Скопје. Во рамките на јубилејниот проект, компанијата издвои преку 2 милиони денари наменети за секојдневно непречено функционирање на Куќата и на активностите поврзани со работењето на организацијата и на негувателите. „Во декември минатата година, во пресрет на нашиот јубилеј – 45 години од постоењето на детскиот бренд ’Бекутан’ – започнавме со таканареченото кумство, т. е., во соработка со СОС Детско село, водиме грижа за пет дечиња на возраст од пет до тринаесет години и за сето она што е потребно околу нивното живеење таму. Во текот на годината се издвојуваше одреден процент од продажбите на нашата детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари, кои ќе му бидат донирани на СОС Детско село. Нашата соработка ќе продолжи и во текот на претстојната календарска година”, изјави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид” АД Скопје. Јулијана Накова-Гапо, национален директор на СОС Детско село, истакнувајќи ја својата благодарност за оваа соработка и потенцирајќи ја важноста на донаторската помош за децата згрижени во овој локалитет, изјави: „’Алкалоид’ како стратешки партнер на СОС Детско село веќе една година ја поддржува нашата кауза за помош на деца без родителска грижа преку најголемиот македонски бренд ’Бекутан’ и преку кумството на една куќа во СОС Детско село. Влијанието од поддршката на ’Алкалоид’ оди подалеку од финансиската помош – овозможува стабилност и развој. Му благодариме на донаторот за посветеноста на нашата кауза.“ Како дел од партнерството, освен финансиското олеснување на тековните трошоци, дополнително се обезбеди и континуирана едукативна поддршка за децата и се придонесе да се олесни пристапот до професионално советување и до третмани за совладување на развојните предизвици на децата во семејството. Во рамките на СОС детското село беше прославен и првиот јубилеј на оваа хумана соработка преку изложба на цртежи, кои специјално за пригодата ги нацртаа дечињата од СОС Детско село, на тема „Љубов е...“, при што секој цртеж ќе биде награден од „Бекутан“, затоа што секое од децата е победник во мисијата наречена љубов! Сите прекрасни цртежи на дечињата ќе бидат претставени во дел од идните кампањи на компанијата „Алкалоид“ поврзани со детската колекција „Бекутан“. СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и од разни форми на партнерства. Секој може да донира, а донираните средства се користат исклучиво за потребите на згрижените деца. Линкот за донации е: https://sos.org.mk/doniraj-33/. Комерцијален текст

The post Една година стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детско село appeared first on Република.

]]>
Тројца малолетници избегале од СОС Детско Село https://republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-maloletnitsi-izbegale-od-sos-detsko-selo/ Tue, 17 Oct 2023 18:27:10 +0000 https://republika.mk/?p=692264

На 16.10.2023 околу 03:30 часот во СВР Скопје од СОС Детско Село било пријавено дека од установата се оддалечиле нивните штитеници Л.З.(17) и Џ.Д.(16) и М.П. (16).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

The post Тројца малолетници избегале од СОС Детско Село appeared first on Република.

]]>

На 16.10.2023 околу 03:30 часот во СВР Скопје од СОС Детско Село било пријавено дека од установата се оддалечиле нивните штитеници Л.З.(17) и Џ.Д.(16) и М.П. (16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

The post Тројца малолетници избегале од СОС Детско Село appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот Стефковски во велигденска посета на СОС Детско село https://republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnikot-stefkovski-vo-veligdenska-poseta-na-sos-detsko-selo/ Thu, 13 Apr 2023 12:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=630581

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес беше во велигденска посета на СОС Детско село.

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

За мене беше посебно задоволство да бидам денес заедно со дечињата од СОС Детското село согласно традиција на Велики четврток да го украсиме велигденските јајца. Посебно е чувството кај мене што со денешната посета бев причината за среќа кај тие дечиња кои за жал останале без родителска грижа.

На дечињата им подарив велигденски подароци и им посакав добро здравје, многу среќа и успех. Општина Гази Баба негува пријателски однос со СОС Детско село преку реализација на заеднички проекти и тоа ќе продолжи така и во иднина, напиша Стефковски.

The post Градоначалникот Стефковски во велигденска посета на СОС Детско село appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес беше во велигденска посета на СОС Детско село. За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
За мене беше посебно задоволство да бидам денес заедно со дечињата од СОС Детското село согласно традиција на Велики четврток да го украсиме велигденските јајца. Посебно е чувството кај мене што со денешната посета бев причината за среќа кај тие дечиња кои за жал останале без родителска грижа. На дечињата им подарив велигденски подароци и им посакав добро здравје, многу среќа и успех. Општина Гази Баба негува пријателски однос со СОС Детско село преку реализација на заеднички проекти и тоа ќе продолжи така и во иднина, напиша Стефковски.  

The post Градоначалникот Стефковски во велигденска посета на СОС Детско село appeared first on Република.

]]>
Maж и жена киднапирале девојче од СОС Детското село https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-i-zhena-kidnapirale-devojche-od-sos-detskoto-selo/ Sun, 02 Apr 2023 15:51:11 +0000 https://republika.mk/?p=626319

Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишиле од слобода Г.А., постапувајќи по пријава примена вчеравечер од страна на вработена во СОС Детско село на подрачјето на Гази Баба, според која тој и женско лице А.З. од кругот на установата земале малолетничка, лице со здравствени проблеми.

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, Г.А. бил пронајден, приведен и задржан, додека за А.З. е распишан централен распис, а малолетничката е вратена во установата.

Известен е Центарот за социјални работи Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Maж и жена киднапирале девојче од СОС Детското село appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишиле од слобода Г.А., постапувајќи по пријава примена вчеравечер од страна на вработена во СОС Детско село на подрачјето на Гази Баба, според која тој и женско лице А.З. од кругот на установата земале малолетничка, лице со здравствени проблеми. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, Г.А. бил пронајден, приведен и задржан, додека за А.З. е распишан централен распис, а малолетничката е вратена во установата. Известен е Центарот за социјални работи Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Maж и жена киднапирале девојче од СОС Детското село appeared first on Република.

]]>
Сопругата на претседателот: Сите сме дел од едно семејство и тука сме еден за друг и во добро и во лошо https://republika.mk/vesti/makedonija/soprugata-na-pretsedatelot-site-sme-del-od-edno-semejstvo-i-tuka-sme-eden-za-drug-i-vo-dobro-i-vo-losho/ Sat, 11 Mar 2023 09:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=618416

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на настанот „Едно семејство“, што се одржа под нејзино покровителство, а во организација на СОС Детско село, со кој Детско село им оддава признание на пријателите, донаторите и на поддржувачите на оваа организација.

Грижејќи се за деца во ризик и нивна поддршка, преку семеен модел за алтернативна грижа за деца и реализирање програми за социјална превенција, СОС Детско село е значајна алка во нашето општество, пружајќи дом и топлина за секое дете кое е дел од ова семејство, порача сопругата на претседателот.

Таа ја поздрави улогата на корпоративниот сектор и на поединци со чија поддршка СОС Детско село долги години успешно ја врши својата основна функција и претставува пример во нашето општество.

Верувам дека денешниов настан ќе биде инспирација и мотив и понатаму да помагаме, подаруваме и подржуваме. Тоа не секогаш мора да биде финансиска или материјална поддршка. Доволно е и да го даруваме нашето време, нашата љубов, да посветиме внимание и да се грижиме за сите на кои им е потребна помош, истакна Ѓоргиевска.

Таа додаде дека без разлика на сите кризи, искушенија, проблеми, не треба да ја загубиме човечноста и треба да ги зачуваме надежта и вербата, да бидеме оптимисти и да шириме позитивна енергија дарувајќи љубов затоа што, како што рече, сите сме дел од едно семејство и треба да сме тука еден за друг и во добро и во лошо.

Покрај доделувањето на признанија на дваесетина компании и организации и дваесетина индивидуалци за нивната поддршка, на настанот беа претставени и постигнувањата и корпоративните активности на СОС Детско село во изминатата година, а беше изведен и перформанс од балетското студио Балерина.

The post Сопругата на претседателот: Сите сме дел од едно семејство и тука сме еден за друг и во добро и во лошо appeared first on Република.

]]>

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на настанот „Едно семејство“, што се одржа под нејзино покровителство, а во организација на СОС Детско село, со кој Детско село им оддава признание на пријателите, донаторите и на поддржувачите на оваа организација.
Грижејќи се за деца во ризик и нивна поддршка, преку семеен модел за алтернативна грижа за деца и реализирање програми за социјална превенција, СОС Детско село е значајна алка во нашето општество, пружајќи дом и топлина за секое дете кое е дел од ова семејство, порача сопругата на претседателот.
Таа ја поздрави улогата на корпоративниот сектор и на поединци со чија поддршка СОС Детско село долги години успешно ја врши својата основна функција и претставува пример во нашето општество.
Верувам дека денешниов настан ќе биде инспирација и мотив и понатаму да помагаме, подаруваме и подржуваме. Тоа не секогаш мора да биде финансиска или материјална поддршка. Доволно е и да го даруваме нашето време, нашата љубов, да посветиме внимание и да се грижиме за сите на кои им е потребна помош, истакна Ѓоргиевска.
Таа додаде дека без разлика на сите кризи, искушенија, проблеми, не треба да ја загубиме човечноста и треба да ги зачуваме надежта и вербата, да бидеме оптимисти и да шириме позитивна енергија дарувајќи љубов затоа што, како што рече, сите сме дел од едно семејство и треба да сме тука еден за друг и во добро и во лошо. Покрај доделувањето на признанија на дваесетина компании и организации и дваесетина индивидуалци за нивната поддршка, на настанот беа претставени и постигнувањата и корпоративните активности на СОС Детско село во изминатата година, а беше изведен и перформанс од балетското студио Балерина.

The post Сопругата на претседателот: Сите сме дел од едно семејство и тука сме еден за друг и во добро и во лошо appeared first on Република.

]]>
Доделени признанија за донаторите и поддржувачи на СОС Детско село https://republika.mk/vesti/makedonija/dodeleni-priznanija-za-donatorite-i-poddrzhuvachi-na-sos-detsko-selo/ Fri, 10 Mar 2023 22:15:53 +0000 https://republika.mk/?p=618326

СОС Детско село, на Годишен настан, додели признанија на корпоративни донатори и поддржувачи на работата на оваа организација за 2022 година, под покровителство на сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска.

Добитници на статуетка за најголеми корпоративни донатори во 2022 година се Нептун Македонија, Македонија Осигурување Vienna Insurance Group, Алкалоид АД Скопје, Пивара Скопје, Флекс кредит.

Додека, статуетка за најголеми партнери за поттикнување на донаторството се Веро маркети, ЈП Водовод и канализација-Скопје и Ракометната федерација на Македонија.

Статуетка за најголеми донатори за донации во добра во 2022 година добија Microsoft Македонија, Гранит АД Скопје и Охрид АД Скопје.

Од СОС Детско село плакети за значаен придонес и поддршка во 2022 година година добија – „Пакомак“, НЛБ Банка АД Скопје, Шпаркасе банка АД Скопје, „Лимак холдинг“, Иуте кредит“, Халкбанк АД Скопје, А1 Македонија и „Гранит“ АД Скопје.

За значаен придонес и поддршка, СОС Детско село и додели благодарница на австрискиот амбасадор Георг Вуцас.

The post Доделени признанија за донаторите и поддржувачи на СОС Детско село appeared first on Република.

]]>

СОС Детско село, на Годишен настан, додели признанија на корпоративни донатори и поддржувачи на работата на оваа организација за 2022 година, под покровителство на сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска. Добитници на статуетка за најголеми корпоративни донатори во 2022 година се Нептун Македонија, Македонија Осигурување Vienna Insurance Group, Алкалоид АД Скопје, Пивара Скопје, Флекс кредит. Додека, статуетка за најголеми партнери за поттикнување на донаторството се Веро маркети, ЈП Водовод и канализација-Скопје и Ракометната федерација на Македонија. Статуетка за најголеми донатори за донации во добра во 2022 година добија Microsoft Македонија, Гранит АД Скопје и Охрид АД Скопје. Од СОС Детско село плакети за значаен придонес и поддршка во 2022 година година добија – „Пакомак“, НЛБ Банка АД Скопје, Шпаркасе банка АД Скопје, „Лимак холдинг“, Иуте кредит“, Халкбанк АД Скопје, А1 Македонија и „Гранит“ АД Скопје. За значаен придонес и поддршка, СОС Детско село и додели благодарница на австрискиот амбасадор Георг Вуцас.

The post Доделени признанија за донаторите и поддржувачи на СОС Детско село appeared first on Република.

]]>
Секоја донација е важна за квалитетна грижа за 460 деца од СОС Детско село https://republika.mk/zivot/sekoja-donatsija-e-vazhna-za-kvalitetna-grizha-za-460-detsa-od-sos-detsko-selo/ Fri, 10 Feb 2023 09:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=607316

СОС детско село има нов стратешки партнер. Од секој уплатен аранжман ќе бидат донирани средства во СОС Детско село за децата кои се згрижени во оваа организација да имаат поквалитетен живот, потенцираа од Агенцијата ЈК Травел кои официјално го потпишаа договорот со СОС Детско село за кампањата „Ти летуваш, ЈК Травел донира“ која ќе трае до 22 јуни 2023 година.

Секоја донација за нас е важна и потребна за обезбедување на квалитетна грижа и поддршка за 460 деца кои мометално се со подршка од СОС Детско село. Партнерството и соработката со ЈК Травел  е  показател за агенција со визија за општествена одговорност, така што сите средства ќе бидат  наменети за потребите на децата, а сите одвоени средства со купувањето на летен аранжман во Агенцијата, кај нас менува животи, вели Рахела Евтимова, експерт за коорпоративни партнерства од СОС Детско село.

Кампањата ќе трае до 22 јуни годинава, а ЈК Травел планира да организира тим билдинг заедно за вработените и со децата, ќе засадуваат дрвја и ред други активности,  бидејќи според нив секој детски сон заслужва да се оствари.

Навистина сме среќни како туристичка агенција што започнавме со кампањата и години наназад сме општествено одговорни. Токму со оваа кампања сакаме да бидеме пример и за останатите компании секогаш да им даваме поддршка на оние кои им е најпотребно. Со кампањата сакаме да ги поттикнеме вистинските вредности кај луѓето, колку е важна вистинската грижа за другите, во овој случај поточно грижата на децата и младите без родители и родителска грижа да имаат топол дом, да растат во семејство, да бидат среќни, да имаат среќно и безгрижно детство, така што ајде заедно да го сториме тоа преку „Ти летуваш, ЈК Травел донира“, потенцираше Елизабета Кочева - Косифовска од туристичката агенција ЈК Травел.

СОС Детско село веќе 20 години е посветено на грижа на деца и млади без родители и родителска грижа, од таму и потребата на ЈК Травел се вклучија за да ги поддржат.

The post Секоја донација е важна за квалитетна грижа за 460 деца од СОС Детско село appeared first on Република.

Двајца силувале малолетна штитеничка на СОС Детско село https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajca-siluvale-maloletna-shtitenichka-na-sos-detsko-selo/ Sun, 27 Mar 2022 16:27:27 +0000 https://republika.mk/?p=479399

Денеска (27.03.2022) во 03:00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека била извршена обљуба над 17-годишна штитеничка на СОС – Детско село од страна на Ѓ.Н. и С.С. од с.Кондово, скопско.

Со еден од нив, девојчето претходно била во љубовна врска.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Двајца силувале малолетна штитеничка на СОС Детско село appeared first on Република.

]]>

Денеска (27.03.2022) во 03:00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека била извршена обљуба над 17-годишна штитеничка на СОС – Детско село од страна на Ѓ.Н. и С.С. од с.Кондово, скопско. Со еден од нив, девојчето претходно била во љубовна врска. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Двајца силувале малолетна штитеничка на СОС Детско село appeared first on Република.

]]>
Арсовска: Имаме заедничка определба да создаваме општество каде на секое дете ќе му биде овозможена подеднаква грижа https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-imame-zaednichka-opredelba-da-sozdavame-opshtestvo-kade-na-sekoe-dete-kje-mu-bide-ovozmozena-podednakva-griza/ Fri, 11 Mar 2022 18:43:50 +0000 https://republika.mk/?p=471491

Денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска присуствуваше на годишниот настан за доделување на признание на најголемите поддржувачи на СОС Детско село.

Арсовска во своето обраќање истакна дека Градот Скопје и понатаму ќе дава поддршка на активностите за развој на личните потенцијали и општествените вредности на своите граѓани а особено за најмладите бидејќи грижата за најмладите е грижа за нашата иднина.

Изминатиот период имав прилика да се запознаам со дел згрижувачките семејства кои безрезервно ја даваат својата љубов и грижа со цел децата да ги пребродат сите предизвици кои им се испречуваат на патот. Наша заедничка определба е сите заедно да работиме и да создаваме општество каде секое дете ќе има подеднакво среќа, поддршка,едукација, родителска грижа и љубов.

Градоначалничката Арсовска истакна дека градот Скопје во рамките на неговите можности и понатаму ќе биде партнер и ќе помага за создавање успешни приказни и да се прават промени во општеството.

Во име на Градот Скопје, градоначалничката Арсовска ја прими благодарницата од СОС Детското село за придонесот и поддршката кон работата на оваа организација.

The post Арсовска: Имаме заедничка определба да создаваме општество каде на секое дете ќе му биде овозможена подеднаква грижа appeared first on Република.

]]>

Денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска присуствуваше на годишниот настан за доделување на признание на најголемите поддржувачи на СОС Детско село. Арсовска во своето обраќање истакна дека Градот Скопје и понатаму ќе дава поддршка на активностите за развој на личните потенцијали и општествените вредности на своите граѓани а особено за најмладите бидејќи грижата за најмладите е грижа за нашата иднина.
Изминатиот период имав прилика да се запознаам со дел згрижувачките семејства кои безрезервно ја даваат својата љубов и грижа со цел децата да ги пребродат сите предизвици кои им се испречуваат на патот. Наша заедничка определба е сите заедно да работиме и да создаваме општество каде секое дете ќе има подеднакво среќа, поддршка,едукација, родителска грижа и љубов.
Градоначалничката Арсовска истакна дека градот Скопје во рамките на неговите можности и понатаму ќе биде партнер и ќе помага за создавање успешни приказни и да се прават промени во општеството. Во име на Градот Скопје, градоначалничката Арсовска ја прими благодарницата од СОС Детското село за придонесот и поддршката кон работата на оваа организација.

The post Арсовска: Имаме заедничка определба да создаваме општество каде на секое дете ќе му биде овозможена подеднаква грижа appeared first on Република.

]]>