скијање Archives - Република https://republika.mk/tema/skijanje/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Mar 2024 09:35:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скијање Archives - Република https://republika.mk/tema/skijanje/ 32 32 Македонската скијачка надеж Јана Атанасовска со нов рекорд за македонскиот спорт во Австрија https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskata-skijachka-nadezh-jana-atanasovska-so-nov-rekord-za-makedonskiot-sport-vo-avstrija/ Sat, 16 Mar 2024 09:35:26 +0000 https://republika.mk/?p=755342

Седумнаесетгодишната Јана Атанасовска на вчерашната слаломска трка во скијачкиот центар Веинебене во Австрија го освои 2-то место, со вкупно време од 1:46.94. Овој пласман македонската скијачка надеж во силна конкуренција го оствари со резултат од 37.29 FIS точки, што претставува најдобар резултат во историјата на македонското скијање. Претходниот најдобар резултат од 47.97 FIS точки Јана го постигна пред два месеца.

По првата трка Атанасовска беше прва, со време од 50.55 и со голема предност од 0,71 секунда пред второпласираната, но во втората трка таа одлучи да скија повнимателно и да ја заврши трката за којашто знаеше дека ќе ѝ обезбеди одличен пласман.

Атанасовска во континуитет постигнува одлични резултати, а со неа македонското скијање за првпат има натпреварувачка надеж од која се очекувааат многу нови успеси на европско и светко ниво

The post Македонската скијачка надеж Јана Атанасовска со нов рекорд за македонскиот спорт во Австрија appeared first on Република.

]]>

Седумнаесетгодишната Јана Атанасовска на вчерашната слаломска трка во скијачкиот центар Веинебене во Австрија го освои 2-то место, со вкупно време од 1:46.94. Овој пласман македонската скијачка надеж во силна конкуренција го оствари со резултат од 37.29 FIS точки, што претставува најдобар резултат во историјата на македонското скијање. Претходниот најдобар резултат од 47.97 FIS точки Јана го постигна пред два месеца. По првата трка Атанасовска беше прва, со време од 50.55 и со голема предност од 0,71 секунда пред второпласираната, но во втората трка таа одлучи да скија повнимателно и да ја заврши трката за којашто знаеше дека ќе ѝ обезбеди одличен пласман. Атанасовска во континуитет постигнува одлични резултати, а со неа македонското скијање за првпат има натпреварувачка надеж од која се очекувааат многу нови успеси на европско и светко ниво

The post Македонската скијачка надеж Јана Атанасовска со нов рекорд за македонскиот спорт во Австрија appeared first on Република.

]]>
Шест лица исчезнаа на скијање на швајцарските Алпи https://republika.mk/vesti/svet/shest-litsa-ischeznaa-na-skijane-na-shvajtsarskite-alpi/ Sun, 10 Mar 2024 12:53:53 +0000 https://republika.mk/?p=753316

Шест лица исчезнале за време на скијање на швајцарските Алпи, објавија француските медиуми, повикувајќи се на полицијата.

Таа пријавила дека туристите се исчезнати од вчера. Потрагата по нив е отежната поради многу лошите временски услови во областа во југозападниот швајцарски кантон Вале.

Полицијата не соопштува детали за идентитетот на исчезнатите туристи.

The post Шест лица исчезнаа на скијање на швајцарските Алпи appeared first on Република.

]]>

Шест лица исчезнале за време на скијање на швајцарските Алпи, објавија француските медиуми, повикувајќи се на полицијата. Таа пријавила дека туристите се исчезнати од вчера. Потрагата по нив е отежната поради многу лошите временски услови во областа во југозападниот швајцарски кантон Вале. Полицијата не соопштува детали за идентитетот на исчезнатите туристи.

The post Шест лица исчезнаа на скијање на швајцарските Алпи appeared first on Република.

]]>
Сензационална победа на Французинот Нилс Алегре во супер-Џи во Гармиш-Партенкирхен https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/senzatsionalna-pobeda-na-frantsuzinot-nils-alegre-vo-super-dhi-vo-garmish-partenkirhen/ Sat, 27 Jan 2024 15:49:18 +0000 https://republika.mk/?p=737539

Французинот Нилс Алегре е победник на Светскиот куп во скијање супер-Џи во Гармиш-Партенкирхен, прва победа во неговата кариера. По две четврти места, во спустот во Вал Гардена оваа година и супер-Џи во Гармиш-Партенкирхен во 2021 година, Алегре овојпат успеа да ја освои својата прва победа и да направи големо изненадување.

Со стартен број 18, патеката Кандахар ја симна за 1:11.92 минути, за 18 стотинки подобар од Италијанецот Гуљелмо Боско, за кого ова беше и најдобар резултат во кариерата и прв подиум. Швајцарецот Лоик Мејард беше трет со 0,25 секунди заостанување.

Во генералниот пласман на Светското првенство води Одермат со 1306 бодови, Французинот Сиприен Саразин е втор со 684 бодови, додека Австриецот Мануел Фелер е трет со 559 бодови.

Одермат (290) води во поредокот за супер Џи-слалом, пред Австриецот Винсент Крихмајр (219) и Саразин (174).

 

The post Сензационална победа на Французинот Нилс Алегре во супер-Џи во Гармиш-Партенкирхен appeared first on Република.

]]>

Французинот Нилс Алегре е победник на Светскиот куп во скијање супер-Џи во Гармиш-Партенкирхен, прва победа во неговата кариера. По две четврти места, во спустот во Вал Гардена оваа година и супер-Џи во Гармиш-Партенкирхен во 2021 година, Алегре овојпат успеа да ја освои својата прва победа и да направи големо изненадување. Со стартен број 18, патеката Кандахар ја симна за 1:11.92 минути, за 18 стотинки подобар од Италијанецот Гуљелмо Боско, за кого ова беше и најдобар резултат во кариерата и прв подиум. Швајцарецот Лоик Мејард беше трет со 0,25 секунди заостанување. Во генералниот пласман на Светското првенство води Одермат со 1306 бодови, Французинот Сиприен Саразин е втор со 684 бодови, додека Австриецот Мануел Фелер е трет со 559 бодови. Одермат (290) води во поредокот за супер Џи-слалом, пред Австриецот Винсент Крихмајр (219) и Саразин (174).  

The post Сензационална победа на Французинот Нилс Алегре во супер-Џи во Гармиш-Партенкирхен appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе има бесплатно скијање: Почнува скијачката сезона на Ски-центар „Стрежево” https://republika.mk/zivot/patuvanja/deneska-ke-ima-besplatno-skijane-pochnuva-skijachkata-sezona-na-ski-tsentar-strezhevo/ Sun, 17 Dec 2023 09:25:02 +0000 https://republika.mk/?p=723860

Од денеска почнува скијачката сезона на ски-центарот „Стрежево“ со кој стопанисува истоименото јавно претпријатие.

Според востановената традиција, скијањето на првиот ден е бесплатно за сите посетители на двата ски лифта, а вечер ќе има и ноќно скијање.

Синоќа, со наша механизација и камиони од „Македонија пат“ овозможивме патот да биде прооден и проширен по интензивните снежни врнежи деновиве, а се исчисти и паркинг просторот наменет за посетителите на Ски-центарот Стрежево. Завршивме со уредување и обележување на постојните скијачки патеки, а ќе функционира и редарската служба. Нашиот скијачки центар е целосно екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски - терените, информира Методија Граматковски, генерален директор на ЈП „Стрежево“-Битола.

Ски-центарот „Стрежево“, кој се наоѓа во атарот на Нижо Поле, подготвува богата програма за посетителите во претстојната скијачка сезона.

The post Денеска ќе има бесплатно скијање: Почнува скијачката сезона на Ски-центар „Стрежево” appeared first on Република.

]]>

Од денеска почнува скијачката сезона на ски-центарот „Стрежево“ со кој стопанисува истоименото јавно претпријатие. Според востановената традиција, скијањето на првиот ден е бесплатно за сите посетители на двата ски лифта, а вечер ќе има и ноќно скијање.
Синоќа, со наша механизација и камиони од „Македонија пат“ овозможивме патот да биде прооден и проширен по интензивните снежни врнежи деновиве, а се исчисти и паркинг просторот наменет за посетителите на Ски-центарот Стрежево. Завршивме со уредување и обележување на постојните скијачки патеки, а ќе функционира и редарската служба. Нашиот скијачки центар е целосно екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски - терените, информира Методија Граматковски, генерален директор на ЈП „Стрежево“-Битола.
Ски-центарот „Стрежево“, кој се наоѓа во атарот на Нижо Поле, подготвува богата програма за посетителите во претстојната скијачка сезона.

The post Денеска ќе има бесплатно скијање: Почнува скијачката сезона на Ски-центар „Стрежево” appeared first on Република.

]]>
Почина поранешниот селектор во алпско скијање Иван Лесевски https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pochina-poraneshniot-selektor-vo-alpsko-skijane-ivan-lesevski/ Fri, 08 Sep 2023 13:38:18 +0000 https://republika.mk/?p=679975

Поранешниот селектор во алпско скијање Иван Лесевски почина денеска на 69 години, соопштија од Скијачката федерација на Македонија.

Тој е роден на 11 јануари 1954 година. Дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје. Со повеќе од 40 години активно работење, својот живот го посвети на спортот и ги оствари најдобрите резултати во историјата на македонското скијање.

Во својата долгогодишна кариера, Лесевски беше тренер на јуниорската репрезентација на Југославија, тренер во ски клубот „Работнички“ и тренер на македонската скијачка репрезентација, како и член на раководните структури на Скијачка федерација на Македонија и Сојуз на спортови на Скопје, како и организатор на голем број на спортски настани. Беше учесникк на шест Зимски олимпски игри, како тренер и селектор на алпинците.

За својата работа, делување и успешност, добитник е на многубројни награди: Тренер на годината на град Скопје 2014 година, после остварените успеси на Зимски олимписки игри 2014 во Сочи, 2 пати се закитил со наградата „13 Ноември“ за најдобар тренер, а во 2019 година се стекнува со Награда за животно дело.

Лесевски до последен ден активно работеше и придонесуваше за развојот на скијачките спортови во Македонија.

Скијачка федерација на Македонија изразува сочувство до неговото семејство и искрено жалење за оваа огромна загуба.

 

The post Почина поранешниот селектор во алпско скијање Иван Лесевски appeared first on Република.

]]>

Поранешниот селектор во алпско скијање Иван Лесевски почина денеска на 69 години, соопштија од Скијачката федерација на Македонија. Тој е роден на 11 јануари 1954 година. Дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје. Со повеќе од 40 години активно работење, својот живот го посвети на спортот и ги оствари најдобрите резултати во историјата на македонското скијање. Во својата долгогодишна кариера, Лесевски беше тренер на јуниорската репрезентација на Југославија, тренер во ски клубот „Работнички“ и тренер на македонската скијачка репрезентација, како и член на раководните структури на Скијачка федерација на Македонија и Сојуз на спортови на Скопје, како и организатор на голем број на спортски настани. Беше учесникк на шест Зимски олимпски игри, како тренер и селектор на алпинците. За својата работа, делување и успешност, добитник е на многубројни награди: Тренер на годината на град Скопје 2014 година, после остварените успеси на Зимски олимписки игри 2014 во Сочи, 2 пати се закитил со наградата „13 Ноември“ за најдобар тренер, а во 2019 година се стекнува со Награда за животно дело. Лесевски до последен ден активно работеше и придонесуваше за развојот на скијачките спортови во Македонија. Скијачка федерација на Македонија изразува сочувство до неговото семејство и искрено жалење за оваа огромна загуба.  

The post Почина поранешниот селектор во алпско скијање Иван Лесевски appeared first on Република.

]]>
Виктор Петков повторно на пиедесталот https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/viktor-petkov-povtorno-na-piedestalot/ Sat, 01 Apr 2023 08:56:48 +0000 https://republika.mk/?p=626014

Македонскиот скијачки талент Виктор Петков повторно се искачи на победничкиот пиедестал, овојпат на ФИС трките кои се одржаа минатиот викенд, 25-26 март на Копаоник.

На четирите трки во слалом учестуваа 35 скијачи и скијачки од осум земји.

23-годишниот Петков, кој е член на ски клубот „Сноу спорт“ од Гостивар, ја потврди одличната форма оваа скијачка сезона и се искачи на пиедесталот на две трки, освојувајќи две трети места.

За жал, на другите две трки, во второто возење имаше грешка и испаѓање од добриот пласман, но до крајот на сезоната остануваат уште неколку трки на кои тимот се надева на добри резултати и продолжување на добрата форма.

The post Виктор Петков повторно на пиедесталот appeared first on Република.

]]>

Македонскиот скијачки талент Виктор Петков повторно се искачи на победничкиот пиедестал, овојпат на ФИС трките кои се одржаа минатиот викенд, 25-26 март на Копаоник. На четирите трки во слалом учестуваа 35 скијачи и скијачки од осум земји. 23-годишниот Петков, кој е член на ски клубот „Сноу спорт“ од Гостивар, ја потврди одличната форма оваа скијачка сезона и се искачи на пиедесталот на две трки, освојувајќи две трети места. За жал, на другите две трки, во второто возење имаше грешка и испаѓање од добриот пласман, но до крајот на сезоната остануваат уште неколку трки на кои тимот се надева на добри резултати и продолжување на добрата форма.

The post Виктор Петков повторно на пиедесталот appeared first on Република.

]]>
Македонскиот скијач Виктор Петков освои второ место на меѓународно првенство во Србија https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskiot-skijach-viktor-petkov-osvoi-vtoro-mesto-na-megunarodno-prvenstvo-vo-srbija/ Thu, 23 Mar 2023 16:03:56 +0000 https://republika.mk/?p=622932

Mакедонскиот скијач, Виктор Петков, имаше одличен настап на Државното првенство на Србија, каде што учествуваа скујачи од седум држави.

Петков го освои второто место во дисциплината велеслалом, како и четврто и петто место во двете слалом трки.

Со ваквиот настап во Србија, 23-годишнит Петков, кој е член на ски клубот „Сноу спорт“ од Гостивар, ја потврди одличната форма оваа скијачка сезона, којашто е во својот финиш.

До крајот на сезоната има уште неколку трки, на кои Виктор се надева на добри резултати и продолжување на добрата форма.

The post Македонскиот скијач Виктор Петков освои второ место на меѓународно првенство во Србија appeared first on Република.

]]>

Mакедонскиот скијач, Виктор Петков, имаше одличен настап на Државното првенство на Србија, каде што учествуваа скујачи од седум држави. Петков го освои второто место во дисциплината велеслалом, како и четврто и петто место во двете слалом трки. Со ваквиот настап во Србија, 23-годишнит Петков, кој е член на ски клубот „Сноу спорт“ од Гостивар, ја потврди одличната форма оваа скијачка сезона, којашто е во својот финиш. До крајот на сезоната има уште неколку трки, на кои Виктор се надева на добри резултати и продолжување на добрата форма.

The post Македонскиот скијач Виктор Петков освои второ место на меѓународно првенство во Србија appeared first on Република.

]]>
Се затвараат скијачките центри ширум Европа: Ова се причините https://republika.mk/vesti/svet/se-zatvaraat-skijachkite-tsentri-shirum-evropa-ova-se-prichinite/ Sun, 08 Jan 2023 08:32:42 +0000 https://republika.mk/?p=594546

Недостигот на снег предизвикува загриженост за скијачките центри низ Европа.

Многу од пониските станици се затвораат – поради што многумина се загрижени за краткорочните планови за одмор и долгорочните економски влијанија, особено во планинските региони, јавуваат странските медиуми.

Франција го доживеа своето најтопло време од 1997 година со температури најмалку 7 или 8 степени над нормалата, што доведе до недостаток на снег во планините.

Splügen-Tambo, беше едно од првите одморалишта што беше затворено во понеделникот, според соопштението:

За жал, поради недостаток на снег, обилни врнежи и високи температури, мораме да го затвориме нашиот ски-центар до понатамошно известување. Веќе не можеме да ги подготвуваме патеките бидејќи имаме премногу вода… а снегот не замрзнува на ноќ, се вели во него.

Сè уште не можете да избегате од фактот дека насекаде на Алпите длабочината на снегот е под стандардот во оваа фаза од сезоната, вели еден од директорите на компанијата за скијачки одмори наречена Snov-Vise.

The post Се затвараат скијачките центри ширум Европа: Ова се причините appeared first on Република.

]]>

Недостигот на снег предизвикува загриженост за скијачките центри низ Европа. Многу од пониските станици се затвораат – поради што многумина се загрижени за краткорочните планови за одмор и долгорочните економски влијанија, особено во планинските региони, јавуваат странските медиуми. Франција го доживеа своето најтопло време од 1997 година со температури најмалку 7 или 8 степени над нормалата, што доведе до недостаток на снег во планините. Splügen-Tambo, беше едно од првите одморалишта што беше затворено во понеделникот, според соопштението: За жал, поради недостаток на снег, обилни врнежи и високи температури, мораме да го затвориме нашиот ски-центар до понатамошно известување. Веќе не можеме да ги подготвуваме патеките бидејќи имаме премногу вода… а снегот не замрзнува на ноќ, се вели во него. Сè уште не можете да избегате од фактот дека насекаде на Алпите длабочината на снегот е под стандардот во оваа фаза од сезоната, вели еден од директорите на компанијата за скијачки одмори наречена Snov-Vise.

The post Се затвараат скијачките центри ширум Европа: Ова се причините appeared first on Република.

]]>
Почна ски сезоната, првата трка се возеше во Австрија https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pochna-ski-sezonata-prvata-trka-se-vozeshe-vo-avstrija/ Sun, 23 Oct 2022 13:36:16 +0000 https://republika.mk/?p=564651

Швајцарскиот скијач Марко Одермат победи денеска во првата сезонска велеслаломска трка која во рамки на Светскиот кип се возеше во австрискиот центар Золден.

Одермат, кој минатата сезона го освои големиот Кристален глобус, беше денеска најбрз и по првото возење, а победи со резултат 2:04:72 минути.

Второто место со заостанување од 0.76 стотинки го освои словенечкиот скијач Жан Крањец, додека место на подиумот имаше и за Хенрик Кристоферсон од Норвешка, кој зад Одермат заостана 0.97 стотинки.

Во Золден вчера требаше да се вози и женската трка во велеслалом, која беше одложена поради дожд

The post Почна ски сезоната, првата трка се возеше во Австрија appeared first on Република.

]]>

Швајцарскиот скијач Марко Одермат победи денеска во првата сезонска велеслаломска трка која во рамки на Светскиот кип се возеше во австрискиот центар Золден. Одермат, кој минатата сезона го освои големиот Кристален глобус, беше денеска најбрз и по првото возење, а победи со резултат 2:04:72 минути. Второто место со заостанување од 0.76 стотинки го освои словенечкиот скијач Жан Крањец, додека место на подиумот имаше и за Хенрик Кристоферсон од Норвешка, кој зад Одермат заостана 0.97 стотинки. Во Золден вчера требаше да се вози и женската трка во велеслалом, која беше одложена поради дожд

The post Почна ски сезоната, првата трка се возеше во Австрија appeared first on Република.

]]>
ФИС ја продолжи суспензијата за руските и белоруските спортисти https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/fis-ja-prodolzi-suspenzijata-za-ruskite-i-beloruskite-sportisti/ Sun, 23 Oct 2022 13:33:59 +0000 https://republika.mk/?p=564650

Меѓународната скијачка федерација (ФИС) донесе одлука да ја задржи на сила суспензијата за руските и белоруските спортисти за сите свои натпреварувања.

„Во интерес на зачувување на интегритетот на натпреварувањата на ФИС и безбедноста на сите учесници, а во согласност со препораките на МОК, Извршниот одбор одлучи да ја задржи забраната за настап на руските и белоруските спортисти на сите натпреварувања“, соопшти ФИС по состанокот во Золден.

ФИС во март годинава, по руската инвазија врз Украина, воведе суспензија за сезоната 2021/22, која сега е продолжена и на новата сезона.

Одлуката најмногу е влијае на натпреварувањата во нордиско скијање, дисциплина во која руските натпреварувачи освоија речиси третина од сите медали на последните Зимски олимписки игри во Пекинг.

-Ќе се вратам. Сите мораме да се вратиме, напиша на социјалните мрежи, коментирајќи ја одлуката на ФИС, руската скијачка Вероника Степ

The post ФИС ја продолжи суспензијата за руските и белоруските спортисти appeared first on Република.

]]>

Меѓународната скијачка федерација (ФИС) донесе одлука да ја задржи на сила суспензијата за руските и белоруските спортисти за сите свои натпреварувања.
„Во интерес на зачувување на интегритетот на натпреварувањата на ФИС и безбедноста на сите учесници, а во согласност со препораките на МОК, Извршниот одбор одлучи да ја задржи забраната за настап на руските и белоруските спортисти на сите натпреварувања“, соопшти ФИС по состанокот во Золден.
ФИС во март годинава, по руската инвазија врз Украина, воведе суспензија за сезоната 2021/22, која сега е продолжена и на новата сезона. Одлуката најмногу е влијае на натпреварувањата во нордиско скијање, дисциплина во која руските натпреварувачи освоија речиси третина од сите медали на последните Зимски олимписки игри во Пекинг. -Ќе се вратам. Сите мораме да се вратиме, напиша на социјалните мрежи, коментирајќи ја одлуката на ФИС, руската скијачка Вероника Степ

The post ФИС ја продолжи суспензијата за руските и белоруските спортисти appeared first on Република.

]]>
Златен медал за Македонија на ЕУРОБАЛКАН КУП https://republika.mk/vesti/zlaten-medal-za-makedonija-na-eurobalkan-kup-2/ Wed, 30 Mar 2022 08:07:48 +0000 https://republika.mk/?p=480664

Од 22-24 март на Копаоник во Србија се одрза скијачкиот ЕУРОБАЛКАН КУП на кој учествуваа и македонски натпреварувачи во состав Виктор Петков, Влатко Анастасоски и помладиот Петков - Владимир.

Одличната форма и предходните добри резултати ги потврди со златен медал, Виктор Петков кој во слалом на ЕУРОБАЛКАН КУП го освои златниот медал.

Уште првиот ден, во дисциплината велеслалом, Виктор Петков го освои второто место, а останатите дваца преставници ги постигнаа најдобрите лични ФИС точки.

И на вториот натпревар во слалом на Државното првенство на Србија, Виктор Петков го освои и вториот сребрен медал. Во оваа натпреварувачка сезона, Виктор Петков, од дваесет и девет стартувања на ФИС натпревари дури десет пати освојуваше пласман на пиедесталот.

The post Златен медал за Македонија на ЕУРОБАЛКАН КУП appeared first on Република.

]]>

Од 22-24 март на Копаоник во Србија се одрза скијачкиот ЕУРОБАЛКАН КУП на кој учествуваа и македонски натпреварувачи во состав Виктор Петков, Влатко Анастасоски и помладиот Петков - Владимир. Одличната форма и предходните добри резултати ги потврди со златен медал, Виктор Петков кој во слалом на ЕУРОБАЛКАН КУП го освои златниот медал. Уште првиот ден, во дисциплината велеслалом, Виктор Петков го освои второто место, а останатите дваца преставници ги постигнаа најдобрите лични ФИС точки. И на вториот натпревар во слалом на Државното првенство на Србија, Виктор Петков го освои и вториот сребрен медал. Во оваа натпреварувачка сезона, Виктор Петков, од дваесет и девет стартувања на ФИС натпревари дури десет пати освојуваше пласман на пиедесталот.

The post Златен медал за Македонија на ЕУРОБАЛКАН КУП appeared first on Република.

]]>
Златен медал за Македонија на Евробалкан куп https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zlaten-medal-za-makedonija-na-eurobalkan-kup/ Wed, 30 Mar 2022 08:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=480667

Од 22 до 24 март на Копаоник се одржа Евробалкан куп, на кој учествуваа нашите натпреварувачи Виктор Петков, Влатко Анастасоски и Владимир Петков.

Одличната форма и претходните резултати Виктор Петков ги потврди со златен медал во слалом.

Уште во првиот натпреварувачки ден Виктор Петков го освои второто место во велеслалом, а Анастасоски и Владимир Петков ги постигнаа најдобрите лични ФИС точки.

И на вториот натпревар во слалом на Државното првенство на Србија Виктор Петков го освои и вториот сребрен медал.

Во оваа натпреварувачка сезона од дваесет и девет стартувања на ФИС натпревари Виктор Петков дури десет пати освојуваше пиедестал.

Претходно, истата тројка настапи и на ФИС натпревари и државни првенства во слалом и велеслалом во скијачкиот центар Колашин во Црна Гора. Во конкуренција на натпреварувачи од Словенија, Хрватска, Полска, САД, Кипар, Србија, БиХ, Косово, Црна Гора и Македонија Петков петпати се качуваше на пиедесталот и од шесте натпревари, петпати го освојуваше третото место.

https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pet-skijachki-medali-za-makedonija-na-fis-natprevari-vo-crna-gora/

The post Златен медал за Македонија на Евробалкан куп appeared first on Република.

]]>

Од 22 до 24 март на Копаоник се одржа Евробалкан куп, на кој учествуваа нашите натпреварувачи Виктор Петков, Влатко Анастасоски и Владимир Петков. Одличната форма и претходните резултати Виктор Петков ги потврди со златен медал во слалом. Уште во првиот натпреварувачки ден Виктор Петков го освои второто место во велеслалом, а Анастасоски и Владимир Петков ги постигнаа најдобрите лични ФИС точки. И на вториот натпревар во слалом на Државното првенство на Србија Виктор Петков го освои и вториот сребрен медал. Во оваа натпреварувачка сезона од дваесет и девет стартувања на ФИС натпревари Виктор Петков дури десет пати освојуваше пиедестал. Претходно, истата тројка настапи и на ФИС натпревари и државни првенства во слалом и велеслалом во скијачкиот центар Колашин во Црна Гора. Во конкуренција на натпреварувачи од Словенија, Хрватска, Полска, САД, Кипар, Србија, БиХ, Косово, Црна Гора и Македонија Петков петпати се качуваше на пиедесталот и од шесте натпревари, петпати го освојуваше третото место. https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pet-skijachki-medali-za-makedonija-na-fis-natprevari-vo-crna-gora/

The post Златен медал за Македонија на Евробалкан куп appeared first on Република.

]]>
Пет скијачки медали за Македонија на ФИС натпревари во Црна Гора https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pet-skijachki-medali-za-makedonija-na-fis-natprevari-vo-crna-gora/ Tue, 22 Mar 2022 10:45:28 +0000 https://republika.mk/?p=476528

Минатата недела во скијачкиот центар Колашин во Црна Гора, беа одржани ФИС натпревари и Државни првенства во слалом и велеслалом. Учествуваа тимови од Словенија, Хрватска, Полска, САД, Кипар, Србија, БиХ, Косово, Црна Гора и Македонија.

Одржани беа четири натпревари во слалом и два натпревари во велеслалом. Македонската екипа ја сочинуваа Виктор Петков, Влатко Анастасоски, Владимир Петков.

Добар настап и одлични пласмани оствари Виктор Петков кој петпати се качуваше на пиедесталот и од шесте натпревари, петпати го освојуваше третото место, иако на два натпревари по првото возење беше на првата позиција.

Сепак, петте бронзени медали се одличен резултат за Македонија.

The post Пет скијачки медали за Македонија на ФИС натпревари во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Минатата недела во скијачкиот центар Колашин во Црна Гора, беа одржани ФИС натпревари и Државни првенства во слалом и велеслалом. Учествуваа тимови од Словенија, Хрватска, Полска, САД, Кипар, Србија, БиХ, Косово, Црна Гора и Македонија. Одржани беа четири натпревари во слалом и два натпревари во велеслалом. Македонската екипа ја сочинуваа Виктор Петков, Влатко Анастасоски, Владимир Петков. Добар настап и одлични пласмани оствари Виктор Петков кој петпати се качуваше на пиедесталот и од шесте натпревари, петпати го освојуваше третото место, иако на два натпревари по првото возење беше на првата позиција. Сепак, петте бронзени медали се одличен резултат за Македонија.

The post Пет скијачки медали за Македонија на ФИС натпревари во Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Антонио Ристевски му врати на Циговски: Каков е тој синдром, да го мразиш успехот на репрезентативците https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/antonio-ristevski-mu-vrati-na-cigovski-kakov-e-toj-sindrom-da-go-mrazish-uspehot-na-reprezentativcite/ Mon, 14 Feb 2022 11:37:19 +0000 https://republika.mk/?p=458306

Антонио Ристевски, тренерот на македонскиот скијач и олимпиец Дардан Дехари му одговори на претседаттелот на  Скијачката федерација на Македонија Огњан Циговски кој го прозва зошто не се појавува на работа. Минатата недела поранешниот македонски скијач се пожали дека од федерацијата му бараат да поднесе оправдание зошто не е на работа, додека тој како тренер на Дардан Дехари се наоѓа на ЗОИ во Пекинг.

Следуваше одговор од претседателот на федерацијата Циговски, по што Ристевски се пронајде како повикан да му возврати, велејќи дека не може да поверува на синдромот да го мразиш успехот на репрезентативците.

Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на Ристевски.

Почитувана јавност, принуден сум на ваков начин да се бранам од клеветите на самопрогласеното водство на СФМ. Многу е тешко да се брани спортот од приучени личности кои немаат допирна точка со тренажен процес и исполнување спортски норми за учество на светски ски натпревари. Недозволиво е Циговски да ги девалвира спортските успеси на македонските репрезентативци. Ај што речиси 1 година не ни прашал каде се и што им треба, па уште и ги навредува и ги нарекува неспособни. Македонија е мала земја која се бори за свое место под олимпискиот оган. Делењето на “мои” и “туѓи” скијачи е уништување на спортот со умисла. Еве ги фактите! Најдобрите наши скијачи во моментов, A-репрезентацијата ,заедно со мене како тренер, во последнава сезона до сега имаме реализирано повеќе од 160 активни денови на физички потготовки, 90 дена на снег со повеќе од 120 дена поминати надвор од Државата. Учествувавме на 22 FIS меѓународни натпревари, од кои 8 во Италија, 2 во Франција, 4 во БИХ и 8 во Црна Гора. Постигнавме одлични резултати и повторно ја исполнивме нормата за алпската А репрезентација на СФМ и олимписката норма за учество на ЗОИ во Пекинг. Сето ова го сторивме со НУЛА денари помош од СФМ! На официјалната интернет страна на FIS лесно се проверуваат резултатите. Јас сум подготвен да преземам одговорност за овој учинок, но клучната дилема е дали Циговски е подготвен да преземе одговорност за своето поведение. Македонскиот спорт видел се’ и сешто изминативе 30 години. За да си на чело на било која спортска федерација треба да го сакаш спортот, да обединуваш и да си спремен да даваш, а не да мислиш само на земање. Каков е тој синдром, да го мразиш успехот на репрезентативците само заради тоа што знаат колку си неспособен? Ние спортистите сме издржале многу, ќе ги издржиме и овие сегашниве залутани епизодисти во спортското скијање. Порано или подоцна вистината секогаш победува, стои во соопштението на Ристевски.

The post Антонио Ристевски му врати на Циговски: Каков е тој синдром, да го мразиш успехот на репрезентативците appeared first on Република.

]]>

Антонио Ристевски, тренерот на македонскиот скијач и олимпиец Дардан Дехари му одговори на претседаттелот на  Скијачката федерација на Македонија Огњан Циговски кој го прозва зошто не се појавува на работа. Минатата недела поранешниот македонски скијач се пожали дека од федерацијата му бараат да поднесе оправдание зошто не е на работа, додека тој како тренер на Дардан Дехари се наоѓа на ЗОИ во Пекинг. Следуваше одговор од претседателот на федерацијата Циговски, по што Ристевски се пронајде како повикан да му возврати, велејќи дека не може да поверува на синдромот да го мразиш успехот на репрезентативците. Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на Ристевски.
Почитувана јавност, принуден сум на ваков начин да се бранам од клеветите на самопрогласеното водство на СФМ. Многу е тешко да се брани спортот од приучени личности кои немаат допирна точка со тренажен процес и исполнување спортски норми за учество на светски ски натпревари. Недозволиво е Циговски да ги девалвира спортските успеси на македонските репрезентативци. Ај што речиси 1 година не ни прашал каде се и што им треба, па уште и ги навредува и ги нарекува неспособни. Македонија е мала земја која се бори за свое место под олимпискиот оган. Делењето на “мои” и “туѓи” скијачи е уништување на спортот со умисла. Еве ги фактите! Најдобрите наши скијачи во моментов, A-репрезентацијата ,заедно со мене како тренер, во последнава сезона до сега имаме реализирано повеќе од 160 активни денови на физички потготовки, 90 дена на снег со повеќе од 120 дена поминати надвор од Државата. Учествувавме на 22 FIS меѓународни натпревари, од кои 8 во Италија, 2 во Франција, 4 во БИХ и 8 во Црна Гора. Постигнавме одлични резултати и повторно ја исполнивме нормата за алпската А репрезентација на СФМ и олимписката норма за учество на ЗОИ во Пекинг. Сето ова го сторивме со НУЛА денари помош од СФМ! На официјалната интернет страна на FIS лесно се проверуваат резултатите. Јас сум подготвен да преземам одговорност за овој учинок, но клучната дилема е дали Циговски е подготвен да преземе одговорност за своето поведение. Македонскиот спорт видел се’ и сешто изминативе 30 години. За да си на чело на било која спортска федерација треба да го сакаш спортот, да обединуваш и да си спремен да даваш, а не да мислиш само на земање. Каков е тој синдром, да го мразиш успехот на репрезентативците само заради тоа што знаат колку си неспособен? Ние спортистите сме издржале многу, ќе ги издржиме и овие сегашниве залутани епизодисти во спортското скијање. Порано или подоцна вистината секогаш победува, стои во соопштението на Ристевски.

The post Антонио Ристевски му врати на Циговски: Каков е тој синдром, да го мразиш успехот на репрезентативците appeared first on Република.

]]>
Скијачката федерација го прашува зошто не се појавувал на работно место, а тој е на Олимпијада https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/skijachkata-federacija-go-prashuva-zoshto-ne-se-pojavuval-na-rabotno-mesto-a-toj-e-na-olimpijada/ Wed, 09 Feb 2022 17:44:01 +0000 https://republika.mk/?p=456388

Додека се во тек Зимските олимписки игри на кои и Македонија е учесник со тројца претставници кај нас се појавија еден бизарен проблем.

На социјалните мрежи со соопштение се огласи тренерот во нашата олимписка експедиција, Антонио Ристевски кој е еден од најдобрите скијачи кои Македонија ги имала, а сега водач на најдобриот наш скијач во моментов Дардан Дехари.

Скијачката федерација на Македонија му испратила допис на Ристевски дека може да биде отпуштен затоа што не се појавувал на работа.

СООПШТЕНИЕТО НА РИСТЕВСКИ:

Повод за ова мое емотивно обраќање од ЗОИ во Пекинг е големото лично разочарување што македонскиот спорт повторно губи од кусогледи епизодисти залутани во спортските федерации. Затоа, однапред се извинувам на јавноста што сум принуден ова да го сторам среде ЗОИ. Наместо “спортот на спортистите” испадна “спортистите аут од спортот”. Јас како најдобриот македонски алпски скијач и олимпиец на сите времиња, со кариера повеќе од 20 години доживеав да се правдам заради тоа што сум тренер на најдобрите македонски алпски скијачи, кои оваа сезона покажаа одлични резултати заради кои заедно допатувавме во Пекинг. Замислете, целата јавност знае дека сме на ЗОИ само г-дин Огњан Циговски не знае! Го пишувам ова јавно бидејќи сум огорчен. 11 месеци трпам тортура, а надлежните државни институции се неми за нечие самовластие. Цел овој период и живеев со целиот тој стрес секој ден во ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИТЕ СКИЈАЧИ И МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ, пред се поради олимписките квалификации и Олимписките игри во Пекинг 2022. Целата оваа фарса против мене, мојот клуб и мојата должност како главен тренер на алпските репрезентации во Скијачката Федерација и најдобрите македонски алпски скијачи е јасна, сакаат да ме отстранат од спортот. Едноставно мојот спортски габарит е преголем за нечија неспособност и малодушност. Ама и тоа не е проблем, јас на оваа позиција дојдов со искуство , резултат, способност и знаење, а не како некои кои сега се замислуваат дека се спортска власт и одлучуваат за спортските судбини. Јас имам каде да одам и што да правам во овој спорт, ама г-дине Циговски вие ќе останете сам во таа федерација. Можеби тоа и е вашата цел. Како што сте тргнале ќе бидете запомнети како гробари на македонското спортско скијање. ПА ДА ВИ КАЖАМ , ЈАС бев и сум на ЗОИ во Пекинг заедно со Дардан, каде гордо и достоинствено ја претставуваме нашата Држава. Ние ќе бидеме светлата страна на историјата. Тоа не може да го избришете со мејлови, закани, препорачани писма, забрани за тренинг на “вашето Маврово”….можеби можете да ме избркате од работа, но спортската душа никогаш нема да ми ја одземете!!!

The post Скијачката федерација го прашува зошто не се појавувал на работно место, а тој е на Олимпијада appeared first on Република.

]]>

Додека се во тек Зимските олимписки игри на кои и Македонија е учесник со тројца претставници кај нас се појавија еден бизарен проблем. На социјалните мрежи со соопштение се огласи тренерот во нашата олимписка експедиција, Антонио Ристевски кој е еден од најдобрите скијачи кои Македонија ги имала, а сега водач на најдобриот наш скијач во моментов Дардан Дехари. Скијачката федерација на Македонија му испратила допис на Ристевски дека може да биде отпуштен затоа што не се појавувал на работа. СООПШТЕНИЕТО НА РИСТЕВСКИ: Повод за ова мое емотивно обраќање од ЗОИ во Пекинг е големото лично разочарување што македонскиот спорт повторно губи од кусогледи епизодисти залутани во спортските федерации. Затоа, однапред се извинувам на јавноста што сум принуден ова да го сторам среде ЗОИ. Наместо “спортот на спортистите” испадна “спортистите аут од спортот”. Јас како најдобриот македонски алпски скијач и олимпиец на сите времиња, со кариера повеќе од 20 години доживеав да се правдам заради тоа што сум тренер на најдобрите македонски алпски скијачи, кои оваа сезона покажаа одлични резултати заради кои заедно допатувавме во Пекинг. Замислете, целата јавност знае дека сме на ЗОИ само г-дин Огњан Циговски не знае! Го пишувам ова јавно бидејќи сум огорчен. 11 месеци трпам тортура, а надлежните државни институции се неми за нечие самовластие. Цел овој период и живеев со целиот тој стрес секој ден во ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИТЕ СКИЈАЧИ И МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ, пред се поради олимписките квалификации и Олимписките игри во Пекинг 2022. Целата оваа фарса против мене, мојот клуб и мојата должност како главен тренер на алпските репрезентации во Скијачката Федерација и најдобрите македонски алпски скијачи е јасна, сакаат да ме отстранат од спортот. Едноставно мојот спортски габарит е преголем за нечија неспособност и малодушност. Ама и тоа не е проблем, јас на оваа позиција дојдов со искуство , резултат, способност и знаење, а не како некои кои сега се замислуваат дека се спортска власт и одлучуваат за спортските судбини. Јас имам каде да одам и што да правам во овој спорт, ама г-дине Циговски вие ќе останете сам во таа федерација. Можеби тоа и е вашата цел. Како што сте тргнале ќе бидете запомнети како гробари на македонското спортско скијање. ПА ДА ВИ КАЖАМ , ЈАС бев и сум на ЗОИ во Пекинг заедно со Дардан, каде гордо и достоинствено ја претставуваме нашата Држава. Ние ќе бидеме светлата страна на историјата. Тоа не може да го избришете со мејлови, закани, препорачани писма, забрани за тренинг на “вашето Маврово”….можеби можете да ме избркате од работа, но спортската душа никогаш нема да ми ја одземете!!!

The post Скијачката федерација го прашува зошто не се појавувал на работно место, а тој е на Олимпијада appeared first on Република.

]]>
Со злато во слободно скијање Кина стана лидер по освоени медали https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/so-zlato-vo-slobodno-skijanje-kina-stana-lider-po-osvoeni-medali/ Tue, 08 Feb 2022 08:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=455526

Натурализираната Кинезинка, Ејлин Гу, го освои првото место во слободно скијање дисциплина „Биг ер“. Таа до златниот медал дојде со 188,25 бодови.

Второто место и припадна на Тес Ледо од Франција со 187,50 поени.

Трета заврши .Матилда Гремо од Швајцарија со освоени 182,50 поени.

Гу, која е родена во Сан Франциско, го обезбеди третиот златен медал за Кина на Зимските Олимписки игри во Пекинг, со што домаќините се пробија на првото место на листата медалисти со три злата и вкупно пет медали.

Најголем вкупен број медали има Русија - осум, од кои два се златни и по три сребрени и бронзени.

The post Со злато во слободно скијање Кина стана лидер по освоени медали appeared first on Република.

]]>

Натурализираната Кинезинка, Ејлин Гу, го освои првото место во слободно скијање дисциплина „Биг ер“. Таа до златниот медал дојде со 188,25 бодови. Второто место и припадна на Тес Ледо од Франција со 187,50 поени. Трета заврши .Матилда Гремо од Швајцарија со освоени 182,50 поени. Гу, која е родена во Сан Франциско, го обезбеди третиот златен медал за Кина на Зимските Олимписки игри во Пекинг, со што домаќините се пробија на првото место на листата медалисти со три злата и вкупно пет медали. Најголем вкупен број медали има Русија - осум, од кои два се златни и по три сребрени и бронзени.

The post Со злато во слободно скијање Кина стана лидер по освоени медали appeared first on Република.

]]>
Со победа во супервелеслалом Матијас Мајер го обезбеди првото злато за Австрија https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/so-pobeda-vo-superveleslalom-matijas-majer-go-obezbedi-prvoto-zlato-za-avstrija/ Tue, 08 Feb 2022 07:47:11 +0000 https://republika.mk/?p=455478

Австрискиот алпски скијач, Матијас Мајер, го освои златото во супервелеслаломот на Олимписките игри во Пекинг со време од 1:19,94 секунди.

Американецот Рајан Кокрен-Сигл го зазеде второто место со само четири стотинки заостанување зад победникот.

Трет беше Норвежанецот Александар Килде, кој патеката ја мина за 0,42 секунди побавно од Мајер.

Триумфот на Мајер за Австрија е првиот златен медал на Олимпијадата во Пекинг.

The post Со победа во супервелеслалом Матијас Мајер го обезбеди првото злато за Австрија appeared first on Република.

]]>

Австрискиот алпски скијач, Матијас Мајер, го освои златото во супервелеслаломот на Олимписките игри во Пекинг со време од 1:19,94 секунди. Американецот Рајан Кокрен-Сигл го зазеде второто место со само четири стотинки заостанување зад победникот. Трет беше Норвежанецот Александар Килде, кој патеката ја мина за 0,42 секунди побавно од Мајер. Триумфот на Мајер за Австрија е првиот златен медал на Олимпијадата во Пекинг.

The post Со победа во супервелеслалом Матијас Мајер го обезбеди првото злато за Австрија appeared first on Република.

]]>
Швајцарецот Фојц најбрз на олимпискиот спуст во Пекинг https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shvajcarecot-fojc-najbrz-na-olimpiskiot-spust-vo-peking/ Mon, 07 Feb 2022 08:08:06 +0000 https://republika.mk/?p=454943

Швајцарскиот скијач Бит Фојц го освои златото во спуст на зимските Олимписки игри во Пекинг. Тоа е прв златен медал за Швајцарија на ЗОИ во Пекинг.

Второто место го освои Французинот Жоан Кларет, додека бронзен медал освои Австриецот Матијас Маер.

Трката во спуст требаше да се одржи ден претходно, но беше одложена поради лошите временски услови.

 

The post Швајцарецот Фојц најбрз на олимпискиот спуст во Пекинг appeared first on Република.

]]>

Швајцарскиот скијач Бит Фојц го освои златото во спуст на зимските Олимписки игри во Пекинг. Тоа е прв златен медал за Швајцарија на ЗОИ во Пекинг. Второто место го освои Французинот Жоан Кларет, додека бронзен медал освои Австриецот Матијас Маер. Трката во спуст требаше да се одржи ден претходно, но беше одложена поради лошите временски услови.  

The post Швајцарецот Фојц најбрз на олимпискиот спуст во Пекинг appeared first on Република.

]]>
Кога сме кај датумот во јануари, Заев доби датум за скијање во Шамони, а Македонија ништо https://republika.mk/vesti/makedonija/koga-sme-kaj-datumot-vo-januari-zaev-dobi-datum-za-skijanje-vo-shamoni-a-makedonija-nishto/ Fri, 28 Jan 2022 11:49:58 +0000 https://republika.mk/?p=450663

Пратеникот Александар Николоски говорејќи на Комисијата за надворешна политика, рече дека се оствариле неговите прознози дека Македонија нема да добие датум за преговори. Тој потсети истото го тврдел и после Договорот во Преспа и тоа се потврдило.

Николоски е убеден дека преговори не добиваме бидејќи Македонија не е подготвена.

Јас во една прилика реков дека во јануари може да се добие само датум за скијање. Еве наместо Македонија Заев доби датум за скијање во Шамони - рече Николоски.

The post Кога сме кај датумот во јануари, Заев доби датум за скијање во Шамони, а Македонија ништо appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Александар Николоски говорејќи на Комисијата за надворешна политика, рече дека се оствариле неговите прознози дека Македонија нема да добие датум за преговори. Тој потсети истото го тврдел и после Договорот во Преспа и тоа се потврдило. Николоски е убеден дека преговори не добиваме бидејќи Македонија не е подготвена.
Јас во една прилика реков дека во јануари може да се добие само датум за скијање. Еве наместо Македонија Заев доби датум за скијање во Шамони - рече Николоски.

The post Кога сме кај датумот во јануари, Заев доби датум за скијање во Шамони, а Македонија ништо appeared first on Република.

]]>
Нема скијање во Банско: Бугарија забрани влез за Македонци https://republika.mk/vesti/balkan/nema-skijanje-vo-bansko-bugarija-zabrani-vlez-na-makedonci/ Mon, 17 Jan 2022 14:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=445942

Поради влошената епидемиолошка  ситуација во Република Бугарија и во Европа, согласно најновата одлука на бугарското Министерство за здравство, изменет е режимот за влез и за државјаните на Република Македонија, почнувајќи од 19 јануари.

Се ограничува влезот за сите неесенцијални патувања во земјата (во исклучоците спаѓаат медицински лица, хуманитарни работници, студенти, лица со регулиран престој, делегации и слично).

Министерството за надворешни работи на Македонија е во постојана комуникација со надлежни институции во Република Бугарија и со колегите во бугарското Министерството за надворешни работи, со цел, како што соопшти, замена на постојното решение кое може да предизвика сериозен застој во интензивната комуникација на граѓаните од двете земји.

До стартот на имплементацијата на целосна забрана на 19 јануари, очекуваме напорите да вродат со плод и постојното решение да биде заменето со нова одлука со која нашите државјани ќе можат да влезат во Република Бугарија и за таканаречените неесенцијални потреби, и тоа со сертификат за извршена вакцинација или прележана болест и негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа - наведува МНР.

Според МНР, во кој било случај, условите за влез на малолетни лица од 12 до 18 години исто така се променети – и тие ќе треба да ги приложуваат горенаведените документи при влез. За лица кои не ги почитуваат опишаните правила, следува десетдневен карантин.

Ги предупредуваме граѓаните кои планираат да патуваат во Република Бугарија од задутре, 19 јануари па натаму, внимателно да ги следат официјалните објави од Министерството за надворешни работи за да не се доведат во ситуација да бидат вратени од пограничните власти во Бугарија - нагласува МНР.

The post Нема скијање во Банско: Бугарија забрани влез за Македонци appeared first on Република.

]]>

Поради влошената епидемиолошка  ситуација во Република Бугарија и во Европа, согласно најновата одлука на бугарското Министерство за здравство, изменет е режимот за влез и за државјаните на Република Македонија, почнувајќи од 19 јануари. Се ограничува влезот за сите неесенцијални патувања во земјата (во исклучоците спаѓаат медицински лица, хуманитарни работници, студенти, лица со регулиран престој, делегации и слично). Министерството за надворешни работи на Македонија е во постојана комуникација со надлежни институции во Република Бугарија и со колегите во бугарското Министерството за надворешни работи, со цел, како што соопшти, замена на постојното решение кое може да предизвика сериозен застој во интензивната комуникација на граѓаните од двете земји.
До стартот на имплементацијата на целосна забрана на 19 јануари, очекуваме напорите да вродат со плод и постојното решение да биде заменето со нова одлука со која нашите државјани ќе можат да влезат во Република Бугарија и за таканаречените неесенцијални потреби, и тоа со сертификат за извршена вакцинација или прележана болест и негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа - наведува МНР.
Според МНР, во кој било случај, условите за влез на малолетни лица од 12 до 18 години исто така се променети – и тие ќе треба да ги приложуваат горенаведените документи при влез. За лица кои не ги почитуваат опишаните правила, следува десетдневен карантин.
Ги предупредуваме граѓаните кои планираат да патуваат во Република Бугарија од задутре, 19 јануари па натаму, внимателно да ги следат официјалните објави од Министерството за надворешни работи за да не се доведат во ситуација да бидат вратени од пограничните власти во Бугарија - нагласува МНР.

The post Нема скијање во Банско: Бугарија забрани влез за Македонци appeared first on Република.

]]>