Од 22 до 24 март на Копаоник се одржа Евробалкан куп, на кој учествуваа нашите натпреварувачи Виктор Петков, Влатко Анастасоски и Владимир Петков.

Одличната форма и претходните резултати Виктор Петков ги потврди со златен медал во слалом.

Уште во првиот натпреварувачки ден Виктор Петков го освои второто место во велеслалом, а Анастасоски и Владимир Петков ги постигнаа најдобрите лични ФИС точки.

И на вториот натпревар во слалом на Државното првенство на Србија Виктор Петков го освои и вториот сребрен медал.

Во оваа натпреварувачка сезона од дваесет и девет стартувања на ФИС натпревари Виктор Петков дури десет пати освојуваше пиедестал.

Претходно, истата тројка настапи и на ФИС натпревари и државни првенства во слалом и велеслалом во скијачкиот центар Колашин во Црна Гора. Во конкуренција на натпреварувачи од Словенија, Хрватска, Полска, САД, Кипар, Србија, БиХ, Косово, Црна Гора и Македонија Петков петпати се качуваше на пиедесталот и од шесте натпревари, петпати го освојуваше третото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.