сиромаштија Archives - Република https://republika.mk/tema/siromashtija/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 14:19:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сиромаштија Archives - Република https://republika.mk/tema/siromashtija/ 32 32 Над 120.000 деца во земјава живеат под националниот праг на сиромаштија, државата да воведе парична помош за секое дете, апелира УНИЦЕФ https://republika.mk/vesti/ekonomija/nad-120-000-detsa-vo-zemjava-zhiveat-pod-natsionalniot-prag-na-siromashtija-drzhavata-da-vovede-parichna-pomosh-za-sekoe-dete-apelira-unitsef/ Thu, 17 Oct 2024 14:16:38 +0000 https://republika.mk/?p=828107

Над 120.000 деца во земјава, или 32,8 отсто од сите деца, живеат под националниот праг на сиромаштија, објави Државниот завод за статистика.

Стапката на сиромаштија кај децата е за 50 отсто повисока отколку кај возрасната популација (22 отсто) и се зголеми од 28 отсто во 2015 година на 32,8 отсто во 2021 година, покажувајќи со тоа дека децата се изоставени од економскиот развој на земјата.

Состојбата предизвикува голема загриженост имајќи предвид дека децата се поранливи на ефектите од сиромаштијата. Сиромаштијата во детството ги засега сите аспекти од животот и може да има доживотни последици врз физичкиот, когнитивниот и социјалниот развој на децата, и има висока цена врз човечкиот капитал и просперитетот, се вели во извештајот на УНИЦЕФ за Македонија по повод Меѓународниот ден посветен на искоренување на сиромаштијата.

Недоволното инвестирање во социјалната заштита придонесе да има постојано недоволна опфатеност на децата во земјата. Јавните расходи за социјална заштита заостануваат зад другите сектори и се далеку под просекот на Европската Унија. Денес помалку од 23 отсто од домаќинствата со деца во Македонија добиваат парична помош наменета за деца или домаќинства со деца, додека просекот во ЕУ изнесува 88,4 отсто.

Една од клучните можности за справување со детската сиромаштија е проширување на опфатот и подобрување на висината на паричната помош за децата што живеат во сиромаштија. Ова може да вклучи проширување на образовниот додаток за да ги опфати и децата во предучилишно образование кое е клучно за градење вештини што им се потребни на децата за да успеат подоцна во животот; подобро информирање и поддршка за да им се овозможи на семејствата пристап до паричната помош која им следува; и усогласување на паричната помош насочена кон децата со реалните трошоци на живот.

Земјата исто така би можела да размисли и за воведување универзална парична помош за деца, која на глобално ниво покажа дека државите може да си ја дозволат дури и во време на кризи, и е ефикасна политика за намалување како на вкупната сиромаштија, така и на детската сиромаштија. Универзалниот пристап – парична помош за секое дете – драстично ги намалува административните трошоци, ризикот да се исклучат некои деца на кои им е потребна помош и ризиците од стигма и дискриминација. Притоа универзалната парична помош за деца придонесува да се изгради и одржи социјалната кохезија, намалувајќи ја нееднаквоста.

Покрај подобрување на паричната помош за семејствата со деца, справувањето со детската сиромаштија, исто така, налага повеќесекторски одговор со цел децата да имаат пристап до основните социјални услуги, како што се образование, здравство, исхрана и заштита, без стигма и дискриминација.

Социјалната заштита е моќен придвижувач на правата на децата и на националниот развој. Владата во својата програма за работа се обврза да ја намали сиромаштијата и да ја зголеми помошта за најранливите групи, вклучително и децата и лицата со попреченост. Со проширување на социјалната заштита на децата, Владата, исто така, ќе придонесе за остварување на својот приоритет за забрзување и одржување на економскиот раст, повисок животен стандард и квалитетен живот за граѓаните. УНИЦЕФ продолжува да ги поддржува напорите на Министерството за социјална политика, демографија и млади, со што ќе обезбеди секое дете да има шанса за здрава и продуктивна иднина.

The post Над 120.000 деца во земјава живеат под националниот праг на сиромаштија, државата да воведе парична помош за секое дете, апелира УНИЦЕФ appeared first on Република.

]]>

Над 120.000 деца во земјава, или 32,8 отсто од сите деца, живеат под националниот праг на сиромаштија, објави Државниот завод за статистика. Стапката на сиромаштија кај децата е за 50 отсто повисока отколку кај возрасната популација (22 отсто) и се зголеми од 28 отсто во 2015 година на 32,8 отсто во 2021 година, покажувајќи со тоа дека децата се изоставени од економскиот развој на земјата.
Состојбата предизвикува голема загриженост имајќи предвид дека децата се поранливи на ефектите од сиромаштијата. Сиромаштијата во детството ги засега сите аспекти од животот и може да има доживотни последици врз физичкиот, когнитивниот и социјалниот развој на децата, и има висока цена врз човечкиот капитал и просперитетот, се вели во извештајот на УНИЦЕФ за Македонија по повод Меѓународниот ден посветен на искоренување на сиромаштијата.
Недоволното инвестирање во социјалната заштита придонесе да има постојано недоволна опфатеност на децата во земјата. Јавните расходи за социјална заштита заостануваат зад другите сектори и се далеку под просекот на Европската Унија. Денес помалку од 23 отсто од домаќинствата со деца во Македонија добиваат парична помош наменета за деца или домаќинства со деца, додека просекот во ЕУ изнесува 88,4 отсто. Една од клучните можности за справување со детската сиромаштија е проширување на опфатот и подобрување на висината на паричната помош за децата што живеат во сиромаштија. Ова може да вклучи проширување на образовниот додаток за да ги опфати и децата во предучилишно образование кое е клучно за градење вештини што им се потребни на децата за да успеат подоцна во животот; подобро информирање и поддршка за да им се овозможи на семејствата пристап до паричната помош која им следува; и усогласување на паричната помош насочена кон децата со реалните трошоци на живот. Земјата исто така би можела да размисли и за воведување универзална парична помош за деца, која на глобално ниво покажа дека државите може да си ја дозволат дури и во време на кризи, и е ефикасна политика за намалување како на вкупната сиромаштија, така и на детската сиромаштија. Универзалниот пристап – парична помош за секое дете – драстично ги намалува административните трошоци, ризикот да се исклучат некои деца на кои им е потребна помош и ризиците од стигма и дискриминација. Притоа универзалната парична помош за деца придонесува да се изгради и одржи социјалната кохезија, намалувајќи ја нееднаквоста. Покрај подобрување на паричната помош за семејствата со деца, справувањето со детската сиромаштија, исто така, налага повеќесекторски одговор со цел децата да имаат пристап до основните социјални услуги, како што се образование, здравство, исхрана и заштита, без стигма и дискриминација. Социјалната заштита е моќен придвижувач на правата на децата и на националниот развој. Владата во својата програма за работа се обврза да ја намали сиромаштијата и да ја зголеми помошта за најранливите групи, вклучително и децата и лицата со попреченост. Со проширување на социјалната заштита на децата, Владата, исто така, ќе придонесе за остварување на својот приоритет за забрзување и одржување на економскиот раст, повисок животен стандард и квалитетен живот за граѓаните. УНИЦЕФ продолжува да ги поддржува напорите на Министерството за социјална политика, демографија и млади, со што ќе обезбеди секое дете да има шанса за здрава и продуктивна иднина.  

The post Над 120.000 деца во земјава живеат под националниот праг на сиромаштија, државата да воведе парична помош за секое дете, апелира УНИЦЕФ appeared first on Република.

]]>
Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија https://republika.mk/vesti/svet/sekoe-treto-dete-vo-zemjava-zhivee-vo-siromashtija/ Thu, 17 Oct 2024 08:19:53 +0000 https://republika.mk/?p=827906

Според податоците што ги објави Државниот завод за статистика овој месец, над 120.000 деца во земјава, или 32,8 отсто од сите деца, живеат под националниот праг на сиромаштија. Стапката на сиромаштија кај децата е за 50 отсто повисока отколку кај возрасната популација (22 отсто) и се зголеми од 28 отсто во 2015 година на 32,8 отсто во 2021 година, покажувајќи со тоа дека децата се изоставени од економскиот развој на земјата велато од УНИЦЕФ.

Состојбата предизвикува голема загриженост имајќи предвид дека децата се поранливи на ефектите од сиромаштијата. Сиромаштијата во детството ги засега сите аспекти од животот и може да има доживотни последици врз физичкиот, когнитивниот и социјалниот развој на децата, и има висока цена врз човечкиот капитал и просперитетот.

Земајќи го ова предвид, со усвојувањето на Целите за одржлив развој во 2015, земјата цврсто се заложи до 2030 година да го намали за најмалку половина процентот на деца што живеат под прагот на сиромаштија.

Недоволното инвестирање во социјалната заштита придонесе да има постојано недоволна опфатеност на децата во земјата. Јавните расходи за социјална заштита заостануваат зад другите сектори и се далеку под просекот на Европската Унија. Денес помалку од 23 отсто од домаќинствата со деца во Македонија добиваат парична помош наменета за деца или домаќинства со деца, додека просекот во ЕУ изнесува 88,4 отсто.

Една од клучните можности за справување со детската сиромаштија е проширување на опфатот и подобрување на висината на паричната помош за децата што живеат во сиромаштија. Ова може да вклучи проширување на образовниот додаток за да ги опфати и децата во предучилишно образование кое е клучно за градење вештини што им се потребни на децата за да успеат подоцна во животот; подобро информирање и поддршка за да им се овозможи на семејствата пристап до паричната помош која им следува; и усогласување на паричната помош насочена кон децата со реалните трошоци на живот.

Земјата исто така би можела да размисли и за воведување универзална парична помош за деца, која на глобално ниво покажа дека државите може да си ја дозволат дури и во време на кризи, и е ефикасна политика за намалување како на вкупната сиромаштија, така и на детската сиромаштија. Универзалниот пристап – парична помош за секое дете – драстично ги намалува административните трошоци, ризикот да се исклучат некои деца на кои им е потребна помош и ризиците од стигма и дискриминација. Притоа универзалната парична помош за деца придонесува да се изгради и одржи социјалната кохезија, намалувајќи ја нееднаквоста.

Покрај подобрување на паричната помош за семејствата со деца, справувањето со детската сиромаштија, исто така, налага повеќесекторски одговор со цел децата да имаат пристап до основните социјални услуги, како што се образование, здравство, исхрана и заштита, без стигма и дискриминација. Ова опфаќа:

• Воведување универзално здравствено осигурување за секое дете; тоа значи да не се условува здравственото осигурување на детето со статусот на осигурување на родителите.

• Проширување на пристапот до предучилишно образование, што е пресудно за идниот успех во животот и претставува докажан пристап за справување со меѓугенерациското пренесување на сиромаштијата.

• Спроведување програми за намалување на стапките на напуштање на училиштето и поддршка за вклучување на децата со попреченост и децата вон образовниот систем.

• Зголемување на достапноста и квалитетот на социјалните услуги како што се услугите за поддршка на родителите и други интервенции насочени кон семејството, а за поддршка и заштита на децата.

Темата на овој Меѓународен ден на искоренување на сиромаштијата – „Ставање крај на несоодветното постапување на општеството и институциите “ – нѐ потсетува на потребата од осмислени активности за справување со предизвиците во пристапот до основните услуги и поддршка со кои се соочуваат ранливите групи, меѓу кои се Ромите, децата што живеат со еден родител и оние што живеат во семејства со три и повеќе деца.

Развојот на политики и оценувањето на нивната ефикасност, исто така, бара редовно мерење на сиромаштијата и расчленети податоци. Ова налага инвестиции во капацитетите на националниот статистички систем за тој да генерира навремени извештаи кои ја покриваат и монетарната сиромаштија и социјалната исклученост.

Социјалната заштита е моќен придвижувач на правата на децата и на националниот развој. Владата во својата програма за работа се обврза да ја намали сиромаштијата и да ја зголеми помошта за најранливите групи, вклучително и децата и лицата со попреченост. Со проширување на социјалната заштита на децата, Владата, исто така, ќе придонесе за остварување на својот приоритет за забрзување и одржување на економскиот раст, повисок животен стандард и квалитетен живот за граѓаните. УНИЦЕФ продолжува да ги поддржува напорите на Министерството за социјална политика, демографија и млади, со што ќе обезбеди секое дете да има шанса за здрава и продуктивна иднина.

The post Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија appeared first on Република.

]]>

Според податоците што ги објави Државниот завод за статистика овој месец, над 120.000 деца во земјава, или 32,8 отсто од сите деца, живеат под националниот праг на сиромаштија. Стапката на сиромаштија кај децата е за 50 отсто повисока отколку кај возрасната популација (22 отсто) и се зголеми од 28 отсто во 2015 година на 32,8 отсто во 2021 година, покажувајќи со тоа дека децата се изоставени од економскиот развој на земјата велато од УНИЦЕФ. Состојбата предизвикува голема загриженост имајќи предвид дека децата се поранливи на ефектите од сиромаштијата. Сиромаштијата во детството ги засега сите аспекти од животот и може да има доживотни последици врз физичкиот, когнитивниот и социјалниот развој на децата, и има висока цена врз човечкиот капитал и просперитетот. Земајќи го ова предвид, со усвојувањето на Целите за одржлив развој во 2015, земјата цврсто се заложи до 2030 година да го намали за најмалку половина процентот на деца што живеат под прагот на сиромаштија. Недоволното инвестирање во социјалната заштита придонесе да има постојано недоволна опфатеност на децата во земјата. Јавните расходи за социјална заштита заостануваат зад другите сектори и се далеку под просекот на Европската Унија. Денес помалку од 23 отсто од домаќинствата со деца во Македонија добиваат парична помош наменета за деца или домаќинства со деца, додека просекот во ЕУ изнесува 88,4 отсто. Една од клучните можности за справување со детската сиромаштија е проширување на опфатот и подобрување на висината на паричната помош за децата што живеат во сиромаштија. Ова може да вклучи проширување на образовниот додаток за да ги опфати и децата во предучилишно образование кое е клучно за градење вештини што им се потребни на децата за да успеат подоцна во животот; подобро информирање и поддршка за да им се овозможи на семејствата пристап до паричната помош која им следува; и усогласување на паричната помош насочена кон децата со реалните трошоци на живот. Земјата исто така би можела да размисли и за воведување универзална парична помош за деца, која на глобално ниво покажа дека државите може да си ја дозволат дури и во време на кризи, и е ефикасна политика за намалување како на вкупната сиромаштија, така и на детската сиромаштија. Универзалниот пристап – парична помош за секое дете – драстично ги намалува административните трошоци, ризикот да се исклучат некои деца на кои им е потребна помош и ризиците од стигма и дискриминација. Притоа универзалната парична помош за деца придонесува да се изгради и одржи социјалната кохезија, намалувајќи ја нееднаквоста. Покрај подобрување на паричната помош за семејствата со деца, справувањето со детската сиромаштија, исто така, налага повеќесекторски одговор со цел децата да имаат пристап до основните социјални услуги, како што се образование, здравство, исхрана и заштита, без стигма и дискриминација. Ова опфаќа: • Воведување универзално здравствено осигурување за секое дете; тоа значи да не се условува здравственото осигурување на детето со статусот на осигурување на родителите. • Проширување на пристапот до предучилишно образование, што е пресудно за идниот успех во животот и претставува докажан пристап за справување со меѓугенерациското пренесување на сиромаштијата. • Спроведување програми за намалување на стапките на напуштање на училиштето и поддршка за вклучување на децата со попреченост и децата вон образовниот систем. • Зголемување на достапноста и квалитетот на социјалните услуги како што се услугите за поддршка на родителите и други интервенции насочени кон семејството, а за поддршка и заштита на децата. Темата на овој Меѓународен ден на искоренување на сиромаштијата – „Ставање крај на несоодветното постапување на општеството и институциите “ – нѐ потсетува на потребата од осмислени активности за справување со предизвиците во пристапот до основните услуги и поддршка со кои се соочуваат ранливите групи, меѓу кои се Ромите, децата што живеат со еден родител и оние што живеат во семејства со три и повеќе деца. Развојот на политики и оценувањето на нивната ефикасност, исто така, бара редовно мерење на сиромаштијата и расчленети податоци. Ова налага инвестиции во капацитетите на националниот статистички систем за тој да генерира навремени извештаи кои ја покриваат и монетарната сиромаштија и социјалната исклученост. Социјалната заштита е моќен придвижувач на правата на децата и на националниот развој. Владата во својата програма за работа се обврза да ја намали сиромаштијата и да ја зголеми помошта за најранливите групи, вклучително и децата и лицата со попреченост. Со проширување на социјалната заштита на децата, Владата, исто така, ќе придонесе за остварување на својот приоритет за забрзување и одржување на економскиот раст, повисок животен стандард и квалитетен живот за граѓаните. УНИЦЕФ продолжува да ги поддржува напорите на Министерството за социјална политика, демографија и млади, со што ќе обезбеди секое дете да има шанса за здрава и продуктивна иднина.

The post Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија appeared first on Република.

]]>
Екстремните горештини се тивок убиец за сиромашните https://republika.mk/vesti/svet/ekstremnite-goreshtini-se-tivok-ubiets-za-siromashnite/ Sun, 18 Aug 2024 14:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=807379

Екстремните горештини убиваат илјадници луѓе во сиромашните земји и заедници низ светот, а овие смртни случаи често не се пријавуваат, предупреди Фридерике Ото, експертка на организацијата World Weather Attribution.

Според неа, екстремно високите температури се „тивок убиец“ кој ги погодува економски најранливите категории на луѓе и апелираше до јавноста и медиумите да посветат поголемо внимание на овој проблем, пренесува „Гардијан“.

Топлотните бранови се најсмртоносен тип на временска непогода, но не оставаат зад себе траги на разурнување. Тие убиваат сиромашни и осамени луѓе во богатите земји, како и сиромашни кои мораат да работат на отворено во земјите во развој, изјави Ото, која е и предавач по климатска наука на Институтот Грантам при Империјал колеџот во Лондон.

Нејзиното предупредување доаѓа во време кога расте загриженоста поради нееднаквата изложеност на екстремните горештини, во зависност од финансиската состојба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, минатиот месец повика на акција за справување со екстремните горештини, со фокус на грижа за загрозените и заштита на работниците изложени на високи температури на отворено.

Екстремните горештини сè повеќе ги загрозуваат економиите, ги продлабочуваат нееднаквостите, ги нарушуваат целите за одржлив развој и убиваат луѓе. Се проценува дека годишно екстремно високите температури убиваат речиси половина милион луѓе, што е околу 30 пати повеќе од тропските циклони, нагласи Гутереш.

Неговиот апел следуваше по регистрацијата на три последователни дена на највисоки температури некогаш измерени во светот, на 21, 22 и 23 јули. Климатолозите предупредија дека тоа веројатно се највисоките температури измерени на Земјата во последните 120.000 години, според доказите од годови на дрвја и кора од мраз.

Експертите истакнуваат дека топлината различно се доживува во домашни услови, при што е многу поопасна за луѓето кои живеат во несоодветни населби, без клима уреди. Многу се загрозени и работниците кои мораат да работат на отворено, за разлика од вработените во климатизирани простории.

Меѓу загрозените категории се и мигрантите, како и верниците кои одат на аџилак. Во јуни, десетици мигранти од Судан умреа од топлина на илегалната граница со Египет, наведоа хуманитарните групи.

Ова е само еден од бројните примери поврзани со бегалци и азиланти. Многу смртни случаи предизвикани од екстремни горештини остануваат незабележани, бидејќи властите во помалку развиените земји често немаат ресурси за да ги истражуваат поединечните смртни случаи, особено во региони каде што има конфликти.

The post Екстремните горештини се тивок убиец за сиромашните appeared first on Република.

]]>

Екстремните горештини убиваат илјадници луѓе во сиромашните земји и заедници низ светот, а овие смртни случаи често не се пријавуваат, предупреди Фридерике Ото, експертка на организацијата World Weather Attribution. Според неа, екстремно високите температури се „тивок убиец“ кој ги погодува економски најранливите категории на луѓе и апелираше до јавноста и медиумите да посветат поголемо внимание на овој проблем, пренесува „Гардијан“. Топлотните бранови се најсмртоносен тип на временска непогода, но не оставаат зад себе траги на разурнување. Тие убиваат сиромашни и осамени луѓе во богатите земји, како и сиромашни кои мораат да работат на отворено во земјите во развој, изјави Ото, која е и предавач по климатска наука на Институтот Грантам при Империјал колеџот во Лондон. Нејзиното предупредување доаѓа во време кога расте загриженоста поради нееднаквата изложеност на екстремните горештини, во зависност од финансиската состојба. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, минатиот месец повика на акција за справување со екстремните горештини, со фокус на грижа за загрозените и заштита на работниците изложени на високи температури на отворено.
Екстремните горештини сè повеќе ги загрозуваат економиите, ги продлабочуваат нееднаквостите, ги нарушуваат целите за одржлив развој и убиваат луѓе. Се проценува дека годишно екстремно високите температури убиваат речиси половина милион луѓе, што е околу 30 пати повеќе од тропските циклони, нагласи Гутереш.
Неговиот апел следуваше по регистрацијата на три последователни дена на највисоки температури некогаш измерени во светот, на 21, 22 и 23 јули. Климатолозите предупредија дека тоа веројатно се највисоките температури измерени на Земјата во последните 120.000 години, според доказите од годови на дрвја и кора од мраз. Експертите истакнуваат дека топлината различно се доживува во домашни услови, при што е многу поопасна за луѓето кои живеат во несоодветни населби, без клима уреди. Многу се загрозени и работниците кои мораат да работат на отворено, за разлика од вработените во климатизирани простории. Меѓу загрозените категории се и мигрантите, како и верниците кои одат на аџилак. Во јуни, десетици мигранти од Судан умреа од топлина на илегалната граница со Египет, наведоа хуманитарните групи. Ова е само еден од бројните примери поврзани со бегалци и азиланти. Многу смртни случаи предизвикани од екстремни горештини остануваат незабележани, бидејќи властите во помалку развиените земји често немаат ресурси за да ги истражуваат поединечните смртни случаи, особено во региони каде што има конфликти.

The post Екстремните горештини се тивок убиец за сиромашните appeared first on Република.

]]>
Поради СДСМ секој трет граѓанин е сиромашен https://republika.mk/vesti/ekonomija/poradi-sdsm-sekoj-tret-graganin-e-siromashen/ Wed, 03 Apr 2024 06:37:14 +0000 https://republika.mk/?p=761489

Со СДС раст на БДП по глава на жител за 7 години е 20%,  додека во регионот над 50%, покажаа дека се неспособни и неможат да ја водат државата.Сите земји од регионот ја оставија Македонија зад себе гледано според БДП по глава на жител, тоа е факт кој од СДС колку и да се трудат да го негираат неможат. Вината за заостанувањето на Македонија зад земјите од регионот е исклучиво на СДС, тие имаа шанса и не направија ништо за економијата, набројува ВМРО-ДПМНЕ.

И не е само растот проблем, во исто време кога инфлацијата паѓа секаде, во Македонија се уште има инфлација за 50% поголема од еврозоната.

На домашен план, секој еден човек знае колку лошо се живее со оваа власт. Заради СДС секој 3 граѓанин е сиромашен. Имено 600.000 луѓе живеат со по 150 денари на ден.

За 7 години власт со СДС состојбата на економски план во Македонија не само што не се подобрува, туку и се влошува.

Потребни се итни промени, за Македонија повторно да биде твоја, на граѓанинот, промените се во твои раце.

The post Поради СДСМ секој трет граѓанин е сиромашен appeared first on Република.

]]>

Со СДС раст на БДП по глава на жител за 7 години е 20%,  додека во регионот над 50%, покажаа дека се неспособни и неможат да ја водат државата.Сите земји од регионот ја оставија Македонија зад себе гледано според БДП по глава на жител, тоа е факт кој од СДС колку и да се трудат да го негираат неможат. Вината за заостанувањето на Македонија зад земјите од регионот е исклучиво на СДС, тие имаа шанса и не направија ништо за економијата, набројува ВМРО-ДПМНЕ. И не е само растот проблем, во исто време кога инфлацијата паѓа секаде, во Македонија се уште има инфлација за 50% поголема од еврозоната. На домашен план, секој еден човек знае колку лошо се живее со оваа власт. Заради СДС секој 3 граѓанин е сиромашен. Имено 600.000 луѓе живеат со по 150 денари на ден.
За 7 години власт со СДС состојбата на економски план во Македонија не само што не се подобрува, туку и се влошува.
Потребни се итни промени, за Македонија повторно да биде твоја, на граѓанинот, промените се во твои раце.

The post Поради СДСМ секој трет граѓанин е сиромашен appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден, Македонија е најсиромашна држава со највисока инфлација https://republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-nad-600-000-luge-zhiveat-so-samo-150-denari-na-den-makedonija-e-najsiromashna-drzhava-so-najvisoka-inflatsija/ Sat, 09 Mar 2024 09:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=752892

Од ВМРо-ДПМНЕ реагираат дека над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден! Секој трет граѓанин живее со само 150 денари на ден! Македонија е најсиромашна држава во Европа и со најголема инфлација!

Инфлацијата во Македонија е 50% поголема од таа во Еврозоната!

Растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 во Македонија е само 20%, додека во земјите од регионот Србија, БИХ, Албанија, Црна Гора над 50%!

Јавниот долг за 7 години е зголемен за скоро 4 милијарди евра!

Власта го задолжила секој граѓанин за 2.000 евра!

Заради СДС и ДУИ секое четиричлено семејство должи по 8.000 евра!, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Оттаму додаваат дека Македонија е меѓу 10-те земји со најголема стапка на криминал во Европа!

Власта ја зголеми цената на струјата за 70% од 2020 до сега!

Сметка за струја од 2.000 денари во 2020 година, сега е 3.400 денари!

Власта плати веќе над 200 милиони евра кон „Бехтел и Енка“, а почеток на градба на автопатите не е ни на повидок!

Македонија е на врвот на листата во Европа според индексот на мизерија! Помалку мизерни од Македонија се Алжир, Тунис и Нигерија!

Mакедонија е земја со најниски плати и пензии во Европа последниве 6 години!

Македонија тоне во корупција, тоа го нотираат извештаи на ЕК, Стејт Департмент, Германски стопанственици и странски претставници!

Со оваа власт довербата во судството е само 2%!

Европски фронт на ДУИ и СДС нема затоа што внукот на Афмети, Дрин ја купи „Соравија“ од 30 милиони без да вложи денар!, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

The post ВМРО-ДПМНЕ: Над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден, Македонија е најсиромашна држава со највисока инфлација appeared first on Република.

]]>

Од ВМРо-ДПМНЕ реагираат дека над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден! Секој трет граѓанин живее со само 150 денари на ден! Македонија е најсиромашна држава во Европа и со најголема инфлација! Инфлацијата во Македонија е 50% поголема од таа во Еврозоната!
Растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 во Македонија е само 20%, додека во земјите од регионот Србија, БИХ, Албанија, Црна Гора над 50%! Јавниот долг за 7 години е зголемен за скоро 4 милијарди евра! Власта го задолжила секој граѓанин за 2.000 евра! Заради СДС и ДУИ секое четиричлено семејство должи по 8.000 евра!, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Оттаму додаваат дека Македонија е меѓу 10-те земји со најголема стапка на криминал во Европа!
Власта ја зголеми цената на струјата за 70% од 2020 до сега! Сметка за струја од 2.000 денари во 2020 година, сега е 3.400 денари! Власта плати веќе над 200 милиони евра кон „Бехтел и Енка“, а почеток на градба на автопатите не е ни на повидок! Македонија е на врвот на листата во Европа според индексот на мизерија! Помалку мизерни од Македонија се Алжир, Тунис и Нигерија! Mакедонија е земја со најниски плати и пензии во Европа последниве 6 години! Македонија тоне во корупција, тоа го нотираат извештаи на ЕК, Стејт Департмент, Германски стопанственици и странски претставници! Со оваа власт довербата во судството е само 2%! Европски фронт на ДУИ и СДС нема затоа што внукот на Афмети, Дрин ја купи „Соравија“ од 30 милиони без да вложи денар!, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

The post ВМРО-ДПМНЕ: Над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден, Македонија е најсиромашна држава со највисока инфлација appeared first on Република.

]]>
Сиромаштијата во Аргентина достигна највисоко ниво во последните 20 години https://republika.mk/vesti/svet/siromashtijata-vo-argentina-dostigna-najvisoko-nivo-vo-poslednite-20-godini/ Sun, 18 Feb 2024 18:45:43 +0000 https://republika.mk/?p=745446

Нивото на сиромаштија во Аргентина достигна 57,4 отсто во јануари, што е највисоко во последните 20 години, според извештајот на Католичкиот универзитет во Аргентина (УКА), цитиран од локалните медиуми во неделата, пренесува „Ројтерс“.

Според извештајот, девалвацијата на валутата пезос што ја изврши претседателот Хавиер Милеи кратко по неговата инаугурација на почетокот на декември - и зголемувањето на цените предизвикани од него - ги влошија нивоата на сиромаштија, што ја затвори годината на 49,5%.

„Вистинското наследство на моделот: Шест од десет Аргентинци се сиромашни“, рече Милеи, во објава на социјалните мрежи доцна во саботата.

Милеи ја презеде функцијата ветувајќи дека ќе ја „доларизира“ економијата, ќе ја скроти годишната стапка на инфлација од повеќе од 200%, ќе го елиминира фискалниот дефицит и ќе стави крај на придобивките за политичките династии во Аргентина, кои Милеи ги нарекува „каста“.

Во декември, неговата влада спроведе опсежни економски реформи, првенствено девалвација на пезосот од 54% во однос на американскиот долар, што предизвика колапс на приходите на Аргентинците како што се зголемија цените.

Другите мерки вклучуваат намалување на субвенциите за енергија и транспорт и зголемување на даноците со цел да се постигне фискална рамнотежа.

Во петокот, аргентинското министерство за економија извести за јануарски буџетски суфицит од 518,41 милијарди пезоси (620,85 милиони долари), што е прв пат бројот да биде во зелено од август 2012 година.

The post Сиромаштијата во Аргентина достигна највисоко ниво во последните 20 години appeared first on Република.

]]>

Нивото на сиромаштија во Аргентина достигна 57,4 отсто во јануари, што е највисоко во последните 20 години, според извештајот на Католичкиот универзитет во Аргентина (УКА), цитиран од локалните медиуми во неделата, пренесува „Ројтерс“. Според извештајот, девалвацијата на валутата пезос што ја изврши претседателот Хавиер Милеи кратко по неговата инаугурација на почетокот на декември - и зголемувањето на цените предизвикани од него - ги влошија нивоата на сиромаштија, што ја затвори годината на 49,5%.
„Вистинското наследство на моделот: Шест од десет Аргентинци се сиромашни“, рече Милеи, во објава на социјалните мрежи доцна во саботата.
Милеи ја презеде функцијата ветувајќи дека ќе ја „доларизира“ економијата, ќе ја скроти годишната стапка на инфлација од повеќе од 200%, ќе го елиминира фискалниот дефицит и ќе стави крај на придобивките за политичките династии во Аргентина, кои Милеи ги нарекува „каста“. Во декември, неговата влада спроведе опсежни економски реформи, првенствено девалвација на пезосот од 54% во однос на американскиот долар, што предизвика колапс на приходите на Аргентинците како што се зголемија цените. Другите мерки вклучуваат намалување на субвенциите за енергија и транспорт и зголемување на даноците со цел да се постигне фискална рамнотежа. Во петокот, аргентинското министерство за економија извести за јануарски буџетски суфицит од 518,41 милијарди пезоси (620,85 милиони долари), што е прв пат бројот да биде во зелено од август 2012 година.

The post Сиромаштијата во Аргентина достигна највисоко ниво во последните 20 години appeared first on Република.

]]>
Жива беда: Oд Романците се побогати дури и Бугарите https://republika.mk/vesti/balkan/zhiva-beda-od-romantsite-se-pobogati-duri-i-bugarite/ Tue, 30 Jan 2024 20:22:38 +0000 https://republika.mk/?p=738766

Романците се 11 пати посиромашни од европскиот просек. Ова го соопшти Дан Поповиќ, генерален директор на OTP Asset Management Romania – дел од најголемата финансиска групација во Источна Европа, која нуди инвестициски услуги во различни земји во регионот. Тој се повикува на податоци од Европската асоцијација за финансиски менаџмент (ЕФМА), цитирани од Диги24 и ТВ Антена3.

Во своите материјали на оваа тема, романските медиуми забележуваат дека „богатството“ по глава на жител во Романија едвај се доближува до вредноста на половен автомобил и додаваат дека дури и на Бугарите им е подобро во овој поглед, пишува „24часа.бг“.

The post Жива беда: Oд Романците се побогати дури и Бугарите appeared first on Република.

]]>

Романците се 11 пати посиромашни од европскиот просек. Ова го соопшти Дан Поповиќ, генерален директор на OTP Asset Management Romania – дел од најголемата финансиска групација во Источна Европа, која нуди инвестициски услуги во различни земји во регионот. Тој се повикува на податоци од Европската асоцијација за финансиски менаџмент (ЕФМА), цитирани од Диги24 и ТВ Антена3. Во своите материјали на оваа тема, романските медиуми забележуваат дека „богатството“ по глава на жител во Романија едвај се доближува до вредноста на половен автомобил и додаваат дека дури и на Бугарите им е подобро во овој поглед, пишува „24часа.бг“.

The post Жива беда: Oд Романците се побогати дури и Бугарите appeared first on Република.

]]>
Секој трет граѓанин живее во сиромаштија, секоја година со СДС по 24.000 луѓе стануваат сиромашни, велат од ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/ekonomija/sekoj-tret-graganin-zhivee-vo-siromashtija-sekoja-godina-so-sds-po-24-000-luge-stanuvaat-siromashni-velat-od-vmro-dpmne/ Thu, 18 Jan 2024 10:16:05 +0000 https://republika.mk/?p=734309

Секој трет граѓанин живее во сиромаштија, народот нема за леб, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

600.000 наши сограѓани живеат со помалку од 150 денари на ден. Со СДС и ДУИ на власт секој ден е полош од претходниот. Со СДС и ДУИ бројот на сиромашни граѓани за 6 години се зголемил за 140.000, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат, во 2018 година бројот на луѓе што живееле во сиромаштија бил 460.000, денес е 600.000.

Секоја година од 2018 до денес по 24.000 граѓани запаѓаат во сиромаштија. Тоа значи дека овие луѓе имаат тешкотии да си ги обезбедат и основните средства за живот, како храна и лекови. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=Lsvw2tnA03w&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fpress24.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Секој трет граѓанин живее во сиромаштија, секоја година со СДС по 24.000 луѓе стануваат сиромашни, велат од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Секој трет граѓанин е сиромашен, пензионерите се едни од најзасегнатите категории https://republika.mk/vesti/ekonomija/sekoj-tret-graganin-e-siromashen-penzionerite-se-edni-od-najzasegnatite-kategorii/ Sun, 14 Jan 2024 10:09:27 +0000 https://republika.mk/?p=732816

600.000 граѓани во Македонија живеат во сиромаштија, 80.000 од нив живеат во апсолутна сиромаштија со по 80 денари на ден, рече денеска Ивица Томовски , член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Со СДС и ДУИ буквално секој 3 граѓанин е сиромашен.

Власта не прави ништо да го реши систематски проблемот. Да тргнеме од почеток. Пензионерите се едни од најзасегнатите категории за пад во сиромаштија. Бројките говорат дека во Македонија 96.000 пензионери земаат пензии до 13.300 денари, 60.000 пензионери од 13.300 до 16.000 денари, а 86.000 пензионери од 16.000 до 22.000 денари. Сите овие три категории, а особено првата и втората во која спаѓаат 156.000 пензионери едвај врзуваат крај со крај. Тоа во голем број на случаи се лица кои имаат потреба од лекови, што дополнително ги става во мизерија.

И сега власта наместо трајно да го реши проблемот и да им помогне со реални мерки, таа одбира да изврши поткуп со 1.000 денари до избори.

Почитувани претставници на власта,

Пензионерите не се наивни, и нема да наседнат на вашите манипулации. Потребна е реална помош за пензионерите и таа ќе ја обезбеди ВМРО-ДПМНЕ со линеарно зголемување од 5.000 денари. Само така ќе им се помогне на најранливите да излезат од сиромаштијата.

Дополнително голем е процентот и на невработеноста, тоа се луѓе кои не примаат никакви примања и најчесто се издржувани од некој член на семејството. Власта не направи ништо да ја поттикне економијата и да креира нови работни места. Единствено што поттикнува е иселувањето. Според просекот на ДЗС годишниот просек на иселување е 12.000 луѓе.

Македонија со СДС и ДУИ осиромашува и се празни. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!, истакна Ивица Томовски , член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

The post Секој трет граѓанин е сиромашен, пензионерите се едни од најзасегнатите категории appeared first on Република.

]]>

600.000 граѓани во Македонија живеат во сиромаштија, 80.000 од нив живеат во апсолутна сиромаштија со по 80 денари на ден, рече денеска Ивица Томовски , член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Со СДС и ДУИ буквално секој 3 граѓанин е сиромашен. Власта не прави ништо да го реши систематски проблемот. Да тргнеме од почеток. Пензионерите се едни од најзасегнатите категории за пад во сиромаштија. Бројките говорат дека во Македонија 96.000 пензионери земаат пензии до 13.300 денари, 60.000 пензионери од 13.300 до 16.000 денари, а 86.000 пензионери од 16.000 до 22.000 денари. Сите овие три категории, а особено првата и втората во која спаѓаат 156.000 пензионери едвај врзуваат крај со крај. Тоа во голем број на случаи се лица кои имаат потреба од лекови, што дополнително ги става во мизерија. И сега власта наместо трајно да го реши проблемот и да им помогне со реални мерки, таа одбира да изврши поткуп со 1.000 денари до избори. Почитувани претставници на власта, Пензионерите не се наивни, и нема да наседнат на вашите манипулации. Потребна е реална помош за пензионерите и таа ќе ја обезбеди ВМРО-ДПМНЕ со линеарно зголемување од 5.000 денари. Само така ќе им се помогне на најранливите да излезат од сиромаштијата. Дополнително голем е процентот и на невработеноста, тоа се луѓе кои не примаат никакви примања и најчесто се издржувани од некој член на семејството. Власта не направи ништо да ја поттикне економијата и да креира нови работни места. Единствено што поттикнува е иселувањето. Според просекот на ДЗС годишниот просек на иселување е 12.000 луѓе. Македонија со СДС и ДУИ осиромашува и се празни. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!, истакна Ивица Томовски , член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

The post Секој трет граѓанин е сиромашен, пензионерите се едни од најзасегнатите категории appeared first on Република.

]]>
Во Македонија никогаш не се живеело полошо https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-makedonija-nikogash-ne-se-zhiveelo-polosho/ Fri, 29 Dec 2023 12:03:30 +0000 https://republika.mk/?p=727818

Власта на СДСМ и ДУИ очајно се обидува да го намали изборниот пораз кој им престои. За таа цел од народните пари власта им дели трошки на граѓаните во пресрет на изборите, а најголемиот дел од буџетот го троши за криминални тендери и набавки. Реалноста е дека после секој пакет мерки кој го промовира власта народот живее посиромашно, а Македонија е позадолжена, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Околу 600 илјади граѓани живеат на работ на сиромаштија, а над 80 илјади граѓани живеат во екстремна сиромаштија. Долгот надминува 8 милијарди евра, а само оваа власт во овие 7 години се има задолжено колку сите претходни влади заедно. Сега со евтин популизам и по илјада денари сакаат да извршат брутален поткуп, но тоа нема да го промени фактот дека ќе бидат победени од народот кој веќе не им верува.

Токму поради овие евтини политики со кои прават купи ден помини и немањето економски план, државата тоне во сиромаштија, а стопанството се уништува. Македонија 2023  година ќе ја заврши со најмал економски раст во целиот регион, најмалку привлечени странски инвестиции и најголема стапка на иселување во историјата.
Најдобра антикризна мерка која може да се случи е оваа неспособна, неодговорна и ненародна власт да си замине. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!

The post Во Македонија никогаш не се живеело полошо appeared first on Република.

]]>

Власта на СДСМ и ДУИ очајно се обидува да го намали изборниот пораз кој им престои. За таа цел од народните пари власта им дели трошки на граѓаните во пресрет на изборите, а најголемиот дел од буџетот го троши за криминални тендери и набавки. Реалноста е дека после секој пакет мерки кој го промовира власта народот живее посиромашно, а Македонија е позадолжена, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Околу 600 илјади граѓани живеат на работ на сиромаштија, а над 80 илјади граѓани живеат во екстремна сиромаштија. Долгот надминува 8 милијарди евра, а само оваа власт во овие 7 години се има задолжено колку сите претходни влади заедно. Сега со евтин популизам и по илјада денари сакаат да извршат брутален поткуп, но тоа нема да го промени фактот дека ќе бидат победени од народот кој веќе не им верува.
Токму поради овие евтини политики со кои прават купи ден помини и немањето економски план, државата тоне во сиромаштија, а стопанството се уништува. Македонија 2023  година ќе ја заврши со најмал економски раст во целиот регион, најмалку привлечени странски инвестиции и најголема стапка на иселување во историјата. Најдобра антикризна мерка која може да се случи е оваа неспособна, неодговорна и ненародна власт да си замине. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!

The post Во Македонија никогаш не се живеело полошо appeared first on Република.

]]>
Рекордeн број бездомници во САД – 12 отсто повеќе за само една година https://republika.mk/vesti/svet/rekorden-broj-bezdomnitsi-vo-sad-12-otsto-poveke-za-samo-edna-godina/ Sat, 16 Dec 2023 08:38:12 +0000 https://republika.mk/?p=723535

Бездомништвото во САД достигна рекордно високо ниво - зголемено е за драматични 12 отсто, поради значителното зголемување на наемнините и намалувањето на помошта дадена за време на епидемијата на коронавирусот.

Федералните власти велат дека тие два фактора заедно го направиле домувањето помалку прифатливо.

Околу 653.000 луѓе се регистрирани како бездомници - највисоко ниво откако феноменот почна да се мери преку годишни истражувања во 2007 година.

Вкупниот број на бездомници во јануари 2023 година е поголем за 70.650 бездомници во споредба со јануари 2022 година.

Податоците покажуваат дека најголем број нови бездомници се луѓе кои никогаш не биле тоа и дека е прекинат трендот на намалување на семејното бездомништво што почна во 2012 година.

Овие податоци ја нагласуваат итната потреба да се имплементираат докажани решенија и стратегии кои брзо ги оддалечуваат луѓето од бездомништвото и на прво место - спречуваат појава на бездомништво“, наведува Марша Фаџ, секретар во Федералното биро за домување и урбан развој.

The post Рекордeн број бездомници во САД – 12 отсто повеќе за само една година appeared first on Република.

]]>

Бездомништвото во САД достигна рекордно високо ниво - зголемено е за драматични 12 отсто, поради значителното зголемување на наемнините и намалувањето на помошта дадена за време на епидемијата на коронавирусот. Федералните власти велат дека тие два фактора заедно го направиле домувањето помалку прифатливо. Околу 653.000 луѓе се регистрирани како бездомници - највисоко ниво откако феноменот почна да се мери преку годишни истражувања во 2007 година. Вкупниот број на бездомници во јануари 2023 година е поголем за 70.650 бездомници во споредба со јануари 2022 година. Податоците покажуваат дека најголем број нови бездомници се луѓе кои никогаш не биле тоа и дека е прекинат трендот на намалување на семејното бездомништво што почна во 2012 година.
Овие податоци ја нагласуваат итната потреба да се имплементираат докажани решенија и стратегии кои брзо ги оддалечуваат луѓето од бездомништвото и на прво место - спречуваат појава на бездомништво“, наведува Марша Фаџ, секретар во Федералното биро за домување и урбан развој.

The post Рекордeн број бездомници во САД – 12 отсто повеќе за само една година appeared first on Република.

]]>
Многу Американци не можат да си дозволат храна, иако невработеноста останува ниска https://republika.mk/vesti/svet/mnogu-amerikantsi-ne-mozhat-da-si-dozvolat-hrana-iako-nevrabotenosta-ostanuva-niska/ Fri, 15 Dec 2023 18:28:34 +0000 https://republika.mk/?p=723214

Гладот останува проблем во САД, иако претседателот Џо Бајден ја промовираше неговата економска програма „бајденомија“ како причина за неодамнешното закрепнување на економијата. Неверојатни 76% од Американците велат дека нивниот приход не е во чекор со инфлацијата, и како резултат на тоа „американскиот сон“ е се потежок.

Многу Американци се борат да платат за основните артикли како што е храната, а тоа ја зголемува зголемената побарувачка за програми за социјални услуги и добротворни групи за поддршка на граѓаните.

Ова не е прашање само на една група, тоа е американско прашање. Гладот е проблем во Америка во секоја демографска група, а сега, сè повеќе, на сè повеќе нивоа на приход“, вели Клер Бабинео-Фонтен, раководител на организацијата „Feeding America“.

Според анкета објавена неделава, 51% од луѓето на возраст од 30 до 64 години веруваат дека нивниот животен стандард е полош од тој на нивните родители, а таков став имаат и 39% од оние на возраст од 18 до 29, како и 40% од оние на возраст од 65 и повеќе години.

The post Многу Американци не можат да си дозволат храна, иако невработеноста останува ниска appeared first on Република.

]]>

Гладот останува проблем во САД, иако претседателот Џо Бајден ја промовираше неговата економска програма „бајденомија“ како причина за неодамнешното закрепнување на економијата. Неверојатни 76% од Американците велат дека нивниот приход не е во чекор со инфлацијата, и како резултат на тоа „американскиот сон“ е се потежок. Многу Американци се борат да платат за основните артикли како што е храната, а тоа ја зголемува зголемената побарувачка за програми за социјални услуги и добротворни групи за поддршка на граѓаните.
Ова не е прашање само на една група, тоа е американско прашање. Гладот е проблем во Америка во секоја демографска група, а сега, сè повеќе, на сè повеќе нивоа на приход“, вели Клер Бабинео-Фонтен, раководител на организацијата „Feeding America“.
Според анкета објавена неделава, 51% од луѓето на возраст од 30 до 64 години веруваат дека нивниот животен стандард е полош од тој на нивните родители, а таков став имаат и 39% од оние на возраст од 18 до 29, како и 40% од оние на возраст од 65 и повеќе години.

The post Многу Американци не можат да си дозволат храна, иако невработеноста останува ниска appeared first on Република.

]]>
Најсиромашни: Бугарите жива беда во ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/najsiromashni-bugarite-zhiva-beda-vo-eu/ Wed, 13 Dec 2023 07:47:38 +0000 https://republika.mk/?p=722399

Бугарија е држава од Европската унија со најмалку среќни или задоволни луѓе.Тоа се наведува во податоците од годишното истражување за индикаторите за квалитет на животот на Евростат. Според анализите на агенцијата, кога станува збор за задоволството од животот, Австрија е на прво место.

Австрија постигна вкупен резултат од 7,9 од 10, додека на второто место се Полска, Финска и Романија со 7,7 бодови.

Италија, Шпанија и Франција се околу просекот со 7,1 бодови. Евростат објави дека граѓаните на ЕУ проценуваат дека се задоволни од квалитетот на животот, а просечната оценка е 7,1.

Бугарија е единствената земја од ЕУ со оценка под шест

The post Најсиромашни: Бугарите жива беда во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Бугарија е држава од Европската унија со најмалку среќни или задоволни луѓе.Тоа се наведува во податоците од годишното истражување за индикаторите за квалитет на животот на Евростат. Според анализите на агенцијата, кога станува збор за задоволството од животот, Австрија е на прво место. Австрија постигна вкупен резултат од 7,9 од 10, додека на второто место се Полска, Финска и Романија со 7,7 бодови. Италија, Шпанија и Франција се околу просекот со 7,1 бодови. Евростат објави дека граѓаните на ЕУ проценуваат дека се задоволни од квалитетот на животот, а просечната оценка е 7,1. Бугарија е единствената земја од ЕУ со оценка под шест

The post Најсиромашни: Бугарите жива беда во ЕУ appeared first on Република.

]]>
„Нема веќе средна класа, сите сме сиромашни“: Над 500 илјади Македонци се умерено сиромашни, скоро 90 илјади екстремно https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-veke-sredna-klasa-site-sme-siromashni-nad-500-iljadi-makedontsi-se-umereno-siromashni-skoro-90-iljadi-ekstremno/ Fri, 24 Nov 2023 19:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=716030

600 илјади Македонци живеат во сиромаштија, а од нив 86 илјади во екстремна сиромаштија. Ова го покажува истражувањето за поскапувањето и инфлацијата на економскиот експерт Бранимир Јовановиќ, издадено од страна на Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој – СИГА, а со поддршка и во партнерство со Фондација „Фридрих Еберт“ Скопје, која се фокусира на сериозниот предизвик со кој се соочува Македонија, а тоа е инфлацијата и нејзиното влијание врз сиромаштијата.

„Не се веќе сиромашни само тие по контејнери, и тие со 2 плати се сиромашни. Тие по контејнери се бедни. Кога не можеш ништо да уложиш у куќа, како сакате да биде. Ништо не се реновира по дома. Некој дел да ми се расипе од апаратите, не можам да го сменам, а камоли ново.“
(Учесничка во фокус група во Тетово, јуни 2023 година)

„Пред 3 години зимавме помалку ама живеевме подобро, трошоците ни беа помали.“
(Учесник во фокус група во Тетово, јуни 2023 година)

Како што објаснува Јовановиќ во воведот, оваа студија ги проценува ефектите од поскапувањата во 2022 и 2023 година врз екстремната и умерената сиромаштија во Македонија. Резултатите покажуваат дека во 2022 година, бројот на лица кои живеат во екстремна сиромаштија се зголемил драстично, за 24 %. Во 2023 година, во најдобриот случај, бројот на сиромашни само минимално ќе се намали во однос на 2022 година, а во најлош случај, ќе порасне за дополнителни 20 %. Севкупно, бројот на лица кои ќе западнат во екстремна сиромаштија овие две години ќе изнесува помеѓу 12.000 и 28.000 лица. Слични се движењата и кај умерената сиромаштија – таа во 2022 година пораснала за околу 15 %, а во 2023 година ќе порасне дополнително за уште 5 % во најдобриот случај, односно за 24 % во најлошиот случај. Со тоа, бројот на лица кои ќе западнат во умерена сиромаштија овие две години ќе изнесува помеѓу 77.000 и 157.000. Причините за ваквите движења се што примањата на граѓаните – платите, пензиите, социјалните трансфери – не го следат растот на цените. Конкретните мерки кои државата може да ги преземе за да спречи раст на сиромаштијата поради поскапувањата, или барем да го ублажи истиот, се: да ги зголеми сите видови социјални издатоци – социјална помош, детски додаток и пензии, барем за онолку колку што изнесува инфлацијата; да обезбеди посебен антикризен надоместок до граѓаните кој ќе го покрие растот на цените; да ги зголеми минималната плата и платите во јавниот сектор, барем за онолку колку што изнесува инфлацијата; да ги ограничи цените
на одредени стратешки производи, како храната и енергијата, со цел да ја ублажи инфлацијата.

Целата студија тука 

The post „Нема веќе средна класа, сите сме сиромашни“: Над 500 илјади Македонци се умерено сиромашни, скоро 90 илјади екстремно appeared first on Република.

]]>

600 илјади Македонци живеат во сиромаштија, а од нив 86 илјади во екстремна сиромаштија. Ова го покажува истражувањето за поскапувањето и инфлацијата на економскиот експерт Бранимир Јовановиќ, издадено од страна на Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој – СИГА, а со поддршка и во партнерство со Фондација „Фридрих Еберт“ Скопје, која се фокусира на сериозниот предизвик со кој се соочува Македонија, а тоа е инфлацијата и нејзиното влијание врз сиромаштијата.
„Не се веќе сиромашни само тие по контејнери, и тие со 2 плати се сиромашни. Тие по контејнери се бедни. Кога не можеш ништо да уложиш у куќа, како сакате да биде. Ништо не се реновира по дома. Некој дел да ми се расипе од апаратите, не можам да го сменам, а камоли ново.“ (Учесничка во фокус група во Тетово, јуни 2023 година) „Пред 3 години зимавме помалку ама живеевме подобро, трошоците ни беа помали.“ (Учесник во фокус група во Тетово, јуни 2023 година)
Како што објаснува Јовановиќ во воведот, оваа студија ги проценува ефектите од поскапувањата во 2022 и 2023 година врз екстремната и умерената сиромаштија во Македонија. Резултатите покажуваат дека во 2022 година, бројот на лица кои живеат во екстремна сиромаштија се зголемил драстично, за 24 %. Во 2023 година, во најдобриот случај, бројот на сиромашни само минимално ќе се намали во однос на 2022 година, а во најлош случај, ќе порасне за дополнителни 20 %. Севкупно, бројот на лица кои ќе западнат во екстремна сиромаштија овие две години ќе изнесува помеѓу 12.000 и 28.000 лица. Слични се движењата и кај умерената сиромаштија – таа во 2022 година пораснала за околу 15 %, а во 2023 година ќе порасне дополнително за уште 5 % во најдобриот случај, односно за 24 % во најлошиот случај. Со тоа, бројот на лица кои ќе западнат во умерена сиромаштија овие две години ќе изнесува помеѓу 77.000 и 157.000. Причините за ваквите движења се што примањата на граѓаните – платите, пензиите, социјалните трансфери – не го следат растот на цените. Конкретните мерки кои државата може да ги преземе за да спречи раст на сиромаштијата поради поскапувањата, или барем да го ублажи истиот, се: да ги зголеми сите видови социјални издатоци – социјална помош, детски додаток и пензии, барем за онолку колку што изнесува инфлацијата; да обезбеди посебен антикризен надоместок до граѓаните кој ќе го покрие растот на цените; да ги зголеми минималната плата и платите во јавниот сектор, барем за онолку колку што изнесува инфлацијата; да ги ограничи цените на одредени стратешки производи, како храната и енергијата, со цел да ја ублажи инфлацијата. Целата студија тука     

The post „Нема веќе средна класа, сите сме сиромашни“: Над 500 илјади Македонци се умерено сиромашни, скоро 90 илјади екстремно appeared first on Република.

]]>
Дојде живот на рати, 80 илјади граѓани со 60 денари на ден немаат ни за два леба, а за тие пари министрите во бифе јадат сланина и бифтеци https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-dojde-zhivot-na-rati-80-iljadi-gragani-so-60-denari-na-den-nemaat-ni-za-dva-leba-a-za-tie-pari-ministrite-vo-bife-jadat-slanina-i-biftetsi/ Wed, 18 Oct 2023 06:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=692340

Граѓаните се соочуваат со застрашувачко осиромашување и пад на стандардот. Во Македонија секојдневните трошоци се за 4 пати повеќе поскапени отколку што поскапеле во Европската Унија. За кратко време инфлацијата изеде третина од платите, а со новите покачувања на ДДВ од 5 на 10% на основни прехранбени производи уште повеќе ќе удрат по џебот на народот. Затоа граѓаните се повеќе се откажуваат од тоа да купуваат нешто кое порано го купувале, или се одлучуваат да купуваат само на парче, наместо на кило, или да купуваат бајати производи за да заштедат некој денар, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

За да се покрие буџетската дупка поскапеа лековите, витамините, детската храна, конзервираните производи, цвекло, брашно, чај, урда, сирење, кашкавал, зденки, замрзнати теста, феферони и други производи , само затоа што власта на СДС и ДУИ тоа го смета за луксуз.

Погрешните политики и алчноста на оваа влада го одраа народот и донесоа живот на рати.

Не е ни чудо што проекциите се дека до крајот на годината околу 600 илјади граѓани ќе живеат во сиромаштија, а од нив 80 илјади граѓани само со 60 денари дневно. Еден сиромашен граѓанин со 60 денари на ден не може да купи ни два леба, ама затоа во владиното бифе министрите со 2000 евра плата се хранат со тостови од 70 денари и готвени јадења од 100-тина денари. Социјалните случаи преку повисоко ДДВ ќе го полнат буџетот, за власта да се храни по повластени цени со сланина и бифтеци.

Оваа власт на ДУИ и СДС мора да замине за ова безумие да престане, стои во соопштението на партијата.

The post Дојде живот на рати, 80 илјади граѓани со 60 денари на ден немаат ни за два леба, а за тие пари министрите во бифе јадат сланина и бифтеци appeared first on Република.

]]>

Граѓаните се соочуваат со застрашувачко осиромашување и пад на стандардот. Во Македонија секојдневните трошоци се за 4 пати повеќе поскапени отколку што поскапеле во Европската Унија. За кратко време инфлацијата изеде третина од платите, а со новите покачувања на ДДВ од 5 на 10% на основни прехранбени производи уште повеќе ќе удрат по џебот на народот. Затоа граѓаните се повеќе се откажуваат од тоа да купуваат нешто кое порано го купувале, или се одлучуваат да купуваат само на парче, наместо на кило, или да купуваат бајати производи за да заштедат некој денар, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. За да се покрие буџетската дупка поскапеа лековите, витамините, детската храна, конзервираните производи, цвекло, брашно, чај, урда, сирење, кашкавал, зденки, замрзнати теста, феферони и други производи , само затоа што власта на СДС и ДУИ тоа го смета за луксуз. Погрешните политики и алчноста на оваа влада го одраа народот и донесоа живот на рати. Не е ни чудо што проекциите се дека до крајот на годината околу 600 илјади граѓани ќе живеат во сиромаштија, а од нив 80 илјади граѓани само со 60 денари дневно. Еден сиромашен граѓанин со 60 денари на ден не може да купи ни два леба, ама затоа во владиното бифе министрите со 2000 евра плата се хранат со тостови од 70 денари и готвени јадења од 100-тина денари. Социјалните случаи преку повисоко ДДВ ќе го полнат буџетот, за власта да се храни по повластени цени со сланина и бифтеци. Оваа власт на ДУИ и СДС мора да замине за ова безумие да престане, стои во соопштението на партијата.

The post Дојде живот на рати, 80 илјади граѓани со 60 денари на ден немаат ни за два леба, а за тие пари министрите во бифе јадат сланина и бифтеци appeared first on Република.

]]>
Балканците сонуваат да заминат во оваа земја заради подобри услови, но сега ја „тресе“ криза https://republika.mk/vesti/svet/balkantsite-sonuvaat-da-zaminat-vo-ovaa-zemja-zaradi-podobri-uslovi-no-sega-ja-trese-kriza/ Thu, 05 Oct 2023 16:46:54 +0000 https://republika.mk/?p=688300

Додека во многу од државите во Европа месечната плата од 4.000 евра би се сметала за одличен финански прилив, во Швајцарија тоа би значело живот на раб на сиромаштија. Растот на износот на киријата, недостаток на станбени единици, поскапување на здравственото осигурување прават тоа да е случај во оваа држава.

Даниел Лаупер од хуманитарната организација „Каритас“ алармира дека за многу од луѓето ситуацијата станала несигурна како последица на пандемијата на корона вирусот.

Во Швајцарија вообичаено не зборуваме за парите или за тоа дека немаме пари. Ми застанува кнедла во грлото кога ќе помислам на многуте семејства кои се на раб на сиромаштија. Тој број е немерлив“, изјавил Лаупер.

Речиси 750.000 луѓе се погодени од сиромаштијата

Лаупер укажува дека многу од семејствата се во тешка ситуација и стравува дека последицата би била создавање фрустрирачки семејства кои не добиваат помош.

Според него, се очекува уште повеќе луѓе да бараат помош поради растот на здравственото осигурување, а истото треба да се случи наредната година.

„Очајничка потреба за реформи“

Министерот за здравство во заминување, Алаин Берст, најави поскапување на здравственото осигурување.

Имам лоши вести за домаќинствата кои веќе се погодени од инфлацијата. Трошоците за здравственото осигурување во текот на 2024 година ќе се зголемат на 8,7 отсто“, изјави Берсет.

Весникот „Neue Zurcher Zeitung“ објави дека тоа поскапување за семејства со две деца годишно ќе изнесува 1.000 евра. Постои можност и од поднесување на барање за намалување на премијата на здравственото осигурување.

„Недостаток на солидарност“

Сите политичари зборуваат за растот на премијата на здравственото осигурување. Поединци се повикуваат на системот во којшто здравството го финансира Владата, а што би можело да ги оневозможи даноците.

Лице кое работи во менаџмент плаќа иста премија на здравствено осигурување како и градежниот работник. Ова го покажува недостатокот на солидарност“, порачуваат од партијата на Зелените.

Инфлација и кирија

Инфлацијата во Швајцарија е пониска за разлика од поголем дел од останатите европски држави, но за условите на таа земја е висока.

Кириите континуирано растат. Директорот на Сојузните канцеларии за станбени прашања очекуваат кириите до 2026 година да бидат повисоки за 15 отсто. Ова, како и малиот број на слободни работни места и зголемувањето на жителите на девет милиони претставуваат оптоварување на буџетот на граѓаните.

Инфлацијата на почеток на годината изнесувала 3,4 отсто, додека во август изнесувала 1,6 отсто. Домашните производи се поскапи за 2,2 отсто во однос на минатата година...

The post Балканците сонуваат да заминат во оваа земја заради подобри услови, но сега ја „тресе“ криза appeared first on Република.

]]>

Додека во многу од државите во Европа месечната плата од 4.000 евра би се сметала за одличен финански прилив, во Швајцарија тоа би значело живот на раб на сиромаштија. Растот на износот на киријата, недостаток на станбени единици, поскапување на здравственото осигурување прават тоа да е случај во оваа држава. Даниел Лаупер од хуманитарната организација „Каритас“ алармира дека за многу од луѓето ситуацијата станала несигурна како последица на пандемијата на корона вирусот.
Во Швајцарија вообичаено не зборуваме за парите или за тоа дека немаме пари. Ми застанува кнедла во грлото кога ќе помислам на многуте семејства кои се на раб на сиромаштија. Тој број е немерлив“, изјавил Лаупер.

Речиси 750.000 луѓе се погодени од сиромаштијата

Лаупер укажува дека многу од семејствата се во тешка ситуација и стравува дека последицата би била создавање фрустрирачки семејства кои не добиваат помош. Според него, се очекува уште повеќе луѓе да бараат помош поради растот на здравственото осигурување, а истото треба да се случи наредната година.

„Очајничка потреба за реформи“

Министерот за здравство во заминување, Алаин Берст, најави поскапување на здравственото осигурување.
Имам лоши вести за домаќинствата кои веќе се погодени од инфлацијата. Трошоците за здравственото осигурување во текот на 2024 година ќе се зголемат на 8,7 отсто“, изјави Берсет.
Весникот „Neue Zurcher Zeitung“ објави дека тоа поскапување за семејства со две деца годишно ќе изнесува 1.000 евра. Постои можност и од поднесување на барање за намалување на премијата на здравственото осигурување.

„Недостаток на солидарност“

Сите политичари зборуваат за растот на премијата на здравственото осигурување. Поединци се повикуваат на системот во којшто здравството го финансира Владата, а што би можело да ги оневозможи даноците.
Лице кое работи во менаџмент плаќа иста премија на здравствено осигурување како и градежниот работник. Ова го покажува недостатокот на солидарност“, порачуваат од партијата на Зелените.

Инфлација и кирија

Инфлацијата во Швајцарија е пониска за разлика од поголем дел од останатите европски држави, но за условите на таа земја е висока. Кириите континуирано растат. Директорот на Сојузните канцеларии за станбени прашања очекуваат кириите до 2026 година да бидат повисоки за 15 отсто. Ова, како и малиот број на слободни работни места и зголемувањето на жителите на девет милиони претставуваат оптоварување на буџетот на граѓаните. Инфлацијата на почеток на годината изнесувала 3,4 отсто, додека во август изнесувала 1,6 отсто. Домашните производи се поскапи за 2,2 отсто во однос на минатата година...

The post Балканците сонуваат да заминат во оваа земја заради подобри услови, но сега ја „тресе“ криза appeared first on Република.

]]>
Со Владата на СДСМ и ДУИ економијата е на колена, а кај граѓаните владее беспарица https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-so-vladata-na-sdsm-i-dui-ekonomijata-e-na-kolena-a-kaj-graganite-vladee-besparitsa/ Tue, 03 Oct 2023 17:28:10 +0000 https://republika.mk/?p=687601

Во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените!“ од Пештани се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што истакна дека поради неспособноста на власта граѓаните страдаат, а за тоа е и доказ беспарицата која што зема се поголем замав во Македонија.

Економијата ни е на колена, земјоделците каде и да одите ширум Македонија ќе ви кажат дека споделуваат голема мака, родот не е платен пласман нема и мака мачат како да ги прехранат своите семејства. А, децата немаат учебници за да можат пристојно да добијат образование, она кое што го заслужуваат во 21 век, а демек сме биле земја која што е кандидат за членство во Европската Унија. Денеска пензионерите ви протестираат затоа што не можат месец од крај со крај да го врзат. Ширум Македонија гледате како пензионерите за прв пат во независна Македонија протестираат затоа што не можат да преживеат, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека граѓаните си одат од државата бидејќи се разочарани од оваа власт, но набргу се ќе се смени по претседателските и парламентарните избори.

За економијата, за националните понижувања, за образованието, за земјоделието, за пензионерите, за младите, моите студенти кои што после дипломирањето одлучуваат да си заминат 8 од 10 би рекол кога ќе ги прашам зошто тоа го прават, велат дека овде едноставно не гледаат перспектива. Ќе имате сите вие можност да зборувате гласно за неколку месеци од денес на следните претседателски и парламентарни избори, истакна Мицкоски.

The post Со Владата на СДСМ и ДУИ економијата е на колена, а кај граѓаните владее беспарица appeared first on Република.

Како се живееше во Бугарија во осумдесеттите: Редици за леб и млеко https://republika.mk/vesti/balkan/kako-se-zhiveeshe-vo-bugarija-vo-osumdesettite-reditsi-za-leb-i-mleko/ Fri, 04 Aug 2023 10:36:15 +0000 https://republika.mk/?p=668639

Бугарија денес заедно со Романија е најсиромашната држава во ЕУ. Но, не само сега, во Бугарија се живееше тешко и кога источниот сосед беше дел „од железната завеса“.

Во осумдесетите години во Бугарија се чекаше во редици за леб и млеко, а имаше недостаток и за основните животни намирници како зејтин и шекер.

Земјата живна по падот на комунизмот и доаѓањето на Жељу Желев кој се обиде, но не успеа да расчисти со остатоците од минатото.

The post Како се живееше во Бугарија во осумдесеттите: Редици за леб и млеко appeared first on Република.

]]>

Бугарија денес заедно со Романија е најсиромашната држава во ЕУ. Но, не само сега, во Бугарија се живееше тешко и кога источниот сосед беше дел „од железната завеса“. Во осумдесетите години во Бугарија се чекаше во редици за леб и млеко, а имаше недостаток и за основните животни намирници како зејтин и шекер. Земјата живна по падот на комунизмот и доаѓањето на Жељу Желев кој се обиде, но не успеа да расчисти со остатоците од минатото.

The post Како се живееше во Бугарија во осумдесеттите: Редици за леб и млеко appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Ковачевски наметнува нови даноци заради празната државна каса, Фрчкоски не му враќа 4 милиони долари, а нема санкции? https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-kovachevski-nametnuva-novi-danotsi-zaradi-praznata-drzhavna-kasa-frchkoski-ne-mu-vraka-4-milioni-dolari-a-nema-sanktsii/ Thu, 03 Aug 2023 11:29:14 +0000 https://republika.mk/?p=668253

Ниту Бујар Османи, ниту Димитар Ковачевски не одговорија каде се 4 милиони долари од поделбата на имотот на поранешна Југославија што и припаднаа на Македонија? Зошто Фрчкоски не ги враќа парите во буџетот? Дали ќе се санкционира ваквото однесување на Фрчкоски, во моменти кога Ковачевски воведува нови даноци заради празната државна каса, а Фрчкоски не враќа 4 милиони долари?, праша на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Ова е огромен скандал, недозволиво е два дена да нема одговор зошто Љубомир Фрчкоски не ги префрла 3 милиони и 400 илјади американски долари од сметката на Постојаната мисија на Македонија при ОН во државниот буџет? За потсетување, 3,4 милиони веќе се префрлени на сметка на Мисијата на Фрчкоски, а се очекуваат уште 600 илјади американски долари.

Османи и Ковачевски мора да одговорат дали во декември лани и во јуни годинава испратиле инструкции до Фрчкоски парите да бидат префрлени во државниот буџет? Османи и Ковачевски мора да одговорат зошто е потребно дури на два пати, декември и половина година потоа, во јуни годинава по втор пат да праќаат исти инструкции амбасадор да врати пари од сметка во буџетот? Дали Фрчкоски одбива соработка со министерството и со владата? Дали е тоа дозволено самоволие и непочитување на инструкции од Фрчкоски – парите не ги префрла во буџетот на државата, тоа одбива да го направи и ги држи на сметката на Мисијата?

Мора да се знае какви инструкции има амбасадорот Фрчкоски за трошење на државните 4 милиони долари? За што се планирани овие пари, дали воопшто се планирани ако се бараат во буџетот, или на повидок е потенцијална матна зделка?

И најважното прашање – зошто Димитар Ковачевски молчи за скандалот, ако не бил информиран, сега веќе би требало да знае за сето ова?

Ковачевски наметнува нови даноци, Фрчкоски не му враќа 4 милиони долари, а нема санкции?

Дали Македонија ќе доживее уште еден скандал од транзицискиот политичар, којшто веројатно смета дека како амбасадор може да не почитува инструкции и на сметка на Мисијата да присвои пари на граѓаните на Македонија, за можни матни зделки практикувани во 90-тите години како на пример за скапи коњи, луксузни очила за сонце, кога амбасадорот беше министер?

Македонија тоне во сиромаштија, се измислуваат нови даноци и давачки, криминалот, корупцијата, неказнивоста и самоволието цветаат.

Само избори се спасот!, подвлече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Стоилковски: Ковачевски наметнува нови даноци заради празната државна каса, Фрчкоски не му враќа 4 милиони долари, а нема санкции? appeared first on Република.

]]>

Ниту Бујар Османи, ниту Димитар Ковачевски не одговорија каде се 4 милиони долари од поделбата на имотот на поранешна Југославија што и припаднаа на Македонија? Зошто Фрчкоски не ги враќа парите во буџетот? Дали ќе се санкционира ваквото однесување на Фрчкоски, во моменти кога Ковачевски воведува нови даноци заради празната државна каса, а Фрчкоски не враќа 4 милиони долари?, праша на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Ова е огромен скандал, недозволиво е два дена да нема одговор зошто Љубомир Фрчкоски не ги префрла 3 милиони и 400 илјади американски долари од сметката на Постојаната мисија на Македонија при ОН во државниот буџет? За потсетување, 3,4 милиони веќе се префрлени на сметка на Мисијата на Фрчкоски, а се очекуваат уште 600 илјади американски долари. Османи и Ковачевски мора да одговорат дали во декември лани и во јуни годинава испратиле инструкции до Фрчкоски парите да бидат префрлени во државниот буџет? Османи и Ковачевски мора да одговорат зошто е потребно дури на два пати, декември и половина година потоа, во јуни годинава по втор пат да праќаат исти инструкции амбасадор да врати пари од сметка во буџетот? Дали Фрчкоски одбива соработка со министерството и со владата? Дали е тоа дозволено самоволие и непочитување на инструкции од Фрчкоски – парите не ги префрла во буџетот на државата, тоа одбива да го направи и ги држи на сметката на Мисијата? Мора да се знае какви инструкции има амбасадорот Фрчкоски за трошење на државните 4 милиони долари? За што се планирани овие пари, дали воопшто се планирани ако се бараат во буџетот, или на повидок е потенцијална матна зделка? И најважното прашање – зошто Димитар Ковачевски молчи за скандалот, ако не бил информиран, сега веќе би требало да знае за сето ова? Ковачевски наметнува нови даноци, Фрчкоски не му враќа 4 милиони долари, а нема санкции? Дали Македонија ќе доживее уште еден скандал од транзицискиот политичар, којшто веројатно смета дека како амбасадор може да не почитува инструкции и на сметка на Мисијата да присвои пари на граѓаните на Македонија, за можни матни зделки практикувани во 90-тите години како на пример за скапи коњи, луксузни очила за сонце, кога амбасадорот беше министер? Македонија тоне во сиромаштија, се измислуваат нови даноци и давачки, криминалот, корупцијата, неказнивоста и самоволието цветаат. Само избори се спасот!, подвлече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Стоилковски: Ковачевски наметнува нови даноци заради празната државна каса, Фрчкоски не му враќа 4 милиони долари, а нема санкции? appeared first on Република.

]]>
Светска банка: Се поголем е јазот помеѓу богатите и сиромашните https://republika.mk/vesti/ekonomija/svetska-banka-se-pogolem-e-jazot-pomegu-bogatite-i-siromashnite/ Tue, 18 Jul 2023 09:03:42 +0000 https://republika.mk/?p=662595

Нoвиот шеф на Светска банка изјави на состанокот на министрите за финансии на Г20 во Индија дека растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните нации ризикува да ја продлабочи сиромаштијата во земјите во развој.

Многу земји сè уште се опоравуваат од двојниот удар на пандемијата на коронавирус и последиците од руската војна во Украина, која ги погоди глобалните цени на горивата и суровините. Во меѓувреме, климатските промени ги погодуваат некои од најсиромашните земји со кои најтешко се справуваат.

Ајај Банга, претседател на Светската банка, рече дека стравува дека недостатокот на напредок може да доведе до поширок јаз во глобалната економија, на штета на најсиромашните во светот.

„Она што ме буди ноќе е недовербата што тивко ги дели глобалниот Север и Југ во време кога треба да се обединиме“, рече Банга на дводневниот состанок на министрите за финансии и гувернерите на централните банки во Гандинагар, државата Гуџарат.

„Фрустрацијата на глобалниот југ е разбирлива. На многу начини, тие ја плаќаат цената за нашиот просперитет“, рече Банга со индиско потекло, натурализиран американски државјанин кој ја презеде банката минатиот месец откако беше номиниран од американскиот претседател Џо Бајден. .

The post Светска банка: Се поголем е јазот помеѓу богатите и сиромашните appeared first on Република.

]]>

Нoвиот шеф на Светска банка изјави на состанокот на министрите за финансии на Г20 во Индија дека растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните нации ризикува да ја продлабочи сиромаштијата во земјите во развој. Многу земји сè уште се опоравуваат од двојниот удар на пандемијата на коронавирус и последиците од руската војна во Украина, која ги погоди глобалните цени на горивата и суровините. Во меѓувреме, климатските промени ги погодуваат некои од најсиромашните земји со кои најтешко се справуваат. Ајај Банга, претседател на Светската банка, рече дека стравува дека недостатокот на напредок може да доведе до поширок јаз во глобалната економија, на штета на најсиромашните во светот.
„Она што ме буди ноќе е недовербата што тивко ги дели глобалниот Север и Југ во време кога треба да се обединиме“, рече Банга на дводневниот состанок на министрите за финансии и гувернерите на централните банки во Гандинагар, државата Гуџарат. „Фрустрацијата на глобалниот југ е разбирлива. На многу начини, тие ја плаќаат цената за нашиот просперитет“, рече Банга со индиско потекло, натурализиран американски државјанин кој ја презеде банката минатиот месец откако беше номиниран од американскиот претседател Џо Бајден. .
 
The post Светска банка: Се поголем е јазот помеѓу богатите и сиромашните appeared first on Република.

]]>