Шуто Оризари Archives - Република https://republika.mk/tema/shuto-orizari/ За подобро да се разбереме Tue, 28 May 2024 16:15:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шуто Оризари Archives - Република https://republika.mk/tema/shuto-orizari/ 32 32 Скопјанец го нападнал градоначалникот на општина Шуто Оризари, полицијата подготвува пријава https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-go-napadnal-gradonachalnikot-na-opshtina-shuto-orizari-politsijata-podgotvuva-prijava/ Tue, 28 May 2024 19:09:51 +0000 https://republika.mk/?p=782515

Полицијата постапувајќи по претходна пријава вчера извршила службен разговор со З.И.(47) од Скопје.

Како што информира денеска МВР, според пријавата, околу 15.30 часот во просториите на општина Шуто Оризари З.И. агресивно се однесувал и го нападнал К.Д.(49) од Скопје, градоначалник на општината.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Скопјанец го нападнал градоначалникот на општина Шуто Оризари, полицијата подготвува пријава appeared first on Република.

]]>

Полицијата постапувајќи по претходна пријава вчера извршила службен разговор со З.И.(47) од Скопје. Како што информира денеска МВР, според пријавата, околу 15.30 часот во просториите на општина Шуто Оризари З.И. агресивно се однесувал и го нападнал К.Д.(49) од Скопје, градоначалник на општината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Скопјанец го нападнал градоначалникот на општина Шуто Оризари, полицијата подготвува пријава appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Граѓаните на Шуто Оризари се целосно заборавени од власта на СДСМ и ДУИ, бараат промени кои доаѓаат наскоро! https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-graganite-na-shuto-orizari-se-tselosno-zaboraveni-od-vlasta-na-sdsm-i-dui-baraat-promeni-koi-doagaat-naskoro/ Fri, 12 Apr 2024 16:25:35 +0000 https://republika.mk/?p=765494

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски информираше на Фејсбук дека денеска бил на средба со граѓаните на Шуто Оризари.

Тука можеме да констатираме дека граѓаните на Шуто Оризари се целосно заборавени од власта на СДСМ и ДУИ! Ветуваа живот за сите, подобар живот за младите, но младите како и возрасните поради лошите услови за живот и невработеноста се иселуваат и среќата ја бараат надвор од Македонија!

Затоа тука граѓаните се цврсто решени дека се потребни промени! И, драго ми е што гледам оптимизам и позитивна енергија за промени и подобра иднина!

Сите заеднички повикуваме на поддршка за Гордана Силјановска Давкова!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Мисајловски: Граѓаните на Шуто Оризари се целосно заборавени од власта на СДСМ и ДУИ, бараат промени кои доаѓаат наскоро! appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски информираше на Фејсбук дека денеска бил на средба со граѓаните на Шуто Оризари.
Тука можеме да констатираме дека граѓаните на Шуто Оризари се целосно заборавени од власта на СДСМ и ДУИ! Ветуваа живот за сите, подобар живот за младите, но младите како и возрасните поради лошите услови за живот и невработеноста се иселуваат и среќата ја бараат надвор од Македонија! Затоа тука граѓаните се цврсто решени дека се потребни промени! И, драго ми е што гледам оптимизам и позитивна енергија за промени и подобра иднина! Сите заеднички повикуваме на поддршка за Гордана Силјановска Давкова!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Мисајловски: Граѓаните на Шуто Оризари се целосно заборавени од власта на СДСМ и ДУИ, бараат промени кои доаѓаат наскоро! appeared first on Република.

]]>
Девојче добило повреди под окото и по телото и скршена клучната коска додека било во градинка, родителите откриле кога ја земале дома https://republika.mk/vesti/crna-hronika/devojche-dobilo-povredi-pod-okoto-i-po-teloto-i-skrshena-kluchnata-koska-dodeka-bilo-vo-gradinka-roditelite-otkrile-koga-ja-zemale-doma/ Sat, 23 Sep 2023 16:33:36 +0000 https://republika.mk/?p=684453

Родител пријавил во СВР Скопје дека неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда во градинка на подрачје на Шуто Оризари.

Таткото на 11-месечното бебе тврди дека тоа било тешко повредено во градинката 8 Април во Шуто Оризари. Тој вели дека бебето било само два ипол часа во градинката и за тој период добило видливи повреди под десното око, гребнатини по телото и скршена му била клучната коска. За повредите сметаа дека се виновни двете негувателки кои не го информирале навремено семејството. Кога мајката го однела бебето дома забележала дека тоа плаче без престан. Првично сметала дека тоа е така бидејќи бебето овој месец почнало да оди во градинка и се уште му е фаза на адаптација, но подоцна ги забележала видливите повреди по телото и по одговори се упатила во градинката.

Негувателките тврдеа дека е нормално за бебето да е вознемирено затоа што му растеле заби. Таа нервоза кај бебето била причина за самото да се повреди, вели за „Телма“, Имер Салиу, татко на бебето.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 19:50 часот во СВР Скопје, И.С.(28) од Скопје пријавил дека во текот на денот во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 08:00 часот и, бидејќи е во период на адаптација, ја зела во 10:00 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, девојчето не престанувало да плаче, по што го однеле во Ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата, се наведува во соопштение на Министерството за внатрешни работи.

The post Девојче добило повреди под окото и по телото и скршена клучната коска додека било во градинка, родителите откриле кога ја земале дома appeared first on Република.

]]>

Родител пријавил во СВР Скопје дека неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда во градинка на подрачје на Шуто Оризари. Таткото на 11-месечното бебе тврди дека тоа било тешко повредено во градинката 8 Април во Шуто Оризари. Тој вели дека бебето било само два ипол часа во градинката и за тој период добило видливи повреди под десното око, гребнатини по телото и скршена му била клучната коска. За повредите сметаа дека се виновни двете негувателки кои не го информирале навремено семејството. Кога мајката го однела бебето дома забележала дека тоа плаче без престан. Првично сметала дека тоа е така бидејќи бебето овој месец почнало да оди во градинка и се уште му е фаза на адаптација, но подоцна ги забележала видливите повреди по телото и по одговори се упатила во градинката.
Негувателките тврдеа дека е нормално за бебето да е вознемирено затоа што му растеле заби. Таа нервоза кај бебето била причина за самото да се повреди, вели за „Телма“, Имер Салиу, татко на бебето.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Синоќа во 19:50 часот во СВР Скопје, И.С.(28) од Скопје пријавил дека во текот на денот во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 08:00 часот и, бидејќи е во период на адаптација, ја зела во 10:00 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, девојчето не престанувало да плаче, по што го однеле во Ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата, се наведува во соопштение на Министерството за внатрешни работи.

The post Девојче добило повреди под окото и по телото и скршена клучната коска додека било во градинка, родителите откриле кога ја земале дома appeared first on Република.

]]>
Скопјанец обвинува дека неговата 11-месечна ќерка била тешко повредена во градинка во Шуто Оризари https://republika.mk/vesti/skopje/skopjanets-obvinuva-deka-negovata-11-mesechna-kerka-bila-teshko-povredena-vo-gradinka-vo-shuto-orizari/ Sat, 23 Sep 2023 13:52:36 +0000 https://republika.mk/?p=684411

11-месечно бебе наместо да се адаптира во градинка, се здобило со скршеница на десното рамо обвинуваат родителите. Немилиот настан се случил во градинка во Шуто Оризари тврди таткото Имер Салиу. Тој со рендген снимки во раце излезе јавно да ја докажува повредата на неговото чедо и да го искаже револтот за тоа што и се случило на 11 месечната ќеркичка. Салиу вината ја бара во негувателките кои биле одговорни за децата и бара одговорност од раководството на градинката и од општина Шуто Оризари.

Бебе од 11 месеци не може само да си ја скриши коската. Бебе од 11 месеци не може да зборува и да оди.Тоа бебе било под надзор на негователките кој што во моментот на настанатата повреда дали се они фактор на повредата, дали они ја предизвикале дали они не внимавале на неа дека се случило ова не знаеме.Не добивме конкретен одговор за ова. Како родител загрижен барам одговороност од сите институции поготово од општината Шуто Оризари коишто они ги вработуваат негователките, вели таткото на бебето, Имер Салиу.

Салиу е гневен од односот на вработените во градинката што не добил никакви информации дека неговата ќерка има скршеница.

Кога прашавме зошто е повредена ми рекоа дека сама се повредила била нервозна од забите. А затоа што се случило со рамото не добивме конкретен одговор. Се надевам ќе добиеме одговор што и како се случило, бидејќи секој родител би сакал да го знае тоа, вели Салиу.

 

The post Скопјанец обвинува дека неговата 11-месечна ќерка била тешко повредена во градинка во Шуто Оризари appeared first on Република.

]]>

11-месечно бебе наместо да се адаптира во градинка, се здобило со скршеница на десното рамо обвинуваат родителите. Немилиот настан се случил во градинка во Шуто Оризари тврди таткото Имер Салиу. Тој со рендген снимки во раце излезе јавно да ја докажува повредата на неговото чедо и да го искаже револтот за тоа што и се случило на 11 месечната ќеркичка. Салиу вината ја бара во негувателките кои биле одговорни за децата и бара одговорност од раководството на градинката и од општина Шуто Оризари.
Бебе од 11 месеци не може само да си ја скриши коската. Бебе од 11 месеци не може да зборува и да оди.Тоа бебе било под надзор на негователките кој што во моментот на настанатата повреда дали се они фактор на повредата, дали они ја предизвикале дали они не внимавале на неа дека се случило ова не знаеме.Не добивме конкретен одговор за ова. Како родител загрижен барам одговороност од сите институции поготово од општината Шуто Оризари коишто они ги вработуваат негователките, вели таткото на бебето, Имер Салиу.
Салиу е гневен од односот на вработените во градинката што не добил никакви информации дека неговата ќерка има скршеница.
Кога прашавме зошто е повредена ми рекоа дека сама се повредила била нервозна од забите. А затоа што се случило со рамото не добивме конкретен одговор. Се надевам ќе добиеме одговор што и како се случило, бидејќи секој родител би сакал да го знае тоа, вели Салиу.
 

The post Скопјанец обвинува дека неговата 11-месечна ќерка била тешко повредена во градинка во Шуто Оризари appeared first on Република.

]]>
Пожар во затворот во Шуто Оризари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-vo-zatvorot-vo-shuto-orizari/ Tue, 21 Mar 2023 18:31:33 +0000 https://republika.mk/?p=622173

Затвореник предизвикал пожар во затворот Скопје во Шуто Оризари.

Станува збор за 23-годишен затвореник од Република Турција кој во текот на вчерашниот ден запалил два душеци од кревет и две ќебиња, соопшти МВР.

Вработени во затворот го изгаснале пожарот, а повредени лица нема.

 

The post Пожар во затворот во Шуто Оризари appeared first on Република.

]]>

Затвореник предизвикал пожар во затворот Скопје во Шуто Оризари. Станува збор за 23-годишен затвореник од Република Турција кој во текот на вчерашниот ден запалил два душеци од кревет и две ќебиња, соопшти МВР. Вработени во затворот го изгаснале пожарот, а повредени лица нема.  

The post Пожар во затворот во Шуто Оризари appeared first on Република.

]]>
Не ѝ е прв пат да бега од дома: Исчезна малолетничка од Шутка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-e-prv-pat-da-bega-od-doma-ischezna-maloletnichka-od-shutka/ Fri, 07 Oct 2022 16:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=558507

На 06.10.2022 во 23:00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Б.В.(37) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината малолетна ќерка Е.В.(16).

Според пријхавата, таа и претходно се оддалечувала од домот и била враќана назад.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

The post Не ѝ е прв пат да бега од дома: Исчезна малолетничка од Шутка appeared first on Република.

]]>

На 06.10.2022 во 23:00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Б.В.(37) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината малолетна ќерка Е.В.(16). Според пријхавата, таа и претходно се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

The post Не ѝ е прв пат да бега од дома: Исчезна малолетничка од Шутка appeared first on Република.

]]>
Жители на Шуто Оризари ќе протестираат пред Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/ziteli-na-shuto-orizari-kje-protestiraat-pred-grad-skopje/ Sun, 11 Sep 2022 13:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=549720

Системското игнорирање на општина Шуто Оризари од страна на Советот и раководството на Град Скопје не поминува незабележано од граѓаните. Токму затоа граѓаните на Шуто Оризари поддржани од ромската заедница од сите скопски општини утре, на денот на Општина Шуто Оризари, во 19 часот заеднички пред град Скопје ќе го постават прашањето: „Шуто Оризари - заборавена општина - ДО КОГА"?, се вели во најавата за протестот. Собирањето ќе започне во 18 часот во паркот во населбата по што ќе се тргне кон седиштето на Градот.

Организаторите наведуваат:

1. До кога само граѓаните на Шуто Оризари ќе се корисници на недостојни автобуси, нередовни и нецелосни линии на јавниот превоз?

2. До кога граѓаните на Шуто Оризари ќе чекаат изградба на паркови и зелени површини?
3. До кога граѓаните ќе чекаат изградба на булевари и во општина Шуто Оризари?
4. Кога ќе се вработат Роми во администрацијата на град Скопје?

Очекуваме пораките, потребите и барањата кои ќе бидат пренесени пред Град Скопје да бидат сериозно слушнати и вметнати итно во градските политики на град Скопје кои ќе бидат преточени во реалзирани проекти во општина Шуто Оризари и во сите скопски населби каде што живее ромската заедница. Ги повикуваме граѓаните, граѓанските здруженија, политичките субјекти, бизнис секторот и секој граѓанин кој е засегнат од прашањата кои се интерес на протестот да ни се придружат, се вели во соопштението испратено до медиумите.

 

The post Жители на Шуто Оризари ќе протестираат пред Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Системското игнорирање на општина Шуто Оризари од страна на Советот и раководството на Град Скопје не поминува незабележано од граѓаните. Токму затоа граѓаните на Шуто Оризари поддржани од ромската заедница од сите скопски општини утре, на денот на Општина Шуто Оризари, во 19 часот заеднички пред град Скопје ќе го постават прашањето: „Шуто Оризари - заборавена општина - ДО КОГА"?, се вели во најавата за протестот. Собирањето ќе започне во 18 часот во паркот во населбата по што ќе се тргне кон седиштето на Градот. Организаторите наведуваат: 1. До кога само граѓаните на Шуто Оризари ќе се корисници на недостојни автобуси, нередовни и нецелосни линии на јавниот превоз? 2. До кога граѓаните на Шуто Оризари ќе чекаат изградба на паркови и зелени површини? 3. До кога граѓаните ќе чекаат изградба на булевари и во општина Шуто Оризари? 4. Кога ќе се вработат Роми во администрацијата на град Скопје?
Очекуваме пораките, потребите и барањата кои ќе бидат пренесени пред Град Скопје да бидат сериозно слушнати и вметнати итно во градските политики на град Скопје кои ќе бидат преточени во реалзирани проекти во општина Шуто Оризари и во сите скопски населби каде што живее ромската заедница. Ги повикуваме граѓаните, граѓанските здруженија, политичките субјекти, бизнис секторот и секој граѓанин кој е засегнат од прашањата кои се интерес на протестот да ни се придружат, се вели во соопштението испратено до медиумите.
 

The post Жители на Шуто Оризари ќе протестираат пред Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Заигра метлата во Шутка, собрани 135 кубни метри кабаст отпад https://republika.mk/vesti/skopje/zaigra-metlata-vo-shutka-sobrani-135-kubni-metri-kabast-otpad/ Sat, 07 May 2022 08:37:32 +0000 https://republika.mk/?p=498919

Град Скопје заедно со екипите на јавните претпријатија и во координација со Општина Шуто Оризари успешно ја спроведоа работната пролетна акција на територија на оваа општина.

Од почетокот на акцијата за чистење на општината Шуто Оризари, во специјалните садови што ЈП Комунална хигиена ги постави на  шест локации во оваа скопска општина беа одложени приближно 135 кубни метри кабаст отпад коишто се подигнати и транспортирани од страна на екипите на претпријатието. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно рачно и машински ги метеа и миеја  улиците Шуто Оризари и Нов живот,  сите  автобуски постојки, а направија и дезинфекција на контејнерите на јавните површини.

Во рамките на пролетната акција за генерално чистење на општината Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена започнаа со расчистување и на обемна дива депонија лоцирана на булеварот Македонско - косовска бригада.

Теренските екипи на ЈП Паркови и зеленило  во координација со општинските служби  ги искосија  тревните површини во средното училиште  СУГС „Шаип Јусуф“ и во основните училишта ООУ „Браќа Рамиз –Хамид“ и „26 Јули“. Искосени се тревните површини на улицата Индира Ганди, како и зеленилото кај поштата и зеленилото кај самата општина.

Во рамките на акцијата во оваа општина екипите од Сектор дрвореди извршија интервенции на булеварот Македонско - косовска бригада (во дворот на Жито Лукс АД), односно кастрење на 17 дрвја по издадено Решение од Град Скопје.

Екипите на ЈП Улици и патишта во големата пролетна работна акција во општината извршија санација на ударните дупки, со вкупна површина од околу 75 квадратни метри, од кои на улицата Индира Ганди 37 квадратни метри и 35 квадратни метри на улицата Гвадалахара. Санирани се оштетените бекатон плочи на пешачки патеки со вкупна површина од 46 квадратни метри кај пазарот и во насока кон затворот во Шуто Оризари. На улицата Индира Ганди се санирани и нивелирани и три канализациони шахти. Обновена е вертикалната сигнализација и сообраќајна опрема со нови десет сообраќајни знаци и две платоа за смирување на сообраќајот на улицата Индира Ганди.

Јавното претпријатие Водовод и канализација во општина Шуто Оризари за време на акцијата работеше на булеварот Македонско-косовска бригада, како и на улиците Идира Ганди и Нов живот. На  улицата Индира Ганди  извршија контрола на 32 шахти, од кои  рачно се исчистени 15 шахти и 25 сливници, миење  на канализациона линија  од 220 метри со цистерна со  вакуум  и прочистување на 250 метри со цистерна  под притисок.

Тимовите на ЈП Лајка во текот на акцијата на пет локации на територијата на општината Шуто Оризари заловиле 9 кучиња.

Јавното претпријатие Дрисла во рамките на пролетната акција во Шуто Оризари го примаше, складираше и депонираше комуналниот отпад, градежниот шут и другите видови отпад што се собираше на територијата на целата општина.

Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина    Шуто Оризари пролетната акција ја спроведуваше од 3 до 6 мај на територијата на целата општина. Следната општина во која ќе се спроведува ваква акција е Центар.

The post Заигра метлата во Шутка, собрани 135 кубни метри кабаст отпад appeared first on Република.

]]>

Град Скопје заедно со екипите на јавните претпријатија и во координација со Општина Шуто Оризари успешно ја спроведоа работната пролетна акција на територија на оваа општина. Од почетокот на акцијата за чистење на општината Шуто Оризари, во специјалните садови што ЈП Комунална хигиена ги постави на  шест локации во оваа скопска општина беа одложени приближно 135 кубни метри кабаст отпад коишто се подигнати и транспортирани од страна на екипите на претпријатието. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно рачно и машински ги метеа и миеја  улиците Шуто Оризари и Нов живот,  сите  автобуски постојки, а направија и дезинфекција на контејнерите на јавните површини. Во рамките на пролетната акција за генерално чистење на општината Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена започнаа со расчистување и на обемна дива депонија лоцирана на булеварот Македонско - косовска бригада. Теренските екипи на ЈП Паркови и зеленило  во координација со општинските служби  ги искосија  тревните површини во средното училиште  СУГС „Шаип Јусуф“ и во основните училишта ООУ „Браќа Рамиз –Хамид“ и „26 Јули“. Искосени се тревните површини на улицата Индира Ганди, како и зеленилото кај поштата и зеленилото кај самата општина. Во рамките на акцијата во оваа општина екипите од Сектор дрвореди извршија интервенции на булеварот Македонско - косовска бригада (во дворот на Жито Лукс АД), односно кастрење на 17 дрвја по издадено Решение од Град Скопје. Екипите на ЈП Улици и патишта во големата пролетна работна акција во општината извршија санација на ударните дупки, со вкупна површина од околу 75 квадратни метри, од кои на улицата Индира Ганди 37 квадратни метри и 35 квадратни метри на улицата Гвадалахара. Санирани се оштетените бекатон плочи на пешачки патеки со вкупна површина од 46 квадратни метри кај пазарот и во насока кон затворот во Шуто Оризари. На улицата Индира Ганди се санирани и нивелирани и три канализациони шахти. Обновена е вертикалната сигнализација и сообраќајна опрема со нови десет сообраќајни знаци и две платоа за смирување на сообраќајот на улицата Индира Ганди. Јавното претпријатие Водовод и канализација во општина Шуто Оризари за време на акцијата работеше на булеварот Македонско-косовска бригада, како и на улиците Идира Ганди и Нов живот. На  улицата Индира Ганди  извршија контрола на 32 шахти, од кои  рачно се исчистени 15 шахти и 25 сливници, миење  на канализациона линија  од 220 метри со цистерна со  вакуум  и прочистување на 250 метри со цистерна  под притисок. Тимовите на ЈП Лајка во текот на акцијата на пет локации на територијата на општината Шуто Оризари заловиле 9 кучиња. Јавното претпријатие Дрисла во рамките на пролетната акција во Шуто Оризари го примаше, складираше и депонираше комуналниот отпад, градежниот шут и другите видови отпад што се собираше на територијата на целата општина. Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина    Шуто Оризари пролетната акција ја спроведуваше од 3 до 6 мај на територијата на целата општина. Следната општина во која ќе се спроведува ваква акција е Центар.

The post Заигра метлата во Шутка, собрани 135 кубни метри кабаст отпад appeared first on Република.

]]>
Град Скопје и службите спроведуваат голема работна акција во Шуто Оризари https://republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-i-sluzbite-sproveduvaat-golema-rabotna-akcija-vo-shuto-orizari/ Wed, 04 May 2022 17:03:06 +0000 https://republika.mk/?p=497643

Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со локалната самоуправа од вчера спроведуваат голема пролетна работна акција на подрачјето на општина Шуто Оризари.

Екипите координирано до крајот на неделава на терен ќе спроведуваат активности за машинско и рачно миење и метење на булеварите и на улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, обновување и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња и можности за нивно вдомување по нивен хуман третман, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и на градските улици.

 

Во големата пролетна работна акција во Шуто Оризари на терен координирано ќе работат екипи на градските јавни претпријатија Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Улици и патишта, Водовод и канализација, Дрисла и Лајка - информира градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

The post Град Скопје и службите спроведуваат голема работна акција во Шуто Оризари appeared first on Република.

]]>

Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со локалната самоуправа од вчера спроведуваат голема пролетна работна акција на подрачјето на општина Шуто Оризари.
Екипите координирано до крајот на неделава на терен ќе спроведуваат активности за машинско и рачно миење и метење на булеварите и на улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, обновување и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња и можности за нивно вдомување по нивен хуман третман, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и на градските улици.   Во големата пролетна работна акција во Шуто Оризари на терен координирано ќе работат екипи на градските јавни претпријатија Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Улици и патишта, Водовод и канализација, Дрисла и Лајка - информира градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

The post Град Скопје и службите спроведуваат голема работна акција во Шуто Оризари appeared first on Република.

]]>
Со карванот за вакцинација против ковид-19 во Шуто Оризари се вакцинирале 35 лица, а пред две недели само четворица примиле вакцина https://republika.mk/zivot/zdravje/so-karvanot-za-vakcinacija-protiv-kovid-19-vo-shuto-orizari-se-vakcinirale-35-lica-a-pred-dve-nedeli-samo-chetvorica-primile-vakcina/ Fri, 01 Apr 2022 13:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=481997

За време на караванот за вакцинација против ковид-19 во Ново Село се вакцинираа педесетина лица во еден ден, во Шуто Оризари се вакцинираа вкупно 35 лица, а за споредба само четворица примиле вакцина во периодот од две недели пред овој настан, соопштија од Министерството за здравство.

За време на настаните организирани во рамки на карванот досега се вакцинираа повеќе од 200 лица.

Караванот за имунизација на населението во Македонија против ковид-19 ќе заврши за два дена. Досега се посетени 14 градски и рурални подрачја низ целата држава. Освен можностите да се прими вакцина против ковид-19 во локалните заедници, медицински екипи, придружувани од волонтери на Црвениот крст и студенти од медицински здруженија, споделуваа веродостојни информации за вакцинирањето против ковид-19, како и за придобивките од вакцинацијата и ризиците од одложување. Се даваа и информации за локациите и работното време на најблиските здравствени домови, каде има вакцини на располагање за сите.

Заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски, претставникот на УСАИД за Македонија, Ерик Јановски, заменик претставникот на УНИЦЕФ Артур Ајвазов, градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани и претставници од СЗО денеска го посетија селото Неготино во општина Врапчиште, една од последните локации, кои ќе ги посети караванот за информирање и вакцинација против КОВИД-19.

Согласно последните податоци од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, околу 41,2% од вкупното население во земјата е вакцинирано со две дози. Голем дел од населението останува незаштитено од можните тешки последици од ковид-19. Невакцинираните луѓе имаат поголем ризик од смрт од ковид-19 во споредба со тие кои биле вакцинирани. Затоа, граѓаните не треба да се колебаат и одлуката за вакцинирање не треба да се одложува, изјави заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски.

Караванот и другите насочени интервенции придонесоа кон поголем интерес за заштита од ковид-19. Минатиот петок здравствените домови пријавија над 11% зголемување во просечниот дневен број вакцинации во нивните објекти, во споредба со претходната недела.

Јас ги имам примено сите вакцини и ги охрабрувам сите што ги исполнуваат условите да се вакцинираат. Докажано е дека вакцините против КОВИД-19 се безбедни и ефикасни. Помагаат да се запре ширењето на болеста и нудат силна заштита од тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт поради инфекција со КОВИД-19, рече претставникот на УСАИД за Македонија Ерик Јановски.

Министерството за здравство го почна караванот за заштита од КОВИД-19 со поддршка од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Светската здравствена организација (СЗО) и Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ). Караванот почна во Шуто Оризари на 21 март и ќе продолжи утре (сабота) со посета на Кичево, а ќе заврши во Струга на 3 април.
Покрај активностите организирани во рамки на караванот за вакцинирање, граѓаните може да се вакцинираат и во најблиските здравствени домови секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот. Пунктот за вакцинирање во Поликлиника Букурешт во Скопје е отворен до 20:00 часот од понеделник до петок.

The post Со карванот за вакцинација против ковид-19 во Шуто Оризари се вакцинирале 35 лица, а пред две недели само четворица примиле вакцина appeared first on Република.

]]>

За време на караванот за вакцинација против ковид-19 во Ново Село се вакцинираа педесетина лица во еден ден, во Шуто Оризари се вакцинираа вкупно 35 лица, а за споредба само четворица примиле вакцина во периодот од две недели пред овој настан, соопштија од Министерството за здравство. За време на настаните организирани во рамки на карванот досега се вакцинираа повеќе од 200 лица. Караванот за имунизација на населението во Македонија против ковид-19 ќе заврши за два дена. Досега се посетени 14 градски и рурални подрачја низ целата држава. Освен можностите да се прими вакцина против ковид-19 во локалните заедници, медицински екипи, придружувани од волонтери на Црвениот крст и студенти од медицински здруженија, споделуваа веродостојни информации за вакцинирањето против ковид-19, како и за придобивките од вакцинацијата и ризиците од одложување. Се даваа и информации за локациите и работното време на најблиските здравствени домови, каде има вакцини на располагање за сите. Заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски, претставникот на УСАИД за Македонија, Ерик Јановски, заменик претставникот на УНИЦЕФ Артур Ајвазов, градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани и претставници од СЗО денеска го посетија селото Неготино во општина Врапчиште, една од последните локации, кои ќе ги посети караванот за информирање и вакцинација против КОВИД-19.
Согласно последните податоци од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, околу 41,2% од вкупното население во земјата е вакцинирано со две дози. Голем дел од населението останува незаштитено од можните тешки последици од ковид-19. Невакцинираните луѓе имаат поголем ризик од смрт од ковид-19 во споредба со тие кои биле вакцинирани. Затоа, граѓаните не треба да се колебаат и одлуката за вакцинирање не треба да се одложува, изјави заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски.
Караванот и другите насочени интервенции придонесоа кон поголем интерес за заштита од ковид-19. Минатиот петок здравствените домови пријавија над 11% зголемување во просечниот дневен број вакцинации во нивните објекти, во споредба со претходната недела.
Јас ги имам примено сите вакцини и ги охрабрувам сите што ги исполнуваат условите да се вакцинираат. Докажано е дека вакцините против КОВИД-19 се безбедни и ефикасни. Помагаат да се запре ширењето на болеста и нудат силна заштита од тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт поради инфекција со КОВИД-19, рече претставникот на УСАИД за Македонија Ерик Јановски.
Министерството за здравство го почна караванот за заштита од КОВИД-19 со поддршка од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Светската здравствена организација (СЗО) и Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ). Караванот почна во Шуто Оризари на 21 март и ќе продолжи утре (сабота) со посета на Кичево, а ќе заврши во Струга на 3 април. Покрај активностите организирани во рамки на караванот за вакцинирање, граѓаните може да се вакцинираат и во најблиските здравствени домови секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот. Пунктот за вакцинирање во Поликлиника Букурешт во Скопје е отворен до 20:00 часот од понеделник до петок.

The post Со карванот за вакцинација против ковид-19 во Шуто Оризари се вакцинирале 35 лица, а пред две недели само четворица примиле вакцина appeared first on Република.

]]>
Водовод отвори нов наплатен пункт во Шуто Оризари https://republika.mk/vesti/skopje/vodovod-otvori-nov-naplaten-punkt-vo-shuto-orizari/ Wed, 23 Mar 2022 15:41:34 +0000 https://republika.mk/?p=477255

ЈП Водовод и канализација – Скопје, со цел доближување на услугите до своите корисници, како и излегување во пресрет на барањата на жителите во oпштина Шуто Оризари, отвори нов пункт за наплата во оваа општина.

Пункот за наплата се наоѓа во општинската зграда на приземје и истиот ќе работи секој работен ден од 08 до 15 часот.

 

The post Водовод отвори нов наплатен пункт во Шуто Оризари appeared first on Република.

]]>

ЈП Водовод и канализација – Скопје, со цел доближување на услугите до своите корисници, како и излегување во пресрет на барањата на жителите во oпштина Шуто Оризари, отвори нов пункт за наплата во оваа општина. Пункот за наплата се наоѓа во општинската зграда на приземје и истиот ќе работи секој работен ден од 08 до 15 часот.  

The post Водовод отвори нов наплатен пункт во Шуто Оризари appeared first on Република.

]]>
Во Шуто Оризари почна карванот за вакцинација против ковид, утре е во Кратово https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-shuto-orizari-pochna-karvanot-za-vakcinacija-protiv-kovid-utre-e-vo-kratovo/ Mon, 21 Mar 2022 13:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=476127

Со посета на Шуто Оризари, денеска почна карванот за вакцинација против Ковид-19, кој во следните две недели ќе опфати 14 општини низ државата.

На настанот присуствуваше министерот за здравство, Беким Сали, заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани, како и претставници од СЗО и УСАИД.

Ја приближуваме вакцинацијата до граѓаните кои се уште не се вакцинирани, поблиску до местото на живеење, со прецизно време и локација, согласно однапред направен распоред. На секое од овие места граѓаните покрај можноста да се имунизираат, тука може да се информираат и за придобивките од имунизацијата против Ковид-19, рече министерот Сали.

Утре, 22 март, од 12 до 16 часот карванот е во Кратово, на плоштадот во градот.

Сите заинтересирани граѓани може да се вакцинираат на 14-те локации од организираниот караван, а секој работен ден и во најблискиот Здравствен дом. Вакцините се многу побезбеден начин за развивање имунитет кон Ковид-19, отколку заразување со вирусот и докажано нудат посигурна заштита од природниот имунитет.

The post Во Шуто Оризари почна карванот за вакцинација против ковид, утре е во Кратово appeared first on Република.

]]>

Со посета на Шуто Оризари, денеска почна карванот за вакцинација против Ковид-19, кој во следните две недели ќе опфати 14 општини низ државата. На настанот присуствуваше министерот за здравство, Беким Сали, заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани, како и претставници од СЗО и УСАИД.
Ја приближуваме вакцинацијата до граѓаните кои се уште не се вакцинирани, поблиску до местото на живеење, со прецизно време и локација, согласно однапред направен распоред. На секое од овие места граѓаните покрај можноста да се имунизираат, тука може да се информираат и за придобивките од имунизацијата против Ковид-19, рече министерот Сали.
Утре, 22 март, од 12 до 16 часот карванот е во Кратово, на плоштадот во градот. Сите заинтересирани граѓани може да се вакцинираат на 14-те локации од организираниот караван, а секој работен ден и во најблискиот Здравствен дом. Вакцините се многу побезбеден начин за развивање имунитет кон Ковид-19, отколку заразување со вирусот и докажано нудат посигурна заштита од природниот имунитет.

The post Во Шуто Оризари почна карванот за вакцинација против ковид, утре е во Кратово appeared first on Република.

]]>
Граѓаните во Шуто Оризари ќе добијат пункт за наплата на сметките од Водовод и канализација https://republika.mk/vesti/skopje/gragjanite-vo-shuto-orizari-kje-dobijat-punkt-za-naplata-na-smetkite-od-vodovod-i-kanalizacija/ Wed, 09 Feb 2022 13:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=456251

Денес, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински оствари средба со Јаше Сефер, член на Управен одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје и Ерџан Селими, советник во Град Скопје.

Фокусот на разговорот на средбата беше насочен кон подобрување на услугите за граѓаните во Шуто Оризари. Во текот на разговорот се донесоа два заклучоци и тоа: разгледување на можноста за што побрзо отворање на пункт за наплата во Шуто Оризари, како и информирање на граѓаните за можноста за искористување на акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање која трае до 15.03.2022. Шуто Оризари ќе биде во фокусот на работа на претпријатието со цел доближување на институцијата и овозможување на олеснувања за граѓаните кои имаат потреба од тоа.

Сефер и Селими го изразија задоволството од отворената можност за соработка и овозможување на услови за подобрување на услугите за граѓаните на Шуто Оризари.

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува да работи во служба на граѓаните во координација и соработка со сите засегнати страни, велат од претпријатието.

The post Граѓаните во Шуто Оризари ќе добијат пункт за наплата на сметките од Водовод и канализација appeared first on Република.

]]>

Денес, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински оствари средба со Јаше Сефер, член на Управен одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје и Ерџан Селими, советник во Град Скопје. Фокусот на разговорот на средбата беше насочен кон подобрување на услугите за граѓаните во Шуто Оризари. Во текот на разговорот се донесоа два заклучоци и тоа: разгледување на можноста за што побрзо отворање на пункт за наплата во Шуто Оризари, како и информирање на граѓаните за можноста за искористување на акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање која трае до 15.03.2022. Шуто Оризари ќе биде во фокусот на работа на претпријатието со цел доближување на институцијата и овозможување на олеснувања за граѓаните кои имаат потреба од тоа. Сефер и Селими го изразија задоволството од отворената можност за соработка и овозможување на услови за подобрување на услугите за граѓаните на Шуто Оризари. ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува да работи во служба на граѓаните во координација и соработка со сите засегнати страни, велат од претпријатието.

The post Граѓаните во Шуто Оризари ќе добијат пункт за наплата на сметките од Водовод и канализација appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Шуто Оризари користел службено возило за релација Шутка-Град Скопје? https://republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnikot-na-shuto-orizari-koristel-sluzbeno-vozilo-za-relacija-shutka-grad-skopje/ Fri, 14 Jan 2022 13:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=444630

Има сомнежи дека градоначалникот на Шуто Оризари, како и за претседателот на Советот на општината, користеле службено возило за лични и приватни потреби, односно за потребите за предизборната кампања за Локалните избори 2021 година, беше констатирано на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Горан Трпеноски, член на ДКСК, кој го образложи овој предмет меѓу другото наведе дека од патните налози се гледа дека не се уредно потполнети, не се правилно архивирани и не може да се утврди целта на дневните патувања. Имало и ситуации кога во сите патни налози е наведена само една релација од Општина Шуто Оризари до Град Скопје, без да се наведе за какви службени дејствија е користено возилото.

Трпеноски предложи предметот да се затвори затоа што, како што рече, не гледа што друго ДКСК може да направи освен да даде јавна осуда.

Билјана Ивановска, претседалка на ДКСК се надоврза и рече дека ова е и причина плус Антикорупција да бара Изборниот законик да се „среди“. Таа информира дека има и други моменти во законот каде нема санкции и оцени дека е краен моментот за носење нов Изборен законик.

Владимир Георгиев, член на ДКСК, во образложението на предмет во кој во сообраќајна несреќа има една жртва пешак, истакна дека немањето функционален, ефективен и ефикасен систем за оценка на стручноста на изработените вештачења и експертизи може да фрли сенка врз кредибилитетот на донесената судска одлука, а понатаму и поткопување на целосната доверба во правосудниот систем. Тој наведе дека ДКСК нема законска надлежност да испитува донесени првостепени судски одлуки, а во конкретниот случај е во жалбена постапка пред Апелација во Скопје.

Што се однесува до правната празнина поради непостоењето на воспоставен и функционален правен механизам што треба да осигура стручност на изготвените судски вештачења и супер вештачења, тој предложи ДКСК до Министерството за правда да иницира постапка за измени и дополнувања на Законот за вештачење за да постои воспоставен механизам во кој ќе може да се оценува работењето на вештаците.

– Парадоксално е за ист случај, со иста фактичка ситуација да имаме, особено при првичното вештачење, дијаметрално спротивставени вештачења. Испаѓа дека вештакот изготвува вештачење во корист на страната што ангажира, што е навистина нелогично, рече Георгиев

The post Градоначалникот на Шуто Оризари користел службено возило за релација Шутка-Град Скопје? appeared first on Република.

]]>

Има сомнежи дека градоначалникот на Шуто Оризари, како и за претседателот на Советот на општината, користеле службено возило за лични и приватни потреби, односно за потребите за предизборната кампања за Локалните избори 2021 година, беше констатирано на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Горан Трпеноски, член на ДКСК, кој го образложи овој предмет меѓу другото наведе дека од патните налози се гледа дека не се уредно потполнети, не се правилно архивирани и не може да се утврди целта на дневните патувања. Имало и ситуации кога во сите патни налози е наведена само една релација од Општина Шуто Оризари до Град Скопје, без да се наведе за какви службени дејствија е користено возилото. Трпеноски предложи предметот да се затвори затоа што, како што рече, не гледа што друго ДКСК може да направи освен да даде јавна осуда. Билјана Ивановска, претседалка на ДКСК се надоврза и рече дека ова е и причина плус Антикорупција да бара Изборниот законик да се „среди“. Таа информира дека има и други моменти во законот каде нема санкции и оцени дека е краен моментот за носење нов Изборен законик. Владимир Георгиев, член на ДКСК, во образложението на предмет во кој во сообраќајна несреќа има една жртва пешак, истакна дека немањето функционален, ефективен и ефикасен систем за оценка на стручноста на изработените вештачења и експертизи може да фрли сенка врз кредибилитетот на донесената судска одлука, а понатаму и поткопување на целосната доверба во правосудниот систем. Тој наведе дека ДКСК нема законска надлежност да испитува донесени првостепени судски одлуки, а во конкретниот случај е во жалбена постапка пред Апелација во Скопје. Што се однесува до правната празнина поради непостоењето на воспоставен и функционален правен механизам што треба да осигура стручност на изготвените судски вештачења и супер вештачења, тој предложи ДКСК до Министерството за правда да иницира постапка за измени и дополнувања на Законот за вештачење за да постои воспоставен механизам во кој ќе може да се оценува работењето на вештаците. – Парадоксално е за ист случај, со иста фактичка ситуација да имаме, особено при првичното вештачење, дијаметрално спротивставени вештачења. Испаѓа дека вештакот изготвува вештачење во корист на страната што ангажира, што е навистина нелогично, рече Георгиев

The post Градоначалникот на Шуто Оризари користел службено возило за релација Шутка-Град Скопје? appeared first on Република.

]]>