шкаљарци Archives - Република https://republika.mk/tema/shkaljarci/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Aug 2023 15:57:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шкаљарци Archives - Република https://republika.mk/tema/shkaljarci/ 32 32 Шкаљарците своите луѓе ги „чистеле“ во Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/shkalartsite-svoite-luge-gi-chistele-vo-albanija/ Thu, 31 Aug 2023 17:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=677068

Шкаљарците убиле седум нивни војници откако ги префрлиле во Албанија тврди црногорски Вијести. Полицаецот Љубо Миловиќ во бегство за време на разговорот со водачот на спротивставениот Кавачки клан на Звицер ја потврдил оваа информација.

Во транскриптите до кои имал пристап овој црногорски дневен весник, Миловиќ, под кодното име Официр, на Звицер и на неговиот колега Петар Лазовиќ им ги прераскажува информациите што наводно ги добил од „ѓубрето“ Едмонд Мустафа.

Седум лица биле убиени во Албанија, сите добиле куршум се пофалиле Шкаљарците

The post Шкаљарците своите луѓе ги „чистеле“ во Албанија appeared first on Република.

]]>

Шкаљарците убиле седум нивни војници откако ги префрлиле во Албанија тврди црногорски Вијести. Полицаецот Љубо Миловиќ во бегство за време на разговорот со водачот на спротивставениот Кавачки клан на Звицер ја потврдил оваа информација. Во транскриптите до кои имал пристап овој црногорски дневен весник, Миловиќ, под кодното име Официр, на Звицер и на неговиот колега Петар Лазовиќ им ги прераскажува информациите што наводно ги добил од „ѓубрето“ Едмонд Мустафа. Седум лица биле убиени во Албанија, сите добиле куршум се пофалиле Шкаљарците

The post Шкаљарците своите луѓе ги „чистеле“ во Албанија appeared first on Република.

]]>
Водачот на „Шкаљарците“ го следеле преку бремената сопруга: „Македонецот“ Вукотиќ во Истанбул престојувал со свој пасош на друго име https://republika.mk/vesti/balkan/vodachot-na-shkaljarcite-go-sledele-preku-bremenata-sopruga-vukotikj-koj-dobi-makedonski-patni-dokumenti-vo-istanbul-prestojuval-so-svoj-pasosh-na-drugo-ime/ Sat, 10 Sep 2022 11:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=549394

Убијците на Јован Вукотиќ (42), водачот на Шкаљраскиот клан, кој беше брутално убиен во Истанбул, наводно со месеци се обидувале да го најдат, откако во август минатата година ја напуштил Црна Гора и потоа му се губи секаква трага.

Според неофицијални информации, убијците успеале да дојдат до водачот на „Шкаљарците“ откако ја лоцирале неговата сопруга! Инспекторите се сомневаат дека зад бруталната ликвидација стои спротивставениот Кавачки клан, со кој Вукотиќ и неговата организација се во конфликт од 2014 година.

Безбедна куќа

Вукотиќ беше крајно претпазлив бидејќи знаеше дека со години е мета и дека ривалскиот Кавачки клан се обидува да му влезе во трага. Извесен период се шпекулира дека тој и неговото семејство нашле „сигурна куќа“ во Истанбул. Сепак, како што се сомнева, суровите убијци успеале да ја лоцираат неговата сопруга и така да дојдат до него - открива извор на српски „Курир“.

Како потсетување, Вукотиќ беше убиен во автомобилот во кој бил со бремената сопруга Маша М. и нивната ќерка.

https://republika.mk/vesti/balkan/narkobosot-vukotikj-koj-od-mvr-na-spasovski-dobi-makedonski-pasosh-e-ubien-vo-istanbul/

Изворот на „Курир“ открива дека, судејќи по изјавите на сведоците и трагите пронајдени на местото на убиството, Јован Вукотиќ забележал дека е во животна опасност.

Одредени докази од местото на злосторството укажуваат дека тој се обидел да го откачи појасот, но не успеал, бидејќи убијците биле побрзи. Тоа укажува дека веројатно ги забележал кога со голема брзина се приближувале кон автомобилот. Можно е да имал намера да се наведне и на тој начин да се заштити - изворот на „Курир“ открива нови детали од истрагата за ликвидацијата.

Двајца напаѓачи

Тој наведува и дека сведоците опишале дека неговата сопруга врескала и викала помош, а преплашеното дете плачело во автомобилот.

Се сомнева дека имало двајца напаѓачи на мотоцикл. Според неофицијални информации, убијците со мотор се приближиле до автомобилот, сопатникот испукал неколку истрели, а потоа стиснале гас и побегнале.

Во убиството сигурно имало повеќе луѓе, сигурно е дека го следеле Вукотиќ барем неколку дена и го чекале вистинскиот момент. Не е исклучена можноста некој да им дал сигнал на убијците кога да одат - додава соговорникот на „Курир“.

Според неофицијални информации, Вукотиќ со себе имал пасош на друго име, кој најверојатно го користел за да ја затскрие трагата. Да потсетиме, за време на судскиот процес за употреба на фалсификуван македонски пасош, Вукотиќ пред судот во Белград призна дека користел патна исправа со негова слика, но со друго име, за да ги преминува границите, како и за „корумпираните полицајци да не ги информираат убијците каде се наоѓа“.

https://republika.mk/vesti/balkan/koj-beshe-jovica-vukotikj-odnosno-georgi-andonov-ja-imashe-najzgodnata-manekenka-na-soprugata-i-podmetnaa-cijanid-za-da-go-otrue/

Засега не е познато како убијците ја лоцирале Маша М., со која Вукотиќ е во вонбрачна врска од 2018 година. Таа ќе биде сослушана во турската полиција бидејќи е очевидец на злосторството што се случи – додава изворот на „Курир“.

Исто сценарио

Соговорникот на „Курир“ потсетува дека во јануари 2020 година убијците успеале на ист начин во Атина да го лоцираат најблискиот соработник и кум на Вукотиќ, Игор Дедовиќ. За потсетување, Дедовиќ беше убиен заедно со членот на кланот „Шкаљарците“, Стеван Стаматовиќ, во ресторан во главниот град на Грција, пред очите на многу гости, но и на нивните сопруги и деца.

И тогаш истражителите се сомневаа дека „Шкаљарците“ се лоцирани преку нивните сопруги, кои дошле во Грција да поминат семејни одмори. Вечерата на која биле убиени требало да биде проштална, бидејќи следниот ден сопругите требало да се вратат дома. Очигледно, тие биле толку внимателни што сопругите и децата се возеле до ресторанот одделно, со такси. Сепак, убијците веќе го знаеле секој нивен потег. Влегоа во ресторанот, се раширија околу масата и пукаа во „Шкаљарците“, а потоа излегоа надвор и тргнаа со автомобилот што ги чекаше - се присетува соговорникот на „Курир“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ubienite-shkaljarci-vo-atina-stignale-so-makedonski-pasoshi-albanec-pak-si-kupil-pasosh-so-zensko-ime/

The post Водачот на „Шкаљарците“ го следеле преку бремената сопруга: „Македонецот“ Вукотиќ во Истанбул престојувал со свој пасош на друго име appeared first on Република.

]]>

Убијците на Јован Вукотиќ (42), водачот на Шкаљраскиот клан, кој беше брутално убиен во Истанбул, наводно со месеци се обидувале да го најдат, откако во август минатата година ја напуштил Црна Гора и потоа му се губи секаква трага. Според неофицијални информации, убијците успеале да дојдат до водачот на „Шкаљарците“ откако ја лоцирале неговата сопруга! Инспекторите се сомневаат дека зад бруталната ликвидација стои спротивставениот Кавачки клан, со кој Вукотиќ и неговата организација се во конфликт од 2014 година.

Безбедна куќа

Вукотиќ беше крајно претпазлив бидејќи знаеше дека со години е мета и дека ривалскиот Кавачки клан се обидува да му влезе во трага. Извесен период се шпекулира дека тој и неговото семејство нашле „сигурна куќа“ во Истанбул. Сепак, како што се сомнева, суровите убијци успеале да ја лоцираат неговата сопруга и така да дојдат до него - открива извор на српски „Курир“.
Како потсетување, Вукотиќ беше убиен во автомобилот во кој бил со бремената сопруга Маша М. и нивната ќерка. https://republika.mk/vesti/balkan/narkobosot-vukotikj-koj-od-mvr-na-spasovski-dobi-makedonski-pasosh-e-ubien-vo-istanbul/ Изворот на „Курир“ открива дека, судејќи по изјавите на сведоците и трагите пронајдени на местото на убиството, Јован Вукотиќ забележал дека е во животна опасност.
Одредени докази од местото на злосторството укажуваат дека тој се обидел да го откачи појасот, но не успеал, бидејќи убијците биле побрзи. Тоа укажува дека веројатно ги забележал кога со голема брзина се приближувале кон автомобилот. Можно е да имал намера да се наведне и на тој начин да се заштити - изворот на „Курир“ открива нови детали од истрагата за ликвидацијата.

Двајца напаѓачи

Тој наведува и дека сведоците опишале дека неговата сопруга врескала и викала помош, а преплашеното дете плачело во автомобилот. Се сомнева дека имало двајца напаѓачи на мотоцикл. Според неофицијални информации, убијците со мотор се приближиле до автомобилот, сопатникот испукал неколку истрели, а потоа стиснале гас и побегнале.
Во убиството сигурно имало повеќе луѓе, сигурно е дека го следеле Вукотиќ барем неколку дена и го чекале вистинскиот момент. Не е исклучена можноста некој да им дал сигнал на убијците кога да одат - додава соговорникот на „Курир“.
Според неофицијални информации, Вукотиќ со себе имал пасош на друго име, кој најверојатно го користел за да ја затскрие трагата. Да потсетиме, за време на судскиот процес за употреба на фалсификуван македонски пасош, Вукотиќ пред судот во Белград призна дека користел патна исправа со негова слика, но со друго име, за да ги преминува границите, како и за „корумпираните полицајци да не ги информираат убијците каде се наоѓа“. https://republika.mk/vesti/balkan/koj-beshe-jovica-vukotikj-odnosno-georgi-andonov-ja-imashe-najzgodnata-manekenka-na-soprugata-i-podmetnaa-cijanid-za-da-go-otrue/
Засега не е познато како убијците ја лоцирале Маша М., со која Вукотиќ е во вонбрачна врска од 2018 година. Таа ќе биде сослушана во турската полиција бидејќи е очевидец на злосторството што се случи – додава изворот на „Курир“.

Исто сценарио

Соговорникот на „Курир“ потсетува дека во јануари 2020 година убијците успеале на ист начин во Атина да го лоцираат најблискиот соработник и кум на Вукотиќ, Игор Дедовиќ. За потсетување, Дедовиќ беше убиен заедно со членот на кланот „Шкаљарците“, Стеван Стаматовиќ, во ресторан во главниот град на Грција, пред очите на многу гости, но и на нивните сопруги и деца.
И тогаш истражителите се сомневаа дека „Шкаљарците“ се лоцирани преку нивните сопруги, кои дошле во Грција да поминат семејни одмори. Вечерата на која биле убиени требало да биде проштална, бидејќи следниот ден сопругите требало да се вратат дома. Очигледно, тие биле толку внимателни што сопругите и децата се возеле до ресторанот одделно, со такси. Сепак, убијците веќе го знаеле секој нивен потег. Влегоа во ресторанот, се раширија околу масата и пукаа во „Шкаљарците“, а потоа излегоа надвор и тргнаа со автомобилот што ги чекаше - се присетува соговорникот на „Курир“.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ubienite-shkaljarci-vo-atina-stignale-so-makedonski-pasoshi-albanec-pak-si-kupil-pasosh-so-zensko-ime/

The post Водачот на „Шкаљарците“ го следеле преку бремената сопруга: „Македонецот“ Вукотиќ во Истанбул престојувал со свој пасош на друго име appeared first on Република.

]]>
Убиениот „Шкаљарец“ на Паг ќе биде погребан на „мафијашки гробишта“: Од едната страна почиваат „Шкаљарците“, преку улица „Кавчаните“ https://republika.mk/vesti/balkan/ubieniot-shkaljarec-na-pag-kje-bide-pogreban-na-mafijashki-grobishta-od-ednata-strana-pochivaat-shkaljarcite-preku-ulica-kavchanite/ Fri, 02 Sep 2022 09:04:36 +0000 https://republika.mk/?p=546669

Горан Влаовиќ, викан Горо (38), кој на хрватскит остров Паг, на 21 август беше застрелан во задниот дел од главата од страна на Душко Танасковиќ (28) од Крагуевац, ќе биде погребан на новите гробиштата на Бежанија, во гробница вредна 900.000 динари.

Според информациите, телото на убиениот Црногорец е пренесено во мртовечницата на Бежанијска Коса.

Семејството ангажирало агенција за погреб, која ги извршила сите процедури за транспорт на убиениот Влаовиќ од Хрватска. Бидејќи не можат да купат гробови на Новите гробишта, каде што бил кремиран вујкото на Влаовиќ, решиле да го погребаат синот во Бежанија - вели извор за „Објектив“.

На гробот каде што ќе биде погребан убиениот Влаовиќ веќе има надгробна плоча и споменик.

Багерот ќе работи и на денот на погребот

Гробот за Влаовиќ ќе се копа само на денот на погребот. Тој е лоциран подалеку од убиените членови на „Кавачкиот“ и „Шкаљарскиот“ клан, чии семејства во последните две години платиле и до три милиони евра за нивните гробови - вели добро упатен извор.

Инаку, на гробиштата Бежанија почиваат многу луѓе за кои се верува дека „паднале“ за време на војната на двата моќни балкански криминални кланови.

Кој се почива на Бежанија?

Семејството платило 25.000 евра за последното почивалиште на Страхиња Стојановиќ (30), кој загина во септември 2020 година во експлозија на џип БМВ X5 во Нов Белград. Семејството купило семејна гробница за четири лица во близина на влезот на гробиштата.

Скапиот црн мермерен гроб е платен во готово 2.726.190 динари. Тој е погребан на таканаречената „кавачка“ страна на гробиштата, додека „Шкалјарците“ се од другата страна на улицата.

Така, Бојан Мирковиќ (34) е погребан на 12 ноември 2020 година на гробиштата Бежанија, во гробница за која неговото семејство платило 2,1 милион динари.

Веднаш пред него има голема гробница каде што е погребан Милан Миловац или Цигла (47), кој беше убиен во Еквадор на 12 јануари, а беше близок соработник на Дарко Шариќ (50). Токму Шариќ сега е осомничен за неговата смрт.

Неговото семејство купило голема гробница во таканаречениот елитен дел на гробиштата, за која платиле 2.940.210 динари. Гробницата е направена од најквалитетниот црн мермер, еден од најголемите во тој дел од гробиштата и е наменет за шест лица.

На страната на „Кавчаните“, во гробницата за која семејството плати 29.000 евра, во мај годинава беше погребан Лука Перенчевиќ (28), навивач на Ф.К.Рад кој беше избоден со нож во салата во белградската населба Бањица. Изграден е од посебен вид гранит и е заѕидан, а предвиден е за четири лица. Се наоѓа зад гробот на убиениот Страхиња Стојановиќ, кој се поврзувал со „кавачкиот клан“.

Саковиќ го убил Лука од Карабурма?

Според последните податоци од истрагите на регионалните безбедносни служби, човекот кој го уби Милиќ Миња Шаковиќ во Будва е извесен Лука од белградската населба Карабурма. Наводно, тој човек е вмешан во друго злосторство извршено во Белград и наводно е близок со криминалната група Беливук-Миљковиќ, но и со „вештерскиот клан“ на Никола Вушовиќ.

Според неофицијални информации, црногорската полиција наскоро ќе објави се што знае за убиството на Шаковиќ, инаку високорангиран „Шкаљарец“, како и дали . во сè е вмешан токму Душко Танасковиќ, кој беше уапсен за убиството на Горан Влаовиќ на Паг.

The post Убиениот „Шкаљарец“ на Паг ќе биде погребан на „мафијашки гробишта“: Од едната страна почиваат „Шкаљарците“, преку улица „Кавчаните“ appeared first on Република.

]]>

Горан Влаовиќ, викан Горо (38), кој на хрватскит остров Паг, на 21 август беше застрелан во задниот дел од главата од страна на Душко Танасковиќ (28) од Крагуевац, ќе биде погребан на новите гробиштата на Бежанија, во гробница вредна 900.000 динари. Според информациите, телото на убиениот Црногорец е пренесено во мртовечницата на Бежанијска Коса.
Семејството ангажирало агенција за погреб, која ги извршила сите процедури за транспорт на убиениот Влаовиќ од Хрватска. Бидејќи не можат да купат гробови на Новите гробишта, каде што бил кремиран вујкото на Влаовиќ, решиле да го погребаат синот во Бежанија - вели извор за „Објектив“.
На гробот каде што ќе биде погребан убиениот Влаовиќ веќе има надгробна плоча и споменик.

Багерот ќе работи и на денот на погребот

Гробот за Влаовиќ ќе се копа само на денот на погребот. Тој е лоциран подалеку од убиените членови на „Кавачкиот“ и „Шкаљарскиот“ клан, чии семејства во последните две години платиле и до три милиони евра за нивните гробови - вели добро упатен извор.
Инаку, на гробиштата Бежанија почиваат многу луѓе за кои се верува дека „паднале“ за време на војната на двата моќни балкански криминални кланови.

Кој се почива на Бежанија?

Семејството платило 25.000 евра за последното почивалиште на Страхиња Стојановиќ (30), кој загина во септември 2020 година во експлозија на џип БМВ X5 во Нов Белград. Семејството купило семејна гробница за четири лица во близина на влезот на гробиштата. Скапиот црн мермерен гроб е платен во готово 2.726.190 динари. Тој е погребан на таканаречената „кавачка“ страна на гробиштата, додека „Шкалјарците“ се од другата страна на улицата. Така, Бојан Мирковиќ (34) е погребан на 12 ноември 2020 година на гробиштата Бежанија, во гробница за која неговото семејство платило 2,1 милион динари. Веднаш пред него има голема гробница каде што е погребан Милан Миловац или Цигла (47), кој беше убиен во Еквадор на 12 јануари, а беше близок соработник на Дарко Шариќ (50). Токму Шариќ сега е осомничен за неговата смрт. Неговото семејство купило голема гробница во таканаречениот елитен дел на гробиштата, за која платиле 2.940.210 динари. Гробницата е направена од најквалитетниот црн мермер, еден од најголемите во тој дел од гробиштата и е наменет за шест лица. На страната на „Кавчаните“, во гробницата за која семејството плати 29.000 евра, во мај годинава беше погребан Лука Перенчевиќ (28), навивач на Ф.К.Рад кој беше избоден со нож во салата во белградската населба Бањица. Изграден е од посебен вид гранит и е заѕидан, а предвиден е за четири лица. Се наоѓа зад гробот на убиениот Страхиња Стојановиќ, кој се поврзувал со „кавачкиот клан“.

Саковиќ го убил Лука од Карабурма?

Според последните податоци од истрагите на регионалните безбедносни служби, човекот кој го уби Милиќ Миња Шаковиќ во Будва е извесен Лука од белградската населба Карабурма. Наводно, тој човек е вмешан во друго злосторство извршено во Белград и наводно е близок со криминалната група Беливук-Миљковиќ, но и со „вештерскиот клан“ на Никола Вушовиќ. Според неофицијални информации, црногорската полиција наскоро ќе објави се што знае за убиството на Шаковиќ, инаку високорангиран „Шкаљарец“, како и дали . во сè е вмешан токму Душко Танасковиќ, кој беше уапсен за убиството на Горан Влаовиќ на Паг.

The post Убиениот „Шкаљарец“ на Паг ќе биде погребан на „мафијашки гробишта“: Од едната страна почиваат „Шкаљарците“, преку улица „Кавчаните“ appeared first on Република.

]]>
Шкаљарецот убиен на Паг бил намамен во замка: Пријателите на Влаовиќ се под лупа на хрватските истражители https://republika.mk/vesti/balkan/shkaljarecot-ubien-na-pag-bil-namamen-vo-zamka-prijatelite-na-vlaovikj-se-pod-lupa-na-hrvatskite-istraziteli/ Mon, 29 Aug 2022 12:54:22 +0000 https://republika.mk/?p=545016

Хрватската полиција не ја исклучува можноста дека при убиството на членот на Шкаљарскиот криминален клан, Горан Влаовиќ (38) на островот Паг, убиецот Душко Танасковиќ (28) имал сочусник, кој бил близок до жртвата и кој помогнал да биде извршено делото.

Влаовиќ беше ликвидиран кога во шест часот наутро го напуштил клубот на плажата Зрче на хрватскит остров Паг. Според првичните сознанија, Влаовиќ наводно излегол од локалот со својата девојка Драгана Баниќ од Србија кога напаѓачот му пришол одзади и му пукал во глава.

Сомневањата се дека џелатот чекал пред клубот и тргнал по Влаовиќ кога видел погоден момент да пука. Сепак, според анализите на познавачите, речиси е неверојатно дека тој сам би можел да организира и изврши вакво убиство.

https://republika.mk/vesti/balkan/go-cheka-pred-klubot-mu-priogja-i-mu-puka-vo-glava-od-zad-grb-objaveno-video-od-ubistvoto-na-shkaljarecot-vlaovikj-na-pag/

Според хрватските медиуми, полицијата се уште не знае дека Танасковиќ имал помагачи, но изворот на српскиот весник „Ало“, близок до безбедносните кругови, објаснува дека тоа не значи дека убиецот немал помош од некој од редовите на „Шкаљарците“.

Некој морало да го извести Танасковиќ дека целта го напушта клубот, каде оди, како е облечен... Ако не е соработник на Танасковиќ, тогаш е на Влаовиќ - објаснува соговорникот на „Ало“.

Божидар Спасиќ, добар познавач на српското и црногорското подземје и поранешен разузнавач на Државната Безбедност, смета дека убиството е нарачано од Кавачкиот криминален клан“ и дека Влаовиќ бил намамен „во ќош“.

Голема е веројатноста или да се работи за нарачано убиство поврзано со нарко-бизнисот или, повеќе би рекол, убиство поради борба за нарко пазарот. Сепак, еден важен детаљ остана нејасен. Кој беше локаторот? Кој ја поставил целта во точната смисла каде убиецот ќе може да го изврши убиството. Очекувам да има уште вакви конфронтации во рамките на балканското подземје, овие „Шкаљарци“ и „Кавчани“ - посочува Спасиќ.

Хрватските медиуми објавија дека во истрагата ќе бидат сослушани 11 до 12 сведоци, а меѓу нив е и Драгана Баниќ, поранешна манекенка и учесничка на „Парови“, која кобната вечер била со Влаовиќ.

https://republika.mk/scena/estrada/ova-e-manekenkata-dragana-devojka-na-ubieniot-mafijash-vo-hrvatska/

Извор на „Ало“ објаснува дека никој од нив не е осомничен, туку дека се работи за истражно дејствие кое треба да помогне во расветлување на ова кривично дело. Истрагата ќе покаже дали некој од нив бил поврзан со „Кавчаните“.

The post Шкаљарецот убиен на Паг бил намамен во замка: Пријателите на Влаовиќ се под лупа на хрватските истражители appeared first on Република.

]]>

Хрватската полиција не ја исклучува можноста дека при убиството на членот на Шкаљарскиот криминален клан, Горан Влаовиќ (38) на островот Паг, убиецот Душко Танасковиќ (28) имал сочусник, кој бил близок до жртвата и кој помогнал да биде извршено делото. Влаовиќ беше ликвидиран кога во шест часот наутро го напуштил клубот на плажата Зрче на хрватскит остров Паг. Според првичните сознанија, Влаовиќ наводно излегол од локалот со својата девојка Драгана Баниќ од Србија кога напаѓачот му пришол одзади и му пукал во глава. Сомневањата се дека џелатот чекал пред клубот и тргнал по Влаовиќ кога видел погоден момент да пука. Сепак, според анализите на познавачите, речиси е неверојатно дека тој сам би можел да организира и изврши вакво убиство. https://republika.mk/vesti/balkan/go-cheka-pred-klubot-mu-priogja-i-mu-puka-vo-glava-od-zad-grb-objaveno-video-od-ubistvoto-na-shkaljarecot-vlaovikj-na-pag/ Според хрватските медиуми, полицијата се уште не знае дека Танасковиќ имал помагачи, но изворот на српскиот весник „Ало“, близок до безбедносните кругови, објаснува дека тоа не значи дека убиецот немал помош од некој од редовите на „Шкаљарците“.
Некој морало да го извести Танасковиќ дека целта го напушта клубот, каде оди, како е облечен... Ако не е соработник на Танасковиќ, тогаш е на Влаовиќ - објаснува соговорникот на „Ало“.
Божидар Спасиќ, добар познавач на српското и црногорското подземје и поранешен разузнавач на Државната Безбедност, смета дека убиството е нарачано од Кавачкиот криминален клан“ и дека Влаовиќ бил намамен „во ќош“.
Голема е веројатноста или да се работи за нарачано убиство поврзано со нарко-бизнисот или, повеќе би рекол, убиство поради борба за нарко пазарот. Сепак, еден важен детаљ остана нејасен. Кој беше локаторот? Кој ја поставил целта во точната смисла каде убиецот ќе може да го изврши убиството. Очекувам да има уште вакви конфронтации во рамките на балканското подземје, овие „Шкаљарци“ и „Кавчани“ - посочува Спасиќ.
Хрватските медиуми објавија дека во истрагата ќе бидат сослушани 11 до 12 сведоци, а меѓу нив е и Драгана Баниќ, поранешна манекенка и учесничка на „Парови“, која кобната вечер била со Влаовиќ. https://republika.mk/scena/estrada/ova-e-manekenkata-dragana-devojka-na-ubieniot-mafijash-vo-hrvatska/ Извор на „Ало“ објаснува дека никој од нив не е осомничен, туку дека се работи за истражно дејствие кое треба да помогне во расветлување на ова кривично дело. Истрагата ќе покаже дали некој од нив бил поврзан со „Кавчаните“.

The post Шкаљарецот убиен на Паг бил намамен во замка: Пријателите на Влаовиќ се под лупа на хрватските истражители appeared first on Република.

]]>
Го чека пред клубот, му приоѓа и му пука во глава од зад грб: Објавено видео од убиството на „Шкаљарецот“ Влаовиќ на Паг https://republika.mk/vesti/balkan/go-cheka-pred-klubot-mu-priogja-i-mu-puka-vo-glava-od-zad-grb-objaveno-video-od-ubistvoto-na-shkaljarecot-vlaovikj-na-pag/ Sun, 28 Aug 2022 17:42:00 +0000 https://republika.mk/?p=545017

Балканските медиуми објавија видео од надзорна камера на кое се гледа моментот кога на Паг смртно бил застрелан црногорскиот државјанин, Горан Влаовиќ, кој се поврзува со криминалниот Шкаљарски клан.

Влаовиќ бил ликвидиран кога околу шест часот наутро го напуштил ноќниот клуб на популарната плажа Зрче, на хрватскиот остров.

Влаовиќ излегол од локалот со својата девојка Драгана Баниќ од Србија кога напаѓачот му пришол одзади и му пукал во глава.

The post Го чека пред клубот, му приоѓа и му пука во глава од зад грб: Објавено видео од убиството на „Шкаљарецот“ Влаовиќ на Паг appeared first on Република.

]]>

Балканските медиуми објавија видео од надзорна камера на кое се гледа моментот кога на Паг смртно бил застрелан црногорскиот државјанин, Горан Влаовиќ, кој се поврзува со криминалниот Шкаљарски клан. Влаовиќ бил ликвидиран кога околу шест часот наутро го напуштил ноќниот клуб на популарната плажа Зрче, на хрватскиот остров. Влаовиќ излегол од локалот со својата девојка Драгана Баниќ од Србија кога напаѓачот му пришол одзади и му пукал во глава.

The post Го чека пред клубот, му приоѓа и му пука во глава од зад грб: Објавено видео од убиството на „Шкаљарецот“ Влаовиќ на Паг appeared first on Република.

]]>
„Капетан“ од Шкаљарците бил киднапиран од Веља Невоља, однесен во Црна Гора и запален на клада по наредба на Слободан Кашчелан https://republika.mk/vesti/balkan/kapetan-od-shkaljarcite-bil-kidnapiran-od-velja-nevolja-odnesen-vo-crna-gora-i-zapalen-na-klada-po-naredba-na-slobodan-kashchelan/ Wed, 27 Apr 2022 13:49:05 +0000 https://republika.mk/?p=494223

Црногорските медиуми објавуваат детали од досието на Специјалното државно обвинителство за криминалот на Кавачкиот клан предводен од Слободан Кашчелан.

Во декември 2020 година, Владимир Вучковиќ од Новљан однел автомобилски гуми и јаглен на Ловќен, а заедно со Милош Радоњиќ подготвиле клада на која, по ликвидацијата, го запалиле „Шкаљарецот“, Мило Радуловиќ наречен Капетан.

Ова се дел од деталите од наредбата за проширување на истрагата што ја издало Специјалното државно обвинителство (СДТ) против наводниот член на кавачкиот криминален клан, Петар Ѓуровиќ, објавува „Вијести“.

Според тој документ, членовите на кавачкиот клан, по речиси два месеци тортура, на 21 декември 2020 година со електричен продолжен кабел го задавиле „Шкаљарцот“ Радуловиќ, а потоа неговото тело го однеле во Ловќен и го запалиле на клада.

СДТ ги идентификува Ѓуровиќ и Радоњиќ, кој е во бегство, како директни извршители на убиството, а тврдат дека неговото тело било запалено од Радоњиќ и Вучковиќ.

Во документите пишува и дека тоа го направиле по инструкции на организаторите на криминалната организација Слободан Кашчелан и Игор Божовиќ.

Радуловиќ беше киднапиран на 14 октомври 2020 година во Стањевиќа Рупа кај Спуж, по ликвидацијата на „Шкаљарецот“ Дамир Хоџиќ и неговиот зет, Адис Спахиќ.

Обвинителите тврдат дека додека го мачеле, од него изнудувале информации за членови на организираната криминална група „Шкаљарци“, како и пари од неговата сопруга.

Обвинетиот М.Р.1. (Милош Радоњиќ) и обвинетиот П.Ѓ., по инструкции на организаторите на криминалната организација, со врзување на рацете и задушување со електричен продолжен кабел го лишиле од живот повредениот М.Р., така што пријавениот В.В. и М.Р.1. ја отстранил гардеробата на оштетениот и предметите што ги допрел, посмртните останки на оштетениот обвинетиот В.В. ги пренел во напуштен воен објект - Општина Ц., каде што претходно донел стари автомобилски гуми и ќумур за скара и каде заедно со М.Р.1. подготвиле оган, на кој го поставиле телото на оштетениот и го запалиле за да ги уништат трагите на стореното дело - стои во документите цитирани во одлуката на Врховниот суд со која му е продолжен притворот на Ѓуровиќ.

Радуловиќ бил однесен во Котор од Веља Невоља

Специјалните обвинители ги сомничат белграѓаните Вељко Беливук, Марко Миљковиќ, Небојша Јанковиќ и црногорскиот државјанин Ратко Живковиќ дека на 14 октомври 2020 година, по претходен договор со други членови на криминалната организација „Кавчани“, го киднапирале Радуловиќ кај Спуж.

Во обвинението пишува и дека Веља Невоља и неговиот дел од кланот, следејќи го криминалниот план, вечерта го префрлиле Радуловиќ во станбена зграда на територијата на Котор, каде што го задржале до денот кога бил ликвидиран.

За тоа време, наводно, го мачеле со намера да му изнудат пари и да им даде информации кои се членовите на спротивставената криминална организација, каде им се „кутиите“ со оружје и каде е дрогата што ја тргуваат.

Во обвинението се објаснува дека Радуловиќ, под заканите, им дал информации за „Шкаљарците“ и им овозможил да испраќаат пораки во негово име преку неговиот шифриран мобилен телефон и апликацијата „Скај“ со цел „да ги намамат на однапред договорени локации каде што ќе им ги одземат животите“.

 

The post „Капетан“ од Шкаљарците бил киднапиран од Веља Невоља, однесен во Црна Гора и запален на клада по наредба на Слободан Кашчелан appeared first on Република.

]]>

Црногорските медиуми објавуваат детали од досието на Специјалното државно обвинителство за криминалот на Кавачкиот клан предводен од Слободан Кашчелан.
Во декември 2020 година, Владимир Вучковиќ од Новљан однел автомобилски гуми и јаглен на Ловќен, а заедно со Милош Радоњиќ подготвиле клада на која, по ликвидацијата, го запалиле „Шкаљарецот“, Мило Радуловиќ наречен Капетан.
Ова се дел од деталите од наредбата за проширување на истрагата што ја издало Специјалното државно обвинителство (СДТ) против наводниот член на кавачкиот криминален клан, Петар Ѓуровиќ, објавува „Вијести“. Според тој документ, членовите на кавачкиот клан, по речиси два месеци тортура, на 21 декември 2020 година со електричен продолжен кабел го задавиле „Шкаљарцот“ Радуловиќ, а потоа неговото тело го однеле во Ловќен и го запалиле на клада. СДТ ги идентификува Ѓуровиќ и Радоњиќ, кој е во бегство, како директни извршители на убиството, а тврдат дека неговото тело било запалено од Радоњиќ и Вучковиќ. Во документите пишува и дека тоа го направиле по инструкции на организаторите на криминалната организација Слободан Кашчелан и Игор Божовиќ. Радуловиќ беше киднапиран на 14 октомври 2020 година во Стањевиќа Рупа кај Спуж, по ликвидацијата на „Шкаљарецот“ Дамир Хоџиќ и неговиот зет, Адис Спахиќ. Обвинителите тврдат дека додека го мачеле, од него изнудувале информации за членови на организираната криминална група „Шкаљарци“, како и пари од неговата сопруга.
Обвинетиот М.Р.1. (Милош Радоњиќ) и обвинетиот П.Ѓ., по инструкции на организаторите на криминалната организација, со врзување на рацете и задушување со електричен продолжен кабел го лишиле од живот повредениот М.Р., така што пријавениот В.В. и М.Р.1. ја отстранил гардеробата на оштетениот и предметите што ги допрел, посмртните останки на оштетениот обвинетиот В.В. ги пренел во напуштен воен објект - Општина Ц., каде што претходно донел стари автомобилски гуми и ќумур за скара и каде заедно со М.Р.1. подготвиле оган, на кој го поставиле телото на оштетениот и го запалиле за да ги уништат трагите на стореното дело - стои во документите цитирани во одлуката на Врховниот суд со која му е продолжен притворот на Ѓуровиќ.

Радуловиќ бил однесен во Котор од Веља Невоља

Специјалните обвинители ги сомничат белграѓаните Вељко Беливук, Марко Миљковиќ, Небојша Јанковиќ и црногорскиот државјанин Ратко Живковиќ дека на 14 октомври 2020 година, по претходен договор со други членови на криминалната организација „Кавчани“, го киднапирале Радуловиќ кај Спуж. Во обвинението пишува и дека Веља Невоља и неговиот дел од кланот, следејќи го криминалниот план, вечерта го префрлиле Радуловиќ во станбена зграда на територијата на Котор, каде што го задржале до денот кога бил ликвидиран. За тоа време, наводно, го мачеле со намера да му изнудат пари и да им даде информации кои се членовите на спротивставената криминална организација, каде им се „кутиите“ со оружје и каде е дрогата што ја тргуваат. Во обвинението се објаснува дека Радуловиќ, под заканите, им дал информации за „Шкаљарците“ и им овозможил да испраќаат пораки во негово име преку неговиот шифриран мобилен телефон и апликацијата „Скај“ со цел „да ги намамат на однапред договорени локации каде што ќе им ги одземат животите“.  

The post „Капетан“ од Шкаљарците бил киднапиран од Веља Невоља, однесен во Црна Гора и запален на клада по наредба на Слободан Кашчелан appeared first on Република.

]]>