Хрватската полиција не ја исклучува можноста дека при убиството на членот на Шкаљарскиот криминален клан, Горан Влаовиќ (38) на островот Паг, убиецот Душко Танасковиќ (28) имал сочусник, кој бил близок до жртвата и кој помогнал да биде извршено делото.

Влаовиќ беше ликвидиран кога во шест часот наутро го напуштил клубот на плажата Зрче на хрватскит остров Паг. Според првичните сознанија, Влаовиќ наводно излегол од локалот со својата девојка Драгана Баниќ од Србија кога напаѓачот му пришол одзади и му пукал во глава.

Сомневањата се дека џелатот чекал пред клубот и тргнал по Влаовиќ кога видел погоден момент да пука. Сепак, според анализите на познавачите, речиси е неверојатно дека тој сам би можел да организира и изврши вакво убиство.

Според хрватските медиуми, полицијата се уште не знае дека Танасковиќ имал помагачи, но изворот на српскиот весник „Ало“, близок до безбедносните кругови, објаснува дека тоа не значи дека убиецот немал помош од некој од редовите на „Шкаљарците“.

Некој морало да го извести Танасковиќ дека целта го напушта клубот, каде оди, како е облечен… Ако не е соработник на Танасковиќ, тогаш е на Влаовиќ – објаснува соговорникот на „Ало“.

Божидар Спасиќ, добар познавач на српското и црногорското подземје и поранешен разузнавач на Државната Безбедност, смета дека убиството е нарачано од Кавачкиот криминален клан“ и дека Влаовиќ бил намамен „во ќош“.

Голема е веројатноста или да се работи за нарачано убиство поврзано со нарко-бизнисот или, повеќе би рекол, убиство поради борба за нарко пазарот. Сепак, еден важен детаљ остана нејасен. Кој беше локаторот? Кој ја поставил целта во точната смисла каде убиецот ќе може да го изврши убиството. Очекувам да има уште вакви конфронтации во рамките на балканското подземје, овие „Шкаљарци“ и „Кавчани“ – посочува Спасиќ.

Хрватските медиуми објавија дека во истрагата ќе бидат сослушани 11 до 12 сведоци, а меѓу нив е и Драгана Баниќ, поранешна манекенка и учесничка на „Парови“, која кобната вечер била со Влаовиќ.

Извор на „Ало“ објаснува дека никој од нив не е осомничен, туку дека се работи за истражно дејствие кое треба да помогне во расветлување на ова кривично дело. Истрагата ќе покаже дали некој од нив бил поврзан со „Кавчаните“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.