родова еднаквост Archives - Република https://republika.mk/tema/rodova-ednakvost/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 08:36:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png родова еднаквост Archives - Република https://republika.mk/tema/rodova-ednakvost/ 32 32 Станува збор за самоодбрана, тврдат од Платформата за родова еднаквост за двојното убиство во Кратово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/stanuva-zbor-za-samoodbrana-tvrdat-od-platformata-za-rodova-ednakvost-za-dvojnoto-ubistvo-vo-kratovo/ Tue, 18 Jun 2024 08:36:40 +0000 https://republika.mk/?p=788621

Платформата за родова еднаквост реагира на одлуката на Основното јавно обвинителство Куманово да започне постапка против 36-годишната В.И. од Кратово, која е жртва на семејно насилство.

Сметаме дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно, за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело „убиство со умисла“, како што тврди Јавното обвинителство во своето соопштение. Крајно парадоксално е што жртвата на семејно насилство сега е гонета од Јавното обвинителство како извршителка на семејно насилство. Имено, според соопштението на самото Јавно обвинителство Куманово се вели: „При вршење семејно насилство на 13 јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место, велат оттаму и додаваат:

Оттука произлегува дека осомничената В.И. од Кратово самата била жртва на семејно насилство. Постапувањето на Јавното обвинителство многу наликува на случајот на Пале Иловска од Велес која исто така беше долгогодишна жртва на семејно насилство и како акт на самоодбрана го уби насилникот. Слично, како во овој случај и неа Обвинителството ја гонеше за „убиство на миг“. Судот тогаш правилно донесе ослободителна пресуда“.

Платформата за родова еднаквост бара Судот да постапува со должно внимание во овој предмет и да ги разгледа сите решителни факти. Иако судската пракса не е задолжителна, бараме Судот да ги земе предвид принципите утврдени со ослободителната одлука во случајот на Пале.

„Особено, треба да се има предвид историјата на насилството и малтретирање врз жртвата В.И. и да се земе предвид дека и децата биле жртви на семејно насилство, како и институционалниот пропуст да ја заштитат жртвата, оставајќи ја сама да се брани. Ова не е прв случај кога жените што претрпеле семејно насилство не само што не биле заштитени од страна на надлежните институции, туку истовремено и самите биле пријавувани и третирани како сторители на семејно насилство. Бараме ова да биде последен случај на погрешно третирање на семејното насилство и повикување на одговорност на жените кои се најмногу погодени од насилството, вклучително и од отсуството на навремена и соодветна реакција од институциите. Платформата за родова еднаквост ќе се обрати до Центарот за социјална работи и до полицијата за да се утврди зошто и како настанал пропуст во овој случај и дополнително ќе го следиме постапувањето на надлежните институции. Понатамошното постапување на правосудните органи во овој случај несомнено ќе го одрази и нивото на општествена свест, во што голем удел имаат и медиумите кои мора да известуваат согласно етичките стандарди и да внимаваат да не придонесуваат за двојна виктимизација. Тоа ќе придонесе и за охрабрување на жртвите за пријавување на насилство врз жените и семејно насилство“, велат од платформата за родова еднаквост.

Адвокатот Јанаки Митровски на својот профилн на Фејсбук се огласи за случајот во Кратово.

„Жената во Кратово не уби, се бранеше. Ако некој го знае семејството нека ме контактираат“, посочи тој.

The post Станува збор за самоодбрана, тврдат од Платформата за родова еднаквост за двојното убиство во Кратово appeared first on Република.

]]>

Платформата за родова еднаквост реагира на одлуката на Основното јавно обвинителство Куманово да започне постапка против 36-годишната В.И. од Кратово, која е жртва на семејно насилство. Сметаме дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно, за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело „убиство со умисла“, како што тврди Јавното обвинителство во своето соопштение. Крајно парадоксално е што жртвата на семејно насилство сега е гонета од Јавното обвинителство како извршителка на семејно насилство. Имено, според соопштението на самото Јавно обвинителство Куманово се вели: „При вршење семејно насилство на 13 јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место, велат оттаму и додаваат: Оттука произлегува дека осомничената В.И. од Кратово самата била жртва на семејно насилство. Постапувањето на Јавното обвинителство многу наликува на случајот на Пале Иловска од Велес која исто така беше долгогодишна жртва на семејно насилство и како акт на самоодбрана го уби насилникот. Слично, како во овој случај и неа Обвинителството ја гонеше за „убиство на миг“. Судот тогаш правилно донесе ослободителна пресуда“. Платформата за родова еднаквост бара Судот да постапува со должно внимание во овој предмет и да ги разгледа сите решителни факти. Иако судската пракса не е задолжителна, бараме Судот да ги земе предвид принципите утврдени со ослободителната одлука во случајот на Пале. „Особено, треба да се има предвид историјата на насилството и малтретирање врз жртвата В.И. и да се земе предвид дека и децата биле жртви на семејно насилство, како и институционалниот пропуст да ја заштитат жртвата, оставајќи ја сама да се брани. Ова не е прв случај кога жените што претрпеле семејно насилство не само што не биле заштитени од страна на надлежните институции, туку истовремено и самите биле пријавувани и третирани како сторители на семејно насилство. Бараме ова да биде последен случај на погрешно третирање на семејното насилство и повикување на одговорност на жените кои се најмногу погодени од насилството, вклучително и од отсуството на навремена и соодветна реакција од институциите. Платформата за родова еднаквост ќе се обрати до Центарот за социјална работи и до полицијата за да се утврди зошто и како настанал пропуст во овој случај и дополнително ќе го следиме постапувањето на надлежните институции. Понатамошното постапување на правосудните органи во овој случај несомнено ќе го одрази и нивото на општествена свест, во што голем удел имаат и медиумите кои мора да известуваат согласно етичките стандарди и да внимаваат да не придонесуваат за двојна виктимизација. Тоа ќе придонесе и за охрабрување на жртвите за пријавување на насилство врз жените и семејно насилство“, велат од платформата за родова еднаквост. Адвокатот Јанаки Митровски на својот профилн на Фејсбук се огласи за случајот во Кратово. „Жената во Кратово не уби, се бранеше. Ако некој го знае семејството нека ме контактираат“, посочи тој.

The post Станува збор за самоодбрана, тврдат од Платформата за родова еднаквост за двојното убиство во Кратово appeared first on Република.

]]>
Македонија е пример во регионот за имплементирање на родова рамноправност https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-e-primer-vo-regionot-za-implementirane-na-rodova-ramnopravnost/ Mon, 15 Apr 2024 11:56:38 +0000 https://republika.mk/?p=766322

Претседателот на Владата на Република Македонија Талат Џафери, денеска учествуваше и се обрати на Меѓународниот форум за жени, мир и безбедност што се одржува во Приштина, Република Косово.

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Џафери:

„Денеска сме тука поради еден значаен повод, и би рекол големо достигнување за регионот. За мене е чест да сум дел од овој настан кој ќе придонесе за реализација на оваа одлична иницијатива, односно, Регионалниот центар за извонредност за жени, мир и безбедност.

И ние во Република Македонија, сме силно посветени на имплементирањето на агендата Жени, мир и безбедност. Како активна земја членка на НАТО, го поддржуваме имплементирањето на оваа политика низ трите основни цели на Алијансата и за таа цел го усогласивме и нашиот Национален акциски план со сродните иницијативи.

Уште поважно, ние и суштински ги имплементираме трите принципи на интеграција, инклузивност и интегритет во нашата секојдневна работа и во политиките кои ги носиме. Бидејќи, суштината е она што секојдневно нѐ води при носењето на политичките одлуки кои имаат една единствена цел, а тоа е да ги исполнуваат стандардите за постигнување на родова еднаквост.

Легислативата е исклучително значаен дел од тој процес, затоа што ја дава рамката со која се обезбедува застапеноста. Таков е вториот Национален акциски план (НАП) на Република Македонија за имплементација на Резолуцијата 1325 усвоен во 2020 година, како петгодишен стратешки план за постигнување на вистинска родова еднаквост, интеграција и транспарентност на национално ниво.

Но, легислативата е само еден сегмент од нашата поголема, повисока политика. Неспорно е дека, родовите теми во Македонија, во голема мера добиваат простор и стануваат еден од приоритетите преку реформите кои Владата почна да ги имплементира во 2017 година и непосредно пред нашето полноправно членство во НАТО. Тие реформи, се случија пред сѐ во начинот на кој размислуваме за родовата димензија и ја инкорпорираме во секоја политика.

Без разлика дали тоа претставува Истанбулската конвенција, социјалната реформа, Едно општество за сите и серија други политики кои ги имплементира нашата Влада, или пак фокусот се насочува кон жените во безбедносниот сектор, заедничка цел на сите нив е целосна инклузија, со овозможување на простор кој води до реална родова рамноправност.

Во оваа насока, можам да кажам дека ние сме позитивен пример. Министерството за одбрана на Република Македонија го води одлична министерка, на која и претходеше исто така друга извонредна министерка за одбрана. Претседателот на државата има аѓутантка, а постигнат е и значителен напредок во бројот на жени застапени во Армијата, чијшто број се има удвоено во последниве десет години. Во истото министерство, од вкупниот број вработени административни службеници на раководни позиции, 49 % се жени. Имаме осум жени со чин полковник, што е бројка која до пред една декада беше нула, или еден.

Почитувани присутни,

Агендата за жени, мир и безбедност беше исто така еден од приоритетите за време на нашето претседавање со ОБСЕ минатата година. Со цел афирмирање на ваквата политика, организиравме повеќе настани на највисоко ниво на оваа тема.

Со ова, сакам да истакнам дека сме на одличен пат. Иако имаме уште многу за одење на тој пат, траекторијата на движење е утврдена и моја заложба е и ќе биде да останеме на истата.

Знам дека според една од феминистичките теории за мирот се смета дека тоа е постојан процес на кој треба да се работи, а не цел која треба да биде постигната. И јас се согласувам со оваа теорија и врз истата ја базирам и родовата еднаквост во безбедноста.

Војната во Украина е силен потсетник за неопходноста од активното вклучување на жените во сите области за спречување конфликти и во заложбите за градење на мир, стабилност и безбедност. Нивниот придонес е неопходен и во адаптирањето на политиките кон новата реалност.

Токму затоа, ние, како кредибилна членка на НАТО, го поддржуваме пристапот на Алијансата да се даде поголемо значење на политиката за Жени, мир и безбедност. Тоа значи поголемо претставување и учество на жените во цивилните и воени операции и мисии на НАТО, но и поголема промоција на родовата еднаквост како израз на нашите заеднички демократски вредности“.

The post Македонија е пример во регионот за имплементирање на родова рамноправност appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Талат Џафери, денеска учествуваше и се обрати на Меѓународниот форум за жени, мир и безбедност што се одржува во Приштина, Република Косово. Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Џафери: „Денеска сме тука поради еден значаен повод, и би рекол големо достигнување за регионот. За мене е чест да сум дел од овој настан кој ќе придонесе за реализација на оваа одлична иницијатива, односно, Регионалниот центар за извонредност за жени, мир и безбедност. И ние во Република Македонија, сме силно посветени на имплементирањето на агендата Жени, мир и безбедност. Како активна земја членка на НАТО, го поддржуваме имплементирањето на оваа политика низ трите основни цели на Алијансата и за таа цел го усогласивме и нашиот Национален акциски план со сродните иницијативи. Уште поважно, ние и суштински ги имплементираме трите принципи на интеграција, инклузивност и интегритет во нашата секојдневна работа и во политиките кои ги носиме. Бидејќи, суштината е она што секојдневно нѐ води при носењето на политичките одлуки кои имаат една единствена цел, а тоа е да ги исполнуваат стандардите за постигнување на родова еднаквост. Легислативата е исклучително значаен дел од тој процес, затоа што ја дава рамката со која се обезбедува застапеноста. Таков е вториот Национален акциски план (НАП) на Република Македонија за имплементација на Резолуцијата 1325 усвоен во 2020 година, како петгодишен стратешки план за постигнување на вистинска родова еднаквост, интеграција и транспарентност на национално ниво. Но, легислативата е само еден сегмент од нашата поголема, повисока политика. Неспорно е дека, родовите теми во Македонија, во голема мера добиваат простор и стануваат еден од приоритетите преку реформите кои Владата почна да ги имплементира во 2017 година и непосредно пред нашето полноправно членство во НАТО. Тие реформи, се случија пред сѐ во начинот на кој размислуваме за родовата димензија и ја инкорпорираме во секоја политика. Без разлика дали тоа претставува Истанбулската конвенција, социјалната реформа, Едно општество за сите и серија други политики кои ги имплементира нашата Влада, или пак фокусот се насочува кон жените во безбедносниот сектор, заедничка цел на сите нив е целосна инклузија, со овозможување на простор кој води до реална родова рамноправност. Во оваа насока, можам да кажам дека ние сме позитивен пример. Министерството за одбрана на Република Македонија го води одлична министерка, на која и претходеше исто така друга извонредна министерка за одбрана. Претседателот на државата има аѓутантка, а постигнат е и значителен напредок во бројот на жени застапени во Армијата, чијшто број се има удвоено во последниве десет години. Во истото министерство, од вкупниот број вработени административни службеници на раководни позиции, 49 % се жени. Имаме осум жени со чин полковник, што е бројка која до пред една декада беше нула, или еден. Почитувани присутни, Агендата за жени, мир и безбедност беше исто така еден од приоритетите за време на нашето претседавање со ОБСЕ минатата година. Со цел афирмирање на ваквата политика, организиравме повеќе настани на највисоко ниво на оваа тема. Со ова, сакам да истакнам дека сме на одличен пат. Иако имаме уште многу за одење на тој пат, траекторијата на движење е утврдена и моја заложба е и ќе биде да останеме на истата. Знам дека според една од феминистичките теории за мирот се смета дека тоа е постојан процес на кој треба да се работи, а не цел која треба да биде постигната. И јас се согласувам со оваа теорија и врз истата ја базирам и родовата еднаквост во безбедноста. Војната во Украина е силен потсетник за неопходноста од активното вклучување на жените во сите области за спречување конфликти и во заложбите за градење на мир, стабилност и безбедност. Нивниот придонес е неопходен и во адаптирањето на политиките кон новата реалност. Токму затоа, ние, како кредибилна членка на НАТО, го поддржуваме пристапот на Алијансата да се даде поголемо значење на политиката за Жени, мир и безбедност. Тоа значи поголемо претставување и учество на жените во цивилните и воени операции и мисии на НАТО, но и поголема промоција на родовата еднаквост како израз на нашите заеднички демократски вредности“.  

The post Македонија е пример во регионот за имплементирање на родова рамноправност appeared first on Република.

]]>
Николоски: Тренчевска зема дебели пари од фондацијата Сорос за да застапува родова еднаквост, за ВМРО-ДПМНЕ тоа е неприфатливо, мажите се мажи, жените се жени, родителите се родители https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-trenchevska-zema-debeli-pari-od-fondatsijata-soros-za-da-zastapuva-rodova-ednakvost-za-vmro-dpmne-toa-e-neprifatlivo-mazhite-se-mazhi-zhenite-se-zheni-roditelite-se-roditeli/ Wed, 10 Apr 2024 19:38:27 +0000 https://republika.mk/?p=764720

Број два на листата во четвртата изборна единица од СДС е доскорешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска, ја знаете добро, која што нашите деца сака да ги учи дека немало разлика дали се машки или женски, дека немало родители, туку имало родител 1 и родител 2, и води некакви си таканаречени родови политики за кои што земаат дебели пари од фондацијата Сорос. Сакам од овде јасно да кажам за ВМРО-ДПМНЕ, за нас, постојат тато и мајка и деца. Тоа е суштината на македонското семејство, порача потпретседателот и носител на изборната единица 4 Александар Николоски на денешниот митинг во општина Струмица, во рамки на претседателските избори.

Николоски додаде и рече дека за ВМРО-ДПМНЕ има разлика, а тоа е дека мажите се мажи, жените се жени, и ниту една фондација, ниту едни пари, ниту пак продадени души како тие од СДС нема да го променат тоа.

За нас мажите се мажи, жените се жени, момчињата се момчиња, девојчињата се девојчиња и има здраво да живеат во пристојни семејства, а не да водиме некакви си родови политики. Затоа што она кое што го дала природата ниедна фондација, ниту едни пари, ниту едни продадени души не можат да го променат, вели Николоски.

Николоски истакна дека носителот на изборната единица 4 од СДС, Венко Филипче Венко е виновен за 397 семејства се зацрнија во Струмица и струмичко за време на корона кризата, бидејќи тој тогаш водел грижа само за лична промоција.

Второ тој што е пред нејзе првиот на листата слушам често доаѓа тука во Струмица, самиот знае зошто. Да го прашам дали не го гриза совеста кога цела јавност знае дека додека водеше личен пи-ар и лична промоција во 2020 и 2021 година, од Струмица и струмичко, четирите општини кои што гравитираат кон струмичката болница 397 семејства се зацрнија, 397 луѓе го изгубија животот само во корна кризата, додека тој водеше лична промоција и личен пи-ар. Дали не го гриза совеста кога доаѓа тука и да помисли на овие семејства на кои што не им пружи основна здравствена заштита, туку мислеше само на сопствената промоција, рече Николоски.

The post Николоски: Тренчевска зема дебели пари од фондацијата Сорос за да застапува родова еднаквост, за ВМРО-ДПМНЕ тоа е неприфатливо, мажите се мажи, жените се жени, родителите се родители appeared first on Република.

]]>

Број два на листата во четвртата изборна единица од СДС е доскорешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска, ја знаете добро, која што нашите деца сака да ги учи дека немало разлика дали се машки или женски, дека немало родители, туку имало родител 1 и родител 2, и води некакви си таканаречени родови политики за кои што земаат дебели пари од фондацијата Сорос. Сакам од овде јасно да кажам за ВМРО-ДПМНЕ, за нас, постојат тато и мајка и деца. Тоа е суштината на македонското семејство, порача потпретседателот и носител на изборната единица 4 Александар Николоски на денешниот митинг во општина Струмица, во рамки на претседателските избори. Николоски додаде и рече дека за ВМРО-ДПМНЕ има разлика, а тоа е дека мажите се мажи, жените се жени, и ниту една фондација, ниту едни пари, ниту пак продадени души како тие од СДС нема да го променат тоа.
За нас мажите се мажи, жените се жени, момчињата се момчиња, девојчињата се девојчиња и има здраво да живеат во пристојни семејства, а не да водиме некакви си родови политики. Затоа што она кое што го дала природата ниедна фондација, ниту едни пари, ниту едни продадени души не можат да го променат, вели Николоски.
Николоски истакна дека носителот на изборната единица 4 од СДС, Венко Филипче Венко е виновен за 397 семејства се зацрнија во Струмица и струмичко за време на корона кризата, бидејќи тој тогаш водел грижа само за лична промоција.
Второ тој што е пред нејзе првиот на листата слушам често доаѓа тука во Струмица, самиот знае зошто. Да го прашам дали не го гриза совеста кога цела јавност знае дека додека водеше личен пи-ар и лична промоција во 2020 и 2021 година, од Струмица и струмичко, четирите општини кои што гравитираат кон струмичката болница 397 семејства се зацрнија, 397 луѓе го изгубија животот само во корна кризата, додека тој водеше лична промоција и личен пи-ар. Дали не го гриза совеста кога доаѓа тука и да помисли на овие семејства на кои што не им пружи основна здравствена заштита, туку мислеше само на сопствената промоција, рече Николоски.

The post Николоски: Тренчевска зема дебели пари од фондацијата Сорос за да застапува родова еднаквост, за ВМРО-ДПМНЕ тоа е неприфатливо, мажите се мажи, жените се жени, родителите се родители appeared first on Република.

]]>
Собраниска седница со единствена точка на дневен ред- родовата еднаквост и унапредување на женските права https://republika.mk/vesti/makedonija/sobraniska-sednitsa-so-edinstvena-tochka-na-dneven-red-rodovata-ednakvost-i-unapreduvane-na-zhenskite-prava/ Fri, 08 Mar 2024 11:40:05 +0000 https://republika.mk/?p=752625

По повод 8 Март Собранието и денес одржува седница посветена на родовата еднаквост и унапредување на женските права.

Ова е единствена точка на дневен ред.

The post Собраниска седница со единствена точка на дневен ред- родовата еднаквост и унапредување на женските права appeared first on Република.

]]>

По повод 8 Март Собранието и денес одржува седница посветена на родовата еднаквост и унапредување на женските права. Ова е единствена точка на дневен ред.

The post Собраниска седница со единствена точка на дневен ред- родовата еднаквост и унапредување на женските права appeared first on Република.

]]>
Ковачевски, очигледно не го знаете ни Уставот кој не познава поим род https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ochigledno-ne-go-znaete-ni-ustavot-koj-ne-poznava-poim-rod/ Wed, 06 Mar 2024 11:18:13 +0000 https://republika.mk/?p=751848

Реакција на здружението „Родителски фронт“ по повод јавната изјава на Димитар Ковачевски дадена на маршот одржан на 1 март 2024 во Кавадарци, која ви ја пренесуваме во целост:

НЕПОЧИТУВАН И НИКОГАШ ОД НАРОДОТ ИЗБРАН Г-ДИН ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ!

Како претседател на СДСМ го предводевте осмомартовскиот марш организиран од партијата чиј лидер сте, на сосема друг датум, но ја искористивте можноста да упатите низа апели до вашите сопартијци и симпатизери, но и до нас останатите, на кои ни дадовте јасно до знаење каква патека трасирате и какви идеи и цели поставувате пред себе, кои би ги оствариле на Осми мај, кога вие непочитуван, пак ќе сте формирале влада и одново ќе сте биле премиер. Па така, без фанфари, триумфално, самоуверено, дрско и безобразно најавувате дека прв закон кој ќе го предложите да биде донесен е спорниот закон за родова еднаквост.

Да ни простите што тука грохотно ќе се насмееме, но за вас очигледно родовата еднаквост е непознат поим.

Не само што родовата еднаквост изгледа ви е непозната категорија, туку вие очигледно не го знаете и Уставот на Република Македонија кој не познава поим род, со што вие се залагате како прв да биде предложен и донесен противуставен закон.

И не само овој закон, туку еден куп закони за кои се фалите дека сте успеале да ги донесете во времето на вашето владеење.

Да резимираме Ковачевски!

Вие очигледно не сте го гледале дебаклот на вашиот Министер Јована Тренчевска во Струмица, на дебатата на која во однос на спорниот закон (чиј предлагач е Министерството со кое раководеше Тренчевска) не знаеше да одговори скоро на ниту едно од поставените прашања од учесниците во дебатата. Вие, ништо, Ковачевски немате научено ниту од Мила Царовска како пионер на родовата идеологија во Македонија.

Па така, вашето повикување дека сега во предлагањето на овој закон ќе застанат најнапред мажи, па потоа жени, рамо до рамо, преведено со речникот на родовата еднаквост, значи, дека, до вас може да застане и жена која се идентификува како маж, а до жените би можеле да застанат и мажи кои се идентификуваат како жени. Тоа е родовата еднаквост Ковачевски. Тоа не е закон кој ќе ја зајакне улогата на жената, затоа што жената во ова општество ги има и ужива сите права подеднакво со мажите. Туку овој закон е всушност филтер за протурнување на разновидни родови идентитети опфатени со овој спорен закон, покрај жените и мажите. Овој закон кој би стапил во сила наместо постоечкиот закон за еднакви можности на жените и мажите. Ја гледате ли разликата Ковачевски?! Значи во постоечкиот закон за еднакви можности на жените и мажите се опфатени жените и мажите, а во спорниот предлог закон за родова еднаквост се опфатени покрај жените и мажите и разновидните родови идентитети.

Вие, Ковачевски, заборавате дека во улога на премиер или министер би требало да бидете слуга на народот, а не овој народ, како и за се останато, да не го прашувате за ништо. Особено вие Ковачевски овој народ не го прашувате дали сака да му ги одземете традицоналните семејни вредности на кои ова општество почива и дали овој народ сака да се донесе законот за родова еднаквост со кој некој освен тоа што може да се идентификува како спротивниот пол, може да се идентификува на пример и како пеперутка и притоа доколку некој од нас не му го признае таквото идентификување ќе биде предмет на судски постапки, ќе биде предмет на опсервација и прогон од страна на Секретаријатот- тоа опасно тело кое се заканува да надвиснува над слободата на мислата и говорот кои како основни човекови права ни се загарантирани со меѓународни конвенции ратификувани во Македонија, но и со највисокиот правен акт- Уставот.

Со вашето преамбициозно залагање како закон над законите, како супразакон во оваа „розевина од општество“ во кое сите други егзистенцијални состојби и односи се регулирани со закон, да биде донесен законот за родова еднаквост, вие господине Ковачевски всушност сами си ја испишувате судбината на осми мај.

Се прашуваме од каде го црпите легитимитетот да одлучувате за вакви суштествени, сензитивни и значајни прашања за народот, кога вие никогаш досега не сте биле избран од народот!? Од каде ви е таа дрска и арогантна самоувереност особено после авантурата со предлог законот за родова еднаквост, а и сега, која како заразна болест ја пренесувате и врз вашите родови активисти од кои некои ќе се најдат на листите и за нив народот треба да гласа!?

Верувајте ниту еден од членовите на здружението на родители Родителски фронт, ниту еден од поддржувачите на нашите цели, како и останатите наши соработници и партнери нема да ве поддржи на осми мај. Вие, Ковачевски со овие штетни закони ни трасирате погрешен пат за нас и нашите деца, а на кои им овозможувате без да имаат наполнето 18 години да извршат промена на пол со проста изјава пред нотар. За нашите деца за кои ние сме подготвени да го дадеме и својот живот, а вие ни покажувате пат по кој ние не сакаме да чекориме,а уште помалку да ве следиме.

Вашата изјава дека борбата за родовата еднаквост продолжува, ја најавува и нашата борба на фронтот на родителите и на сите здраворазумни и совесни граѓани кои отворено застануваат во борба против вашето залагање законот за родова еднаквост да го дочека светлото некојси мајски ден.

Можеме слободно да ви кажеме дека сме ви бескрајно благодарни за вашата искреност на осмомартовскиот марш и дека на тој начин и оној кој се двоумел да го даде својот бесценет демократски глас на изборите за вас, сега нема да го даде. И дека на овој начин се докажа дека не сме донкихотовски настроени во борбата против ветерниците, туку имаме конкретен непријател, наш и на нашите деца.

Непочитуван Ковачевски, се надеваме, дека сте свесни за тежината на јавно изнесените ставови за поддржување на законот за родова еднаквост, со кои не повредувате сите нас кои се бориме да ги сочуваме традиционалните семејни вредности и она малку останато здраво ткиво на овој полураспаднат општествен систем.

Уште еднаш да ви напомнеме, историски гледано за правата на жените, некогаш некои храбри ликови се бореле, но за правата на биолошките жени, а не и за правата на мажите кои се идентификуваат како жени. Ќе беше учтиво во име на грамадноста на таа борба, на вашиот партиски осмомартовски марш родовата еднаквост да ја избегневте, а и заради почит кон жените во Македонија. Но, ви ја одземаме можноста да ВО ИМЕ НА НАРОДОТ зборувате дека законот за родова еднаквост е за јакнење на улогата на жените. Оти не е така!

Се гледаме на Осми мај!

Се гледаме на фронтот!

Без почит, Родителски фронт

The post Ковачевски, очигледно не го знаете ни Уставот кој не познава поим род appeared first on Република.

]]>

Реакција на здружението „Родителски фронт“ по повод јавната изјава на Димитар Ковачевски дадена на маршот одржан на 1 март 2024 во Кавадарци, која ви ја пренесуваме во целост:

НЕПОЧИТУВАН И НИКОГАШ ОД НАРОДОТ ИЗБРАН Г-ДИН ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ!

Како претседател на СДСМ го предводевте осмомартовскиот марш организиран од партијата чиј лидер сте, на сосема друг датум, но ја искористивте можноста да упатите низа апели до вашите сопартијци и симпатизери, но и до нас останатите, на кои ни дадовте јасно до знаење каква патека трасирате и какви идеи и цели поставувате пред себе, кои би ги оствариле на Осми мај, кога вие непочитуван, пак ќе сте формирале влада и одново ќе сте биле премиер. Па така, без фанфари, триумфално, самоуверено, дрско и безобразно најавувате дека прв закон кој ќе го предложите да биде донесен е спорниот закон за родова еднаквост. Да ни простите што тука грохотно ќе се насмееме, но за вас очигледно родовата еднаквост е непознат поим. Не само што родовата еднаквост изгледа ви е непозната категорија, туку вие очигледно не го знаете и Уставот на Република Македонија кој не познава поим род, со што вие се залагате како прв да биде предложен и донесен противуставен закон. И не само овој закон, туку еден куп закони за кои се фалите дека сте успеале да ги донесете во времето на вашето владеење. Да резимираме Ковачевски! Вие очигледно не сте го гледале дебаклот на вашиот Министер Јована Тренчевска во Струмица, на дебатата на која во однос на спорниот закон (чиј предлагач е Министерството со кое раководеше Тренчевска) не знаеше да одговори скоро на ниту едно од поставените прашања од учесниците во дебатата. Вие, ништо, Ковачевски немате научено ниту од Мила Царовска како пионер на родовата идеологија во Македонија. Па така, вашето повикување дека сега во предлагањето на овој закон ќе застанат најнапред мажи, па потоа жени, рамо до рамо, преведено со речникот на родовата еднаквост, значи, дека, до вас може да застане и жена која се идентификува како маж, а до жените би можеле да застанат и мажи кои се идентификуваат како жени. Тоа е родовата еднаквост Ковачевски. Тоа не е закон кој ќе ја зајакне улогата на жената, затоа што жената во ова општество ги има и ужива сите права подеднакво со мажите. Туку овој закон е всушност филтер за протурнување на разновидни родови идентитети опфатени со овој спорен закон, покрај жените и мажите. Овој закон кој би стапил во сила наместо постоечкиот закон за еднакви можности на жените и мажите. Ја гледате ли разликата Ковачевски?! Значи во постоечкиот закон за еднакви можности на жените и мажите се опфатени жените и мажите, а во спорниот предлог закон за родова еднаквост се опфатени покрај жените и мажите и разновидните родови идентитети. Вие, Ковачевски, заборавате дека во улога на премиер или министер би требало да бидете слуга на народот, а не овој народ, како и за се останато, да не го прашувате за ништо. Особено вие Ковачевски овој народ не го прашувате дали сака да му ги одземете традицоналните семејни вредности на кои ова општество почива и дали овој народ сака да се донесе законот за родова еднаквост со кој некој освен тоа што може да се идентификува како спротивниот пол, може да се идентификува на пример и како пеперутка и притоа доколку некој од нас не му го признае таквото идентификување ќе биде предмет на судски постапки, ќе биде предмет на опсервација и прогон од страна на Секретаријатот- тоа опасно тело кое се заканува да надвиснува над слободата на мислата и говорот кои како основни човекови права ни се загарантирани со меѓународни конвенции ратификувани во Македонија, но и со највисокиот правен акт- Уставот. Со вашето преамбициозно залагање како закон над законите, како супразакон во оваа „розевина од општество“ во кое сите други егзистенцијални состојби и односи се регулирани со закон, да биде донесен законот за родова еднаквост, вие господине Ковачевски всушност сами си ја испишувате судбината на осми мај. Се прашуваме од каде го црпите легитимитетот да одлучувате за вакви суштествени, сензитивни и значајни прашања за народот, кога вие никогаш досега не сте биле избран од народот!? Од каде ви е таа дрска и арогантна самоувереност особено после авантурата со предлог законот за родова еднаквост, а и сега, која како заразна болест ја пренесувате и врз вашите родови активисти од кои некои ќе се најдат на листите и за нив народот треба да гласа!? Верувајте ниту еден од членовите на здружението на родители Родителски фронт, ниту еден од поддржувачите на нашите цели, како и останатите наши соработници и партнери нема да ве поддржи на осми мај. Вие, Ковачевски со овие штетни закони ни трасирате погрешен пат за нас и нашите деца, а на кои им овозможувате без да имаат наполнето 18 години да извршат промена на пол со проста изјава пред нотар. За нашите деца за кои ние сме подготвени да го дадеме и својот живот, а вие ни покажувате пат по кој ние не сакаме да чекориме,а уште помалку да ве следиме. Вашата изјава дека борбата за родовата еднаквост продолжува, ја најавува и нашата борба на фронтот на родителите и на сите здраворазумни и совесни граѓани кои отворено застануваат во борба против вашето залагање законот за родова еднаквост да го дочека светлото некојси мајски ден. Можеме слободно да ви кажеме дека сме ви бескрајно благодарни за вашата искреност на осмомартовскиот марш и дека на тој начин и оној кој се двоумел да го даде својот бесценет демократски глас на изборите за вас, сега нема да го даде. И дека на овој начин се докажа дека не сме донкихотовски настроени во борбата против ветерниците, туку имаме конкретен непријател, наш и на нашите деца. Непочитуван Ковачевски, се надеваме, дека сте свесни за тежината на јавно изнесените ставови за поддржување на законот за родова еднаквост, со кои не повредувате сите нас кои се бориме да ги сочуваме традиционалните семејни вредности и она малку останато здраво ткиво на овој полураспаднат општествен систем. Уште еднаш да ви напомнеме, историски гледано за правата на жените, некогаш некои храбри ликови се бореле, но за правата на биолошките жени, а не и за правата на мажите кои се идентификуваат како жени. Ќе беше учтиво во име на грамадноста на таа борба, на вашиот партиски осмомартовски марш родовата еднаквост да ја избегневте, а и заради почит кон жените во Македонија. Но, ви ја одземаме можноста да ВО ИМЕ НА НАРОДОТ зборувате дека законот за родова еднаквост е за јакнење на улогата на жените. Оти не е така! Се гледаме на Осми мај! Се гледаме на фронтот! Без почит, Родителски фронт

The post Ковачевски, очигледно не го знаете ни Уставот кој не познава поим род appeared first on Република.

]]>
Бројот на невработени жени со високо образование е дупло поголем од бројот на невработени мажи во Кавадарци https://republika.mk/vesti/makedonija/brojot-na-nevraboteni-zheni-so-visoko-obrazovanie-e-duplo-pogolem-od-brojot-na-nevraboteni-mazhi-vo-kavadartsi/ Sun, 25 Feb 2024 09:21:11 +0000 https://republika.mk/?p=748043

Бројот на жени со високо образование кои се невработени е дупло поголем од бројот на невработени мажи, се наведува во новата Стратегија за родова еднаквост на општина Кавадарци (2024-2027). Статистичките податоци покажуваат дека во Општина Кавадарци жените чекаат подолго време за вработување, иако сите невработени активно бараат работа, за разлика од состојбата кај мажите, од кои стотина се пасивни невработени лица.

Овие статистички податоци покажуваат дека во Општина Кавадарци жените чекаат подолго време за вработување. Од добиените податоци гледаме дека родовиот баланс не е застапен во Советот на Општина Кавадарци, од вкупно 19 советници, само шест се жени, претседателот е маж, што значи дека политичките партии номинирале жени за советници колку што барал законскиот минимум, пишува во документот.

Стратегијата има приоритети, како економско зајакнување на жените, еманципација на жените од руралните средини, зголемување на бројот на жени во донесување на клучни одлуки во јавниот и во политичкиот живот.

Документот е изготвен од Општина Кавадарци и Комисијата за еднакви можности на Советот на Општина Кавадарци, со менторска поддршка од Гордана Несторовска Мицова, Бранка Минчева Коцевска и координаторката за еднакви можности во Општина Кавадарци, Марија Камчева.

Жените се многу повеќе социјално загрозена категорија за разлика од мажите

Според податоци  во Стратегијата, бројот на жени кои се корисници на помош од Центарот за социјална работа е многу поголем од бројот на мажи.

Оттука произлегува податокот дека жените се многу повеќе социјално загрозена категорија за разлика од мажите. Од друга страна пак, во здравствениот сектор во Кавадарци има трипати повеќе жени вработени во однос на мажи, подвлекува Камчева за МИА.

Во општина Кавадарци заклучно со август 2023 година бројот на невработени изнесува 1.407 лица, од кои 656 се мажи, а 751 се жени. Според статистиката направена од август 2018 година, бројот на невработени лица се намалува.

Камчева посочува дека Стратегијата за родова еднаквост на општина Кавадарци содржи оперативен план кој предвидува преземање на краткорочни и среднорочни активности, коишто ќе се реализираат преку годишните програми за работа на локалната самоуправа.

Групата за застапување за еднакви можности при вработување, составена од Ромки активистки која делува во рамки на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска ќе презенти

Стратегијата за родова еднаквост на општина Кавадарци (2024-2027) е поддржана во рамките на проектот на „УН вомен“ - „Промовирање  на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Македонија“ (фаза 2), што се спроведува со финансиска поддршка на Швајцарија и програмата „Промовирање на родово одговорно управување во Република Македонија“, што се спроведува со финансиска поддршка на Шведска, додава Камчева.

Во неа е наведено дека според последниот Попис на населението од 2021 година, на територијата на Општина Кавадарци живеат 35.733 жители, тоа го пишувало во периодот на подготовка на овој документ, август - ноември на официјалната веб - страница на Државен завод за статистика. Од нив, 17.908 мажи и 17.825 жени. Според тие информации, на територијата на Општина Кавадарци има вкупно 12.375 домаќинства и 14.917 станови.

Ако ги споредиме податоците од Пописот на 2002 година кога во Општина Кавадарци имало 37.189 жители и 2021 година, забележуваме намалување на населението за 1.456 жители, нагласува за МИА, Весна Ѓорѓиева, советничка во Советот на Општината и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности.

Жените се доминанти во управни одбори и совети каде нема финансиски надомест, мажите таму каде има надомест

Во делот за економска активност и вработување, пишува дека по извршените анализи на состојбата на пазарот на труд во Општина Кавадарци, податоците укажуваат дека при прегледот на невработени лица по пол, заклучно со 30 јуни 2022 година, има вкупно 1.651 невработени, од кои 832 лица се жени и 819 се мажи. Анализите покажале дека од невработените лица 1.163 се од градот, а 488 се од руралната средина.

Во однос на бројот на вработени во Министерството за внатрешни работи - ОВР Кавадарци гледаме дека има родов јаз во бројот на вработени полицајки, односно има 77,4 отсто мажи и 22,6 отсто жени. И покрај тоа што гледаме дека во однос на изминатите години има зголемување на бројот на жени во полицијата, сепак бројот на полицајки е драстично помал во однос на полицајци, е забележано во стратегијата, истакнува Ѓорѓиева.

Право на образование имаат и сè повеќе жени се образовани, доминантни се во одредени сектори како правото, економијата, образование и медицински дејности, но кога станува збор за присутност н

Податоците покажуваат дека во однос на вработените во општината, има повеќе жени. Жените се доминанти во управните одбори на училиштата и советите на родителите, каде нема финансиски надомест за членување, а мажите се застапени во управни одбори каде за својот ангажман се платени.

Во однос на директорските позиции во институциите и јавните претпријатија кои се под ингеренции на локална самоуправа, има родов баланс во директорските позиции на училиштата бидејќи има четири директори на основни и средни училишта и пет директорки. Во однос на директорските позиции во јавните претпријатија, има родов дисбаланс, бидејќи има четири директори и две директорки.

The post Бројот на невработени жени со високо образование е дупло поголем од бројот на невработени мажи во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Бројот на жени со високо образование кои се невработени е дупло поголем од бројот на невработени мажи, се наведува во новата Стратегија за родова еднаквост на општина Кавадарци (2024-2027). Статистичките податоци покажуваат дека во Општина Кавадарци жените чекаат подолго време за вработување, иако сите невработени активно бараат работа, за разлика од состојбата кај мажите, од кои стотина се пасивни невработени лица.
Овие статистички податоци покажуваат дека во Општина Кавадарци жените чекаат подолго време за вработување. Од добиените податоци гледаме дека родовиот баланс не е застапен во Советот на Општина Кавадарци, од вкупно 19 советници, само шест се жени, претседателот е маж, што значи дека политичките партии номинирале жени за советници колку што барал законскиот минимум, пишува во документот.
Стратегијата има приоритети, како економско зајакнување на жените, еманципација на жените од руралните средини, зголемување на бројот на жени во донесување на клучни одлуки во јавниот и во политичкиот живот. Документот е изготвен од Општина Кавадарци и Комисијата за еднакви можности на Советот на Општина Кавадарци, со менторска поддршка од Гордана Несторовска Мицова, Бранка Минчева Коцевска и координаторката за еднакви можности во Општина Кавадарци, Марија Камчева. Жените се многу повеќе социјално загрозена категорија за разлика од мажите Според податоци  во Стратегијата, бројот на жени кои се корисници на помош од Центарот за социјална работа е многу поголем од бројот на мажи.
Оттука произлегува податокот дека жените се многу повеќе социјално загрозена категорија за разлика од мажите. Од друга страна пак, во здравствениот сектор во Кавадарци има трипати повеќе жени вработени во однос на мажи, подвлекува Камчева за МИА.
Во општина Кавадарци заклучно со август 2023 година бројот на невработени изнесува 1.407 лица, од кои 656 се мажи, а 751 се жени. Според статистиката направена од август 2018 година, бројот на невработени лица се намалува. Камчева посочува дека Стратегијата за родова еднаквост на општина Кавадарци содржи оперативен план кој предвидува преземање на краткорочни и среднорочни активности, коишто ќе се реализираат преку годишните програми за работа на локалната самоуправа. Групата за застапување за еднакви можности при вработување, составена од Ромки активистки која делува во рамки на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска ќе презенти
Стратегијата за родова еднаквост на општина Кавадарци (2024-2027) е поддржана во рамките на проектот на „УН вомен“ - „Промовирање  на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Македонија“ (фаза 2), што се спроведува со финансиска поддршка на Швајцарија и програмата „Промовирање на родово одговорно управување во Република Македонија“, што се спроведува со финансиска поддршка на Шведска, додава Камчева.
Во неа е наведено дека според последниот Попис на населението од 2021 година, на територијата на Општина Кавадарци живеат 35.733 жители, тоа го пишувало во периодот на подготовка на овој документ, август - ноември на официјалната веб - страница на Државен завод за статистика. Од нив, 17.908 мажи и 17.825 жени. Според тие информации, на територијата на Општина Кавадарци има вкупно 12.375 домаќинства и 14.917 станови.
Ако ги споредиме податоците од Пописот на 2002 година кога во Општина Кавадарци имало 37.189 жители и 2021 година, забележуваме намалување на населението за 1.456 жители, нагласува за МИА, Весна Ѓорѓиева, советничка во Советот на Општината и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности.
Жените се доминанти во управни одбори и совети каде нема финансиски надомест, мажите таму каде има надомест Во делот за економска активност и вработување, пишува дека по извршените анализи на состојбата на пазарот на труд во Општина Кавадарци, податоците укажуваат дека при прегледот на невработени лица по пол, заклучно со 30 јуни 2022 година, има вкупно 1.651 невработени, од кои 832 лица се жени и 819 се мажи. Анализите покажале дека од невработените лица 1.163 се од градот, а 488 се од руралната средина.
Во однос на бројот на вработени во Министерството за внатрешни работи - ОВР Кавадарци гледаме дека има родов јаз во бројот на вработени полицајки, односно има 77,4 отсто мажи и 22,6 отсто жени. И покрај тоа што гледаме дека во однос на изминатите години има зголемување на бројот на жени во полицијата, сепак бројот на полицајки е драстично помал во однос на полицајци, е забележано во стратегијата, истакнува Ѓорѓиева.
Право на образование имаат и сè повеќе жени се образовани, доминантни се во одредени сектори како правото, економијата, образование и медицински дејности, но кога станува збор за присутност н Податоците покажуваат дека во однос на вработените во општината, има повеќе жени. Жените се доминанти во управните одбори на училиштата и советите на родителите, каде нема финансиски надомест за членување, а мажите се застапени во управни одбори каде за својот ангажман се платени. Во однос на директорските позиции во институциите и јавните претпријатија кои се под ингеренции на локална самоуправа, има родов баланс во директорските позиции на училиштата бидејќи има четири директори на основни и средни училишта и пет директорки. Во однос на директорските позиции во јавните претпријатија, има родов дисбаланс, бидејќи има четири директори и две директорки.

The post Бројот на невработени жени со високо образование е дупло поголем од бројот на невработени мажи во Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Проектот „Простор за разговор“ за родова еднаквост и ненасилство врз жените завршува утре во „Мала станица“ https://republika.mk/vesti/kultura/proektot-prostor-za-razgovor-za-rodova-ednakvost-i-nenasilstvo-vrz-zhenite-zavrshuva-utre-vo-mala-stanitsa/ Fri, 27 Oct 2023 08:38:28 +0000 https://republika.mk/?p=695431

Интерарт културниот центар во сабота, 28 октомври во 19 часот, во „Мала станица“, го завршува проектот „Простор за разговор“ или „Dancing (Talking) Table“ со кој, преку уметнички активизам во изминатава година ја подигнуваше свеста за родовата еднаквост и ненасилство врз жените. Проектот, кој е во соработка со Швајцарската амбасада во Скопје се базира на вистински животни приказни, чии сценски рефлексии беа отсликани преку современ танцов перформанс.

Директорот на Интерарт културен центар, Матеа Мијановиќ, кој го води проектот, смета дека е „важно да се постават прашања во однос на темата и јавно да се разговара за истата“.

Проектот беше фокусиран на обраќање кон младата популација. Националната турнеја, која опфати десет градови низ републикава, се одвиваше низ комуникација со, во најголем дел средношколци, на кои им се презентираше танцовиот проект и филмот и потоа се разговараше на темата со цел да се поттикнат отворено да зборуваат за истата. Искуството покажа дека тоа е единствениот начин, преку кој можат да се менуваат нештата, т.е. односот на општеството и да се подигне свеста кај младите. Целта беше да го свртиме вниманието на јавноста кон овој горлив проблем, да создаваме похумано и по грижливо општество, во кое секој ќе го најде своето место и ќе може да живее без стеги и страв. Преку уметнички активизам да допринесеме во ослободување и поголемо социјализирање на општеството. Многу сум благодарна до сите учесници во проектот, до Швајцарската амбасада за поддршката, како и до сите наши партнери во Скопје и низ градовите во земјава, каде се одржуваа настаните“ – вели Рисима Рисимкин, која е една од водечките македонски кореографи, воедно уметнички директор на Танц Фест Скопје и Скопје танцовиот театар и деканка на Филмската академија и Катедрата за современ танц при универзитет „Гоце Делчев“.

На завршниот настан, ќе се прикаже филмот „Простор за разговор“, како и нов танцов перформанс Dancing (Talking) Table“ (волумен 2), со млади уметници, современите танчери Сара Димоска, Клара Христовска, Јоана Благадуша, Моника Шолевска, Илина Костова, Теона Ѓуровска, Нина Петрушевска, Надја Лукановска, Ивона Маневска, Елена Стојкоска, Елена Терзиева, Миа Петровиќ, Микаела Колцункова (Словачка), Сара Крковиќ (Црна Гора), Марија Андовска, кои се студенти на Катедрата за современ танц при УГД.

Кореографијата и режијата е на Рисима Рисимкин, музиката на Тони Китановски, сценскиот дизајн на Матеа Мијановиќ, костимите на Благој Мицевски, а асистенти-репетитори се Анастасија Данчевска, Дејан Битровски.

По танцовиот перформанс ќе се обрати покровителот на настанот Н.Е. Вероника Хулман, амбасадорка на Швајцарија, а потоа ќе се одржи округла маса и разговор на темата на која ќе зборуваат: Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Небахат Имери - оснивач на ЗПСП Кортекс, која работи на советување и психотерапија со млади и возрасни, вработена во ЈУМЦСР-Тетово, Јован Цветкоски - раководител на Младински центар Охрид, Ана Зафирова - новинарка и активистка и Рисима Рисимкин, уметник и професор.

Дускусијата е отворена за сите кои сакаат да учествуваат, а влезот за настанот е слободен.

Проектот имаше Националната турнеја низ десет градови: Куманово, Штип, Тетово, Гостивар, Неготино, Гевгелија, Битола, Велес, Охрид и Струга. Националната турнеја на проектот се реализираше во партнерство со универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, „Националната мрежа против семејно насилство“ и локални партнери од десетте града во Македонија, кои се занимаваат со култура и темата на родово еднаквост и родово базирано насилство.

The post Проектот „Простор за разговор“ за родова еднаквост и ненасилство врз жените завршува утре во „Мала станица“ appeared first on Република.

]]>

Интерарт културниот центар во сабота, 28 октомври во 19 часот, во „Мала станица“, го завршува проектот „Простор за разговор“ или „Dancing (Talking) Table“ со кој, преку уметнички активизам во изминатава година ја подигнуваше свеста за родовата еднаквост и ненасилство врз жените. Проектот, кој е во соработка со Швајцарската амбасада во Скопје се базира на вистински животни приказни, чии сценски рефлексии беа отсликани преку современ танцов перформанс. Директорот на Интерарт културен центар, Матеа Мијановиќ, кој го води проектот, смета дека е „важно да се постават прашања во однос на темата и јавно да се разговара за истата“.
Проектот беше фокусиран на обраќање кон младата популација. Националната турнеја, која опфати десет градови низ републикава, се одвиваше низ комуникација со, во најголем дел средношколци, на кои им се презентираше танцовиот проект и филмот и потоа се разговараше на темата со цел да се поттикнат отворено да зборуваат за истата. Искуството покажа дека тоа е единствениот начин, преку кој можат да се менуваат нештата, т.е. односот на општеството и да се подигне свеста кај младите. Целта беше да го свртиме вниманието на јавноста кон овој горлив проблем, да создаваме похумано и по грижливо општество, во кое секој ќе го најде своето место и ќе може да живее без стеги и страв. Преку уметнички активизам да допринесеме во ослободување и поголемо социјализирање на општеството. Многу сум благодарна до сите учесници во проектот, до Швајцарската амбасада за поддршката, како и до сите наши партнери во Скопје и низ градовите во земјава, каде се одржуваа настаните“ – вели Рисима Рисимкин, која е една од водечките македонски кореографи, воедно уметнички директор на Танц Фест Скопје и Скопје танцовиот театар и деканка на Филмската академија и Катедрата за современ танц при универзитет „Гоце Делчев“.
На завршниот настан, ќе се прикаже филмот „Простор за разговор“, како и нов танцов перформанс Dancing (Talking) Table“ (волумен 2), со млади уметници, современите танчери Сара Димоска, Клара Христовска, Јоана Благадуша, Моника Шолевска, Илина Костова, Теона Ѓуровска, Нина Петрушевска, Надја Лукановска, Ивона Маневска, Елена Стојкоска, Елена Терзиева, Миа Петровиќ, Микаела Колцункова (Словачка), Сара Крковиќ (Црна Гора), Марија Андовска, кои се студенти на Катедрата за современ танц при УГД. Кореографијата и режијата е на Рисима Рисимкин, музиката на Тони Китановски, сценскиот дизајн на Матеа Мијановиќ, костимите на Благој Мицевски, а асистенти-репетитори се Анастасија Данчевска, Дејан Битровски. По танцовиот перформанс ќе се обрати покровителот на настанот Н.Е. Вероника Хулман, амбасадорка на Швајцарија, а потоа ќе се одржи округла маса и разговор на темата на која ќе зборуваат: Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Небахат Имери - оснивач на ЗПСП Кортекс, која работи на советување и психотерапија со млади и возрасни, вработена во ЈУМЦСР-Тетово, Јован Цветкоски - раководител на Младински центар Охрид, Ана Зафирова - новинарка и активистка и Рисима Рисимкин, уметник и професор. Дускусијата е отворена за сите кои сакаат да учествуваат, а влезот за настанот е слободен. Проектот имаше Националната турнеја низ десет градови: Куманово, Штип, Тетово, Гостивар, Неготино, Гевгелија, Битола, Велес, Охрид и Струга. Националната турнеја на проектот се реализираше во партнерство со универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, „Националната мрежа против семејно насилство“ и локални партнери од десетте града во Македонија, кои се занимаваат со култура и темата на родово еднаквост и родово базирано насилство.

The post Проектот „Простор за разговор“ за родова еднаквост и ненасилство врз жените завршува утре во „Мала станица“ appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Родовата еднаквост е еден од приоритетите на Владата https://republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-rodovata-ednakvost-e-eden-od-prioritetite-na-vladata/ Mon, 21 Aug 2023 10:54:50 +0000 https://republika.mk/?p=674172

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на настанот на кој што се презентираше публикацијата „Жените и мажите во Северна Македонија“. Публикацијата е издадена во рамки на проектот „Gender Equality Facility - Советодавни услуги за вклучување на родовата перспектива за администрацијата на Македонија на централно ниво“, финансиски поддржан од Шведска, кој се спроведува од UN Women во партнерство со Секретаријатот за европски прашања и Министерство за труд и социјална политика.

Концептот на еднакви можности ги означува еднаквите можности на жените и мажите како и еднаквиот пристап до ресурси и подеднакво право на учество во општествениот и во политичкиот живот, посочи Тренчевска во своето обраќање.

Министерката истакна дека еднаквите можности на мажите и жените во Република Македонија се регулирани  со Уставот како највисок правен акт, кој е гаранција за превенција и заштита на основните човекови права и фундаментални слободи.

Родовата еднаквост е еден од приоритетите на Владата на Република Северна  Македонија. Родовата еднаквост е дел од Програмата за работа на Владата 2020-2023 и исто така е обврска од Агендата за одржлив развој до 2030 година како на национално така и на локално ниво истакна министерката.

Тренчевска на крај ги посочи и придобивките од публикацијата каде се сумирани сите статистички податоци и рече дека токму податоците кои ја составуваат содржината на публикацијата даваат насока по која треба да се движат институциите и организациите при решавање на прашањата поврзани со родовата еднаквости.

The post Тренчевска: Родовата еднаквост е еден од приоритетите на Владата appeared first on Република.

Родовата рамнотежа да биде врвен приоритет https://republika.mk/zivot/kariera/rodovata-ramnotezha-da-bide-vrven-prioritet/ Tue, 15 Aug 2023 12:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=672337

Дојран беше местото каде се одржа третиот од серијата јавни настани за подигање на јавната свест помеѓу младите луѓе насловен „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“. Во рамките на мултимедијалниот настан за подигнување на јавната свест во локалната заедница, особено меѓу младите луѓе и потребата за создавање на вистинско еднакво и различно општество, се одржа панел дискусија, на која покрај Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, се обратија и Фатмир Битиќи, Заменик претседател на Владата, Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција и Сања Лукаревска, Директорка на УЈП. Своите успешни и инспиративни приказни  ги раскажаа и Василка Салевска-Трајкова, која ја извршува функцијата Менаџер за корпоративни прашања во компанијата Филип Морис Интернешнл, Нева Грашиќ, советничка во Владата на Словенија, Марија Андреева, Проектна раководителка од Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, Претседателот на ФОП, Бленди Ходаи и асистентката на ИБУ Универзитетот, Назли Чан.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска посочи дека е горда што денес како министерка може да остави трага правејќи конкретни позитивни промени во општеството.

Произлегувам од многудетно семејство со четири ќерки, а сум благодарна на моите родители кои на сите ни ја всадија хуманоста, борбата за човековите права и праведноста. Тогаш започнав да ги стекнувам вредностите кои денес ги имам, во прв ред праведноста, хуманоста и еднаквиот третман кон сите луѓе. Така и се трасираше патот во мојата професија: да се борам за децата, правата на жените, на работниците, но и да се борам против било каков облик на дискриминација. И токму денес, како министерка можам да направам нешто конкретно и многу повеќе за сите овие заложби за кои отсекогаш сум се борела“, рече Тренчевска.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека историски гледано општествата не секогаш биле правични кон жените, па така шансите за образование, напредување во кариерата и еднакви можности биле неправедно ускратени или ограничени, оставајќи ги да се чувствуваат маргинализирани и обесхрабрени.

„Само со предизвикување на општествените норми и обезбедување еднаков пристап до образование, вработување и можности за лидерство, можеме да создадеме свет каде шансите не се одземаат врз основа на полот, годините, етничка или национална припадност, туку се даваат подеднакво на сите, базирано на нивните автентични потенцијали и капацитети. Вакви шанси ни се потребни, на сите, секаде. Затоа и кога ќе дојде ваш ред, не заборавајте да ја дадете“, истакна Битиќи за време на дебатата насловена „Еднаква, своја, успешна!“

Поголемо учество на жените во општествениот живот значи повеќе култура, компромиси и унапредување на се она што е добро и впечатливо, нагласи директорката на УЈП, Сања Лукаревска за време на настанот.

„Се бориме како жени, ние никогаш не сме се бореле за да владееме со животите на мажите. Нашата борба е многу поинаква, нашата борба е за нашите сопствени избори, бидејќи ние не претставуваме само еден суптилен, преубав детал во сликата на среќно семејство, не сме совршен детал во понудите за успешни станбени кредити, не сме совршен детал во рекламите за квалитетни средства за чистење по дома. Нашата приказна е многу поголема и заслужуваме многу повеќе“, посочи Лукаревска.

Василка Салевска-Трајкова, Менаџер за корпоративни прашања во Филип Морис Интернешнл како една од причините поради кои се одлучила да работи за ФМИ го издвои негувањето на култура на различноста како најголема движечка сила.

„Филип Морис Интернешнал е во сите свои филијали е посветен на градење инклузивна култура и работно место што ја одразуваат различноста. Вистински доказ за сериозноста и посветеноста е постоењето на посебен тим за Инклузија и Различност, што на глобално ниво континуирано дизајнира и спроведува стратегии и иницијативи за да обезбеди еднаквост, застапеност, безбедност и благосостојба и да ги охрабри сите колеги да ги кажат своите ставови, за заедничко остварување на целите. Мисија на овој тим, како и на целата организација е постојано поттикнување на дијалогот за инклузија и различност и создавање и одржување работна средина каде сите се видени, слушнати и препознаени, затоа што поттикнувањето на инклузивно и разновидно работно место не само што е правилно, туку е и клучно за успехот на една компанија. Овие напори се препознаени преку Индексот за корпоративна еднаквост на Фондацијата за човекови права во САД, која претставува најважното истражување и извештај за мерење на корпоративните политики и практики поврзани со еднаквоста на работното место. За 2022 година ФМИ ја доби највисоката оценка“,

Според неа, постигнувањето на родова рамнотежа на сите нивоа на компанијата е еден врвните приоритети на Филип Морис Интернешнл.

„ФМИ е вклучен во индексот за родова еднаквост на Блумберг за 2022 година, поради посветеност на унапредување на еднаквоста на жените. Овој индекс ја мери родовата еднаквост во пет столба: линија на женско лидерство и талент, еднаква плата и родов паритет, инклузивна култура, политики против сексуално вознемирување и бренд кој ги промовира жените. За да помогне во зајакнувањето на напредокот во постигнувањето родова еднаквост, дизајнирана е и програмата „Жени во лидерство“ за поддршка на вработените жени, во навигација со предизвиците со кои жените најчесто се соочуваат на работа и во унапредувањето на нивните кариери. Во моментов, жените сочинуваат 42 отсто од вкупниот број на вработени, а повеќе од 40 проценти од лицата на раководни позиции се жени. ФМИ поседува сертификат од независната фондација EQUAL-SALARY од Швајцарија, што потврдува дека организацијата има одржливи политики и практики кои обезбедуваат подеднакви плати за своите вработени мажи и жени, за еднаква работа“, истакна Салевска-Трајкова.

The post Родовата рамнотежа да биде врвен приоритет appeared first on Република.

]]>

Дојран беше местото каде се одржа третиот од серијата јавни настани за подигање на јавната свест помеѓу младите луѓе насловен „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“. Во рамките на мултимедијалниот настан за подигнување на јавната свест во локалната заедница, особено меѓу младите луѓе и потребата за создавање на вистинско еднакво и различно општество, се одржа панел дискусија, на која покрај Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, се обратија и Фатмир Битиќи, Заменик претседател на Владата, Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција и Сања Лукаревска, Директорка на УЈП. Своите успешни и инспиративни приказни  ги раскажаа и Василка Салевска-Трајкова, која ја извршува функцијата Менаџер за корпоративни прашања во компанијата Филип Морис Интернешнл, Нева Грашиќ, советничка во Владата на Словенија, Марија Андреева, Проектна раководителка од Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, Претседателот на ФОП, Бленди Ходаи и асистентката на ИБУ Универзитетот, Назли Чан. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска посочи дека е горда што денес како министерка може да остави трага правејќи конкретни позитивни промени во општеството.
Произлегувам од многудетно семејство со четири ќерки, а сум благодарна на моите родители кои на сите ни ја всадија хуманоста, борбата за човековите права и праведноста. Тогаш започнав да ги стекнувам вредностите кои денес ги имам, во прв ред праведноста, хуманоста и еднаквиот третман кон сите луѓе. Така и се трасираше патот во мојата професија: да се борам за децата, правата на жените, на работниците, но и да се борам против било каков облик на дискриминација. И токму денес, како министерка можам да направам нешто конкретно и многу повеќе за сите овие заложби за кои отсекогаш сум се борела“, рече Тренчевска. Вицепремиерот Битиќи истакна дека историски гледано општествата не секогаш биле правични кон жените, па така шансите за образование, напредување во кариерата и еднакви можности биле неправедно ускратени или ограничени, оставајќи ги да се чувствуваат маргинализирани и обесхрабрени. „Само со предизвикување на општествените норми и обезбедување еднаков пристап до образование, вработување и можности за лидерство, можеме да создадеме свет каде шансите не се одземаат врз основа на полот, годините, етничка или национална припадност, туку се даваат подеднакво на сите, базирано на нивните автентични потенцијали и капацитети. Вакви шанси ни се потребни, на сите, секаде. Затоа и кога ќе дојде ваш ред, не заборавајте да ја дадете“, истакна Битиќи за време на дебатата насловена „Еднаква, своја, успешна!“ Поголемо учество на жените во општествениот живот значи повеќе култура, компромиси и унапредување на се она што е добро и впечатливо, нагласи директорката на УЈП, Сања Лукаревска за време на настанот. „Се бориме како жени, ние никогаш не сме се бореле за да владееме со животите на мажите. Нашата борба е многу поинаква, нашата борба е за нашите сопствени избори, бидејќи ние не претставуваме само еден суптилен, преубав детал во сликата на среќно семејство, не сме совршен детал во понудите за успешни станбени кредити, не сме совршен детал во рекламите за квалитетни средства за чистење по дома. Нашата приказна е многу поголема и заслужуваме многу повеќе“, посочи Лукаревска. Василка Салевска-Трајкова, Менаџер за корпоративни прашања во Филип Морис Интернешнл како една од причините поради кои се одлучила да работи за ФМИ го издвои негувањето на култура на различноста како најголема движечка сила. „Филип Морис Интернешнал е во сите свои филијали е посветен на градење инклузивна култура и работно место што ја одразуваат различноста. Вистински доказ за сериозноста и посветеноста е постоењето на посебен тим за Инклузија и Различност, што на глобално ниво континуирано дизајнира и спроведува стратегии и иницијативи за да обезбеди еднаквост, застапеност, безбедност и благосостојба и да ги охрабри сите колеги да ги кажат своите ставови, за заедничко остварување на целите. Мисија на овој тим, како и на целата организација е постојано поттикнување на дијалогот за инклузија и различност и создавање и одржување работна средина каде сите се видени, слушнати и препознаени, затоа што поттикнувањето на инклузивно и разновидно работно место не само што е правилно, туку е и клучно за успехот на една компанија. Овие напори се препознаени преку Индексот за корпоративна еднаквост на Фондацијата за човекови права во САД, која претставува најважното истражување и извештај за мерење на корпоративните политики и практики поврзани со еднаквоста на работното место. За 2022 година ФМИ ја доби највисоката оценка“, Според неа, постигнувањето на родова рамнотежа на сите нивоа на компанијата е еден врвните приоритети на Филип Морис Интернешнл. „ФМИ е вклучен во индексот за родова еднаквост на Блумберг за 2022 година, поради посветеност на унапредување на еднаквоста на жените. Овој индекс ја мери родовата еднаквост во пет столба: линија на женско лидерство и талент, еднаква плата и родов паритет, инклузивна култура, политики против сексуално вознемирување и бренд кој ги промовира жените. За да помогне во зајакнувањето на напредокот во постигнувањето родова еднаквост, дизајнирана е и програмата „Жени во лидерство“ за поддршка на вработените жени, во навигација со предизвиците со кои жените најчесто се соочуваат на работа и во унапредувањето на нивните кариери. Во моментов, жените сочинуваат 42 отсто од вкупниот број на вработени, а повеќе од 40 проценти од лицата на раководни позиции се жени. ФМИ поседува сертификат од независната фондација EQUAL-SALARY од Швајцарија, што потврдува дека организацијата има одржливи политики и практики кои обезбедуваат подеднакви плати за своите вработени мажи и жени, за еднаква работа“, истакна Салевска-Трајкова.

The post Родовата рамнотежа да биде врвен приоритет appeared first on Република.

]]>
МПЦ-ОА организира протест против Законот за родовна еднаквост – „За нашите деца, за нашата иднина“ https://republika.mk/vesti/makedonija/mpts-oa-organizira-protest-protiv-zakonot-za-rodovna-ednakvost-za-nashite-detsa-za-nashata-idnina/ Fri, 23 Jun 2023 07:28:57 +0000 https://republika.mk/?p=654280

Македонска православна црква организира протест под мотото „За нашите деца, за нашата иднина“. Протестот се организира против предлог-Законот за родова еднаквост и измените на Законот за матична евиденција.

Според МПЦ-ОА, овој закон наметнува менување на биолошката и објективна реалност. Тие велат дека постојат само два пола кои не може да се променат.

Да не дозволиме нашите деца да бидат индокринирани дека можат да си го променат својот пол со помош на сомнителни невладини организации и дека наместо мајка и татко имаат родител 1 и родител 2.

Протестот е најавен за 29 јуни, пред Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје со почеток во 18 часот.

Повикот за протест доби и политичка поддршка. Македонски концепт донесе одлука за целосна поддршка и ги повикаа членовите на партијата масовно да се приклучат.

За таа цел, повикуваме масовно да се приклучат сите наши членови и симпатизери, но и сите граѓани кои посакуваме да живееме во НОРМАЛНА ГРАЃАНСКА ДРЖАВА и ве известуваме дека целокупното раководство на партијата Македонски Концепт, ќе биде присутно на овој протест, се вели во соопштението.

За овие закони беа организирани бројни дебати, со вклученост на голем број заинтересирани страни, координаторите и комисиите за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво, претставници на локални здруженија на граѓани како и жени пратенички. Според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, целта на законот е да се обезбеди остварување на потполна родова еднаквост преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење .

Лидерите на петте регистрирани верски заедници во земјава: православната црква, исламската заедница, католичката црква, еврејската заедница и евангелско-методистичката црква, во заедничко соопштение неодамна го изразија ставот против предложените измени на законите за личните документи и за родовата еднаквост.

Според нив, неприфатливо е легалното признавање на „родовиот идентитет“ во овие закони, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет.

Преку нивното донесување, наместо да се заштитат, се отвора можност за дискриминација токму на најранливите ‒ жените и децата! – порачаа тие.

The post МПЦ-ОА организира протест против Законот за родовна еднаквост – „За нашите деца, за нашата иднина“ appeared first on Република.

]]>

Македонска православна црква организира протест под мотото „За нашите деца, за нашата иднина“. Протестот се организира против предлог-Законот за родова еднаквост и измените на Законот за матична евиденција. Според МПЦ-ОА, овој закон наметнува менување на биолошката и објективна реалност. Тие велат дека постојат само два пола кои не може да се променат.
Да не дозволиме нашите деца да бидат индокринирани дека можат да си го променат својот пол со помош на сомнителни невладини организации и дека наместо мајка и татко имаат родител 1 и родител 2.
Протестот е најавен за 29 јуни, пред Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје со почеток во 18 часот. Повикот за протест доби и политичка поддршка. Македонски концепт донесе одлука за целосна поддршка и ги повикаа членовите на партијата масовно да се приклучат.
За таа цел, повикуваме масовно да се приклучат сите наши членови и симпатизери, но и сите граѓани кои посакуваме да живееме во НОРМАЛНА ГРАЃАНСКА ДРЖАВА и ве известуваме дека целокупното раководство на партијата Македонски Концепт, ќе биде присутно на овој протест, се вели во соопштението.
За овие закони беа организирани бројни дебати, со вклученост на голем број заинтересирани страни, координаторите и комисиите за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво, претставници на локални здруженија на граѓани како и жени пратенички. Според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, целта на законот е да се обезбеди остварување на потполна родова еднаквост преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење . Лидерите на петте регистрирани верски заедници во земјава: православната црква, исламската заедница, католичката црква, еврејската заедница и евангелско-методистичката црква, во заедничко соопштение неодамна го изразија ставот против предложените измени на законите за личните документи и за родовата еднаквост. Според нив, неприфатливо е легалното признавање на „родовиот идентитет“ во овие закони, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет. Преку нивното донесување, наместо да се заштитат, се отвора можност за дискриминација токму на најранливите ‒ жените и децата! – порачаа тие.  

The post МПЦ-ОА организира протест против Законот за родовна еднаквост – „За нашите деца, за нашата иднина“ appeared first on Република.

]]>
Црквата рамноправно го пренесува својот став кој треба да се почитува, бидејќи е став и на огромното тивко морално мнозинство https://republika.mk/vesti/makedonija/tsrkvata-ramnopravno-go-prenesuva-svojot-stav-koj-treba-da-se-pochituva-bidejki-e-stav-i-na-ogromnoto-tivko-moralno-mnozinstvo/ Mon, 27 Mar 2023 14:23:14 +0000 https://republika.mk/?p=624314

Човековите права отсекогаш се сметаат за фундаментално важни аспекти кои треба да ги почитува, промовира, заштитува и унапредува секоја одговорна државна власт, но и секој човек. Ваквата колосалност на темата, пак, честопати е испреплетена со најразлични политички идеологии, како и со најразлични лични поимања, што некогаш доведува до недоразбирања и конфликти.

Овој текст се однесува на предизвиците пред кои е исправена Македонија во врска со Законот за родова еднаквост поднесен до Собранието од страна на Владата. Предизвиците, пак, се резултат на сомнежите на огромното тивко морално мнозинство наши сограѓани, кои сметаат дека овој акт е во спротивност со националниот морал, како и со традициите на граѓаните независно од нивната етничка или религиска припадност. Имајќи го предвид споменатото, нашата цел е сосема благородна и таа се отелотворува во нашето настојување да влијаеме и низ конструктивен дијалог, што е одлика на достоинството, но и законски загарантирано право, да се овозможи да продолжат да опстануваат во ист обем и капацитет традиционалните форми на најважните општествени прашања, како што се образованието, бракот сфатен исклучиво како заедница помеѓу еден маж и една жена, како и целосната рамноправност на двата пола, односно на мажите и на жените.

Реагираме поради стравовите дека и во нашата земја, а по примерот на некои други држави, со примената на иста и слична методологија ќе им се обезбеди правен легитимитет, односно нахално ќе се воведе сексуалното на сметка на верското образование, што според нашите убедувања и начинот на живот, ќе донесе сигурни и сериозни импликации врз човековиот и општествениот бит, веќе докажано досега преку најразлични примери. Воедно, ние не мислиме да наметнуваме, да говориме за правилно и неправилно, за вистина и грешно, бидејќи за нас вистината е Христос и ние низ призмата на Христос ги набљудуваме човекот и светот, Него им Го сведочиме на светот преку личниот опит. Истовремено, стравуваме дека во духот на најцрните денови на комунистичкиот тоталитаризам, ќе се влијае во дестимулирање на религиозноста, а ќе се промовира т.н. идеја за „родовата флуидност“ која има намера да се скрие под различни зборовни конструкции, а сè повлијателниот агресивен феминизам упорно ќе продолжи да ја понижува клучната општествена улога на жената.
Она што со право длабоко нé загрижува е и нахалноста во пристапот кон овие теми на приврзаниците, како и недоволното вклучување на опонентите, кое требало да го запазува својот континуитет, за да се земе предвид уверувањето и на тие што поинаку размислуваат. Водењето на коректен и конструктивен дијалог е слика на секое зрело демократско општество. Во оваа смисла, оваа реалност дополнително ескалира кога се оди чекор понатаму преку свесно провоцирање и омаловажување на големото морално мнозинство кое трпеливо работи, се грижи за своето семејство, си ја почитува верата и кое си ја сака Татковината. Секоја неумерена реакција предизвикува агресија, а таа бо никој случај не му користи на овој општествен простор кој сите заедно го делиме.

Се поставува прашањето, како да се постапи на овој облик на загрозување на туѓата слобода? Да се премолчи како многу пати во минатото, или да се одговори достоинствено и разумно со надеж дека сепак, можеби како исклучок нема да се произведе поголем конфликт, туку, како за промена – дебата во која треба да се разбере и другата страна.

Нема полошо општествено уредување од она кое под маската на демократијата го крие вистинското лице на тоталитаризмот, односно анархизмот и нихилизмот. Современите концепции и стандарди за образование и родовата флуидност, но и традиционалните форми на претходнонаведените концепции од друга страна, пак, не само кај нас, туку насекаде во светот на еден највидлив начин ја претставуваат оваа сурова реалност.
Меѓутоа, каде нé води сето тоа?

Основата на човековите права се одразува во почитувањето на правото и слободата на другиот, односно во фактот дека слободите и правата на една група на граѓани (треба да) се ограничени со слободите и правата на друга група на граѓани (едно право не смее да го суспендира правото на другиот). Со актуелниот предлог закон, како и со неколку други закони во минатото, овој принцип не беше почитуван, односно не се почитуваа уверувањата и стремежите на граѓаните со изразена религиска свест и со конзервативен, односно традиционален општествен светоглед. Имајќи го во предвид споменатото, апелираме да се прекине оваа пракса на кршење на човековите права и слободи, односно да се применат методи на почитување на општествениот, политичкиот, економскиот и културниот развој на нашето општество.

Црквата не пишува државни закони, туку воспитува добри и лојални граѓани кои ги почитуваат добрите закони. Сите знаеме дека кој било Закон не се носи за да влијае од аспект на сила, за да присилува, туку тој е насочен кон подобрување на животот и на меѓусебните односи. Тоа значи дека правата на тие граѓани-верници ги вклучуваат и одговорностите кои произлегуваат од превземените дејствија. Секој од нас, без оглед на тоа дали е атеист или теист, дали е припадник на оваа или онаа верска заедница, дали е член на една или друга политичка партија, дали е функционер или не, има должност да се однесува како зрел граѓанин чијшто став, претходно добро преиспитан и очистен од страсти, е вреден да се чуе и земе предвид. Црквата не е институција – таа е народот собран околу својот Христос, што е всушност и етимолошкото значење на зборот εκκλησία – собрание на верни. Во тој контекст, членовите на Црквата, во секуларно организираната држава, рамноправно со сите нејзини жители го пренесуваат својот став кој треба да се почитува, бидејќи е став и на огромното тивко морално мнозинство! Црквата никој не може да ја спречи да говори со љубов, да биде смирено гласна во едно општество, сепак таа е повикана да се грижи за спасението на секој човек. Навистина, таа некогаш си дозволува да „го подели имотот и да го отпушти чедото во туѓата земја“, но и да го пречека со прегратка во неговото враќање оттаму.

На самиот крај, во духот на љубовта, би сакале да повикаме не само кон земање предвид на мислењето на огромното мнозинство во смисла на измените во Законот, туку и кон перманентен личен развој, кон самокритичност, кон градење на подобро општество за сите преку конструктивен и засилен дијалог помеѓу сите засегнати страни. Црквата пребродила и излегла како победник и од пострашни зла и знаеме дека ќе го надмине, заедно со народот и овој предизвик. Тоа е така, бидејќи нејзината проповед не е против човекот кој од различни причини и под различни околности се довел во ситуација да греши, туку против злото и гревот. Таа не ги осудува различностите, туку прегрнува и љуби.

Бигорски манастир Св. Јован Крстител

The post Црквата рамноправно го пренесува својот став кој треба да се почитува, бидејќи е став и на огромното тивко морално мнозинство appeared first on Република.

]]>

Човековите права отсекогаш се сметаат за фундаментално важни аспекти кои треба да ги почитува, промовира, заштитува и унапредува секоја одговорна државна власт, но и секој човек. Ваквата колосалност на темата, пак, честопати е испреплетена со најразлични политички идеологии, како и со најразлични лични поимања, што некогаш доведува до недоразбирања и конфликти. Овој текст се однесува на предизвиците пред кои е исправена Македонија во врска со Законот за родова еднаквост поднесен до Собранието од страна на Владата. Предизвиците, пак, се резултат на сомнежите на огромното тивко морално мнозинство наши сограѓани, кои сметаат дека овој акт е во спротивност со националниот морал, како и со традициите на граѓаните независно од нивната етничка или религиска припадност. Имајќи го предвид споменатото, нашата цел е сосема благородна и таа се отелотворува во нашето настојување да влијаеме и низ конструктивен дијалог, што е одлика на достоинството, но и законски загарантирано право, да се овозможи да продолжат да опстануваат во ист обем и капацитет традиционалните форми на најважните општествени прашања, како што се образованието, бракот сфатен исклучиво како заедница помеѓу еден маж и една жена, како и целосната рамноправност на двата пола, односно на мажите и на жените. Реагираме поради стравовите дека и во нашата земја, а по примерот на некои други држави, со примената на иста и слична методологија ќе им се обезбеди правен легитимитет, односно нахално ќе се воведе сексуалното на сметка на верското образование, што според нашите убедувања и начинот на живот, ќе донесе сигурни и сериозни импликации врз човековиот и општествениот бит, веќе докажано досега преку најразлични примери. Воедно, ние не мислиме да наметнуваме, да говориме за правилно и неправилно, за вистина и грешно, бидејќи за нас вистината е Христос и ние низ призмата на Христос ги набљудуваме човекот и светот, Него им Го сведочиме на светот преку личниот опит. Истовремено, стравуваме дека во духот на најцрните денови на комунистичкиот тоталитаризам, ќе се влијае во дестимулирање на религиозноста, а ќе се промовира т.н. идеја за „родовата флуидност“ која има намера да се скрие под различни зборовни конструкции, а сè повлијателниот агресивен феминизам упорно ќе продолжи да ја понижува клучната општествена улога на жената. Она што со право длабоко нé загрижува е и нахалноста во пристапот кон овие теми на приврзаниците, како и недоволното вклучување на опонентите, кое требало да го запазува својот континуитет, за да се земе предвид уверувањето и на тие што поинаку размислуваат. Водењето на коректен и конструктивен дијалог е слика на секое зрело демократско општество. Во оваа смисла, оваа реалност дополнително ескалира кога се оди чекор понатаму преку свесно провоцирање и омаловажување на големото морално мнозинство кое трпеливо работи, се грижи за своето семејство, си ја почитува верата и кое си ја сака Татковината. Секоја неумерена реакција предизвикува агресија, а таа бо никој случај не му користи на овој општествен простор кој сите заедно го делиме. Се поставува прашањето, како да се постапи на овој облик на загрозување на туѓата слобода? Да се премолчи како многу пати во минатото, или да се одговори достоинствено и разумно со надеж дека сепак, можеби како исклучок нема да се произведе поголем конфликт, туку, како за промена – дебата во која треба да се разбере и другата страна. Нема полошо општествено уредување од она кое под маската на демократијата го крие вистинското лице на тоталитаризмот, односно анархизмот и нихилизмот. Современите концепции и стандарди за образование и родовата флуидност, но и традиционалните форми на претходнонаведените концепции од друга страна, пак, не само кај нас, туку насекаде во светот на еден највидлив начин ја претставуваат оваа сурова реалност. Меѓутоа, каде нé води сето тоа? Основата на човековите права се одразува во почитувањето на правото и слободата на другиот, односно во фактот дека слободите и правата на една група на граѓани (треба да) се ограничени со слободите и правата на друга група на граѓани (едно право не смее да го суспендира правото на другиот). Со актуелниот предлог закон, како и со неколку други закони во минатото, овој принцип не беше почитуван, односно не се почитуваа уверувањата и стремежите на граѓаните со изразена религиска свест и со конзервативен, односно традиционален општествен светоглед. Имајќи го во предвид споменатото, апелираме да се прекине оваа пракса на кршење на човековите права и слободи, односно да се применат методи на почитување на општествениот, политичкиот, економскиот и културниот развој на нашето општество. Црквата не пишува државни закони, туку воспитува добри и лојални граѓани кои ги почитуваат добрите закони. Сите знаеме дека кој било Закон не се носи за да влијае од аспект на сила, за да присилува, туку тој е насочен кон подобрување на животот и на меѓусебните односи. Тоа значи дека правата на тие граѓани-верници ги вклучуваат и одговорностите кои произлегуваат од превземените дејствија. Секој од нас, без оглед на тоа дали е атеист или теист, дали е припадник на оваа или онаа верска заедница, дали е член на една или друга политичка партија, дали е функционер или не, има должност да се однесува како зрел граѓанин чијшто став, претходно добро преиспитан и очистен од страсти, е вреден да се чуе и земе предвид. Црквата не е институција – таа е народот собран околу својот Христос, што е всушност и етимолошкото значење на зборот εκκλησία – собрание на верни. Во тој контекст, членовите на Црквата, во секуларно организираната држава, рамноправно со сите нејзини жители го пренесуваат својот став кој треба да се почитува, бидејќи е став и на огромното тивко морално мнозинство! Црквата никој не може да ја спречи да говори со љубов, да биде смирено гласна во едно општество, сепак таа е повикана да се грижи за спасението на секој човек. Навистина, таа некогаш си дозволува да „го подели имотот и да го отпушти чедото во туѓата земја“, но и да го пречека со прегратка во неговото враќање оттаму. На самиот крај, во духот на љубовта, би сакале да повикаме не само кон земање предвид на мислењето на огромното мнозинство во смисла на измените во Законот, туку и кон перманентен личен развој, кон самокритичност, кон градење на подобро општество за сите преку конструктивен и засилен дијалог помеѓу сите засегнати страни. Црквата пребродила и излегла како победник и од пострашни зла и знаеме дека ќе го надмине, заедно со народот и овој предизвик. Тоа е така, бидејќи нејзината проповед не е против човекот кој од различни причини и под различни околности се довел во ситуација да греши, туку против злото и гревот. Таа не ги осудува различностите, туку прегрнува и љуби. Бигорски манастир Св. Јован Крстител

The post Црквата рамноправно го пренесува својот став кој треба да се почитува, бидејќи е став и на огромното тивко морално мнозинство appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: И црквата вклучена во дијалогот за законот за родова еднаквост https://republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-i-tsrkvata-vkluchena-vo-dijalogot-za-zakonot-za-rodova-ednakvost/ Sun, 26 Mar 2023 19:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=623946

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вели дека за предлог законот за родова еднаквост дијалогот продолжува се до оној момент кога, како што вели, ќе се добие конечно, усогласено и квалитетно решение, поткрепено со заштитни механизми, без правни празнини.

Тренчевска во гостување на ТВ Сител вечерва појасни дека законот е работна верзија и во фаза на консултација со сите заинтерсирани. Досега се одржале осум јавни дебати со кои биле опфатени сите региони во државата, а присуствувале голем број  заинтересирани страни, координаторите и комисиите за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво, претставници на локални здруженија на граѓани како и жени пратенички.

Овие јавни дебати, посочи, се со цел, оставање простор за искажани мислења, ставови, сугестии и предлози кои ќе бидат во насока на подобрување на законското решение.

Дијалогот продолжува се до оној момент кога ќе добиеме конечно, усогласено и квалитетно законско решение, кое нема да остава простор за дилеми околу толкувањето, поткрепено со заштитни механизми, без правни празнини. Остваривме средба и со отец Јаков од Струмичката епархија разговаравме за предлог законот и верувам дека дилемите се расчистени, рече Тренчевска.

Како што потенцира, целта на законот е да се обезбеди остварување на потполна родовата еднаквост, преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење .

Тенденцијата на овој закон е да се надминат пречките и недостатоците во ефикасното обезбедување на еднаквост и елиминирање на стереотипите во општеството. Треба да градиме општество во кое нема да се поставува прашањето: Дали жените треба да бидат во процесот на одлучување и прашањето за жена премиер, рече Тренчевска.

The post Тренчевска: И црквата вклучена во дијалогот за законот за родова еднаквост appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вели дека за предлог законот за родова еднаквост дијалогот продолжува се до оној момент кога, како што вели, ќе се добие конечно, усогласено и квалитетно решение, поткрепено со заштитни механизми, без правни празнини. Тренчевска во гостување на ТВ Сител вечерва појасни дека законот е работна верзија и во фаза на консултација со сите заинтерсирани. Досега се одржале осум јавни дебати со кои биле опфатени сите региони во државата, а присуствувале голем број  заинтересирани страни, координаторите и комисиите за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво, претставници на локални здруженија на граѓани како и жени пратенички. Овие јавни дебати, посочи, се со цел, оставање простор за искажани мислења, ставови, сугестии и предлози кои ќе бидат во насока на подобрување на законското решение.
Дијалогот продолжува се до оној момент кога ќе добиеме конечно, усогласено и квалитетно законско решение, кое нема да остава простор за дилеми околу толкувањето, поткрепено со заштитни механизми, без правни празнини. Остваривме средба и со отец Јаков од Струмичката епархија разговаравме за предлог законот и верувам дека дилемите се расчистени, рече Тренчевска.
Како што потенцира, целта на законот е да се обезбеди остварување на потполна родовата еднаквост, преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење .
Тенденцијата на овој закон е да се надминат пречките и недостатоците во ефикасното обезбедување на еднаквост и елиминирање на стереотипите во општеството. Треба да градиме општество во кое нема да се поставува прашањето: Дали жените треба да бидат во процесот на одлучување и прашањето за жена премиер, рече Тренчевска.

The post Тренчевска: И црквата вклучена во дијалогот за законот за родова еднаквост appeared first on Република.

]]>
Пријавени 1000 случаи: Економски независните и жените со високо образование најчесто трпат психичко насилство https://republika.mk/vesti/makedonija/prijaveni-1000-sluchai-ekonomski-nezavisnite-i-zenite-so-visoko-obrazovanie-najchesto-trpat-psihichko-nasilstvo/ Fri, 02 Dec 2022 21:50:00 +0000 https://republika.mk/?p=581129

Во моментов немаме драстично зголемување на пријавите за семејно насилство. Видот на насилството најчесто е психолошко а потоа физичко, и не се погодени од насилство само ранлива категорија на жени. Имаме и жени кои се со високо образование и се економски независни, и во тие случаи најчест облик на насилство е психичко, изјави денеска министерката за труд и социјална работа Јованка Тренчевска.

Таа денеска одговорајќи на новинарско прашање пред почетокот на Регионалната консултација за родова еднаквост и борба против насилството врз жените, информираше дека пријавување на семејно насилство но и на кој било друг облик на родово насилство, може да биде во Центарот за социјална работа или во најблиската полициска станица.

-Бројките од центрите за социјална работа покажуваат дека немаме драстично зголемување на пријавите за семејно насилство или за насилство врз жените. Но, бројките од разрешницата во судовите покажуваат дека во најголем број на случаи или странките се повлекуваат во судската постапка или имаме судски пресуди кои се или ослободителни, бидејќи нема доволни докази во самата постапка, или се пресуди кои не соодвествуваат со законската регулатива, во однос на изречените казни, додаде Тренчевска.

Оваа година, како што рече, бројките се движат од 900 до 1.000 пријавени случаи на семејно насилство преку Центрите за социјална работа.

Вкупно имало 1.129 жртви на семејно насилство, од кои жените се 792, мажите 177 а од децата има 160 жртви. Од сторителите на насилството, 941 се мажи а 95 се жени.

-Од страна на центрите се преземаат времени мерки, кои се носат до судот, кој ги изрекува привремените мерки. Привремени мерки од страна на судовите се изрекуваат во случај кога имаме работа со насилник кој може штетно да влијае по живот на жртвата, рече Тренчевска.

Напомена дека видот на родово базирано насилство најчесто е психичкото насилство врз жртвите, после доаѓа физичко насилство, а има жртви од сите категории од жени.

-Не се погодени од насилство само ранлива категорија на жени, туку имаме и жени кои се вработени и се со високо орбазование, економски јаки, и во тие случаи најчест облик на насилство е психичко, додаде Тренчевска.

2022-12-02 16:25:58, од Бисера Трајковска

The post Пријавени 1000 случаи: Економски независните и жените со високо образование најчесто трпат психичко насилство appeared first on Република.

]]>

Во моментов немаме драстично зголемување на пријавите за семејно насилство. Видот на насилството најчесто е психолошко а потоа физичко, и не се погодени од насилство само ранлива категорија на жени. Имаме и жени кои се со високо образование и се економски независни, и во тие случаи најчест облик на насилство е психичко, изјави денеска министерката за труд и социјална работа Јованка Тренчевска. Таа денеска одговорајќи на новинарско прашање пред почетокот на Регионалната консултација за родова еднаквост и борба против насилството врз жените, информираше дека пријавување на семејно насилство но и на кој било друг облик на родово насилство, може да биде во Центарот за социјална работа или во најблиската полициска станица.
-Бројките од центрите за социјална работа покажуваат дека немаме драстично зголемување на пријавите за семејно насилство или за насилство врз жените. Но, бројките од разрешницата во судовите покажуваат дека во најголем број на случаи или странките се повлекуваат во судската постапка или имаме судски пресуди кои се или ослободителни, бидејќи нема доволни докази во самата постапка, или се пресуди кои не соодвествуваат со законската регулатива, во однос на изречените казни, додаде Тренчевска.
Оваа година, како што рече, бројките се движат од 900 до 1.000 пријавени случаи на семејно насилство преку Центрите за социјална работа. Вкупно имало 1.129 жртви на семејно насилство, од кои жените се 792, мажите 177 а од децата има 160 жртви. Од сторителите на насилството, 941 се мажи а 95 се жени.
-Од страна на центрите се преземаат времени мерки, кои се носат до судот, кој ги изрекува привремените мерки. Привремени мерки од страна на судовите се изрекуваат во случај кога имаме работа со насилник кој може штетно да влијае по живот на жртвата, рече Тренчевска.
Напомена дека видот на родово базирано насилство најчесто е психичкото насилство врз жртвите, после доаѓа физичко насилство, а има жртви од сите категории од жени.
-Не се погодени од насилство само ранлива категорија на жени, туку имаме и жени кои се вработени и се со високо орбазование, економски јаки, и во тие случаи најчест облик на насилство е психичко, додаде Тренчевска.
2022-12-02 16:25:58, од Бисера Трајковска

The post Пријавени 1000 случаи: Економски независните и жените со високо образование најчесто трпат психичко насилство appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Родовата еднаквост наш врвен приоритет, обезбедуваме еднакви можности за граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-rodovata-ednakvost-nash-vrven-prioritet-obezbeduvame-ednakvi-moznosti-za-gragjanite/ Fri, 02 Dec 2022 18:12:17 +0000 https://republika.mk/?p=581065

Посветено работиме на родовата еднаквост. Тоа е наш приоритет како Влада и како Министерство, затоа што концептот „Едно општество за сите” е да обезбедиме еднакви можности за сите граѓани во општеството но и да имаме нулта толеранција за сите видови на насилство останува нашата цел, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Таа на денешната Регионална консултација органзирана од Министерството за труд и социјална политика зборуваше за клучните предизвици за интеграцијата во Евроспката унија, родовата еднаквост, како и научените лекции од имплементацијата на Конвенцијата за спречување и заштита од сите видови на насилство врз жените и семејното насилство.

-Како Влада и како Министертство јасно покажавме во изминатиов период дека родовата еднаквост е наш врвен приоритет. Согласно Извештајот на Европската Комисија, се провејува одредбата дека Македонија е на вистинскиот пат во однос на родовата еднаквост, дека постигнуваме значителни резултати, како во развивање на нормативната рамка за усогласување со Истанбулската конвенција, така и рамки и политики за интегрирање на родовите перспективи и усогласување на националното право со правото на ЕУ, рече Тренчевска.

Како што напомена, со донесувањето на Националната стратегија за родова еднаквост 2021-26 година во јули оваа година постигнат е одличен напредок кон воспоставување на ефективен и ефикасен систем за вклучување на родовите аспекти во главните политики.

Во моментов, како што рече, во финална фаза е изработката на Законот за родова еднаквост, а неодамна Собранието го усвои и Законот за буџети, каде за првпат се вклучува родовиот концепт и родовото одговорно буџетирање.

Таа информираше дека во март 2022 година МТСП го отвори Ресурсниот центар за родово одговорни политики и политики за родово одговорно буџетирање, единствен ваков Центар во регионот и пошироко, а трет во светот кој што има интенција во наредните години да прерасне во еден регионален центар за креирање на родово одговорни политики.

Се подготвува, како што посочи, и Законот за заштита од вознемирување на работно место.

-Како Влада го усвоивме и предлогот за ратификација на Конвенцијата за насилство и вознемирување донесено од страна на Меѓународната организација на трудот од 2019 година и Стандардите од оваа Конвенција ќе бидат дел од новото законско решение. Ги зголемуваме капацитетите за згрижување на деца во предучилишното образование и во текот на 2021 година се отворени 11 нови објекти кои треба да помогнат и да ги поддржат жените за полесно и побрзо вклучување на пазарот на труд. Во 2022 година предучилишното образование и воспитание се спроведува во 78 јавни установи и 30 приватни детски  градинки, додаде Тренчевска.

Според министерката, кога зборуваме за родова еднаквост, зборуваме за зачувување на интегритетот и достоинството на жените како основно човеково право.

Затоа, потенцираше, со ратификацијата на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство на Советот на Европа нашата држава, Владата изрази подготвеност да го прилагоди системот на превенција, помош, заштита и процесуирање на случаите на насилство, вклучително и семејното насилство.

Таа додаде дека ефектите од ратификацијата на Конвенцијата се очигледни, а со унапредувањето на законската регулатива, со воспоставуавање на шелтер центри и на други услуги во сите плански региони во државата, како и се преземање на информативни и едукативни кампањи ќе се подигне свеста кај граѓаните за пријавување на насилството.

Даша Шиловиќ од Мрежата за родови прашања за Централна и Источна Европа пред почетокот на дебатата изјави дека важно да се бориме за вредности кои ни ги носи Европската Унија, а тоа се вредностите на социјална правда, рамноправност, човекови права и демократија.

-Во регионот на Западен Балкан сите земји ја ратификуваа Истанбулската конвенција. Но, едно е да се ратификува, а друго е да се спроеведува, посебно во ситуација во која се наоѓаме сите во Европа, односно во време на војна во Украина, енергетска криза, животна средина, и се бориме за зачувување на социјалните права, права на еднаквост и социјална емпатија, додаде Шиловиќ.

Таа потенцираше дека прогресивните политички сили, социјалисти и социјалдемократите во Европа даваат поддршка на проширувањето на Европската Унија и на интгерација на земјите од Западен Балкан.

The post Тренчевска: Родовата еднаквост наш врвен приоритет, обезбедуваме еднакви можности за граѓаните appeared first on Република.

]]>

Посветено работиме на родовата еднаквост. Тоа е наш приоритет како Влада и како Министерство, затоа што концептот „Едно општество за сите” е да обезбедиме еднакви можности за сите граѓани во општеството но и да имаме нулта толеранција за сите видови на насилство останува нашата цел, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Таа на денешната Регионална консултација органзирана од Министерството за труд и социјална политика зборуваше за клучните предизвици за интеграцијата во Евроспката унија, родовата еднаквост, како и научените лекции од имплементацијата на Конвенцијата за спречување и заштита од сите видови на насилство врз жените и семејното насилство.
-Како Влада и како Министертство јасно покажавме во изминатиов период дека родовата еднаквост е наш врвен приоритет. Согласно Извештајот на Европската Комисија, се провејува одредбата дека Македонија е на вистинскиот пат во однос на родовата еднаквост, дека постигнуваме значителни резултати, како во развивање на нормативната рамка за усогласување со Истанбулската конвенција, така и рамки и политики за интегрирање на родовите перспективи и усогласување на националното право со правото на ЕУ, рече Тренчевска.
Како што напомена, со донесувањето на Националната стратегија за родова еднаквост 2021-26 година во јули оваа година постигнат е одличен напредок кон воспоставување на ефективен и ефикасен систем за вклучување на родовите аспекти во главните политики. Во моментов, како што рече, во финална фаза е изработката на Законот за родова еднаквост, а неодамна Собранието го усвои и Законот за буџети, каде за првпат се вклучува родовиот концепт и родовото одговорно буџетирање. Таа информираше дека во март 2022 година МТСП го отвори Ресурсниот центар за родово одговорни политики и политики за родово одговорно буџетирање, единствен ваков Центар во регионот и пошироко, а трет во светот кој што има интенција во наредните години да прерасне во еден регионален центар за креирање на родово одговорни политики. Се подготвува, како што посочи, и Законот за заштита од вознемирување на работно место. -Како Влада го усвоивме и предлогот за ратификација на Конвенцијата за насилство и вознемирување донесено од страна на Меѓународната организација на трудот од 2019 година и Стандардите од оваа Конвенција ќе бидат дел од новото законско решение. Ги зголемуваме капацитетите за згрижување на деца во предучилишното образование и во текот на 2021 година се отворени 11 нови објекти кои треба да помогнат и да ги поддржат жените за полесно и побрзо вклучување на пазарот на труд. Во 2022 година предучилишното образование и воспитание се спроведува во 78 јавни установи и 30 приватни детски  градинки, додаде Тренчевска. Според министерката, кога зборуваме за родова еднаквост, зборуваме за зачувување на интегритетот и достоинството на жените како основно човеково право. Затоа, потенцираше, со ратификацијата на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство на Советот на Европа нашата држава, Владата изрази подготвеност да го прилагоди системот на превенција, помош, заштита и процесуирање на случаите на насилство, вклучително и семејното насилство. Таа додаде дека ефектите од ратификацијата на Конвенцијата се очигледни, а со унапредувањето на законската регулатива, со воспоставуавање на шелтер центри и на други услуги во сите плански региони во државата, како и се преземање на информативни и едукативни кампањи ќе се подигне свеста кај граѓаните за пријавување на насилството. Даша Шиловиќ од Мрежата за родови прашања за Централна и Источна Европа пред почетокот на дебатата изјави дека важно да се бориме за вредности кои ни ги носи Европската Унија, а тоа се вредностите на социјална правда, рамноправност, човекови права и демократија. -Во регионот на Западен Балкан сите земји ја ратификуваа Истанбулската конвенција. Но, едно е да се ратификува, а друго е да се спроеведува, посебно во ситуација во која се наоѓаме сите во Европа, односно во време на војна во Украина, енергетска криза, животна средина, и се бориме за зачувување на социјалните права, права на еднаквост и социјална емпатија, додаде Шиловиќ. Таа потенцираше дека прогресивните политички сили, социјалисти и социјалдемократите во Европа даваат поддршка на проширувањето на Европската Унија и на интгерација на земјите од Западен Балкан.

The post Тренчевска: Родовата еднаквост наш врвен приоритет, обезбедуваме еднакви можности за граѓаните appeared first on Република.

]]>
Владата и Биатлон федерацијата реализираа Конференција за родова еднаквост во спортот https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vladata-i-biatlon-federacijata-realiziraa-konferencija-za-rodova-ednakvost-vo-sportot/ Fri, 02 Dec 2022 17:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=581034

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, заедно со Биатлон федерацијата на Република Македонија, ја реализираа Конференцијата за  родова еднаквост во спортот и застапеноста на жените во спортските организации и родовата дискриминација во спортот.

„Во време кога Република Македонија прави големи чекори во својата интеграција во семејството на државите во Европската Унија, мораме да бидеме самокритични, дека сè уште заостануваме на планот на родовата еднаквост. Оваа состојба не смее да не обесхрабрува, туку напротив, треба сите да не мотивира и со заеднички ангажман, а пред сѐ мислам на  државата, невладините организации, спортските клубови и сите останати пријатели на спортот, заеднички да работиме на подобрување на оваа состојба“, изјави вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

На настанот збор зедоа Кочо Кираца од Биатлон федерацијата, директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски, Татјана Блажевска, Силвија Митевска од Македонски Олимписки Комитет, Габриела Маџоска од Министерството за труд и социјална политика, деканката Ленче Алексовска-Величковска од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Зорица Блажевска од РК Металург и кошаркарскиот делегат Елена Велкоска.

Присутните ја искористија приликата да упатат до јавноста свој став и гледиште за оваа тема.

На средбата, обострано беше констатирано, дека заеднички и во иднина ќе се унапредува оваа материја преку соработка.

The post Владата и Биатлон федерацијата реализираа Конференција за родова еднаквост во спортот appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, заедно со Биатлон федерацијата на Република Македонија, ја реализираа Конференцијата за  родова еднаквост во спортот и застапеноста на жените во спортските организации и родовата дискриминација во спортот.
„Во време кога Република Македонија прави големи чекори во својата интеграција во семејството на државите во Европската Унија, мораме да бидеме самокритични, дека сè уште заостануваме на планот на родовата еднаквост. Оваа состојба не смее да не обесхрабрува, туку напротив, треба сите да не мотивира и со заеднички ангажман, а пред сѐ мислам на  државата, невладините организации, спортските клубови и сите останати пријатели на спортот, заеднички да работиме на подобрување на оваа состојба“, изјави вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.
На настанот збор зедоа Кочо Кираца од Биатлон федерацијата, директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски, Татјана Блажевска, Силвија Митевска од Македонски Олимписки Комитет, Габриела Маџоска од Министерството за труд и социјална политика, деканката Ленче Алексовска-Величковска од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Зорица Блажевска од РК Металург и кошаркарскиот делегат Елена Велкоска. Присутните ја искористија приликата да упатат до јавноста свој став и гледиште за оваа тема. На средбата, обострано беше констатирано, дека заеднички и во иднина ќе се унапредува оваа материја преку соработка.

The post Владата и Биатлон федерацијата реализираа Конференција за родова еднаквост во спортот appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: До три години затвор за оние кои им ги загорчуваат животите на жените и девојките https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-do-tri-godini-zatvor-za-onie-koi-im-gi-zagorchuvaat-zivotite-na-zenite-i-devojkite/ Fri, 02 Dec 2022 16:39:19 +0000 https://republika.mk/?p=581015

Клучот за успешно справување со родовото насилство е во примената на механизмите кои произлегуваат од новите законски решенија. Говорејќи на регионалната конференција за родово насилство, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Законот за родова еднаквост треба да ја зајакне положбата и статусот во општеството и да обезбеди еднаков пристап до ресурсите и еднакво учество во донесувањето одлуки во сите сфери во општеството.

Законот предвидува формирање на Секретаријат, чија основна намена е следење на мерките за родова еднаквост. Случаите како „Јавна соба“ ни ги покажаа слабостите на системот, но исто така ни покажаа дека санкционирањето и превенирањето се најважните алки во справувањето со родово базирано насилство, рече Ковачевски.

Тој додаде дека пресудите на обвинетите во случајот „Јавна соба“ обесхрабруваат други повторни појави на вакви случаи, кон што придонесуваат измените и воведувањето на дело „демнење“.

Се предвидуваат строги санкции за вознемирување преку интернет. Тоа значи дека секој што неовластено ќе следи, прогонува или ќе се меша во личниот живот на друго лице, вклучувајќи и да направи непосакуван контакт, може да се казни со казна до три години затвор и тоа верувам дека ќе направи пресвртница во слободата кои ја чувствуваа оние кои досега безодговорно ги загорчуваа животите на многу жени и девојки, заклучи Ковачевски.

The post Ковачевски: До три години затвор за оние кои им ги загорчуваат животите на жените и девојките appeared first on Република.

Тренчевска: Родовата еднаквост е наша цел, наша обврска, наша мисија https://republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-rodovata-ednakvost-e-nasha-cel-nasha-obvrska-nasha-misija/ Thu, 17 Nov 2022 16:49:17 +0000 https://republika.mk/?p=575045

За мене и за сите вклучени од исклучителна важност е оваа менторска п рограма за жените во администрацијата и како што можевме да видиме од последната презентација, секоја промена започнува од нас, тоа е дел од интервјуата или од евалуацијата на програмата и верувам дека секоја овде од нас ќе го потврди тоа, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска којашто заедно со заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џеф Голдштајн присуствуваа на промоцијата на прирачникот за менторство за жени во јавната администрација.

Таа го потенцираше и значењето на процесот на менторирање на жени чија што цел е зајакнување на едни со други, како и пренесување на претходно стекнатото знаење.

Кога зборуваме за родова еднаквост зборуваме пред се за човеково право. За еднаков третман и на жените и на мажите во администрацијата и не само на местата каде што се бара работа туку и на местата каде што се носат одлуки и токму ваквите обуки, овој процес на менторирање ја подига свеста кај сите нас. Жените се вклучени во администрацијата на позиции како што се раководители на сектори но, на високите позиции најголем број се мажи вклучувајќи ги и директорските позиции, изјави Тренчевска.

Таа посочи дека тоа може да се промени само со свесни жени внатре во администрацијата и со жени кои имаат храброст и знаења да можат да се појават на позиции кои што значат раководење со одредена институција

Тренчовска на крајот од своето обраќање изјави дека очекува ваквиот пристап да биде пракса не само кај јавниот туку и кај приватниот сектор.

Прирачникот за менторство за жени во јавната администрација е резултат на Менторската програма за жените во администрацијата спроведена од страна на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ.

The post Тренчевска: Родовата еднаквост е наша цел, наша обврска, наша мисија appeared first on Република.

]]>

За мене и за сите вклучени од исклучителна важност е оваа менторска п рограма за жените во администрацијата и како што можевме да видиме од последната презентација, секоја промена започнува од нас, тоа е дел од интервјуата или од евалуацијата на програмата и верувам дека секоја овде од нас ќе го потврди тоа, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска којашто заедно со заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џеф Голдштајн присуствуваа на промоцијата на прирачникот за менторство за жени во јавната администрација. Таа го потенцираше и значењето на процесот на менторирање на жени чија што цел е зајакнување на едни со други, како и пренесување на претходно стекнатото знаење.
Кога зборуваме за родова еднаквост зборуваме пред се за човеково право. За еднаков третман и на жените и на мажите во администрацијата и не само на местата каде што се бара работа туку и на местата каде што се носат одлуки и токму ваквите обуки, овој процес на менторирање ја подига свеста кај сите нас. Жените се вклучени во администрацијата на позиции како што се раководители на сектори но, на високите позиции најголем број се мажи вклучувајќи ги и директорските позиции, изјави Тренчевска.
Таа посочи дека тоа може да се промени само со свесни жени внатре во администрацијата и со жени кои имаат храброст и знаења да можат да се појават на позиции кои што значат раководење со одредена институција Тренчовска на крајот од своето обраќање изјави дека очекува ваквиот пристап да биде пракса не само кај јавниот туку и кај приватниот сектор. Прирачникот за менторство за жени во јавната администрација е резултат на Менторската програма за жените во администрацијата спроведена од страна на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ.

The post Тренчевска: Родовата еднаквост е наша цел, наша обврска, наша мисија appeared first on Република.

]]>
Петровска: Министерството за одбрана стана лидер во политики на родова еднаквост во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-ministerstvoto-za-odbrana-stana-lider-vo-politiki-na-rodova-ednakvost-vo-makedonija/ Sat, 15 Oct 2022 08:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=561376

Министерката за одбрана Славјанка Петровска преку видео обраќање се обрати на панел дискусија насловена „Улогата на жените за време на криза”, на меѓународната конференција за промоција на родовата еднаквост „Жените во надворешната политика”.

Министерката во обраќањето се осврна на важноста на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации 1325, Жени, мир и безбедност и истакна дека кризата во Украина треба да ни биде потсетник за вклучување на жените во сите области за превенција на конфликти и градење на мирот. Без вклученост на жените, потенцираше, не може да биде постигнат одржлив мир и безбедност. Петровска се осврна и на постигнувањата во Министерството за одбрана.

Денес сум горда на она што го постигнавме во изминатиов период, Министерството за одбрана стана лидер во политики на родова еднаквост во Македонија, а родовата перспектива е интегрирана во стратешките документи на министерството за одбрана и Армијата. Особено сум среќна поради тоа што не само што преземаме институционални мерки и чекори за да ја интегрираме родовата перспектива, туку и поттикнуваме активности на регионално ниво, рече Петровска.

Министерката истакна дека исклучителна вредност во модерните демократии е вклученост на жените во одбраната, во работните процеси и на соодветни позиции вклучувајќи ги лидерските, менаџерски позиции, и позициите за донесување одлуки и општествата каде што жените и девојките не се почитувани, ценети и не им се дадени еднакви можности се општества кои не е способни за развој.

Одговорноста за интеграција на родовата перспектива и родовата еднаквост лежи во сите, промена на размислувањата и промена на традиционалните норми кои ги маргинализираат жените е колективна одговорност. За една жена да биде успешна најважно е да има позитивни примери, да биде одлучна и инспирирана. Затоа ни требаат жени кои ќе бидат пример и ќе ги охрабруваат жените и девојките во нашата земја и во светот, заклучи министерката за одбрана Петровска.

The post Петровска: Министерството за одбрана стана лидер во политики на родова еднаквост во Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана Славјанка Петровска преку видео обраќање се обрати на панел дискусија насловена „Улогата на жените за време на криза”, на меѓународната конференција за промоција на родовата еднаквост „Жените во надворешната политика”. Министерката во обраќањето се осврна на важноста на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации 1325, Жени, мир и безбедност и истакна дека кризата во Украина треба да ни биде потсетник за вклучување на жените во сите области за превенција на конфликти и градење на мирот. Без вклученост на жените, потенцираше, не може да биде постигнат одржлив мир и безбедност. Петровска се осврна и на постигнувањата во Министерството за одбрана.
Денес сум горда на она што го постигнавме во изминатиов период, Министерството за одбрана стана лидер во политики на родова еднаквост во Македонија, а родовата перспектива е интегрирана во стратешките документи на министерството за одбрана и Армијата. Особено сум среќна поради тоа што не само што преземаме институционални мерки и чекори за да ја интегрираме родовата перспектива, туку и поттикнуваме активности на регионално ниво, рече Петровска.
Министерката истакна дека исклучителна вредност во модерните демократии е вклученост на жените во одбраната, во работните процеси и на соодветни позиции вклучувајќи ги лидерските, менаџерски позиции, и позициите за донесување одлуки и општествата каде што жените и девојките не се почитувани, ценети и не им се дадени еднакви можности се општества кои не е способни за развој.
Одговорноста за интеграција на родовата перспектива и родовата еднаквост лежи во сите, промена на размислувањата и промена на традиционалните норми кои ги маргинализираат жените е колективна одговорност. За една жена да биде успешна најважно е да има позитивни примери, да биде одлучна и инспирирана. Затоа ни требаат жени кои ќе бидат пример и ќе ги охрабруваат жените и девојките во нашата земја и во светот, заклучи министерката за одбрана Петровска.

The post Петровска: Министерството за одбрана стана лидер во политики на родова еднаквост во Македонија appeared first on Република.

]]>
Кривогаштани, Прилеп, Кичево, Пласница, Гостивар и Врапчиште се „најмашките“ општини во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/krivogashtani-prilep-kichevo-plasnica-gostivar-i-vrapchishte-se-najmashkite-opshtini-vo-makedonija/ Fri, 12 Aug 2022 18:51:53 +0000 https://republika.mk/?p=539525

Во општините Кривогаштани, Прилеп, Кичево, Пласница, Гостивар и Врапчиште мнозинството членови на Советот и на раководните позиции се мажи, а во општина Пласница само еден член на Советот на општината е жена, покажува најновото истражување на Рурална коалиција.

Според истражувањето, ниту една од овие општини нема програма, план или мерки што се однесуваат директно на унапредување на родовата еднаквост иако општините согласно закон се обврзани секоја година да доставуваат извештаи до Министерството за труд и социјална политика за активностите и мерките што се преземаат во текот на годината за унапредување на практикувањето на родовата еднаквост.

-Општините мора многу посериозно да работат на унапредување и практикување на родовата еднаквост, почнувајќи со најмалиот потег. Доволно е, на пример, да организираат една манифестација на годишно ниво за да ја промовираат родовата еднаквост. Потребно е да влијаат на зајакнување на свеста и кај мажите и кај жените за вклучувањето на жените во процесите на донесување одлуки зашто само така ќе може да се задоволат специфичните потреби и на мажите и на жените, вели за МИА извршната директорка на Рурална Коалиција, Лилјана Јоноски.

Програмската координаторка на Рурална Коалиција, Елизабета Ристеска Мрческа, пак, нагласува дека согласно резултатите од анализата, не постои поголема разлика меѓу урбаните и руралните општини кога е во прашање практикувањето на родовата еднаквост и дека општините во најголем дел исклучиво ги исполнуваат законски предвидените обврски и тоа како про-форма.

-Тука целосно запираат процесите, а кога станува збор  за европските интеграции општините имаат само минималните познавања што нам ни дава знак дека треба да се работи многу напорно и да се вложи многу за да може да зборуваме за родово рамноправни општини во земјава. Како државата која   претендира за членство во ЕУ, Република Македонија треба да се прилагоди кон европските документи и регулативи што подразбира еднакво учество на мажите и жените во сите сфери од општественото живеење, вклучувајќи и распределба на моќта во одлучувањето, потенцира Ристеска Мрческа.

Рурална Коалиција денеска ќе ги презентира резултатите од родовата анализа за општините Кривогаштани, Прилеп, Врапчиште, Гостивар, Кичево и Пласница. Анализата, која е изработена во рамки на проектот „Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница“. Анализата, вели Јоноски, се подготвуваше во периодот мај – јули 2022 година.

The post Кривогаштани, Прилеп, Кичево, Пласница, Гостивар и Врапчиште се „најмашките“ општини во Македонија appeared first on Република.

]]>

Во општините Кривогаштани, Прилеп, Кичево, Пласница, Гостивар и Врапчиште мнозинството членови на Советот и на раководните позиции се мажи, а во општина Пласница само еден член на Советот на општината е жена, покажува најновото истражување на Рурална коалиција. Според истражувањето, ниту една од овие општини нема програма, план или мерки што се однесуваат директно на унапредување на родовата еднаквост иако општините согласно закон се обврзани секоја година да доставуваат извештаи до Министерството за труд и социјална политика за активностите и мерките што се преземаат во текот на годината за унапредување на практикувањето на родовата еднаквост.
-Општините мора многу посериозно да работат на унапредување и практикување на родовата еднаквост, почнувајќи со најмалиот потег. Доволно е, на пример, да организираат една манифестација на годишно ниво за да ја промовираат родовата еднаквост. Потребно е да влијаат на зајакнување на свеста и кај мажите и кај жените за вклучувањето на жените во процесите на донесување одлуки зашто само така ќе може да се задоволат специфичните потреби и на мажите и на жените, вели за МИА извршната директорка на Рурална Коалиција, Лилјана Јоноски.
Програмската координаторка на Рурална Коалиција, Елизабета Ристеска Мрческа, пак, нагласува дека согласно резултатите од анализата, не постои поголема разлика меѓу урбаните и руралните општини кога е во прашање практикувањето на родовата еднаквост и дека општините во најголем дел исклучиво ги исполнуваат законски предвидените обврски и тоа како про-форма.
-Тука целосно запираат процесите, а кога станува збор  за европските интеграции општините имаат само минималните познавања што нам ни дава знак дека треба да се работи многу напорно и да се вложи многу за да може да зборуваме за родово рамноправни општини во земјава. Како државата која   претендира за членство во ЕУ, Република Македонија треба да се прилагоди кон европските документи и регулативи што подразбира еднакво учество на мажите и жените во сите сфери од општественото живеење, вклучувајќи и распределба на моќта во одлучувањето, потенцира Ристеска Мрческа.
Рурална Коалиција денеска ќе ги презентира резултатите од родовата анализа за општините Кривогаштани, Прилеп, Врапчиште, Гостивар, Кичево и Пласница. Анализата, која е изработена во рамки на проектот „Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница“. Анализата, вели Јоноски, се подготвуваше во периодот мај – јули 2022 година.

The post Кривогаштани, Прилеп, Кичево, Пласница, Гостивар и Врапчиште се „најмашките“ општини во Македонија appeared first on Република.

]]>
Спасовски горд на правата што ги имаат жените во МВР https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-gord-na-pravata-shto-gi-imaat-zenite-vo-mvr/ Sat, 26 Mar 2022 10:22:31 +0000 https://republika.mk/?p=478831

Министерот Оливер Спасовски учествуваше на Интернационалниот Биатлон форум – Скопје 2022, кој оваа година се одржа под работен наслов „Родовата еднаквост на жаната во спортот – можности и предизвици“. Спасовски зеде учество во дискусиите на панелот „Уривање на стереотипите во спортот, професијата, родовата еднаквост“, заедно со министеркатата за одбрана Славјанка Петровска, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, претседателот на Олимпискиот комитет Даниел Димевски и советникот за спорт на претседателот на Владата на Република Македонија Силвија Митевска.

Министерот потенцираше дека актуелното раководство на МВР во изминативе неколку години докажа дека волјата за постигнување на родова еднаквост во министерството за внатрешни работи не е предмет на дискусија.

„Бевме упорни и посветени во секојдневното создавање на подобри услови, сѐ до постигнување на целосна правична застапеност и родова еднаквост. Ценејќи ги интуитивноста, епматичноста, развиеното чувство на претпазливост и одговорноста на жените во полицијата, како дел од уникатните карактеристики кои ја создаваат додадената вредност што ја имаат во работната средина и во општеството во целост, можам слободно да кажам дека придонесовме во последниов период многу работи да се придвижат во МВР. Сведоци сме дека од година во година се зголемува бројот на жени генерално, но и на оние кои се на раководни позиции, не само во рамки на МВР, туку и во делот на работењето на БЈБ. Со секоја генерација се зголемува и бројот на жени-кандидатки кои се пријавуваат на конкурсите и се упатени на обука за полицаец по извршена селекција“, истакна министерот Спасовски.

Министерот Спасовски образложи дека сето ова е резултат на големиот акцент кој се става на родовиот аспект и родовите прашања во Министерството, како и на мерки и активности поврзани со поттикнување на родовата рамноправност што раководството на МВР ги презема од 2018 година, кои се нотирани и во Извештајот за напредокот на состојбата за еднаквите можности на жените и мажите.

„За првпат беше имплементиран родовиот концепт при подготовка на службениците во Одделот за специјални полициски операции, преку изготвување, одобрување и примена на правни прописи за проверка на физичката подготвеност на полициските службеници кои за првпат се родово сензитивни. Сега веќе зборуваме и за родово сензитивна постапка на селекција на кадри при прием на кандидати за основна обука за полицаец во МВР, особено во делот за исполнување на критериумите за моторички способности. Имплементиран е систем на еднакви можности на жените и мажите при стручно усовршување, што подразбира родово-разделени податоци за евиденција на стручните усовршувања на вработените и слушателите на основна обука за полицаец, како и охрабрување за номинирање на жените на разни видови на стручни усовршувања кои се спроведуваат во земјава и во странство“, образложи министерот Спасовски.

На прашање дали жените во полицијата се соочуваат со дискриминација или непочитување на авторитетот само заради тоа што се жени и колкав е бројот на жени застапени во полицијата кои се активни на терен, министерот Спасовски потенцираше дека ова раководството на МВР е сосема свесно дека општеството се движи напред само со еманципирани, економски силни и самостални жени и девојки.

„Министерството води политика на еднаквост и се бори за целосна елиминација на дискриминацијата во сите нејзини облици. Паралелно со позитивните политики кои ги спроведуваме, при селекцијата на кандидати за конкретните работни места, согласно природата на работата и работните задачи во Министерството, комисиите се раководат од барањата за потребна стручна квалификација која треба да ја поседува одреден работник или работничка, односно исклучиво од аспект на стручност, компетентност, интегритет и останати професионални и персонални квалификации. Истото се однесува и за зголемувањето на бројот на жени на раководни позиции, а жените редовно се охрабруваат да покажат уште поголем интерес за раководните места, чија улога е извонредно важна во полициското работење“, објасни министерот Спасовски, додавајќи дека покрај во МВР, и во рамки на БЈБ континуирано се зголемува бројот на полициски службенички кои се раководителки на Оддели, помошници директорки, началнички, командирки на полициски станици и на полициски одделенија, а жени се вклучени во во Единицата за брзо распоредување, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Хеликоптерската единица, што порано не било случај.

Спасовски, на прашањето за новиот Колективен договор за вработените во МВР кој по многу ставки е револуционерно позитивен за спортистите и жените во МВР ги презентираше дел од придобивките кои ги добиваат вработените во МВР со него.

„Во него се предвидени и низа новини кои ги усвоивме заедно со репрезентативниот Македонски полициски синдикат, а со оглед на тоа што доаѓаат од самите полициски службеници, членови на синдикалната организација, уверен сум дека заедно со останатите мерки кои ги спроведуваме, ќе придонесат за подобрување на материјално-социјалните услови на сите вработени. Покрај наградите во вредност од 150 евра за ментори за успешно спроведена менторска програма, јубилејната награда во износ од половина просечна плата за работен стаж од 10 години во МВР, исплата на средства во износ од 20 отсто наменети за храна за оние кои работат ноќе и исплата во износ од 5 проценти на час за домашно дежурство, мерка за која исплатата за месец јануари 2022 за 1.008 колеги во МВР беше реализирана заедно со платата за месец февруари, за жените вработени во МВР кои ќе се реализираат како мајки, предвиден е паричен надомест во висина од 100 евра во денарска противвредност за секое новородено дете. Покрај ова, за првпат во Министерстото, вработените кои го претставуваат Министерството и државата или се дел од државна спортска селекција или репрезентација, се ослободени од работа додека трае спортскиот настан (платено отсуство), за разлика од претходно, кога вработените беа принудени да користат дел од годишен одмор или слободни денови за оваа цел“, истакна на крај министерот Спасовски, додавајќи дека овие измени се направени поради фактот што спортот претставува култура на живеење која промовира здрави навики, а спортистите се наши најголеми амбасадори кои придонесуваат за институционално и за општествено промовирање.

The post Спасовски горд на правата што ги имаат жените во МВР appeared first on Република.

]]>

Министерот Оливер Спасовски учествуваше на Интернационалниот Биатлон форум – Скопје 2022, кој оваа година се одржа под работен наслов „Родовата еднаквост на жаната во спортот – можности и предизвици“. Спасовски зеде учество во дискусиите на панелот „Уривање на стереотипите во спортот, професијата, родовата еднаквост“, заедно со министеркатата за одбрана Славјанка Петровска, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, претседателот на Олимпискиот комитет Даниел Димевски и советникот за спорт на претседателот на Владата на Република Македонија Силвија Митевска. Министерот потенцираше дека актуелното раководство на МВР во изминативе неколку години докажа дека волјата за постигнување на родова еднаквост во министерството за внатрешни работи не е предмет на дискусија.