РФМ Archives - Република https://republika.mk/tema/rfm/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Mar 2024 10:59:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png РФМ Archives - Република https://republika.mk/tema/rfm/ 32 32 РФМ ги одреди премиите за пласман на ЕП и на СП https://republika.mk/sport/rakomet/rfm-gi-odredi-premiite-za-plasman-na-ep-i-na-sp/ Wed, 27 Mar 2024 10:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=759279

Управниот одбор (УО) на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на својата последна седница донесе одлука паричната награда за македонската сениорска машка репрезентација за пласман на Светското првенство во 2025 година што треба да се игра во Хрватска, Данска и во Норвешка да изнесува два милиони денари, а иста премија ќе добие и женската сениорска репрезентација за пласман на годинашното Европско првенство во Австрија, Унгарија и во Швајцарија.
Именувани се дополнителни членови на Натпреварувачката комисија при Ракометната федерација на Македонија, Виктор Андонов и Бобан Мајнов, и истите тие ќе бидат во функција на вршител на должност (ВД). Донесена е и одлука за именување на Кристијан Грчевски за селектор (супервизор), Дарко Јанев за тренер селектор, Тодор Филиповски за кондициски тренер и Николина Бојаџиска за физиотерапевт на женската младинска репрезентација за претстојните дуели во рамките на подготвителниот период и за учество на Светското првенство за ракометарки до 20 години, во Скопје, годинава.
Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија ја усвои и информацијата доставена од Натпреварувачката комисија, за организација на финалниот турнир на Купот на Македонија за 2024 година, во машка и во женска конкуренција, кој ќе се игра во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“ (17-19 мај).

The post РФМ ги одреди премиите за пласман на ЕП и на СП appeared first on Република.

]]>

Управниот одбор (УО) на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на својата последна седница донесе одлука паричната награда за македонската сениорска машка репрезентација за пласман на Светското првенство во 2025 година што треба да се игра во Хрватска, Данска и во Норвешка да изнесува два милиони денари, а иста премија ќе добие и женската сениорска репрезентација за пласман на годинашното Европско првенство во Австрија, Унгарија и во Швајцарија. Именувани се дополнителни членови на Натпреварувачката комисија при Ракометната федерација на Македонија, Виктор Андонов и Бобан Мајнов, и истите тие ќе бидат во функција на вршител на должност (ВД). Донесена е и одлука за именување на Кристијан Грчевски за селектор (супервизор), Дарко Јанев за тренер селектор, Тодор Филиповски за кондициски тренер и Николина Бојаџиска за физиотерапевт на женската младинска репрезентација за претстојните дуели во рамките на подготвителниот период и за учество на Светското првенство за ракометарки до 20 години, во Скопје, годинава. Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија ја усвои и информацијата доставена од Натпреварувачката комисија, за организација на финалниот турнир на Купот на Македонија за 2024 година, во машка и во женска конкуренција, кој ќе се игра во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“ (17-19 мај).

The post РФМ ги одреди премиите за пласман на ЕП и на СП appeared first on Република.

]]>
Македонија ја совлада Грција во вториот пријателски меч https://republika.mk/sport/rakomet/makedonija-ja-sovlada-grtsija-vo-vtoriot-prijatelski-mech/ Sat, 04 Nov 2023 18:18:16 +0000 https://republika.mk/?p=698233

Македонските ракометари ја победија Грција со гол разлика (23-22) во вториот контролен натпревар кој се одигра во Солун. По нерешениот резултат од првиот меч, во вториот натпревар повторно имаше игра на нерви, во која победи македонската борбеност.

Македонија и Грција во јануари ќе одиграат уште две пријателски средби, но тие се закажани во Скопје.

The post Македонија ја совлада Грција во вториот пријателски меч appeared first on Република.

]]>

Македонските ракометари ја победија Грција со гол разлика (23-22) во вториот контролен натпревар кој се одигра во Солун. По нерешениот резултат од првиот меч, во вториот натпревар повторно имаше игра на нерви, во која победи македонската борбеност. Македонија и Грција во јануари ќе одиграат уште две пријателски средби, но тие се закажани во Скопје.

The post Македонија ја совлада Грција во вториот пријателски меч appeared first on Република.

]]>
РФМ со суспензија за Владо Недановски и Дејан Манасков https://republika.mk/sport/rakomet/rfm-so-suspenzija-za-vlado-nedanovski-i-dejan-manaskov/ Sat, 03 Jun 2023 08:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=647316

Ракометната федерација на Македонија изрече суспензија од еден натпревар за членовите на Вардар тренерот Владо Недановски и крилото Дејан Манасков.

Вардар во последното коло од плеј-офот во Суперлигата беше поразен од РК Алкалоид со што го загуби второто место во домашниот шампионат, а по мечот РФМ отвори истрага против Недановски и Манасков.

Недановски доби суспензија од четири, а Манасков од два натпревари. Двајцата се казнети поради вербални навреди.

Не е потенцирано кој кого и што навредувал, туку само се наведуваат членовите 112 и 114 во кои се става до знаење дека суспензијата е доделена по повод навреда на службени лица или играчи за време и по крајот на натпреварот.

Прашање е дали Манасков би ја одработил казната на почетокот на следната сезона, бидејќи мали се шансите да остане дел од Вардар.

The post РФМ со суспензија за Владо Недановски и Дејан Манасков appeared first on Република.

]]>

Ракометната федерација на Македонија изрече суспензија од еден натпревар за членовите на Вардар тренерот Владо Недановски и крилото Дејан Манасков. Вардар во последното коло од плеј-офот во Суперлигата беше поразен од РК Алкалоид со што го загуби второто место во домашниот шампионат, а по мечот РФМ отвори истрага против Недановски и Манасков. Недановски доби суспензија од четири, а Манасков од два натпревари. Двајцата се казнети поради вербални навреди. Не е потенцирано кој кого и што навредувал, туку само се наведуваат членовите 112 и 114 во кои се става до знаење дека суспензијата е доделена по повод навреда на службени лица или играчи за време и по крајот на натпреварот. Прашање е дали Манасков би ја одработил казната на почетокот на следната сезона, бидејќи мали се шансите да остане дел од Вардар.

The post РФМ со суспензија за Владо Недановски и Дејан Манасков appeared first on Република.

]]>
Савевски повеќе не е селектор на македонската женска ракометна репрезентација https://republika.mk/sport/rakomet/savevski-poveke-ne-e-selektor-na-makedonskata-zhenska-rakometna-reprezentatsija/ Fri, 05 May 2023 10:02:50 +0000 https://republika.mk/?p=637243

Ракометната федерација на Македонија објави дека македонската куќа на ракометот и Љубомир Савевски на 5 мај взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на женките македонски ракометни категории.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Савевски ја извршуваше наведената функција во периодот од јуни 2021 до мај 2023 година.

Ја водеше нашата најдобра женска ракометна репрезентација на Европското првенство кое се организираше и во Скопје и беа претрпени три порази во прелиминарната фаза беше освоено последното 16 место на континенталниот собир.

Следуваше бараж двомечот против Украина за пласман на следното Светско првенство, но целта не беше остварена, односно противникот оствари две победи.

Во 2021 година со женската ракометна репрезентација на Македонија до 17 години го освои пехарот на ЕХФ шампионатот во Литванија.

 

The post Савевски повеќе не е селектор на македонската женска ракометна репрезентација appeared first on Република.

]]>

Ракометната федерација на Македонија објави дека македонската куќа на ракометот и Љубомир Савевски на 5 мај взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на женките македонски ракометни категории. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Савевски ја извршуваше наведената функција во периодот од јуни 2021 до мај 2023 година. Ја водеше нашата најдобра женска ракометна репрезентација на Европското првенство кое се организираше и во Скопје и беа претрпени три порази во прелиминарната фаза беше освоено последното 16 место на континенталниот собир. Следуваше бараж двомечот против Украина за пласман на следното Светско првенство, но целта не беше остварена, односно противникот оствари две победи. Во 2021 година со женската ракометна репрезентација на Македонија до 17 години го освои пехарот на ЕХФ шампионатот во Литванија.  

The post Савевски повеќе не е селектор на македонската женска ракометна репрезентација appeared first on Република.

]]>
Навивачите бараа оставки, но од кого? https://republika.mk/sport/rakomet/navivachite-baraa-ostavki-no-od-kogo/ Wed, 18 Jan 2023 07:02:38 +0000 https://republika.mk/?p=598087

Навивачите на Македонија пред крајот на мечот со Аргентина бараа одговорност за лошиот пласман на СП. Тие скандираа „оставки“, „оставки“.

Но, нејасно е од кого се бараат оставки, дали од селекторот Лазаров или од раководството на РСМ.

извиците слушнете ги тука.

 

The post Навивачите бараа оставки, но од кого? appeared first on Република.

]]>

Навивачите на Македонија пред крајот на мечот со Аргентина бараа одговорност за лошиот пласман на СП. Тие скандираа „оставки“, „оставки“. Но, нејасно е од кого се бараат оставки, дали од селекторот Лазаров или од раководството на РСМ. извиците слушнете ги тука.  

The post Навивачите бараа оставки, но од кого? appeared first on Република.

]]>
РФМ: Поразите болат, сите заедно да одиме на трета среќа и победа над Аргентина! https://republika.mk/sport/rakomet/rfm-porazite-bolat-site-zaedno-da-odime-na-treta-sreka-i-pobeda-nad-argentina/ Mon, 16 Jan 2023 12:51:58 +0000 https://republika.mk/?p=597510

Машката ракометна селекција на Македонија беше вторпат поразена, овој пат од Холандија, во натпреварите по групи на Светското првенство кое е во тек во Полска и Шведска. Останува мечот со Аргентина, кој е последна шанса за триумф и пласман во втората фаза на Мундијалот.

По тој повод, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) повика на сплотеност во клучниот меч со Аргентина. Исто така им се заблагодари на фановите за огромната поддршка од трибините, а испрати порака и до медумите.

Ракометната репрезентација на Македонија учествува на осмо светско првенство; дванаесетто големо натпреварување во низа. Со седум дебитанти на теренот и еден од најмладите национални тимови на Мундијалот, тешко се носевме со двата противника во групата.
ПОРАЗИТЕ БОЛАТ и навистина ни е жал што до сега не ја израдувавме бројната фаланга во Краков. Уште еднаш, огромна благодарност за нашиот осми играч!

Пред клучниот натпревар на ова првенство, против селекцијата на Аргентина, би сакале да се заблагодариме на македонските медиуми за поддршката и љубезно да замолиме да не се вадат изјавите на играчите од контекст. Тешко е за сите, особено за оние кои се на првите борбени линии, а сензационалистички наслови и поединечни статуси на социјалните мрежи, никому нема да донесат добро. Тимот е сложен; пулсира во духот на единството и одиме со сите сили на трета среќа: СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!“, се вели со соопштението на РФМ.

Македонија загуби од Норвешка и Холандија, а клучниот меч со Аргентина го игра во вторник од 18:00 часот.

 

The post РФМ: Поразите болат, сите заедно да одиме на трета среќа и победа над Аргентина! appeared first on Република.

]]>

Машката ракометна селекција на Македонија беше вторпат поразена, овој пат од Холандија, во натпреварите по групи на Светското првенство кое е во тек во Полска и Шведска. Останува мечот со Аргентина, кој е последна шанса за триумф и пласман во втората фаза на Мундијалот. По тој повод, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) повика на сплотеност во клучниот меч со Аргентина. Исто така им се заблагодари на фановите за огромната поддршка од трибините, а испрати порака и до медумите.
Ракометната репрезентација на Македонија учествува на осмо светско првенство; дванаесетто големо натпреварување во низа. Со седум дебитанти на теренот и еден од најмладите национални тимови на Мундијалот, тешко се носевме со двата противника во групата. ПОРАЗИТЕ БОЛАТ и навистина ни е жал што до сега не ја израдувавме бројната фаланга во Краков. Уште еднаш, огромна благодарност за нашиот осми играч! Пред клучниот натпревар на ова првенство, против селекцијата на Аргентина, би сакале да се заблагодариме на македонските медиуми за поддршката и љубезно да замолиме да не се вадат изјавите на играчите од контекст. Тешко е за сите, особено за оние кои се на првите борбени линии, а сензационалистички наслови и поединечни статуси на социјалните мрежи, никому нема да донесат добро. Тимот е сложен; пулсира во духот на единството и одиме со сите сили на трета среќа: СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!“, се вели со соопштението на РФМ.
Македонија загуби од Норвешка и Холандија, а клучниот меч со Аргентина го игра во вторник од 18:00 часот.  

The post РФМ: Поразите болат, сите заедно да одиме на трета среќа и победа над Аргентина! appeared first on Република.

]]>
РФМ со важно известување за сите кои ќе присуствуваат вечерва на спектаклот во „Борис Трајковски“ https://republika.mk/sport/rakomet/rfm-so-vazhno-izvestuvane-za-site-koi-ke-prisustvuvaat-vecherva-na-spektaklot-vo-boris-trajkovski/ Tue, 03 Jan 2023 14:49:34 +0000 https://republika.mk/?p=593247

Ракометната федерација на Македонија излезе со соопштение до јавноста во кое се вели:

Сите билети за настанот „Сите ѕвезди за СОС Детско село“ се распродадени. За целите на успешна реализација на настанот, љубезно ве информираме за следново:

• Вратите за влез во арената „Борис Трајковски“, се отвараат во 17:30 часот, а се затвараат во 18:50 часот.

• Програмата ќе започне во 19:00 часот.

Ви благодариме за хуманоста и ви посакуваме да уживате во вечерашниот настан!

 

The post РФМ со важно известување за сите кои ќе присуствуваат вечерва на спектаклот во „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>

Ракометната федерација на Македонија излезе со соопштение до јавноста во кое се вели: Сите билети за настанот „Сите ѕвезди за СОС Детско село“ се распродадени. За целите на успешна реализација на настанот, љубезно ве информираме за следново: • Вратите за влез во арената „Борис Трајковски“, се отвараат во 17:30 часот, а се затвараат во 18:50 часот. • Програмата ќе започне во 19:00 часот. Ви благодариме за хуманоста и ви посакуваме да уживате во вечерашниот настан!  

The post РФМ со важно известување за сите кои ќе присуствуваат вечерва на спектаклот во „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>
РФМ ќе субвенционира 40 отсто од цената на билетите за ЕП https://republika.mk/sport/rakomet/rfm-kje-subvencionira-40-otsto-od-cenata-na-biletite-za-ep/ Wed, 02 Nov 2022 11:37:07 +0000 https://republika.mk/?p=568745

Македoнската ракометна федерација (РФМ) ја информира јавноста дека ќе ги субвенционира 40 отсто од цената на билетите од категорија 2 и од категорија 3 кои ќе бидат купени во периодот од 2. до 9. ноември.

Во согласност со барањата на љубителите на ракометот за обезбедување дополнителна пониска ценовна категорија на билети, Ракометната федерација на Македонија, по добиеното одобрение од европската куќа на ракометот, ќе субвенционира 40 % од износот на билетите од категорија 2 и од категорија 3, купени во периодот од 2 до 9 ноември 2022 година преку овластените агенции „Евентим“ и „МК тикетс“.

Попустот на билетите за натпреварите на нашиот национален тим во групата Ц ќе се пресметува од денеска во 11 часот, а средствата за оваа намена ќе бидат обезбедени од спонзорите на РФМ.

Натпреварите против селекциите на Франција, Холандија и на Романија нашите ракометни сениорки ќе ги одиграат во Арената „Борис Трајковски“ на 5, 7 и на 9 ноември со почеток во 18 часот.

Ракометарките се подготвени, а националната арена е целосно опремена според стандардите на ЕХФ за да ги прими љубителите на ракометот од целиот континент. Капацитетот на салата, во согласност со стандардите за ова првенство, е максимум 5000 седишта, а досега се продадени околу 2000 билети.

Им благодариме на сите љубители на ракометот и на целата македонска јавност за досегашната поддршка. Навиваме од срце! За кого? За Македонија!, стои во соопшението на Ракометната Федерација на Македонија.

 

The post РФМ ќе субвенционира 40 отсто од цената на билетите за ЕП appeared first on Република.

]]>

Македoнската ракометна федерација (РФМ) ја информира јавноста дека ќе ги субвенционира 40 отсто од цената на билетите од категорија 2 и од категорија 3 кои ќе бидат купени во периодот од 2. до 9. ноември.
Во согласност со барањата на љубителите на ракометот за обезбедување дополнителна пониска ценовна категорија на билети, Ракометната федерација на Македонија, по добиеното одобрение од европската куќа на ракометот, ќе субвенционира 40 % од износот на билетите од категорија 2 и од категорија 3, купени во периодот од 2 до 9 ноември 2022 година преку овластените агенции „Евентим“ и „МК тикетс“.
Попустот на билетите за натпреварите на нашиот национален тим во групата Ц ќе се пресметува од денеска во 11 часот, а средствата за оваа намена ќе бидат обезбедени од спонзорите на РФМ. Натпреварите против селекциите на Франција, Холандија и на Романија нашите ракометни сениорки ќе ги одиграат во Арената „Борис Трајковски“ на 5, 7 и на 9 ноември со почеток во 18 часот. Ракометарките се подготвени, а националната арена е целосно опремена според стандардите на ЕХФ за да ги прими љубителите на ракометот од целиот континент. Капацитетот на салата, во согласност со стандардите за ова првенство, е максимум 5000 седишта, а досега се продадени околу 2000 билети.
Им благодариме на сите љубители на ракометот и на целата македонска јавност за досегашната поддршка. Навиваме од срце! За кого? За Македонија!, стои во соопшението на Ракометната Федерација на Македонија.
 

The post РФМ ќе субвенционира 40 отсто од цената на билетите за ЕП appeared first on Република.

]]>
РФМ во одбрана на Вардар, испрати официјално писмо до ЕХФ https://republika.mk/sport/rakomet/rfm-vo-odbrana-na-vardar-isprati-oficijalno-pismo-do-ehf/ Tue, 21 Jun 2022 09:52:32 +0000 https://republika.mk/?p=517972

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) испрати писмо преку генералниот секретар Филип Милошевски до Европската ракометна федерација (ЕХФ) за проблемот со кој се соочува македонскиот првак Вардар.

„Балкан-хендбол“ вчера објави дека Вардар е пред исфрлање од Лигата на шампиони (ЛШ) поради долговите на старото раководство кон поранешните ракометари, но РФМ застана на срана на „црвено-црните“ и се обрати до ЕХФ.

Македонската ракометна федерација ги цени сите обиди и инвестиции во ракометот на нашите клубови, особено во време на криза. Секогаш се стремиме да помогнеме на клубовите, за да ракометот опстане како спорт број еден во Македонија.

По комуникацијата меѓу ЕХФ и Вардар 1961, за спогодбата на поранешните долгови, која е надвор од нашите ингеренции, ние, како ракометен авторитет би сакале да замолиме да се донесе позитивна одлука за активното учество на Вардар 1961 во натпреварувањата на ЕХФ за 2022/23.

Овој клуб е обновен ракометен бренд, не само во државата, туку и на Балканот. Вардар има голема база на фанови и активно придонесува во развојот на македонскиот ракомет. Не треба ниту да се спомене дека ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезоните 2016/17 и 2018/19, а од таа гледна точка, придонесе за нови млади фанови низ светот.

Сметаме дека одлуката за исфлање на Вардар 1961 од Лигата на шампионите, негативно ќе влијае на имиџот на ракометот, не само во Македонија, туку и на Балканот. Поради тоа, уште еднаш, би сакале да ве замолиме да го согледате горенаведеното, пред да ја донесете финалната одлука, пишува во писмото испратено до ЕХФ.

 

The post РФМ во одбрана на Вардар, испрати официјално писмо до ЕХФ appeared first on Република.

]]>

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) испрати писмо преку генералниот секретар Филип Милошевски до Европската ракометна федерација (ЕХФ) за проблемот со кој се соочува македонскиот првак Вардар. „Балкан-хендбол“ вчера објави дека Вардар е пред исфрлање од Лигата на шампиони (ЛШ) поради долговите на старото раководство кон поранешните ракометари, но РФМ застана на срана на „црвено-црните“ и се обрати до ЕХФ.
Македонската ракометна федерација ги цени сите обиди и инвестиции во ракометот на нашите клубови, особено во време на криза. Секогаш се стремиме да помогнеме на клубовите, за да ракометот опстане како спорт број еден во Македонија. По комуникацијата меѓу ЕХФ и Вардар 1961, за спогодбата на поранешните долгови, која е надвор од нашите ингеренции, ние, како ракометен авторитет би сакале да замолиме да се донесе позитивна одлука за активното учество на Вардар 1961 во натпреварувањата на ЕХФ за 2022/23. Овој клуб е обновен ракометен бренд, не само во државата, туку и на Балканот. Вардар има голема база на фанови и активно придонесува во развојот на македонскиот ракомет. Не треба ниту да се спомене дека ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезоните 2016/17 и 2018/19, а од таа гледна точка, придонесе за нови млади фанови низ светот. Сметаме дека одлуката за исфлање на Вардар 1961 од Лигата на шампионите, негативно ќе влијае на имиџот на ракометот, не само во Македонија, туку и на Балканот. Поради тоа, уште еднаш, би сакале да ве замолиме да го согледате горенаведеното, пред да ја донесете финалната одлука, пишува во писмото испратено до ЕХФ.
 

The post РФМ во одбрана на Вардар, испрати официјално писмо до ЕХФ appeared first on Република.

]]>
Левче Китевски не е веќе директор на машките и женските ракометни репрезентации https://republika.mk/sport/rakomet/levche-kitevski-ne-e-vekje-direktor-na-mashkite-i-zenskite-rakometni-reprezentacii/ Wed, 01 Jun 2022 16:21:25 +0000 https://republika.mk/?p=509860

Левче Китевски не е веќе директор на машките и женските ракометни репрезентации. Оваа вест ја официјализираа од Ракометната федерација со соопштение во кое се вели дека РФМ и Китевски, на 31 мај 2022 взаемно се спогодиле за прекин на соработката и тоа на негово барање.

Ракометната Федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и досегашниот директор на машки и женски репрезентации Левче Китевски на 31.05.2022 взаемно се спогодија за прекин на соработката.

Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на Китевски кој ја извршуваше функцијата Директор на машки и женски репрезентации во периодот јуни 2020 – мај 2022 година, се вели во соопштението на РФМ.

 

The post Левче Китевски не е веќе директор на машките и женските ракометни репрезентации appeared first on Република.

]]>

Левче Китевски не е веќе директор на машките и женските ракометни репрезентации. Оваа вест ја официјализираа од Ракометната федерација со соопштение во кое се вели дека РФМ и Китевски, на 31 мај 2022 взаемно се спогодиле за прекин на соработката и тоа на негово барање.
Ракометната Федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и досегашниот директор на машки и женски репрезентации Левче Китевски на 31.05.2022 взаемно се спогодија за прекин на соработката. Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на Китевски кој ја извршуваше функцијата Директор на машки и женски репрезентации во периодот јуни 2020 – мај 2022 година, се вели во соопштението на РФМ.  

The post Левче Китевски не е веќе директор на машките и женските ракометни репрезентации appeared first on Република.

]]>
Македонија ќе биде домаќин на женското ракометно светско првенство до 18 години https://republika.mk/sport/rakomet/makedonija-kje-bide-domakjin-na-zenskoto-rakometno-svetsko-prvenstvo-do-18-godini/ Thu, 21 Apr 2022 21:02:24 +0000 https://republika.mk/?p=492011

Македонија ќе биде организатор на женското младинско светско првенство што ќе се одржи годинава, информираат од ракометната федерација (РФМ).

Ве информираме: Ракометната Федерација на Македонија доби официјална потврда од IHF- Светската Ракометна Федерација, дека ќе биде домаќин на 2022 IHF Women's Youth (U18) World Championship.

 

Голема благодарност упатуваме до IHF-Светската Ракометна Федерација за укажаната доверба - се вели во соопштението на РФМ.

The post Македонија ќе биде домаќин на женското ракометно светско првенство до 18 години appeared first on Република.

]]>

Македонија ќе биде организатор на женското младинско светско првенство што ќе се одржи годинава, информираат од ракометната федерација (РФМ).
Ве информираме: Ракометната Федерација на Македонија доби официјална потврда од IHF- Светската Ракометна Федерација, дека ќе биде домаќин на 2022 IHF Women's Youth (U18) World Championship.   Голема благодарност упатуваме до IHF-Светската Ракометна Федерација за укажаната доверба - се вели во соопштението на РФМ.

The post Македонија ќе биде домаќин на женското ракометно светско првенство до 18 години appeared first on Република.

]]>
Иако најави повлекување, Живко Мукаетов останува на чело на РФМ https://republika.mk/sport/rakomet/iako-najavi-povlekuvanje-zivko-mukaetov-ostanuva-na-chelo-na-rfm/ Tue, 19 Apr 2022 11:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=490496

Живко Мукаетов останува претседател на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) најмалку до крајот на својот мандат, уште три години. Ова Мукаетов го соопшти на крајот од денешниот состанок на Управниот Одбор, изразувајќи подготвеност да ја води федерацијата за уште подобри резултати во ракометниот спорт во периодот што следи.

Тој на почетокот на годината најави повлекување од најуспешната спортска федерација. Но, во меѓувреме го смени мислењето.

Пред неколку месеци најавив мое евентуално повлекување од позицијата прв човек на РФМ. Девет години се да кажеме еден период кој не е така мал,од 2013 па се до сега, многу активности, многу денови, моменти и се останато заедно со сите вас посветени на ракометниот спорт во Македонија. Сакам да се заблагодарам до сите за поддршката што ја добивав, знам дека сите ние во УО го дававме максимумот за да го развиваме овој спорт, го почна Мукаетов своето излагање пред УО.

Искрено сметав дека е време за повлекување од функцијата, но по сите овие последни настани, особено во овие два месеци, по сета онаа енергија што повторно ја имаме во ракометот. Од друга страна, обврските кои ни следат и кои се навистина многу големи, организација на ЕП за кое сме се намачиле да го добиеме… после разсговорите со ракометни работници во кои имам доверба и чие мислење го ценам… сметам дека не е вистински момент за повлекување од функцијата. Мандатот ми почна од почетокот од минатата година, верувам дека годинава ќе се носиме со сите предизвици заедно, дека јас ќе останам на функцијата заедно со сите вас и да го постигнеме сето она што ни е поставено како цел.

Јас и понатаму стојам на ставот дека има во овој УО луѓе кои можат да ја водат федерацијата, знаеме дека надвор има многу мераклии да ја водат федерацијата, но ова не е нималку лесно. Политиката мора да се држи надвор од спортот и од ракометот и наш прикоритет мора да биде да продолжиме по успешниот пат по кој се движиме. Затоа, јас денеска потврдувам дека продолжуваме заедно, ќе работиме заеднички да го движиме ракометниот спорт кон идни ракометни успеси“, рече Мукаетов.

 

The post Иако најави повлекување, Живко Мукаетов останува на чело на РФМ appeared first on Република.

]]>

Живко Мукаетов останува претседател на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) најмалку до крајот на својот мандат, уште три години. Ова Мукаетов го соопшти на крајот од денешниот состанок на Управниот Одбор, изразувајќи подготвеност да ја води федерацијата за уште подобри резултати во ракометниот спорт во периодот што следи. Тој на почетокот на годината најави повлекување од најуспешната спортска федерација. Но, во меѓувреме го смени мислењето.
Пред неколку месеци најавив мое евентуално повлекување од позицијата прв човек на РФМ. Девет години се да кажеме еден период кој не е така мал,од 2013 па се до сега, многу активности, многу денови, моменти и се останато заедно со сите вас посветени на ракометниот спорт во Македонија. Сакам да се заблагодарам до сите за поддршката што ја добивав, знам дека сите ние во УО го дававме максимумот за да го развиваме овој спорт, го почна Мукаетов своето излагање пред УО.
Искрено сметав дека е време за повлекување од функцијата, но по сите овие последни настани, особено во овие два месеци, по сета онаа енергија што повторно ја имаме во ракометот. Од друга страна, обврските кои ни следат и кои се навистина многу големи, организација на ЕП за кое сме се намачиле да го добиеме… после разсговорите со ракометни работници во кои имам доверба и чие мислење го ценам… сметам дека не е вистински момент за повлекување од функцијата. Мандатот ми почна од почетокот од минатата година, верувам дека годинава ќе се носиме со сите предизвици заедно, дека јас ќе останам на функцијата заедно со сите вас и да го постигнеме сето она што ни е поставено како цел.
Јас и понатаму стојам на ставот дека има во овој УО луѓе кои можат да ја водат федерацијата, знаеме дека надвор има многу мераклии да ја водат федерацијата, но ова не е нималку лесно. Политиката мора да се држи надвор од спортот и од ракометот и наш прикоритет мора да биде да продолжиме по успешниот пат по кој се движиме. Затоа, јас денеска потврдувам дека продолжуваме заедно, ќе работиме заеднички да го движиме ракометниот спорт кон идни ракометни успеси“, рече Мукаетов.
 

The post Иако најави повлекување, Живко Мукаетов останува на чело на РФМ appeared first on Република.

]]>
Ракометарите добиваат премија од 50.000 евра за пласманот на СП https://republika.mk/sport/rakomet/rakometarite-dobivaat-premija-od-50-000-evra-za-plasmanot-na-sp/ Sun, 17 Apr 2022 20:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=489707

Ракометната репрезентација на Македонија одново ја израдува нацијата и ја оствари зацртаната цел по лошиот настап на последното Европско првенство. Нашите избраници пред себе имаа две пречки за пласман на следниот Мундијал, но немаа проблеми против Романија и Чешка и по осми пат ќе играат на едно Светско првенство.

Во пресрет на бараж двомечот, Ракометната федерација на Македонија реши да ѝ даде дополнителен поттик на репрезентацијата. Имено, со успехот и пласманот на собирот во Шведска и Полска, репрезентативците и стручниот штаб ќе поделат премија од 50.000 евра.

„За одредување на парична награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација за пласман на Светското првенство 2023 година во Полска и Шведска, федерацијара одлучи да додели награда во висина од 50.000 евра нето износ“, пред двомечот со Чешка известија од федерацијата.

По ремито во Злин, на реванш средбата во Скопје македонскиот состав одигра на ниво и со победата од 27-25 заслужено патува во друштво на најдобрите во светот.

The post Ракометарите добиваат премија од 50.000 евра за пласманот на СП appeared first on Република.

]]>

Ракометната репрезентација на Македонија одново ја израдува нацијата и ја оствари зацртаната цел по лошиот настап на последното Европско првенство. Нашите избраници пред себе имаа две пречки за пласман на следниот Мундијал, но немаа проблеми против Романија и Чешка и по осми пат ќе играат на едно Светско првенство. Во пресрет на бараж двомечот, Ракометната федерација на Македонија реши да ѝ даде дополнителен поттик на репрезентацијата. Имено, со успехот и пласманот на собирот во Шведска и Полска, репрезентативците и стручниот штаб ќе поделат премија од 50.000 евра.
„За одредување на парична награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација за пласман на Светското првенство 2023 година во Полска и Шведска, федерацијара одлучи да додели награда во висина од 50.000 евра нето износ“, пред двомечот со Чешка известија од федерацијата.
По ремито во Злин, на реванш средбата во Скопје македонскиот состав одигра на ниво и со победата од 27-25 заслужено патува во друштво на најдобрите во светот.

The post Ракометарите добиваат премија од 50.000 евра за пласманот на СП appeared first on Република.

]]>
РФМ распиша иницијатива за проширување на Супер лигата https://republika.mk/sport/rakomet/rfm-raspisha-inicijativa-za-proshiruvanje-na-super-ligata/ Thu, 17 Feb 2022 21:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=460142

Управниот одбор (УО) на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одржа онлајн-седница и распиша иницијатива за проширување на Суперлигата, истовремено има и план за Женската лига. Се крои план, неофицијално, лигата да биде проширена на 16 екипи за следната сезона. Каков ќе биде системот на натпреварување и дали ќе има проширување ќе се разговара дополнително.

-Согласно насоките и мерките за заштита и превенција од вирусот ковид-19, Ве информираме дека беше организирана седница на Управниот одбор на РФМ без физичко присуство, односно седницата се одржа онлајн.

На одржаната седница на Управниот одбор на Ракометната Федерација на Македонија меѓу останатите беа донесени и следните одлуки/заклучоци:

1. Формирање на комисија за разгледување на предлози за промени во систем на натпреварување во младински лиги за сезона 2022/23 година во состав на: Славе Николов (комесар за натпреварување), Левче Китевски (директор на машки и женски репрезентации) и Александар Стефанов (член на Управен одбор на РФМ), со цел заеднички со клубовите учесници се изнајде модел на систем на натпревари, со кој би се зголемил бројот на натпревари во конкретна календарска сезона во интерес на развојот на македонскиот младински ракомет

2. Формирање на Комисија за разгледување на предлози од учесниците за систем на натпреварување на Женската сениорска лига за сезона 2022/23 година во состав на: Славе Николов (комесар за натпреварување), Мирјета Бајрамоска (член на Управен одбор на РФМ) и Гордана Нацева (Член на Управен одбор на РФМ) во насока на зголемување на бројот на квалитетни натпревари

3. Се задолжи комесарот за спроведување на натпревари – Славе Николов да формира комисија за спортски сали заеднички со претставници на ракометните клубови, во насока на дефинирање односно создавање подобри услови и стандарди за организирање на ракометните натпревари

4. Се донесе одлука за усвојување на иницијативата поднесена од страна на ракометните клубови, за промена на националниот систем на натпревари за сезона 2022/23 година во Суперлига – мажи

The post РФМ распиша иницијатива за проширување на Супер лигата appeared first on Република.

]]>

Управниот одбор (УО) на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одржа онлајн-седница и распиша иницијатива за проширување на Суперлигата, истовремено има и план за Женската лига. Се крои план, неофицијално, лигата да биде проширена на 16 екипи за следната сезона. Каков ќе биде системот на натпреварување и дали ќе има проширување ќе се разговара дополнително. -Согласно насоките и мерките за заштита и превенција од вирусот ковид-19, Ве информираме дека беше организирана седница на Управниот одбор на РФМ без физичко присуство, односно седницата се одржа онлајн. На одржаната седница на Управниот одбор на Ракометната Федерација на Македонија меѓу останатите беа донесени и следните одлуки/заклучоци: 1. Формирање на комисија за разгледување на предлози за промени во систем на натпреварување во младински лиги за сезона 2022/23 година во состав на: Славе Николов (комесар за натпреварување), Левче Китевски (директор на машки и женски репрезентации) и Александар Стефанов (член на Управен одбор на РФМ), со цел заеднички со клубовите учесници се изнајде модел на систем на натпревари, со кој би се зголемил бројот на натпревари во конкретна календарска сезона во интерес на развојот на македонскиот младински ракомет 2. Формирање на Комисија за разгледување на предлози од учесниците за систем на натпреварување на Женската сениорска лига за сезона 2022/23 година во состав на: Славе Николов (комесар за натпреварување), Мирјета Бајрамоска (член на Управен одбор на РФМ) и Гордана Нацева (Член на Управен одбор на РФМ) во насока на зголемување на бројот на квалитетни натпревари 3. Се задолжи комесарот за спроведување на натпревари – Славе Николов да формира комисија за спортски сали заеднички со претставници на ракометните клубови, во насока на дефинирање односно создавање подобри услови и стандарди за организирање на ракометните натпревари 4. Се донесе одлука за усвојување на иницијативата поднесена од страна на ракометните клубови, за промена на националниот систем на натпревари за сезона 2022/23 година во Суперлига – мажи

The post РФМ распиша иницијатива за проширување на Супер лигата appeared first on Република.

]]>
Мукаетов си заминува од РФМ, ќе го замени Александар Стефанов? https://republika.mk/sport/rakomet/mukaetov-si-zaminuva-od-rfm-kje-go-zameni-aleksandar-stefanov/ Thu, 17 Feb 2022 09:36:35 +0000 https://republika.mk/?p=459705

Живко Мукаетов си заминува од функцијата претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и на негово место доаѓа Александар Стефанов, генералниот спонзор на скопскиот клуб Бутел, пишува порталот „24 Ракомет“.

Мукаетов, кој е предводник на новоформираниот машки клуб РК Алкалоид, својата одлука за можно повлекување ја најави во интервју за спортскиот портал Екипа.мк пред неколку дена.

Како што пишува „24 Ракомет“ се споменуваат повеќе кандидати кои се сметаат за најсериозен наследник на Мукаетов. Но, како „прв пик“ е членот на УО на РФМ, Стефанов. Тој е еден од најмладите членови на УО, поранешен ракометар кој неколку години го предводи клубот од Бутел.

The post Мукаетов си заминува од РФМ, ќе го замени Александар Стефанов? appeared first on Република.

]]>

Живко Мукаетов си заминува од функцијата претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и на негово место доаѓа Александар Стефанов, генералниот спонзор на скопскиот клуб Бутел, пишува порталот „24 Ракомет“. Мукаетов, кој е предводник на новоформираниот машки клуб РК Алкалоид, својата одлука за можно повлекување ја најави во интервју за спортскиот портал Екипа.мк пред неколку дена. Како што пишува „24 Ракомет“ се споменуваат повеќе кандидати кои се сметаат за најсериозен наследник на Мукаетов. Но, како „прв пик“ е членот на УО на РФМ, Стефанов. Тој е еден од најмладите членови на УО, поранешен ракометар кој неколку години го предводи клубот од Бутел.

The post Мукаетов си заминува од РФМ, ќе го замени Александар Стефанов? appeared first on Република.

]]>
Падна првата паричка: Среќата на ракоемтарите на ЕП ќе им ја носи Серафимов https://republika.mk/sport/rakomet/padna-prvata-parichka-srekjata-na-rakoemtarite-na-ep-kje-im-ja-nosi-serafimov/ Thu, 06 Jan 2022 11:49:14 +0000 https://republika.mk/?p=441280

Ракометната репрезентација го обележа големиот христијански празник Бадник. Паричката падна кај репрезентативецот Мартин Серафимов.

Во пресрет на претстојното Европско Првенство (Унгарија - Словачка) 2022, македонската сениорска репрезентација го одработува вториот дел од подготовките.

Ракометарите ги одреботија последните тренинзи во Скопје пред заминување за Дебрецин.

Протоколот од ЕХФ за учество на ЕП 2022 предвидува ковид тестирања на учесниците на 4, 7 и 10 јануари, а ракометните репрезентативци заминуваат за Дебрецин на 11 јануари. Првиот натпревар е против селекцијата на Словенија на 13 јануари во 18:00 часот.

Му посакуваме на Мартин среќна и бериќетна година.

The post Падна првата паричка: Среќата на ракоемтарите на ЕП ќе им ја носи Серафимов appeared first on Република.

]]>

Ракометната репрезентација го обележа големиот христијански празник Бадник. Паричката падна кај репрезентативецот Мартин Серафимов. Во пресрет на претстојното Европско Првенство (Унгарија - Словачка) 2022, македонската сениорска репрезентација го одработува вториот дел од подготовките. Ракометарите ги одреботија последните тренинзи во Скопје пред заминување за Дебрецин. Протоколот од ЕХФ за учество на ЕП 2022 предвидува ковид тестирања на учесниците на 4, 7 и 10 јануари, а ракометните репрезентативци заминуваат за Дебрецин на 11 јануари. Првиот натпревар е против селекцијата на Словенија на 13 јануари во 18:00 часот. Му посакуваме на Мартин среќна и бериќетна година.

The post Падна првата паричка: Среќата на ракоемтарите на ЕП ќе им ја носи Серафимов appeared first on Република.

]]>