република Archives - Република https://republika.mk/tema/republika/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 10:29:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png република Archives - Република https://republika.mk/tema/republika/ 32 32 10.11.2024 https://republika.mk/intima/republikanka-na-denot/10-11-2024/ Sun, 10 Nov 2024 06:28:06 +0000 https://republika.mk/?p=835812

The post 10.11.2024 appeared first on Република.

]]>

The post 10.11.2024 appeared first on Република.

]]>
Италија одбележува 78 години од основањето на Републиката https://republika.mk/vesti/svet/italija-odbelezhuva-78-godini-od-osnovaneto-na-republikata/ Sun, 02 Jun 2024 14:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=784183

По повод 78-годишнината од основањето на Република Италија, италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска во Рим на споменикот на Олтарот на татковината положи ловоров венец на споменикот на Непознатиот херој.

- Прославата на 78-та година од раѓањето на Република Италија не потсетува на вредностите на нашиот идентитет и на далекувидниот и мудар Устав, рече Матарела и истакна дека независноста и слободата се достигнувања што мора да се бранат секој ден.

Тој истакна дека придонесот на Италија и нејзините вооружени сили за меѓународниот мир и стабилност денес е повреден од кога било, во време кое го обележуваат уништување и агресија врз цивилите во Европа и на Блискиот Исток. јт/

 

The post Италија одбележува 78 години од основањето на Републиката appeared first on Република.

]]>

По повод 78-годишнината од основањето на Република Италија, италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска во Рим на споменикот на Олтарот на татковината положи ловоров венец на споменикот на Непознатиот херој. - Прославата на 78-та година од раѓањето на Република Италија не потсетува на вредностите на нашиот идентитет и на далекувидниот и мудар Устав, рече Матарела и истакна дека независноста и слободата се достигнувања што мора да се бранат секој ден. Тој истакна дека придонесот на Италија и нејзините вооружени сили за меѓународниот мир и стабилност денес е повреден од кога било, во време кое го обележуваат уништување и агресија врз цивилите во Европа и на Блискиот Исток. јт/  

The post Италија одбележува 78 години од основањето на Републиката appeared first on Република.

]]>
Цензура, замолчување, селективност: Владата им забрани на „Република“ и „Пресинг“ да присуствуваат на роденденот на Гоце Делчев https://republika.mk/vesti/makedonija/tsenzura-zamolchuvane-selektivnost-vladata-im-zabrani-na-republika-i-presing-da-prisustvuvaat-na-rodendenot-na-gotse-delchev/ Fri, 03 Feb 2023 18:09:29 +0000 https://republika.mk/?p=604447

Војната на власта со медиумите зема замав. Откако Али Ахмети, Димитар Ковачевски, Крешник Бектеши... им залепија шлаканици на телевизиите, се сетија на стариот медиумски непријател „Република“. На новинарите и на фоторепортерот на „Република“ и „Пресинг“ не им е дозволен пристап на одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев.

Доцна попладнево, по 18 часот, од владината прес-служба пристигна одговор на барањата за акредитација за утрешното чествување на Гоце Делчев. Иако новинарите Игор Чавески и Предраг Димитровски и фоторепортерот Александар Ивановски уредно и во предвидениот рок поднесоа барање за акредитација, попладнево добија сувопарна порака од Владата дека барањата не се одобрени. Во мејлот од Владата нема никакво образложение зошто се одбиени.

Речиси цел час упорно се обидуваме да стапиме во контакт со владините портпароли Душко Арсовски и Мухамед Хоџа, но тие не одговараат на нашите повици, ниту пак на нашите пораки. Испративме барање за образложение на адресата на портпаролот на Владата, но и на нивните меил адреси. Засега одговор нема.

Затоа, се соменваме дека не е случајно што портпаролите на Владата не се достапни токму во момент кога се испраќаат одбиените барања за акредитации. Дотолку повеќе што телефонот на портпаролот Душко Арсовски е исклучен и е недостапен, а Хоџа не одговара на повиците. Исто така, никој не се јавува ниту на фиксниот телефон во Секторот за односи со јавност. Сите овие повици ги остваруваме веднаш по испраќањето на одговорот на нашето барање за акредитација.

Јасно е дека целта на овој маневр на власта е што повеќе новинари да останат надвор од кругот на движење околу црквата „Свети Спас“ и чествувањето на Гоце Делчев да помине далеку од очите на јавноста кои не носат владини очила. Со испраќањето на одговорите по 18 часот Владата се заштитува од реакција и притисок на одбиените новинари и фоторепортери и од осуда од јавноста. Со еден збор, власта замолчува, цензурира, селектира!

Нашите новинари Чавески и Димитровски, уредничката Билјана Бабиќ имаат редовна комуникација со портпаролите, освен кога се недостапни и неподготвени да одговорат на нашите прашања. Портпаролот Душко Арсовски досега не се воздржувал и доцна навечер да ѝ ѕвони на уредничката зашто сметал дека е исправно да вознемирува новинари кога така им одговара. Истиот портпарол, Душко Арсовски, сметаше дека е исправно на офцијaлниот Твитер профил на Владата да не квалификува како „политички актер во општеството“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/republika-do-portparolot-na-vladata-nedozvolivo-e-vladata-da-linchuva-novinari-i-mediumi-obvinuvajkji-gi-deka-vodat-hajka-protiv-nea/

Јавно ја повикуваме Владата да ни одговори зошто нашите новинари и фоторепортерот се одбиени и утре нема да им биде дозволено да присуствуваат и да известуваат од црквата „Свети Спас“.

Во меѓувреме, Владата утре ќе одлучува дали ќе му биде дозволен влез на европратеникот Ангел Џамбаски, бугарски провокатор, кој не пропушта а да не ја навреди Македонија. Дали Владата ни испраќа порака дека сме државни непријатели? Бараме Владата да одговори од кои причини сме третирани како државни непријатели.

https://republika.mk/vesti/makedonija/man-reagira-na-tsenzurata-vladata-da-gi-odobri-akreditatsiite-za-mediumite-i-da-prestane-da-diskriminira/

 

The post Цензура, замолчување, селективност: Владата им забрани на „Република“ и „Пресинг“ да присуствуваат на роденденот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Војната на власта со медиумите зема замав. Откако Али Ахмети, Димитар Ковачевски, Крешник Бектеши... им залепија шлаканици на телевизиите, се сетија на стариот медиумски непријател „Република“. На новинарите и на фоторепортерот на „Република“ и „Пресинг“ не им е дозволен пристап на одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев. Доцна попладнево, по 18 часот, од владината прес-служба пристигна одговор на барањата за акредитација за утрешното чествување на Гоце Делчев. Иако новинарите Игор Чавески и Предраг Димитровски и фоторепортерот Александар Ивановски уредно и во предвидениот рок поднесоа барање за акредитација, попладнево добија сувопарна порака од Владата дека барањата не се одобрени. Во мејлот од Владата нема никакво образложение зошто се одбиени. Речиси цел час упорно се обидуваме да стапиме во контакт со владините портпароли Душко Арсовски и Мухамед Хоџа, но тие не одговараат на нашите повици, ниту пак на нашите пораки. Испративме барање за образложение на адресата на портпаролот на Владата, но и на нивните меил адреси. Засега одговор нема. Затоа, се соменваме дека не е случајно што портпаролите на Владата не се достапни токму во момент кога се испраќаат одбиените барања за акредитации. Дотолку повеќе што телефонот на портпаролот Душко Арсовски е исклучен и е недостапен, а Хоџа не одговара на повиците. Исто така, никој не се јавува ниту на фиксниот телефон во Секторот за односи со јавност. Сите овие повици ги остваруваме веднаш по испраќањето на одговорот на нашето барање за акредитација. Јасно е дека целта на овој маневр на власта е што повеќе новинари да останат надвор од кругот на движење околу црквата „Свети Спас“ и чествувањето на Гоце Делчев да помине далеку од очите на јавноста кои не носат владини очила. Со испраќањето на одговорите по 18 часот Владата се заштитува од реакција и притисок на одбиените новинари и фоторепортери и од осуда од јавноста. Со еден збор, власта замолчува, цензурира, селектира! Нашите новинари Чавески и Димитровски, уредничката Билјана Бабиќ имаат редовна комуникација со портпаролите, освен кога се недостапни и неподготвени да одговорат на нашите прашања. Портпаролот Душко Арсовски досега не се воздржувал и доцна навечер да ѝ ѕвони на уредничката зашто сметал дека е исправно да вознемирува новинари кога така им одговара. Истиот портпарол, Душко Арсовски, сметаше дека е исправно на офцијaлниот Твитер профил на Владата да не квалификува како „политички актер во општеството“. https://republika.mk/vesti/makedonija/republika-do-portparolot-na-vladata-nedozvolivo-e-vladata-da-linchuva-novinari-i-mediumi-obvinuvajkji-gi-deka-vodat-hajka-protiv-nea/ Јавно ја повикуваме Владата да ни одговори зошто нашите новинари и фоторепортерот се одбиени и утре нема да им биде дозволено да присуствуваат и да известуваат од црквата „Свети Спас“. Во меѓувреме, Владата утре ќе одлучува дали ќе му биде дозволен влез на европратеникот Ангел Џамбаски, бугарски провокатор, кој не пропушта а да не ја навреди Македонија. Дали Владата ни испраќа порака дека сме државни непријатели? Бараме Владата да одговори од кои причини сме третирани како државни непријатели. https://republika.mk/vesti/makedonija/man-reagira-na-tsenzurata-vladata-da-gi-odobri-akreditatsiite-za-mediumite-i-da-prestane-da-diskriminira/  

The post Цензура, замолчување, селективност: Владата им забрани на „Република“ и „Пресинг“ да присуствуваат на роденденот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
И Херсон ќе се присоединува кон Русија: Регионот ќе побара анектирање од Путин https://republika.mk/vesti/svet/i-herson-kje-se-prisoedinuva-kon-rusija-regionot-kje-pobara-anektiranje-od-putin/ Wed, 11 May 2022 11:47:37 +0000 https://republika.mk/?p=501012

Украинскиот регион Херсон, кој е под окупација на руските сили, планира да побара од рускиот претседател Владимир Путин да го припои кон Русија, објави руската новинска агенција ТАСС, цитирајќи тамошен официјален претставник на проруската администрација.

Заменик-претседателот на регионалната воена и цивилна администрација на Херсон, Кирил Стремусов, рече дека „градот Херсон е Русија“ и дека „нема да се создаде Народна Република Херсон на територијата на Херсонската област, нема да има референдум“.

Тоа ќе биде единствен декрет врз основа на барањето на раководството на Херсонската област до претседателот на Русија и ќе биде поднесено барање оваа област да се вклучи во полноправниот регион на Руската Федерација – рече Стремусов на прес-конференција.

Русија во април објави дека воспоставила целосна контрола врз регионот Херсон, кој е стратешки важен бидејќи е дел од копнената врска меѓу полуостровот Крим и сепаратистичките области во источна Украина поддржани од Русија.

Запрашан за можноста украинскиот регион да се приклучи кон Русија, тогаш Кремљ соопшти дека жителите мора сами да одлучуваат за својата судбина, додавајќи дека на таквите одлуки им треба јасна правна основа „како во случајот со Крим“.

Украинскиот полуостров Крим беше анектиран од Русија во 2014 година.

The post И Херсон ќе се присоединува кон Русија: Регионот ќе побара анектирање од Путин appeared first on Република.

]]>

Украинскиот регион Херсон, кој е под окупација на руските сили, планира да побара од рускиот претседател Владимир Путин да го припои кон Русија, објави руската новинска агенција ТАСС, цитирајќи тамошен официјален претставник на проруската администрација. Заменик-претседателот на регионалната воена и цивилна администрација на Херсон, Кирил Стремусов, рече дека „градот Херсон е Русија“ и дека „нема да се создаде Народна Република Херсон на територијата на Херсонската област, нема да има референдум“.
Тоа ќе биде единствен декрет врз основа на барањето на раководството на Херсонската област до претседателот на Русија и ќе биде поднесено барање оваа област да се вклучи во полноправниот регион на Руската Федерација – рече Стремусов на прес-конференција.
Русија во април објави дека воспоставила целосна контрола врз регионот Херсон, кој е стратешки важен бидејќи е дел од копнената врска меѓу полуостровот Крим и сепаратистичките области во источна Украина поддржани од Русија. Запрашан за можноста украинскиот регион да се приклучи кон Русија, тогаш Кремљ соопшти дека жителите мора сами да одлучуваат за својата судбина, додавајќи дека на таквите одлуки им треба јасна правна основа „како во случајот со Крим“. Украинскиот полуостров Крим беше анектиран од Русија во 2014 година.

The post И Херсон ќе се присоединува кон Русија: Регионот ќе побара анектирање од Путин appeared first on Република.

]]>
„Ги запознаваме ретките болести“: Од утре до 28 февруари „Република“ ќе објавува по еден информативен текст https://republika.mk/zivot/zdravje/gi-zapoznavame-retkite-bolesti-od-utre-do-28-fevruari-republika-kje-objavuva-po-eden-informativen-tekst/ Mon, 31 Jan 2022 10:15:59 +0000 https://republika.mk/?p=451856

Од утре, 1. февруари 2022 година започнува новата, 4-та сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ која „Република“, како и секоја година ја поддржува. Од утре до 28 ќе објавуваме по еден информативен текст за ретките болести во кој се објаснуваат симптомите на болеста, дали и како се лекува, какви се прогнозите.

На пациентите со ретки болести, но и на нивните семејства постојано им треба помош и поддршка, бидејќи кога страда член од едно семејство страда и целото семејство, вели во разговор за „Република“ Гордана Лолеска, активистка и волентерка на Здружението за ретки болести.

Лолеска, Здружението „Ретко е да си редок“, Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ во 2019 година го започнаа проектот „Ги запознаваме ретките болести“. Од тогаш, секоја година ја запознаваат јавноста со ретките болести во Република Македонија, со надеж дека преку ретките дијагнози ќе успеат да го кренат гласот за проблемите со кои се среќаваат лицата со ретки болести, но и нивните семејства.

Заклучно со декември 2021 година во Регистерот на ретки болести има регистрирано вкупно 652 лица, со околу 70 различни дијагнози од кои за околу 225 лица се обезбедуваат лекови преку Програмата за ретки болести.

За жал, во Македонија има ултра ретки дијагнози кои се јавуваат со преваленца од еден на милион како што се Болест на Шимке, ХИДС,ФОП…

Оваа година, со четвртата сезона, се заокружуваат точно 111 обработени дојагнози, во насока на подобро запознавање на јавноста со ретките болести. Новината е дека овој февруари 2022 филателијата на Пошта ќе стане побогата за уште една поштенска марка со ретка дијагноза Деца со ретки болести – Булозна епидермолиза. Македонија е прва земја во светот која ќе издаде ваква поштенска марка, но и со тоа што на ваков редок начин се запознаваат граганите со ретките болести.

The post „Ги запознаваме ретките болести“: Од утре до 28 февруари „Република“ ќе објавува по еден информативен текст appeared first on Република.

]]>

Од утре, 1. февруари 2022 година започнува новата, 4-та сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ која „Република“, како и секоја година ја поддржува. Од утре до 28 ќе објавуваме по еден информативен текст за ретките болести во кој се објаснуваат симптомите на болеста, дали и како се лекува, какви се прогнозите. На пациентите со ретки болести, но и на нивните семејства постојано им треба помош и поддршка, бидејќи кога страда член од едно семејство страда и целото семејство, вели во разговор за „Република“ Гордана Лолеска, активистка и волентерка на Здружението за ретки болести. Лолеска, Здружението „Ретко е да си редок“, Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ во 2019 година го започнаа проектот „Ги запознаваме ретките болести“. Од тогаш, секоја година ја запознаваат јавноста со ретките болести во Република Македонија, со надеж дека преку ретките дијагнози ќе успеат да го кренат гласот за проблемите со кои се среќаваат лицата со ретки болести, но и нивните семејства. Заклучно со декември 2021 година во Регистерот на ретки болести има регистрирано вкупно 652 лица, со околу 70 различни дијагнози од кои за околу 225 лица се обезбедуваат лекови преку Програмата за ретки болести. За жал, во Македонија има ултра ретки дијагнози кои се јавуваат со преваленца од еден на милион како што се Болест на Шимке, ХИДС,ФОП… Оваа година, со четвртата сезона, се заокружуваат точно 111 обработени дојагнози, во насока на подобро запознавање на јавноста со ретките болести. Новината е дека овој февруари 2022 филателијата на Пошта ќе стане побогата за уште една поштенска марка со ретка дијагноза Деца со ретки болести – Булозна епидермолиза. Македонија е прва земја во светот која ќе издаде ваква поштенска марка, но и со тоа што на ваков редок начин се запознаваат граганите со ретките болести.

The post „Ги запознаваме ретките болести“: Од утре до 28 февруари „Република“ ќе објавува по еден информативен текст appeared first on Република.

]]>