Реџеп Тајип Ердоган Archives - Република https://republika.mk/tema/redzep-tajip-erdogan/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 20:42:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Реџеп Тајип Ердоган Archives - Република https://republika.mk/tema/redzep-tajip-erdogan/ 32 32 Гаши на средба со Ердоган: Унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-na-sredba-so-erdogan-unapreduvane-na-sorabotkata-megu-makedonija-i-turtsija/ Wed, 02 Oct 2024 20:42:05 +0000 https://republika.mk/?p=821959

Претседателот на македонското Собрание. Африм Гаши, во Анкара остварил средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на која биле разменети мислења за унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција, за состојбите во двете држави и за актуелните случувања во регионот и пошироко.

Kако што соопшти собраниската прес-служба, nа средбата присуствувале и претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулшуш, како и претседателите на парламентарните групи за соработка и пријателство од двете собранија, пратениците Бејџан Илјаз и Ахмет Килич.

Гаши остварил тет-а-тет средба и со министерот за надворешни работи Хакан Фидан, по што се одржала и заедничка средба со пратениците членови на делегацијата.

Гаши истакнал дека средбата претставува можност двете држави да ја зајакнат долгогодишната активна и успешна соработка. Оценил дека неодамнешната посета на министерот Фидан на Македонија, како и неговата посета на Турција, се потврда за високото ниво на билатерални односи меѓу двете традиционално пријателски земји и НАТО-сојузници.

Гаши нагласил дека како држава високо ја вреднуваме успешната соработка со Турција на сите полиња и изразил благодарност до Турција, која од самиот почеток била принципиелен подржувач на нашето членство во НАТО.

Kако што е наведено во соопштението, mинистерот Хакан Фидан ја потврдил безрезервната поддршка на Турција за Македонија на сите полиња и се осврнал на потребата за интензивирање на соработката во полето на економијата, реафирмирајќи ја заложбата за зголемување на трговската размена меѓу двете земји.

На средбата било нагласено значењето на меѓупарламентарната соработка и парламентарната дипломатија за билатералните и мултилатералните односи, во однос на унапредувањето на политичкиот дијалог и зголемувањето на динамиката на севкупната соработка меѓу земјите.

Собраниската делегација остварила средба и со Ерол Озвар, претседател на Советот за високо образование на Турција.

Kако што се посочува во соопштението, nа средбата, собраниската делегација била информирана за активностите на ова тело во насока на стратешко планирање на високото образование, координација меѓу универзитетите и воспоставување и одржување механизми за обезбедување квалитетно високо образование. Станало збор и за можностите за унапредување на соработката меѓу двете држави на полето на високото образование.

Претседателот на Собранието од денеска до 5 октомври претстојува во официјалната посета на Турција, на покана од претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш.

Во парламентарната делегација предводена од Гаши се и пратениците Бејџан Иљас, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција, Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Мерита Колчи Коџаџуку и Беким Сали. 

The post Гаши на средба со Ердоган: Унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција appeared first on Република.

]]>

Претседателот на македонското Собрание. Африм Гаши, во Анкара остварил средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на која биле разменети мислења за унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција, за состојбите во двете држави и за актуелните случувања во регионот и пошироко. Kако што соопшти собраниската прес-служба, nа средбата присуствувале и претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулшуш, како и претседателите на парламентарните групи за соработка и пријателство од двете собранија, пратениците Бејџан Илјаз и Ахмет Килич. Гаши остварил тет-а-тет средба и со министерот за надворешни работи Хакан Фидан, по што се одржала и заедничка средба со пратениците членови на делегацијата. Гаши истакнал дека средбата претставува можност двете држави да ја зајакнат долгогодишната активна и успешна соработка. Оценил дека неодамнешната посета на министерот Фидан на Македонија, како и неговата посета на Турција, се потврда за високото ниво на билатерални односи меѓу двете традиционално пријателски земји и НАТО-сојузници. Гаши нагласил дека како држава високо ја вреднуваме успешната соработка со Турција на сите полиња и изразил благодарност до Турција, која од самиот почеток била принципиелен подржувач на нашето членство во НАТО. Kако што е наведено во соопштението, mинистерот Хакан Фидан ја потврдил безрезервната поддршка на Турција за Македонија на сите полиња и се осврнал на потребата за интензивирање на соработката во полето на економијата, реафирмирајќи ја заложбата за зголемување на трговската размена меѓу двете земји. На средбата било нагласено значењето на меѓупарламентарната соработка и парламентарната дипломатија за билатералните и мултилатералните односи, во однос на унапредувањето на политичкиот дијалог и зголемувањето на динамиката на севкупната соработка меѓу земјите. Собраниската делегација остварила средба и со Ерол Озвар, претседател на Советот за високо образование на Турција. Kако што се посочува во соопштението, nа средбата, собраниската делегација била информирана за активностите на ова тело во насока на стратешко планирање на високото образование, координација меѓу универзитетите и воспоставување и одржување механизми за обезбедување квалитетно високо образование. Станало збор и за можностите за унапредување на соработката меѓу двете држави на полето на високото образование. Претседателот на Собранието од денеска до 5 октомври претстојува во официјалната посета на Турција, на покана од претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш. Во парламентарната делегација предводена од Гаши се и пратениците Бејџан Иљас, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција, Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Мерита Колчи Коџаџуку и Беким Сали. 

The post Гаши на средба со Ердоган: Унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Бајден се соочува со „тест на искреност“ во справувањето со војната во Газа https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-bajden-se-soochuva-so-test-na-iskrenost-vo-spravuvaneto-so-vojnata-vo-gaza/ Sat, 15 Jun 2024 19:03:35 +0000 https://republika.mk/?p=787945

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека американскиот претседател Џо Бајден го поминува „тестот на искреноста“ во своите постапки во врска со војната во Газа.

Говорејќи пред новинарите на враќање од самитот на Г7 во Италија, Ердоган изјави дека се очекува Бајден да покаже дека планот за прекин на огнот во Газа не е „пресметана изборна тактика“, туку искрен напор да се запре војната.

Ердоган, исто така, посочи дека Германија го омекнала својот став за продажба на авиони Еурофајтер на Турција. Во ноември Турција соопшти дека е во преговори со Велика Британија и Шпанија за купување на Еурофајтер Тајфун, иако Германија се спротивстави на идејата.

Авионите Еурофајтер се важни за нас, нагласи турскиот претседател.

Ердоган изјави и дека инфлацијата ќе достигне поповолно ниво во последниот квартал од годината со чекори за каматните стапки што допрва треба да се преземат.

Политиките насочени кон ребаланс на економијата вродуваат со плод, посочи шефот на турската држава.

The post Ердоган: Бајден се соочува со „тест на искреност“ во справувањето со војната во Газа appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека американскиот претседател Џо Бајден го поминува „тестот на искреноста“ во своите постапки во врска со војната во Газа. Говорејќи пред новинарите на враќање од самитот на Г7 во Италија, Ердоган изјави дека се очекува Бајден да покаже дека планот за прекин на огнот во Газа не е „пресметана изборна тактика“, туку искрен напор да се запре војната. Ердоган, исто така, посочи дека Германија го омекнала својот став за продажба на авиони Еурофајтер на Турција. Во ноември Турција соопшти дека е во преговори со Велика Британија и Шпанија за купување на Еурофајтер Тајфун, иако Германија се спротивстави на идејата.
Авионите Еурофајтер се важни за нас, нагласи турскиот претседател.
Ердоган изјави и дека инфлацијата ќе достигне поповолно ниво во последниот квартал од годината со чекори за каматните стапки што допрва треба да се преземат.
Политиките насочени кон ребаланс на економијата вродуваат со плод, посочи шефот на турската држава.

The post Ердоган: Бајден се соочува со „тест на искреност“ во справувањето со војната во Газа appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Нема да застанеме додека Палестинците не ја вратат својата слобода, окупирана земја и независна држава https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-nema-da-zastaneme-dodeka-palestintsite-ne-ja-vratat-svojata-sloboda-okupirana-zemja-i-nezavisna-drzhava/ Sat, 30 Mar 2024 10:20:29 +0000 https://republika.mk/?p=760338

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека земјата прави интензивни напори да го зголеми притисокот врз Израел да ја спроведе резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за прекин на огнот во Појасот Газа.

Вчера го испративме осмиот хуманитарен брод во Египет со 125.000 пакети со храна кои треба да бидат доставени во Газа. Правиме се што можеме, толку колку што ни дозволуваат средствата, за да не оставиме никого без потребните намирници, истакна Ердоган

Тој посочи дека Турција ќе продолжи да им помага на Палестинците.

Нема да застанеме додека Палестинците не ја вратат својата слобода, својата окупирана земја и својата независна држава со источен Ерусалим како главен град. Турција се обидува да го помине тестот во Газа, како што го помина тестот за Сирија, тестот за Сомалија, тестот за Карабах со успех, рече Ердоган.

The post Ердоган: Нема да застанеме додека Палестинците не ја вратат својата слобода, окупирана земја и независна држава appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека земјата прави интензивни напори да го зголеми притисокот врз Израел да ја спроведе резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за прекин на огнот во Појасот Газа.
Вчера го испративме осмиот хуманитарен брод во Египет со 125.000 пакети со храна кои треба да бидат доставени во Газа. Правиме се што можеме, толку колку што ни дозволуваат средствата, за да не оставиме никого без потребните намирници, истакна Ердоган
Тој посочи дека Турција ќе продолжи да им помага на Палестинците.
Нема да застанеме додека Палестинците не ја вратат својата слобода, својата окупирана земја и својата независна држава со источен Ерусалим како главен град. Турција се обидува да го помине тестот во Газа, како што го помина тестот за Сирија, тестот за Сомалија, тестот за Карабах со успех, рече Ердоган.

The post Ердоган: Нема да застанеме додека Палестинците не ја вратат својата слобода, окупирана земја и независна држава appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ќе го бара Ердоган за екстрадицијата на Палевски https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ke-go-bara-erdogan-za-ekstraditsijata-na-palevski/ Tue, 12 Dec 2023 07:47:20 +0000 https://republika.mk/?p=721974

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 рече дека размислува во следните денови да испрати порака до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за екстрадицијата на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да се случи побрзо. Пендаровски  вели дека не треба да се дозволи процесот да трае предолго.

Тоа е работа на министерот за правда кој тоа и го направи (испрати барање за екстрадиција, н.з.), меѓутоа случајот е прекрупен за да оставиме туку така да се одвива по некои бирократски коридори и тоа не дај боже да трае со месеци или со години, вели Пендаровски прашан дали може да биде обвинет дека се меша во независноста на судската власт во Турција.

На прашањето дали е можно да има одолговлекување од турска страна, поврзано со барањата на Трција за испорака на припадници на Фето од Македонија, претседателот рече дека лично до него од Ердоган во 2019 г. дошло такво барање како услов за Турција да го ратификува протоколот за пристапување на земјава во НАТО.

Му ја објаснив ситуацијата на претседателот Ердоган од сите аспекти, вклучувајќи го и неспорниот факт дека ние сакаме да станеме членка на Алијансата во која има и други прилично моќни држави кои кон нас испорачуваат сосема спротивни барања, дека ако тоа и тоа се случи ќе имате проблеми од друг тип со други ратификации во истиот процес на пристапување. Ердоган совршено ме разбра и наредниот ден координаторот во турскиот парламент од неговата пратеничка група доби задача и во 24 часа ја ратификуваа таа спогодба, без воопшто да има барања во однос на тие 15 лица нешто конкретно. Иако во тоа време нашето МНР даде дециден одговор дека значаен дел од тие лица не се на наша територија, а за другите до таа бројка од 15 побара дополнителнн аргументи дека станува збор за припадници на терористичка акција, рече Пендаровски.

Претседателот додаде и дека според информациите од разузнавачки карактер кои тој ги добива, најголем дел т.н. „ѓуленисти“ не се повеќе во земјава.

Досега тоа не било покренато на ниедно ниво, инаку нема потреба да имате ваков случај за тоа прашање да се покрене. Турските власти знаеја во тој период и по други поводи да го покренуваат. До овој момент до мене не е дојдено такво барање, вели Пендаровски.

The post Пендаровски ќе го бара Ердоган за екстрадицијата на Палевски appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 рече дека размислува во следните денови да испрати порака до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за екстрадицијата на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да се случи побрзо. Пендаровски  вели дека не треба да се дозволи процесот да трае предолго.
Тоа е работа на министерот за правда кој тоа и го направи (испрати барање за екстрадиција, н.з.), меѓутоа случајот е прекрупен за да оставиме туку така да се одвива по некои бирократски коридори и тоа не дај боже да трае со месеци или со години, вели Пендаровски прашан дали може да биде обвинет дека се меша во независноста на судската власт во Турција.
На прашањето дали е можно да има одолговлекување од турска страна, поврзано со барањата на Трција за испорака на припадници на Фето од Македонија, претседателот рече дека лично до него од Ердоган во 2019 г. дошло такво барање како услов за Турција да го ратификува протоколот за пристапување на земјава во НАТО.
Му ја објаснив ситуацијата на претседателот Ердоган од сите аспекти, вклучувајќи го и неспорниот факт дека ние сакаме да станеме членка на Алијансата во која има и други прилично моќни држави кои кон нас испорачуваат сосема спротивни барања, дека ако тоа и тоа се случи ќе имате проблеми од друг тип со други ратификации во истиот процес на пристапување. Ердоган совршено ме разбра и наредниот ден координаторот во турскиот парламент од неговата пратеничка група доби задача и во 24 часа ја ратификуваа таа спогодба, без воопшто да има барања во однос на тие 15 лица нешто конкретно. Иако во тоа време нашето МНР даде дециден одговор дека значаен дел од тие лица не се на наша територија, а за другите до таа бројка од 15 побара дополнителнн аргументи дека станува збор за припадници на терористичка акција, рече Пендаровски.
Претседателот додаде и дека според информациите од разузнавачки карактер кои тој ги добива, најголем дел т.н. „ѓуленисти“ не се повеќе во земјава.
Досега тоа не било покренато на ниедно ниво, инаку нема потреба да имате ваков случај за тоа прашање да се покрене. Турските власти знаеја во тој период и по други поводи да го покренуваат. До овој момент до мене не е дојдено такво барање, вели Пендаровски.

The post Пендаровски ќе го бара Ердоган за екстрадицијата на Палевски appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Хамас не е терористичка, туку група на ослободители кои ја бранат својата земја https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-hamas-ne-e-teroristichka-tuku-grupa-na-osloboditeli-koi-ja-branat-svojata-zemja/ Sat, 28 Oct 2023 09:09:21 +0000 https://republika.mk/?p=695752

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика Израел „веднаш да го запре ова лудило“ и да ги прекине нападите врз Појасот Газа, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на изјава објавена на „X“.

Израелското засилено бомбардирање во Газа минатата ноќ повторно беше насочено кон невините жени, деца и цивили и ја продлабочи тековната хуманитарна криза. Израел мора веднаш да стави крај на ова лудило и да стави крај на своите напади, рече Ердоган, повикувајќи ги своите поддржувачи на собир за поддршка на Палестинците во организација на неговата партија денеска во Истанбул.

На собирот, како што кажа, „јасно и категорично ќе кажеме дека го поддржуваме палестинскиот народ против прогонот од Израел“.

Собирот ќе се одржи на територијата на стариот аеродром „Ататурк“ во Истанбул.

Во последните денови, Ердоган го заостри својот тон за израелското бомбардирање на Газа како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.

Во средата турскиот претседател објави дека се откажува од сите планови да го посети Израел и го критикуваше неуспехот на Западот да ја запре војната во Газа.

Хамас не е терористичка група, туку група на ослободители кои ја бранат својата земја, додаде Ердоган, предизвикувајќи гнев кон Израел.

The post Ердоган: Хамас не е терористичка, туку група на ослободители кои ја бранат својата земја appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика Израел „веднаш да го запре ова лудило“ и да ги прекине нападите врз Појасот Газа, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на изјава објавена на „X“.
Израелското засилено бомбардирање во Газа минатата ноќ повторно беше насочено кон невините жени, деца и цивили и ја продлабочи тековната хуманитарна криза. Израел мора веднаш да стави крај на ова лудило и да стави крај на своите напади, рече Ердоган, повикувајќи ги своите поддржувачи на собир за поддршка на Палестинците во организација на неговата партија денеска во Истанбул.
На собирот, како што кажа, „јасно и категорично ќе кажеме дека го поддржуваме палестинскиот народ против прогонот од Израел“. Собирот ќе се одржи на територијата на стариот аеродром „Ататурк“ во Истанбул. Во последните денови, Ердоган го заостри својот тон за израелското бомбардирање на Газа како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври. Во средата турскиот претседател објави дека се откажува од сите планови да го посети Израел и го критикуваше неуспехот на Западот да ја запре војната во Газа.
Хамас не е терористичка група, туку група на ослободители кои ја бранат својата земја, додаде Ердоган, предизвикувајќи гнев кон Израел.

The post Ердоган: Хамас не е терористичка, туку група на ослободители кои ја бранат својата земја appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Турција веќе ништо не очекува од ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-turtsija-veke-nishto-ne-ochekuva-od-eu/ Sun, 01 Oct 2023 16:16:10 +0000 https://republika.mk/?p=686860

Турција веќе не очекува ништо од Европската унија, на чија врата чека 40 години, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ги исполнивме сите ветувања што и ги дадовме на Европската унија, но нив речиси и да ги нема, рече Ердоган на инаугуративната седница на турскиот парламент, додавајќи дека нема да толерира нови барања или услови во процесот на пристапување.

„Доколку не отстапат во врска со некои неправди како што е воведувањето визи, што ги користат како латентни санкции, ако не си ги поправат грешките... Од наша страна целосно ќе го изгубат правото на изразување политички, општествени, економски и воени очекувања“, предупреди тој.

„Доколку Европската унија има намера да го прекине пристапниот процес кој постои само на хартија, тоа ќе биде нивна одлука“, додаде тој.

The post Ердоган: Турција веќе ништо не очекува од ЕУ appeared first on Република.

]]>

Турција веќе не очекува ништо од Европската унија, на чија врата чека 40 години, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ги исполнивме сите ветувања што и ги дадовме на Европската унија, но нив речиси и да ги нема, рече Ердоган на инаугуративната седница на турскиот парламент, додавајќи дека нема да толерира нови барања или услови во процесот на пристапување.
„Доколку не отстапат во врска со некои неправди како што е воведувањето визи, што ги користат како латентни санкции, ако не си ги поправат грешките... Од наша страна целосно ќе го изгубат правото на изразување политички, општествени, економски и воени очекувања“, предупреди тој. „Доколку Европската унија има намера да го прекине пристапниот процес кој постои само на хартија, тоа ќе биде нивна одлука“, додаде тој.

The post Ердоган: Турција веќе ништо не очекува од ЕУ appeared first on Република.

]]>
Ердоган се пожали на ЛГБТ боите на Генералното собрание во ОН https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-se-pozhali-na-lgbt-boite-na-generalnoto-sobranie-vo-on/ Fri, 22 Sep 2023 06:55:16 +0000 https://republika.mk/?p=683977

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера се пожали дека му било непријатно поради користењето на, како што рече, „ЛГБТ боите“ во Обединетите нации, чие седиште оваа недела беше обложено со светли бои за да ги промовира целите за одржлив развој.

Ердоган рече дека би сакал да разговара за ова прашање со генералниот секретар Антонио Гутереш, објавија турските медиуми.

Турската влада, предводена од Ердоган и неговата исламистичка Партија на правдата и развојот, го заостри својот став за слободите на ЛГБТК заедницата.

Едно од прашањата што најмногу ме загрижува... е тоа што кога влегувате во Генералното собрание на ОН, ги гледате ЛГБТ боите на скалите и на други места. Колку ЛГБТ луѓе има во светот во моментов? Сепак, тие имаат право на овие чекори, а оние кои се анти-ЛГБТ го имаат истото право, рече Ердоган, кој често ги нарекуваше членовите на ЛГБТ+ заедницата „девијантни““, особено во текот на неговата изборна кампања оваа година.

Сепак, некои дипломати на ОН сугерираа дека Ердоган можеби ги помешал 17-те различни бои поврзани со Целите за одржлив развој што красеа делови од седиштето на ОН, вклучително и патеката за самитот што се одржа претходно оваа недела, со боите на виножитото поврзани со правата на ЛГБТ+ заедницата.

The post Ердоган се пожали на ЛГБТ боите на Генералното собрание во ОН appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера се пожали дека му било непријатно поради користењето на, како што рече, „ЛГБТ боите“ во Обединетите нации, чие седиште оваа недела беше обложено со светли бои за да ги промовира целите за одржлив развој. Ердоган рече дека би сакал да разговара за ова прашање со генералниот секретар Антонио Гутереш, објавија турските медиуми. Турската влада, предводена од Ердоган и неговата исламистичка Партија на правдата и развојот, го заостри својот став за слободите на ЛГБТК заедницата.
Едно од прашањата што најмногу ме загрижува... е тоа што кога влегувате во Генералното собрание на ОН, ги гледате ЛГБТ боите на скалите и на други места. Колку ЛГБТ луѓе има во светот во моментов? Сепак, тие имаат право на овие чекори, а оние кои се анти-ЛГБТ го имаат истото право, рече Ердоган, кој често ги нарекуваше членовите на ЛГБТ+ заедницата „девијантни““, особено во текот на неговата изборна кампања оваа година.
Сепак, некои дипломати на ОН сугерираа дека Ердоган можеби ги помешал 17-те различни бои поврзани со Целите за одржлив развој што красеа делови од седиштето на ОН, вклучително и патеката за самитот што се одржа претходно оваа недела, со боите на виножитото поврзани со правата на ЛГБТ+ заедницата.

The post Ердоган се пожали на ЛГБТ боите на Генералното собрание во ОН appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Ѝ верувам на Русија исто колку и на Западот https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-veruvam-na-rusija-isto-kolku-i-na-zapadot/ Tue, 19 Sep 2023 09:32:10 +0000 https://republika.mk/?p=683091

Колку што е доверлив Западот, толку е и Русија. Во изминатите 50 години чекаме на прагот на ЕУ и во овој момент и верувам на Русија исто колку и на Западот, изјави Ердоган за американската телевизија ПБС во Њујорк, каде што учествува на седницата на Генералното собрание на ОН.

Ердоган потсети дека рускиот претседател Владимир Путин ветил дека Русија ќе испрати уште милион тони жито во Африка, а на прашањето дали верува дека Путин ќе го исполни тоа ветување, Ердоган одговори дека нема причина да не му верува.

Зборувајќи за војната во Украина, Ердоган рече дека таа ќе продолжи уште долго.

Одговарајќи на прашањето дали Турција има поголема корист од односите со САД или Русија, турскиот претседател рече дека начинот на кој се занимава со политиката се сведува на воспоставување контакти со државите ширум светот во модел на вин-вин.

-Како што имам добри односи со САД, ќе имам добри односи и со Русија. Ќе продолжам да имам односи со земјите-членки на ЕУ врз основа на истиот пристап меѓу двете страни, рече Ердоган.

The post Ердоган: Ѝ верувам на Русија исто колку и на Западот appeared first on Република.

]]>

Колку што е доверлив Западот, толку е и Русија. Во изминатите 50 години чекаме на прагот на ЕУ и во овој момент и верувам на Русија исто колку и на Западот, изјави Ердоган за американската телевизија ПБС во Њујорк, каде што учествува на седницата на Генералното собрание на ОН. Ердоган потсети дека рускиот претседател Владимир Путин ветил дека Русија ќе испрати уште милион тони жито во Африка, а на прашањето дали верува дека Путин ќе го исполни тоа ветување, Ердоган одговори дека нема причина да не му верува. Зборувајќи за војната во Украина, Ердоган рече дека таа ќе продолжи уште долго. Одговарајќи на прашањето дали Турција има поголема корист од односите со САД или Русија, турскиот претседател рече дека начинот на кој се занимава со политиката се сведува на воспоставување контакти со државите ширум светот во модел на вин-вин.
-Како што имам добри односи со САД, ќе имам добри односи и со Русија. Ќе продолжам да имам односи со земјите-членки на ЕУ врз основа на истиот пристап меѓу двете страни, рече Ердоган.

The post Ердоган: Ѝ верувам на Русија исто колку и на Западот appeared first on Република.

]]>
„Е вала нечеш Тајип“: Градоначалникот на Истанбул на босански му се обрати на Ердоган https://republika.mk/vesti/balkan/e-vala-nechesh-tajip-gradonachalnikot-na-istanbul-na-bosanski-mu-se-obrati-na-erdogan/ Sat, 27 May 2023 19:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=645310

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, пред вториот круг од претседателските избори во Турција упати остра порака до актуелниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган на босански јазик!

Имамоглу изминативе денови активно се вклучи во предизборната кампања во Истанбул. Меѓу другото, тој го посети и предградието Бајрампаша, каде претежно живеат Бошњаци.
Во еден момент градоначалникот на Истанбул зборуваше на босански јазик и му порача на Ердоган дека нема да добие уште еден мандат.

Е вала нечеш Тајип.

 

The post „Е вала нечеш Тајип“: Градоначалникот на Истанбул на босански му се обрати на Ердоган appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, пред вториот круг од претседателските избори во Турција упати остра порака до актуелниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган на босански јазик! Имамоглу изминативе денови активно се вклучи во предизборната кампања во Истанбул. Меѓу другото, тој го посети и предградието Бајрампаша, каде претежно живеат Бошњаци. Во еден момент градоначалникот на Истанбул зборуваше на босански јазик и му порача на Ердоган дека нема да добие уште еден мандат.
Е вала нечеш Тајип.
 

The post „Е вала нечеш Тајип“: Градоначалникот на Истанбул на босански му се обрати на Ердоган appeared first on Република.

]]>
Ердоган не му верува ни на својот телохранител https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-ne-mu-veruva-ni-na-svojot-telohranitel/ Tue, 23 May 2023 16:32:16 +0000 https://republika.mk/?p=644055

Снимката на која турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одбива да пие вода што му ја нуди неговиот телохранител предизвика голема полемика на социјалните мрежи.

На видеото кое беше широко распространето, Ердоган одби да пие вода од својот телохранител и ја врати, а потоа му ја зеде истата чаша која му беше подадена од неговиот син Билал Ердоган.

Не е јасно зошто аткуелниот претседател на Турција на почетокот одбил да се напие вода, додека локалните медиуми наведуваат дека работата е поврзана со „безбедносна мерка“, а некои активисти посочиле дека тоа е поради страв да не му се случи нешто лошо.

Според извештаите на локалните медиуми, снимката е направена за време на учеството на Ердоган во политичка активност во провинцијата Хатај, како подготовка за вториот круг од претседателските избори.

 

 

 

The post Ердоган не му верува ни на својот телохранител appeared first on Република.

]]>

Снимката на која турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одбива да пие вода што му ја нуди неговиот телохранител предизвика голема полемика на социјалните мрежи. На видеото кое беше широко распространето, Ердоган одби да пие вода од својот телохранител и ја врати, а потоа му ја зеде истата чаша која му беше подадена од неговиот син Билал Ердоган. Не е јасно зошто аткуелниот претседател на Турција на почетокот одбил да се напие вода, додека локалните медиуми наведуваат дека работата е поврзана со „безбедносна мерка“, а некои активисти посочиле дека тоа е поради страв да не му се случи нешто лошо. Според извештаите на локалните медиуми, снимката е направена за време на учеството на Ердоган во политичка активност во провинцијата Хатај, како подготовка за вториот круг од претседателските избори.      

The post Ердоган не му верува ни на својот телохранител appeared first on Република.

]]>
На Ердоган му фалеа 0,49 отсто гласови за победа во прв круг https://republika.mk/vesti/svet/na-erdogan-mu-falea-0-49-otsto-glasovi-za-pobeda-vo-prv-krug/ Mon, 15 May 2023 13:33:34 +0000 https://republika.mk/?p=641036

Централната изборна комисија на Турција ги објави конечните резултатит од првиот круг на претседателските избори.

Па така, актуелниот претседател Реџер Тајип Ердоган доби 49,51 проценти од гласовите, а втор е Кемал Килчдароглу  со 44,88 проценти.

Третиот кандидат, Синан Оган, чии гласови ќе бидат одлучувачки во вториот круг освои 5,17 отсто од гласовите.

The post На Ердоган му фалеа 0,49 отсто гласови за победа во прв круг appeared first on Република.

]]>

Централната изборна комисија на Турција ги објави конечните резултатит од првиот круг на претседателските избори. Па така, актуелниот претседател Реџер Тајип Ердоган доби 49,51 проценти од гласовите, а втор е Кемал Килчдароглу  со 44,88 проценти. Третиот кандидат, Синан Оган, чии гласови ќе бидат одлучувачки во вториот круг освои 5,17 отсто од гласовите.

The post На Ердоган му фалеа 0,49 отсто гласови за победа во прв круг appeared first on Република.

]]>
На Ердоган малку му фалеше за победа во првиот круг https://republika.mk/vesti/svet/na-erdogan-malku-mu-faleshe-za-pobeda-vo-prviot-krug/ Mon, 15 May 2023 05:50:51 +0000 https://republika.mk/?p=640812

 На претседателските избори одржани вчера во Турција, за актуелниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган гласале 49,34 отсто од гласачите, покажуваат податоците од обработените 99,9 отсто од гласачките ливчиња, јави турската државна телевизија ТРТ.

За главниот ривал на Ердоган - Кемал Килчдароглу, кандидат на опозициската Национална алијанса гласале 44,99 отсто од гласачите. Разликата меѓу ривалите е нешто под 4,5 проценти.

Третиот кандидат на Алијансата АТА Синан Оган доби поддршка од 5,23 отсто од гласачите.

За да победи во првиот круг, кандидатот мора да добие 50 отсто плус еден глас. Вториот круг од претседателските избори треба да се одржи на 28 мај.

Се уште трае пребројувањето на гласовите од странство.

The post На Ердоган малку му фалеше за победа во првиот круг appeared first on Република.

]]>

 На претседателските избори одржани вчера во Турција, за актуелниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган гласале 49,34 отсто од гласачите, покажуваат податоците од обработените 99,9 отсто од гласачките ливчиња, јави турската државна телевизија ТРТ. За главниот ривал на Ердоган - Кемал Килчдароглу, кандидат на опозициската Национална алијанса гласале 44,99 отсто од гласачите. Разликата меѓу ривалите е нешто под 4,5 проценти. Третиот кандидат на Алијансата АТА Синан Оган доби поддршка од 5,23 отсто од гласачите. За да победи во првиот круг, кандидатот мора да добие 50 отсто плус еден глас. Вториот круг од претседателските избори треба да се одржи на 28 мај. Се уште трае пребројувањето на гласовите од странство.

The post На Ердоган малку му фалеше за победа во првиот круг appeared first on Република.

]]>
Пребројани 75 отсто гласови, Ердоган – 50,76, Киличдароглу – 43,43 отсто https://republika.mk/vesti/svet/prebrojani-75-otsto-glasovi-erdogan-50-76-kilichdaroglu-43-43-otsto/ Sun, 14 May 2023 19:21:09 +0000 https://republika.mk/?p=640781

Со пребројани околу 75 отсто од гласовите, јазот меѓу двајцата водечки претседателски кандидати се намалува, според државната новинска агенција Анадолија.

Актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган сега има 50,76 отсто, а потоа следи неговиот противкандидат од опозицијата од левиот центар Кемал Киличдароглу со 43,43 отсто и националистот Синан Оган со 5,31 отсто.

Според претходно објавените резултати по преброени помалку од 30 отсто од гласовите, Ердоган имал поголема предност со 55,03 отсто од гласовите, додека главниот опозициски кандидат Киличдароглу освоил 39 отсто од гласовите, објави претходно Си-Ен-Ен, повикувајќи се на Анадолија.

Сепак, треба да се напомене дека најмногу се очекува од гласовите во најголемиот град Истанбул.

Опозицијата ја обвинува Анадолија дека прво го пренесува пребројувањето на гласовите на АКП во искривена слика за вкупниот број и вели дека тие се напред.

Најголемата опозициска партија, Републиканската народна партија (ЦХП), води паралелно пребројување со ставање набљудувачи на секоја гласачка кутија и фотографирање на секое гласачко ливче додека се брои.

The post Пребројани 75 отсто гласови, Ердоган – 50,76, Киличдароглу – 43,43 отсто appeared first on Република.

]]>

Со пребројани околу 75 отсто од гласовите, јазот меѓу двајцата водечки претседателски кандидати се намалува, според државната новинска агенција Анадолија. Актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган сега има 50,76 отсто, а потоа следи неговиот противкандидат од опозицијата од левиот центар Кемал Киличдароглу со 43,43 отсто и националистот Синан Оган со 5,31 отсто. Според претходно објавените резултати по преброени помалку од 30 отсто од гласовите, Ердоган имал поголема предност со 55,03 отсто од гласовите, додека главниот опозициски кандидат Киличдароглу освоил 39 отсто од гласовите, објави претходно Си-Ен-Ен, повикувајќи се на Анадолија. Сепак, треба да се напомене дека најмногу се очекува од гласовите во најголемиот град Истанбул. Опозицијата ја обвинува Анадолија дека прво го пренесува пребројувањето на гласовите на АКП во искривена слика за вкупниот број и вели дека тие се напред. Најголемата опозициска партија, Републиканската народна партија (ЦХП), води паралелно пребројување со ставање набљудувачи на секоја гласачка кутија и фотографирање на секое гласачко ливче додека се брои.

The post Пребројани 75 отсто гласови, Ердоган – 50,76, Киличдароглу – 43,43 отсто appeared first on Република.

]]>
Ердоган ја нарече опозицијата про ЛГБТ https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-ja-nareche-opozitsijata-pro-lgbt/ Mon, 08 May 2023 06:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=638174

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на вчерашниот митинг во Истанбул, ја нарече опозицијата „про-ЛГБТ“, зајакнувајќи ја својата реторика против неговите противници седум дена пред изборите, чии резултати се очекува да бидат тесни. На собирот во Истанбул присуствувале околу 1,7 милиони луѓе.

Во Турција на 14 мај треба да се одржат претседателски и парламентарни избори, а анкетите покажуваат дека Ердоган се соочува со најголемиот изборен предизвик во неговата дведецениска власт.

На митинг во Истанбул, Ердоган апелираше до неговата конзервативна муслиманска гласачка база, пренесува Хина. „Партијата АКП и другите партии во нашиот сојуз никогаш не би биле про-ЛГБТ, бидејќи семејството е свето за нас. Ќе ги закопаме оние што се про-ЛГБТ во гласачките кутии“, им порача тој на насобраните.

Ердоган во последниве години ја заостри реториката против ЛГБТ заедницата, често нарекувајќи ги членовите „девијантни“.

Вчера, тој го нападна и неговиот клучен изборен ривал, Кемал Киличдароглу, кој ја предводи главната опозициска алијанса. „Мојот народ нема да дозволи пијаници да излезат на сцената“, рече Ердоган.

- Мојата нација ќе го даде потребниот одговор на 14 мај. Нема да дозволиме Киличдароглу, кој е рака под рака со терористите, да ја подели нашата татковина, нагласи турскиот претседател.

Ердоган го обвинува Киличдароглу дека добил поддршка од забранетата Курдска работничка партија (ПКК), која води борби од 1980-тите во кои загинаа повеќе од 40.000 луѓе. Турција, САД и ЕУ ја сметаат ПКК за терористичка група.

Опозицијата претходно ги осуди тврдењата на Ердоган како реторика на поделби и опасна кампања.

На предизборен митинг во источниот град Ерзурум, упориште на Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган, демонстрантите фрлаа камења врз градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, член на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП). Имамоглу подоцна информираше дека во тој инцидент се повредени девет лица.

Градоначалникот на Истанбул, кој би станал потпретседател доколку Киличдароглу победи на изборите, им се обраќал на своите приврзаници од врвот на автобусот кога кон него полетале камења. Имамоглу го прекинал својот говор и го напуштил местото со автобус.

„Заминуваме заради ваша безбедност“, им порача Имамоглу на своите приврзаници, додавајќи дека ќе поднесе кривична пријава против гувернерот на Ерзурум и началникот на полицијата бидејќи дозволиле насилство.

Граѓаните на Турција на 14 мај ќе гласаат на претседателските и парламентарните избори и ќе избираат меѓу четворица претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за пратеници.

Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а за првпат ќе гласаат над 4,9 милиони турски граѓани.

Актуелниот претседател Реџеп Таијп Ердоган, потоа Мухарем Инџе, Кемал Киличдароглу и Синан Оган, според редоследот на гласачкото ливче, се кандидати за претседател на Турција.

Избирачките места в недела на 14 мај ќе бидат отворени од 8 до 17 часот по локално време, во 87 региони. Избирачките места ќе бидат отворени и надвор од Турција, во 75 земји и 156 претставништва на оваа земја. Повеќе од 3,41 милиони граѓани се пријавени за гласање од странство.

The post Ердоган ја нарече опозицијата про ЛГБТ appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на вчерашниот митинг во Истанбул, ја нарече опозицијата „про-ЛГБТ“, зајакнувајќи ја својата реторика против неговите противници седум дена пред изборите, чии резултати се очекува да бидат тесни. На собирот во Истанбул присуствувале околу 1,7 милиони луѓе. Во Турција на 14 мај треба да се одржат претседателски и парламентарни избори, а анкетите покажуваат дека Ердоган се соочува со најголемиот изборен предизвик во неговата дведецениска власт. На митинг во Истанбул, Ердоган апелираше до неговата конзервативна муслиманска гласачка база, пренесува Хина. „Партијата АКП и другите партии во нашиот сојуз никогаш не би биле про-ЛГБТ, бидејќи семејството е свето за нас. Ќе ги закопаме оние што се про-ЛГБТ во гласачките кутии“, им порача тој на насобраните. Ердоган во последниве години ја заостри реториката против ЛГБТ заедницата, често нарекувајќи ги членовите „девијантни“. Вчера, тој го нападна и неговиот клучен изборен ривал, Кемал Киличдароглу, кој ја предводи главната опозициска алијанса. „Мојот народ нема да дозволи пијаници да излезат на сцената“, рече Ердоган. - Мојата нација ќе го даде потребниот одговор на 14 мај. Нема да дозволиме Киличдароглу, кој е рака под рака со терористите, да ја подели нашата татковина, нагласи турскиот претседател. Ердоган го обвинува Киличдароглу дека добил поддршка од забранетата Курдска работничка партија (ПКК), која води борби од 1980-тите во кои загинаа повеќе од 40.000 луѓе. Турција, САД и ЕУ ја сметаат ПКК за терористичка група. Опозицијата претходно ги осуди тврдењата на Ердоган како реторика на поделби и опасна кампања. На предизборен митинг во источниот град Ерзурум, упориште на Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган, демонстрантите фрлаа камења врз градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, член на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП). Имамоглу подоцна информираше дека во тој инцидент се повредени девет лица. Градоначалникот на Истанбул, кој би станал потпретседател доколку Киличдароглу победи на изборите, им се обраќал на своите приврзаници од врвот на автобусот кога кон него полетале камења. Имамоглу го прекинал својот говор и го напуштил местото со автобус. „Заминуваме заради ваша безбедност“, им порача Имамоглу на своите приврзаници, додавајќи дека ќе поднесе кривична пријава против гувернерот на Ерзурум и началникот на полицијата бидејќи дозволиле насилство. Граѓаните на Турција на 14 мај ќе гласаат на претседателските и парламентарните избори и ќе избираат меѓу четворица претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за пратеници. Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а за првпат ќе гласаат над 4,9 милиони турски граѓани. Актуелниот претседател Реџеп Таијп Ердоган, потоа Мухарем Инџе, Кемал Киличдароглу и Синан Оган, според редоследот на гласачкото ливче, се кандидати за претседател на Турција. Избирачките места в недела на 14 мај ќе бидат отворени од 8 до 17 часот по локално време, во 87 региони. Избирачките места ќе бидат отворени и надвор од Турција, во 75 земји и 156 претставништва на оваа земја. Повеќе од 3,41 милиони граѓани се пријавени за гласање од странство.

The post Ердоган ја нарече опозицијата про ЛГБТ appeared first on Република.

]]>
Ердоган стана првиот сопственик на турскиот електричен автомобил Тог https://republika.mk/vesti/balkan/erdogan-stana-prviot-sopstvenik-na-turskiot-elektrichen-avtomobil-tog/ Fri, 07 Apr 2023 19:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=628492

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган официјално стана првиот сопственик на автохтоно турско електрично возило (ЕВ), со почетокот на долгоочекуваните испораки.

На Ердоган, придружуван од првата дама Емина Ердоган, му беше доставен моделот „T10X EV“ на Тог (Togg) на церемонија во претседателскиот комплекс во главниот град Анкара.

Нивниот целосно електричен СУВ од C-сегментот ја има бојата „Анадолу“, инспирирана од црвената, што ја одразува искреноста и страста на регионот на Анадолија.

Денес заедно сме сведоци на остварувањето на 60-годишниот сон на нашата нација“, изјави Ердоган.

Второто испорачано возило ќе се користи како службено возило. Ја има бојата Гемлик, именувана по сините води на областа каде што се наоѓа кампусот на Тог, во сенката на маслинови дрвја.

Испораката доаѓа само неколку дена откако купувачите на првата серија на „T10X“ беа избрани во дигитално извлекување. Побарувачката беше толку голема што производителот на автомобили мораше да го зголеми бројот на единици. Тие на крајот ќе почнат да испорачуваат 20.000, во споредба со првично планираните 12.000 од април.

Над 177.400 луѓе направиле преднарачки за возилото за само 21 ден. Почетокот на испораките е планиран во наредните денови.

Тог е роден како симбол на технолошкиот развој, економскиот развој и глобалната репутација на нашата земја. Од денес ќе почнеме да го гледаме Тог на патиштата“, порача Ердоган.

Втората испорака треба да биде извршена до азербејџанскиот колега на Ердоган, Илхам Алиев.

Ердоган понуди да го стави своето име на списокот за претходна нарачка уште во декември 2019 година, кога првпат ги откри прототипите на Тог.

Претседателот на Турција долго време се обидува да го исполни својот долгогодишен сон за изградба на првиот национален автомобил во Турција. Тој долго време ги турка индустријалците да изградат домашен автомобил како дел од неговата визија да ја направи Турција економска сила.

Откако ќе влезе во масовно производство кон крајот на октомври, од компанијата најавија дека „T10X“ првично ќе се продава со еден мотор и две опции за батерии. Моделот ќе има батерии со капацитет од 52,4 и 88,5 киловат-часови, со автономија од 314, односно 523 километри.

Првата верзија на „T10X“ може да забрза од нула до 100 км/ч за 7,6 секунди, додека втората, која ќе почне со испорака на 29 октомври, може да постигне 0-100 km/h за 4,8 секунди. Првиот модел на Тог ќе има цена од 953.000 турски лири (околу 45.000 евра) до околу 1,22 милиони лири (58.000 евра).

Конзорциум од пет турски компании, наречена „Automobile Initiative Group of Türkiye“, или Тог, го произведува возилото во соработка со Сојузот на комори и берзи на Турција (TOBB). Батериите Тог „T10X“ може да се полнат до 80% од 20% за помалку од 28 минути на станиците за брзо полнење.

Нарекувајќи се себеси технолошки бренд кој ги спојува дигиталните и физичките искуства, Тог ги здружи рацете со повеќе стартапи за да создаде нов екосистем за мобилност.

Покрај теренецот, Тог до 2030 година ќе произведе уште четири модели – седан, C-хечбек, Б-СУВ и Б-МПВ. Седанот ќе го следи масовното производство на теренецот.

Моменталниот производствен капацитет е околу 100.000 возила годишно и се очекува да достигне 175.000 кога фабриката на Тог во областа Гемлик во северозападната провинција Бурса ќе го достигне полн капацитет. Тие имаат за цел да произведат милион возила во пет сегменти до 2030 година, пишува „Дејли сабах“.

The post Ердоган стана првиот сопственик на турскиот електричен автомобил Тог appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган официјално стана првиот сопственик на автохтоно турско електрично возило (ЕВ), со почетокот на долгоочекуваните испораки. На Ердоган, придружуван од првата дама Емина Ердоган, му беше доставен моделот „T10X EV“ на Тог (Togg) на церемонија во претседателскиот комплекс во главниот град Анкара. Нивниот целосно електричен СУВ од C-сегментот ја има бојата „Анадолу“, инспирирана од црвената, што ја одразува искреноста и страста на регионот на Анадолија.
Денес заедно сме сведоци на остварувањето на 60-годишниот сон на нашата нација“, изјави Ердоган.
Второто испорачано возило ќе се користи како службено возило. Ја има бојата Гемлик, именувана по сините води на областа каде што се наоѓа кампусот на Тог, во сенката на маслинови дрвја. Испораката доаѓа само неколку дена откако купувачите на првата серија на „T10X“ беа избрани во дигитално извлекување. Побарувачката беше толку голема што производителот на автомобили мораше да го зголеми бројот на единици. Тие на крајот ќе почнат да испорачуваат 20.000, во споредба со првично планираните 12.000 од април. Над 177.400 луѓе направиле преднарачки за возилото за само 21 ден. Почетокот на испораките е планиран во наредните денови.
Тог е роден како симбол на технолошкиот развој, економскиот развој и глобалната репутација на нашата земја. Од денес ќе почнеме да го гледаме Тог на патиштата“, порача Ердоган.
Втората испорака треба да биде извршена до азербејџанскиот колега на Ердоган, Илхам Алиев. Ердоган понуди да го стави своето име на списокот за претходна нарачка уште во декември 2019 година, кога првпат ги откри прототипите на Тог. Претседателот на Турција долго време се обидува да го исполни својот долгогодишен сон за изградба на првиот национален автомобил во Турција. Тој долго време ги турка индустријалците да изградат домашен автомобил како дел од неговата визија да ја направи Турција економска сила. Откако ќе влезе во масовно производство кон крајот на октомври, од компанијата најавија дека „T10X“ првично ќе се продава со еден мотор и две опции за батерии. Моделот ќе има батерии со капацитет од 52,4 и 88,5 киловат-часови, со автономија од 314, односно 523 километри. Првата верзија на „T10X“ може да забрза од нула до 100 км/ч за 7,6 секунди, додека втората, која ќе почне со испорака на 29 октомври, може да постигне 0-100 km/h за 4,8 секунди. Првиот модел на Тог ќе има цена од 953.000 турски лири (околу 45.000 евра) до околу 1,22 милиони лири (58.000 евра). Конзорциум од пет турски компании, наречена „Automobile Initiative Group of Türkiye“, или Тог, го произведува возилото во соработка со Сојузот на комори и берзи на Турција (TOBB). Батериите Тог „T10X“ може да се полнат до 80% од 20% за помалку од 28 минути на станиците за брзо полнење. Нарекувајќи се себеси технолошки бренд кој ги спојува дигиталните и физичките искуства, Тог ги здружи рацете со повеќе стартапи за да создаде нов екосистем за мобилност. Покрај теренецот, Тог до 2030 година ќе произведе уште четири модели – седан, C-хечбек, Б-СУВ и Б-МПВ. Седанот ќе го следи масовното производство на теренецот. Моменталниот производствен капацитет е околу 100.000 возила годишно и се очекува да достигне 175.000 кога фабриката на Тог во областа Гемлик во северозападната провинција Бурса ќе го достигне полн капацитет. Тие имаат за цел да произведат милион возила во пет сегменти до 2030 година, пишува „Дејли сабах“.

The post Ердоган стана првиот сопственик на турскиот електричен автомобил Тог appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Речиси 3.000 згради се срушени во земјотресот https://republika.mk/vesti/balkan/erdogan-rechisi-3-000-zgradi-se-srusheni-vo-zemjotresot/ Mon, 06 Feb 2023 12:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=605433

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека повеќе од 1.300 луѓе загинале во катастрофалниот земјотрес што рано утринава ја погоди Турција. Бројките секако ќе бидат многу, многу поголеми.

Ердоган додаде дека најмалку 5.385 луѓе се повредени, а 2.818 згради се урнале. Неколку десетици земји се понудија да помогнат.

 

The post Ердоган: Речиси 3.000 згради се срушени во земјотресот appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека повеќе од 1.300 луѓе загинале во катастрофалниот земјотрес што рано утринава ја погоди Турција. Бројките секако ќе бидат многу, многу поголеми. Ердоган додаде дека најмалку 5.385 луѓе се повредени, а 2.818 згради се урнале. Неколку десетици земји се понудија да помогнат.  

The post Ердоган: Речиси 3.000 згради се срушени во земјотресот appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Во Турција е откриено нафтено поле со резерви од 150 милиони барели https://republika.mk/vesti/balkan/erdogan-vo-turcija-e-otkrieno-nafteno-pole-so-rezervi-od-150-milioni-bareli/ Tue, 13 Dec 2022 09:43:42 +0000 https://republika.mk/?p=585079

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека во провинцијара Сирнак, југоисточниот дел на земјата е откриено нафтено поле со резерви од 150 милиони барели.

Откривме 150 милиони барели нафтени резерви околу планината Габар. Ова е едно од 10-те најголеми наоѓалишта на земјиште откриени оваа година. Вредноста на резервите достигнува околу 12 милијарди долари - истакна Ердоган.

Тој претходно изјави дека Турција има намера да произведува околу 100.000 барели нафта дневно, без да прецизира од кои наоѓалишта.

The post Ердоган: Во Турција е откриено нафтено поле со резерви од 150 милиони барели appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека во провинцијара Сирнак, југоисточниот дел на земјата е откриено нафтено поле со резерви од 150 милиони барели.
Откривме 150 милиони барели нафтени резерви околу планината Габар. Ова е едно од 10-те најголеми наоѓалишта на земјиште откриени оваа година. Вредноста на резервите достигнува околу 12 милијарди долари - истакна Ердоган.
Тој претходно изјави дека Турција има намера да произведува околу 100.000 барели нафта дневно, без да прецизира од кои наоѓалишта.

The post Ердоган: Во Турција е откриено нафтено поле со резерви од 150 милиони барели appeared first on Република.

]]>
Ердоган повторно се закани дека ќе го блокира влезот на Финска и Шведска во НАТО https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-povtorno-se-zakani-deka-kje-go-blokira-vlezot-na-finska-i-shvedska-vo-nato/ Sat, 01 Oct 2022 14:51:41 +0000 https://republika.mk/?p=556372

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денесака повторно се закани и кажа дека неговата земја нема да го ратификува барањето на Шведска и Финска за влез во НАТО се додека не се исполнат ветувањата што тие две земји и ги дадоа на Турција.

-Сè додека не се исполнат ветувањата што ни се дадени, ние ќе ја задржиме нашата принципиелна позиција, рече Ердоган во своето обраќање во турскиот Парламент.

Турција од мај се заканува дека ќе го блокира влезот на двете скандинавски земји во НАТО.

Во јуни таа го повлече својот приговор за приклучувањето на Шведска и Финска во Алијансата, но предупреди дека ќе го блокира процесот доколку не успеат да екстрадираат осомничени лица поврзани со забранетите курдски групи или мрежата на прогонетиот свештеник Фетулах Шулен, кој во земјата е обвинет за организирање на неуспешниот државен удар од 2016 година.

Приемот на нордиските земји треба да биде одобрен од парламентите на сите 30 земји членки на НАТО, а турскиот Парламент би можел да одбие да го ратификува договорот.

Турција ги обвинува двете земји дека се премногу попустливи кон групите што ги смета за закани за својата национална безбедност.

The post Ердоган повторно се закани дека ќе го блокира влезот на Финска и Шведска во НАТО appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денесака повторно се закани и кажа дека неговата земја нема да го ратификува барањето на Шведска и Финска за влез во НАТО се додека не се исполнат ветувањата што тие две земји и ги дадоа на Турција. -Сè додека не се исполнат ветувањата што ни се дадени, ние ќе ја задржиме нашата принципиелна позиција, рече Ердоган во своето обраќање во турскиот Парламент. Турција од мај се заканува дека ќе го блокира влезот на двете скандинавски земји во НАТО. Во јуни таа го повлече својот приговор за приклучувањето на Шведска и Финска во Алијансата, но предупреди дека ќе го блокира процесот доколку не успеат да екстрадираат осомничени лица поврзани со забранетите курдски групи или мрежата на прогонетиот свештеник Фетулах Шулен, кој во земјата е обвинет за организирање на неуспешниот државен удар од 2016 година. Приемот на нордиските земји треба да биде одобрен од парламентите на сите 30 земји членки на НАТО, а турскиот Парламент би можел да одбие да го ратификува договорот. Турција ги обвинува двете земји дека се премногу попустливи кон групите што ги смета за закани за својата национална безбедност.

The post Ердоган повторно се закани дека ќе го блокира влезот на Финска и Шведска во НАТО appeared first on Република.

]]>
Путин до Ердоган: Нападите на гасоводите „Северен тек 1 и 2 “ е акт на меѓународен тероризам https://republika.mk/vesti/svet/putin-do-erdogan-napadite-na-gasovodite-severen-tek-1-i-2-e-akt-na-megjunaroden-terorizam/ Fri, 30 Sep 2022 07:28:22 +0000 https://republika.mk/?p=555840

Рускиот претседател Владимир Путин во синоќешниот разговор со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган ги осуди наводните напади на гасоводите „Северен тек 1 и 2“ во Балтичкото Море, кои, според за него се „чин на меѓународен тероризам“.

Во телефонскиот разговор со Ердоган, рускиот претседател ги „изрази своите размислувања за невидените акти на саботажа, всушност меѓународен тероризам против „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Шведската крајбрежна стража вчера информираше за четврто истекување гас во Балтичкото Море над гасоводот „Северен тек“.

Европа експресно оцени дека тоа е „саботажа“, а Москва го отфрли ова тврдење како „глупаво и апсурдно“ и повика на истрага.

Гасоводите „Северен тек 1 и 2“ не работат, но во цевките има гас.

НАТО вчера изрази „длабока загриженост“ поради оштетувањето на гасоводот и предупреди дека секој намерен напад врз инфраструктурата на сојузниците ќе биде проследен со „унифициран и решителен одговор“.

На барање на Москва за денеска е закажан итен состанок на Советот за безбедност на ОН токму на оваа тема, бидејќи сите сомнежи се насочени кон тоа.

The post Путин до Ердоган: Нападите на гасоводите „Северен тек 1 и 2 “ е акт на меѓународен тероризам appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин во синоќешниот разговор со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган ги осуди наводните напади на гасоводите „Северен тек 1 и 2“ во Балтичкото Море, кои, според за него се „чин на меѓународен тероризам“. Во телефонскиот разговор со Ердоган, рускиот претседател ги „изрази своите размислувања за невидените акти на саботажа, всушност меѓународен тероризам против „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, се наведува во соопштението на Кремљ. Шведската крајбрежна стража вчера информираше за четврто истекување гас во Балтичкото Море над гасоводот „Северен тек“. Европа експресно оцени дека тоа е „саботажа“, а Москва го отфрли ова тврдење како „глупаво и апсурдно“ и повика на истрага. Гасоводите „Северен тек 1 и 2“ не работат, но во цевките има гас. НАТО вчера изрази „длабока загриженост“ поради оштетувањето на гасоводот и предупреди дека секој намерен напад врз инфраструктурата на сојузниците ќе биде проследен со „унифициран и решителен одговор“. На барање на Москва за денеска е закажан итен состанок на Советот за безбедност на ОН токму на оваа тема, бидејќи сите сомнежи се насочени кон тоа.

The post Путин до Ердоган: Нападите на гасоводите „Северен тек 1 и 2 “ е акт на меѓународен тероризам appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Вечерва ќе разговарам со Путин за Украина https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-vecherva-kje-razgovaram-so-putin-za-ukraina/ Thu, 29 Sep 2022 20:59:43 +0000 https://republika.mk/?p=555774

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека вечерва ќе разговара со својот руски колега Владимир Путин и оти дискусијата ќе биде фокусирана на Украина, јави Анадолија.

Ердоган се обрати на митинг во Анкара, а во таа прилика зборуваше за енергетската криза и Украина.

Кога станува збор за енергетската ситуација, Ердоган рече дека Турција релативно лесно влезе во турбулентниот период со проекти за гасоводи кои гарантираат безбедност во снабдувањето со енергија, склучени договори, складишта за течен природен гас и дупчење и истражувачки активности во Црното Море и Источен Медитеран.

Вечерва ќе разговарам со господинот Путин и ќе имаме можност да разговараме за прашањето за Украина, рече Ердоган.

Тој се осврна и на борбата со каматите.

Мојата најголема борба е со каматите, мојот најголем непријател се каматите. Повторно ја намаливме каматната стапка на 12. Ова не е доволно, мора да се намали уште повеќе, рече Ердоган и додаде: Се бориме против инфлацијата, верувам дека инфлацијата ќе се намалува со ниски камати по Нова година и јас го бранам таквиот пристап.

The post Ердоган: Вечерва ќе разговарам со Путин за Украина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека вечерва ќе разговара со својот руски колега Владимир Путин и оти дискусијата ќе биде фокусирана на Украина, јави Анадолија. Ердоган се обрати на митинг во Анкара, а во таа прилика зборуваше за енергетската криза и Украина. Кога станува збор за енергетската ситуација, Ердоган рече дека Турција релативно лесно влезе во турбулентниот период со проекти за гасоводи кои гарантираат безбедност во снабдувањето со енергија, склучени договори, складишта за течен природен гас и дупчење и истражувачки активности во Црното Море и Источен Медитеран.
Вечерва ќе разговарам со господинот Путин и ќе имаме можност да разговараме за прашањето за Украина, рече Ердоган.
Тој се осврна и на борбата со каматите.
Мојата најголема борба е со каматите, мојот најголем непријател се каматите. Повторно ја намаливме каматната стапка на 12. Ова не е доволно, мора да се намали уште повеќе, рече Ердоган и додаде: Се бориме против инфлацијата, верувам дека инфлацијата ќе се намалува со ниски камати по Нова година и јас го бранам таквиот пристап.

The post Ердоган: Вечерва ќе разговарам со Путин за Украина appeared first on Република.

]]>