пукање во белград Archives - Република https://republika.mk/tema/pukane-vo-belgrad/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Jun 2023 10:14:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пукање во белград Archives - Република https://republika.mk/tema/pukane-vo-belgrad/ 32 32 Необичниот речник на Коста: Неговите зборови не доликуваат на 13-годишно дете https://republika.mk/vesti/balkan/neobichniot-rechnik-na-kosta-negovite-zborovi-ne-dolikuvaat-na-13-godishno-dete/ Sun, 25 Jun 2023 18:21:06 +0000 https://republika.mk/?p=655019

Момчето кое на 3 мај уби девет свои врсници и чувар во разговор со експерти користи чудни фрази кои не доликуваат на неговата возраст.

„Малолетниот масовен убиец се наоѓа во психијатриска клиника во Белград, каде е под надзор на лекари, но и полиција, која ја обезбедува клиниката. Во разговорот со вештаците тој изговара зборови кои се чудни за едно момче. На пример не вели апсење туку лишување од слобода и наместо да убие вели „елиминирајте ја жртвата“ кога зборува за оружје ги користи зборовите калибар, ги знае скоро сите марки пиштоли и пушки и каков калибар се, која муниција со кое огнено оружје оди – објасни извор запознаен со случајот и додаде:

Исто така, тој вели дека „разоружил“, а не „го спуштив пиштолот“ или „го оставив пиштолот“, што би било соодветно за дете, па дури и за непрофесионалец. Наместо да каже „Пукав“, тој вели „Отворив оган“. Тоа е сосема нетипично за дете.

Според изворот, кога слушнал дека неговиот татко е уапсен, момчето рекло „се надева дека ќе го третираат добро“.

The post Необичниот речник на Коста: Неговите зборови не доликуваат на 13-годишно дете appeared first on Република.

]]>

Момчето кое на 3 мај уби девет свои врсници и чувар во разговор со експерти користи чудни фрази кои не доликуваат на неговата возраст.
„Малолетниот масовен убиец се наоѓа во психијатриска клиника во Белград, каде е под надзор на лекари, но и полиција, која ја обезбедува клиниката. Во разговорот со вештаците тој изговара зборови кои се чудни за едно момче. На пример не вели апсење туку лишување од слобода и наместо да убие вели „елиминирајте ја жртвата“ кога зборува за оружје ги користи зборовите калибар, ги знае скоро сите марки пиштоли и пушки и каков калибар се, која муниција со кое огнено оружје оди – објасни извор запознаен со случајот и додаде:
Исто така, тој вели дека „разоружил“, а не „го спуштив пиштолот“ или „го оставив пиштолот“, што би било соодветно за дете, па дури и за непрофесионалец. Наместо да каже „Пукав“, тој вели „Отворив оган“. Тоа е сосема нетипично за дете. Според изворот, кога слушнал дека неговиот татко е уапсен, момчето рекло „се надева дека ќе го третираат добро“.

The post Необичниот речник на Коста: Неговите зборови не доликуваат на 13-годишно дете appeared first on Република.

]]>
Фатени на ГП „Прохор Пчињски“: Мајката и сестрата на Коста сакале да пребегнат во Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/fateni-na-gp-prohor-pchinski-majkata-i-sestrata-na-kosta-sakale-da-prebegnat-vo-makedonija/ Sat, 24 Jun 2023 20:36:35 +0000 https://republika.mk/?p=654817

Мајката и сестрата на 13-годишниот Коста Кецмановиќ, кој минатиот месец уби 9 соученици и чувар во ОУ „Владимир Рибникар“ во Белград, се обиделе да ја напуштат Србија, но се запрени на граничниот премин „Прохор Пчињски“ на пат кон Македонија, јавуваат српските медиуми. Засега не е познато која била крајната дестинација, Македонија или пак Грција.

https://republika.mk/vesti/balkan/tatkoto-so-godini-ja-predupreduval-soprugata-deka-so-deteto-neshto-ne-e-vo-red-majkata-go-ignorirala-problemot/

Милјана е запрена бидејќи е под истрага. Органите имаат сомненија дека го запоставила и го малтретирала момчето убиец пред да го изврши делото. Доколку се докаже дека го сторила ова кривично дело, и се заканува затворска казна до три години.

The post Фатени на ГП „Прохор Пчињски“: Мајката и сестрата на Коста сакале да пребегнат во Македонија appeared first on Република.

]]>

Мајката и сестрата на 13-годишниот Коста Кецмановиќ, кој минатиот месец уби 9 соученици и чувар во ОУ „Владимир Рибникар“ во Белград, се обиделе да ја напуштат Србија, но се запрени на граничниот премин „Прохор Пчињски“ на пат кон Македонија, јавуваат српските медиуми. Засега не е познато која била крајната дестинација, Македонија или пак Грција. https://republika.mk/vesti/balkan/tatkoto-so-godini-ja-predupreduval-soprugata-deka-so-deteto-neshto-ne-e-vo-red-majkata-go-ignorirala-problemot/ Милјана е запрена бидејќи е под истрага. Органите имаат сомненија дека го запоставила и го малтретирала момчето убиец пред да го изврши делото. Доколку се докаже дека го сторила ова кривично дело, и се заканува затворска казна до три години.  

The post Фатени на ГП „Прохор Пчињски“: Мајката и сестрата на Коста сакале да пребегнат во Македонија appeared first on Република.

]]>
Инспекцијата предложи разрешување на директорката на училиштето „Владислав Рибникар“ https://republika.mk/vesti/balkan/inspektsijata-predlozhi-razreshuvane-na-direktorkata-na-uchilishteto-vladislav-ribnikar/ Mon, 29 May 2023 16:22:24 +0000 https://republika.mk/?p=645842

Српската просветна инспекција предложи да се разреши директорката на белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, Снежана Кнежевиќ и управниот орган на таа институција каде на почетокот на мај ученик уби девет ученици и чувар.

Инспекцијата предложила да се именува привремен орган на управување и да се именува в.д директор, соопшти денеска Министерството за образование на Србија.

Во извештајот дополнително се наредува спроведување на дисциплинска постапка против педагогот, психологот и секретарот на училиштето, кои ќе бидат суспендирани до завршување на наведената постапка, пренесе Бета.

The post Инспекцијата предложи разрешување на директорката на училиштето „Владислав Рибникар“ appeared first on Република.

]]>

Српската просветна инспекција предложи да се разреши директорката на белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, Снежана Кнежевиќ и управниот орган на таа институција каде на почетокот на мај ученик уби девет ученици и чувар. Инспекцијата предложила да се именува привремен орган на управување и да се именува в.д директор, соопшти денеска Министерството за образование на Србија. Во извештајот дополнително се наредува спроведување на дисциплинска постапка против педагогот, психологот и секретарот на училиштето, кои ќе бидат суспендирани до завршување на наведената постапка, пренесе Бета.

The post Инспекцијата предложи разрешување на директорката на училиштето „Владислав Рибникар“ appeared first on Република.

]]>
Лекувањето на повреденото момче ќе продолжи во Чикаго, откриена каква е состојбата на повредените од Младеновац https://republika.mk/vesti/balkan/lekuvaneto-na-povredenoto-momche-ke-prodolzhi-vo-chikago-otkriena-kakva-e-sostojbata-na-povredenite-od-mladenovats/ Thu, 25 May 2023 09:10:53 +0000 https://republika.mk/?p=644466

Момчето кое при пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ се здоби со тешки повреди на 'рбетот најверојатно ќе продолжи со лекување во Чикаго, а трошоците ќе ги покрие државата, откри државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, д-р Мирсад Ѓерлек.

На Институтот за мајка и дете има пациент кој има сериозни компликации поради повредата на цервикалниот 'рбет и најверојатно ќе го продолжи лекувањето во Чикаго. Ја подготвуваме документацијата и државата ќе ги сноси сите трошоци, рече тој.

Во гостувањето на РТС, д-р Ѓерлек кажа дека покрај момчетп, уште 10 повредени лица од пукањата во училиштето и во околината на Младеновац сè уште се на болничко лекување.

Како што појаснува, сите пациенти имале политрауми и морале да им дадат приоритет на грижата. Во КБЦ Земун има пациент со ортопедски проблеми, додека деветмина повредени се во Ургентниот центар. Сите се стабилни и надвор од животна опасност.

Во најтешка состојба е пациент (26) на кој му е изваден бубрег, а се очекува и интервенција на крвните садови, потоа пациент (51) со повреда на градниот кош кој го чека ортопедска операција. На 18-годишната девојка, која се здоби со две прострелни рани ѝ бил отстранет бубрегот, повреден е и црниот дроб и оперирано ѝ е дебелото црево.

Ја очекуваат уште операции за да биде подготвена да си оди дома, откри тој.

Посочува дека ќе треба долго време за да закрепнат сите пациенти, ќе следи рехабилитација, но и дека ќе им биде потребна психосоцијална поддршка.

The post Лекувањето на повреденото момче ќе продолжи во Чикаго, откриена каква е состојбата на повредените од Младеновац appeared first on Република.

]]>

Момчето кое при пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ се здоби со тешки повреди на 'рбетот најверојатно ќе продолжи со лекување во Чикаго, а трошоците ќе ги покрие државата, откри државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, д-р Мирсад Ѓерлек.
На Институтот за мајка и дете има пациент кој има сериозни компликации поради повредата на цервикалниот 'рбет и најверојатно ќе го продолжи лекувањето во Чикаго. Ја подготвуваме документацијата и државата ќе ги сноси сите трошоци, рече тој.
Во гостувањето на РТС, д-р Ѓерлек кажа дека покрај момчетп, уште 10 повредени лица од пукањата во училиштето и во околината на Младеновац сè уште се на болничко лекување. Како што појаснува, сите пациенти имале политрауми и морале да им дадат приоритет на грижата. Во КБЦ Земун има пациент со ортопедски проблеми, додека деветмина повредени се во Ургентниот центар. Сите се стабилни и надвор од животна опасност. Во најтешка состојба е пациент (26) на кој му е изваден бубрег, а се очекува и интервенција на крвните садови, потоа пациент (51) со повреда на градниот кош кој го чека ортопедска операција. На 18-годишната девојка, која се здоби со две прострелни рани ѝ бил отстранет бубрегот, повреден е и црниот дроб и оперирано ѝ е дебелото црево.
Ја очекуваат уште операции за да биде подготвена да си оди дома, откри тој.
Посочува дека ќе треба долго време за да закрепнат сите пациенти, ќе следи рехабилитација, но и дека ќе им биде потребна психосоцијална поддршка.

The post Лекувањето на повреденото момче ќе продолжи во Чикаго, откриена каква е состојбата на повредените од Младеновац appeared first on Република.

]]>
Може да ја движи само едната рака: Најтешко ранетото момче сè уште во тешка состојба 19 дена по пукањето https://republika.mk/vesti/balkan/mozhe-da-ja-dvizhi-samo-ednata-raka-najteshko-ranetoto-momche-se-ushte-vo-teshka-sostojba-19-dena-po-pukaneto/ Mon, 22 May 2023 17:23:44 +0000 https://republika.mk/?p=643711

19 дена по масакрот, момчето кое беше рането во пукотниците во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар сè уште е во тешка состојба, а во текот на претходната недела беше пренесено во Институтот за мајки и деца. Тој има сериозни повреди на градниот кош, вратот и два рбетни пршлени.

Сè уште е во тешка состојба, може да ја движи едната рака, другата не. Не може да ги движи ни двете нозе. Откако беше ранет помина извесно време на респирато бидејќи повредена му е лезија во близина на продолжениот мозок, вели соговорник за порталот „Нова“.

The post Може да ја движи само едната рака: Најтешко ранетото момче сè уште во тешка состојба 19 дена по пукањето appeared first on Република.

Како ќе одговара детето-убиец? Експертите тврдат: Потребни се сериозни испитувања, но државата има можност да го казни https://republika.mk/vesti/balkan/kako-ke-odgovara-deteto-ubiets-ekspertite-tvrdat-potrebni-se-seriozni-ispituvana-no-drzhavata-ima-mozhnost-da-go-kazni/ Sun, 21 May 2023 19:22:12 +0000 https://republika.mk/?p=643363

По масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и најавата на надлежните дека сторителот не може кривично да одговара поради неговата возраст, јавноста во Србија, но и во регионот, се прашува дали тој ќе биде на слобода и дали државата има алатки да го казни на било кој начин.

Експертите велат дека има, но дека процесот е долг, комплициран и бара сериозен лекарски преглед. Велат дека државата сигурно нема да дозволи сторителот да го повтори делото.

Еден возрасен и девет деца во ОУ „Владислав Рибникар“ беа убиени - фактички и законски гледано, од дете. Затоа тоа 13-годишно дете не одговара кривично за делото. Не му се заканува затвор, па дури ни казнено-поправен дом.

На лице кое во моментот на извршување на незаконито дело, дефинирано во законот како кривично дело, не наполнило 14 години, не може да му се изречат кривични санкции или да применува други мерки предвидени со овој закон, наведуваат прописите.

Поради тоа, јавноста и родителите на учениците на „Рибникар“ се прашуваат дали тоа значи дека тој ќе биде слободен. Меѓу другото, од државата бараат стручно објаснување што ќе биде со момчето, бидејќи децата стравуваат дека тој ќе биде ослободен. За тоа што понатаму ќе се случува, за српски „Курир“ објаснува невропсихијатарката Славица Ѓукиќ Дејановиќ, која била вештак во претходните случаи на малолетнички убиства.

Експерти, пред се детски психијатри, психолози, работат на испитување на структурата на неговата личност, неговите психолошки својства и ова е процедура која секако ќе трае со недели, можеби и со месеци“, вели Ѓукиќ Дејановиќ.

Како што појаснува таа, во случај некој да не одговара кривично и да стори дела поради ментална болест, тогаш мора да се изрече лекарска мерка задолжително лекување.

Тој третман може да биде и во затворена институција, а вообичаено е барем некое време да биде така“, додава поранешната претседателка на српското Собрание.

Со какви инструменти располага државата?

Ниту медицинската, ниту судската пракса во Србија досега не се сретнале со ваков случај. Учејќи за тоа од искуствата на другите земји, тие уверуваат дека и Србија има инструменти за санкционирање. Адвокатот Бранислав Станишиќ наведува дека Законот за заштита на лицата со ментални нарушувања ја вклучува можноста лицето да биде задржано, хоспитализирано на третман од затворен тип во психијатриска установа, со број на години не подолг од 18 години.

Тој закон може да се примени и за децата со потпис на детски психијатар. Еден од начините на кој тие можат да бидат задржани во затворена установа без одобрение од нивниот старател или законски застапник е да се процени дека се опасни по себе, својот живот или животот на другите“, вели Станишиќ.

Славица Ѓукиќ Дејановиќ забележува дека државните инструменти постојат, дека се проценува интересот и безбедноста на луѓето, децата кои би можеле да бидат жртви доколку ризикот е поврзан со однесувањето на малолетно лице.

Не е само ризикот што би можел тој да направи и дали тоа би биле дејствија што веќе ги направил или уште посериозни, туку и каков ризик носи сторителот на кривичното дело како личност со карактеристиките што ги има и дејствија што ги направил во однос на другите“, забележува Ѓукиќ Дејановиќ.

The post Како ќе одговара детето-убиец? Експертите тврдат: Потребни се сериозни испитувања, но државата има можност да го казни appeared first on Република.

]]>

По масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и најавата на надлежните дека сторителот не може кривично да одговара поради неговата возраст, јавноста во Србија, но и во регионот, се прашува дали тој ќе биде на слобода и дали државата има алатки да го казни на било кој начин. Експертите велат дека има, но дека процесот е долг, комплициран и бара сериозен лекарски преглед. Велат дека државата сигурно нема да дозволи сторителот да го повтори делото. Еден возрасен и девет деца во ОУ „Владислав Рибникар“ беа убиени - фактички и законски гледано, од дете. Затоа тоа 13-годишно дете не одговара кривично за делото. Не му се заканува затвор, па дури ни казнено-поправен дом.
На лице кое во моментот на извршување на незаконито дело, дефинирано во законот како кривично дело, не наполнило 14 години, не може да му се изречат кривични санкции или да применува други мерки предвидени со овој закон, наведуваат прописите.
Поради тоа, јавноста и родителите на учениците на „Рибникар“ се прашуваат дали тоа значи дека тој ќе биде слободен. Меѓу другото, од државата бараат стручно објаснување што ќе биде со момчето, бидејќи децата стравуваат дека тој ќе биде ослободен. За тоа што понатаму ќе се случува, за српски „Курир“ објаснува невропсихијатарката Славица Ѓукиќ Дејановиќ, која била вештак во претходните случаи на малолетнички убиства.
Експерти, пред се детски психијатри, психолози, работат на испитување на структурата на неговата личност, неговите психолошки својства и ова е процедура која секако ќе трае со недели, можеби и со месеци“, вели Ѓукиќ Дејановиќ.
Како што појаснува таа, во случај некој да не одговара кривично и да стори дела поради ментална болест, тогаш мора да се изрече лекарска мерка задолжително лекување.
Тој третман може да биде и во затворена институција, а вообичаено е барем некое време да биде така“, додава поранешната претседателка на српското Собрание.

Со какви инструменти располага државата?

Ниту медицинската, ниту судската пракса во Србија досега не се сретнале со ваков случај. Учејќи за тоа од искуствата на другите земји, тие уверуваат дека и Србија има инструменти за санкционирање. Адвокатот Бранислав Станишиќ наведува дека Законот за заштита на лицата со ментални нарушувања ја вклучува можноста лицето да биде задржано, хоспитализирано на третман од затворен тип во психијатриска установа, со број на години не подолг од 18 години.
Тој закон може да се примени и за децата со потпис на детски психијатар. Еден од начините на кој тие можат да бидат задржани во затворена установа без одобрение од нивниот старател или законски застапник е да се процени дека се опасни по себе, својот живот или животот на другите“, вели Станишиќ.
Славица Ѓукиќ Дејановиќ забележува дека државните инструменти постојат, дека се проценува интересот и безбедноста на луѓето, децата кои би можеле да бидат жртви доколку ризикот е поврзан со однесувањето на малолетно лице.
Не е само ризикот што би можел тој да направи и дали тоа би биле дејствија што веќе ги направил или уште посериозни, туку и каков ризик носи сторителот на кривичното дело како личност со карактеристиките што ги има и дејствија што ги направил во однос на другите“, забележува Ѓукиќ Дејановиќ.

The post Како ќе одговара детето-убиец? Експертите тврдат: Потребни се сериозни испитувања, но државата има можност да го казни appeared first on Република.

]]>
Ранетото девојче им подлегна на повредите по 12 дена борба https://republika.mk/vesti/balkan/ranetoto-devojche-im-podlegna-na-povredite-po-12-dena-borba/ Mon, 15 May 2023 10:54:56 +0000 https://republika.mk/?p=640958

Девојчето А.А кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, почина по 12 дена борба за живот.

Таа е 10-та жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишикот на 3 мај во ова училиште, кое уби девет ученици и еден чувар.

И покрај натчовечките напори на лекарите, девојчето им подлегнало на тешките повреди на главата, пренесуваат српските медиуми.

Веста ја потврди и Министерството за здравство на Србија.

Пациентот кој се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со тешки повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“, почина утрово и покрај итната хируршка интервенција и сите мерки на интензивно лекување. Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејството на повреденото девојче, се вели во соопштението.

The post Ранетото девојче им подлегна на повредите по 12 дена борба appeared first on Република.

]]>

Девојчето А.А кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, почина по 12 дена борба за живот. Таа е 10-та жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишикот на 3 мај во ова училиште, кое уби девет ученици и еден чувар. И покрај натчовечките напори на лекарите, девојчето им подлегнало на тешките повреди на главата, пренесуваат српските медиуми. Веста ја потврди и Министерството за здравство на Србија.
Пациентот кој се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со тешки повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“, почина утрово и покрај итната хируршка интервенција и сите мерки на интензивно лекување. Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејството на повреденото девојче, се вели во соопштението.

The post Ранетото девојче им подлегна на повредите по 12 дена борба appeared first on Република.

]]>
Дачиќ: Ја почитувам оставката на Ружиќ, но не ја поддржувам оставката на остатокот од владата https://republika.mk/vesti/balkan/dachik-ja-pochituvam-ostavkata-na-ruzhik-no-ne-ja-poddrzhuvam-ostavkata-na-ostatokot-od-vladata/ Tue, 09 May 2023 12:22:12 +0000 https://republika.mk/?p=638838

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека постои закана од политизација на масовните убиства во Србија, дека ја почитува оставката на министерот за образование Бранко Ружиќ, но не и дека ја поддржува оставката на остатокот од владата, јави дописникот на МИА од Белград.

- Јас сум последниот човек на светот што треба тоа да го прашате, никогаш не сум за оставка, секогаш сум за борба, рече Дачиќ на прес-конференција.

На новинарско прашање зошто не отишол пред ОУ „Владислав Рибникар“ каде што се случи масовното убиство, како ниту претседателот Александар Вучиќ, ниту премиерката Ана Брнабиќ, Дачиќ одговори дека во МНР е отворена книга на жалост и дека тој прв се запишал.

- Ова се монструозни злосторства. Јас сум постар човек, па се сеќавам на другите, бев и во политиката во тоа време и кога имаше криминал во Јабуковац, Иванча. Единствено што се плашам е дека оваа ситуација ќе се политизира, дека врз основа на оваа трагедија се размислува за политички ефекти, рече тој.

Дачиќ додаде дека не ја гледа индивидуалната одговорност на Ружиќ, што тој „придонел или згрешил“, туку дека ја почитува неговата одлука, поради објективна одговорност.

The post Дачиќ: Ја почитувам оставката на Ружиќ, но не ја поддржувам оставката на остатокот од владата appeared first on Република.

Коста пред нападот го гуглал Кривичниот законик, знаел дека не може кривично да биде гонет https://republika.mk/vesti/balkan/kosta-pred-napadot-go-guglal-krivichniot-zakonik-znael-deka-ne-mozhe-krivichno-da-bide-gonet/ Mon, 08 May 2023 16:17:32 +0000 https://republika.mk/?p=638486

Тринаесетгодишниот Коста К. не само што детално го испланирал крвавиот пир во неговото училиште, туку и планирал како да ја избегне затворската казна. Тоа го покажал прегледот на неговиот телефон, пренесува „Блиц“ повикувајќи се на извор запознаен со случајот.

Според нивните информации, тој го планирал масовното убиство веќе еден месец, а од анализата на неговиот телефон е откриено дека свесно го извршил баш тогаш бидејќи непосредно пред делото го пребарувал Кривичниот законик на Србија на интернет, со цел да се истражи дали децата можат кривично да одговараат.

Врз основа на неговите пребарувања, констатирано е дека нападот во училиштето го организирал сега бидејќи знаел дека до 14-тиот роденден му преостануваат нешто повеќе од 2 месеци и дека има уште толку време од кривичната одговорност доколку стори кривично дело, вели изворот на „Блиц“.

Утврдено е и дека гледал филм за масакр во училиште во Америка ноќта пред масовното убиство. Злосторстово го извршил неколку часа подоцна.

The post Коста пред нападот го гуглал Кривичниот законик, знаел дека не може кривично да биде гонет appeared first on Република.

]]>

Тринаесетгодишниот Коста К. не само што детално го испланирал крвавиот пир во неговото училиште, туку и планирал како да ја избегне затворската казна. Тоа го покажал прегледот на неговиот телефон, пренесува „Блиц“ повикувајќи се на извор запознаен со случајот. Според нивните информации, тој го планирал масовното убиство веќе еден месец, а од анализата на неговиот телефон е откриено дека свесно го извршил баш тогаш бидејќи непосредно пред делото го пребарувал Кривичниот законик на Србија на интернет, со цел да се истражи дали децата можат кривично да одговараат.
Врз основа на неговите пребарувања, констатирано е дека нападот во училиштето го организирал сега бидејќи знаел дека до 14-тиот роденден му преостануваат нешто повеќе од 2 месеци и дека има уште толку време од кривичната одговорност доколку стори кривично дело, вели изворот на „Блиц“.
Утврдено е и дека гледал филм за масакр во училиште во Америка ноќта пред масовното убиство. Злосторстово го извршил неколку часа подоцна.

The post Коста пред нападот го гуглал Кривичниот законик, знаел дека не може кривично да биде гонет appeared first on Република.

]]>
Јовески: Трагедиите со кои се соочува српското општество се аларм и за нас како орган на кривичниот прогон https://republika.mk/vesti/makedonija/joveski-tragediite-so-koi-se-soochuva-srpskoto-opshtestvo-se-alarm-i-za-nas-kako-organ-na-krivichniot-progon-2/ Mon, 08 May 2023 10:41:39 +0000 https://republika.mk/?p=638314

Трагедиите со кои се соочува српското општество се аларм и за нас како орган на кривичниот прогон и нѐ принудуваат како институции да се мобилизираме за што поефикасна контрола на оружјето и во нашата земја, смета јавниот обвинител Љубомир Јовески, кој денеска упати порака до јавните обвинители да делуваат за зајакнување на казнената политика за недозволено држење оружје и муниција.

Барам од сите јавни обвинители во државава, при постапувањето, да инсистираат на построги кривични санкции за кривичното дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Заострувањето на казнената политика мора да се одразува во постапувањето најпрвин на основните јавни обвинителства, кои треба да внимаваат висината на санкцијата за вакви кривични дела да се движи во рамките на законски определниот распон без можност за алтернативна мерка. Покрај ова, вишите јавни обвинителства, во случаите на определена блага санкција со првостепените пресуди, мора да се обидуваат преку постапките во втор степен да издејствуваат повисоки казни, стои во пораката на Јовески до јавните обвинители.

Ако се имаат предвид огромните штетни последици коишто можат да бидат предизвикани од недозволеното држење на оружје, вели Јовески, за сторителите на ваквите кривични дела не треба да има ублажување на санкциите.

Оружјето е средство за извршување и на многу други кривични дела и неговата употреба надвор од законските рамки не смее да се толерира, порачува Јовески.

Трендот на намалување на возрасната граница на сторители на тешки кривични дела, како што посочува, се забележуваме и во постапувањето во нашата земја. Тоа, како што вели, е нешто што загрижува и за што во најскоро време треба да бидат преземени конкретни превентивни активности од сите надлежни институции.

Јовески изрази подготвеност Јавното обвинителство активно да се вклучи со свој придонес во секоја евентуално иницирана јавна расправа со цел измена на законските одредби во таа насока.

The post Јовески: Трагедиите со кои се соочува српското општество се аларм и за нас како орган на кривичниот прогон appeared first on Република.

]]>

Трагедиите со кои се соочува српското општество се аларм и за нас како орган на кривичниот прогон и нѐ принудуваат како институции да се мобилизираме за што поефикасна контрола на оружјето и во нашата земја, смета јавниот обвинител Љубомир Јовески, кој денеска упати порака до јавните обвинители да делуваат за зајакнување на казнената политика за недозволено држење оружје и муниција.
Барам од сите јавни обвинители во државава, при постапувањето, да инсистираат на построги кривични санкции за кривичното дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Заострувањето на казнената политика мора да се одразува во постапувањето најпрвин на основните јавни обвинителства, кои треба да внимаваат висината на санкцијата за вакви кривични дела да се движи во рамките на законски определниот распон без можност за алтернативна мерка. Покрај ова, вишите јавни обвинителства, во случаите на определена блага санкција со првостепените пресуди, мора да се обидуваат преку постапките во втор степен да издејствуваат повисоки казни, стои во пораката на Јовески до јавните обвинители.
Ако се имаат предвид огромните штетни последици коишто можат да бидат предизвикани од недозволеното држење на оружје, вели Јовески, за сторителите на ваквите кривични дела не треба да има ублажување на санкциите.
Оружјето е средство за извршување и на многу други кривични дела и неговата употреба надвор од законските рамки не смее да се толерира, порачува Јовески.
Трендот на намалување на возрасната граница на сторители на тешки кривични дела, како што посочува, се забележуваме и во постапувањето во нашата земја. Тоа, како што вели, е нешто што загрижува и за што во најскоро време треба да бидат преземени конкретни превентивни активности од сите надлежни институции. Јовески изрази подготвеност Јавното обвинителство активно да се вклучи со свој придонес во секоја евентуално иницирана јавна расправа со цел измена на законските одредби во таа насока.

The post Јовески: Трагедиите со кои се соочува српското општество се аларм и за нас како орган на кривичниот прогон appeared first on Република.

]]>
„Коста, те чекаме“, погрдни зборови изрежани на вратата на домот на Кецмановиќ https://republika.mk/vesti/balkan/kosta-te-chekame-pogrdni-zborovi-izrezhani-na-vratata-na-domot-na-ketsmanovik/ Mon, 08 May 2023 10:04:40 +0000 https://republika.mk/?p=638284

На вратата од станот на семејството на Коста (13), кој го извршил масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, бил издлабен натпис со скалпел: „Те чекаме!“ со погрдни имиња.

Според жителите на зградата, тие се убедени дека се работи за деца бидејќи, како што велат, често слушаат звуци пред тој стан, иако таму нема никој.

Се дознава дека закани се упатени и на адресата на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци каде е сместено момчето, па тие морале да го зголемат обезбедувањето.

The post „Коста, те чекаме“, погрдни зборови изрежани на вратата на домот на Кецмановиќ appeared first on Република.

]]>

На вратата од станот на семејството на Коста (13), кој го извршил масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, бил издлабен натпис со скалпел: „Те чекаме!“ со погрдни имиња. Според жителите на зградата, тие се убедени дека се работи за деца бидејќи, како што велат, често слушаат звуци пред тој стан, иако таму нема никој. Се дознава дека закани се упатени и на адресата на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци каде е сместено момчето, па тие морале да го зголемат обезбедувањето.

The post „Коста, те чекаме“, погрдни зборови изрежани на вратата на домот на Кецмановиќ appeared first on Република.

]]>
Лудилото не чека ред за влез на „Табановце“ https://republika.mk/kolumni/ludiloto-ne-cheka-red-za-vlez-na-tabanovtse/ Mon, 08 May 2023 08:02:32 +0000 https://republika.mk/?p=638208

Васко Шутаров

Уште недоброени беа жртвите и уништените домови во крвавите југословенски војни, помеѓу дотогаш братските републики и покраини, кога почнаа здушно да се креваат илјадници раце во ист балкански ритам, понесен од тогашните најпознати балкански силиконски гради: „Кога би бил ранет и крв би ти дала - и пред врата би ти спиела ко пес!“, се умножуваа илјадници копии од телевизиското ток шоу „Пулсот на асфалтот“, каде под светлата на сцената инстантно се коваа во ѕвезди дотогаш мрачните ликови од асфалтот и подземјето, се умножуваа илјадници и илјадници видеокопии од филмот „Рани“ во кој малолетните Пинки и Шваба влегуваа во светот на подземјето и криминалот, мечтаејќи еден ден да заслужат да станат ѕвезди во популарното шоу посветенона славните криминалци!

Така, во нашето најнепосредно соседство, се раѓаше едно ново и заразно Пинк - време, во кое забавно стана сѐ она што во нормални времиња и нормални држави би опстојувало само по маргините на општеството, како повеќе жално и трагично, отколку забавно! Стана најважно по секоја цена да бидеш моќен, да бидеш славен, да бидеш богат, да бидеш набилдан со стероиди, да заведуваш со силикони! И кому треба да му е гајле што еден потполно наопаку свртен систем од дотогашни вредности, така масовно и толку лесно се препушти на емотивното турбо - фолк лудило, емотивното брутално од култните филмови и серии, до доминантното емотивно ништожно, за кое денес, ама баш на никој не му е гајле?! А ниту лудилото, ниту суровото и бруталното, а уште помалку ништожното, знаат за граници!

Во срцето на Белград, сред разгорот на најсуровите војни, меѓу дотогаш братските држави и народи, во едно и дотогаш елитно основно училиште, својот директорски мандат го започнува проф. Весна Фила, сопруга на прочуениот белградски адвокат. Токму во тоа време, тоа училиште станува познато како проевропско и уште толку станува престижно: наставата е билингвална, се одвива на француски и на српски јазик; се воведува настава и на италијански јазик; почнуваат нови педагошки пракси за воведување ученички дебати по примерите на Оксфорд и Кембриџ; учениците се учат да мислат со своја глава; да умеат да се изразуваат; да освојуваат слободи; да бидат информирани и да умеат да дебатираат. Тоа училиште станува уште толку престижно, бидејќи за секое понатамошното школување, вработување и стекнување општествен статус значи најсилна можна препорака. Денес, стотици познати дипломати, министри, лекари, научници, уметници, со гордост сѐ уште нагласуваат дека се поранешни „рибникарци“.

Деновиве и почесто отколку вообичаено, на телефонска линија сум со мои добри пријатели од Белград, за чии деца знам дека беа ученици во најелитното белградско основно училиште „Владислав Рибникар“. Горди се дека израснаа добри, надарени и одговорни деца! Ова белградско училиште, деновиве ги наполни главните вести на сите светски медиуми и, за жал, стана познато по нешто сосем друго - по најгрозоморното масовно убиство воопшто извршено од малолетно момче. Од пријателите, го разбирам она што би требало да претставува една од најважните алки во грозоморниов синџир на монструозно насилство, дека долгогодишниот чувар на училиштето Драган, кој бил прва мета на малото момче - монструм, немал сопствени деца, бил вистинска инкарнација на добар и на грижлив човек, ги знаел сите поранешни и сегашни ученици по име и така ги ословувал. И станал прва жртва на крвавава пресметка помеѓу доброто и злото!

Запалениот аларм, дека рафално испуканите куршуми од дете, се пораки кои најургентно треба да се најдат на политичкиот и општествен дневен ред, отворија бројни дебати на српските и на сите телевизии во соседството. Среќа е, во целава несреќа, што по долго време и умни глави се јавно прашани зошто дојде до овие масакри за само три дена, а чии извршители се толку млади луѓе?! Во една вистинска рашомонијада од секакви толкувања, анализи и согледувања, тешко е дури и од најголемите авторитети од науката да се разбере севкупниот причинско - последичен контекст за крвавите настани - најголемиот дел од нив просто се уморија од силните укажувања и предупредувања, но најмногу се уморија од уште посилните игнорирања и неуважувања, да биде барем слушнат гласот на умните и учените. Бидејќи сиве овие години, поважно беше да се чујат: силиконските старлети, проблематичните момци набилдани со стероиди, рeалити ѕвездите и инфлуенсерите од секакво потекло и вид!

Од хрватските медиуми разбираме дека целото сплитско подземје последниве две децении било креирано преку идентификување и имитирање на идолите од српскиот филм „Ране“?! Разбираме, дека во Хрватска уште од време на војните, илјадници парчиња секакво оружје се чуваат во фијоки, остави, гаражи, оружје чуваат поранешни бранители, работници, земјоделци, но и академски граѓани, универзитетски професори, лекари, оружје држат ловџии, но најмногу оние склони кон фетишот да погалат пократка или подолга студена цевка, како замена за некои свои скриени пориви и прикриени агресии. Скоро во 20% од хрватските семејства има легално пријавено оружје, а колкав е вистинскиот број на непријавеното илегално оружје, само Бог знае?!

Политичарите од Србија и регионот, изгледа дека вистински и не ги разбраа пораките од огнените рафали испалени од двете млади лица?! Да, факт е дека масовното убиство не се случи во некои крајни градски четврти каде сиромашни деца на работници, стечајци или земјоделци ќе изгубат контрола и ќе го излеат насобраниот гнев преку некаква препознатлива манифестација на незадоволство, својствена за нивната возраст. Монструозниве ужаси се случуваат меѓу кремот на кремовите, меѓу кајмакот од сите благодети и поволности што балканскиве елити можат да си ги дозволат! Тоа се општествени милјеа, на ситите и од сѐ заситени конзумери, од најмладо до најголемо!

Но, затоа еден млад и талентиран истражувач, кој имал и наставничка пракса во елитното школо „Рибникар“ и ја прoучувал новата иновативна педагогија на која така помодарски лесно се лепат новите балкански квази - елити, суштинскиот проблем го гледа во отсуството на вистинска домашна грижа и воспитание на децата, заради кое, уште дома се создаваат мали фараони, кои се задоволувани со сѐ што ќе посакаат, кои се добро информирани и се грижат само за своите права и слободи, но во тој свој нарцисоиден свет остануваат и потполно изгубени за секаков самостоен социјален живот, во кој треба да се препознаваат и преку правата и слободите како на другите врсници, така и на повозрасните, пред сѐ нивните наставници. Добар дел од тие генерации воспитувани со новиве педагошки методи, вели младиот магистранд, воопшто не се подготвени за вистински живот, бидејќи не се оспособени да истрпат ниту најмала неправда или ситница која не им е по волја! Ако кон ова се додаде и некритички преземеното од западниот свет на конзумеризмот  како културен образец, тогаш со комбинацијата од филмови на насилство, виртуелни игри со насилство од најмали нозе, промоција и идентификација со разноразни херои од општественото подземје, тик - ток инфлуенсерско перење на мозокот–станува лесно запалив молотов коктел?! Нормално, не е добра ниту една генерализација, па ниту оваа, но токму во ваквите социо - културолошки контексти најмалку допира гласот на разумот и грижата за авторитетот на: родителот, воспитувачот, учителот, професорот!

Политичарите од Србија и политичарите од регионот побрзаа да изразат загриженост, но ниту во овие моменти не препознаа одговорност околу најважната и најсуштинска грижа на секое општество кое претендира да биде здраво: на постојаната грижа за односот родител - дете; грижата за односот воспитувач - дете; грижата за односот учител, наставник и професор - дете! Каква е таа општествена и политичка грижа во која најчувствителните и најболните теми во едно општеството би се решавале само со контроли и забрани, најнапред на оружјето, па на употребата на мобилните телефони или содржините кои се споделуваат на интернет платформите, а сево ова во услови на сеопшта ерозија или тотален распад на институциите одговорни за грижата на семејството, грижата за младите родители и за младите од најмали нозе до застанување на здрави нозе, грижата за нивните негуватели,воспитувачи, учители, наставници! Овој наопаку завртен вредносен систем не е паднат од небо, колку и да глумат политичарите „богови, паднати на теме“! Лажните вредности, лажниот морал, лажните авторитети и модели за идентификација, лажните информации и креирањето лажна перцепција за реалноста, како и безидејноста и отсуството на визија за создавање вистинско општество на благогосостојба за сите,се (не)дело на политиката и власта! Таквиот систем некому совршено му одговара полесно да владее, таквиот систем некој внимателно го негува, а грижата да остане сѐ исто е токму најголемата грижа на актуелниве политички елити, подеднакво секаде во државиве од регионот.

Ништо чудно што во Македонија и по трагедијата, не се отвори ниту една сериозна дебата (со исклучок на една, до две!), за ужасиве од нашето најблиско опкружување! Да, ние сме длабоко забраздени во нашите сопствени економски и политички проблеми за кои немаме никакви решенија, но кој друг да разговара за болните теми кои мора, сега и овде, ако ние самите не ги отвориме?! Да се правиме и понатаму недоветни дека тоа нас не нѐ засега, или да нѐ засега повеќе каков пост напишала Јелена Карлеуша за масовниве убиства, или конечно да го чуеме гласот на нашата стручна фела од социолози, културолози, психолози, педагози, политиколози?!

А, проблемот е и наш! Наше е, да престанеме да го игнорираме фактот дека ништо помалку оружје не е складирано токму во домашните сефови, шкафови, остави, подруми и тавани! Наше е да не игнорираме сериозни научни истражувања дека 25 % од адолсцентите имаат развиено самоповредувачки мисли и дека дури 42 % од нив имаат умерени до тешки симптоми на анксиозност! Наше е да не се правиме дека не го регистрираме акумулираниот бес, евидентното меѓуврсничко насилство и отсуството на елементарна емпатија и солидарност кај сѐ поголем број деца и млади луѓе! Наше е да си признаеме дека генерациски се разминуваме, не се препознаваме и не ги разбираме вистинските потреби на новите млади генерации! Наше е да се позанимаваме најсериозно со аномалиите во вредносниот систем што им го оставаме во наследство, а кое продуцира општество на постојани аномии.Наше е да не го игнорираме отсуството на поддршка и грижа за воспитно - образовните установи, наше е најсериозно да се позанимаваме со непрестаната ерозија на здравствениот систем! Наше е да си ги зграпчиме и сопствените животи и севкупното општество и да се потрудиме конечно, сите заедно, да создадеме систем од сопствени, подобри, поздрави и потрајни вредности и идеи од овие што сега ги имаме - бидејќи тоа е сѐ што имаме!

И конечно, наше е, да не бидеме толку културолошки безрезервно податливи кон културните матрици од соседството и нивното влијание, кои почесто ниту се за поддржување, ниту се за следење!

Наше е, ама како да не е наше!

The post Лудилото не чека ред за влез на „Табановце“ appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Уште недоброени беа жртвите и уништените домови во крвавите југословенски војни, помеѓу дотогаш братските републики и покраини, кога почнаа здушно да се креваат илјадници раце во ист балкански ритам, понесен од тогашните најпознати балкански силиконски гради: „Кога би бил ранет и крв би ти дала - и пред врата би ти спиела ко пес!“, се умножуваа илјадници копии од телевизиското ток шоу „Пулсот на асфалтот“, каде под светлата на сцената инстантно се коваа во ѕвезди дотогаш мрачните ликови од асфалтот и подземјето, се умножуваа илјадници и илјадници видеокопии од филмот „Рани“ во кој малолетните Пинки и Шваба влегуваа во светот на подземјето и криминалот, мечтаејќи еден ден да заслужат да станат ѕвезди во популарното шоу посветенона славните криминалци! Така, во нашето најнепосредно соседство, се раѓаше едно ново и заразно Пинк - време, во кое забавно стана сѐ она што во нормални времиња и нормални држави би опстојувало само по маргините на општеството, како повеќе жално и трагично, отколку забавно! Стана најважно по секоја цена да бидеш моќен, да бидеш славен, да бидеш богат, да бидеш набилдан со стероиди, да заведуваш со силикони! И кому треба да му е гајле што еден потполно наопаку свртен систем од дотогашни вредности, така масовно и толку лесно се препушти на емотивното турбо - фолк лудило, емотивното брутално од култните филмови и серии, до доминантното емотивно ништожно, за кое денес, ама баш на никој не му е гајле?! А ниту лудилото, ниту суровото и бруталното, а уште помалку ништожното, знаат за граници! Во срцето на Белград, сред разгорот на најсуровите војни, меѓу дотогаш братските држави и народи, во едно и дотогаш елитно основно училиште, својот директорски мандат го започнува проф. Весна Фила, сопруга на прочуениот белградски адвокат. Токму во тоа време, тоа училиште станува познато како проевропско и уште толку станува престижно: наставата е билингвална, се одвива на француски и на српски јазик; се воведува настава и на италијански јазик; почнуваат нови педагошки пракси за воведување ученички дебати по примерите на Оксфорд и Кембриџ; учениците се учат да мислат со своја глава; да умеат да се изразуваат; да освојуваат слободи; да бидат информирани и да умеат да дебатираат. Тоа училиште станува уште толку престижно, бидејќи за секое понатамошното школување, вработување и стекнување општествен статус значи најсилна можна препорака. Денес, стотици познати дипломати, министри, лекари, научници, уметници, со гордост сѐ уште нагласуваат дека се поранешни „рибникарци“. Деновиве и почесто отколку вообичаено, на телефонска линија сум со мои добри пријатели од Белград, за чии деца знам дека беа ученици во најелитното белградско основно училиште „Владислав Рибникар“. Горди се дека израснаа добри, надарени и одговорни деца! Ова белградско училиште, деновиве ги наполни главните вести на сите светски медиуми и, за жал, стана познато по нешто сосем друго - по најгрозоморното масовно убиство воопшто извршено од малолетно момче. Од пријателите, го разбирам она што би требало да претставува една од најважните алки во грозоморниов синџир на монструозно насилство, дека долгогодишниот чувар на училиштето Драган, кој бил прва мета на малото момче - монструм, немал сопствени деца, бил вистинска инкарнација на добар и на грижлив човек, ги знаел сите поранешни и сегашни ученици по име и така ги ословувал. И станал прва жртва на крвавава пресметка помеѓу доброто и злото! Запалениот аларм, дека рафално испуканите куршуми од дете, се пораки кои најургентно треба да се најдат на политичкиот и општествен дневен ред, отворија бројни дебати на српските и на сите телевизии во соседството. Среќа е, во целава несреќа, што по долго време и умни глави се јавно прашани зошто дојде до овие масакри за само три дена, а чии извршители се толку млади луѓе?! Во една вистинска рашомонијада од секакви толкувања, анализи и согледувања, тешко е дури и од најголемите авторитети од науката да се разбере севкупниот причинско - последичен контекст за крвавите настани - најголемиот дел од нив просто се уморија од силните укажувања и предупредувања, но најмногу се уморија од уште посилните игнорирања и неуважувања, да биде барем слушнат гласот на умните и учените. Бидејќи сиве овие години, поважно беше да се чујат: силиконските старлети, проблематичните момци набилдани со стероиди, рeалити ѕвездите и инфлуенсерите од секакво потекло и вид! Од хрватските медиуми разбираме дека целото сплитско подземје последниве две децении било креирано преку идентификување и имитирање на идолите од српскиот филм „Ране“?! Разбираме, дека во Хрватска уште од време на војните, илјадници парчиња секакво оружје се чуваат во фијоки, остави, гаражи, оружје чуваат поранешни бранители, работници, земјоделци, но и академски граѓани, универзитетски професори, лекари, оружје држат ловџии, но најмногу оние склони кон фетишот да погалат пократка или подолга студена цевка, како замена за некои свои скриени пориви и прикриени агресии. Скоро во 20% од хрватските семејства има легално пријавено оружје, а колкав е вистинскиот број на непријавеното илегално оружје, само Бог знае?! Политичарите од Србија и регионот, изгледа дека вистински и не ги разбраа пораките од огнените рафали испалени од двете млади лица?! Да, факт е дека масовното убиство не се случи во некои крајни градски четврти каде сиромашни деца на работници, стечајци или земјоделци ќе изгубат контрола и ќе го излеат насобраниот гнев преку некаква препознатлива манифестација на незадоволство, својствена за нивната возраст. Монструозниве ужаси се случуваат меѓу кремот на кремовите, меѓу кајмакот од сите благодети и поволности што балканскиве елити можат да си ги дозволат! Тоа се општествени милјеа, на ситите и од сѐ заситени конзумери, од најмладо до најголемо! Но, затоа еден млад и талентиран истражувач, кој имал и наставничка пракса во елитното школо „Рибникар“ и ја прoучувал новата иновативна педагогија на која така помодарски лесно се лепат новите балкански квази - елити, суштинскиот проблем го гледа во отсуството на вистинска домашна грижа и воспитание на децата, заради кое, уште дома се создаваат мали фараони, кои се задоволувани со сѐ што ќе посакаат, кои се добро информирани и се грижат само за своите права и слободи, но во тој свој нарцисоиден свет остануваат и потполно изгубени за секаков самостоен социјален живот, во кој треба да се препознаваат и преку правата и слободите како на другите врсници, така и на повозрасните, пред сѐ нивните наставници. Добар дел од тие генерации воспитувани со новиве педагошки методи, вели младиот магистранд, воопшто не се подготвени за вистински живот, бидејќи не се оспособени да истрпат ниту најмала неправда или ситница која не им е по волја! Ако кон ова се додаде и некритички преземеното од западниот свет на конзумеризмот  како културен образец, тогаш со комбинацијата од филмови на насилство, виртуелни игри со насилство од најмали нозе, промоција и идентификација со разноразни херои од општественото подземје, тик - ток инфлуенсерско перење на мозокот–станува лесно запалив молотов коктел?! Нормално, не е добра ниту една генерализација, па ниту оваа, но токму во ваквите социо - културолошки контексти најмалку допира гласот на разумот и грижата за авторитетот на: родителот, воспитувачот, учителот, професорот! Политичарите од Србија и политичарите од регионот побрзаа да изразат загриженост, но ниту во овие моменти не препознаа одговорност околу најважната и најсуштинска грижа на секое општество кое претендира да биде здраво: на постојаната грижа за односот родител - дете; грижата за односот воспитувач - дете; грижата за односот учител, наставник и професор - дете! Каква е таа општествена и политичка грижа во која најчувствителните и најболните теми во едно општеството би се решавале само со контроли и забрани, најнапред на оружјето, па на употребата на мобилните телефони или содржините кои се споделуваат на интернет платформите, а сево ова во услови на сеопшта ерозија или тотален распад на институциите одговорни за грижата на семејството, грижата за младите родители и за младите од најмали нозе до застанување на здрави нозе, грижата за нивните негуватели,воспитувачи, учители, наставници! Овој наопаку завртен вредносен систем не е паднат од небо, колку и да глумат политичарите „богови, паднати на теме“! Лажните вредности, лажниот морал, лажните авторитети и модели за идентификација, лажните информации и креирањето лажна перцепција за реалноста, како и безидејноста и отсуството на визија за создавање вистинско општество на благогосостојба за сите,се (не)дело на политиката и власта! Таквиот систем некому совршено му одговара полесно да владее, таквиот систем некој внимателно го негува, а грижата да остане сѐ исто е токму најголемата грижа на актуелниве политички елити, подеднакво секаде во државиве од регионот. Ништо чудно што во Македонија и по трагедијата, не се отвори ниту една сериозна дебата (со исклучок на една, до две!), за ужасиве од нашето најблиско опкружување! Да, ние сме длабоко забраздени во нашите сопствени економски и политички проблеми за кои немаме никакви решенија, но кој друг да разговара за болните теми кои мора, сега и овде, ако ние самите не ги отвориме?! Да се правиме и понатаму недоветни дека тоа нас не нѐ засега, или да нѐ засега повеќе каков пост напишала Јелена Карлеуша за масовниве убиства, или конечно да го чуеме гласот на нашата стручна фела од социолози, културолози, психолози, педагози, политиколози?! А, проблемот е и наш! Наше е, да престанеме да го игнорираме фактот дека ништо помалку оружје не е складирано токму во домашните сефови, шкафови, остави, подруми и тавани! Наше е да не игнорираме сериозни научни истражувања дека 25 % од адолсцентите имаат развиено самоповредувачки мисли и дека дури 42 % од нив имаат умерени до тешки симптоми на анксиозност! Наше е да не се правиме дека не го регистрираме акумулираниот бес, евидентното меѓуврсничко насилство и отсуството на елементарна емпатија и солидарност кај сѐ поголем број деца и млади луѓе! Наше е да си признаеме дека генерациски се разминуваме, не се препознаваме и не ги разбираме вистинските потреби на новите млади генерации! Наше е да се позанимаваме најсериозно со аномалиите во вредносниот систем што им го оставаме во наследство, а кое продуцира општество на постојани аномии.Наше е да не го игнорираме отсуството на поддршка и грижа за воспитно - образовните установи, наше е најсериозно да се позанимаваме со непрестаната ерозија на здравствениот систем! Наше е да си ги зграпчиме и сопствените животи и севкупното општество и да се потрудиме конечно, сите заедно, да создадеме систем од сопствени, подобри, поздрави и потрајни вредности и идеи од овие што сега ги имаме - бидејќи тоа е сѐ што имаме! И конечно, наше е, да не бидеме толку културолошки безрезервно податливи кон културните матрици од соседството и нивното влијание, кои почесто ниту се за поддржување, ниту се за следење! Наше е, ама како да не е наше!

The post Лудилото не чека ред за влез на „Табановце“ appeared first on Република.

]]>
За Иларион Ема Кобиљски е Христов војник: Му застана на патот на злото во тоа несреќно момче и им даде време на некои деца да се спасат https://republika.mk/vesti/balkan/za-ilarion-ema-kobilski-e-hristov-vojnik-mu-zastana-na-patot-na-zloto-vo-toa-nesrekno-momche-i-im-dade-vreme-na-nekoi-detsa-da-se-spasat/ Sun, 07 May 2023 09:44:43 +0000 https://republika.mk/?p=637902

Девојчето Е.К. (14), ќерка на одбојкарот и тренер Драган Кобиљски, кој настрада кога момче (13) на 3 мај смртно уби осум негови врсници и чувар на основното училиште „Владислав Рибникар“, беше погребанo вчера на Централните гробишта во Белград.

https://republika.mk/vesti/balkan/kobilski-i-soprugata-po-zagubata-na-kerkata-gospod-da-ne-chuva-od-gnev-i-gorchina-da-ni-dade-lubov-i-sila-za-nekako-da-ja-prezhiveeme-ovaa-bolka/

На погребот монахот Иларион одржа пофалница и пригодна реч и по тој повод рече дека на тој кобен ден ова девојче храбро застанало пред момчето-убиец и така спасило животи на многу деца.

Денеска ми е исклучително тешко да зборувам. Од оваа мака и болка се молиме Господ да им даде сила на родителите, да продолжат да живеат за Ема. Таа е војник и херој Христов и не случајно паѓаат најдобрите, за да можеме да продолжиме да живееме поради нивната жртва. Треба да се молиме и за момчето и неговата несреќна душа. Таа застана на патот на злото што беше во тоа несреќно момче и рече: „Зошто го правиш тоа, престани“, и даде време да се спасат некои деца. Кога ќе се сретнеме во другиот свет, ќе кажеме благодарам што не бранеше и заштитуваш. Исто како Драган, за кого велат дека бил кум во тоа училиште – гласеа неговите зборови.

The post За Иларион Ема Кобиљски е Христов војник: Му застана на патот на злото во тоа несреќно момче и им даде време на некои деца да се спасат appeared first on Република.

]]>

Девојчето Е.К. (14), ќерка на одбојкарот и тренер Драган Кобиљски, кој настрада кога момче (13) на 3 мај смртно уби осум негови врсници и чувар на основното училиште „Владислав Рибникар“, беше погребанo вчера на Централните гробишта во Белград. https://republika.mk/vesti/balkan/kobilski-i-soprugata-po-zagubata-na-kerkata-gospod-da-ne-chuva-od-gnev-i-gorchina-da-ni-dade-lubov-i-sila-za-nekako-da-ja-prezhiveeme-ovaa-bolka/ На погребот монахот Иларион одржа пофалница и пригодна реч и по тој повод рече дека на тој кобен ден ова девојче храбро застанало пред момчето-убиец и така спасило животи на многу деца.
Денеска ми е исклучително тешко да зборувам. Од оваа мака и болка се молиме Господ да им даде сила на родителите, да продолжат да живеат за Ема. Таа е војник и херој Христов и не случајно паѓаат најдобрите, за да можеме да продолжиме да живееме поради нивната жртва. Треба да се молиме и за момчето и неговата несреќна душа. Таа застана на патот на злото што беше во тоа несреќно момче и рече: „Зошто го правиш тоа, престани“, и даде време да се спасат некои деца. Кога ќе се сретнеме во другиот свет, ќе кажеме благодарам што не бранеше и заштитуваш. Исто како Драган, за кого велат дека бил кум во тоа училиште – гласеа неговите зборови.

The post За Иларион Ема Кобиљски е Христов војник: Му застана на патот на злото во тоа несреќно момче и им даде време на некои деца да се спасат appeared first on Република.

]]>
Од утре полициски патроли во близина на секое училиште и на сите јавни места во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/od-utre-politsiski-patroli-vo-blizina-na-sekoe-uchilishte-i-na-site-javni-mesta-vo-srbija/ Sun, 07 May 2023 08:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=637883

Полициски патроли од утре ќе бидат во близина на секое училиште, изјави Данило Стевандиќ, државен секретар во МВР на Србија во изјава за локални медиуми.

Како што наведе, полицијата ќе биде засилена на сите јавни места каде што се собираaт голем број луѓе.

Видливото присуство на полицијата ќе биде зголемено на сите јавни места каде што се собираат голем број луѓе: во трговски центри, во паркови, на плоштади..., рече Стевандиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по двете масовни убиства што се случија во Белград и кај Младеновац, најави дека во следните шест месеци ќе бидат вработени нови 1.200 полицајци.

The post Од утре полициски патроли во близина на секое училиште и на сите јавни места во Србија appeared first on Република.

]]>

Полициски патроли од утре ќе бидат во близина на секое училиште, изјави Данило Стевандиќ, државен секретар во МВР на Србија во изјава за локални медиуми. Како што наведе, полицијата ќе биде засилена на сите јавни места каде што се собираaт голем број луѓе.
Видливото присуство на полицијата ќе биде зголемено на сите јавни места каде што се собираат голем број луѓе: во трговски центри, во паркови, на плоштади..., рече Стевандиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по двете масовни убиства што се случија во Белград и кај Младеновац, најави дека во следните шест месеци ќе бидат вработени нови 1.200 полицајци.

The post Од утре полициски патроли во близина на секое училиште и на сите јавни места во Србија appeared first on Република.

]]>
Уапсено лице за кое се смета дека го инспирирало Коста К. за масакрот во Белград https://republika.mk/vesti/balkan/uapseno-litse-za-koe-se-smeta-deka-go-inspiriralo-kosta-k-za-masakrot-vo-belgrad/ Sat, 06 May 2023 21:13:49 +0000 https://republika.mk/?p=637824

Српски „Курир“ неофицијално дознава дека е уапсено лице кое, за како што се наведува, постои сомнеж дека го инспирирало Коста К. (13) да го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, кога беа убиени девет лица, од кои осум деца.

https://republika.mk/vesti/balkan/chuvarot-pokosen-na-vlezot-dve-devojchina-mrtvi-kaj-klupata-za-dezhurni-potoa-vleguvash-vo-mrtvoto-oddelenie/

Српскиот медиум, наведува дека наскоро ќе соопшти повеќе детали.

Коста Кецмановиќ, со два пиштоли, на 3. мај уби осумина свои другари и чуварот на училиштетот. Во ранецот му беа пронајдени и молотови коктели, како и цела разработена шема, односно список со имиња на учениците кои сакал да ги ликвидира.

https://republika.mk/vesti/balkan/uchenitsite-ke-go-pametat-kako-angel-nemashe-svoi-detsa-no-go-dade-zhivotot-shtitejki-tugi-ispoved-na-bratot-na-ubieniot-chuvar-dragan/

The post Уапсено лице за кое се смета дека го инспирирало Коста К. за масакрот во Белград appeared first on Република.

]]>

Српски „Курир“ неофицијално дознава дека е уапсено лице кое, за како што се наведува, постои сомнеж дека го инспирирало Коста К. (13) да го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, кога беа убиени девет лица, од кои осум деца. https://republika.mk/vesti/balkan/chuvarot-pokosen-na-vlezot-dve-devojchina-mrtvi-kaj-klupata-za-dezhurni-potoa-vleguvash-vo-mrtvoto-oddelenie/ Српскиот медиум, наведува дека наскоро ќе соопшти повеќе детали. Коста Кецмановиќ, со два пиштоли, на 3. мај уби осумина свои другари и чуварот на училиштетот. Во ранецот му беа пронајдени и молотови коктели, како и цела разработена шема, односно список со имиња на учениците кои сакал да ги ликвидира. https://republika.mk/vesti/balkan/uchenitsite-ke-go-pametat-kako-angel-nemashe-svoi-detsa-no-go-dade-zhivotot-shtitejki-tugi-ispoved-na-bratot-na-ubieniot-chuvar-dragan/

The post Уапсено лице за кое се смета дека го инспирирало Коста К. за масакрот во Белград appeared first on Република.

]]>
Најтажниот Ѓурговден во историјата на Србија: Погребани 10 жртви oд двата масакри https://republika.mk/vesti/balkan/najtazhniot-gurgovden-vo-istorijata-na-srbija-pogrebani-10-zhrtvi-od-dvata-masakri/ Sat, 06 May 2023 20:35:45 +0000 https://republika.mk/?p=637812

Во Малo Орашје кај Смедерево, каде што У.Б.(21) ноќта на 4 мај со калашников уби осум лица, на локалните гробишта беа погребани М.М.(18), Н.М.(15), Л.М.(20), Н.С.(19) и А.М. (17).

Како што пренесуваат српските медиуми, на белградските гробишта, пак, беа погребани четворицата ученици и припадникот на обезбедувањето кои беа убиени во престрелката во ОУ „Владислав Рибникар“.

Најавено е дека во понеделник на Новите гробишта во Белград ќе има уште два погреба на жртвите од масовното убиство во училиштето А.Б. во 15,00 часот и А.Ч. во 16:00 часот.

Во Србија е во тек тридневна жалост, која почна во петокот, на 5 мај, а која Владата на Република Србија ја прогласи поради масовното убиство во основно училиште во Белград, во кое ученик уби осум ученици и еден обезбедувач, со истрели од пиштолот на татко му, а рани уште шест ученици и еден наставник.

Ден потоа во Србија се случи ново масовно убиство кога У.Б со калашникови уби осум, а повреди 14 млади лица во селата околу Младеновац и Смедерево.

The post Најтажниот Ѓурговден во историјата на Србија: Погребани 10 жртви oд двата масакри appeared first on Република.

]]>

Во Малo Орашје кај Смедерево, каде што У.Б.(21) ноќта на 4 мај со калашников уби осум лица, на локалните гробишта беа погребани М.М.(18), Н.М.(15), Л.М.(20), Н.С.(19) и А.М. (17). Како што пренесуваат српските медиуми, на белградските гробишта, пак, беа погребани четворицата ученици и припадникот на обезбедувањето кои беа убиени во престрелката во ОУ „Владислав Рибникар“. Најавено е дека во понеделник на Новите гробишта во Белград ќе има уште два погреба на жртвите од масовното убиство во училиштето А.Б. во 15,00 часот и А.Ч. во 16:00 часот. Во Србија е во тек тридневна жалост, која почна во петокот, на 5 мај, а која Владата на Република Србија ја прогласи поради масовното убиство во основно училиште во Белград, во кое ученик уби осум ученици и еден обезбедувач, со истрели од пиштолот на татко му, а рани уште шест ученици и еден наставник. Ден потоа во Србија се случи ново масовно убиство кога У.Б со калашникови уби осум, а повреди 14 млади лица во селата околу Младеновац и Смедерево.

The post Најтажниот Ѓурговден во историјата на Србија: Погребани 10 жртви oд двата масакри appeared first on Република.

]]>
Во името на семејството на Владимир К. и неговиот син: Адвокатката на семејството изрази сочувство до семејствата на убиените во Белград https://republika.mk/vesti/balkan/vo-imeto-na-semejstvoto-na-vladimir-k-i-negoviot-sin-advokatkata-na-semejstvoto-izrazi-sochuvstvo-do-semejstvata-na-ubienite-vo-belgrad/ Sat, 06 May 2023 07:25:11 +0000 https://republika.mk/?p=637548

Вишиот суд во Белград на таткото на момчето кое уби осум ученици и чувар во училиштето „Владислав Рибникар“ му одреди 30-дневен притвор, соопшти судот

Адвокатката на Владимир К., чиј син К. К. (13) уби девет и рани седум лица во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, изјави дека оружјето и муницијата на осомничениот биле обезбедени со закон.

Ирина Боровиќ изјави дека Владимир К. ги чувал муницијата и оружјето кои биле пронајдени согласно прописите, како и дека има соодветни дозволи за целото оружје и дека е член на Спортскиот сојуз, пренесува Б92.

Целото оружје легално се поседува, обезбедено, заклучено, под шифри, дури и дополнително обезбедено во однос на она што го пропишува законот, посочи Боровиќ.

Боровиќ, во името на семејството на Владимир К. и неговиот син, изрази сочувство до семејствата на убиените и побара од медиумите да бидат повнимателни кон семејствата на убиените и осомничените.

Според Боровиќ, таткото Владимир К. дури сега го дознал вистинскиот размер на овој настан.

Вишиот суд во Белград на таткото на момчето кое уби осум ученици и чувар во училиштето „Владислав Рибникар“ му одреди 30-дневен притвор, соопшти судот.

Притворот му е одреден поради „постоење на посебни околности кои укажуваат дека може за краток временски период да го повтори кривичното дело, како и поради тоа што за кривичното дело што му се става на товар е предвидена казна затвор над десет години, а начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност на јавноста, која може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка“.

The post Во името на семејството на Владимир К. и неговиот син: Адвокатката на семејството изрази сочувство до семејствата на убиените во Белград appeared first on Република.

]]>

Вишиот суд во Белград на таткото на момчето кое уби осум ученици и чувар во училиштето „Владислав Рибникар“ му одреди 30-дневен притвор, соопшти судот Адвокатката на Владимир К., чиј син К. К. (13) уби девет и рани седум лица во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, изјави дека оружјето и муницијата на осомничениот биле обезбедени со закон. Ирина Боровиќ изјави дека Владимир К. ги чувал муницијата и оружјето кои биле пронајдени согласно прописите, како и дека има соодветни дозволи за целото оружје и дека е член на Спортскиот сојуз, пренесува Б92.
Целото оружје легално се поседува, обезбедено, заклучено, под шифри, дури и дополнително обезбедено во однос на она што го пропишува законот, посочи Боровиќ.
Боровиќ, во името на семејството на Владимир К. и неговиот син, изрази сочувство до семејствата на убиените и побара од медиумите да бидат повнимателни кон семејствата на убиените и осомничените. Според Боровиќ, таткото Владимир К. дури сега го дознал вистинскиот размер на овој настан. Вишиот суд во Белград на таткото на момчето кое уби осум ученици и чувар во училиштето „Владислав Рибникар“ му одреди 30-дневен притвор, соопшти судот. Притворот му е одреден поради „постоење на посебни околности кои укажуваат дека може за краток временски период да го повтори кривичното дело, како и поради тоа што за кривичното дело што му се става на товар е предвидена казна затвор над десет години, а начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност на јавноста, која може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка“.

The post Во името на семејството на Владимир К. и неговиот син: Адвокатката на семејството изрази сочувство до семејствата на убиените во Белград appeared first on Република.

]]>
Учениците ќе го паметат како ангел, немаше свои деца, но го даде животот штитејќи туѓи: Исповед на братот на убиениот чувар Драган https://republika.mk/vesti/balkan/uchenitsite-ke-go-pametat-kako-angel-nemashe-svoi-detsa-no-go-dade-zhivotot-shtitejki-tugi-ispoved-na-bratot-na-ubieniot-chuvar-dragan/ Fri, 05 May 2023 20:53:02 +0000 https://republika.mk/?p=637495

Во пукањето во белградското ОУ „Владислав Рибникар“ загинаа осум деца, како и еден припадник на обезбедувањето, а ранети се шест ученици и наставничка по историја.

При масакрот, извршен од 13-годишниот ученик, Коста К., прва жртва беше обезбедувачот Драган В.

Децата рекоа дека секогаш ќе го паметат затоа што бил ангел. Тој беше нивниот омилен чувар“, за српските медиуми вели мајката на ученик од седмо одделение кој го посетува тоа училиште.

Тој беше извонреден човек, вистински добар дечко, не сакам да биде дека нешто преувеличувам, но навистина е така“, вели братот на загинатиот Драган, за „Телеграф.рс“.

Како што раскажува тој, Драган бил разведен и не оставил потомци.

Немаше деца, разведен беше, но го даде животот штитејќи други деца. Не знаеме кога ќе биде погребот, сите сме изгубени“, вели братот на Драган.

The post Учениците ќе го паметат како ангел, немаше свои деца, но го даде животот штитејќи туѓи: Исповед на братот на убиениот чувар Драган appeared first on Република.

]]>

Во пукањето во белградското ОУ „Владислав Рибникар“ загинаа осум деца, како и еден припадник на обезбедувањето, а ранети се шест ученици и наставничка по историја. При масакрот, извршен од 13-годишниот ученик, Коста К., прва жртва беше обезбедувачот Драган В.
Децата рекоа дека секогаш ќе го паметат затоа што бил ангел. Тој беше нивниот омилен чувар“, за српските медиуми вели мајката на ученик од седмо одделение кој го посетува тоа училиште.
 
Тој беше извонреден човек, вистински добар дечко, не сакам да биде дека нешто преувеличувам, но навистина е така“, вели братот на загинатиот Драган, за „Телеграф.рс“.
Како што раскажува тој, Драган бил разведен и не оставил потомци.
Немаше деца, разведен беше, но го даде животот штитејќи други деца. Не знаеме кога ќе биде погребот, сите сме изгубени“, вели братот на Драган.

The post Учениците ќе го паметат како ангел, немаше свои деца, но го даде животот штитејќи туѓи: Исповед на братот на убиениот чувар Драган appeared first on Република.

]]>
Tаткото на Коста доби 30 дена притвор, можел за краток временски период да го повтори кривичното дело https://republika.mk/vesti/balkan/tatkoto-na-kosta-dobi-30-dena-pritvor-mozhel-za-kratok-vremenski-period-da-go-povtori-krivichnoto-delo/ Fri, 05 May 2023 18:43:10 +0000 https://republika.mk/?p=637460

Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на В.К.(47), чиј син К.К. во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет и рани седум лица.

В.К е осомничен за кривично дело Тешки дела против општaта безбедност од чл.288 ст.2 во врска со чл.278 ст.1 од Кривичниот законик.

https://republika.mk/vesti/balkan/na-tatkoto-na-kosta-doktorot-vladimir-ketsmanovik-mu-se-zakanuva-kazna-od-12-godini-zatvor/

Притворот му е одреден поради постоење особени околности кои укажуваат дека може за краток временски период да го повтори кривичното дело, како и поради тоа што кривичното дело кое му се става на товар е казниво со затворска казна над десет години, а начинот на извршувањето и сериозноста на последиците од кривичното дело ја вознемируваат јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка.

На сослушување осомничениот негираше дека го сторил делото и детално ја изнесел својата одбрана.

The post Tаткото на Коста доби 30 дена притвор, можел за краток временски период да го повтори кривичното дело appeared first on Република.

]]>

Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на В.К.(47), чиј син К.К. во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет и рани седум лица. В.К е осомничен за кривично дело Тешки дела против општaта безбедност од чл.288 ст.2 во врска со чл.278 ст.1 од Кривичниот законик. https://republika.mk/vesti/balkan/na-tatkoto-na-kosta-doktorot-vladimir-ketsmanovik-mu-se-zakanuva-kazna-od-12-godini-zatvor/ Притворот му е одреден поради постоење особени околности кои укажуваат дека може за краток временски период да го повтори кривичното дело, како и поради тоа што кривичното дело кое му се става на товар е казниво со затворска казна над десет години, а начинот на извршувањето и сериозноста на последиците од кривичното дело ја вознемируваат јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка. На сослушување осомничениот негираше дека го сторил делото и детално ја изнесел својата одбрана.

The post Tаткото на Коста доби 30 дена притвор, можел за краток временски период да го повтори кривичното дело appeared first on Република.

]]>
Андрија Чикиќ е едно од осумте деца убиени во Белград: Пред еден месец ја компонираше мелодијата „Емоции“ која победи на фестивал https://republika.mk/vesti/balkan/andrija-chikik-e-edno-od-osumte-detsa-ubieni-vo-belgrad-pred-eden-mesets-ja-komponirashe-melodijata-emotsii-koja-pobedi-na-festival/ Fri, 05 May 2023 16:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=637411

Андрија Чикиќ е едно од осумте деца кои беа убиени од врсник од нивното училиште во белградската населба Врачар.

Андрија пред само еден месец ја компонираше и ја отсвири композицијата „Емоции“ со која ја освои и ја освои Првата награда, со максимални 100 поени, на 28. Републички фестивал за детско музичко творештво - „Деца композитори, ФЕДЕМУС 2023“...

The post Андрија Чикиќ е едно од осумте деца убиени во Белград: Пред еден месец ја компонираше мелодијата „Емоции“ која победи на фестивал appeared first on Република.

]]>

Андрија Чикиќ е едно од осумте деца кои беа убиени од врсник од нивното училиште во белградската населба Врачар. Андрија пред само еден месец ја компонираше и ја отсвири композицијата „Емоции“ со која ја освои и ја освои Првата награда, со максимални 100 поени, на 28. Републички фестивал за детско музичко творештво - „Деца композитори, ФЕДЕМУС 2023“...

The post Андрија Чикиќ е едно од осумте деца убиени во Белград: Пред еден месец ја компонираше мелодијата „Емоции“ која победи на фестивал appeared first on Република.

]]>