прекин на огнот Archives - Република https://republika.mk/tema/prekin-na-ognot/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 21:02:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прекин на огнот Archives - Република https://republika.mk/tema/prekin-na-ognot/ 32 32 Блинкен: Израел прифатил предлог за прекин на огнот https://republika.mk/vesti/svet/blinken-izrael-prifatil-predlog-za-prekin-na-ognot/ Mon, 19 Aug 2024 21:02:56 +0000 https://republika.mk/?p=808072

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска во Тел Авив дека Израел го прифатил предлогот за надминување на разликите што спречуваа прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа и го повика Хамас да го стори истото.

Блинкен тоа го изјави вечерва по двоиполчасовната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржана во Ерусалим, а пред утрешната очекувана посета на Египет.

САД, Египет и Катар со месеци се обидуваат да постигнат договор.

Блинкен не кажа дали предлогот за премостување на јазот се однесува на барањата на Израел за контрола на двата стратешки коридори во Газа, за кое Хамас не се согласува или други прашања што долго време ги попречуваат разговорите.

На многу конструктивен состанок со премиерот Нетанјаху денеска, тој ми потврди дека го поддржува предлогот да се премости (јазот). Следниот важен чекор е Хамас да каже „да“, рече Блинкен.

The post Блинкен: Израел прифатил предлог за прекин на огнот appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска во Тел Авив дека Израел го прифатил предлогот за надминување на разликите што спречуваа прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа и го повика Хамас да го стори истото. Блинкен тоа го изјави вечерва по двоиполчасовната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржана во Ерусалим, а пред утрешната очекувана посета на Египет. САД, Египет и Катар со месеци се обидуваат да постигнат договор. Блинкен не кажа дали предлогот за премостување на јазот се однесува на барањата на Израел за контрола на двата стратешки коридори во Газа, за кое Хамас не се согласува или други прашања што долго време ги попречуваат разговорите.
На многу конструктивен состанок со премиерот Нетанјаху денеска, тој ми потврди дека го поддржува предлогот да се премости (јазот). Следниот важен чекор е Хамас да каже „да“, рече Блинкен.
 
The post Блинкен: Израел прифатил предлог за прекин на огнот appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху повтори дека не може да има траен прекин на огнот во Газа додека Хамас не се уништи https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-povtori-deka-ne-mozhe-da-ima-traen-prekin-na-ognot-vo-gaza-dodeka-hamas-ne-se-unishti/ Sat, 01 Jun 2024 11:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=783836

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема да има траен прекин на огнот во Газа додека не се уништат воените и управувачките способности на Хамас.

Ова е втора изјава на Нетанјаху објавена откако американскиот претседател Џо Бајден рече дека Израел предложил план од три фази за прекин на огнот во Газа во замена за ослободување заложници од страна на Хамас.

- Условите на Израел за завршување на војната не се променети: уништување на воените и управувачките капацитети на Хамас, ослободување на сите заложници и обезбедување Газа повеќе да не претставува закана за Израел, рече Нетанјаху.

- Израел ќе продолжи да инсистира да се исполнат овие услови пред да се воспостави траен прекин на огнот. Идејата дека Израел ќе се согласи на траен прекин на огнот пред да се исполнат овие услови е исклучена, додаде тој.

The post Нетанјаху повтори дека не може да има траен прекин на огнот во Газа додека Хамас не се уништи appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема да има траен прекин на огнот во Газа додека не се уништат воените и управувачките способности на Хамас. Ова е втора изјава на Нетанјаху објавена откако американскиот претседател Џо Бајден рече дека Израел предложил план од три фази за прекин на огнот во Газа во замена за ослободување заложници од страна на Хамас. - Условите на Израел за завршување на војната не се променети: уништување на воените и управувачките капацитети на Хамас, ослободување на сите заложници и обезбедување Газа повеќе да не претставува закана за Израел, рече Нетанјаху. - Израел ќе продолжи да инсистира да се исполнат овие услови пред да се воспостави траен прекин на огнот. Идејата дека Израел ќе се согласи на траен прекин на огнот пред да се исполнат овие услови е исклучена, додаде тој.

The post Нетанјаху повтори дека не може да има траен прекин на огнот во Газа додека Хамас не се уништи appeared first on Република.

]]>
САД повторно блокираа резолуција во Советот за безбедност за прекин на огнот во Газа https://republika.mk/vesti/svet/sad-povtorno-blokiraa-rezolutsija-vo-sovetot-za-bezbednost-za-prekin-na-ognot-vo-gaza/ Tue, 20 Feb 2024 22:08:25 +0000 https://republika.mk/?p=746313

САД повторно ставија вето на предложената резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации за итен прекин на огнот во Појасот Газа, третпат од почетокот на војната на 7 октомври.

Од 15 членки на Советот за безбедност на ОН, 13 гласаа за резолуцијата предложена од Алжир, додека Велика Британија беше воздржана.

Гласањето ЗА нацрт-резолуцијата е глас за поддршка на правото на живот на Палестинците. Спротивно на тоа, гласот против е поддршка за бруталното насилство и колективната казна што им е нанесена, изјави алжирскиот амбасадор во ОН, Амар Бенјама.

Американската амбасадорка Линда Томас Гринфилд изјави дека секоја акција преземена од Советот за безбедност би значело мешање во „чувствителните, тековни преговори“.

Сметаме дека резолуцијата ќе има негативно влијание врз преговорите. Барањето итен, безусловен прекин на огнот, без договор кој бара од Хамас да ги ослободи заложниците, нема да донесе одржлив мир и само ќе го продолжи конфликтот, изјави Гринфилд.

Наместо тоа, САД предложија своја нацрт-резолуција со која се повикува на привремен прекин на непријателствата и се изразувајќи противење на плановите на американскиот сојузник Израел за копнена офанзива во Рафа, пренесе БТА. Вашингтон прецизираше дека нема да брза резолуцијата да ја предложи за гласање за да обезбеди време за преговори.

Резолуцијата предложена од Алжир, на која САД ставија вето, не го обврзува склучувањето на привремено примирје со ослободување на заложниците и содржи само повик за итен хуманитарен прекин на огнот и итно и безусловно ослободување на заложниците.

The post САД повторно блокираа резолуција во Советот за безбедност за прекин на огнот во Газа appeared first on Република.

]]>

САД повторно ставија вето на предложената резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации за итен прекин на огнот во Појасот Газа, третпат од почетокот на војната на 7 октомври. Од 15 членки на Советот за безбедност на ОН, 13 гласаа за резолуцијата предложена од Алжир, додека Велика Британија беше воздржана.
Гласањето ЗА нацрт-резолуцијата е глас за поддршка на правото на живот на Палестинците. Спротивно на тоа, гласот против е поддршка за бруталното насилство и колективната казна што им е нанесена, изјави алжирскиот амбасадор во ОН, Амар Бенјама.
Американската амбасадорка Линда Томас Гринфилд изјави дека секоја акција преземена од Советот за безбедност би значело мешање во „чувствителните, тековни преговори“.
Сметаме дека резолуцијата ќе има негативно влијание врз преговорите. Барањето итен, безусловен прекин на огнот, без договор кој бара од Хамас да ги ослободи заложниците, нема да донесе одржлив мир и само ќе го продолжи конфликтот, изјави Гринфилд.
Наместо тоа, САД предложија своја нацрт-резолуција со која се повикува на привремен прекин на непријателствата и се изразувајќи противење на плановите на американскиот сојузник Израел за копнена офанзива во Рафа, пренесе БТА. Вашингтон прецизираше дека нема да брза резолуцијата да ја предложи за гласање за да обезбеди време за преговори. Резолуцијата предложена од Алжир, на која САД ставија вето, не го обврзува склучувањето на привремено примирје со ослободување на заложниците и содржи само повик за итен хуманитарен прекин на огнот и итно и безусловно ослободување на заложниците.

The post САД повторно блокираа резолуција во Советот за безбедност за прекин на огнот во Газа appeared first on Република.

]]>
Нема да има прекин на огнот во Украина во 2024 година, тврди официјална Москва https://republika.mk/vesti/svet/nema-da-ima-prekin-na-ognot-vo-ukraina-vo-2024-godina-tvrdi-ofitsijalna-moskva/ Wed, 29 Nov 2023 12:47:14 +0000 https://republika.mk/?p=717566

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков не гледа шанса за прекин на огнот во украинскиот конфликт следната година, имајќи предвид дека Киев и неговите западни поддржувачи зазедоа позиција што е тотално неприфатлива за Москва.

Високиот дипломат ја понуди својата анализа за односите на Русија со НАТО и Украина во интервју за весникот „Известија“ објавено во средата. Тој не очекува напредок, и покрај сугестиите во западниот печат дека САД можеби го поттикнуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски кон договор со преговори.

За жал, САД ја предводат западната група, која ја рецитира „мировната формула Зеленски“ како мантра, тврдејќи дека тоа е единствената можна основа за договор“, рече тој, додавајќи дека дијалогот е „невозможен врз оваа основа“.

На прашањето дали очекува прекин на огнот следната година, Рјабков одговори негативно. Тој рече: „Очекувам безусловно да се постигнат целите на специјалната воена операција“.

„Формулата за мир“ предложена од Зеленски минатата година подразбира Киев повторно да ја преземе контролата врз своите граници пред 2014 година и да добие воени репарации од Москва и да ги подложи руските официјални лица на воен трибунал во услови на голема меѓународна поддршка за Украина. Москва го отфрли предлогот како надвор од реалноста.

Германскиот таблоид Билд минатата недела тврдеше дека Вашингтон и Берлин ја рационализирале испораката на оружје за Украина за да го притиснат Зеленски за отстапки. Белата куќа соопшти дека нејзината политика останала иста и дека Киев треба да одлучи како да ја води војната.

The post Нема да има прекин на огнот во Украина во 2024 година, тврди официјална Москва appeared first on Република.

]]>

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков не гледа шанса за прекин на огнот во украинскиот конфликт следната година, имајќи предвид дека Киев и неговите западни поддржувачи зазедоа позиција што е тотално неприфатлива за Москва. Високиот дипломат ја понуди својата анализа за односите на Русија со НАТО и Украина во интервју за весникот „Известија“ објавено во средата. Тој не очекува напредок, и покрај сугестиите во западниот печат дека САД можеби го поттикнуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски кон договор со преговори.
За жал, САД ја предводат западната група, која ја рецитира „мировната формула Зеленски“ како мантра, тврдејќи дека тоа е единствената можна основа за договор“, рече тој, додавајќи дека дијалогот е „невозможен врз оваа основа“.
На прашањето дали очекува прекин на огнот следната година, Рјабков одговори негативно. Тој рече: „Очекувам безусловно да се постигнат целите на специјалната воена операција“. „Формулата за мир“ предложена од Зеленски минатата година подразбира Киев повторно да ја преземе контролата врз своите граници пред 2014 година и да добие воени репарации од Москва и да ги подложи руските официјални лица на воен трибунал во услови на голема меѓународна поддршка за Украина. Москва го отфрли предлогот како надвор од реалноста. Германскиот таблоид Билд минатата недела тврдеше дека Вашингтон и Берлин ја рационализирале испораката на оружје за Украина за да го притиснат Зеленски за отстапки. Белата куќа соопшти дека нејзината политика останала иста и дека Киев треба да одлучи како да ја води војната.  

The post Нема да има прекин на огнот во Украина во 2024 година, тврди официјална Москва appeared first on Република.

]]>
Се преговара за тридневен хуманитарен прекин на огнот во Газа за ослободување на десетина заложници https://republika.mk/vesti/svet/se-pregovara-za-tridneven-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza-za-osloboduvane-na-desetina-zalozhnitsi/ Thu, 09 Nov 2023 07:53:25 +0000 https://republika.mk/?p=699722

Во тек се преговори за постигнување договор за тридневен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа во замена за ослободување на десетина заложници кои ги држеше Хамас, пренесе Бета.

Ова го изјавија двајца функционери од Египет, еден од ОН и еден западен дипломат под услов да останат анонимни.

Договорот ќе овозможи повеќе помош, вклучително и ограничени количини гориво, да се достави до опколената палестинска територија за да се олесни влошената ситуација за 2,3 милиони жители.

Преговорите се водат со посредство на Катар, Египет и САД.

Египетски функционер рече дека деталите од договорот биле разговарани оваа недела во Каиро за време на посетата на шефот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и израелска делегација. Истиот извор рече дека посредниците го финализираат нацрт-договорот.

Висок американски функционер изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден предложила должината на паузата да биде условена со ослободување на одреден број заложници.

Доколку се постигне договор за времетраењето на паузата и успешно се спроведе, на ист начин може да се воспостават дополнителни паузи и ослободување заложници.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека по привремениот прекин на огнот треба да следи ослободување на заложниците.

Според договорот, хуманитарната помош ќе биде доставена низ Појасот Газа, вклучувајќи го и северниот дел кој е во фокусот на израелските воени операции за уништување на Хамас.

Беше предложено Хамас да ослободи десетина цивилни заложници, од кои повеќето имаат странски пасоши, а на посредниците да им се даде комплетен список на киднапираните.

На Меѓународниот комитет на Црвениот крст ќе му биде дозволено да ги посети заложниците.

Војната меѓу Израел и Хамас започна на 7 октомври, а бројот на убиени Палестинци во средата надмина 10.500, меѓу кои и повеќе од 4.300 деца, соопшти Министерството за здравство во Газа.

На окупираниот Западен Брег, повеќе од 160 Палестинци беа убиени во насилство и израелски напади.

Повеќе од 1.400 луѓе беа убиени во Израел, повеќето на првиот ден од нападот на Хамас, а околу 240 заложници беа однесени во Појасот Газа.

The post Се преговара за тридневен хуманитарен прекин на огнот во Газа за ослободување на десетина заложници appeared first on Република.

]]>

Во тек се преговори за постигнување договор за тридневен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа во замена за ослободување на десетина заложници кои ги држеше Хамас, пренесе Бета. Ова го изјавија двајца функционери од Египет, еден од ОН и еден западен дипломат под услов да останат анонимни. Договорот ќе овозможи повеќе помош, вклучително и ограничени количини гориво, да се достави до опколената палестинска територија за да се олесни влошената ситуација за 2,3 милиони жители. Преговорите се водат со посредство на Катар, Египет и САД. Египетски функционер рече дека деталите од договорот биле разговарани оваа недела во Каиро за време на посетата на шефот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и израелска делегација. Истиот извор рече дека посредниците го финализираат нацрт-договорот. Висок американски функционер изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден предложила должината на паузата да биде условена со ослободување на одреден број заложници. Доколку се постигне договор за времетраењето на паузата и успешно се спроведе, на ист начин може да се воспостават дополнителни паузи и ослободување заложници. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека по привремениот прекин на огнот треба да следи ослободување на заложниците. Според договорот, хуманитарната помош ќе биде доставена низ Појасот Газа, вклучувајќи го и северниот дел кој е во фокусот на израелските воени операции за уништување на Хамас. Беше предложено Хамас да ослободи десетина цивилни заложници, од кои повеќето имаат странски пасоши, а на посредниците да им се даде комплетен список на киднапираните. На Меѓународниот комитет на Црвениот крст ќе му биде дозволено да ги посети заложниците. Војната меѓу Израел и Хамас започна на 7 октомври, а бројот на убиени Палестинци во средата надмина 10.500, меѓу кои и повеќе од 4.300 деца, соопшти Министерството за здравство во Газа. На окупираниот Западен Брег, повеќе од 160 Палестинци беа убиени во насилство и израелски напади. Повеќе од 1.400 луѓе беа убиени во Израел, повеќето на првиот ден од нападот на Хамас, а околу 240 заложници беа однесени во Појасот Газа.

The post Се преговара за тридневен хуманитарен прекин на огнот во Газа за ослободување на десетина заложници appeared first on Република.

]]>
Гутереш повика на четиридневен велигденски прекин на огнот во Украина https://republika.mk/vesti/svet/guteresh-povika-na-chetiridneven-veligdenski-prekin-na-ognot-vo-ukraina/ Tue, 19 Apr 2022 20:46:18 +0000 https://republika.mk/?p=490755

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на четиридневен велигденски хуманитарен прекин на огнот во Украина, почнувајќи од 21 април.

Гутереш го даде предлогот во седиштето на ОН, велејќи дека прекинот на огнот ќе овозможи евакуација на цивилите од „подрачјето на сегашна или очекувана конфронтација” и испорака на хуманитарна помош во области како што се Мариупол, Доњецк, Луганск и Херсон.

Тој посочи дека ОН се подготвени во тој период да испратат конвои со хуманитарна помош на тие локации.

Четиридневниот велигденски период треба да биде момент за обединување околу спасување животи и понатамошен дијалог со цел да се стави крај на страдањата во Украина”, рече Гутереш.

The post Гутереш повика на четиридневен велигденски прекин на огнот во Украина appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на четиридневен велигденски хуманитарен прекин на огнот во Украина, почнувајќи од 21 април. Гутереш го даде предлогот во седиштето на ОН, велејќи дека прекинот на огнот ќе овозможи евакуација на цивилите од „подрачјето на сегашна или очекувана конфронтација” и испорака на хуманитарна помош во области како што се Мариупол, Доњецк, Луганск и Херсон. Тој посочи дека ОН се подготвени во тој период да испратат конвои со хуманитарна помош на тие локации.
Четиридневниот велигденски период треба да биде момент за обединување околу спасување животи и понатамошен дијалог со цел да се стави крај на страдањата во Украина”, рече Гутереш.

The post Гутереш повика на четиридневен велигденски прекин на огнот во Украина appeared first on Република.

]]>
Пресврт- Русите објавија прекин на огнот околу железарницата „Азовстал“ https://republika.mk/vesti/svet/presvrt-rusite-objavija-prekin-na-ognot-okolu-zelezarnicata-azovstal/ Tue, 19 Apr 2022 20:12:39 +0000 https://republika.mk/?p=490829

Прекинот на огнот ќе стапи во сила во среда во областа околу комплексот железарница Азовстал во јужниот град Мариупол, јави државната новинска агенција РИА.

Агенцијата го цитира руското Министерство за одбрана што го потврдило овој потег.

Областа Азовстал стана клучно бојно поле во јужна Украина, а се верува дека сите останати украински сили од градот се во областа.

The post Пресврт- Русите објавија прекин на огнот околу железарницата „Азовстал“ appeared first on Република.

]]>

Прекинот на огнот ќе стапи во сила во среда во областа околу комплексот железарница Азовстал во јужниот град Мариупол, јави државната новинска агенција РИА.

Агенцијата го цитира руското Министерство за одбрана што го потврдило овој потег. Областа Азовстал стана клучно бојно поле во јужна Украина, а се верува дека сите останати украински сили од градот се во областа.

The post Пресврт- Русите објавија прекин на огнот околу железарницата „Азовстал“ appeared first on Република.

]]>
Ердоган повика на прекин на огнот: Од двете страни треба да се стави крај на оваа трагедија https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-povika-na-prekin-na-ognot-od-dvete-strani-treba-da-se-stavi-kraj-na-ovaa-tragedija/ Tue, 29 Mar 2022 10:04:49 +0000 https://republika.mk/?p=480238

Руските и украинските преговарачи започнаа разговори во Истанбул во вторникот, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им рече дека нивниот напредок може да го отвори патот за средба меѓу двајцата лидери.

Обраќајќи им се на преговарачите, кои се сретнаа во живо по повеќе од две недели, Ердоган рече дека на средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Украинецот Владимир Зеленски може да биде домаќин Турција.

Ердоган повика на итен прекин на огнот во војната што започна на 24 февруари кога Русија ја нападна Украина.

Од двете страни треба да се стави крај на оваа трагедија. Постигнувањето на прекин на огнот и мир што е можно поскоро е во корист на сите. Сметаме дека сега влеговме во период во кој се очекуваат конкретни резултати од преговорите“, изјави Ердоган пред преговарачите.

Тој изрази „длабоко жалење“ што конфликтот влезе во својата петта недела, велејќи дека пријателството на Турција со двете земји го обврзува да посредува. Тој нагласи дека преговарачкиот процес „дава надеж за мир“.

The post Ердоган повика на прекин на огнот: Од двете страни треба да се стави крај на оваа трагедија appeared first on Република.

]]>

Руските и украинските преговарачи започнаа разговори во Истанбул во вторникот, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им рече дека нивниот напредок може да го отвори патот за средба меѓу двајцата лидери. Обраќајќи им се на преговарачите, кои се сретнаа во живо по повеќе од две недели, Ердоган рече дека на средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Украинецот Владимир Зеленски може да биде домаќин Турција. Ердоган повика на итен прекин на огнот во војната што започна на 24 февруари кога Русија ја нападна Украина.
Од двете страни треба да се стави крај на оваа трагедија. Постигнувањето на прекин на огнот и мир што е можно поскоро е во корист на сите. Сметаме дека сега влеговме во период во кој се очекуваат конкретни резултати од преговорите“, изјави Ердоган пред преговарачите.
Тој изрази „длабоко жалење“ што конфликтот влезе во својата петта недела, велејќи дека пријателството на Турција со двете земји го обврзува да посредува. Тој нагласи дека преговарачкиот процес „дава надеж за мир“.

The post Ердоган повика на прекин на огнот: Од двете страни треба да се стави крај на оваа трагедија appeared first on Република.

]]>
Договорен прекин на огнот во Луганската област за да се евакуираат цивили https://republika.mk/vesti/svet/dogovoren-prekin-na-ognot-vo-luganskata-oblast-za-da-se-evakuiraat-civili/ Wed, 23 Mar 2022 07:36:03 +0000 https://republika.mk/?p=476911

Гувернерот на источната украинска област Луганск, Сергеј Гајдеј, денеска соопшти дека е постигнат договор за локален прекин на огнот. Договореното е со цел да се евакуира цивилното население од областа што се наоѓа во блокада поради воените дејствија.

Гајдеј преку „Телеграм“ објави дека прекинот на огнот ќе стапи на сила во девет часот по локално време.

The post Договорен прекин на огнот во Луганската област за да се евакуираат цивили appeared first on Република.

]]>

Гувернерот на источната украинска област Луганск, Сергеј Гајдеј, денеска соопшти дека е постигнат договор за локален прекин на огнот. Договореното е со цел да се евакуира цивилното население од областа што се наоѓа во блокада поради воените дејствија. Гајдеј преку „Телеграм“ објави дека прекинот на огнот ќе стапи на сила во девет часот по локално време.

The post Договорен прекин на огнот во Луганската област за да се евакуираат цивили appeared first on Република.

]]>
Зеленски би се сретнал со Путин само ако има прекин на огнот https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-bi-se-sretnal-so-putin-samo-ako-ima-prekin-na-ognot/ Sun, 13 Mar 2022 16:37:46 +0000 https://republika.mk/?p=472179

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му соопштил на израелскиот премиер Нафтали Бент дека е отворен за разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Израел, но само ако има прекин на огнот.

Бенет ја посети Москва и имал средба со Путин, а повеќе пати телефонски разговарал со Зеленски и лидерите на Франција и Германија во обидите за наоѓање решение за завршување на војната.

Зеленски кажа дека Бенет го информирал за разговорите со Путин кој ги игнорираше сите негови претходни понуди да преговараат.

Истакна дека Русите би можеле да ја заземат украинската престолнина Киев само ако ја срамнат со земја и ако сите ги потепаат.

Дури и да доведат милион Русите тука, не можат да ја окупираат Украина, порача Зеленски.

The post Зеленски би се сретнал со Путин само ако има прекин на огнот appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му соопштил на израелскиот премиер Нафтали Бент дека е отворен за разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Израел, но само ако има прекин на огнот. Бенет ја посети Москва и имал средба со Путин, а повеќе пати телефонски разговарал со Зеленски и лидерите на Франција и Германија во обидите за наоѓање решение за завршување на војната. Зеленски кажа дека Бенет го информирал за разговорите со Путин кој ги игнорираше сите негови претходни понуди да преговараат. Истакна дека Русите би можеле да ја заземат украинската престолнина Киев само ако ја срамнат со земја и ако сите ги потепаат.
Дури и да доведат милион Русите тука, не можат да ја окупираат Украина, порача Зеленски.

The post Зеленски би се сретнал со Путин само ако има прекин на огнот appeared first on Република.

]]>
Заев и Филипче на Форумот за дипломатија во Анталија: Разговаравме за европската иднина на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/zaev-i-filipche-na-forumot-za-diplomatija-vo-antalija-razgovaravme-za-evropskata-idnina-na-makedonija/ Sun, 13 Mar 2022 12:12:34 +0000 https://republika.mk/?p=472074

Итен прекин на војната во Украина, враќање на мирот и воспоставување дијалог наместо агресија – ова е главната порака од Форумот за дипломатија во Анталија каде деновиве заедно со Венко Филипче учествувам на покана на Претседателот на Турција, Ердоган и на МНР на Турција, Чавушоглу, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Го искористив учеството на форумот за придонес кон одржувањето на пријателството и унапредување на соработката со највисоки претставници на земјите од регионот и земјите членки на ЕУ со кои разговаравме за европската иднина на Македонија, за безбедноста на нашата држава која ја обезбедивме преку нашето рамноправно членство во НАТО, за поддршката на регионалните соработки како што е иницијативата Отворен Балкан и за билатералните пријателски соработки на Македонија со своите соседи.

Особено ме радува што имав прилика да ги сретнам моите пријатели, поранешни и сегашни премиери, претседатели и други високи претставници од Словенија, Австрија, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Бугарија, Романија, Катар и други.

Пренесувам дома пораки на поддршка од нашите пријатели од Европа и пошироко, кон сите македонски граѓани, кон Претседателот на државата Пендаровски, кон претседателот на Собранието Џафери, кон пратениците од Парламентот и кон нашиот премиер Ковачевски.

The post Заев и Филипче на Форумот за дипломатија во Анталија: Разговаравме за европската иднина на Македонија appeared first on Република.

Русија објави прекин на огнот во неколку украински градови за евакуација на цивили преку хуманитарни коридори https://republika.mk/vesti/svet/rusija-objavi-prekin-na-ognot-vo-nekolku-ukrainski-gradovi-za-evakuacija-na-civili-preku-humanitarni-koridori/ Mon, 07 Mar 2022 22:51:12 +0000 https://republika.mk/?p=469293

Русија во вечерва објави дека во вторник ќе стапи на сила прекинот на огнот во неколку украински градови за евакуација на цивили преку хуманитарни коридори.

Руската Федерација најавува прекин на огнот во 10 часот (по московско време) на 8 март“, за евакуација на цивили од Киев, како и од други градови.

Станува збор за градовите Суми, Харков, Чернихив и Мариупол, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана задолжено за хуманитарните операции во Украина, пренесено од руските новински агенции.

The post Русија објави прекин на огнот во неколку украински градови за евакуација на цивили преку хуманитарни коридори appeared first on Република.

]]>

Русија во вечерва објави дека во вторник ќе стапи на сила прекинот на огнот во неколку украински градови за евакуација на цивили преку хуманитарни коридори.

Руската Федерација најавува прекин на огнот во 10 часот (по московско време) на 8 март“, за евакуација на цивили од Киев, како и од други градови. Станува збор за градовите Суми, Харков, Чернихив и Мариупол, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана задолжено за хуманитарните операции во Украина, пренесено од руските новински агенции.

The post Русија објави прекин на огнот во неколку украински градови за евакуација на цивили преку хуманитарни коридори appeared first on Република.

]]>
Украина е подготвена за преговори за прекин на огнот https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-e-podgotvena-za-pregovori-za-prekin-na-ognot/ Fri, 25 Feb 2022 22:47:29 +0000 https://republika.mk/?p=464063

Портпаролот на украинскиот претседател Зеленски штотуку изјави дека земјата е подготвена веднаш да преговара за прекин на огнот, и да почне мировни преговори со Русија.

Тој рече дека руските и украинските власти во моментов разговараат за времето и местото каде разговорите би се одржале.

Серхиј Никифоров на Фејсбук напиша:

Морам да ги демантирам изјавите дека одбивме да разговараме. Украина беше и останува подготвена да зборува за крај на борбите и за мир. Ова е нашата непроменета позиција. Се согласивме на понудата на рускиот претседател. Токму во овој момент страните се консултираат за местото и времето на одржување на преговарачкиот процес. Колку побрзо почнат разговорите, толку повеќе ќе има шанси да се врати нормалниот живот, напиша тој.

Русија соопшти дека ќе разговараат само кога украински вооружени сили ќе се предадат, а лично рускиот претседател Владимир Путин ги повика денеска да ја преземат власта во Киев во свои раце. Актуелната власт ја нарече со зборовите „банда наркомани и неонацисти“.

Во меѓувреме руското Министерство за одбрана вечерва ги претстави своите погледи или петте начини за решавање на ситуацијата во Украина.

Петте клучни точки на руското Министерство за одбрана се:

-Целта на руската операција во Украина е да се обезбеди демилитаризација и денацификација на земјата, како и да се изведе марионетскиот режим во Киев пред лицето на правдата за злосторствата што ги направил.

-Територијата на „Доњецката народна република“ и „Луганската народна република“ ќе се прошири до големината на регионите Донецк и Луганск.

-Русија нема намера да остане во Украина, ќе ги повлече војниците по завршувањето на специјалната воена операција.

-На Русија не и е потребна територијата на Украина, никој нема да ја окупира.

-Кога ќе бидат можни нови власти во Украина, и ДНР и ЛНР ќе најдат заеднички јазик за преговори со нив.

Американскиот Стејт департмент ја отфрли понудата на рускиот претседател Владимир Путин за разговори со Украина со објаснување дека тоа не е можно се додека во тек е воена окупација.

The post Украина е подготвена за преговори за прекин на огнот appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на украинскиот претседател Зеленски штотуку изјави дека земјата е подготвена веднаш да преговара за прекин на огнот, и да почне мировни преговори со Русија. Тој рече дека руските и украинските власти во моментов разговараат за времето и местото каде разговорите би се одржале. Серхиј Никифоров на Фејсбук напиша:
Морам да ги демантирам изјавите дека одбивме да разговараме. Украина беше и останува подготвена да зборува за крај на борбите и за мир. Ова е нашата непроменета позиција. Се согласивме на понудата на рускиот претседател. Токму во овој момент страните се консултираат за местото и времето на одржување на преговарачкиот процес. Колку побрзо почнат разговорите, толку повеќе ќе има шанси да се врати нормалниот живот, напиша тој.
Русија соопшти дека ќе разговараат само кога украински вооружени сили ќе се предадат, а лично рускиот претседател Владимир Путин ги повика денеска да ја преземат власта во Киев во свои раце. Актуелната власт ја нарече со зборовите „банда наркомани и неонацисти“. Во меѓувреме руското Министерство за одбрана вечерва ги претстави своите погледи или петте начини за решавање на ситуацијата во Украина. Петте клучни точки на руското Министерство за одбрана се: -Целта на руската операција во Украина е да се обезбеди демилитаризација и денацификација на земјата, како и да се изведе марионетскиот режим во Киев пред лицето на правдата за злосторствата што ги направил. -Територијата на „Доњецката народна република“ и „Луганската народна република“ ќе се прошири до големината на регионите Донецк и Луганск. -Русија нема намера да остане во Украина, ќе ги повлече војниците по завршувањето на специјалната воена операција. -На Русија не и е потребна територијата на Украина, никој нема да ја окупира. -Кога ќе бидат можни нови власти во Украина, и ДНР и ЛНР ќе најдат заеднички јазик за преговори со нив. Американскиот Стејт департмент ја отфрли понудата на рускиот претседател Владимир Путин за разговори со Украина со објаснување дека тоа не е можно се додека во тек е воена окупација.

The post Украина е подготвена за преговори за прекин на огнот appeared first on Република.

]]>