Перо Антиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/pero-antikj/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Oct 2024 13:22:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Перо Антиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/pero-antikj/ 32 32 Перо Антиќ: Кога-тогаш, ќе го донесам Богдан во Црвена ѕвезда https://republika.mk/sport/kosarka/pero-antik-koga-togash-ke-go-donesam-bogdan-vo-tsrvena-zvezda/ Sun, 06 Oct 2024 13:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=823477

Македонската кошаркарска легенда и актуелен претседател на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, за време на посетата на Лакташи каде го следеше дуелот од АБА лигата помеѓу Игокеа и Будуќност, зборуваше за блискиот однос со српскиот бек Богдан Богдановиќ со кој играа заедно во Фенербахче.

„Пред два дена се допишувавме. Постојано сме во контакт, се шегуваме, бевме и цимери. Ќе го донесам во Црвена ѕвезда кога-тогаш. Тој вели дека кариерата ќе ја заврши во Партизан, но јас мислам дека тоа ќе биде во Ѕвезда“, се смее Антиќ.

The post Перо Антиќ: Кога-тогаш, ќе го донесам Богдан во Црвена ѕвезда appeared first on Република.

]]>

Македонската кошаркарска легенда и актуелен претседател на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, за време на посетата на Лакташи каде го следеше дуелот од АБА лигата помеѓу Игокеа и Будуќност, зборуваше за блискиот однос со српскиот бек Богдан Богдановиќ со кој играа заедно во Фенербахче.
„Пред два дена се допишувавме. Постојано сме во контакт, се шегуваме, бевме и цимери. Ќе го донесам во Црвена ѕвезда кога-тогаш. Тој вели дека кариерата ќе ја заврши во Партизан, но јас мислам дека тоа ќе биде во Ѕвезда“, се смее Антиќ.

The post Перо Антиќ: Кога-тогаш, ќе го донесам Богдан во Црвена ѕвезда appeared first on Република.

]]>
Перо Антиќ не оди во НБА https://republika.mk/sport/rakomet/pero-antik-ne-odi-vo-nba/ Wed, 24 Jul 2024 06:42:42 +0000 https://republika.mk/?p=799702

Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) демантираше денеска дека посетата на претседателот Перо Антиќ на САД е поврзана со негов нов работен ангажман.

Во своето соопштение, КФСМ истакнува дека Антиќ останува целосно посветен на развојот на македонската кошарка преку нови проекти.

Соопштението на КФСМ ви го пренесуваме во целост:

„Спортот ќе го оставиме на спортистите, а ќе ја изоставиме политиката и влијанието од „надворешни сили“ – вака започна приказната на Перо Антиќ како претседател на раководното тело на кошарката во Македонија.

Наместо да сме среќни и горди што имаме врвен, професионален однос со екипи и раководни лица во Европа и „преку океанот“, ние тоа го користиме за сензационализам и за валкање на нечие име и однос.

Перо Антиќ не бара работа. Перо Антиќ има доволно работа во Македонија и сето она што го „работи“ надвор од границите е отворање на врати исклучиво во интерес на македонската кошарка и ЗА македонската кошарка.

Благодарение на таа работа, во Македонија за неколку седмици ќе пристигне Хорхе Гарбахоса, претседателот на ФИБА Европа, а неколку дена по него ќе пристигне и Андреас Заглис, генералниот секретар на ФИБА свет којшто е еден од највлијателните лица во светската кошарка. Секојдневната комуникација со ФИБА и со НБА резултира со голем број на проекти, летни лиги, кампови и разни обуки на стручни лица во кошарката кои придонесуваат за развојот во Македонија. Во иднина очекуваме зголемување на обем на работата и проектите на Федерацијата за добро на сите кошаркарски работници.

Клубовите кои се вознемирени од ваквите написи и веќе нè контактираа ги уверуваме дека ќе продолжиме да ја оправдуваме довербата која несебично ни ја даваат во текот на сите овие години.

Секој кој продолжува да го валка името на овој тим, поединечно или како целина, само докажува за својот личен карактер и зли намери“, стои во соопштението.

The post Перо Антиќ не оди во НБА appeared first on Република.

]]>

Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) демантираше денеска дека посетата на претседателот Перо Антиќ на САД е поврзана со негов нов работен ангажман. Во своето соопштение, КФСМ истакнува дека Антиќ останува целосно посветен на развојот на македонската кошарка преку нови проекти. Соопштението на КФСМ ви го пренесуваме во целост:
„Спортот ќе го оставиме на спортистите, а ќе ја изоставиме политиката и влијанието од „надворешни сили“ – вака започна приказната на Перо Антиќ како претседател на раководното тело на кошарката во Македонија.
Наместо да сме среќни и горди што имаме врвен, професионален однос со екипи и раководни лица во Европа и „преку океанот“, ние тоа го користиме за сензационализам и за валкање на нечие име и однос. Перо Антиќ не бара работа. Перо Антиќ има доволно работа во Македонија и сето она што го „работи“ надвор од границите е отворање на врати исклучиво во интерес на македонската кошарка и ЗА македонската кошарка.
Благодарение на таа работа, во Македонија за неколку седмици ќе пристигне Хорхе Гарбахоса, претседателот на ФИБА Европа, а неколку дена по него ќе пристигне и Андреас Заглис, генералниот секретар на ФИБА свет којшто е еден од највлијателните лица во светската кошарка. Секојдневната комуникација со ФИБА и со НБА резултира со голем број на проекти, летни лиги, кампови и разни обуки на стручни лица во кошарката кои придонесуваат за развојот во Македонија. Во иднина очекуваме зголемување на обем на работата и проектите на Федерацијата за добро на сите кошаркарски работници.
Клубовите кои се вознемирени од ваквите написи и веќе нè контактираа ги уверуваме дека ќе продолжиме да ја оправдуваме довербата која несебично ни ја даваат во текот на сите овие години. Секој кој продолжува да го валка името на овој тим, поединечно или како целина, само докажува за својот личен карактер и зли намери“, стои во соопштението.

The post Перо Антиќ не оди во НБА appeared first on Република.

]]>
Фала легендо: Перо Антиќ со предизборен спот и поддршка за Александар Вучиќ https://republika.mk/vesti/balkan/fala-legendo-pero-antik-so-predizboren-spot-i-poddrshka-za-aleksandar-vuchik/ Sun, 10 Dec 2023 09:29:57 +0000 https://republika.mk/?p=721422

И Перо Антиќ влезе во кампања. Овојпат со поддршка за српскиот претседател Александар Вучиќ

The post Фала легендо: Перо Антиќ со предизборен спот и поддршка за Александар Вучиќ appeared first on Република.

]]>

И Перо Антиќ влезе во кампања. Овојпат со поддршка за српскиот претседател Александар Вучиќ

The post Фала легендо: Перо Антиќ со предизборен спот и поддршка за Александар Вучиќ appeared first on Република.

]]>
Антиќ се потпиша и го поддржа Вучиќ на изборите во Србија https://republika.mk/sport/kosarka/antik-se-potpisha-i-go-poddrzha-vuchik-na-izborite-vo-srbija/ Thu, 02 Nov 2023 15:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=697522

Претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ се вклучи во изборната кампања во Србија и ја поддржа листата на „Српската напредна странка“ на претстојните избори кај нашиот северен сосед.

На профилот на артијата на социјалната мрежа Х е објавена негова фотографија со претседателот на Извршниот одбор на СНС, Дарко Глишиќ.

„Кошаркарската легенда Перо Антиќ денеска ја поддржа листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“. Фала ти легендо“, пишува на профилот на СНС.

„Српската напредна странка“ денеска ја доставила листата до тамошната Републичка изборна комисија, заедно со 92.637 потписи како поддршка од српските граѓани.

Носител на листата е претседателот на Србија и член на СНС, Александар Вучиќ, а прв на листата е Милош Вучевиќ.

The post Антиќ се потпиша и го поддржа Вучиќ на изборите во Србија appeared first on Република.

]]>

Претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ се вклучи во изборната кампања во Србија и ја поддржа листата на „Српската напредна странка“ на претстојните избори кај нашиот северен сосед. На профилот на артијата на социјалната мрежа Х е објавена негова фотографија со претседателот на Извршниот одбор на СНС, Дарко Глишиќ.
„Кошаркарската легенда Перо Антиќ денеска ја поддржа листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“. Фала ти легендо“, пишува на профилот на СНС.
„Српската напредна странка“ денеска ја доставила листата до тамошната Републичка изборна комисија, заедно со 92.637 потписи како поддршка од српските граѓани. Носител на листата е претседателот на Србија и член на СНС, Александар Вучиќ, а прв на листата е Милош Вучевиќ.

The post Антиќ се потпиша и го поддржа Вучиќ на изборите во Србија appeared first on Република.

]]>
Антиќ се степал со бившиот на бившата https://republika.mk/scena/estrada/antik-se-stepal-so-bivshiot-na-bivshata/ Tue, 31 Oct 2023 08:36:57 +0000 https://republika.mk/?p=696557

Физички се пресметале двајцата бивши партнери на познатата манекенка Катарина Ивановска. Како што пренесува порталот 24Инфо до инцидент во еден скопски локал дошло меѓу Цобе, првиот партнер и татко на децата на Катарина и Перо Антиќ.

Според написите, Цобе побарал од Антиќ да го напушти локалот, но тој одбил.

Токму поради тоа настанала тепачка, а Цобе сакајќи да го погоди Антиќ со флаши и чаши во полникот клуб погодил трето лице по што реагирало обезбедувањето и го избркало Антиќ.

Перо Антиќ на почетокот од годината ја раскина врската со манекенката Катарина Ивановска, а за тоа проговори малку повеќе во емисијата „Жешко столче“.

Секој прави грешки во животот, така да треба да се научи со грешките и едноставно за мене кога ќе си со некој во врска, треба да сте вие двајца, а да нема попатни уште сто луѓе во таа врска. Ништо не е грешка во животот, се е школа – ако ја повторам таа грешка, ќе биде грешка, рече Антиќ.

 

The post Антиќ се степал со бившиот на бившата appeared first on Република.

]]>

Физички се пресметале двајцата бивши партнери на познатата манекенка Катарина Ивановска. Како што пренесува порталот 24Инфо до инцидент во еден скопски локал дошло меѓу Цобе, првиот партнер и татко на децата на Катарина и Перо Антиќ. Според написите, Цобе побарал од Антиќ да го напушти локалот, но тој одбил. Токму поради тоа настанала тепачка, а Цобе сакајќи да го погоди Антиќ со флаши и чаши во полникот клуб погодил трето лице по што реагирало обезбедувањето и го избркало Антиќ. Перо Антиќ на почетокот од годината ја раскина врската со манекенката Катарина Ивановска, а за тоа проговори малку повеќе во емисијата „Жешко столче“.
Секој прави грешки во животот, така да треба да се научи со грешките и едноставно за мене кога ќе си со некој во врска, треба да сте вие двајца, а да нема попатни уште сто луѓе во таа врска. Ништо не е грешка во животот, се е школа – ако ја повторам таа грешка, ќе биде грешка, рече Антиќ.
 

The post Антиќ се степал со бившиот на бившата appeared first on Република.

]]>
Перо Антиќ за врската со Катерина Ивановска: Секој прави грешки во животот https://republika.mk/scena/estrada/pero-antik-za-vrskata-so-katerina-ivanovska-sekoj-pravi-greshki-vo-zhivotot/ Mon, 16 Oct 2023 09:30:43 +0000 https://republika.mk/?p=691635

Перо Антиќ на почетокот од годината ја раскина врската со манекенката Катарина Ивановска, па за тоа проговори малку повеќе во емисијата „Жешко столче“.

https://republika.mk/scena/estrada/tsetsa-prvpat-vo-javnost-po-objavata-deka-e-vo-vrska-so-pero-antik/

Секој прави грешки во животот, така да треба да се научи со грешките и едноставно за мене кога ќе си со некој во врска, треба да сте вие двајца, а да нема попатни уште сто луѓе во таа врска. Ништо не е грешка во животот, се е школа – ако ја повторам таа грешка, ќе биде грешка, вели Антиќ.

The post Перо Антиќ за врската со Катерина Ивановска: Секој прави грешки во животот appeared first on Република.

]]>

Перо Антиќ на почетокот од годината ја раскина врската со манекенката Катарина Ивановска, па за тоа проговори малку повеќе во емисијата „Жешко столче“. https://republika.mk/scena/estrada/tsetsa-prvpat-vo-javnost-po-objavata-deka-e-vo-vrska-so-pero-antik/
Секој прави грешки во животот, така да треба да се научи со грешките и едноставно за мене кога ќе си со некој во врска, треба да сте вие двајца, а да нема попатни уште сто луѓе во таа врска. Ништо не е грешка во животот, се е школа – ако ја повторам таа грешка, ќе биде грешка, вели Антиќ.

The post Перо Антиќ за врската со Катерина Ивановска: Секој прави грешки во животот appeared first on Република.

]]>
Цеца првпат во јавност по објавата дека е во врска со Перо Антиќ https://republika.mk/scena/estrada/tsetsa-prvpat-vo-javnost-po-objavata-deka-e-vo-vrska-so-pero-antik/ Thu, 28 Sep 2023 19:41:08 +0000 https://republika.mk/?p=686175

Александра Пријовиќ во белградската Арена одржа концерт. На нејзиниот концерт дојдоа најголемите имиња. Една од нив е фолк ѕвездата, Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Ова е прво нејзино појавување во јавноста откако во македонските медиуми беше објавено дека е во врска со поранешниот кошаркар Перо Антиќ. Тој ја демантираше врската додека од Цеца се уште нема реакција.

https://republika.mk/scena/estrada/antik-za-vrskata-so-tsetsa-drzhavata-propaga-od-vakvi-trachevi/

 

The post Цеца првпат во јавност по објавата дека е во врска со Перо Антиќ appeared first on Република.

]]>

Александра Пријовиќ во белградската Арена одржа концерт. На нејзиниот концерт дојдоа најголемите имиња. Една од нив е фолк ѕвездата, Светлана Цеца Ражнатовиќ. Ова е прво нејзино појавување во јавноста откако во македонските медиуми беше објавено дека е во врска со поранешниот кошаркар Перо Антиќ. Тој ја демантираше врската додека од Цеца се уште нема реакција. https://republika.mk/scena/estrada/antik-za-vrskata-so-tsetsa-drzhavata-propaga-od-vakvi-trachevi/  

The post Цеца првпат во јавност по објавата дека е во врска со Перо Антиќ appeared first on Република.

]]>
Антиќ за врската со Цеца: Државата пропаѓа од вакви трачеви https://republika.mk/scena/estrada/antik-za-vrskata-so-tsetsa-drzhavata-propaga-od-vakvi-trachevi/ Thu, 28 Sep 2023 13:45:30 +0000 https://republika.mk/?p=686024

Претседателот на КФМ Перо Антиќ ги негира чаршиските муабети дека е во врска со балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ. Тој за „ММС“ открива дека е во врска со „македонско девојче“.

https://republika.mk/scena/estrada/tsetsa-ima-nov-dechko-toa-e-poraneshen-makedonski-kosharkar/

Абе тоа се секти, кои измислуваат приказни, а јас сум си среќно заљубен со друга личност и нека не ме мешаат со други за ефтини кликови на интернет. Нема врска. Зашто Скопје е станато како „мртво море“, како што вели Цеца во песната? Ете затоа. Од рекла – казала приказни. Место да се гледат поголеми вредности, се измислуваат приказни. И затоа пропаѓа градот, да не кажам државата. Од такви нелуѓе, вели тој за ММС.

https://republika.mk/scena/estrada/arkan-ja-kupil-tsetsa-za-pola-milion-marki/

Муабетите за Антиќ и Цеца започнаа пред неколку месеци, откако јавноста дозна дека ја раскинал врската со најуспешната македонска манекенка и модел Катарина Ивановска.

https://republika.mk/scena/estrada/mislite-deka-e-rano-e-da-se-razmisluva-za-nova-godina-tsetsa-veke-zakazha-tezga-za-100-000-evra-snaata-na-lepa-brena-za-20-000/

 

The post Антиќ за врската со Цеца: Државата пропаѓа од вакви трачеви appeared first on Република.

]]>

Претседателот на КФМ Перо Антиќ ги негира чаршиските муабети дека е во врска со балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ. Тој за „ММС“ открива дека е во врска со „македонско девојче“. https://republika.mk/scena/estrada/tsetsa-ima-nov-dechko-toa-e-poraneshen-makedonski-kosharkar/
Абе тоа се секти, кои измислуваат приказни, а јас сум си среќно заљубен со друга личност и нека не ме мешаат со други за ефтини кликови на интернет. Нема врска. Зашто Скопје е станато како „мртво море“, како што вели Цеца во песната? Ете затоа. Од рекла – казала приказни. Место да се гледат поголеми вредности, се измислуваат приказни. И затоа пропаѓа градот, да не кажам државата. Од такви нелуѓе, вели тој за ММС.
https://republika.mk/scena/estrada/arkan-ja-kupil-tsetsa-za-pola-milion-marki/ Муабетите за Антиќ и Цеца започнаа пред неколку месеци, откако јавноста дозна дека ја раскинал врската со најуспешната македонска манекенка и модел Катарина Ивановска. https://republika.mk/scena/estrada/mislite-deka-e-rano-e-da-se-razmisluva-za-nova-godina-tsetsa-veke-zakazha-tezga-za-100-000-evra-snaata-na-lepa-brena-za-20-000/  

The post Антиќ за врската со Цеца: Државата пропаѓа од вакви трачеви appeared first on Република.

]]>
Перо Антиќ му подари патики на Вучиќ https://republika.mk/vesti/pero-antik-mu-podari-patiki-na-vuchik/ Mon, 11 Sep 2023 17:58:53 +0000 https://republika.mk/?p=680987

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Скопје се сретна со македонскиот кошаркар Перо Антиќ и порача дека и двајцата се горди на српските кошаркари кои го освоија сребрениот медал на Светското првенство и обезбедија пласман на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Вучиќ на својот Инстаграм профил „buducnostsrbijeav“ изјави дека Антиќ му подарил патики „Srbija1“ и објави видео од нивната средба

The post Перо Антиќ му подари патики на Вучиќ appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Скопје се сретна со македонскиот кошаркар Перо Антиќ и порача дека и двајцата се горди на српските кошаркари кои го освоија сребрениот медал на Светското првенство и обезбедија пласман на Олимписките игри во Париз во 2024 година.
Вучиќ на својот Инстаграм профил „buducnostsrbijeav“ изјави дека Антиќ му подарил патики „Srbija1“ и објави видео од нивната средба

The post Перо Антиќ му подари патики на Вучиќ appeared first on Република.

]]>
Пето Антиќ реизбран на функцијата претседател на КФМ, само еден делегат гласаше „против“ https://republika.mk/sport/kosarka/peto-antik-reizbran-na-funktsijata-pretsedatel-na-kfm-samo-eden-delegat-glasashe-protiv/ Wed, 29 Mar 2023 12:07:15 +0000 https://republika.mk/?p=625073

Досегашниот претседател на Македонската кошаркарска федерација Перо Антиќ, и следните четири години ќе ја извршуваа оваа функција.

На денешното Изборно собрание на федерацијата, Антиќ доби 40 гласа, еден делегат гласаше против.

Поранешниот македонски репрезентативец, рече дека во вториот свој мандат на чело на федерацијата, ќе работи на создавање што е можно подобри услови за сите генерации, особено за младинските. Исто така најави нов генерален спонзор во македонската лига со што клубовите ќе добијат финансиско олеснување.

Токму клубовите на федерацијата и должат околу 200 илјади евра, покажува финансискиот извештај на КФСМ усвоен на денешното Собрание.

 

The post Пето Антиќ реизбран на функцијата претседател на КФМ, само еден делегат гласаше „против“ appeared first on Република.

]]>

Досегашниот претседател на Македонската кошаркарска федерација Перо Антиќ, и следните четири години ќе ја извршуваа оваа функција. На денешното Изборно собрание на федерацијата, Антиќ доби 40 гласа, еден делегат гласаше против. Поранешниот македонски репрезентативец, рече дека во вториот свој мандат на чело на федерацијата, ќе работи на создавање што е можно подобри услови за сите генерации, особено за младинските. Исто така најави нов генерален спонзор во македонската лига со што клубовите ќе добијат финансиско олеснување. Токму клубовите на федерацијата и должат околу 200 илјади евра, покажува финансискиот извештај на КФСМ усвоен на денешното Собрание.  

The post Пето Антиќ реизбран на функцијата претседател на КФМ, само еден делегат гласаше „против“ appeared first on Република.

]]>
Антиќ дочекан во Белград со еуфорични овации од навивачите на Црвена звезда https://republika.mk/sport/kosarka/antik-dochekan-vo-belgrad-so-euforichni-ovatsii-od-navivachite-na-tsrvena-zvezda/ Fri, 27 Jan 2023 20:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=601802

Претседателот на КФМ и некогашен репрезентативец на Македонија, Перо Антиќ, со големи овации беше пречекан во Беград, во салата „Пионир“ каде што играа Црвена звезда и Партизан во дербито на Евролигата.

„Делиите“ еуфорично го поздравија „нивниот Антиќ“, како што го насловија пред извесно време, а тој во друштво на својата девојка Катерина, и тоа како беше среќен и им се поклонуваше на фановите на клубот за кого играше и за кој навива.

https://twitter.com/sportske/status/1619029001410088961?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1619029001410088961%7Ctwgr%5Ef20d95f0351992a4ced349319e658b06dcdcfb0f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmedia.mk%2F2023%2F01%2F27%2FD0B0D0BDD182D0B8D19C-D181D0BE-D0BED0B2D0B0D186D0B8D0B8-D0B4D0BED187D0B5D0BAD0B0D0BD-D0B2D0BE-D0B1D0B5D0BBD0B3D180D0B0D0B4-D0B2D0B8D0B4%2F

Партизан славеше на дуелот со резултат 79:78.

The post Антиќ дочекан во Белград со еуфорични овации од навивачите на Црвена звезда appeared first on Република.

]]>

Претседателот на КФМ и некогашен репрезентативец на Македонија, Перо Антиќ, со големи овации беше пречекан во Беград, во салата „Пионир“ каде што играа Црвена звезда и Партизан во дербито на Евролигата. „Делиите“ еуфорично го поздравија „нивниот Антиќ“, како што го насловија пред извесно време, а тој во друштво на својата девојка Катерина, и тоа како беше среќен и им се поклонуваше на фановите на клубот за кого играше и за кој навива. https://twitter.com/sportske/status/1619029001410088961?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1619029001410088961%7Ctwgr%5Ef20d95f0351992a4ced349319e658b06dcdcfb0f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmedia.mk%2F2023%2F01%2F27%2FD0B0D0BDD182D0B8D19C-D181D0BE-D0BED0B2D0B0D186D0B8D0B8-D0B4D0BED187D0B5D0BAD0B0D0BD-D0B2D0BE-D0B1D0B5D0BBD0B3D180D0B0D0B4-D0B2D0B8D0B4%2F Партизан славеше на дуелот со резултат 79:78.

The post Антиќ дочекан во Белград со еуфорични овации од навивачите на Црвена звезда appeared first on Република.

]]>
Се јави Антиќ за дуксерот: Навивам за Звезда, Олимијакос и Фенербахче, но ја сакам Македонија https://republika.mk/sport/kosarka/se-javi-antik-za-dukserot-navivam-za-zvezda-olimijakos-i-fenerbahche-no-ja-sakam-makedonija/ Thu, 05 Jan 2023 16:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=593951

По критиките дека на ракометниот спектакл носеше дуксерица „Црвена Звезда“ Перо Антиќ се јави со реакција.Тој вели оти не крие дека навива за Црвена Звезда и за Олимијакос но Македонија му е на прво место.

Тоа не беше модна ревија, туку убав спортски настан. Може и да носам дуксер со Меси на него.Тоа е опремата што ми ја дадоа од последната сезона што ја играв. Не отидов на шопинг. Не барам оправдувања и не сакам ова да изгледа како да се правдам. Секој може да носи што сака, секако и јас. Можеш и гол, со отворен ум, нели сме во 21 век? И секој го поддржува својот клуб. Реков и ќе повторам дека навивам за Црвена звезда, Олимпијакос и Фенербахче и така ќе остане. Јас сум нивен фан, не кријам.
Но, секако, Македонија е број еден за мене. И се што направив за Македонија ми дава право да се облекувам како што сакам. Ја претставував Македонија во најдобро светло низ светот. За мене Македонија е една, знамето е едно, а химната е една и тоа никогаш нема да се смени. Така да немам порака за овие злобници, само сакам да им посакам среќна Нова година, да останат здрави и да се опуштите малку. Престанете да бидете негативни, бидејќи има многу поважни работи за коментирање од тоа кој што носи. Ја сакам Македонија, тоа го знаат сите-вели Антиќ за ММС.мк

The post Се јави Антиќ за дуксерот: Навивам за Звезда, Олимијакос и Фенербахче, но ја сакам Македонија appeared first on Република.

]]>

По критиките дека на ракометниот спектакл носеше дуксерица „Црвена Звезда“ Перо Антиќ се јави со реакција.Тој вели оти не крие дека навива за Црвена Звезда и за Олимијакос но Македонија му е на прво место.
Тоа не беше модна ревија, туку убав спортски настан. Може и да носам дуксер со Меси на него.Тоа е опремата што ми ја дадоа од последната сезона што ја играв. Не отидов на шопинг. Не барам оправдувања и не сакам ова да изгледа како да се правдам. Секој може да носи што сака, секако и јас. Можеш и гол, со отворен ум, нели сме во 21 век? И секој го поддржува својот клуб. Реков и ќе повторам дека навивам за Црвена звезда, Олимпијакос и Фенербахче и така ќе остане. Јас сум нивен фан, не кријам. Но, секако, Македонија е број еден за мене. И се што направив за Македонија ми дава право да се облекувам како што сакам. Ја претставував Македонија во најдобро светло низ светот. За мене Македонија е една, знамето е едно, а химната е една и тоа никогаш нема да се смени. Така да немам порака за овие злобници, само сакам да им посакам среќна Нова година, да останат здрави и да се опуштите малку. Престанете да бидете негативни, бидејќи има многу поважни работи за коментирање од тоа кој што носи. Ја сакам Македонија, тоа го знаат сите-вели Антиќ за ММС.мк

The post Се јави Антиќ за дуксерот: Навивам за Звезда, Олимијакос и Фенербахче, но ја сакам Македонија appeared first on Република.

]]>
Дуксерот на Антиќ стигна и до Србија: Дно, јадеш македонски леб а навиваш за Звезда https://republika.mk/sport/kosarka/dukserot-na-antik-stigna-i-do-srbija-dno-jadesh-makedonski-leb-a-navivash-za-zvezda/ Wed, 04 Jan 2023 10:49:30 +0000 https://republika.mk/?p=593498

Српските медиуми го коментраат дуксот што вчера на ракометниот спектакл го носеше претседателот на кошаркарската федерација Перо Антиќ. Тој носеше блузон на кој пишуваше „Црвена Звезда“ во црвена боја.

Дно - напишаа „Комитите“.

Македонски леб јаде, за Звезда навива. Наша тажна Македонија-напишаа навивачите на КК Работнички „Сити парк бојс“

 

 

The post Дуксерот на Антиќ стигна и до Србија: Дно, јадеш македонски леб а навиваш за Звезда appeared first on Република.

]]>

Српските медиуми го коментраат дуксот што вчера на ракометниот спектакл го носеше претседателот на кошаркарската федерација Перо Антиќ. Тој носеше блузон на кој пишуваше „Црвена Звезда“ во црвена боја. Дно - напишаа „Комитите“. Македонски леб јаде, за Звезда навива. Наша тажна Македонија-напишаа навивачите на КК Работнички „Сити парк бојс“    

The post Дуксерот на Антиќ стигна и до Србија: Дно, јадеш македонски леб а навиваш за Звезда appeared first on Република.

]]>
Модно усогласени: Катарина Ивановска и Перо Антиќ на изложба во МСУ https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/modno-usoglaseni-katarina-ivanovska-i-pero-antikj-na-izlozba-vo-msu/ Sat, 12 Nov 2022 08:43:29 +0000 https://republika.mk/?p=572963

Црна ролка и есенска елеганција одбра познатата македонска двојка - моделот Катарина Ивановска и кошаркарот Перо Антиќ.

Инаку тие ја посетија изложбата  „Се што ни е заедничко“ која пред два дена беше отворена во Музеј на современата уметност, каде уметничкиот колектив „Рома Џем Сешн“ промовираа публикација „Морфирање на ромското етикетирање“, објавена од oncurating.org и имаа партиципативен перформанс „Detox Switzerland Detox Europe – Meditation on the History of the Roma in Switzerland“.

The post Модно усогласени: Катарина Ивановска и Перо Антиќ на изложба во МСУ appeared first on Република.

]]>

Црна ролка и есенска елеганција одбра познатата македонска двојка - моделот Катарина Ивановска и кошаркарот Перо Антиќ. Инаку тие ја посетија изложбата  „Се што ни е заедничко“ која пред два дена беше отворена во Музеј на современата уметност, каде уметничкиот колектив „Рома Џем Сешн“ промовираа публикација „Морфирање на ромското етикетирање“, објавена од oncurating.org и имаа партиципативен перформанс „Detox Switzerland Detox Europe – Meditation on the History of the Roma in Switzerland“.

The post Модно усогласени: Катарина Ивановска и Перо Антиќ на изложба во МСУ appeared first on Република.

]]>
Катарина Ивановска и Перо Антиќ на летување во Бодрум https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/katarina-ivanovska-i-pero-antikj-na-letuvanje-vo-bodrum/ Sat, 04 Jun 2022 16:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=511157

Манекенката Катарина Ивановска и кошаркарот и претседател на КФМ, Перо Антиќ, веќе некое време се во емотивна врска. Тие двајца никогаш јавно не проговорија на оваа тема, освен што минатото лето манекенката во куса изјава за „Бекстејџ“ откри дека се среќни заедно.

Двојката деновиве ужива на заедничкото летување во Бодрум, а Катерина сподели неколку фотографии од плажа, а посебно внимание привлече онаа на која Катарина лежи на грбот на непознат маж. Во едно од понатомошните сториња откри дека тоа е Перо Антиќ, бидејќи на својот профил го сподели сторито на кое тој претходно ја имаше означено.

The post Катарина Ивановска и Перо Антиќ на летување во Бодрум appeared first on Република.

]]>

Манекенката Катарина Ивановска и кошаркарот и претседател на КФМ, Перо Антиќ, веќе некое време се во емотивна врска. Тие двајца никогаш јавно не проговорија на оваа тема, освен што минатото лето манекенката во куса изјава за „Бекстејџ“ откри дека се среќни заедно. Двојката деновиве ужива на заедничкото летување во Бодрум, а Катерина сподели неколку фотографии од плажа, а посебно внимание привлече онаа на која Катарина лежи на грбот на непознат маж. Во едно од понатомошните сториња откри дека тоа е Перо Антиќ, бидејќи на својот профил го сподели сторито на кое тој претходно ја имаше означено.

The post Катарина Ивановска и Перо Антиќ на летување во Бодрум appeared first on Република.

]]>
Перо Антиќ: Спортот и кошарката не се бојно поле на политичарите, туку на спортистите https://republika.mk/sport/kosarka/pero-antikj-sportot-i-kosharkata-ne-se-bojno-pole-na-politicharite-tuku-na-sportistite/ Mon, 17 Jan 2022 07:31:12 +0000 https://republika.mk/?p=445532

Во интервју за МИА првиот човек на Кошаркарската федерација одговара на повеќе прашања поврзани со актуелните проблеми, настапот на нашите репрезентативни селекции во квалификациите за Европското првенство и Светскиот куп, состојбата со клупската кошарка, но одговара и на озборувањата и шпекулациите дека се подготвува смена на ракoводството на КФСМ, кои ги отфрла како дрска игра на политичките профитери.

Интервјуто го пренесуваме во целост.

Машката и женската кошаркарска репрезентација веќе одработија дел од квалификациите за Светскиот куп, односно Европското првенство во 2023 година. Што може да очекуваат љубителите на кошарката во годината пред нас?

Можам да кажам дека од наша страна продолжуваме со комплетната поддршка на сите репрезентативни нивоа како што го правевме во изминатите години. Главен акцент, ако може така да се каже, ставаме на двете сениорски  селекции. Зад нас се оние ноемвриски „прозорци“ во кои имавме навистина сериозен предизвик пред нас. Особено гостувањето на актуелниот светски шампион, селекцијата на Шпанија, во Скопје. Организациски максимално одговоривме на сите строги барања кои пред нас ги постави Светската кошаркарска организација. Резултатски, можеби не, но како што и напомена селекторот Драган Бајиќ, наша првенствена цел во овој квалификациски циклус е да пробаме да „направиме“ играчи кои ќе ја „носат“ најдобрата селекција во иднина. А таков пример, и тоа одличен, имаме со настапот на Теодор Симиќ. Имавме добар настап и во Киев, против Украина игравме добро цели 35 минути и само недостигот на концентрација нè чинеше пораз.

Колку раководството на Федерацијата е подготвено за овие значајни мечеви на македонската кошарка?

Не би сакал да дискутираме за подготвеност од причина што тоа се подразбира кога станува збор за една сериозна национална федерација која треба да продолжи со континуитет на добра работа во секој поглед. Реков, имаме сериозни предизвици пред нас, особено во тој репрезентативен сегмент. Не треба да се заборави дека како производ на нашата одлична работа во овие две-три години и ова лето ќе бидеме во улога на организатори на две европски младински првенства. Едното од нив е на највисокото кадетско ниво во Европа. Значи, нема време за одмор, подготовките за тие настани се веќе започнати. Сакаме да испратиме уште една порака дека нашата федерација и знае и умее.

Може ли преку овие квалификации да се очекува исчекор напред кога станува збор за нашите репрезентативни селекции?

Нашите желби се истото да го направат и девојките кои пак имаат нешто поголема пауза во оваа 2022 година. Евро-квалификациите ќе ги продолжат дури во ноември, со надеж дека конечно добрите игри во изминатиот период ќе ги наградат со еден триумф против силни селекции како Белгија, Германија и БиХ. Барем засега, за нас е особено важно што оваа наша селекција направи и голем скок на ранг листата на ФИБА. Сега сме на 37 позиција, четири погоре во однос на претходното рангирање и тука очекуваме уште поголем прогрес. Нема преголемо оптоварување кога станува збор за сениорите. Околу очекувањата, во февруари имаме двомеч со Грузија. Очекуваме да дојдеме до првата победа во светските квалификации. Тешко дојдовме до една ваква, историска прилика, да бркаме пласман на Светскиот куп, нешто за што, барем досега беше мислена именка. Реално, шанси постојат, на нашите најдобри кошаркари е да се обидат и да ги искористат во дуелите кои следуваат.

Што се случи со идејата за формирање на регионална лига? Дали со формирањето на ваква лига ќе се подобри квалитетот на кошарката?

Регионални лиги постојат и сега. Неколку наши екипи во двете конкуренции се веќе дел од нив. Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром играат во АБА 2, Баскет Кам 2011 и Бадел 1862 се дел од „WABA-лигата“. Имаме уште три екипи, Навико Академија ФМП, Куманово 2009 и ТФТ кои се натпреваруваат во Балканската лига. И тоа во голема мерка го намалува оној „простор за маневар“ за тргнување во еден нов проект кој ни беше предложен пред извесно време. Но, мора да се земе во предвид дека и актуелната здравствена ситуација, која ја диктира вирусот Ковид-19, дополнително „делува“ во тие обиди да се дојде до некој почетен проект кој подоцна и би добил своја реализација.

Може ли да се очекува и активирање на проектот „Џуниор НБА“?

И тука сериозен проблем е пандемијата, која реално не дава можност за максимално развивање на сите планирани идеи кои доаѓаат од наша страна. И сега ситуацијата е далеку од идеална да се „пуштиме“ во реализација на долгорочни и сериозни проекти каков што е овој поврзан со НБА-лигата. Но, далеку од тоа дека ќе се откажеме од планираните активности во таа насока, туку напротив.

Како ја оценувате состојбата во македонската клупска кошарка и што е преземено околу подобрување на квалитетот?

Ковид-19 е нашиот проблем со кој дополнително се бориме во изминатиот период. Но, ние како федерација се приспособивме на дадените услови на функционирање. Одработен е голем дел од задачите кои беа пред нас. Успешно завршивме еден шампионат, уште подобро е отворен новиот. Имаме квалитетно првенство, во кое, на пример, лидер не е актуелниот шампион туку една друга екипа која само ги потврди претходно најавените амбиции. Истото се однесува и за оној женски сегмент. Евидентно е дека настапите во „WABA-лигата“ донесоа уште подобри моменти за двата наши претставници во тие силни натпреварувања.

Како го гледате развојот на македонската кошарка?

Промената во Регистрациониот правилник со кој се дозволува настап на странски играчи, придонесе за уште поголем квалитет во женската елитна лига, кој се прошири и во другите клубови, што дефинитивно е ветувачки момент во женската клупска кошарка. Сакаме, освен Баскет Кам 2011 и Бадел 1862 да имаме и други клубови кои ќе се вклучат во системот кој ќе треба да произведе и други кои во иднина ќе го следат нивниот пример и ќе се обидат и надвор од границите на нашата земја. За таа цел направивме и една голема измена во системот за натпреварување, односно освен осумте најдобри од минатата сезона, кои се дел од групата „А“, имаме и уште девет други клубови кои ја зголемуваат конкуренцијата, а во исто време имаат шанса преку натпреварите во групата „Б“ да преминат во најквалитетното натпреварување. Нашите првични процени беа дека треба да ја намалиме бројката на екипи кои се дел од Втората лига. Од квантитет сакаме квалитет и засега тоа се покажува како полн погодок. Имаме, пред се, доста поизедначено натпреварување во овој втор ранг.

А тоа што особено нè радува сите нас е повторното функционирање на Третата лига-мажи. Натпреварување во кое се вклучени 15 екипи, поделени во две натпреварувачки групи, во кое им се дава уште поголем простор на младите кошаркари, особено битен момент во нивниот кошаркарски развој.  Не смее да се заборави и тоа дека во изминатиот период уште поголемо внимание посветивме во сегментот „3х3“. Бевме коорганизатори и покровители на сите големи турнири реализирани во 2021 година. Во оваа година продолжуваме со уште посилно темпо. Во плановите е формирање и на репрезентации во „3х3“ и уште поголемо зголемување на рејтингот кој го имаме во ФИБА во овој дел од кошарката.

Каква е состојбата во младинските категории, има ли потенцијал македонскиот баскет да создаде нови славни имиња кои ќе тргнат по вашата патека и на сите други големи имиња на македонската кошарка?

Македонија имала и ќе има потенцијал кој треба да се искористи, насочи во вистинската насока. Факт е дека се соочивме со проблем кој го прави неповолната здравствена ситуација не само кај нас, туку во целиот свет и која за жал се уште не е стабилизирана. Во такви „услови“ и функциониравме во изминатиот временски период. Сепак, успеавме да ги промовираме шампионите во сите возрасни категории од младинските лиги во двете конкуренции. Со мало чекање, токму поради пандемијата, ја стартувавме и новата сезона во сите нивоа на натпреварување.

На мое огромно задоволство без ниту еден посериозен проблем. Планираме така да продолжиме и во новата календарска кошаркарска година. Промовиравме и некои нови млади играчи на кои стручниот тим на нашата најдобра селекција ќе смета и во деновите кои се пред нас. Впрочем тоа е и нашата основна цел, да „правиме“ играчи за сениорската селекција.

Колку има вистина во озборувањата дека се подготвува смена на раководството на Федерацијата и доколку е точно кој стои зад тоа?

Секое мешање на одредени политички структури во спортот, посебно во кошарката, е однапред осудено на пропаст. Имено, овие структури сакаат преку овие озборувања да наметнат дека нешто не е во ред со работата на КФСМ и дека тие се најдоброто решение, иако и во изминатиот период имаа време и шанса да покажат што знаат и умеат. На сите им порачувам да ги држат рацете подалеку од спортот и кошарката, бидејќи тие се на спортистите, а не на политичките профитери кои преку дворски игри и лажни ветувања сакаат да креираат нереална слика и да ја користат Федерацијата за други цели. Изминатиот период и до нас дојдоа одредени информации кои укажуваат на тоа дека одредени градоначалници ја злоупотребуваат нивната власт и им се закануваат и ги уценуваат клубовите. Тоа е нечесно, дрско и на никој не му помага такво шерифско однесување. Тие не смеат да ја водат политичката борба преку кошарката, туку таму каде е местото за тоа. Сите се добредојдени како гледачи, поддржувачи, помагатели и со добронамерни критики. Ова раководство на Федерацијата од нив не сака ништо повеќе од тоа. Најдобронамерно ги предупредувам еднаш засекогаш сите да сфатат дека спортот и кошарката не се бојно поле на политичарите, туку на спортистите и спортските работници. Нивно е да се грижат за тоа што се платени-да обезбедуваат подобри услови за сите спортови, спортска инфраструктура и обезбедување поголема помош за спортот на секој план.

The post Перо Антиќ: Спортот и кошарката не се бојно поле на политичарите, туку на спортистите appeared first on Република.

]]>

Во интервју за МИА првиот човек на Кошаркарската федерација одговара на повеќе прашања поврзани со актуелните проблеми, настапот на нашите репрезентативни селекции во квалификациите за Европското првенство и Светскиот куп, состојбата со клупската кошарка, но одговара и на озборувањата и шпекулациите дека се подготвува смена на ракoводството на КФСМ, кои ги отфрла како дрска игра на политичките профитери. Интервјуто го пренесуваме во целост. Машката и женската кошаркарска репрезентација веќе одработија дел од квалификациите за Светскиот куп, односно Европското првенство во 2023 година. Што може да очекуваат љубителите на кошарката во годината пред нас? Можам да кажам дека од наша страна продолжуваме со комплетната поддршка на сите репрезентативни нивоа како што го правевме во изминатите години. Главен акцент, ако може така да се каже, ставаме на двете сениорски  селекции. Зад нас се оние ноемвриски „прозорци“ во кои имавме навистина сериозен предизвик пред нас. Особено гостувањето на актуелниот светски шампион, селекцијата на Шпанија, во Скопје. Организациски максимално одговоривме на сите строги барања кои пред нас ги постави Светската кошаркарска организација. Резултатски, можеби не, но како што и напомена селекторот Драган Бајиќ, наша првенствена цел во овој квалификациски циклус е да пробаме да „направиме“ играчи кои ќе ја „носат“ најдобрата селекција во иднина. А таков пример, и тоа одличен, имаме со настапот на Теодор Симиќ. Имавме добар настап и во Киев, против Украина игравме добро цели 35 минути и само недостигот на концентрација нè чинеше пораз. Колку раководството на Федерацијата е подготвено за овие значајни мечеви на македонската кошарка? Не би сакал да дискутираме за подготвеност од причина што тоа се подразбира кога станува збор за една сериозна национална федерација која треба да продолжи со континуитет на добра работа во секој поглед. Реков, имаме сериозни предизвици пред нас, особено во тој репрезентативен сегмент. Не треба да се заборави дека како производ на нашата одлична работа во овие две-три години и ова лето ќе бидеме во улога на организатори на две европски младински првенства. Едното од нив е на највисокото кадетско ниво во Европа. Значи, нема време за одмор, подготовките за тие настани се веќе започнати. Сакаме да испратиме уште една порака дека нашата федерација и знае и умее. Може ли преку овие квалификации да се очекува исчекор напред кога станува збор за нашите репрезентативни селекции? Нашите желби се истото да го направат и девојките кои пак имаат нешто поголема пауза во оваа 2022 година. Евро-квалификациите ќе ги продолжат дури во ноември, со надеж дека конечно добрите игри во изминатиот период ќе ги наградат со еден триумф против силни селекции како Белгија, Германија и БиХ. Барем засега, за нас е особено важно што оваа наша селекција направи и голем скок на ранг листата на ФИБА. Сега сме на 37 позиција, четири погоре во однос на претходното рангирање и тука очекуваме уште поголем прогрес. Нема преголемо оптоварување кога станува збор за сениорите. Околу очекувањата, во февруари имаме двомеч со Грузија. Очекуваме да дојдеме до првата победа во светските квалификации. Тешко дојдовме до една ваква, историска прилика, да бркаме пласман на Светскиот куп, нешто за што, барем досега беше мислена именка. Реално, шанси постојат, на нашите најдобри кошаркари е да се обидат и да ги искористат во дуелите кои следуваат. Што се случи со идејата за формирање на регионална лига? Дали со формирањето на ваква лига ќе се подобри квалитетот на кошарката? Регионални лиги постојат и сега. Неколку наши екипи во двете конкуренции се веќе дел од нив. Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром играат во АБА 2, Баскет Кам 2011 и Бадел 1862 се дел од „WABA-лигата“. Имаме уште три екипи, Навико Академија ФМП, Куманово 2009 и ТФТ кои се натпреваруваат во Балканската лига. И тоа во голема мерка го намалува оној „простор за маневар“ за тргнување во еден нов проект кој ни беше предложен пред извесно време. Но, мора да се земе во предвид дека и актуелната здравствена ситуација, која ја диктира вирусот Ковид-19, дополнително „делува“ во тие обиди да се дојде до некој почетен проект кој подоцна и би добил своја реализација. Може ли да се очекува и активирање на проектот „Џуниор НБА“? И тука сериозен проблем е пандемијата, која реално не дава можност за максимално развивање на сите планирани идеи кои доаѓаат од наша страна. И сега ситуацијата е далеку од идеална да се „пуштиме“ во реализација на долгорочни и сериозни проекти каков што е овој поврзан со НБА-лигата. Но, далеку од тоа дека ќе се откажеме од планираните активности во таа насока, туку напротив. Како ја оценувате состојбата во македонската клупска кошарка и што е преземено околу подобрување на квалитетот? Ковид-19 е нашиот проблем со кој дополнително се бориме во изминатиот период. Но, ние како федерација се приспособивме на дадените услови на функционирање. Одработен е голем дел од задачите кои беа пред нас. Успешно завршивме еден шампионат, уште подобро е отворен новиот. Имаме квалитетно првенство, во кое, на пример, лидер не е актуелниот шампион туку една друга екипа која само ги потврди претходно најавените амбиции. Истото се однесува и за оној женски сегмент. Евидентно е дека настапите во „WABA-лигата“ донесоа уште подобри моменти за двата наши претставници во тие силни натпреварувања. Како го гледате развојот на македонската кошарка? Промената во Регистрациониот правилник со кој се дозволува настап на странски играчи, придонесе за уште поголем квалитет во женската елитна лига, кој се прошири и во другите клубови, што дефинитивно е ветувачки момент во женската клупска кошарка. Сакаме, освен Баскет Кам 2011 и Бадел 1862 да имаме и други клубови кои ќе се вклучат во системот кој ќе треба да произведе и други кои во иднина ќе го следат нивниот пример и ќе се обидат и надвор од границите на нашата земја. За таа цел направивме и една голема измена во системот за натпреварување, односно освен осумте најдобри од минатата сезона, кои се дел од групата „А“, имаме и уште девет други клубови кои ја зголемуваат конкуренцијата, а во исто време имаат шанса преку натпреварите во групата „Б“ да преминат во најквалитетното натпреварување. Нашите првични процени беа дека треба да ја намалиме бројката на екипи кои се дел од Втората лига. Од квантитет сакаме квалитет и засега тоа се покажува како полн погодок. Имаме, пред се, доста поизедначено натпреварување во овој втор ранг. А тоа што особено нè радува сите нас е повторното функционирање на Третата лига-мажи. Натпреварување во кое се вклучени 15 екипи, поделени во две натпреварувачки групи, во кое им се дава уште поголем простор на младите кошаркари, особено битен момент во нивниот кошаркарски развој.  Не смее да се заборави и тоа дека во изминатиот период уште поголемо внимание посветивме во сегментот „3х3“. Бевме коорганизатори и покровители на сите големи турнири реализирани во 2021 година. Во оваа година продолжуваме со уште посилно темпо. Во плановите е формирање и на репрезентации во „3х3“ и уште поголемо зголемување на рејтингот кој го имаме во ФИБА во овој дел од кошарката. Каква е состојбата во младинските категории, има ли потенцијал македонскиот баскет да создаде нови славни имиња кои ќе тргнат по вашата патека и на сите други големи имиња на македонската кошарка? Македонија имала и ќе има потенцијал кој треба да се искористи, насочи во вистинската насока. Факт е дека се соочивме со проблем кој го прави неповолната здравствена ситуација не само кај нас, туку во целиот свет и која за жал се уште не е стабилизирана. Во такви „услови“ и функциониравме во изминатиот временски период. Сепак, успеавме да ги промовираме шампионите во сите возрасни категории од младинските лиги во двете конкуренции. Со мало чекање, токму поради пандемијата, ја стартувавме и новата сезона во сите нивоа на натпреварување. На мое огромно задоволство без ниту еден посериозен проблем. Планираме така да продолжиме и во новата календарска кошаркарска година. Промовиравме и некои нови млади играчи на кои стручниот тим на нашата најдобра селекција ќе смета и во деновите кои се пред нас. Впрочем тоа е и нашата основна цел, да „правиме“ играчи за сениорската селекција. Колку има вистина во озборувањата дека се подготвува смена на раководството на Федерацијата и доколку е точно кој стои зад тоа? Секое мешање на одредени политички структури во спортот, посебно во кошарката, е однапред осудено на пропаст. Имено, овие структури сакаат преку овие озборувања да наметнат дека нешто не е во ред со работата на КФСМ и дека тие се најдоброто решение, иако и во изминатиот период имаа време и шанса да покажат што знаат и умеат. На сите им порачувам да ги држат рацете подалеку од спортот и кошарката, бидејќи тие се на спортистите, а не на политичките профитери кои преку дворски игри и лажни ветувања сакаат да креираат нереална слика и да ја користат Федерацијата за други цели. Изминатиот период и до нас дојдоа одредени информации кои укажуваат на тоа дека одредени градоначалници ја злоупотребуваат нивната власт и им се закануваат и ги уценуваат клубовите. Тоа е нечесно, дрско и на никој не му помага такво шерифско однесување. Тие не смеат да ја водат политичката борба преку кошарката, туку таму каде е местото за тоа. Сите се добредојдени како гледачи, поддржувачи, помагатели и со добронамерни критики. Ова раководство на Федерацијата од нив не сака ништо повеќе од тоа. Најдобронамерно ги предупредувам еднаш засекогаш сите да сфатат дека спортот и кошарката не се бојно поле на политичарите, туку на спортистите и спортските работници. Нивно е да се грижат за тоа што се платени-да обезбедуваат подобри услови за сите спортови, спортска инфраструктура и обезбедување поголема помош за спортот на секој план.

The post Перо Антиќ: Спортот и кошарката не се бојно поле на политичарите, туку на спортистите appeared first on Република.

]]>