peace festival Archives - Република https://republika.mk/tema/peace-festival/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Aug 2022 11:01:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png peace festival Archives - Република https://republika.mk/tema/peace-festival/ 32 32 Спонзорот на ДУИ, печатницата Арберија, не обезбеди ниту главни книги за учебната 2022/2023 година https://republika.mk/vesti/makedonija/sponzorot-na-dui-pechatnicata-arberija-ne-obezbedi-nitu-glavni-knigi-za-uchebnata-2022-2023-godina/ Wed, 24 Aug 2022 11:01:24 +0000 https://republika.mk/?p=543597

Школската година едвај заврши во август, ако за крај на година се смета церемонијата за доделување на свидетелствата, уписите во средно се одвиваа скандалозно, наместо свидетелства се приложуваа слики од Е-дневникот, и сега годината може да доцни со почеток затоа што нема главни книги за училиштата!, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска, претседател на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

– Имено, во ист работен ден, училиштата добија известување од Бирото за развој на образованието дека треба да ги подигнат главните книги за учебната 2022/2023 година, за потоа доцна попладне повторно да се известуваат да не бараат Главни книги, бидејќи има грешки во печатењето и поради тоа главните книги ќе треба да се прпечатат. За печатењето, почитувани, повторно е фирмата Арберија, спонзорот на ДУИ!

Грешката во Главните книги е испревртени страници без никаков редослед на описно и бројчано оценување, без редослед на реден број на учениците, со еден збор целосен хаос.

Според договорот од први август годинава, Арберија Дизајн од Тетово, омилената печатница на ДУИ/СДСМ се обврзува дека педагошката документација и евиденција ќе испорача за 5 дена по нарачката од Бирото за образование.

Бирото како нарачател се обврзува да направи претходна контрола на техничката подготовка за печатење, квалитетот на печатените материјали и писмено одобрение за дистрибуција, вели Јаневска и додава дека „или Арберија не сработела како што треба по контролата од МОН или контролата на МОН потфрлила.“

– Доколку Арберија не го испочитувала договорот за квалитетна навремена испорака, според договорот тоа повлекува реализација на членот 7 од договорот, односно банкарската гаранција којашто се активира, цитирам: во случај на несовпаѓање на техничките и квалитативните карактеристики на испорачаните печатени материјали, се повлекува сериозна одговорност! Прво повлекување на банкараската гаранција, а потоа одговорност на печатницата.

Доколку Министерството односно Бирото не направиле контрола, тогаш повторно потребна е сериозна персонална одговорност кој тоа дозволил печатење на ваков неупотреблив материјал и на чиј трошок ќе се спроведе препечатува на главните книги?!

Образованието тоне, Македонија тоне, криминалот цвета! Доста е! Образованието во Македонија не смее повеќе да биде жртва на бизнис интересите на ДУИ и СДСМ! Образованието не смее да биде зад журките и спонзорите на ДУИ и СДСМ, тоа треба да биде на прво место. На ова мора да има крај, истакна Јаневска.

The post Спонзорот на ДУИ, печатницата Арберија, не обезбеди ниту главни книги за учебната 2022/2023 година appeared first on Република.

]]>

Школската година едвај заврши во август, ако за крај на година се смета церемонијата за доделување на свидетелствата, уписите во средно се одвиваа скандалозно, наместо свидетелства се приложуваа слики од Е-дневникот, и сега годината може да доцни со почеток затоа што нема главни книги за училиштата!, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска, претседател на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
– Имено, во ист работен ден, училиштата добија известување од Бирото за развој на образованието дека треба да ги подигнат главните книги за учебната 2022/2023 година, за потоа доцна попладне повторно да се известуваат да не бараат Главни книги, бидејќи има грешки во печатењето и поради тоа главните книги ќе треба да се прпечатат. За печатењето, почитувани, повторно е фирмата Арберија, спонзорот на ДУИ!
Грешката во Главните книги е испревртени страници без никаков редослед на описно и бројчано оценување, без редослед на реден број на учениците, со еден збор целосен хаос. Според договорот од први август годинава, Арберија Дизајн од Тетово, омилената печатница на ДУИ/СДСМ се обврзува дека педагошката документација и евиденција ќе испорача за 5 дена по нарачката од Бирото за образование. Бирото како нарачател се обврзува да направи претходна контрола на техничката подготовка за печатење, квалитетот на печатените материјали и писмено одобрение за дистрибуција, вели Јаневска и додава дека „или Арберија не сработела како што треба по контролата од МОН или контролата на МОН потфрлила.“
– Доколку Арберија не го испочитувала договорот за квалитетна навремена испорака, според договорот тоа повлекува реализација на членот 7 од договорот, односно банкарската гаранција којашто се активира, цитирам: во случај на несовпаѓање на техничките и квалитативните карактеристики на испорачаните печатени материјали, се повлекува сериозна одговорност! Прво повлекување на банкараската гаранција, а потоа одговорност на печатницата.
Доколку Министерството односно Бирото не направиле контрола, тогаш повторно потребна е сериозна персонална одговорност кој тоа дозволил печатење на ваков неупотреблив материјал и на чиј трошок ќе се спроведе препечатува на главните книги?! Образованието тоне, Македонија тоне, криминалот цвета! Доста е! Образованието во Македонија не смее повеќе да биде жртва на бизнис интересите на ДУИ и СДСМ! Образованието не смее да биде зад журките и спонзорите на ДУИ и СДСМ, тоа треба да биде на прво место. На ова мора да има крај, истакна Јаневска.

The post Спонзорот на ДУИ, печатницата Арберија, не обезбеди ниту главни книги за учебната 2022/2023 година appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Исвиркувањето на македонскиот јазик го доживеав многу тешко https://republika.mk/vesti/makedonija/bitikji-isvirkuvanjeto-na-makedonskiot-jazik-go-doziveav-mnogu-teshko/ Wed, 17 Aug 2022 17:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=541486

Живееме во општество на голема недоверба, општество во кое меѓусебно не се почитуваме и се уште не сме дораснати да ги прифаќаме различностите, рече вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, коментирајќи го исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата по повод 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

Исвиркувањето на македонскиот јазик го доживеав многу тешко. Тоа ни покажува во какво општество живееме, во општество на голема недоверба, во кое не се почитуваме и се уште не сме дораснати да ги прифаќаме различностите. Јас сум еден од тие и ќе останам да се борам за концептот на „едно општество“, истакна Битиќи во гостувањето на Канал 5 телевизија.

На прашањето за барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се одржат предвремни избори, тој уште еднаш повтори дека во време на криза сите треба одговорно да се однесуваат.

Уште во 2020 година кога ми беше дадена можноста да бидам вицепремиер, кажав дека во период на криза сите треба разумно да се однесуваме. Сметам дека наместо да повикуваме на избори и референдум, треба заедно да седнеме и да видиме кои се решенијата за излез од кризата, нагласи Битиќи.

The post Битиќи: Исвиркувањето на македонскиот јазик го доживеав многу тешко appeared first on Република.

Маричиќ: Не е пријатно, но провокации имало секогаш https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-ne-e-prijatno-no-provokacii-imalo-sekogash/ Wed, 17 Aug 2022 10:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=541337

На вицепремиерот Бојан Маричиќ не му било пријатно кога чул како група граѓани на прославата за Рамковниот договор ја исвиркаа водителката кога таа почна да зборува на македонски јазик. Смета дека станува збор за провокации, кои секогаш ги имало. Тој смета дека кога ВМРО-ДПМНЕ биле на власт, тоа било оркестриранo, а сега не е.

„Исвирквуање на било кој јазик не е пријатно за никого. Јас како Македонец не се чувствувам пријатно. Но, провокации, секогаш имало. Последните 5 години, провокации не биле оркестрирани…..Политика која се базира на поделби, посебно меѓуетнички не може да донесе добро на државата, не може да опстане на долг рок. Се обиделе повеќе политичари и сите изгубиме. Граѓаните се доволно зрели за да не бидат подложни на вакви провокации“, рече Маричиќ.

Со исвиркувањење на македонскиот јазик, почна фестивалот во чест на 21 годишнината од потпишување на Рамковниот договор. Во најголем дел младата популација, се забавуваше се до моментот кога водителката на настанот, која прво зборуваше на албански, проговори на македонски, што ја изреволтира публиката.

The post Маричиќ: Не е пријатно, но провокации имало секогаш appeared first on Република.

СДСМ и ДУИ се здружена банда, затоа нема храброст да го осуди исвиркувањето на македонскиот јазик https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-i-dui-se-zdruzena-banda-zatoa-nema-hrabrost-da-go-osudi-isvirkuvanjeto-na-makedonskiot-jazik/ Tue, 16 Aug 2022 10:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=540904

Министерката за култура воопшто не се огради, не пак да го осуди настанот. Повторно морам да кажам, зборуваме за потрошени пари на граѓаните на Република Македонија и најголем дел од нив преку таа прослава и исвиркувањето на некој начин се навредени нашиот идентитет, нашиот јазик, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на новинарско прашање за немањето осуда од страна на власта за исвиркување на македонскиот јазик за време на прославата за Рамковен.

Димитриеска Кочоска која присуствуваше на присуствуваше на протестот на оризопроизводителите во Оризари посочи како да очекуваме да не почитуваат нашите соседи, кога самите не се почитуваме и додаде дека СДСМ не го осудува ова однесување затоа што треба да си го осудат коалициониот партнер со кој се заедно во криминалите.

– Треба да излезат и да го критикуваат коалициониот партнер, а тоа е ДУИ. Но тоа е една здружена криминална банда која заради криминал и корупција ќе ги премолчи сите работи. Оттука министерката за култура нема храброст да искоментира било што, рече Димитриеска Кочоска.

The post СДСМ и ДУИ се здружена банда, затоа нема храброст да го осуди исвиркувањето на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура воопшто не се огради, не пак да го осуди настанот. Повторно морам да кажам, зборуваме за потрошени пари на граѓаните на Република Македонија и најголем дел од нив преку таа прослава и исвиркувањето на некој начин се навредени нашиот идентитет, нашиот јазик, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на новинарско прашање за немањето осуда од страна на власта за исвиркување на македонскиот јазик за време на прославата за Рамковен. Димитриеска Кочоска која присуствуваше на присуствуваше на протестот на оризопроизводителите во Оризари посочи како да очекуваме да не почитуваат нашите соседи, кога самите не се почитуваме и додаде дека СДСМ не го осудува ова однесување затоа што треба да си го осудат коалициониот партнер со кој се заедно во криминалите.
– Треба да излезат и да го критикуваат коалициониот партнер, а тоа е ДУИ. Но тоа е една здружена криминална банда која заради криминал и корупција ќе ги премолчи сите работи. Оттука министерката за култура нема храброст да искоментира било што, рече Димитриеска Кочоска.

The post СДСМ и ДУИ се здружена банда, затоа нема храброст да го осуди исвиркувањето на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Свирежите за македонскиот јазик не беа провоцирани и иницирани од ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-svirezite-za-makedonskiot-jazik-ne-bea-provocirani-i-inicirani-od-dui/ Mon, 15 Aug 2022 12:44:24 +0000 https://republika.mk/?p=540538

За вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, свирежите за македонскиот јазик, за време на таканаречениот „Peace Festival“ на плоштадот Скендербег во Скопје, не се иницирани од политички субјекти.

Организатор на фестивалот во чест на 21 годишнината од потпишување на Рамковниот договор беше Министерството за политички систем, а дел од публиката беше изреволтирана кога водителката на настанот, која прво зборуваше на албански, проговори и на македонски.

Провокации и обиди за дестабилизација имало и секогаш ќе има, но за разлика од пред пет години, денес тие ниту се иницирани, ниту се провоцирани, ниту се поддржани од кој било чинител од власта. Ние сигурно чекориме кон ЕУ, разумно, одлучно, со почит кон нам различните и во договор со нашите сограѓани, пријатели, другарки и другари, припадници на сите етникуми во нашата земја, дека нашиот пат напред е еден и заеднички. Со заемна поддршка ќе ги надминеме сите предизвици на овој пат, амбициозно и без застанување кон остварување на полноправното членство во Унијата, гласи објаснувањето на Маричиќ дадено за ДВ.

The post Маричиќ: Свирежите за македонскиот јазик не беа провоцирани и иницирани од ДУИ appeared first on Република.

Ете зошто не се пи*каат народни пари на етнички журки https://republika.mk/vesti/makedonija/ete-zoshto-ne-se-pi-kaat-narodni-pari-na-etnichki-zurki/ Mon, 15 Aug 2022 09:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=540455

Било која институција финасирана со буџетски средства нема право да го користи името Македонија.
Било кој министер или банда на државен или етнички настан платен со буџетски средства има право да ја негира придавката “македонски” и да уринира врз македонскиот јазик или националните чувства, идентитетот и меморијата на македонскиот народ и нација.
Би рекле дека поприлично труло ни се подвоени работите дома и овие контрадикции за обичниот народ ќе бидат извор само на дополнителен национализам, фрустрација, шовинизам и ксенофобија.
Ете зошто не се пичкаат народни пари на етнички журки и зошто министри од друга етничка припадност не треба да решаваат политички и историски спорови со трета страна, особено кога станува збор за злонамерно насочен етникум и нација, коментира Ивор Мицковски.

The post Ете зошто не се пи*каат народни пари на етнички журки appeared first on Република.

]]>

Било која институција финасирана со буџетски средства нема право да го користи името Македонија. Било кој министер или банда на државен или етнички настан платен со буџетски средства има право да ја негира придавката “македонски” и да уринира врз македонскиот јазик или националните чувства, идентитетот и меморијата на македонскиот народ и нација. Би рекле дека поприлично труло ни се подвоени работите дома и овие контрадикции за обичниот народ ќе бидат извор само на дополнителен национализам, фрустрација, шовинизам и ксенофобија. Ете зошто не се пичкаат народни пари на етнички журки и зошто министри од друга етничка припадност не треба да решаваат политички и историски спорови со трета страна, особено кога станува збор за злонамерно насочен етникум и нација, коментира Ивор Мицковски.

The post Ете зошто не се пи*каат народни пари на етнички журки appeared first on Република.

]]>
Фирмата-донатор на ДУИ, која треба да ги набави свидетелствата, ја мести сцената за утрешната прослава за Рамковниот договор https://republika.mk/vesti/makedonija/firmata-donator-na-dui-koja-treba-da-gi-nabavi-svidetelstvata-ja-mesti-scenata-za-utreshnata-proslava-za-ramkovniot-dogovor/ Fri, 12 Aug 2022 17:55:03 +0000 https://republika.mk/?p=539763

„Арбериа“ пишува на повеќе комби-возила и камиони паркирани на плоштадот „Скендер бег“ во Скопје. На фотографиите што ги објави порталот 360 степени на плоштадот веќе се поставува сцена и опрема и се уредува просторот за утрешниот настан насловен “PEACE FESTIVAL”. Мировниот фестивал, што по повод годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, го организира Министерството за политички систем и односи со заедниците на Артан Груби.

Според документите од Бирото за јавни набавки, Министерството за политички систем потпишало два договора со „Арбериа дизајн“ за услуги поврзани со 21-годишнината од Охридскиот договор, за кои тетовската компанија има на располагање околу сто илјади евра од државниот буџет. Понудите на „Арбериа дизајн“ за двата договора се вкупно околу 80 илјади евра.

Според едниот договор, за „организирање на манифестација по повод 21-годишнина од потпишување на Охридскиот рамковен договор“, на компанијата на располагање ѝ се околу 70 илјади евра. За тие пари „Арбериа“ треба да организира, изнајми, ангажира – конференциски сали, хотелски и ресторански услуги, кетеринзи, странски и домашни естрадни ѕвезди и бендови, како и опрема за озвучување и осветлување.

Тетовска компанија која треба да ја организира манифестацијата за 21 година од Рамковниот договор, е истата фирма која треба да набави свидетелства за учениците. Фирмата, пренесува Радио Слободна Европа, која во 2015 се јавува и како најголем донатор на ДУИ, во последните четири години добила 61 тендер од државата, најчесто од институции раководени од кадри на ДУИ.

Фирмата која треба да ги набави свидетелствата за учениците ќе ја организира и прославата за 21-годишнината од Рамковниот договор. Тетовската фирма Арбериа Десигн ја организираше и минатогодишната прослава, стои зад организацијата и на прославата на Денот на албанското знаме, а позната е и по печатењето на учебници на албански јазик. Според податоците на Бирото за јавни набавки, објави Радио Слободна Европа, само во изминатите 4 години, оваа компанија добила 61 тендери од државата од околу 4 милиони евра. Според податоците на Државниот завод за ревизија, фирмата се јавува и како донатор на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за изборите во 2015. Тогаш тетовската фирма одвоила 20 илјади евра и е најголемиот донатор на ДУИ за тие избори.

Само пејачите и бендовите ќе чинат 30 илјади евра, а за водителот на настанот се предвидени 700 евра.

Според вториот договор од околу 30 илјади евра „Арбериа дизајн“ треба да смисли концепт за организирање настани, да изработи и три видеоспота , да испечати промотивен материјал.

Инаку, „Арбериа“ во ноември лани ја доби и јавната набавка за прослава на Денот на албанската абука, исто така, во организација на Министерството со кое раководи Груби, која чинеше околу 30 илјади евра.

На утрешниот настан ќе настапат Нора Истрефи, Фифи, Ермал Фејзулаху, Кида и Луми Б, а по Антониа Гиговска, настапот го прифати, па го откажа и Владо Јаневски.

The post Фирмата-донатор на ДУИ, која треба да ги набави свидетелствата, ја мести сцената за утрешната прослава за Рамковниот договор appeared first on Република.

]]>

„Арбериа“ пишува на повеќе комби-возила и камиони паркирани на плоштадот „Скендер бег“ во Скопје. На фотографиите што ги објави порталот 360 степени на плоштадот веќе се поставува сцена и опрема и се уредува просторот за утрешниот настан насловен “PEACE FESTIVAL”. Мировниот фестивал, што по повод годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, го организира Министерството за политички систем и односи со заедниците на Артан Груби. Според документите од Бирото за јавни набавки, Министерството за политички систем потпишало два договора со „Арбериа дизајн“ за услуги поврзани со 21-годишнината од Охридскиот договор, за кои тетовската компанија има на располагање околу сто илјади евра од државниот буџет. Понудите на „Арбериа дизајн“ за двата договора се вкупно околу 80 илјади евра. Според едниот договор, за „организирање на манифестација по повод 21-годишнина од потпишување на Охридскиот рамковен договор“, на компанијата на располагање ѝ се околу 70 илјади евра. За тие пари „Арбериа“ треба да организира, изнајми, ангажира – конференциски сали, хотелски и ресторански услуги, кетеринзи, странски и домашни естрадни ѕвезди и бендови, како и опрема за озвучување и осветлување.
Тетовска компанија која треба да ја организира манифестацијата за 21 година од Рамковниот договор, е истата фирма која треба да набави свидетелства за учениците. Фирмата, пренесува Радио Слободна Европа, која во 2015 се јавува и како најголем донатор на ДУИ, во последните четири години добила 61 тендер од државата, најчесто од институции раководени од кадри на ДУИ.
Фирмата која треба да ги набави свидетелствата за учениците ќе ја организира и прославата за 21-годишнината од Рамковниот договор. Тетовската фирма Арбериа Десигн ја организираше и минатогодишната прослава, стои зад организацијата и на прославата на Денот на албанското знаме, а позната е и по печатењето на учебници на албански јазик. Според податоците на Бирото за јавни набавки, објави Радио Слободна Европа, само во изминатите 4 години, оваа компанија добила 61 тендери од државата од околу 4 милиони евра. Според податоците на Државниот завод за ревизија, фирмата се јавува и како донатор на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за изборите во 2015. Тогаш тетовската фирма одвоила 20 илјади евра и е најголемиот донатор на ДУИ за тие избори.
Само пејачите и бендовите ќе чинат 30 илјади евра, а за водителот на настанот се предвидени 700 евра. Според вториот договор од околу 30 илјади евра „Арбериа дизајн“ треба да смисли концепт за организирање настани, да изработи и три видеоспота , да испечати промотивен материјал. Инаку, „Арбериа“ во ноември лани ја доби и јавната набавка за прослава на Денот на албанската абука, исто така, во организација на Министерството со кое раководи Груби, која чинеше околу 30 илјади евра. На утрешниот настан ќе настапат Нора Истрефи, Фифи, Ермал Фејзулаху, Кида и Луми Б, а по Антониа Гиговска, настапот го прифати, па го откажа и Владо Јаневски.

The post Фирмата-донатор на ДУИ, која треба да ги набави свидетелствата, ја мести сцената за утрешната прослава за Рамковниот договор appeared first on Република.

]]>
И Владо Јаневски му откажа љубов на Груби https://republika.mk/scena/muzika/i-vlado-janevski-mu-otkaza-ljubov-na-grubi/ Fri, 12 Aug 2022 11:37:54 +0000 https://republika.mk/?p=539609

И Владо Јаневски го откажа настапот на фестивалот организиран од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на Артан Груби во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава.

Преку „Инстаграм“ пејачот порачува дека нема да пее на прославата на плоштадот „Скендербег“.

Но, на страницата на Министерството најавата сè уште стои.

Претходно Антониа Гиговска го откажа настапот на таканаречениот „Peace festival“, велејќи дека менаџментот прифатил ангажман за кој не знаеле дека има политичка конотација.

На фестивалот кој ќе се одржи оваа сабота, 13 август 2022, на плоштадот Скендербег во Скопје ќе настапат и многу албански ѕвезди, кои на својот профил ги промовираше министерот Артан Груби:

The post И Владо Јаневски му откажа љубов на Груби appeared first on Република.

]]>

И Владо Јаневски го откажа настапот на фестивалот организиран од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на Артан Груби во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава. Преку „Инстаграм“ пејачот порачува дека нема да пее на прославата на плоштадот „Скендербег“.
Но, на страницата на Министерството најавата сè уште стои. Претходно Антониа Гиговска го откажа настапот на таканаречениот „Peace festival“, велејќи дека менаџментот прифатил ангажман за кој не знаеле дека има политичка конотација. На фестивалот кој ќе се одржи оваа сабота, 13 август 2022, на плоштадот Скендербег во Скопје ќе настапат и многу албански ѕвезди, кои на својот профил ги промовираше министерот Артан Груби:

The post И Владо Јаневски му откажа љубов на Груби appeared first on Република.

]]>
Дечкиве на наш рачун ем држава водат ем фестивали им е животот, фестивал од криминали, пари и е*ење у здрав мозок https://republika.mk/vesti/makedonija/dechkive-na-nash-rachun-em-drzava-vodat-em-festivali-im-e-zivotot-festival-od-kriminali-pari-i-e-enje-u-zdrav-mozok/ Thu, 11 Aug 2022 11:26:11 +0000 https://republika.mk/?p=539076

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците кое го предводи првиот вицепремиер Артан Груби, она со зградата од 20 милиони што Грујо им ја почна, а Зоки им ја дигна и преку 1400 вработени за треси кур ќе спичкал 70 илјади евра за прослава на Рамковен и планирал искуството да прерасне во фестивал ко Егзит, коментира Ивор Мицковски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/antonia-go-otkaza-nastapot-za-ramkoven-mesto-nea-kje-pee-vlado-janevski/

Скендер Егзит Бег Фестивал со наши пари.
Инаку пред само 2 месеци организаторите на фестивалот потрошија и 100 илјади евра за прослава на роденден.
У меѓувреме истите организатори на фестивали наметнуваат нови давачки за сиромашните за да соберат 54 милиони евра.
На толку фестивали со буџет од скоро 5 милијарди нив им дојде до 54 милиони.
Дечкиве на наш рачун ем држава водат ем фестивали им е животот, фестивал од криминали, пари и ебење у здрав мозок.
Инаку еден од дј-ите на ДУИ пред некоја недела не покани да штедиме, оти ќе била тешка зима.
Егзит да ве јебе и вас и фондацијата…, им порача активистот.

The post Дечкиве на наш рачун ем држава водат ем фестивали им е животот, фестивал од криминали, пари и е*ење у здрав мозок appeared first on Република.

]]>

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците кое го предводи првиот вицепремиер Артан Груби, она со зградата од 20 милиони што Грујо им ја почна, а Зоки им ја дигна и преку 1400 вработени за треси кур ќе спичкал 70 илјади евра за прослава на Рамковен и планирал искуството да прерасне во фестивал ко Егзит, коментира Ивор Мицковски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/antonia-go-otkaza-nastapot-za-ramkoven-mesto-nea-kje-pee-vlado-janevski/
Скендер Егзит Бег Фестивал со наши пари. Инаку пред само 2 месеци организаторите на фестивалот потрошија и 100 илјади евра за прослава на роденден. У меѓувреме истите организатори на фестивали наметнуваат нови давачки за сиромашните за да соберат 54 милиони евра. На толку фестивали со буџет од скоро 5 милијарди нив им дојде до 54 милиони. Дечкиве на наш рачун ем држава водат ем фестивали им е животот, фестивал од криминали, пари и ебење у здрав мозок. Инаку еден од дј-ите на ДУИ пред некоја недела не покани да штедиме, оти ќе била тешка зима. Егзит да ве јебе и вас и фондацијата…, им порача активистот.

The post Дечкиве на наш рачун ем држава водат ем фестивали им е животот, фестивал од криминали, пари и е*ење у здрав мозок appeared first on Република.

]]>
Антониа го откажа настапот за Рамковен, место неа ќе пее Владо Јаневски https://republika.mk/vesti/makedonija/antonia-go-otkaza-nastapot-za-ramkoven-mesto-nea-kje-pee-vlado-janevski/ Thu, 11 Aug 2022 11:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=539082

Антониа Гиговска го откажа настапот на таканаречениот „Peace festival“, кој го организира Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава.

Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот „Скендербег” во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Антониа Гиговска. Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија, се велеше на фејсбук-страницата на Министерството.

Оваа објава сега е избришана и на нејзиното место стои најава за настапот на Владо Јаневски.

Младата пејачка, пак, порача дека го откажала настапот, кој бил резервиран од нејзиниот менаџмент, а за кој таа не знаела дека има политичка конотација.

Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев/ не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна, јас не сакам да бидам дела од такви манифестации бидејќи политиката не ме интересира… Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене, стои во пораката од Гиговска.

На фестивалот кој ќе се одржи оваа сабота, 13 август 2022, на плоштадот Скендербег во Скопје ќе настапат и многу албански ѕвезди, кои на својот профил ги промовираше министерот Артан Груби:

The post Антониа го откажа настапот за Рамковен, место неа ќе пее Владо Јаневски appeared first on Република.

]]>

Антониа Гиговска го откажа настапот на таканаречениот „Peace festival“, кој го организира Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава.
Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот „Скендербег” во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Антониа Гиговска. Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија, се велеше на фејсбук-страницата на Министерството.
Оваа објава сега е избришана и на нејзиното место стои најава за настапот на Владо Јаневски. Младата пејачка, пак, порача дека го откажала настапот, кој бил резервиран од нејзиниот менаџмент, а за кој таа не знаела дека има политичка конотација.