пасош Archives - Република https://republika.mk/tema/pasosh/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 19:24:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пасош Archives - Република https://republika.mk/tema/pasosh/ 32 32 Првиот човек на ФФМ остана без дипломатски пасош https://republika.mk/sport/fudbal/prviot-chovek-na-ffm-ostana-bez-diplomatski-pasosh/ Mon, 21 Oct 2024 19:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=829571

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, од денеска не поседува дипломатски пасош на Македонија.

Ова е одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР), кои решија да ја повлечат одлуката на Бујар Османи кој во минатото од нејасни причини му подари на првиот човек на Фудбалската федерација (ФФМ), специјален третман и пасош кој се добива по заслуга, објави Спортспорт.

Ваквиот потег на МНР најверојатно доаѓа по низата скандали кои ја тресат „Куќата на фудбалот“, но и по серијата на откази за спонзорство на сериозни партнери кои со години беа спонзори во ФФМ.

МНР ја остави на сила одлуката за пасош со дипломатски почести да ги имаат фудбалерите кои ги имаат ваквите патни исправи, а кои ги добија по победата над Италија во баражот за СП.

The post Првиот човек на ФФМ остана без дипломатски пасош appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, од денеска не поседува дипломатски пасош на Македонија. Ова е одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР), кои решија да ја повлечат одлуката на Бујар Османи кој во минатото од нејасни причини му подари на првиот човек на Фудбалската федерација (ФФМ), специјален третман и пасош кој се добива по заслуга, објави Спортспорт. Ваквиот потег на МНР најверојатно доаѓа по низата скандали кои ја тресат „Куќата на фудбалот“, но и по серијата на откази за спонзорство на сериозни партнери кои со години беа спонзори во ФФМ. МНР ја остави на сила одлуката за пасош со дипломатски почести да ги имаат фудбалерите кои ги имаат ваквите патни исправи, а кои ги добија по победата над Италија во баражот за СП.

The post Првиот човек на ФФМ остана без дипломатски пасош appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Пасошите и личните документи се издаваат за 15 дена https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-pasoshite-i-lichnite-dokumenti-se-izdavaat-za-15-dena/ Mon, 02 Sep 2024 09:41:07 +0000 https://republika.mk/?p=812211

Издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола и издавањето е во законскиот рок од 15 дена, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој во ООУ „Стив Наумов“ во Скопје одговараше на новинарско прашање дали е решен проблемот издавањето на документите од страна на МВР.

Можам исто така со задоволство да кажам дека нередот којшто беше пракса за минатата влада на СДСМ и ДУИ во процесот на издавање на патните исправи и личните документи е целосно ставен под контрола и сега во рамките на законските 15 дена граѓаните можат да ги добијат патните документи, патните исправи и другите лични документи. Од информациите коишто ги добивам од МВР некаде околу 1.740 патни исправи се издадени и некаде околу 1.440 лични карти и некаде околу 750.000 возачки дозволи. Така што нема повеќе турканици, нема повеќе неред, нема повеќе понижување на македонските граѓани, рече Мицкоски.

Премиерот забележа дека тоа е уште еден доказ и оти не се сите исти, а оваа Влада се грижи за интересите на граѓаните.

The post Мицкоски: Пасошите и личните документи се издаваат за 15 дена appeared first on Република.

Го изгубивте пасошот во странство – Не паничете, еве што да направите https://republika.mk/zivot/servisi/go-izgubivte-pasoshot-vo-stranstvo-ne-panichete-eve-shto-da-napravite/ Wed, 07 Aug 2024 05:13:37 +0000 https://republika.mk/?p=804084

Сте доживеале непријатна ситуација и сте изгубиле или оштетиле пасош во странство? Не паничете!

Еве што треба да направите:

Пријавете го губењето/оштетувањето: Веднаш пријавете го случајот во најблиската полициска станица. Побарајте писмена потврда за пријавата, бидејќи ќе ви биде потребна во следниот чекор.
Обратете се до најблиското дипломатско-конзуларно претставништво на Република Македонија: Ова е клучната точка. Во нивната канцеларија ќе ви биде издаден патен лист кој ќе ви овозможи да се вратите во земјата.
Подгответе потребна документација: Покрај потврдата од полицијата, обично ќе ви бидат потребни и две фотографии со димензии на пасош, како и копија од вашата лична карта (доколку ја имате со себе).
Информирајте се за визи: Доколку патувате преку повеќе земји на пат кон дома, проверете дали за некоја од нив ви е потребна транзитна виза. Контактирајте ги амбасадите или конзулатите на тие земји во земјата каде што се наоѓате или во вашата земја.
Зачувајте ги сите документи: Сите документи кои ги добиете во процесот на издавање на патен лист, чувајте ги на безбедно место. Може да ви бидат потребни и во иднина.

Дополнителни совети:

Копирајте ги важните документи: Пред патувањето, направете фотокопии од сите важни документи (пасош, лична карта, возачка дозвола) и чувајте ги на безбедно место, одвоено од оригиналите.
Информирајте ги најблиските: Јавете им се на вашите најблиски и информирајте ги за ситуацијата.
Имајте на ум: Издавањето на патен лист може да потрае некое време, па бидете стрпливи и подготвени да почекате.
Проверете ја веб-страницата на Министерството за надворешни работи: На веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Македонија можете да најдете најактуелни информации и контакти на дипломатско-конзуларните претставништва.
Со добра организација и брза реакција, успешно ќе се справите со оваа непријатна ситуација и ќе се вратите дома.

The post Го изгубивте пасошот во странство – Не паничете, еве што да направите appeared first on Република.

]]>

Сте доживеале непријатна ситуација и сте изгубиле или оштетиле пасош во странство? Не паничете! Еве што треба да направите: Пријавете го губењето/оштетувањето: Веднаш пријавете го случајот во најблиската полициска станица. Побарајте писмена потврда за пријавата, бидејќи ќе ви биде потребна во следниот чекор. Обратете се до најблиското дипломатско-конзуларно претставништво на Република Македонија: Ова е клучната точка. Во нивната канцеларија ќе ви биде издаден патен лист кој ќе ви овозможи да се вратите во земјата. Подгответе потребна документација: Покрај потврдата од полицијата, обично ќе ви бидат потребни и две фотографии со димензии на пасош, како и копија од вашата лична карта (доколку ја имате со себе). Информирајте се за визи: Доколку патувате преку повеќе земји на пат кон дома, проверете дали за некоја од нив ви е потребна транзитна виза. Контактирајте ги амбасадите или конзулатите на тие земји во земјата каде што се наоѓате или во вашата земја. Зачувајте ги сите документи: Сите документи кои ги добиете во процесот на издавање на патен лист, чувајте ги на безбедно место. Може да ви бидат потребни и во иднина. Дополнителни совети: Копирајте ги важните документи: Пред патувањето, направете фотокопии од сите важни документи (пасош, лична карта, возачка дозвола) и чувајте ги на безбедно место, одвоено од оригиналите. Информирајте ги најблиските: Јавете им се на вашите најблиски и информирајте ги за ситуацијата. Имајте на ум: Издавањето на патен лист може да потрае некое време, па бидете стрпливи и подготвени да почекате. Проверете ја веб-страницата на Министерството за надворешни работи: На веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Македонија можете да најдете најактуелни информации и контакти на дипломатско-конзуларните претставништва. Со добра организација и брза реакција, успешно ќе се справите со оваа непријатна ситуација и ќе се вратите дома.

The post Го изгубивте пасошот во странство – Не паничете, еве што да направите appeared first on Република.

]]>
На македонска граница по грешка и бил даден пасош на туѓо дете https://republika.mk/zivot/servisi/na-makedonska-granitsa-po-greshka-i-bil-daden-pasosh-na-tugo-dete/ Sat, 03 Aug 2024 12:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=803046

Енормните гужви на граничните премини им создава притисок и на вработените кои мора да бидат сконцентрирани цело време да не направат некоја грешка. Но грешки при брзање се случуваат.

На Фејсбук групата Grcka info, Андреа Петров која влегла во Македонија напиша дека и бил даден пасош на дете кое не е нејзино.

Само што ја поминавме границата, влеговме во Македонија. По грешка ни вратиле туѓ пасош на дете, на име Јован Добричич, 2013 година. Ѕвоневме на преминот, никој не се јави, ве молам ако некој го познава семејството да се јави, се вели во објавата.

Набрзо потоа, откако грешката ја увиделе на граничниот премин им се јавиле и пасошот е вратен на детeто на кое му припаѓа.

The post На македонска граница по грешка и бил даден пасош на туѓо дете appeared first on Република.

]]>

Енормните гужви на граничните премини им создава притисок и на вработените кои мора да бидат сконцентрирани цело време да не направат некоја грешка. Но грешки при брзање се случуваат. На Фејсбук групата Grcka info, Андреа Петров која влегла во Македонија напиша дека и бил даден пасош на дете кое не е нејзино. Само што ја поминавме границата, влеговме во Македонија. По грешка ни вратиле туѓ пасош на дете, на име Јован Добричич, 2013 година. Ѕвоневме на преминот, никој не се јави, ве молам ако некој го познава семејството да се јави, се вели во објавата. Набрзо потоа, откако грешката ја увиделе на граничниот премин им се јавиле и пасошот е вратен на детeто на кое му припаѓа.

The post На македонска граница по грешка и бил даден пасош на туѓо дете appeared first on Република.

]]>
Османи издал наредба уште утре на Ејупи да ѝ биде изготвен дипломатски пасош, за што вообичаено се потребни најмалку 15 дена https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-izdal-naredba-ushte-utre-na-ejupi-da-bide-izgotven-diplomatski-pasosh-za-shto-voobichaeno-se-potrebni-najmalku-15-dena/ Sun, 16 Jun 2024 17:34:32 +0000 https://republika.mk/?p=788232

Откако министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи потпишал решение поранешната ТВ-презентерка Бесмира Ејупи да стане дипломат во конзулатот во Бон, Германија, извори во министерството откриваат дека тој издал и наредба веднаш, уште утре, на Ејупи да ѝ биде изготвен дипломатски пасош, нешто за што вообичаено се потребни најмалку 15 дена, пишува МКД.мк

Колегите во конзуларното одделение добиле ултиматум пасошот на Бесмира Ејупи по најбрза постапка да се изготви утре, за таа да замине за Бон во вторник. Треба да се знае дека за дипломатски пасош сме чекале најмалку 15 дена, вели дипломат за МКД.мк.

Се прави преседан кој одново ја урнисува македонската дипломатија, вели дипломатот и додава дека е некоректно и политички неупатно, министер кому му се избројани деновите кога ќе ја напушти функцијата и ќе замине во опозиција, да прави кадровски решенија кои ќе имаат одраз врз работата на идниот министер.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bujar-osmani-ja-ispraka-tv-voditelkata-besmira-ejupi-na-ispomosh-vo-ambasadata-vo-germanija/

The post Османи издал наредба уште утре на Ејупи да ѝ биде изготвен дипломатски пасош, за што вообичаено се потребни најмалку 15 дена appeared first on Република.

]]>

Откако министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи потпишал решение поранешната ТВ-презентерка Бесмира Ејупи да стане дипломат во конзулатот во Бон, Германија, извори во министерството откриваат дека тој издал и наредба веднаш, уште утре, на Ејупи да ѝ биде изготвен дипломатски пасош, нешто за што вообичаено се потребни најмалку 15 дена, пишува МКД.мк
Колегите во конзуларното одделение добиле ултиматум пасошот на Бесмира Ејупи по најбрза постапка да се изготви утре, за таа да замине за Бон во вторник. Треба да се знае дека за дипломатски пасош сме чекале најмалку 15 дена, вели дипломат за МКД.мк.
Се прави преседан кој одново ја урнисува македонската дипломатија, вели дипломатот и додава дека е некоректно и политички неупатно, министер кому му се избројани деновите кога ќе ја напушти функцијата и ќе замине во опозиција, да прави кадровски решенија кои ќе имаат одраз врз работата на идниот министер. https://republika.mk/vesti/makedonija/bujar-osmani-ja-ispraka-tv-voditelkata-besmira-ejupi-na-ispomosh-vo-ambasadata-vo-germanija/

The post Османи издал наредба уште утре на Ејупи да ѝ биде изготвен дипломатски пасош, за што вообичаено се потребни најмалку 15 дена appeared first on Република.

]]>
На избори ќе се гласа и со стара лична карта и пасош не постар од девет месеци https://republika.mk/vesti/makedonija/na-izbori-ke-se-glasa-i-so-stara-lichna-karta-i-pasosh-ne-postar-od-devet-mesetsi/ Thu, 07 Mar 2024 07:16:02 +0000 https://republika.mk/?p=752081

Пратениците во Собранието денеска треба да расправаат по предлог законските измени на Изборниот законик, по скратена постапка, со кои, освен имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР се врши и допрецизирање на одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, така што ќе се овозможи избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија што важност истекла во периодот од 9 (девет) месеци до денот на одржување на изборите.

Oва доаѓа откако мининистерот за внатрешни работи Панче Тошковски предупреди дека на 100.000 граѓани може да им биде ускратено избирачкото право

The post На избори ќе се гласа и со стара лична карта и пасош не постар од девет месеци appeared first on Република.

]]>

Пратениците во Собранието денеска треба да расправаат по предлог законските измени на Изборниот законик, по скратена постапка, со кои, освен имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР се врши и допрецизирање на одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, така што ќе се овозможи избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија што важност истекла во периодот од 9 (девет) месеци до денот на одржување на изборите. Oва доаѓа откако мининистерот за внатрешни работи Панче Тошковски предупреди дека на 100.000 граѓани може да им биде ускратено избирачкото право

The post На избори ќе се гласа и со стара лична карта и пасош не постар од девет месеци appeared first on Република.

]]>
Во Грција, Црна Гора и БиХ може да се влезе само со документи со новото уставно име https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-grtsija-tsrna-gora-i-bih-mozhe-da-se-vleze-samo-so-dokumenti-so-novoto-ustavno-ime/ Wed, 06 Mar 2024 21:52:48 +0000 https://republika.mk/?p=752066

Во Грција, Босна и Херцеговина и Црна Гора не може да се влезе со лични документи без новото име Cеверна Македонија, изјави денеска Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи.

Но, ако македонската граница се помине со лична карта без новото уставно име на граничните премини во Србија, Косово и Албанија, со старите пасоши може да се патува во земјите членки на ЕУ, но и надвор од неа.

За да се намали хаосот со вадење на личните документи се отвори нов пункт во центарот Идризово каде може да се фотографираат граѓаните кои имаат закажано за итна постапка.

The post Во Грција, Црна Гора и БиХ може да се влезе само со документи со новото уставно име appeared first on Република.

]]>

Во Грција, Босна и Херцеговина и Црна Гора не може да се влезе со лични документи без новото име Cеверна Македонија, изјави денеска Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи. Но, ако македонската граница се помине со лична карта без новото уставно име на граничните премини во Србија, Косово и Албанија, со старите пасоши може да се патува во земјите членки на ЕУ, но и надвор од неа. За да се намали хаосот со вадење на личните документи се отвори нов пункт во центарот Идризово каде може да се фотографираат граѓаните кои имаат закажано за итна постапка.  

The post Во Грција, Црна Гора и БиХ може да се влезе само со документи со новото уставно име appeared first on Република.

]]>
Тошковски лут: Нека дојдат Џафери и Османи да фотографираат граѓани за пасоши https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-lut-neka-dojdat-dhaferi-i-osmani-da-fotografiraat-gragani-za-pasoshi/ Wed, 06 Mar 2024 15:37:31 +0000 https://republika.mk/?p=751986

Наместо со своите изјави дека процесот на издавање на лични документи може да оди побрзо, нека дојдат техничкиот премиер Талат Џафери и министерот Бујар Османи во МВР, јас ќе им обезбедам кабини и нека се вклучат во фотографирање на граѓаните за добивање на лични документи, им порача денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски чија реакција беше предизвикана првенствено по прес-конференцијата на Џафери од која тој упати критика до МВР и рече дека има доволно време до изборите граѓаните да ги заменат личните документи, пренесува МКД.мк.

„Ако е толку оптимист Талат Џафери дека со амбициозност процесот на замена на документите може да се заврши навреме, а исто и министерот за надворешни работи, кој многупати изразува само загриженост за целиот овој проблем, двајцата заедно нека дојдат во МВР. Јас ќе им обезбедам посебни кабини за да можат заедно со полициските службеници да помогнат во процесот на фотографирање. Ќе им дадеме посебни картички, тие државна тајна, па нека помогнат во фотографирањето“, рече Тошковски.

The post Тошковски лут: Нека дојдат Џафери и Османи да фотографираат граѓани за пасоши appeared first on Република.

Само тројца на планетава патуваат без пасош https://republika.mk/zivot/patuvanja/samo-trojtsa-na-planetava-patuvaat-bez-pasosh/ Tue, 05 Mar 2024 20:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=751395

Во светот има вкупно три лица на кои не им треба пасош за да отпатуваат до кое било место на нашава планета.

Станува збор за кралот Чарлс Трети од Обединетото Кралство, Нарухито - царот на Јапонија и неговата сопруга - царицата Масако. Пред кралот Чарлс, таа привилегија ја имаше и Елизабета Втора, која Чарлс ја наследи на престолот откако најдолговечната британска кралица почина на 8 септември 2022 година.

Значи, овој исклучок важи само за кралот (или кралицата) на Обединетото Кралство, а не и за другите членови на британското кралско семејство. Дури и кралицата-сопруга Камила е обврзана да носи дипломатски пасош со себе.

Што се однесува до Јапонија, во 1971 година тамошните власти издале документ во којшто се наведува дека е крајно несоодветно да се издава пасош за царот или царицата, или пак за нив да важат правилата за патувања и виза како за обичен граѓанин. Оваа привилегија важи само за царот и царицата.

Кога ќе пристигнат во која било земја, од царот и царицата на Јапонија се бара само да покажат документ од тамошното министерство, коешто однапред ја известува земјата-домаќин за нивното пристигнување. За кралот Чарлс, оваа должност му е доделена на неговиот личен секретар, во случајов - сер Клајв Алдертон.

The post Само тројца на планетава патуваат без пасош appeared first on Република.

]]>

Во светот има вкупно три лица на кои не им треба пасош за да отпатуваат до кое било место на нашава планета. Станува збор за кралот Чарлс Трети од Обединетото Кралство, Нарухито - царот на Јапонија и неговата сопруга - царицата Масако. Пред кралот Чарлс, таа привилегија ја имаше и Елизабета Втора, која Чарлс ја наследи на престолот откако најдолговечната британска кралица почина на 8 септември 2022 година. Значи, овој исклучок важи само за кралот (или кралицата) на Обединетото Кралство, а не и за другите членови на британското кралско семејство. Дури и кралицата-сопруга Камила е обврзана да носи дипломатски пасош со себе. Што се однесува до Јапонија, во 1971 година тамошните власти издале документ во којшто се наведува дека е крајно несоодветно да се издава пасош за царот или царицата, или пак за нив да важат правилата за патувања и виза како за обичен граѓанин. Оваа привилегија важи само за царот и царицата. Кога ќе пристигнат во која било земја, од царот и царицата на Јапонија се бара само да покажат документ од тамошното министерство, коешто однапред ја известува земјата-домаќин за нивното пристигнување. За кралот Чарлс, оваа должност му е доделена на неговиот личен секретар, во случајов - сер Клајв Алдертон.

The post Само тројца на планетава патуваат без пасош appeared first on Република.

]]>
За два месецa барање за пасош поднеле 116 илјади граѓани на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/za-dva-mesetsa-barane-za-pasosh-podnele-116-iljadi-gragani-na-kosovo/ Sun, 03 Mar 2024 15:43:48 +0000 https://republika.mk/?p=750774

Извршниот директор на Агенцијата за граѓанска регистрација на Косово (АРЦ), Блерим Цамај, вели дека 116 илјади граѓани поднеле барање до АРЦ за да добијат пасош во изминатите два месеци, од стапувањето во сила на визната либерализација за граѓаните на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Цамај за порталот „Економија онлајн“ изјави дека во овој период и српските граѓани на северот од земјата покажале зголемен интерес за добивање биометриски пасош и од 1 јануари досега имало над 1.400 граѓани од северните општини кои аплицирале и добиле пасош. Вкупно, во четирите северни општини населени со мнозинско српско население, со косовски пасоши досега се снабдиле околу седум илјади лица.

Директорот на АРЦ ги негира тврдењата дека има недостиг на материјали за издавање пасоши, но вели дека одвреме-навреме се појавувале проблеми.

-Побарувањата се зголемуваа, сега ситуацијата веќе почна да се стабилизира од крајот на февруари. Во месец јануари имаше околу 71.000 граѓани кои поднеле барање за пасоши, а во месец февруари околу 45.000 граѓани, изјави Цамај.

The post За два месецa барање за пасош поднеле 116 илјади граѓани на Косово appeared first on Република.

]]>

Извршниот директор на Агенцијата за граѓанска регистрација на Косово (АРЦ), Блерим Цамај, вели дека 116 илјади граѓани поднеле барање до АРЦ за да добијат пасош во изминатите два месеци, од стапувањето во сила на визната либерализација за граѓаните на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Цамај за порталот „Економија онлајн“ изјави дека во овој период и српските граѓани на северот од земјата покажале зголемен интерес за добивање биометриски пасош и од 1 јануари досега имало над 1.400 граѓани од северните општини кои аплицирале и добиле пасош. Вкупно, во четирите северни општини населени со мнозинско српско население, со косовски пасоши досега се снабдиле околу седум илјади лица. Директорот на АРЦ ги негира тврдењата дека има недостиг на материјали за издавање пасоши, но вели дека одвреме-навреме се појавувале проблеми.
-Побарувањата се зголемуваа, сега ситуацијата веќе почна да се стабилизира од крајот на февруари. Во месец јануари имаше околу 71.000 граѓани кои поднеле барање за пасоши, а во месец февруари околу 45.000 граѓани, изјави Цамај.

The post За два месецa барање за пасош поднеле 116 илјади граѓани на Косово appeared first on Република.

]]>
Преспанскиот договор не може да продуцира право: Скопјанец ја прелетал пола Европа со стариот пасош https://republika.mk/vesti/makedonija/prespanskiot-dogovor-ne-mozhe-da-produtsira-pravo-skopjanets-ja-preletal-pola-evropa-so-stariot-pasosh/ Mon, 26 Feb 2024 09:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=748357

Скопјанецот Марко Илиевски го сподели искуството на социјалните мрежи откако со стариот пасош на кој пишува “Република Македонија“ успеал да стигне во Македонија без никој да му направи проблеми. Во неговиот пост тој напиша дека патувал од Лас Палмас - Мадрид, Мадрид - Софија, Софија - Скопје со стар пасош иако од нашата амбасада во Мадрид го убедувале дека му треба патен лист.

Дечки патував Лас Палмас – Мадрид, Мадрид – Софија, Софија – Скопје со стар пасош. Никој не направи проблем. Амбасадата на Македонија во Мадрид ме убедуваше дека ми треба патен лист, али ете другите земји имаат повеќе респект према нас него оваа Северџганска влада. Ден поскоро да си го вратиме името бидејќи Преспанскиот договор не може да продуцира право и сево ова кое е негов производ е тешка небулоза, пишува Илиевски.

The post Преспанскиот договор не може да продуцира право: Скопјанец ја прелетал пола Европа со стариот пасош appeared first on Република.

]]>

Скопјанецот Марко Илиевски го сподели искуството на социјалните мрежи откако со стариот пасош на кој пишува “Република Македонија“ успеал да стигне во Македонија без никој да му направи проблеми. Во неговиот пост тој напиша дека патувал од Лас Палмас - Мадрид, Мадрид - Софија, Софија - Скопје со стар пасош иако од нашата амбасада во Мадрид го убедувале дека му треба патен лист. Дечки патував Лас Палмас – Мадрид, Мадрид – Софија, Софија – Скопје со стар пасош. Никој не направи проблем. Амбасадата на Македонија во Мадрид ме убедуваше дека ми треба патен лист, али ете другите земји имаат повеќе респект према нас него оваа Северџганска влада. Ден поскоро да си го вратиме името бидејќи Преспанскиот договор не може да продуцира право и сево ова кое е негов производ е тешка небулоза, пишува Илиевски.

The post Преспанскиот договор не може да продуцира право: Скопјанец ја прелетал пола Европа со стариот пасош appeared first on Република.

]]>
Да стигнеш од Македонија до Италија, пред ДУИ и СДСМ беше нормална вест, денеска тоа стана патен ризик https://republika.mk/vesti/makedonija/da-stignesh-od-makedonija-do-italija-pred-dui-i-sdsm-beshe-normalna-vest-deneska-toa-stana-paten-rizik/ Sun, 25 Feb 2024 21:31:23 +0000 https://republika.mk/?p=748288

До Италија со пасош Република Македонија. Еве во каков ризик и понижување Бујар, Маричиќ и Талат ги турнаа македонските државјани кои неодложно мораат да патуваат во странство. Од слободно движење низ цела Европа, денес нашите луѓе се принудени по граници да се протнуваат како маргиналци кои, напуштени од својата држава, се молат за малку среќа за да поминат од другата страна - вака пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ја започнува информацијата за ловек од Дебарско, кој поради семејни причини итно морал од Италија да се врати во родната Македонија.

Милошоски пишува:

Човеков е од Дебарско, кој заради семејна лоша вест морал од Италија да дојде дома. Потоа, за да не ја изгуби работата, мора да оди назад во Италија, иако бил свесен дека тоа го прави на ризик:
1. Со лична карта со име РС Македонија влегол во Република Србија
2. Потоа со неговиот валиден пасош издаден со име Република Македонија без проблеми влегол во Република Хрватска и
3. Бидејќи Италија, Словенија и Хрватска се во "Шенген зоната", без дополнителни контроли стигнал до Венеција, каде што е вработен и има постојан престој
Да стигнеш од Македонија до Италија, пред ДУИ и СДСМ беше нормална вест. Денес, со несреќиве Бујар, Маричиќ и Талат, тоа стана патен ризик, кој доколку го поминеш, е повод за семејно радување и среќа.
Какво дно од неспособна влада❗️

The post Да стигнеш од Македонија до Италија, пред ДУИ и СДСМ беше нормална вест, денеска тоа стана патен ризик appeared first on Република.

]]>

До Италија со пасош Република Македонија. Еве во каков ризик и понижување Бујар, Маричиќ и Талат ги турнаа македонските државјани кои неодложно мораат да патуваат во странство. Од слободно движење низ цела Европа, денес нашите луѓе се принудени по граници да се протнуваат како маргиналци кои, напуштени од својата држава, се молат за малку среќа за да поминат од другата страна - вака пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ја започнува информацијата за ловек од Дебарско, кој поради семејни причини итно морал од Италија да се врати во родната Македонија. Милошоски пишува:
Човеков е од Дебарско, кој заради семејна лоша вест морал од Италија да дојде дома. Потоа, за да не ја изгуби работата, мора да оди назад во Италија, иако бил свесен дека тоа го прави на ризик: 1. Со лична карта со име РС Македонија влегол во Република Србија 2. Потоа со неговиот валиден пасош издаден со име Република Македонија без проблеми влегол во Република Хрватска и 3. Бидејќи Италија, Словенија и Хрватска се во "Шенген зоната", без дополнителни контроли стигнал до Венеција, каде што е вработен и има постојан престој Да стигнеш од Македонија до Италија, пред ДУИ и СДСМ беше нормална вест. Денес, со несреќиве Бујар, Маричиќ и Талат, тоа стана патен ризик, кој доколку го поминеш, е повод за семејно радување и среќа. Какво дно од неспособна влада❗️

The post Да стигнеш од Македонија до Италија, пред ДУИ и СДСМ беше нормална вест, денеска тоа стана патен ризик appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Скопјани кои се фотографирале во „МТВ“ и „Пролет“ може да си го проверат статусот на пасошот електронски https://republika.mk/vesti/skopje/toshkovski-skopjani-koi-se-fotografirale-vo-mtv-i-prolet-mozhe-da-si-go-proverat-statusot-na-pasoshot-elektronski/ Sun, 25 Feb 2024 17:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=748207

Скопјани кои се фотографирале по редовна постапка може да си го проверат статусот на пасошот електронски, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Денес го ставивме во функција, она што го најавивме претходно, а се однесува на можноста граѓаните на Град Скопје кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите “Пролет“ и “МТВ“ да го проверат статусот на нивниот пасош, односно дали истиот е во процес на изработка или е изработен и може да се подигне.
Со оваа функција значително ќе се придонесе кон намалување на гужвите кои се создаваа бидејќи граѓаните беа приморани да чекаат и по неколку часа само за да се информираат дали нивниот пасош е изготвен.
Исто така, во тек е надградување на овој систем со цел да се овозможи ваквата проверка да биде достапна и за останатите пунктови, како и за статусот на личните карти“, напиша Тошковски на ФБ.

The post Тошковски: Скопјани кои се фотографирале во „МТВ“ и „Пролет“ може да си го проверат статусот на пасошот електронски appeared first on Република.

]]>

Скопјани кои се фотографирале по редовна постапка може да си го проверат статусот на пасошот електронски, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Денес го ставивме во функција, она што го најавивме претходно, а се однесува на можноста граѓаните на Град Скопје кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите “Пролет“ и “МТВ“ да го проверат статусот на нивниот пасош, односно дали истиот е во процес на изработка или е изработен и може да се подигне. Со оваа функција значително ќе се придонесе кон намалување на гужвите кои се создаваа бидејќи граѓаните беа приморани да чекаат и по неколку часа само за да се информираат дали нивниот пасош е изготвен. Исто така, во тек е надградување на овој систем со цел да се овозможи ваквата проверка да биде достапна и за останатите пунктови, како и за статусот на личните карти“, напиша Тошковски на ФБ.

The post Тошковски: Скопјани кои се фотографирале во „МТВ“ и „Пролет“ може да си го проверат статусот на пасошот електронски appeared first on Република.

]]>
Тие што се сликале во „Пролет“ и во „МТВ“ електронски можат да проверат дали им е изработен пасошот https://republika.mk/vesti/makedonija/tie-shto-se-slikale-vo-prolet-i-vo-mtv-elektronski-mozhat-da-proverat-dali-im-e-izraboten-pasoshot/ Sun, 25 Feb 2024 16:56:12 +0000 https://republika.mk/?p=748198

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Град Скопје дека денес е ставено во функција, она што претходно беше најавено, а се однесува на можноста граѓаните на Град Скопје кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите „Пролет“ и „МТВ“ да го проверат статусот на нивниот пасош, односно дали истиот е во процес на изработка или е изработен и може да се подигне.

Со оваа функција значително ќе се придонесе кон намалување на гужвите кои се создаваа бидејќи граѓаните беа приморани да чекаат и по неколку часа само за да се информираат дали нивниот пасош е изготвен. Исто така, во тек е надградување на овој систем со цел да се овозможи ваквата проверка да биде достапна и за останатите пунктови, како и за статусот на личните карти“, извести МВР.

Проверката може да се направи на следниот линк: https://termin.mvr.gov.mk/document_status

The post Тие што се сликале во „Пролет“ и во „МТВ“ електронски можат да проверат дали им е изработен пасошот appeared first on Република.

Македонец кој патува од Берлин: Како што се продолжија личните карти и возачките може и пасошите? Доста го малтретирате народот! https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonets-koj-patuva-od-berlin-kako-shto-se-prodolzhija-lichnite-karti-i-vozachkite-mozhe-i-pasoshite-dosta-go-maltretirate-narodot/ Sat, 24 Feb 2024 15:29:34 +0000 https://republika.mk/?p=747874

Македонец кој патува од Берлин за Скопје, ги споделува своите искуства од аеродромот и бара пратениците да го продолжат рокот на важење на пасошите со „Република Македонија“ , како што тоа го сторија и со возачките дозволи.

Моментално сум на аеродромот во Берлин и патувам кон Македонија, за да мобилизирам за веднашното враќање на слободата и мобилноста. По разговор со полицајците на граничната контрола во врска со пасошите со назив „Република Македонија" ми објаснија дека лицата со 'Патен лист' можат само да ја напуштат земјата, додека тие без таков лист можат исто така да ја напуштат Германија но добиваат кривична пријава. Влезот со валиден пасош со натпис 'Република Македонија' не е дозволен. Време е пратениците во Македонија да ја повлечат оваа одлука или да го продолжат рокот, како што беше со возачките дозволи! Доста го малтретирате народот!, пишува за своито искуство на Фејсбук Роберт Кленкоски.

The post Македонец кој патува од Берлин: Како што се продолжија личните карти и возачките може и пасошите? Доста го малтретирате народот! appeared first on Република.

Граѓаните кои се фотографирале за пасош во „Пролет“ и „МРТВ“ ќе добијат СМС кога ќе им биде изготвен https://republika.mk/vesti/makedonija/graganite-koi-se-fotografirale-za-pasosh-vo-prolet-i-mrtv-ke-dobijat-sms-koga-ke-im-bide-izgotven/ Fri, 16 Feb 2024 09:57:12 +0000 https://republika.mk/?p=744764

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел да се олесни процесот за подигање на готови пасоши, од понеделник граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет ќе добиваат СМС порака откако ќе им биде изготвен пасошот за да дојдат да го подигнат.

Исто така, граѓаните ќе можат на интернет страната mvr.gov.mk да извршат проверка дали нивниот пасош е изготвен.

Ги молиме граѓаните доколку немаат добиено СМС порака или доколку на интернет страната на МВР нема потврда дека нивниот пасош е изготвен да не доаѓаат во објектот на МРТВ затоа што тоа значи дека нивниот документ не е готов, велат од МВР.

Сето ова важи за граѓаните кои се фотографирале во објектот на МРТВ или во ПС Пролет. Граѓаните кои се фотографирале во другите пунктови во Скопје или во другите градови, готовите пасоши ќе ги подигаат на ист начин како и до сега.

The post Граѓаните кои се фотографирале за пасош во „Пролет“ и „МРТВ“ ќе добијат СМС кога ќе им биде изготвен appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел да се олесни процесот за подигање на готови пасоши, од понеделник граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет ќе добиваат СМС порака откако ќе им биде изготвен пасошот за да дојдат да го подигнат. Исто така, граѓаните ќе можат на интернет страната mvr.gov.mk да извршат проверка дали нивниот пасош е изготвен.
Ги молиме граѓаните доколку немаат добиено СМС порака или доколку на интернет страната на МВР нема потврда дека нивниот пасош е изготвен да не доаѓаат во објектот на МРТВ затоа што тоа значи дека нивниот документ не е готов, велат од МВР.
Сето ова важи за граѓаните кои се фотографирале во објектот на МРТВ или во ПС Пролет. Граѓаните кои се фотографирале во другите пунктови во Скопје или во другите градови, готовите пасоши ќе ги подигаат на ист начин како и до сега.  

The post Граѓаните кои се фотографирале за пасош во „Пролет“ и „МРТВ“ ќе добијат СМС кога ќе им биде изготвен appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Пасош ќе вадам по итна постапка, морам да патувам https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-pasosh-ke-vadam-po-itna-postapka-moram-da-patuvam/ Thu, 15 Feb 2024 22:08:37 +0000 https://republika.mk/?p=744614

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека се уште нема лични документи со новото име „Македонија“.

Како што вели, следната недела по итна постапка ќе вади патна исправа бидејќи треба да патува. На прашањето на новинаротдали со врски закажал термин, тој одговори - вртиш телефон, закажуваш термин...

https://www.youtube.com/watch?v=AEzqKNS9rMs

The post Мицкоски: Пасош ќе вадам по итна постапка, морам да патувам appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека се уште нема лични документи со новото име „Македонија“. Како што вели, следната недела по итна постапка ќе вади патна исправа бидејќи треба да патува. На прашањето на новинаротдали со врски закажал термин, тој одговори - вртиш телефон, закажуваш термин... https://www.youtube.com/watch?v=AEzqKNS9rMs

The post Мицкоски: Пасош ќе вадам по итна постапка, морам да патувам appeared first on Република.

]]>
Брејкинг њус: Премиер и двајца министри гледаат во човек што се слика за пасош во Брисел. https://republika.mk/tvitovi/brejking-nus-premier-i-dvajtsa-ministri-gledaat-vo-chovek-shto-se-slika-za-pasosh-vo-brisel/ Wed, 14 Feb 2024 16:34:06 +0000 https://republika.mk/?p=744167

Премиер и двајца министри гледаат во човек што се слика за пасош во Брисел, објави на својот Фејсбук, новинарката Мери Јордановска.

The post Брејкинг њус: Премиер и двајца министри гледаат во човек што се слика за пасош во Брисел. appeared first on Република.

И кучињата и мачките ќе мора да патуваат со „Северна“ https://republika.mk/zivot/patuvanja/i-kuchinata-i-machkite-ke-mora-da-patuvaat-so-severna/ Tue, 13 Feb 2024 18:59:13 +0000 https://republika.mk/?p=743757

Сопствениците на кучиња и други животни во Македонија за кои е задолжителна патна исправа за патување во странство треба да имаат патни исправи со „Северна“ место Република Македонија.

Ветеринарните амбуланти, кои ги издаваат овие документи, засега немаат добиено известување дали тие што имаат патни исправи за милениците со старото име задолжително треба да ги сменат. Но, за разлика од проблемите на граѓаните со налепниците НМК, испаѓа дека државата била поорганизирана за патните исправи на кучињата, мачките и останатите животни, па патни исправи за нив со „Северна“ се издаваат повеќе години.

The post И кучињата и мачките ќе мора да патуваат со „Северна“ appeared first on Република.

]]>

Сопствениците на кучиња и други животни во Македонија за кои е задолжителна патна исправа за патување во странство треба да имаат патни исправи со „Северна“ место Република Македонија. Ветеринарните амбуланти, кои ги издаваат овие документи, засега немаат добиено известување дали тие што имаат патни исправи за милениците со старото име задолжително треба да ги сменат. Но, за разлика од проблемите на граѓаните со налепниците НМК, испаѓа дека државата била поорганизирана за патните исправи на кучињата, мачките и останатите животни, па патни исправи за нив со „Северна“ се издаваат повеќе години.

The post И кучињата и мачките ќе мора да патуваат со „Северна“ appeared first on Република.

]]>
Од 13 февруари ќе важат само пасошите и возачките со „Cеверна“ https://republika.mk/vesti/makedonija/od-13-fevruari-ke-vazhat-samo-pasoshite-i-vozachkite-so-ceverna/ Sun, 11 Feb 2024 15:59:40 +0000 https://republika.mk/?p=742890

Од 00 часот на 13 февруари 2024 година престануваат да важат патните исправи и возачките дозволи со името Република Македонија и во важност ќе бидат само патните исправи и возачки дозволи со името Република Cеверна Македонија, извести денеска Министерството за внатрешни работи.

Согласно веќе донесените законски измени, а во врска со Преспанскиот договор, престануваат да важат патните исправи со името Република Македонија и во важност ќе бидат само патните исправи со името Република Cеверна Македонија. Ги замолуваме граѓаните со стари патни исправи воопшто да не се обидуваат да излезат од нашата држава затоа што тоа нема да биде возможно. Граѓаните со двојно државјанство ќе можат непречено да ги користат патните исправи од другата држава. Исто така, потенцираме дека било кој граѓанин на Република Cеверна Македонија кој ќе дојде на граничен премин за влез во нашата држава, ќе биде примен без оглед на тоа со каква патна исправа доаѓа, се наведува во соопштението на МВР.

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека возачките дозволи и во државава и надвор од неа ќе важат само со името Република Cеверна Македонија, додека пак личните карти, ќе важат и по 13 февруари, без оглед дали се со името Република Македонија или Република Cеверна Македонија и граѓаните ќе можат да ги користат непречено на територијата на нашата држава.

За излез, пак, од државата во земјите со кои имаме билатерални договори за патување со лична карта, граѓаните нема да бидат враќани од страна на нашите гранични полициски службеници доколку имаат лична карта со името Република Македонија, но не можеме да гарантираме дека ќе бидат примени од другите држави. Истото важи и за сообраќајните дозволи, како и за личните карти, појаснуваат од МВР.

The post Од 13 февруари ќе важат само пасошите и возачките со „Cеверна“ appeared first on Република.