папа Archives - Република https://republika.mk/tema/papa/ За подобро да се разбереме Thu, 23 May 2024 10:54:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png папа Archives - Република https://republika.mk/tema/papa/ 32 32 Претседателката Сиљановска Давкова на Папата Франциск му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста https://republika.mk/zivot/pretsedatelkata-silanovska-davkova-na-papata-frantsisk-mu-podari-golema-rezba-so-motiv-od-ptitsata-feniks-kojshto-pretstavuva-simbol-na-vechnosta/ Thu, 23 May 2024 10:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=781125

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, денеска во Апостолската палата имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск.

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за упатените честитки од Папата Франциск по повод нејзиниот избор за Претседател и истакна дека ѝ претставува особена чест во годината кога се одбележува 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави, да ја предводи државно-црковната делегација на овој значаен настан.

Таа истакна дека историската посета на Папата Франциск на нашата земја остави силна трага во билатералните односи и го потврди високиот степен на доверба и пријателство меѓу двете држави.

Претседателката изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат нашата држава уште поинтензивно ќе се залага за продлабочување на севкупните односи со Светиот Престол, со цел јакнење на партнерството и негување на меѓусебното почитување базирано на заедничките историски, културни и верски традиции.

Претседателката Сиљановска Давкова и Папата Франциск ги разгледаа можностите за унапредување на институционалната соработка во областа на образованието, науката и културата и разменија мислење за тековните предизвици со кои се соочува католичката заедница во нашата држава.

Посочувајќи дека во нашата земја постои традицијата на почит кон различностите и висока свест за позитивната улога на религијата во развојот на општеството, претседателката го потенцираше значењето и придонесот на католичката црква и ја изрази нејзината подготвеност за продолжување на соработката со католичката заедница.

На средбата беа традиционално разменети подароци, при што, претседателката Сиљановска Давкова на Папата Франциск му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста.

По аудиенцијата кај Папата Франциск во изјава за медиумите претседателката Сиљановска Давкова истакна дека на долгата средба со Папата најпрво се усогласиле околу актуелните проблеми, околу поддршката на Ватикан на патот кон Европската Унија, поддршката на Ватикан на Западен Балкан. Претседателката во изјавата посочи дека изразила разбирање за склучување на Конкордат со Ватикан, затоа што системски треба да се пристапи кон решавањето на прашањата врзани особено за статусот на католичката црква и христијаните од католичката религија кај нас и рече дека изразила желба да се отвори Нунцијат кај нас бидејќи така ќе може навистина да биде директна соработката. Претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи ја соработката во многу области во сферата на високото образование, библиотекарството, конзервирањето итн., рече дека изразила спремност да продолжи таа соработка.

Претседателката Сиљановска Давкова денеска оствари средба и со државниот секретар на Светиот Престол, монсињор Пјетро Паролин, на којашто беше изразена цврста подготвеност за продолжување на конструктивната соработка во духот на меѓусебното разбирање и заедничките вредности.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на Папата Франциск му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста appeared first on Република.

]]>

Кога ќе почине, телото на Папата Францис нема да биде изложено на бдение https://republika.mk/vesti/svet/koga-ke-pochine-teloto-na-papata-frantsis-nema-da-bide-izlozheno-na-bdenie/ Tue, 02 Apr 2024 12:54:14 +0000 https://republika.mk/?p=761287

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, најави дека кога ќе биде погребан, неговото тело нема да биде изложено на бдение, ниту пак ќе има украсена дрвена клада која го поддржува ковчегот на угледни личности на католичките погреби.

Разговарав со мајсторот на церемонијата и го отстранивме ова и многу други работи, бидејќи ритуалот (на погребот на Папата) беше премногу оптоварен“, рече Францис.

Тој додаде дека погребот на неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти е последниот традиционален погреб на римски понтиф, каде што телото е изложено, пренесува агенцијата Анса.

Во книгата на Хавиер Мартинез Брокал, „Наследникот“, која се состои од интервјуа со Папата, Франциск вели дека сака да биде погребан „достоинствено како и секој христијанин“.

Во последните недели Ватикан го откажа присуството на Папата на неколку настани поради нарушено здравје, а Францис (86) моментално користи инвалидска количка поради проблеми со коленото.

The post Кога ќе почине, телото на Папата Францис нема да биде изложено на бдение appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, најави дека кога ќе биде погребан, неговото тело нема да биде изложено на бдение, ниту пак ќе има украсена дрвена клада која го поддржува ковчегот на угледни личности на католичките погреби.
Разговарав со мајсторот на церемонијата и го отстранивме ова и многу други работи, бидејќи ритуалот (на погребот на Папата) беше премногу оптоварен“, рече Францис.
Тој додаде дека погребот на неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти е последниот традиционален погреб на римски понтиф, каде што телото е изложено, пренесува агенцијата Анса. Во книгата на Хавиер Мартинез Брокал, „Наследникот“, која се состои од интервјуа со Папата, Франциск вели дека сака да биде погребан „достоинствено како и секој христијанин“. Во последните недели Ватикан го откажа присуството на Папата на неколку настани поради нарушено здравје, а Францис (86) моментално користи инвалидска количка поради проблеми со коленото.

The post Кога ќе почине, телото на Папата Францис нема да биде изложено на бдение appeared first on Република.

]]>
Папа Франциск: Радувајте се и не губете надеж и покрај кризите https://republika.mk/vesti/svet/papa-frantsisk-raduvajte-se-i-ne-gubete-nadezh-i-pokraj-krizite/ Sun, 31 Mar 2024 07:59:58 +0000 https://republika.mk/?p=760562

Папата Франциск ги повика верниците на Велигденското бдение да се радуваат и да не губат надеж и покрај приватните и светските политички кризи.

Овие кризи се „огромни камења на смртта“, рече Папата во базиликата Свети Петар во Рим пред околу 6.000 луѓе.

Тој особено предупреди на непромислената омраза и суровоста на војната, кои го уништуваат копнежот за мир во светот, но и на себичноста и рамнодушноста. Папата истакна дека Велигден ќе ги помести тие камења. Тој рече дека Велигден треба да ги охрабри луѓето и да им даде надеж.

- Тоа е моќта Божја: победата на животот над смртта, триумфот на светлината над темнината, повторното раѓање на надежта меѓу урнатините на неуспехот, рече папата.

По Страсната седмица причина за радост е велигденското бдение, рече тој.

- Сестри, браќа, нека ви пукнат срцата од радост во оваа света ноќ, рече папата во својата проповед.

Папата ја служеше церемонијата седејќи и самиот ја прочита проповедта, но со зарипнат глас.

Папата поради своето здравје не присуствуваше на некои настани во Рим на Велики петок.

Денеска тој планира да ја предводи велигденската миса и да го даде традиционалниот благослов „Urbi et Orbi“.

The post Папа Франциск: Радувајте се и не губете надеж и покрај кризите appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск ги повика верниците на Велигденското бдение да се радуваат и да не губат надеж и покрај приватните и светските политички кризи. Овие кризи се „огромни камења на смртта“, рече Папата во базиликата Свети Петар во Рим пред околу 6.000 луѓе. Тој особено предупреди на непромислената омраза и суровоста на војната, кои го уништуваат копнежот за мир во светот, но и на себичноста и рамнодушноста. Папата истакна дека Велигден ќе ги помести тие камења. Тој рече дека Велигден треба да ги охрабри луѓето и да им даде надеж. - Тоа е моќта Божја: победата на животот над смртта, триумфот на светлината над темнината, повторното раѓање на надежта меѓу урнатините на неуспехот, рече папата. По Страсната седмица причина за радост е велигденското бдение, рече тој. - Сестри, браќа, нека ви пукнат срцата од радост во оваа света ноќ, рече папата во својата проповед. Папата ја служеше церемонијата седејќи и самиот ја прочита проповедта, но со зарипнат глас. Папата поради своето здравје не присуствуваше на некои настани во Рим на Велики петок. Денеска тој планира да ја предводи велигденската миса и да го даде традиционалниот благослов „Urbi et Orbi“.

The post Папа Франциск: Радувајте се и не губете надеж и покрај кризите appeared first on Република.

]]>
Папата одржа богослужба за Велики петок https://republika.mk/vesti/svet/papata-odrzha-bogosluzhba-za-veliki-petok/ Fri, 29 Mar 2024 19:45:33 +0000 https://republika.mk/?p=760260

Папата Франциск денеска отслужи богослужба во базиликата Свети Петар по повод Велики петок, во пресрет на ноќната поворка во римскиот Колосеум, што се одржува на најтажниот ден во христијанскиот календар, денот кога Исус умре на распнувањето.

Одбележувањето на Велики петок му претходи на Велигден, кој се смета за радосен ден во црковниот календар на христијаните кои веруваат дека Исус воскреснал на тој ден.

Папата Франциск утре ќе одржи Велигденско бдение, а во недела велигденска миса, по што ќе им се обрати на верниците „Urbi et Orbi“ (На Градот и светот), со порака и благослов од централниот балкон на базиликата Свети Петар.

The post Папата одржа богослужба за Велики петок appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск денеска отслужи богослужба во базиликата Свети Петар по повод Велики петок, во пресрет на ноќната поворка во римскиот Колосеум, што се одржува на најтажниот ден во христијанскиот календар, денот кога Исус умре на распнувањето. Одбележувањето на Велики петок му претходи на Велигден, кој се смета за радосен ден во црковниот календар на христијаните кои веруваат дека Исус воскреснал на тој ден. Папата Франциск утре ќе одржи Велигденско бдение, а во недела велигденска миса, по што ќе им се обрати на верниците „Urbi et Orbi“ (На Градот и светот), со порака и благослов од централниот балкон на базиликата Свети Петар.

The post Папата одржа богослужба за Велики петок appeared first on Република.

]]>
Папата ја прифати оставката на полскиот бискуп поради невнимание во врска со злоупотреба на деца https://republika.mk/vesti/svet/papata-ja-prifati-ostavkata-na-polskiot-biskup-poradi-nevnimanie-vo-vrska-so-zloupotreba-na-detsa/ Sat, 09 Mar 2024 15:26:25 +0000 https://republika.mk/?p=753051

Папата Франциск ја прифати оставката на полскиот бискуп Анджеј Џуба поради невнимание во постапувањето со случаите на сексуална злоупотреба извршени од одредени свештеници врз малолетници, соопшти денеска апостолскиот нунциј во Полска.

Во соопштението се вели дека папата побарал од Џуба да поднесе оставка.

Џуба, кој бил епископ во Лович, не ги известил надлежните органи за случајот со свештеник од неговата епархија кој сексуално злоставувал 14-годишно момче, објавија локалните медиуми.

Медиумите јавуваат дека Џуба се соочува со обвиненија во Полска, објавија британските медиуми.

Папата Франциск пред неполн месец ја прифати оставката на полскиот надбискуп кој во документарен филм од 2021 година беше обвинет за „замижување“ пред сексуалната злоупотреба на деца.

Полската католичка црква пред две години објави дека од 1 јули 2018 до 31 декември 2020 година примила 368 пријави за сексуална злоупотреба на малолетници.

Според пописот од 2021 година, 71 отсто од населението на Полска се католици.

The post Папата ја прифати оставката на полскиот бискуп поради невнимание во врска со злоупотреба на деца appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск ја прифати оставката на полскиот бискуп Анджеј Џуба поради невнимание во постапувањето со случаите на сексуална злоупотреба извршени од одредени свештеници врз малолетници, соопшти денеска апостолскиот нунциј во Полска. Во соопштението се вели дека папата побарал од Џуба да поднесе оставка. Џуба, кој бил епископ во Лович, не ги известил надлежните органи за случајот со свештеник од неговата епархија кој сексуално злоставувал 14-годишно момче, објавија локалните медиуми. Медиумите јавуваат дека Џуба се соочува со обвиненија во Полска, објавија британските медиуми. Папата Франциск пред неполн месец ја прифати оставката на полскиот надбискуп кој во документарен филм од 2021 година беше обвинет за „замижување“ пред сексуалната злоупотреба на деца. Полската католичка црква пред две години објави дека од 1 јули 2018 до 31 декември 2020 година примила 368 пријави за сексуална злоупотреба на малолетници. Според пописот од 2021 година, 71 отсто од населението на Полска се католици.

The post Папата ја прифати оставката на полскиот бискуп поради невнимание во врска со злоупотреба на деца appeared first on Република.

]]>
Папата Франциск повика на дипломатско решение на војната во Украина https://republika.mk/vesti/svet/papata-frantsisk-povika-na-diplomatsko-reshenie-na-vojnata-vo-ukraina/ Sun, 25 Feb 2024 15:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=748160

Папата Франциск повика на дипломатско решение на војната во Украина што ќе резултира со праведен и траен мир, по вчерашното одбележување на втората годишнина од руската инвазија.

„Толку многу жртви, толку многу ранети, толку многу уништувања, болка и солзи во период кој ужасно се одолговлекува и на кој не му се гледа крајот. Оваа војна не само што го опустошува целиот регион, туку предизвикува и глобални бранови на омразата и страв“, рече папата Франциск во неделното обраќање.

Се залагам за тоа да се најде онаа малку човечност за да се создадат услови за дипломатско решение во потрагата по праведен и траен мир“, рече Светиот Отец.

Лидерите на групата седум индустриски најразвиени земји во светот, Г7, вчера ветија дека ќе продолжат да стојат на страната на Украина. Неколку западни лидери вчера го посетија Киев за да покажат солидарност со Украина на втората годишнина од руската инвазија.

Папата Франциск ги повтори своите молитви за Израел, за Палестинците и за „многу народи фатени во виорот на војната“.

The post Папата Франциск повика на дипломатско решение на војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск повика на дипломатско решение на војната во Украина што ќе резултира со праведен и траен мир, по вчерашното одбележување на втората годишнина од руската инвазија. „Толку многу жртви, толку многу ранети, толку многу уништувања, болка и солзи во период кој ужасно се одолговлекува и на кој не му се гледа крајот. Оваа војна не само што го опустошува целиот регион, туку предизвикува и глобални бранови на омразата и страв“, рече папата Франциск во неделното обраќање.
Се залагам за тоа да се најде онаа малку човечност за да се создадат услови за дипломатско решение во потрагата по праведен и траен мир“, рече Светиот Отец.
Лидерите на групата седум индустриски најразвиени земји во светот, Г7, вчера ветија дека ќе продолжат да стојат на страната на Украина. Неколку западни лидери вчера го посетија Киев за да покажат солидарност со Украина на втората годишнина од руската инвазија. Папата Франциск ги повтори своите молитви за Израел, за Палестинците и за „многу народи фатени во виорот на војната“.  

The post Папата Франциск повика на дипломатско решение на војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Папата се заложи за прекин на војната во Газа и го осуди абортусот https://republika.mk/vesti/svet/papata-se-zalozhi-za-prekin-na-vojnata-vo-gaza-i-go-osudi-abortusot/ Mon, 25 Dec 2023 14:43:54 +0000 https://republika.mk/?p=726557

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск денеска во божиќната порака повика на прекин на војната во Газа и изнаоѓање трајно решение на конфликтот на Блискиот Исток, истовремено остро осудувајќи го абортусот.

Се залагам за крај на воените операции со нивната ужасна жетва на невини цивилни жртви и повикувам на решение за очајната хуманитарна ситуација со обезбедување хуманитарна помош. Нека има крај на поттикнувањето насилство и омраза. И нека се реши палестинското прашање преку искрен и истраен дијалог меѓу страните, поткрепен со силна политичка волја и поддршка од меѓународната заедница, рече папата во обаќањето од централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ пред илјадници луѓе на плоштадот.

Папата повторно го осуди „одвратниот“ напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, кој ја поттикна војната и го повика палестинското движење да ги ослободи еврејските заложници, истовремено барајќи од Израел да дозволи подобра помош во опколената Газа.

Божик оваа година се слави тивко во Светата земја поради војната во Газа меѓу Израел и исламистичкиот Хамас. Речиси нема туристи во Витлеем на Западниот Брег – според традицијата родното место на Исус Христос – и Ерусалим.

Тој рече дека се моли за Украина, Сирија, Јемен, либанскиот народ и за сите земји каде се одвиваат насилни конфликти и ги повика сите да му се придружат во молитвата за прекин на сите војни во светот. Изрази жалење за моќта на индустријата за оружје.

Човечкото срце е слабо и импулсивно, ако оружјето ни дојде при рака, порано или подоцна ќе го искористиме. И како вооопшто може да зборуваме за мир, кога постојано се зголемува производството, продажбата и трговијата со оружје?, забележа папата.

Продолжувајќи ја темата за војната, папата Франциск употреби моќни зборови за да го осуди абортусот. Поглаварот на 1,3 милијарди католици направи споредба меѓу абортусот и страдањето на децата во вооружени конфликти или како бегалци.

Колку невини се убиени во нашиот свет! Во утробите на нивните мајки, во одисеи преземени од очај и во потрага по надеж, во животите на сите оние малечки чие детство е уништено од војна“, рече 87-годишниот папа.

Тој рече дека децата кои умираат во војни, вклучително и во Газа, се „денешните мали Исуси“ и дека ужасно многу невини цивили загинале во израелските напади.

The post Папата се заложи за прекин на војната во Газа и го осуди абортусот appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск денеска во божиќната порака повика на прекин на војната во Газа и изнаоѓање трајно решение на конфликтот на Блискиот Исток, истовремено остро осудувајќи го абортусот.
Се залагам за крај на воените операции со нивната ужасна жетва на невини цивилни жртви и повикувам на решение за очајната хуманитарна ситуација со обезбедување хуманитарна помош. Нека има крај на поттикнувањето насилство и омраза. И нека се реши палестинското прашање преку искрен и истраен дијалог меѓу страните, поткрепен со силна политичка волја и поддршка од меѓународната заедница, рече папата во обаќањето од централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ пред илјадници луѓе на плоштадот.
Папата повторно го осуди „одвратниот“ напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, кој ја поттикна војната и го повика палестинското движење да ги ослободи еврејските заложници, истовремено барајќи од Израел да дозволи подобра помош во опколената Газа. Божик оваа година се слави тивко во Светата земја поради војната во Газа меѓу Израел и исламистичкиот Хамас. Речиси нема туристи во Витлеем на Западниот Брег – според традицијата родното место на Исус Христос – и Ерусалим. Тој рече дека се моли за Украина, Сирија, Јемен, либанскиот народ и за сите земји каде се одвиваат насилни конфликти и ги повика сите да му се придружат во молитвата за прекин на сите војни во светот. Изрази жалење за моќта на индустријата за оружје.
Човечкото срце е слабо и импулсивно, ако оружјето ни дојде при рака, порано или подоцна ќе го искористиме. И како вооопшто може да зборуваме за мир, кога постојано се зголемува производството, продажбата и трговијата со оружје?, забележа папата.
Продолжувајќи ја темата за војната, папата Франциск употреби моќни зборови за да го осуди абортусот. Поглаварот на 1,3 милијарди католици направи споредба меѓу абортусот и страдањето на децата во вооружени конфликти или како бегалци.
Колку невини се убиени во нашиот свет! Во утробите на нивните мајки, во одисеи преземени од очај и во потрага по надеж, во животите на сите оние малечки чие детство е уништено од војна“, рече 87-годишниот папа.
Тој рече дека децата кои умираат во војни, вклучително и во Газа, се „денешните мали Исуси“ и дека ужасно многу невини цивили загинале во израелските напади.  

The post Папата се заложи за прекин на војната во Газа и го осуди абортусот appeared first on Република.

]]>
Папа Франциск: Неопходно е да се едуцираат мажите за здрави односи! https://republika.mk/vesti/svet/papa-frantsisk-neophodno-e-da-se-edutsiraat-mazhite-za-zdravi-odnosi/ Thu, 23 Nov 2023 13:47:35 +0000 https://republika.mk/?p=715558

Папата Франциск денеска изјави дека од статистиката за зголемување на бројот на фемициди и насилство врз жените, јасно е дека е неопходно да се едуцираат мажите за почит и здрави односи, пренесува АНСА.

Можеме да видиме од многу тажните вести од овие денови, од страшните извештаи за насилство врз жените, колку е итно да се едуцираме за почит и грижа: да се формираат мажи кои се способни за здрави односи, рече папата во неговата аудиенција со католичките новинари.

Тој рече дека комуникацијата го формира човекот и општеството и предупреди дека не треба да се заборави свеста за човековиот развој, имајќи предвид дека токму тоа ќе го одведе општеството во иднината.

„Ваша професија е да паметите и да пишуваме едноставно и разбирливо приказни за минатото, чувствата, луѓет од крв и месо кои треба да се почитуваат како да се ваши роднини“, им порача папата Франциск на присутните новинари.

The post Папа Франциск: Неопходно е да се едуцираат мажите за здрави односи! appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск денеска изјави дека од статистиката за зголемување на бројот на фемициди и насилство врз жените, јасно е дека е неопходно да се едуцираат мажите за почит и здрави односи, пренесува АНСА. Можеме да видиме од многу тажните вести од овие денови, од страшните извештаи за насилство врз жените, колку е итно да се едуцираме за почит и грижа: да се формираат мажи кои се способни за здрави односи, рече папата во неговата аудиенција со католичките новинари. Тој рече дека комуникацијата го формира човекот и општеството и предупреди дека не треба да се заборави свеста за човековиот развој, имајќи предвид дека токму тоа ќе го одведе општеството во иднината. „Ваша професија е да паметите и да пишуваме едноставно и разбирливо приказни за минатото, чувствата, луѓет од крв и месо кои треба да се почитуваат како да се ваши роднини“, им порача папата Франциск на присутните новинари.

The post Папа Франциск: Неопходно е да се едуцираат мажите за здрави односи! appeared first on Република.

]]>
Папата Франциск порачува мажите да се едуцираат за здрави односи https://republika.mk/vesti/svet/papata-frantsisk-porachuva-mazhite-da-se-edutsiraat-za-zdravi-odnosi/ Thu, 23 Nov 2023 13:27:21 +0000 https://republika.mk/?p=715542

Папата Франциск денеска изјави дека од статистиката за зголемување на бројот на фемициди и насилство врз жените, јасно е дека е неопходно да се едуцираат мажите за почит и здрави односи, пренесува АНСА.

„Можеме да видиме од многу тажните вести од овие денови, од страшните извештаи за насилство врз жените, колку е итно да се едуцираме за почит и грижа: да се формираат мажи кои се способни за здрави односи“, рече папата во неговата аудиенција со католичките новинари.

Тој рече дека комуникацијата го формира човекот и општеството и предупреди дека не треба да се заборави свеста за човековиот развој, имајќи предвид дека токму тоа ќе го одведе општеството во иднината.

„Ваша професија е да паметите и да пишуваме едноставно и разбирливо приказни за минатото, чувствата, луѓет од крв и месо кои треба да се почитуваат како да се ваши роднини“, им порача папата Франциск на присутните новинари.

The post Папата Франциск порачува мажите да се едуцираат за здрави односи appeared first on Република.

Ова веќе не е војна, тероризам е, вели Папата за конфликтот меѓу Израел и Хамас https://republika.mk/vesti/svet/ova-veke-ne-e-vojna-terorizam-e-veli-papata-za-konfliktot-megu-izrael-i-hamas/ Wed, 22 Nov 2023 11:20:04 +0000 https://republika.mk/?p=715091

Папата Франциск денеска одвоено се сретна со израелските роднини на заложниците кои ги држат Хамас и Палестинците со семејствата во Газа и рече дека конфликтот отишол подалеку од војната и станал „тероризам“.

Состаноците и коментарите на папата дојдоа неколку часа откако израелската Влада и Хамас се согласија за прекин на огнот во Газа за најмалку четири дена, што ќе овозможи да пристигне помош и да се ослободат најмалку 50 заложници кои ги држат милитантите во замена за најмалку 150 Палестинци затворени во Израел.

Говорејќи без пишан текст на општата аудиенција денеска на плоштадот „Св. Петар“, набрзо по состаноците во раните утрински часови во неговата резиденција, папата Франциск рече дека директно слушнал како „страдаат двете страни“ во конфликтот.

„Тоа е она што го прават војните. Но, ова ја надмина војната. Ова не е војна. Ова е тероризам“, рече папата и замоли за молитва за двете страни „да не одат со страсти кои на крајот ќе ги убијат сите“.

Двете групи одржаа посебни прес-конференции.

The post Ова веќе не е војна, тероризам е, вели Папата за конфликтот меѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск денеска одвоено се сретна со израелските роднини на заложниците кои ги држат Хамас и Палестинците со семејствата во Газа и рече дека конфликтот отишол подалеку од војната и станал „тероризам“. Состаноците и коментарите на папата дојдоа неколку часа откако израелската Влада и Хамас се согласија за прекин на огнот во Газа за најмалку четири дена, што ќе овозможи да пристигне помош и да се ослободат најмалку 50 заложници кои ги држат милитантите во замена за најмалку 150 Палестинци затворени во Израел. Говорејќи без пишан текст на општата аудиенција денеска на плоштадот „Св. Петар“, набрзо по состаноците во раните утрински часови во неговата резиденција, папата Франциск рече дека директно слушнал како „страдаат двете страни“ во конфликтот. „Тоа е она што го прават војните. Но, ова ја надмина војната. Ова не е војна. Ова е тероризам“, рече папата и замоли за молитва за двете страни „да не одат со страсти кои на крајот ќе ги убијат сите“. Двете групи одржаа посебни прес-конференции.  

The post Ова веќе не е војна, тероризам е, вели Папата за конфликтот меѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>
Според Папата за да се реши конфликтот, мора јасно да се дефинираат две држави https://republika.mk/vesti/svet/spored-papata-za-da-se-reshi-konfliktot-mora-jasno-da-se-definiraat-dve-drzhavi/ Thu, 02 Nov 2023 08:18:03 +0000 https://republika.mk/?p=697275

Папата Франциск во средата рече дека за да се стави крај на војните како сегашната во Појасот Газа, потребно е решение кое ќе создаде две држави за Израел и Палестина и повика Ерусалим да добие посебен статус.

Во интервјуто за информативниот канал TG1 на италијанската државна телевизија РАИ, Франциск исто така рече дека се надева дека ќе избегне регионална ескалација на конфликтот, кој започна кога милитантите на Хамас влегоа во Израел, убивајќи околу 1.400 Израелци, главно цивили, а зедоа околу 230 заложници.

Тој, исто така, рече дека е загрижен за подемот на антисемитизмот и додаде дека смета дека многу од тоа „останува скриено“.

„Тоа се два народа кои мора да живеат заедно. Со мудро решение во две држави. Во согласност со договорите од Осло, две добро дефинирани држави и Ерусалим со посебен статус“, изјави Франциск во интервју за италијанската РАИ.

Во 1993 година, израелскиот премиер Јицак Рабин и водачот на Палестинската ослободителна организација Јасер Арафат се ракуваа додека се договорија за Договорот од Осло со кој се воспостави ограничена палестинска автономија.

Израел го окупираше арапскиот источен Ерусалим во 1967 година, а во 1980 година го прогласи целиот град за своја „обединета и вечна престолнина“.

Во исто време, Палестинците го гледаат источниот дел на градот како главен град на нивната евентуална идна држава.

Израел постојано ги отфрлаше предлозите дека градот, свет за сите монотеистички религии - христијаните, муслиманите и Евреите - може да има посебен или меѓународен статус.

The post Според Папата за да се реши конфликтот, мора јасно да се дефинираат две држави appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск во средата рече дека за да се стави крај на војните како сегашната во Појасот Газа, потребно е решение кое ќе создаде две држави за Израел и Палестина и повика Ерусалим да добие посебен статус. Во интервјуто за информативниот канал TG1 на италијанската државна телевизија РАИ, Франциск исто така рече дека се надева дека ќе избегне регионална ескалација на конфликтот, кој започна кога милитантите на Хамас влегоа во Израел, убивајќи околу 1.400 Израелци, главно цивили, а зедоа околу 230 заложници. Тој, исто така, рече дека е загрижен за подемот на антисемитизмот и додаде дека смета дека многу од тоа „останува скриено“.
„Тоа се два народа кои мора да живеат заедно. Со мудро решение во две држави. Во согласност со договорите од Осло, две добро дефинирани држави и Ерусалим со посебен статус“, изјави Франциск во интервју за италијанската РАИ.
Во 1993 година, израелскиот премиер Јицак Рабин и водачот на Палестинската ослободителна организација Јасер Арафат се ракуваа додека се договорија за Договорот од Осло со кој се воспостави ограничена палестинска автономија. Израел го окупираше арапскиот источен Ерусалим во 1967 година, а во 1980 година го прогласи целиот град за своја „обединета и вечна престолнина“. Во исто време, Палестинците го гледаат источниот дел на градот како главен град на нивната евентуална идна држава. Израел постојано ги отфрлаше предлозите дека градот, свет за сите монотеистички религии - христијаните, муслиманите и Евреите - може да има посебен или меѓународен статус.

The post Според Папата за да се реши конфликтот, мора јасно да се дефинираат две држави appeared first on Република.

]]>
Папата Франциск апелира да се избегне хуманитарна катастрофа во Појасот Газа https://republika.mk/vesti/svet/papata-frantsisk-apelira-da-se-izbegne-humanitarna-katastrofa-vo-pojasot-gaza/ Wed, 18 Oct 2023 08:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=692422

Папата Франциск апелира да се направат сите напори за да се избегне хуманитарна катастрофа во Појасот Газа и изрази загриженост поради ризикот од проширување на конфликтот помеѓу Израел и Хамас.

Жртвите се зголемуваат, а ситуацијата во Газа е очајна. Ве молиме направете сè што е можно за да избегнете хуманитарна катастрофа, истакна поглаварот на Римокатоличката црква.

Тој експлицитно не ја спомна синоќешната експлозија што ја урна болницата во Газа, при што загинаа стотици луѓе.

Можното проширување на конфликтот е загрижувачко, додека во светот веќе се отворени толку многу фронтови. Нека замолкне оружјето, нека се слушне крикот за мир на сиромашните, на луѓето, на децата. Војната не решава никакви проблеми, таа само шири смрт и уништување. Ја зголемува омразата, ја умножува одмаздата. Војната ја брише иднината, истакна папата Франциск.

Тој говорејќи пред илјадници луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан додаде: „Ги повикувам верниците да заземат само една страна во овој конфликт – онаа на мирот“.

The post Папата Франциск апелира да се избегне хуманитарна катастрофа во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск апелира да се направат сите напори за да се избегне хуманитарна катастрофа во Појасот Газа и изрази загриженост поради ризикот од проширување на конфликтот помеѓу Израел и Хамас. Жртвите се зголемуваат, а ситуацијата во Газа е очајна. Ве молиме направете сè што е можно за да избегнете хуманитарна катастрофа, истакна поглаварот на Римокатоличката црква. Тој експлицитно не ја спомна синоќешната експлозија што ја урна болницата во Газа, при што загинаа стотици луѓе. Можното проширување на конфликтот е загрижувачко, додека во светот веќе се отворени толку многу фронтови. Нека замолкне оружјето, нека се слушне крикот за мир на сиромашните, на луѓето, на децата. Војната не решава никакви проблеми, таа само шири смрт и уништување. Ја зголемува омразата, ја умножува одмаздата. Војната ја брише иднината, истакна папата Франциск. Тој говорејќи пред илјадници луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан додаде: „Ги повикувам верниците да заземат само една страна во овој конфликт – онаа на мирот“.

The post Папата Франциск апелира да се избегне хуманитарна катастрофа во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Папата Франциско го повика Хамас да ги ослободи сите затвореници https://republika.mk/vesti/svet/papata-frantsisko-go-povika-hamas-da-gi-oslobodi-site-zatvorenitsi/ Wed, 11 Oct 2023 20:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=690312

Папата Франциск денеска ја повика исламистичката група Хамас да ги ослободи сите затвореници земени за време на нападот врз Израел викендот, истовремено изразувајќи сериозна загриженост за „целосната блокада“ што еврејската држава ја воведе на Појасот Газа.

Се молам за оние семејства чие празнување се претвори во ден на тага и барам заробениците веднаш да бидат ослободени, рече Папата за време на својата неделна аудиенција.

Во врска со реакцијата на Израел на нападот на Хамас, Папата рече: „Право на оние кои беа нападнати е да се бранат, но јас сум многу вознемирен од целосната блокада во која живеат Палестинците во Газа, каде што има и многу невини жртви“.

Тероризмот и екстремизмот не помагаат да се реши конфликтот меѓу Израелците и Палестинците, туку водат само до омраза и суровост. На Блискиот Исток не му е потребна војна, додаде папата Франциск.

The post Папата Франциско го повика Хамас да ги ослободи сите затвореници appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск денеска ја повика исламистичката група Хамас да ги ослободи сите затвореници земени за време на нападот врз Израел викендот, истовремено изразувајќи сериозна загриженост за „целосната блокада“ што еврејската држава ја воведе на Појасот Газа. Се молам за оние семејства чие празнување се претвори во ден на тага и барам заробениците веднаш да бидат ослободени, рече Папата за време на својата неделна аудиенција. Во врска со реакцијата на Израел на нападот на Хамас, Папата рече: „Право на оние кои беа нападнати е да се бранат, но јас сум многу вознемирен од целосната блокада во која живеат Палестинците во Газа, каде што има и многу невини жртви“. Тероризмот и екстремизмот не помагаат да се реши конфликтот меѓу Израелците и Палестинците, туку водат само до омраза и суровост. На Блискиот Исток не му е потребна војна, додаде папата Франциск.

The post Папата Франциско го повика Хамас да ги ослободи сите затвореници appeared first on Република.

]]>
Папата денеска побара да се запрат нападите во Израел https://republika.mk/vesti/svet/papata-deneska-pobara-da-se-zaprat-napadite-vo-izrael/ Sun, 08 Oct 2023 13:49:13 +0000 https://republika.mk/?p=689234

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, побара денеска „да се запрат нападите“ во Израел, наведувајќи дека „тероризмот и војната не водат до никакво решение“.

Со страв и тага следам што се случува во Израел. Изразувам солидарност со семејствата на жртвите. Се молам за сите оние кои живеат во ужас и вознемиреност“, рече Папата по традиционалната неделна молитва.

„Ве молам да престанете со нападите и да престанете да користите оружје...Тероризмот и војната не водат до никакво решение, туку носат само смрт и страдање на толку многу невини луѓе...Секоја војна е нов пораз“, додаде тој.

Се молиме за мир во Израел и во Палестина“, заклучи Папата, кој конкретно не ги спомна ниту Појасот Газа ниту Хамас.

The post Папата денеска побара да се запрат нападите во Израел appeared first on Република.

Папата повика на помали трошоци за воени цели https://republika.mk/vesti/svet/papata-povika-na-pomali-troshotsi-za-voeni-tseli/ Sat, 19 Aug 2023 16:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=673739

Папата Франциско денеска повика да се трошат помалку пари за воени цели за да има повеќе за хуманитарни цели.

„Наша должност е да помогнеме да се искорени омразата и насилството од човечките срца“, објави Папата на платформата X, порано Твитер.

„Да ги охрабриме луѓето да го положат оружјето, да ги намалат воените трошоци во корист на хуманитарните потреби и да ги направат инструментите на смртта инструменти на животот.

Папата не ја стави најавата во некој конкретен контекст, но 19 август е Светски ден на хуманитарната помош на ОН.

The post Папата повика на помали трошоци за воени цели appeared first on Република.

]]>

Папата Франциско денеска повика да се трошат помалку пари за воени цели за да има повеќе за хуманитарни цели. „Наша должност е да помогнеме да се искорени омразата и насилството од човечките срца“, објави Папата на платформата X, порано Твитер. „Да ги охрабриме луѓето да го положат оружјето, да ги намалат воените трошоци во корист на хуманитарните потреби и да ги направат инструментите на смртта инструменти на животот. Папата не ја стави најавата во некој конкретен контекст, но 19 август е Светски ден на хуманитарната помош на ОН.

The post Папата повика на помали трошоци за воени цели appeared first on Република.

]]>
Папата Франциск доаѓа во Косово? https://republika.mk/vesti/balkan/papata-frantsisk-doaga-vo-kosovo/ Fri, 04 Aug 2023 16:01:03 +0000 https://republika.mk/?p=668789

Римокатоличкиот водач папата Франциско најави дека можно е да го посети Косово.

„Работиме на Косово, но тоа не е дефинитивно“, им рече Папата на новинарите за време на неговата посета на Португалија.

На прашањето дали има намера да ја посети Шпанија, папата за дигиталното издание на дневниот весник „Вида Нуева“ рече дека нема да оди во ниту една голема земја во Европа додека не заврши со малите.

Според Вида Нуева, тој го повторил она што веќе го кажал во 2014 година, кога Албанија беше првата европска земја што ја посети.

Сега Косово би можело да биде додадено на листата на „мали“ земји за посета на папата, пишуваат медиумите и додаваат дека оваа можност се појавила по посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Ватикан на 22 јуни.

За време на таа аудиенција Курти го покани папата да го посети Косово.

The post Папата Франциск доаѓа во Косово? appeared first on Република.

]]>

Римокатоличкиот водач папата Франциско најави дека можно е да го посети Косово.
„Работиме на Косово, но тоа не е дефинитивно“, им рече Папата на новинарите за време на неговата посета на Португалија.
На прашањето дали има намера да ја посети Шпанија, папата за дигиталното издание на дневниот весник „Вида Нуева“ рече дека нема да оди во ниту една голема земја во Европа додека не заврши со малите. Според Вида Нуева, тој го повторил она што веќе го кажал во 2014 година, кога Албанија беше првата европска земја што ја посети. Сега Косово би можело да биде додадено на листата на „мали“ земји за посета на папата, пишуваат медиумите и додаваат дека оваа можност се појавила по посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Ватикан на 22 јуни. За време на таа аудиенција Курти го покани папата да го посети Косово.

The post Папата Франциск доаѓа во Косово? appeared first on Република.

]]>
Папата ја повика Европа да направи повеќе за решавање на проблемите во светот https://republika.mk/vesti/svet/papata-ja-povika-evropa-da-napravi-poveke-za-reshavane-na-problemite-vo-svetot/ Wed, 02 Aug 2023 16:11:05 +0000 https://republika.mk/?p=667996

Папата Франциск во средата ја критикуваше Европа за нејзините неадекватни напори за решавање на светските проблеми во екот на војните и конфликтите, како и за страдањата и миграциите што тие ги предизвикуваат, пишува dpa.

„Каде ќе одите ако не му предложите на светот пат на мир, креативни начини да се запре војната во Украина и многуте конфликти кои го валкаат светот со крв? рече Папата во говорот за ручек со претставници на португалската влада и граѓанското општество во културниот центар Белем во Лисабон.

Во својот прв голем јавен говор за време на посетата на Португалија, 86-годишниот Папа го осуди недостатокот на храбар мировен план и рече дека повеќе пари се инвестираат во оружје отколку во иднината на децата. Европа мора да се соочи и со сопствените проблеми, предупреди Папата. Тој го критикуваше третманот на мигрантите на надворешните граници на континентот и на Медитеранот, падот на наталитетот, како и дискусиите за евтаназија.

„Глобалните неправди, војните, климатските и миграциските кризи напредуваат побрзо од способноста, а често и волјата заедно да се соочиме со овие предизвици“, рече папата Фрањо.

Наместо тоа, Папата сонува за „Европа во срцето на Западот“ која ја користи својата генијалност за да ги изгасне воените жаришта и да ги запали светлата на надежта. Континентот би можел да биде двигател на „глобалното отворање“ што му треба на светот. На светот му е потребна Европа - „вистинска Европа“ - како градител на мостови и миротворец, смета Папата. Поглаварот на Католичката црква е во Португалија пет дена за време на Светскиот ден на младите.

The post Папата ја повика Европа да направи повеќе за решавање на проблемите во светот appeared first on Република.

Папата Франциск се налутил и згрозил затоа што Куранот бил запален https://republika.mk/vesti/svet/papata-frantsisk-se-nalutil-i-zgrozil-zatoa-shto-kuranot-bil-zapalen/ Mon, 03 Jul 2023 13:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=657762

Папата Франциск изјави дека го налутило и згрозило палењето на светата книга Куран и дека го осудува и отфрла дозволувањето на таквиот чин како форма на слобода на говор.

Секоја книга што се смета за света треба да се почитува за да се почитуваат оние кои веруваат во неа“, кажа папата во интервју за весникот од Обединетите Арапски Емирати „Ал Итихад, што денеска е објавено.

Јас сум лут и згрозен од тие постапки. Слободата на говорот никогаш не смее да се користи како алатка за презирање на другите, а дозволувањето на тоа е отфрлено и осудено, кажа папата во интервјуто.

Маж минатата недела искина и запали Куран во шведскиот главен град Стокхолм, што наиде на остра осуда од неколку земји, вклучително и Турција, чија поддршка Шведска треба да добие за да се приклучи на воената алијанса на НАТО.

Иако шведската полиција одби неколку неодамнешни барања за протести против Куранот, судовите ги укинаа ваквите одлуки, наведувајќи дека тоа ја нарушува слободата на говорот.

Група од 57 исламски нации вчера соопшти дека се потребни колективни мерки за да се спречат актите на сквернавење на Куранот и дека меѓународното право треба да се користи за да се запре верската омраза.

The post Папата Франциск се налутил и згрозил затоа што Куранот бил запален appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск изјави дека го налутило и згрозило палењето на светата книга Куран и дека го осудува и отфрла дозволувањето на таквиот чин како форма на слобода на говор.
Секоја книга што се смета за света треба да се почитува за да се почитуваат оние кои веруваат во неа“, кажа папата во интервју за весникот од Обединетите Арапски Емирати „Ал Итихад, што денеска е објавено. Јас сум лут и згрозен од тие постапки. Слободата на говорот никогаш не смее да се користи како алатка за презирање на другите, а дозволувањето на тоа е отфрлено и осудено, кажа папата во интервјуто.
Маж минатата недела искина и запали Куран во шведскиот главен град Стокхолм, што наиде на остра осуда од неколку земји, вклучително и Турција, чија поддршка Шведска треба да добие за да се приклучи на воената алијанса на НАТО. Иако шведската полиција одби неколку неодамнешни барања за протести против Куранот, судовите ги укинаа ваквите одлуки, наведувајќи дека тоа ја нарушува слободата на говорот. Група од 57 исламски нации вчера соопшти дека се потребни колективни мерки за да се спречат актите на сквернавење на Куранот и дека меѓународното право треба да се користи за да се запре верската омраза.  

The post Папата Франциск се налутил и згрозил затоа што Куранот бил запален appeared first on Република.

]]>
Здравствената состојба на папата Франциск се подобрува и тој утре ќе биде отпуштен од болница https://republika.mk/vesti/svet/zdravstvenata-sostojba-na-papata-frantsisk-se-podobruva-i-toj-utre-ke-bide-otpushten-od-bolnitsa/ Thu, 15 Jun 2023 13:20:26 +0000 https://republika.mk/?p=651763

Папата Франциск утре ќе биде отпуштен од болницата „Џемели“ во Рим, откако минатата недела му беше извршена абдоминална операција за отстранување хернија предизвикана од операција во 2021 година, соопшти прес-службата на Ватикан, цитирана од италијанските медиуми.

Здравствениот тим кој ја следи состојбата на папата Франциско го потврди отпуштањето на Светиот Отец од општата болница „Агостино Џемели“ утре наутро, петок, 16 јуни, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.

Прес-службата на Ватикан вчера соопшти дека клиничкото лекување на папата се одвива нормално по неговата операција минатата среда и дека медицинскиот персонал планира да го отпушти во следните неколку дена.

Папата Франциск претходно денеска ги посети пациентите на одделението за педијатриска онкологија во болницата.

The post Здравствената состојба на папата Франциск се подобрува и тој утре ќе биде отпуштен од болница appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск утре ќе биде отпуштен од болницата „Џемели“ во Рим, откако минатата недела му беше извршена абдоминална операција за отстранување хернија предизвикана од операција во 2021 година, соопшти прес-службата на Ватикан, цитирана од италијанските медиуми. Здравствениот тим кој ја следи состојбата на папата Франциско го потврди отпуштањето на Светиот Отец од општата болница „Агостино Џемели“ утре наутро, петок, 16 јуни, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни. Прес-службата на Ватикан вчера соопшти дека клиничкото лекување на папата се одвива нормално по неговата операција минатата среда и дека медицинскиот персонал планира да го отпушти во следните неколку дена. Папата Франциск претходно денеска ги посети пациентите на одделението за педијатриска онкологија во болницата.

The post Здравствената состојба на папата Франциск се подобрува и тој утре ќе биде отпуштен од болница appeared first on Република.

]]>
Олтарот на Папата во базиликата „Свети Петар“ прочистен откако таму влезе гол маж https://republika.mk/vesti/svet/oltarot-na-papata-vo-bazilikata-sveti-petar-prochisten-otkako-tamu-vleze-gol-mazh/ Sun, 04 Jun 2023 10:40:22 +0000 https://republika.mk/?p=647618

Посебен ритуал на „чистење“ се одржа денеска кај главниот олтар на базиликата Свети Петар, кој го користи и папата Франциско, откако беше осквернавен од човек кој таму се појави гол за да протестира против војната во Украина.

Молитвената миса ја водеше кардиналот Мауро Гамбети откако мажот, полски државјанин, се соблече и застана пред олтарот на базиликата во четвртокот, објави Ројтерс.

На неговиот грб пишуваше „спасете ги децата на Украина“.

Обезбедувањето на Ватикан го предаде на италијанската полиција, која го приведе и го депортира од Италија.

На молитвената миса пред олтарот што го користи папата Франциско, Гамбети рече дека човекот направил „грешен и несоодветен гест, кој е за жалење“ а со цел да го привлече вниманието на жртвите од војната.

Извор од Ватикан наведува дека во моментот на инцидентот мажот сам си нанел гребаници по телото.

The post Олтарот на Папата во базиликата „Свети Петар“ прочистен откако таму влезе гол маж appeared first on Република.

]]>

Посебен ритуал на „чистење“ се одржа денеска кај главниот олтар на базиликата Свети Петар, кој го користи и папата Франциско, откако беше осквернавен од човек кој таму се појави гол за да протестира против војната во Украина. Молитвената миса ја водеше кардиналот Мауро Гамбети откако мажот, полски државјанин, се соблече и застана пред олтарот на базиликата во четвртокот, објави Ројтерс. На неговиот грб пишуваше „спасете ги децата на Украина“. Обезбедувањето на Ватикан го предаде на италијанската полиција, која го приведе и го депортира од Италија. На молитвената миса пред олтарот што го користи папата Франциско, Гамбети рече дека човекот направил „грешен и несоодветен гест, кој е за жалење“ а со цел да го привлече вниманието на жртвите од војната. Извор од Ватикан наведува дека во моментот на инцидентот мажот сам си нанел гребаници по телото.  

The post Олтарот на Папата во базиликата „Свети Петар“ прочистен откако таму влезе гол маж appeared first on Република.

]]>