палестинци Archives - Република https://republika.mk/tema/palestinci/ За подобро да се разбереме Sat, 07 Sep 2024 14:02:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png палестинци Archives - Република https://republika.mk/tema/palestinci/ 32 32 Најмалку 13 Палестинци убиени во израелски напад во Газа https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-13-palestintsi-ubieni-vo-izraelski-napad-vo-gaza/ Sat, 07 Sep 2024 14:02:22 +0000 https://republika.mk/?p=814139

Најмалку 13 Палестинци се убиени, а 15 се ранети во израелски напади врз училиште каде беа сместени бегалци и стамбена зграда во Газа, јавуваат палестински медиуми.

Израелската војска соопшти дека извршила напад врз терористи кои дејствувале од команден и контролен центар на Хамас, вграден во комплекс што претходно служел како училиште „Халима ал-Садија“ во северниот дел на Појасот Газа.

Во одвоен инцидент, петмина Палестинци загинаа во напад на стамбена зграда во кампот Нусеират во централна Газа.

The post Најмалку 13 Палестинци убиени во израелски напад во Газа appeared first on Република.

]]>

Најмалку 13 Палестинци се убиени, а 15 се ранети во израелски напади врз училиште каде беа сместени бегалци и стамбена зграда во Газа, јавуваат палестински медиуми. Израелската војска соопшти дека извршила напад врз терористи кои дејствувале од команден и контролен центар на Хамас, вграден во комплекс што претходно служел како училиште „Халима ал-Садија“ во северниот дел на Појасот Газа. Во одвоен инцидент, петмина Палестинци загинаа во напад на стамбена зграда во кампот Нусеират во централна Газа.

The post Најмалку 13 Палестинци убиени во израелски напад во Газа appeared first on Република.

]]>
Израелската армија издаде нови предупредувања до Палестинците да го напуштат Кан Јунис во Појасот Газа https://republika.mk/vesti/svet/izraelskata-armija-izdade-novi-predupreduvana-do-palestintsite-da-go-napushtat-kan-junis-vo-pojasot-gaza/ Sun, 11 Aug 2024 11:18:45 +0000 https://republika.mk/?p=805436

Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа нови предупредувања за евакуација на Палестинците од областа Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа и дополнително ги прилагодија границите на хуманитарната зона одредена од Израел, исклучувајќи ја населбата Ал Џала поради истрелувањето ракети од таа населба кон Израел.

ИДФ соопшти дека има намера да дејствува против Хамас во населбата Ал Џала поради големиот број напади од тој кварт врз Израел и дека стана опасно за палестинските цивили да останат во таа област, пишува Тајмс оф Израел.

Израелската војска соопшти дека ја прилагодува хуманитарната зона врз основа на „прецизни разузнавачки информации што укажуваат дека Хамас инсталирал терористичка инфраструктура во таа област“.

The post Израелската армија издаде нови предупредувања до Палестинците да го напуштат Кан Јунис во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа нови предупредувања за евакуација на Палестинците од областа Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа и дополнително ги прилагодија границите на хуманитарната зона одредена од Израел, исклучувајќи ја населбата Ал Џала поради истрелувањето ракети од таа населба кон Израел. ИДФ соопшти дека има намера да дејствува против Хамас во населбата Ал Џала поради големиот број напади од тој кварт врз Израел и дека стана опасно за палестинските цивили да останат во таа област, пишува Тајмс оф Израел. Израелската војска соопшти дека ја прилагодува хуманитарната зона врз основа на „прецизни разузнавачки информации што укажуваат дека Хамас инсталирал терористичка инфраструктура во таа област“.

The post Израелската армија издаде нови предупредувања до Палестинците да го напуштат Кан Јунис во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Кога сите чекаа крај на војната Израелците убија над 100 Палестинци додека чекале хуманитарна помош https://republika.mk/vesti/svet/koga-site-chekaa-kraj-na-vojnata-izraeltsite-ubija-nad-100-palestintsi-dodeka-chekale-humanitarna-pomosh/ Fri, 01 Mar 2024 07:38:32 +0000 https://republika.mk/?p=749830

Вчера во Појасот Газа се убиени најмалку 112 Палестинци додека чекале да добијат хуманитарна помош. Некои  биле прегазени од камиони кои носеле помош .Хаосот кој настанал откако врз нив од тенкови почнале да пукаат израелските сили.

Погледнете

https://www.youtube.com/watch?v=kA1jufk-8TE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Кога сите чекаа крај на војната Израелците убија над 100 Палестинци додека чекале хуманитарна помош appeared first on Република.

]]>

Вчера во Појасот Газа се убиени најмалку 112 Палестинци додека чекале да добијат хуманитарна помош. Некои  биле прегазени од камиони кои носеле помош .Хаосот кој настанал откако врз нив од тенкови почнале да пукаат израелските сили. Погледнете https://www.youtube.com/watch?v=kA1jufk-8TE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Кога сите чекаа крај на војната Израелците убија над 100 Палестинци додека чекале хуманитарна помош appeared first on Република.

]]>
Десетици палестински борци се убиени во Газа во изминатите 24 часа, соопшти израелската армија https://republika.mk/vesti/svet/desetitsi-palestinski-bortsi-se-ubieni-vo-gaza-vo-izminatite-24-chasa-soopshti-izraelskata-armija/ Sun, 18 Feb 2024 10:15:54 +0000 https://republika.mk/?p=745294

Израелската армија денеска соопшти дека убила десетици палестински борци и запленила значителен број оружја за време на борбите низ Појасот Газа во изминатите 24 часа.

Израел ја концентрираше својата воена кампања во јужниот град во енклавата Кан Јунис, каде, според информациите на одбранбените сили, на пешадијата во борбите им приклучиле тенкови и борбени авиони.

„Во текот на изминатите 24 часа беа елиминирани десетици милитанти и запленети се големи количини оружје“, се вели во официјалното соопштение на израелската армија.

Исто така, се вели дека израелските специјални сили сè уште дејствуваат во областа околу и внатре во болницата „Насер“ во Кан Јунис.

The post Десетици палестински борци се убиени во Газа во изминатите 24 часа, соопшти израелската армија appeared first on Република.

]]>

Израелската армија денеска соопшти дека убила десетици палестински борци и запленила значителен број оружја за време на борбите низ Појасот Газа во изминатите 24 часа. Израел ја концентрираше својата воена кампања во јужниот град во енклавата Кан Јунис, каде, според информациите на одбранбените сили, на пешадијата во борбите им приклучиле тенкови и борбени авиони. „Во текот на изминатите 24 часа беа елиминирани десетици милитанти и запленети се големи количини оружје“, се вели во официјалното соопштение на израелската армија. Исто така, се вели дека израелските специјални сили сè уште дејствуваат во областа околу и внатре во болницата „Насер“ во Кан Јунис.

The post Десетици палестински борци се убиени во Газа во изминатите 24 часа, соопшти израелската армија appeared first on Република.

]]>
Египет подготвува зона за прием на Палестинци на Синај, тврдат анонимни извори https://republika.mk/vesti/svet/egipet-podgotvuva-zona-za-priem-na-palestintsi-na-sinaj-tvrdat-anonimni-izvori/ Fri, 16 Feb 2024 08:43:41 +0000 https://republika.mk/?p=744722

Египет подготвува област долж границата со Газа што би можела да се користи за прифаќање на Палестинци доколку израелската офанзива предизвика егзодус преку границата, изјавиле четири извори опишувајќи ја можноста како резервен план на Каиро, јавија светските агенции.

Египет, кој официјално негира секакви подготовки во оваа насока, постојано предупредуваше на можноста израелската офанзива на Газа да резултира со раселување на Палестинците на Синај, што Каиро го смета за целосно неприфатливо. Слични предупредувања испратија и други арапски земји, вклучително и Јордан.

САД повеќе пати го повторија своето противење на какво било раселување на Палестинците од Газа.

Еден од изворите рекол дека Египет е оптимист дека разговорите за прекин на огнот би можеле да вродат со плод за да се избегне споменатото сценарио, но дека ја подготвува областа долж границата како привремена мерка на претпазливост. Три извори блиски до безбедносните сили тврдат дека Египет почнал да ја подготвува пустинската област Синај со некои основни капацитети за сместување на Палестинци, нагласувајќи дека се работи исклучиво за резервен план.

Поради чувствителноста на темата, изворите побарале да останат анонимни.

Израел соопшти дека ќе почне офанзива за уништување на „последното упориште“ на Хамас во Рафа. Во тој град на границата со Египет се сместени околу милион Палестинци кои нашле засолниште во него пред разорната израелска офанзива на Појасот Газа.

The post Египет подготвува зона за прием на Палестинци на Синај, тврдат анонимни извори appeared first on Република.

]]>

Египет подготвува област долж границата со Газа што би можела да се користи за прифаќање на Палестинци доколку израелската офанзива предизвика егзодус преку границата, изјавиле четири извори опишувајќи ја можноста како резервен план на Каиро, јавија светските агенции. Египет, кој официјално негира секакви подготовки во оваа насока, постојано предупредуваше на можноста израелската офанзива на Газа да резултира со раселување на Палестинците на Синај, што Каиро го смета за целосно неприфатливо. Слични предупредувања испратија и други арапски земји, вклучително и Јордан. САД повеќе пати го повторија своето противење на какво било раселување на Палестинците од Газа. Еден од изворите рекол дека Египет е оптимист дека разговорите за прекин на огнот би можеле да вродат со плод за да се избегне споменатото сценарио, но дека ја подготвува областа долж границата како привремена мерка на претпазливост. Три извори блиски до безбедносните сили тврдат дека Египет почнал да ја подготвува пустинската област Синај со некои основни капацитети за сместување на Палестинци, нагласувајќи дека се работи исклучиво за резервен план. Поради чувствителноста на темата, изворите побарале да останат анонимни. Израел соопшти дека ќе почне офанзива за уништување на „последното упориште“ на Хамас во Рафа. Во тој град на границата со Египет се сместени околу милион Палестинци кои нашле засолниште во него пред разорната израелска офанзива на Појасот Газа.

The post Египет подготвува зона за прием на Палестинци на Синај, тврдат анонимни извори appeared first on Република.

]]>
Од 7 октомври досега убиени 25.490 Палестинци во Газа https://republika.mk/vesti/svet/od-7-oktomvri-dosega-ubieni-25-490-palestintsi-vo-gaza/ Tue, 23 Jan 2024 11:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=735882

Министерството за здравство во Појасот Газа, со кој управува Хамас, денеска соопшти дека од 7 октомври досега во израелските напади на оваа територија се убиени вкупно 25.490 Палестинци, а 63.354 се ранети.

Најмалку 195 Палестинци загинаа, а 354 се ранети во изминатите 24 часа, додаде Министерството.

Повеќето од жртвите се жени и деца, а илјадници тела се уште не се вброени меѓу жртвите бидејќи се под урнатините низ цела Газа.

 

The post Од 7 октомври досега убиени 25.490 Палестинци во Газа appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство во Појасот Газа, со кој управува Хамас, денеска соопшти дека од 7 октомври досега во израелските напади на оваа територија се убиени вкупно 25.490 Палестинци, а 63.354 се ранети. Најмалку 195 Палестинци загинаа, а 354 се ранети во изминатите 24 часа, додаде Министерството. Повеќето од жртвите се жени и деца, а илјадници тела се уште не се вброени меѓу жртвите бидејќи се под урнатините низ цела Газа.  

The post Од 7 октомври досега убиени 25.490 Палестинци во Газа appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 23.000 Палестинци загинаа во израелските напади https://republika.mk/vesti/svet/poveke-od-23-000-palestintsi-zaginaa-vo-izraelskite-napadi/ Mon, 08 Jan 2024 12:59:38 +0000 https://republika.mk/?p=730832

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека најмалку 23.084 Палестинци се убиени во израелските напади од 7 октомври.

Покрај тоа, повредени се 58.926 лица.

Во последните 24 часа загинале 249 лица, а 510 се повредени.

The post Повеќе од 23.000 Палестинци загинаа во израелските напади appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека најмалку 23.084 Палестинци се убиени во израелските напади од 7 октомври. Покрај тоа, повредени се 58.926 лица. Во последните 24 часа загинале 249 лица, а 510 се повредени.

The post Повеќе од 23.000 Палестинци загинаа во израелските напади appeared first on Република.

]]>
Израел е во тајни разговори со Конго за „доброволно“ преселување на Палестинците од Газа во Африка https://republika.mk/vesti/svet/izrael-e-vo-tajni-razgovori-so-kongo-za-dobrovolno-preseluvane-na-palestintsite-od-gaza-vo-afrika/ Thu, 04 Jan 2024 19:25:29 +0000 https://republika.mk/?p=729541

Израелската влада има намера да го реши проблемот со Палестинците со нивно преселување од Појасот Газа по војната. Како што пишува „Тајмс оф Израел“, официјален Тел Авив води тајни преговори со неколку земји одеднаш.

Една од земјите е Конго, од каде, наводно, веќе се согласиле да прифатат илјадници „доброволни мигранти“ од Појасот Газа. Сепак, како што пишува изданието, Израел нема да се ограничи само на оваа земја. Во тек се преговори со уште неколку земји. Конкретно, Саудиска Арабија се смета меѓу можните места за преселување.

Конго ќе биде подготвен да прифати мигранти, а ние сме во преговори со други. Нашиот проблем е да најдеме земји кои се подготвени да примат Палестинци од Газа, работиме на тоа, изјавил Нетанјаху на состанокот на партијата Ликуд.

На плановите за „доброволна миграција“ на Палестинците остро се противат САД, Франција и Германија. Според нив, иако се споменува Конго, западните земји стравуваат дека на крајот, најмногу од Палестинците ќе завршат во Европа.

The post Израел е во тајни разговори со Конго за „доброволно“ преселување на Палестинците од Газа во Африка appeared first on Република.

]]>

Израелската влада има намера да го реши проблемот со Палестинците со нивно преселување од Појасот Газа по војната. Како што пишува „Тајмс оф Израел“, официјален Тел Авив води тајни преговори со неколку земји одеднаш. Една од земјите е Конго, од каде, наводно, веќе се согласиле да прифатат илјадници „доброволни мигранти“ од Појасот Газа. Сепак, како што пишува изданието, Израел нема да се ограничи само на оваа земја. Во тек се преговори со уште неколку земји. Конкретно, Саудиска Арабија се смета меѓу можните места за преселување.
Конго ќе биде подготвен да прифати мигранти, а ние сме во преговори со други. Нашиот проблем е да најдеме земји кои се подготвени да примат Палестинци од Газа, работиме на тоа, изјавил Нетанјаху на состанокот на партијата Ликуд.
На плановите за „доброволна миграција“ на Палестинците остро се противат САД, Франција и Германија. Според нив, иако се споменува Конго, западните земји стравуваат дека на крајот, најмногу од Палестинците ќе завршат во Европа.

The post Израел е во тајни разговори со Конго за „доброволно“ преселување на Палестинците од Газа во Африка appeared first on Република.

]]>
Од 7 октомври во Газа загинале над 22.000 Палестинци https://republika.mk/vesti/svet/od-7-oktomvri-vo-gaza-zaginale-nad-22-000-palestintsi/ Tue, 02 Jan 2024 11:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=728951

Министерството за здравство во Појасот Газа, што е под контрола на Хамас, денеска соопшти дека од почетокот на војната во Појасот Газа, на 7 октомври, во израелските воени операции досега се загинати 22.185 Палестинци.

Само во последните 24 часа загинале уште 207 лица, изјави истиот извор, не прецизирајќи колку од нив се борци, а колку цивили.

Претходно беше соопоштено дека две третини од убиените се жени, деца и малолетници.

Француските медиуми пренесуваат дека од почетокот на војната ранети се 57.035 Палестинци.

На израелска страна, пак, досега се убиени над 1.200 лица, од кои повеќето се цивили, најмногу во нападите на Хамас врз јужен Израел, на 7 октомври. Истиот ден на југот на Израел беа киднапирани околу 240 лица и однесени во Појасот Газа, а според израелските власти Хамас и другите милитанти во Газа се уште држат 129 заложници.

Во израелските копнени операции во Појасот Газа досега загинаа околу 170 војници.

The post Од 7 октомври во Газа загинале над 22.000 Палестинци appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство во Појасот Газа, што е под контрола на Хамас, денеска соопшти дека од почетокот на војната во Појасот Газа, на 7 октомври, во израелските воени операции досега се загинати 22.185 Палестинци. Само во последните 24 часа загинале уште 207 лица, изјави истиот извор, не прецизирајќи колку од нив се борци, а колку цивили. Претходно беше соопоштено дека две третини од убиените се жени, деца и малолетници. Француските медиуми пренесуваат дека од почетокот на војната ранети се 57.035 Палестинци. На израелска страна, пак, досега се убиени над 1.200 лица, од кои повеќето се цивили, најмногу во нападите на Хамас врз јужен Израел, на 7 октомври. Истиот ден на југот на Израел беа киднапирани околу 240 лица и однесени во Појасот Газа, а според израелските власти Хамас и другите милитанти во Газа се уште држат 129 заложници. Во израелските копнени операции во Појасот Газа досега загинаа околу 170 војници.

The post Од 7 октомври во Газа загинале над 22.000 Палестинци appeared first on Република.

]]>
Израелски министер: Војната е можност да се охрабри „доброволното иселување“ на Палестинците од Газа https://republika.mk/vesti/svet/izraelski-minister-vojnata-e-mozhnost-da-se-ohrabri-dobrovolnoto-iseluvane-na-palestintsite-od-gaza/ Mon, 01 Jan 2024 20:18:28 +0000 https://republika.mk/?p=728756

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, изрази поддршка за раселувањето на Палестинците од Појасот Газа во странство, велејќи дека војната претставува „можност за фокусирање на охрабрувањето на миграцијата на жителите“ на палестинска територија.

Бен Гвир, на состанокот на неговата ултрадесничарска партија Окма Јехудит (Еврејски сили), порача дека таквата политика ќе овозможи враќање на жителите во израелските погранични области и еврејските доселеници во Газа евакуирани во 2005 година, оценувајќи дека тоа е „исправно, праведно морално и хумано решение“.

Неколку израелски пратеници, вклучувајќи и членови на кабинетот, вршат притисок на, како што велат, „доброволното раселување“ на Палестинците од Газа, што е отфрлено од меѓународната заедница.

The post Израелски министер: Војната е можност да се охрабри „доброволното иселување“ на Палестинците од Газа appeared first on Република.

]]>

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, изрази поддршка за раселувањето на Палестинците од Појасот Газа во странство, велејќи дека војната претставува „можност за фокусирање на охрабрувањето на миграцијата на жителите“ на палестинска територија. Бен Гвир, на состанокот на неговата ултрадесничарска партија Окма Јехудит (Еврејски сили), порача дека таквата политика ќе овозможи враќање на жителите во израелските погранични области и еврејските доселеници во Газа евакуирани во 2005 година, оценувајќи дека тоа е „исправно, праведно морално и хумано решение“. Неколку израелски пратеници, вклучувајќи и членови на кабинетот, вршат притисок на, како што велат, „доброволното раселување“ на Палестинците од Газа, што е отфрлено од меѓународната заедница.

The post Израелски министер: Војната е можност да се охрабри „доброволното иселување“ на Палестинците од Газа appeared first on Република.

]]>
Околу 100.000 Палестинци претходните денови избегале на југ поради израелските бомбардирања https://republika.mk/vesti/svet/okolu-100-000-palestintsi-prethodnite-denovi-izbegale-na-jug-poradi-izraelskite-bombardirana/ Fri, 29 Dec 2023 17:57:45 +0000 https://republika.mk/?p=728026

Околу 100.000 Палестинци во изминатите неколку дена пристигнале во Рафа, на крајниот југ на Газа, кон гранциата со Египет, бегајќи од бомбардирањето на централниот дел на таа територија, соопштија Обединетите Нации (ОН).

Од ОН додаваат дека околу 85 отсто од населението на Газа е раселено поради израелските бомбардирања и копнени офанзиви. Поради тоа, голем број луѓе бараат засолниште во зоните што Израел ги одреди како безбедни, но кои и покрај тоа ги бомбардира.

Луѓето пристигнале во Рафа со камиони, автомобили и пеш. Оние кои не можеле да најдат место во и онака преполните засолништа, подигнале шатори покрај патиштата.

Луѓето го користат секој празен простор за да градат засолништа. Некои спијат во своите автомобили, а некои на отворено“, изјави Џулиет Тума, директорка за односи со јавност на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА).

Израелската офанзива сега е фокусирана на бегалските кампови Буреиџ, Нусејрат и Магази во центарот на Газа, каде што израелските воени авиони и артилерија уништија голем број згради. Борбите продолжуваат на север, а на удар е и Кан Јунис на југ, каде Израел верува дека се кријат лидерите на Хамас.

Според Министерството за здравство на Хамас во Газа, од почетокот на војната се убиени 21.300 Палестинци.

Истовремено, Агенцијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (УНОЦХА) соопшти дека оваа година е најсмртоносната за Палестинците на Западниот Брег откако Агенцијата почна да ги брои жртвите во 2005 година.

Годинава, 504 Палестинци беа убиени на Западниот Брег, што ја прави 2023 година најсмртоносната година за Палестинците на Западниот Брег откако УНОЦХА почна да ги брои жртвите во 2005 година, соопштија од Агенцијата.

Според овие податоци, само од 7 октомври досега на Западниот Брег се убиени 304 Палестинци, меѓу кои 79 деца.

Оваа бројка претставува близу 60 отсто од сите Палестинци убиени на Западниот Брег во 2023 година. Бројот на операции и воени акции на таа територија е значително зголемен, сега речиси секој ден станува се побрутално. Исто така, има значително зголемување на насилството од доселениците, вклучително и употребата на огнено оружје, додаваат од Агенцијата.

The post Околу 100.000 Палестинци претходните денови избегале на југ поради израелските бомбардирања appeared first on Република.

]]>

Околу 100.000 Палестинци во изминатите неколку дена пристигнале во Рафа, на крајниот југ на Газа, кон гранциата со Египет, бегајќи од бомбардирањето на централниот дел на таа територија, соопштија Обединетите Нации (ОН). Од ОН додаваат дека околу 85 отсто од населението на Газа е раселено поради израелските бомбардирања и копнени офанзиви. Поради тоа, голем број луѓе бараат засолниште во зоните што Израел ги одреди како безбедни, но кои и покрај тоа ги бомбардира. Луѓето пристигнале во Рафа со камиони, автомобили и пеш. Оние кои не можеле да најдат место во и онака преполните засолништа, подигнале шатори покрај патиштата.
Луѓето го користат секој празен простор за да градат засолништа. Некои спијат во своите автомобили, а некои на отворено“, изјави Џулиет Тума, директорка за односи со јавност на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА).
Израелската офанзива сега е фокусирана на бегалските кампови Буреиџ, Нусејрат и Магази во центарот на Газа, каде што израелските воени авиони и артилерија уништија голем број згради. Борбите продолжуваат на север, а на удар е и Кан Јунис на југ, каде Израел верува дека се кријат лидерите на Хамас. Според Министерството за здравство на Хамас во Газа, од почетокот на војната се убиени 21.300 Палестинци. Истовремено, Агенцијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (УНОЦХА) соопшти дека оваа година е најсмртоносната за Палестинците на Западниот Брег откако Агенцијата почна да ги брои жртвите во 2005 година.
Годинава, 504 Палестинци беа убиени на Западниот Брег, што ја прави 2023 година најсмртоносната година за Палестинците на Западниот Брег откако УНОЦХА почна да ги брои жртвите во 2005 година, соопштија од Агенцијата.
Според овие податоци, само од 7 октомври досега на Западниот Брег се убиени 304 Палестинци, меѓу кои 79 деца.
Оваа бројка претставува близу 60 отсто од сите Палестинци убиени на Западниот Брег во 2023 година. Бројот на операции и воени акции на таа територија е значително зголемен, сега речиси секој ден станува се побрутално. Исто така, има значително зголемување на насилството од доселениците, вклучително и употребата на огнено оружје, додаваат од Агенцијата.

The post Околу 100.000 Палестинци претходните денови избегале на југ поради израелските бомбардирања appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен е против „присилното раселување“ на Палестинците https://republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-e-protiv-prisilnoto-raseluvane-na-palestintsite/ Sat, 18 Nov 2023 17:12:30 +0000 https://republika.mk/?p=702965

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска по средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во Каиро уште еднаш истакна дека се противи на „присилното раселување“ на Палестинците, во контекст на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Со претседателот Сиси разговарав за актуелната хуманитарна криза во Газа и му се заблагодарив за улогата на Египет во обезбедувањето и олеснувањето на испораката на хуманитарна помош за ранливите Палестинци, напиша Фон дер Лејен на Твитер.

Претседателката на Европската комисија го изрази ставот дека го поддржува решението на проблемот со создавање на две држави.

Се согласуваме со принципот на ненасилно раселување на Палестинците и политичкиот хоризонт темелен на решавањето на проблемот со создавање две држави, израелска и палестинска – додаде Фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија потоа замина за Синај, соопшти гувернерот на регионот што граничи со Израел и Газа.

Тој додаде дека Фон дер Лајен потоа „го посетила аеродромот Ел-Ариш, дека ќе оди на преминот Рафах, ќе ја прегледа хуманитарната помош и ќе ги посети повредените Палестинци во болниците во овој источен египетски регион“.

The post Фон дер Лајен е против „присилното раселување“ на Палестинците appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска по средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во Каиро уште еднаш истакна дека се противи на „присилното раселување“ на Палестинците, во контекст на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.
Со претседателот Сиси разговарав за актуелната хуманитарна криза во Газа и му се заблагодарив за улогата на Египет во обезбедувањето и олеснувањето на испораката на хуманитарна помош за ранливите Палестинци, напиша Фон дер Лејен на Твитер.
Претседателката на Европската комисија го изрази ставот дека го поддржува решението на проблемот со создавање на две држави.
Се согласуваме со принципот на ненасилно раселување на Палестинците и политичкиот хоризонт темелен на решавањето на проблемот со создавање две држави, израелска и палестинска – додаде Фон дер Лајен.
Претседателката на Европската комисија потоа замина за Синај, соопшти гувернерот на регионот што граничи со Израел и Газа. Тој додаде дека Фон дер Лајен потоа „го посетила аеродромот Ел-Ариш, дека ќе оди на преминот Рафах, ќе ја прегледа хуманитарната помош и ќе ги посети повредените Палестинци во болниците во овој источен египетски регион“.

The post Фон дер Лајен е против „присилното раселување“ на Палестинците appeared first on Република.

]]>
Палестинците бегаат од северниот дел на Газа додека израелската Армија ги засилува нападите https://republika.mk/vesti/svet/palestintsite-begaat-od-severniot-del-na-gaza-dodeka-izraelskata-armija-gi-zasiluva-napadite/ Wed, 08 Nov 2023 07:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=699352

Сè повеќе палестински цивили бегаат од зоната на конфликтот во северниот дел на Појасот Газа додека израелските воздушни и копнени напади се интензивираат, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, пренесе Бета.

Околу 15 илјади луѓе избегаа вчера, во понеделникот околу пет илјади, а во неделата две илјади.

Израелската војска ги повикува Палестинците да се преселат во јужниот дел на Газа и да го сторат тоа, како што се вели, во текот на четирите часа секој ден кога им обезбедува безбеден премин.

Најмногу бегаат децата, постарите и лицата со посебни потреби, соопшти агенцијата на ОН. Многумина одат пешки и носат многу малку работи со себе. Некои од нив кажале оти морале да поминат низ израелските контролни пунктови за да стигнат на југ и биле сведоци на апсења. Други, пак, дека поминале покрај израелските тенкови со кренати раце и веејќи бели знамиња.

Густо населениот северен дел на Газа, особено главниот град и околните бегалски кампови, се во фокусот на израелските напори да го уништи Хамас, екстремистичката исламска организација која владее со Појасот Газа веќе 16 години.

Според ОН, околу 1,5 милиони од вкупно 2,3 милиони жители на Газа се раселени.

Жителите синоќа слушнаа силни експлозии во градот Газа и блискиот камп Шата, а израелската војска соопшти дека војниците се борат со силите на Хамас длабоко во густо населената област.

Министерството за внатрешни работи на Хамас утринава соопшти дека во воздушен напад била погодена куќа во близина на бегалскиот камп Џабалија. Жител на градот Газа рече дека гранатирањето било силно и во близина и луѓето ги фатило паника кога доцна синоќа слушнале дека израелските копнени сили се борат длабоко во градот.

Министерството за здравство во Газа вчера објави дека од 7 октомври досега се убиени повеќе од 10.300 Палестинци, од кои повеќето цивили во малата енклава.

Во Израел денеска беше потврдено дека од почетокот на копнената операција на 27 октомври загинале 31 војник.

The post Палестинците бегаат од северниот дел на Газа додека израелската Армија ги засилува нападите appeared first on Република.

]]>

Сè повеќе палестински цивили бегаат од зоната на конфликтот во северниот дел на Појасот Газа додека израелските воздушни и копнени напади се интензивираат, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, пренесе Бета. Околу 15 илјади луѓе избегаа вчера, во понеделникот околу пет илјади, а во неделата две илјади. Израелската војска ги повикува Палестинците да се преселат во јужниот дел на Газа и да го сторат тоа, како што се вели, во текот на четирите часа секој ден кога им обезбедува безбеден премин. Најмногу бегаат децата, постарите и лицата со посебни потреби, соопшти агенцијата на ОН. Многумина одат пешки и носат многу малку работи со себе. Некои од нив кажале оти морале да поминат низ израелските контролни пунктови за да стигнат на југ и биле сведоци на апсења. Други, пак, дека поминале покрај израелските тенкови со кренати раце и веејќи бели знамиња. Густо населениот северен дел на Газа, особено главниот град и околните бегалски кампови, се во фокусот на израелските напори да го уништи Хамас, екстремистичката исламска организација која владее со Појасот Газа веќе 16 години. Според ОН, околу 1,5 милиони од вкупно 2,3 милиони жители на Газа се раселени. Жителите синоќа слушнаа силни експлозии во градот Газа и блискиот камп Шата, а израелската војска соопшти дека војниците се борат со силите на Хамас длабоко во густо населената област. Министерството за внатрешни работи на Хамас утринава соопшти дека во воздушен напад била погодена куќа во близина на бегалскиот камп Џабалија. Жител на градот Газа рече дека гранатирањето било силно и во близина и луѓето ги фатило паника кога доцна синоќа слушнале дека израелските копнени сили се борат длабоко во градот. Министерството за здравство во Газа вчера објави дека од 7 октомври досега се убиени повеќе од 10.300 Палестинци, од кои повеќето цивили во малата енклава. Во Израел денеска беше потврдено дека од почетокот на копнената операција на 27 октомври загинале 31 војник.

The post Палестинците бегаат од северниот дел на Газа додека израелската Армија ги засилува нападите appeared first on Република.

]]>
Палестинското Министерство за здравство тврди дека во Појасот Газа загинале над 9.000 луѓе https://republika.mk/vesti/svet/palestinskoto-ministerstvo-za-zdravstvo-tvrdi-deka-vo-pojasot-gaza-zaginale-nad-9-000-luge/ Thu, 02 Nov 2023 12:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=697432

Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека повеќе од 9.000 Палестинци се убиени од избувнувањето на конфликтот со Израел на 7 октомври.

Бројот на загинати се искачи на 9.061, соопшти палестинското Министерство за здравство, додавајќи дека меѓу нив има 3.760 деца.

Додека бројот на повредени се искачи на повеќе од 32.000 луѓе.

Бројките на жртвите не можат да се потврдат независно.

 

The post Палестинското Министерство за здравство тврди дека во Појасот Газа загинале над 9.000 луѓе appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека повеќе од 9.000 Палестинци се убиени од избувнувањето на конфликтот со Израел на 7 октомври. Бројот на загинати се искачи на 9.061, соопшти палестинското Министерство за здравство, додавајќи дека меѓу нив има 3.760 деца. Додека бројот на повредени се искачи на повеќе од 32.000 луѓе. Бројките на жртвите не можат да се потврдат независно.  

The post Палестинското Министерство за здравство тврди дека во Појасот Газа загинале над 9.000 луѓе appeared first on Република.

]]>
Пуштал глувци во „Мекдоналдс“ како поддршка за Палестинците во Газа https://republika.mk/vesti/svet/pushtal-gluvtsi-vo-mekdonalds-kako-poddrshka-za-palestintsite-vo-gaza/ Thu, 02 Nov 2023 08:43:48 +0000 https://republika.mk/?p=697288

 Во Велика Британија, 32-годишен маж е уапсен во врска со неколку случаи на пуштање живи глодари во рестораните на „Мекдоналдс“ во Бирмингем, Англија.

Полицијата соопшти дека следи распит на втор човек, идентификуван како Билал Хусеин (30), во врска со инцидентите, коишто се чини дека се протести поврзани со конфликтот во Газа. На видео коешто се шири на интернет, може да се видат гости во ресторан како панично скокаат додека околу нив трчаат глувци обоени во боите на палестинското знаме.

Пропалестинските активисти, наводно, повикале на протести против „Мекдоналдс“, откако нивен ресторан во Израел дарувал храна за израелски војници и безбедносниот персонал, пренесува „Телеграф".

Полицијата соопшти дека инцидентите се третираат како прекршоци на јавниот ред.

The post Пуштал глувци во „Мекдоналдс“ како поддршка за Палестинците во Газа appeared first on Република.

]]>

 Во Велика Британија, 32-годишен маж е уапсен во врска со неколку случаи на пуштање живи глодари во рестораните на „Мекдоналдс“ во Бирмингем, Англија. Полицијата соопшти дека следи распит на втор човек, идентификуван како Билал Хусеин (30), во врска со инцидентите, коишто се чини дека се протести поврзани со конфликтот во Газа. На видео коешто се шири на интернет, може да се видат гости во ресторан како панично скокаат додека околу нив трчаат глувци обоени во боите на палестинското знаме. Пропалестинските активисти, наводно, повикале на протести против „Мекдоналдс“, откако нивен ресторан во Израел дарувал храна за израелски војници и безбедносниот персонал, пренесува „Телеграф". Полицијата соопшти дека инцидентите се третираат како прекршоци на јавниот ред.

The post Пуштал глувци во „Мекдоналдс“ како поддршка за Палестинците во Газа appeared first on Република.

]]>
Протече доверлив документ: Палестинците треба да бидат иселени во соседните земји https://republika.mk/vesti/svet/proteche-doverliv-dokument-palestintsite-treba-da-bidat-iseleni-vo-sosednite-zemji/ Mon, 30 Oct 2023 14:06:06 +0000 https://republika.mk/?p=696354

Во документот составен од израелското Министерство за разузнавање, како решение за Појасот Газа по соборувањето на Хамас, се препорачува преместување на цивилното население на египетскиот Синајски Полуостров, се наведува во копија од документот.

Владините претставници ја минимизираат важноста на споменатиот документ, а од кабинетот на премиерот за израелскиот весник „Хаарец“ изјавија дека во прашање се „почетни размислувања“ за ова прашање, кое властите во моментов не го ни разгледуваат, бидејќи фокусот е ставен на војната, пишува „Тајмс оф Израел“.

Документот од 13 октомври повикува на преместување на цивилното население во градовите со шатори во северен Синај и на крајот изградба на постојани градови и отворање на хуманитарен коридор. Планот вклучува „стерилна“ тампон зона во Египет широка неколку километри, за да се осигура дека населението не може да ги насели границите на Израел.

Во планот се споменуваат и проблеми кои можат да се појават на меѓународно ниво, но, како што се наведува, потегот е оправдан со тоа што се претставува како решение за бегалското население кое бара засолниште од војната. Се тврди дека таквото принудно преместување би послужило и како предупредување за Хезболах - Израел можел да ги принуди бегалците да заминат во јужен Либан, област претходно окупирана од израелската армија од 1982 до 2000 година.

Документот вклучува и две други опции - контрола на палестинската власт во Појасот Газа или поддршка на локален режим - но и двете опции се отфрлаат како проблематични од различни причини, вклучувајќи го и фактот дека тие нема да послужат како одвратување од нападите врз Израел.

Египет одби да го разгледа прифаќањето на Палестинците кои бегаат од војната во Израел

The post Протече доверлив документ: Палестинците треба да бидат иселени во соседните земји appeared first on Република.

]]>

Во документот составен од израелското Министерство за разузнавање, како решение за Појасот Газа по соборувањето на Хамас, се препорачува преместување на цивилното население на египетскиот Синајски Полуостров, се наведува во копија од документот. Владините претставници ја минимизираат важноста на споменатиот документ, а од кабинетот на премиерот за израелскиот весник „Хаарец“ изјавија дека во прашање се „почетни размислувања“ за ова прашање, кое властите во моментов не го ни разгледуваат, бидејќи фокусот е ставен на војната, пишува „Тајмс оф Израел“. Документот од 13 октомври повикува на преместување на цивилното население во градовите со шатори во северен Синај и на крајот изградба на постојани градови и отворање на хуманитарен коридор. Планот вклучува „стерилна“ тампон зона во Египет широка неколку километри, за да се осигура дека населението не може да ги насели границите на Израел. Во планот се споменуваат и проблеми кои можат да се појават на меѓународно ниво, но, како што се наведува, потегот е оправдан со тоа што се претставува како решение за бегалското население кое бара засолниште од војната. Се тврди дека таквото принудно преместување би послужило и како предупредување за Хезболах - Израел можел да ги принуди бегалците да заминат во јужен Либан, област претходно окупирана од израелската армија од 1982 до 2000 година. Документот вклучува и две други опции - контрола на палестинската власт во Појасот Газа или поддршка на локален режим - но и двете опции се отфрлаат како проблематични од различни причини, вклучувајќи го и фактот дека тие нема да послужат како одвратување од нападите врз Израел. Египет одби да го разгледа прифаќањето на Палестинците кои бегаат од војната во Израел

The post Протече доверлив документ: Палестинците треба да бидат иселени во соседните земји appeared first on Република.

]]>
Првата германска полицајка сака да ги избрка приврзаниците на Хамас од земјата https://republika.mk/vesti/svet/prvata-germanska-politsajka-saka-da-gi-izbrka-privrzanitsite-na-hamas-od-zemjata/ Fri, 20 Oct 2023 16:37:20 +0000 https://republika.mk/?p=693395

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, порача дека приврзаниците на Хамас треба да бидат депортирани од државата, секаде каде што што е можно, додавајќи дека властите внимателно ќе ги следат потенцијалните исламистички напаѓачи.

Ако можеме да ги депортираме поддржувачите на Хамас, мораме да го сториме тоа. Нашите безбедносни власти во моментов ставија уште посилен фокус на исламистичката сцена“, рече Фезер по разговорите со претставници на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција.

Фезер посочи на неодамнешниот напад во Брисел како показател за заканата поврзана со тензиите околу конфликтот Израел-Хамас.

The post Првата германска полицајка сака да ги избрка приврзаниците на Хамас од земјата appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, порача дека приврзаниците на Хамас треба да бидат депортирани од државата, секаде каде што што е можно, додавајќи дека властите внимателно ќе ги следат потенцијалните исламистички напаѓачи.
Ако можеме да ги депортираме поддржувачите на Хамас, мораме да го сториме тоа. Нашите безбедносни власти во моментов ставија уште посилен фокус на исламистичката сцена“, рече Фезер по разговорите со претставници на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција.
Фезер посочи на неодамнешниот напад во Брисел како показател за заканата поврзана со тензиите околу конфликтот Израел-Хамас.

The post Првата германска полицајка сака да ги избрка приврзаниците на Хамас од земјата appeared first on Република.

]]>
Околу 3.000 Палестинци се убиени, а 12.500 се ранети https://republika.mk/vesti/svet/okolu-3-000-palestintsi-se-ubieni-a-12-500-se-raneti/ Tue, 17 Oct 2023 16:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=692216

Околу 3.000 Палестинци се убиени, а 12.500 се ранети во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.

Во соопштението се додава дека во истиот период на Западниот Брег загинале 61 Палестинец, а 1.250 биле повредени.

Извор: МИА

The post Околу 3.000 Палестинци се убиени, а 12.500 се ранети appeared first on Република.

]]>

Околу 3.000 Палестинци се убиени, а 12.500 се ранети во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство. Во соопштението се додава дека во истиот период на Западниот Брег загинале 61 Палестинец, а 1.250 биле повредени.
Извор: МИА

The post Околу 3.000 Палестинци се убиени, а 12.500 се ранети appeared first on Република.

]]>
Под урнатините во Појасот Газа има над 1.000 загинати Палестинци https://republika.mk/vesti/svet/pod-urnatinite-vo-pojasot-gaza-ima-nad-1-000-zaginati-palestintsi/ Mon, 16 Oct 2023 09:49:39 +0000 https://republika.mk/?p=691643

Повеќе од 1.000 безживотни тела на Палестинци се заробени под урнатините во Појасот Газа, изјави денеска портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Хамас, Еиад Ал Бозом, предупредувајќи оти безживотните тела под урнатините претставуваат голема еколошка и хуманитарна закана.

Комесарот на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци (УНРВА), Филип Лазарини предупреди дека хуманитарната криза во Газа достигна критична фаза и посочи дека жителите на оваа енклава забрзано остануваат без вода и струја, а се соочуваат и со сериозен недостиг на храна и лекови.

Повеќе од милион луѓе, што е речиси половина од целото население на Појасот Газа, се раселени, соопшти денеска УНРВА.

Околу 600.000 раселени лица се наоѓаат во Кан Јунис и Рафах, од кои речиси 400.000 се во објекти на УНРВА, што значително ги надминува капацитетите на Агенцијата.

 

The post Под урнатините во Појасот Газа има над 1.000 загинати Палестинци appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 1.000 безживотни тела на Палестинци се заробени под урнатините во Појасот Газа, изјави денеска портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Хамас, Еиад Ал Бозом, предупредувајќи оти безживотните тела под урнатините претставуваат голема еколошка и хуманитарна закана. Комесарот на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци (УНРВА), Филип Лазарини предупреди дека хуманитарната криза во Газа достигна критична фаза и посочи дека жителите на оваа енклава забрзано остануваат без вода и струја, а се соочуваат и со сериозен недостиг на храна и лекови. Повеќе од милион луѓе, што е речиси половина од целото население на Појасот Газа, се раселени, соопшти денеска УНРВА. Околу 600.000 раселени лица се наоѓаат во Кан Јунис и Рафах, од кои речиси 400.000 се во објекти на УНРВА, што значително ги надминува капацитетите на Агенцијата.  

The post Под урнатините во Појасот Газа има над 1.000 загинати Палестинци appeared first on Република.

]]>
Појасот Газа е долг само 41 километар и во него се напикани два милиони Палестинци https://republika.mk/vesti/svet/pojasot-gaza-e-dolg-samo-41-kilometar-i-vo-nego-se-napikani-dva-milioni-palestintsi/ Mon, 16 Oct 2023 07:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=690985

Околу 2,1 милиони луѓе живеат во Појасот Газа, распоредени во пет провинции: Северна Газа, Град Газа, Деир ел Балах, Кан Јунис и Рафах.

Појасот што се граничи со Израел и Египет на брегот на Средоземното Море зафаќа површина од 365 квадратни километри. Долг е само 41 километар, па возењето од Рафа на југ до Беит Ханун на север може да потрае помалку од еден час.

The post Појасот Газа е долг само 41 километар и во него се напикани два милиони Палестинци appeared first on Република.

]]>

Околу 2,1 милиони луѓе живеат во Појасот Газа, распоредени во пет провинции: Северна Газа, Град Газа, Деир ел Балах, Кан Јунис и Рафах. Појасот што се граничи со Израел и Египет на брегот на Средоземното Море зафаќа површина од 365 квадратни километри. Долг е само 41 километар, па возењето од Рафа на југ до Беит Ханун на север може да потрае помалку од еден час.

The post Појасот Газа е долг само 41 километар и во него се напикани два милиони Палестинци appeared first on Република.

]]>