опрема Archives - Република https://republika.mk/tema/oprema/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Aug 2024 12:24:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png опрема Archives - Република https://republika.mk/tema/oprema/ 32 32 АРМ доби дронови, средства за врски, ноќни визири и интендантска опрема: Донацијата од Турција е пријателство и сојузништво на дело https://republika.mk/vesti/makedonija/arm-dobi-dronovi-sredstva-za-vrski-nokni-viziri-i-intendantska-oprema-donatsijata-od-turtsija-e-prijatelstvo-i-sojuznishtvo-na-delo/ Fri, 30 Aug 2024 12:24:40 +0000 https://republika.mk/?p=811576

Во касарната „Илинден“ во Скопје, денеска имаше примопредавање на донација на опрема од Република Турција за потребите на нашата Армија. Станува збор за дронови, средства за врски, ноќни визири и интендантска опрема. На настанот присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал – мајор Сашко Лафчиски, како и амбасадорот на Турција, Фатих Усулој.

Турскиот амбасадор Усулој рече оти чест му е што сведочи на еден од значајните мигови на долготрајното пријателство меѓу двете земји.

– Воената опрема што се донира, не претставува само еден грант, туку е симболичен знак на нашата поддршка во насока на зајакнување на одбранбените компетенции на Македонија. Особено сум среќен, што ова примопредавање се реализира на ден што коинцидира со 30 август – Денот на победата (Денот на армијата), што има посебно воено значење за Туркије, нагласи турскиот амбасадор.

Тој посочи дека односите меѓу двете земји, својата сила ја црпат од длабоко вкоренетите историски, културни и меѓучовечки врски.

– Дипломирањето на основачот на Република Туркије, ветеранот Мустафа Кемал Ататурк во Македонија, односно во Воената гимназија во Битола, претставува уште една рефлексија на нашите вкоренети односи, додаде тој.

Амбасадорот се осврна и на тоа дека „Република Туркије, која оваа година ќе ја слави својата 101. годишнина, во изминатиот период се зајакна во сите полиња“.

– Модерната држава Република Туркије, основана врз цврсти темели, го продолжи својот подем како модерна и просперитетна држава, реализирајќи огромни подвизи во сите области, од одбранбена индустрија до транспорт, од економија до енергетика и образование. Одбранбената индустрија е меѓу првите области каде реализиравме исклучителни подвизи. Туркије денес се наоѓа меѓу 10-те земји на светот што проектираат, градат и одржуваат сопствени воени бродови. Воедно е меѓу четирите земји на светот во производство на беспилотните летала ИХА и СИХА, информираше турскиот амбасадор.

Со првиот беспилотен вооружен брод во светот, вооружените беспилотни летала, ТЏГ Анадолу, беспилотниот борбен авион Кизилелма, националниот борбен авион од петта генерација КААН, протагонистите на својата област чиј успех се докажа на низа воени региони, беспилотните вооружени летала како Бајрактар, Акинџи, Аксунгур, АНКА-3, како и со низа други капацитети, континуирано се залагаме да се развиваме себе си, дополни амбасадорот.

Како земја што на сите полиња, вклучувајќи ја и одбранбената индустрија, посочи тој, ги развива билатералните односи врз основа на начелото на вин-вин, ни претставува задоволство да ги споделиме нашите способности со нашите пријателски и сојузнички земји.

– Со оваа помисла, уште од осамостојувањето со Македонија, како и во другите области, основавме многу плодна соработка и во областа на одбраната. Со над 50-тина потпишани договори ги изградивме нашите воени односи врз цврст темел. Бевме ваш сојузник, кој моќно го поддржуваше вашето членство во НАТО. Преку обуки на единици на одбраната и безбедносните служби, дадовме голем придонес кон човечкиот капитал на Македонија. Реализирајќи заеднички вежби, ја зајакнавме интероперабилноста на нашите армии. Бевме соборци во мировни мисии на ОН низ разни географски региони, како и во НАТО, СИБРИГ, КФОР и АЛТЕА, додаде амбасадорот.

Тој нагласи дека одлучни се да продолжат да ги развиваат нашата соработка и поддршка.

– Ќе продолжиме заедно со пријателска и сојузничка Македонија да работиме за воспоставувањето на мирот, безбедноста и на стабилноста во регионот и пошироко. Ја користам приликата да ја потврдам нашата волја за зајакнување на воената соработка со Македонија, подвлече Усулој.

Министерот за одбрана Мисајловски рече дека денеска не се гледа само сојузништво на дело, туку се гледа и пријателство и меѓусебна посветеност видлива повеќе од три децении.

– Затоа особено ми е драго што денеска како министер за одбрана, имам чест на нашите сојузници да им го честитам националниот празник – Денот на победата и Денот на вооружените сили на Република Турција. Донацијата од Република Турција уште еднаш го докажува вистинското и трајно пријателство меѓу нашите народи. Во име на македонскиот народ и Армијата, им благодарам на турскиот народ и на државата за оваа донација, што ќе овозможи јакнење на капацитетите на нашата Армија, а со тоа и јакнење на мирот, безбедноста и стабилноста на Алијансата, истакна министерот за одбрана, нагласувајќи дека Турција е наш докажан пријател и партнер.

Нивната поддршка, додаде тој, „значително придонесе за модернизација и опремување на македонската Армија со нова најсовремена опрема согласно НАТО стандардите“.

– Бројни се областите каде соработуваме за градење на армиските капацитети, а како особено вредна за нас, ќе ја издвојам воената едукација на нашите офицери, подофицери и професионални војници во Турција, на воениот колеџ, на воената медицинска академија и во НАТО центарот за извонредност. Нашето заедничко учество во мисијата на НАТО, „Одлучна поддршка“ во Авганистан, КФОР мисијата во Косово и ЕУ операцијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина, дополнително ја зајакнаа меѓусебната доверба. Ја цениме одличната соработка во рамките на SEEBRIG, но, никако не ја забораваме и солидарноста за време на Ковид-кризата во 2020 година, како и вашата поддршка за справување со пожарите што неодамна ја зафатија нашата држава. Турција беше првата земја што испрати воздушна поддршка од два авиона и еден хеликоптер и навистина амбасадор, јас сум благодарен и на вас и на државата Турција, за ова што го правите за нашата земја. Ви благодарам од срце, подвлече Мисајловски.

The post АРМ доби дронови, средства за врски, ноќни визири и интендантска опрема: Донацијата од Турција е пријателство и сојузништво на дело appeared first on Република.

]]>

Во касарната „Илинден“ во Скопје, денеска имаше примопредавање на донација на опрема од Република Турција за потребите на нашата Армија. Станува збор за дронови, средства за врски, ноќни визири и интендантска опрема. На настанот присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал – мајор Сашко Лафчиски, како и амбасадорот на Турција, Фатих Усулој. Турскиот амбасадор Усулој рече оти чест му е што сведочи на еден од значајните мигови на долготрајното пријателство меѓу двете земји. – Воената опрема што се донира, не претставува само еден грант, туку е симболичен знак на нашата поддршка во насока на зајакнување на одбранбените компетенции на Македонија. Особено сум среќен, што ова примопредавање се реализира на ден што коинцидира со 30 август – Денот на победата (Денот на армијата), што има посебно воено значење за Туркије, нагласи турскиот амбасадор. Тој посочи дека односите меѓу двете земји, својата сила ја црпат од длабоко вкоренетите историски, културни и меѓучовечки врски. – Дипломирањето на основачот на Република Туркије, ветеранот Мустафа Кемал Ататурк во Македонија, односно во Воената гимназија во Битола, претставува уште една рефлексија на нашите вкоренети односи, додаде тој. Амбасадорот се осврна и на тоа дека „Република Туркије, која оваа година ќе ја слави својата 101. годишнина, во изминатиот период се зајакна во сите полиња“. – Модерната држава Република Туркије, основана врз цврсти темели, го продолжи својот подем како модерна и просперитетна држава, реализирајќи огромни подвизи во сите области, од одбранбена индустрија до транспорт, од економија до енергетика и образование. Одбранбената индустрија е меѓу првите области каде реализиравме исклучителни подвизи. Туркије денес се наоѓа меѓу 10-те земји на светот што проектираат, градат и одржуваат сопствени воени бродови. Воедно е меѓу четирите земји на светот во производство на беспилотните летала ИХА и СИХА, информираше турскиот амбасадор. Со првиот беспилотен вооружен брод во светот, вооружените беспилотни летала, ТЏГ Анадолу, беспилотниот борбен авион Кизилелма, националниот борбен авион од петта генерација КААН, протагонистите на својата област чиј успех се докажа на низа воени региони, беспилотните вооружени летала како Бајрактар, Акинџи, Аксунгур, АНКА-3, како и со низа други капацитети, континуирано се залагаме да се развиваме себе си, дополни амбасадорот. Како земја што на сите полиња, вклучувајќи ја и одбранбената индустрија, посочи тој, ги развива билатералните односи врз основа на начелото на вин-вин, ни претставува задоволство да ги споделиме нашите способности со нашите пријателски и сојузнички земји. – Со оваа помисла, уште од осамостојувањето со Македонија, како и во другите области, основавме многу плодна соработка и во областа на одбраната. Со над 50-тина потпишани договори ги изградивме нашите воени односи врз цврст темел. Бевме ваш сојузник, кој моќно го поддржуваше вашето членство во НАТО. Преку обуки на единици на одбраната и безбедносните служби, дадовме голем придонес кон човечкиот капитал на Македонија. Реализирајќи заеднички вежби, ја зајакнавме интероперабилноста на нашите армии. Бевме соборци во мировни мисии на ОН низ разни географски региони, како и во НАТО, СИБРИГ, КФОР и АЛТЕА, додаде амбасадорот. Тој нагласи дека одлучни се да продолжат да ги развиваат нашата соработка и поддршка. – Ќе продолжиме заедно со пријателска и сојузничка Македонија да работиме за воспоставувањето на мирот, безбедноста и на стабилноста во регионот и пошироко. Ја користам приликата да ја потврдам нашата волја за зајакнување на воената соработка со Македонија, подвлече Усулој. Министерот за одбрана Мисајловски рече дека денеска не се гледа само сојузништво на дело, туку се гледа и пријателство и меѓусебна посветеност видлива повеќе од три децении. – Затоа особено ми е драго што денеска како министер за одбрана, имам чест на нашите сојузници да им го честитам националниот празник – Денот на победата и Денот на вооружените сили на Република Турција. Донацијата од Република Турција уште еднаш го докажува вистинското и трајно пријателство меѓу нашите народи. Во име на македонскиот народ и Армијата, им благодарам на турскиот народ и на државата за оваа донација, што ќе овозможи јакнење на капацитетите на нашата Армија, а со тоа и јакнење на мирот, безбедноста и стабилноста на Алијансата, истакна министерот за одбрана, нагласувајќи дека Турција е наш докажан пријател и партнер. Нивната поддршка, додаде тој, „значително придонесе за модернизација и опремување на македонската Армија со нова најсовремена опрема согласно НАТО стандардите“. – Бројни се областите каде соработуваме за градење на армиските капацитети, а како особено вредна за нас, ќе ја издвојам воената едукација на нашите офицери, подофицери и професионални војници во Турција, на воениот колеџ, на воената медицинска академија и во НАТО центарот за извонредност. Нашето заедничко учество во мисијата на НАТО, „Одлучна поддршка“ во Авганистан, КФОР мисијата во Косово и ЕУ операцијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина, дополнително ја зајакнаа меѓусебната доверба. Ја цениме одличната соработка во рамките на SEEBRIG, но, никако не ја забораваме и солидарноста за време на Ковид-кризата во 2020 година, како и вашата поддршка за справување со пожарите што неодамна ја зафатија нашата држава. Турција беше првата земја што испрати воздушна поддршка од два авиона и еден хеликоптер и навистина амбасадор, јас сум благодарен и на вас и на државата Турција, за ова што го правите за нашата земја. Ви благодарам од срце, подвлече Мисајловски.  

The post АРМ доби дронови, средства за врски, ноќни визири и интендантска опрема: Донацијата од Турција е пријателство и сојузништво на дело appeared first on Република.

]]>
Децата со години немаат книги, а Артан Груби за четири години владеење потроши 25 милиони евра за опрема и апарати за казино https://republika.mk/vesti/makedonija/detsata-so-godini-nemaat-knigi-a-artan-grubi-za-chetiri-godini-vladeene-potroshi-25-milioni-evra-za-oprema-i-aparati-za-kazino/ Tue, 16 Jan 2024 12:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=733644

Сиромаштијата секојдневно се зголемува, криминалот и корупцијата цветаат, образованието се распаѓа, но бројот на казина се зголемува. Ова е дволичната политика на Артан Груби и ДУИ на Али Ахмети велат од Европски сојуз за промени.

Неодамнешните постапки докажуваат дека главен непријател на граѓаните, особено на Албанците, е дволичната политика на ДУИ. Со притисок на опозицијата и движењето „Anti-Bixhoz“ се донесе закон со кој казината ќе се обврзат да бидат на соодветна оддалеченост од училиштата. ДУИ истрча да земе заслуга за ова, дека наводно добро ја завршила работата, но и да се обиде да ја прикрие финтата што им ја прави на граѓаните. За каква дистанца зборува ДУИ, кога на точно 30 метри од местото каде што сме, зграда која со години беше универзитет, денеска е казино. ДУИ во јавноста се преправа дека е против казината, но со закон овозможи онлајн казината да влезат во секој дом и во секој телефон на секој граѓанин.
Од друга страна, додека децата во училиштата со години немаат книги, Владата на Али Ахмети и Артан Груби, сега со потпис на Прпарим Бајрами, само во јануари 2024 година, ќе се испорачаат 500 казино уреди и 500 нови столици за во казино, како и за рекламирање. Функционерите на Али Ахмети ја прават првата инвестиција годинава, од 5 милиони евра за казина, а нема сомнеж дека овие тендери се подготвувале за криминални бизнисмени од БЕЛГРАД. Сега ДУИ не функционира само од една институција како што е ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА, туку со две институции, како што е НОВО ВЛТ (Нова Државна Лотарија) раководена од Омер Буњаку, Прпарим Бајрами и Артин Спахиу, трите жртви на Артан Груби. Од овие 2 институции прават пустош со корупција, скандали и уништување на Албанците. Замислете, Артан Груби за 4 години владеење потроши 25 милиони евра за опрема и апарати за казино, додека во албанските населби не се отвораат градинки и училишта, не се промовираат книги, не се зборува за театар и култура, туку се зборува само за лотарии, казина и коцкање, велат од Европски сојуз за промени.

The post Децата со години немаат книги, а Артан Груби за четири години владеење потроши 25 милиони евра за опрема и апарати за казино appeared first on Република.

]]>

Сиромаштијата секојдневно се зголемува, криминалот и корупцијата цветаат, образованието се распаѓа, но бројот на казина се зголемува. Ова е дволичната политика на Артан Груби и ДУИ на Али Ахмети велат од Европски сојуз за промени.
Неодамнешните постапки докажуваат дека главен непријател на граѓаните, особено на Албанците, е дволичната политика на ДУИ. Со притисок на опозицијата и движењето „Anti-Bixhoz“ се донесе закон со кој казината ќе се обврзат да бидат на соодветна оддалеченост од училиштата. ДУИ истрча да земе заслуга за ова, дека наводно добро ја завршила работата, но и да се обиде да ја прикрие финтата што им ја прави на граѓаните. За каква дистанца зборува ДУИ, кога на точно 30 метри од местото каде што сме, зграда која со години беше универзитет, денеска е казино. ДУИ во јавноста се преправа дека е против казината, но со закон овозможи онлајн казината да влезат во секој дом и во секој телефон на секој граѓанин. Од друга страна, додека децата во училиштата со години немаат книги, Владата на Али Ахмети и Артан Груби, сега со потпис на Прпарим Бајрами, само во јануари 2024 година, ќе се испорачаат 500 казино уреди и 500 нови столици за во казино, како и за рекламирање. Функционерите на Али Ахмети ја прават првата инвестиција годинава, од 5 милиони евра за казина, а нема сомнеж дека овие тендери се подготвувале за криминални бизнисмени од БЕЛГРАД. Сега ДУИ не функционира само од една институција како што е ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА, туку со две институции, како што е НОВО ВЛТ (Нова Државна Лотарија) раководена од Омер Буњаку, Прпарим Бајрами и Артин Спахиу, трите жртви на Артан Груби. Од овие 2 институции прават пустош со корупција, скандали и уништување на Албанците. Замислете, Артан Груби за 4 години владеење потроши 25 милиони евра за опрема и апарати за казино, додека во албанските населби не се отвораат градинки и училишта, не се промовираат книги, не се зборува за театар и култура, туку се зборува само за лотарии, казина и коцкање, велат од Европски сојуз за промени.

The post Децата со години немаат книги, а Артан Груби за четири години владеење потроши 25 милиони евра за опрема и апарати за казино appeared first on Република.

]]>
Фармацевтскиот факултет доби лабораториска опрема во вредност од над 23 милиони денари https://republika.mk/vesti/makedonija/farmatsevtskiot-fakultet-dobi-laboratoriska-oprema-vo-vrednost-od-nad-23-milioni-denari/ Thu, 07 Dec 2023 13:36:20 +0000 https://republika.mk/?p=720762

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денес присуствуваше на презентацијата на пет научно-истражувачки проекти што предвидуваат набавка на опрема за лабораториите на Фармацевтскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Со над 23 милиони денари Министерството за образование и наука, преку посебен Конкурс, финансиски ја поддржа набавката на опремата и реализацијата на овие проекти.

Повеќе високообразовни и научни установи во изминатите две години добија средства за набавка на современа лабораториска опрема, а дел добија и средства за финансирање на научни проекти од посебен јавен интерес и за сето тоа одвоивме над 240 милиони денари. Ова се средства со кои ја поддржуваме работата на научно – истражувачките работници и го стимулираме развојот на науката“, изјави министерот Шаќири.

На настанот, на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски и ректорката на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Биљана Ангелова, деканот на Факултетот Зоран Стерјев ги запозна и со другите активности на факултетот.

The post Фармацевтскиот факултет доби лабораториска опрема во вредност од над 23 милиони денари appeared first on Република.

Во 40 основни училишта е поставена нова ИТ опрема за безбеден пристап до интернет https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-40-osnovni-uchilishta-e-postavena-nova-it-oprema-za-bezbeden-pristap-do-internet/ Wed, 06 Dec 2023 09:30:09 +0000 https://republika.mk/?p=720251

Во 40 основни училишта е поставена нова информатичко-комуникациска опрема за безбеден пристап до интернет, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

Преку современата опрема учениците ќе можат безбедно да пристапуваат до глобалната интернет мрежа со цел полесно да ги совладуваат наставните материјали, а истовремено да пребаруваат и дополнителни едукативни содржини.

Пристапот е овозможен преку безжични пристапни точки во сите училници, а пребарувањето на содржините е ограничено само за образовни потреби. МОН во насока на заштита на учениците, преку централизиран систем ќе ги оневозможи сите содржини кои се означени како несоодветни за возраста на децата, соопштија од МОН.

Опремата е набавена преку проектот на Министерството за образование и наука за унапредување на основното образование кој е финансиран со средства од Светска банка.

Претходно, МОН инвестираше во нови персонални и преносни компјутери за училиштата, смарт табли, 3Д скенери, печатари, проектори, системи за складирање и управување со податоци и слично. Исто така, беа набавени и нови наставни и нагледни средства за кабинетите по предметите од групата на општествени науки како историја и географија и целосно нови кабинети по природни науки во сите основни училишта.

The post Во 40 основни училишта е поставена нова ИТ опрема за безбеден пристап до интернет appeared first on Република.

]]>

Во 40 основни училишта е поставена нова информатичко-комуникациска опрема за безбеден пристап до интернет, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Преку современата опрема учениците ќе можат безбедно да пристапуваат до глобалната интернет мрежа со цел полесно да ги совладуваат наставните материјали, а истовремено да пребаруваат и дополнителни едукативни содржини.
Пристапот е овозможен преку безжични пристапни точки во сите училници, а пребарувањето на содржините е ограничено само за образовни потреби. МОН во насока на заштита на учениците, преку централизиран систем ќе ги оневозможи сите содржини кои се означени како несоодветни за возраста на децата, соопштија од МОН.
Опремата е набавена преку проектот на Министерството за образование и наука за унапредување на основното образование кој е финансиран со средства од Светска банка. Претходно, МОН инвестираше во нови персонални и преносни компјутери за училиштата, смарт табли, 3Д скенери, печатари, проектори, системи за складирање и управување со податоци и слично. Исто така, беа набавени и нови наставни и нагледни средства за кабинетите по предметите од групата на општествени науки како историја и географија и целосно нови кабинети по природни науки во сите основни училишта.  

The post Во 40 основни училишта е поставена нова ИТ опрема за безбеден пристап до интернет appeared first on Република.

]]>
Пожарникарите од Марибор донираа црева за вода, моторна пила, шлемови и заштитна облека за гостиварските колеги https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharnikarite-od-maribor-doniraa-tsreva-za-voda-motorna-pila-shlemovi-i-zashtitna-obleka-za-gostivarskite-kolegi/ Thu, 02 Nov 2023 13:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=697483

Делегација на пожарникарската служба од словенечкиот град Марибор при денешната посета на противпожарната единица во Гостивар предаде повеќе парчиња опрема кои ќе ги користат нивните колеги. Во делегацијата беше и амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.

Пожарникарите и амбасадорот остварија средба со градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, на која се зборувало за натамошната соработка и продлабочување на досегашните врски.

Градоначалникот Таравари во изјавата за новинарите по средбата се заблагодари на донацијата од, како што рече, пријателска земја. Тој напомена дека во реализацијата посредувал и Иљаз Демири, иселеник од Гостиварско, кој четири децении со неговото семејство живее и работи во Марибор.

Амбасадорот Прескер истакна дека иако е првпат во Гостивар, ја познава културата и традицијата, бидејќи имал можност да запознае многу наши сонародници кои работат во Словенија.

Пожарникарите од Марибор остварија средба со нивните колеги во ПППЕ на која разменија искуства од нивниот делокруг и им ја предадоа опремата во која имаше црева за вода, моторна пила, шлемови и заштитна облека.

The post Пожарникарите од Марибор донираа црева за вода, моторна пила, шлемови и заштитна облека за гостиварските колеги appeared first on Република.

]]>

Делегација на пожарникарската служба од словенечкиот град Марибор при денешната посета на противпожарната единица во Гостивар предаде повеќе парчиња опрема кои ќе ги користат нивните колеги. Во делегацијата беше и амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер. Пожарникарите и амбасадорот остварија средба со градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, на која се зборувало за натамошната соработка и продлабочување на досегашните врски. Градоначалникот Таравари во изјавата за новинарите по средбата се заблагодари на донацијата од, како што рече, пријателска земја. Тој напомена дека во реализацијата посредувал и Иљаз Демири, иселеник од Гостиварско, кој четири децении со неговото семејство живее и работи во Марибор. Амбасадорот Прескер истакна дека иако е првпат во Гостивар, ја познава културата и традицијата, бидејќи имал можност да запознае многу наши сонародници кои работат во Словенија. Пожарникарите од Марибор остварија средба со нивните колеги во ПППЕ на која разменија искуства од нивниот делокруг и им ја предадоа опремата во која имаше црева за вода, моторна пила, шлемови и заштитна облека.

The post Пожарникарите од Марибор донираа црева за вода, моторна пила, шлемови и заштитна облека за гостиварските колеги appeared first on Република.

]]>
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион: Нова опрема за пожарникарите од Пелагонискиот регион https://republika.mk/zivot/kariera/tsentarot-za-razvoj-na-pelagoniskiot-planski-region-nova-oprema-za-pozharnikarite-od-pelagoniskiot-region/ Fri, 19 May 2023 14:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=642699

Во рамки на Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 година која е дел од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија обезбедена е противпожарна опрема во вредност од 117.000 евра преку Проектот „Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – SOLVE за зајакнување на системот за заштита од природни непогоди на Пелагонискиот регион“.

Главната цел на проектот е да се минимизираат ризиците од шумски пожари (урбани и диви) и поплави во регионот на начин на кој што може да се реплицира и во други региони.  Во рамките на овој проект Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави нова современа опрема  за 5-те територијални противпожарни единици од Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Крушево.

За ТППЕ Битола се набавени 32 Интервентни заштитни комплети одела, за останатите 4 ТППЕ набавени се комплети за шумски пожари  и тоа за Прилеп 30 комплети, за Ресен 12 комплети, за Демир Хисар 7 комплети и за Крушево 9 комплети одела за шумски пожари.

Останатите активности  на проектот вклучуваат воспоставување на интегриран пристап за заштита на критичните инфраструктури, воспоставување на иновативен метод за следење и предупредување од ризици од шумски пожари и поплави во прекуграничната област, Имплементирање прекугранични вежби кои ќе ги идентификуваат предизвиците и ќе помогнат во организацијата на таквите вежби во рутинската работа како и организирање на кампања за подигање на свеста на релевантните чинители но и пошироката јавност за важноста на културата за заштита од природни и непогоди од човечки фактор.

-Придонесот на СОЛВЕ во поместување на моменталните состојби во оваа област е значаен токму поради фактот што покрај тоа што со него се придонесува за доопремување на противпожарните единици на регионот туку и се воспоставува мрежа на соработка и комуникација помеѓу истите која што и понатаму може да служи како платформа за нивно напредување и осовременување. Ова е трет проект од областа на противпожарна заштита која Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го реализира во рамките на Програмата за Прекугранична соработка.    Дополнително реализирани се и многу други проекти и иницијативи кои Центарот за развој на Пелагониски плански регион ги реализира заедно со Советот за развој на регионот со поддршка на градоначалниците од Пелагонискиот регион, а финансирани од Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој и други останати домашни, билатерални и меѓународни донатори со кои континуирано се придонесуваше кон унапредување на системот за заштита од непогоди на регионално ниво, велат од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Сите проектни активности на проектот Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари– SOLVE  се дизајнирани и креирани како одговор на потребите на целокупниот систем за противпожарна заштита на Пелагонискиот плански регион.

The post Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион: Нова опрема за пожарникарите од Пелагонискиот регион appeared first on Република.

]]>

Во рамки на Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 година која е дел од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија обезбедена е противпожарна опрема во вредност од 117.000 евра преку Проектот „Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – SOLVE за зајакнување на системот за заштита од природни непогоди на Пелагонискиот регион“. Главната цел на проектот е да се минимизираат ризиците од шумски пожари (урбани и диви) и поплави во регионот на начин на кој што може да се реплицира и во други региони.  Во рамките на овој проект Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави нова современа опрема  за 5-те територијални противпожарни единици од Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Крушево. За ТППЕ Битола се набавени 32 Интервентни заштитни комплети одела, за останатите 4 ТППЕ набавени се комплети за шумски пожари  и тоа за Прилеп 30 комплети, за Ресен 12 комплети, за Демир Хисар 7 комплети и за Крушево 9 комплети одела за шумски пожари. Останатите активности  на проектот вклучуваат воспоставување на интегриран пристап за заштита на критичните инфраструктури, воспоставување на иновативен метод за следење и предупредување од ризици од шумски пожари и поплави во прекуграничната област, Имплементирање прекугранични вежби кои ќе ги идентификуваат предизвиците и ќе помогнат во организацијата на таквите вежби во рутинската работа како и организирање на кампања за подигање на свеста на релевантните чинители но и пошироката јавност за важноста на културата за заштита од природни и непогоди од човечки фактор. -Придонесот на СОЛВЕ во поместување на моменталните состојби во оваа област е значаен токму поради фактот што покрај тоа што со него се придонесува за доопремување на противпожарните единици на регионот туку и се воспоставува мрежа на соработка и комуникација помеѓу истите која што и понатаму може да служи како платформа за нивно напредување и осовременување. Ова е трет проект од областа на противпожарна заштита која Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го реализира во рамките на Програмата за Прекугранична соработка.    Дополнително реализирани се и многу други проекти и иницијативи кои Центарот за развој на Пелагониски плански регион ги реализира заедно со Советот за развој на регионот со поддршка на градоначалниците од Пелагонискиот регион, а финансирани од Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој и други останати домашни, билатерални и меѓународни донатори со кои континуирано се придонесуваше кон унапредување на системот за заштита од непогоди на регионално ниво, велат од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Сите проектни активности на проектот Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари– SOLVE  се дизајнирани и креирани како одговор на потребите на целокупниот систем за противпожарна заштита на Пелагонискиот плански регион.

The post Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион: Нова опрема за пожарникарите од Пелагонискиот регион appeared first on Република.

]]>
Проф. д-р Стојковски: Политиката на ФВМС отсекогаш била лабораториите да бидат опремени со најнова и софистицирана опрема   https://republika.mk/zivot/kariera/prof-d-r-stojkovski-politikata-na-fvms-otsekogash-bila-laboratoriite-da-bidat-opremeni-so-najnova-i-sofistitsirana-oprema/ Tue, 07 Mar 2023 09:24:01 +0000 https://republika.mk/?p=616855

Нова опрема во Лабораторијата за биохемија, клиничка биохемија и биологија на клетка на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје е поводот за разговорот со биохемичарот проф. д-р Велимир Стојковски, кој ни ја открива важноста за дијагностика.

Во Лабораторијата за биохемија, клиничка биохемија и биологија на клетка на Факултетот за ветринарна медицина инсталиравте нова опрема. За каква опрема станува збор?

Политиката на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје отсекогаш била лабораториите да бидат опремени со најнова и софистицирана опрема. Така што, следејќи ја таа политика, на Факултетот се набавени и пуштени во работа автоматски биохемиски анализатор, автоматски имунофлуоресцентен анализатор и автоматски хематолошки анализатор. Сите тие се наменети за современа дијагностика, научни истражувања и секако за едукација на нашите студенти.

Ќе овозможи ли оваа опрема  подобра дијагностика од таа што претходно се користела на Факултетот? 

Лабораторијата за биохемија, клиничка биохемија и биологија на клетка е основана во 1998 година, односно пред 25 години и таа секогаш располагала со квалитетна опрема. Но, кога станува збор за биохемијата и аналитиката воопшто, опремата во секоја лабораторија е директно поврзана со развојот и достигнувањата во техниката, во технологијата и во аналитиката. Така, денес е незамисливо да се работат анализи на опрема на којашто се работело пред триесетина години, затоа што анализаторите постојано се иновираат и усовршуваат. Новите технологии и технички решенија на апаратите имаат тенденција секогаш да работат со што е можно помалку материјал за анализа (крв, серум или др.), резултатот да се добие за што е можно пократко време, добиените резултати да бидат точни, методите да бидат сензитивни, репродуцибилни итн. Токму овие апарати ги задоволуваат тие критериуми и трендови во аналитиката и работат со многу мали волумени на материјал, пример за една анализа се потребни само 100 микролитри. Споредбено, таа количина е еднаква на две капки. Исто така, анализаторите се доста брзи и даваат резултат за многу кратко време. На автоматскиот биохемиски анализатор работиме повеќе од 40 различни анализи, а резултатот се добива за 10 до 12 минути, додека на автоматскиот имунофлуоресцентен анализатор, којшто користи посложена технологија, може да се работат повеќе од 100 различни анализи (хормони, маркери и др.), а резултатот се добива за 40 минути. Накратко, станува збор за софистицирани анализатори, кои секако ќе овозможат побрза и поточна дијагностика.

Се разликува ли дијагностиката кај луѓето во однос на дијагностиката кај животните?

Како биохемичар, ја познавам и би можел да зборувам и за дијагностика кај луѓето и за дијагностика кај животните. Но, колку и да изгледа чудно, ако ги споредам двете, дијагностиката кај животните е малку покомплексна. Притоа, не станува збор за комлексност од аналитички аспект, туку повеќе од практичен. Во суштина, анализите најчесто се работат кај домашните миленици мачка, куче и др. а исто така и кај фармрските животни. Сите тие се цицачи, но сепак живиот свет е многу разновиден и без оглед на аналаитичкиот приод и методите, различните видови животни меѓу себе се разликуваат по различниот метаболизам на одредени биохемиски конституенти и по различните референтни вредности. Главниот проблем во дијагностиката кај животните е тоа што недостига еден битен елемент, а тоа е комуникацијата со пациентот. На пример, во дијагностиката кај човекот комуникиацијата е една важна дополнителна алатка за да се дојде побрзо до дијагноза. Докторот комуницира со пациентот и ги забележува сите податоци што тој ќе му ги каже. На тој начин пациентот може да му помогне на докторот и да го олесни поставувањето на дијаногзата. За разлика од човекот, кај животните не може се користи комуникацијата како помош при дијаностиката и сè што треба да го заклучи докторот за состојбата на здравјето на животното се базира на точната дијагностика со помош на различна апаратура. Доколку биохемиските анализи, но и другите дијагностички податоци од визуализирачки дијагностички методи, ултразвук, рентген, компјутерска томографија и сл, се точни, тогаш точна ќе биде и дијагнозата, добра ќе биде и терапијата, а ако биде добра терапијата, исходот ќе биде позитивен. 

Со оваа опрема воведувате ли некоја нова анализа во дијагностиката, како всушност го подобрувате квалитетот и функционалноста која и до сега сте ја имале?

Во нашата лабораторија и досега работеше квалитетно, а отсега се надевам дека тоа ќе биде уште подобро, зашто сепак се работи за најсовремена опрема во светски рамки. Ние постојано се трудиме да ги следиме современите дијагностички методи и да ги воведуваме во нашите лаборатории, како што веќе реков, сè со цел да им го олесниме на ветеринарните доктори поставувањето на точна дијагноза. Така и овој пат воведовме некои нови анализи, како што се CRP (C реактивниот протеин), фруктозамин, жолчни киселини, фенобарбитал и др. Во тој контекст ќе го споменам фруктозаминот, како доста интересна анализа кај животните во дијагностицирањето на дијабетесот. Според мене, тој е незаменлив параметар во проценката и дијагностицирањето на ова заболување. Кај човекот, сличен параметар кој се испитува е гликолизираниот хемоглобин (хемоглобин А1C), со кој можеме да го видиме просечното ниво на гликоза кај пациентот во изминатите 3 месеци, преку врзувањето на гликозата за хемоглобинот. Кај животните, такви податоци ни дава фруктозаминот, но за разлика од гликолизираниот хемоглобин, фруктозаминот се врзува за протеините. Кај кучето најчесто врзувањето е за албумините, а кај мачката за глобулините. Со определувањето на овој параметар кај животните, ќе добиеме податок какво било нивото на гликоза во крвта во изминатите 2-3 седмици. Зошто е ова важно? Затоа што, повторно ќе кажам, дијагностиката кај животните е поспецифична. Пример, ако дојде во лабораторија човек на кој треба да му се земе крв за анализа, тој комуницира со лаборантот, знае што следува, лаборантот му кажува дека нема да биде болно, дека ќе го боцне, го прашува како се чувствува и во секој момент ако нешто не е во ред тој може да комуницира со лаборантот. Но, замислете ситуација кај некое животно. Сопственикот го носи во лабораторија, околу него се собираат двајца, можеби и тројца лаборанти, доктори, од кои едниот го држи животното, вториот му ја фиксира ногата, третиот го боцка. Во таква ситуација самата процедура за животното е стресна и јас лично сум убеден дека добиената вредност за гликоза во крвта кај тоа животно никогаш нема да биде корисна за дијагноза. Едноставно, животното е под стрес, а нивото на стресот и како тоа го доживува земањето крв, ние не можеме да го процениме. И на крајот, таквиот стрес, логично ќе резултира со покачено ниво на гликоза во крвта. Затоа со воведувањето на фруктозаминот можеме да добиеме поточна претстава за нивоата на гликемија во последните 2-3 седмици, кога животното претпоставуваме дека не било во акутен стрес, и да процениме што да правиме понатаму во дијагностичката постапка.

Така што убеден сум дека новата опрема и новите анализи ќе дадат придонес за подобра  и поточна дијагностика во ветеринарната медицина.

The post Проф. д-р Стојковски: Политиката на ФВМС отсекогаш била лабораториите да бидат опремени со најнова и софистицирана опрема   appeared first on Република.

Подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром доби нова училишна опрема https://republika.mk/vesti/skopje/podrachnoto-uchilishte-dimitar-pop-georgiev-berovski-vo-hrom-dobi-nova-uchilishna-oprema/ Wed, 11 Jan 2023 11:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=595755

Нова училишна опрема во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром.
🪑Од страна на фирмата „Мериан Ас“, доставени се 90 клупи, 190 училишни столчиња, 15 училишни клупи за 1-во и 2-ро одделение, 30 училишни столчиња за 1-во и 2-ро одделение и 15 компјутерски маси.
🧑👧Со овој чекор финишира проектот за доградба на подрачното училиште.
Останува довршување на градежните работи поврзани со поставување топлинската енергија во училиштето кои треба наскоро да завршат.
👨‍🏫 Недостигот од капацитети за настава во овој образовен објект е долгогодишен проблем на ѓорчепетровци и проект кој силно се залагавме во изминатата година конечно да биде затворен. Бевме упорни и во Министерството за образование и наука за што поскоро пуштање во употреба на доградениот дел.
📌 Со доградбата ќе се добијат нови осум училници, нова кујна и нови тоалети со што целосно ќе се задоволи просторниот капацитет, согласно запишаните ученици во училиштето во Хром, објави на својот Фејсбук, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

The post Подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром доби нова училишна опрема appeared first on Република.

]]>

Нова училишна опрема во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром. 🪑Од страна на фирмата „Мериан Ас“, доставени се 90 клупи, 190 училишни столчиња, 15 училишни клупи за 1-во и 2-ро одделение, 30 училишни столчиња за 1-во и 2-ро одделение и 15 компјутерски маси. 🧑👧Со овој чекор финишира проектот за доградба на подрачното училиште. Останува довршување на градежните работи поврзани со поставување топлинската енергија во училиштето кои треба наскоро да завршат. 👨‍🏫 Недостигот од капацитети за настава во овој образовен објект е долгогодишен проблем на ѓорчепетровци и проект кој силно се залагавме во изминатата година конечно да биде затворен. Бевме упорни и во Министерството за образование и наука за што поскоро пуштање во употреба на доградениот дел. 📌 Со доградбата ќе се добијат нови осум училници, нова кујна и нови тоалети со што целосно ќе се задоволи просторниот капацитет, согласно запишаните ученици во училиштето во Хром, објави на својот Фејсбук, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

The post Подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром доби нова училишна опрема appeared first on Република.

]]>
Украина обвини шест директори за набавка на неквалитетна воена опрема https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-obvini-shest-direktori-za-nabavka-na-nekvalitetna-voena-oprema/ Mon, 02 Jan 2023 21:19:26 +0000 https://republika.mk/?p=592947

Украинската канцеларија за економска безбедност денеска извести дека обвинила шест директори на Укроборонпром, главната одбранбена компанија во земјата, за проневера и злоупотреба на службената должност.

Според наодите на истрагата, менаџерите во март 2022 година склучиле договори за набавка на неквалитетна воена опрема во вредност од околу 146 илјади долари.

Опремата не ги задоволуваla стандардите за квалитет, но сепак бila предадена на армијата за извршување на борбени задачи, соопшти канцеларијата, додавајќи дека различните форензички тестови и други докази го потврдиле нејзиниот лош квалитет.

The post Украина обвини шест директори за набавка на неквалитетна воена опрема appeared first on Република.

]]>

Украинската канцеларија за економска безбедност денеска извести дека обвинила шест директори на Укроборонпром, главната одбранбена компанија во земјата, за проневера и злоупотреба на службената должност. Според наодите на истрагата, менаџерите во март 2022 година склучиле договори за набавка на неквалитетна воена опрема во вредност од околу 146 илјади долари. Опремата не ги задоволуваla стандардите за квалитет, но сепак бila предадена на армијата за извршување на борбени задачи, соопшти канцеларијата, додавајќи дека различните форензички тестови и други докази го потврдиле нејзиниот лош квалитет.

The post Украина обвини шест директори за набавка на неквалитетна воена опрема appeared first on Република.

]]>
Oпремата дадена на Украина е неперспективна и непотребна на нашата армија – тврди Петровска https://republika.mk/vesti/makedonija/opremata-dadena-na-ukraina-e-neperspektivna-i-nepotrebna-na-nashata-armija-tvrdi-petrovska/ Mon, 15 Aug 2022 10:43:35 +0000 https://republika.mk/?p=540479

Одлуките за донација на воена помош и вооружување за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава, без оглед на тоа што сме членка на НАТО, и сме дел од колективниот систем на безбедност.

Од безбедносни причини тие се класифицирани, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Од првата одлука до сега се донесени само три одлуки за донација кои се класифицирани од безбедносни причини. Тие содржат внатре детали што и каков вид на опрема и во која количина се донира. Од првата одлука кога ја донесе Владата на својата седница на предлог на Министерството за одбрана, во јавноста беше искомуницирано и соопштено дека носиме одлука за донација и во сите три случаи се следеше тој пример, притоа информацијата која што беше споделена експресно со јавноста е дека донесовме одлука за донација на воена опрема и вооружување за потребите на украинската армија. Детали не беа соопштени од безбедносни причини, но тоа не значи дека кога ќе направиме проценка дека не постои никаков безбедносен ризик тие три одлуки ќе бидат соодветно декласифицирани и јавноста апсолутно ќе знае точно што во која количина и каков вид на опрема и вооружување сме донирале кон Украина - рече Петровска на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод претстојното одбележување Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“.

Во однос на коментарите и шпекулациите во јавноста кои настанале околу одлуките на Владата, таа нагласи дека е тоа е одлука на суверена и независна држава.

Одлуката која ја донесе Владата апсолутно претставува одлука на суверена и самостојна држава, без оглед на тоа што сме членка на НАТО и сме дел од колективниот систем на безбедност, но Владата сметаше дека во услови кога една друга суверена независна и самостојна држава – Украина е нападната треба да помогнеме водејќи се од општите принципи на самостојност. Од тие причини мотовирани ја донесовме одлуката за поддршка на Украина во опрема и вооружување, затоа што Украина е државата коа што беше нападната и која што се брани од агресија - појасни Петровска.

Таа потврди дека дел од таа донација се и тенковите, при тоа не кажа во колкав број и која количина. Тие не се веќе дел од формацијата на Армијата, оти вели, не се потребни и особено нагласи дека при носењето на политичките одлуки апсолутно било земено предвид мислењето и првенствено бил консултиран Генералштабот на Армијата, како одговорни за гарантирање на борбената готовност на нашата држава.

Сите барања кои се однесуваат на донација од каков било вид или каков било вид на отуѓување на опрема која ние ја поседуваме, апсолутно се во координација со ГШ на Армијата и по нивни добиени позитивни мислења дека таа опрема е неперспективна, непотребна на нашата армија, се отуѓуваат во соодветна постапка или во случајот со тенковите со донација. Така што ги демантираме апсолутно сите шпекулации дека со оваа донација или која било друга претходно, се нарушува борбената готовност на нашата Армија - изјави министерката за одбрана Петровска.

The post Oпремата дадена на Украина е неперспективна и непотребна на нашата армија – тврди Петровска appeared first on Република.

]]>

Одлуките за донација на воена помош и вооружување за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава, без оглед на тоа што сме членка на НАТО, и сме дел од колективниот систем на безбедност. Од безбедносни причини тие се класифицирани, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Од првата одлука до сега се донесени само три одлуки за донација кои се класифицирани од безбедносни причини. Тие содржат внатре детали што и каков вид на опрема и во која количина се донира. Од првата одлука кога ја донесе Владата на својата седница на предлог на Министерството за одбрана, во јавноста беше искомуницирано и соопштено дека носиме одлука за донација и во сите три случаи се следеше тој пример, притоа информацијата која што беше споделена експресно со јавноста е дека донесовме одлука за донација на воена опрема и вооружување за потребите на украинската армија. Детали не беа соопштени од безбедносни причини, но тоа не значи дека кога ќе направиме проценка дека не постои никаков безбедносен ризик тие три одлуки ќе бидат соодветно декласифицирани и јавноста апсолутно ќе знае точно што во која количина и каков вид на опрема и вооружување сме донирале кон Украина - рече Петровска на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод претстојното одбележување Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“.
Во однос на коментарите и шпекулациите во јавноста кои настанале околу одлуките на Владата, таа нагласи дека е тоа е одлука на суверена и независна држава.
Одлуката која ја донесе Владата апсолутно претставува одлука на суверена и самостојна држава, без оглед на тоа што сме членка на НАТО и сме дел од колективниот систем на безбедност, но Владата сметаше дека во услови кога една друга суверена независна и самостојна држава – Украина е нападната треба да помогнеме водејќи се од општите принципи на самостојност. Од тие причини мотовирани ја донесовме одлуката за поддршка на Украина во опрема и вооружување, затоа што Украина е државата коа што беше нападната и која што се брани од агресија - појасни Петровска.
Таа потврди дека дел од таа донација се и тенковите, при тоа не кажа во колкав број и која количина. Тие не се веќе дел од формацијата на Армијата, оти вели, не се потребни и особено нагласи дека при носењето на политичките одлуки апсолутно било земено предвид мислењето и првенствено бил консултиран Генералштабот на Армијата, како одговорни за гарантирање на борбената готовност на нашата држава.
Сите барања кои се однесуваат на донација од каков било вид или каков било вид на отуѓување на опрема која ние ја поседуваме, апсолутно се во координација со ГШ на Армијата и по нивни добиени позитивни мислења дека таа опрема е неперспективна, непотребна на нашата армија, се отуѓуваат во соодветна постапка или во случајот со тенковите со донација. Така што ги демантираме апсолутно сите шпекулации дека со оваа донација или која било друга претходно, се нарушува борбената готовност на нашата Армија - изјави министерката за одбрана Петровска.

The post Oпремата дадена на Украина е неперспективна и непотребна на нашата армија – тврди Петровска appeared first on Република.

]]>
НУФЦ Вардар Филм Скопје наскоро со модерно студио за COLOR GRADING & EDITING https://republika.mk/vesti/kultura/nufc-vardar-film-skopje-naskoro-so-moderno-studio-za-color-grading-editing/ Fri, 22 Apr 2022 07:02:43 +0000 https://republika.mk/?p=492106

После реализирање на инфраструктурниот дел и подготовка на просторијата, денеска, пристигна конечно и професионалната опрема, со што за скоро време во склоп на НУФЦ Вардар Филм Скопје, ќе има и модерно студио за колор грејдинг и едитинг со најсовремена опрема, во согласнот со постоечките стандарди и трендови во овој домен, соопштија оттаму.

Со оваа инвестиција, нашата установа ги зголемува своите технички капацитети и прошируваа своите услуги во доменот на постпродукција, со тоа и придонесот во филмската дејност.

Студиото се очекува да се пушти во употреба за кратко време, во текот на следниот месец, и ќе биде отворено и достапно за сите филмски работници и продуцентски куќи во земјата и пошироко.

The post НУФЦ Вардар Филм Скопје наскоро со модерно студио за COLOR GRADING & EDITING appeared first on Република.