онлајн настава Archives - Република https://republika.mk/tema/onlajn-nastava/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Mar 2023 13:25:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png онлајн настава Archives - Република https://republika.mk/tema/onlajn-nastava/ 32 32 Со короната се докажа дека онлајн наставата е неефикасна, реагира Организацијата за дијалог на средношколците https://republika.mk/vesti/makedonija/so-koronata-se-dokazha-deka-onlajn-nastavata-e-neefikasna-reagira-organizatsijata-za-dijalog-na-srednoshkoltsite/ Fri, 03 Mar 2023 13:25:58 +0000 https://republika.mk/?p=615596

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) реагира на донесеното решение за справување со прекинот на наставата поради дојавите за бомби.

Како што се наведува, решението предвивува онлајн настава за учениците од средните училишта, но не гарантира квалитетна настава, надоместок на изгубената настава и успешно одвивање на полагањето на државната матура.

„Оваа генерација на средношколци нема една цела година со непрекината настава, а тоа директно ќе се одрази на резултатите од матурата. Учениците го изразуваат својот револт и страв околу ова решение и како тоа ќе влијае на нивниот успех на матурата.

Од искуството од пред две години, кога во текот на корона-кризата се учеше онлајн, се покажа дека онлајн наставата е неефикасен начин на спроведување на образовниот процес. Учениците беа оставени да се справуваат со новонастанатата ситуација, како и со академскиот притисок и предизвиците со менталното здравје, велат од ОДАС.

Од надлежните бараат да применат поефикасно решение на проблемот со онлајн-наставата, да го решат проблемот со дојавите за бомби во училиштата и да им излезат во престрет на матурантите.

The post Со короната се докажа дека онлајн наставата е неефикасна, реагира Организацијата за дијалог на средношколците appeared first on Република.

]]>

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) реагира на донесеното решение за справување со прекинот на наставата поради дојавите за бомби. Како што се наведува, решението предвивува онлајн настава за учениците од средните училишта, но не гарантира квалитетна настава, надоместок на изгубената настава и успешно одвивање на полагањето на државната матура. „Оваа генерација на средношколци нема една цела година со непрекината настава, а тоа директно ќе се одрази на резултатите од матурата. Учениците го изразуваат својот револт и страв околу ова решение и како тоа ќе влијае на нивниот успех на матурата.
Од искуството од пред две години, кога во текот на корона-кризата се учеше онлајн, се покажа дека онлајн наставата е неефикасен начин на спроведување на образовниот процес. Учениците беа оставени да се справуваат со новонастанатата ситуација, како и со академскиот притисок и предизвиците со менталното здравје, велат од ОДАС.
Од надлежните бараат да применат поефикасно решение на проблемот со онлајн-наставата, да го решат проблемот со дојавите за бомби во училиштата и да им излезат во престрет на матурантите.

The post Со короната се докажа дека онлајн наставата е неефикасна, реагира Организацијата за дијалог на средношколците appeared first on Република.

]]>
Бомби има, решение нема: Децата по улици наместо во училници https://republika.mk/vesti/makedonija/bombi-ima-reshenie-nema-detsata-po-ulitsi-namesto-vo-uchilnitsi/ Fri, 03 Mar 2023 08:38:52 +0000 https://republika.mk/?p=615331

И во текот на вчерашниот ден повеќе средни и основни училишта во Скопје добија дојави за бомби, за кои МВР подоцна соопшти дека по извршените проверки сите биле лажни. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири изјави дека очекува Владата во најбрз можен рок да ги дискутира новите проблеми кои произлегоа од дојавите за бомби. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, рече дека интензивно работат со МОН и веќе се направени одредени усогласувања, бидејќи, како што посочи, сите треба заеднички да постапуваат за да се дојде до решение во кое учениците ќе бидат безбедни и безбедно ќе се одвива наставниот процес.

https://republika.mk/vesti/makedonija/jalova-e-istragata-na-spasovski-politsaets-vleze-vo-uchilnitsata-i-ni-reche-ajde-odime-bomba/

Шаќири кажа дека во средата најголем број училишта што добиле заканувачки пораки за поставени бомби, некои од нив првпат добиле дојава и не биле подготвени да ја спроведат препораката од МОН за онлајн-настава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-i-edno-dete-ne-mozhe-da-ja-sledi-nastavata-onlajn-togash-toa-ne-e-nachin-roditelite-na-malite-detsa-ne-go-prifakaat-predlogot-na-mon/

Рече дека очекува во најбрз можен рок Владата да ги дискутира сите проблеми што произлегоа - во целодневната настава, проблемите што ги имаат родителите  што се вработени за да може, како што рече, да се најде нов предлог за решение по препорака на надлежни институции, со оглед на тоа што се зголемува бројот на училишта што добиваат дојави, а таргет сега се и основците покрај средношколците.  Рече и дека ќе се анализира ситуацијата, ќе се земат искуствата од други земји и ќе се разгледува електронската комуникација.

Дали се размислува сите средни училишта да преминат на онлајн-настава, тој одговори дека „не е лесна  одлука“ дали тоа да биде за средните во Скопје или во цела држава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-e-lesno-da-se-donese-odluka-za-tselosna-onlajn-nastava-reche-ministerot-shakiri-po-zakanite-za-postaveni-bombi-vo-uchilishtata/

На прашање дека само државните, а не и приватните училишта добиваат дојави за бомби, Шаќири одговори  дека и тој се прашува зошто „вакви лоши намери“ има само за државни установи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-i-jas-se-prashuvam-zoshto-nema-dojavi-za-bombi-vo-privatnite-uchilishta/

Министерството за образование и МВР веќе направиле одредени усогласувања за заеднички да постапуваат за да се дојде до решение во кое учениците ќе бидат безбедни и безбедно ќе се одвива наставниот процес, изјави синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со дојавите за бомби во училиштата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-za-od-utre-imame-novi-nasoki-po-dojava-za-bomba-ke-ima-poinakvi-aktivnosti/

Тој додаде дека МВР патролно веќе ги обезбедува сите училишта 24 часа, но согласно новиот акт, веднаш по дојавата за бомба ќе треба да се преземат одредени мерки, и како што рече, од тоа нема да има отстапки.

Како што посочи, се бараат и решенија за решавања на целата состојба поврзана со дојавите за бомби, и напомена дека она што вчера е донесено како акт, ќе биде дел од решението на процесот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nitu-edno-privatno-uchilishte-ne-dobilo-mejl-so-bomba-mvr-tvrdi-deka-zakani-imalo-vo-albanskite-shkoli/

The post Бомби има, решение нема: Децата по улици наместо во училници appeared first on Република.

]]>

И во текот на вчерашниот ден повеќе средни и основни училишта во Скопје добија дојави за бомби, за кои МВР подоцна соопшти дека по извршените проверки сите биле лажни. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири изјави дека очекува Владата во најбрз можен рок да ги дискутира новите проблеми кои произлегоа од дојавите за бомби. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, рече дека интензивно работат со МОН и веќе се направени одредени усогласувања, бидејќи, како што посочи, сите треба заеднички да постапуваат за да се дојде до решение во кое учениците ќе бидат безбедни и безбедно ќе се одвива наставниот процес. https://republika.mk/vesti/makedonija/jalova-e-istragata-na-spasovski-politsaets-vleze-vo-uchilnitsata-i-ni-reche-ajde-odime-bomba/ Шаќири кажа дека во средата најголем број училишта што добиле заканувачки пораки за поставени бомби, некои од нив првпат добиле дојава и не биле подготвени да ја спроведат препораката од МОН за онлајн-настава. https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-i-edno-dete-ne-mozhe-da-ja-sledi-nastavata-onlajn-togash-toa-ne-e-nachin-roditelite-na-malite-detsa-ne-go-prifakaat-predlogot-na-mon/   Рече дека очекува во најбрз можен рок Владата да ги дискутира сите проблеми што произлегоа - во целодневната настава, проблемите што ги имаат родителите  што се вработени за да може, како што рече, да се најде нов предлог за решение по препорака на надлежни институции, со оглед на тоа што се зголемува бројот на училишта што добиваат дојави, а таргет сега се и основците покрај средношколците.  Рече и дека ќе се анализира ситуацијата, ќе се земат искуствата од други земји и ќе се разгледува електронската комуникација. Дали се размислува сите средни училишта да преминат на онлајн-настава, тој одговори дека „не е лесна  одлука“ дали тоа да биде за средните во Скопје или во цела држава. https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-e-lesno-da-se-donese-odluka-za-tselosna-onlajn-nastava-reche-ministerot-shakiri-po-zakanite-za-postaveni-bombi-vo-uchilishtata/   На прашање дека само државните, а не и приватните училишта добиваат дојави за бомби, Шаќири одговори  дека и тој се прашува зошто „вакви лоши намери“ има само за државни установи. https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-i-jas-se-prashuvam-zoshto-nema-dojavi-za-bombi-vo-privatnite-uchilishta/ Министерството за образование и МВР веќе направиле одредени усогласувања за заеднички да постапуваат за да се дојде до решение во кое учениците ќе бидат безбедни и безбедно ќе се одвива наставниот процес, изјави синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со дојавите за бомби во училиштата. https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-za-od-utre-imame-novi-nasoki-po-dojava-za-bomba-ke-ima-poinakvi-aktivnosti/   Тој додаде дека МВР патролно веќе ги обезбедува сите училишта 24 часа, но согласно новиот акт, веднаш по дојавата за бомба ќе треба да се преземат одредени мерки, и како што рече, од тоа нема да има отстапки. Како што посочи, се бараат и решенија за решавања на целата состојба поврзана со дојавите за бомби, и напомена дека она што вчера е донесено како акт, ќе биде дел од решението на процесот. https://republika.mk/vesti/makedonija/nitu-edno-privatno-uchilishte-ne-dobilo-mejl-so-bomba-mvr-tvrdi-deka-zakani-imalo-vo-albanskite-shkoli/

The post Бомби има, решение нема: Децата по улици наместо во училници appeared first on Република.

]]>
Не е лесно да се донесе одлука за целосна онлајн-настава, рече министерот Шаќири по заканите за поставени бомби во училиштата https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-e-lesno-da-se-donese-odluka-za-tselosna-onlajn-nastava-reche-ministerot-shakiri-po-zakanite-za-postaveni-bombi-vo-uchilishtata/ Thu, 02 Mar 2023 10:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=614999

Не е лесно да се донесе одлука за целосна онлајн-настава, рече министерот за образование Јетон Шаќири по заканите за поставени бомби во училиштата во Македонија.

Вчера 120 училишта во Скопје добија закана дека наводно е поставена експлозивна направа. Досега тоа е најголем број на училишта што добиле заканувачки пораки за поставени бомби, некои од нив првпат добиле дојава и не биле подготвени да ја спроведат препораката од МОН за онлајн-настава, рече министерот Шаќири во врска со поплаки од ученици дека не можеле да се вклучат на платформата.

На прашањето дали се размислува сите средни училишта да преминат на онлајн-настава, тој одговори дека „не е лесна одлука“ дали тоа да биде за средните во Скопје или во цела држава.

Не брзаме да донесеме таква одлука, зашто таква одлука би требало да се донесе и за основните. Затоа што вчера и денеска има повеќе дојави за основни отколку за средни училишта. На почетокот не беа таргет основците, беа само средношколците, сега дојави има и во основните училишта што отвора нов проблем, рече Шаќири одговарајќи на новинарски прашања по состанок на Управниот комитет на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIIST).

Ученици и родители вчера пријавуваа проблеми, не можеа да се приклучат на платфорамта „тимс“ каде што се изведуваше наставата за време на ковид-пандемијата. Во врска со онлјан наставата, Шаќири кажа дека вчера бил првиот ден по првите препораки што ги добија училиштата само во Скопје.

Повеќе од 90 отсто од проблемите се само во Скопје. По тие препораки вчера беше првиот ден кога ги видовме проблемите во изведување на онлајн-наставата и проблемите што произлегоа за родителите. Некои од училиштата не очекуваа и во претходниот период немаа дојави за бомби. Училиштата што ги добија препораките во петок и кои пристапија со лозинките во системот тие вчера немаа проблем. Некои од училиштата што вчера првпат добија дојава за бомба, за половина до еден час ги надминаа проблемите, изјави Шаќири и додаде дека МОН е против онлајн-настава но одлуката ја донеле по препораките за безбедност.

Рече дека очекува во најбрз можен рок Владата да ги дискутира сите проблеми што произлегоа - во целодневната настава, проблемите што ги имаат родителите што се вработени за да може, како што рече, да се најде нов предлог за решение по препорака на надлежни институции, со оглед на тоа што се зголемува бројот на училишта што добиваат дојави, а таргет сега се и основците покрај средношколците. Рече и дека ќе се анализира ситуацијата, ќе се земат искуствата од други земји и ќе се разгледува електронската комуникација.

Во однос на тоа дали ќе има последици за државната матура, Шаќири рече дека Државниот испитен центар ги презема сите чекори за таа да се организира успешно.

Матурите ќе се организираат, формирана е работна група за сите работи за да не се остава на случајности, додаде министерот за образование и наука.

На прашање дека само државните, а не и приватните училишта добиваат дојави за бомби, Шаќири одговори дека и тој се прашува зошто „вакви лоши намери“ има само за државни установи.

Не велам и тие да добиваат, но да немаат ниту државните, рече министерот. 

The post Не е лесно да се донесе одлука за целосна онлајн-настава, рече министерот Шаќири по заканите за поставени бомби во училиштата appeared first on Република.

]]>

Не е лесно да се донесе одлука за целосна онлајн-настава, рече министерот за образование Јетон Шаќири по заканите за поставени бомби во училиштата во Македонија. Вчера 120 училишта во Скопје добија закана дека наводно е поставена експлозивна направа. Досега тоа е најголем број на училишта што добиле заканувачки пораки за поставени бомби, некои од нив првпат добиле дојава и не биле подготвени да ја спроведат препораката од МОН за онлајн-настава, рече министерот Шаќири во врска со поплаки од ученици дека не можеле да се вклучат на платформата. На прашањето дали се размислува сите средни училишта да преминат на онлајн-настава, тој одговори дека „не е лесна одлука“ дали тоа да биде за средните во Скопје или во цела држава.
Не брзаме да донесеме таква одлука, зашто таква одлука би требало да се донесе и за основните. Затоа што вчера и денеска има повеќе дојави за основни отколку за средни училишта. На почетокот не беа таргет основците, беа само средношколците, сега дојави има и во основните училишта што отвора нов проблем, рече Шаќири одговарајќи на новинарски прашања по состанок на Управниот комитет на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIIST).
Ученици и родители вчера пријавуваа проблеми, не можеа да се приклучат на платфорамта „тимс“ каде што се изведуваше наставата за време на ковид-пандемијата. Во врска со онлјан наставата, Шаќири кажа дека вчера бил првиот ден по првите препораки што ги добија училиштата само во Скопје.
Повеќе од 90 отсто од проблемите се само во Скопје. По тие препораки вчера беше првиот ден кога ги видовме проблемите во изведување на онлајн-наставата и проблемите што произлегоа за родителите. Некои од училиштата не очекуваа и во претходниот период немаа дојави за бомби. Училиштата што ги добија препораките во петок и кои пристапија со лозинките во системот тие вчера немаа проблем. Некои од училиштата што вчера првпат добија дојава за бомба, за половина до еден час ги надминаа проблемите, изјави Шаќири и додаде дека МОН е против онлајн-настава но одлуката ја донеле по препораките за безбедност.
Рече дека очекува во најбрз можен рок Владата да ги дискутира сите проблеми што произлегоа - во целодневната настава, проблемите што ги имаат родителите што се вработени за да може, како што рече, да се најде нов предлог за решение по препорака на надлежни институции, со оглед на тоа што се зголемува бројот на училишта што добиваат дојави, а таргет сега се и основците покрај средношколците. Рече и дека ќе се анализира ситуацијата, ќе се земат искуствата од други земји и ќе се разгледува електронската комуникација. Во однос на тоа дали ќе има последици за државната матура, Шаќири рече дека Државниот испитен центар ги презема сите чекори за таа да се организира успешно.
Матурите ќе се организираат, формирана е работна група за сите работи за да не се остава на случајности, додаде министерот за образование и наука.
На прашање дека само државните, а не и приватните училишта добиваат дојави за бомби, Шаќири одговори дека и тој се прашува зошто „вакви лоши намери“ има само за државни установи.
Не велам и тие да добиваат, но да немаат ниту државните, рече министерот. 

The post Не е лесно да се донесе одлука за целосна онлајн-настава, рече министерот Шаќири по заканите за поставени бомби во училиштата appeared first on Република.

]]>
Ако има дојава за бомби во училиштата, наставата продолжува онлајн https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-ima-dojava-za-bombi-vo-uchilishtata-nastavata-prodolzhuva-onlajn/ Thu, 23 Feb 2023 14:01:56 +0000 https://republika.mk/?p=612367

Дојавите за поставени бомби во училиштата, кои се праќаат на нивните електронски адреси од октомври минатата година, влеваат паника кај учениците, го нарушуваат менталното здравје и влијаат негативно на нивната социјализација, сметаат учесниците на трибина во рамки на научно-истражувачки проект на Универзиотетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје.

Трибината денеска се одржа во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје која е меѓу училиштата во главниот град кои денеска наутро добиле мејл со закана за поставена експлозивна направа, по што учениците од првата смена, како и во други наврати досега, се евакуирани од објектот. За да не се губат часови, учениците треба за еден час, колку што им е потребно да се вратат во нивните домови, да се приклучат онлајн за да ја следат наставата.

Министерството за образование и наука до директорите на училиштата во земјава испратило допис за итни мерки што треба да ги преземат за непречено реализирање на воспитно-образовниот процес во безбедна и стимулирачка работна средина.

МОН им укажува на основните и средните училиштата во општините насоки и начини на користење електронски адреси, да ја зајакнат контролата за влез/излез на училиштата, во деновите кога има заканувачка дојава, училиштето да организира учење на далечина (онлајн-настава) наместо целосен прекин (распуштање) на наставата.

The post Ако има дојава за бомби во училиштата, наставата продолжува онлајн appeared first on Република.

]]>

Дојавите за поставени бомби во училиштата, кои се праќаат на нивните електронски адреси од октомври минатата година, влеваат паника кај учениците, го нарушуваат менталното здравје и влијаат негативно на нивната социјализација, сметаат учесниците на трибина во рамки на научно-истражувачки проект на Универзиотетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје. Трибината денеска се одржа во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје која е меѓу училиштата во главниот град кои денеска наутро добиле мејл со закана за поставена експлозивна направа, по што учениците од првата смена, како и во други наврати досега, се евакуирани од објектот. За да не се губат часови, учениците треба за еден час, колку што им е потребно да се вратат во нивните домови, да се приклучат онлајн за да ја следат наставата. Министерството за образование и наука до директорите на училиштата во земјава испратило допис за итни мерки што треба да ги преземат за непречено реализирање на воспитно-образовниот процес во безбедна и стимулирачка работна средина. МОН им укажува на основните и средните училиштата во општините насоки и начини на користење електронски адреси, да ја зајакнат контролата за влез/излез на училиштата, во деновите кога има заканувачка дојава, училиштето да организира учење на далечина (онлајн-настава) наместо целосен прекин (распуштање) на наставата.  

The post Ако има дојава за бомби во училиштата, наставата продолжува онлајн appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Ќе се учи со физичко присуство, ако треба, лесно е да преминеме онлајн https://republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-kje-se-uchi-so-fizichko-prisustvo-ako-treba-lesno-e-da-premineme-onlajn/ Fri, 07 Oct 2022 20:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=558586

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска во обраќање на Универзитетот во Тетово ја нагласи важноста на дигитализацијата во образованието и истакна дека најдобра опција за настава е со физичко присуство на учениците во училиштата.

Непосредната комуникација наставник – ученик, посочи Шаќири, овозможува подобро совладување на наставната материја, поголема контрола врз самите ученици од страна на наставниците и подобро следење на нивната посветеност, полесно детектирање на оние ученици кои во одреден момент имаат потреба од поголема поддршка за дел од материјата и воопшто поквалитетен воспитно-образовен процес.

„Пандемијата делуваше како поттикнувач на дигитализацијата на образованието, и добро е што од тој аспект го унапредивме нашиот образовен систем“, оцени министерот , додавајќи дека сега, доколку треба, лесно може да преминеме на следење на наставата онлајн.

„Ние сме веќе сигурни дека тоа можеме да го овозможиме, токму поради тоа што во изминатиот период се посветивме на дигитализирањето на сферата на образованието“, заклучи министерот.

The post Шаќири: Ќе се учи со физичко присуство, ако треба, лесно е да преминеме онлајн appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска во обраќање на Универзитетот во Тетово ја нагласи важноста на дигитализацијата во образованието и истакна дека најдобра опција за настава е со физичко присуство на учениците во училиштата. Непосредната комуникација наставник – ученик, посочи Шаќири, овозможува подобро совладување на наставната материја, поголема контрола врз самите ученици од страна на наставниците и подобро следење на нивната посветеност, полесно детектирање на оние ученици кои во одреден момент имаат потреба од поголема поддршка за дел од материјата и воопшто поквалитетен воспитно-образовен процес.
„Пандемијата делуваше како поттикнувач на дигитализацијата на образованието, и добро е што од тој аспект го унапредивме нашиот образовен систем“, оцени министерот , додавајќи дека сега, доколку треба, лесно може да преминеме на следење на наставата онлајн. „Ние сме веќе сигурни дека тоа можеме да го овозможиме, токму поради тоа што во изминатиот период се посветивме на дигитализирањето на сферата на образованието“, заклучи министерот.

The post Шаќири: Ќе се учи со физичко присуство, ако треба, лесно е да преминеме онлајн appeared first on Република.

]]>
Костадинов: Во време на криза не смее да се затвораат училиштата https://republika.mk/vesti/makedonija/kostadinov-vo-vreme-na-kriza-ne-smee-da-se-zatvoraat-uchilishtata/ Mon, 26 Sep 2022 21:16:27 +0000 https://republika.mk/?p=554467

Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов во емисијата 24 Анализа на телевизија 24 истакна дека сега се наоѓаме во една општествена фаза, по сите кризи, здравствена, економска, енергетска во која не смее под прашање да се доведува затворањето на училиштата.

Јасно е дека е не смее да дојде до затварање на училиштата и речиси сум сигурен дека до тоа нема да дојде, порача Костадинов, додавајќи како градоначалник на Валандово дека во неговата општина благовремено се буџетирани ставките и најави дека ниту општината, ниту училиштата нема да имаат поголеми проблеми.

Тој додаде дека ова прашање зависи од дијалогот на централната и локалната власт, но пред се ќе зависи на локалните самоуправи и од квалитетното менаџирање и редефинирање на приоритетите.

Потребно е ставање на приоритетна листа на оние трошења што мора да ги направиме за да испорачаме клучни резултати во образованието, но и социјалната правда. Образованието ни е кревко, а од тоа ни зависи целиот иден развој како држава, но имаме социјално ранливи категории на кои мораме да им испорачаме помош и социјална правда, рече потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов.

Костадинов најави дека наскоро се очекува одговор од Владата на барањата на ЗЕЛС со цел сет мерки.

Но не смееме единствено да дискутираме дневно политички, да се блокира Собранието, мора се да тече брзо порача Костадинов.

The post Костадинов: Во време на криза не смее да се затвораат училиштата appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов во емисијата 24 Анализа на телевизија 24 истакна дека сега се наоѓаме во една општествена фаза, по сите кризи, здравствена, економска, енергетска во која не смее под прашање да се доведува затворањето на училиштата. Јасно е дека е не смее да дојде до затварање на училиштата и речиси сум сигурен дека до тоа нема да дојде, порача Костадинов, додавајќи како градоначалник на Валандово дека во неговата општина благовремено се буџетирани ставките и најави дека ниту општината, ниту училиштата нема да имаат поголеми проблеми. Тој додаде дека ова прашање зависи од дијалогот на централната и локалната власт, но пред се ќе зависи на локалните самоуправи и од квалитетното менаџирање и редефинирање на приоритетите. Потребно е ставање на приоритетна листа на оние трошења што мора да ги направиме за да испорачаме клучни резултати во образованието, но и социјалната правда. Образованието ни е кревко, а од тоа ни зависи целиот иден развој како држава, но имаме социјално ранливи категории на кои мораме да им испорачаме помош и социјална правда, рече потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов. Костадинов најави дека наскоро се очекува одговор од Владата на барањата на ЗЕЛС со цел сет мерки. Но не смееме единствено да дискутираме дневно политички, да се блокира Собранието, мора се да тече брзо порача Костадинов.

The post Костадинов: Во време на криза не смее да се затвораат училиштата appeared first on Република.

]]>
Арсовски: Во интерес на учениците е настава со физичко присуство https://republika.mk/vesti/makedonija/arsovski-vo-interes-na-uchenicite-e-nastava-so-fizichko-prisustvo/ Wed, 21 Sep 2022 11:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=552885

Во интерес на учениците е настава со физичко присуство, нема промена во начинот на нејзината реализација, а Владата за справување со предизвиците од енергетската криза е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука, вели портпаролот на Владата Душко Арсовски.

Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на дел од општините за продолжување на зимскиот распуст на учениците заради штедење струја и огрев и колку се оправдани барањата дел од трошоците и субвенциите да ги покрива Владата, Арсовски рече дека на вчерашната седница на Владата немало дискусија за тоа.

На последната седница на Владата немаше дискусија во однос на ова прашање. Владата останува посветена во надминување на предизвиците предизвикани од енергетската криза и е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука - рече портпаролот Арсовски, дополнувајќи дека нема промена во начинот на реализација на наставата со физичко присуство во основните и средните училишта.

Организирањето во смисла на трошоците за загревање на училиштата, дополни владиниот портпарол, е во рамки на надлежностите на општините односно на локалната самоуправа и за тоа од Министерството за образование и наука се исплаќаат дотации до општините. Така што, потенцираше Арсовски, важно е да се каже дека тие се одговорни и во интерес на учениците е физичко присуство на наставата.

The post Арсовски: Во интерес на учениците е настава со физичко присуство appeared first on Република.

]]>

Во интерес на учениците е настава со физичко присуство, нема промена во начинот на нејзината реализација, а Владата за справување со предизвиците од енергетската криза е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука, вели портпаролот на Владата Душко Арсовски. Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на дел од општините за продолжување на зимскиот распуст на учениците заради штедење струја и огрев и колку се оправдани барањата дел од трошоците и субвенциите да ги покрива Владата, Арсовски рече дека на вчерашната седница на Владата немало дискусија за тоа.
На последната седница на Владата немаше дискусија во однос на ова прашање. Владата останува посветена во надминување на предизвиците предизвикани од енергетската криза и е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука - рече портпаролот Арсовски, дополнувајќи дека нема промена во начинот на реализација на наставата со физичко присуство во основните и средните училишта.
Организирањето во смисла на трошоците за загревање на училиштата, дополни владиниот портпарол, е во рамки на надлежностите на општините односно на локалната самоуправа и за тоа од Министерството за образование и наука се исплаќаат дотации до општините. Така што, потенцираше Арсовски, важно е да се каже дека тие се одговорни и во интерес на учениците е физичко присуство на наставата.

The post Арсовски: Во интерес на учениците е настава со физичко присуство appeared first on Република.

]]>
Таравари: Распустот да биде во јануари-февруари или декември-јануари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-raspustot-da-bide-vo-januari-fevruari-ili-dekemvri-januari-a-uchebnata-godina-da-prodolzi-do-30-juni-i-da-pochne-na-15-avgust/ Tue, 20 Sep 2022 17:46:07 +0000 https://republika.mk/?p=552691

Поради енергетската криза, градоначалниците од Полошкиот регион бараат зимскиот распуст да трае два месеци или евентуално да има онлајн настава.

Целта, според изјавата на градоначалникот на Гостивар, е да се заштеди во време на криза кога сметките за струја се неколкупати повисоки.

Идејата е со оглед на тоа што сметките за енергија годинава се три до четири пати повисоки од лани, месеците кога е најстудено, јануари и декември, годишниот распуст да трае два месеци или да се разгледа опцијата за дигитални алатки, со цел да заштедиме енергија. Или распустот да биде во јануари-февруари или декември – јануари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август“, изјави Таравари, пренесе Алсат ТВ.

Ова барање од Советот на Полошкиот регион, во кој спаѓаат девет општини, го упатуваат во Министерството за образование и наука (МОН) и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).

The post Таравари: Распустот да биде во јануари-февруари или декември-јануари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август appeared first on Република.

]]>

Поради енергетската криза, градоначалниците од Полошкиот регион бараат зимскиот распуст да трае два месеци или евентуално да има онлајн настава. Целта, според изјавата на градоначалникот на Гостивар, е да се заштеди во време на криза кога сметките за струја се неколкупати повисоки.
Идејата е со оглед на тоа што сметките за енергија годинава се три до четири пати повисоки од лани, месеците кога е најстудено, јануари и декември, годишниот распуст да трае два месеци или да се разгледа опцијата за дигитални алатки, со цел да заштедиме енергија. Или распустот да биде во јануари-февруари или декември – јануари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август“, изјави Таравари, пренесе Алсат ТВ.
Ова барање од Советот на Полошкиот регион, во кој спаѓаат девет општини, го упатуваат во Министерството за образование и наука (МОН) и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).  

The post Таравари: Распустот да биде во јануари-февруари или декември-јануари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август appeared first on Република.

]]>
Министре, не им правите штета на ВМРО-вските градоначалници, туку само ги осакатувате децата! https://republika.mk/vesti/makedonija/ministre-ne-im-pravite-shteta-na-vmro-vskite-gradonachalnici-tuku-samo-gi-osakatuvate-decata/ Fri, 02 Sep 2022 19:09:37 +0000 https://republika.mk/?p=546894

Вратете ги училиштата на регулиран пазар за стуја, зголемете ги блок дотациите на општините, апелира професорката Весна Јаневска до владата откако министерот за образование Јетон Шаќири најави дека доколку е потребно и нема струја во училиштата, повторно ќе има онлајн настава.

Министре Шаќири, Никој не сака онлајн настава, ни учениците, ни родителите ни наставниците. Онлајн наставата не е опција.
Вратете ги училиштата на регулиран пазар за стуја, зголемете ги блок дотациите на општините.
Не им правите штета на ВМРО-вските градоначалници, ги осакатувате децата!, порача Јаневска.

The post Министре, не им правите штета на ВМРО-вските градоначалници, туку само ги осакатувате децата! appeared first on Република.

]]>

Вратете ги училиштата на регулиран пазар за стуја, зголемете ги блок дотациите на општините, апелира професорката Весна Јаневска до владата откако министерот за образование Јетон Шаќири најави дека доколку е потребно и нема струја во училиштата, повторно ќе има онлајн настава.
Министре Шаќири, Никој не сака онлајн настава, ни учениците, ни родителите ни наставниците. Онлајн наставата не е опција. Вратете ги училиштата на регулиран пазар за стуја, зголемете ги блок дотациите на општините. Не им правите штета на ВМРО-вските градоначалници, ги осакатувате децата!, порача Јаневска.

The post Министре, не им правите штета на ВМРО-вските градоначалници, туку само ги осакатувате децата! appeared first on Република.

]]>
Родители бараат опцијата онлајн-настава да постои и понатаму https://republika.mk/vesti/makedonija/roditeli-baraat-opcijata-onlajn-nastava-da-postoi-i-ponatamu/ Wed, 31 Aug 2022 16:42:17 +0000 https://republika.mk/?p=546173

Членовите на групата „Поддршка за онлајн настава“ бараат опцијата онлајн да постои и понатаму и истата да се одобрува одделно од страна на секој директор на училиште. Опцијата онлајн исто така ќе биде добредојдена и во периодот на криза која се најавува особено во зимскиот период и ладното време, затоплувањето на училиштата, а и во согласност мерките за штедење на Владата, се наведува во соопштението испратено од неформалната група „Поддршка за онлајн настава“.

Бараме да имаме опција онлајн настава со цел да се заштити здравјето на децата и членовите на потесното семејство. Барање за онлајн настава е испратено до сите надлежни институции, како Министерство за образование и наука, Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и оттаму има само молк, се вели во соопштението.

Од „Поддршка за онлајн настава“ велат дека оваа маргинализирана група не е многубројна и нема да има никаков негативен импакт во однос на образовниот процес и социјализацијата на останатите деца, туку само заштита на животот и здравјето на овие деца и родители кои и онака боледуваат од одредени болести.

Физички престој во училиште без маски, и каква било физичка дистанца во преполни училници, е средина која гарантира сигурно заразување кај овие деца, а преку нив и на семејствата, без разлика што овој сој на Ковид е полесен, тој за хронично болните деца и родители може да биде фатален за веќе нарушеното здравје кое го имаат и да не заборавиме дека пандемијата прогласена од Светската здравствена организација е сеуште на сила и ковидот постои и состојбата не е под контрола. Да не дозволиме да изгубиме некој наш драг прилател, роднина или не дај боже дете и затоа не треба да постојат импровизации и компромиси кога во прашање е здравјето на оваа ранлива група, се додава во соопштението од групата.

The post Родители бараат опцијата онлајн-настава да постои и понатаму appeared first on Република.

СОНК ќе инсистира на онлајн настава ако растат ковид-бројките https://republika.mk/vesti/makedonija/sonk-kje-insistira-na-onlajn-nastava-ako-rastat-kovid-brojkite/ Wed, 02 Feb 2022 22:06:15 +0000 https://republika.mk/?p=453266

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вечерва во гостувањето во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 рече дека наставата со физичко присуство е многу напред во однос на онлајн наставата, во однос на социјализацијата и комуникацијата со наставниците, пишува 24.мк.

„Ние како синдикат, следејќи ги бројките на новозаразени који се во нагорна линија, пред сѐ ја поздравивме одлуката на МОН за одложување на почетокот на второто полугодие и очекувавме поддршка за нашата иницијатива да се отпочне со онлајн настава барем две недели, додека не паднат бројките. Дали ќе има промени не знам, ако бројките повторно одат нагоре, ќе инсистираме на онлајн настава заради безбедност пред сѐ на нашите членови и на децата“, вели Неделков.

The post СОНК ќе инсистира на онлајн настава ако растат ковид-бројките appeared first on Република.

Неделковски: Ако бројките одат нагоре, ќе бараме онлајн настава https://republika.mk/vesti/makedonija/nedelkovski-ako-brojkite-odat-nagore-kje-barame-onlajn-nastava/ Wed, 02 Feb 2022 20:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=453222

Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски во емисијата 24 анализа истакна дека наставата со физичко присуство е многу напред во однос на онлајн наставата, во однос на социјализацијата и комуникацијата со наставниците.

Ние како синдикат следејќи ги бројките на новозаразени који се во нагорна линија, пред се ја поздравивме одлуката на МОН за одложување на почетокот на второто полугодие и очекувавме нашата иницијатива да барем две недели се отпочне со онлајн настава додека не паднат бројките. Дали ќе има промени, не знам, ако бројките повторно одат нагоре, ќе инсистираме на онлајн настава заради безбедност, пред се на нашите членови и на децата, вели Неделковски.

The post Неделковски: Ако бројките одат нагоре, ќе бараме онлајн настава appeared first on Република.

Над 70 отсто од учениците во регионот не сакаат онлајн настава https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nad-70-otsto-od-uchenicite-vo-regionot-ne-sakaat-onlajn-nastava/ Wed, 02 Feb 2022 13:59:20 +0000 https://republika.mk/?p=453059

Најголем број од младите во земјите од иницијативата „Отворен Балкан“ или над 70%, не сакаат да продолжат со онлајн настава и сметаат дека ниту тие, а ниту професорите не вложуваат доволно напори за квалитетна настава преку интернет што резултира во ниско до средно ниво на стекнато знаење и несоодветна едукација.

Ова го покажува онлајн истражувањето на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) спроведено помеѓу ученици и студенти од Македонија, Србија и Албанија во текот на месец јануари 2022 година. Впечатлив и заеднички став на младите од трите земји е податокот дека, помалку од една третина од нив е за продолжување на онлајн наставата, додека останатите се залагаат за настава со физичко присуство или за комбиниран хибриден модел.

При тоа само 14,6 % од младите во Албанија сакаат да учат онлајн, додека 44% се за физичка настава, а 41,4% се изјасниле за комбиниран модел. Во Македонија 27% од учениците и студентите вклучени во онлајн истражувањето се за онлајн модел, 41% сакаа да се вратат во клупа, додека 32 се за комбинирана модел на онлајн и физичка настава. Дури 21% од младите Срби, пак, повеќе сакаат да учат онлајн, 37% се за настава во училиштата, додека 42% посакуваат да имаат можност и за онлајн и за физичка настава.

The post Над 70 отсто од учениците во регионот не сакаат онлајн настава appeared first on Република.

]]>

Најголем број од младите во земјите од иницијативата „Отворен Балкан“ или над 70%, не сакаат да продолжат со онлајн настава и сметаат дека ниту тие, а ниту професорите не вложуваат доволно напори за квалитетна настава преку интернет што резултира во ниско до средно ниво на стекнато знаење и несоодветна едукација. Ова го покажува онлајн истражувањето на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) спроведено помеѓу ученици и студенти од Македонија, Србија и Албанија во текот на месец јануари 2022 година. Впечатлив и заеднички став на младите од трите земји е податокот дека, помалку од една третина од нив е за продолжување на онлајн наставата, додека останатите се залагаат за настава со физичко присуство или за комбиниран хибриден модел. При тоа само 14,6 % од младите во Албанија сакаат да учат онлајн, додека 44% се за физичка настава, а 41,4% се изјасниле за комбиниран модел. Во Македонија 27% од учениците и студентите вклучени во онлајн истражувањето се за онлајн модел, 41% сакаа да се вратат во клупа, додека 32 се за комбинирана модел на онлајн и физичка настава. Дури 21% од младите Срби, пак, повеќе сакаат да учат онлајн, 37% се за настава во училиштата, додека 42% посакуваат да имаат можност и за онлајн и за физичка настава.

The post Над 70 отсто од учениците во регионот не сакаат онлајн настава appeared first on Република.

]]>
Дел од учениците во основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ ќе учат онлајн https://republika.mk/vesti/skopje/del-od-uchenicite-vo-osnovnoto-uchilishte-dimitar-pop-georgiev-berovski-kje-uchat-onlajn/ Mon, 31 Jan 2022 14:27:06 +0000 https://republika.mk/?p=452052

Во тек се градежни зафати во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во скопската општина Ѓорче Петров.

Градоначалникот Александар Стојкоски информираше дека се врши реконструкција на подовите во ходниците на долниот кат, а следните чекори се целосно реновирање на тоалетите и изградба на тоалет за деца со посебни потреби и поставување на нова енергетски ефикасна фасада.

Дел од учениците од ова училиште настава ќе посетуваат онлајн.

Напорно работиме на подобрување на условите за изведување на воспитно-образовниот процес согласно најсовремени стандарди во училиштата и ќе продолжиме во таа насока. Поради овие зафати, наставата почнува утре со физичко присуство за децата од прво до трето одделение, додека децата од четврто до деветто одделение во ова училиште ќе имаат он лајн настава со донесена одлука од училишниот одбор, а во согласност со општина Ѓорче Петров. Оваа одлука е со времетраење од 30 дена и за истата е информирано и ресорното Министерство, инфомрираше Стојкоски.

The post Дел од учениците во основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ ќе учат онлајн appeared first on Република.

]]>

Во тек се градежни зафати во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во скопската општина Ѓорче Петров. Градоначалникот Александар Стојкоски информираше дека се врши реконструкција на подовите во ходниците на долниот кат, а следните чекори се целосно реновирање на тоалетите и изградба на тоалет за деца со посебни потреби и поставување на нова енергетски ефикасна фасада. Дел од учениците од ова училиште настава ќе посетуваат онлајн.
Напорно работиме на подобрување на условите за изведување на воспитно-образовниот процес согласно најсовремени стандарди во училиштата и ќе продолжиме во таа насока. Поради овие зафати, наставата почнува утре со физичко присуство за децата од прво до трето одделение, додека децата од четврто до деветто одделение во ова училиште ќе имаат он лајн настава со донесена одлука од училишниот одбор, а во согласност со општина Ѓорче Петров. Оваа одлука е со времетраење од 30 дена и за истата е информирано и ресорното Министерство, инфомрираше Стојкоски.

The post Дел од учениците во основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ ќе учат онлајн appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Јас барам 2 недели онлајн настава, тие манипулираат, нека им служи на чест https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-jas-baram-2-nedeli-onlajn-nastava-tie-manipuliraat-neka-im-sluzi-na-chest/ Mon, 31 Jan 2022 12:24:23 +0000 https://republika.mk/?p=451962

Што би можело да биде лажно и неискрено во едно обично барање за 2 недели онлајн настава, навистина не ми е јасно, напиша професорката Весна Јаневска на својот фејсбук профил.

Наместо да образложат зошто сметаат дека не е опасно за децата и нивната околина да тргнат на училиште физички, при околу 2000 заразени дневно со Ковид19 вирусот, тие обвинуваат дека сме лицемерни. При тоа, не плашат со УНИЦЕФ, демек ние неписмените, не ги знаеме препораките па треба да ни ги кажат. Можеби и не не плашат нас, зошто и нема ништо за плашење, туку само се куражат, а и оправдуваат себе си, што би било пологично.

Дека не мислиме исто и не користиме ист речник за комуникација со јавноста е очигледно. Јас барам 2 недели онлајн настава, тие манипулираат. Нека им служи на чест.

Инаку оние кои решиле второто полугодие да почне со физичка настава во вакви услови НИТУ ЕДНАШ НЕ ВЛЕГЛЕ ВО УЧИЛНИЦА ДА ВИДАТ ШТО СЕ СЛУЧУВА ТАМУ, ЗОШТО ДА ВЛЕГЛЕ НЕ БИ ДАВАЛЕ ТАКВИ ПРЕПОРАКИ.

The post Јаневска: Јас барам 2 недели онлајн настава, тие манипулираат, нека им служи на чест appeared first on Република.

Пановски: Распустот да се продолжи за две недели или 10 дена, или наставата да се одвива онлајн https://republika.mk/vesti/makedonija/panovski-raspustot-da-se-prodolzi-za-dve-nedeli-ili-10-dena-ili-nastavata-da-se-odviva-onlajn/ Mon, 31 Jan 2022 11:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=451930

По самостојниот синдикат за образование, наука и култура со барање за онлајн настава излезе и првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, како и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку и микробиологот Никола Пановски во утринската програма на Канал 5 телевизија,  предлага распустот да се продолжи за две недели или 10- на дена, или наставата да се одвива онлајн, додека не падне кривата со новозаразени лица.

The post Пановски: Распустот да се продолжи за две недели или 10 дена, или наставата да се одвива онлајн appeared first on Република.

]]>

По самостојниот синдикат за образование, наука и култура со барање за онлајн настава излезе и првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, како и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Инаку и микробиологот Никола Пановски во утринската програма на Канал 5 телевизија,  предлага распустот да се продолжи за две недели или 10- на дена, или наставата да се одвива онлајн, додека не падне кривата со новозаразени лица.    

The post Пановски: Распустот да се продолжи за две недели или 10 дена, или наставата да се одвива онлајн appeared first on Република.

]]>
Барања за онлајн настава пред утрешниот почеток на второто полугодие https://republika.mk/vesti/makedonija/baranja-za-onlajn-nastava-pred-utreshniot-pochetok-na-vtoroto-polugodie/ Mon, 31 Jan 2022 08:07:03 +0000 https://republika.mk/?p=451763

Со Одлука на Владата од минатата недела, второто полугодие во основните и средните училишта во земјава треба да почне утре со физичко присуство на учениците. Но, во пресрет на продолжението на учебната година зачестија барањата за почеток на второто полугодие со онлајн настава. По Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), со вакво барења излезе и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши”, како и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на 26 јануари по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари. Министерот за здравство Беким Сали во петокот изјави оти ваквата одлука е донесена откако е проценето дека епидемиолошката состојба дозволува настава со физичко присуство. Тој сепак нагласи дека Министерството за здравство ќе спроведува скрининг меѓу учениците по случаен избор и доколку се појави ширење на вирусот во одреден регион, општина или град, ќе бидат преземени соодветни мерки мерки.

Според нашите податоци нема потреба од онлајн учење во овој момент. Епидемиолошката состојба се менува секоја недела, а врз основа на тие податоци ние и ги носиме одлуките. Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и како Министерството ќе преземеме превентивни мерки со случаен скрининг и зависно од регионот, градот или општината ако се појави епидемија, ќе се преземат мерки, изјави Сали.

СОНК во четвртокот побара од Владата да ја преиспита одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство, со оценка дека во ситуација кога расте бројот на новозаболени треба да се започне со онлајн настава во првите две недели, а потоа да се согледа епидемиолошката ситуација за да се почне со физичко присуство.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, во изјава за МИА истакна дека во период кога во земјава расте процентот на новозаболени од КОВИД-19, доколку наставата почне со физичко присуство, постои реална можност вирусот многу побрзо да се шири.

Бараме преиспитување на одлуката од причина што сметаме дека процентот на новозаболени секојдневно е во нагорна линија и доколку учениците одат со физичко присуство постои реална можност училиштата да се претворат во кластери и вирусот побрзо да се шири. Од таа причина сметаме дека одреден временски период од пример две недели наставата да биде онлајн, па да се согледаат состојбите од ширење на вирусот и доколку е во надолна линија, да се направи проценка и да се види дали постојат услови за физичко присуство, нагласи Неделков.

Во петокот и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” соопшти дека упатила барање до Владата и до Комисијата за заразни болести за преиспитување на одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство на учениците.

Според „Меѓаши”, бројот на заболени деца што се јавиле во Институтот за белодробни заболувања во периодот крајот на декември 2021 – почетокот на втората половина на јануари е двојно зголемен од вообичаениот број за време на најголемите пикови во претходните бранови, па со оглед на ваквата состојба неопходно да се размисли дали започнувањето на наставата со физичко присуство е најсоодветниот начин на продолжување на наставата или е подобро да се започне барем две седмици подоцна или онлајн.

Цврсто веруваме дека оваа одлука треба да биде преиспитана во насока на започнување на полугодието со онлајн настава, најмалку за две седмици од февруари, а потоа да се одлучи повторно за евентуално продолжување одреден период, следејќи ја актуелната епидемиолошка состојба. Меѓу другото, сметаме дека е добро Владата да размисли за брзо реагирање и обезбедување на сите основни и средни училишта со брзи тестови, така како што и голем дел држави веќе подолго време практикуваат. Веруваме дека и приватниот сектор (особено фармацевтскиот) би можел да излезе во пресрет и да го заштити јавното или колективното здравје доколку им се обрати Владата. Искрено веруваме дека ќе ја донесете вистинската одлука што е во најдобриот интерес на децата, се наведува во барањето од „Меѓаши”.

Вчера и ВМРО-ДПМНЕ побара власта да ја преиспита одлуката за започнување на второто полугодие со физички присуство „во услови кога сојот омикрон коси во државата”.

Затоа предлагаме наставата од второто полугодие за учениците од четврто до деветто одделение да продолжи онлајн во наредните две недели, а од прво до трето одделение наставата да започне со физичко присуство, но секојдневно да се следи епидемиолошката состојба во училиштата низ Македонија, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквото барање на ВМРО-ДПМНЕ од СДСМ го оценија како „лицемерно, неискрено и лажно”.

Одлуката за наставата да продолжи со физичко присуство е донесена врз основа на мислењето на стручните лица, на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ. Здравјето на учениците е заштитено со спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство, а тоа се покажа и во минатото, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Здруженијата „Од нас за нас” и „Слобода и правда”, пак, вчера со протестен караван со автомобили и вклучени сирени низ улиците на Струмица побараа учебната година да продолжи со физичко присуство, но без протоколи за децата, односно без носење маски.

Барање за укинување на задолжителното носење маски во училиштата, уште претходно достави и Иницијативата „СТОП за носењето маски во училиштата”, која дури најави дека нивните членови нема да ги пуштаат децата на настава во второто полугодие со маски.

The post Барања за онлајн настава пред утрешниот почеток на второто полугодие appeared first on Република.

]]>

Со Одлука на Владата од минатата недела, второто полугодие во основните и средните училишта во земјава треба да почне утре со физичко присуство на учениците. Но, во пресрет на продолжението на учебната година зачестија барањата за почеток на второто полугодие со онлајн настава. По Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), со вакво барења излезе и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши”, како и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Владата на 26 јануари по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари. Министерот за здравство Беким Сали во петокот изјави оти ваквата одлука е донесена откако е проценето дека епидемиолошката состојба дозволува настава со физичко присуство. Тој сепак нагласи дека Министерството за здравство ќе спроведува скрининг меѓу учениците по случаен избор и доколку се појави ширење на вирусот во одреден регион, општина или град, ќе бидат преземени соодветни мерки мерки.
Според нашите податоци нема потреба од онлајн учење во овој момент. Епидемиолошката состојба се менува секоја недела, а врз основа на тие податоци ние и ги носиме одлуките. Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и како Министерството ќе преземеме превентивни мерки со случаен скрининг и зависно од регионот, градот или општината ако се појави епидемија, ќе се преземат мерки, изјави Сали.
СОНК во четвртокот побара од Владата да ја преиспита одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство, со оценка дека во ситуација кога расте бројот на новозаболени треба да се започне со онлајн настава во првите две недели, а потоа да се согледа епидемиолошката ситуација за да се почне со физичко присуство. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, во изјава за МИА истакна дека во период кога во земјава расте процентот на новозаболени од КОВИД-19, доколку наставата почне со физичко присуство, постои реална можност вирусот многу побрзо да се шири.
Бараме преиспитување на одлуката од причина што сметаме дека процентот на новозаболени секојдневно е во нагорна линија и доколку учениците одат со физичко присуство постои реална можност училиштата да се претворат во кластери и вирусот побрзо да се шири. Од таа причина сметаме дека одреден временски период од пример две недели наставата да биде онлајн, па да се согледаат состојбите од ширење на вирусот и доколку е во надолна линија, да се направи проценка и да се види дали постојат услови за физичко присуство, нагласи Неделков.
Во петокот и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” соопшти дека упатила барање до Владата и до Комисијата за заразни болести за преиспитување на одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство на учениците. Според „Меѓаши”, бројот на заболени деца што се јавиле во Институтот за белодробни заболувања во периодот крајот на декември 2021 – почетокот на втората половина на јануари е двојно зголемен од вообичаениот број за време на најголемите пикови во претходните бранови, па со оглед на ваквата состојба неопходно да се размисли дали започнувањето на наставата со физичко присуство е најсоодветниот начин на продолжување на наставата или е подобро да се започне барем две седмици подоцна или онлајн.
Цврсто веруваме дека оваа одлука треба да биде преиспитана во насока на започнување на полугодието со онлајн настава, најмалку за две седмици од февруари, а потоа да се одлучи повторно за евентуално продолжување одреден период, следејќи ја актуелната епидемиолошка состојба. Меѓу другото, сметаме дека е добро Владата да размисли за брзо реагирање и обезбедување на сите основни и средни училишта со брзи тестови, така како што и голем дел држави веќе подолго време практикуваат. Веруваме дека и приватниот сектор (особено фармацевтскиот) би можел да излезе во пресрет и да го заштити јавното или колективното здравје доколку им се обрати Владата. Искрено веруваме дека ќе ја донесете вистинската одлука што е во најдобриот интерес на децата, се наведува во барањето од „Меѓаши”.
Вчера и ВМРО-ДПМНЕ побара власта да ја преиспита одлуката за започнување на второто полугодие со физички присуство „во услови кога сојот омикрон коси во државата”.
Затоа предлагаме наставата од второто полугодие за учениците од четврто до деветто одделение да продолжи онлајн во наредните две недели, а од прво до трето одделение наставата да започне со физичко присуство, но секојдневно да се следи епидемиолошката состојба во училиштата низ Македонија, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквото барање на ВМРО-ДПМНЕ од СДСМ го оценија како „лицемерно, неискрено и лажно”.
Одлуката за наставата да продолжи со физичко присуство е донесена врз основа на мислењето на стручните лица, на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ. Здравјето на учениците е заштитено со спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство, а тоа се покажа и во минатото, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Здруженијата „Од нас за нас” и „Слобода и правда”, пак, вчера со протестен караван со автомобили и вклучени сирени низ улиците на Струмица побараа учебната година да продолжи со физичко присуство, но без протоколи за децата, односно без носење маски. Барање за укинување на задолжителното носење маски во училиштата, уште претходно достави и Иницијативата „СТОП за носењето маски во училиштата”, која дури најави дека нивните членови нема да ги пуштаат децата на настава во второто полугодие со маски.

The post Барања за онлајн настава пред утрешниот почеток на второто полугодие appeared first on Република.

]]>
Весна Јаневска: Владата да ја преиспита одлуката за физичко присуство, бараме две недели онлајн настава за учениците од 4 до 9 одделение https://republika.mk/vesti/makedonija/vesna-janevska-vladata-da-ja-preispita-odlukata-za-fizichko-prisustvo-barame-dve-nedeli-onlajn-nastava-za-uchenicite-od-4-do-9-oddelenie/ Thu, 27 Jan 2022 16:39:44 +0000 https://republika.mk/?p=450401

Со оглед на одлуката дека учениците од 1 Февруари ќе тргнат на училиште со физичко присуств, бараме Владата, Комисијата за заразни болести, а и Министерот за образование и наука да ја преиспитаат одлуката, објави на својот фејсбук профил професорката Весна Јаневска.

Бројките на заразени со Ковид-19 вирусот се високи, а високи се и потребите од болничко лекување. Медиумите соопштија дека ќе треба повторно отворање на Ковид центрите (според изјавите на стручњаците), а се објави и дека детските оддели се преполни и Систина планира отворање на детски Ковид центар.

Предлагаме: 2 недели онлајн настава на учениците од 4-9 тто одделение со активно следење на епидемиолошката ситуација и настава со физичко присуство на учениците од 1-3 тто одделение со следење на епидемиолошката состојба во Македонија и училиштата. За најмладите ученици предлагаме физичко присуство, за да се избегнат дополнителни мерки, кои се неопходни за чување на децата (ослободување на родител од работни обврски), а кои влијаат на економијата на државата.

The post Весна Јаневска: Владата да ја преиспита одлуката за физичко присуство, бараме две недели онлајн настава за учениците од 4 до 9 одделение appeared first on Република.

]]>

Со оглед на одлуката дека учениците од 1 Февруари ќе тргнат на училиште со физичко присуств, бараме Владата, Комисијата за заразни болести, а и Министерот за образование и наука да ја преиспитаат одлуката, објави на својот фејсбук профил професорката Весна Јаневска.
Бројките на заразени со Ковид-19 вирусот се високи, а високи се и потребите од болничко лекување. Медиумите соопштија дека ќе треба повторно отворање на Ковид центрите (според изјавите на стручњаците), а се објави и дека детските оддели се преполни и Систина планира отворање на детски Ковид центар. Предлагаме: 2 недели онлајн настава на учениците од 4-9 тто одделение со активно следење на епидемиолошката ситуација и настава со физичко присуство на учениците од 1-3 тто одделение со следење на епидемиолошката состојба во Македонија и училиштата. За најмладите ученици предлагаме физичко присуство, за да се избегнат дополнителни мерки, кои се неопходни за чување на децата (ослободување на родител од работни обврски), а кои влијаат на економијата на државата.

The post Весна Јаневска: Владата да ја преиспита одлуката за физичко присуство, бараме две недели онлајн настава за учениците од 4 до 9 одделение appeared first on Република.

]]>
СОНК: Омикрон брзо се шири, првите две недели од второто полугодие да бидат онлајн https://republika.mk/vesti/makedonija/sonk-bara-da-se-preispita-odlukata-za-nastava-so-fizichko-prisustvo/ Thu, 27 Jan 2022 10:50:54 +0000 https://republika.mk/?p=450188

Владата и Министерството за образование и наука да ја преиспитаат одлуката второто полугодие за основното и средното образование да почне на 1 февруари, пред сè, поради сериозната епидемиолошка состојба во земјата, побара денеска Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК), со предлог да се размислува за алтернативно решение за изведување на наставата, барем во првите две недели од почетокот на второто полугодие.

Јаким Неделков, претседателот на СОНК, вели дека во време на висок процент на заразени и минусни температури, не се сигурни дека Владата донела исправна одлука за начинот на одржување на наставата во второто полугодие.

 Затоа бараме алтернативно изведување на наставата, па потоа да се види каква ќе биде епидемиолошката состојба. Првично предлагаме наставата две недели од февруари да се одвива онлајн. Наставниците се веќе обучени, на учениците им е познат начинот на функционирање. Знаеме дека тој начин е потежок, но засега е побезбеден – додава претседателот на СОНК.

Владата на вчерашната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, донесе одлука второто полугодие да започне на 1 февруари со физичко присуство и согласно протоколите за заштита од коронавирусот.

На 17 јануари годинава Владата одлучи да се одложи почетокот на второто полугодие, кое требаше да стартува на 20 јануари. Утврди и дека учебната 2021/2022 година ќе заврши во редовниот термин, односно на 10 јуни 2022.

The post СОНК: Омикрон брзо се шири, првите две недели од второто полугодие да бидат онлајн appeared first on Република.

]]>

Владата и Министерството за образование и наука да ја преиспитаат одлуката второто полугодие за основното и средното образование да почне на 1 февруари, пред сè, поради сериозната епидемиолошка состојба во земјата, побара денеска Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК), со предлог да се размислува за алтернативно решение за изведување на наставата, барем во првите две недели од почетокот на второто полугодие. Јаким Неделков, претседателот на СОНК, вели дека во време на висок процент на заразени и минусни температури, не се сигурни дека Владата донела исправна одлука за начинот на одржување на наставата во второто полугодие.
 Затоа бараме алтернативно изведување на наставата, па потоа да се види каква ќе биде епидемиолошката состојба. Првично предлагаме наставата две недели од февруари да се одвива онлајн. Наставниците се веќе обучени, на учениците им е познат начинот на функционирање. Знаеме дека тој начин е потежок, но засега е побезбеден – додава претседателот на СОНК.
Владата на вчерашната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, донесе одлука второто полугодие да започне на 1 февруари со физичко присуство и согласно протоколите за заштита од коронавирусот. На 17 јануари годинава Владата одлучи да се одложи почетокот на второто полугодие, кое требаше да стартува на 20 јануари. Утврди и дека учебната 2021/2022 година ќе заврши во редовниот термин, односно на 10 јуни 2022.

The post СОНК: Омикрон брзо се шири, првите две недели од второто полугодие да бидат онлајн appeared first on Република.

]]>
Царовска за можно продолжување на зимскиот распуст: Состојбата се преоценува и на располагање се и други сценарија https://republika.mk/vesti/makedonija/carovska-za-mozno-prodolzuvanje-na-zimskiot-raspust-sostojbata-se-preocenuva-i-na-raspolaganje-se-i-drugi-scenarija/ Wed, 12 Jan 2022 13:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=443728

Министерката за образование, Мила Царовска, изјави дека министерството за образование и наука е во постојана координација со Министетството за здравство и со Комисијата за заразни болести за начините и формите на функционирање на образовниот систем во период на пандемија.

Одгоарајќи на новинарско прашање дали ќе продолжи зимскиот распуст и по 20 јануари кога учениците треба да го почнат второто полугодие, Царовска изјави дека како минситерство ја преоценуваат состојбата и на располагање ги имаат сите други сценарија.

Царовска нагласи дека во најдобар интерес на децата, нивното ментално здравје и потребата од социјализација, е тие да следат настава со физичко присуство затоа што, како што истакна, училиштата треба последни да се затворат и први да се отворат, а тоа е препорака не само на наши образовни експерти, туку и на меѓународни организации како Светска банка и УНИЦЕФ.

Таа потсети дека уште летото се испланирани три сценарија за реализација на учебната година и дека првото и најпосакувано – настава со физичко присуство се применува се додека се во ред бројките на заразени и додека нема интерно ширење на болеста во училиштата.

Покажавме дека во првото полугодие учениците успешно следеа настава со физичко присуство, немаше поголем број заразени од 0,2 проценти вкупно активни на целата територија на државата од 255 илјади ученици со физичко присуство, а на дневно ниво немаше поголем процент од 0,03. Тоа укажуваше на стабилност на состојбата и затоа успешно го завршивме првото полугодие -  изјави Царовска.

The post Царовска за можно продолжување на зимскиот распуст: Состојбата се преоценува и на располагање се и други сценарија appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование, Мила Царовска, изјави дека министерството за образование и наука е во постојана координација со Министетството за здравство и со Комисијата за заразни болести за начините и формите на функционирање на образовниот систем во период на пандемија. Одгоарајќи на новинарско прашање дали ќе продолжи зимскиот распуст и по 20 јануари кога учениците треба да го почнат второто полугодие, Царовска изјави дека како минситерство ја преоценуваат состојбата и на располагање ги имаат сите други сценарија. Царовска нагласи дека во најдобар интерес на децата, нивното ментално здравје и потребата од социјализација, е тие да следат настава со физичко присуство затоа што, како што истакна, училиштата треба последни да се затворат и први да се отворат, а тоа е препорака не само на наши образовни експерти, туку и на меѓународни организации како Светска банка и УНИЦЕФ. Таа потсети дека уште летото се испланирани три сценарија за реализација на учебната година и дека првото и најпосакувано – настава со физичко присуство се применува се додека се во ред бројките на заразени и додека нема интерно ширење на болеста во училиштата.