Што би можело да биде лажно и неискрено во едно обично барање за 2 недели онлајн настава, навистина не ми е јасно, напиша професорката Весна Јаневска на својот фејсбук профил.

Наместо да образложат зошто сметаат дека не е опасно за децата и нивната околина да тргнат на училиште физички, при околу 2000 заразени дневно со Ковид19 вирусот, тие обвинуваат дека сме лицемерни. При тоа, не плашат со УНИЦЕФ, демек ние неписмените, не ги знаеме препораките па треба да ни ги кажат. Можеби и не не плашат нас, зошто и нема ништо за плашење, туку само се куражат, а и оправдуваат себе си, што би било пологично.

Дека не мислиме исто и не користиме ист речник за комуникација со јавноста е очигледно. Јас барам 2 недели онлајн настава, тие манипулираат. Нека им служи на чест.

Инаку оние кои решиле второто полугодие да почне со физичка настава во вакви услови НИТУ ЕДНАШ НЕ ВЛЕГЛЕ ВО УЧИЛНИЦА ДА ВИДАТ ШТО СЕ СЛУЧУВА ТАМУ, ЗОШТО ДА ВЛЕГЛЕ НЕ БИ ДАВАЛЕ ТАКВИ ПРЕПОРАКИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.