Членовите на групата „Поддршка за онлајн настава“ бараат опцијата онлајн да постои и понатаму и истата да се одобрува одделно од страна на секој директор на училиште. Опцијата онлајн исто така ќе биде добредојдена и во периодот на криза која се најавува особено во зимскиот период и ладното време, затоплувањето на училиштата, а и во согласност мерките за штедење на Владата, се наведува во соопштението испратено од неформалната група „Поддршка за онлајн настава“.

Бараме да имаме опција онлајн настава со цел да се заштити здравјето на децата и членовите на потесното семејство. Барање за онлајн настава е испратено до сите надлежни институции, како Министерство за образование и наука, Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и оттаму има само молк, се вели во соопштението.

Од „Поддршка за онлајн настава“ велат дека оваа маргинализирана група не е многубројна и нема да има никаков негативен импакт во однос на образовниот процес и социјализацијата на останатите деца, туку само заштита на животот и здравјето на овие деца и родители кои и онака боледуваат од одредени болести.

Физички престој во училиште без маски, и каква било физичка дистанца во преполни училници, е средина која гарантира сигурно заразување кај овие деца, а преку нив и на семејствата, без разлика што овој сој на Ковид е полесен, тој за хронично болните деца и родители може да биде фатален за веќе нарушеното здравје кое го имаат и да не заборавиме дека пандемијата прогласена од Светската здравствена организација е сеуште на сила и ковидот постои и состојбата не е под контрола. Да не дозволиме да изгубиме некој наш драг прилател, роднина или не дај боже дете и затоа не треба да постојат импровизации и компромиси кога во прашање е здравјето на оваа ранлива група, се додава во соопштението од групата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.