никола тупанчевски Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-tupanchevski/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 13:03:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png никола тупанчевски Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-tupanchevski/ 32 32 Mицкоски го повика Јавниот обвинител да ги истражи ревизорските извештаи или да си поднесе оставка https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-go-povika-javniot-obvinitel-da-gi-istrazhi-revizorskite-izveshtai-ili-da-si-podnese-ostavka/ Tue, 23 Jul 2024 13:03:32 +0000 https://republika.mk/?p=799562

Премиерот Мицкоски во вчерашната емисија “Топ тема“ говореше за ревизорските извештаи и го повика Јавниот обвинител Љупчо Коцевски да ги истражи или да си поднесе оставка.

Во еден од извештаите пишува дека од 24 капитални инвестиции е завршен само еден и затоа Мицкоски го повика обвинителот да влезе во институциите и да лоцира одговорност.

Јас не сум истражен орган, јас сум претседател на влада.Ги повикувам истражните органи да влезат во институцијата и ова да го истражат и да повикаат на одговорност. Но нема никогаш да влезат затоа што тој обвинител тие што треба да ги истражува го гласале-повика Мицкоски.

Премиерот посочува дека Јавниот обвинител треба да почне од министерството за правда и од поранешниот министер за правда Никола Тупанчевски.

Премиерот бара Тупанечевски треба да одговори зошто го оштети буџетот на министерството за десетици милиони евра поради фрустрација што не ја потпишуваше еврообврзницата за претходното задожување па остави да дојде некој друг и на тој начин се зголеми катата и ги задожи граѓаните за 10-15 милиони евра.

Прво од него треба да почне, а не амбасадор да го праќаат.Зошто Тупанчевски не е повикан на одговорност.Тоа се мои и ваши пари.За 10 милиони евра ќе изградиме 20 сали како таа во Охрид-објасни премиерот.

The post Mицкоски го повика Јавниот обвинител да ги истражи ревизорските извештаи или да си поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Премиерот Мицкоски во вчерашната емисија “Топ тема“ говореше за ревизорските извештаи и го повика Јавниот обвинител Љупчо Коцевски да ги истражи или да си поднесе оставка. Во еден од извештаите пишува дека од 24 капитални инвестиции е завршен само еден и затоа Мицкоски го повика обвинителот да влезе во институциите и да лоцира одговорност.
Јас не сум истражен орган, јас сум претседател на влада.Ги повикувам истражните органи да влезат во институцијата и ова да го истражат и да повикаат на одговорност. Но нема никогаш да влезат затоа што тој обвинител тие што треба да ги истражува го гласале-повика Мицкоски.
Премиерот посочува дека Јавниот обвинител треба да почне од министерството за правда и од поранешниот министер за правда Никола Тупанчевски. Премиерот бара Тупанечевски треба да одговори зошто го оштети буџетот на министерството за десетици милиони евра поради фрустрација што не ја потпишуваше еврообврзницата за претходното задожување па остави да дојде некој друг и на тој начин се зголеми катата и ги задожи граѓаните за 10-15 милиони евра.
Прво од него треба да почне, а не амбасадор да го праќаат.Зошто Тупанчевски не е повикан на одговорност.Тоа се мои и ваши пари.За 10 милиони евра ќе изградиме 20 сали како таа во Охрид-објасни премиерот.
 
The post Mицкоски го повика Јавниот обвинител да ги истражи ревизорските извештаи или да си поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Mилошоски: Назначувањата за амбасадори како Тупанчевски се политички https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-naznachuvanata-za-ambasadori-kako-tupanchevski-se-politichki/ Tue, 24 Oct 2023 18:54:12 +0000 https://republika.mk/?p=694664

Работа на претседателот на државата и на министерот за надворешни задачата им е според Устав и закон навремено да донесат кадровски решенија за Македонија да има амбасадори во сите земји во светот. Затоа сметам дека со ваквото недејствување 7 години празна амбасада во Пекинг, 6 години речиси празна амбасада во Белград, 5 и пол години без амбасадор во Израел Македонија има претрпено штета, економска, трговска, шанси за промоција на туризам, култура, образование и од аспект на сите безбедносни информации кои сега се важни за Израел, рече Антонио Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во Тема на денот што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител.

Милошоски укажа дека е побарана одговорност од неговиот претходник, а мислам дека е зрел за одговорност и Бујар Османи.

„Ако Османи смета дека некои пропусти во минатото ќе ги покријат неговите грешки во ред тоа е негова логика, но граѓаните ќе си кажат на наредните избори. Но, според мене никогаш не се случило амбасада да биде без амбасадор 7 години, 6 години тоа е катастрофален пропуст. Втора работа, Османи веројатно заборавил, но ќе го потсетам од 2008 година до 2011 година Османи беше член на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и никогаш не кажал дека имало погрешни решенија. Еве ќе кажам имаше едно погрешно за амбасадата во Катар тоа беше Фуад Хасановиќ од ДУИ кој откако ревизијата утврди финансиски малверзации го отповикавме, но случајот до денес не е расчистен“, рече Милошоски.

Најголем проблем во амбасадите е професионален кадар кажа Милошоски кој посочи дека токму тие ќе бидат потребни онаму каде има политички решенија.

Каде има политички назначувања како она со Никола Тупанчевски во Белград ќе треба повеќе професионален кадар, но имало и исклучоци Благој Ханџиски и Марјан Ѓорчев беа политички решенија, но беа на ниво на задачата, ама има и обратни случаи има пропусти и каде се професионални дипломати. Затоа потребен е баланс“, рече Милошоски. Милошоски укажа дека од денешен аспект смета дека треба да се смени пристапот кон дипломатијата.
„Сега би го сменил пристапот на работата во МНР во рамки на Владата, бидејќи постојат стереотипи дека инвестирањето во дипломатијата е неисплатливо. Но, може да биде многу исплати ако се насочи, ако акцентот се стави на привлекување на странски инвестиции во Македонија“, заклучи Милошоски.

The post Mилошоски: Назначувањата за амбасадори како Тупанчевски се политички appeared first on Република.

]]>

Работа на претседателот на државата и на министерот за надворешни задачата им е според Устав и закон навремено да донесат кадровски решенија за Македонија да има амбасадори во сите земји во светот. Затоа сметам дека со ваквото недејствување 7 години празна амбасада во Пекинг, 6 години речиси празна амбасада во Белград, 5 и пол години без амбасадор во Израел Македонија има претрпено штета, економска, трговска, шанси за промоција на туризам, култура, образование и од аспект на сите безбедносни информации кои сега се важни за Израел, рече Антонио Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во Тема на денот што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител. Милошоски укажа дека е побарана одговорност од неговиот претходник, а мислам дека е зрел за одговорност и Бујар Османи.
„Ако Османи смета дека некои пропусти во минатото ќе ги покријат неговите грешки во ред тоа е негова логика, но граѓаните ќе си кажат на наредните избори. Но, според мене никогаш не се случило амбасада да биде без амбасадор 7 години, 6 години тоа е катастрофален пропуст. Втора работа, Османи веројатно заборавил, но ќе го потсетам од 2008 година до 2011 година Османи беше член на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и никогаш не кажал дека имало погрешни решенија. Еве ќе кажам имаше едно погрешно за амбасадата во Катар тоа беше Фуад Хасановиќ од ДУИ кој откако ревизијата утврди финансиски малверзации го отповикавме, но случајот до денес не е расчистен“, рече Милошоски.
Најголем проблем во амбасадите е професионален кадар кажа Милошоски кој посочи дека токму тие ќе бидат потребни онаму каде има политички решенија. „ Каде има политички назначувања како она со Никола Тупанчевски во Белград ќе треба повеќе професионален кадар, но имало и исклучоци Благој Ханџиски и Марјан Ѓорчев беа политички решенија, но беа на ниво на задачата, ама има и обратни случаи има пропусти и каде се професионални дипломати. Затоа потребен е баланс“, рече Милошоски. Милошоски укажа дека од денешен аспект смета дека треба да се смени пристапот кон дипломатијата. „Сега би го сменил пристапот на работата во МНР во рамки на Владата, бидејќи постојат стереотипи дека инвестирањето во дипломатијата е неисплатливо. Но, може да биде многу исплати ако се насочи, ако акцентот се стави на привлекување на странски инвестиции во Македонија“, заклучи Милошоски.

The post Mилошоски: Назначувањата за амбасадори како Тупанчевски се политички appeared first on Република.

]]>
Седум кандидадти за нови амбасадори: Жерновски во Букурешт, Тупанчевски во Белград, Насев во Пекинг… https://republika.mk/vesti/makedonija/sedum-kandidadti-za-novi-ambasadori-zhernovski-vo-bukuresht-tupanchevski-vo-belgrad-nasev-vo-peking/ Fri, 20 Oct 2023 09:17:26 +0000 https://republika.mk/?p=693176

Во вторник идната недела, пред Комисијата за надворешна политика вкупно седум кандидати за нови амбасадори ќе ги претстават своите платформи за дипломатските активности со што ќе се финализира постапката пред нивното заминување во амбасадите.

Поранешниот министер за правда Никола Тупанчески треба да го пополни амбасадорското столче во Белград, Србија. Нов амбасадор во Израел ќе биде Шпенд Садики од МНР, а во Полска заминува Јасмин Ќахил, исто така од МНР.

Писателот и драматург Сашко Насев ќе биде новиот амбасадор во Пекинг, Кина, а поранешниот заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски заминува за Букурешт, Романија.

Нов амбасадор во Берлин, Германија, ќе биде Илбер Села, актуелен директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, додека во Бразилија, Бразил, ќе замине Игор Попов од МНР.

The post Седум кандидадти за нови амбасадори: Жерновски во Букурешт, Тупанчевски во Белград, Насев во Пекинг… appeared first on Република.

]]>

Во вторник идната недела, пред Комисијата за надворешна политика вкупно седум кандидати за нови амбасадори ќе ги претстават своите платформи за дипломатските активности со што ќе се финализира постапката пред нивното заминување во амбасадите. Поранешниот министер за правда Никола Тупанчески треба да го пополни амбасадорското столче во Белград, Србија. Нов амбасадор во Израел ќе биде Шпенд Садики од МНР, а во Полска заминува Јасмин Ќахил, исто така од МНР. Писателот и драматург Сашко Насев ќе биде новиот амбасадор во Пекинг, Кина, а поранешниот заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски заминува за Букурешт, Романија. Нов амбасадор во Берлин, Германија, ќе биде Илбер Села, актуелен директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, додека во Бразилија, Бразил, ќе замине Игор Попов од МНР.  

The post Седум кандидадти за нови амбасадори: Жерновски во Букурешт, Тупанчевски во Белград, Насев во Пекинг… appeared first on Република.

]]>
Тупанчевски номиниран за амбасадор во Белград https://republika.mk/vesti/makedonija/tupanchevski-nominiran-za-ambasador-vo-belgrad/ Wed, 26 Apr 2023 15:25:15 +0000 https://republika.mk/?p=634336

Доскорешниот министер за правда, универзитетскиот професор Никола Тупанчески заминува на дипломатска мисија во Србија. Неофицијално, тој ќе биде новиот македонски амбасадор во Белград.

Според информациите Тупанчески е само едно од новите имиња во дипломатијата. Поранешниот заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски треба да замине за Букурешт, а директорот на државниот архив, Емил Крстески, е номиниран за амбасадор во Прага.
На листата се наоѓаат и неколку дипломати од кариера, кадар на мнр. Пајо Авировиќ треба да биде амбасадор во мисијата во ОБСЕ во Виена, Јасмин Ќахил во Варшава, а Игор Попов во Бразил.

За Стокхолм е номиниран Џенк Сејфула, Јакуп Реџепи за Сараево, Шпенд Садики за Тел авив, а Катерина Ставревска за Лондон.

The post Тупанчевски номиниран за амбасадор во Белград appeared first on Република.

]]>

Доскорешниот министер за правда, универзитетскиот професор Никола Тупанчески заминува на дипломатска мисија во Србија. Неофицијално, тој ќе биде новиот македонски амбасадор во Белград. Според информациите Тупанчески е само едно од новите имиња во дипломатијата. Поранешниот заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски треба да замине за Букурешт, а директорот на државниот архив, Емил Крстески, е номиниран за амбасадор во Прага. На листата се наоѓаат и неколку дипломати од кариера, кадар на мнр. Пајо Авировиќ треба да биде амбасадор во мисијата во ОБСЕ во Виена, Јасмин Ќахил во Варшава, а Игор Попов во Бразил. За Стокхолм е номиниран Џенк Сејфула, Јакуп Реџепи за Сараево, Шпенд Садики за Тел авив, а Катерина Ставревска за Лондон.

The post Тупанчевски номиниран за амбасадор во Белград appeared first on Република.

]]>
Тупанчески: Во ваква фаза од постапката за случајот во Охрид, не треба да се прејудицира никаков правен епилог https://republika.mk/vesti/makedonija/tupanchevski-vo-vakva-faza-od-postapkata-za-sluchajot-vo-ohrid-ne-treba-da-se-prejuditsira-nikakov-praven-epilog/ Thu, 26 Jan 2023 14:04:12 +0000 https://republika.mk/?p=601329

Би било добро да покажеме минимална апстиненција во однос на правниот контекст, бидејќи прашањето е комплексно, да оставиме истрагата и надлежните органи да го решат прашањето кое треба да добие правна разврска, рече денеска министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Антонио Милошоски во врска со синоќешната негова изјава поврзана со инцидентот во Охрид на една дебатна емисија дека некои претставници од власта избрзале со давањето изјави и дали тоа конкретно се однесува на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тупанчески посочи оти тоа го кажал бидејќи за сензитивни прашања треба особено да се биде внимателен.

Во таа насока кога станува збор за ваква фаза од постапката, каква и да биде, не треба да се прејудицира никаков правен епилог зашто тоа може да е штетно и за самата постапка, но може да наштети и на меѓусебните интереси меѓу  Македонија и Бугарија, но не апострофирав некого посебно - рече Тупанчески.

На прашањето се надоврза и министерот Османи кој посочи дека неговата изјава била извадена од контекст.

Мојата изјава која беше извадена од контекст можеби сум можел да ја срочам и подобро, признавам, но беше дадена во контекст на прашањето во бугарска телевизија „Зошто го осудивте отворањето на клубот Ванчо Михајлов ако нема се уште официјална одлука на Историската комисија за контроверзност”. Мојот одговор беше „За мене е доволно, што македонскиот народ, што мнозинството граѓани се иритирани, навредени и повредени од таквото име и не мора да чекам одлука на Историската комисија за да го осудам и преземам мерки. Исто како што ми беше доволна загриженоста на родителите на оштетениот по однос на нападот за да не чекам завршување на истрагата кога веќе има инцијална проценка на обвинителството, појасни Османи.

The post Тупанчески: Во ваква фаза од постапката за случајот во Охрид, не треба да се прејудицира никаков правен епилог appeared first on Република.

]]>

Би било добро да покажеме минимална апстиненција во однос на правниот контекст, бидејќи прашањето е комплексно, да оставиме истрагата и надлежните органи да го решат прашањето кое треба да добие правна разврска, рече денеска министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Антонио Милошоски во врска со синоќешната негова изјава поврзана со инцидентот во Охрид на една дебатна емисија дека некои претставници од власта избрзале со давањето изјави и дали тоа конкретно се однесува на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тупанчески посочи оти тоа го кажал бидејќи за сензитивни прашања треба особено да се биде внимателен.
Во таа насока кога станува збор за ваква фаза од постапката, каква и да биде, не треба да се прејудицира никаков правен епилог зашто тоа може да е штетно и за самата постапка, но може да наштети и на меѓусебните интереси меѓу  Македонија и Бугарија, но не апострофирав некого посебно - рече Тупанчески.
На прашањето се надоврза и министерот Османи кој посочи дека неговата изјава била извадена од контекст. Мојата изјава која беше извадена од контекст можеби сум можел да ја срочам и подобро, признавам, но беше дадена во контекст на прашањето во бугарска телевизија „Зошто го осудивте отворањето на клубот Ванчо Михајлов ако нема се уште официјална одлука на Историската комисија за контроверзност”. Мојот одговор беше „За мене е доволно, што македонскиот народ, што мнозинството граѓани се иритирани, навредени и повредени од таквото име и не мора да чекам одлука на Историската комисија за да го осудам и преземам мерки. Исто како што ми беше доволна загриженоста на родителите на оштетениот по однос на нападот за да не чекам завршување на истрагата кога веќе има инцијална проценка на обвинителството, појасни Османи.

The post Тупанчески: Во ваква фаза од постапката за случајот во Охрид, не треба да се прејудицира никаков правен епилог appeared first on Република.

]]>
Тупанчески за „Таргет и Тврдина“: Од хеликоптер се гледа дека нешто не е во ред https://republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-za-target-i-tvrdina-od-helikopter-se-gleda-deka-neshto-ne-e-vo-red/ Wed, 28 Dec 2022 13:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=591013

Министерот за правда Никола Тупанчески, на денешниот брифинг со новинари, се согласи дека застарувањето на судските предмети е голем проблем, поради што и во изминатиот период имаше големи реакции во јавноста. Тој вели дека и студентите по право имаат предмет Судски менаџмент, за тоа како предметите да се донесат до завршница.

Прашан за коментар за застарувањето на предметите од СЈО, министерот Тупанчески се осврна на предметот за масовното нелегално прислушување во УБК, „Таргет и Тврдина“, чија првостепена пресуда неодамна беше укината на Апелација, со што предметот, особено делата за кои се гони Сашо Мијалков застаруваат за две години.

Од хеликоптер се гледа дека нешто не е во ред. Дури 9-10 месеци предметот стоел во Апелација, рече Тупанчески, додавајќи дека сепак одговорноста на судиите треба да ја цени Судскиот совет.

The post Тупанчески за „Таргет и Тврдина“: Од хеликоптер се гледа дека нешто не е во ред appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Никола Тупанчески, на денешниот брифинг со новинари, се согласи дека застарувањето на судските предмети е голем проблем, поради што и во изминатиот период имаше големи реакции во јавноста. Тој вели дека и студентите по право имаат предмет Судски менаџмент, за тоа како предметите да се донесат до завршница. Прашан за коментар за застарувањето на предметите од СЈО, министерот Тупанчески се осврна на предметот за масовното нелегално прислушување во УБК, „Таргет и Тврдина“, чија првостепена пресуда неодамна беше укината на Апелација, со што предметот, особено делата за кои се гони Сашо Мијалков застаруваат за две години.
Од хеликоптер се гледа дека нешто не е во ред. Дури 9-10 месеци предметот стоел во Апелација, рече Тупанчески, додавајќи дека сепак одговорноста на судиите треба да ја цени Судскиот совет.
 
The post Тупанчески за „Таргет и Тврдина“: Од хеликоптер се гледа дека нешто не е во ред appeared first on Република.

]]>
Тупанчевски за изборот на Абази: Ќе бидам брутално искрен, не ми е сеедно што се случува во мојот дом https://republika.mk/vesti/makedonija/tupanchevski-za-izborot-na-abazi-kje-bidam-brutalno-iskren-ne-mi-e-seedno-shto-se-sluchuva-vo-mojot-dom/ Thu, 24 Nov 2022 13:31:46 +0000 https://republika.mk/?p=577841

Кога постојат избори вклучувајќи ги и овие, тоа говори и за изборот на јавниот обвинител, но и за тие кои го избрале јавниот обвинител, рече денеска министерот за правда Никола Тупанчевски, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ во однос на изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Ќе бидам брутално искрен и ќе кажам дека не е неважно за министерот за правда што се случува во неговиот дом. Практично во рамките ако се земе формата влегуваат и судството и обвинителството, нотарите извршителите итн. – посочи Тупанчевски.

Тој посочи дека во поновата правна историја на нашата држава сме имале три модели за избор на обвинители и на судии.

Во првиот модел ги избираше Собранието, вториот модел требаше да биде прогресивен или напреден, при што ги избираа Советот на јавни обвинители и Судскиот совет. Трето или по најновиот модел кој е предвиден со новиот Закон за јавно обвинителство од 2020 година кој беше консензуално усвоен од Собранието на нашата држава. Јас бев дел од подготовката на тој Закон, имаше и невладини организации и сметавме дека овие два претходни модела имаат одредена потреба за корекција или објективизирање на критериумите за избор на јавни обвинители и судии и во таа насока се движевме да инкорпорираме модел кој би бил транспарентен, објективен. И во таа насока беше предвиден овој концепт, односно јавните обвинители да го бираат јавниот обвинител – појасни Тупанчевски.

Тој рече дека дотука може да коментира, бидејќи сѐ понатаму ќе значи мешање во работата на институциите кои треба да бидат независни, објективни и огледало на државата.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски најави пауза, а седницата со пратенички прашања ќе продолжи со работа во 15 часот.

Неодамна, на непосредни избори јавните обвинители го избраа Ислам Абази за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Овој избор предизвика лавина негативни реакции во јавноста и меѓу правниците.

The post Тупанчевски за изборот на Абази: Ќе бидам брутално искрен, не ми е сеедно што се случува во мојот дом appeared first on Република.

]]>

Кога постојат избори вклучувајќи ги и овие, тоа говори и за изборот на јавниот обвинител, но и за тие кои го избрале јавниот обвинител, рече денеска министерот за правда Никола Тупанчевски, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ во однос на изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Ќе бидам брутално искрен и ќе кажам дека не е неважно за министерот за правда што се случува во неговиот дом. Практично во рамките ако се земе формата влегуваат и судството и обвинителството, нотарите извршителите итн. – посочи Тупанчевски.
Тој посочи дека во поновата правна историја на нашата држава сме имале три модели за избор на обвинители и на судии.
Во првиот модел ги избираше Собранието, вториот модел требаше да биде прогресивен или напреден, при што ги избираа Советот на јавни обвинители и Судскиот совет. Трето или по најновиот модел кој е предвиден со новиот Закон за јавно обвинителство од 2020 година кој беше консензуално усвоен од Собранието на нашата држава. Јас бев дел од подготовката на тој Закон, имаше и невладини организации и сметавме дека овие два претходни модела имаат одредена потреба за корекција или објективизирање на критериумите за избор на јавни обвинители и судии и во таа насока се движевме да инкорпорираме модел кој би бил транспарентен, објективен. И во таа насока беше предвиден овој концепт, односно јавните обвинители да го бираат јавниот обвинител – појасни Тупанчевски.
Тој рече дека дотука може да коментира, бидејќи сѐ понатаму ќе значи мешање во работата на институциите кои треба да бидат независни, објективни и огледало на државата. Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски најави пауза, а седницата со пратенички прашања ќе продолжи со работа во 15 часот. Неодамна, на непосредни избори јавните обвинители го избраа Ислам Абази за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Овој избор предизвика лавина негативни реакции во јавноста и меѓу правниците.  

The post Тупанчевски за изборот на Абази: Ќе бидам брутално искрен, не ми е сеедно што се случува во мојот дом appeared first on Република.

]]>
Мерката „упатување во ВПД“ малолетничките ќе ја издржуваат во Волковија https://republika.mk/vesti/makedonija/merkata-upatuvanje-vo-vpd-maloletnichkite-kje-ja-izdrzuvaat-vo-volkovija/ Thu, 20 Oct 2022 09:55:48 +0000 https://republika.mk/?p=563487

Малолетничките на кои им е изречена мерката „упатување во Воспитно-поправен дом“ истата ќе ја издржуваат во ВПД „Волковија“ во Тетово каде што условите се многу подобри од оние во кои три девојчињата до скоро ја издржуваа оваа мерка во адаптирани услови во Затворот во Идризово.

Информацијата дека девјочињата мерката ќе ја извршуваат во Тетово денеска на настанот насловен „Преглед на реформите поврзани со правдата на децата” ја потврди министерот за правда Никола Тупанчевски на прашање на МИА коментирајќи го Извештајот на Европската комисија во кој се нотирани несоодветни услови за малолетничките во Идризово.

-Во таа насока ние веќе како Министерство за правда реагиравме, постапивме по тие препораки – забелешки и тој проблем инстантно е решен. Меѓутоа, работиме на системско решавање на проблемот затоа што претпоставувам дека знаете има посебна установа во близината на Тетово каде што практично претставува институција за згрижување на децата, коишто пријавуваат девијантно однесување. Во таа насока Министерството за правда работи на изнаоѓање на системско и трајно решение во однос на статусот на децата и како извршители на кривични дела, истакна Тупанчевски.

На прашањето на МИА дали од сега малолетничките ќе бидат упатувани во „Волковија“, Тупанчевски рече, „да“ и потсети дека тој пред неколку месеци, заедно со директорот на Управата за извршување на санкции биле на лице место, увиделе каква е состојбата и реагирале.

Судијата Лазар Нанев, пак, минатиот месец на прашање на МИА за условите на девојчињата во ВПД информира дека женските деца кои се наоѓале во одвоениот дел во Идризово, се отпуштени. На прашањето што доколку има потреба од упатување други девојчиња во ВПД, Нанев рече дека сè уште нема институција исклучиво за девојчињата, бидејќи ВПД во Волковија е само за момчиња, така што, тие би биле сместени повторно во Идризово.

– Не можат да бидат сместени и девојчињата и момчињата во иста градежна целина. Исто ќе бидат сместени. Ние сè уште немаме посебна институција исклучиво за женски лица, и нормално, најголемиот дел од критиките доаѓа токму од меѓународната заедница во која насока треба да се движи државата. Една од нашите активности е токму во делот дека државата мора во наредниот временски период да изнајде решение, односно да создаде институција која според своите архитектонски градежни решенија ќе биде издвоена од КПД Идризово каде што казната ја издржуваат полнолетни машки и женски лица, додаде Нанев.

МИА ја отвори оваа тема при посетата на ВПД – Волковија, каде забележавме одлични просторни услови за издржување на оваа мерка, меѓутоа, објектот е наменет само за момчиња. Девојчињата на кои им е определена ова мерка се упатуваат во Идризово. Во сторијата на МИА за условите во импровизираниот ВПД за девојчиња во Идризово беше објавено дека кога имаат потреба од нешто, малолетничките, сместени во адаптирана соба во ходник во рамките на Казнено-поправната установа Идризово, се принудени да викаат преку прозорецот од тоалетот, бидејќи немаат уред за повик до службите.

Овие штитенички, спротивно на законот, беа сместени во просторија која не обезбедува целосна изолација, односно оневозможување контакт со осуденичките со кои се во допир при добивање на храната и при користење слободно време за прошетка на отворено. Малолетничките беа сместени во една трошна и студена просторија за која во разговор со екипата на МИА изјавија дека понекогаш нема и вода. Единствена активност таму им е цртањето и прошетката во дворот, што го делат со останатите возрасни затворенички и за кој мора да чекаат слободен термин.

За разлика од нив, штитениците во Воспитно-поправниот дом – Тетово, каде тогаш беа сместени 21 момче, имаат уредни, опремени соби, тоалети, училници, вежбалница, игралишта на отворено, менза, работилници и многу други алтернативи со кои на креативни начини го исполнуваат нивното слободно време. Со штитениците во Волковија работи тим од воспитувачи, како и психолог, педагог и социолог, додека, во Идризово, малолетничките имаа само една воспитувачка која ја делат со сите останати затворенички.

The post Мерката „упатување во ВПД“ малолетничките ќе ја издржуваат во Волковија appeared first on Република.

]]>

Малолетничките на кои им е изречена мерката „упатување во Воспитно-поправен дом“ истата ќе ја издржуваат во ВПД „Волковија“ во Тетово каде што условите се многу подобри од оние во кои три девојчињата до скоро ја издржуваа оваа мерка во адаптирани услови во Затворот во Идризово. Информацијата дека девјочињата мерката ќе ја извршуваат во Тетово денеска на настанот насловен „Преглед на реформите поврзани со правдата на децата” ја потврди министерот за правда Никола Тупанчевски на прашање на МИА коментирајќи го Извештајот на Европската комисија во кој се нотирани несоодветни услови за малолетничките во Идризово.
-Во таа насока ние веќе како Министерство за правда реагиравме, постапивме по тие препораки – забелешки и тој проблем инстантно е решен. Меѓутоа, работиме на системско решавање на проблемот затоа што претпоставувам дека знаете има посебна установа во близината на Тетово каде што практично претставува институција за згрижување на децата, коишто пријавуваат девијантно однесување. Во таа насока Министерството за правда работи на изнаоѓање на системско и трајно решение во однос на статусот на децата и како извршители на кривични дела, истакна Тупанчевски.
На прашањето на МИА дали од сега малолетничките ќе бидат упатувани во „Волковија“, Тупанчевски рече, „да“ и потсети дека тој пред неколку месеци, заедно со директорот на Управата за извршување на санкции биле на лице место, увиделе каква е состојбата и реагирале. Судијата Лазар Нанев, пак, минатиот месец на прашање на МИА за условите на девојчињата во ВПД информира дека женските деца кои се наоѓале во одвоениот дел во Идризово, се отпуштени. На прашањето што доколку има потреба од упатување други девојчиња во ВПД, Нанев рече дека сè уште нема институција исклучиво за девојчињата, бидејќи ВПД во Волковија е само за момчиња, така што, тие би биле сместени повторно во Идризово.
– Не можат да бидат сместени и девојчињата и момчињата во иста градежна целина. Исто ќе бидат сместени. Ние сè уште немаме посебна институција исклучиво за женски лица, и нормално, најголемиот дел од критиките доаѓа токму од меѓународната заедница во која насока треба да се движи државата. Една од нашите активности е токму во делот дека државата мора во наредниот временски период да изнајде решение, односно да создаде институција која според своите архитектонски градежни решенија ќе биде издвоена од КПД Идризово каде што казната ја издржуваат полнолетни машки и женски лица, додаде Нанев.
МИА ја отвори оваа тема при посетата на ВПД – Волковија, каде забележавме одлични просторни услови за издржување на оваа мерка, меѓутоа, објектот е наменет само за момчиња. Девојчињата на кои им е определена ова мерка се упатуваат во Идризово. Во сторијата на МИА за условите во импровизираниот ВПД за девојчиња во Идризово беше објавено дека кога имаат потреба од нешто, малолетничките, сместени во адаптирана соба во ходник во рамките на Казнено-поправната установа Идризово, се принудени да викаат преку прозорецот од тоалетот, бидејќи немаат уред за повик до службите. Овие штитенички, спротивно на законот, беа сместени во просторија која не обезбедува целосна изолација, односно оневозможување контакт со осуденичките со кои се во допир при добивање на храната и при користење слободно време за прошетка на отворено. Малолетничките беа сместени во една трошна и студена просторија за која во разговор со екипата на МИА изјавија дека понекогаш нема и вода. Единствена активност таму им е цртањето и прошетката во дворот, што го делат со останатите возрасни затворенички и за кој мора да чекаат слободен термин. За разлика од нив, штитениците во Воспитно-поправниот дом – Тетово, каде тогаш беа сместени 21 момче, имаат уредни, опремени соби, тоалети, училници, вежбалница, игралишта на отворено, менза, работилници и многу други алтернативи со кои на креативни начини го исполнуваат нивното слободно време. Со штитениците во Волковија работи тим од воспитувачи, како и психолог, педагог и социолог, додека, во Идризово, малолетничките имаа само една воспитувачка која ја делат со сите останати затворенички.

The post Мерката „упатување во ВПД“ малолетничките ќе ја издржуваат во Волковија appeared first on Република.

]]>
Тупанчески: Meѓународните договори треба да се почитуваат https://republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-megjunarodnite-dogovori-treba-da-se-pochituvaat/ Fri, 30 Sep 2022 19:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=556156

Министерот за правда, Никола Тупанчески смета дека меѓународните договори треба да се почитуваат затоа што произведуваат обврски, права и задолженија. Во вечерашното гостување во дневникот на Сител Тупанчески рече дека иницијативата за референдум поднесена од Левица мора да биде во согласност со Уставот, Законот за референдум и со Деловникот на Собранието.

„Никаде не е уредена материјата за дератификација, како може еден договор кој што е ратификуван, да биде дератификуван, токму затоа најчесто се повикуваме на меѓународното право и принципите кои што ги уредува оваа материја, или со други зборови кажано, тоа би значело дека навистина треба да се држиме до она што се нарекува меѓународен договор. Единствени субјекти кои што го склучуваат меѓународниот договор се Претседателот на државата и на Владата ,“рече Тупанчески. Тој се осврна и на формирањето на ад хок телото кое треба да дава советодавно мислење за имињата на здруженијата за одредени историски личности. Телото наскоро ќе има констититутивна седница.

„Нашата намера беше со цел да се превенира, да не се повторат некои состојби или ситуации што претходно се случуваа а значат повреда на чувствата на македонскиот народ или воспоставување, етаблирање на имиња кои што имплицираат повреда на достоинството на еден народ, на една нација. Во моментов во МП има работна група која што ја интензивира својата работа и работи на новиот закон за здруженија и фондации. Идејата беше додека не биде донесен новиот закон, кој што прилично е застарен, да превенираме, да бајпасираме и во овој меѓупериод да има советодавно тело и ад хок тело, тоа тело би било до донесување на новиот закон“ изјави Тупанчески за Сител.

The post Тупанчески: Meѓународните договори треба да се почитуваат appeared first on Република.

Тупанчевски: Состојбите во судството се поместуваат во позитивна смисла https://republika.mk/vesti/makedonija/tupanchevski-sostojbite-vo-sudstvoto-se-pomestuvaat-vo-pozitivna-smisla/ Fri, 30 Sep 2022 18:44:38 +0000 https://republika.mk/?p=556138

Состојбите во судството, можеби бавно, но се поместуваат во позитивна смисла. Сведоци сме дека постои одговорност кај судиите и кај јавните обвинители, а регулаторните тела, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители покажуваат реактивирање или реализација на нивната надлежност, смета министерот за правда Никола Тупанчевски.

Зборувајќи за довербата во правосудството, Тупанчевски, рече дека сме сведоци дека постои одговорност и за судии и за јавани обвинители.

-Кога станува збор за Советот на јавни обвинители, можам да кажам дека веќе се пополнети две места. Беше избран виш јавен обвинител во Битола и виш јавен обвинител во Штип. Зборуваме за две сериозни функции и овој процес по некоја стагнација, значи поместување на позитивна смисла на зборот, рече Тупанчевски во вечерното гостување на дневникот на Сител.

Тој додаде дека јавните обвинители се и на потег при избирање на нов јавен обвинител за организиран криминал. Како што рече, над 160 обвинители самите треба да одлучат кој ќе биде новиот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Во однос на случајот со Вилма Рускоска, Тупанчевски рече дека постапката се уште не е завршена, се има различни перцепции за тој не ја завршил работата, и напомена оти треба да ги почекаме институциите да се прознесат до крај.

На прашање во врска со одлуката на Управен суд која се однесува на регистрацијата на Здружението „Млади за Македонија“, кое било оспорено со решение од претходниот министер бидејќи го содржи терминот „Македонија“ во својот назив, Тупанчевски рече оти треба да се почитува одлуката на Управниот суд, бидејќи неизвршување на судска одлука претставува кривично дело.

-Неизвршување на судска одлука претставува кривично дело, така што без разлика дали е донесена од Управен суд или од друг суд, нејзиното неизвршување има инкриминирачки карактер. Во таа насока, секогаш треба да се почитува одлуката на судот, додаде министерот Тупанчевски.

The post Тупанчевски: Состојбите во судството се поместуваат во позитивна смисла appeared first on Република.

]]>

Состојбите во судството, можеби бавно, но се поместуваат во позитивна смисла. Сведоци сме дека постои одговорност кај судиите и кај јавните обвинители, а регулаторните тела, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители покажуваат реактивирање или реализација на нивната надлежност, смета министерот за правда Никола Тупанчевски. Зборувајќи за довербата во правосудството, Тупанчевски, рече дека сме сведоци дека постои одговорност и за судии и за јавани обвинители. -Кога станува збор за Советот на јавни обвинители, можам да кажам дека веќе се пополнети две места. Беше избран виш јавен обвинител во Битола и виш јавен обвинител во Штип. Зборуваме за две сериозни функции и овој процес по некоја стагнација, значи поместување на позитивна смисла на зборот, рече Тупанчевски во вечерното гостување на дневникот на Сител. Тој додаде дека јавните обвинители се и на потег при избирање на нов јавен обвинител за организиран криминал. Како што рече, над 160 обвинители самите треба да одлучат кој ќе биде новиот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Во однос на случајот со Вилма Рускоска, Тупанчевски рече дека постапката се уште не е завршена, се има различни перцепции за тој не ја завршил работата, и напомена оти треба да ги почекаме институциите да се прознесат до крај. На прашање во врска со одлуката на Управен суд која се однесува на регистрацијата на Здружението „Млади за Македонија“, кое било оспорено со решение од претходниот министер бидејќи го содржи терминот „Македонија“ во својот назив, Тупанчевски рече оти треба да се почитува одлуката на Управниот суд, бидејќи неизвршување на судска одлука претставува кривично дело. -Неизвршување на судска одлука претставува кривично дело, така што без разлика дали е донесена од Управен суд или од друг суд, нејзиното неизвршување има инкриминирачки карактер. Во таа насока, секогаш треба да се почитува одлуката на судот, додаде министерот Тупанчевски.

The post Тупанчевски: Состојбите во судството се поместуваат во позитивна смисла appeared first on Република.

]]>
Тупанчевски за „затворскиот туризам“: Сегашното решение го има во уште многу држави во Европа, но не треба да се злоупотребува https://republika.mk/vesti/makedonija/tupanchevski-za-zatvorskiot-turizam-segashnoto-reshenie-e-reshenie-shto-go-ima-vo-ushte-mnogu-drzavi-vo-evropa-no-ne-treba-da-se-zloupotrebuva/ Tue, 23 Aug 2022 13:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=543292

Во однос на измените во Законот за извршување на санкции, министерот за правда Тупанчевски истакна дека и понатаму е со истиот став, односно мора да се превенира и истовремено да се прецизира одредбата и на кој начин ќе се издржува казна затвор.

– Сегашното решение е решение што го има во уште многу држави во Европа и светот, меѓутоа она на кое што треба да се посвети посебно внимание е да не се злоупотреби одредбата што во принцип е добра меѓутоа и покрај тоа што е на линија на компаративни решенија кај нас имаме негативни консенквенци, додаде тој.

Прашањето со „затворскиот туризам“ и користењето на правната можност за издржување на затворските казни во Затворот во Струга, кој е од отворен тип, во јавноста беше отворено откако поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев, ги променија адресите на живеење во Охрид и со тоа создадоа правна основа за отслужување на затворските казни во овој затвор. Мијалков, кој склучи спогодба со обвинителството за непријавен имот во случајот „Империја“ и доби тригодишна затворска казна, вчера се пријави во затворот во Струга за нејзино отслужување

The post Тупанчевски за „затворскиот туризам“: Сегашното решение го има во уште многу држави во Европа, но не треба да се злоупотребува appeared first on Република.

Ќе се стави ли крај на бугарските провокации: Министерот за правда најавува нов закон за здруженија и фондации https://republika.mk/vesti/makedonija/kje-se-stavi-li-kraj-na-bugarskite-provokacii-ministerot-za-pravda-najavuva-nov-zakon-za-zdruzenija-i-fondacii/ Tue, 23 Aug 2022 12:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=543271

Формирање ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации, ќе предложи на денешната седница на Владата министерот за правда Никола Тупанчевски.

Ова Тупанчевски, го најави денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали може да се спречат формираните бугарски здруженија во земјава.

– Мој предлог би било да се формира ад хок тело, меѓуресорско, што ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на којшто ќе се формираат. Во таа насока мислам дека ќе биде намалена можност да се злоупотребуваат одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи, изјави Тупанчевски, денеска одговарајќи на новинарски прашања на настанот по повод 21 година од формирањето на Единицата за брзо распоредување.

Министерството за правда на 15-ти овој месец, најави состанок на Работната група на кој ќе се дискутира за новиот Закон за здруженија и фондации, откако изминатиот период во јавноста се отвори прашањето за издавањето на дозовли за регистрирање на здруженија со спорни имиња на историски личности.

-Целта на овие измени на законот е подобрување на правната рамка во делот на одредбите кои се однесуваат на статусот на организацијата од јавен интерес, регистрација на граѓански организации, дефинирање на статус на непрофитни организации како и начинот на нивно финансирање. Постојната правна рамка, со внимателно повикување на судската пракса на Европскиот суд за човекови права е доволна за надлежните институции, ако се доведе во прашање називот на организацијата со одредена контроверзна историска личност, да ги следат и оценат суштински како програмските така и дејствијата на организацијата и нејзините членови пред да донесат каква било одлука за забрана на упис или забрана за дејствување, појаснуваат од Министерството за правда

The post Ќе се стави ли крај на бугарските провокации: Министерот за правда најавува нов закон за здруженија и фондации appeared first on Република.

]]>

Формирање ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации, ќе предложи на денешната седница на Владата министерот за правда Никола Тупанчевски. Ова Тупанчевски, го најави денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали може да се спречат формираните бугарски здруженија во земјава. – Мој предлог би било да се формира ад хок тело, меѓуресорско, што ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на којшто ќе се формираат. Во таа насока мислам дека ќе биде намалена можност да се злоупотребуваат одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи, изјави Тупанчевски, денеска одговарајќи на новинарски прашања на настанот по повод 21 година од формирањето на Единицата за брзо распоредување. Министерството за правда на 15-ти овој месец, најави состанок на Работната група на кој ќе се дискутира за новиот Закон за здруженија и фондации, откако изминатиот период во јавноста се отвори прашањето за издавањето на дозовли за регистрирање на здруженија со спорни имиња на историски личности.
-Целта на овие измени на законот е подобрување на правната рамка во делот на одредбите кои се однесуваат на статусот на организацијата од јавен интерес, регистрација на граѓански организации, дефинирање на статус на непрофитни организации како и начинот на нивно финансирање. Постојната правна рамка, со внимателно повикување на судската пракса на Европскиот суд за човекови права е доволна за надлежните институции, ако се доведе во прашање називот на организацијата со одредена контроверзна историска личност, да ги следат и оценат суштински како програмските така и дејствијата на организацијата и нејзините членови пред да донесат каква било одлука за забрана на упис или забрана за дејствување, појаснуваат од Министерството за правда

The post Ќе се стави ли крај на бугарските провокации: Министерот за правда најавува нов закон за здруженија и фондации appeared first on Република.

]]>
Тупанчески: Ветингот може да биде направен и со постојните законски решенија https://republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-vetingot-moze-da-bide-napraven-i-so-postojnite-zakonski-reshenija/ Wed, 29 Jun 2022 15:21:24 +0000 https://republika.mk/?p=521218

Компаративните искуства покажаа дека ветингот не се покажа како најдобра алатка за прочистување или филтрација на судството, соопшти денеска министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на пратеничко прашање на Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците.

Тој го наведе искуството во Албанија, каде ветингот доживеа, како што рече, фијаско затоа што начинот на кој беше спроведен не ги даде очекуваните резултати или не беше постигната целта која беше поставена.

Тупанчески посочи дека имаше долга расправа за тоа дали треба да има ново законско решение за филтрацијата, за ветингот и додаде дека тоа траело подолг временски период.

-Решението остана дека и во рамки на институциите и во рамки на постојните законски и подзаконски акти може да се направи селекција на добри и на лоши судии, или помалку добри. Во таа насока беше донесена методолгијата која значеше симбиоза на попрецизни критериуми околу изборот и разрешувањето на судиите и јавните обвинители, рече Тупанчески.

Додаде дека последните месеци или последната година, Советот на јавни обвинители и Судскиот совет се институциите кои покажаа видливи резултати во однос на она што се нарекува ветинг во фигуративна смисла. Посочи дека имаше повеќе разрешувања на судии, а начинот на кој ќе се избираат новите судии и јавни обвинители веќе е врз основа на новопоставената методолгија која, како што рече, очекуваме дека во најскоро време ќе ги добиеме и резултатите во однос на начинот, квалитетот и стандардите кои се нужни за избор на најквалитетниот судија за едно судиско место.

Министерот за правда изрази надеж дека наскоро ќе добиеме резултати или поместувања на нештата во позитивна смисла затоа што не може преку ноќ и наеднаш да се анулираат, да се реформираат недостатоците кои имаат системски карактер.

-Ветингот не мора да биде направен со закон за ветинг. Напротив сметам дека ветингот може да биде направен и со постојните законски решенија и подзаконски решенија. Најважно во целата оваа работа е да се има сериозна волја заради остварување на резултатите, нагласи Тупанчески.

The post Тупанчески: Ветингот може да биде направен и со постојните законски решенија appeared first on Република.

]]>

Компаративните искуства покажаа дека ветингот не се покажа како најдобра алатка за прочистување или филтрација на судството, соопшти денеска министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на пратеничко прашање на Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците.
Тој го наведе искуството во Албанија, каде ветингот доживеа, како што рече, фијаско затоа што начинот на кој беше спроведен не ги даде очекуваните резултати или не беше постигната целта која беше поставена. Тупанчески посочи дека имаше долга расправа за тоа дали треба да има ново законско решение за филтрацијата, за ветингот и додаде дека тоа траело подолг временски период.
-Решението остана дека и во рамки на институциите и во рамки на постојните законски и подзаконски акти може да се направи селекција на добри и на лоши судии, или помалку добри. Во таа насока беше донесена методолгијата која значеше симбиоза на попрецизни критериуми околу изборот и разрешувањето на судиите и јавните обвинители, рече Тупанчески.
Додаде дека последните месеци или последната година, Советот на јавни обвинители и Судскиот совет се институциите кои покажаа видливи резултати во однос на она што се нарекува ветинг во фигуративна смисла. Посочи дека имаше повеќе разрешувања на судии, а начинот на кој ќе се избираат новите судии и јавни обвинители веќе е врз основа на новопоставената методолгија која, како што рече, очекуваме дека во најскоро време ќе ги добиеме и резултатите во однос на начинот, квалитетот и стандардите кои се нужни за избор на најквалитетниот судија за едно судиско место. Министерот за правда изрази надеж дека наскоро ќе добиеме резултати или поместувања на нештата во позитивна смисла затоа што не може преку ноќ и наеднаш да се анулираат, да се реформираат недостатоците кои имаат системски карактер.
-Ветингот не мора да биде направен со закон за ветинг. Напротив сметам дека ветингот може да биде направен и со постојните законски решенија и подзаконски решенија. Најважно во целата оваа работа е да се има сериозна волја заради остварување на резултатите, нагласи Тупанчески.

The post Тупанчески: Ветингот може да биде направен и со постојните законски решенија appeared first on Република.

]]>
Тупанчески: Гласањето недоверба на Владата на Бугарија е нов момент, францускиот предлог да се разгледа внимателно https://republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-glasanjeto-nedoverba-na-vladata-na-bugarija-e-nov-moment-francuskiot-predlog-da-se-razgleda-vnimatelno/ Wed, 22 Jun 2022 18:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=518613

Министерот за правда Никола Тупанчески во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно?” на Алфа ТВ говорејќи за францускиот предлог за решавање на спорот рече дека Владата досега не го разгледала предлогот а сите шпекулации околу содржината треба да се прифатат со резерва. Во однос на гласањето недоверба на бугарската Влада Тупанчески рече:

„Факт е дека нашата држава се покажа кооперативна за постигнување на повисоки цели, меѓутоа факт е дека во неколку наврати изостана она што беше ветено, дали тоа ќе има поширока рефлексија, импликација во однос на досегашните условно речено случувања што беа меѓу нашата држава и европските партнери и т.н, ќе видиме како ќе биде. Ова е нов момент, да почекаме како ќе се развиваат работите, информацијата само што беше пласирана дека е изгласана недовреба во Бугарија, да не ги врзуваме директно двата сегменти, едниот сегмент беше Преспанскиот договор, и ова е вториот сегмент, сето тоа е во постигнување на повисоки цели.“

Во однос на францускиот предлог Тупанчески смета дека билатералните односи не би требало да станат дел од преговарачката рамка.

„Да не дозволиме да се направи грешка која во иднина не може да се корегира. Добро ќе биде какво и да е решението да го помине собранискиот филтер. Да не се влезе во некоја интрига, да не биде ова договор со ѓаволот.Треба се пријде со сериозна доза на внимателност” порача Тупанчески во вечерашното гостување во Алфа ТВ.

The post Тупанчески: Гласањето недоверба на Владата на Бугарија е нов момент, францускиот предлог да се разгледа внимателно appeared first on Република.

Тупанчески: На бизнисот му се потребни стабилно деловно опкружување и независно судство https://republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-na-biznisot-mu-se-potrebni-stabilno-delovno-opkruzuvanje-i-nezavisno-sudstvo/ Tue, 21 Jun 2022 13:39:02 +0000 https://republika.mk/?p=518100

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на панел-дискусијата на тема „Владеење на правото за економски раст“.

Осврнувајќи се на развојот и соработката на Македонско-германското стопанско здружение, Тупанчески рече дека на бизнисот му се потребни стабилно и предвидливо деловно опкружување, ефикасни институции, независно и транспарентно судство.

Бизнисот секогаш бара правна сигурност, стабилност и континуитет, а еден од основните предуслови е да функционира владеењето на правото. Довербата во институциите е од клучно прашање и затоа треба да се преземат низа мерки, активности и промени, кои ќе придонесат да се зајакне довербата во државата, но и во судството. Еден од инструментите за зајакнување на довербата на граѓаните во судството и правната сигурност на компаниите е зголемување на транспарентноста во работењето на судовите, нагласи тој.

„Министерството за правда во последните измени на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет се раководеше, меѓу другото, и од овие постулати сè со цел да се обезбеди владеење на правото и воедно да ја зајакне правната сигурност на граѓаните и компаниите во судскиот систем. Подобрување на бизнис-климата ќе се овозможи и со процесот на дигитализација на судството. Со неа ќе се забрзаат постапките на сите нивоа, ќе се намали корупцијата, ќе се олесни доставувањето докази и документи, а ќе се подобри и комуникацијата меѓу засегнатите страни и институции“, рече Тупанчески.

The post Тупанчески: На бизнисот му се потребни стабилно деловно опкружување и независно судство appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на панел-дискусијата на тема „Владеење на правото за економски раст“. Осврнувајќи се на развојот и соработката на Македонско-германското стопанско здружение, Тупанчески рече дека на бизнисот му се потребни стабилно и предвидливо деловно опкружување, ефикасни институции, независно и транспарентно судство.
Бизнисот секогаш бара правна сигурност, стабилност и континуитет, а еден од основните предуслови е да функционира владеењето на правото. Довербата во институциите е од клучно прашање и затоа треба да се преземат низа мерки, активности и промени, кои ќе придонесат да се зајакне довербата во државата, но и во судството. Еден од инструментите за зајакнување на довербата на граѓаните во судството и правната сигурност на компаниите е зголемување на транспарентноста во работењето на судовите, нагласи тој.
„Министерството за правда во последните измени на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет се раководеше, меѓу другото, и од овие постулати сè со цел да се обезбеди владеење на правото и воедно да ја зајакне правната сигурност на граѓаните и компаниите во судскиот систем. Подобрување на бизнис-климата ќе се овозможи и со процесот на дигитализација на судството. Со неа ќе се забрзаат постапките на сите нивоа, ќе се намали корупцијата, ќе се олесни доставувањето докази и документи, а ќе се подобри и комуникацијата меѓу засегнатите страни и институции“, рече Тупанчески.  

The post Тупанчески: На бизнисот му се потребни стабилно деловно опкружување и независно судство appeared first on Република.

]]>
Тупанчевски потврди дека Косово бара екстрадиција на дел од терористите од „Диво Насеље“ https://republika.mk/vesti/makedonija/tupanchevski-potvrdi-deka-kosovo-bara-ekstradicija-na-del-od-teroristite-od-divo-naselje/ Tue, 10 May 2022 10:12:11 +0000 https://republika.mk/?p=500364

Доколку се утврди дека осудени лица за настаните во Диво Насеље, кои штрајкуваат со глад не ги добиваат правата што им следуваат со закон, ќе биде соодветно реагирано, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчевски. Коментирајќи го овој случај министерот Тупанчевски, нагласи дека тие внимателно ги разгледуваат нивните барања.

– Директорот втор пат стапи во контакт со осудените лица и мислам дека работите се одвиваат во позитивна насока, да ги добијат сите права и погодности кои им следуваат по закон. Не сакаме да имаме селективен пристап и не сакаме да правиме парабола со некои други осудени лица. Секое осудено лице преставува „приказна за себе” треба да се има индивидуален пристап, доколку се утврди дека не ги добиваат правата што им следуваат со закон, ќе биде соодветно реагирано, рече Тупачевски.

Воедно, тој наведе дека заради природата на кривичното дело се работи за комплексна проблематика, и дека се во постојана комуникација и со други институции кои прават проверка од безбедносен карактер.

– Во таа смисла Управата за извршување на санкции ги носи соодветните одлуки кои што ги добива како резултат на координирана соработка со други институции, рече Тупачевски и потврди дека официјално е поднесено барање од косовските власти за ектрадиција на дел од осудениците.

– Министерството за правда постапува, не е донесена одлука во таа насока, се работи за процес, правна ситуација каде треба да бидат анализирани повеќе фактори и Министерството за правда да ја донесе адекватната одлука, изјави Тупачевски.

The post Тупанчевски потврди дека Косово бара екстрадиција на дел од терористите од „Диво Насеље“ appeared first on Република.

Тупанчески: Перцепцијата за правосудството ќе се подобри ако за тешки кривични дела има пропорционални пресуди https://republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-percepcijata-za-pravosudstvoto-kje-se-podobri-ako-za-teshki-krivichni-dela-ima-proporcionalni-presudi/ Wed, 04 May 2022 09:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=497319

Перцепцијата за правосудството ќе се подобри само во оној момент кога ќе докажеме како држава дека навистина за тешки кривични дела без оглед од која сфера се, дали се работи за кривично дело – економскиот криминал, компјутерскиот итн., ќе има пресуди кои ќе бидат пропорционални на неправото. Во таа насока ги охрабруваме судовите, обвинителствата и сите други институции што правораздаваат да бидат на нивото на задачата во смисла на тоа дека навистина веќе е зрело време во Македонија да покажеме и на дело како треба да изгледа подобрувањето или квалитетот на правораздавањето.

Ова го изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчески, одговарајќи на новинарски прашања, на маргините на 10-тата сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) на тема „Актуелните предизвици во македонското правосудство низ перспективата на препораките на националната конвенција за Европската унија во С Македонија“ во рамки на активностите од проектот Национална конвенција за Европската Унија во Македонија.

Прашан за довербата во правосудството, Тупанчески потврди дека повеќе меѓународни фактори констатираа дека е ниска довербата во правосудството и тоа, според него, треба да се земе како факт, но и како поттик, мотивација за подобрување на состојбите на тој план.

Ние како Министерство за правда работиме интензивно не само на законодавната агенда затоа што констатиравме дека не е ништо ново ова што ќе го кажам дека не е проблемот само во квалитетот на законите, туку напротив и во начинот на кој тие се имплементираат. Често знам да кажам дека и најлошиот закон може да биде добар закон ако се применува неселективно. Во таа насока работиме на создавање на оптимални услови за правораздавање и во однос на она што се нарекува ефективно и ефикасно правосудство. Во таа насока говориме околу дигитализацијата на судството и јавното обвинителство од една страна, интероперабилноста или поврзаноста меѓу институциите каде што навистина се олесни процесот на добивање информации, меѓутоа и побрзо ќе се стигне до правдата, односно до вистината, подвлекува Тупанчески.

За можноста за ветинг во правосудството, тој посочува дека компаративното искуство во соседна Албанија покажа дека тоа не е најдобар рецепт или алгоритам за решавање на состојбите. Останува консеквентен на ставот дека во земјава може да се направи прочистување на судството и со постојната регулатива и со институциите што во моментов се активни како Судскиот совет, Советот на јавни обвинители доколку си ја завршат задачата како што треба. Постојат, вели, строги критериуми коишто налагаат доколку некои не работат според она што се нарекува стандард да биде разрешен, а и да биде казнет затоа што ниту судиите, ниту обвинителите не смеат да бидат над законот.

Во тој контекст би сакал да додадам, еве и денес ќе зборуваме за новата методологија за оценување на судиите, за квалитетот на судиите. Тоа значи пропис – подзаконски акт донесен година – година и пол наназад и од необјасниви причини беше неприменлив. Меѓутоа, дефинитивно еве веќе стигнуваме во период каде што тоа веќе од Судскиот совет е не само ветено, туку почнува да се имплементира таа методологија и верувам дека ќе даде резултат и на тој план ќе се подобрат драстично состојбите, нагласува министерот за правда.

Европските стандарди во однос на бројот на судии, вели тој, се јасни, и на 100 илјади жители би требало да има 21,5 (математички прецизно пресметано), а во нашата држава според тој стандард ние имаме повеќе судии отколку што ни треба. Меѓутоа, додава Тупанчески, факт е дека треба да се направи оптимизација и рационализација на судството затоа што, вели, најголемото оптоварување на судовите е токму во Скопје како најголем град со најголем број на жители.

The post Тупанчески: Перцепцијата за правосудството ќе се подобри ако за тешки кривични дела има пропорционални пресуди appeared first on Република.

]]>

Перцепцијата за правосудството ќе се подобри само во оној момент кога ќе докажеме како држава дека навистина за тешки кривични дела без оглед од која сфера се, дали се работи за кривично дело – економскиот криминал, компјутерскиот итн., ќе има пресуди кои ќе бидат пропорционални на неправото. Во таа насока ги охрабруваме судовите, обвинителствата и сите други институции што правораздаваат да бидат на нивото на задачата во смисла на тоа дека навистина веќе е зрело време во Македонија да покажеме и на дело како треба да изгледа подобрувањето или квалитетот на правораздавањето. Ова го изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчески, одговарајќи на новинарски прашања, на маргините на 10-тата сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) на тема „Актуелните предизвици во македонското правосудство низ перспективата на препораките на националната конвенција за Европската унија во С Македонија“ во рамки на активностите од проектот Национална конвенција за Европската Унија во Македонија. Прашан за довербата во правосудството, Тупанчески потврди дека повеќе меѓународни фактори констатираа дека е ниска довербата во правосудството и тоа, според него, треба да се земе како факт, но и како поттик, мотивација за подобрување на состојбите на тој план.
Ние како Министерство за правда работиме интензивно не само на законодавната агенда затоа што констатиравме дека не е ништо ново ова што ќе го кажам дека не е проблемот само во квалитетот на законите, туку напротив и во начинот на кој тие се имплементираат. Често знам да кажам дека и најлошиот закон може да биде добар закон ако се применува неселективно. Во таа насока работиме на создавање на оптимални услови за правораздавање и во однос на она што се нарекува ефективно и ефикасно правосудство. Во таа насока говориме околу дигитализацијата на судството и јавното обвинителство од една страна, интероперабилноста или поврзаноста меѓу институциите каде што навистина се олесни процесот на добивање информации, меѓутоа и побрзо ќе се стигне до правдата, односно до вистината, подвлекува Тупанчески.
За можноста за ветинг во правосудството, тој посочува дека компаративното искуство во соседна Албанија покажа дека тоа не е најдобар рецепт или алгоритам за решавање на состојбите. Останува консеквентен на ставот дека во земјава може да се направи прочистување на судството и со постојната регулатива и со институциите што во моментов се активни како Судскиот совет, Советот на јавни обвинители доколку си ја завршат задачата како што треба. Постојат, вели, строги критериуми коишто налагаат доколку некои не работат според она што се нарекува стандард да биде разрешен, а и да биде казнет затоа што ниту судиите, ниту обвинителите не смеат да бидат над законот.
Во тој контекст би сакал да додадам, еве и денес ќе зборуваме за новата методологија за оценување на судиите, за квалитетот на судиите. Тоа значи пропис – подзаконски акт донесен година – година и пол наназад и од необјасниви причини беше неприменлив. Меѓутоа, дефинитивно еве веќе стигнуваме во период каде што тоа веќе од Судскиот совет е не само ветено, туку почнува да се имплементира таа методологија и верувам дека ќе даде резултат и на тој план ќе се подобрат драстично состојбите, нагласува министерот за правда.
Европските стандарди во однос на бројот на судии, вели тој, се јасни, и на 100 илјади жители би требало да има 21,5 (математички прецизно пресметано), а во нашата држава според тој стандард ние имаме повеќе судии отколку што ни треба. Меѓутоа, додава Тупанчески, факт е дека треба да се направи оптимизација и рационализација на судството затоа што, вели, најголемото оптоварување на судовите е токму во Скопје како најголем град со најголем број на жители.

The post Тупанчески: Перцепцијата за правосудството ќе се подобри ако за тешки кривични дела има пропорционални пресуди appeared first on Република.

]]>
Најчевска: Тупанчевски веднаш треба да биде разрешен, а ректоратот на УКИМ да расправа за достоинството на професијата https://republika.mk/vesti/makedonija/najchevska-tupanchevski-vednash-treba-da-bide-razreshen-a-rektoratot-na-ukim-da-rasprava-za-dostoinstvoto-na-profesijata/ Tue, 05 Apr 2022 18:29:05 +0000 https://republika.mk/?p=483754

Професорката Мирјана Најчевска смета дека министерот за правда Никола Тупанчевски веднаш треба да биде разрешен од функцијата, а а Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ треба да расправа за достоинството на професијата и нарушувањето на етичкиот кодекс на Универзитетот.

Тупанчески не треба да поднесе оставка. Тој треба да биде веднаш разрешен, а Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ треба да расправа за достоинството на професијата и нарушувањето на етичкиот кодекс на Универзитетот, напиша Најчевска.

Тупанчески  призна дека не ја платил картата за чартер-летот и влезот на стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил откако целата јавност го виде на трибините, односно по четири денови од одржувањето на натпреварот.

Министерот претходно велеше дека сите трошоци ги подмирил тој од неговата трансакциска сметка.

The post Најчевска: Тупанчевски веднаш треба да биде разрешен, а ректоратот на УКИМ да расправа за достоинството на професијата appeared first on Република.

]]>

Професорката Мирјана Најчевска смета дека министерот за правда Никола Тупанчевски веднаш треба да биде разрешен од функцијата, а а Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ треба да расправа за достоинството на професијата и нарушувањето на етичкиот кодекс на Универзитетот.
Тупанчески не треба да поднесе оставка. Тој треба да биде веднаш разрешен, а Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ треба да расправа за достоинството на професијата и нарушувањето на етичкиот кодекс на Универзитетот, напиша Најчевска.
Тупанчески  призна дека не ја платил картата за чартер-летот и влезот на стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил откако целата јавност го виде на трибините, односно по четири денови од одржувањето на натпреварот. Министерот претходно велеше дека сите трошоци ги подмирил тој од неговата трансакциска сметка.

The post Најчевска: Тупанчевски веднаш треба да биде разрешен, а ректоратот на УКИМ да расправа за достоинството на професијата appeared first on Република.

]]>
Иванов: Не се проблем авионските и стадионските билети туку – лагата! https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanov-ne-se-problem-avionskite-i-stadionskite-bileti-tuku-lagata/ Tue, 05 Apr 2022 18:23:28 +0000 https://republika.mk/?p=483756

Новинарот Зоран Иванов смета дека не се проблем авионските и стадионските билети туку - лагата!

Министерот за правда Никола Тупанчески беше дел од делегацијата на Фудбалската федерација на Македонија која со чартер-лет пристигна во Палермо. Македонските фудбалери им гостуваа на Италијанците во бараж-мечот за пласман на Светското првенство во Катар.

Тупанчевски призна дека не ја платил картата за чартер-летот и влезот на стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил откако целата јавност го виде на трибините, односно по четири денови од одржувањето на натпреварот.

Министерот претходно велеше дека сите трошоци ги подмирил тој од неговата трансакциска сметка.

The post Иванов: Не се проблем авионските и стадионските билети туку – лагата! appeared first on Република.

]]>

Новинарот Зоран Иванов смета дека не се проблем авионските и стадионските билети туку - лагата! Министерот за правда Никола Тупанчески беше дел од делегацијата на Фудбалската федерација на Македонија која со чартер-лет пристигна во Палермо. Македонските фудбалери им гостуваа на Италијанците во бараж-мечот за пласман на Светското првенство во Катар. Тупанчевски призна дека не ја платил картата за чартер-летот и влезот на стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил откако целата јавност го виде на трибините, односно по четири денови од одржувањето на натпреварот. Министерот претходно велеше дека сите трошоци ги подмирил тој од неговата трансакциска сметка.

The post Иванов: Не се проблем авионските и стадионските билети туку – лагата! appeared first on Република.

]]>
Министерот призна дека добил гратис авионска карта и ВИП влезница: Тупанчевски го платил само сместувањето и тоа откако се вратил од Палермо https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-prizna-deka-dobil-gratis-avionska-karta-i-vip-vleznica-tupanchevski-go-platil-samo-smestuvanjeto-i-toa-otkako-se-vratil-od-palermo/ Tue, 05 Apr 2022 18:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=483752

Министерот за правда Никола Тупанчвески во изјава за А1он признал дека не ја платил картата за чартер-лет и влезот во стадионот во Палермо.

Откако целата јавност го виде на малите екрани дека е на трибините и ја бодри репрезентацијата на Македонија, министерот фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил по четири дена од одржувањето на натпреварот.

Пред само неколку дена, министерот Тупанчевски тврдеше дека билетот и авионската карта сам ги платил.

Не чувствувам потреба дека треба да поднесам оставка бидејќи не е прекршен етичкиот кодекс поради тоа што сум патувал и сум го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија. Точно е дека летав со авионот на Фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив – рече министерот Тупанчевски во интервјуто за Трилинг.

The post Министерот призна дека добил гратис авионска карта и ВИП влезница: Тупанчевски го платил само сместувањето и тоа откако се вратил од Палермо appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Никола Тупанчвески во изјава за А1он признал дека не ја платил картата за чартер-лет и влезот во стадионот во Палермо. Откако целата јавност го виде на малите екрани дека е на трибините и ја бодри репрезентацијата на Македонија, министерот фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил по четири дена од одржувањето на натпреварот. Пред само неколку дена, министерот Тупанчевски тврдеше дека билетот и авионската карта сам ги платил.