Министерот за правда Никола Тупанчвески во изјава за А1он признал дека не ја платил картата за чартер-лет и влезот во стадионот во Палермо.

Откако целата јавност го виде на малите екрани дека е на трибините и ја бодри репрезентацијата на Македонија, министерот фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил по четири дена од одржувањето на натпреварот.

Пред само неколку дена, министерот Тупанчевски тврдеше дека билетот и авионската карта сам ги платил.

Не чувствувам потреба дека треба да поднесам оставка бидејќи не е прекршен етичкиот кодекс поради тоа што сум патувал и сум го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија. Точно е дека летав со авионот на Фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив – рече министерот Тупанчевски во интервјуто за Трилинг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.